БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД
СПИСАНИЕ НА НУУБ "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"
Издавач
Национална установа - Универзитетска Библиотека
"Св. Климент Охридски" Битола
ул. Ленинова 39
За издавачот: директор Јелена Петровска
Издавачки совет:
-претседател
Редакција:
д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
Јоланда Бошевска, виш библиотекар
Гордана Марковска
д-р Николче Вељановски, главен и одговорен уредник
Јоланда Бошевска, виш библиотекар
Илче Стојановски
Лектура и коректура: д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска
Фотографии: Трајан Чагорски
Дизајн на корица: Гордана Пешевска
Компјутерска обработка и печат: Херакли Комерц- Битола
Тираж: 300 примероци
ISSN: 1409-9497
Тел.: 047/220-208; Тел./Факс: 047/220-515; Тел. на Изд.:232-999; www.nuubbt.uklo.edu.mk; E-mail: nuubbt@uklo.edu.mk
2
Библиотеката-од идеја до реализација
НАРОДНИТЕ БИБЛИОТЕКИ И КОН
ФЛИКТИТЕ СО КОРИСНИЦИТЕ
Приредила Јелена Петровска, директор
Во организација на Националната
установа - Библиотеката "Гоце Делчев" од
Штип, од 3-4 април 2006 година, се одржа
семинар кој се однесуваше на народните биб
лиотеки и нивната ориентираност кон корис
ниците во смисла на разрешување на кон
фликти со корисниците. На семинарот беа
обработени следните теми:
1. Организациската култура и клима во
функција на подобрување на:
- односите помеѓу библиотечните работници
- односите помеѓу библиотечните работници
и корисниците
2. Народните библиотеки и нивната ориен
тираност кон корисниците:
-разрешување на конфликти со корисниците
( сегмент COBISS 2-зајмување)
3. Менторирањето како основа за подобру
вање на однесувањето.
4. Причини за различното однесување на
библиотечните работници
5.Библиотечниот маркетинг како форма за
подобрување на односите со корисниците.
6.Шема на организациско работење.
7. Дисциплина и дисциплинирање на работ
ното место.
8. Влијанието на раководителот врз однесу
вањето на вработените и корисниците.
Со оглед на актуелноста и
заедничките потешкотии во работењето со
корисниците, но и заради остварување на
ефективна и ефикасна работна клима во биб
лиотечните колективи, предавањата беа
проследени со низа интересни дискусии а
посочени беа и начини на решавање на некои
проблеми во менаџирањето со библиотеките.
Во рамките на темата за ориентира
ност кон корисниците и разрешување на кон
фликтите со корисниците кои што произле
гуваат од имплементацијата на програмскиот
библиотечен софтвер, беа дадени повеќе
насоки во смерот на Библиотеката како нова
парадигма. Беа нагласени квалитетот на биб
лиотечните услуги во поглед на потребите на
корисниците и креативните деловни комуни
кации. Посебно внимание беше посветено на
пречките во комуницирањето и избегнување
на конфликтите како и на техниките во
3
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
однос на решавањето на конфликтите помеѓу
библиотекарите во нивните организациони
единици. Беа наведени најчестите конфликти
кога се работи за сегментот зајмување
(COBISS 2) те понудени повеќе начини за нив
ното решавање.
Како посебна тема беше обработена
Дисциплината на работното место како еден
мошне чуствителен сегмент од секојдневниот
професионален живот на библиотекарите.
Имено се наметнува едно општо согледување
дека библиотечните работници како и пого
лем дел од профилите кои што традиционал
но се врзани со областа која што ја нарекува
ме култура ( театри, музеи, архиви, домови на
култура и др.) имаат специфики во своето
работно однесување односно работниот ден.
Со обзир дека манифестациите во културата
се поврзани со флексибилна работно време
многупати доаѓа и до злоупотреба или попу
ларно речено непотребно отсуство од работа
по сопствена волја на работникот. Тоа влијае
на другите работници кои што совесно си ги
извршуваат работните задачи.
Семинарот беше мошне добро прифа
тен од колегите заради актуелноста и прак
тичноста на темите што потврдија и бројните
дискусии кои што се водеа за време на семи
нарот. Општа констатација беше дека и во
иднина треба да се посвети големо внимание
за обучување и професионално усовршување
на библиотекарите како од областа на менаџ
ирањето со институциите така и со тековни
проблеми од секојдневието на секој библио
течен работник.
БИТОЛА, БАБАМ БИТОЛА
На покана од Македонско- хрватското
Библиотеката-од идеја до реализација
друштво "Марко Марулиќ" од Битола и
Завод и музеј, Битола во месец април беше
реализирана посета на Хрватското граѓанско
друштво "Котар" од Црна Гора, при што
Битола беше претставена преку изложба и
реферат под име "Битола, бабам Битола" .
Изложбата се состоеше од фотогра
фии од историјата на Битола подготвена од
вишиот кустос и етнолог Здравка Маретиќ и
беше сместена во прекрасната Галерија на
летниковецот "Буќа" во Тиват.
Во својство на директор на институци
ја која што располага со богат фонд за мина
тото на Битола, на средбата го прочитав
рефератот за историскиот, економскиот и
културниот развиток на градот кој беше дел
од излагањето на трибината "Битола низ
вековите" .
Настанот беше проследен со големо
внимание и од неколку медиуми, а беше при
сутен и градоначалникот на Тиват, почесни
от конзул на Р. Македонија во Црна Гора, и
други високи гости.
На средбата се разговараше и за други
видови на културна соработка како што се
промоции на книги, размена на искуства на
библиотечните и музејските работници, три
бини од областа на историјата и културата на
двата народи и др.
СОБРАНИЕ НА БИБЛИОТЕКАРСКОТО
ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА
Приредила Јелена Петровска, директор
4
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
Триесетитретото Собрание на
Библиотекарското друштво на Македонија
се одржа на 15.06.2006 година во Куманово.
Беа присутни поголем број на библиотекари
од поголем број на библиотеки од државата
како и гости од невладините организации
(УНДП).
Собранието беше во два работни
дела. Во првиот дел кој што беше предвиден
како работен дел, на библиотекарите им се
обрати претседателот на БДМ Зорка
Чекичевска, а потоа јас ја презентирав пред
лог програмата за стратегија на
библиотечното работење во Македонија.
Собранието помина доста хаотична,
посебно во вториот дел кога се избираше
новиот состав на БДМ. Како член на
Извршниот одбор на Библиотечното
друштво на БДМ заедно со колешката Наде
Караџова од Прилеп се обидовме да понуди
ме нови концепти за организација во
друштвото, барање на спонзорства за квали
тетна организација на Собранието, а посебно
за избор на квалитетен состав на Извршен
одбор. Предлогот да се достават CV ( curricu-
lum vitae ), или биографии од присутните биб
лиотекари од сите библиотеки пред
одржувањето на Собранието беше прифате
но, но не и спроведено од страна на претседа
телот на Извршниот одбор. Изборот на ново
то Претседателство е извршен од само три
члена на верификациона комисија без
разгледување на биографиите од
предложените кандидати.
Со проблемите во однос на организа
цијата и работата на БДМ, се стекнува мис
лење во библиотечната јавност која што е
доволно оптоварена со кадровски и технички
недостатоци, дека навистина не постои про
фесионализам во однос на развојот на библи
отечното работење во Македонија.
Со должна почит кон новоизбраните
членови им посакуваме успешна работа во
афирмацијата на библиотекарството во
Македонија. "Климентовата повелба" беше
доделена на Зорка Чекичевска, вработена во
НУУБ "Св. Климент Охридски" Скопје и
екс- претседател на БДМ.
Од НУУБ "Св. Климент Охридски"
Битола беше организиран бесплатен превоз
за библиотекарите од Југоисточниот регион
за што сме посебно благодарни на раковод
ните лица од ЕЛЕМ РЕК-Битола кои што го
подржаа Собранието на БДМ и активно
Библиотеката-од идеја до реализација
почнаа да го спроведуваат законот за спон
зорство КОЈ што недавно е донесен од страна
на нашето ресорно Министерство.
КУРСЕВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА
СОВIЅЅ2/КАТАЛОГИЗАЦИЈА
Институтот за информативни науки
при Универзитетот во Марибор, (ИЗУМ),
Марибор, Словенија, за библиотеките од Р.
Македонија, во соработка со Виртуелната
библиотека на Македонија (ВБМ) во
Центарот за обука на Националната устано
ва Универзитетска библиотека "Св.
Климент Охридски" Скопје, организираа
курсеви за користење на програмската
поддршка СОВIЅЅ2/Каталогизација - почетен
курс; каталогизација на монографски пуб
ликации; каталогизација на сериски пуб
ликации; каталогизација на библиографии,
почнувајќи од 22 мај до 21 јуни.
На почетниот и напредниот курс за
каталогизација на монографски публикации,
нашата Библиотека ја испрати Јелена
Петровска, виш библиотекар, на курсот за
сериски публикации Николче Вељановски,
библиотекар - советник и на курсот за ката
логизациЈ а на библиографии Цветанка
5
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
Дамјановска, Лена Секуловска и Јоланда
Бошевска.
Истите овие курсеви ќе бидат орга
низирани и во месец септември на кои ќе
присуствуваат и други колеги од нашата
Библиотека. Курсевите за монографски и
сериски публикации ги покриваше
Министерството за култура на РМ, а курсот
за каталогизација на библиографии го покри
ваше ИЗУМ, Марибор.
РАЗГОВОР СО МИОДРАГ ДАДАСОВИЌ
Кога и каде за првпат во Македонија почна
да се работи на ЕВЅСО - базите?
-Фондацијата Институт Отворено
општество Македонија (ФИОМ) Тие се осно
вачи на EIFL (Electronic Information For
Libraries). Всушност, тие отворија тендер за
соработка со некој Информациски сервис и
ЕВЅСО даде најдобра понуда. Заедно го соз
дадоа тој JOINT . и EIFL и ден денес
продолжи со работа екслузивно со ЕВЅСО.
Тие имаа Меѓународен конзорциум за снаб
дување со информации под многу поповолни
услови отколку кога директно би преговар
але со нив.
Колку бази содржи ЕВЅСО и дали се сите со
полн текст? ??????????
-ЕВЅСО е светски лидер за обезбеду
вање на пристап до информации преку прет
плата на печатени и електронски списаниЈа и
услуги. Обезбедува он-лине пристап до
повеќе од 150 банки на податоци и над 13000
електронски списаниЈа со полн текст и со
апстракти. Постои повеќе од 60 години.
Како течи финансирањето. Дали преку спои-
Библиотеката-од идеја до реализација
зорство?
-Ние се финансираме мешано. Бараме
и средства од владата. Но во принцип, досега
финансиите доаѓале од невладини органи
зации, или од универзитети или научни
институции. Тоа се големи пари за да се
бараат од членките.
Колкава е претплата за ЕВЅСО за оваа годи
на?
-Таа е 23000 американски долари, а
членарината беше 2400 евра. Воглавно Сорос
Фондацијата ја обезбедува претплатата,
инаку имавме една година пауза.
Дали е искористена ЕВЅСО-базата кај вас во
НУУБ?
-Се води месечна статистика за кои
бази, кои видови на информации.
Дали ЕВЅСО - базата може да ја користат и
индивидуални членови, дома и што треба да
се направи за да се биде корисник?
-Да. Им се дава да пополнат пристап
ница за зачленување во МЕБ (Македонски
електронски библиотеки) и тогаш добиваат
можност за пристапување до ЕВЅСО-базите.
