Содржина БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003 СОДРЖИНА...

Содржина БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


СОДРЖИНА ........................................................................................................................... 1


БИБЛИОТЕКАТА ВО 2003 ГОДИНА ............................................................................ 3


БИБЛИОТЕКАТА - ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА ............................................. 4


ОД РАБОТАТА НА БИБЛИОГРАФСКИОТ ОДДЕЛ-Лена Секуловска ............. 4
ОДДЕЛОТ ЗА ПЕРИОДИКА ПРИ МУБ- Лидија Мирчевска .................................. 5
РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ "КНИИЦ" - Анета Стефановска ................... 7
ОДДЕЛОТ ЗА ПОЗАЈМУВАЊЕ НА ГЛАВНАТА БИБЛИОТЕКА ЏОН П.
РОБАРТС ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ТОРОНТО- Николче Вељановски ....... 8


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ .............................................. 11
ОДДЕЛОТ ЗА ПОЗАЈМУВАЊЕ НА ВОЗРАСНИ .................................................... .
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕП ОРА ЧУВААТ. .......................................................... 11
ОСВРТ КОН ДЕЛОТО "ИЗЈАВУВА ПЕРЕИРА"
ОД АНТОНИО ТАБУКИ - Приредил Николче Вељановски .................................... 12
ОСВРТ КОН КНИГАТА НОВЕЛИ "МАРГАРИТ"
ОД ВЛАДИМИР КОСТОВ - Приредил Илче Стојановски ....................................... 13
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА- ПриредилДраги Кабровски ..................... 14
ИЗЛОЖБИ, ПРОМОЦИИ, ПРЕДАВАЊА
РЕОНСКАТА БИБЛИОТЕКА ВО
С. БУКОВО ПРОДОЛЖУВА СО РАБОТА .................................................................. 14
ПРВ ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР"МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ" ........................ 15
ОДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА "ПОЕТСКИ БРАНУВАЊА '2003" ............ 17
ДЕТСКИОТ ОДДЕЛ ПРИ МУБ ........................................................................................ 18
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
- Приредила Стеванка Петковска ................................................................................... 18
КУЛТУРА ... БИБЛИОТЕКАТА ВО ПЕЧАТОТ ......................................................... 20
РАЗГОВОР СО ЛУАН СТАРОВА - Разговорот го водеа Јелена Петровска и
Николче Вељановски ............................................................................................................. 21
БЕСЕДА: "СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - ТЕМЕЛ И ПАТОКАЗ НА
НАШАТА КУЛТУРА" - Вера Стојчевска-Антиќ ........................................................ 24
ТОМАС ТРАНТРОМЕР - ЛАУРЕАТОТ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ
НА ПОЕЗИЈАТА ЗА 2003 ГОДИНА - Јелена Петровска ......................................... 28


ОД ЖИВОТОТ НА БИБЛИОТЕКАРИТЕ ..................................................................... 29
ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА БИБЛИОТЕКАТА ...................... 29
ДЕДО МРАЗ ВО БИБЛИОТЕКАТА .............................................................................. 30
БИБЛИОТЕКАТА - НАШИОТ ВТОР ДОМ - Приредил Николче Вељановски .. 30
ФИНАНСИСКА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМСКИТЕ АКТИВНОСТИ
НА МУБ ЗА 2003 ГОДИНА - Цара Огненовска ............................................................ 31


ЗАНИМЛИВОСТИ ОД СВЕТОТ НА КНИГАТА
- Приредил Николче Вељановски


1




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД


СПИСАНИЕ НА МУБ "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"


Издавач
Матична и универзитетска библиотека
"Св. Климент Охридски" Битола
ул. Ленинова 39


За издавачот: в.д. директор Јелена Петровска


Издавачки совет:
-претседател


Редакција:


д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
Јоланда Бошевска, виш библиотекар
Ричард Иванишевиќ, виш библиотекар и критичар
Гордана Марковска


д-р Николче Вељановски, главен и одговорен уредник
Ричард Иванишевиќ
Илче Стојановски


Лектура и коректура: д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска


Фотографии: Трајан Чагорски


Дизајн на корица: Гордана Пешевска


Компјутерска обработка и печат: Херакли Комерц- Битола


Тираж: 300 примероци


ISSN: 1409-9497


Списанието е во целост спонзорирано од Министерството за култура


2




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


БИБЛИОТЕКАТА ВО 2003 ГОДИНА


Јелена Петровска
в. д. директор


Годината што измина изобилуваше со многу
активности: бројни промоции на книги, изложби и
предавања. Промоциите на наши еминентни
писатели и оние кои пополека ја отвораат вратата
во волшебниот свет на зборот допринесоа за
актуелноста на книгата, темите, настаните.


Многуте средби со проверени магови на зборот ја
обогатија културната понуда на Битола и овоз­
можија прави литерални празнувања. Покрај
традиционалната детска манифестација "Поетски
бранувања '2003", од посебно значење беше
првиот Општински натпревар "Млади биб­
лиотекари" во кој зедоа учество ученици од
основните училишта во градот.
Горди сме што Светскиот ден на книгата го
одбележавме со малку поинаков концепт на работење и воведовме традицонална
покана за читање, "подари книга и цвет" како до нашите читатели така и за луѓе -
спонзори кои можат да ни помогнат во набавката на книгата.
Секое списание има својот тек и својот живот негде во вселената на убави
зборови. "Бибилиотечен тренд" се појави како потреба за нас библиотекарите да во
услови на современо информациско општество заземе достојно место. Творечката
димензија на нејзините автори и ентузијазмот на библиотечното работење во сосема
променети услови на живеење стана патоказ за успешно имплементирање на списани­
ето меѓу нашите колеги -библиотекари, нашите соработници и читатели во
Македонија.
Големиот Празник "100 години Илинден" достојно го одбележавме со многу
разновидни манифестации. За тоа зборува и нашиот Специјален додаток по повод
Илинден.
Остваривме и меѓународна средба со Градска књижница "Марко Марулиќ" од
Сплит. Разменивме искуства во библиотечното работење и договоривме возвратна
посета. Во некој од нашите следни броеви ќе ви ја претставиме работата на ГК
"Марко Марулиќ".
Постојано работиме на нашето библиотечно самообразование и континуирано
се усовршуваме, соработувајќи со НУБ Скопје и други библиотеки од регионот и
пошироко . Со воведувањето на новата програма СОВIЅЅ/Позајмување и со
завршувањето на ретроспективниот внес на записите во компЈутерскиот систем,
Библиотеката стана првата целосно автоматизирана библиотека во државата. Ние
библиотекарите од МУБ "Св. Климент Охридски" имаме визија нашата библиотека да
се доближи до светските трендови на библиотечното работење кои со огромен ентуз­
ијазам настојуваме да ги следиме во нашето работење. Се надеваме дека нашата
Библиотека како современ информациски центар ќе може да ги задоволи и потребите
на целиот регион, а на нашите читатели и корисници ќе им овозможи поголемо
дружење со книгата и влез во глобалниот свет на информациското општество.
Во оваа прилика му се заблагодаруваме на Министерство за култура за негова­
та подршка на нашиот "Библиотечен тренд" кој стана реалност, како и на сите наши
соработници и читатели.


