60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005 ...

60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005


СОДРЖИНА:


РАКОВОДЕЊЕТО НЕКОГАШ И ДЕНЕС
РАЗГОВОР СО ЈЕЛЕНА ПЕТРОВСКА - Разговорот го водеше
Николче Вељановски----------------------------------------------------------------------------
4


БИБЛИОТЕКАТА - НАША СУДБИНА - Приредил и разговорите ги
водеше Николче Вељановски------------------------------------------------------------------ 8


ХРОНОЛОГИЈА- 60 ГОДИНИ РАЗВОЈ НА БИБЛИОТЕЧНАТА
РАБОТА ВО НАЦИОНАЛНАТА УСТАНОВА -
УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" -
БИТОЛА - Приредил Николче Вељановски---------------------------------------------- 20


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ПРОМОЦИИ, ПРЕДАВАЊА И ИЗЛОЖБИ - Приредил
Драги Кабровски--------------------------------------------------------------------------------- 26


ВО СВЕТЛИНАТА НА ПРВАТА ЛИТЕРАТУРНА СРЕДБА
НА РОДНОКРАЈНИТЕ БИТОЛСКИ АВТОРИ ОД
МАКЕДОНИЈА- Приредил Николче Вељановски------------------------------------ 27


1




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД


СПИСАНИЕ НА НУУБ „"СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"


Издавач
Национална установа - Универзитетска Библиотека
"Св. Климент Охридски" Битола
ул. Ленинова 39


За издавачот: в.д. директор Јелена Петровска


Издавачки совет:
-претседател


Редакција:


д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
Јоланда Бошевска, виш библиотекар
Гордана Марковска


д-р Николче Вељановски, главен и одговорен уредник
Јоланда Бошевска, виш библиотекар
Илче Стојановски


Лектура и коректура: д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска


Фотографии: Трајан Чагорски


Дизајн на корица: Гордана Пешевска


Компјутерска обработка и печат: Херакли Комерц- Битола


ТИраж: 300 примероци


ISSN: 1409-9497


Тел.: 047/220-208; Тел./Факс: 047/220-515; Тел. на Изд.:232-999; www.nuubbt.uklo.edu.mk; E-mail: nuubbt@uklo.edu.mk


2




60 години НУУБ „"Св. Климент Охридски“ - Битола БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005


60 ГОДИНИ НУУБ - БИТОЛА


Библиотеките претставуваат незаменливи ресурси на севкупното човечко
знаење и логистичка поддршка, на едукацијата на сите нејзини корисници, без оглед на
годините на старост. Тие опстојуваат низ вековите и претставуваат светилници на
човечкиот дух. На прагот на новиот милениум, во ерата на Интернет и електронските
книги, библиотеките се трансформираат во информативни библиотечни центри во
функција на целосно задоволување на потребите на нивните корисници.
Во 1963 година нашата Библиотека го доби името на благородниот учител и
светец свети Климент Охридски. Тој е создател на првите основи на словенската лит­
ература, прв оригинален и талентиран словенски писател и продолжувач на делото на


солунските браќа Кирил и Методиј, но и духовен пастир кој ја исполнил празнината
што постоела во тоа време.


Во своето шеесетгодишно постоење и развој Библиотеката претставува дел од
културниот живот на градот. Почнувајќи од далечната 1945 година, храбро чекори низ
годините оставајќи забележливи траги врз генерации нејзини читатели.
Големите достигнувања и ветровите на промени во скоро сите области на
човековото битисување, ги ставија библиотекарите пред исклучително важни преди­
звици, своето знаење и умеење да го стават потполно во функција на задоволување на
се поголемите потреби на нивните корисници.
Својата универзитетска улога, почнувајќи од 1980 година, Библиотеката посто­
јано ја зајакнува служејќи како сервис за студентите и како место за нивно перманент­
но усовршување. Библиотеката има главна улога во поддржување на учењето во
најширока смисла, промовирајќи ја пред се дигиталната писменост, доживотното


. .


учење и давањето компЈутерски услуги на нејзините корисници.


Трансформацијата во областа на библиотечното работење со премин кон целос­
на автоматизација на библиотечните процеси нашата установа ја постави во редот на
пионерите за осовременување на библиотекарството во нашата држава. Со гордост
израснавме во регионален библиотечен центар кој постојано се грижи за унапредување
на библиотечните услуги и промовирање во "организација што учи" следејќи ги сите
нови трендови во библиотечната наука.
Националната установа - Универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" -
Битола постојано работи на промовирање на правото на еднаков пристап на секој
граѓанин на Библиотеката до изворите на културата и знаењата како темел на секое
развиено информативно општество.


3




60 години НУУБ „"Св. Климент Охридски“ - Битола
РАКО ВОДЕЊЕТО НЕКОГАШ И ДЕНЕС


РАЗГОВОР СО


ЈЕЛЕНА ПЕТРОВСКА


Дали Библиотеката е вашето прво
место на запослување и кажете ни нешто
повеќе за првите години од работата?
-По струка сум дипломиран педагог,
па од тоа произлегува дека моето прво


запослување е врзано со образование. По
завршувањето на студиите работев како
воспитувач во Детска градинка па неколку
години и како педагог во поголем училишен
центар за образование на средношколска
младина и тој период од мојот работен
ангажман го сметам за ислучително влиЈате-


.


лен во понатамошниот развоЈ на мојата


личност. Ако тргнеме од аксиомата дека
"детето е татко на идниот човек" тогаш
станува јасно колку се привилегирани луѓето
што работат со најмладите, колку и самите
остануваат вечно млади, но и полни со некоја


внатрешна светлина која што само децата
можат да ни ја дадат.


Да , се пронајдов во многу места во
библиотеката. Работам повеќе од десет годи­
ни во библиотеката. Уживав работејќи со
нашите читатели затоа што среќавав катад­
невно многу луѓе, разменував знаења и мис­
лења за прочитаните книги како и оние кои
допрва не чекаат за дружење. Ми
причинуваше задоволство работата со децата
во детското одделение и разговори на


различни теми и секогаш им укажував на уба­
вата литература и помагав во барањето
едукативните содржини.


Исто така, стручната библиотечна
работа при внесувањето на фондот за моно­
графски публикации беше ново искуство и
предизвик за продлабочување на моите знае­
ња, но и на некоЈ начин, први чекори во моето


библиотечно усовршување. Од сегашната


4


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005
позициЈа на директор открив дека можам да


се справам и со новините во библиотечното
работење како што е промовирањето на кул­
турата на читање, библиотечниот маркетинг,
односите со Јавноста, организирањето на
манифестации и уште многи други работи
кои што низ сегашната позициЈа многу пати


сум принудена подобро да ги запознаам.
Како дипломиран педагог, после десет
години работење, дали се пронајдовте себеси
на некое работно место во Библиотеката?
-Неможам да одговорам на ова
прашање со да или не, затоа што одговорот е
комплексен. Во денешните услови на транзи-


. .


ција и децентрализациЈа на општеството


наидуваме на промени во сите сфери, па и во
библиотечното работење. Илустративна е
кинеската поговорка КОЈ а што вели дека кога
дуваат ветришта на промени едни градат
ѕидови другите ветерници. Длабоко ми се
врежа таа мисла и сфатив дека ако сакам да
бидам добар раководител ќе треба понеко­
гаш да одам и спроти ветерот.
Директор сте веќе трета година, дали
мислите дека е тешко да се раководи со една
ваква установа, посебно кога понекогаш
некои од постарите вработени ве критику­
ваат? Можеби пак сметате дека нивните
забелешки доаѓаат од застарени погледи во
поглед на работењето?
-Моите колеги не ги делам според
годините. Во пракса многупати сум се увери­
ла дека понекогаш повеќе проблеми имав со
помладите одколку со повозрасните.


Професионалната култура на вработениот
нема врска со неговите години. Се случувало
да има ригидност во сфаќањата од страна на
повозрасните колеги, но со развивање на
добра комуникација и почитување на секое
конструктивно мислење успевавме да ги над­


минеме конфликтите и не сметам дека


Од промоцијата на персоналната библиографија за
Владимир Костов и неговите целокупни дела




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола
нивните забелешки доаѓаат од застарени
погледи во работењето туку единствено од
непознавањето на новите трендови во биб­
лиотечното работење. Но сепак, формулата
за успех не е само во иницијативата и духот
на младите кадри туку во идеалното поврзу­


вање на искуството на постарите вработени
со енергијата и новите вештини на
денешните библиотекари.
Живееме во време на општа криза,
како се справувате со финансиските пробле­
ми кои секако дека се врзани со средствата за
работа и со вработените, дали сметате дека
досега добро се справувате како директор?
-Многу енергија трошам за успешно
да се справам со финансиските проблеми.
Сепак досега најодговорно сум се однесувала
кон сите ресурси на библиотеката па и матер­
јалните. Рестриктивниот буџет на државата
секеко дека не погодува сите, но мислам дека


доколку одговорно и совесно си ги


извршуваме дадените обврски и домаќински
се однесуваме кон материјалните средства за
работа, ќе бидеме успешни во она што го
работиме. Тука треба малку и мајсторство
исто како и во нашите домови каде што од


"еден денар правиме два", но и доверба во
луѓе кои што се професионалци кога е во
прашање финансиската политика на органи­
зацијата. За среќа јас имам такви луѓе со кои
делуваме како еден тим и од нашите заед­


нички консултации, досега во Библиотеката,
се направени низа новини. Направен е нов
пулт за издавање и реконструкција во


Одделот за зајмување и услуга на возрасни,
каде што на едно место се сместени шалтер­
ска служба за возрасни и деца.
Потоа реновирана е и целосно опре-


. .