Ќе се регистрираат на WEB - страната на
ЕВЅСО, која може да се најде на страната на
МЕБ. Ќе добијат одговор за недела дена и им
се отвара шифра. Корисниците се обраќаат
до Канцеларијата за југоисточна Европа во
Белград, до претставникот Драган Николиќ.
Исто така, оние корисници кои имаат потре
ба од овие информации се обраќаат до мене,
а можат и да ја користат ЕВЅСО-базата во
читална Периодика, во Референтната читал
на.
6
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
Да ми кажите нешто за вашата работа во
Библиотеката?
-Работам во НУ -УБ Скопје од 1983
година. Одреден број години сум Виш биб
лиотекар. Работев и работам во
Рефералниот центар на реферални информа
ции - пребарување на on-line и off-line банки на
податоци. Јас сум национален координатор
на Македонските електронски библиотеки.
Ги водам, односно ги обработувам и магис
терските трудови и докторските дисертации
одбранети во Македонија. Контактирам со
сите Универзитети на ниво на Македонија и
барам истите да ми бидат доставени.
Едно време работевте на базите на СD-RОМ
ови кои можеа да се пребаруваат преку
Интернет?
On-line е Dialog, Scopus i ЕВЅСО. Off-line:
Science Citation Index, Social Science Citation
Index, Anti Humanity Citation Index, Ulrich cata-
logue на сите светски списанија. Ги имаме
сите најпознати стандарди: PERINORM
Intemational ANSI, ASCI, и ел. на CD-ROM, на
пример стандард за евалуација на работата на
библиотеките. Имаме енциклопедии.
Разговорот þÿ3>водеше Николче Вељановски
ПОВОД ЗА СРЕДБА СО
Библиотеката-од идеја до реализација
ТРАЈАНА МАРКОВСКА
Стручен соработник во
библиотечната дејност во Министерството за
култура. Триесет и пет години работен стаж
од кои дваесет години во Министерството за
култура. Од 1986 година работи како стручен
соработник за архивска и библиотечна
дејност која подоцна остана само како биб
лиотечна дејност. Од 1999 до 2002 година ја
води Издавачката дејност во која
Министерството делумно финансира пуб
ликување на книги.
Која е Трајана Марковска?
-Родена сум во с. Дебриште,
Кавадаречко во 1948 година. Кога имав осум
години се преселивме во Скопје каде завршив
средно образование и Филозофски факултет,
група Социологија.
Кажете ни нешто за вашата улога на совет
ник во библиотечната дејност. На кој начин
соработувате со библиотеките од
Македонија?
-Библиотеките конкурираат со свои
проекти за кои бараат да бидат финансирани
од Министерството за култура. Се до 2004
година сама ги разгледував проектите,
7
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
правев селекција и потоа предлог-програма
која ја проследував до Министерот. За оние
проекти кои се прифатени изготвувам догов
ори помеѓу Министерството и библиотеките.
Контактирам со раководните лица на биб
лиотеките или лицата задолжени за нив во
поглед на нивното финансирање, односно
префрлањето на финансиските средства за
кои изготвувам динамика, односно изготву
вам планови и решенија, квартални и
месечни, за реализација на финансиските
средства. За ова е потребно постојан контакт
со библиотеките во текот на годината. На
крајот од годината го подготвувам
годишниот извештај за извршената работа и
реализираните финансиски средства.
Дали вашите контакти се сведуваат само на
службен контакт со раководните органи на
библиотеките, денес ве видовме и како член
на Комисијата за доделување на наградите по
Конкурсот за најубава детска песна?
-Ми беше чест и големо задоволство
да бидам во Комисијата за доделување на
награди по Конкурсот со тема: "Да ја
отвориме ризницата на старите македонски
заборавени зборови, да создадеме најубава
песна". Исто така, присуствувам на
поважните семинари заедно со прет
ставниците на библиотеките. Многу често
доаѓаат кај мене библиотекари кои бараат
решенија не само за проблеми во биб
лиотеките туку и за свои лични проблеми.
Моите совети им се добродојдени.
Овој разговор беше некако неочекуван,
кажете ни уште нешто за вашиот работен
ден?
-Мојата работа бара постојано да ги
следам нормативно-правните работи во
поглед на библиотечната дејност. Посебно би
Библиотеката-од идеја до реализација
го нагласила значењето за задолжителниот
примерок. Ги задолжуваме сите автори или
издавачки куќи во Македонија од секоја пуб
ликувана монографска или сериска пуб
ликациЈ а да ни доставуваат по пет
задолжителни примероци кои ги проследу
ваме до Националната установа Универ
зитетска библиотека "Св. Климент Охрид
ски" Скопје, која пак распоредува по еден
примерок како архивски депозит во НУУБ
"Св. Климент Охриски" Битола и НУ -
Библиотека "Гоце Делчев" Штип.
Кои се промените кои настанаа во 2004 годи
на. Дали тоа значи дека и вашите задачи се
намалиле со оглед на вашиот работен стаж?
-Во 2004 година се формира Комисија
за библиотечна дејност. Таа е составена од
надворешни членови кои ја преземаат улога
та на разгледување, селектирање и предла
гање на проектите до Министерот. Но тоа не
значи дека мојата соработка со библиотеките
се ограничила. Како пример можам да ја
наведам автоматизациЈата на штипската
Библиотека. Откако беа автоматизирани
библиотеките НУУБ - Скопје и НУУБ -
Битола со библиотеките од Југозападниот
регион, инсистирав и барав од штипската
8
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
Библиотека да изготви проект за автомати
зација на библиотеките од источниот регион
кој опфати четиринаесет библиотеки. Се
разбира, дека во ова многу помогна и
раководителот на нашиот Сектор, г-ѓа
Билјана Тановска. При реализацијата на
проектот беше набавена компјутерска и
комуникациска опрема за сите библиотеки.
ОЦЕНУВАЧКА МИСИЈА НА ГЕНЕРАЛ
НИОТ ИНСПЕКТОР ЗА БИБЛИОТЕЧНА
ДЕЈНОСТ ЖАН - МАРИ АРНУ ОД
ПАРИЗ
(од 23-25 ноември 2005 година)
1. ПОЧЕТОЦИ НА МИСИЈАТА И РЕФ
ЕРЕНТНИ ТЕРМИНИ
1.1 Почеток на мисијата
На иницијатива на Фондацијата
Институт Отворено опшество- Македонија
(Foundation Open Society Institute-Macedonia) и
со помош на Службата за соработка и кул
турна дејност на Република Франција во
Македонија, првата мисија на македонските
библиотеки беше извршена во јули 2005 год-
ина од страна на Жан-Лик Готије-Жентес,
генерален инспектор за библиотечна дејност.
Една од основните цели на оваа мисија беше
проучување и проценка на Предлог-законот
за Библиотечна дејност, но, исто така и
испитување на главните библиотеки што
требаше да продолжи со оцената на одредени
установи.
Како продолжение на оваа прва
фаза, оцената на Библиотеката од Битола
беше одредена за сегашната мисија, раково
дена од 23 до 25 ноември 2005 од страна на
Жан Мари Арну, генерален инспектор за
библиотечна дејност, по барање на
Фондацијата - Институт отворено опшество
Македонија со помош на Службата за
Библиотеката-од идеја до реализација
соработка и културна дејност на Амбасадата
на Република Франција во Скопје, г-ѓа
Јелена Петровска, директорка на
Библиотеката од Битола и нејзините
соработници и на професорот Добри
Петровски- проректор на Универзитетот во
Битола.
1.2. Референтни термин
Целта на мисијата (Види го ком
плетниот текст на референтни термини во
анекс 2) беше да се пристапи кон оценување
на активностите и организациЈ ата на
Националната установа - Универзитетска
библиотека "Св. Климент Охридски" Битола;
посета и оцена на разните сектори и одде
ленија на Библиотеката, разгледување на
проблемите и идните планови, заедно со
раководните кадри и вработените.
Исто така, беше побарано по посе
тата да се изготви извештаЈ со препораки за
одржливиот развој на Библиотеката.
Акцентот требаше да биде ставен на проце
сот на децентрализациЈа, КОЈ е моментално во
тек во Македонија (а особено културната
децентрализација). Целта на оцената беше да
се предложи модел за развоЈот на
Библиотеките на регионално ниво во
Македонија.
3. БИБЛИОТЕКАТА
3.1. Статут и менторство
3.2. Податоци за Библиотеката
3.2.1. Простории и опрема
Библиотеката е сместена во ком
позитни простории : од 1974 година со еден
дел се наоѓа во објектот на старата болница
на Битола (зграда од XIX век во класична
архитектура), на која е додадена модерна
градба од 1982 год. Стариот дел не беше
преуреден со цел да биде Библиотека, додека
пак новиот дел е повеќе велинчествена
отколку функционална градба, со скромен
архитектонски квалитет кој повеќе не одго
вара на моменталните норми за изградба на
Библиотека.
Одржувањето на просториите се
врши редовно ; додека, пак, градежното
одржување на зградите е сведено на мини
мум. Во зима доста чести се проблемите со
греењето, што претставува потешкотиЈа
како за вработените така и за читателите. Во
лето проблемите со високите температури
претставуваат исто така проблем. Нема
9
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
климатизациЈа ни прочистување на воздухот.
На првиот кат се наоѓа
Францускта Алијанса од Битола. Во биб
лиотекта исто така се наоѓа и Македонското
научно друштво на Битола.
Вкупно, Библиотекта на Битола
(внатрешни оддели и оддели отворени за
читателите) зафаќа околу 2700 м2.
Единствената читалница распола
га со околу 40 места ; комплетирана со 6
индивидуални читални кои им се на распола
гање на образовниот кадар.
Сала ( до 120 места) во која посто
Јано се одржуваат промоции на книги, пре
давања и изложби.
Просторијата за информатика ( со
18 места) беше финансирана од US-AID; оваа
опрема останува во негова сопственост. Таа
служи за обука и за изложување на туѓата
периодика.
Салата за состаноци, конфер
енции и обука служи и како магацин за
Роднокрајната збирка.
Заедно со Францускта Алијанса
беше направен проект за подвижна биб
лиотека која бија опслужувала периферијата
на Битола и околните општини. Трошоците
за работата и одржувањето на оваа подвижна
библиотека го спречија нејзиното спроведу
вање во пракса.
3.2.2. Понуцени услуги
Библиотеката е отворена од
понеделник до петок од 7ч до 19:ЗОч, или
62:ЗОч неделно; затворена е во сабота и
недела.
Зачленувањето чини околу 2,5
евра годишно, и овозможува консултирање
во читалница и зајмење за дома. Другите
услуги како, користење на индивидуалните
читални и меѓубиблиотечно зајмење се
наплатуваат дополнително.
Библиотеката-од идеја до реализација
Зајмењето е индиректно за возрас
ните (бројот на книги со слободен пристап е
ограничен на неколку) и директно за децата.
Библиотеката располага со систем кој го
раководи зајмењето, СОВIЅЅЕМ/Зајмување.
Корисниците имат на располаѓање
и пристап на Интернет преку овластениот
персонал.
Консултирањето за базите на
податоци - особено за универзитетските
корисници - се врши во Библиотеката.
3.2.3. Вработени
Тимот на Библиотеката се состои
од 34 лица (Види анекс 3) од кои 10 стручни за
библиотечно работење со здобиеното обра
зование, ставени под раководство на дирек
торката назначена од страна на
Министерството за култура со мандат од
четири години кој може да биде обновен
( сегашната директорка г-ѓа Петровска, беше
назначена во 2005 год).
Во Македонија нема почетно
образование за библиотекарство; вработен
ите се обучуваат на самото работно место.
Не постои статус на вработените
кои работат во библиотеките.