3




Библиотеката-од идеја до реализација


015( 497.7-21)


ОД РАБОТАТА НА
БИБЛИОГРАФСКИОТ ОДДЕЛ ВО
МУБ


Лена Секуловска


Современите барања на секое
општество му налагаат изградба и развој
на организиран библиотечно-информа­
тивен систем во чии рамки една од најз-


начаЈните компоненти претставува
формирањето на роднокрајната библи­
ографија. Овие библиографии содржат
литература од различен вид, што се одне­
сува на нашиот крај. Истата има научно­
документарна, културно историска и
уметничка вредност. Овие библиографс­
ки изданиЈа се наменети за научните
работници,специјалистите,
наставничкиот кадар, за администра­


тивното раководство и други.
Раководејќи се од барањата на
корисниците посебно на корисниците во
научно-истражувачката дејност во обра­
зованието и развоЈот на културата и


потребите на стопанството, во 1986 годи­
на се започна со изготвување на род­
нокрајни библиографии. Во изворите за
изготвување на роднокраЈни библи­
ографии се користат монографски пуб­
ликации, периодични публикации (весни­
ци и списанија) и друг вид на книжен и
некнижен материЈал. þÿ > досегашната
работа Одделот има изработено:
"Преглед на докторски дисертации и маг­
истерски трудови на научни работници од
подрачјето на Битола одбранети на
Универзитетите во земјата и странство
во периодот од 1955-1990 година (1990) ";
"Роднокрајна библиографија на Битолски
весник 1964-1974". "Роднокрајна библи­
ографија на Битолски весник 1975-1985" и
"Роднокрајна библиографија на Битолски
весник 1986-1995". Во сите три свески се
изработени статии од Битолски весник.
Следува "Библиографија на
Универзитетот "Св. Климент Охридски"


4


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


Битола 1979-1999", издадена во 2003 годи­
на.


Во завршна фаза е роднокрајната


биобиблиографија за писателот
Владимир Костов. Ова биобиблиограф­
ско издание содржи информации за твор­
бите од авторот и граѓа за неговото
творештво како во земЈата така и
пошироко во светот.
При изготвувањето на роднокра­
јните библиографии применуваме општи
методи, користени за изготвување на биб­
лиографии, имаЈки ја во предвид
спечифичноста, која има одраз во сите
процеси од нејзиното составување. Ова се
однесува како на селекциЈата, систем­


атизирањето на публикациите, така и при
изготвувањето на библиографскиот опис,
особено при составувањето на анотација­
та и при откривањето на роднокраЈната
граѓа преку регистрите. За изготвување
на библиографскиот запис ги користиме
сите меѓународни стандарди, принципи и
препораки (ISBDS; ISSN; ISBN и др).
При составувањето на овие
. .


изданиЈа ги селектираме наЈвредните
информации сместени во локалните вес­
ници за да не се навлезе во лар-пур-лар­
тизам, што го обременува и деконцентри-




Библиотеката-од идеја до реализација


ра корисникот. Тековните библиографии
на роднокраЈна литература се трудиме да
содржат оперативна информација за
селектираната граѓа. Библиографската
граѓа во тековните библиографии се реди
стручно, според УДК системот, а во
рамките на рубриките-хронолошки.
Библиографските записи треба да
содржат и информативни анотации. Исто
така, библиографиите ги содржат след­
ните регистри:
- регистар на наслови


- регистар на автори
- предметен регистар
- регистар на анонимните дела


- регистер на изворноци


Заради сложеноста севкупното
изготвување на роднокрајните библи­
ографии, вклучувајќи ги прибирањето и
селектирањето на роднокрајната граѓа,
во Одделот работиме тимски - три виши
библиографи-билиотекари од различни
профили: Дамј ановска Цветанка,
Секуловска Лена и Бошевска Јоланда.
Развојот на електронските информацис­
ки извори дава поголеми можности за


поефикасно и поквалитетно информи­
рање со што ќе се забрза истражувањето
на релевантната роднокрајна граѓа, а со
тоа ќе се подобри квалитетот во подго­
товката и изработката на роднокрајната
библиографија


5


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


027.53:050( 497.7)


ОДДЕЛОТ ПЕРИОДИКА ПРИ МУБ


Лидија Мирчевска


Одделот Периодика започнува со
работа од 1945 година кога библиотеката
ја започнува својата дејност. Овој Оддел
постепено го зголемува својот фонд низ
годините. До 1955 година Библиотеката
се претплатувала на околу десеттина вес­
ници и списанија. Уште во 1953 година се
почнало со конзервирање и укоричување


на неколку списанија и весници. Откако
Градската библиотека од страна на
Друштвото на библиотекарите на
Македонија била прогласена за депозит­
на македонска библиотека, таа, покрај
монографските, ги добива и
периодичните задолжителни списаниЈа во
периодот помеѓу 1954 и 1959 година. Од
ден на ден бројот на претплатените
списанија се зголемувал. Откако Одделот
за подврзување на книгата (денешниот
Оддел за заштита на книгата) се форми­
рал во 1964 година, само за една година се
укоричиле 60 весници и 70 списанија.
Оттогаш целокупниот периодичен
материјал се собира по броеви и години и
се подготвува за укоричување, а оста­


натите материЈали кои не се укоричуваат


се обработуваат, се подврзуваат и се
сместуваат во магацинскиот простор.


Веќе во 1966 година бројот на прет­
платени весници и списаниЈа достигнал


112. Во оваа година Подврзувачкото оде­
ление укоричило 187 наслови. Во 1979
година, Библиотеката се претплатила и
на 13 руски списанија.
Во одделот доаѓаат и подарени и
помал број на бесплатни периодични пуб-




Библиотеката-од идеја до реализација


ликации. Периодиката е застапена со
најразлични области: литература, умет­
ност, култура, архитектура, економиЈа,
бизнис, банкарство, статистика, матем­
атика, медицина, религиЈа, енигматика,


списаниЈа за млади, за хендикепирани
итн. Тие опфаќаат списанија, весници,
годишници, зборници, извештаи од
институции, трудови и други публикации.
Морам да напоменам дека пери­
одиката на туѓата литература, освен
словенската литература, овде не е земена


. .


во предвид и покраЈ тоа што се позаЈмува
преку овој Оддел. Туѓата периодика се
обработува и евидентира во Одделот за
туѓа литература.


ПРЕГЛЕД НА ПРЕТПЛАТЕНИ
СПИСАНИЈА ВО ПЕРИОДОТ
ПОМЕЃУ 1955-2000


Година Наслови на списанија


1955 33
1956 47
1957 66
1958 20
1959 22
1961 40
1962 41
1963 53
1964 56
1965 62
1968 81
1969 77
1970 37
1973 48
1974 52
1975 53
1976 58
1977 57
1978 63
1979 36
1980,1981 36
1982 32
1983 40


Наслови на весници


20
35
35
21
21
23
23
24
26
26
37
34
21
23
23
28
23
21
19
8
8
8
8


6


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003
1984 38 10
1985 44 8
1986 30 5
1987 29 5
1988,1989,1990 19 6
1991,1992 6 6
1994 8 6
1995-2000 10 7
2001-2002 8 5


Како што споменавме погоре
покраЈ претплатените и донираните
списанија бројот на списанија добиени по
задолжителен пат го сочинуваат


поголемиот фонд на списанија и весници.
За 2003 година пристигнале околу 100
наслови на списанија и 40 наслови на вес­
ници.


Обработката на сериските публикации се
врши според програмата COBISS, и
според ISBD(S) стандардот, во локалната
база на МУБ, (поврзана на хостот во
НУБ) откако претходно се проверат во
заедничката база на системот во НУБ.
Одделот е посетуван од корисници
од сите возрасти, па дури и основци и
средношколци на кои им се потребни ста­
тии со теми кои можат да ги наЈдат во вес­
ниците и популарните списаниЈа.
Периодичните публикации се значајни не
само за териоторијата на Битола туку и
на Македонија. Во Одделот доаѓаат и
корисници од други градови на државата:
Охрид, Ресен, Прилеп и др., затоа што кај
нив изостанува периодиката од пораните


години.
Одделот работи во две смени, така
што на нашите читатели им нудиме
пристап и до дневните и неделните весни­


ци: "Нова Македонија", "Вечер", "Утрински
весник" "Дневник" "Битолски весник"


' ' ' "Пулс", "Македонско Сонце", "Службен вес-
ник" итн. Од поодамна Одделот се
соочува со проблемот на недостаток на
простор на кој во наредниот период треба
да му посветиме поголемо внимание.




