Содржи.на БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004 СОДРЖИНА БИБЛИОТЕКАТА· ОД ИДЕЈА ДО...

Содржи.на БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


СОДРЖИНА


БИБЛИОТЕКАТА· ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


ОРГ АНИЗАЦИСКАТА КУЛТУРА НА БИБЛИОТЕКИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА -


1


3


Јелена П етров ска -------------------------------------------------------------------------------------------------------3
ПРОМЕНА НА НАЗИВОТ ВО НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА -
УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"-БИТОЛА
Ленче Андо но века-------------------------------------------------------------------------------------------------------5
БИБЛИОТЕКАТА ВО МЕЃУНАРОДНАТА СО Р АБОТКА-------------------------------------------6
-ПРЕЗЕНТАЦИИ
-РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА НАШАТА БИБЛИОТЕКА
-НАУЧНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА БАЈКАЛСКОТО ЕЗЕРО
-ИЗЛОЖБА НА МАКЕДОНСКО-ХРВАТСКОТО ДРУШТВО НА
ПРИЈАТЕЛСТВО "МАРКО МАРУЛИЌ"
РАКОВОДЕЊЕТО НЕКОГАШ И ДЕНЕС - ОД СЕЌАВАЊАТА НА СТОЈКО
СТОЈКОВСКИ- Разговорот þÿ3> водеше Николче Вељановски-------------------------------------------8
КУЛТУРЕН НАСТАН ... ДВЕ ПРОМОЦИИ ЗА ВЛАДИМИР КОСТОВ-------------------------11
РАЗГОВОР СО ВЛАДИМИР КОСТОВ - Николче Вељановски---------------------------------------13
АВТОРИТЕ КОН "ПЕРСОНАЛНАТА БИБЛИОГРАФИЈА ЗА ВЛАДИМИР
к O ст O в 11 - -- - - - - - - - -- - - - - - - -- - - - - - - -- - - - - - - -- - - - - - - - -- - - - - - - -- - - - - - - -- - - - - - - - -- - - - - - - -- - - - - - - -- - - - - - - -- - - - - - - - -- - - - - - - ---16
БИБЛИОГРАФИЈА КАКО ИСТОРИЈА НА ТВОРЕШТВОТО НА ПИСАТЕЛОТ
ВЛАДИМИР КОСТОВ- Панде Манојлов----------------------------------------------------------------------18


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ОД ОДДЕЛОТ ЗА ПОЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА ЗА ВОЗРАСНИ--------------------------------20


БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРА ЧУВААТ------------------------------------------------------------20
ОСВРТ КОН РОМАНОТ "ДЕВОЈКАТА СО ПОРТОКАЛИ" ОД ЈУСТЕЈН
ГОРДЕР -Приредил Илче Сшојановски-------------------------------------------------------------------------20
ВИ ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ КИРЕ НЕДЕЛКОВСКИ----------------------------------------------------21


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА
ИЗЛОЖБИ, ПРОМОЦИИ, ПРЕДАВАЊА- Приредил Драги Кабровски--------------------------21
ЗА ПРВПАТ ВО БИТОЛА САЕМ НА КНИГАТА -
Приредил Ричард И ванишевиќ------------------------------------------------------------------------------------24
ДЕТСКИОТ O ДДЕЛ ПРИ МУБ ---------------------------------------------------------------------------------26
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
БИБЛИОТЕКАТА -ХРАМ НА ДЕТСКАТА Љ УБОВ--------------------------------------------------27


ИНТЕРВЈУ--------------------------------------------------------------------------------------------------------------27
ПОВОД ЗА СРЕДБА СО КИРИЛ ТЕМКОВ - Разговорот þÿ3> водеа Николче
Вељановски и Јелена Пешровска----------------------------------------------------------------------------------27
СВЕТСКИ ЈУБИЛЕЈ: Франческо Петрарка (1304-1374)
"КАНЦОНИЕРОТ" -Легендата за Лаура- Приредил Ричард Иванишевиќ---------------------- 31


КУЛТУРА ... БИБЛИОТЕКАТА ВО ПЕЧАТОТ----------------------------------------------------------32


1




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД


СПИСАНИЕ НА НУУБ "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"


Издавач
Матична и универзитетска библиотека
"Св. Климент Охридски" Битола
ул. Ленинова 39


За издавачот: в.д. директор Јелена Петровска


Издавачки совет:
-претседател


Редакција:


д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
Јоланда Бошевска, виш библиотекар
Ричард Иванишевиќ, виш библиотекар и критичар
Гордана Марковска


д-р Николче Вељановски, главен и одговорен уредник
Ричард Иванишевиќ
Илче Стојановски


Лектура и коректура: д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска


Фотографии: Трајан Чагорски


Дизајн на корица: Гордана Пешевска


Компјутерска обработка и печат: Херакли Комерц- Битола


Тираж: 300 примероци


ISSN: 1409-9497


Списанието е во целост спонзорирано од Министерството за култура


2




Библиотеката --од идеја до реализација


ОРГ АНИЗАЦИСКАТА КУЛТУРА НА
БИБЛИОТЕКИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА


Јелена Петровска
в.д. директор


Во подобрувањето на органи­
зациската поставеност голема улога има
спроведувањето на организациската кул­


тура во библиотеката како важен сег­
мент во нејзината работа. Имено визијата
за она што значи информативен биб­
лиотечен систем можеше да стане реал­
ност единствено со добра организација и
пред се организиран раководител.
Едно е извесно дека нема органи­
зациски промени без промени кај
индвидуата па така секој добар раководи­
тел треба да е и визионер и да ги
обединува задоволувањето на индивиду­
алните потреби на следбениците со ост­
варувањето на визијата. Тоа би значело
дека основните постулати на образовани­
ето во Македонија треба да бидат импле­
ментирани во работата на секоја биб­
лиотека поодделно. Секако, дека и
менаџерскиот стил допринесува за


подобро водење на библиотеката, а со
самото тоа и експлицитно влиЈае и на


развојот на образовните содржини во
библиотеката. Она што секој добар биб­
лиотечен лидер го дели од другите е


храброста да ја прифати промената и
истата да ја искористи за унапредување
во својата струка и институција. Она што


. .


е двигател на секоЈа успешна институциЈа
било да е таа од областа на културата или


3


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


образованието е свесноста на нејзиниот
лидер т.е. раководител и длабокото
чувство на припадност и посветеност кон
институцијата. Раководителот треба да ги
мотивира и II зарази II вработените со сво-
. .


ЈОТ ентузиЈазам, доследност и целосна
посветеност во работата.
Ефективниот библиотечен
раководител живее според наЈвисоките
стандарди на чесност и заедништво. Тој
не треба да врши премногу притисок на
вработените и да поставува нереални
цели. Многу истражувања покажуваат
дека вработените сакаат да веруваат во
чесноста на нивниот водач.


Добриот раководител треба секо­
гаш да го информира персоналот и да
комуницира со него отворено и со задо­
волство.
Треба да инсистира на
совршенство или како е тоа претставено


во литературата, совршенството се


постигнува:


* со опседнатост за достигања од висок
квалитет,


* преку препознавање и создавање
11 херои II од редот на вработените кои
постигнуваат резултати со исклучителен
квалитет,
* избегнување на основните причини за
лош квалитет.


Ефективниот библиотечен
раководител треба постојано да биде
пример што другите треба да го следат.
Мошне е важно тој никогаш да не се
поставува над своите службеници, освен
во преземањето на одговорностите и


ризикот. Исто така тој не треба да мисли
да е секогаш во право туку да го почитува


и наслушува пулсирањето на библиотека­
та.


Одговорноста како морална кате­
горија ги дели добрите раководители од
лошите. Се работи за одговорноста во
раководењето како и барање на спрове­
дување и одговорноста на вработените.
Тука раководењето мора да покаже моќ




Библиотеката --од идеја до реализација
доколку е таа заснована на правилни и
јасни оценки од страната на менаџерство­


то.
Моралот и продуктивноста се
најважни елементи во една работна сред­
ина, па затоа ефективниот водач е во
средиштето на вниманието и му верува на


персоналот. Треба посебно да се нагласи
дека вербата е она што емотивно ги
поврзува водачите и нивните следбеници
заедно. Заемната доверба и почит е
клучот на ефективноста.
Ефективниот раководител е опре­
делен, одлучен, решителен и храбар, под­
готвен да преземе ризик. Тука е важно да
напоменеме дека донесувањето добра
одлука е основен елемент на доброто
раководење во една институциЈа.
Како карактеристика на доброто
менаџирање е и изразено чувството за
битност и ургентност во работењето.
Тука се работи за новите пристапи
потребни за да се надмине стереотипот во
работењето како и постојаната потреба
за менување и освежување во работење­
то.


Доброто раководење непосредно
зависи од времето. Со обзир дека не може
да се надокнади многу е битно
раководителите да не се оптоваруваат со
неважни работи, туку да се определат за


. .


развоЈ на институциЈата во иднина со
јасно определени цели. Тука, пред се, се
мисли на остварување на образовните и
воспитните цели на библиотечното
работење.
Делегирањето и тимската работа
се исто така мошне влијателни фактори
кога зборуваме за успешноста на еден
раководител.


