БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД СПИСАНИЕ НА НУУБ „"СВ. КЛИМЕНТ...

БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД


СПИСАНИЕ НА НУУБ „"СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"


Издавач
Национална установа - Универзитетска Библиотека
"Св. Климент Охридски" Битола
ул. Ленинова 39


За издавачот: в.д. директор Јелена Петровска


Издавачки совет:
-претседател


Редакција:


д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
Јоланда Бошевска, виш библиотекар
Ричард Иванишевиќ, виш библиотекар и критичар
Гордана Марковска


д-р Николче Вељановски, главен и одговорен уредник
Ричард Иванишевиќ
Илче Стојановски


Лектура и коректура: д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска


Фотографии: Трајан Чагорски


Дизајн на корица: Гордана Пешевска


Компјутерска обработка и печат: Херакли Комерц- Битола


ТИраж: 300 примероци


ISSN: 1409-9497


Списанието е во целост спонзорирано од Министерството за култура


2




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


НАСТАНИТЕ КОИ ЈА ОДБЕЛЕЖАА
2004ГОДИНА


После две години од постоењето на
"Бб " и лиотечен тренд можеме да кажеме дека
е големо нашето задоволство што списани­
ето стана своевидна лична карта за активнос­


тите на библиотекарите како и хронолошки
дневник за сите јавни предавања, промоции,
изложби, литературни и научни средби со
кои беше преплавена Библиотеката, посебно
во текот на веќе изминатата 2004 година. На
страниците останаа забележани двесет и
четири изложби на книги, слики, ракотворби
и други тематски изложби. Од седумнаесетте
промоции на книги ги издвојуваме "Папокот
на светот" од Венко Андоновски, "Избрани
дела" од Владимир Костов и младинското
списание на германски јазик "Југендгег".
Во четиринаесетте предавања, триби­
ни и портрети посебно значајни се пре­
давањата во соработката со Здружението за
македонски-италијанско пријателство,
Француската алијанса, Здружението за маке­
донско-германско пријателство и соработка
од Битола, Здружението за македонско­
руско пријателство, Здружението на македон­
ско - хрватско пријателство и Младинскиот кул­
турен центар.
Од посебно значење е одбележување­
то на Општинскиот и Републичкиот натпре­
вар "Млади библиотекари" како и тради­
ционалната средба "Поетски бранувања
2004" во организација на Одделот за попу­
ларизација на книгата.
Од проектите на Библиотеката ги
бележиме: "Персоналната библиографија на
Владимир Костов", "Роднокрајната библи­
ографија на Битолски весник" и проектот за
соработката на основните училишта со
Библиотеката Посебно големо беше
ангажирањето за реализација на проектот
"Автоматизација на библиотечното
работење во Библиотеката и Регионот" со
кој нашата Библиотека мрежно ги поврза
библиотеките од Западна Македонија и биб­
лиотеката на Факултетот за учители и
воспитувачи - Битола, додека на биб­
лиотекарите им организираше еднонеделен


почетен курс за каталошка обработка на
библиотечниот материјал според биб­
лиотечниот програм COBISS со предавач од
ИЗУМ. Оттука произлезе и формирањето на
нашиот компјутерскиот центар со новон-


3


абавениот Алфа- сервер и друга компјутерс­
ка и мрежна опрема. За своите корисници го
обезбеди новиот софтвер за изготвување на
членски карти со кодот и сликата на корис­


никот.
Во поглед на професионалното
усовршување списанието ги пратеше


активностите на вработените, бележејќи ги
стручните семинари, конференции, средби и
комисии во земјата и странство, меѓу кои се
Конференцијата на Библиотекарското
друштво на Хрватска во Шибеник,
Конференцијата COBISS 2004 во Марибор,
Словенија и научното патување во Финска
како дел од програмата на Министерството
за култура во соработка со Владата на
Република Финска.
"Библиотечен тренд" за популар­
изација на библиотечната дејност преку
соработката со еминентните научни работни­
ци и писатели од градот и државата во изми­


натите две години направи седумнаесетте
разговори меѓу кои ги издвојуваме разгов­
орите со проф. д-р Вера Антиќ, проф. д-р
Васил Тоциновски, академик Луан Старова,
проф. д-р Кирил Темков, проф. д-р Венко
Андоновски, проф. д-р Георги Сталев,
Михаил Ренџов, Владимир Костов, Петар
Димовски и Радован П Цветковски. Посебно
место му беше дадено и на организацијата на
првиот "Саем на книгата 2004" во Битола.
Библиотеката широко ги отвори вратите за
своите читатели, научните работници и
надежните млади писатели.


Не ни останува друго освен да му се
заблагодариме на Министерството за кул­
тура за поддршката и финансирањето на
списанието и да им ветиме на читателите
дека и понатаму ќе го збогатуваме со
најразновидни содржини и идеи. Со желба за
понатамошна соработка на сите наши коле­
ги, соработници и читатели им ја честитаме
Новата Година и им посакуваме многу здрав­
је, среќа и духовно спокојство.


Од редакцијата




Библиотеката --од идеја до реализација


ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА


ПОСЕТА НА ФИНСКА - ЗЕМЈА НА
БИБЛИОТЕКАРИТЕ


Мошне значаен дел во обидите на
Министерството за култура на РМ во областа
8, воспоставувањето на културната стратеги­


Ја во државата е и размената на искуства од


други земји и изготвувањето на проект
планови за побрза децентрализација на кул­
турата.
Финска спаѓа во земјите со
најразвиено библиотечно работење и со нај­
голем број на читатели во светот.


Kirjasto·oppia Senka Naumovska, Lendita Kadriu ја
Jelena Petrovska a1kovat rakentaa Makedonian kirjastolaitosta porvoo
laismallin mukaiseksi.


Во делегацијата од Македонија
учествуваа советникот во Министерството за
култура Лендита Кадриу Бекири, прет­
ставникот на УНДП од Македонија Никола
Малевски, директорот на Центарот за кул­
тура - Берово Звонко Скендерски, Сенка
Наумовска претставник од НУУБ - Скопје и
директорот на НУУБ -Битола, Јелена
Петровска.
Престојот е реализиран во период од


6-11 декември при што беа посетени биб­
лиотеките и библиобусот од повеќе градови и


4


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


.:§?'
-sZ
помали места во Финска (Хелсинки, Порво,
Котка, Еспо и др.). Повеќе за библиотеките
во Финска во идниот број.


МЕНАЏМЕНТОТ И НЕГОВАТА ПРИМЕ­
НА ВО НАРОДНИТЕ БИБЛИОТЕКИ


Трансформацијата на класичните
облици на библиотечно работење кон диги­
тализациј а на библиотечните единици се
наметнува како незаобиколен тренд и визија
за иднината. Во тоа светло мошне значајно е
менаџирањето со институциите од тој тип, со
посебен акцент на екипирањето и
раководењето како клучни детерминанти на
успехот. Затоа и Библиотекарското друштво
на Македонија го поддржа


"М енаџментот и неговата примена во работа-
та на народните библиотеки во Р.
Македонија" и одржа семинар од 20 - 21
ноември во Охрид каде што учествуваа
директорите на народните библиотеките во
Македонија.
Тематската определба на семинарот
беше "Обука за раководители" и беа
поместени предавања и работилници на
четири предавачи: "Теориски пристап кон
менаџментот - Современа мисла за менаџ-




Библиотеката-од идеја до реализација


ментот" (проф. д-р Добри Петровски);
"Управувањето со квалитет како основна
претпоставка за успешно работење на народ­
ните библиотеки" (м-р Наде Караџоска);
"Менаџмент на човечките ресурси
Циклусот на третман на човечките ресурси
во библиотечната дејност" (проф. д-р Цветко
Смилески); "Обука на обучувачи на корисни­
ци на COBISS" (Јелена Петровска).
Темите предизвикаа интерес кај
учесниците и беа разработени на работил­
ниците со практични примери. Останува да се
реализира и вториот дел од проектот КОЈ се
однесува на обука на библиотекарите за
придизвикот на современото библиотечно
работење.


РАКОВОДЕЊЕТО НЕКОГАШ И
ДЕНЕС


ОД СЕЌАВАЊАТА НА
АНЕТА СТЕФАНОВСКА


Пред да дојдете за директор во МУБ
што работевте?
-Од 1985 година Се вработив во
Основното училиште "Св. Кирил и Методиј"
Битола на работно место секретар -правник,
се до пред крајот на 2000 година кога бев
именувана за в.д. директор на тогаш МУБ
"Св. Климент Охридски" Битола.
За вас Библиотеката беше нов преди­
звик. Кои цели си ги поставивте при вашето
доаѓање на раководно место?
-Библиотеката беше предизвик за
мене затоа што е установа со висок реЈтинг


во државата. Со моето доаѓање на раководно
место си поставив големи цели пред себе, а со


5


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


оглед на високостручниот кадар со КОЈ распо­


лага Библиотеката. Заради мојата амбиција
голем дел од поставените цели ги остварив.
Ова пред се се однесува на стручниот дел, на
подигање на реЈтингот на установата,
стварање на услови (подобрување) во секаква
смисла (опрема, модернизација, популар­
изација, зголемување на финансиските сред­
ства, отварање на установата кон сите други


установи како во државата така и надвор од
неа) со пратење на светските трендови и
промена на начинот на работењето, а сето
ова го постигна целиот колектив со големо
разбирање и поддршка на Министерството за
култура.


Од посетата на заменикот министер за кул­
тура


Дали постоеја проблеми во смисла на
недоволни финансии и проблеми со
вработените затоа што доаѓавте од друга сре­
дина. Дали успешно се справувавте со нив?
-На почетокот од моето доаѓање на
ова место постоеја доста проблеми поради
недоволни финансии, но благодарение на


. .


мојата голема ангажираност на ТОЈ план
многу брзо и успешно го решив прашањето
со финансиите, добивајќи зголемени
финансии од Министерството за култура и
големи спонзорства од некои фирми во
градот, а сето тоа се должеше и на позитв­


ната промена во начинот на работењето на
целиот колектив и резултатите беа очевид­
ни. Што се однесува до вработените скоро
да немав некои проблеми, а доколку се
појавеа многу брзо се справував со нив.
Дисциплината и редот кои се воспоставија
важеа за сите нас и се знаеше кога се


работи, а кога се дружиме или славиме
некои поводи. Чувствував во целото мое
раководење почит и дисциплина од страна


на сите мои вработени, ајас сметам дека им




Библиотеката-од идеја до реализација


возвраќав на соодветен начин.


