Библиотечен тренд бр.19/20

ÁÈÁËÈÎÒÅ×ÅÍ ÒÐÅÍÄ
СПИСАНИЕ НА


НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
БИТОЛА


*
Издавач


Националната установа
Универзитетска библиотека


„Св. Климент Охридски“, Битола
ул. Ленинова 39


*
За издавачот


Науме Ѓоргиевски, директор


*
Издвачки совет:


д-р Николче Вељановски, претседател
Јоланда Бошевска


Гордана Марковска


*
Главен и одговорен уредник


д-р Николче Вељановски


*
Редакција:


д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска
Илче Стојановски


*
Лектура и коректура
Здравко Божиновски


*
Фотографии


Маријан Котевски


*
Компјутерска обработка и печат


МИКЕНА, Битола


*
Тираж


300 примероци


ISSN 1409–9497


Тел.: 047/220-208;
Тел./факс: 047/220-515;


Тел. на Изд.: 232-999
www.nuubbt.uklo.edu.mk


e-mail: nuubbt@uklo.edu.mk


СОДРЖИНА


БИБЛИОТЕКАТА  ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


ЧЕСТВУВАЊЕ НА ПАТРОНОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
Науме Ѓоргиевски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2


БИБЛИОТЕКАТА КАКО НАЈУСПЕШЕН ИЗДАВАЧ
НАГРАДЕНА ОД „ТВ ОРБИС“. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3


КНИГА „ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА“ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3


МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ЦД - „ОД РИЗНИЦАТА НА СТАРИ КНИГИ ВО
БИТОЛСКИТЕ ЦРКВИ“
Цветанка Дамјановска, Јоланда Бошевска и Лена Секуловска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5


ВТОР ЗБОРНИК ОД РОДНОКРАЈНАТА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА
Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7


1000 НАСЛОВИ ВО ОДДЕЛОТ ПЕРИОДИКА
Мирка Зисовска, м-р Милка Котевска. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7


КОНФЕРЕНЦИЈА COBISS 2007
Гордана Пешевска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8


СОРАБОТКА СО ДОЛНОШЛОНСКАТА ЈАВНА БИБЛИОТЕКА
„ТАДЕУШ МИКУЛСКИ“ ОД ВРОЦЛАВ – ПОЛСКА
Марија Малгожата Мачковска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 10


РАЗГОВОР СО НАУМЕ ЃОРГИЕВСКИ,
ДИРЕКТОР НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ БИТОЛА
Разговорот го водеше Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 11


РАЗГОВОР СО МИЛЕ БОШЕВСКИ,
ДИРЕКТОР НА НУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“СКОПЈЕ
Разговорот го водеше Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 12


БИБЛИОТЕКАТА  НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА ПРЕДАВАЊА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ
Драги Кабровски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 15


МАЛ ПОРТРЕТ НА ГОЛЕМИОТ ЈОЗО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 20


ОСВРТ КОН ДЕЛОТО „ЗАХИР“ ОД ПАУЛО КОЕЛЈО
Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 22


СЕДУМТЕ НОВИ СВЕТСКИ ЧУДА
Лидија Мирчевска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 24


ПОВОД ЗА ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ


РАЗГОВОР СО ВАНЧО ПОЛАЗАРЕВСКИ
Разговорот го водеше Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 26


ПОСАКУВАЊА ИЛИ ВИСТИНИ
Никола Кочовски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 30


ИЗЛОЖБА ВО РОДНОКРАЈНАТА ЧИТАЛНА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 31


ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ
ВО 2007 ГОДИНА НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ БИТОЛА . . . . . . . . . . . 32




2
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


Националната установа Уни-
верзитетска библиотека „Св Кли-
мент Охридски„ од Битола со по-
себна програма го чествуваше 8
Декември, празникот на својот
патрон свети Климент Охридски.
Чествувањето е сфатено како убав
повод за афирмација на најновите
дострели што водат кон целосна
примена на светските стандарди
во библиотечната дејност.


Во периодот од 8-14 декември,
во рамките на програмата, беше
промовиран Зборникот на трудо-
ви од Втората роднокрајна средба
на битолските писатели од Маке-
донија. Беше промовирано и CD
насловено „ Од ризницата на стари
книги во битолските цркви“ кое го
содржи презентирањето на фон-
довите на „Св. Димитрија“, „Св.
Недела“, „Пресвета Богородица“
и Митрополијата. На 8 Декември,
патронатот на Библиотеката, беше
претставен еден амбициозен про-
ект - книга: „Значајни личности за
Битола“, дело на група вработени
во Библиотеката, во кое, паралел-
но, на македонски и англиски јазик
се опфатени околу 160 личности,
од најстари времиња до денес, кои
оставиле печат во историјата на
градот. Беше промовиран и „Водач
низ НУУБ „Св. Климент Охридс-
ки“ - Битола“, инвентивен, редок
потфат што ги содржи сите битни
податоци за библиотечниот фонд.


Не е нескромно ако се каже де-
ка горе кажаното говори за фактот
дека целите, што се поставени со
моето доаѓање, овде, на раковод-
ното место, целосно се оствару-
ваат. За 2007 година, од Минис-
терството за култура ни беа при-
фатени 13 проекти кои успешно ги
завршивме, додека со спонзори и
сопстевни средства реализиравме
уште 3-4 проекти. Посебно внима-
ние посветивме на афирмирањето
на книгата, бројот на читателите е
зголемен за 30 проценти. Мора да
го истакнам и напорот за збогату-
вање на книжниот фонд со насло-
ви од трајна уметничка вредност.
Битно е да истакнеме дека, таму
каде во претходниот период мал-
ку се работело, ние се посветивме
на остварување на библиотечната
функција во рамките на Универзи-
тетот во Битола.


Ваквата определба се потврду-
ва и со фактот дека го обезбедивме
неопходниот фонд стручна лите-
ратура за студентите од сите фа-
култети во рамките на Универзи-
тетот во Битола и пошироко. Зго-
лемувањето на бројот членови, од
редовите на учениците и студенти-
те, се објаснува со фактот што до-
бар дел од нив не се во можност да
ја набават литературата што им е
потребна при школувањето и сту-
дирањето.


Библиотекарството има дол-
гогодишна традиција во Битола.
Самиот факт што Библиотеката
е национална установа и што ја
има функцијата на универзитетска
библиотека, е доволно сериозна и
голема обврска за вработените.


Во своето 62-годишно рабо-
тење (основана на 25 март 1945
год.) Библиотеката се здоби со
книжен фонд од 500 илјади кни-
ги и повеќе домашни и странски
списанија и весници. Со својата
дејност Библиотеката се потврду-
ва како незаменлива институција
што постојано се грижи за потре-
бите на широкиот читателски ау-
диториум, не само од Битола, туку
и од регионот.


Зголемувањето на фондот на
книгите и натаму останува при-
оритет за Библиотеката, но тешко
се остварува. И покрај тоа, што
добиваме 450 илјади денари од
буџетот на државата, земајќи ја во
предвид сегашната цена на книга-
та, во просек од десетина евра по
наслов, принудени сме сами да се
снаоѓаме со дополнителни средс-
тва. Обезбедувањето на спонзори
и личниот ангажман на библиоте-
ката, сепак, доведува до ублажу-
вање на ваквиот проблем. Вака,
Библиотеката постојано се обиду-
ва да биде во тек со потребата на
корисниците од зголемување на
фондот со нови наслови. Одбеле-
жувањето на патронот, на прагот
на од 2008 година, ќе ни биде обвр-
ска уште еднаш да ги потенцира-
ме приоритетите на Библиотеката
што не очекуваат: доопремување
со информатичка опрема, доком-
плетирање на автоматизацијата
на библиотеките во регионот, нов
пристап кон медиумите, активен
пристап кон културните збидну-
вања, современо библиотекарство
и заштита на библиотечните доб-
ра.


Приредил Науме Ѓоргиевски,
директор


ЧЕСТВУВАЊЕ НА ПАТРОНОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ




3
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


На неодамна одржаната свече-
ност за доделување на наградите,
„Најуспешни битолчани за 2007
година“ на ТВ Орбис, награда-
та, за најуспешен издавач, ѝ беше
доделена на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ Битола. Во поздрав-
ниот говор, пред присутните во
хотел „Битола“, директорот г. На-
уме Ѓоргиевски нагласи дека во
годината која измина Библиоте-
ката беше издавач на повеќе пуб-
ликации: списание „Библиотечен
тренд“, „Вера Стојчевска - Антиќ
- персонална библиографија“, ЦД
„Од ризницата на стари книги во
битолските цркви“, Зборникот од
Втората роднокрајна средба на би-
толските писатели од Македонија“,
„Водач на НУУБ „Св. Климент Ох-
ридски“ Битола, книгата „Значајни
личности за Битола“ како и други
прирачници за COBISS.


БИБЛИОТЕКАТА КАКО НАЈУСПЕШЕН ИЗДАВАЧ
НАГРАДЕНА ОД „ТВ ОРБИС“


На проектот, односно, книгата
„ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИ-
ТОЛА“, работевме подолг период,
неколкумина колеги од Библиоте-
ката: Андоновска Ленче, Ѓоргиевс-
ки Науме, Николов Благој, Пешев-
ска Гордана, Анета Стефановска,
Талеска Светлана и Огненовски
Трајко. Од голема помош ни беа
соработниците: Димовски Ѓорѓи
- Цолев, Петар Бојаџиев, Димче
Миновски, Лилјана Христовска,
Милка Котевска и др.


Првичната идеја беше да на-
правиме лексикон за авторите од
потпелистерието, но со текот на


времето и потребите кои се ука-
жуваа, дојдовме до сознание де-
ка за градот Битола е неопходно
потребно да изработиме книга во
која ќе бидат застапени значајните
личности за Битола.


Се одлучивме да работиме на
книгата „ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОС-
ТИ ЗА БИТОЛА“ со тоа што се
обидовме да ги издвоиме луѓето
кои се од посебно значење за гра-
дот, земајќи ги во предвид и влија-
нијата на луѓе кои не се родени во
Битола, но кои низ историјата биле
присутни на ова подрачје. Се оби-
довме да пронајдеме биографски


и друг вид податоци за сите оние
кои оставиле белег за градот, при
што користевме и насоки кои ни
беа давани од нашите соработни-
ци, консултанти, како и обемната
литература. Во книгата се заста-
пени 161 личност, селектирани од
импозантен број, се разбира, по
солидна консултација со членови
на научни институции, научници
и историчари познавачи на исто-
ријата на овој град.


Книгата е така направена, за
да може во иднина да биде надо-
полнувана и со други значајни
личности, кои не се опфатени, ка-


КНИГА „ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА“




4
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


ко и со оние кои допрва треба да
го дадат својот придонес. Текстот
во книга е паралелно преведен на
англиски јазик, за да може да из-
лезе од границите на нашата земја,
за да му кажува на светот за еден
мал град на Балканот, Битола, кој
е најопеаниот град во песните и
најградскиот град во Македонија,
конзулски град, кој едно време бе-
ше еден од најважните трговски
раскрсници и центри на Балканот,
а денес се стреми сето тоа да го
надмине. Би сакалe да истакнеме
дека по битолските улици, односно
по вечниот и препознатлив Широк
Сокак, минувале и се среќавале Да-
ме Груев, Крсте
П. Мисирков,
Панчо Дорев,
Ѓорѓи Суга-
рев, Ѓорѓи Поп
Христов, Рафа-
ел Камхи, Гоце
Делчев и многу
други. Тоа се
лич ности - деј-
ци кои целиот
свој работен
век го посвети-
ле на просвет-
ното, култур-
ното, научното,
уметничкото и
сеопштото из-
дигнување на
на овој древен
град. Македон-
ците цели пет века биле поробени,
за, на крајот од 19 и почетокот од
20 век, да кренат бунтовничка гла-
ва. Во Битола, пред и по Востани-
ето, пристигнале и мисионерки
заштитнички на сиромасите, на
сираците, на бездомните, на ин-
валидите: сестрата Виоле на која
патот до вечното почивалиште ѝ
го натопиле со врели солзи и ли-
пеж тие што нашле засолниште и
родител ска љубов, почитуваната
госпоѓа Харлеј која, згрижувајќи
сирачиња загина од германско-бу-
гарското бомбардирање на Битола
во 1915г., Захарија Шумљанска,


родена во селото Могила, недале-
ку од Битола, која детството го ми-
нала токму во овој град, со својот
сопруг Јулијан до крајот на живо-
тот се грижеле за сирачињата од
Битола.