За успешно делегирање или прене­
сување на овластувањата на понискиот
менаџмент потребно е обезбедување на
соодветна клима за работа во што се
вклучени две клучни барања и тоа: заем­
на доверба и поддршка. Делегирањето е
потребно, пред се, да се поштеди
раководителот од губење на енергија
заради непотребни грижи, да не се губи


4


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


времето, да се биде редовен на работа и
да се планира секоЈа минута на пер­
соналот.
Што се однесува на тимската рабо­
та секако дека ни еден успешен менаџер


не може да се замисли без својот тим. За
тимот се напишани илЈадници трудови


кои укажуваат на неговото значење во
зголемувањето на ефикасноста во
работењето. Стручниот тим во НУУБ
11 Св. Климент Охридски II ги остварува и
спроведува сите работни и оперативни
функции во институцијата и се грижи за
доследно спроведување на образовните и
други цели во библиотечното работење.
Лојалноста на персоналот, е исто така
претпоставка за добар раководител кој
успешно ќе ја води својата институција.
Ефективниот водач секогаш му стои на
располагање на персоналот и е подготвен
да го сослуша секој вработен со што му
дава значење на секоја работа како дел од
целината.
Наведени се многу карактеристики
и мерки за добро раководење, но секако
дека една од најбитните е перманентната
едукација и самообразование на раковод­
ниот кадар како неопходен услов за
имплементирање на квалитетните обра­
зовни содржини во библиотеките и
доследно спроведување на образовните
цели на истата.


Професионално усовршување или
стекнување професионално мајсторство
е фаза во професионалниот развој која се
состои, пред се, во самостојно и орга­
низирано усвоЈување на менаџерските
знаења и вештини со цел постигнување на


совршенството во своето работење преку
разни форми какви што се разни совету­
вања, семинари, размена на искуства и
стручно користење на релевантната
литература.




Библиотеката-од идеја до реализација


ПРОМЕНА НА НАЗИВОТ ВО
НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА -
УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА
"СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" -
БИТОЛА


Ленче Андоновска


Во своето 59 годишно постоење
Библиотеката повеќе пати го менувала
своето име и функциите кои ги
извршувала.


Основана е на 25.03.1945 година со
решение на Градскиот народен одбор со
името: Градска народна библиотека и го
означи почетокот на воспоставување на
нови современи односи во биб­
лиотекарството во Битола, значајно за
сестраниот развој на Република
Македонија.
Од 01.04.1954 година со одлука на
Друштвото на библиотекари - Скопје,
нашата Библиотека беше прогласена за
македонски депозит што овозможи
скромниот книжен фонд постојано да се
збогатува. Депозитната улога на оваа
библиотека е потврдена и со најновиот
Закон за задолжителен примерок
(Службен весник на Р.М.бр.11/94).
Во 1960 година донесен е првиот
Закон за библиотеките во СР
Македонија што и овозможи на оваа биб­
лиотека да прерасне во Матична биб­
лиотека.


Од 1980 година нашата библиоте­
ка го доби називот Матична и уни­
верзитетска библиотека "Климент
Охридски" - Битола, веднаш по осно­
вањето на Универзитетот"Св.Климент
Охридски" - Битола.


5


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


Последната извршена промена се
заснова на Одлука за утврдување на
мрежата на националните установи од
областа на културата бр.22-5574/1 од
22.12.2003 година донесена од Владата на
Република Македонија
Со наведената Одлука на
Матичната и универзитетска библиоте­
ка"Св. Климент Охридски" - Битола, $
се преземаат основачките права на


установата и се утврдува како национал­
на установа, односно продолжува со раб­
ота како НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА -
УНИВЕРЗИТЕТСКАБИБЛИОТЕКА
"СЕ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" - БИТОЛА.
Постапувајќи според Законот за
култура на Р .М. ( Службен весник на РМ
бр.31/98 и 49/03) и упатставата кои ги
добивавме од Министерството за култура
на Р. Македонија се направи усогласу­
вање со наведениот Закон за култура и
понатаму продолжува со работа како
национална установа.


Се изготви и се донесе нов Статут
на установата за кој е добиена соглас­
ност од Министерството за култура, кој
понатаму не обврза да ги донесеме
општите акти во определениот рок


предвиден во Статутот.
Од 07.06.2004 година, со Решение
на Основниот суд во Битола, се изврши
пререгистрација на установата. Се
извршија сите потребни промени кои
произлегоа од самата пререгистрација.
Определувањето на МУБ како
национална установа претставува голема
чест за нас, но воедно и голема обврска
за тоа понатаму. Се надеваме дека досто­
јно ќе ја презентираме културата и ќе се
грижиме за остварување на национал­


ниот интерес на културата во Р.
Македонија.




Библиотеката-од идеја до реализација


БИБЛИОТЕКАТА ВО МЕЃУНАРОД­
НАТА СОРАБОТКА


ПРЕЗЕНТАЦИИ:
На 15 јануари во читалната на
Француската алијанса во МУБ, пред
вработените на Библиотеката се одржаа
две предавања - видео претставувања. В.д
директорката г-ѓа Јелена Петровска ги
презентираше искуствата од посетата на


главната библиотека Хауптбухерај во
Виена, Австрија, Универзитетската биб­
лиотека во Марибор и Градската биб­
лиотека "Марко Марулиќ" -Сплит.


Систем библиотекарот и биб­
лиотекар-советник д-р Николче
Вељановски го презентираше своето
искуство од Одделот за позајмување при
главната библиотека на Универзитетот
на Торонто Џон П. Робартс. При


6


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


еднонеделната посета на оваа библиоте­
ка при крајот на септември 2003 година,
тој ги посети и Одделите: Каталогизација
на монографски и сериски публикации,
Дигитализација, Компјутерскиот центар
и ел. Тој имаше средби со библиотекари и
професори во врска со факултетот за
информациски и библиотечни науки при
истоимениот Универзитет. Подготвени
се и видео-презентации од гореспоме­


натите оддели.


РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО
ПОСЕТА НА НАШАТА
БИБЛИОТЕКА


На 24 мај после посетата на
Почесниот конзулат на Руската
Федерација во Битола, рускиот
амбасадор, неговата екселенција Агарон
Асатур во придружба на својата делега­
цоја и почесниот конзул на РФ во Битола,
г-ѓата Даринка Крстановска ја посетија




Библиотеката-од идеја до реализација


нашата библиотека. В.д. директорката г­
ѓа Јелена Петровска при кратката посета им
поклони комrmет книги од македонската лит­
ература и им ја претстави Библиотеката.


НАУЧНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА
БАЈКАЛСКОТО ЕЗЕРО


На 26 мај МУБ во соработка со
Македонското научно друштво од
Битола организираја научно предавање
на тема: "Паразити во рибите од
Бајкалското езеро" од д-р Олга
Тимофеевна - Русинек од Лимнолошки
институт при Сибирското одделение на
Руската акдемија на науките, Русија -
Иркуцк.


7


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


ИЗЛОЖБА НА МАКЕДОНСКО­
ХРВАТСКОТО ДРУШТВО НА ПРИ­
ЈАТЕЛСТВО "МАРКО МАРУЛИЌ"


На 23 април Македонско-
Хрватското друштво на пријателство
"Марко Марулиќ" во соработка со
Здружението на хрватите од Битола,
покраЈ другите свои активности по повод
"Денови на Хрватската култура", орга­
низираа Изложба на книги со хрватска
литература преведена на македонски


јазик и книги на хрватски јазик. По овој
повод беше поканета нашата библиотека
како постојан нивни соработник.


Приредил Николче Вељановски




Библиотеката-од идеја до реализација


РАКОВОДЕЊЕТО НЕКОГАШ И
ДЕНЕС


ОД СЕЌАВАЊАТА НА
СТОЈКО СТОЈКОВСКИ


Вашиот работен стаж е многу
интересен. Каде и што работевте пред да
дојдете за директор на Библиотеката?


-На почетокот работев како про­
фесор по македонски јазик и литература
во Учителската школа и Гимназијата
"Браќа Миладиновци". Извесно време
бев и помошник директор, а потоа бев
примен на конкурс и работев како педа­
гошки советник во Заводот за унапреду­
вање на предучилишното и основното
образование и воспитание кое ги покри­
ваше општините Битола, Ресен, Демир
Хисар и Крушево. Во тоа време се зани­
мавав и со научно - истражувачка работа
и објавив повеќе стручни и научни тру­
дови од областа на образованието и кул­
турата.


Кога станавте директор на тогаш
Матичната библиотека "Климент
Охридски"?
-Пролетта 1977 година се пријавив
на објавениот конкурс и меѓу седумте
кандидати јас бев избран од
Работничкиот совет и Собранието на
Општина Битола за директор на МУБ.
Непосредно по формирањето на


8


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


Универзитетот во Битола, Библиотеката,
покрај својата матична функција, ја доби
и своЈата универзитетска функција.
Тогаш ги забрзав работите за
завршување на новото крило од 1500 м2 и
за многу кусо време со помош на секре­
тарот на Општината Ристо Ѓорѓиевски
успеавме да добиеме дополнителни
наменски материЈални средства и да го
довршиме новиот дел со кој добивме
2.500 м2 современо обликуван биб­
лиотечен простор. Со завршувањето на
новоизградениот дел можевме да обезбе­
диме непречено извршување на прошире­
ната деЈност, односно универзитетската


функција на Библиотеката. Во 1980 годи­
на, Библиотеката премина во Матична и
универзитетска библиотека.


Кажете ни нешто за првиот период
од Вашата работа во Библиотеката,
посебно за периодот на доопремувањето
и преселувањето на книжниот фонд во
новоизградениот дел.