Библиотеката-од идеја до реализација


004.6+001.891]:027.53(497.7)


РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ
"КНИИЦ"


Анета Стефановска


Благодарение на професионалните
ангажмани на МУБ со фондацијата на
американската монд-реномирана хумани­


тарно-едукативна асоциЈациЈа:
"Иницијатива за само-помош на заед­
ниците (ИСПЗ), или USAID, (Macedonia,
Louis Berger Group Inc. ") и Сојузот на сту­
денти на Универзитетот "Св. Климент
Охридски" - Битола, се оствари фунда­
ментална и капитална, функционална и
мисионерска деЈност во контекст на про­
гресот и перспективите на битолскиот
храм на книгата. Реализиран е проектот
КНИИЦ Компјутерски, научен,
истражувачки и информативен центар.
Центарот беше подготвуван во


текот на 2001-2002 година, а се реализира
во декември 2002 година. Неговата опре­
ма во вредност од околу 50.000 УС долари
(дваесеттина компјутери со сервер,
графичка станица, ласерски печатар и


7


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


печатар АЗ во боја, дигитален
фотокопир, скенер АЗ формат и лицен­
цирани компјутерски програми) е
наменета за потребите на учениците, сту­
дентите и научните работници во градот.
Проектот има за цел да им овозможи на
корисниците пристап на Интернет и да
им овозможи обука на истиот. Исто така,
програмската цел на КНИИЦ опфаќа и
помагање на Библиотеката во разви­
вањето на образовната функција преку
одржување обука во поглед на курсеви за
компЈутери и курсеви за изучување на
странски јазици. КНИИЦ е достапен и за
корисниците од Југозападниот регион на


Македонија.
Само после една година од почетокот на
работа на КНИИЦ, во месец декември
оваа година, од страна на USAID, на МУБ
и на сојузот на студентите им беше доде­
лена наградата "Sunshine Award" како
признание за успешно реализиран проект


во Македонија,.
Центарот со својата најсовремена


компјутерска опрема и овозможува на
Библиотеката да биде во чекор со свет­
ските трендови на библиотечно работење
и функционално да им излезе во пресрет
на барањата и потребите на корисниците
како што денес тоа го прават сите совре­
мени универзитетски библиотечни цен­
три во светот. Се надеваме дека во пери­
одите кои ќе следат ќе се надополнува и


. .


модернизира ОВОЈ компЈутерски комплекс
и ќе ја покаже и докаже оправданоста на
своето постоење.




Библиотеката-од идеја до реализација


027 .54:024.6(71)


ОДДЕЛОТ ЗА ПОЗАЈМУВАЊЕ НА
ГЛАВНАТА БИБЛИОТЕКА ЏОН П.
РОБАРТС ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ
НАТОРОНТО


Николче Вељановски
Систем библиотекар


Во претходниот број спомнав дека
главната универзитетска библиотека
Џон П. Робартс (John Р. Robarts), позната
само под името Робартс е петта по голем­
ина библиотека во Северна Америка.
Според просторноста, со своите 15 спра­
та, сигурно спаѓа во најголемите главни
универзитетски библиотека во светот.
Раководителката на Одделот за позајму­
вање г-ѓа Лари Лангфорд (Lari Langford)
ми спомна дека во библиотеката која има
околу 600 вработени, помагаат околу 120
хонорарни студенти, додека целиот биб­
лиотечниот систем на Универзитетот на
Торонто содржи околу 15 милиони
наслови на монографски публикации и
овозможува пристап до над 40.000
списанија, 17000 електронски списаниЈа


со полн-текст, 25.000 весници он-лине и
околу 8500 видео ленти, DVD, мулти-


8


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


медиски програми и други материЈали.
На влезот од библиотеката има
неколку сигурносни врати. Веднаш потоа
влегуваме во тн. Информативен центар
на шкотската банка кој е најпосетениот
дел на Робартс. Таа на својот широк прос­
тор има поставено голем број на најбрзи


. .


и наЈмодерни компЈутери, кои им овоз-
можуваат на корисниците пристап на
Интернет, пристап до библиотечниот
каталог и ласерските штампачи итн.


Покрај нив на секоЈ од првите
четири спрата се наоѓаат машини за внес
на пари на библиотечната картичка за да
можат со неа да се користат копирите кои
на првите четири спрата се воглавно
поставени по неколку во ходниците, доде­
ка на другите спратови се наоѓаат до
полиците со книги во магацинскиот прос­


тор. Магацинскиот простор е доволно
простран и посебно дизајниран и опре-


. .


мен, покраЈ со копири, и со компЈутери и
со работни маси за да може корисниците
не само да пристапат до книгите туку и да
работат во непосредна близина на
полиците каде што тие се наоѓаат.
На влезот се наоѓа и пултот
за позајмување на библиотечните
материјали. Постојат и две
машини за САМОПОЗАЈМУВАЊЕ, а
исто така и посебни отвори во кој
се враќаат библиотечните матери­
јали за секој спрат посебно.
Раководителката Лангфорд, која
љубезно ми покажуваше како
функционира задолжувањето и




Библиотеката-од идеја до реализација


Машини за самопозајмување


раздолжувањето на корисниците (додека
јас снимав со рачната камера), ми рече
дека не секогаш студентите дисциплини­
рано ги ставаат книгите во соодветните
отвори. Ми го покажа и надворешниот
отвор во кој материјалите се враќаат
кога библиотеката не работи.
Библиотеката работи секојдневно Од 8
часот претпладне до 1 часот по полноќ.
Позајмените книги на пултот веднаш се
демагнетизираат со триење на 'рбетот на
корицата од металниот дел на пултот при


издавањето, а исто така со триење на


истото место се магнетизираат при
враќањето. Книгите кои се враќаат низ
отворите се демагнетизираат на специЈал­
ни, за таа намена, машини. Потоа матер­
ИЈалите се ставаат на колички и се носат


на нивното место, со помош на неколкуте


модерни лифтови.


Зачленувањето во главната биб­
лиотека Робартс како и во сите специјал-


9


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


изирани библиотеки во библиотечниот
систем на Универзитетот во Торонто е
БЕСПЛАТНО. На корисниците, кои
претходно доставуваат студентски број и
се фотографираат на лице место, им се
даваат библиотечни кодирани картички
на кои јасно се гледа дека припаѓаат на
Универзитетот на Торонто. На биб­
лиотечните картички со големи букви е
назначен статусот на корисникот: СТУ­
ДЕНТ, ПОСТДИПЛОМЕЦ, ПРОФЕСОР, ИЛИ
ПЕРСОНАЛ.
Што се однесува до задоцнината се
наплаќа по 50 центи на ден за задоцнина,
по книга или друг библиотечен матери­
јал. За видо-касетите се наплаќа задоцни­
на од 2 долари на ден, а рок на позајму­
вањето е до 7 дена. Во споредба со
јавните библиотеки во Торонто, каде
исто така уписот е бесплатен, овде задоц­
нината е дупло поголема. Рокот за
враќање на позајмениот библиотечен
материјал во Робартс е различен и зависи
од статусот на корисникот. СТУДЕНТИТЕ,
можат да го позајмат библиотечниот
материјал во траење од 2 недели со едно
продолжување на рокот од уште 2
недели. ПОСТДИПЛОМЦИТЕ и ПЕРСОН­
АЛОТ можат да ги задржат материјалите
до 4 недели, со едно продолжување на
рокот од уште 4 недели. Наставниот
кадар е наЈпривилегиран и можат да ги


задржат материјалите до 6 недели, со
едно продолжување на рокот од уште 6
недели. Секој корисник може истовре­
мено да користи до 50 библиотечни
материјали. Тој може да се регистрира за
начинот на КОЈ сака да му пристигнува


ПОТСЕТУВАЊЕТО (е-маил, или телефон),
најмалку 2-3 дена пред истекот на рокот


. .