Истовремено Милтон Манаки,
со својот апарат, а потоа со каме-
рата ги овековечувал тие настани
и тие личности - непосредно пов-
рзани со нив. По Широк Сокак
минувале басилевски и архонти,
кралеви и цареви, султани, везири,
садразими и садразами. Револуци-
онерите, борците и победниците
минувале по Широк Сокак - сла-
вејќи ја својата победа, предводени


од нивните водачи. Тие биле лич-
ности кои придонесле за слободата
на граѓаните од Битола и Битолско.
Граѓаните, во минатите векови (ко-
га биле подјармени под туѓа власт)
и во сегашниве времиња, срдечно
ги пречекувале високите велико-
достојници со ракоплескања, ги
слушале нивните мисли и повици
за подобра утрешнина. Низ Би-
тола минувале и по Широк Сокак
се шетале не мал број конзуларни
претставници, драмски и опер-
ски творци, режисери, научници
и спортисти кои дефилирале, по-
кажувајќи ги своите триумфални


победи на државни и меѓународни
натпревари. Тие биле, и останале,
личности кои ја популаризирале
Битола. Денес, во Битола живеат не
мал број писатели, поети, ликовни
и музички уметници кои заземаат
своевидно место во македонската
и во светската културна и умет-
ничка област. Тие се личности кои
со своите дела го популаризираат
овој град. За такви како нив, како и
за тие кои го положиле животот за
слободата на својот народ, за тие
кои се искачиле на највисоките вр-
вови во светот, за тие што остави-
ле белег во македонската историја,
за нивните дела и успеси, во наука-


та, уметноста,
културата, во
спортот, за тие
што гинеле во
првите борбени
редови и биле
прогласени за
народни херои
- оваа книга
п р е т с т а в у в а
своевидно све-
доштво. По ули-
ците на Битола
минувале мит-
рополитот Гри-
гориј, неимар
на христијан-
ски храмови,
прв македонс-
ки патријарх во
Истанбул, по


потекло од Битола, кој блажено се
упокоил токму на христијанскиот
ортодоксен највисок трон, Робев
Димитар кој дури и бил планиран
за прв претседател на автоном-
на Македонија. Голем број од нив
(застапени во книгата) го описме-
нуваа македонскиот народ, ги вос-
питуваа децата и ги учеа да читаат
и пишуваат, составуваа учебници,
држеа јавни предавања итн. Дру-
ги вредни битолчани го собираа и
обработуваа фолклорот, обичаите,
обредите, се грижеа за целокупно-
то духовно и материјално богатс-
тво. Сето тоа е плод на творечките




5
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


заложби на личностите кои
се вградуваат во работата.
За тоа се вели, зад секој на-
стан постои личност. Од
плејадата на многубројни
личности низ историјата на
Битола, извлечени се, групи
на револуционери и борци за
слобода, државници и воени
лидери, научници, реформа-
тори, преподобни и велико-
маченици, верски поглавари
и мисионери, преродбеници
и учебникари, доктори на
науки, академици, уметници
(музички, ликовни, драмски,
оперски, балерини и танче-
ри), композитори и режисе-
ри, филозофи, истражувачи,
писатели, поети, драматурзи,
пронаоѓачи, спортисти). Тие
се личности од најразлични
професии, кои се издигнале
со својот труд и научно-умет-
ничко творење, кои храбро
се бореле и гинеле за слобо-


дата на овој град, истрајни
и хумани, кои им помагале
на граѓаните од Битола да
ги преживеат пустошите,
ропствата, сиромаштијата,
гладот, болестите, едностав-
но исполнети со благородие,
личности кои претставуваат
своевидни неимари на гра-
дот и пошироко, одржувајќи
го и подигајќи го овој наш
омилен град на културното
рамниште на другите градо-
ви во светот.


Книгата претставува спо-
меник на личностите што се
вградиле во историјата на
градот Битола, личностите
кои му дале белег и на време-
то и на просторот, на Бито-
ла и околината, личностите
кои прогресивно делувале и
постигнувале успеси и кои се
надживеале себеси и станале
бесмртни.


ОД АВТОРИТЕ


МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ЦД - „ОД РИЗНИЦАТА
НА СТАРИ КНИГИ ВО БИТОЛСКИТЕ ЦРКВИ“


Националната установа - Уни-
верзитетска библиотека „Св. Кли-
мент Охридски“- Битола со поддр-
шка на Министерството за култу-
ра на Република Македонија , а со
благослов на Митрополитот Прес-
панско-пелагониски и админис-
тратор Австралиски и Новозе-
ландски, г. Петар, во рамките на
проектот: „Заштита на стари книги
и ракописи во Битола и Битолско“,
го изготви првиот мултимедијален
ЦД-РОМ насловен „Од ризницата


на стари книги во битолските цр-
кви“. Главна цел на проектот беше
прибирање на сознанија и подато-
ци за степенот на загрозеност на
културно-историските вредности
и добра, во кои спаѓаат и библио-
теките.


Секторот Библиографии при
НУУБ „Св. Климент Охридски“,
односно авторите виши библио-
текари: Цветанка Дамјановска, Јо-
ланда Бошевска и Лена Секуловска
во текот на 2006 и 2007 година из-


вршија опсежни истражувања во
битолската митрополиска библио-
тека „Св. Јован Богослов“, црквата
„Св. Великомаченик Димитриј“,
црквата „ Рождество на Пресвета
Богородица“ и црквата „Св.Неде-
ла“


Истражени се над илјада стари
црковни книги од кои најстарата
потекнува од 16 век. Сите книги се
фотографирани (корици, насловни
страни, некои предговори, погово-
ри, делови од текст, некои слики и


Приредиле вишите библиотекари:
Цветанка Дамјановска, Јоланда Бошевска и Лена Секуловска




6
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


др.) направени се над шест илјади
фотографии. Дел од црковните
книги се користат во богослуж-
бата: минеи, октоиси, псалтири,
требници, часослови и др. Поголе-
миот број на книги се печатени во
осумнаесеттиот и деветнаесеттиот
век на повеќе јазици, меѓу кои цр-
ковнословенски, грчки, романски
и др.


Библиотеката „Св. Јован Бого-
слов“ е сместена во подрумските
простории од зградата на Митро-
полијата. Средена е по сите биб-
лиотечни стандарди. Книгите се
сигнирани, каталогизирани и сис-
тематизирани. Каталошките кар-
тончиња се азбучно подредени во
картотеки, а книгите се сместени
во дрвени шкафови. Библиотеката
располага со неколку илјади кни-
ги, дел од нив се белетристика, пе-
риодика, како и над стотина вред-
ни црковни книги кои се користат
во богослужбата.


Библиотеката во црквата „Св
Великомаченик Димитриј“ е смес-
тена во административната зграда
и располага со богат фонд на цр-
ковни книги, белетристика и пери-
одика кои се напишани на повеќе
јазици. Најстарата црковна книга
датира од 1817 година.


Во Црквата „Рождество на Пре-
света Богородица“ не постои про-
сторија за класична библиотека
за сместување на библиотечниот
фонд. Книгите се сместени во ол-
тарот и певницата. Цркавата рас-
полага со над стотина вредни цр-
ковни книги кои се користат во бо-
гослужбата. Најстарата потекнува
од 1838 година.


Црквата „Св. Недела“ не рас-
полага со класичен библиотечен


простор, дел од книжниот фонд
е сместен во олтарот, певницата
и канцеларискиот простор, а има
фонд од околу 150 книги кои се
користат претежно за црковни об-
реди.


Во ЦД-то се застапени :
• податоци за библиотечниот


фонд на црковните библио-
теки, или просториите во кои
се сместени црковните книги
– певниците и олтарите;


• општи податоци за црквите
• видови на црковни книги - де-


финиции за видовите на црков-
ни и богослужбени книги;


• каталог на стари книги во кои
хронолошки се поместени кни-
ги кои имале некоја важност за
градот Битола;


• преглед на некои стари книги
со целосен библиографски опис
и препорака за нивна заштита;


• сето ова е поткрепено со црков-
ни песнопеења.


Дизајнот и изработката се на
Лидер инженеринг-Битола


Реализацијата на оваа идеја беше
мошне успешна и најавува продол-
жување на слични нови проекти.




7
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


ВТОР ЗБОРНИК ОД РОДНОКРАЈНАТА СРЕДБА
НА БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА


На Втората роднокрајна средба
на битолски писатели од Македо-
нија - Тркалезна маса, која пре-
мина во традиционална средба,
писателите читаа свои текстови на
тема: „Авторот за спецификите на
своето творештво“.


Како и после Првата роднокрај-
на средба, и оваа година, НУУБ


„Св. Климент Охридски“ Битола
се погрижи да го издаде и втори-
от Зборник, во кој, на 150-тина
страници, можат да се најдат 17
текстови на авторите. Со резиме
на англиски јазик. Зборникот има
додаток. Тоа е скратениот текст на
проф. д-р Златко Жоглев, насло-
вен како „Битолското книжевно
наследство од средновековието
до денес“ кој беше презентиран на
отворањето на изложбата „Битол-
ското книжевно наследство“, одр-
жана од 1 до 14 јуни 2007 година
во „Информативниот културен
центар на РМ во Софија, НР Бу-
гарија. Изложбата беше отворена
само 7 дена после Роднокрајната
средба која се одржа на 22-23 мај
2007 година.


Што можеме да сретнеме во
Зборникот? Оригинални искази на
авторите како што се:


„Учителот“ е роман фокус на
сите мои филозофски размислу-
вања во сите мои романи, новели
и раскази. (Владимир Костов)


„Не го штедам никого кој скрш-
нал од патот, па било тоа да е некој
најблизок“. (Ѓорѓи Прчков)


„Друг да знае за мене, а јас... (да
не знам). Се работи за судбината
на неговата песна „Палестина“ на-
пишана од пред 25 години. (Панде
Манојлов)


Приредил Николче Вељановски,
библиотекар советник


Во одделот „Периодика“ смес-
тени се списанија, весници, годиш-
ници, извештаи од институции,
зборници, трудови и други пуб-
ликации со нумеричка или хроно-
лошка ознака чие излегување не е
временски ограничено.


Публикациите се обработуваат
според меѓународно прифатениот
стандард за обработка ISBD(S) и
големината на форматот. Обрабо-
тени се околу 1000 домашни насло-
ви (386, во формат II; 354 во фор-


мат III ; 100, во формат IV). Обра-
ботката на туѓата периодика е во
одделот „Збирка туѓа литература“
и брои околу 200 наслови (сместе-
ни во магацинот на одделот „Пе-
риодика“)


Меѓу најстарите периодични
публикации се: „Venac“: knjizevni
omladinski list (1925-1929), „Лето-
пис матице српске“ (1926-1929),
„Данас“: књижевни часопис (1934).
Потоа следуваат публикации кои
датираат од 1945 година; „Нов ден“


- списание за уметност, наука и
друштвени прашања (1945-1950),
„Службен весник на СРМ“ (1945
- сè уште излегува, но како „Служ-
бен весник на Република Македо-
нија“), „Борба“ (1945-1992), „Труд-
беник“: орган на Земскиот одбор
на единствените синдикати на
работниците и намештениците за
Македонија (1945-1997), „Flaka e
vellazerimit“ (1945 - ), „Нова Маке-
донија“ (1946- ), „Јеж“ (1946-1975),
„Савремена школа“ (1946-1957),


1000 НАСЛОВИ ВО ОДДЕЛОТ ПЕРИОДИКА
Приредиле:


Мирка Зисовска, м-р Милка Котевска




8
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


па „Просветно дело“ (1951-2005);
„Македонија“: илустрирано спи-
сание на Матицата на иселениците
од Македонија (1953- ), „Стремеж“
(1954- ), „Културен живот“ (1956- ),
„Битолски весник“ (1964- ); „Про-
светен работник“ (1967- ), „Екран“
(1971-1997) и многу други.


Денес во одделот Периодика се-


којдневно можат
да се најдат седум
дневни весници
(„Дневник“, „Вечер“,
„Утрински вес ник“,
„Време“, „Вест“,
„Шпиц“, „Koha“),
повеќе неделни
(„Битолски весник“,


„ М а к е -
д о н с к о
с он ц е “,
„Фокус“,
„ A u t o
b i l d “ ) ,
месечни („Просветен
работник“, „Мој дом“,
„Семеен магазин“, „Су-
доку“, „Тој“, „Таа“), како
и многу стручни списа-
нија од повеќе области:
медицина, литература,


уметност, архитектура, градеж-
ништво, економија, информатика,
природни науки и сл. Тука се и збор-
ниците, годишниците, статистички-
те податоци и тн. Редовно го добива-
ме и „Службен весник на Република
Македонија“.