мена канцеларијата која што го претставува


срцето на автоматизацијата во библиотеката,
со нов сервер и техничка подршка. Отворени
се нови места за пребарување на фондот од
страна на читателите. Набавени се нова про-


5


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005
грама и опрема за изготвување на кодирани


членски карти со слика, набавени се нови
компјутери итн.
Библиотеката редовно си ги подмирува
своите обврски, но секако дека мораме да
изразиме и благодарност до претпријатијата
кои што со своето разбирање и повремени
донации како помош во тековното работење,
не задолжија, помагајќи ни во реализирањето
на културните манифестации во нашата
институција. Се радувам дека како директор,
најголемиот број на материјални ресурси ги
искористив за унапредување на
библиотечната работа, а не на минливи и
несоодветни реновирања на просторот. За
тоа, колку бевме или сме успешни ќе кажат
другите.
Организиравте бројни изложби и про­
моции со познати македонски писатели и
научници, основавте Компјутерски центар,
присуствувавте на неколку меѓународни сем­
инари и конференции: Виена, Сплит,
Шибеник, Марибор, Финска, кажете ни како
успевате да престигнете?
-Поголем дел од тоа е вистина.
Единствно што КНИЦ не го основав јас туку
оснивачите беа библиотекари во името на
институцијата. Се надевам дека со моето
доаѓање во извршниот одбор на КНИЦ, и
работите тргнаа малку поинаку. Имено
КНИЦ од пред неколку месеци работи со
низа активности кои што ја збогатија понуда­
та на библиотеката, а се надевам дека ќе се
решат и другите правно-имотни односи и


дека библиотека конечно ќе има и финански
ефект од тој проект.
Што се однесува до сите горе наведени
активности тие се дел од современото


работење на една библиотека. Бев учесник
на тие семинари и конференции, на покана од
организаторите, а судејќи според фидбекот
од моите извештаи, целосно сум задоволна.


Драгоценото библиотечно искуство




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола
од Финска секојдневно го преточувам во
моите дневни обврски, додека пак искуствата
на хрватските библиотекари ме инспирираат
во справувањето со теориЈата на


библиотечното работење, па дури и кога е во
прашање решавањето на тековните пробле­
ми во работењето. Настојувам да не размис­
лувам колку всушност имам енергиЈа, денот
ми е многу исполнет, но кога работиме како
тим се е остварливо.
Во овој период, Библиотеката
активно работи на воведување новини во зај­
мувањето и услугата на библиотечниот
материјал и помага при автоматизацијата на
библиотеките од западна Македонија. Во
колкава мера сте задоволни од овие проекти?
-Многу сум задоволна што успеавме
да реализираме еден таков проект во ова
финансиски оптоварено време и да им
помогнеме на поголем број на библиотеки во
регионот. Секако дека допрва не чекаат
проблеми поврзани со локалните бази на
библиотеките од регионот и обезбедувањето
на Интернет врска со нив, со кадровските
решенија, проблеми со внесувањето на пода­
тоците итн., но со посветеност кон работата
заеднички ќе ги решаваме.
Поминаа две години од излегувањето
на "Библиотечен тренд", се одржа и првиот
саем "Битола 2004", им организиравте на
повеќе вработени курс за работа на компју­
тери, а правите напори и понатаму да


продолжат. Оваа година е јубилејна за
Библиотеката, дали има и други проекти кои
се подготвуваат?
-Библиотечен тренд е нашето секој­
дневие. Тој е душа на библиотеката. Се што
работиме, како се дружиме, што сонуваме и
кого го цениме е тука, помеѓу тие десетици
листа. Иако оваа година не е одобрен за
финансирање од Министерството за култура
заради намален буџет за издаваштво, ние го
издаваме барајќи алтернативни финансиски
решенија за негово понатамошно излегу-


6


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005
вање, со надеж, дека секогаш ќе зборува за
нашата библиотечна реалност.
Промовирањето на културата на
читање е основен лајтмотив за Саемот на
книгата и неговото организирање од наша
страна. Битола навистина треба и регионал­
но да ја промовира книгата и читањето како


трајни вредности. А што се однесува на
едуцирањето и перманентното усовршување


на вработените ќе речам само едно, "ние сме
организација што учи" или едноставно
можеме да ја купиме најновата инфор­
матичка и техничка опрема, но човекот,
човечките ресурси се создаваат и негуваат.


По повод 60- годишниот јубилеј биб­
лиотеката имаше изготвено предлог програ­
ма за одбележување, но поради недостиг на
финансиски средства таа доживеа некои
измени. Меѓутоа, за она што се договоривме
на Стручен совет, тоа и ќе го реализираме.
Веќе ја реализиравме Првата литературна
средба на роднокрајните битолски автори од
Македонија, на која беа присутни еминентни
македонски писатели. Следи промовирање на
монографијата на Библиотеката што ќе биде
наша заложба и инспирација за понатамошно
работење.
Од другите проекти би го издвоила
проектот на Библиографското оделение за
издавање на персоналната библиографија на
Вера Антиќ и научниот собир на тема,
"Автоматизација на народните библиотеки
во Македонија". Потоа, продолжуваме со
автоматизацијата на Библиотеката, ренови­
рање на Детскиот оддел за отворен пристап
на корисниците, со оплеменување на прос­
торот за корисниците во холот, со други


адаптации на зградата и зголемување на бро­
јот на книгите, а со тоа и бројот на
читателите, подобрување на квалитетот на
услугата и промовирање на нови услуги, што


поголема присутност меѓу читателите,
особено преку Веб страницата, ревизија на




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005
фондот, и ел. ние библиотекарите од Македонија ќе го
На почетокот од оваа година ја орга­
низиравте Креативната работилница во
Одделот за деца, дали е тоа ваша неостваре­
на замисла како педагог или родител?
-Идејата произлезе делумно од моето
убедување дека библиотеката е место каде
што најмладите сакаат да доаѓаат и дека е
само во прашање начинот на работење.
Имено сметам дека децата не се криви


што поголемиот дел од денот го поминуваат
пред компјутер. Ако им понудиме алтернати­
ва, добра едукативна, но и забавна содржина,
тие ќе сакаат да се дружат со нас. Затоа
почнавме со креативните работилници кои за
време на зимскиот распуст беа преполни, а се
надевам дека така ќе биде и на лето каде што
на децата ќе им понудиме уште поразновидни
содржини, со љубов на родител и со знаење и
умешност на педагог.
На постдипломски студии сте на
Факултетот за администрација, кажете ни
како ги ускладивте со библиотечната работа
и како севкупните активности поврзани со
вашата работа ви се рефлектираат врз при­
ватниот живот и семејството?
-За жал моите обврски често влијаат
на моето семејство. Се трудам максимално да
се организирам, но секако дека фамилијата,
исто така, прави голем напор за да ми
помогне успешно да се справам со моето


раководење во Библиотеката.
Дали имате неостварени желби во
животот и замисли во поглед на
Библиотеката?
-Секако дека на нас луѓето од
Пандорината кутија ни остана само надежта,
верата и љубовта. Во тоа се олицетворени и
моите желби. Надежта за поубава иднина на
сите нас, просперитет на нашата


библиотечна работа која што до денес остана
невидлива професија, верба дека заеднички


7


Предавање за учениците од средните училишта
- пребарување во ОРАС


оствариме тоа, а секако љубов и сесрдна
поддршка од нашите најблиски да истраеме
во она што го работиме со сета своја профе­
сионална посветеност.
Знаеме дека сте вљубеник во книгата,
го гледаме тоа и при отворањето на про­
моциите, кој жанр најповеќе ви лежи? Што
читате во моментот?
-Да, отсекогаш многу читав.
Посегнував со раката кон вселената, кон
вечното каде што се наоѓаат сите мои
непрочитани книги. Ги сакам скоро сите
жанрови, а во еден период од животот


повеќе читав романи, во друг поезија, па
научна фантастика, белетристика и
патеписи, за денес да бидам љубител на пси­
холошка литература како и литература од
областа на менаџментот или современите
облици на раководењето во една институција.
Во моментот, во мојата соба до перницата, ми
стои книгата"Штит од злато" од Ферид
Мухиќ, Благо Цара Радована од Дучиќ и
прекрасните инспиративни приказни "Мелем
за душа", тоа се книгите на кои што посто­
јано се навраќам, потоа тука е и најновиот
роман на Милован Стефановски, "Изгубен
жегол" како и книгите од областа на менаџ­
ментот: "Успешно водење на темелите на
принципите" од Стивен Кови и "Менаџмент
во библиотеките" од Гордана Стокиќ
Симончиќ.
Разговорот го водеше
Николче Вељановски