-Откако добивме дополнителни
средства, успеавме да го доопремиме


новиот дел на Библиотеката, да примиме
и оспособиме нов библиотечен кадар и да
направиме нова систематизациЈа по углед


на Народната и универзитетска биб­
лиотека "Климент Охридски" -Скопје.
Тогаш се дооформија постоечките
оддели и се формираа нови оддели, како
што е Одделот за посебни книжни фон­
дови во кој што покрај Роднокрајниот




Библиотеката-од идеја до реализација


оддел се формираа и: Одделот
роднокрајна библиографија и
Одделот туѓа литература кои што
функционираат и денес. Во 1982
година беше пренесен целиот
книжен фонд од монографските
публикации од стариот во новиот
дел, при што Одделот за позајму­
вање и услуга на возрасни во
целост беше преместен во новото
крило. При преселувањето на
книгите помагаа учениците од


денешната Гимназија "Таки
Даскало". Преселувањето траеше
една недела. Потоа преминавме кон
збогатување на книжниот фонд со
стручна и друг вид литература за


задоволување на се пообемните
барања на студентите и наставно­
научниот кадар на Универзитетот.
Во новиот дел беа изградени читал­
ни за индивидуална и научно­


истражувачка работа. Во издание на
Библиотеката и Друштвото за наука
и уметност Битола излезе
"Прегледот на докторски и магис­
терски трудови (1955-1990) ".
Беше воведено и ново гласило
за популаризација на книжниот
фонд, Информативниот билтен, кој се
однесуваше не само на Одделите за поза­
јмување за возрасни и деца туку и за
Роднокрајниот оддел и Одделот за туѓа
литература. Исто така, во Одделот
Роднокрајна библиографија се започна со
изготвување на првата свеска од библи­
ографијата за Битолски весник.
Во Ваше време најголем дел од
вработувањата беа преку распределба од
Заводот за вработување?


-Немавме многу избор за примање
на соодветен кадар во Библиотеката. Ги
вработувавме сите кои ни ги праќаше
Заводот за вработување. Сепак, повеќето
беа високообразовани кадри кои добро
ни дојдоа при екипирањето на кадарот во
пополнувањето на предвидените работни
места.


9


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


Токму тогаш беа ставени цврсти
темели врз кои се развиваше, растеше и


се осовременуваше работата на
Библиотеката при што беше започната
компјутеризацијата и автоматизацијата
на библиотечните процеси уште во 1990
година.


Како ги доживувавте тие промени
кои се наметнаа со автоматизацијата и
што значеа тие за Библиотеката?


-Преку еден терминал поврзан во
мрежата ЈУПАК, Министерството за
информации и развој на Југославија ни
овозможи да влеземе заедно со НУБ -
Скопје меѓу 15-те корисници на СНТИЈ
(Системот на научно-технички информа­
ции на Југославија). Се разбира во
почетните години имавме и проблеми со
комуникациите затоа што нашиот терми­


нал, односно нашата локална база
зависеше од комуникациските линии кои




Библиотеката-од идеја до реализација


одеа преку НУБ - Скопје. Тие линии
беа често прекинувани. Сепак,
вработените имаа можност да ја видат
својата подготвеност во прифаќањето
на новото во нивната работа. Се
разбира, не сите вработени можеа
така лесно да се помират и без стрес да
го прифатат новиот начин на
работење. Постепено, но сигурно оде­
вме во чекор со трендовите во биб­
лиотекарството кои ни се наметнуваа.
Со какви проблеми се сретну­
вавте во текот на работењето?
-На патот имаше и многу
препреки: немање на материјални
средства, отпори и инертност на поед­
инци кои се китеа со лажни ловорики и не


така лесно го прифаќаа новото и совре­
меното. Но, под силниот налет на модер­
ната технологија Библиотеката си го
пробиваше својот пат.


1


Каква соработката и дружењето
на библиотекарите со другите библиоте­
ки?
-Веднаш по моето доаѓање во
Библиотеката ја продлабочивме и
проширивме соработката не само со биб­
лиотеките во Македонија, туку и со
повеќе развиени библиотеки од
поранешните југословенски простори.
Разменувавме стручна и друг вид
литература преку пошта со
таканаречената "меѓубиблиотечна
позајмица".


10


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


Преку обновеното Друштво на
библиотекарите на Битола, чиј претседа­
тел бев јас, се поврзавме со Сојузите на
библиотекарите на Македонија и
Југославија. Се одржуваа бројни семи­
нари и советувања на кои со свои трудови
учествуваа и библиотекари од нашата
библиотека, а имавме можност и да се
запознаваме со најновите достигнувања
во оваа област и да се оспособуваме во
практичната примена на светските
искуства.
Секако дека имавте и поведри
моменти, меѓубиблиотечни средби и
дружења?
-Да. Го имавме и едното и другото.
Бевме пресреќни кога пред нас се отво­
раше нов видик на хоризонтот и освоЈу­


вање на поуниверзални вредности кои ги


надминуваа тесноградите и егоистични
интереси на групи и поединци. Секогаш
на преден план беше нематеријалното,
туку општественото, духовното и
возвишеното. Се да се даде од себе за
напредок на родната грутка и нејзино
вклучување во современите напредни
текови.


Се дружевме. Одевме на саеми во
Белград каде ја посетивме и
Националната библиотека на Србија.
Имавме другарски вечери во Ј агодина,
Аранѓеловац, Ваљево, како и Пожаревац
кој е збратимен град со Битола. Исто
така, ние на изложбата во Пожаревац го




Библиотеката-од идеја до реализација


подаривме нашиот изложбен фонд.
Бевте директор на Библиотеката
четири мандати по четири години после
што заминавте во пензија. Повеќе од
десет години сте во пензија. Чест посети­
тел сте на промоциите во Библиотеката.
Како воопшто ја доживувате работата во
Библиотеката?
-И покрај тоа, што сум во пензија,
не мирувам. Тоа не е својствено на мојата
природа. Ги преточувам своите емоции и
доживувања во убавиот поетски збор.


Имам објавено Монографија за
родниот крај и три стихозбирки.
Подготвени ми се уште две збирки со
рефлексивна лирика. Пишувам и друго,
но за тоа во друга прилика. Моја најголе­
ма желба е, да ја гледам и да се радувам на
растежот на Библиотеката и нејзината
поширока афирмација сега и секогаш ....


Разговорот го водеше
Николче Вељановски


11


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


КУЛТУРЕН НАСТАН ВО
НАЦИОНАЛНАТА УСТАНОВА -
УНИВЕРЗИТЕТСКА
БИБЛИОТЕКА "СВ. КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ" - БИТОЛА


ДВЕ ПРОМОЦИИ ЗА
ВЛАДИМИР КОСТОВ


Приредил Ричард Иванишевиќ


Светскиот ден на книгата 23
Април, годинава, во битолскиот храм на
книгата "Св. Климент Охридски",
величествено беше одбележан со про­
мовирањето на Персоналната библи­
ографија за Владимир Костов и промоци­
јата на комплетот од шест книги - избор
од осум дела на врвниот македонски еми­
нентен, но и меѓународно реномиран
прозен естета.


Библиографијата е работена сту­
диозно еден подолг период. Во оваа
специфична, трајна и темелна либропуб­
ликација се наоѓаат низа привлечни доку-




Библиотеката-од идеја до реализација


ментирани прилози полезни за
читателите, библиофилите, литератур­
ните критичари, книжевни истражувачи и
хроничари, аналитичари и антологичари


на современата македонска проза.
Делото на трите виши библиотекари:
Цветанка Дамјановска, Ленче
Секуловска и Јоланда Бошевска, содржи
589 библиографски единици и регистри
(71 страна), статии, прилози и фотокопии
(57 страни). Творештвото на писателот
Владимир Костов е прикажано хроно­
лошки според книжевниот корпус што го


создава од неговите почетоци до денес.


12


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


Комплетот - Избор дела на
Владимир Костов е финансиран од
:М:инистерството за култура на Р.
:М:акедонија, а негов издавач е Pro Littera
при "Југореклам" - Скопје. Промотор
беше истакнатиот естетичар, академик
проф. Д-р Георги Старделов, кој со годи­
ни нананзад е импресиониран од
литературниот дар на македонскиот
книжевен импресарио.


Владимир Костов е престижен
писател во сите жанрови - романописец,


раскажувач, новелист. Целиот импозан­
тен литературен опус е превезен со
страсна празна поетика и есеистика,


волшебна лирска естетика и филозофска
харизма кон универзалните духовни хор­


изонти. Виртуозниот прозаист Владимир
Костов одамна е меѓу македонската праз­
на плејада: по имагинацијата, стилот,
мотивите, темите и идеите, како емоци­


ите на антички класичниот, монашки,


летописен, ренесансен, модерен и пост­
модерен, совршен версификатор,
метафоричар и мислител, чие дело го
чини бесмртен.




Библиотеката-од идеја до реализација


Во холот на Библиотеката беше
поставена и поставка од фотографии и
периодични извадоци од осврти, огледи и
интервЈуа, посветени на антологискиот
книжевник кои исто така, се вградени


како специјален додаток во
Персоналната библиографија. Исто
така, приредена е и ретроспектива на
импресивниот број книги кои доживувале
и по неколку изданиЈа, зашто во нив цару­


ва бесконечен репертоар на ликови и нас­
тани, напишани и опишани во реализам,


хипнотичен надреализам, современ
романтизам бескраен журнал на
бележити состојби, судбини, тајни пораки
на писателскиот Бард - Владимир Костов.


13


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


РАЗГОВОР СО


ВЛАДИМИР КОСТОВ


Кога и каде сте родени што
работевте и кои се вашите книжевни
почетоци? Кој Ви бил инспирација за да
почните да се бавите со пишување?
-Роден сум во Битола на 22.9.1932
година. Основно и гимназиско образо­
вание завршив во родниот град. По
дипломирањето на Филозофскиот факул­
тет во Скопје (Група Југословенска
книжевност) и по отслужувањето на вое­
ниот рок, се вработив како професор во
средното ветеринарно училиште во


Битола. Со основањето на Педагошката
академија во Битола, бев избран во таа
високошколска установа како професор
на катедрата по македонски јазик. На таа
професионална должност пред десетина
години бев пензиониран.
Што се однесува до моите
книжевни почетоци, тие се поврзани со
баба ми по мајка која беше не само непре­
сушен извор на приказни, туку и многу
вешт интерпретатор. Од неа, воведен во
волшебниот свет на приказните, и кај


. .