Конференција COBISS 2007



На Шеснаесеттата конферен-


ција на COBISS во Марибор која се
одржа од 28 до 29 ноември (среда и
четврток) на тема „COBISS – ПОД-
ДРШКА НА ИНТЕРКУЛТУРНИ-
ОТ ДИЈАЛОГ“ (на прагот на Евро-
пската година на интеркултурен
дијалог), учествуваа голем број
библиотекари и информатичари
од државите на Југоисточна Евро-
па, а посебно од државите на За-
паден Балкан. На Конференцијата
присуствуваа 414 учесници и тоа:
45 од Македонија, 59 од Србија, 42
учесници од Албанија, 51 од Бос-


на и Херцеговина, 24 од Бугарија,
10 од Црна Гора, 25 од Косово,
119 од Словенија и три учесници
од други држави. Покрај бројни-
те библиотекари и информати-
чари, учествуваа и претставници
од надлежните министерства. Од
Македонија претставници беа г-ѓа
Анета Стефановска, пратеник во
Собранието на Р. Македонија, г-ѓа
Трајана Марковска, раководител
на Секторот за библиотекарство
при Министерството за култура
на РМ и амбасадорот на РМ во Р.
Словенија, г. Самуил Филиповски.


Како и претходните, така и оваа
година, настаните на конферен-
цијата беа збогатени со извонред-
ни предавачи кои ги претставија
настојувањата во изградбата на
интеркултурниот дијалог во раз-
лични средини и ја разоткрија
интеркултурната широчина на
COBISS, кој се потврдува во делот
на Европа во кој без интеркулту-
рен дијалог нема егзистенција.


Вториот ден на Конференцијата
беше посветен на тркалезните маси
(вкупно четири, на кои зедоа учес-
тво 39 предавачи од девет држави).
Од нашата земја со свои реферати
учествуваа директорот на НУБ „
Св. Климент Охридски„ - Скопје,
г-дин Миле Бошески и директорот
на НУУБ „Св. Климент Охридски„
- Битола, г. Науме Ѓоргиевски. Се
разговараше за квалитетната биб-
лиотечна практика во рамки на
следните теми:


Преземање на библиографс-
ките записи од различни кул-
турни средини
Бројот на преземени записи во


рамките на мрежата COBISS.Net
нагло расте, а се шират и искуства-
та што се поврзани со културните
карактеристики на средината во
која е создаден записот. Тоа делум-
но може да се примени и на одно-
сот меѓу националните и меѓуна-
родните библиотечни стандарди.




Приредила
Гордана Пешевска, виш библиотекар




9
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


Уважување на културните
разлики на корисниците на
библиотеките
Денес веќе нема културно хо-


могени средини, бидејќи Европа
е простор за слободен проток на
луѓе. Затоа денес, повеќе од кога и
да било порано, библиотеките мо-
ра да размислуваат за различните
културни потреби на корисници-
те, а тоа мора да го уважуваат и во
своeтo работење.


Придонес на библиотеките за
европскиот идентитет
Европа не ја прифаќа перспек-


тивата на „лонец за претопување„,
а истовремено очекува дека ќе се
развие идејата за европска припад-
ност како сврзувачка култура на
дијалогот. Ниту една институција
нема толку добри појдовни точки
за поддршка на европската идеја
како што тоа го имаат библиоте-
ките кои се, всушност, „европски
куќи„ во своите средини.


„Малцински„ библиотеки и
збирки на странски јазици во
функција на интеркултурниот
дијалог
Скоро и да не постои европска


држава која во рамките на своите








граници нема национални мал-
цинства, а се очекува малцинс-
твата да имаат и свои библиотеки.
Разбирлива е нивната национална
мисија, која е од посебно значење
за интеркултурниот дијалог. Слич-
на улога имаат и библиотечните
збирки на странски јазици.


Конференцијата заврши со па-
нелот на кој беше претставена про-
грамата за студии по информацис-
ки науки – библиотекарство на 2.


болоњски степен (магистер) која,
врз основа на посебната спогодба,
ја организираат IZUM и универзи-
тетите во Задар, Љубљана, Приш-
тина и во Скопје. Тие студии имаат
цел да помогнат во надминувањето
на проблемот поврзан со недоста-
ток од стручен кадар во државите
во кои не постојат студии по биб-
лиотекарство.


Во рамките на конференцијата
беше организирана и свеченост
по повод 20 години од воведу-
вањето на кооперативниот online
библиографски систем и сервиси
(COBISS), на која беа доделени 23
признанија на поединци, надвор
од IZUM, кои значително придо-
неле за развојот на нашиот библи-
отечно-информациски систем.


Следниот ден, за учесниците
од Р. Македонија, беше извршена
презентација на новата верзија
COBISS 3 и потребната програмс-
ка опрема, а потоа беше организи-
рана посета на Универзитетската
библиотека во Марибор - УКМ.


Стекнатите искуства ги пре-
несовме во нашата библиотека,
а во врска со верзијата COBISS 3
се надеваме дека наскоро ќе биде
инсталирана и на серверите во Р.
Македонија.




10
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


СОРАБОТКА СО ДОЛНОШЛОНСКАТА ЈАВНА БИБЛИОТЕКА
„ТАДЕУШ МИКУЛСКИ“ ОД ВРОЦЛАВ – ПОЛСКА


Оваа година НУ Универзитет-
ската библотека „Св.Климент Ох-
ридски“ Битола ќе има можност да
ја реализира, од пред две години
,започнатата соработка со Дол-
ношлонската јавна библиотека
„Тадеуш Микулски“ од Вроцлав.
Министерството за кул-
тура на РМ го одобри
проектот предложен од
страна на нашата инс-
титуција со тема „ Ма-
кедонско-полската со-
работка на библиотеки-
те од Битола и Вроцлав“.
Проектот предвидува
меѓусебна посета на
библиотекари од Битола
и Вроцлав, запознавање
на двете институции со
нивниот начин на функ-
ционирање, размена на
искуствата и развивање
на понатамошната сора-
ботка.


Долношлонската јав-
на библиотека „Тадеуш Микулски“
од Вроцлав е основана во 1945 го-
дина и низ годините го менуваше
името, локацијата и обемот на не-
јзината активност. Денес Библи-
отеката е сместена во прекрасна
стара зграда во строгиот центар
на Вроцлав и успешно и сестрано
реализира задачи на јавна библи-
отека. Нејзините читатели (око-
лу 30.000) ги претставуваат сите


слоеви на општеството: студенти,
научни работници, ученици од
ос но вните и средните училишта
како и возрасни читатели. Освен
сво јата основна дејност како јавна
библиотека ДЈБ врши и улога на
централна библиотека во регионот
Долни Шлонск која го поддржува
развојот на над 300 помали биб-
лиотеки. ДЈБ организира конфе-
ренции, научни средби, помага во
развојот на мрежата на библиоте-
ки, организира курсеви за библио-
текари од регионот, соработува со
сите научни институции во Вроц-
лав, a студентите од Факултетот за
библиотекарство и научна инфор-
мација доаѓаат на практика.


ДБЈ исто така има статус на
научна библиотека која врши ди-


дактички, библиографски, инфор-
мациски, документациски истра-
жувања, како и издавачки актив-
ности.


Во Библиотеката има повеќе од-
дели: Информции, Позајмување,
Собирање и oбработка на библи-
отечен материјал, Документи од
општествениот живот, Фонотека,
Работа со деца, Инструкциско-ме-
тодички и истражувачки работи,


Периодика, Kомпјутеризација на
библиотеката, Говорна книга , Га-
лерија „Pod Plafonem“, Издавачко-
полиграфски оддел. Библиотека
има повеќе читални достапни за
читателите : Научна читална, Глав-
на читална, Читална за периодика
и Читална за деца. ДЈБ ја има, во
цел регион најбогатата германс-
ка читална при Институтот „Ге-
те“. Oд 2006 год. во Библиотеката
функционира Американско катче
(American Corner), а во фаза на
подготовка е отворање на Роман-
ска читална.


Библиотечниот фонд има уни-
верзален карактер и опфаќа околу
500.000 единици. Најзастапена е
хуманистичката и општествена-
та литература, научната и науч-


но популарната
литература, бе-
летристиката и
литературата за
деца и возрасни.
Освен тоа ДЈБ
има и богата фо-
нографска збир-
ка со аналогни и
DVD плочи, CD
ROM-ови, аудио
и видео касети,
книги снимени
на касети и CD
ROM-ови како
и богата збир-
ка документи од
општествениот
живот.


ДЈБ нуди широк избор на по-
пуларни и научно популарни пол-
ски и странски списанија како и
локален печат ( над 600 тековни
наслови и над 21000 архивски спи-
санија).


Сите процеси во Библиотеката
се автоматизирани во програмски-
от систем ALEPH. Информацијата
за библиотечниот материјал е до-
стапна преку интернет на страни-


Приредила Марија Малгожата
Мачковска,


виш библиотекар




11
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


цата www.dzb.pl и на web страна на
библиотеката www.wbp.wroc.pl.


Галеријата „Pod Plafonem“, пре-
ку организирање на изложби, ги
презентира достигнувањата на
авторитетите од разни области на
науката, уметноста и литература-
та. Се организираат и библиофил-
ски изложби, саеми и продажни
изложби на книги.


Библиотеката обавува најраз-


лични културно-просветни деј-
ности, популаризаторски и вос-
питни работи во разни средини и
меѓу младите.


Голем интерес постои за лите-
ратурните средби посветени на ав-
торите, книгите и на творештвото.
За учениците од основните школи
се организираат библиотекарски
часови и различни натпревари во
знаење.


ДЈБ има разновидна издавачка
дејност, во чиј склоп го издава три-
месечникот „Książka i Czytelnik“
(„Книга и читател“).


Во кратки црти ова е дејноста на
Долношлонската Јавна Библиотека
„Тадеуш Микулски“ од Вроцлав со
која ќе имаме прилика да се запоз-
наеме оваа година. Се надеваме
дека соработката ќе биде од голема
полза за двете библиотеки.


Деновиве од Министерството
за култура беа објавени прифате-
ните проекти за библиотеките на
РМ. Прифатени се дваесетина про-
екти за Библиотеката.


Како ниедна година досега, Ми-
нистерството за култура прифати
да ѝ финансира на Библиотеката
поголем број на проекти со чија
реализација сè повеќе и повеќе
книгата ќе му се приближува на
читателите, зградата и простори-
ите ќе станат попривлечни за ко-
рисниците, а Библиотеката ќе ја
проширува соработката со други
библиотеки во Централна и Ис-
точна Европа. Прифатените про-
екти се од областите: библиотечна
дејност, издавачка дејност, заштита


на културно-
то наследство,
к а п и т а л н и
средства за
установите и
меѓународна
соработка.


Кои беа
проектите од
библиотечна-
та дејност?


Б и б л и о -
течната деј-
ност е најо-
бемна и нај-


разновидна по содржини со 11
прифатени проекти, меѓу кои доми-
нира издавањето на Библиографија
на НУУБ „Св. Климент Охридски“
Битола (1945-2007), издавање на
ЦД за Библиотеката и формирање
на инфо-креативен центар. Пла-
нирана е и Третата роднокрајна
средба на битолските писатели
од Македонија - Тркалезна маса и
Зборникот кој произлегува од неа.
Во тек е и втората и последна фаза
од Автоматизацијата на библиотеч-
ното работење во библиотеките од
западниот регион на Македонија.
Најново, што досега не сме имале,
е проектот за автоматизација на
благајничко-сметководственото и
архивско работење.


1. Збогатување на книжниот
фонд за 2008 година;


2. Библиографија на НУУБ „Св.
Климент Охридски“ Битола (1945-
2007);


3. ЦД на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ Битола;


4. Формирање на инфо-креати-
вен центар;


5. Библиотекарска музејска пос-
тавка за Битола и битолско (втора
фаза);


6. Комплетирање и осовреме-
нување со основни средства за
работа во секторот за „Заштита и
репрографија на книгата“;


7. Трета роднокрајна средба со
битолски писатели од Македонија
(Тркалезна маса);


8. Трета роднокрајна средба со
битолски писатели од Македонија
(зборник на излагања);


9. Културни активности;
10. Автоматизација на благај-


ничко-сметководствено и архивс-
ко работење;


11. Автоматизација на библио-
течното работење во библиотеки-
те на западниот регион на Р. Маке-
донија, завршна фаза во: Битола,
Демир Хисар, Кичево, Гостивар,
Дебар, Тетово, Македонски Брод,
Крушево, Неготино, Струга, Ох-
рид, Ресен и Прилеп.


РАЗГОВОР СО НАУМЕ ЃОРГИЕВСКИ, ДИРЕКТОР НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ БИТОЛА


ДВАЕСЕТИНА ПРОЕКТИ ЗА БИБЛИОТЕКАТА




12
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


Ќе ни кажете ли нешто повеќе за
проектите од заштита на култур-
ното наследство?