Колективот во 2001 година


Сепак и вие му помогнавте на
вработените да си остварат дел од нивните
професионални планови?
Во тоа време примив четворица нови
вработени од кои еден со договор на дело. Се
залагав и им помагав на вработените.
Неколкумина библиотекари се стекнаа со
повисоко звање т.е. виш библиотекар и уште
неколкумина од помошниот персонал да


добијат лиценца за работа при што добија
решение од Министерството за зголемување
на личниот доход. Исто така, на еден
вработен му беше дадено решение за зголе­
мување коефциентот на личниот доход по
основ на образование -доктор на науки.
Во вашите две години директорување
внесовте и некои новини во Библиотеката.
Пред се, кажете ни нешто повеќе за :КНИЦ­
от и во колкава мера сте лично задоволни од
останатите промени што ги воведовте во овој
краток период?


6


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР.8 2004


промени кои се очевидни и сметам дека ќе се
паметат не само во нашата установа туку и во


средината во која живееме. Во тие новини
влегува и КНИЦ-от. Од овој проект сум
лично задоволна, бидејќи се работи за доби­
вање голема опрема и голема инвестиција во
износ од 50 ООО УСА$ и тоа во прва фаза, и
овој центар е единствен од ваков вид во РМ, а
доколку сите заедно му посветиме поголемо


внимание ќе имаме уште поголема благодет.
За првпат во ваше време се зачестија
конкурсите со проекти до Министерството за
култура. Кажете ни нешто повеќе околу нив.
Дали имаше значајни проекти?
-Што се однесува до останатите
промени не можам а да не го спомнам фактот
дека во мое време за прв пат зачестија проек­
тите со кои конкуриравме во
Министерството за култура, а за нивната
издржаност добивавме и признанија од одгов­
орните во Министерството. Како други
позначајни реализирани проекти се: инвести­
циониот проект со кој за прв пат
Библиотеката ги реновира и модернизира 13-
те санитарни јазли и другите простории како
терасата и влезовите. Беа отворени клонови
во с. Могила и с. Кравари. Реализиран беше и
проектот - библиографијата "Битола низ
вековите". Некои од проектите останаа во
тек.
Исто така направивте повеќе промени
подобрувајќи ги условите за работа во самата
установа?
-Од голема корист беше и набавката
на новиот службен автомобил зашто таков не
постоеше во Библиотеката. Ја оплеменивме
роднокрајната читална со намештај, посебно
со голема маса за состаноци, а Роднокрајниот
оддел го средивме со нови дрвени шкафови и
полици. Во Одделот за заштита на книгата
набавивме половен, но посовремен елек-




Библиотеката-од идеја до реализација


тричен нож. Во повеќе простории беше
изменет ентериерот. Поставени беа патеки
по ходниците и вариолаЈт завеси по канце­
лариите. Поплочени беа и предниот и зад­
ниот влез. Беше асфалтиран влезот кај
гаражата и обезбедени прозорците. Беа
расчистени парковите посебно непроодниот
дел зад зградата. Беше направена фонтана и
беа посадени борчиња во предниот парк.
Исто така, беа поставени рефлектори кои го
осветлиЈа просторот околу зградата.


Секако дека некои од вашите планови
немавте време да ги реализирате?
-Што се однесува до проектите некои
останаа да бидат реализирани. КНИЦ-от
требаше да влези во втората фаза. По втор
пат конкуриравме за финансирање на
списание "Библиотечен тренд". Многу од
моите планови останаа нереализирани, моЈа­


та амбиција беше голема, но времето беше
кратко. Јас, лично сум многу задоволна затоа
што од мојата работа останаа трагови.
После смената од раководното место
дали тоа беа околностите кои ве доведоа до
останување на работа во Библиотеката или
вашата желба за промена во животот?
-Имав голема желба да останам во
Библиотеката, но после смената од моето
раководно место на моето сегашно работно
место на кое не се најдов себеси


7


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


бев во голема дилема. Но сепак, околностите
ме натераа да останам во Библиотеката.


Сега после две изминати години со
библиотечна работа направете ни споредба
со работата во образованието.
-Сега после две години со
библиотечната работа во реонските биб­
лиотеки не можам да направам никаква


споредба со образованието каде што работев
на работно место секретар-правник и на кое
и можев да се докажам. Бев многу успешна за
разлика од сегашното место на кое барем
досега немав можност да се докажам. Но се
надевам дека доколку ми се даде шанса


понатаму ќе ги докажам и покажам своите
способности за потоа да можам да направам
споредба.
Дали има нешто за кое не ве прашав, а
би сакале да кажете било да е тоа во поглед
на работата или животот?
-Има доста прашања кои не се
опфатени во ова прашање, а би сакала да ги
искажам во поглед на работата или животот,
но тие би ги оставила за некоја друга прили­
ка, но на краЈот сакам да дадам една препора­
ка која треба да важи за сите луѓе, почнувајќи
од мене лично, а тоа е дека ние сите треба да
бидеме хумани, широки и да правиме добри
дела по кои ќе бидеме запамтени зашто само
така ќе бидеме задоволни од себе, а и другите
од нас.


Разговорот го водеше
Николче Вељановски




Библиотеката-од идеја до реализација


КОНФЕРЕНЦИЈА "COBISS 2004" ВО
МАРИБОР


Приредила Малгожата Мачковска


На годишната конференција на
Институтот за информативни науки (ИЗУМ)
од Марибор "СОВIЅЅ 2004", која се одржа од
9-12 ноември, беа присутни над 300 биб­
лиотекари од Европа и гости од САД.
Најбројни беа претставниците на биб­
лиотеките кои се вклучени во системот
COBISS т.е. од државите создадени после рас­
падот на Југославија. Од Македонија беа
присутни 16 библиотекари меѓу кои и тројца
од НУУБ - Битола.
Претставени беа реферати
посветени на соработката на библиотеките
од државите вклучени во COBISS. Посебно
внимание беше посветено на новините во
програмата, изработката на речник на
поимите COBISS.SI, функционирањето на
COBISS.Net, старите и ретки книги во
COBISS.SR, историскиот развој и оспособу­
вањето на библиотекарите за работа со
програмата. Беа претставени состојбите и
можните насоки за развој на правилата за
каталогизација во Хрватска. Неколку тру­
дови беа посветени на искуствата од при­
мената на англо-американските правила за


каталогизација - AACR2 (Anglo-American
Cataloguing Rules, 2nd Edition) во Чешка,
Србија и Словенија. Во практичниот дел на
конференцијата ни беше претставен
начинот на преземање на библиограф­
ските записи од базите на податоци на
државите вклучени во COBISS. Беа водени
и деловни разговори за отворање на


СОВIЅЅ-Центар во Македонија кој би ги
презел сите ингеренции во врска со обука­
та на библиотечниот кадар, имплементаци­
јата како и надзорот во функционирањето


8


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


на програмата.
За време на престојот беа орга-
низирани групни посети на Универзитетската
библиотека, Градската библиотека со клонот
за деца и библиотеката во ИЗУМ. Во ИЗУМ
ни беше презентирана новата верзија на про­
грамата COBISS 3. За време на контактите со
колегите од другите библиотеки на државите
учеснички разменувавме искуства од работа­
та така што Конференцијата ќе ни остане во
сеќавање како исклучително добро орга­
низирана од сите аспекти, посебно од аспект
на здобивање со нови професионални соз­
нанија од областа на библиотекарството.


ОБУКА НА БИБЛИОТЕКАРИ ОД
ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА


Приредил Благој Николов


Согледувајќи ја состојбата на биб­
лиотеките од западниот дел на Македонија и на
Универзитетот "Св. Климент Охридски" Битола,
секторот Развој на библиотекарството при
Националната установа - Универзитетска биб­
лиотека "Св. Климент Охридски" Битола во 2003
година пристапи кон изготвување на проектот


"Автоматизација на библиотеките од западна
Македонија", кој е поделен во Ш фази.
Во 2004 година, откако беше одобрена
и целосно финансирана од страна на
Министерството за култура, започна реал­
изацијата на првата фаза од проектот, во која
беа опфатени библиотеките од Струга,




Библиотеката-од идеја до реализација


Охрид, Кичево и Прилеп. Кон крајот на иста­
та година, Благој Николов, виш библиотекар
и Гордана Пешевска, систем инженер, целос­
но ја реализираа оваа фаза. После инсталаци­
јата на опремата потребна за автома­
тизирање на библиотеките, како и конекци­
јата на Интернет, се јави потреба од обука на
библиотекарите за работа во системот
COBISS.


По преговорите со ИЗУМ, Р.
Словенија, за обука на библиотекарите во
првиот сегмент СОВIЅЅ/Каталогизација, се
издефинира терминот за обука кој би се
одржал во НУУБ "Св. Климент Охридски"
Битола.
Во меѓувреме кон овие библиотеки се
приклучи и библиотеката од Тетово и биб­
лиотеката на Педагошкиот факултет при
Универзитетот "Св. Климент Охридски"
Битола, како пилот библиотека.
Обуката на библиотекарите траеше
од 13-17.12.2004 година. Како предавач од
ИЗУМ, Р. Словенија, беше испратен Душан
Ханжуреј, а за негов асистент беше именуван
Благој Николов од НУУБ "Св. Климент
Охридски" Битола.
На обуката која траеше 40 часа,
распоредени во 5 дена, присуствуваа 15
библиотекари и тоа: библиотеката од


9


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


Охрид (3),, библиотеката од Струга (2),
библиотеката од Прилеп (3), библиотека­
та од Кичево (2), библиотеката од Тетово
(3), библиотеката на Педагошкиот
факултет (1). Кон оваа група се приклучи
и библиотекарот на библиотеката на
Државниот завод за статистика - Скопје.
Обемниот материјал како и
вежбите беа успешно реализирани со
што библиотекарите се здобија со
можност од нивните библиотеки да
креираат записи и да се усовршуваат во
сегментот СОВIЅЅ/Каталогизација на
тестната база COBISSTST, сместена на
серверот на НУУБ "Св. Климент
Охридски" Битола.


АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК


Цветанка Дамјановска
-раководител на Одделот за зајмување


Во текот на 2004 година НУУБ
"Св.Климент Охридски" како приоритет
си постави задача за целосно отворање
кон корисниците со цел на давање


квалитетна и навремена услуга. За
подобрување на квалитетот на своето
работење во Одделот за зајмување и услу­
га за возрасни и Детска библиотека беше
изготвен анкетен прашалник за


читателите во поглед на програмата


СОВIЅЅ-Зајмување.
Анкетата е спроведена од 26.09 -


8.10.2004 година. Испитани се вкупно 200
корисници во следните категории: ученици


од основното образование; ученици од сред­
ното образование; студенти; вработени;
невработени и други. Испитаниците одго­
варале на следните прашања:


1.Дали новата програма за зајмување ви овоз­
можува полесен пристап до книгата или




Библиотеката-од низ оддели и активности


информацијата?
2.Дали во однос на стариот начин на зајму­
вање, сега побрзо стигнувате до одредени
наслови на лектири, белетристика, стручна
литература и ел?
3.Како би сакале услугите на библиотеката
да ги плаќате: со фиксна членарина без амор­
тизација од 500 денари; годишна членарина
од 150 денари со амортизација; годишна
членарина од 300 денари со фиксен износ по 3
денари за книга.