мене уште од наЈрана возраст се јави
желба и јас да измислувам приказни,
односно да фабулирам. Подоцна, кога
како ученик во првите одделениЈа од
основното училиште се обидов тие фабу­
лирани конструкции да ги ставам на хар-




Библиотеката-од идеја до реализација


тија, се појавија тешкотии зашто се
покажа дека едно е да се измислува, а


друго на измисленото да му се даде пис­
мена форма. Прашањето околу
содржината и формата на уметничкото
дело е клучно прашање со кое се занима­
ва теоријата на литературата. За застап­
ниците на тезата дека литературното
дело го определува содржината (идејата)
важно е што е во него напишано. Од
приказните на баба ми јас брзо сфатив
дека важно е што тие кажуваат, а подоц­


на од начинот на кој таа ја интерпрети­
раше нивната содржина сфатив дека е
важно и како е тоа кажано. Дури во
позрели творечки години се судрив и со
прашањето зошто: зошто баба ми ми ги
кажуваше прикаските, зошто едно умет­
ничко дело се создава? Сфатив дека,
покрај естетската и моралната компонен­
та го определува едно сериозно


напишано литературно дело. Античките
филозофи тоа го определија со помош на
калокаготија (убава добрина).
Колкав е Вашиот книжевен опус и
дали можеме да го поделиме по жанрови


или етапи (периоди)?
-Бидејќи во моите дела
содржинската компонента не е
исклучена, сум создал бројни дела во сите
видови на прозата (пет-шеснаесет
романи, десетина збирки раскази и
новели, а и повеќе книги за деца и млади­
на) без притоа да ја запоставувам форма­
та, нешто што од своја страна наметна и
жанровска разновидност. Таа жанровска,
а и стилска поливалентност може да се
констатира меѓу корисниците на кое
било мое дело, без притоа да се добие
впечаток дека се нарушува неговиот


интегритет. Тоа е причината некои мои
форми да се доживуваат како
литературни егзибициии и бравури, но -
тоа го потенцирам - без запоставување на
содржинската компонента со
хуманистичка порака. Од некои
критичари (Ѓурчинов) мојата литература
во формална смисла е наречена хибрид­
на.


14


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


Кажете ни нешто за вашиот роман.
Дали се Вашите теми најчесто врзани за
Битола и кои се тие? Во "Црквичето
четриесет маченици" и "Битолскиот
триод" Вие го потенцирате или спореду­
вате религиозното и религијата. Во
колкава мера мислите дека сте го
опфатиле духот на македонскиот христи­
јанин и во која мера сте го препееле
Вашето лично гледање на духовното?
-Мојата главна преокупација е
романот. Сите карактеристики на моите
литературни обиди, за кои претходно
зборував, најповеќе доаѓаат до израз во
моите романи (можеби најмногу во
"Учителот", "Битолски триод", "Вујко" и
"Грешка") Точно е тоа дека моето литер­
атурно творештво се врзува за Битола, но
Битола сфатена не како географска реги­
ја, а како историско-етнички идентитет.
Литературниот критичар и естетичар,
академикот Георги Старделов своевре-


. .


мено среде нашата литературна Јавност ја
истакна паролата: "Антеј бара почва",




Библиотеката-од идеја до реализација


потсетувајќи на античкиот јунак кој бил
во борбите непобедлив се додека се пот­
пирал на земјата чија божица била мајка
му Геја. Со тој мит тој алудираше на поја­
вата некои наши писатели (пред се поети)
да прекинуваат со националната традици­
ја во книжевноста и да ги избегнуваат
националните теми, како и социЈалните и
моралните проблеми.


Што се однесува до мене, како
роден битолчанец, јас не можев да најдам
подобра почва за приземјување од
Битола со оглед на тоа што овој град бил
важно средиште на исклучителни нас­


тани од македонската политичка и кул­
турна историЈа, силен економски центар,
а освен тоа и космополитски град КОЈ
овозможуваше вкрстување на разни кул-


. . .


тури што од своЈа страна вероЈатно ја
предизвика и појавата на хибридност на
моето творештво.
А што се однесува до нашата умет-


. .


ничка традициЈа коЈа, како што реков,
неделива е од етичката, таа своите
корени ги има во христијанството. И
воопшто, целокупното европско умет-


. . .


ничко творештво своЈата инспирациЈа ја
наоѓа во христијанството. Јас сум задоен
со неговиот дух уште од наЈраното детст­
во преку мајка ми која (буквално) почина
со Библијата в раце. Литаратурата така и
ја сфаќам: Дијалог со Бог не само како
создател туку и како основно морално
начело. Меѓутоа, сфаќајќи го моето
творештво како општење со Бога, не
значи дека го сведувам на молитва. Често


15


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


со Него сум во спор. Кај некои писатели и
филозофи (кај Ниче) тој спор преминува
во конфликт со трагични последици по
човекот по губење на неговата
духовност, а со прифаќањето на хедониз­
мот како нејзин сурогат, и до негово
демонизирање и анимализирање.


Кажете ни нешто за драмите. Кога
и каде се изведувани?
-Мојот роман "Свадбата на Мара"
и новелата "Грешниот Захарија" се дра­
матизирани и режирани од Љубиша
Георгиевски во Битолскиот театар. И
двете драматизации со забележан успех
беа прикажани на театарските фестивали
во Сараево, во Нови Сад и на
Дубровничките летни игри. Бидејќи се
здоби со голема популарност, претстава­
та "Свадбата на Мара" беше прикажана и
на многу сцени во поранешна Југославија,
а претставата "Грешниот Захарија", во
телевизиска адаптација, беше емитувана
и на општо-Југословенскиот телевизиски
канал. Претставата според романот
"Црквичето четириесет маченици во
Битола", кој го драматизирав во соработ­
ка со Љупчо Ѓоргиевски, и во негова
режија, исто така, со забележан успех се
играше на битолската сцена, а беше
прикажана во официјална конкуренција и
на театарскиот фестивал "Војдан
Чернодрински" во Прилеп.


Дали сте добитник на награди и
која Ви била најдрага награда?
-Во два наврати сум ја добил




Библиотеката-од идеја до реализација


битолската награда "4 Ноември". Исто
така, добитник сум и на републичките
награди: "1 Мај" за романот "Свадбата на
Мара", наградата "11 Октомври" за
романот "Црквичето четириесет
маченици", наградата "Рациново приз­
нание" за романот "Битолска хроника",
"Ванчо Николески" за романот за млади
"Солза за Мите".
Добитник сум и на наградата на
просветните работници на Република
Македонија за целокупното мое
литаратурно творештво. Добитник сум и
на наградата за адаптација на
"Црквичето" при фестивалот "Војдан
Чернодрински". Секако, најдрага ми е
наградата "Рациново признание" зашто
кај нас е најпрестижна награда за прозно
остварување.
За кое Ваше дело лично сметате
дека го достигнало врвот на Вашата писа­
телска и творечка дејност? Кое дело Ви е
воопшто најдраго и дали има такво?
-Романот "Учителот" е моето
наЈкомплексно дело во кое моето писа­
телска кредо најадекватно дошло до
израз. "Црквичето четириесет маченици
во Битола" е моето најпопуларно дело. А
романот "Битолски триод" ми е најдраго
дело. (Не помалку и романот "Грешка").
Според Вас дали имаме надежни
писатели во Македонија и дали би
можеле да издвоите некој кој заслужува
да биде меѓу најдобрите европски
писатели и пошироко? Дали има некои
надежни писатели - жени?


-Има повеќе такви, но поради тес­
ното јазично подрачје што оневозможува
поширока фреквенција на нашиот јазик
во меѓународни релации, тие се маргин­
ализирани. Би го издвоил Георги
Старделов во естетиката и Ферид Мухиќ
во филозофската есеистика. Иако од
најмладата генерација, меѓународна
афирмација заслужуваат и веќе добиваат
Венко Андоновски и Гоце Смилевски.
Меѓу жените со своите културолошки
студии и есеи се истакнува Елизабета
Шелева, а во уметничкото творештво
Оливера Ќорвезироска.
После толку долг писателски стаж


16


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


дали сметате дека има нешто кое се уште
не сте го постигнале во книжевноста,
односно во пишувањето?
-Кус е еден животен век од
седумдесет години за еден писател
креативно да се исцрпи. Многумина од
"кусовеките", како што Олимписките
богови ги нарекуваа луѓето кај Есхил,
заминуваат недоискажани.
На што работите во моментот?
-Реков дека романот "Учителот" е
моето најкомплексно дело. Незадоволен
од првата верзија, по неколку години од
неговото објавување, направив втора
верзија. Но и од неа не бев задоволен,
така што сега работам на неговата трета
верзија. Кога ми се дава можност запре­
објавување на некоја моја книга, редовно
интервенирам во неа. "Совршенство или
смрт" - беше рекол Григор Прличев.


Разговорот го водеше
Николче Вељановски


АВТОРИТЕ КОН "ПЕРСОНАЛНАТА
БИБЛИОГРАФИЈА ЗА ВЛАДИМИР
костов"


Ц ветанка Дамјановска
Лена Секуловска
Јоланда Бошевска


Матичната и универзитетска биб­
лиотека "Св. Климент Охридски" -
Битола, отпочна со изготвување на пер­
сонални библиографии за познати род­
нокрајни автори од нашиот град, со




Библиотеката-од идеја до реализација


наслов "Едиција Познати личности".
Во македонската литература Владимир
Костов влезе тивко но сигурно,
предочувајќи го СВОЈОТ несомнен
раскажувачки талент и творечки сензи­


билитет.
Како еден од најплодните македонски
прозаисти, целиот СВОЈ творечки опус го
посвети на градот Битола, а со тоа остави
траЈни вредности.
Го освои вниманието на
читателите, ги плени нивните срца со


своето интелектуално љ убопиство посто­
јано насочувајќи се кон судбините на
малите луѓе, настаните и местата каде се
случувале важни сведоштва од секоЈд­
невието, препознатливи споменици на


градот Битола низ вековите.
Идејата да се зафатиме со изготву­
вање на персонална библиографија на
Владимир Костов произлезе од прославу­
вањето на неговиот јубилеј 70 години
живот и ПЛОДНО творештво. Со изготву­
вањето на овој биобиблиографски про­
фил сметавме дека секоја генерација
како обврска во духот на заложбите што
ги бележи историјата, настаните и
личности на своето време, не само да ги
оттргне од заборавот туку на идните
поколениЈа да им остави сведоштва, како
поука и порака, како доказ и показ за


еден значаен изминат пат.