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола


БИБЛИОТЕКАТА -НАША СУДБИНА


Приредил Николче Вељановски


По повод јубилејот 60 години од пос­
тоењето на НУУБ - Битола, со цел да се пот­
сетиме на оние библиотекари чиј што живот
и работа придонесле и се уште придонесуваат
Библиотеката да биде она што е денес, овие
страници скромно расветлуваат дел од


историјата на библиотечното работење и
развој во изминатите 60 години. За таа цел,
направив пократки или подолги интервЈуа со
дванаесет најстари библиотекари кои скоро
целиот свој работен век го поминале во
Библиотеката и се веќе пензионирани, како и
оние кои се на прагот на пензионирање.
Интервјуата со петмината последни дирек­
тори на Библиотеката излегуваа поединечно
во секој број на Библиотечен тренд.
Во овој број на списанието ги објаву­
ваме интервјуата со најстарите библиотекари
во скратена форма, а подолгите интервјуа ќе
ги објавуваме и поединечно. Додека пак, за
останатите кои сме со помал работен стаж,
вклучувајќи ги тука административниот и
помошниот персонал, претставени сме со
основни податоци: име и презиме, звање,


моменталното работно место и година на
вработување. За ненамерните грешки во тек­
стовите како и во хронологијата на биб­
лиотечното работење, ве молиме да ни
укажите, а од мое име и од името на редак­


цискиот одбор, однапред ви се извинуваме.


Местото каде беше лоцирана Градската
библиотека на Широк Сокак


8


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005


ЖИВКО БОГДАНОВ


Роден сум во 1930 година во работничко
семејство, во Битола. После Војната учев во
вечерно училиште. Во тоа време излезе
конкурс за библиотекарска школа и така од
1949-1953 година, се запишав како стипендист
на Сојузната средна библиотекарска школа
во Белград. Кога се вработив, Библиотеката
беше во просториите на денешниот Синдикат
на Широк Сокак.


Алекснадар Тасевски, Живко Богданов и
Љуба Бошкова,


Долу имаше аптека. Бевме неколку­
мина вработени, пред мене беа вработени
Александар Тасевски, Љуба Бошевска, а за
в.д. директор беше Перса Вилос. Од 1955 год­
ина беше оформен и Детскиот оддел, го
отвори професорот и писател Лазо
Каровски. Бев првиот библиотекар кој
работеше во Одделот. Работев една година, а
потоа се преместив да работам на мини-ката­
лошката обработка. Понатаму, во Одделот
работеше Лилјана Тасевска.
Во Библиотеката тогаш имаше околу


10.000 книги и доста голем број на
посетители. Работевме во две смени. Во
попладневните часови идеа повеќе деца.




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола
Бидејќи бевме малку вработени, во одредени
денови работевме во Одделот за зајмување и
услуга, а цело време работевме на
каталошката обработка. Исто така пола­
гавме и стручен испит за "книжничар". Пред
полагање присуствувавме на седумдневен


семинар заради подготовка. Уште во 1955
година, се запишав како вонреден студент на
Филозофскиот факултет - отсек Историја на
книжевност на Југословенските народи и
народности. Откако дипломирав во 1961 год­
ина, во Скопје полагав државен стручен
испит за звањето Библиотекар.
Веднаш со доаѓањето на Методија
Размовски за директор, во 1960, станавме
Матична библиотека, а јас бев одговорен за
матичната дејност. Станав предавач на
десетдневни и петнаесетдневни курсеви по


библиотекарство. Во 1961 година откако ја
формиравме Подвижната библиотека, одев
во 35 села што ги покриваше Регионот.
Во летото 1962 година, со претходна
помош од Народната и универзитетска биб­
лиотека од Скопје, заедно со Александар
Тасевски започнавме со воведување на мини
децимална класификација на целиот книжен
фонд. Исто така, во 1966 година, тогаш беше
формиран и Завештаен фонд. Во 1969 годи-


Живко Богданов во Секторот
Библиографско - библиотечни информации


9


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005
на, Размовски ги донесе текстовите на Ванчо
Николески, а подоцна и на Филип Каваев и
тн. Колку што се сеќавам постоеше една
тетратка во коЈа ги внесувавме авторите и


текстовите на книгите и името на ТОЈ што ги
подарил. Немавме посебна картотека.
До 1986 година работев и во Одделот
за комплетирање на книжниот фонд. Се пен­
зионирав на работно место во Одделот за
изготвување на роднокрајни библиографии,
каде работев од 1987 до 1994 година.


ЛИЛЈАНА ТАСЕВСКА


Родена сум на 17.08.1936 година во
Битола. Татко ми беше печалбар во Америка. Во
првите три одделенија учев Француски колеџ, а
потоа македонско училиште. Откако матурирав
се запишав на Романска филологија, група
Француски јазик, а како апсолвент дипломирав
македонски јазик. Се вработив со средно образо­
вание. Во Библиотеката се вработив во 1955 годи­
на. Пред мене беа вработени само Перса Вилос,
в.д. директор, Александар Тасевски, Љуба
Бошевска, Живко Богданов. Кога се вработив
претпладне од 8-12 сигнирав, инвентарирав и кат­
алогизирав, а попладне работев во Детскиот
оддел. После Перса Вилос, за директор дојде
Живко Василевски, но само после неколку месеци
го замени Тоде ѓорески. Тоа беше златниот пери­
од на Библиотеката. Се купија многу книги дури и
странски - англиски и плочи. Тој беше голем
авторитет. За време на директорувањет на
Методија Размовски сите ние мораше да
полагаме стручен испит за "Книжничар" во
Скопје.
Од 1956 работев во детскиот оддел кога
беше повторно во зградата на Пионерскиот дом, а
потоа во долниот кат на денешниот Синдикат на
Широк Сокак. После неколку години од преселу­
вањето во стариот дел на денешната Библиотека,
во 1977 година, веднаш по доаѓањето на Стојко
Стојковски за директор, јас го презедов
Роднокрајниот оддел и Туѓата литература.
Мојот сопруг Александар и Љуба
Бошкова беа првите библиотекари уште пред




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола


доаѓањето на Живко Богданов, во
Беше многу педантен во работата. Заедно со
Богданов работеа на децималната класификација.
Најповеќе му одговараше библиотечната работа.
Претходно, беше четири години директор на
Народниот театар за потоа да биде управник/нас­
тавник на нижето Индустриско школо. Откако си
замина од Библиотеката, во 1966 година, пов­
торно беше четири години директор на
Народниот театар, за во 1969/70 да се пензионира.


Зад Библиотеката на Широк Сокак, 1963


ОЛИВЕРА СТЕФАНОВСКА


Родена сум на 26.9.1939 година, во
Битола. Се вработив на 5.9.1959 година, на
работно место во реонската библиотека
сместена во домот на Месната заедница "Јени
Маале", со скратено работно време од три и
пол саати. Ме нарекоа "големиот демонстра­
тор на славното "Јени Маале" зашто ги


10


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005
поучував младите читатели на примерно


однесување со "добар ден", "ве молам" и тн.
Од 1960 година, бев преместена во
тогаш веќе Матичната библиотека, со работ­
но време од пет саати. Од 1961 година
работев во Библиотеката на Широк Сокак.
Работев во сите служби каде ќе имаше потре­
ба. Издавав и периодика. Ја водев периодика­
та.
Така од 1962 година, кога Живко
Богданов и Александар Тасевски започнаа со
децималната класификација на книгите, јас
работев на обработка на книгите (на кирили­
ца), а Радмила Стрнад (латиница). На
почетокот пишувавме со перодршка или


машина. Љуба Бошкова беше на работно
место Сигнирање, Перса Вилос, на
Инвентарирање, а Менка Колева на
умножување на фишите. Во сеќавање ми
останаа зборовите на Размовски кој ни
велеше 'дека не можеме да бидеме прави биб­
лиотекари ако не сме поминале низ сите биб­
лиотечни процеси'. Во 1972 година, ме
заменуваше Елена Талевска за издавање на
периодиката. Во 1974 година, во Старото
крило, се уште издавав периодика. Со Живко
ја средивме цела библиотека на
"Фрижидери", а со Перса, библиотеката на
Сојузот на борците.
До 1979 година работев на обработка
на книгата. Потоа, работев со Елена
Талевска, во Детскиот оддел, ја заменував
Вера која долго пред да почини, во 1984 годи­
на, беше на боледување. Од 1984 година, сега
веќе во Новото крило работев на редење на
картотеките до пензионирањето.


Во сеќавање ми останаа патувањата
во Париз (1961) и во Русија (1970) година. Си


плаќавме сами. Секоја година во септември
ни беше предвидено патување во странство
како научна екскурзија. Ги посетивме биб­
лиотеките во Киев, Москва и Ленинград.
Отидовме и во Италија. Исто така, се




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола
дружевме со библиотекарите од Друштвото
на библиотекарите на Македонија. Беше
интересно и собирањето на книгите по куќи.
Го одржувавме книжниот фонд со лепење
ИТН.
Како пензионер од 2001 година, се
занимавам со внуката Катерина. Читам и ја
посетувам библиотеката на промции. Исто
така земам и книги за внуката.