4.Наведете уште кој вид услуга од биб­
лиотеката сакате да ја добиете?
5.Колку сте задоволни од услугите на биб­
лиотеката?
6.Ако не сте задоволни наведете ја
причината?
Резултатите од анкетата покажуваат
дека со новата програма е обезбеден далеку
полесен пристап до книгата. Исто така лек­
тирата и белетристиката што ја нуди
Библиотеката задоволува со акцент за набав­
ка на новите хитови. По однос на застапенос­
та на стручната литература читателите се


изјаснале дека истата би можела да биде
побогата и во повеќе примероци . Во врска со
членарината корисниците се изЈаснале за
постоечкиот начин на наплата. Читателите
воглавно се задоволни од услугите на биб­
лиотеката и од ефикасноста на вработените,
нивниот пријателски однос и брзина на доби­
вање на книгите, Анкетираните давале
забелешки најчесто во однос на малата
застапеност на стручната литература,


ограничениот пристап до книгата и недовол­
ниот број на компјутери за пребарување .
Овој вид на анкетирање
Библиотеката ќе го практикува и во иднина,
затоа секоја забелешка од нашите читатели е
добредојдена.


10


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И
АКТИВНОСТИ
ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА ЗА
ВОЗРАСНИ


БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ
ПРЕПОРАЧУВААТ


Приредила Гордана Марковска


1. КОДОТ НА ДА ВИНЧИ - Ден Браун
2. 10 НАЈГЛУПАВИ ГРЕШКИ ШТО ГИ
ПРАВАТ УМНИТЕ ЛУЃЕ - А. Фриман, Р.
Делф
3. НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ИЗЛАЖАН -
Дејвид Мебермак
4. ДЕВОЈЧИЊАТА СЕ ОД САТУРН,
МОМЧИЊАТА СЕ ОД ЈУПИТЕР - Кетрин
Ламб
5. МЕЛЕМ ЗА ТИНЕЈЏЕРСКУ ДУШУ -
ЏекКенфилд
6. КРАЉ ИСУС - Роберт Гревс
7. ЗЛАТНО РУНО - Роберт Гревс
8. ВИЛА - Нора Робертс
9. ИСКРЕНА ИЗДАЈА - Нора Робертс
10. ПАКЛЕНИ ПЛАНОВИ - Сидни Шелдон


ОСВРТ КОН КНИГАТА "ДЕВОЈКАТА
ВО БОЈА НА ЗУМБУЛ" ОД СУЗАН ВРИ­
ЛАНД


Приредил Илче Стојановски


Оваа книга, е приказна чие дејствие
започнува во денешно време, во моментот на
средба на еден професор кога го поканил
неговиот колега во СВОЈ от дом за да му


покаже слика што со децении ја чувал во
тајност. Професорот тврдел дека сликата
била оригинално дело на Вермер. Но зошто
толку долго оваа слика е чувана во тајност?
Причините почнуваат да се откриваат преку
низа интересни настани низ кои ги следиме


сопствениците на сликата наназад во времето


до Втората Светска Војна и Амстердам, па




Библиотеката низ оддели и активности


дури и понатаму, до моментот на инспираци­


јата на сликарот и создавање на прекрасното


дело. Во почетокот преку опишувањето на
деталите од сликата дознаваме за одредени


специфики на времето и просторот на соз­
давање како и стилските и тематски преоку­


пации на авторот и неговата препоз­


натливост. Потоа, се проследени и одредени
психолошки карактеристики на одредени


личности чие дејствие е логична последица
од сплетот на околности поврзани со сликата


како уметничко дело со своја вредност.


Додека сликата минува низ рацете на
своите сопственици, авторката на прекрасен


начин ни открива важни и интересни момен­
ти од нивните животи, поврзани со големата


љубов кон таинствената слика. Тоа е темат­
ски избор и предизвик кој специфично ги
доловува основните човекови преокупации


кои што животот ги носи со себе преку соп­
ствениот судбински пат и патоказ. Авторката
во потполност разработува специфични
слики и описи кои предизвикуваат интерес и
возбуда, ја поттикнуваат креативноста и
задоволството, предизвиците и последиците


на едно животно патешествие кое читателот


не го остава рамнодушен, но му подарува
едно задоволство кое како да е инспирано од


една своја таинствена слика во срцето.


"БИСТЕМ" ОД БЛАГОЈА СИЛЈАНОСКИ


Приредил Томе Момировски


"Бистем" е мала повест или мал
роман, а воедно подолга проза, новела. Не е
битно колку има или нема романескно ( фа­
була, целосни ликови и друго).
Традиционалистичките теоретичари на лите-


11


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


ратурата беа категорични во класификација­
та на жанровите и родовите во литературата.


Современата научна теорија е ослободена од
тие ограничувања.


Како книжевна тема и мотив, авторот
Благоја Силјаноски одбрал иманентна (пре­
восходна) идеја: чист девствен литературен
корен: спомени од детството - најчест и
најблагороден вид меморија од
белетристичка творба. Во тој плет: средсело,
локација каде што почнува и завршува живо-


. .


тот на село, релацијата татко-мајка-дедо,


фамилијарен круг и пошироко милје на
жителите на селото, селската мака ( секој
труд е принуда, а производството на


отворено најризичен), добрини и недобрини
на селската мака со традиционални и совре­


мени алатки, фолклорната (културно­
духовното ), човековата вековна егзистенци­
ја и опстојување ни биднините и небиднините
низ векови во тој тип и облик на живеење се
основата на оваа долга проза.
Автобиографското не е сувопарен запис туку
прочистено, стилизирано, течно


раскажување со белетристичка реченица
каква што прилега на феноменот телевизија.
СЛИКАОО4
Наедно со живописни прикази на
амбиентот, драгоцена вредносна струна е
проникнувањето на патријархалниот морал и


етика, ослободени од анахроното во таа
традиција и со критичен став кон деструкци­


јата, оттуѓувањето и конечно раселувањето,
миграција наместо урбанизација и вклопу­
вање во модерните општествено-стопански


односи и труд, во нови цивилизациски видови


и типови на современо живеење со зачуву­


вање на вредностите на културно-духовното


на руралната традиција.


Одделен акцент е прикажан на семеј­
ната солидарност, помагање на блискиот се




Библиотеката низ оддели и активности


до прикази на жртвување на роднина но при


тоа и разочарување од појавата на недобри­
на.
Оваа своевидна идеализација на глоб­
ален план на селската живописна локација
(идилична пасторална над се), е со мерка, со
вкус, со благородно чувство пред се кај инти­
мата на родителското огниште, кулминација­
та ја доживува на релацијата внук-дедо. Тоа
се лирски струни кои можат да се посакаат
како привилегија на внук од дедо, како показ


дека и за љубов е потребно искуство. Тоа е
нешто не само како вредност на единката и


. .


семејството, туку и значајна клетка на
човековата заедница, како национална доб­
рина и перспектива.


Во текот на раскажувањето допрени
се и некои социјални и психолошки контро­
верзи на времето, на единката и колективите­
тот, на современата стварност на човековата


судбина во текот на последните децении на
минатиот век до неодамна.
Ова книжевно дело со единствен течен стил
не може да одмине вистински читател.


Природниот лесен раскажувачки тек не е
минус. Тој соодветствува на рустикалниот
амбиент во кој се случуваат егзистенцијата,
односите меѓу личностите и пошироката
општствена средина. Доблест да се напише
книга со дарба на белетрист.


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА
ИЗЛОЖБИ, ПРОМОЦИИ, ПРЕДАВАЊА


Приредил
Драги Кабровски


МЕСЕЦ НА КНИГАТА
15.10.2004 г.
Националната установа - Универзитетска
библиотека "Св. Климент Охридски" од
Битола, започнувањето на "Месецот на кни­
гата"на 15.10.2004 година, програмски го
одбележа со следните активности:
Литературен портрет на поетесата
Александра Николовска Василева од Скопје.


12


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


Промоција на CD на поезијата на
Александра Николовска Василева.
Изложба по повод "50 години ликовно
творештво на Борислав Талевски "од Битола.
Промотори на творештвото на поетесата и


CD беа писателот Михаил Ренџов и компози­
торот Кире Костов од Скопје. Извадоци од
поезијата на авторката читаше актерката


Јоана Поповска од Битола. Присутните гости
кои беа во голем број на почетокот ги поз­
драви директорката на Библиотеката г- ѓа
Јелена Петровска.
19.10.2004 г.
ИЗЛОЖБА НА РАКОТВОРБИ
"ПОЛИО ПЛУС"
Здружението на граѓани "Полио плус" од
Скопје во холот и големата сала на
Библиотеката организира "Изложба на
ракотворби", изработени од штитениците од
Креативната работилница, од Специјалниот
завод во Демир Капија. На оваа изложба
беше презентиран дел од колекцијата на
свилени марами рачно насликани од
членовите на Креативната работилница.
Изложбата беше масовно посетена и траеше
ДО 25.10.2004 Г.
20.10.2004 г.
Здружението за македонско италијанско
пријателство Битола организира промоција
на книгата "Политичките извештаи на итали-




Библиотеката низ оддели и аккивности


Силвана Галон поранешен аташе во итали­
јанската амбасада во Македонија. За книгата
зборуваше историчарот Ѓорѓи Танковски,
21.10.2004 г.
ФРАНЦУСКАТА АЛИЈАНСА во соработка со
Библиотеката организираше предавање на
тема: "Новите текови на француската литер­
атура". Предавањето го одржа францускиот
писател Ерик Фај (Eric Faye).


01.11.2004 г.
ИЗЛОЖБА НА МАКЕДОНСКИ
РАКОТВОРБИ


Здруженито на уметници ракотворци
"Македонски ракотворби" Битола во
соработка со Библиотеката по повод 4 -ти
Ноември и 60 години од ослободувањето на
нашиот град организираше прва "Изложба на
македонски ракотворби". На изложбата се
претставиЈа петнаесет уметници ракотворци


со повеќе од 50 експонати на уникатни маке­
донски ракотворби кои претставуваат
обележје на нашата традиција и култура.
Изложбата свечено ја отвори претседавачот
на Советот на општината г- дин Марјан
Танушевски, ученици од ОУ "Гоце Делчев"
читаа поезија пред присутните гости. Свое
обраќање имаше и претседателката на


13


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


Здружението на ракотворците Јулијана
Петровска.
03.11.2004 г.
"СУДБИНИ И СОНИШТА"
По повод Месецот на книгата беше орга­
низирана промоција на поетската збирка
"Судбини и соништа" од Кире Неделковски.
Промотори на книгата беа: Бранко
Цветкоски и Јовица Тасевски- Етернијан. На
промоцијата извадоци читаше Силвана
Петрова. Како пропратен дел на промоцијата
беше и изложбата на книги од творештвото
на авторот.