17


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


Во Библиографијата се вклучени
монографски публикации, статии и
прилози, библиографски единици за


животот и творештвото на Владимир
Костов, сведоштва за неговото дело и
значење, како и застапеноста во македон­
ската уметничка литература. Статиите и
прилозите се ексцерпирани од македон­
ските, Југословенските и некои странски


периодични и сериски публикации , како
и монографски публикации и
ракописи од авторот застапени во
фондовите на МУБ "Св. Климент
Охридски"- Битола.
Библиографијата има селективен
карактер. Обработена е релевант­
на граѓа истражена во македон­
ските и странски списаниЈ а:


Битолски весник, Нова
Македонија, Вечер, Дневник,
Утрински весник, Наше писмо,
Просветен работник и др.
Застапените единици се библи­
ографски обработени "де визу"
според ИСБД (Меѓународен стан­
дарден библиографски опис).
Истите се азбучно подредени според




Библиотеката-од идеја до реализација


презимето и името на авторот, или
според насловот, доколку нема автор.


Класификацијата на библиографските
единици е направена според постоечкиот
УДК (Универзална децимална класи­
фикација) систем.
Библиографијата содржи Регистар
на наслови, Регистар на автори, како и
посебно пагиниран прилог - фотокопии
од статии и прилози.


Регистарот на автори содржи
имиња на лица коишто учествувале во


создавање на содржините на вклучената
библиографска граѓа, како и имиња на
автори цитирани во библиографската
забелешка. Регистарот е подреден
азбучно, застапени се сите форми на
имиња кои се упатуваат на единствената
именска определница.
Регистарот на наслови ги содржи
сите главни стварни наслови на библи­
ографските единици и, исто така, е
подреден азбучно.
Регистарот на изворници
содржи главен стварен наслов,
поднаслов, во колку го има и


календарска година на сериската и


монографската публикација.
Истиот е подреден азбучно.
Изразуваме благодарност и
почит кон авторот КОЈ сесрдно ни


помогна околу истражувањето и


коплетирањето на податоците.
Во текот на изготвувањето
на библиографијата користени се
искуствата од Одделот библиографии
при НУУБ "Св.Климент Охридски"­
Скопје и несебичната помош на
Елизабета Стоименова, виш биб­
лиотекар.


БИБЛИОГРАФИЈА КАКО ИСТОРИ­
ЈА НА ТВОРЕШТВОТО НА
ПИСАТЕЛОТ ВЛАДИМИР КОСТОВ


Прозорците на храмот на книгата
архитектот на најсветото во духовноста


го конструирал така, не да гледаат кон
страните на светот, туку во душата на


18


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


вљубените и возљубените во тајните
скриени меѓу две корици на божицата -
Книга.
Божицата книга е таен дом на душата, на
животот, на радоста, на светлината. Таа е
симбол на верата, надежта и љубовта.
Таа го открива духот на авторот во
моментите на создавањето, историската
точка на битисувањето, ги поставува
прашањата за убавото и грдото, ги дава
одговорите за непознатото... А непозна­
тото е универзум во човековата мисла во


кое божицата Книга треба допрва да
броди.
Последиците од гревот на
човечкиот род се на оние што не читаат.
Анатемата - на оние што не ја сакаат кни­
гата! Светскиот ден на книгата 23 Април,
ако во светот се поврзува со Шпанија и
Каталонија со Сервантес и Шекспир, во
Битола тој го поврзувам со името на еден


. .


од наЈголемите и наЈплодни македонски
прозаисти - писателот Владимир Костов.
Писателот кој во македонската
книжевна архитектура ја втемели Битола
и битолчаните, возвишувајќи ги со сите
свои маани и доблести, крунисани со сим­
болите на моралот и моралното како
македонското верују, распнати меѓу зем­
ното и приземното од една страна и
возвишеното од друга страна. Ако книга­
та е Божица, книжевното дело на
Владимир Костов е и ќе остане покрај
Светата Библија, свето писмо за овој град
и неговите жители. Читајќи ги неговите




Библиотеката-од идеја до реализација


раскази, неговите романи, душата
доживува вознес: легендите стануваат


стварност, стварноста се преточува во
легенда.
Владимир Костов покрај бројните
книжевни дела го создаде и романот
"Црквичето четириесет маченици во
Битола". Тоа црквиче со години стаме­
нееше високо над Смилевскиот баир, но
писателот го оживеа, му даде душа. Исто
како што му даде душа на иреалното и
реалното од ова поднебје во сите негови
објави, што ги реставрира загубени во
времето Хераклејскиот и Битолскиот
мозаик.


Но душа на неговите објави, на
неговиот книжевен опус, на се што создал
Владимир Костов и се што е напишано и
каде е напишано му вдахнаа и трите виши
библиотекарки возљубени во божицата
книга и нејзиниот храм - библиотеката:
Цветанка Дамјановска, Лена Секуловска
и Јоланда Бошевска со нивниот скапоцен
труд "Персоналната библиографија за


Владимир Костов".
И, ако во книгите на овој наш писател е
скриено сето волшебство на зборот, во
оваа "Библиографија" е скриено
неимарството на македонското биб­
лиотекарство, педантството и естетика­
та, меморијата се да се отргне од забо­
равот. Оваа, со голема стручност
напишана "Библиографија" ми заликува
на стара манастирска книга во коЈа трите
авторки како да сакале низ иконопис на


зборот да изградат уште едно црквиче во
Битола, но не посветено на четириесетте


19


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


маченици туку на четириесет и првиот -
Владимир Костов. И, не како на светец,
туку како на писател.
Идејата на издавачот Матичната и
универзитетска библиотека "Св.
Климент Охридски" - Битола и на самите
автори да се изготви ова дело произлезе


од јубилејот на авторот - 70 години живот
и плодно творештво. Во неа се вклучени
монографски публикации, статии и
прилози, сведоштва за неговото дело и
значење, како и застапеноста во македон­


ската научна литература. Статиите и
прилозите се земени од македонските,
Југословенските и некои странски перио­


дични и странски публикации и ракописи
од писателот застапени во фондовите на
МУБ. Многу фотокопии од статии
објавени во разни весници, покани,
фотографии од авторот и неговите дела
го овековечуваат делото на Владимир
Костов.
Авторите, водејќи сметка за
доследната примена на библиографските
стандарди, се потрудиле секоја библи­
ографска единица во својата информа­
тивност да содржи реден број. Регистарот
на автори, Библиографијата ја прави
пристапна за користење за проучувачите


на делото на овоЈ наш голем современ
македонски писател.


Честитки за авторите на оваа
прекрасна специфична либропубликација
Цветанка Дамјановска, Лена Секуловска
и Јоланда Бошевска, честитки за дирек­
торката Јелена Петровска за храбриот
зафат, но и убави зборови за
Министерството за култура на
Македонија кое финансиски го подржа
овоЈ значаен проект.


Од промоцијата
Панде Манојлов




Библиотеката низ оддели и активности


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И
АКТИВНОСТИ
ОДДЕЛОТ ЗА ПОЗАЈМУВАЊЕ И
УСЛУГА ЗА ВОЗРАСНИ


БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПО-
РАЧУВААТ


1.НА НЕБУ КАО И НА ЗЕМЉИ - Скот
М.Пек
2.ПОРУКА ИЗ ВИЈЕТНАМА - Даниела
Стил
3.НОВИОТ ДЕН - Антонио де Мело
4.ДАМАРИ: МУДРОСТ ИСТОКА И
ЗАПАДА - Антонио де Мело
5.ИСПРИЧАЈ МИ СНОВЕ - Сидни
Шелдон
6.БОГАТАШИЦА- Барбара Брадфорд
7.17 ПРАВИЛА ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ
- Ог Мандино
8.СВЕТСКИТЕ ЗАГОВОРИ - Џим Марс
9.3001 - КОНЕЧНА ИДЕЈА - Артур
Кларк
10.СЕСТРЕ ПО КАЗНИ - Оливија
Голдсмит


ОСВРТ КОН РОМАНОТ "ДЕВОЈКА­
ТА СО ПОРТОКАЛИ" ОД ЈУСТЕЈН
ГОРДЕР


Приредил Илче Стојановски


Романот за Георг, петнаесетго­
дишното момче, ЧИЈ живот наполно се


сменува откако добива писмо од татко му
кое го пронашле во детската количка,


всушност е писмо за неговата иднина.
Таткото на Георг умрел кога момчето
имало четири години. На почетокот тој
како во сон се сеќава на одредени момен-


20


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


ти и доживувања, но потполни разЈасну­
вања добива дури при
читањето на писмото.