МЕНКА КОЛЕВСКА


Родена сум во 1941 година, во село
Дихово. Во Библиотеката се вработив во 1962
година, на работно место дактилограф­
архивар, кога таа беше лоцирана на Широк
Сокак. Се сеќавам дека уште во 1960 година,
како некој предзнак дека ќе се вработам во
Библиотеката, посетував петнаесетдневен
курс за библиотекари во Работничкиот уни­
верзитет. Предавач беше Живко Богданов.
Што се однесува до работата, тогаш никој од
нас немаше само една работна задача. Сите
работевме на издавање на книгите, без оглед
на работното место на кое бевме примени.
Јас ги умножував фишите на машина
за чукање, на шапилограф и подоцна на
минифишот. На почетокот бев примена со
скратено работно време од 5 саати. Радмила
Стрнад работеше пола работно време на
издавање и пола во домот на Месната заедни­
ца "Чинаро". Ја заменив неа во "Чинаро" и
останав таму скоро четири и пол години, за
мене пак, во 1968 година, да ме замени
Десанка Брклевска. Радмила Стрнад
работеше уште две години во Централната
библиотека на обработка на книгата со
Оливера, а потоа, во 1964 година, си замина.
Книгите ги лепев таму и ги носев во
Градската библиотека. Немавме покани и
книгите ги баравме, одејќи лично, дома кај
читателите. Во 1968 година, И ја предадов
библиотеката на Десанка со над 1 ООО


11


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005
членови. Но откако се отворија школските
библиотеки читателите почнаа да се намалу­
ваат.
Се дружевме со библиотекарите од
другите градови на советувања и годишни
собранија во Штип, Охрид, Струга, Прилеп и
други. Се дискутираше за стручните работи.
Се сеќавам како нашите библиотекари
дискутираа со библиотекарите од НУБ -
Скопје: Иванка Крле, Рада Митрева и Андон
Андонов. Во 1970 година, отидовме во Русија,
во библиотеките на Москва, Ленинград и
Киев.
Патот си го плаќавме сами. Се
сеќавам како три дена берев боровинки за да


Менка Колевска и Лилјана Тасевска во
Русија, 1970
си го платам патот за Русија. Еднаш во
1972/73 бевме на 8 Март во Солун. Честопати,
на 8 Март, го посетувавме Домот за
доенчиња, понекогаш и со сопствени пари.
Сега како пензионер од 2000 година,
често патувам за Словенија кај сестра ми,
имам еден куп внучиња, од кои наЈмалиот има


седум ГОДИНИ.
ДЕСАНКАВРКЛЕВСКА


Родена сум на 24.08.1940 година, во село
Буково. Во 1959 година, завршив средна
Учителска школа, а потоа шест години, со сред­
но образование, предавав во село Велушина.




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола
Откако разбрав дека треба да предавам матем­
атика и музичко, расплакана излегов во ход­
никот кога во моментот дојдоа Живко и Размо
со Подвижната библиотека. Другиот ден му
рекоа на Цане да ми речи да дојдам во
Библиотеката. Во прво време, од 1966 до 1968
година, работев во библиотеката во село
Буково.
Пред да се запослам, мојот сопруг Цане
бeшe запослен во реонската библиотека во
"Јени Маале", од 1964 година. Повремено го
викаа да работи на заIIIтита на книгата во биб­
лиотеката на Широк Сокак.
Така се запослив со скратено работно време. Ги
обработив сите книги, а истото го сторив и
подоцна, од 1968 кога бев преместена во биб­
лиотеката сместена во домот на Месната заед­
ница"Чинаро". Ја заменив Менка Колевска.
ToгaIII библиотеката се yштe имaIIIe 900
читатели. Во Буково, Цане ми нoceIIIe дрва во
зимбиљ. Бидејќи нeмaIIIe превоз одев пеIIIки.
Кога бев во "Чинаро" си носев сама цепени дрва
во торба за да не ги цепам таму.
Во 1974 година, беа примени yштe осум­
мина работници со полно работно време. Од
1974 година, пола работно време бев во
"Чинарот" и со половина работно време во цен­
траната библиотека. Од 1976 година, работев
пола работно време на издавање и пола на
Периодика.
Цане остана во Јени Маале од 1964 до


1967 година, за потоа да биде преместен во


Библиотеката на Широк Сокак. Така ТОЈ
paбoтeIIIe само во Подврзувачкото одделение
(сегаIIIниот оддел ЗаIIIтита на книгата).
Наскоро бeшe набавена и маIIIина за печатење.
Неговиот изум - маIIIината за дезинфекција и
дезинсекција доби прва награда на Макинова.
И покрај тоа IIITO Цане бeшe примен за
во "Јени Маале", тој paбoтeIIIe во ЗаIIIтита на
книгата. Меѓутоа, проблемот бeшe во тоа IIITO
Размовски не му дaвaIIIe peIIIeниe за тоа работ­
но место. Правдата бeшe задоволена по судски
пат. Цане не caкaIIIe да работи далеку потеIIIка
работа за иста плата. Спорот го доби. Во


12


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005
меѓувреме, Цане заврIIIи за високо-квалифику­
ван графичар и се запиIIIа на Графичкиот
факултет во Загреб. Тој дипломира на факул­
тетот, а Библиотека не му ги призна деновите
IIITO тој тoгaIII ги зеде зaIIIтo му беа потребни за
подготовка пред дипломирањето.
Од 1967/68 година, се запиIIIав на
BиIIIaтa педагоIIIа академија на група
Српскохрватски и македонски јазик. ЗаврIIIив
во 1976 година, и веднаIII се запиIIIав (вонредно)
на Историја на книжевноста на народите на


Десанка, Мирка и Оливера на промоција во
Библиотеката, 2004


СФРЈ со македонски јазик. ЗаврIIIив во 1980
година. И во Новото крило во 1982 година,
работев на издавање со пола работно време и
пола на Периодика. Од 1984 година, па се до
пензионирањето во 2001 година, работев само
во Одделот Периодика.


Одделение за културни манифестации
Вработен во 1968 -
Роден сум на 06.08.1947 година во село
Буково. Во Библиотеката сум вработен од
15.02.1968 година, на работно место, во биб­
лиотеката, во селото Буково. Се запослив со
договор за хонорарна работа на определено и
скратено работно време од 3,5 часа дневно, со
работни задачи комплетна обработка на




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола
книги и издавање. Ја заменав Десанка
Брклевска која беше преместена во реонска­
та библиотека сместена во домот на Месната
заедница "Чинарот". Во тоа време, оваа биб­
лиотека располагаше со 4500 книги од след­
ните жанрови : лектирата за учениците од
прво до осмо одделение, во помал број лек­
тири за Средните училишта, белетристика за
возрасни и слободна литературе за деца,
стручна литература од областа на земјодел­
ството, овоштарството, сточарството и ел., а


бевме претплатени и на весници и списанија.
Во библиотеката беа зачленети преку 400
членови, од кои повеќето беа ученици.
Библиотеката беше масовно посетувана и
како таква претставуваше вистинско кул­


турно катче каде што се задоволуваа култур­


ните потреби на жителите од селото.
Библиотека работеше успешно и беше про­
гласена за најдобро средена реонска биб­
лиотека во Македонија, зашто и доби награда
во книги од Републичката културно просвет­
на заедница.
Од месец декември 1976 година, бев
повлечен во Централната библиотека, со
Решение на неопределено и полно работно
време. Една година работев на работно место
Редење и одржување на картотеките, а потоа,
до 1980 година, работев со Подвижната биб­
лиотека. Од 1980 до 1985 година, бев прерас­
пореден на замена во Детската библиотека, а
од 1985 година до денес, сум на сегашното
работно место Популаризација на книгата.


Мојата задача е, низ разни форми на
активности да ја популаризирам и афирми­
рам дејноста на Библиотеката како совре­
мено обликуван библиотечно-информативен
центар, а целокупниот библиотечен матери-
. .


јал со КОЈ располага, да го претставам што


поблиску до читателите односно корис­
ниците.


13


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005


БОРИС ВЕЉАНОВ


Роден сум на 30.03.1942 година, во
Битола. Завршив Виша Педагошка академи­
ја во Битола. Вработен сум на работно место
во библиотеката во село Буково, на
01.01.1970 година. Таму работев една година,
а потоа од 1971 до 1972 година во реонската
библиотека во домот на Месната заедница
"Кочо Десана". Во 1972 година, бев преместен
во Матичната библиотека на работно место
Сигнирање и редење на каталогот. Ја
заменив Љуба Бошкова кога таа замина во
пензија. Откако Перса ме замени, јас го водев
само внатрешниот каталог и сигнирање.


Многу патувавме, два пати бев во Сараево и
еднаш во Белград на Конгрес на биб­
лиотекарите на Југославија. Често одевме во
Скопје заради стручно усовршување, имаше
и средби со библиотекарите од другите биб­
лиотеки.
На ова работно место останав до 1987
година, кога ме замени наставничката


Јованка Ангеловска, а јас се запослив во ОУ
"Гоце Делчев".
Во 1990 година, се преместив во ОУ
"Св. Климент Охридски" каде што останав до
сега, една година пред пензионирање. Инаку,
работењето како наставник по Информатика




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола
во целост ме исполнуваше. Моето хоби беше
и остана електрониката. Уште со појавата на


. . .