05.11.2004
ИСЛАМОТ ВО ЕВРОПА
Француската алијанса од Битола во соработ­
ка со Библиотеката организираше предавање
на тема: "Исламот во Европа" Предавањето
го одржа г-дин Жерар Лoшoн(Gerard Lochon),
поранешен советник на претседателот при


Институтот за арапскиот Свет во Париз.


ПОСЕТИ ОД УЧЕНИЦИ
По повод Месецот на книгата на 8.11.2004
Библиотеката беше посетена од ученици
од VII одделение од ОУ "Св. Кирил и
Методиј", а на 10.11.2004 од ОУ "Тодор
Ангелевски". На 23.12.2004 беше орга­
низирана групна посета од сите петти одде­


ленија од ОУ "Гоце Делчев" од Битола
заедно со наставничката по македонски


јазик. Учениците беа запознати со дејнос­
та на Библиотеката како културна устано­
ва, со начинот на пребарување на кат­
алозите со помош на терминалите и беа
разгледани Детската библиотека, мага­
цинот во КОЈ се сместени книгите и


Одделот за зајмување и услуга за возрасни
од Драги Кабровски задолжен за популар­
изација на книгата при Библиотеката.




Библиотеката низ оддели и активности


18.11.2004 г.
КНИЖЕВНАТА КРИТИКА ЗА
РАДОВАН П. ЦВЕТКОВСКИ
Книгата "Книжевната критика за делото на
Радован П Цветковски" е во издание на
Дирекцијата за култура и уметност - Скопје.
За книгата говореа: Мишо Китаноски и д-р
Васил Тоциновски, советник и редовен про­
фесор на Институтот за македонска литер­
атура од Скопје. Свое излагање имаше и
авторот Радован П Цветковски кој читаше
дел од неговото творештво. Промоцијата
беше збогатена и со презентацијата на книги­
те од авторот преку видео бим а исто така
беше поставена и изложба на неговите книги
22.11.2004


"ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА КРИСТИФОР
КОЛУМБО".
Здружението за македонско - италијанско
пријателство - Битола и НУУБ Битола во
соработка со Амбасадата на Република
Италија во Македонија организираа пре­
давање на тема: "Ликот и делото на
Кристифор Колумбо". Воведен збор имаше г­
дин Џовани Грило, аташе во Амбасадата на
Италија, на италијански јазик со превод на
македонски од г-дин. Кирил Добрушевски а
за животот и делото на Колумбо зборуваше
проф. Љупчо Долевски. Предавањето беше
проследено и со презентација на CD преку
компјутер на видео бим. Беше поставена и
мала изложба на книги за Колумбо на итали-
. .


јански јазик.
26.11.2004
"СЛИКАТА НА ДОРИЈАН ГРЕЈ"
Издавачката куќа "Артерос"- Битола и
НУУБ Битола по повод 150 годишнината од
раѓањето на англискиот класик Оскар Вајлд
и 10-годишнината од постоењето на
"Артерос"- Битола организираа свечено
претставување на делото "Сликата на


14


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


Доријан Греј" од Оскар Вајлд во превод на
Татјана Табаковска. За делото говореа
Лилјана Спирковска, почесен конзул на
Велика Британија во Македонија и проф. д-р
Златко Жоглев од Факултетот за учители и
воспитувачи - Битола.
03.12.2004


Здружението за македонско-германско при­
јателство и соработка од Битола и НУУБ
Битола организираа литературно читање и
Изложба на делата на Томас Ман. За живо­
тот и делото на овој писател зборуваше
проф. Петер Рау, а текстовите на германски
ги читаа студенти од катедрата за германски


јазик при Филолошкиот факултет "Блаже
Конески" Скопје. Од студентите на г-дин
Петер Рау му беше подарена уметничка
слика.


ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК
СО ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА
И ЛИТЕРАТУРНА СРЕДБА
По повод 8 Декември - Патрониот празник
на 6.12.2004 во Библиотеката беше отворена
изложба "Библиотеката - културен центар"
која ја сочинуваа текстови и фотографии
објавени во печатените медиуми за
Библиотеката низ годините на својот развој,
со посебен акцент даден за активностите на
Библиотеката во 2004 година при разни про-




Библиотеката низ оддели и активности


моции, предавања, трибини и изложби во
соработка со разни здруженија и институции.
"ИЗГУБЕН ЖЕГОЛ"
06.12.2004
Промоција на првонаградениот роман на
"Утрински весник" за 2004 година "Изгубен
жегол" од Милован Стефановски, директор
на Народната библиотека "Браќа
Миладиновци" од Скопје. Промотор на кни­
гата беше писателот Веле Смилевски.


07.12.2004
"ПОЕТСКИ БРАНУВАЊА 2004"
На единаесеттата литературна средба
насловена како "Поетски бранувања 2004"
зедоа учество 70 ученици, членови на литер­
атурните секции од сите десет основни
училишта од градот со по една лична поетска


творба. Жири комисијата во состав: Илија
Мерковски, Драги Кабровски и Илче
Стојановски додели пет награди на


најуспешните творби на средбата и тоа: две
трети, две втори и една прва награда, а за во
Билтенот беа одредени 21 лична творба.
Наградени беа Викторија Мурговска од VП-д
одд. при ОУ "Коле Канински" за освоено
прво место. Втората награда им беше доделе­
на на Најденовска Синоличка VIII-2 одд. при
ОУ "Гоце Делчев" и Ива Мицевска од В-б
одд. при ОУ "Елпида Караманди". На


15


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


Стоименова Милена VII-1 одд. при ОУ
"Тодор Ангелевски" и Сирма Георѓиевска VI-
4 одд. при ОУ "Св. Климен Охридски" за
освоено трето место.


09.12.2004 г.
Свечена акдемија на АФЖ на жените се
одржа во 16.00 часот во големата сала за про­
моции на Библиотеката.


Врачување на првата награда


10.12.2004 г.
Македонското научно друштво од
Битола во соработка со НУУБ-Битола
организираа промоциЈа на книгите
"Стојан Везенков" (1808-1897), од
авторот Максим Стај ановски и "Руски
документи за Македонија и македонско­
то прашање" од авторот Александар
Трајановски од Скопје. Промотори беа
проф. д-р Александар Трајановски и
проф. д-р Златко Жоглев . Присутните
гости ги поздрави претставникот од


Македонското научно друштво г-дин
Ѓоре Михајловски. Пропратен дел на
оваа промоција беа изложените книги во
витрините од двата автори.




Библиотеката низ оддели и активности


21.12.2004 г.
"САРКОФАГОТ НА МАКЕДОНСКАТА
ЗЕМЈА"
Промотори на свеченото претставување на
романот "Саркофагот на македонската
земја" од писателот Трајан Петровски
претседател на ДПМ на Македонија беа
Академик Гане Тодоровски и писателот
Бранко Цветкоски од Скопје, претставник на
издавачката куќа "Макавеј" од Скопје.
Пропратен дел на промоцијата беше и
изложбата на сите книги од авторот со кои
располага Библиотеката во својот книжен
фонд.


IN MEMORIAN
Јадранка Владова . На
10.12.2004 година во
Скопје во 48 - та година
од животот почина


писателката Јадранка
Владова, профессор на
Филолошкиот факултет
"Блаже Конески"
Скопје. Во својот плоден
литературен опус остави десетина романи за


деца, книги со книжевни расправи и критики,
како и учебници по македонски јазик и лит­
ература за основно и средно образование.
Ј адранка Владова членуваше во Друштвото
на писателите на Македонија и во македон­
скиот ПЕН центар, а во Детската библиоте­
ка е присутна со целокупниот нејзин


книжевен опус и спаѓа во редот на најчитани
автори со романите: "Девојчето со две
имиња", "Мојот пријател А", "Гледалото зад
огледалото" и други . По тој повод во
Библиотеката беше поставена изложба на
сите нејзини објавени книги за деца и возрас­
ни.


16


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


INMEMORIAM


РИЧАРД ИВАНИШЕВИЌ
(27.01 1956-24.01.2005)


Во раните утрински часови на 24 јану­
ари го остави своето тело - замина нашиот


Рики од битолскиот Храм на книгата.
Судбината го дари со голема љубов за
небесното- божественото, а го врза за земно­
то и приземното колку што тој не сакаше.
Господ го зеде многу порано отколку што тој
сакаше. Рики беше инспириран од вредните
уметнички дела и големите творечки духови
кои се изразуваа преку пишаниот збор.
Оригинален и свој во неговите критики за
вредното, убавото и големото, знаеше само
за позитивен, убав збор и опис како што им
прилега само на совршените дела. Живееше
само со нив и за нив - го одржуваа во живот и


неговото слабашно тело. Мајстор на портре­
тот, со развиена интуитиција за карактерот
на творецот изразен преку опусот на
неговите дела. Неговите бројни текстови се
читаа на многубројни промоции, на телевизи­
ите, ги имаше по весниците и списанијата. Се
стекна со повеќе пријатели меѓу најпоз­
натите писатели и уметници во Македонија.
Текстовите на нашиот Рики редовно помагаа
да живее и ова списание. Посебна почит од
нас колегите на вљубеникот во книгата и
перото му беше искажана на пладне на 25 јан­
уари пред влезот на Библиотеката, кога
директорката пред голем број присутни ги
прочита зборовите во неговиот препоз­
натлив стил:


"Уникатен, без претходници и следбеници
во стилот, жанрот темите и мотивите. ОСАМЕН
е, и ЕДИНСТВЕН. Влијателен, обожуван, читан
без наследник. ..... Разновидна, бизарна биографи­
ја... Вистинска и вечна пасија и опсесија­
пишувањето и допишувањето, креативното
книжевно кралство на тој тивок и повлечен,
ретко разговорлив, најчесто дискретен и дистан­
циран кон надворешниот свет, вљубен во хариз­
мата на опишувањето, бележењето, вљубеник во




Библиотеката низ оддели и активности


светоста на хартијата која го облагородува да соз­
дава во самотија. Од мракот зрачи со зраците на
вонвременото, невременото, неорабеното време
кое го посакува само благороден-роден да го пре­
додреди личниот избор на животот и живеењето,
но и ризикот на соочување со самиот себе:
умеењето преку уметноста да се обраќа со трајни
пораки."
Така пишуваше нашиот колега Рики, за
Кафка, за себе, за вечните трагачи по хармонија­
та. Живееше тивко , но не и осамен меѓу своите