Работните места во Библиотеката
(како и во сите библиотеки во Македонија)
не се постоЈани и не се пополнуваат систем
атски во случај на слободно работно место.
Недостатокот на кадар ја наведе директорка
та да се обрати, директно или со посредство
на НВО, на доброволци (волонтери), за
целни програми кои главно се однесуваат на
децата (вкреативни работилнициг).
Вработените ја добиваат својата
плата од Министерството за култура.
3.2.4. Б)тце_т
Буџетот на библиотекта не може
да се процени според француски критериуми.
Главно, тој се состои од средствата доделени
од страна на Министерството за култура и од
сопствените средства на Библиотеката (кои
се состојат од ќиријата што ја плака
Француската Алијанса за своите простории
на првиот кат, од членарината и од казните за
задоцнетото враќање на книгите). Вкупно
буџетот за 2005 година изнесуваше околу 32
ООО евра, без да се земат предвид трошоците
за вработените. Буџетскта сметка изгледа
10
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
вака ( Бројките се во евра и заокружени):
Податоци за 2005 - Во евра
Позиции
Министерство за култура
Библиотека
Вкупно
Збогатување на книжен фонд 7 260
700
Заштита 1 620
Трошоци за работа 4 900
5 300
Поправки и тековно
одржување 2 ооо
Надворешни услуги 1 ооо
Средства по проекти
(60-ти јубилеј) 3 230
710
Средства за саемот на книгата
1940
7960
1620
10200
2000
1000
3 940
1940
Изготвување, печатење и издавање
1 ооо
Опрема
Патни и останати трошоци
Вкупно: Министерство
Библиотека
ВКУПНО:
1420
670
1000
1420
670
18 950
12 800
31750
Извор : Извештај за работата на НУУБ ..... за
2005 година
Забелешка:
- Градот Битола не учествува во
работењето на Библиотеката,
-Комплетирањето на библиотеч
ниот фонд претставува втора буџетска пози
циЈа.
-Покрај за комплетирање на
Библиотечниот материјал, Министерството
за култура одобри средства и за посебни
проекти (60-ти годишен јубилеј на
Библиотеката-од идеја до реализација
Библиотеката, Саем на книгата)
Во француски универзитет со
15 ООО студенти годишниот буџет наменет
за комлетирање на библиотечниот матери
јал изнесува во просек 45 евра по студент.
Во јавна библиошека во францус
ки град со 50 ООО до 100 ООО жители,
годишниот буџет наменет за комлетирање
на испечатениот материјал е во просек 1
евро по жишел.
Да посочиме уште еден аспект :
Министерството за култура покрај редовните
активности на Библиотеката финансира и
проекти кои Библиотеката му ги предлага
секоја година. Овој начин на финансирање е
доста интересен (може да се спореди со LOLF
во Фанција),но е тежок за една мала структу
ра која има потешкотии во достигнувањето
на цели кои браат сили над нејзините
можности. Значи за Библиотеката прет
ставува реална потешкотиЈа да предлага
амбициозни проекти кои не би можела да ги
реализира.
Секоја друга споредба со буџетот
на француска библиотека со слична големи
на не би имало смисла.
3.2.5. Организација
Библиотеката е поделена на 8
функционални оддели распределени во 3 сек-
тори, поставени под раководство на централ-
на управа. 1) Сектор 1
- Оддел комплетирање
- Оддел стручна обработка,
каталогизациЈ а
- Оддел посебни книжни фон
дови (списанија), вклучувајќи ги
читалниците и Одделот за деца
2) Сектор 2
- Оддел унапредување
-Оддел библиографии
- Оддел зајмење и услуга
3) Сектор 3
11
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
- Оддел општи служби
- Оддел заштита и репро-
графија
3.2.6. Книжен Фонц
Книжниот фонд се состои од
околу 400.000 библиотечни единици од
различни области, од кои поголемиот број се
сместни во магацини (има многу малку книги
со слободен пристап, со исклучок на книгите
за деца) и од 215 наслови на периодика од
кои 190 се уште излегуваат.
Комплетирањето на библиотеч
ниот материЈал се врши преку купување
( околу 2000 библиотечни единици годишно) и
преку подарок. Од 1945 год Библиотекта од
Битола добива примерок од секоја пуб
ликациЈа која како задолжителен приимерок
доаѓа прво во Народната и Универзитетска
Библиотека од Скопје, или тоа во просек би
било 1 500 библиотечни единици годишно.
Овие примероци се чуваат во посебен мага
цин.
Магацините за монографски пуб
ликации се наогаат во подрумот. Тие се веќе
преполни, особено магацинот за задолжите
лен примерок. Полиците се рудиментарни и
не доволно прилагодени за добро заштита.
Библиотекта има околу 2 лин
еарни метри со докторски дисертации и маг
истерски трудови.
Магацините за периодични пуб
ликации се наоѓаат во стариот дел на
Библиотеката ; условите за чување и заштита
се просечни. Голем дел од овие публикации
се укоричени во Библиотеката. Ниедна пуб
ликација не е микрофилмувана.
Библиотекта не располага со
стари публикации. Библиотеката нема рез
ерви со непроценлива вредност.
Книгите за деца се со слободен
пристап во одделот за деца.
Библиотеката располага со работилница за
заштита и укоричување ( со еден техничар и
еден млад волонтер на стаж за време на посе
тата) каде се врши укоричување на перио
дичните публикации, заштита и најбараните
монографски публикации и заштита на
старите или оштетени книги. Техничките
средства се стари и ограничени. Материјалот
што се користи е се слаб квалитет. Работата
и во ОВОЈ сектор како и во сите други сектори
на Библиотекта, е показател на
Библиотеката-од идеја до реализација
симпатичниот волонтаризам и потврдената
имагинација на вработените со цел да се
прикрие недостатокот на опрема и средства
за работа.
3.2.7. Каталози
Сите библиотечни единици се
достапни било преку каталогот со
картончиња (автор, предметна определница,
наслов) напишани со кирилица и латиница,
или преку ОРАС, кој води до базата СОВIВ
( Co-operative Online Bibliographic Database) кој а
содржи околу 70 ООО записи на дела објавени
во Македонија, меѓу кои и неколку илјади
објавени во странство - добиени по пат на
подарок или купени (монографски, сериски
публикации, статии од весници и списанија),
во формат COMARC. Системот што се
користи за класификација е Универзалната
децимална класификација (на картончињата
и во СОВIВ).
Со воспоставувањето на системот
COBISS (Co-operative Online Bibliographic
System and Services) во 1987 година, биб
лиотеките од поранешна Југославија влегоа
во особено интересна библиографска мрежа.
Со формирањето на новите земји по
респадот на Југославија, COBISS продолжува
да ги обединува каталозите на библиотеките,
. .
но, каталозите на секоја земја се консулти-
раат одделно. Секоја земја е одговорна за
одржувањето на своите електронски кат
алози. Седиштето на СОВIЅЅ е во Словенија,
раководено од страна на независен органи,
IZUM. Народната и унврезитетска
Библиотека во Скопје ја врши националната
координација за Македонија
Во мрежата COBISS се наоѓаат
каталозите од 22 библиотеки и документарни
центри во Македонија.
Библиотеката од Битола самата ја
врши каталогизацијата на новонабавениот
библиотечен материјал, ретроспективната
каталогизациЈа и внесувањето на записите во
базата ; исто така таа ја врши и обуката на
своите корисници.
3.2.8.Активности
Библиотеката има развено про
грамски активности во повеќе насоки : сту-
12
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
денти и универзитетски кадри, широка
јавност и деца. Воглавно овие научни
активности и анимации сведочат за посто
јаната грижа на Библиотеката да биде
отворена кон корисниците и Јавноста од
Битола.
- Публикации и валоризација
Библиографската дејност прет-
ставува основна активност за
Биоблиотеката, наменета главно за уни
верзитетските корисници, но и за широката
јавност. Посебен оддел работи со полно
работно време за да се изработи и издаде рет-
роспективна библиографија за Битола и
нејзиниот регион и библиографии на маке
донски автори. Овие изданија се придружени
со културни манифестации (изложби, про
моции, предавања), саем на книгата, интер
ВЈуа со писатели, статии во весници и честа
присутност во локалните телевизии.
Библиотеката издава свое списание
вБиблиотечен трендг што излегува секои три
месеци.
Ваквата политика го валоризира
идентитетот на локалната и националната
култура и им става на располагње на своите
читатели информации до кои често тешко се
доаѓа или се наоѓаат на повеќе различни
места и целосно го претставува своето богат
ството на книжниот фонд.
Од 1987 година, Библиотеката
врши CIP (Cataloguing in publication) катало
гизациЈа за македонски издавачи, или тоа е во
просек 150 наслови годишно.
Библиотеката од Битола врши
автоматизација на библиотеките од југо
западниот дел на Македонија, проект што
влегува во своЈата втора фаза ( оценка на
досегашната работа, подготовка на
извештај.)
Библиотеката-од идеја до реализација
Библиотеката има своја интернет-
. .
страница КОЈ а редовно ја одржува и надграду-
ва. (www.nuubbt.uklo.edu.mk).
Анимации
Во корист на децата,
Библиотеката, со помош на волонтери, разви
програма на креативни работилници, и тоа
два пати годишно, една во зима и една во
лето. Овие активности се однесуваат на
школската средина и овозможуваат прод
лабочена работа со децата на теми пред
ложени од страна на волонтерите ( следната
работилница ќе биде на тема - националнос
ти). Работата во работилниците се изразува
на различни начини (литературни,
уметнички) за кои се говори доста во медиу
мите.
3.2.9. Резултатите во 2005
Основните податоци за активнос
тите на Библиотеката и листата на проекти
(и потреби) која ќе биде доставена до
Министерството за Култура за финансирање
следната година се наоѓаат во годишниот
извештај на Библиотеката. Еве ги основните
елемнти:
Население шо треба да се опслужи 100 ООО
жители од кои студенти (Битола и Охрид)
15 ООО; Вкупен број на зачленети во 2005 се
7 267 од кои: студенти 354 и деца 1 018.
Вкупно опслужено население: 7,26 %
Број на консултирана литература во читална
4 620
Број на позајмување за дома: 47 489
Број на позајмувања по жител: 0,52
Број на позајмувања по зачленети: 7,2
Забелешка:
Не е направена разлика помеѓу
. .
позаЈмувањата на студенти и позаЈмувањата
во одделите возрасни и деца.
4. КОМЕНТАРИ
Оцената на една Библиотека
треба да се заснова на споредби со
Библиотеки од градови со слична големина,
во принцип во истата земја, мерени според
истите индикатори, се со цел да се донесе
заклучок што ќе ја одразува реалноста на
објективен начин. Очигледно е дека оваа
13
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
задача беше невозможна да се изврши во
Македонија ( единствента библиотека со
споредлива големина е Национлната и уни
верзитетска Библиотека од Скопје, и прак
тиката на оценување со индикатори не е
воспоставена во администрациЈата на маке
донските библиотеки). Од овие причини
направени се споредби со француските ста
тистики податоци, но не со цел да се покажат
взадоцнувањатаг на Библиотеката од Битола
туку да се покаже кои цели би можеле да и
бидат поставени во една програма за развој
адаптирана на македонскиот контекст. И
како што веќе беше кажано секоја споредба
треба да биде придружена со длабока анал
иза за да не биде направена гршка во оцену
вањето.
На краЈ, за оцената да ја добие
целата своја смисла, ќе беше интересно
Библиотеката од Битола да се спореди со
други библиотеки со слична големина во
градовите од поранешна Југославија, т.е. со
библиотеки кои и припаѓаа на истата мрежа
и имаа заедничка историја. Меѓутоа во
недостиг на време и информации оваа задача,
за КОЈ а постоеше вистински интерес, не
можеше да се изврши.