компЈутерите кај нас, јас помагав да се отво-
рат скоро сите кабинети за Информатика во
основните и средните училишта. Им држев
семинари на директорите и на наставниците


по Информатика. Работев на усовршување
на софтвер за полагање на тестови и
изучување на англискиот јазик во основното


образование. Некое време предавав и мате­
матика во Стопанската училиште.
Јас сум радио-аматер уште од 1966
година и член сум на светската организациЈа
на радио-аматери. Бев и секретар на радио­
аматерите. Уште одамна ја користев
радиостаницата како мобилен телефон.
Пакет-радиото беше првиот Интернет преку
сигнали од радиостаница да се добива звук и
слика. Дома ми е се компјутеризирано,
почнувајќи од влезната врата до апаратите за
домаќинството.
Во последните осум години, заради
нарушена здравствена состојба, водам одде­
ление од прво до четврто.


ЕЛЕНА ТАЛЕВСКА


Родена сум на 19.5.1930 година, во
Радовиш. Од 1957 до 1963 година, работев во
Народната библиотека "Гоце Делчев, во Штип.
Таму работев на Издавање. Од 1963 до 1972 год­
ина, паузирав. Во Библиотеката се вработив во
1972 година. На почетокот работев во биб­
лиотеката сместена во домот на Месната заед­
ница "Јени Маале", кога ја заменив Перса
Вилос. Таа дојде во Главната библиотека.
Работев по 6 саати, а се водев дека работам
четири. Од 1978 година, четири саати работев
кај возрасните и четири во "Јени Маале". Се
сеќавам дека бев преместена во Детската биб­
лиотека, во 1980 година, кога работев со Драги
Кабровски. Имавме голема комуникација со
децата, а имавме и многу читатели. Во тоа
време, луѓето беа посиромашни и повеќе читаа.


14


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005


Елена Талевска во Народната Библиотека


РУЖА ПЕЈКОВСКА


Редење на децимален каталог и прибирање
на дробен печат, Вработена бо 1974-
Родена сум на 5.10.1947 година, во
село Врбоец. Во Библиотеката се вработив на
15.01.1974 година заедно со Мирка Зисовска,
Вера Стефановска, Богојче Богоевски, пор­
тирот Миле и чистачките Даница и Павлина.
Библиотеката веќе беше преселена во стари­
от дел на поранешното хируршко одделение.
Директор беше Методија Размовски.


Вработените на Библиотеката во 1975


Јас бев со Мирка во една смена, а Десанка со
Ленчето Талевска, во друга смена. Лилјана и




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола
Вера беа на смени во Детскиот оддел. Од 1977
година, Десанка, Драги, Ленчето и Цветанка
Велјанова беа веќе со полно работно време,
повлечени во Централната библиотека. Во
тоа време сите ние бевме со више образо­
вание. И покрај тоа што работното место,
популаризација на книгата се формира во
1985 година, ние сите кои бевме во Одделот
за зајмување и услуга и во Детскиот оддел,
работевме на популаризација на книгата
преку организирање на изложби и промоции.
Од 1974 до 1984 година работев на
издавање, но и работев на децималниот ката­
лог, на измените во групите. Во 1984 година,
работев некое време на работното место
Библиографско-библиотечни информации
заедно со Цветанка Дамјановска и Љубица
Сајкова. Подоцна Цветанка замина во
Секторот за Роднокрајна библиографија,
Љубица Сајкова го изготвуваше
Информативниот билтен, а јас од 1985 годи­
на, го селектирав дробниот печат по УДК. Од
1986 година, кога Живко замина да работи на


Комплетирање и набавка на книжниот фонд,
јас започнав со редење на децималниот ката­
лог и тоа го правам до денес. Од 1994 година,
ги изготвував Информативните билтени.
Имам учествувано во средувањето на биб­
лиотеката на Митрополијата, работев и на
ретроспективната каталошка online обработ­
ка на книжниот фонд од 1996-2001 година.
Потоа, по повод јубилејот 40-години од
формирањето на Библиотеката, во 1985 год­
ина, одевме по средните и основните
училишта за да предаваме, со што ја популар­


изиравме книгата.


Работевме во смени, а имавме и многу
читатели и многу корисници на читалните


кои секогаш беа преполни, дури мораше да
ги даваме и нашите столици. Се знаеше каде
учат средношколците (во сегашниот КНИЦ),


15


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005
студентите учеа во денешната просторија во


која е сместена Француската алијанса или
таканаречената "крцкалка". Апсолвентите
одеа на наЈгорниот кат каде што е денешната


роднокрајна читална. Издавањето беше
премногу оптоварено, на што укажува и фак­
тот дека директорот Размовски доаѓаше да
не заменува, правејќи упис на членовите
додека ние ги баравме книгите.
Бев член во Стручниот совет уште од
почетокот до денес. Два мандати бев и
претседател на Работничкиот совет. Потоа,
уште два мандата во Акционата конференци­
ја на СКМ на Универзитетот. Два мандати во
Советот на Универзитетот. Еден мандат
секретар на СКЈ во Библиотеката. Учеству­
вав во изготвување на правилници за систем­


атизација на работите и работните места
како и за личниот доход.


МИРКА ЗИСОВСКА


Позајмување и услуга на периодика
Вработена во 1974 -


Родена сум на 27.01.1946 година, во
Битола. Вработена сум на 15.01.1974 година,
заедно со уште шестмина други работници.
Работев на работно место зајмување и услуга
за возрасни, во иста смена со Ружа. Покрај
големите гужви на, како што и денес го
нарекуваме, Издавање, работевме на попу­
ларизација на книгата. За Месецот на книга­
та зборувавме на Радио Битола, правевме
изложби и помагавме при промоции. Се
сеќавам како после Струшките вечери на
поезијата доаѓаа поети во Библиотеката и
имаше литературни читања. Во 1984 година,
кога Ружа беше преместена во
Библиографско - библиотечни информации
јас бев преместена на Инвентарирање кое, во
тоа време кога се уште не постоеше ком­
пјутерска обработка, беше посебно работно




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола
место. Веќе од 1994 година, инвентарирањето
го вршеа компјутерите. Од 1994 година до


денес, целосно сум на работно место
Комплетирање и услуга на периодика, во
Одделот Периодика.
Одевме на семинари, советувања и
годишни собранија во другите градови. Бев и
општествено активна. Бев делегат во
Републичката заедница за култура. Од она
што ми остана во сеќавање во текот на 30
години работен стаж се петмината директори
и промените кои ги доживував заедно со
нивните различни табиети.


ЦВЕТАНКА ДАМЈАНОВСКА


Сектор Библиографско - библиотечни
информации. Вработена од 1978-


Родена сум на 16.11.1952 година, во
Битола. Вработена сум во 1978 како последна
примена во Библиотеката, на конкурс. Како
по некое непишано правило нововработен­
ите требаше да работат прво во реонските.
Така и јас работев во реонската библиотека
во домот на Месната заедница"Чинаро", а
подоцна и "Кочо Десана". Во 1979 работев на
каталогизација и на инвентарирање. Во 1984
година, отидов на работно место
Библиографско-библиотечни информации


16


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005
со Ружа и со Љубица Сајкова. Од 1986 година
работев во Секторот Библиографии.


Во Одделот, работиме на изготвување
на Роднокрајни библиографии: библи­
ографии на статии од Битолски весник
(издадени се четири свески), специјална биб­
лиографија на Универзитетот во Битола,
персонална библиографија на Владимир
Костов и тн. Во подготовка ни е и персонал­
ната библиографија на Вера Стојчевска
Антиќ. Можам да речам дека за првпат во
Македонија работевме селектирани статии
на цел весник, од почетокот на неговото
излегување до денес. Од 1986 година, Лилјана
ни помагаше во библиографскиот опис, а од
1987 година, Живко Богданов погаше во
изработката на децималната класификација
на записот.
Од самиот почеток до денес, член сум
на Стручниот совет на Библиотеката. Сум
била и во Работничкиот совет. Покрај своја­
та тековна работа, од почетокот на 2003 год­
ина, обавувам функција Раководител на
оддел.