Како поголема инвестиција што
ќе се реализира годинава е конзер-
вацијата и реставрацијата на згра-
дата на Библиотеката која е објект
од старата градска архитектура, а
покрај фасадата ќе биде заменет и
дел од старата дотраена дограма.


12. Конзервација и реставра-
ција на објект од старата градска
архитектура на ул. „Ленинова“ бр.
39 Битола;


КАПИТАЛНИ СРЕДСТВА ЗА
УСТАНОВИТЕ


13. Реконструкција на фасадата
на НУУБ „Св. Климент Охридски“
Битола;


Постои ли можност за соработка
со библиотеки од странство оваа
година?


Во 2008 година, од посебна важ-
ност ќе биде соработката на меѓу-
народен план во кој ќе земат учес-
тво повеќе вработени, а исто така
и очекуваме да ни дојдат во посета
библиотекари од повеќе земји. Еве
неколку планирани проекти:


14. Културно-информативен
центар на РМ во Софија;


Тема: „Македонија од антиката
до денес“


15. Македонско-полска сора-
ботка меѓу библиотеките на Бито-
ла и Вроцлав, Полска


16. Македонско-хрватска сора-
ботка. Претставување на автори и
дела во библиотеката во Сплит.


Од посебно значење е воспоста-
вувањето на соработката со Цент-
ралната библиотека во Гил, Флан-
дрија, Белгија, која е во тек.


Дали ќе продолжи и понатаму
издавачката дејност за која Биб-
лиотеката од ТВ „Орбис“ беше
прогласена за најуспешен изда-
вач во 2007 година?


Покрај Зборник од Третата
роднокрајна средба на битолски
писатели од Македонија и Библи-
ографија за Библиотеката, плани-
рано е издавањето на вториот том
од „Автори од потпелистерието“, а
посебно оригинално издание е де-
лото посветено на Ванчо Николес-
ки, „Од ракопис до книга“, базира-
но на расположливите материјали
и ракописи кои авторот ги оставил
своевремено во Библиотеката.


17. Библиотечен тренд;
18. Авторите од потпелистери-


ето, Том 2;
19. Ванчо Николески - Од рако-


пис до книга.


РАЗГОВОР СО МИЛЕ БОШЕСКИ, ДИРЕКТОР НА НУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - СКОПЈЕ


ИЗГРАДБА НА НОВО КРИЛО НА НУБ – СКОПЈЕ
Од кога сте на функцијата ди-
ректор на Националната и уни-
верзитетска библиотека и како е
таа организирана?


На ова место сум од март 2007
година. Имаме 115 вработени, плус
8 хонорарни лица од кои двајца
инженери - информатичари.


Библиотеката е организирана
низ сектори и одделенија. Има пет
сектори со свои одделенија: „Лабо-
раторија“, „Заштита на библиотеч-
ниот материјал“, „Книговрзница“,
„Сериски публикации“, „Моно-
графски публикации“. Одделени-
ето за издавање се вика „Книжен
фонд“ кое е посебно одделение.
Издавањето не ни е автоматизира-
но и затоа правиме напор да ја за-
брзаме ретроактивната обработка
на книжниот фонд. Потоа имаме


и збирки: музичка, картографска,
археографска, ориентална. Архео-
графското одделение е за ракописи
и стари ретки книги.


Кога сме тука, некое време го
водевте и фондот за забранети
книги. Какви беа тие книги?


Тоа беше поголем фонд на така-
наречени 'опасни' книги кои стоеја
под клуч. Тој фонд официјално
носеше наслов „Фонд за книги под
посебен режим за користење“, од-
носно имаше елегантно име - Фонд
за ограничена употреба. Нивното
издавање одеше на поинаков на-
чин. Всушност, овие книги не тре-
баше да дојдат во нечии непозна-
ти раце и да бидат употребени во
штетна пропаганда која би можела
негативно да влијае врз пролете-
рите, студентите и работниот на-
род. Процедурата подразбираше
дека за корисникот треба да знае
директорот на Библиотеката.


Се разбира, етикетата 'забра-




13
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


нета книга' ја ставаа другарите од
идеолошката комисија на ЦК на
СКМ, кои во името на народот од-
лучуваа која книга е штетна, а која
корисна за широките народни ма-
си. Најпровокативно беше дека тие
беа забранети, па некои писатели
доаѓаа да видат што е тоа што е за-
брането. Оние кои доаѓаа по тие
книги беа евидентирани и стануваа
потенцијално 'опасни' за службите
за безбедност. Димитар Димитров
беше долги години раководител на
овој фонд, а јас бев задолжен за тој
фонд од 1982 до 1990 година, кога
се укина режимот за контролира-
но користење на таквите книги со
осамостојувањето на Македонија
во 1991 година, кога истите беа
преместени во останатиот фонд
на Библиотеката.


Мислам дека во нормални ус-
лови нив никој не би ги ни забе-
лежал, а денес за нив ни оддалеку
нема толкав интерес каков што
имаше кога беа забранети. Во спи-
сокот има и купишта безвредни
списанија и брошурки преполни
со смешни измислици и фалсифи-
кати. Во тој фонд беа и книгите на
Венко Марковски и мемоарите на
Ванчо Михајлов.


Кој е задолжен за меѓународната
соработка?


Одделението „Меѓународна со-
работка“ е во рамките на сектор.
Вработените во Одделот соработу-
ваат со сите меѓународни асоција-
ции со кои што некаде членуваме,
а некаде не членуваме. Тие со нив
соработуваат по разни прашања
од библиотечната дејност, било да
се работи за стандарди или конфе-
ренции, подготовка на материјали,
плаќање на чланарини итн. Кога е
потребно, тие ни организираат не-
кои престои. Лицето кое работи
таму ги прави патните и другите
подготовки, ги обезбедува врските
и другите информации.


Дали сте збратимени со некоја биб-
лиотека надвор од Македонија?


Не сме збратимени, но имаме
соработка со библиотеки од Бу-
гарија, Србија, со Иран. Сега оче-
куваме да потпишеме договор со
Александриската библиотека.


Оваа година е година на јази-
ците, на 21 февруари ќе направи-
ме изложба со публикации на сите
јазици што ги имаме во Библиоте-


ката, а песната „Т'га за југ“ ќе биде
прочитана на сите јазици.


Кажете ни нешто за донациите
во Библиотеката?


Словенија дава донација за
постдипломски студии по библи-
отекарство заради недостаток на
образовани библиотечни кадри,
од кај нас имаме испратено четво-
рица библиотекари. Таа донација е
за петнаесет лица од Македонија
до 35 или 40 годишна возраст. Ќе
се следат предавања по пет дена
во Љубљана, 3адар, Приштина и
Скопје, во меѓувреме ќе се под-
готвуваат семинарски работи.


Оваа година имаме една дона-
ција од Швајцарија која ќе ни овоз-
можи да учествуваме во европска-
та електронска библиотека со што
ќе ни ја плати членарината таму, а
ние ќе партиципираме со дигита-
лизирање на една наша збирка или
дел од збирката за да ја депонира-
ме како фонд.


Вашиот општ впечаток отка-
ко станавте директор на НУБ
- Скопје?


Концепцијата, воглавно, стои,
но многу работи се сменети, посеб-
но во автоматизацијата. Ние вели-
ме дека сме автоматизирани, но јас
се обидувам да создадам ефекти од
неа, да бидеме ажурни, да обезбе-
дуваме квалитетна информација,
да се автоматизираат процесите
комплетно. Имаме и компјутер-
ски центар кој е „Виртуелна биб-
лиотека на Р. Македонија“. Ние
сме Центар, но и Сервис. Два пати
годишно се организираат почетни
и продолжителни курсеви за биб-
лиотекари од цела Македонија. Со
договор, обврските се префрлија
на нас. Го сервисираме системот
на библиотеките на Македонија,
додека вашата библиотека во Би-
тола е регионален сервис.


Миле Бошески, во Битола, на отворањето на реновираниот хол на Библиотеката,
февруари 2007 г.




14
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


Кои се Вашите планови?
Дигитализацијата и сериозното посветување на


Заштитата на книгата. Ќе ја оформиме лабораторијата
за реставрација и конзервација. Ке ја направиме сов-
ремена и ќе ја сместиме во посебно крило затоа што
сме Центар за заштита на книжевното наследство за
кое сме задолжени уште од 2005 или 2006 година.


Планирате инвестиција за доградба на едно крило
од страната на паркот?


Ќе се инвестираат околу 1500.000 евра за доградба
на едно крило кое ќе биде функционално поврзано со
стариот дел. Во него ќе има депо - магацински просо-
тор за книги од 700 м2, ќе има центар за дигитализа-
ција, ќе бидат сместени сите збирки, ќе има просто-
рии за користење на дигиталните форми. Ќе има една
просторија како амфитеатар за прожектирање, науч-
ни средби. Моментално немаме простор за книгите и
ги носиме во Театарот и на други места. Имаме околу
милион книги. Како библиотечни единици имаме
преку 3.500.000 книги. Крилото ќе биде, во еден дел,
стаклено. Внатрешното уредување не влегува во тие
средства. Крилото ќе биде готово за една година.


На крајот од разговорот морам да Ве прашам за
оваа голема книга за впечатоци пред нас?


Да. Сметам дека една ваква библиотека во која до-
аѓаат реномирани личности од книжевноста и поли-
тиката, од земјата и странство, требаше да има една
ваква голема книга за впечатоци. Пред некое време,
во посета ни беше и премиерот г. Никола Груевски.
Овие дена ќе имаме и изложба со гости и политички
личности од соседните држави.


Разговорот го водеше
Николче Вељановски


Миле Бошески, во Библиотеката во Битола, во комисија на
Петтиот републички натпревар „Млади библиотекари„ 2005 г.


ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА ЗА
ВОЗРАСНИ


БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ


Приредила Гордана Марковска


1. СРЕЌНИОТ ДЕН Е УТРЕ - Јулија Латинина
2. ХРАПЕШКО - Ермис Лафазановски
3. QUO VADIS - Henrik Sjenkjevic
4. ЧЕТИРИ ЉУБОВНИ ПИСМА - Најл Вилијамс
5. ВИСТИНСКИОТ ФИДЕЛ КАСТРО - Листер


Колтман
6. МИСТЕРИЈАТА НА СЕДУМТЕ


БРОЈЧАНИЦИ - Агата Кристи
7. СЕФОРА - Марек Халтер
8. ШОЉА ЧАЈ - Емил Ефрон
9. ОПУС ДЕИ - Роберт Хачинсон
10. GAME OVER - Adel Parks


ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА БИБЛИОТЕКАРИТЕ
ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ


Приредила Стеванка Петковска


Најчитани книги за 2007 год.:
„Ерагон“ - Кристофер Паолини
„Хари Потер“ - Раулинг


1. ПРВОРОДЕНИОТ - Кристофер Паолини
2. КОВАЧОТ ОД ГОЛЕМИОТ ВУТОН - Џ.Р.Р.


Толкин
3. ЕВРЕЈЧЕТО ШАМИ - Владимир Костов
4. МАКЕДОНСКИОТ ФАРАОН - Трајан


Патровски
5. ШТУРЧО - Ѓорѓи Прчков
6. ОРЛОВОТО СЕДЕЛО - П. Бицевски
7. БИСКВИТИ ЧИПС И ЉУБОВНА БОЛКА - С.


Ш. Стипанчиќ
8. МОМЧЕ ЗА РАЗМЕНА - Нестлингер
9. ЧУДЕНКИ СО ТИМИТАР ИТАР - Велко


Неделковски
10. КОРНЕТ И ЛИЗИ ВО ШАРЕН ЏАМ - Велко


Неделковски




15
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


18.07.2007 г.
ИЗЛОЖБА
Во рамките на општинската програма за одбеле-


жување БИТ ФЕСТ - 2007, во 19 часот, Библиотеката


организираше изложба под наслов „КОНЗУЛАТИТЕ
ВО БИТОЛА - НЕКОГАШ И ДЕНЕС“. Присутните
гости ги поздрави директорот на Библиотеката г.
Науме Ѓоргиевски. За подготвувањето на изложбата
зборуваше д-р Николче Велјановски, а изложбата ја
прогласи за отворена г. Никола Миновски.


03.08.2007 г.
ВТОРА ИЗЛОЖБА - БИТ ФЕСТ 2007
Во рамките на БИТ ФЕСТ - 2007, Библиотеката


организираше изложба под наслов „БИТОЛА ОД
АНТИКАТА ДО ДЕНЕС“.