4.1. Позитивни страни
4.1.1. Силна структурна орга-
низација
Библиотекта има многу добра вна
трешната организација. Одделите се многу
добро структурирани во јасен и ефикасен
функционален организам со многу малку
споредни додатоци. Директорската управа ги
контролира сите сектори. Вработените кои
се раководители на сектор или други специ
фични дејности, учествуваат и во сите
технички аспекти на нивните одделениЈа и
Библиотеката-од идеја до реализација
сектори, а не само во она што произлегува од
нивната надлежност како раководител на
сектор. Постои една константа во екипата на
Библиотеката : вработените покажуваат
голема посветеност на работата поддржана
од страна на директорската управа чие секо
Ј дневно присуство во одделите на
Библиотеката е начин да се одржи динамика
та и на едните и на другите. Имајќи ги пред
вид недостигот на кадар, недоволните ресур
си, условите за работа, скромната стапка на
професионализација на вработените, се
заклучува дека постигнатите резултати прет
ставуваат секоЈдневна авантура и предизвик.
4.1.2. Активности
4.1.3. Сила на убедување во
располагање во корист на заедницата
Како заклучок, ќе ја истакнеме
силата на убедување покажана во корист на
корисниците, и во корист на заедницата.
Оваа можност, поврзана со особената
способност за работа, ја зајакнува ефикас
носта на тимот што работи во Библиотеката.
Но, што се однесува на функционирањето,
Библиотеката од Битола го достигна макси
мумот на своите можности.
4.2. Спорни точки
Библиотеките на поранешна
Југославија имаа одреден број на квалитети
(особено колективниот каталог) но и
одреден број недостатоци. Независно од
секаква споредба со искуствата од западна
Европа, системот на југословенските биб
лиотеки заостануваше во поглед на опрему
вањето ( било да се работи за градбите или за
средствата ставени на располагање) и во
поглед на самото сфаќање за биб
лиотекарството обележано од советските
методи. Формирањето на нови држави ги
откри на јасен начин поранешните неед
наквости, каде Македонија не претставува
исклучок. Библиотеката од Битола ги
конкретизира недостатоците напоменти
погоре, и покажува колку е важно да се
постават високи цели во повеќе сукцесивни
фази за да се достигне посакуваниот брз
развоЈ.
14
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
4.2.1. Нејасни мисии
На администативен план, статусот
и задачите на Библиотеката од Битола не се
јасно дефинирани. Моментално постои сплет
од повеќе фактори, меѓу кои историскиот
фактор е исто така важен.
Од 2003, во рамките на процесот
на децентрализација, новиот назив на биб-
лиотеката, вНационална установа
Универзитетска библиотекаг ја дефинира
како универзитетска библиотека. Оваа
администативна реалност би требало јасно да
надвладее но, нејасностите остануваат пора
ди досегашните мисии што ги врши
Библиотеката (универзитетска библиотека и
јавна библиотека). Од друга страна, називите
( секако во преводите на англиски и францус
ки јазик но сомнежет се чини не дозволен)
продолжуваат да ја спомнуваат
вградскатагмисија (т.е. како јавна библиоте
ка) ; неј асностите се зголемуваат и поради
буџетот кој доаѓа само од Министерството за
култура за финансирањето на активностите и
вработените. Тоа што градот Битола на
учествува во функционирањето на
Библиотеката, ја прави ситуациЈата уште
повеќе збунувачка.
4.2.2. Сложени мисии
Потребите на универзитет
ските читатели во однос на литературата
( традиционална или електронска) се големи
и нивните цели не соодветствуваат сосема со
оние на библиотека за деца и возрасни. Во
поволни услови, со доволно финансиски и
технички средства, оваа двоЈна мисиЈа со
право се смета за сложена и тешка за
извршување; во помалку поволни услови, таа
е речиси невозможна. Оваа констатација
беше направена во поголемиот дел земји од
запад кои наЈпосле ги одвоиЈа двете мисии
Библиотеката-од идеја до реализација
(во Франција само една библиотека го има
зачувано статусот градска и универзитетска
библиотека, но овај пример не би бил поучен
за Библиотеката од Битола).
За да бидеме објективни треба да
се каже дека примери на истражувачки биб
лиотеки (дури и национални) кои вршат и
функции на јавна библиотека не се ретки во
светот ; најчесто се работи за стари модели
или преодни фази во развојот на еден биб
лиотечен систем .
Универзитетска мисија
Во сегашната ситуациЈа, се
заклучува дека универзитетската мисиЈа на
Библиотеката од Битола е малку видлива и
очигледно не многу ефикасна или недовлно
користена. Според бројот на зачленети сту
денти и според бројот на извршени позајму
вања (за во читалница или за дома), таа
очигледно не одговара ни на потребите на
студентите ни на потребите на академскиот
кадар. Оваа констатација се потврдува со
малиот број на ново набавени книги ; иако
факултетите ја набавуваат својата сопствена
литература, универзитетската библиотека не
ја нуди основната литература во потребните
области на Универзитетот од Битола (наука,
економија). Што се однесува до консулти
рањето на базите на податоци, тие најпрво ја
даваат локацијата на бараната литература, а
не самата литература; меѓутоа меѓубиб
лиотечно позаЈмување во целост е сеуште
скромно, што остава да се претпостави дека
она што им треба на универзитетските
читатели ќе го барраат на друго место. За да
не правиме и понатаму опасни споредби
(поради горенапоменатите причини), еден
европски универзитет со 15 ООО студенти
располага со книжен фонд и со технички
средства кои се неспоредливи со оние што ги
нуди Библиотеката од Битола. Тој исто така
располага со неопходните средства за
обновување и комплетирање на книжниот
фонд во зависност од зголемувањето на
потребите.
Мисијата на .Јавна библиотека
Неколку броеви ќе ни овоз
можат да ги определиме достигнувањата на
Библиотеката од Битола
15
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
Споредбата е направена меѓу:
Битола и Франција
Зачленети (во однос на насалението што се
послужува)
Битола 7,5 %
Франција 16 %
Позајмувања/зачленети: 7 ,2
34
Позајмувања/жители 0,52
%Деца
Забелешка
5,5
14 %
35 %
Бидејќи податоците од Библиотеката од
Битола не беа јасно поделени според
вообичаените категории (возрасни, деца, сту
денти), зачувани се глобалните броеви.
Во Франција, според податоците
од Дирекцијата за книгата и читањето,
Битола спаѓа во категоријата на градови од
50 ООО до 100 ООО жители
Иако, благодарение на инвен-
тивноста и волонтаризмот на вработените во
Библиотеката, недостатоците во делот на
јавната библиотека се помалку видливи
отколку во универзитетскиот дел, сепак
книжниот фонд во рамките на јавната биб
лиотека е мал.
Не беше можно да се пристапи кон
социолошко проучувње на градот Битола за
да се проучат потребите на оддалечните
населби од центарот на градот, како и
потребите на школската средина. Во секој
случај би било интересно да се пристапи кон
проучување на овие категории, на оние кои
се членови на Библиотеката и на оние кои не
се, за да може следствено на тоа да се утврди
стратегија за да се развијат методите на раб
ота на Библиотеката и нејзината политика во
однос на книжниот фонд. Имајќи го предвид
Библиотеката-од идеја до реализација
сегашниот книжен фонд, неговата природа,
малиот степен на негово зголемување и
обновување, мала е веројатноста дека бројот
на членови би можел да се зголеми без длабо
ки промени на документарната политика.
Технички срецства
Зградите кои се изградени во
почетокот на д80 год на минатиот век, но со
многу постари библиотечни и архитектон
скли замисли, денес се неприлагодливи и
претставуваат пречка за развоЈот како на
. .
универзитетската мисиЈа така и на мисиЈата
на јавна библиотека. Нефункционална,
величествена архитектура, стар и неадапти
ран мебел, на вработените во Библиотеката
им треба огромна имагинација за да ги натер
аат читателите да ги заборават овие пречки.
Во поголемиот дел библиотеки, јавни или
универзитетски, денес не се прифаќа да нема
барем минимум прирачници за тековна
употреба во читалниците; сепак во читални
цата на Библиотеката од Битола нема ниту
еден прирачник.
Illтo се однесува до Детскиот
оддел, ТОЈ има на располагање само една
просторија од која две третини е зафатена со
полиците за книги што остава многу мал пос
тар за активностите на децата, како што е
замислено во јавните библиотеки.
Заклучок
Библиотеката од Битола е
одличен инструмент за работа, кој се создаде
со текот на годините благодарение на пер
спективната, интелигентна и стрплива визиЈа
на нејзината директорска управа, со барање
то на конкретни инициЈативи за да се дадат
одговори на прашањата од нејзините
читатели, заобиколувајќи го недостатокот на
финансиски и технички средства, и правејќи
. . .
од своЈата двоЈна мисиЈа стратешки адут во
корист на Јавната библиотека и на
Универзитетот. Оваа двојна мисија беше поз
итивна страна во текот на минатите децении,
во фаза на развој и привлекување на
читатели. Но, независно од недоволните
финансиски средства, денес тоа претставува
голема пречка за универзитетската мисиЈа
коЈа не може да служи како инструмент за
работа во согласност со потребите на образо
ванието и научно-истажувачката деЈност на
16
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13114, 2006
едно повисоко ниво. Паралелно на тоа, јавна
та библиотека не се задоволува со простории
кои одразуваат застарена слика на биб
лиотеките.
И покрај напорите на дирек
торската управа и вработените, ни едната ни
другата мисиЈа не ги достигнуваат успешно
своите цели. Останува, потпирајќи се на дец
нтрализациЈата, јасно да се одделат двете
мисии согласно со меѓународните препораки
кои служат како вообичаени рефернции.
Во наредниот број ќе бидат изне
сени предлозите за иден развој на биб
лиотеката.
Превод од француски Јасминка ????????
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА
ПРЕДАВАЊА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ
Приредил Драги Кабровски
04.01.2006 г.
Креативна работилница
"ЗАЕДНО ПО СНЕГОТ ДО БИБЛИОТЕ
КАТА"
На оваа, по трет пат организирана
креативна работилница за време на зимскиот
распуст беа опфатени над 150 ученици до
четиринаесетгодишна возраст. Целта за
организирањето на оваа работилница беше
заедничко дружење и запознавање на децата
и збогатување на нивните креативни и инвен
тивни способности преку обработката на
разни тематски содржини за време траењето
на работилницата.
Библиотеката низ оддели и активности
20.01.2006 г.
ПРИРЕДБА на децата од креативната рабо
тилница за нивните родители на ден
20.01.2006 година со почеток во 10.00 часот во
салата за промоции на Библиотеката. На
приредбата беа изведени неколку точки кои
побудија голем интерес кај присутните гости.
17.02.2006 г.
ПРЕДАВАЊЕ
По повод 20 февруари Денот на прет
седателите на Америка, беше одржано пре
давање во салата на Библиотеката под
наслов "Од Џорџ Вашингтон до Џорџ Буш -
историското и популарно наследство на аме
риканските претседатели". Предавањето
беше организирано од Американското катче
од Битола и НУУБ "Св. Климент
Охридски"'од Битола. Предавач беше г-дин
Мајкл Орлански од Америчката амбасада во
Скопје.
27.02.2006 г.
ПРЕДАВАЊЕ
Американското катче Битола во сора
ботка со НУУБ "Св. Климент Охридски" Од
Битола, организираа презентација во чест на
февруари - месец на Афро-Американската
историја под наслов "Животните достигну
вања на - Роза Паркс - и нејзините постојани
придонеси во опшетсвото". Презентацијата
ја одржа Анита Пик - извршен директор на
"Роса & Рејмонд Паркс", Институт за само
развој од Детроит, Мичиген.