Лена Секуловска, виш библиотекар
Сектор Библиографско библиотечни
информации. Вработена од 1983 -




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола


Јоланда Бошевска, виш библиотекар
Сектор Библиографско библиотечни
информации. Вработена од 1986 -


д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
Збирка на Туѓа литература. Вработен од 1983 -


Благој Николов, библиотекар советник
Развој на библиотекарството. Вработен од 1985 -


17


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005


Науме Ѓеоргиевски, виш библиотекар
Комплетирање на Библиотечен материјал и
Роднокрајно одделение. Вработен од 1986 -


Ленче Андонова, виш библиотекар
Стручен секретар


Елица Ѓорѓиева, дактилограф-архивар
Вработена од 1984 -


Трајан Чагорски, благајник
Вработен од 1984 -




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола


Цара Огненовска, Овластен сметководител
Вработена од 1991 -


Лидија Мирчевска, виш библиотекар
Стручна обработка на периодика.
Вработена од 1991 -


Малгожата Мачковска, виш библиотекар
Каталогизирање на монографски публикации,
раководител на Оддел. Вработена од 1986 -


Анастасија Милевска, виш библиотекар
Каталогизирање на монографски публикации
Вработена од 1986 -


18


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005


Митре Талевски , библиотекар
Сектор Стручна обработка ... децимална класи­
фикација и предметизација, Вработен од 1979 -


Гордана Пешевска , систем инженер
Центар за автоматизација. Вработена од 1997 -


Гордана Марковска,
Зајмување и услуга за возрасни. Вработена од


1985 -


Светлана Талевска
Зајмување и услуга за возрасни.
Вработена од 1994 -




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола


Благојче Ѓупаровски
Зајмување и услуга за возрасни.
Вработен од 2000 -


Менде Доневски
Зајмување и услуга за возрасни - Магацин
Вработен од 2001 -


Стеванка Петковска
Зајмување и услуга за деца,
Вработена од 1981 -


Александра Раиф, Зајмување и услуга за деца,
Вработена од1981 -


19


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005


Илче Стојановски , библиотекар
Зајмување и услуга за деца,
Вработен од 1996 -


Благој Бошевски, Зајмување и услуга за возрас­
ни - Прием и технчика обработка
Вработен од 1984 -


Анета Стефановска, виш библиотекар
Зајмување и услуга во Реонски библиотеки,
Вработена од 2000 -




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола


Смиља Најденова,
Зајмување и услуга во Реонски библиотеки
Вработена во 2002 -


Мирко Гашпарац
Заштита на библиотечниот материјал
Вработен од 1985


Владо Пачовски,
Ложач - хаусмајстор
Вработен од 1980


Оливер Котевски
Портир,
Вработен од 1994 -


20


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005


Цане Ј овевски,
Портир, Вработен од 1997 -


Маријан Котевски
Портир
Вработен од 2002 -


Ангелина Савевска,
Хигиеничарка
Вработена од 1970 -


Павлина Котевска,
Хигиеничарка
Вработена од 1974 -




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005


ПЈА
НА А


,


11


·


11[.tt.ll l ,
.


.


1 11:1 1 1


. 1 . . 1
де-.1·


.


·


1 · U:ННi дирехFор.и. ЕиЈ.


биfuп[);тс,хар~:-Ј'RЈГЈ m, -
11 К1!1Ш"а


(:
_ ________________________


.


.




11::


··


21


ОУ




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола


L


Ј


-


22


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005


рм-t11




60 години НУУБ „"Св. Климент Охридски“ - Битола БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005


·
1Стручв


1




:


-


r


-


23


4.


ffiL





60 НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005


tm


-


-


-


-


1


- ежат.


1996
Зсl.


-


- -


i,.e. н


24




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005


.


..


· • К · errr


-


-


р;;,оо,та
UJI) ·


·


.


25


,ЈШВ'1.'а.1
П


-




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола
ПРОМОЦИИ, ПРЕДАВАЊА И ИЗЛОЖБИ


10.01.2005 г.
КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА
Националната установа - универзитетска биб­
лиотека "Св. Климент Охридски" од Битола за
поголема популарзација на книгата меѓу
учениците од Основните училиушта, за прв пат,
организира Креативна работилница на тема "Јас
во светот на книгата". На оваа работилница
учествуваа 15 ученици од В одд. при ОУ "Гоце
Делчев" кои низ цртежи во разни техники ги
искажаа своите чувства и љубов кон книгата како
најверен другар. Работилницата отпочна со рабо­
та во 10.00 часот во Детската библиотека, а
заврши во 11.30 часот. Работилницата беше орга­
низирана во текот на целата недела со учесници
од повеќе основни училишта од градот.
Цртежите, изработени од учениците, беа


изложени во Детската библиотека.
Детските цртежи беа изложени во холот на биб­
лиотеката, две недели. Беа посетувани од ученици
на основните училишта во градот.
На сите учесници им беше дозволен бесплатен
упис во Библиотеката.
17.01.2005 г.
ЧЕХОВ - ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
По повод 145 годишнината од раѓањето на
рускиот писател Антон П Чехов, во холот на
Библиотеката беше поставена изложба на книги.
Според историската хронологија, Чехов е после­
ден во редоследот на големите руски писатели од


19 век што го подигна угледот на руската литера­
туре во светот.
7.02.2005
АРТУР МИЛЕР - ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
На 7 февруари, НУУБ - Битола постави
изложба на делата оде ден од најпознатите
американски писатели, Артур Милер.
09.02.2005
ПРОМОЦИЈА
Во организација на НУУБ Битола,
Македонското научно друШтво - Битола и
Издавачката куќа "Македонска искра" - Скопје,
на 9 февруари, во големата сала за промоции, со
почеток во 12 часот, беШе Промовирана книгата
на академик Антоније шкокљев-Дончо и Славе
Николовски-Катин, "Придонесот на Македонија


26


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005
во светската цивилизација". Рецензент беше
проф. д-р Вера Стојчевска - Антиќ.
11.03.2005
АУКЦИЈА НА МАКЕДОНСКИ РАКОТВОРБИ


Аукцијата се одржа на 11 март со почеток
во 17 часот. Во програмата учествуваа етнологот
Наде Геневска Брачич и музичката група Рудине.
16.03.2005
ТРКАЛЕЗНА МАСА-
РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ ОД МАКЕДОНИЈА
Првата литературна средба на роднокра­
јните битолски автори од Македонија беше сред­
ба на Тркалезна маса од затворен тип, на која,
покрај 1 7-те автори - учесници, присуствуваа само
претставници на медиумите. Откако директорка­
та г-ѓа Јелена Петровска на присутните им посака
добредојде, воведен збор имаше писателот
Радован П Цветковски. Секој учесник имаше 10
минути за своето излагање на тема:
"Универзалноста на роднокрајната идеја во лит­
ературното творештво на роднокрајните битолс­
ки автори". Средбата траеше околу четири часа.
Самите автори, средбата ја прогласија за многу
позитивна и изразија надеж, таа да стане тради­
ционална. Повеќе за средбата на стр. 27.


17.03.2005
ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА АВТОРИТЕ
Во салата за промоции на Библиотеката, на 17
март (четврток), пред читателската публика, се
претставија авторите со читање на извадоци од
нивните дела. Присутни беа 15 автори, затоа што
Петре М. Андреевски и Христо Петревски зами­
наа претходниот ден. Писателите беа седнати во
полукруг.




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола


ВО СВЕТЛИНАТА НА ПРВАТА ЛИТЕР­
АТУРНА СРЕДБА НА РОДНОКРАЈНИТЕ
БИТОЛСКИ АВТОРИ ОД МАКЕДОНИЈА


Еден редок подвиг, кој досега
Библиотеката во своето 60-годишно постоење не
го имаше направено, се случи на 16 и 17 март кога
бевме домаќини на 17 роднокрајни битолски
автори од цела Македонија.


Меѓу авторите имавме можност да ги
видиме: академик Петре М. Андреевски, Димитар
Башевски, Владимир Костов, д-р Цане
Здравковски, д-р Ѓорѓија Најдоски, Гордана
Михаилова-Бошнакоска, проф. д-р Вера
Стојчевска Антиќ, Христо Петрески, Горјан
Петревски, Ванчо Полазаревски, Панде
Манојлов, Никола Кочовски, Љубомир Груевски,
Добре Тодоровски, Богоја Таневски, Петко
Шипинкаровски и Радован П Цветковски, кој го
прочита воведниот збор на ТРКАЛЕЗНАТА
МАСА насловена, "Универзалноста на роднокрај­
ната идеја во литературното творештво на род­
нокрјните битолски автори". Двајцата автори кои
имаа доставено свои текстови, а од оправдани
причини не присуствуваа на средбата се Томислав
Османли и Јозо Т. Бошковски.
На почетокот од средбата Димитар
Башевски ја пренесе пораката од Ј ордан
Плевнеш, односно извинувањето дека му е жал
што не може да присуствува на средбата зашто се
наоѓа во Франција. Беше прочитана телеграма од
претседателката на Библиотекарското друштво
на Македонија, Зорка Чекичевска, која во име на
НУУБ - Скопје, ни го честиташе 60-годишниот
јубилеј. На вториот ден од дружењето со
писателите го следевме нивно претставување
пред битолската јавност со извадоци од нивни
дела.
Идејата за литературна средба на род­
нокрајните битолски автори како и Зборникот со
излагањата на учесниците е дел од позначајните
настани кои ги планирав во мојот проект за
прославувањето на 60-годишниот јубилеј од пос­
тоењето и развојот на Библиотеката. Исто така,