Изложбата ја сочинуваа околу 150 монографски
публикации тематски поврзани со Хераклеја и Бито-
ла, со историјата на Битола, посебно Илинденскиот
период и Револуцијата, со институциите и претпри-
јатијата во Битола, со културни теми од јавниот жи-
вот во градот, како и фотографии - копии од старата
градска архитектура на Битола. Фотографиите беа
подредени хронолошки.


27.08.2007 г.
ИЗЛОЖБА НА ПОРТРЕТИ
По повод отворањето и одржувањето на мани-


фестацијата од светско значење „Струшки вечери
на поезијата 2007“, Библиотеката приреди изложба
на портрети од досегашните учесници лауреати - до-
битници на наградата „Златен венец на поезијата“
- 1966 до 2006 година.


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА
ПРЕДАВАЊА, ПРОМОЦИИ,


ИЗЛОЖБИ
Приредил Драги Кабровски




16
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


30.08.2007 г.
ПРОМОЦИЈА
Во салата за промоции, се одржа промоција на


книгите: „Жена на брегот од океанот“ и „Харфа“ од
Рада Видиновска. Промотори: м-р Разме Кумбароски,
писател и проф. д-р Никола Кљусев, академик.


Рада Видиновска е современ македонски писател,
поет, преведувач и есеист која живее и работи во Торон-
то, Канада. Автор е на книгите поезија: „Бисерни капки
од Нијагара“, „Белези на душата“, „Молњи во окото“,
„Скришни огледала“ и други. Преведена е на повеќе
јазици. Нејзините песни претставуваат тажна исповед
низ кои провејува носталгијата по родниот крај.


06.09.2007 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
По повод 8 Септември - Денот на независна и


суверена Македонија, Одделот за популаризација на
книгата подготви тематска изложба на книги посве-
тени на македонскиот народ и македонската нација,
под наслов „16 ГОДИНИ САМОСТОЈНА И СУВЕ-
РЕНА МАКЕДОНИЈА“.


21.09.2007 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
На празникот Рождество на Пресвета Богородица


- Мала Богородица, 21 Септември, беше промовира-
на монографијата „ОРЕОЛОТ НА ДЕВА МАРИЈА
И СВЕТА БОГОРОДИЦА СЛИМНИЧКА ВО ПРЕ-
СПА“ од авторите: Вера Стојчевска - Антиќ и Сла-
ве Николовски - Катин. Промотор на книгата беше
проф. д-р Петре Георгиевски. На промоцијата преку
видео-бимот беше презентирано литературното дело
на двата автори.


26.09.2007 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
Библиотеката организираше промоција на кни-


гата: „ВЕЧНИОТ ОГАН НА ФИЛОСОФИЈАТА“од
писателот Јозо Т. Бошковски Јон. Д-р Николче Веља-


новски го претстави авторот со кратка биографија.
Промотор на книгата беше проф. д-р Ферид Мухиќ.
Како пропратна активност на промоцијата беше пре-
зентацијата на творештвото на авторот преку видео-
бим и изложбата на неговите книги.


09.10.2007 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
По повод 66 годишнината од народното востание


во Македонија, во холот на Библиотеката беше пос-
тавена тематска изложба на книги посветени на 11
Октомври - Денот на започнувањето на борбата на
Македонија против фашистичкиот окупатор во Вто-
рата светска војна.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




17
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


18.10.2007 г.
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ
БИБЛИОТЕКАРИ“


На 18 октомври, (четврток) во 11 часот се одржа
осмиот по ред општински натпревар „Млади библи-
отекари“.


На натпреварот учество зедоа ученици од основ-
ните училишта од градот и од поголемите селски на-
селби од Битола. Библиотеката на сите учесници им
додели по една книга и диплома за учество, а на трој-
цата најдобри им додели награди во книги и Дипло-
ми. Наградите им ги врачи директорот на Библиоте-
ката г. Науме Ѓоргиевски.


Прва награда освои ученичката Марковска Еле-
на од осмо одделение при ОУ „Браќа Миладинов-
ци“ од с. Добрушево, втора награда освои Димовска
Михаела, ученичка од осмо одделение при ОУ „Св.


Климент Охридски“ од Битола и трета награда освои
Трајковска Тамара, ученичка од VII-в одделение при
ОУ „Елпида Караманди“ од Битола.


Првонаградената од овој Општински натпревар
Марковска Елена, според пропозициите, се стекна со
право да ја претставува Библиотеката на Републич-
киот натпревар што ќе се одржи во Кавадарци на 26
Октомври 2007 година.


Општинскиот натпревар го спроведе комисија во
состав: г-ѓа Бошевска Јоланда (претседател), г-дин
Стојановски Илче и г-дин Кабровски Драги, врабо-
тени во Библиотеката.


26.10.2007 г.
РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ
БИБЛИОТЕКАРИ„
Во петокот на 26.10.2007 година, во Народна-


та библиотека „Феткин“ во Кавадарци, со почеток
во 11 и 30 часот, во организација на Друштвото на


библиотекарите на Македонија беше одржан Осмиот
републиучки натпревар „Млади библиотекари“. На
натпреварот учество зедоа 33 натпреварувачи од сите
народни библиотеки во Македонија. Битолската биб-
лиотека ја претставуваше ученичката Марковска Еле-
на од осмо одделение при ОУ „Браќа Миладинови“ од
с. Добрушево, Битола, која со освоени 170 бодови го


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




18
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


освои второто место на натпреварот. Првото место
му припадна на претставникот од Куманово со осво-
ени 175 бодови, а третото место му припадна на пре-
тставникот од Свети Николе со освоени 165 бодови.
Наградите и дипломите на учесниците им ги врачи
претседателот на Комисијата ѓ-ѓа Магдица Шамбевс-
ка од Националната - Универзитеска библиотека „Св.
Климент Охридски“ од Скопје.


30.10.2007 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
Во салата за промоции на Библиотеката, во орга-


низација на Митрополијата во Битола беше промо-
вирана книгата „Измамени верници“ од Диме/Џим
Мераковски. Книгата ја промовира Панде Манојлов.
На промоцијата збор зеде Митрополитот Преспанс-
копелагониски и администратор австралиски и ново-
зеландски, Г-дин Петар. Книгата зборува за состој-
бите, на црковен план, во македонската заедница во
Австралија.


31.10.2007 г.
ГРУПНА ПОСЕТА ОД УЧЕНИЦИ
На 31 октомври во 10 часот, Библиотеката беше


посетена од ученици од V одд. при ОУ „Ѓорѓи Суга-
рев“ од Битола заедно со претпоставениот наставник.
Учениците беа прифатени од г. Драги Кабровски кој
во кратки црти ги запозна учениците со значењето и
работата на Библиотеката, како и со компјутерското
пребарување на каталогот. Посетата беше искористе-
на и за разгледување на Библиотеката.


03.11.2007 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
По повод 4 Ноември - Денот на ослободувањето


на Битола, Библиотеката постави изложба на книги
со наслов „Битолски писатели добитници на награ-


дата 4 Ноември“. Оваа активност на Библиотеката
беше влезена во општинската програма за одбележу-
вање на Денот на ослободувањето на градот.


На почетокот присутните гости ги поздрави ди-
ректорот на Библиотеката г. Науме Ѓоргиевски и го
повика градоначалникот на општината г. Владимир
Талевски да ја отвори изложбата. Свое обраќање има-
ше нашата колешка г-ѓа Анета Стефановска, прате-
ник во Собранието на Р. Македонија,


09.11.2007 г.
ЛИТЕРАТУРНА СРЕДБА
Библиотеката и Друштвото на писатели на Р. Маке-


донија, по повод одбележувањето на 60-годишнината
од основањето на Друштвото на пистаелите на Ма-
кедонија (ДПМ) и Месецот на книгата, организираа


Литературна средба на која повеќе реномирани маке-
донски писатели лично се претставуваа со кратки из-
вадоци од своите дела. Средбата започна во 12 часот.
Присутните имаа можност да ги видат и слушаат поз-
натите македонски писатели: Гане Тодоровски, Вла-
димир Костов, Ташко Георгиевски, Веле Смилевски,
Светлана Јоциќ и други. Биографските податоци за
авторите беа презентирани преку видео-бим.


14.11.2007 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
Во организација на Библиотеката и Центарот за кул-


турна деконтаминација - Битола, во 18 часот, се одржа
промоција на поемата „Слики“ од младиот битолски
автор Емилијан Дивјакоски. Поемата е заштитена и
поддржана од Данскиот комитет на УНЕСКО при Ми-
нистерството за култура на Кралството Данска и Бал-
канскиот оркестар „Бјонко и Копенхаген Чалгија“,
а во склоп на проектот за „Мир и просперитет на
Балканот“. Промотори на книгата беа рецензентите:
г. Илија Мерковски и г-дин Илче Стојановски.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




19
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


07.12.2007 г.
„ПОЕТСКИ БРАНУВАЊА - 2007“
Библиотеката ја организираше четиринаесетта-


та традиционална литературна средба „ПОЕТСКИ
БРАНУВАЊА 2007“. На Средбата, учество зедоа уче-
ници - членови на литературните секции при основ-
ните училишта од градот. Заради натпреварувачки


карактер на Средбата, за најуспешните литературни
творби, Библиотеката додели награди и дипломи. Беа
наградени следните ученици:


Прва награда: Стефани Најденовска VI-б одд. ОУ
„Коле Канински“ и Теодора Шаклевска VII-в одд. ОУ
„„Елпида Караманди.


Втора награда: Даниел Богојоски VIII-2 одд. ОУ
„Ѓорѓи Сугарев“, Ивана Антевска VIII-а одд. ОУ „Да-
ме Груев“ и Ивана Солунчевска VIII-б одд. ОУ „Д-р
Трифун Пановски“.


Трета награда: Горјана Стојановска VII-одд. ОУ
„Тодор Ангелевски“, Ана Јанкуловска V-2 одд. ОУ „Го-
це Делчев“ и Благојче Ѓорѓиевски VI-б одд. ОУ „Св.
Кирил и Методиј“.


На средбата беа доделени и две награди за редовни
и примерни читатели на Библиотеката за 2007 година
и тоа: Емилија Десановска - член на Детската библио-
тека ученичка во ОУ „Коле Канински“, а од возрасни-
те г-дин Пеце Јовановски од Битола.


08.12.2007 г.
ПАТРОНАТ - ПРОГРАМА
По повод чествувањето на името на вети Климент


Охридски - патронот на Библиотеката, од 8-14 декем-
ври, во Библиотеката се одржаа неколку манифеста-
ции:


ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
Во салата за промоции на Библиотеката, во сабо-


тата, свечено беше претставена книгата „Значајни
личности за Битола“ од Ленче Андоновска, Науме
Ѓоргиевски, Благој Николов, д-р Трајко Огненов-
ски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска и Свет-
лана Талеска.


Во името на издавачите НУУБ - Битола и Опш-
тината Битола, пред присутните зборуваше г. Науме
Ѓоргиевски, директор на Библиотеката, Следеше об-
раќање пред гостите на градоначалникот на Битола
г. Владимир Талески, додека пак, во име на авторите
зборуваше г-ѓа Анета Стефановска, пратеник во Соб-
ранието на Р. Македонија. Промотор на книгата беше
проф. д-р. Златко Жоглев, ректор на Универзитетот
во Битола. На свеченото претставување на книгата,
во преполната сала, присутни беа: заменик министе-
рот за култура на Р. Македонија г. Слободан Деспотов-
ски и претставници од Министерството за култура,
претставници од Дипломатскиот кор, директорот на
НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, г. Миле Бо-
шески, деканот на „Економскиот факултет“ Прилеп,
претседавачот на Советот на Опшината Битола, г-ѓа
Лилјана Кузмановска и други советници и гости.




20
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


11.12.2007 г.
ПРОМОЦИЈА НА ЦД И ЗБОРНИК
Според Програмата за одбележување на својот


Патрониот празник, во еден ден, Библиотеката ор-
ганизираше две промоции - На мултимедијалното
ЦД „Од ризницата на стари книги во битолските
цркви“ од вишите библиотекари: Цветанка Дамја-


новска, Јоланда Бошевска и Лена Секуловска. За
дизајнер и издавач „Лидер Инженеринг“ - Битола.
Промотор беше д-р Весна Калпаковска. Во име на ав-
торите зборуваше г-ѓа Цветанка Дамјановска. Свое
обраќање имаше Неговото Високо преосвештенство
Митрополитот Преспанско-пелагониски и админис-
тратор Австралиски и Новозеландски г-дин Петар.