/
l!l.lll.l·il


Возбудливото и забавно писмо за
мистериозната девоЈка со портокали што
го читаме заедно со Георг, всушност е
прекрасна и трогателна љубовна приказ­
на, специфично нараторски-мајсторски
сработена и креативно пренесена до
читателот.
Роман за сечиј вкус кој обилува со
прашања и одговори за животот и светот,


кој не тера на размислување, на резони­
рање и на барање на сопствени одговори,
што значи индивидуата - читателот во
случаЈот има активна улога и е чинител


на дејствието, одосно формирањето на
здравата идеЈа во романот и сопственото
пронаоѓање преку нејзиното оствару­
вање.
Преку прашањата што таткото му
ги поставува на синот, Гордер и во оваа
книга се занимава со вечните прашања за
постанокот на светот и на човекот, за


тајните на универзумот. "Девојката со
портокали" е своевидна ода за животот,
приказна за потрагата по вистинска
љубов и за храброста во животот со која
треба да ги надминуваме тешкотиите на
кои наидуваме како луѓе кои имаат една




Библиотеката низ оддели и активности


ваква благородна цел.
Ова е и пораката и посебната вред­
ност на овој роман, каде Гордер повторно
покажува дека е маЈстор на оригиналната
композиција. Неговото знаење и вештина
на пишување ги инспирираат читателите
ширум светот да поставуваат прашања и


да размислуваат за своето место во живо­
тот и светот околу нас.


ВИ ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ ...


Кире Неделковски, поет, роден во
Битола во 1954 година. Автор на неколку
збирки поезија. Член на Друштвото на
писателите на Македонија.


ОСАМЕН ПОЕТ
Невидлив
Шета
Меѓу својот народ.
Во мислите создава
Светови,градови
Стихот
Меѓу сиви Столбови
Низ ноќта чудна
Не може да ноќева
Жедта.


Патник патува
По својот поглед
До книгите
Од кои тече река
За да се напие
Три свежи голтки:
За песната
За татковината
И за Птицата
Во него
Што пее
За необични Нешта


21


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


И за Тој да стане
Видлив.


ВРЕМЕ
Нема почеток, нема крај
Вртењето
На Нештата
Под нас и над нас
Шуплина
Лепена,сечена,додавана
Магла
Од мене, од тебе, од него
Прав.


Од необјавените пecнu


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА
ИЗЛОЖБИ, ПРОМОЦИИ, ПРЕ­
ДАВАЊА


Приредил Драги Кабровски


19.04.2004 г.
По повод 23 Април - Светскиот ден на
книгата и авторски права, МУБ "Св.
Климент Охридски" од Битола, орга­
низира Прес конференција за новинарите
со почеток во 10.00 часот во
Библиотеката. На пресот директорката
на Библиотеката ги информира новинар­
ите за активностите што ќе ги организира
Библиотеката. Исто така, на пресот беа
презентирани комплетите на книги што
Библиотеката ги подари на сите основни
и средни училишта од градот, а на самиот


ден се вршеше бесплатно зачленување.


20.04.2004 г.
Македонско-Хрватско друштво орга­
низира Изложба на книги со хрватска
литература преведена на македонски




Библиотеката низ оддели и активности


јазик и книги на хрватски јазик. По овој
повод беа поканети Хрватското културно
уметничко друштво на Битола и нашата
Библиотеката која е во постоЈана
соработка со Друштвото.


23.04.2004 г.
Матичната и универзитетска библиотека
11 Св. Климент Охридски 11 од Битола во
соработка со Народната и универзитетс­
ка библиотека II Св. Климент Охридски 11
од Скопје по повод Светскиот ден на кни­
гата и авторски права - 23 Април орга­
низира промоција на "Персоналната биб­
лиографија за Владимир Костов",
Промоција на Избрани дела од Владимир
Костов и Изложба "Владимир Костов -
живот и дело 11 • Осврт за библиографијата
даде писателот Панде Манојлов.
Промотор на Избраните дела од
Костов беше академик проф. д-р Георги
Старделов од Скопје Промоцијата, со
почеток во 14.00 часот се одржа во
големата сала за промоции на
Библиотеката во присуство на голем број
гости меѓу кои и министерот за култура
на Р. Македонија Благој Стефановски,
неговото високо преосвештенство Г-дин
Г-дин Петар и директорот на НУУБ
Борко Зафировски.
На промоцијата беше прочитана и


22


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


пораката за Светскиот ден на книгата од
директорот на УНЕСКО, а исто така,
беше прочитана и македонската порака
за Светскиот ден на книгата од писателот
Гоце Смилевски.


13.05.2004 г.
700 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА
ФРАНЧЕСКО ПЕТРАРКА
По повод јубилејот - 700 години од
раѓањето на Франческо Петрарка,
Библиотеката во соработка со Здружени­
ето за македонско италијанско пријател­
ство од Битола на ден 13.05.2004 г. (четвр­
ток) со почеток во 12.00 часот орга­
низираа Литературно предавање на
книжевникот и универзитетски професор
Георги Сталев на тема: "Петрарка и
неговото време", исто така, беше
поставена и Изложба на изданијата од
Петрарка и други автори од неговото
време ..


26.05.2004 г.
НАУЧНО ПРЕДАВАЊЕ
МУБ во соработка со Македонското
научно друштво од Битола организираја
научно предавање на тема: "Паразити во
рибите од Бајкалското езеро" од д-р




Библиотеката низ оддели и активности


Олга Тимофеевна Русинек од
Лимнолошки институт при Сибирското
одделение на Руската акдемија на
науките, Русија -Иркуцк.


27.05.2004 г.
ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ КНИГИ
НА НИКОЛА КОЧОВСКИ
Матичната и универзитетска библиотека
"Св. Климент Охридски"од Битола на
ден 27.05.2004 г. организира Промоција на
книгите: "Нов Бран"и "Јаве и сништа" од
писателот Никола Кочовски од Битола
долгогодишен член на Друштвото на
писатели на Македонија. Промотор на
книгите беше писателот Петре
Димовски. На промоцијата присутни беа
и издавачите: "Култура" - Скопје прет­
ставувана од главниот уредник г-дин
Глигор Стојковски и "Матица
Македонска"- Скопје, претставувана од
директорот г-дин Раде Силјан.


28.05.2004 г.
ГРУПНА ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАРИТЕ
ОД ТЕТОВО


23


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


При посетата на библиотекарите
од Тетова им беа претставени сите
Оддели во библиотеката. Исто така, тие
го посетија и Саемот.


Од 26.05 ДО 30.05.2004 г.
САЕМ НА КНИГАТА - БИТОЛА 2004
МУБ "Св. Климент Охридски" од
Битола во соработка со Здружението на
издавачите на Македонија, за прв пат во
Битола организира Саем на книгата -
Битола 2004 под покровителство на
Министерството за култура на Р.
Македонија. Саемот на книгата промо­
тивно беше отворен во изложбениот
салон на Центарот за култура, во 20.00
часот и истиот траеше од 26.05 до
30.05.2004 г. На оваа саемска мани­
фестација учество зедоа околу триесет
македонски издавачи.




Библиотеката низ оддели и активности


ЗА ПРВ ПАТ ВО БИТОЛА
САЕМ НА КНИГАТА


Приредил Ричард Иванишевиќ


Првиот Саем на книгата, лоциран
во Центарот за култура во Битола, а во
организација на МУБ "Св. Климент
Охридски" и Здружението на македон­
ските издавачи, потпомогната од
Министерството за култура на Р.
Македонија, се одржуваше од 26-ти до 30-
ти мај. Поводот произлезе од мотивација­
та-читателскиот и библиофилскиот ауди­
торум од градот и југозападниот регион
да се запознае со македонските издавачи
со нивните најнови изданија од македон­
ската и странска книгопродукција.


Изненадени и задоволни беа и
организаторите, и издавачите и
посетителите на Саемот. Како општ и
траен впечаток стои и постои


констатацијата дека вљубениците на кни­
гата со восхит секојдневно меѓу 10 и 21
часот, индивидуално и групно, ги посету­
ваа штандовите на Матица Македонска,
Култура, Топер, Слово, Просветна дело,
Мартина, Феникс, Алеф, Артерос,


24


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


Кинотека на Македонија, Логос - А,
Штрк, Арлекин - ГФ, Три, Магор, и др.
Евидентно-успешен, ефектен и ефикасен
начин на еден простор љубителите на
книгата да разгледуваат и да избираат
која книга ќе ја збогати нивната домашна
колекција.




Библиотеката низ оддели и активности


Саемот бeшe посетен од стотици
посетители кои се интересираа за маке­
донската и светската белетристика, ком­
плети книги, лектирни едиции, посебно
речници за компјутери, енциклопедии и
атласи, монографии за ремек-делата за


25


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


нaIIIeтo и странско културно-историско
наследство, стручна литература од сите


области, како и религиозните дела:
Библијата, Куранот, Талмудот, Будизмот
и ел.


Ако се мислеIIIе дека во градот
изумира потребата за книгата, Саемот
покажа дека интересот на љубителите на
книгата не е намален и покрај нивните
скромни финансиски можности.
Неподелено е мислењето кај сите
посетители дека ваква презентациЈа и
вакво внимание на книгата, која таа го
заслужува, е она IIITO му фaлeIIIe на
градот со повеќевековна културна тради­
циЈа.




Библиотеката низ оддели и активности


На отварањето на манифестација­
та, министерот за култура г-дин Благоја
Стефановски ќе истакне: со отворањето
на Саемот на книгата во Битола се
отвараат нови можности за пишаниот


збор, за вљубениците на пишаниот збор.
Оваа благородна манифестација, во бога­
тиот културен живот што го краси
нашиот град, беше кариката што
недостасува на синџирот на културните
манифестации./ Откако им се заблаго­
дари на 30-те издавачи и Организаторот,
министерот изрази увереност дека


Саемот во Битола ќе доживее повеќе
изданиЈа.
Сепак, севкупниот товар на орга­
низациските активности падна врз
Матичната и универзитетска библиотека
"Св. Климент Охридски" Битола, однос­
но врз носителот на проектот Науме


Ѓоргиевски, виш библиотекар и неколку­
мината соработници и колеги кои
требаше да проектираат и направат
повеќе нови паноа како и да ги пренесат
заедно со другиот неопходен инвентар за


излагање на книгите на местото на
одржување на саемот.