13.03.2006 г.
ТРИБИНА
БИТОЛСКИТЕ ЕВРЕИ
По повод годишнината од депортаци
јата на битолските Евреи во фашистичките
логори на смртта, Општинскиот одбор на
Сојузот на борците од Битола, Македонското
еврејско друштво и НУУБ "Св. Климент
Охридски" од Битола организираа Трибина.
На Трибината настапија: Димитар
Димитровски - Такец, Ѓорѓи Димовски
Цолев, м-р Јован Кочанковски, д-р Никола
Димитровски, Димитар Богдановски, Иле
Талевски, Владимир Алтипармаков, Борче
Богдановски, д-р Александар Стерјовски,
Здравка Маретиќ и други научни и културни
работници од Битола.
Како пропратен дел од Трибината,
Библиотеката приреди изложба на книги од
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
историјата на Евреите и книги од еврејски
писатели што ги предлагаме за читање, а
преку видеобимот беа презентирани разни
документи и фотографии за Евреите од
Втората светска војна.
13.03.2006 г.
ВЕЧЕР НА ПРИКАЗНИ
- Африканска приказна со музика од
харфа. Аниматори: Солен, Мари и Штефи.
Во организација на Француската Алијанса и
НУУБ"Св. Климент Охридски" од Битола.
( Зекеје е од Камерун, од племето
Бамилеке е толку мал што никој не го забе
лежува. Тој сака да се покаже пред неговото
племе дека не е толку незначителен и затоа
одлучува да го спаси неговото село од лошата
змија Питон која ги јади жителите за време
на попладневниот одмор... Текстот беше
читан на француски јазик, но благодарение
на сцената тој беше разбирлив за сите).
17
21.03.2006 г.
ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС
По повод Светскиот ден на поезијата,
Библиотеката расапиша награден литерату
рен конкурс на тема: "Да ја отвориме ризни
цата на старите македонски заборавени збо
рови - да создадеме најубава песнаг за
ученици од петто до осмо одделение.
Конкурсот започна на 21 Март и траеше до
10 Април 2006 г. Резултатите беа објавени на
9 јуни, по по повод Денот на културата
(10.06.2006).
За Конкурсот беа предвидени пропо
зиции од кои би навеле неколку: секој
учесник може да се натпреварува само со
една песна; песната не смее да биде претход
но, нити објавувана нити наградувана; песна
та треба да е изворен труд пишувана на маке
донски јазик; учесници можат да бидат сите
ученици од V до VIII одделение.
Библиотеката низ оддели и активности БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
24.03.2006 г.
ПРИРЕДБА ЗА РОДИТЕЛИТЕ на учесни
ците на креативната работилница "Заедно по
снегот до Библиотеката".
24.03.2006 г.
ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ КНИГИ
На овој ден со почеток во 18.00 часот
во Библиотеката беше одржана промоција на
следните две книги: "Зинат чевел" и "Од
незаборавот" од поетот Методија
Христовски од Битола. За книгите говореа и
извадоци читаа м-р Зора Русомарова
Теговска и проф. Николина Поповска.
Книгите се самостојни изданија на авторот.
27.03.2006 г.
ПРЕЗЕНТАЦИЈА
Библиотеката и Институтот "Евро
Балканг Скопје организираа презентација на
Електронска новинска архива (ЕНА).
Основната дејност на ЕНА е архивирање на
дневен и периодичен печат (на македонски и
албански јазик) во електронска форма, во
рамките на една дегитализирана архива, која
е погодна за лесно и брзо пребарување спо
ред различни критериуми (автор, извор, вре-
18
менски период, личности, организации,
област, клучни зборови).
29.03.2006 г.
ПРОМОЦИЈА
Во салата за промоции на
Библиотеката, Друштвото на психолозите од
Битола одржа промоција на прирачникот
"Намалување на штети и ХИВ" од група
автори.
10.04.2006 г.
ТРИБИНА
"Трговија со луѓе, дрогата и ХИВ" беше
насловена Трибината која се одржа во салата
за промоции на Библиотеката во понеделни
кот, со почеток во 12.00 часот.
19.04.2006 г.
КНИГА И ЦВЕТ
По повод "Светскиот ден на книгатаг
продолжува традиционалното доделување на
книга и цвет на наши редовни и примерни
читатели и доделување на награди и дипломи
. .
на наЈвозрасен и најмлад читател на
Библиотеката. Наградата кај возрасните му
беше доделена на г-дин Баловски Никола
(79), а кај најмладите на Марковски Гоце (3).
19.04.2006 г.
КНИЖЕВНА СРЕДБА СО ЛУАН СТАРО
ВА
Промоција на "Ервехе": книга за една мајка
за која во 2005 година ја доби наградата
вСтале Поповг. На промоцијата, на гостите
им беше подарувано по една книга и цвет по
повод Светскиот ден на книгата и авторските
права. Оваа средба и промоција ја организи
раа НУУБ "Св. Климент Охридски",
Француската алијанса од Битола и
Амбасадата на Р. Франција во Скопје. На
Библиотеката низ оддели и активности
промоциЈата присуствуваше и почесниот кон
зул на Франција г-ѓа Каљопи Кривашија
Стилиновиќ.
28.04.2006 г.
ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ КНИГИ
"Избори и медиуми" од М-р Благоја
Нинески и "Фиромвизија - 2005" од Димитар
Спасевски.
28.04.2006 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА
"Лавиринт на страста" од младата
битолска поетеса Катерина Димовска
17.05.2006 г.
ХРВАТСКА КУЛТУРНА ДЕЛЕГАЦИЈА ја
посети Библиотеката при што поминаа низ
сите Оддели. При посетата изразија голем
интерес за работата на Библиотеката како
установа од национален карактер во
државата заради понатамошна соработка со
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
сродни институции во Хрватска.
06.06.2006 г.
ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ КНИГИ
ОД ФЕРИД МУХИЌ
Во вторникот во 19 часот, љубителите на
пишаниот збор имаа ретка можност да се
сретнат со две длабоки филозофски дела,
"Логос и хиерархија" и "Потомци на богови
те", а воедно и да уживаат во излагањето на
волшебникот на зборот проф. д-р Ферид
Мухиќ.
19
Промотори на книгите беа проф. д-р
Вера Георгиева Петкова од (Институтот за
филозофија - Скопје) и проф. д-р Златко
Жоглев (Продекан на Педагошкиот факул
тет во Битола). Како пропратен дел на про
моцијата во холот на Библиотеката беше
поставена Изложба насловена: "ФЕРИД
МУХИЌ ЖИВОТ И ДЕЛО".
10.06.2006 г.
ДЕН НА КУЛТУРАТА
На 09.06 2006 година, (петок) во сала
та за промоции со почеток во 12 часот
Библиотеката организира доделување награ
ди по повод конкурсот распишан на
21.03.2006 година по повод Светскиот ден на
книгата, на тема: "Да ја отвориме ризницата
на старите македонски заборавени зборови,
да создадеме најубава песна" и предавање на
тема: "Феноменот новосоздадена лирика -
песна во фолклорен стил". Предавањето го
одржа проф. д-р Јордан Стојановски од
Педагошкиот факултет Битола, а наградите
по конкурсот ги врачи г-ѓа Трајана
Марковска, стручен соработник во библио
течната дејност при Министерството за кул
тура на Р. Македонија. Првата и втората
награда беа доделени на Ана Марија
Гроздановска од ОУ "Коле Канински" (VII
одделение) за песните "Ткаеж на свеќа" и
"Пуста младост", додека пак третата награда
му припадна на Флорина Бакиевска од ОУ
"Св. Климент Охридски"(VП одделение).
На 10.06.2006 г. беа организирани
следните активности:
- презентација на најновите форми на
библиотечното работење во периодот о д
2004 до 2006 година;
пре
з ен-
тација на материјал изготвен од учесниците
на летни и зимски креативни работилни
ци;
- презентација на видео материјал од
Светскиот ден на книгата 2006 година.
20.06.2006 г.
ТРЕТ САЕМ НА КНИГАТА 2006
Под покровителство на Министер
ството за култура на Р. Македонија а во орга
низација на Националната установа
Универзитетска библиотека "Св. Климент
Охридски" од Битола од 20 до 25 Јуни 2006
година се одржа третиот традиционален
"Саем на книгата - Битола 2006".
Свеченото отворање на Саемот беше
на 20 Јуни (вторник) во 20.00 часот во про
сторот на "Завод и музеј - Битола", со кул
турно уметничка програма, а пригоден говор
20
имаше министерот за култура на Р.
Македонија г-дин Благој Стефановски.
На Саемот зедоа учество триесетина
издавачи од Македонија и претставници од
неколку странски издавачи од Србија и
Хрватска со најнови изданија бестселери,
стручна литература, аудио и визуелен мате
риЈал и др.
Годинашниов Саем на книгата беше
спонзориран од: Млекара "Идеал
Шипка"Битола, "Млин Стојчев - Битола",
"Скопска пивара - Скопје" и др.
30.06.2006 г.
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТ
Во организација на Библиотеката и
УНИЦЕФ од Битола во петокот, во 12 часот
се одржа презенатција на проектот "КРЕА-
ТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ" (нови начини на
работа во Библиотеката). Од одржаните три
работилници, "Јас во светот на книгата"
(зимска, 2005), "Лето во библиотеката"
(летна, 2005) и "Заедно по снегот до библио
теката" ( зимска, 2006) беа презентирани
детските активности. На крајот беше изведе
на пригодна програма на деца од повеќе
националности кои учествувале во креатив
ните работилници. Во холот на
Библиотеката беше отворена изложба на
детските творби
Библиотеката низ оддели и активности БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
26.01.2006 г.
ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ изработени од
децата учесници на Креативната работилни
ца "Заедно по снегот до библиотеката".
30.01.2006 г.
ИЗОЛОЖБА НА КНИГИ
"Гриiор Прличев - живот и дело“
По повод 30.01.1830 година, роденде
нот на големиот македонски поет, афтобио
граф и преведувач Григор Прличев.
Изложбата беше поставена во холот на
Библиотеката и претставуваше комбинирана
поставка на книги и фотографии од овој поет
кој во 1860 на конкурсот во Атина ја освои
првата награда "Ловоров венецг за поемата
"Сердаротг, или преведена на грчки "0
Арматалосг.
30.01.2006 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
"Ви предлагаме за читање"
Од новопристигнатите книги во
Библиотеката во една од витрините беа
изложени бестселери и хит книги за читање,
од домашни и странски писатели.
09.02.2006 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ од творештвото на
рускиот писател Фјодор Михајлович
Достоевски по повод 125 годишнината од
неговата смрт. Делата на овој писател во
нашата Библиотека секогаш се на врвот на
листата на наЈчитани книги и се дел од лекти
рата во средните училишта во Македонија.
Изложбата беше поставена до 04.03.2006 г.
8 Март 2006 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
"ЖЕНИ ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА"
За одбележување на празникот 8
21
Денот на жената, Библиотеката од
својот постоечки книжен фонд организира
изложба на книги во холот на Библиотеката.
На изложбата беа застапени 50 писателки од
Македонија со оклу 100 монографски публи
кации.
20.03.2006 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
"21 Март - Светски ден на поезијата"
Во холот на Библиотеката беа презен
тирани 150 монографски публикации од 130
македонски и светски писатели - поети.
31.03.2006 г.