колеги. Беше дел од нас и ние бевме дел од него.
Иако најмногу свој и единствен, тој и биб­
лиотеката беа едно. Многу читатели го паметат
по неговите совети и вонреден осет за литерату­
ра. Сакаше вредни дела, ги почитуваше боговите.
Своевиден кодекс на сетилата, доживување на
недопирлива убавина, непресушниот извор на
творечки дух, блескава и беспрекорно изградена
форма и префинет јазик беше секојдневието на
нашиот колега.
Го претпочитуваше дружењето пред се.
Беше омилен во библиотеката и во градот. Еден
од енциклопедистите. Го знаеше целиот магацин
за книги напамет и ги носеше книгите на пултот
со леснотија на оној што ги има клучевите на
знаењето, ги знаеше телефонските броеви на сите
оние што нешто значат, водевме и бесконечни
разговори за малите големи нешта.
Вечниот естета со посебен дар да се воочи
незабележливото и да се пронајде смисла во ова
време, невреме. Заедно пиевме кафе, делевме
суви утрински гевреци , ги пречекувавме пен­
зионерите, уметниците, глумците, работниците,
професорите, студентите и така од година во год­
ина ние библиотекарите заедно чекоревме по
оваа трнлива животна патека, обидувајќи се да го
втасаме времето. За Рики космополитизмот беше
неговото друго јас.
"Речи, пееме, књиге, и нису друго него
камење преточено у глас или знак, што су их по
нама расејали они са којима се никада некемо
срести. Тако нам еве остаје заувек и ништа се не
може изгубити. Када одлазе, цветови, птице,


17


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004
људи, шта год и када год то било, сви прелазе у
предмете, у звуке, у камен, а предмети, звуци,
камен постепено преточе своје постојање у сјај и
лепоту. Ови се уткају у камен што ќемо га ми
некоме, некада, некуда оставити, када се више не
узмогнемо вратити."
Драги наш колега те испраќаме со послед­
ните зборови на твојот голем пријател , филозоф,
еден од оние кои ти посебно го почитуваше, но не
засекогаш , зошто твојот дух ќе живее преку
нашите сеќавања и твоите зборови оттргнати од
бесконечноста на убавата литература. Нека му е
вечна слава.


21.10.2004 г.
ОПШТИНСКИ НАШРЕВАР
" МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ"
По повод "Месецот на книгата"
Библиотеката го организира вториот по ред
Општински натпревар на " Млади биб­
лиотекари". За спроведување на натпреварот
со Одлука на директорот беше формирана
тричлена комисија во состав: Велјановски
Николче, претседател, Бошевска Јоланда и
Кабровски Драги.


На ОВОЈ натпревар учество зедоа по еден
ученик од сите десет Основни училишта во
градот . Натпреварувачите писмено одго­
вараа на однапред подготвен прашалник КОЈ


содржеше 25 прашања од прирачникот
"Млади библиотекари" од Миле Бошевски во




Библиотеката низ оддели и активности


времетраење од еден сат. На крајот после
прегледот на прашалниците од учесниците од


страна на комисијата беа доделени награди
во комплети на книги на тројца најдобри и
тоа:


Врачување на првата награда


Никодинова Билјана од ОУ "Стив Наумов" за
освоена прва награда. Втората награда му
припадна на Ниневски Димитар од ОУ "Св.
Климент Охридски", а третата награ­
да ја доби Андоновска Александра од ОУ
"Ѓорѓи Сугарев". Наградите им ги врачи
директорката г-ѓа Јелена Петровска и на
сите учесници им беше дозволено бесплатно
зачленување во Библиотеката. Според
пропозициите од овој натпревар победникот
Никодинова Билјана се стекна со правото да
учествува на Републичкиот натпревар
"Млади библиотекари".
16.11.2004
ПЕТТИ РЕПУБЛИЧКИ НАШРЕВАР
"МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ"
Под покровителство на Библиотекарското
друштво на Македонија во НУУБ- Битола се


18


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


одржа 5. Републички натпревар "Млади биб­
лиотекари" на кој зедоа учество побед­
ниците од Општинските натпревари.
Библиотеката како домаќин топло ги прими
натпреварувачите како и нивните


придружници ментори, библиотекари и
директори на Библиотеките, а за најдобрите
обезбеди вредни награди. Комисијата
составена од три члена: Миле Бошески,
претседател, Магдица Шамбевска и Јоланда
Бошевска ги прегледа тестовите и ги објави
наградените имиња. Наградите им ги доделу-


Прва награда за Давид Алексовски
ОУ „Браќа Миладиновци" -
Куманово, НБ „Тане Георгиевски"
Втора награда за Андреј Манев
ОУ „Кирил и Методиј" с. Г. Полог
Кочани, НБ „Искра"
Трета награда за Леа Матевска
ОУ „Јан Амос Коменски" Скопје
НБ „Браќа Миладиновци"


ваше претседателката на БДМ г-ѓа Зорка
Чекичевска која воедно искажа и голема
благодарност кон Библиотеката како




Библиотеката низ оддели и активности


домаќин и соорганизатор на натпреварот. Во
присуство на медиумите од градот овој нас­
тан беше достојно презентиран преку инфор­
мативните гласила до пошироката јавност.


РАЗГОВОР СО МИЛЕ БОШЕВСКИ


Миле Бошевски, библиотекар советник во
Одделот за развој при Националната
Установа - Универзитетска библиотека "Св.
Климент Охридски" Скопје
Која ви беше идејата да го направите
овој прирачник Млади библиотекари?


-Кога започнавме да размислуваме
како да ги мотивираме децата од основните
училишта што повеќе да ги посетуваат наро­
дните библиотеки како Библиотекарско
друштво на Македонија решивме да форми­
раме секции на млади библиотекари во
основните училишта кои што ќе работат во
народните библиотеки. Потоа се роди идеја­
та да направиме учебник кој требаше да ги
мотивира децата повеќе да доаѓаат во народ­
ните библиотеки. Од Библиотекарката
друштво на Македонија јас бев задолжен да
подготвам прирачник кој што требаше да го
олесни подготвувањето за овие натпревари.


Исто така, овој прирачник имја олесни и раб­
отата на нашите колеги во народните биб­
лиотеки при подготвувањето на децата за


општинските натпревари. Идејата практично
ја реализиравме со организирањето на
првиот ваков републички натпревар во
Берово. Имавме претставници од 9 народни
библиотеки, но наредните години се повеќе
деца земаа учество на овие натпревари.


Денешниот натпревар во Битола покажа
дека е веќе афирмиран меѓу учениците во
основните училишта.


Законот за библиотеките донесе и
некои промени. Во прашањата има и


19


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


прашања колку народни или национални биб­
лиотеки има во Македонија?
-Заради промените во законодавство­
то и другите промени во општественото


живеење ќе има промени и во овој
прирачник. ќе има едно ново преработено
издание.
Многу малку прашања и материал
има за автоматизацијата на библиотеките?
-Сметаме дека автоматизацијата е
многу малку застапена во народните биб­
лиотеки и дека таа ќе биде за една повисока
категорија на деца и членови на библиотеки.
Сепак се работи за деца до осмо одделение.
Дали сте задоволни со резултатите
денес?
-Апсолутно сме задоволни.
Денешниот натпревар покажа дека е еден од
најорганизираните досегашни натпревари


Млади библиотекари. За тоа зборува
учеството на учениците, на нашите колеги со


нивниот професионален однос кон натпре­
варот, но зборува и тоа дека си го нашол
местото во нивното работење и во
училиштата.


Разговорот го водеше
Николче Вељановски




Интервју


ПОВОД ЗА СРЕДБА СО


МИХАИЛ РЕНЏОВ


Поет, преведувач. Роден е на 25 август
1936 година во штип. Завршил Правен
факултет. Работел во Националната и уни­
верзитетска библиотека "Св. Климент
Охридски" во Скопје. Член е на ДПМ од 1965
година. Автор е на книгите: "Иселеник на
огинот" (поезија, 1965), "Ноќно растење на
зборот" (поезија, 1967), "Каде од оваа страна"
(поезија, 1968), "На работ од сонот" (поезија,
1972), "Страв" (поезија, 1976), "Полноќ"
(поезија, 1979), "Нерези" (поезија, 1982),
"Аутодафе" (поезија, 1985), "Феникс" (поези­
ја, сонети, 1987), "Земја. Потоп" (поезија,
1991), "Сонување патување" (книга за деца,
1991), "Тој" (лирска поема, 1993), "шпил 33"
(поезија, 1994), "Вечната бесконечната"
(поезија, 1996), "Јас оксиморон" (поезија,
1998), "Ангела сонува" (поезија за деца, 1998),
"Псалми" (поезија, 2000), "Апокалипса"
поема, 2002). Автор на препевот "Гилгамеш".
Добитник е на: Награда на СВП за
необјавена песна (1964), "Ноемвриска награ­
да на градот штип" (1965), "11 Октомври" и
"Браќа Миладиновци" (1982), "Григор
Прличев" (1993), "Григор Прличев" за поема,
"Grand prih international" за севкупно
творештво, Романија (1997), "Златно перо" за
препев (1998), "Ацо Шопов" (1999),
Македонска номинација за наградата
"Балканика" (2000).
Михаилил Ренџов. Презимето Ренџов
е ретко. Како сте започнале со пишување?
Кој ве инспирирал?


20


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


-Првото што треба да го речам е тоа
што во инициЈалниот дел на моето поетско


постоење можеби генетско, сите мои се за
песна надарени. "Ренџ" - турски збор што
значи "лесно навредлив", "пламлив", одго­
вара не само на мојата природа туку и на


природата на татко ми. Тоа е чудно. Моите
синови се такви. ќе пламне и се смирува. Баба
ми, неграмотна, но богата по душа жена, е
всушност МОЈОТ прв учител за творештвото.
Таа ми раскажуваше приказни за планините,
самовилите, стиите. Тоа е вовлекување во
пазувите на народното кажување, нашата
усна традиција. Во тој контекст, можам да го
речам и ова дека македонското народно


творештво, македонската народна песна е


мојот вечен вруток - изворник. Народот
немал возможности, зашто не можел се да
запише, да остане во книга. Повеќе внимание
им се дало на бугарската, српската и грчката
литература, а многу малку на сопствената.
Зошто сте се нашле себеси токму во
поезијата, а не во прозата?
-Поезијата ја чувствувам како нешто
најсуштествено во мене. Поезијата е најсуп­
тилниот начин на изразување на човечкиот


род и наЈстариот начин на кажување.
Посебно, лирската поезија, тоа е најтешкиот
вид на пишување - кусата, атомската поезиЈа.