- Промоција на Зборникот „Втора роднокрајна
средба на битолските писатели од Македонија“, во
издание на Библиотеката. Промотор на Зборникот
беше д-р Николче Вељановски, главен и одговорен
уредник.


14.12.2007 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
Последна манифестација од програмата за одбеле-


жување на Патрониот празник на Библиотеката беше
промоцијата на книгата „ГОЛЕМАТА ИЗМАМА“ од
Петре Наковски.


Промотори на книгата беа Трајан Петровски и
Бранко Цветковски од Скопје.


Јозо Т. Бошковски Јон ѝ при-
паѓа на третата генерација на
современи македонски поети.
Роден е на 24 јануари или на 6-ти
февруари 1933 година во с. Ост-
рилци кај Крушево. Дипломира
историја на книжевностите со
македонски јазик. Режисер, нови-
нар, писател, поет, ликовен и ли-
тературен критичар. Работеше во
Радио Скопје, во Македонската
телевизија, од каде и се пензио-
нирал. Неговото прво дело го на-
пишал уште во 1947 година. Оваа
година, слави 60-години од сво-
ето богато творештво. Напишал
36 книги. Тој пишува за сонцето,


МАЛ ПОРТРЕТ НА ГОЛЕМИОТ ЈОЗО
(Од воведниот збор на д-р Николче Вељановски, по повод промоцијата на проф. д-р Ферид Мухиќ на
„Вечниот оган на философијата“ од Јозо Т. Бошковски која се одржа на 26 септември 2007 година)




21
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


вселената, знаењето, новиот ум
– евангелиум.


На конкурсот на Европската
академија за литература, наука и
уметност со централно седиште
во Неапол, Италија, под покрови-
телство на Европската заедница,
во 1980 година, му беше доделена
титулата Академик поет и беше
примен за нејзин член. Добивал и
други странски и домашни награ-
ди и признанија. Светскиот уни-
верзитет во градот Бенсон, Аризо-
на, САД, во 1988 година, му доде-
ли диплома за Почесен Доктор по
литература. Во 1989 година беше
примен за депутат на Светскиот
Парламент за мир и сигурност, а од
1993 година и за министер на оваа
интерпарламентарна организација
во Македонија. Поседува и дипло-
матски пасош со кој може слобод-
но да патува низ повеќе држави во
Европа и светот. Јозо Т. Бошковски
е номиниран и за Благородник на
Принцот од Аврам, од Тасманија,
Австралија.


За себе ќе рече: „Како човек
сум пристапен, љубопитен, и под-
готвен да помогнам каде ќе затре-


ба. Да не биде претерано, јас сум
полихистор - човек кој ги знае сите
постигања на науките во светот“.
Ретко промовира книги. За прв
пат промовира книга во Битола.
Учителската школа „Браќа Мила-
диновци“ во Битола ја завршува
во 1954 година. Секогаш животот
го носел надвор од Македонија, но
овој пат патот го донесе и во Бито-


ла. Сега по толку многу години за-
станува пред битолската публика.
Денес, во негова чест професорот
Ферид Мухиќ ја промовира него-
вата најнова книга „Вечниот оган
на философијата“, или Актуелизи-
раната историја на философијата
(пред Сократ).




22
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


ОСВРТ КОН ДЕЛОТО „ЗАХИР“
ОД ПАУЛО КОЕЛЈО


Приредил Николче Вељановски,
библиотекар советник


Коелјо го започнува своето де-
ло со кратко објаснување за „за-
хирот„, односно, за насловот на
книгата. „Според зборовите на пи-
сателот Хорхе Луис Борхес, идеја-
та за захирот доаѓа од исламската
традиција и се претпоставува де-
ка настанала во 18. век. Захир на
арапски = видлив, присутен, тој
што не може да помине незабеле-
жан. Предмет или суштество кое,
откако еднаш ќе го запознаеме,
малку по малку ни ги преокупира
сите мисли, сè додека не можеме да
се сосредоточиме на ништо друго.
Може да значи светиња или лу-
дост“. Главниот јунак во книгата е
писателот, богат и славен, со еден
и единствен проблем во моментот,
а тоа е исчезнувањето на неговата
сопруга Естер. Таа била жена на 30
години, воен дописник штотуку
вратена од Ирак. Сопругот мисли,
или барем така се слуша дека го
напуштила заради некое момче на
23 или 25 години, по име Михаил,
чие вистинско име е Олег.


И овде, Коелјо, како и во сво-
ето дело „Вештицата од Портобе-
ло“, големо внимание посветува
на симболиката на имињата на
своите јунаци. Исто така книгата
изобилува со голема симболика,
воопшто. Некој војник, некаде во
светот, ја замолил Естер да му ја
соблече кошулата. Кошулата била
зелена, но извалкана со засирена-
та крв, изгледала црна. Потоа, вој-
никот ја замолил да ја искине на
парчиња и да им ја раздели на сите
оние кои што се во состојба да ја
сфатат пораката на неговата смрт.


Авторот ја поврзува претходната
книга и преку зборовите: „Жими
божествената енергија, ви ја ка-
жувам вистината... јас имам русо-
коса девојка, која е италијанка и
се вика Лукреција...Но во Естер ја
најдов партнерката што ја барав,
личноста што ми помогна да ја
преземам мисијата што ми е дове-
рена, ангелот што ја отвори врата-
та, патиштата, патеките што ќе ни
овозможат - ако даде Господарката
- да ѝ ја вратиме на Земјата енер-
гијата на љубовта. Сепак, Естер го
напушти, исчезна без збор. Дали
за извесно време или за цел живот,
тоа не го знаеше. Размислуваше:
„Естер е задоволна затоа што ја на-
шла Љубовта што проголтува, или
нашла нов маж, или се откажала од
светот, или пак очекува еден од нас
двајцата да ѝ тргне во пресрет на
Љубовта... захирот пулсираше во
сè околу мене“. Естер стана негова
преокупација.


Заради нејзиното исчезнување,
полицијата ја започна истрагата
со негово кратко ставање в затвор,
што му помага да ни ја претстави
смислата на внатрешната слобода,
која е во тесна врска со изборот на
неговата љубов: „Се борев за љу-
бовта на својата прва, својата вто-
ра, својата трета жена. Се борев да
соберам храброст да се разделам од
својата прва, својата втора и своја-
та трета жена, зашто љубовта не
траеше, а јас морав да продолжам
понатаму и да ја барам личноста
што се родила за да ме сретне мене
- а таа не беше ниедна од нив.“ Ав-
торот се прашува што е слободата,


затоа што голем дел од животот го
поминал како нечиј роб: „Се бо-
рев против своите родители кои
повеќе сакаа да станам инженер
отколку писател. Се борев против
школските другари кои уште од
првите денови ме избраа за жртва
на нивните расипани игри и тн.“


Сепак, авторот верува во љу-
бовта и смета дека кога човекот ќе
завладее со енергијата на љубовта,
ќе биде исто толку важно колку
кога бил откриен огнот. Ранетиот
војник, во миговите на очај збору-
ва за љубовта, но не треба да сфа-
тиме дека смислата на животот мо-
жеме да ја сфатиме само во време
на војна, исто како што не треба да
ја сфатиме мислата на Ниче, „Доб-
рата војна посветува сè“. Авторот
смета дека трагачот по љубената е
постојано во војна, тој е во потра-
га по себе си, постојано борејќи се
со смртта, односно, со стравот од
смртта, затоа што секој знае дека
на крајот смртта ќе победи. Тогаш
зошто да не ѝ се спротивставиме
на смртта, на пример, со љубовта
кон својот другар или другарка, со
една безусловна и безгранична, со
една божја љубов, каква што беше
неговата љубов кон Естер. Таа му
беше најближната и преку неа тој
се сакаше најмногу себеси. Ако ма-
жот и жената успеат да ја изразат
Енергијата, тогаш им помагаат на
сите мажи и сите жени на светот.


Авторот ни го дава својот пог-
лед на светот за кој смета дека е
една приказна која не е вистинс-
ка приказна, односно смета дека
светот и постоењето се мистерија




23
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


исто како што е мистерија и смрт-
та. За да ја дознаеме вистинската
приказна за светот треба да ја по-
минеме границата на непознатото.
Естер многу му помагаше во раз-
бирање на непознатото. Всушност,
вистинската приказна е заробена
во Енергијата на Љубовта. Својата
потрага по „исчезнатата“ своја же-
на, авторот ја споредува со Одисеј
кој после дваесет години се
враќа во своето родно место
Итака каде што „би требало да
го чека“ неговата љубена жена
Пенелопа, која беше бремена
кога тој замина во војна: „Тив-
ко се молам, го слушам гласот
на природата и сфаќам дека
невидливиот свет секогаш се
наѕира во видливиот свет... Му
поставувам неколку прашања
на небото, истите прашања
кои во детството ѝ ги поста-
вував на мајка ми:


„Зошто некои луѓе ги сака-
ме, а некои ги мразиме?


Каде одиме по смртта?
Зошто се раѓаме ако на


крајот умираме?
Што значи Бог?“


Потрагата го прави авторот
номад кој стигнал на крајот од
степата до местото тенгри, ка-
де небото зад облаците го зна-
еме дека е сино. Тенгри е всуш-
ност, „небесен култ“, еден вид
вера без вера. Таму минувале
будисти, хиндуисти, католи-
ци, муслимани, секти, верувања,
празноверија. Според мислата на
авторот, духовниот пат и, воопш-
то, патот на самоспознанието е ист
за сите без оглед на верската убеде-
ност. Божественоста е насекаде и
постојано и не можеме да ја искор-
неме од природата и да ја ставиме
во книгите или меѓу четири ѕида.
Самоспознанието е вистинската
приказна за светот, а со тоа и вис-
тинската љубов. Авторот, пред чи-
тателот се прашува: „Што мислам
за љубовта, зошто сум пишувал за
љубовта, што треба да се направи


за да бидеме среќни во љубовта,
љубовта, љубовта... „И продолжу-
ва, исто како кај артистите, со се-
која нова улога треба да престане-
ме да бидеме тоа што сме биле во
претходната улога за да може да се
соживееме со ликот во најновата
улога. Значи за да бидеме постоја-
но „нови“ треба да се обидеме да
заборавиме кои сме, поточно не


мора да ја носиме на грб тежината
на својата приказна, но проблемот
е во навиката, се разбира, таа е чо-
вечка. Читателот би се запрашал,
зарем самоспознанието води кон
натчовекот? И што има „натчо-
вечко“ во тоа што жената за која
авторот се оженил, преминала во
захир. Дури ја опишува Естер како
единствената жена со која може да
биде среќен и покрај тоа што таа не
е жената што тој ја сака повеќе од
било кој друг на светот. Авторот го
правеше среќен токму тоа што Ес-
тер потполно го разбираше, само


таа му го знаеше вкусот, навиките,
начинот на гледање на животот. Ѝ
беше благодарен за сè што таа на-
прави за него, а мислеше дека и таа
му е благодарна нему за сè што тој
направи за неа. Тој се навикна да
го гледа светот со нејзините очи.


Овде морам да подзастанам со
мојот осврт, некој може да си по-
мисли дека целта на самоспозна-


нието е да го гледаме светот
со очите на нашата љубена
девојка, или жена!? Овде и
авторот, пред читателот се за-
прашува дали е ваква љубов-
та, или зависноста, а истов-
ремено му сугерира дека тој
не зборува нити за физичка
љубов меѓу маж и жена, ниту
пак за зависноста која про-
излегува од една таква слепа
љубов. Токму затоа, тој е во
постојана потрага по жената
која исчезнала, односно, таа
физички најмалку постоела.
Овде би го препознале Ни-
че со неговата силна мисла:
„Досега не сум нашол жена со
која би посакал да имам деца,
освен со тебе, О Вечност!“


Конечно, духовниот ма-
ченик, се откажува и од ма-
ченикот во себе, за да може
повторно да ја сретне онаа
што некогаш му беше жена,
а која подоцна се претвори
во захир. Авторот ни го опи-
шува своето откажување од
духовното во себе за да може


да се сретне со сопствената душа:
„го предадов коњот и пеш ги ми-
нав стоте метри што ме делеа од
љубената за која сонуваат сите во-
ини кога се враќаат од битка или
од работа. Заради една жена трг-
нав на долго поклонение за да го
остварам својот сон. Мојата водач-
ка и љубовта на мојот живот сега
е оддалечена само неколку чекори;
сè ми помага да избегам од реал-
носта по која толку трагам, а тол-
ку се плашам да се соочам со неа.
Но сепак, при средбата, го сфатив
она што не сакав да го сфатам и го




24
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


прифатив тоа што не сакав да го
прифатам“, вели авторот, а таа му
признала, „Многу страдав,... че-
кав како што Пенелопа го чекала
Одисеј, како Ромео што ја чекал
Јулија, како што Беатриче сакала
да ја спаси Данте“. Празнината на
степата била полна со спомените
за него, со миговите поминати со
него, со нивната заедничка среќа.
Сфатила дека нејзиното срце ѝ
служело само нејзе и на Бога, а не


на други. Тогаш, не е ни чудо што
веќе забременила од авторот, од
писателот кој толку долго трагаше
по неа, а сега беше со неа, како от-
секогаш да бил со неа и таа со него.
Секој трагачки дух би се запрашал;
ако Естер и авторот страдале, не
страдал ли и Бог, дури и далеку по-
веќе од нив, се додека не дошло до
нивната повторна средба!? Естер
беше неговиот захир. Естер беше
натчовекот во него. Зарем Бог не


страда за една ваква средба на чо-
векот со натчовекот во себе? Зарем
не е ваквата средба блаженството
со кое се храни Бог!? Затоа Ниче
ќе извикне: „Божјата болка е под-
лабока, ти чудесен свету! Посегни
по божјата болка, а не по мене!
Што сум јас! Опојна слатка лира, -
полноќна лира,... што не ја разбира
никој, о виши луѓе! Бидејќи вие не
ме разбирате!“


СЕДУМТЕ НОВИ СВЕТСКИ ЧУДА


Идејата за одредување листа на светски чуда прв-
пат се родила кај историчарот Херодот, во петтиот
век пред нашата ера. Неговиот колега Калимакус од
Сирена, напишал книга која се занимавала со свет-
ските чуда.. Оваа книга се наоѓала во библиотеката
во Александрија и била уништена заедно со уништу-
вањето на библиотеката.