26


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


ДЕТСКИОТ ОДДЕЛ ПРИ МУБ


БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ
ПРЕПОРАЧУВААТ


Приредила Стеванка Петковска


1.ТРОЈЦА НА ОСТРОВОТ - Виталиј
Губарев
2.ЗБОРОФОН ТАР - 11 - Велко
Неделковски
3.ВЕТЕР ВО ГРАДИТЕ Ѓорѓија
Најдовски
4.ПО ТРАГИТЕ НА БРОДСКИОТ
ДНЕВНИК- Миливој Матошец
5.САМА - Горјан Петревски
6.СИБИРКА - Лидија Чарскаја
7.СУДБОНОСНА ОДЛУКА - Елизабета
Арсова
8.ПАТУВАЊЕ ВО ТАЏЕТАКОМО -
Томе Арсовски
9.ПРОЛЕТ ЗАД МОЈОТ ПРОЗОРЕЦ -
Томе Арсовски
10.ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНИТЕ РОЗИ -
Видое Видически




Интервју.....


БИБЛИОТЕКАТА - ХРАМ НА
ДЕТСКАТА ЉУБОВ


Приредила Стеванка Петковска


Книгата е одмор помеѓу детските
игри и палавштини. Ако чоколадото е
омилено меѓу децата, книгата е уште
поомилена затоа што го облагородува
духот на детето. Бабите и дедовците ги
заспиваат нивните внуци со бајки, сказни
и приказни. Благодарение на својата фан­
тазиЈа децата се восхитуваат од
волшепствата на јунаците. Првите букви
и сликовниците се средство преку кое
децата за првпат се запознаваат со приро­


дата и со Јунаците од омилените
приказни. Ова се првите моменти кои
предизвикуваат кај децата љубов кон
природата, растениЈата, животните и


човекот.


Книгата ја бранува детската душа,
а библиотеките со најразновидните
сликовници, книги, лексикони, енцикло­
педии и списанија ги продлабочува
нивните чувства и ги отвара детските


видици. Затоа за книгата се вели дека е
. .


наЈверен другар на човекот од наЈраната
возраст па се до краЈот на животот, а за
библиотеката дека е храм на детската
љубов.
Преку царството на
волшебниците, принцовите и принцезите
ги води децата до таЈните на животот на


возрасните. Следејќи го примерот на
странските детски библиотеки, Детската
библиотека во НУУБ "Св. Климент
Охридски" Битола го збогатува
книжниот фонд со најновите трендови на
детската литература како што се
Сказните за добра ноќ, Приказните за
земјата Македонија, 12 златни бајки,
Разиграни и весели итн. , како и со нови
форми и формати до џиновски сликовни­
ци од познати бајки и приказни збогатени
со современи илустрации.


27


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


ПОВОД ЗА СРЕДБА СО


КИРИЛ ТЕМКОВ


Пред да ни кажете нешто повеќе
околу Вашата професионална ангажира­
ност, би сакале да слушнеме нешто за
книгата во Вашиот живот?


-Цел живот сум бил љубител на
книгата. Прво, јас сум најголем љубител
на книгата лично за себе. Второ, уште од
детството, собирам книги, чувам и имам
огромна библиотека и тоа е моето нај­
големо благо што го имам.
Дали имате некоја најомилена
книга?


-Не можам да одговорам на ова
прашање. Тамара Арсовска ме праша
која книга најмногу ме обликувала и од
кого најмногу сум научил. Почнав да
размислувам и напишав двеста страници


за тоа. И реков: не можам да ти одгово­
рам на тоа.
Дали имате некои книги во спална­
та соба?
-Да, но јас постојано ги менувам.
Сега ја зедов повторно да ја читам
"Икона и секира". Книгата која подолго
време стоеше кај мене да ме радува беше
"Добриот војник Швејк". Многу ја сакав


. .


и секоЈа година ја читав по два пати.
Вие сте долгогодишен професор
на Филозофскиот факултет. Кои пред­
мети ги предавате?


-Предавам етика, естетика и фило-




Интервју.....


зофија на менаџерството. Тоа се три
практични дисциплини: етика на


моралот, естетика на творештвото и
економика на заработувачката.
Повеќе пати сум прочитал во
дневниот печат како барате и ревносно
повикувате да се воведе етика во образо­
ванието?
-Да, многу се борам. Така е во све­
тот. Јас сакам да бидам модерен.
Образованието мора да биде модерно.
Професорите мораат да бидат модерни и
да го прават она што е најмодерно. Пред
дваесет години етиката не беше модерна.
Дотогаш, се уште, централен проблем на
човештвото беше слободата - индивиду­
ална, групна и општочовечка слобода.
Денес, биоетиката е главна дисциплина


по прашањето за спас на животот на
луѓето, животните и растенијата, за спас
на природата и воопшто Земјата. Таа
повикува на чување од правење на лоши


дела врз биолошка основа, здравјето и од
валканост во животот, омразата, зависта,


љубомората, кавгата плус повикува на
потребата науката да биде со грижа за
човекот, а не таа да се воодушевува на
микроскопите и моќта да делува врз
клетката. Човештвото се загрозува од
многу деЈства како што се атомската
енергија и хемиските препарати. Исто
така, тоа е исплашено. Затоа целата оваа
сфера е ставена под етиката која треба да
го подготви човекот да биде зрел и да се
соочи со проблемите.


28


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


Денес, не се работи за морално
воспитување во кое децата ќе ги научиме
како да бидат морални според нашите
сознанија. Треба да ги научиме што е тоа
морал и етика воопшто за кога ќе бидат
соочени со нивните проблеми да знаат
како да одговорат на истите. Денес,
етиката не е наука за доблеста - да
достигнеме височина. Таа денес е наука
за опстанокот. Ако не направиме морал,
човештвото ќе умре.
Дали сме подготвени за таков
морал?
-Апсолутно. Цел свет прави уни­
верзална етика. Се бори за биоетиката, за
екологијата. Кога само пред петнаесет
години ќе речев дека сум професор по


. .


етика сите се смееЈа - велеа ТОЈ е како поп.
Филозофот не може без етика, но тоа е
застарено. Анри Гијон кажуваше дека
треба да се создаде морал без обврски
и санкции. Во теоријата за слободата
стои дека треба да ја правиме слобода­
та. Слободата во односите меѓу луѓето
доведе до конфликти. Слободата во
економските односи доведе до нова


експлоатација. Слободата во сексуал­
ните односи доведе до наЈголеми
стравови заради болестите. Затоа
човекот мора да се врати на доблеста,
чесноста, сериозноста, умереноста, да


внимава што прави, да љуби, да дава,
помага итн.
Дали има разлика помеѓу европ­
ската и источната етика?


-Нема. Денес, се прави универзал­
на етика. Следниот пат ќе ви зборувам за
тоа. Тоа е една нова тема. Универзалната
етика се прави од сите човечки вреднос­
ти. Париз е центарот на правење на таа
етика. Главните вредности се од Истокот:
мир, ненасилство, разбирање. Утре, во
Старт ќе излезе етиката на Буда. Досега
имам 37 текстови за етиката. Денес секое
семејство има свој морал. Кога УНЕСКО
прави етика, прави универзална етика за
нашите деца да имаат еднаков морал.


Пред скоро време Вие одржавте
предавање за етиката во учењето за уни-




Интервју.....


верзална религија на индискиот и свет­
скиот духовен учител Сатја Саи Баба .
-Да. Таму објаснив што тој сака.
Тој е носител на таа универзална идеја.
Денес, сите религии се во екуменска
фаза. Сакаат да се поврзат. Постои
Светскиот парламент на религии основан
уште од 1895 година. Постои декларација
за универзална етика, луѓето да се научат
да бидат заедно, да прават се заедно. Да
не се навредуваат.
Колку е реална етиката во
учењето на Саи Баба?
-Тој го има еден од најинтересните
етички системи во светот. Љубов, мир,
ненасилство, вистина и правење добро.
Тој има етика за правење добро и пома­
гање. Таа се разработува на ниво на деца
до 6, 9 и 12 години, како што и јас имам -
Етика за млади (15-16 години) потоа за
деца до 12 години и до 8 години. Во
моментот, работиме експериментално со
деца до 7 години во Скопје. Учат за прв
пат етика. Перцепција на етички теми.
Само после десет дена тие се поинакви.
А што со тоа дека Саи Баба не е
православен?
-Без оглед што кога би бил
повикан можам да зборувам за етиката во
образованието на Саи Баба, зашто него­
вата идеја содржи и други учења, јас
лично се борам за свети Климент
Охридски да биде наша основа. Неговата
основна мисла била тргај се од злото и
прави добро. Во насока на одбрана на
неговата етика имам одржано 15 пре­
давања. Покрај тоа, не е само Саи Баба
етичар. Мајка Тереза е етичар. Павле
Втори и Далај Лама се по струка етичари.
Кажете ни нешто за биб­
лиотеките?
-Библиотеката не е само магацин
за книги, туку таа е главното место на


човечкиот дух. Имаме две до три циви­
лизации, а посебно во Европа, фран­
цуската и англосаксонската за кои не се
знае точно зошто предничат во светот и


зашто се први. Тоа доаѓа оттаму што
имаат големи и стари библиотеки.