Целта на секој поет е да го стесни својот
израз, да се претвори во тишина.
Колку светската поезија влијаела врз
вас?
-Затоа и го напуштив правото. Од


. .


причина да ја совладам светската поезиЈа.
Зашто правото е таква материја која со еден
начин совладува друг начин. Отидов да рабо­
там во Националната библиотека во Скопје
за да можам да ја спознам и грчката и египет­


ската литература, да го преведам Гилгамеш,
да се запознам со асировавилонската, наЈс­


тарата, најмоќната цивилизација, да се запоз­
нам со поетите на Индија. Во руската литер­
атура ми беа познати и Лермонтов и Пушкин
и плеЈада на други руски поети.
Сепак не издржавте само како поет.
Посакавте и да ни раскажете за вашето
духовно постоење?
-Оваа година излезе од печат и моето
прво прозно остварување, "Захариј и други
раскази". Еден од расказите се вика "Како го
изгубивме Моне Хенџов Даров". Седејќи в
кафеана си измислив приказна за мојот дедо
Раџ Раџ од Раџнапур. Отишол во Виена со




Интервју


индиска свила. По патот назад е опљачкан.
Му ја уништуваат свитата. Се оженил во
Овчеполско и кажувајќи им на другите за
Мохенџодаро. Не можејќи да го разберат,
луѓето го завикале Моне Хенџов Даров. Тој
оставил ковчеже кои нашите го чувале.


Внатре оставил два свитоци, кои биле на
јазик кој не можел да се разбере - аманетите
на мојот пра прадедо. Некаде во 1965 година
индискиот амбасадор дојде во штип.
Почувствував потреба да одам по свитоците,
како наследник. Амбасадорот го отвори сви­
токот. Ми рече, Ваше височество, Вие сте од
царско семејство и ми се поклони. Со текот
на прекажувањето на ова, со текот на време­


то се убедив дека ова е вистина. Мохенџодаро
е еден од најстарите места во Индија, а и
мудроста на Персиското царство имала вли­
јание и врз Аристотел и врз Александар
Македонски.


Во вашето творештво која книга би
нија посочиле како
најдрага или со нај­
голема вредност за
вас?
-Тоа е тешко и
б о л н и к а в о
прашање.


Многупати ме
прашувале.


Народот беше
рекол, една мајка


не можеме да ја
запрашаме, 'кое
дете " е најдраго'.
Мислам дека не
може да се одгов­
ори. Фактички книгата е моето скривалиште.
Јас се преточувам во книга за да го надминам
проклетството Божје дека човекот е бесм­
ртен. Книгата е таа која ја палеле, но не ја


. .


изгореле, ја уништувале, но не ја


доуништиле.
Кога веќе сме кај книгата, кажете ни
нешто за вашата професија. Вие работите
како библиотекар советник во
Националната и универзитетска библиотека
"Св. Климент Охридски" Скопје?
-Се што сум постигнал во литература­
та и животот сум постигнал како биб­
лиотекар. Да се добие награда во биб­
лиотекарството е голема работа. Во своите
автобиографски записи пишувам дека сум


21


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


бил среќен човек што дојдов да работам во
Библиотеката. За мене тоа беше поим.
Искрено да ви речам горд сум што бев биб­
лиотекар. Се откажав од правото. Имаше
убави работни места, но отидов во културата.
Љубовта кон книгата, кон творештвото ме
одведе судбински во Библиотеката. За мене
библиотеката остана храм. Имав мир. Самите
книги ми даваат мир. Јас би сакал пред да го
објавите написот да видите една песна која се
вика, "Книги, библиотека - шепоти". Тоа е
антологиска песна која влезе во многу


антологии за преведување. Тоа е храмот на
. .


хармониЈата на писмото, цивилизациЈата, на
растот, идеите. Сите тие живеат во една прос­
торија, притоа не мразејќи се себеси. Мислам
дека зборот е божјиот импулс кој го создаде
светот. А книгата е зборот запишан.
Собраните книги во библиотеките се
Божјиот начин на размислување.
Зборувате за храм и Божји начин на
размислување. Дали сте религиозен?
-Малку сум религиозен. Ја почитувам


традицијата, но не сум од оние фанатички
верници. Јас на свештениците не им верувам.
Ги напишав Псалмите, Апокалипсата,
Нерези - за Св. Пантелејмон, но тоа се
храмови на убавината. Тука се иконите,
фреските и оној Божји мир внатре од кој се
успокоЈува душата и мислата се скротува.


Иако требаше да бидам свештеник, бидејќи
мојата насоченост до седмо одделение беше
да одам во средно Богословска училиште во
Израел. Тоа беше затоа што бев болно дете,
но со моето настојување Господ да ми даде
здравје, почнав да се подисправам и почнав да


се бавам со гимнастика. Така отпадна таквата
насоченост. Ако станев свештеник немаше
ништо да биде од мене. Навистина тоа беше
Божје указание за мене.




Интервју


Кога уште еднаш би сте се родиле
дали би сакале да ја промените професијата
библиотекар?
-Ништо. Ништо не би променил. Горд
сум што работев таму. Сум влегол во судир и
противречност со некои мои колеги кои ја


сметаа Библиотеката за минорна институци­
ја без големо значење. Тој, кој не ја сфатил
библиотеката, тој не го сфатил нити живо­
тот, нити верата, нити науката, нити порака­
та. Тој ќе го помине животот со затворени
очи зашто срцето ќе му остане затворено.
Сте ги обрале сите македонски приз­
нанија и награди за вашето творештво.
Голема врева се дигна околу наградата
"Балканика" која ви беше на некој начин
доделена и одземена. Најсвежо е Рацновото
признание за Захариј и други раскази оваа
година?
-Наградите се проклетие. Жири
комисијата со една жестокост ја прифати таа
награда. Кога ќе се потсетам на наградата
"Браќа Миладиновци" во 1982 година, се
грозам на тоа. При наградувањето добив
празен коверт. Потоа, при анонимниот
конкурс, го добив првиот "Прличев венец" за
поемата "Тој". После изведувањето на поема-


. . .


та ја и мојата сопруга се наЈдовме сами.
Откако самите се снајдовме да најдеме каде
точно требаше да биде свеченоста, некаде на
охридското крајбрежје, се наЈдовме во


ситуација да бараме слободно место каде да
седнеме. Оттогаш уште два три пати ми се
случија немили случки во поглед на награ­


дите. Некогаш се случува нечесните да
укажуваат на честа на другите. На пример,
еве што ми се случи со наградата


"Балканика". Како претседател на комисија
во Македонија, објави дека моите "Псалми",
односно јас сум номиниран за наградата при


22


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


што отидовме во Истанбул. Почувствував
дека влегов во комбинација. Еден член од
УНЕСКО и други членови на комисијата
покажаја отворен восхит од Псалмите.
Српскиот и албанскиот член на комисијата
заедно со нашот претставник Драги
Михајловски дојдоа да ми честитаат за награ­
дата која ја добив со 4:3. Јас цела вечер
честев. Меѓутоа, се случи нешто што не го
очекував. По барање на една наша прет­
ставничка од културата се направи ново гла­


сање. Наводно требало да се додели награда
за прозно дело, а истовремено турскиот член


. .


во комисиЈата го ковертирал СВОЈОТ глас што
било надвор од правилата. Сепак наградата
не дојде ни во второпласираниот прозен


автор туку кај третопласираниот румунски


претставник што навистина беше скан­
далозно.
Дали во вашето творештво има нешто
што треба да достигнете, а не сте го достиг­
нале?
-Кога ја напишав 12-та книга
"Вечното - бесконечното" си реков "Доста е".
Мислам дека тоа го прифатија и моите при­
јатели. Меѓутоа, јас бев тврдо убеден дека ќе
останам на тоа. Зашто судбински бев врзан за
митскиот број 12. Мислев, 12 книги - доволно
е. Оти тоа е мој број. Меѓутоа, увидов дека
не би можел да живеам без пишувањето.
После таа книга во 1996 година напишав
уште една книга, "Јас оксиморон" за која
добив награда "Ацо шопов". Напишав
"Псалми", кои се на македонски и на англис­
ки јазик. "Апокалипса", извонредно оценета
од германската критика која што беше сцен­
ски изведена. Го напишав "Врвот, реката,
морето". Потоа следеше и "Захарие и други
раскази". Значи, тој внатрешен вруток, таа
внатрешна творечка сила кај мене постои и


сега како пензионер.
Кажете ни нешто повеќе и за вашите
пензионерски денови?
-Како слободен уметник и визионер
порано отидов во пензија и видов дека сега


имам помалку време отколку кога бев на раб­
ота. Планирано ми е времето што е за
шетање - јас сум планинар, за читање, за


одмарање. Пишувањето само по себе прои­
злегува. Имам уште две книги кои се готови
кои се уште не ги објавувам: "Гусар": - поези­
Ја во проза и една монодрама за да видам како


ќе изгледа тоа.
Нешто што не ве прашав а сакате да




Интервју


ни кажете?
-Не сакам да зборувам за среќата.
Зашто повикувањето на среќата го повикува
нечестивиот. Да чукнам во дрво. Останав
некако доста суеверен. Научен сум на скром­
но живеење, такво беше моето детство.
Моите деца ги научив да живеат со биб­
лиотекарската плата. Жена ми е просветен
работник, работи во образование итн.
Немавме кој знае каков живот, но имаме
еден спокоен и мирен живот. И сега со овие
примања како пензионер на 68 години сум
задоволен. Се научив да живеам од малку и да
се радувам на малку. Многу мои пријатели со
огромни примања само се жалат. Јас не се
жалам.
Сте патувале многу, сте се граделе


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


50 ГОДИНИ ТВОРЕЧКА ДЕЈНОСГ


БОРИСЛАВ ТАЛЕВСКИ


Што значи 50 години творештво?
-Тоа е половина век во кој е вложена
мојата младост и мојата младост сега. Моето
сликарство започнува со моите цртежи што
ги правев на житни пазар, сликајќи ги селан­
ите со нивните гуни, запреги, нивниот живот,
портрети на селани, жени и дечиња. Истите
ги објавував во југословенскиот печат: Нова
Македонија, Млад борец, Разгледи,
Београдска младина, Борба, Политика,
Републички инвалидски весник посветен на
децата сирачиња и хендикепираните од воЈна-
духовно, но изградивте куќа во која вгради- та.
вте белег - симбол на цела Македонија.
-Еден дел од мојата куќа е циви­
лизациски модерен. Долниот дел е од камен.
Си носев камења од Пирин, од Бистра, од
Пелистер, од Егејско Море и ако сакате да ја
видите обединета Македонија, тоа е тука. Јас
немам услови да купувам злато. Јас си ги знам
каде се камењата поставени - каменот од
нашето мало, каменот од Охрид итн. Јас
велам бев на Белото Море, а не бев во
Грција. Ние имаме најголемо право да
бидеме тука без оглед на жалните приказни
кои сум ги читал или чул од моите роднини.