Во античко време, пак, попис на овие чуда напра-
вил грчкиот поет Антипатрос меѓу 150-тата и 120-
тата година од старата ера. Чудата од античко време
биле: висечките градини на Семирамида во Вавилон,
кипот на Зевс во Олимпија, храмот на Артемида во
Ефес, мавзолејот на Халикарнас во Персија, колосот
од Родос, светилникот во Александрија и пирамидите
во Гиза. Денес, од сите овие останале само остатоци,
само пирамидите во Гиза останале во целост. Иако
Антипатрос бил Грк, тој го изоставил атинскиот Ак-
ропол, кој ниту сега не успеал да се вброи во новите
„Седум светски чуда“.


На 07.07.2007 година, на големата свечена церемо-
нија во Лисабон беа избрани „Седумте нови светски
чуда“. На овој меѓународен натпревар (New Seven
Wonders of the World) одржан по иницијатива на
Бернард Вебер, основач на Новата отворена светска
корпорација (New Open World Corporation - NOWC),
можеа да земат учество градби кои биле градени од
создавањето на светот па се до 2000 година. Услов бил
градбите да постојат и денес.


Оваа необична кампања го обзеде светот. Најпрво
биле избрани седумдесет и седум од номинираните
двеста културни наследства. Откако стручна екипа ги
посетила сите нив, во јануари 2007 година, составила
листа од дваесет и една градба. Градбите кои не доби-
ле доволен број гласови се следните: Атинскиот Ак-
ропол, Алхамбра во Гранада на Шпанија, камбоџанс-
киот Ангкор Ват, статуите на Велигденските острови,
Ајфеловата кула, Аја Софија, храмот „Кијомицу“ во
Јапонија, Кремељ со црквата „Василиј Блажен“, ба-
варскиот замок „Нојшванштајн“, пирамидите во Гиза,
Статуата на слободата во Њујорк, британскиот Сто-
унхенџ, операта во Сиднеј и древниот град Тимбукту
во Мали.


Градбите кои се избрани за нови „Седум светс-
ки чуда“ се: Кинескиот ѕид (Кина, 5 век пр.н.е. до 16
век н.е.), древниот град Петра (Јордан, 6 век пр.н.е.),
спасителот Исус Христос, Рио де Жанеиро (Бразил,
1931), Мачу Пикчу (Перу, 1450), Чичен Ица, Јукатан
(Мексико, 600), Колосеумот, Рим (Италија, 80 н.е.) и
Таџ Махал, Агра (Индија, 1648). Пирамидите во Гиза
се земени како почесен кандидат (Египет, 2560 пр.н.е.)
Оваа кампања за избор на „Седумте нови светски
чуда“, предизвика неброени критики од експерти од
целиот свет. УНЕСКО дури нагласува дека изборот
не го опфатил целото човештво, туку само еден негов
дел. Но, во секој случај современиот свет ги доби сво-
ите седум нови светски чуда.


Приредила Лидија Мирчевска,
виш библиотекар




25
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


Кинескиот ѕид (Кина, 5 век пр.н.е. до 16 век н.е.) Мачу Пикчу (Перу, 1450)


Древниот град Петра (Јордан, 6 век пр.н.е.) Чичен Ица, Јукатан (Мексико, 600)


Спасителот Исус Христос, Рио де Жанеиро (Бразил, 1931) Колосеумот, Рим (Италија, 80 н.е.)




26
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


ПОВОД ЗА ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ


Таџ Махал, Агра (Индија, 1648)


Пирамидите во Гиза (Египет, 2560 пр.н.е.)
(почесен кандидат)


РАЗГОВОР СО ВАНЧО ПОЛАЗАРЕВСКИ


Кажете ни нешто за Вашите
најмлади години?


Роден сум во Гостивар. Први-
те 10 години од мојот живот ги
минав во Призрен. Се сеќавам на
Една случка од Призрен. Имав 8
години. Бев повластен од татко ми
и мајка ми да гледам филм заед-
но со нив. Навечер, значи доцна,
а плус филм со Тарзан. Зарем на
тие години може да се има пого-
лема среќа. Таа возбуда од гледање
филм и денес ми држи влага, при
секое влегување во киносала. Тука
се и можеби најубавите десетина
години од моето детство заедно со
неколкуте „детски“ години мина-
ти во Битола. Тоа сега е веќе како
некој сон. Живеевме кај Камениот
Мост. Реката Курдерес ја паметам
по тоа што си играв со хартиени
бротчиња... откако ќе ги пуштев да
пловат, трчкав покрај нив се доде-
ка не потонеа. Денови исполнети
со безгрижни игри, на моменти


проткаени со детска суровост како
кај сите деца во светот.


Средно образование учев во
Техничкото училиште ЕМУЦ „Ѓу-
ро Салај“. Отидов во Скопје, се


запишав на Електромашински
факултет, се префрлив на Технич-
киот факултет во Битола каде ги
поминав следните неколку години.
Дипломирав, а потоа, повторно се


- наоколу магла, а во мене сонце -




27
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


ПОВОД ЗА ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ


вратив во Скопје и се запишав на
Филозофскиот факултет - група
Историја на уметност...



Што Ве натера да појдете во
Скопје?


Отидов во Скопје затоа што Би-
тола ми стана тесна, секоја чест на
Широк Сокак. Сакав на моменти
да се загубам во шетањето неба-
ре сум во некој огромен непознат
град. Тоа е возбудливо, тоа е како
да влегуваш во сопствен расказ
што со секој изминат чекор го ис-
пишуваш, со нозете, очите, умот и
случките околу тебе. Тоа го има-
ше и во Битола, но Скопје како да
има повеќе штоф за тоа. Имав на
располагање многу повеќе улици,
паркови, населби, фаци, излози.
Сакав на моменти да шетам сам, а
тоа во помалите градови не е мож-
но, веднаш ве обележуваат. Во по-
голем град имав поголем простор.
Јас сум по природа номад.


Најверојатно сте имале и поголе-
ми можности?


Имав и поголеми можности за
работа, за докажувања.... Работев
како уредник во „Детска радост“,
како хуморист во „Остен“, „Млад
борец“, а на крај во „Теа модерна“.
Работата сега е далеку покомер-
цијална. Најмногу книги објавував
кога бев во „Детска радост“ и таму
се задржав најмногу. Работев и за
радио станици, некои емисии на
разни ТВ, а објавував хумор и са-
тира низ весниците на просторите
на бивша Југославија.


Како можеме да го поделиме
Вашето творештво?


Прво како детска одушевеност
што може да се опишува (и обја-
вува) и второ како шок од созна-
нието дали тоа е сепак тоа? Кога
ќе ги читаш еден Гомбрович или
Бегбеде, Мишима... си велиш што
е ова, кај се тие, кај сум јас. Сепак,


убаво е да се демистифицира една
толку убава професија како што е
писател со големо П.


Пишував детски книги, хумор и
сатира. Мислам дека книгите за де-
ца се една богата комуникација со
зборовите, мисли... во нив можеш
да откачиш тони фантазија. За да
се пишува на други потешки теми
треба да се биде многу помоќен.


Која беше Вашата прва книга?


Првата моја книга е „Па што?“
полна со хумор и сатира. Ја отпеча-
тив во „Киро Дандаро“ во 1981 го-
дина. Следуваат: „Па што - скрип-
тиз“, афоризми и „Сештологија“ во
1987 година. Потоа „Смеалиште“ и
„Бушавиште“ во 1989 год., „Ша-
шаријада“ (1993), „Големи и мали“
(1997) и „Лилав пилав“ (1997),


„Нервозни приказни“ (2000),
„Бисери и солзи“ (2001) и „Ноќ и
ден“ (2004) итн.


Пишувате раскази и драми?


Драми не. Во моите книги по-
веќето има раскази што се некако
мислам веселки и коишто распо-
ложуваат - со игра на зборови и
ситуации. Всушност, за мене, пи-
сател е голема професија. Често


се прашувам колку сме вистински
писатели, затоа што често наше-
то его не тера да пишуваме нешта
кои не ги сакаме, па затоа после се
каеме. Во Народниот театар се иг-
раа некои мои скечеви во кабарето
„Кабаре-Чкембаре“ заедно со тек-
стовите на Иван Карадак, и една
детска пиеса, „Бисери и солзи“, таа
се играше во Скопје, во 2004 год.
Бледо помина... ја пишував во една
театарска работилница во Охрид.


Кога бевте присутни на првата
Роднокрајна средба на битолс-
ки писатели од Македонија, ми
спомнавте за книгата „Ноќ и
ден“?


Да, мислам дека е интересна, но
читателите за тоа го имаат послед-
ниот збор, нели? Тоа е еден избор
на раскази и песни што ги пишу-
вав во претходните години.


Награди?


За „Смеалиште“ ја добив на-
градата на Струшките вечери на
поезијата за деца. Добивав и некои
награди за скечеви, хуморески, ка-
рикатури...




28
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


ПОВОД ЗА ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ


Која беше Вашата амбиција во
литературата?


Ги имав амбициите во онаа
прва фаза што ја опишав, подоцна
сфатив дека ми е поважно онака да
се живее животот како своја книга
што секој ден ја испишувам. Пишу-
вањето бара голема посветеност,
часови и часови пополнување бе-
ли простори со тешки дилеми дали
токму така треба, дали тоа е навис-
тина добро за некој човек, намес-
то бурек, да ја купи токму твојата
книга.


Но сепак, предизвик ми беше да
ја демистифицирам професијата
писател. Успеав да се видам себеси
и од таа страна. Јас прво се гледам
како читател, а потоа се обидувам
така да се видам себе си за сите тие
изминати години... од сите стра-
ни.


Од каде Ви доаѓа инспирацијата?


Па, неа, за сите ја има насекаде.
Таа е една сеприсутност. Понеко-
гаш мислам дека просто те тера
да ја исфрлиш од себе си. Па бр-
заш, па се трудиш... нешто шиба
од твоите мозочни нерамнини...


Ми се чини дека може да биде ин-
спиративен, подеднаков, секој наш
потег, ете, во моментот, и твојот
израз на лицето, како седиш, како
паѓаат сенките од ролетните овде,
врз тебе и тоа може да биде дел од
една книга... еден ден. Си помислу-
вам, да ова е Николче што го знам
со години.


Што има најново?


Веќе подолго време работам на
проза. Се работи за една зграда -
ја гледам и од внатре и од надвор,
луѓето што со туфкање влегуваат и
излегуваат од зградата-мравјалник
и секогаш со некоја нова фаца, не-
која нова изненада, недофатлива а
толку блиска. Зграда со тие нејзи-
ни стенкања на бетонските ѕидови,
крикови на лифтовите, лелеци на
фрлените најлон кеси со ѓубре, тие
птици на нашата култура. Бези-
мените ликови кои имаат еден се-
којдневен но многу слоевит живот.
А зградата, тоа цело село - верти-
кала со 70 станови велам грофта,
туфка, јачи... живее, со нас заедно.
Живот во кутии од тули и малтер
- всушност во ништо, и тоа како да
ги предизвикува луѓето кои си жи-


веат едни на други на глава, да по-
сакуваат да ги расчистат сметките
а тоа не оди баш лесно.