на позаЈмениот материЈал.
Постои едно правило до кое сите
корисници, без оглед на нивниот статус,
треба да се придржуваат. Без оглед на тоа
колкав период на користење на биб­
лиотечниот материЈал им следува на


корисниците според нивниот статус, мак




Библиотеката-од идеја до реализација


RODM


(416)


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 2003


лиотеки или пак
преку visa картичка
преку телефон. За
професорите дозв­
олени се и повеќе


·


сати во месецот на
бесплатен Интернет i
од дома. Преку


.


73 200
.


Ј . -­


Интернет, корис-
ниците можат да


влезат на "својот
account" и да ја видат


to
..


I /
21


состојбата, односно
рокот за враќање на
нивните материЈали.
Исто така, можат да
резервираат матери­


јали и да го
.


Покана за предвремено враќање
на позајмениот материјал
продолжат рокот на позаЈмените
материјали на кои треба да им
симумот на
ЗАГАРАНТИРАНО задржување на позај­
мениот библиотечен материЈал е 2
недели. Од секој корисник, во било кое
време после 2-те загарантирани недели
(но никако пред тоа), материјалот може
да биде побаран преку писмо, е-маил, или
телефон во случај ако некој го побара,
или ако им треба на наставниот кадар за
нивната работа, да се врати ПРЕДВРЕМЕ
( значи, пред истекот на 4-те или 6-те
недели, додека за продолжување на


истиот не станува ни збор).
Корисникот е должен да ги врати
материјалите во рок од 2 дена од повикот
за враќање. Во случај на ненавремено
враќање задоцнината е четири пати
поголема: 50х4=2 канадски долари.
Исто така, регистрираните корисници
може да користат Интернет од дома.
Добиваат унифициран user (јузер) на
Универзитетот на Торонто (на pr. djohn-
son@utoronto.ca при што е многу лесно
кога го знаеме името и презимето на про­
фесорите или персоналот, да се открие
нивната е-маил адреса. За користењето
на Интернетот од дома се плаќа по 4
канадски долари за 16 сати на Интернет.
Плаќањето може да биде во неколку биб-


10


истече рокот.


Посебно е карактеристичен тн.
краток период на позајмување (Short term
loan period) за професорите кои доставу­
ваат до Одделот за позајмување листа од
максимум 10 најбарани наслови. Одделот
во рок од неколку недели е должен да ги


набави насловите, или навремено да ги
извести професорите дека не ќе може да
ги набави одредени наслови.
Набавувањето на насловите може да биде
по пат на купување или позајмување од
другите библиотеки во библиотечниот
систем на Универзитетот. Откако
насловите се обезбедени, се резервираат
за професорот и за студентите кои го
посетуваат неговиот предмет, за целиот
период за кој тие се потребни.
Студентите истите можат да ги позајму­
ваат на еден ден или на помалку.


Меѓубиблиотечната размена на
бибиблиотечните материјали е слободна
затоа што со секојдневен транспорт тие
се распоредуваат по соодветните специ­
јализирани библиотеки по факултетите
на Универзитетот, без оглед од која биб­
лиотека во системот сме ги позаЈмиле.


Секако дека е најпрепорачливо матери­
јалите да се враќаат во библиотеките од




Библиотеката-од идеја до реализација


каде се позајмуваат, заради поефикасно
враќање на полиците во библиотеките од
каде биле позајмени. Исто така, потреб­
ниот библиотечен материјал можеме
сами да го резервираме, или да го рез­


ервираат за нас и по потреба да ни го
достават во онаа библиотека во која ќе
посакаме. (Во народните библиотеки на
Торонто овој начин на доставување на
резервираните книги е често употребуван
при што материЈалите им се доставуваат
на корисниците во библиотеките кои им
се најблиски до местото на живеење).
Се разбира дека во еден толку
голем библиотечен систем каков што е
библиотечниот систем на Универзитетот
на Торонто функционира и хелп-дескот
КОЈ им помага на корисниците при


воспоставувањето на Јузерите на
Интернет, при решавањето на проб­
лемите со линиите, како и за плаќањето
за користење на истиот и даваат други


потребни информации за работното
време на библиотеките.
Се надевам дека оваа слика за раб­
отата на Одделот за позајмување во
Главната библиотека Џон П. Робартс и
пошироко за целиот библиотечен систем,


. . .


КОЈ а имав можност да ја видам при МОЈ ата
посета во октомври 2003 година, ќе биде
од корист за развивање на нашата визиЈа


за автоматизација на Одделот за позајму­
вање коЈа се воспостави и веќе
функционира во последните неколку
месеци.


Summary


The University of Toronto Library System is the
largest accademic library in Canada and is
ranked in the top five among research libraries
in N orth America. The Circulation Department
at the Main Library John Р. Robarts of the
University ofToronto is the most frequently vis-
ited place in the library. The Scotiabank
Information Commons provides students, facul-
ty and staff with ассеѕѕ to computers, assistance
with e-mail and Intemet ассеѕѕ аѕ well with the
on-line library catalogue ассеѕѕ, and ассеѕѕ to


11


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


specialized digital conversion software and
hardware. The Help Desk staff assists students
in connecting to the University network and to
the Intemet.


The loan periods f or the boпowers diff er
according to their position: Undergraduates
have а loan period of 2 weeks plus 2 weeks
renewal period for the materials; Graduates and
Staff have а loan period of 4 weeks plus 4 weeks
renewal period; and f aculty have 6 weeks loan
period plus 6 weeks renewal period. For all of
the users the minimum guaranteed loan period
is 2 weeks. After this period materials can be
recalled if they are needed by another user or
needed f or а short time loan period. The recalled
material must be retumed in 2 days otherwise
the fine is 2 $ per day. Usually there is no mem-
bership fee, but only penalty fees for the over-
due materials.


The Resource Sharing unit at the
Robarts Library provides interlibrary loan and
document delivery services. The document
delivery services operates among the three
University campuses.


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И
АКТИВНОСТИ


ОД ОДДЕЛОТ ЗА ПОЗАЈМУВАЊЕ
НА ВОЗРАСНИ


БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ
ПРЕПОРАЧУВААТ


Приредила Гордана Марковска


1. МАРГ АРИТ - Владимир Костов
2. БАГАВАН ШРИ САТЈА САИ БАБА
- Николче Вељановски
3. ЗА ЉУБОВТА И ДРУГИТЕ
ДЕМОНИ - Маркес
4. ИЗЈАВУВА ПЕРЕИРА - Антонио
Табуки
5. УБИСТВО СО ОГЛЕДАЛА -Агата
Кристи
6. ТАЈНИТЕ НА БЕЛАТА КУЌА - Р.




Библиотеката низ оддели и активности


Кеслер
7. БОГОТ НА МАЛИТЕ НЕШТА -А. Рој
8. ЕДИНАЕСЕТ МИНУТИ - Пауло
Коелјо
9. ВОИНОТ НА СВЕТЛИНАТА- Пауло
Коелјо
10. КЛОН и ЈА - Даниела Стил


ОСВРТ КОН ДЕЛОТО "ИЗЈАВУВА
ПЕРЕИРА" ОД АНТОНИО ТАБУКИ


Приредил Николче Вељановски


Антонио Табуки е италијански
автор на десетина наслови, а неговото


дело "Изјавува Переира" го напишал во
1994 година. Добитник е на две национал­
ни награди. Преведен е на дваесеттина
јазици. Переира како главен протагонист
во романот бил во потрага по автор кој ќе
пишува за неговиот живот и неговата


мака. Од друга страна, авторот му излегу­
ва во пресрет како предодреден да
пишува за неговата животна историЈа со


...