Разговорот го водеше
Николче Вељановски


23


Од кога почнавте со сликарство и
дали некој ве инспирирал?
-Во моето сликарство постоеле многу




Интервју


етапи. Уште како дете почнав со студирање
на цртежот како најреален. Потоа, почнав да
сликам во природа: акварели, маслени слики,
пејзажи, ширина, вибрации на денот светли­
ната, во духот на импресионизмот.
Експресионизмот ме натера да се изразам со
поконтрастни бои во една екстаза на она што
во моментот ме плени во пејзажот, во
ентериерот и екстериерот. Инспирација во
надреализмот ми беше Салвадор Дали, но не
да го копирам или да го имитирам. Во ова
сликарство, уметникот има широка можност


да филозофира, анализира и да ги внесе
своите чувства на белото платно, со чувство
на поет, книжевен критичар и архитект.


Инспириран од нашата македонска архитек­
тура, од трошните куќи оставени на забот на
времето, од напуштените огништа (домови)
низ цела Македонија, посебно охридското
поднебје, направив еден "циклус на незабо­
равот".


Уметникот се инспирира од се и сешто: од
мајката природа - најголемиот сликар која со
самиот пејзаж го плени творецот. Еден умет­
ник не би бил уметник кога не би бил широк
во гледиштата и во неговиот поглед кон све­


тот на уметноста, музиката, поезијата,
книжевноста воопшто, затоа што сите овие
компоненти на еден уметник со дијапазон
можат да му го отворат светот како на длан­
ка. Книжевноста ме инспирира како што ме
инспирираат и други наши македонски


литерати. Ме инспирирале на пр. Блаже
Конески, Анте Попоски, Гане Тодоровски,
Михаил Ренџов, Славко Јаневски. Музиката е
посебно присутна во моето творештво,
слушајќи ги класичните дела од Ренесансата,
Бетовен, Бах, Чајковски, шопен, Вивалди и
концертите на моите пријатели Иво
Погорелиќ и Миленковиќ.


24


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


Која техника и стил најповеќе ви
лежат?
-Тоа е акварелната техника зашто
дава широки можности врз бела хартија да
насликам се она што го содржи природата и
фантазијата.
Дали постои некој сликар кој ве
инспирирал во оваа техника?
-Јас не се базирам врз инспирација од
други. Мене не ме интересираат каноните во
сликарството што ги поседуваат некои


сликари затоа што секогаш сум сакал да
бидам оригинален.
Дали воопшто ве привлекувало
творештвото на некој сликар?
-Импресионистите Едвард Моне,
шагал, Сезан и Ван Гог. Посебно сум бил
фрапиран од животот на ренесансните мајс­
тори во уметноста. Од 19 и 20 век. на совре­
мените уметници: руските сликари
Кандински и Маљевиќ како и од Пикасо.
А кој е, според вас, најголемиот
сликар?
-Големи и мали сликари не постојат.
Постои само вистинско сликарство.
Вистинското сликарство може секогаш да
биде совршено и актуелно.
Дали во Македонија постојат добри
сликари?
-Постојат добри таленти во областа
на уметноста, сликарството, музиката, поези­


јата и тн. Пионерите во сликарите кои можат
да се споменат биле Никола Пандилов (мојот
драг професор), Лазар Личеноски,
Мартиновски и други.
Која е темата на оваа изложба?
Кажете ни нешто повеќе за изложените
слики?
-Тоа се претежно икони кои потекну­
ваат од времето на Охридските зографи во
12, 13 до 15 век. Тоа е времето на светото
сликарство и со моите дела сакав да им се




Интервју


оддолжам на познатите и непознатите


автори.


Не секој во портретното сликарство може да
се наслика себеси како овој мој автопортрет.
Сликарот треба да биде добар психолог за
сите внатрешни чувства да дојдат до израз -
кога е расположен, осамен, меланхоличен,


кога е жесток од неправдите на животот,
сакајќи да го опомени светот дека творецот
се стреми да биде одраз на времето во кое
живее и да го разубави светот.
Уметникот е и философ. Имам овде
две дела посветени на Диоген и Сизиф.
Присутни се и две дела од современиот
живот: "Балканскиот Кан Кан" и "Кафичот"
во кој луѓето медитираат (губат време во
дијалог, кој знае зошто!?). Жената е исто
така вечна инспирација на уметникот.
Низ вашиот 50-годишен творечки
стаж многу сте патувале, престојувале и
правеле изложби. Дали сметате дека ако
живеевте во друга земја ќе постигневте
многу повеќе?
Имав студиски патувања во Италија,
Франција, Унгарија, Чехословачка, Полска,


25


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


Швајцарија, Бугарија и други. Вистинските
сликари наликуваат на големата циркуска


арена. Тие не се задоволни да живеат само во
своето место, ами му припаѓаат на кос­
мополитизмот и затоа се редеа моите пату­
вања каде осознавав за тајните на уметноста.


Дали може да се живее само од
сликарство?
-Порано да. Сега тешко во овие
балкански простори.
Кога повторно би се родиле дали пак
сакате да бидете сликар?
-Кога би се родил уште еднаш сигурно
дека не би бил бизнисмен, банкар, поли­
тикант или политичар туку би сакал да сум
ова што сум - Борислав Талевски - уметник,
визионер и авангарда.
Во вашиот творечки живот дали сте
сакале да постигнете нешто, а ce уште не
сте го постигнале?
-Би сакал да имам таква моќ за да ги
откријам хоризонтите кои тешко можат да се
постигнат. Не се срамам да признам дека
мојата душа е една голема лабораторија за




Интервју


експериментирање, за медитирање и трагање
по непознатото. Не се срамам да кажам дека
сакам да учам постоЈано и дека знам дека


ништо не знам. Уметникот се раѓа, а дипло­
мата му дава само пасош да премости некои


граници во личниот негов живот за да се над­
гради со најголемиот факултет - факултетот
на универзалноста.


Разговорот го водеше
Николче Вељановски


РАЗГОВОР СО ПИСАТЕЛОТ


НИКОЛА КОЧОВСКИ


Кои се вашите книжевни почетоци?
Кој ви бил инспирација за да почвите да се
бавите со пишување?
-Инспирацијата си бев јас. Мојот
продлабочен начин на доживувањето на
нештата. Огромната читачка страст што се
разгоре во мене уште во средношколските


денови, придонесе да се "соочат", би рекол,
тие продлабочени, интимни доживувања на


26


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


тогаш нерадосните мои денови, со примери


што ги наоѓав во книгите што ги читав, нијан­
си на реагирања на душата на човекот. Тоа
поттикнуваше. Беа тоа, секако, години на
младешки идеали, па кога гледаш дека секо­
гаш имаш нешто што ги коси, се јавува


желбата да се искаже тоа, да се застане на
онаа, вистинската, хуманата страна. Барем во
пишувањето тоа е можно. Така никнуваа
темите уште за почетните раскази со кои
настапував на литературните средби во неко­
гашната Битолска учителска школа. Од таа
литературна дружина израснаа неколку
денес познати писатели. Меѓутоа уште
тогаш, продлабочените затрепнувања во
човековата психа биле често пати нишките
по кои сум се поведувал. Наспомнав пред
малку, за такво нешто постоеше во мене и
субјективна предиспонираност. Потоа како
млад службеник, со такво пишување,
бележење како своевиден интимен отчет за
доживувањата, продолжив непрекинато.


Би можеле ли да се присетите на
нешто од вашите први печатени пројави?


- Да, ги чувам. Токму во врска со
претходно реченото, тие мои први објавени
работи би можеле да бидат доказ за психо­
лошкото како склоност која ме држела уште
од почетокот. Најпрвин, тоа беше еден авто­
биографски, тн. Извадок "Од дневникот на
еден млад учител" (во "Млад борец" во 1953
година), каде е, сепак, дост присутна фантаз­
ијата, за да биде потенцирана една трогател­
на, всушност измислена средба. По него, втор
случај беше едно раскасче, "Под зимската
месечина" (во тогашниот "Вечерен
репортер"), каде се насликува цела една
необична авантура за да се покаже изљубо­
мореното пулсирање, биење на една детска
душа.




Интервју


Кажете ни нешто околу професору­
вањето и вашата писателска дејност.
-Многу не би имал да ви кажувам, не
затоа што не ја сакав просветната работа,
напротив, туку затоа што таа, иако нашла
одраз и во мои раскази и на места во роман­


ите, сепак, толку ме преокупирала, ме апсор­


бирала, така што во времето додека
службував многу малку ми останувало време,
парчиња од време, за творечка работа. А
прозата бара подобри услови, човек да е се
посвети поцелосен и секако подолготрајно.


Инаку, во моментов си спомнувам на неколку
раскази во кои сум ја допрел школската
проблематика: "Наставник", "Скриената нас­
мевка на Роки", "Приказна наша секојднев­
на", "Сендвичот од рекламата", па романите
"Малата Билја", "Исконскиот дар", "Раско" и
особено "Бреме", каде протагонистот е нас­
тавник. Ова, мислам не било толку затоа што
сум бил просветен работник, туку затоа што


. .


или сум ја третирал некоја личност уште од
дете, или пак, затоа што тоа е моја практику­
вана склоност - во свеста, полусвеста, а


понекогаш дури и потсвеста на моите
личности не баш ретко надоаѓа и тоа: дет­
ството, младешките години, како важен
чинител во натамошниот тек на животот. И
ќе додадам уште: затоа си верувам по малку,
дека моите творби, особено романите, се
извесна студија на човечката личност. Ова не
го велам како некоја фалба, туку сакам да
бидам искрен и си признавам: тоа е мој
стремеж и мое надевање.


Вашиот книжевен опус е разновиден.
Пишувате раскази, раскази за деца и романи
и драми? Кои се најчестите теми во вашите
дела?
-Кои се моите дела? Мислам не се ни
малку, иако не се ни толку многу. Секако,
прво за мене како творец би било лошо ако
квантитетот не би ми бил императив. Сепак,
чувствувам жалење што прилично време во


помладата моја возраст така сум пропуштил.
Нешто се семејни, нешто се градежни
активности во семеЈството, нешто не малку,


дури и со земјоделие. Но тоа е животот. Тоа
бил. Оној, животот на секојдневниот човек.
Сега, кога е прилично доцна, сум се
"свестил", па мислам успевам по нешто да
надополнам на местото од пропуштеното.


Туку, за ова да го кажам, ме повлече
само последниот дел од вашето прашање.