29


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


Тие не ги кријат библиотеките
туку тајната е во библиотеките. Не дека
таму се станува умен, туку тоа е


човечкото издигнување на највисоко
ниво. Тие се највисок храм на човечката
хуманост. Театрите, училиштата и места­
та за игра се исто така важни, но главни
се библиотеките.
Уште поглавно е искуството?
-Не, не, библиотеките се поглавни.
Во библиотеките е сконцентрирано
искуството. Кога човекот учи од своето
искуство, тој страда или е будала.
Човекот треба да учи на туѓото искуство,
а книгите го овозможуваат тоа.
Ако целокупното знаење е во кни­
гата, дали човекот може да се просветли


само преку читање на книги?
-Апсолутно. Човек само со читање
и може да се просветли. Без читање не се
просветлува. Без читање може да оди
само надолу. Сега книгата е модерна.
Професорите се живи книги. Идеите ги
носат со себе и со своето знаење и
вештина ги препорачуваат идеите. Во
математиката не се учат бројките, туку се
учи идејата за бројките. Во образовани­
ето за здравјето не се учи здравјето туку
идејата за здравјето. Професорите, или се
носители на идеите, или ги
препорачуваат книгите за понатаму затоа


што идејата може да испари. Знаењето
кое не е добиено низ свои очи, низ своја
љубов без книгата се губи.
Како може нашата Библиотека да
делува етички?
-Да препорачувате детски книги,
да издавате мисли и да пишувате.




Интервју.....


Сега да се вратиме на еден бистар
филозофски ум - Ниче. Кој бил тој? Од
каде таа сила кај него да сака да ги научи
филозофите и воспитувачите како да
воспитуваат?


-Ниче бил многу умен човек - не
заборавете! Тоа момче е едно од
најретките во Европа кому му е признат
докторат без да го направи. Тој бил толку
учено момче што Универзитетот во
Базел го поканил и му признал докторат
затоа што толку убаво пишувал. Уште на
25 години станал професор по грчки
јазик, за подоцна да почне да пишува
вредни филозофски книги. Ниче е храбар
културен борец а кажува дрско и
критички, не секогаш навредливо, зашто


дрскоста во културата не секогаш се
смета за навредлива. Тој не препорачувал
идеЈа за книги туку создавање на книги.
Неговото последно дело се вика ЕССЕ
НОМО. Јас го преведив на македонски.
Тоа е приказна како пишувал
книги, велејќи дека тоа произлегу­
ва од неговата внатрешна чистота,
односно мудрост. Својот живот го
разбирал како пишување на книги.
Што би рекле денес заљубен­
ите во електронските текстови.
Дали тие можат да бидат толку
силни како книгите?
-Денес, модерната кому­
никациЈа е изменета, имаме елек­
тронска комуникација, побрза итн.,
но сепак тоа е комуникацИЈа на
видливи зборови. Книгата на
почетокот била на свитоци, па
потоа печатена, а сега зборовите се на
Интернет - цивилизација на слики. Се
сметаше дека ќе се изгуби острината на
интелектуалноста добиена преку
зборовите во книгите. Пред четириесет
години Маршал Меклуан (Marshal
McLuhan), канадски филозоф и култур­
олог го опишал тоа, а денес се покажува


дека не е точно. Тоа што велел дека ќе
дојде време кога ќе има рок музика каде
ќе се избришат зборовите не дојде затоа
што рок музиката ги дава и зборовите


30


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


покраЈ песната токму заради постигну­
вање на подобар квалитет. Кинезите и
покраЈ сложеноста во нивното пишување


пишуваат поезиЈа и ја пеат.
Дали постои јаз помеѓу книгата и
електрониката?
-Нема јаз. Електрониката е брза


. .


размена на мисли и пораки коЈа е неЈ3ина-
та суштина. Таа има и ликовен елемент -
видео елемент, но таа се уште е кому­
никација на зборови. Бил Гејтс е меро­
давен за оваа сфера. Тој е создавател на
големиот ум. На прашањето колку
човештвото постигнало во електроника­
та, тој одговорил дека II ние сме уште во
камено доба 11 , додека на прашањето за
учителите и учењето рекол дека
учителите ќе останат, бидејќи интелек­
туалноста на зрелите и на вештите луѓе
им е потребна на младите кои треба да ги
користат материЈалите преку елек­


трониката.


Разговорот го водеа
Николче Вељановски и
Јелена П етровска




СВЕТСКИ ЈУБИЛЕЈ : Франческо Петрарка
(1304 - 1374)
"КАНЦОНИЕРОТ" -Легендата за Лаура


Приредил Ричард Иванишевиќ


Ренесансниот гениј, хуманизмот на
харизмата што ја поседува поетската страст,
поезијата на Петрарка и стилот на стела -
поетика, поетскиот мит и култпетраркизмот


веќе седум столетија ненадминливо се вткал
во светската литература. Сите вистински
светски поети, поетоестети и поетофили се
вдахновуваат и восхитуваат на дарбата на
духот, душата, емоциите и имагинациите што


ги создаде за монд - поезијата, ремек - делото
на Поетскиот Глобус.


Роден во Арецо, по протерувањето на
папата од Ватикан во францускиот град
Авињон, фамилијата на Петрарка се сели
заедно со Понтифексот и папските
приврзаници во новата папска претстолнина
Авињон каде Франческо Петрарка ќе го
мине детството и раната младост. Она што е
пресудно: "Анно Домини" 1327 година, во
авињонската црква " Св. Клара" по мисата ја
доживува мистеријата - случајната средба со
Лаура. Засекогаш ќе остане тајна волшебно­
то мигновение : Пресретнувањето и вкрсту­
вањето на погледите, мечтателните чувства


меѓу глетката на поетските зеници вперени
кон очите на Лаура во кои блесна светлост,
милност и нежно - божански бесценет лик
налик на муренско стакло " Милле фиори " ! ! !
Се е загадочно и непознато за тие
неколку мигови по кои се разминаа и можеби
повеќе никогаш не се видоа, но незаборавот,
безвременоста, вонвременоста - вечно ќе се
всадат во поетовата психа. Ликот на Лаура е
поетско огледало, во кое секогаш ќе ја гледа,


31


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


опседнат од опојството и сладострасноста на
платонската љубов, која ќе ја овековечи во
поетскиот прстен, лебедовата стиховна
круна, од канцони, сонети, сестини, мадри­


гали. "Канцониерот" таа чудесна поезија
дарувана за ламентната, лавиринтаната, лау­


реатна поетска Дона - Мадона Лаура... За
Франческо таа е амајлија, реликвија, визија
на реминисценција, грација, физиономија на
фантазија за Гениј. Азурни, лазурни стихови
од принцот - Поет кон принцезата за поезија­
та - Лаура. Во хронологијата и биографијата
на Петрарка: многу напишани книги, дипло­
матски, ренесансни и хуманистички мисии, во
Париз, низ разединетата родна Италија, Рим,
Фиренца, Падова, Болоња, Венеција ... Анали
на личност прогонувана и опкружена со


мецени, папата Клемент Шести, Роберт
Анжујски, Колона ... Истовремено омилен и
омразен. Како мал го видел Данте, бил прија­
тел со Бокачо, римскиот поетски лауреат.
Уште во негово време, па се до
денешен ден, славен и обожуван, посебно во
високата ренесанса. Низа женски ликови и
фигури меѓу сликарите кои се мотивирани од
пиететноста на Лаура, со мањификантноста,
мистериозноста, сензибилноста, суптилноста,
спиритуалноста опеани во "Канцониерот"
(кај Леонардод, Бокачо, Рафаел, Тицијан,
Џорџоне Караваџо, Кораџо, Филипа Липи,
фра Анџелико ... )
Влијаел врз сонетите на Шекспир,
Ронсар. Преведуван на сите јазици во светот.
Во Македонија, читан и омилен, застапен во
лектири, на романската фолологија на фило­
зофскиот факултет, како и на студиите по
светска книжевност. Баран и присутен во
приватните библиотеки, ученички и уни­
верзитетски и сите храмови на книгата.


Тоа го заслужуваат само ремек - дела­
та , како што е "Канцониерот", една од
наЈчитаните книги, на планетата, во чии сти­
хови вечно беа, останаа и ќе бидат Франческо
Петрарка од Арецо и Лаура од Авињон -
бесмртни!!!
За афирмацијата и приближувањето
на значењето и вредноста на "Канцониерот"
меѓу македонската читателска публика,
исклучителни заслуги има истакнатиот


книжевник - професор Георги Сталев, со
многубројните студии, есеи, предговори и
поговор и, толкувања ... Едитирани се повеќе
изданиЈа ЧИЈ целосен ерудитен труд е негов.




Библиошекаша во иечашош БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 6, 2004


КУЛТУРА ... БИБЛИОТЕКАТА ВО ПЕЧАТОТ


od


1


1


.


32


11


11


, 111.


11


11
11.,
ЈО I 11;1 11
1


jr.. .




МИСЛИ ЗА МУДРОСТА


Стравот од Господ е почетокот на на мудроста.
мудроста. Бертранд Расел
Од Библијаша
Ако не се стремиш кон мудроста Животот е празник само за
таа нема да те наЈде.


Еврејска поговорка
Мудроста се стекнува со учење низ
страдање.


Арисшошел


Непогрешен белег за мудрост е да


мудрите.


Емерсон


За мудреците нема зло, нема ни
добро - се е љ убав .
Пешар Д'нов


го согледаш чудото во секоЈдневи- Изгледаш мудро. Погрижи се да ја
ето. поправиш таа грешка.


Емерсон ЧарлсЛам


Богатството кај мудриот робува, Вистинската мудрост никнува во
кај глупиот господарува. нас, кога ќе осознаеме колку малку
Сенека разбираме од животот и околниот
Ако ги познаваш луѓето - умен си. свет.
Ако се познаваш себеси - мудар си.
Лао-Це


Глупакот не го гледа дрвото исто
како што го гледа мудрецот.


Вилијам Блејк


Глупавиот трча по задоволствата
во животот и бидува измамен;
мудриот ги избегнува пакостите.
Шопенхауер


Да го победиш стравот, е начелото


33


Сокраш


Мудрец го нарекуваме оноЈ, над
кого ништо нема власт, наЈмалку


задоволството.


Сенека
Мудреците од сите времиња секо­
гаш тврделе едно исто, а глупаците,


т.е. огромното мнозинство секогаш


правеле едно исто- и тоа токму


спротивното.


Шопенхауер




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 5, 2004


34