• , 1,'- 1


11


која толку многу се идентификувал.
Авторот ќе рече: во тоа време тој се
уште не се викаше Переира, но веднаш


12


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


му најдов име. На португалски Переира
значи круша .. Јас за мојот Переира доз­
нав многу работи, .. во четириесеттите и
педесеттите години во Португалија
владеела диктатурата на Салазар. Веќе
во шеесеттите години доктор Переира е
во егзил во Париз и пишува за еден голем
париски весник. . . .За време на неговите
ноќни посети ми раскажуваше дека е
вдовец дека страда од срце и дека е
несреќен. Ја сака француската литерату­
ра, а посебно католичките писатели меѓу
двете светски војни како Моријак и
Бернанос.
Приказната за својот живот и тоа
како бил гонет од полицијата заради


. .


некоЈа негова жестока статиЈа против
салазарскиот режим, му ја раскажува на
отец Антонио. Преку разговорот со док­
тор Кардосо можеме да видиме што се
случува со Переира во времето кога тој
не е повеќе новинар. Тој е во конфликт со
самиот себе, во една борба помеѓу црни­
ната во неговото минато и сегашноста во
коЈа живее и го проектира минатото:
"Вие живеете како да сте во Коимбра
пред триесет години и се уште се однесу­
вате кон жена Ви како да е жива - разго­
варате во мислите со неЈ3иниот портрет
во Вашата соба. На што Переира без­
надежно одговара: А моите сеќавања,
она што сум го проживеал? - Јас сум тоа
што сум со моите сеќавања, со мојот
живот минат како хроничар во еден
голем весник, што би останало од мене?
Во овој психолошки роман, расп­
натиот Переира помеѓу минатото кога
неговиот живот имал смисол и вредност и


безнадежноста во сегашноста кога е заб­
оравен од луѓето, страда во страв да не
станал еретик затоа што повеќе не веру­
ва во воскреснувањето на телото.
Опседнат и од помислата на смртта тој се
исповеда на отец Антонио. Исповедите
на Переира соединети со фантазијата на
писателот му даваат смисол на ова дело
кое сметаме дека го заслужува внимани­


ето на читателите.




Библиотеката низ оддели и активности


ОСВРТ КОН КНИГАТА ПОВЕЛИ
"МАРГАРИТ" ОД
ВЛАДИМИР КОСТОВ


Приредил Илче Стојановски


Писателот Владимир Костов е
добро познат на читателската публика по
својот својствен стил и форма на
пишување така што и во ова дело е
задржана епската празна форма во која
се обработува еден настан, случка, или
авантура. Книгата содржи пет новели и
Ј м 11 тоа: "Нашиот писател овче ариовче ,
"Машки збор", "Мери", "Горчината на
крајот на чашата полна со блажина" и
"Маргарит". Истите се насликани во кра­
ток временски период при што пре­


овладуваат повеќе динамички отколку
статички мотиви.
Личностите во новелите се раз­
ликуваат според општествениот статус,
образование и карактерни особини, а
притоа писателот мајсторски ги облику­
ва. Тој им прави длабока психолошката
анализа на личностите и поетски опис на
природата и околината при што во иден­


тификацијата со просторот, читателот
може да се почувствува како учесник во
настанот со сите поединости што ОВОЈ


мајстор на пишаниот збор знае и те како
да ги пренеси. Опишани се карактер­
истични ликови и општествени збидну­
вања при што можеме да го следиме
нивниот подем и пад во склоп на


промените на општественото живеење во


различни периоди, услови и простор на


живеење.
Стилот е збиен и нагласен затоа и
сликите се заокружени на личностите и
настаните. Дејството се одвива брзо и


13


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


-


занимлива. Брзо настануваат неочеку­
вани моменти кои предизвикуваат
чудење, задоволство, а понекогаш и смеа.
Често во расплетот и завршетокот
се чувствува брза интервенција на
писателот. Лепезата на личностите е
посебно интересна. Тоа се интими и
душевни преживувања на луѓе во секојд­
невниот живот кои имаат различни


интереси, различен општествен статус и
професија, што даваат посебно возбуду­
вање и задоволство при читањето на оваа
книга како дел од творечкото богатство
на писателот Владимир Костов.
Ви препорачуваме и некои од
неговите дела:


- "Учителот", "Свадбата на Мара",
"Нов ум", "Црквичето 40 маченици во
Битола", "Грешниот Захарија", "Келешот",
"Битолскиот триод", ''Вујко", "Сениште во


" " град Битола , "Каде си тргнал сине ,
Мит " "Секула" (драма), "Солза за е и други.
Во подготовка се Избрани дела од
целокупното негово творештво.




Библиотеката низ оддели и актовности


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА
ИЗЛОЖБИ, ПРОМОЦИИ,
ПРЕДАВАЊА


Приредил Драги Кабровски


РЕОНСКАТА БИБЛИОТЕКА ВО
С. БУКОВО ПРОДОЛЖУВА СО
РАБОТА


На ден 02.10.2003 година
Библиотеката "Св. Климент Охридски"
во соработка со Месната заедница,
Основното училиште "Коле Канински"
во с. Буково и Реонската библиотека
организираа литературна средба. На
почетокот од средбата пригодни зборови
кажа директорката на Библиотеката г-ѓа
Јелена Петровска која рече дека после
кратката пауза заради реновирање на
просторијата Реонската библиотека
продолжува со работа. Гостин на литер­
атурната средба беше писателот
Светозар Тасевски долгогодишен
соработник и член и еден од основопо­
ложниците на Клубот на писатели
"Стале Попов" - Битола. На средбата се
претстави со краток избор од неговото
богато литературно творештво. Исто
така на средбата се претставија со свои
лични творби членовите на литературна­
та секциЈа при подрачното училиште под
раководство на раководителот Драган
Тасевски.
На средбата претседателот на
Месната заедница (МЗ), г-дин Миле
Мрсковски ги поздрави присутните и
истакна дека / со залагање на сите од село­
то се реновира просторијата и дека и
понатаму ќе се дава извесна помош во
рамките на можностите на МЗ. Во овој


14


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


момент овие книги ги поклонуваме со цел


да го збогатиме книжниот фонд на оваа
реонска библиотека/ Ѕидовите на прос-


. .


ториЈата ги украсиЈа цртежите на
членовите на ликовната секција од
училиштето. Средбата се одржа во реон­
ската библиотека со почеток во 12 часот.


По повод 11 Октомври - Денот на
востанието на македонскиот народ


Библиотеката организира тематска
изложба на книги под наслов
"Историја на Македонија 1941-1945". Беа
изложени 120 публикации кои тематски
беа поврзани со овој многу значаен
историски настан за Македонија.


Во месец Октомври беа поставени две
изложби на книги "ИН МЕМОРИАМ"
од творештвото на скоро починатите
писатели Димитар Солев и Анте
Поповски.




Библиотеката низ оддели и активности


Јавна трибина: НАСИЛСТВОТО И
МЛАДИТЕ
На 10.10. 2003 год., Младинскиот кул­
турен центар (МКЦ) во соработка со
МУБ "Св. Климент Охридски" Битола
организираше Јавна трибина на кој а
главен збор имаше претседателот на
Центарот за млади во Скопје, Роберто
Беличанец.