Тематски интересирања? Тие кај мене


27


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


доаѓаат, ми се чини, од самото сфаќање на
функцијата на литературата. Според мене,
суштествена смисла на литературата е да го
појасни човекот и да го подобри. Да му
предочи што се во него се криело. Таа е едно
можно, прилично сеопфатно огледало на
живеењето. Вака е, многу кратко речено, а
тоа е тешко доопфатна, преширока област.
Притоа, кај мене важно е, секако, кои момен­
ти во моментов се чинители на поведението ...
За пример кон ова ќе спомнам само две мои
книги: Во "Исконскиот дар", краток роман,
мајката, жртвувана за распуштениот син,
премажена за старец за да го издигне,
неблагодарното чедо, во миг на жалење за се
што пропуштила, ја извршува одмаздата, но


под погрешен објект, старецот, зашто е мајка
за да постапи поинаку, со поосветлен разум.
(Накратко, современата беда надополнета со


1,
1 11


доста психичко.) Или во "Омразениот цвет",
постар, и неодамна преработен роман, кој е
продолжение на "Малата Билја". Бедно
момче, дете на загинат партизан, избегано од
село, огорчено поради моралниот пад на
мајка си, и не знаејќи дека на тоа поради него
се решила, соочено во новата средина со


можност за убава, прекрасна љубов, таа
љубов ја доживува низ гадливи вообразби и
немири, оптоварено од тешкото душевно


искуство со родителката.
Би имал уште малку, за да го исцрпам
вашето прашање. што се однесува до моите


"раскази за деца", како што ги нарековте, тие
никогаш не се само за децата читатели.


Всушност се најповеќе за возрасните. Сум го
наоѓал тоа и кај други писатели, кои
извонредно ги ценам: детската возраст да се


третира како нешто неспоредливо драгоцено


и благородно за уметничкото творештво, а и
сакано, иако не толку како што би се миеле-




Интервју


ло и одмарачко, за творецот. Јас за децата
пишувам во речиси сите мои романи, на кои,


инаку, не ретко се гледа како на доста тешко
четиво. Јас, бев исклучок во сите мои
раскази, како и во романите, сум премногу
сериозен. Недетски сериозен.
Сакам да исправам или да уточнам:
драми не пишувам, беше само еден обид со
таков текст, кој ете е објавен. Пишувам
романи и раскази. И по некоја рецензија на
новоизлезена домашна книга. И на крајот, да
кажам и тоа поконкретно на прашањето за


темите. Би го спомнал, за пример меѓу друго­
то мотивот на печалбарството, како составна
компонента на егзистенциЈалните залагања


на нашите луѓе, кој често може да се сретне
кај мене. Но и полно други внатрешни проб-


леми што е тегнеат на личноста. Се надевам,
секогаш во сооднос со современата обиколу­
вачка деЈствителност.
За кое ваше дело лично сметате дека
го достигнало врвот на вашата писателска и
творечка дејност? Кое дело ви е воопшто нај­
драго и дали има такво?
-Нема дело што го сметам најдобро,
измешано некако ми стојат. Има, меѓутоа,
дела за кои сметам дека не стојат на потреб­
ното ниво. Затоа, би сакал, ако стигнам, и да
преработам нешто, особено раскази од прва­
та збирка "Зарезготини", и по една одредена
компонента во романите "Малата Билја" и
"Бреме". Нешта за кои денес имам поинакво
гледање, односно сум слободен да пишувам
како што чувствувам, без увивање и
преправање, поради кое ми трпел квалитетот


(поконкретно во"Бреме").
Сепак, ако се изнудувам, во смисла на
некаков автоизбор, можеби би прифатил
дека, со поедноставната дореченост како да


се издвојуваат романите "Раско" и уште необ­
јавениот "Деца на мајката земја".


28


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


Дали сте добиле награди и кои?
-Меѓу наградените остварувања,
можам да се сетам и да ги набројам, пред се,
романите "Малата Билја" (награда на
Издавачкото претпријатие "Мисла") и
"Бреме" (награда на Собранието на
Општината Битола), а покрај тоа имаше
доста раскази кои добија редакциски награди:
од "Нова Македонија" ("Невозможен расказ",
"Совршените", чинам имаше и други, па од
некогашните "Белези" (расказот "Разговор"),
"Студентски збор" (расказите "Мустачиња",
"Вина") и од некои други редакции.
Која е Вашата посебна желба во писа­
телската дејност?
-Да ми се издаваат книгите без проб­
леми, меѓутоа нивното јазично подрачје и
економската деЈствителност, диктираат
тешкотии за многумина во народов, па и за
мене како писател.
Според Вас, дали имаме надежни
писатели во Македонија и дали би можеле да
издвоите некој кој заслужува да биде меѓу
најдобрите европски писатели и пошироко?
-Имаме и тоа не малкумина. Поети и
празни писатели. Но не постои некоја сериоз­
на прегледност, би требало да се воспостави
ред на вредностите поради самите вредности.
Сигурен сум дека има се уште недоволно
"забележани" писатели, и се на место далеку


од она што го заслужуваат. А факт е: имаме
творци што можат да стојат рамо до рамо со


истакнати европски, па и светски писатели.


ќе ми биде поверувано дека е наблагодарно
јас сега, од оваа позиција, да се зафатам со
наведување и имиња. Иако за мене е жив
предизвик некои да ги спомнам. Имаме




Интервју


прозаисти (романсиери, раскажувачи), поети
.... Сакам во поскромни сфери да се префр­
лам, да свртам внимание на битолскиот круг
писатели. И тоа, нека ми биде простено, ќе се


ограничам само на прозата, зашто тука
најмногу ме "боли". Ме радуваат високите
достигнувања на Владимир Костов и на
Петре Димовски, а и убавите творечки
можности на Радован П Цветковски, ѓорѓи
Прчков, Димитар Богдановски. Секако има и
други, кои уште не сум ги прочитал. На
празниот писател му е "пленето времето. За
жал, критиката кај нас ја нема. Ја има само
инцидентно. Само од "афинитет", (од
интерес).
Би можеле ли да ни кажете барем
нешто околу процесот на тоа, како творите?
Најнапред: тоа не се доискажува. Но
како што рековте, "нешто" ќе се обидам.
Токму делче од тоа неодамна се затрчав да
запишам во мојот личен дневник .... Значи:
Кога пишувам, понекогаш се чувствувам
многу измачено, што веројатно е затоа што
на творечката работа гледам многу сериозно
и доследно, - а понекогаш се чувствувам како


Балзак, како Достоевски, како Фокнер, и
како пишувач на поглавја од Библијата. Но
сето тоа си има своја претходна макотрпност:
Кога поинтензивно ќе почнам да размислу­
вам за проблемот за кој сум се определил да
пишувам, почнувам да водам нешто како


список, најслучаен онака како што ми


доаѓаат во мислите подробности кои се
делови од идејата, случувања, реплики. Тој
список се зголемува. Кога еден ден ќе бидам
поведен да пишувам, на пример, за првата


глава, веќе е створен видлив значителен
чекор. Списокот со прашања, компоненти,
делови од дијалози продолжува плодно да се


полни во текот на целото пишување, се до


29


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004
. .


крајот на првата верзија, додека не се осло-


бодам од она што се разбоботело во мене,
што ме товари. Некои од запишаните
подробности остануваат засекогаш неиско­
ристени. Принуден сум да се убедам себеси
дека се тоа небитни ситници, да прекратам.
На што работите во моментот?
-Тукушто ја завршив и новата,
најтемелната колекција на романот "Деца на
мајката земја" и веќе го понудив на еден изда­
вач. Ми претстои да се средам, потоа среду­
вање на веќе направени забелешки, обработ­
ка на еден концепт во расказ. Дали потоа ќе
се зафатам со нов роман, пак неголем, или
повест, не знам. Проблемите се, главно, тука
во главата, и нешто минимум на хартија.


Спомнав, ми претстои и еден долг: да прераб­
отам нешто од напишаното.


Разговорот го водеше
Николче Вељановски


ДЕДО МРАЗ ВО
БИБЛИОТЕКАТА


Како и пред секоја Нова Година така и сега
на 29.12.2004 традиционалното доделување
на новогодишните пакетчиња во организаци­


ја на Синдикатот на Библиотеката, пред
родителите и децата, го изврши популарниот


и сакан Дедо Мраз. Овојпат таа улога
успешно ја изврши нашиот колега Драги
Кабровски. На сите деца до четврто одеделе-


ние не им беше лесно да ги добијат
подароците и да се сликаат заедно со Дедо
Мраз. Претходно требаше да му се претста­
ват со по една убава песничка.




Од животот на библиотекарите


ОД ПРОСЛАВАТА НА ПАТРОНАТОТ


По повод 8 Декември - Патрониот празник,
Библиотеката организираше неколку мани­
фестации: Изложба "БИБЛИОТЕКАТА -
КУШУРЕН ЦЕНТАР", Промоција на првон­
аградениот роман на "Утрински весник" за
2004 година, "ИЗГУБЕН ЖЕГОЛ" од
Милован Стефановски, а за промотер беше
Веле Смилевски и традиционалната литер­
атурна средба "ПОЕТСКИ БРАНУВАЊА
2004" на која зедоа учество на 70 ученици од
основните училишта.


.


-


30


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


За вработените во Библиотеката и
нејзините пензионирани работници беше
организиран скромен коктел во просториите
на истата.




Библиотекета во печатот БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


КУ ЛТУРА ... БИБЛИОТЕКАТА ВО ПЕЧАТОТ


"


-


..


- о:F.Ж11.


31


f.Al.:lunt.lt:I


I
11


.11·


ОД
-


.,_у


..


1•• •




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 8, 2004


1. Ј


, - 1 - . . i
iFtlr.! од 12,


1:1


.,.


.i.


,


32


Ј


..


I
-


1


I


l
I


1


/
l




Ако си способен да кажеш колку многу љубиш значи малку љубиш.


Петрарка


Боже мој, некои луѓе не умеат да сакаат, затоа сакаат толку лесно!


Д. Х. Лоренс


Во овој живот не можеме да правиме големи нешта. Можеме да правиме


мали нешта со голема љ убав.


Мајка Тереза


Да сакаш некого значи да го согледаш лицето на Бога.


Виктор Иго


Како изгледа љубовта? Таа има раце да им помага на љубовта, има нозе


да се стрчува кон бедните и обесправените. Има очи за да ги гледа нево­


љата и немаштијата. Има уши да ги слуша воздишките и лелеците на


луѓето. Ете како изгледа љубовта.


Свети Августин


Љубовта за душата е исто што и сонцето за земјата.


Балзак


Љубовта е радост за добрите, чудо за мудрите, восхит за боговите.


Платан


Никој никогаш не измерил колку може да собере едно срце.


Зелда Фитџералд




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 2004


34