IN MEMORIAM - ИЗЛОЖБА
Почина полскиот писател СТА-
НИСЛАВ ЛЕМ во 85 година од животот, во
Краков. Пишуваше дела со тематика од
научната фантастика со кои достигна светска
слава. Неговите романи се преведувани на
многу светски јазици и продавани во милион
ски тираж ширум светот. Станислав Лем се
вбројува во редот на најчитани писатели во
Библиотеката. Најпознати негови книги се:
"Соларис", "Непобедлив", "Човекот од
Марс" и други.
19.04.2006 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
Промоцијата на книгата "Ервехе" од акаде
микот, писател и прв амбасадор на Р„
Македонија во Шпанија и Португалија г-дин
Луан Старова беше проследена со изложба
на која можеа да се видат книги и објавени
текстови во пишаните медиуми за ОВОЈ совре
мен писател, преведувач, приредувач и автор
на предговори и поговори во многу книги.
Старова пишува на македоски и албански
јазик.
24.05.2006 г.
ИЗЛОЖБА
Библиотеката низ оддели и активности
ЗА СЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ
Во чест на Денот на словенските прос
ветители браќата Кирил и Методиј, 24 Мај,
беше организирана изложба во холот на
Библиотеката, од 20 до 31 Мај.
05.06.2006 г.
ИЗЛОЖБА
"ФЕРИД МУХИЌ ЖИВОТ И ДЕЛО
На изложбата беа изложени сите
книги од овој автор негови текстови објавени
во печатените медиуми и списанието
Филозофија каде тој е редовен соработник.
Оваа изложба беше поставена во холот на
Библиотеката како составен дел на промоци
јата на неговите две најнови книги кои беа
промовирани во Библиотеката на 06.06.2006
година.
САЕМ НА КНИГАТА - БИТОЛА 2006
Приредил Науме Ѓоргиевски
Во организација на Националната
установа - Универзитетска библиотека "Св.
Климент Охридски, под покровителство на
Министерство за култура, во просториите на
Завод, музеј - Битола од 20-25 јуни се одржа
традиционалниот трет по ред Саем на книга
та - Битола 2006. Свечената програма
започна во вторникот во 20 часот со хорска
изведба на младинскиот женски хор при КУД
"Стив Наумов - Битола". Учество зедоа и
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
22
Митко Апостоловски, глумец од Народниот
театар - Битола и ?????????
Саемот го прогласи за отворен министерот за
култура г-дин Благоја Стефановски.
На Саемот зедоа учество над
триесетина издавачи од Македонија: Матица
Македонска, Топер, Три, Култура, Алеф,
Хабардов центар, Феникс, Икона, Слово,
Магор, Мартина, Штрк, Ник-лист, Ми-ан,
Ѓурѓа, Макавеј, Македонска Искра,
Универзален живот, сите од Скопје,
Институтот за старословенска култура -
Прилеп, Завод и музеј - Охрид, Едиција
Комерц и Апекс од Битола И покрај тоа што
времето од три години не е голем период,
интересот со кој доаѓаат издавачите е дов-
Библиотеката низ оддели и активности
ален показател дека битолчани се големи
љубители на книгата. Оваа година тие можеа
да видат околу 10.000 наслови од сите
жанрови како и наЈновите македонски
изданија и преводи на повеќе светски бест
селери на македонски јазик. Не беше
пропуштена нити литературата за наЈмла
дите читатели, тука беа и детските енцикло
педии и лексикони. Исто така издавачите
понудиЈа литература од соседните држави
Србија и Хрватска. Тука посебно би ја истак
нале психолошката и филозофска литерату
ра и литературата од областа на инфор
матиката.
Еве што ни рече менаџерот за плас
ман на Матица Македонска, г-н Никола
Павлевски по овој повод, "По трет пат
доаѓаме во Битола. Сме биле и на други
саеми во Македонија, но сепак сметаме дека
битолчани поголеми љубители на пишаниот
збор. Намера ни е да ги популаризираме
книгите на нашата Издавачка куќа.
Донесовме околу илјада наслови. Имаме пре
води на македонски јазик на светските бест
селери како што се "Папата Јована" од Дона
Вулфолк Крос, "Теорија на хаосот" од
Џонатан Раб, "Бележникот на
Микелоанџело", од Пол Кристофер. Имаме
речници на англиски и германски јазик.
Историски книги од Илинденскиот и пост
Илинденскиот период. Имаме едиции на
23
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
проза и поезија. Тука се најновите книги
"Убавицата и мародерот" на Божин
Павловски и "Остров во окото" на Паскал
Гилевски. Ние ги претставуваме и бест
селерите преведени на српски јазик од изда
вачките куќи "Клио" и "Народна књига" од
Белград и други".
Во име на Библиотеката и во мое име
им се заблагодаруваме за отстапениот прос
тор на Завод, музеј - Битола, на спонзорите
млекара "Идеал - Шипкаг и "Млин Стојчевг
од Битола, и "Скопска пивара - Битолаг,
посебно на вработените од Библиотеката кои
се погрижиЈа да го подготват просторот со
потребните средства на кои требаше да бидат
изложени книгите.
ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА ЗА
ВОЗРАСНИ
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕП ОРА ЧУВААТ
Приредила
Гордана
Марковска
1. ТЕОРИЈА
НАХАОСОТ
Џонатан Раб
2. ПРИКАЗНАТА ЗА МУРАСАКИ - Лајза
Делби
3. БЕЛЕЖНИКОТ НА МИКЕЛОАНЏЕЛО
- Пол Кристофер
4. БИТОЛИЈ АДА - Владимир Костов
5. ДВАЕСЕТТАТА СОПРУГА-Инду
Сундересан
6. ПРАЗНИКОТ НА РОЗИТЕ - Инду
Сундересан
7. ОД МОЈСЕЈ ДО МУХАМЕД - Жан Пјер
Избутс
8. УБАВИЦАТА И МАРОДЕРОТ - Божин
Павлов ски
9. ДУШАТА НА СКУЛПТОРОТ-Џејн
Аркат
10. ДАВИДИВА ЦАРИЦА - Индија Еџхил
11. СМАРАГДНА ЗЕМЈА-Ани Данијел
Мероа - Живодан
12. ПЕШТЕРА НА ИДЕИ - Хозе Карлос
Библиотеката низ оддели и акшивносши
Сомоза
13. ЗАМОЦИ НА ГНЕВОТ - Алеандро
Барико
ОСВРТ КОН ДЕЛОТО "ПАПАТА
ЈОВАНА" ОД ДОНА ВУЛФОЛГ КРОС
Приредила Гордана Марковска
Овој роман е сеопфатна историска
драма, која што отсликува турбулентни нас
тани од 9 век - ограбуванјата на катедралната
црква Св. Петар од страна на Сарацените,
испреплетувајќи ги настаните со најкрвавите
и најужасните средновековни конфликти.
Фабулата се базира врз животот на една од
. .
наЈконтроверзните личности во историЈата
на човештвото позната под името Папата
Јована. Преправена во маж, оваа исклучител
на и фасцинантна жена ја насочува својата
бунтовност кон средновековните општестве
ни структури и норми. Земајќи ја наметката
ОД СВОЈОТ
убиен
брат, Папата Јована заминува во манастирот
Фулда каде е примена во редовите на брат
ството. Џон Англикус е нејзиното ново име
со кое станува голем христиЈански ученик.
Извонредно талентирана, Јована успе
ва да стигне во Рим каде се заплеткува во
опасна мрежа на љубов, страст и политика.
Триумфално надминувајќи ги сите ужаси,
искористувајќи ги сите можности, успева да
застане на наЈвисокиот трон на христи
Јанството.
И покрај тоа што никој со сигурност
не може да го потврди постоењето на Папата
Јована, читателот толку се соживува со неа
што не би се согласил таа да е имагинарна
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
24
личност, бидејќи е жена херој, која со силата
. .
а СВОЈОТ карактер ја игнорира пораката на
историскиот момент во КОЈ живее.
"ЗАЕДНО ПО СНЕГОТ - ДО
БИБЛИОТЕКАТА"
Приредил Илче
Сшојановски,
координатор на Креативната работилница
НУУБ "Св. Климент Охридски"
Битола по трет пат ја организираше својата
Креативна работилница со цел да ги анимира
креативните можности и способности на
најмладите читатели. Целта на овие програм
ски активности беше децата од различни
етнички припадности што живеат во Битола
да се дружат, а тоа дополнително да мотиви
ра соживот, толеранциЈа и културна размена
на искуства. Работилницата се одвиваше во
текот на зимскиот распуст, почнувајќи од 04-
20 јануари 2006 година. Темите беа разновид
ни: "Да цртаме зима", "Ние го славиме
Бајрам, но сакаме да знаеме кои се вашите
празници", "Коледе бабо коледе, дај ми едно
костенче!", "Кога ќе пораснам, сакам да
Интервју......
бидам . .. ", "На кого ќе му падне парето?",
"Моите баба и дедо се облекуваат вака",
"Сите деца на светот се навивачи за мир".
Работилницата ја посетија над 150
деца на различна возраст од 4-14 -годишна
возраст, односно деца од I до VIII одделение.
Децата беа од македонска, албанска, турска,
влашка и српска националност. На крајот од
дружењето децата изразија желба повторно
да го искористат летниот распуст во дружење
со книгите на истиот начин преку креативно
изразување.
Реализатори на програмата беа:
Николовска Дијана, Рунтевска Антула и
Ј акимовска Елена сите дипломирани на
Педагошкиот факултет во Битола.
20.03.2006 г.
НАСТАВНИ ЧАСОВИ ВО БИБЛИОТЕ
КАТА
Во понеделникот со почеток во 8.00
часот наставничката по македонски Јазик при
Основното училиште вГоце Делчевг,
Емилија Прчкова, одржа три часови со
ученици од 6 одделение, во Детската библио
тека.
23.03.2006 г.
УЧИЛИШТЕ И БИБЛИОТЕКА
По повод Светскиот ден на поезијата
во салата за промоции се одржа наставен час
по македонски јазик за осмите одделение од
ОУ "Гоце Делчев" и "Ѓорѓи Сугарев". На
ОВОЈ заеднички час по македонски настав
ничките од овие училишта со учениците ги
обработија писателите односно поетите:
Блаже Конески, Константин Миладинов и
Коста Рацин.
25
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
РАЗГОВОР СО ПРОФЕСОРОТ
ФЕРИДМУХИЌ
Д-р Ферид Мухиќ е редовен профе
сор, предава Историја на филозофија од
Бекон до Хегел и Современа филозофија на
Универзитетот вСв. Кирил и Методиј" во
Скопје. Дипломирал во Скопје, магистрирал
и докторирал во Белград. Како Фулбрајтов
стипендист, една година бил на пост специ
јалистички студии во САД. На
Универзитетот, предавал и Социологија,
Социјални теории, Естетика, Логика,
Херменевтика, а за прв пат ги вовел и почнал
со предавања Филозофска антропологија,
Филозофија на религијата и Филозофија на
политиката. Во звањето визитинг-професор
по предметот Contemporary Western Thought
(Современа западна мисла) предавал на
повеќе универзитети во Европа, Сад,
Малезија. Досега ги објавил книгите:
"Критички методи", "Доминација и револу
ција", "Филозофија на иконокластиката",
"Мотивација и медитација", "Фалцо
Прегринус", "Штитот од злато", "Macedonia -
Catena mundi"; (македонски и англиски), "Sto
koraka nazad", "Study in fragmentation and
despair", "Ne zaboravi Bosno", "Дим угарка
сиова", "Ноуменологија на телото, Јазикот
на филозофијата", "Чадот од догорчето на
сонот", "Смислата и доблеста", "Логос и
хиерархија", "Мислење во акција", "Doctor
Solaris" (makedonski, angliski, francuski),
"Nukh ka dhe aq vend", "Лицето на човекот",
"Доверба во себе" и "Потомци на боговите".