ПРВ ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР
"МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ"
По повод Месецот на книгата, по
препорака на Друштвото на биб­
лиотекарите на Македонија,
Библиотеката го организира првиот
Општински натпревар "Млади биб­
лиотекари" на 15.10.2003 година со
почеток во 12 часот.


На натпреварот зедоа учество
девет кандидати (ученици) до 14 годишна
возраст од основните училишта од


градот. Жири комисијата во состав:
Николче Вељановски - претседател,


15


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


Јоланда Бошевска - член и Драги
Кабровски - член за победник на натпре­
варот ја прогласи Биљана Стојановска од
ОУ "Стив Наумов" - Битола, VIII- г одде­
ление. На второ и трето место беа
Маријан Настевски од ОУ "Даме Груев",
VIII- б одделение и Анџела Стојаноска од
ОУ "Климент Охридски", VII-3.
Првопласираната Биљана
Стојановска зеде учество на


Врачување на прваша
наградата на
Биљана Стојановска


Републичкиот натпревар на "Млади биб­
лиотекари" кој се одржа на 24.10.2003
година во Охрид во Народната библиоте­
ка "Григор Прличев".


На 17.10.2003 година беше поставена
изложба на книги од Академик Матеја
Матевски по повод инаугурацијата за
почесен член на Македонското научно
друштво-Битола.


Библиотеката на ден 17.10.2003 година
прими организирана групна посета на


ученици од Основното училиште "Гоце
Делчев" при што на средбата меѓу биб­
лиотекарите и учениците се водеше раз­
говор за улогата и значењето на


Библиотеката како културна институција
од пошироко значење за градот Битола а
и пошироко за Македонија.




Библиотеката низ оддели и активности


Промоција на три книги:


На 23.10 промоторите Христо
Петрески, Ранко Младеновски и Васил
Тоциновски ги претставија трите книги:
"Видувања", "Демирхисарски и други
сказанија" и „Отаде и одавде времето" на
писателот Радован П. Цветковски, а во
издание на "Академски печат" - Скопје и
"Матица македонска" - Скопје.


Книжевна вечер со академик Луан
Старова


На 30.10 со почеток во 18 часот
професорот Луан Старова зборуваше на
тема: За книжевното дело на Луан
Старова преведено на француски јазик".
Предавањето го најави Жан Франсоа,
културен аташе во Француската алијанса
како еден од организаторите во соработ­
ка со МУБ.


16


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


03.11.2003 год.
Промоција на книгата "ПАТОТ ДО
НАШ ПАТ" од Мишко Божиноски.


Промотор беше проф. д-р Ѓорѓи
Малковски. Издавач е "ГОЦМАР"
Битола


05.12.2003 год.
"БЕСЕДА" од проф. д-р Вера
Стојчевска-Антиќ, по повод патрониот
празник на Библиотеката на тема:
"Св. Климент Охридски - темел и
патоказ на нашата култура".


Исто така присутните беа почестени и со
ИЗЛОЖБАТА на книги и фотографии
од животот и делото на патронот свети


Климент Охридски. Изложени беа посеб­
ни паноа со текстови од деЈноста на
Библиотеката во печатените медиуми.




Библиотеката низ оддели и активности


После предавањето во холот на
Библиотеката на проф. д-р Вера
Стојчевска-Антиќ и беше доделена
ПЛАКЕТА ЗА ИСТАКНАТ НАУЧЕН РАБОТ­
НИК и СОРАБОТНИК ОД претседателот на
Македонското научно друштво - Битола,
д-р Јован Котевски, по повод 40-години
од постоењето на


Друштвото.


18.12.2003 год.
"Новиот Еврејски музеј во Берлин и
архитектурата на Даниел Либескинд"


Спомените по повод 2000 години
од Германско-Еврејската историја, преку
27 слајдови во боја, беше презентирано на
англиски јазик од Лили Бутман-Конде од
Берлин. Предавањето беше истовремено
преведувано на македонски јазик.


17


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


ОДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА
"ПОЕТСКИ БРАНУВАЊА '2003"


На 03 декември со почеток во 12
часот, во просториите на Библиотеката,
по повод 8-ми Декември - патрониот
празник на Матичната и универзитетска
библиотека II Св. Климент Охридски 11
Битола, беше одржана по десетти пат,
литературна манифестација "Поетски
бранувања '2003". По десетти пат
основците ги разбрануваа нашите срца и
не исполнија со пријатност и верба во
искреноста и чистотата на детската поет-


ска душа.


На конкурсот се приjавиjа 56
ученици од основните училишта во


градот со вкупно 64 поетски творби.
Пристигнатите творби претходно ги раз­
гледа и оцени жири - комисијата во
состав: Илија Мерковски, Илче
Стојановски и Драги Кабровски. Беа




Библиотеката низ оддели и активности


доделени 3 (три) трети награди, една (1)
втора и една (1) прва награда. Првата
награда му припадна на Оливер
Анастасовски од ОУ "Св. Климент
Охридски" Битола. Наградените добија
комплети книги и бесплатно запишување
во Библиотеката.


ПРВА НАГРАДА


ПАТОКАЗ НИЗ СВЕТОТ


Уште од малечок помнам,
јас со книгата другарував често
и колку ми помогнала ќе ви спомнам
во чудесни мигови во чудесни нешта.


Со книгата научив дека вреди да се
борам,
и низ оган да минам за она што го сакам,
за никого ништо да не зборам
и на секое добро со поголемо да вракам.


Со книгата научив и кога тешко ми е
морам да продолжам со главата горе,
И дека секогаш ОД се ВО ЖИВОТОТ ПОСТОИ
излез


од грижи и проблеми бескрајно море.


Со книгата зачекорив по животниот пат,
и помагам секому и стар и млад,


зашто само така човекот е човек КОЈ


вреди,
тоа е патот кој треба секој да го следи.


А за на крај нема да ви кажувам приказна
тажна,
Туку една работа која мене лично ми е
многу важна
КНИГАТА е брод со кој низ животот се
броди,
Но и убав подарок со кој може ЉУБОВ
да се роди.


18


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


ДЕТСКИОТ ОДДЕЛ ПРИ МУБ


Приредила Стеванка Петковска


Од Одделот за деца ви предлагаме:


ЗДИВ НА ДУШАТА - Борис Апостолов
СУРОВАТА ШКОЛА НА ЖИВОТОТ -
Владимир Костов
водоскоци
Руменова
Ката Мисиркова-


ПРИЈАТЕЛСТВОТО НА КРУМЕ и
КОЦЕ - Добре Ангелов
ПАТОТ ЗА АГР А - Еме Семерфелт
СОЛЗА ЗА МИТЕ - Владимир Костов
ФЕЛИКС- Вера Николова
СВЕТИТЕ КРАЛЕВИ - Турние
ДЕН ПОТОА - Васил Тоциновски


"Суровата школа на животот" од
Владимир Костов е книга со раскази. На
прв поглед се чини дека е книга наменета
за деца од помлада возраст, но во себе
крие подлабоки вредности. Животот е
многу суров, крие многу опасности кои го
демнат човекот, посебно децата. И
самиот наслов укажува на тоа дека живо­


тот е сурова школа во која човек треба да
се снаоѓа како знае и умее. Најмногу од
тој суров живот се погодени децата. Во
книгата гледаме некои од тие невини
суштества како се искористувани од


страна на некои повозрасни луѓе. Мораат
сами да се борат за својот опстанок како
знаат и умеат. Тука е Мирче, одличен
ученик, КОЈ сака да остане вечно мал и да
наоѓа ќесиња со пари за да им ги враќа на
сопствениците, а тие за возврат, да го
наградуваат. Тука е и Стефко кој работи
по градините и полињата за да собере
пари и да му помогне на СВОЈОТ татко да




Библиотеката низ оддели и активности


го исплати долгот, наместо да оди на
училиште како многу други сиромашни


деца кои за да опстанат мораат да
буричкаат по отпадоците и ѓубриштата,


. . .