Дали Ве фаќа носталгија за
Битола?


И да и не. Се обидувам тоа да
биде нормално. Да биде дел од жи-
вотот. За ден-два ќе претрчам да ги
видам милите лица. Успевам да му
се радувам на градот, познаници-
те. Ги гледам балконите, улиците,
некои маала што ми биле огром-
ни, долги, цели авантури кога сум
требал да одам кај тетка ми Братка,
на пример.


Седам на Широк Сокак и вооп-
што ми се јавува желба да ја шетам
цела Битола. Градот, со текот на
времето се менува, улиците, фаса-
дите, продавниците, светлината...
Минливоста на годините ја мерам
со откривање на тајните убавини
на Битола.


Тоа го немам во Скопје. Кога
живеев тука, тоа беше време на
поинаков живот, нормално многу
поразлично од денес. Тогаш сакав
да излегувам и да се шетам сам по
градот. Сега, веќе е поинаку. Жи-
вотот се менува страотно брзо.


Дали некогаш сте се покајале за
тоа што станавте писател, дали
се исплаќа трудот?


Не, иако сметам дека многу
тешко може некој да се нарече пи-
сател. Тоа да се напише, или објави
книга, денес е многу лесна работа,
но, да се каже нешто навистина
ново, добро, нешто што би им го
одзело здивот на читателите, е, тоа
е веќе нешто друго.


Дали сте размислувале да одите
во странство и таму да
направите кариера?


Како многу млад, да, сега сметам
дека нема странство, Странство е
таму каде што ти се малку четири-
те страни на светот, а тоа може да




29
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


ПОВОД ЗА ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ


ти се случи и дома, на најудобното
катче во топлиот ти дом.


Кога сега ги гледате Роднокрај-
ните средби, која е Вашата кри-
тика за нив, или дали би можеле
да изгледаат поинаку?


Мислам дека се добри, по мој
кејф би требало да се поотворени
кон помлади писатели, нови фа-
ци...


Кои од нашите или странските
писатели најмногу ги цените,
онака, се по Ваш вкус?


Ги има многу, на пример: Бор-
хес, Мишима, Уелбек, Замјатин,
Умберто Еко, Лимонов, Буковски...
Петре Андреевски, Блаже Конески,
Славко Јаневски, Гоце Смилевски,
Алекс Букарски...


Дали имате слободно време и
каде обично го користите?


О да, се трудам да го имам кол-
ку што е можно повеќе и тогаш
одам на планина, во некое село и
таму си го густирам, го арчам по-
лека, како кога пијам кафе, голтка
по голтка.


Ве интересираат ли патувања
надвор од Македонија, можеби,
како извор на инспирација?


Сега веќе не толку. Порано -
многу. Кина, Египет, Канада, Ев-
ропа, Тунис... доста патувања... по
кои открив дека центарот на све-
тот можеби е во село Љубојно, ба-
рем за таа година...


Еднаш Ве прашував за религиоз-
ното во Вас, или ете, како ја гле-
дате религијата или верувањето?


Да зборувавме за тоа. Верувам
во себе, во тебе, во многу луѓе околу
мене. Тоа е мојата верба во луѓето со
кои стапувам во контакт. Верувам во
убавината што се распостила наоко-
лу во најразновидни форми (дрва,
хоризонти, чуден облик на стара
куќарка, цвет, астероид...), во убави-
ната на љубовта што се манифестира
на најразлични начини, во бескрај-
ните видови игри, особено кога сами
себе си во самиот тек на играта се
играат, преигруваат, преофромуваат
и ни нудат некое детско задоволство.
Вербата во нешто што во целост не
може да се искаже е мојата верба. Тоа
ми дава згоден простор.


Делува ли на Вас и Вашето пишу-
вање притисокот на политиката?


Не, освен на индиректен начин,
она кога заради сета таа политика
мрачноста околу нас се зголемува,
темно напластени облаци јуришаат
кон тебе и ти мораш да носиш ча-
дор, а на пример, во тебе - сонце.




30
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


ПОВОД ЗА ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ


Ова не е само приказна. Ова е
и вистина. Замислувана, но веру-
вана.


Беше тоа една градина, многу
голема и многу убава, небаре рај.
Еднаш само се влегуваше во неа и
никој не знаеше како се нашол та-
му, а сепак, однекаде помнеа, како
да го беа виделе тоа дека над ог-
ромната широка врата од таа гра-
дина однадвор пишуваше: „По сто
и педесет.“


И помнење тлееше во нив за не-
каков живот кој како да го живее-
ле некогаш порано, нешто слично
како што ни се случува кога некој
силен внесеник или фантазер ќе
ни рече: „...Тоа сум го имал јас во
претходниот живот“.


Ете во таа препространа гра-
дина, поправо бескрајна, како што
е времето, имало луѓе видови, од
различни поразлични.


На еден спортски полигон об-
растен високо со цветни дрвја, на-
селен со милопоен птичји плипот,
по зелената трева која никогаш ка-
ко да не видела летен изгор, трчка-
ше, потскокнуваше и многу други
телесни вежби по избор на душата
си изведуваше момче во расцут на
силите, со насмев на лицето и со
радост во очите, и во повремените
восклици што сами му избегуваа
од грлото како несвесен одѕив на
милното цвркотење одоколу. Не-
маше момчево кога да се вдлабува
во себеси, но во помирни часови,
откако ќе поминеа уживањата на
игралиштето, иако и тогаш му беа
ретки помирните часови, сепак ќе
поднаѕреше, ќе подраспознаеше во
својата дамнина, за која инаку не


се сеќаваше конкретно исто како и
за големиот натпис на таинствена-
та градинска врата - ќе се подизне-
надеше така, од знаењето: дека тој
еден ден беше бил кутар алипник
во сиромашна количка за која не-
мало ни рака која да му подзачис-
ти, да му потсуреди, а среќен бил и
ако се најдел милосрдно дофрлен
касај, да го подзалаже стомакот,
душата да си ја задржи... Таков
чудесен доѕир, небаре во маглича-
вост на магесно стакло. Не, тоа не
можеше и сега, тука, да има болно
дејство на него, ниту самиот зна-
еше од кога му е вратено спокојс-
твото, од кога му го исполнува
радосниот, игровитиот здив чувс-
твото на благодарност што му е да-
дено да го има она за кое неговата
душа беше подготвена да го има и
да го одржува.


Потаму, во поинаков предел на
градината, друг човек, средовеч-
ник, но не како момчето во игра-
лиштето, туку доста скудна, бедна
слика: во поддрпнати работнички
алишта, со клешта и тесла во раце-
те, ја поправаше, божем ја затегну-
ваше теловната ограда на парче од
големата градина, предвидено со
нешто да биде засадено, што не мо-
жеше да му биде ни познато. Лице
на кое се гледаше обесмисленост
на непотребник и безволие, но зад
тоа лице, во внатрешноста на гла-
вата, беа зачувани одблесоци, иако
матни, од една изминатост, од еден
миг од бескрајното време, а во тој
миг истиот бил важна личност која
секогаш се стремела да биде уште
поуважувана, отпрвин директор, а
потоа и поголем раководител, пре-
тседател на многу почесно место и
функционер чиј збор бил моќен и
многу тешки порти да отвори, осо-
бено ако било тоа поврзано со не-
гови желби и лично напредување.
И титули, и академски звања и


положба, сè било постигнато без
многу мака, вешто.


И во таа бледо досеглива со
умот сопствена претходност, овој
поправач на ограда и уште којзнае
какво излишно маткало во голе-
мата градина од која немаше изле-
гување, тогаш кога добро ќе се од-
мореше и ќе се осетеше на крајот
заслужен да се препушти на нешто
убаво, макар и да беше тоа слично
на кутра детска подзалажувачка,
ќе доѕирнеше во непоправливата
некогашна одвиореност и уште не-
што: Тој требаше да решава за свој
потчинет без звања и без полож-
би, но многу даровит и успешен, и
многу дури инаетливо упорен во
трудот - а беше научник, создавач
со учество на својата развивана,
полетна мисла, - ама не му се до-
паѓаше таквиот уверен трудољу-
бивец кого во себе си го наречу-
ваше „брзоплетко“, и колку пати
што беше замолен за разбирање и
овозможување на услови за да се
докаже малкуважниов но занесен
трудољубивец - двојно повеќе па-
ти му наштети од својата академ-
ска висина.


Му се случуваше на човеков со
клешта и тесла во рацете да го дог-
леда од подалеку во градинава тој
некогашен свој потчинет, не мо-
жеше сега ни да му пријде, во по-
себен предел, убаво заштитен од
такви како него, предел каков што
никогаш не барал, се движеше и
умно, со задоволство разговараше
со истакнати мислители, научни-
ци, каков што и тој, од најдамни
временски доѕирнини, се стремел
и успевал да биде. Луѓе беа тоа не
толку бројни, но заслужни, полни
со добродетелен и радосен болскот
кој се ширеше низ градината, без
оглед на денот и ноќта, како тивка,
но непобедлива божествена мили-
на...


ПОСАКУВАЊА ИЛИ ВИСТИНИ


Никола Кочовски




31
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


А нашиот затегнувач на жици и
сенештовец кога ќе беше во мож-
ност да се препушти на размисли,
жалеше што е времето премногу
големо спрема мигот.


Но мигот беше поминат, останат
назад. А тој не остана во трајното
време со ништо од својот миг. Ни
големо ни благородно. Ако беше
благородно ќе беше и големо. Една


залудност од човек. Која ни во гра-
дината не знаеја кај да ја сместат и
зошто воопшто се наоѓа во неа. Не
беа тука оградите од таков вид што
да им требаше затегнување. Цврс-
ти беа и дури препостојани. Би мо-
жело да се рече, вечни. Не можеше
овој телокрпач, овој ништотен чо-
вечки продолжеток, да не е свесен
за тоа, и покрај сета бледникавост


на она што беше дамна профучено.
Болскотот на големите остварите-
ли го потсетуваше и покрај него-
вото несакање.


И затоа не можеше да биде ни
утешен, дури нити залажан, како
што ни се случува кога гледаме не-
што сладникаво од тој безначаен,
кутар свој миг.


На крајот од 2007 година читалната на Роднокрај-
ното одделение доби една свечена декорација со
поставувањето на Изложбата „НУУБ „Св. Климент
Охридски“ - низ процесот на осовременување“ која
на повеќе стаклени паноа ги прикажува одредени по-
големи активности, односно проекти на вработените
во Библиотеката, од 1945 година до денес. Поставени
се просториите по оддели, некогаш и денес, салата за
промоции, промените во холот на библиотеката како
и одредени прослави и екскурзии на вработените. На
едно пано се поставени и познатите македонски пи-
сатели кои биле гости на Библиотеката.


НОВО НОВО НОВО


ИЗЛОЖБА ВО РОДНОКРАЈНАТА ЧИТАЛНА
НУУБ „Св. Климент Охридски“ - низ процесот на осовременување“




32
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 19/20 • 2008.


ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО 2007 ГОДИНА
НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ БИТОЛА


Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола според годишниот
договор број 17-1328/16 од 27.03.2007 година и Анексот на договорот бр.17-1328/72 од 24.12.2007 година за
учество во финансирањето на проекти од национален интерес во културата за 2007 година, ги реализираше
следните програмски активности:


Р. бр. ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ По договор Реализација 01.01.-31.12.2007
процент на
реализација


1. Збогатување на книжниот фонд и
периодични списанија


525.000 525.179 100,04


2. Заштита на стари книги и
периодика- ракописи во Битола и
Битолско


80.000 80.200 100,25


3. Културни активности во
Библиотеката


30.000 29.706 99,02


4. Материјални трошоци 315.000 322.870 102,50


5. Маркетинг на библиотеката 40.000 39.784 99,46


6. Музејска поставка 30.000 30.201 100,67


7. Истражување за збогатување на
фондот на Роднокрајниот оддел


21.000 21.100 100,48


8. Заштита на библиотечен материјал 50.000 51.740 103,49


9. Персонална библиографија за Вера
Стојчевска Антиќ


40.000 40.300 100,00


10. Тркалезна маса - Втора средба со
роднокрајните автори


40.000 40.000 100,00


11. Библиотечен водач 50.000 49.897 99,80


12. Библиотечен тренд 50.000 50.000 100,00


13. Автоматизација на библиотеките
од западниот регион на РМ


1.200.000 1.200.066 100,01


14. ВКУПНО: 2.471.000 2.481.043 100,41


Приредиле Цара Огненовска и Трајан Чагорски