Застапен е во филозофски и
книжевни антологии во САД, Британија,
Франција, Германија, Австрија, Малезија,
Турција, Италија. Преведуван е на англиски,
албански, арапски, германски, француски,
. . .
италиЈански, малаЈски, турски и полски Јазик.
Интервју......
Кој ве инспирираше за да го одберите праве
цот на вашата филозофија?
-Ме инспирираше тоа што на ниеден
друг факултет немаше место. Требаше да
бидам сликар. Бев примен на Академијата во
Белград. Веднаш по земјотресот во 1963 год
ина почнав со сериозни амбиции и доста
добри препораки и проценки од професорите
таму, но бидејќи Скјопје беше се уште со
рани, па ме влечеше душата тука и некаде во
ноември реков сепак ќе се вратам назад и
тамам се вратив откако дознав дека има
место само уште на Филозофија, брат ми ми
. .
јави, ТОЈ студирше медицина и така почна
филозофијата и јас да се дружиме.
Прва ваша публикувана книга која ви била
најдрага од почетоците?
-Човек не можи да прави тука разлика
меѓу своите деца. Има една математичка нел
огичност. Ако мама има една љубов дали
мама ќе го сака сто на сто, а ако мама има
десет деца дали секое дете ќе го сака со десет
на сто за да направи сто на сто. така е во
љубовта кон децата така е и кон книгите. Не
издвојувам ниту една. Некои ги гледам со
повеќе внимание затоа што биле лошо
отпечатени, па ми е жал за нив како да
немале многу среќа да дојдат во добри раце.
Но сепак, тоа се мои книги. Секоја е прва. Јас
не изадавам книги по рутина, јас не штанцам
книги сериски. Еве сега излегоа две книги и
секоЈ а од нив е апсолутно самостоен и
целовит резултат и плод. Да, паметам кога
. .
излезе мојата прва книга, но ја имам истата
радост кога излезе сега наЈновата,
Имате широк опус на пишување?
-Ете јас видов дека има дваесет и три
26
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
книги досега. Она што е, е доста широко и во
сферата на мојата професионална активност.
Тука има од социолошки и филолошки
книжевни студии, од естетика, од онтолошки
и од таканаречени фундаментални истражу
вања од историја на филозофијата, има и
белетристика, има и поезија, Имам објавено
три книги поезиЈа.
Вашата професија, а секако и филозофијата
како предизвик и цел на вас самиот, досега,
дали ве задоволува и дали сметате дека
имате читателска публика која ве разбира?
Во која мера имате сопствена цел во она што
го работите?
-Јас мислам дека нема книга што
човек не може да ја разбере. Не ги разбирам
оние кои пишуваат за само еден тесен круг на
апстрактни читатели, јас просто пишувам
книга за да може да биде разбрана од било
кого и таа влегува во сопствен живот со кого
и како јас и посакувам се најдобро. Може
човек да пишува и за некои конкртни луѓе и
да се радува кога тој или таа ќе ја прочита
книгата и ќе сподели некои свои ставови. Но
во основа не сум за онаа херметичка идеЈа
дека постојат неразбирливи книги. Постојат
книги кои некои луѓе сакаат да ги читаат,
некои не сакаат, но било која книга ќе најде
човек што ќе ја разбере.
Имате хоби?
-Имам. Колку сакате. Планините,
пливањето, пинг понгот, кучињата,
дружењето со пријателите. Имав доста
широки хоби и ако не ги држам под контро
ла, не би излегла ниедна моја книга.
Иншервју... БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
Во Ноуменологија на телото ги споменувате мина зборуваат, а јас незнам што значат, јас
јогата, упанишадите и често го споменувате немам чувство на незадоволство.
врвот?
Мoжeтe ли да ни направите една кратка
-Врвот, се знае, тоа е нашето најдобро споредба меѓу Западната и Источната фило
дело што ќе го направиме во животот. Врвот
не се победува. Врвот не е противник. Кога
ќе каже некој, "Го освоив врвот", "Го победи
вме врвот". Тоа е бесмислица, тоа не е врв.
Врвот не е менување на место. Вистинскиот
. .
врв е внатрешната ситуациЈа во која се
искачуваш со многу внимание и сериозна вна
трешна концентрација. Јас имам една книга
која се вика Сто чекори над, или кога би
можел човек да се крене сто чекори над, во
однос на точката од која тргнал, тоа би била
наЈвисоката точка на врвот. Мислам дека
. . .
секоЈ човек има СВОЈ врв и дека на секоЈ човек
неговиот врв чека дали ќе стаса до него и тоа
потполно зависи од него самиот. Но тоа е
внатрешен поттик.
Сепак од сето она што го имате постигнато,
дали сте задоволен и во поглед на тој врв и
дали вие сметате дека го имате постигнато
тој врв?
-Отсекогаш јас живеев во хармонија
со себе и бев задоволен со себе дури иако од
страна гледано, можда немаше причини,
незадоволството во онаа драматична смисла
како вистинско незадоволство, ми е потпол
но непозната категорија.
Дали имате нешто што немате постигнато?
-Не ме јаде ништо. Што е пропуштено
тоа не било дадено да се постигне. Што е
постигнато ТОЈ е подарок, според тоа нема
никаква причина за чувставата за КОЈ а многу-
27
зофија?
-И едниот и другиот поим се
прешироки. Источната филозофија е педесет
различни филозофии. Меѓу нив има повеќе
разлики отколку во таа празна флоскула
Источна и Западна. Сите три религии се
источни религии, сите три се настанати на
исто подрачје. Христијанството не е Западна
религија. Христос илијудејството, или ислам
от настанале во ист регион. Тоа е Азија. Од
друга страна, толку се различни. Која е
Западната религија. Нема Западна религија.
Сите се источни по своето потекло. Во таа
смисла и Западна филозофија. Која западна
филозофија кога имате толку разновидни
ориентации, тоа се тематизации кои мислам
дека се добри за некои тестирања за квизови,
инаку мислам дека немаат никаква смисла.
Со оглед на вашата професија и големината
на Ниче, дали можеби ве мачи тоа што, имате
напишано и една песна за неговите последни
години, му се случила несреќа?
-Не. Воопшто не. Знае тој зошто му се
случило. Тој самиот се повлече во себе,
бидејќи немаше што друго да каже на светот.
кажа што сакаше да кажи и немаше повеќе
смисла да зборува и да слуша. Има еден мал
податок од кореспонденциЈата со неговата
мајка.
Сепак Ниче бил филозоф со чекан?
-Да. И покрај неговото крхко здравје
се изложувал на големи напори.
Интервју......
Дали има нешто од тој чекан на Ниче в
овашите колумни?
-Можеби во по некоја, а има и такви
кои галат како со пердув.
Академик Георги Старделов, во една пригода
ќе рече: проф. д-р Ферид Мухиќ го вреднувам
во самите врвови на македонските интелек
туалци. Неговата филозофска и поетска
. .
опсесиЈа се врвовите и јас го гледам таму, не
само како страстен планинар КОЈ ги освоил
сите македонски планински врвови, туку го
гледам и на врвовите на македонската фило-
зофија, во македонскиот филозофски и
книжевен есеј, во македонската филозофска
антропологија, филозофија на политиката,
филозофија на уметноста и културата и
филозофија на религијата.
Во краткиот разговор со професорот д-р
Ферид Мухиќ многу работи останаа
непрашани и недокажани, но мене во очи ми
падна неговиот последен цитат во поговорот
насловен "Големата порака на Џорџ
Беркли", по повод неговата книга во маке
донски превод "Расправа за принципите на
човечкото познание": "Светот може да
мисли што сака, но јас сум убеден дека оној
што не размислува за вечноста, за умот, и за
општото добро (summum bonum), што и да
постигне во животот не може да биде ни
добар патриот, ни добар граѓанин, ни добар
државник - ни добар човек!".
Овде јас би ја додал една случајна ситуација
после промоцијата на двете книги на профе
сорот Ферид Мухиќ во нашата Библиотека,
"Логос и хиерархија" промовирана од проф.
д-р Вера Георгиева Петкова и "Потомци на
боговите" промовирана од проф. д-р Златко
28
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
Жоглев, кога професорот си заминуваше од
канцелариЈата на директорката една жена од
помошниот персонал му се обрати: "те
слушавме со задоволство и пак да ни дојдиш
и да ни кажуваш ... да знајш дека те сакаме".
Поклон од Библиотеката по повод роденденот
Се надеваме дека во една наредна пригода ќе
го продолжиме нашиот разговор.
Разговорот þÿ3> водеше Николче Вељановски
Еве што сакав да кажам ...
Ѓорѓи Прчков
ВО БИБЛИОТЕКАТА
Имав потонато во мрачни мисли.
Само што поразмислив, работите што се
случувуваа ги поврзав и се ми излезе чисто,
валкано во моите мисли немаше ништо. До
оваа вистина дојдов откако Достоевски,
Толстој, Костов, Стале и Каровски кој знае
по кој пат сум ги препрочитал. Додека сум
размислувал, додека сум препрочитувал,
часот почнал, тишината завладеа, и јас во
библиотеката се најдов сам, ама не бев сосе
ма сам, зашто околу мене по полиците,
имаше илЈадници книги, ликови милиони -
. .
моите најверни приЈатели излезено што ми
имаа, кои никогаш не ме имаа излагано, не и
изневерено,нитунаклеветено,пакост,зулум
не ми имаа направено. Најголем дел со чиста
душа, меко срце, добра мисла беа. Повеќето
со крстот на челото. Исклучив неколку
ликови, ама главни што беа, бројот им беше
незначителен, зашто добрите надвладуваа,
арно ама тие потаЈно, ти почнале, против
мене и останатите ликови да работат. Бев на
штрек, без контрола не ги оставав и тие
почнуваа да се подобруваат. . . Бидејќи,
повеќето добри беа, веројатно тоа причина
беше многу ликови низ книгите да страдаат.
Страдањата им беа од широки размери, голе
ми димензии и од наЈразлични причини.
Учениците често за таквите ликови со
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
29
одбивност имаа земено со мене да полем
изираат. Младите души, чисти, за да не ги
тревожам, со одбрани зборови ги успокоју
вав, ги уверував дека наскоро сопственото
поведение ќе си го подобрат. Уверени, книги
земаа и си одеа. Арно ама добивав впечаток
дека на лошите ликови имаат земено да учат,
и сопственото поведение да си го подобру
ваат, примерно почнуваше да им излегува.
Взаемно со успех работата во библиотеката
си ја обавувме ...
Одненадеж, книгите низ витрините, во
библиотечната просторија, се раздвижија.
Напред - назад имаа земено да одат. Бидејќи
ги имаше со илЈадници, ликови со милиони,
беа грлати, викаа на сиот глас, растревожени,
расклоцани, библиотечната просторија
татнеше. Се најдов изненаден, зашто витри
ните, библиотечната просторија ја тресеа со
мошне силен интензитет. Јас да не се
ничкосам, бирото јако го притиснав, на
столицата се стегнав. Потресот од голем што
беше, едно време, бирото зеде низ биб
лиотеката да ме шета, впрочем книгите кон
себе имаа земено да ме привлекуваат, ме
черечеа на сите страни. Прво посилните кон
себе ме повлекоа, арно ама послабите
вложуваа максимум напори и тие, кон себе
ме тргачеа. Одеднаш забележав дека силни и
слаби ликови нема, сите еднакви имаат
излезено. И јас, стегнат за бирото, заедно со
столицата сум пропатувал, на сите страни,
всушност кај секоја витрина. Само до една
што ќе дојдев ме повлекуваше друга, од таму
ме подземаше трета ... четврта ... Никако на
Еве шшо сакав да кажам ...