или пак со просЈачење да доЈдат до некоЈа
пара, борејќи се за својот опстанок.


Книгата "Водоскоци" од Ката
Мисиркова - Руменова е наменета за
учениците од шесто и седмо одделение.


Се зборува за една хумана задача што ја
. .


организираат две деца со своЈата секциЈа
"Подмладок на Црвениот крст и помош
на старите и изнемоштени лица". Секако
дека секој од најмладите има баби и
дедовци на кои и те како им е потребна
помош било да е на пешачки премин, во
автобус, или на пазар. За децата, тоа се
ситни нешта, но за постарите голема
помош со која би можело да се израдува
едно старо срце.


"Патот за Агра" од Еме
Семерфелт. Книгата говори за едно три­
наесетгодишно индиско момче по име
Лалу и неговата шестгодишна сестра
Маја. Овие две деца решиле да тргнат од
Алахабад и да одат до Агра, босоноги на
долг пат. Лалу има намера да ја однесе
својата слепа сестра на очен лекар. По
патот се среќаваат со разни тешкотии и
опасности. Се среќаваат и со секакви
луѓе, љубезни и лоши. Оваа книга им
овозможува на децата да дознаат и да се
запознаат со животот на луѓето во
Индија, нејзините обичаи и култура.


11.


'1111


19


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


"Здив на душата" од Борис
Апостолов. Авторот е роден во Скопје и
има објавено повеќе наслови - проза и
поезија за деца и возрасни. "Здив на
душата" е наменета за осмоодделенци и
средношколци. Во основа на книгата стои
поуката за младите дека во денешниот
современ живот постоЈат и демнат
безброј опасности за кои тие не се свесни.
Можеме да го видиме другарувањето,
несебичноста и детската голема хуманост
кое се гледа преку крводарувањето за
еден непознат другар. Една група деца ќе
се пријави во заводот за трансфузија за да
дадат крв и да спасат еден млад живот.
Авторот преку поуката има намера да ја
прикаже превентивата од опасностите во


кои може да се најде секое дете.
"Пријателството на Круме и
Коце" од Добре Ангелов зборува за
односот на децата кон нивните љубимци­
птици. Наменета е за читателите од
четврто и петто одделение. Книгата
зборува за пријателството меѓу Круме и
орелот Коце. Нивното пријателство ќе
стане толку големо што не ќе можат еден
без друг. Каде и да оди Круме таму оди и
Коце, стоејќи на неговото рамо. Заедно
спијат, јадат и играат. Авторот веродос­
ТОЈНО ги опишува овие игри но на момен­


ти тие преминуваат во фантазија.
Двајцата неразделни пријатели преди­
звикуваат интерес и симпатии кај
читателите.




Библиотеката во печатот БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


КУЛТУРА ... БИБЛИОТЕКАТА ВО ПЕЧАТОТ


20




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


РАЗГОВОР СО


ЛУАН СТАРОВА


Академик, професор д-р Луан
Старова- раскажувач, романсиер, поет,
есеист, литературен критичар и научник,
пишува на албански, македонски и фран­
цуски јазик. Роден е во 1941 година во
Поградец (Албанија). Филолошки
факултет завршил во Скопје.
Магистрирал и докторирал во Загреб од
областа на француската и компаративна­
та книжевност. Работи како универзитет­
ски професор, а од неодамна е академик
во МАНУ. Амбасадор на Р. Македонија
во Франција, Шпанија, Португалија и
Унеско. Член на ДПМ од 1970 година.
Добитник е на наградите: ,, 11 Октомври",
"13 Ноември" "Григор Прличев", "Стале
Попов". Носител е и на странски одлику­
вања.
Ilовеќе години се занимавате со
пишување. Колкав е вашиот опус и кои се
мотивите во вашите дела?


- Пишувам околу четириесет годи­
ни, меѓутоа последните десет години ги
сметам за најзначајни. Оттогаш ја објаву­
вам Балканската сага, паралелно на
македонски и албански јазик. Шесте
книги се веќе публикувани, а три се во


21


Интервју


тек на работа. Иницијалната книга од
оваа сага се вика "Татковите книги"
(1992). Во неа е содржан проектот на една
библиотека, на една балканска библиоте-


. .


ка, КОЈ а на некоЈ начин ги заменува инсти-
туциите кои постоеле, но немале конти­
нуитет на Балканот. Оваа книга ми
послужи како матрица за сагата и потра­
гата по книгите што ги имал Таткото.
Всушност, мотивот лежи во откривањето
на повеќе периоди и секој рафт во таа
библиотека е наслов на една книга и на
една метафора што ја нарекувам глобал­
на метафора. По оваа матрична книга
следеа "Времето на козите" (1993),
"Атеисгичкиот музеј" (1997), "Балканскиот
кључ" (раскази 1995), ''Пресадена земја" (1998),
"Патот на јаrулите" (2000). Предвидените
три книги се "Јаничари", "Балкан
Вавилон" и "Така ми велеше мајка ми".


Втората книга од Балканската
сага, Времето на козите, беше прогласе­
на за книга на годината од Друштвото на
писателите на Македонија. Кој е нејзин­
иот мотив?


- "Татковите книги" беа публику­
вани во 1992 година. По не а беше
Времето на козите. покрај наградата на
Друштвото на писателите на Македонија
доживеа меѓународен успех и е преведена
на 11 јазици: француски, германски, итал­
ИЈ ански, романски, грки, турски и на
хрватски во ХИТ - романи. Таа е една
голема жива историја за нас на Балканот.
Во моите книги настојувам да ги откри-




Интервју


вам, декодирам заедничките обележја на
луѓето, наспроти националните и вер­
ските. Тоа ми е една мисија меѓу моите
книги.


Во Вашите дела честопати ги
спомнувате поимите Татко, Мајка.


- Тоа е еден обид да се оживее едно
балканско семејство во текот на еден век.
Гледате колку сме лишени од обележјата
на една континуирана историЈа на овие
простори. Во Битола можеби може, но во
Скопје тешко да најдете некоја зграда
родослов од 200 до 300 години. Како да


. .


сме во некоЈа амнезиЈа во поглед на тоа
минато: балкански, светски војни и
пожари. Мислам дека преку литература­
та можам да го постигнам тоа.
Семејството е земено типизирано.
Можеби е моето семејство, но не целосно
моето семејство, бидејќи е семејство пре­
несено во литературата. Штом пренесу­
вате нешто во литературата не е ваше -
му припаѓа на универзумот, се разбира
ако претендира на една уметничка вред­
ност.


Дали има нешто религиско и рели­
гиозно при опишувањето на семејството?


- Има. Верувањето е во основата
. .


на секоЈа религиЈа.


Како се вклопи Вашата профе­
сорска работа со отсуството од
државата?


- Професор сум по француска
книжевност. Оваа година сум и во
МАНУ. Оваа сага доживува една интер­
национализациЈ а.


Кажете ни нешто повеќе и за
Вашата литература на француски јазик.


- На француски ми се преведени
шесте книги. Сагата сега комплетно се
објавува во Франција. Сега излезе четвр­
тата книга "Бреговите на егзилот", која
ги содржи книгите "Сага за егзилот" и
"Балканскиот клуч". Издадена ми е и
единствената збирка на поезија "Песни за


22


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


Картагина" и една книжевна студија.


Бевте амбасадор во Франција.
Како ги доживувате тие патувања? Дали
тие Ве инспирираат во пишувањето?