27


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005
во позначајните манифестации планирана е
научна средба на тема: "Автоматизација на народ­
ните библиотеки во Македонија".
Сепак, оваа замисла немаше да заземе
толкав обем и воопшто, да се оствари, ако со свои
конструктивни ставови и позитивна енергија не се
приклучеше директорката Јелена Петровска,
членовите на организациониот тим, локалните
телевизиски и други медиуми и писателот
Радован П Цветковски кој ни помогна со своето
долгогодишно познавање на авторите. Во улога на
лице за контакт, имав можност да стапам во кон­
такт (телефон, е-маил и писма) со авторите кои
живеат надвор од Битола и да видам колку е
напорно да се организираат автори од овој ранг,
за да напишат кратко излагање го испратат исто­
то на дискета како потврда за нивното учество, а
исто така и да допатуваат на закажаните два тер­
мини. Роковите се продолжуваа, контактите трае­
ја околу три месеци. Дури и кај оние автори од
Скопје кои пројавија желба да присуствуваат на
средбата постоеше неизвесност, до последниот
момент да го откажат доаѓањето. Но сепак, се
случи една многу успешна и топла, позитивна
средба како што и самите автори ја доживеаја. Се
случи едно кратко, но спонтано и прекрасно
меѓусебно дружење.
При излагањата се евоцираа спомени од
детството и младоста помината во Битола, гласот
на учесниците затреперуваше, а падна и по некоја
солза која не можеше да се сокрие. Тркалезната
маса ја отвори директорката Јелена Петровска со
зборовите, "Драги наши гости, писатели, род­
нокрајни автори добредојдовте во Вашата
Битола. Добредојдовте во НУУБ Св. Климент
Охридски кој оваа година го прославува 60-
годишниот јубилеј. Од библиотека со почетен
скромен фонд од 300 книги, таа денес прерасна во
современ библиотечно-информациски сервис со
над 400.000 книги и стана прва целосно автома­
тизирана библиотека во државата.


Не случајно се определивме нашиот
јубилеј да го прославиме со Вас кои што со своите
зборови, со својата љубов, и треперења на писа­
телската душа го вградувавте својот живот, свое­
то детство, своите роднокрајни мисли, градејќи ја




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола
Битола камен по камен, збор по збор, за денес таа
да биде најопеаниот град.
Овоие денови ќе живееме со книгите, со
идеиите. Тука сме да го славиме зборот, човекот и
убавината. Кога еднаш ќе се одвојат зборовите од
авторот, го започнуваат своето лебдеење во
празнината на бесконечниот простор. И што ни
останува, на нас читателите, туку да посегнеме и
себично да ги собереме во нас, и така некогаш,
некаде, да ги раскажеме и повторно оживееме ... "
Воведниот збор го имаше писателот
Радован П Цветковски, "Темата е поставена така
авторот да може да се експонира себеси, да го
експонира сопственото писателска искуство на
релација инспирација, идеја и роднокрајноста а во
спрега со универзалноста. Кај писателот се
почнува од инспирацијата и идејата .... А да се
дојде до тоа, до таа идеја треба да се истражува, да
се бара. Тоа значи дека она некогаш виденото, а
подзаборавеното, сега кога крај него се минува,
може да светне, да покрене некоја идеја. Сега бргу
еден мој пријател вели: "Штом го видиш Костов
повеќепати да минува одредена релација во
градот или надвор од него, да знаеш дека
истражува, бара мотив, идеја. Таква релација тој
имаше до црквичето 40 маченици пред да го
напише истоимениот роман. Сличен пример
имаме и кај Борхес кога му се враќа на родниот
град во поезијата.


Нагорниот пат кон универзалноста не го
обележува само темата, само големата идеја, туку
и инвенцијата и моќта на зборот, сета моќ на
раскажувачката поставка по вертикала и хори­
зонтала со изразито квалитетен досег. Тогаш и
моќта на писателот е поголема и пофункционал­
на ... Не би биле таа идеја и тема големи, и нема да
има допирање и влегување во универзалното ако
писателот своето книжевно патување го заврши
во просторот на локалното. Значи, локалниот
простор е излетиште, но и слетиште без да се
полета."
Првото излагање беше на академик
Петре М. Андреевски насловена, "Нема уни­
верзална вистина или идеја што не го надживеала
својот автор"


28


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005


"Секој автор пишува за она што му е поз­
нато, блиско, но проблемот е во неговата умет­
ничка реализација. А, бидејќи единствено средст­
во за работа на писателот се зборовите, многу
важно е ако не и најважно, како својата тема сме
ја обликувале преку својот автохтони автентичен
јазик. Значи, јазикот не е само средство за работа
на писателот, туку и слика на неговата мисла.
.. Загубата на некој збор, според мене, е многу
потажна од загубата на еден човечки живот
зашто зборот опслужувал еден цел народ и тоа
многу подолго од сите наши животи заедно. И,
зашто, во неговото значење се среќавале сите
луѓе на тој народ ... Инаку што е поважно едно
јужноамериканско село на Маркес од една
Битола на Владимир Костов, да речеме, или од
мојот роден крај. "
Професор Вера Стојчевска Антиќ:
"Зборот на Слободан Мицковиќ".


"Тоа е една централна личност уште од
моето најрано детство со кого сум се дружела.
Други личности кои имале влијание врз мене
уште како ученичка во Гимназијата во Битола се
Блаже Конески и Петре Андреевски. Зошто? ....
Не случајно е насловот "Зборот на Слободан
Мицовиќ". Од каде тоа доаѓа? Тоа доаѓа не само
од зборот на Блаже Конески познат по тие сти­
хови "чувај го зборот" туку и многу пошироко од
многу поети и слависти ширум светот. Затоа се
осврнувам на еден момент во 1994 година требаше
да заминиме на еден Меѓународен Балканолошки
конгрес во Индијана, Блумингтон, САД. Меѓутоа,
на пат тргнувам сама затоа што токму во Битола,
на еден свечен собир, ја чувме лошата вест за




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола
смртта на Блаже Конески. Заминав сама. Се под­
готвувавме долго за тој Конгрес без постариот
колега. Мојот трет патопис, ги имам пет, домини­
ра Битола, а книгата му ја посветив целосно на
Блаже Конески, "Со збор по светот". Зборникот
кој беше објавен од Балканолошката средба на
која зедов учество, , замислете, беше веќе
отпечатен со сликата на Блаже Конески на
насловна страна, насловен, "Чувај го зборот
добро врзан". Тогаш почина и Збидњев Голомб,
познат славист, пријател на Блаже Конески, од
Чикаго, но него го немаше во Зборникот. Таа год­
ина, Америка го славеше Блаже Конески и
неговиот збор, тој збор што добро го запамети
Слободан Мицковиќ, ми го предаде мене уште во
гимназиските клупи, а го доживеав, еве, и во
Америка."
Христо Петрески: "За универзалноста во
роднокрајноста"


"Ако веќе во нашите родни стреи не нема
нас, што ни останува друго освен родните предели
да ги преселиме заедно со нас и тие вечно да бидат
и да останат во нас. Го заборавиш ли јазикот со
кој ти се обраќале таткото и мајката, но и оној со
кој ти си "разговарал", како што Горјан рече, со
животните и птиците, тогаш на твојот корен и
глас веќе му нема спас. Твоето пресадено стебло
брзо ќе почне да се суши, а вештачкиот говор
нема никој ниту да го препознава ниту да го
слуша. Затоа, родниот крај е во секоја наша
мисла, збор, сакале ние тоа или не, независно од
тоа што сакал да пишува писателот, тој секогаш,
првенствено пишува за себеси, а сосема друго
прашање е кој и како тоа ќе го чита. Битола беше
и остана околија. До неа и во неа, тешко се
стигнува. Но ако еднаш и малку се остане под
Пелистер, покрај Драгор, во Епинал, на Широк
Сокак, најверојатно тука се останува засекогаш.
Тоа што многу битолчани сонуваат за Скопје, за
мене е куртоазно. Почесто мислите ми се ваму,
поточно во мојата Растојца, отколку таму. Веќе не
знам на кај покажувам.... . Значи, има и ваму и
таму."
Ванчо Полазаревски .. "Да се надоврзам
на Христо затоа што сум во главните борци на
бесмртноста. Имав друг концепт, но го сменив,
речиси го превртев на глава... . .. Можеби оваа


29


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005
тема е еден вид на друга роднокрајност која ја
поврзав со едно семоќно око на еден електронски
Господ кој се обидува сега нас да не контролира.