едно место да се смирам. Во една витрина
акни се, во друга бувни се. Во главата умот
почна да ми се разматува, пред очите да ми се
мрежи, повеќе витрини како што беа, ми се
слеаја во една, ама голема. Кон себе, маса
ликови имаа земено да ме тргачат, прво за
нозете, рацете, околу вратот ми се бесеа,
околу половината ме препашаа, ме тргаа за
рамениците, за косата, брадата и расчеречен
да не излезам, собрав сили и колку гласот
што ме држеше им грмнав:
- Смирете се, од мене настрана, секој
на своето место! ! !
Само што сум грмнал, библиотеката
ми се заврти, се преврти ничкум, мене
. .
ликовите ми се измешаа и јас свеста сум ја
изгубил, ама не сосема ... Со крајот на едно
то око ѕирнував, со умот по малку подработу
вав, колку околу мене што се случува по
малку контрола да имам . . .Постепено,
ликовите почнаа да олабавуваат, да се
повлекуваат. Најлесно ми дојде кога вратот
ми го ослободија. До здив почнав да доаѓам,
умот почна да ми се разбиструва, рацете,
нозете да ми се ослободуваат, бирото полека
си се врати на сопственото место.
Повторно им грмнав:
- Ако нешто имате за кажување, вит
рина по витрина, лик по лик и со ред, вака од
ум ме извадовте!
Прво, кон себе ме повлекоа ликовите
од витрината крај вратата што беше. Јас
целиот во грч, кон нив тргнав. Арно ама,
ликовите повторно непослушни имаа
излезено, веројатно им се брзаше, нешто
важно, неодложно имаа да ми соопштат.
Брзаа, сили вложуваа која витрина, побргу
кон себе да ме донесе. Низ библиотеката пов
торно настана бркотница ...
И, Толстој, Достоевски, Костов,
Стале и Каровски се раздвижија, од витрина
та излегоа и секоЈ тргна на различна страна.
Библиотечната просторија целосно ја имаа
опфатено, секој сопствениот дел си го покри
ваше. Никој од петмината во туѓа тема прсти
да става не се охрабруваше, зашто грешка
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
30
можеше да направи, а јас мислам од што се
почитуваа, во туѓите дела, во туѓите ликови,
прсти да ставаат одбегнуваа. Строги како
што имаа излезено веднаш зедоа и ред
воспоставиЈа - ликовите во витрините се
смирија, завладеа мир и тишина ... Бирото до
една витрина ќе ме однесеше, прво ликовите
најмасовни каде што беа. Тие од витрината
ќе изрипаа и околу мене ќе се насобереа.
Договор правеа кој да зборува, а кој да
молчи. Овој пат, беспрекорен ред имаа
воспоставено. Откако маките, тагите и
јадовите ќе ми ги изнакажеа, се повлекуваа,
во витрините, низ библиотекатаа, на соп
ствените места легнуваа.
- Знам, знам, сум читал!- на Стале
Попов му велев.
Дека Рацин ја кажал вистината,
Каровски не порекна.
Костов, подзамижан, со очите питоми
и благи, умни некои очи, зборовите на
ликовите од книгите имаше земено да ги
поткрепува. Уште и додаде, всушност едно од
своите дела отвори и зеде да вели: Секој ком
промис значел и би значел отстапка од
доброто над злото. Од таквиот сојуз доброто
не видело ниту може да види добро. Не од
причина што оружјето на злото е лагата.
Огромен е бројот на случаите кога злото се
јавувало со лицето на доброто додека во
суштината си останувало зло ... Витрината
постепено се смируваше, зашто вистината
ми беше изнесена.
Дека вистината ја зборуваат, сите
присутни во библиотеката им потврдуваа,
. .
вистината, им ја потврдив и јас.
Еве шшо сакав да кажам ...
Библиотечната просторија, бавно
почна да се смирува, бирото, на кое седев,
бавно имаше земено да си се враќа на соп
ственото место, а Достоевски, Толстој,
Костов, Стале и Каровски во витрината си
беа сместени, удобно лежиште си имаа најде
но, ама во душите, срцата, мислите многу рас
тревожени беа.
Еден лик се окуражи и почна да ми
вели:
Слушнавме се, дека тешко на луѓето
им излегла од старо, прастаро време не
порекнуваме, ама дека нас најтешко ни е,
не зел никоЈ да потврди, всушност за нас не
зел никој ниту збор да проговори. Небаре
сирачиња, небаре отпадок во библиотеката
излезено имаме. Додуша око кон нас фрлаат,
дебелината, тежината ни ја одмеруваат,
многумина не читаат, арно ама никој ништо
не кажува.
Ми се јави и друг лик, од аголот на
библиотеката, ми велеше:
- Те боли, ти жежи, те пече, а? Ама ти
откако еден ден човекот ќе дојде, вистината
штом ја каже ти ќе преболиш се, а дека ќе
дојде уверен да бидеш! Не му реков ништо, со
забите чкртнав, со главата лево - десно
завртив. Романите, во аголот на библиотека
та што беа, глас кренаа, всушност нивните
ликови глас кренаа, ама тивок, срамежлив им
беше. Велеа: - Ние кон поубаво утре
маршираме. Еден строг, тврд марш имаме
удрено. Од градите топовски ѓулиња, гранати
се одбиваат. Пред себе газиме се, земјата
татни, најсилно во Битола. Гулабот и змијата
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
31
на петнаесеттиот камен од Саат кулата
жестока битка се уште за превласт бијат.
Дали симбол на Битола змија или гулаб ќе
излезе. Пардон никому не правиме. Колку ќе
успееме, прашањето големо е ...
Јас надеж не губам, зашто надежта
последна умира. Ќе чекам прво да умри таа, а
дури потоа ликовите од моите дела!
- Добро, ќе бидеме трпеливи, само не
знаеме до кога, вака не се дотрајува?! - имаа
продолжено ликовите да се бунтуваат. Во
библиотеката настана вриеж од многу
ликови, од многу силни гласови, околу мене,
над мене, во мене, најсилни беа во мозокот
што ми навлегоа, тогаш умот м се помрачи,
кога се ми се слеа во едно, свеста сум ја изгу
бил, колку време во библиотеката останав не
знам, ама се ми се чини вечно, всушност сиг
урен сум дека сум останал вечно.
(Извадок)
ИНТЕРВЈУ СО ЧИТАТЕЛ
Од кога читате книги и што претставува за
вас книгата?
-Отсекогаш сум била љубител на кни
гата. Од најрана возраст читав и често по
цело лето знаев да останам во Библиотеката.
Сакам и да купувам книги и дури биј а дала и
последната пара за добра книга.
Кои се добри книги за вас?
-Најчесто купувам историски книги,
ме интересираат и книгите за научниците,
сакам да читам за нивните идеи. Сакам
енциклопедии, атласи по географија,
астрономија. Чест посетител сум на
Библиотеката од каде читам романи. Ме поз
наваат вашите колешки од Одделот за
издавање.
Интервју...со чишашел ...
Кои се за вас највредните книги?
Дома го имам комплетот од Шекспир. Потоа
филозофските книги и книгите со искри на
мудроста. Пишувам и сама мудри мисли, но
не ги објавувам.
Зошто ги читате романите?
-Најмногу ме интересираат човечките
судбини на луѓето чии животи се водени од
љубовта, се она што се случува во нивната
душа, копнежот за совршенство во љубовта
која ги бранува нивните срца. затоа ги барам
мајсторите на пишаниот збор. Се соживувам
со ликовите во "Темниот цвет" од Џон
Голсворди, "Крај реката Педра седев и
плачев" и "Единаесет минути" од Паула
Коелјо, "Магионичарот од Лублин" на Исак
Башевис Сингер, "Леди Четерли" на Д. Х.
Лоренс и романот "Интимност" од Ханиф
Курејши од кој извадив еден опис на момент
на љубов: "Се Шетавме заедно задлабочени
во мислите. Заборавам каде бевме, па дури и
кога беше. Потоа ти се доближи, ми ја
помилува косата и ме фати за рака. Знам
дека ми ја држеше раката и тивко ми збору
ваше. Одеднаш чувствував дека се е како што
треба и ништо не може да и се додаде на оваа
среќа и исполнетост. Ова е се што постои и се
што може да биде. Најдоброто од се се беше
насобрало во овој момент. Ова е сигурно
љубов".
Ми се допаѓа и "Целестинското
пророчанство" од Џејмс Редфилд, книга во
која доаѓаме во допир со внатрешниот глас
што во нас постои и ни укажува што треба да
направиме за да чекориме по патот на
среќата. Често пати посакувам да навлезам
во светот на философијата, па ги читам "За
гневот" од Сенека, "За возвишеноста" од
Псевдо Лонгин, "Страстите на душата" од
Рене Декарт и "Разговор со Спиноза" од Гоце
Смилевски. Филозофските гледишта за
човечките вредности и недостатоци,
почнувајќи од Сократ, Аристотел, Платан,
Исус и многу други, на еден многу интересен
и динамичен начин ги проследив преку
"Светот на Софија" од Џустејн Гордер.
Понекогаш, за некои работи што ми
се случувале во МОЈОТ живот, се прашував
зошто тоа мораше баш така да се случи, а не
поинаку. Подоцна одговорите ги пронајдов
во психолошката филозофија на д-р Барбара
32
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 13/14, 2006
де Анџелис, во нејзините дела, "Дали ти си
вистинска личност за мене" и "Во потрага по
среќата" каде се објаснети нашите врски со
партнерите, и причините кои доведуваат до
несогласувањата од аспект на емоционалната
и интелектуалната интелигенција. Мошне
едноставно, реално и поучно ... Кога сакам да
се одморам од реалноста навлегувам во све
тот на мистериозното, непознатото и научно
фантастичното толкување на голем број
светски хитови, митови и легенди за кои сме
слушнале. Тука се "Кодот на да Винчи"
и" Ангели и демони" од Ден Браун, потоа
"Автостоперски водач низ галаксијата" од
Даглас Адамс, "Третата тајна" од "Стив
Бери", "Фаќач на соништа" од Стивен Кинг,
"Контакт" од Карл Саган, "Одисеја 2001" од
Артур Кларк и др.
Дали сте во тек со најновите преводи на свет
ските бестселери на македонски јазик кои во
поново време ги имаме во Библиотеката?
-Големи впечатоци и прекрасно
уживање како и осознавање на работи кои
можеби се уште не сме ги доживеале на овие
простори, ми донесоа книгите: "Мемоарите
на една гејша" од Артур Голден, "Случај
патоказ" од Ијан Пире, "Прв за умирање" оф
Џејмс Патерсон, "Душата на скулпторот", од
Џејн Аркат, "Сахара" од Клајв Каслер,
"Приказната за Мурасаки" и други.
Дали сметате дека книгите што сте ги
прочитале ви помогнале во вашиот живот?
-Книгите ми дадоа добри идеи за
успех, духовна исполнетост и никогаш да не
се досадувам во мојот живот. Преку читање
то дојдов до сознание дека целта на добрата
книга е да го оспособи човекот или подобро
да живее, или подобро да го поднесува живо
тот.
Што би му препорачала на читателите?
-Ниедна книга не е толку лоша, а
барем да не ни е од корист, ако се обидем да
ја побараме светлината во мртвите букви кои
стојат напишани во книгите.
Разговорот þÿ3> водеше Николче Вељановски
33