Инаку, сите мои најубави приказни почнале, се
обликувале и се преобликуваат во Битола и секое
доаѓање во Битола, всушност, ми е преоблику­
вање на тие приказни и една од нив сакам да ја
раскажам. Влегувајќи во компјутерски текстови
на Анри Мишо или Барико, затоа што тој толку
убаво го опишува патувањето со воз, а јас на таа
релација од Скопје до Битола и од Битола до
Скопје патувам, ми се чини сто години, заедно со
Маркес, баш би се надоврзал и би влегол во тек­
стот на Барико на она место каде што мислам
дека го допира моето битолско детство и би
продолжил да пишувам со манир на она што денес
се нарекува хипертекстуалност. Сметам дека
неговото детство е и мое детство исто како што е
и детството на Анри Мишо. На една од тие стани­
ци бија напишал приказната за мојот гуру кој што
не е од Индија, ниту од Кина или некоја друга
егзотична земја туку од Широк Сокак. .. "
Горјан Петрески: "Роднокраен творечки
восклик"


"Во моето родно село Мренога не плашеа
дека "ако појдеш во Битола кај Дулието некаде
арапката те пречекува, те бакнува. Како деца го
имавме тој страв, а јас се уште го имјам тој страв
во потсвеста. Понатаму, го спомнав фудбалот, но
во себе го носев пишувањето. Во оние мои години
никако не можев да избегам од расказите на




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола
Петре М. Андреевски, од расказите во "Седмиот
ден". И во еден момент помислив дека ништо
поголемо неможам да кажам, и така ги оставив
настрана расказита. Во моите тетратки има многу
многу раскази од тоа време, запишани, но необ­
јавени„ и решив да останам секогаш млад, нико­
гаш да не пораснам. Решив да останам во лите­
ратурата за деца и млади. "
Гордана Михаилов а Бошнакоска:
"Битола во мене"


"Родното место не е само некој свет кој
влегува свесно во поезијата и прозата, ами е
тајниот свет кој цел живот ме следи и ме лекува,
ми помага и кога самата јас не знам за тоа, ме
враќа во животот, доколку тој пат сеуште стои
пред мене што треба да го врвам. "
Димитар Башевски: "Родното место како
универзален топос во литературата"


"Тоа е местото на кое првпат се застанало
со двете нозе на земја, местото на првиот залак,
горок или не, местото на остриот мраз или врело­
то лето, местото на другарството и љубовта и тн.
Тоа место, макар и сосема мало, стиснато меѓу два
брега, станува универзален топос во литература­
та. Тој топос во литературата е топос на љубов и
омраза, на херојства и предавства, на пофалба и
потсмев, на заминување и враќање, на раѓање и
умирање. Не случајно, тој топос има и своја мит­
ска димензија, означен, како што вели Елијаде,
"во зоната на сакралното и апсолутната реал­
ност" .
. . . Хероите од Ѓавато и оние кои, условно, биле
херои на моите книги, заминале или заминуваат


30


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005
засекогаш. Но има и пресврти во светов, можеби
некогаш пак ќе се врати животот во Ѓавато и нови
херои ќе влезат во нови книги и тоа пак, за тие
нови книги и писатели, ќе биде тој универзален
топос .. "


Петко Шипинкаровски:
"Моралните, семејните и обичајните
норми кај македонскиот човек се вистинска
ризница за роднокрајната идеја. Мажачките,
бракот, разводите, верските обичаи при славење
на празниците и уште многу други, претставуваат
една раскошна лепеза за нижење на нишките при
креацијата на книжевното дело. Останувањето во
огништето од своите предци, отсекогаш била
желба на нашиот човек. Тука, се ткаат многуте
љубовни, маалски, селски и градски доживувања,
убавини, интриги и сплетки. При своето катад­
невие, од памтивек човекот бил изложен на
разноразни случувања со кои тој се судрувал,
трпел, премолчувал, но и храбро ја кревал глава­
та и се борел против неправдите. Разделбите со
своите најблиски секогаш биле тешки. Но уште
потешко било оставањето на коските од своите
претци знаејќи дека уште еднаш нема да се врати
да запали свеќа на тие гробови."
Љубомир Груевски: "Роднокрајното во допир со
универзалното"


"До каде допира,до каде се протега, како
да се димензионира или како да се дефинира или
како да се протолкува синтагмата роден крај?
Дали најопеаниот град на светот (а сигурно е дека
е тоа) Битола, може да биде роден крај на човек,
поет пред се, кој првиот плачовен крик како поз-




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола
драв на древната Македонија - catena mundi, на
земјата планета и го упатил пред педесеттина
години, од друго место поблиско до Белото Море.
Е ли тогаш, роднокраен предел Битола, на дете
што сето детство и младост ги минува под белите
врвови на Пелистер, по прадедовските угари на
животот пелагонски, копајќи до денешен ден по
тумбите на праисторијата (но и по својата живот­
на историја) и чепкаЈКИ по градиштата,
црквиштата, гробиштата на вековите и на маке­
донското прапостоење. Што е тоа во мене што се
именува поезија, порив, експлозија."
Ѓорѓија Најдоски: "Некои извори на род­
нокрајноста како творечка преокупеција"


"Битола како централен град на
Македонија од каде почнуваа и завршуваа, заедно
со Солун, безмалку сите настани и процеси од
дипломатско-политичката, национално -ослобод­
ителната, културно-образовната сфера на
активности, беше предодредена како политички,
административен и економски моќен центар за
сите собитија кои се рефлектираа на целата тери­
торија на Македонија и на тогашна Европа. Овие
состојби во себе кријат бројни теми од сите
области на творештвото и нивната жанровска
поставеност. Оттука, она што се смета за род­
нокрајно на битолчани, најчесто придобива
национални димензии .... Битола како град-мону­
мент во политичката и културната историја на
Македонија заслужува и има потреба да си го
открие лицето од зарот на табу-времињата,
досегашни. Јас сум еден од тие кој кинисал по тој
пат."
Добре Тодоровски: "Универзалноста на
роднокрајната идеја низ литературното
творештво"- потпора на коренот -
"Како кај други автори, така и јас најдов
инспирацијата да ја црпам од пресликување на
детството, мисловно навраќање на минатото,
личните доживувања, доживувањата на најб­
лиските, или настаните од поблиското и
пошироко опкружување кое го чуствувам како
заедничко и каде што наоѓам здрава основа,
автентичен материјал, а сето тоа ми овозможи
посебна сигурност.
.... Во ниеден момент не би сакал да бидам сватен


31


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005
како фанатик на одбележување, запишување и во
крајност користење на роднокрајниот дијалект,
поточно потесниот регион на Демирхисарско­
битолската околија, туку како автор кој тежнее


кон зачувување на јазичните записи, како што
нагласив погоре, со сите негови покарактер­
истични белези на роднокрајноста што без малку
всушност е нашиот литературен македонски
говор."
Радован П Цветковски "Парадигматичниот
круг на роднокрајноста во равенството на уни­
верзалното"
"За мене, да го парафразирам Венко
Аноновски, 'родниот крај е пап окот на светот'. И
токму тој свет, сиот тој свет се моја инспирација и
во песната и во сета раскажувачка проза. Преку
неговата папочна врвца е напојувањето со теми и
идеи. Така ја сфаќам врската меѓу роднокрајната



идеја и роднокрајниот автор. . .. .. се прашувам
дали навистина има точност во мислата на Доне
Пановски кога велеше: "Секој писател си го пре­
раскажува сопственото детство", проширено тоа -
сопствениот живот, животот и историјата на еден
град каков пример имаме во Владимир Костов за
Битола или Иво Андриќ за Вишеград, но не голо
и сосема така како што се случило. Секако дека
има точност, дека е повеќе од точно, зашто тука е
употребена голема метафорика. "
Панде Манојлов:
"Црвениот немир на темниот"
"Не потекнувам од кралска династија. Но,
прашањето за мојот "Темен" од кога паметам за
себе, лебди пред моите очи, длабоко е вкоренета
во кодот на мојот ген. Сме имале и кралеви и




60 години НУУБ "Св. Климент Охридски“ - Битола


цареви како македонци, и војводи и претседатели,
сме имале и војска и воини, вазали но и ропства и
тешка прокоба. И секогаш тој "Темен" како да ни
стоел ортак со сонцето, со она од Вергина и она,
денешново ...... Да се пишува за родната грутка, за
татковината, е света работа. Поход кон светлина­
та наречена Македонија. Победа на Мегалополис,
победа на поетската мисла."
Владимир Костов:
"Прво, почна со битолскиот крај, за таа
појава како зараза, како чума да ја зафати цела


Македонија со свој трагичен одглас на зурлите и
тапаните со кои на Битолската железничка стан­
ица се испраќаа новите печалбари, сега наречени
гастербајтери или збирум дијаспора, распрос­
транети низ светот - со свој трагичен одглас,
велам, во делата на македонските писатели,
најмногу кај оној дел од нив што потекнува од
битолскиот крај кј традиционално, а денес нос­
талгично, амбиентално и тематски папочно се
врзани со својот роден крај ... "
Цане Здравковски: "Роднокрајноста - битен белег
во моето прозно творештво".
"Потоа доаѓа зрелото време, а со тоа и
поинаквото чувствување на непорекливиот извор
на убавината. На тој начин неизбежен е периодот
кога рамнодушноста, апатичноста па и немоќта
стануваат придружни чувства на зрелоста, но и на
староста. Така некогашниот млад Андреја, подоц­
на во втората збирка раскази, односно во раска­
зот "Уморениот ороводец" го гледаме во нова


32


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 9, 2005


светлина: "Веќе не загледуваше во девојчињата .. "
Никола Кочовски: "Од свој агол за допирите"
"Впрочем и физички, преку можностите
на техниката за се поблиски контактирања но и


влијанија, ние сите на планетава, со секој нов ден
стануваме се поблиски, се попотребни, дури
неизбежни едни за други, зашто животор, пред се
се одликува со глобализам .... "
Богоја Таневски: "Од Роднокрајно до уни­
верзално"


"Инспирацијата во моето творештво се
мотиви и тематика од нашиот роден крај, битол­
скиот крај ... Тоа се своевидни докази за животот
и работата на луѓето од нашиот крај, за пустење­
то на нашите села и еколошки чистите простори."




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 5, 2004


33