- Во еден период помеѓу 1985-1989
година бев амбасадор на Југославија во
Тунис во близина на Картагина позната
од Римската историја. Мислејќи дека во
ТОЈ период се оддалечувам од литература­
та се обидував да спасам нешто, па
пишував некои лирски фрагменти кои
подоцна прераснаа во збирката "Песни за
Картагина". Картагина е една метафора
за медитеранска болка. За мене таа беше
една моја лична Картагина - една моја
болка која ја смирував преку литература­
та.
Во Франција бев еден период од 6
години после студиите. Бев како прв
амбасадор на Македонија во Франција.
Имав доста тешкотии да го осмислам тоа
присуство. На план на пишување не
можам да се пофалам, но на план на аку­
мулирање се акумулираа доста работи.
Секогаш после таквите престои и пату­
вања акумулираното се деакумулира, да


се ослободи на некој начин и тие се моите
најплодни периоди меѓу двете амбасади
во Тунис и Париз и периодот што
следеше. Сега нема повеќе патувања.
Сега патувам во времето.


Кога ги прелистував Вашите дела
деновиве едно прашање ми падна на ум:


Дали хероите на Пруст постојано пијат
чај со Вас и дали се ослободивте од
картезијанските илузии?


- Тоа е убаво прашање. Тој е проб­
лем на времето. Бодлер вели: La temps
mange la vie - времето го јаде животот.
Бидејќи Пруст бил фрустриран во мла­
доста, опсесија му била да доживее некак­
во враќање на некогаш доживеаното во
сегашноста низ интензитетот на доживу­


вањето во минатото. Тоа кај него било
можно со потсетување на еден настан КОЈ


асоцирал баш на пиење на чај и тоа со
колач од Мадлен натопен во него, во кој




Интервју


што ги буди сликите од неговата мајка, од
неговото детство, во тој среќен период.
Можно е деакумулирање на потиснати
чувства, за кои Фројд развива теорија, но
исто така и Пруст, независно од него
доаѓа до тие сознанија. Тоа е чајот, но
Пруст не останува само на чајот, затоа
што во неговата книга "Откриено


" . време , ТОЈ вели дека писателот има
шанса тоа одминато време да го пресоз­
даде, да го напише. Тоа е таа романескна
уметност на Пруст, кој вели дека
времето се враќа низ уметноста,
односно кога ќе се доживее на
начин што ви се враќа чувството
дека тоа време можело да пос­


тои. Тоа е паралелен тек на две
времиња. Во мојот случај, јас не
пиев чај, но јадев ѓевреци,
бидејќи во Скопје, во моето дет­
ство, кога поминував по некои


сокаци имаше мирис на симид и


ѓевреци кој ми остана во
сеќавањето. Секогаш кога ќе го
осетам тој мирис ме враќа во дет­
ството. Тој е сетилниот преди­
звик за враќање во времето. Меѓутоа кај
мене има едно Прустовско влијание во
смисла да се трага по овој балкански
изминат период, бидејќи сите ние имаме
една голема празнина, особено со дол­
гиот Отомански период. Единствената
врска со него е народното пеење, народ­


ното творештво, усната литеартура.
Конески на пр. го враќа тоа време преку


23


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


"С " "Ц " "Б терна , рква , олен
Дојчин". Еден напор, не да пее
како што пее, туку да го врати
интегритетот на тоа време низ
уметничкото творештво.


Во врска со балканските
зидови и Вашето познавање на
повеќе јазици, велите "на кој
јазик да пишувам, да плачам, да
се смеам ... " Дали го најдовте
одговорот на ова прашање


поставено до Вашиот татко?
- Историјата ни подарила
многу зидови, било во јазикот,
односите и се друго. Авторот е среќен
кога ги урива тие зидови. Така на пр.
Еден словенечки писател смета дека за
југословенската трагедија вина имаат и
писателите и ќе рече дека ние сите сме
виновни затоа што не ги употребивме
вистинските зборови.


Дали сте имале некаква врска со
библиотекарството и библиотеките?


- Јас сум цел живот библиотекар.
Приватен библиотекар. Ги средувам
моите книги. Во Татковите книги смисла­
та е да се најде вистинскиот распоред на
книгите, распоредот на читањето. Во
библиотеките се кријат тајните на пос­
тоењето, тајните на космогонијата. Само
ТОЈ што ги чита книгите умее да ги
поврзува, да им ја најде врската. Тоа е




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


енигмата на таа потрага. Таа е мојата
врска со библиотекарството. Тоа е и како
една порака. Зад секое успешно дело стои
и една прочитана библиотека. Во таа
творба, пораката ќе живее. Книгата како
и иконата постојано ќе живее. Ќе има
човек за постојано да се идентификува
низ неа. Можеби ќе и се менува формата,
но нема да и се менува суштината. Уште
пред 3000 години законите на
К умарабите биле пишувани на глина, а
денес пишуваме на компЈутер.


Разговорот го водеа Јелена Петровска
и Николче Вељановски


ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК
НА БИБЛИОТЕКАТА


БЕСЕДА: "СВЕТИ КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ - ТЕМЕЛ И ПАТОКАЗ
НА НАШАТА КУЛТУРА"


Вера Стојчевска -Антиќ


За неизбежната врвица и традици­
ја што ја посеал Свети Климент
Охридски во Македонија и пошироко во
целиот свет ни зборуваат вредни изворни
податоци што славистите низ вековите ги
собирале и денес ги имаме собрани во
онаа состојба во колку тие реално посто­
јат. Оваа година во градот Коломбос, во


24


месец мај, во државата Охајо во САД, по
желба на американските слависти од
цела Северна Америка беше одржана
посебна сесија, во чест на свети Климент
Охридски. Тогаш беше и промовирана
оваа книга, "По стапките на свети
Климент Охридски" во издание на
"Култура" од Скопје.


Целта на оваа моја најнова книга
посветена на свети Климент Охридски е
да се проследат стапките на нашиот
наЈвреден втемелувач на нашата пис­


меност, образование, култура и црква од
IX век, па се до денес. Затоа не случајно
говорам дека родоначалникот на маке­
донската просвета, на македонската пис­


меност, на македонската црква ја даде
нашиот свети Климент Охридски, ученик
на не помалку вредните учители светите


Кирил и Методиј. Како најнов податок од
славистиката, од наЈновата наука можам
со гордост да ви посочам дека се нижат


славистите кои дефинитивно заземаат
став дека од шесте хипотези за потеклото


на Кирил и Методиј преовладува маке­
донската. Овде немаме време да ви ги
образложам сите факти што одат во
прилог на тоа дека потеклото, особено
мајчиниот јазик на свети Кирил
Филозоф морал да биде македонскиот,




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


бидејќи јужно-западниот македонски
дијалект кој што браќата го вткаиле во
литературниот старословенски јазик
оценет до финеси како одличен и
беспрекорен и од денешните најсовре­
мени слависти - лингвисти, можел да го


даде само дете кое го знаело ТОЈ јазик од
мајката. Зошто? Затоа што колку и да
бил грчкиот јазик познат за браќата
свети Кирил и Методиј, особено Кирил
кој бил најдобриот ученик во
Магнаурската цариградска школа, тој
сепак бил званичен јазик во Византија.
Талентираните Кирил и Методиј го
научиле и имале одлични оценки по


грчки јазик. Го научиле и говорно и пис­
мено во поширока форма. Меѓутоа, од
каде до нијанси би можеле браќата да ја
создадат глаголската азбука, беспрекор­
на слика на фонетскиот говор што денес
не е спорно иако во XIX век се оспору­
вала македонската теориЈа наспроти
панонската во коЈа главните постулати ги
давале слависти кои сметале дека моравс­
ки диЈалекти се вткаени во старословен­
скиот јазик. Денес веќе воопшто во
науката не е спорно, па дури и наЈ­


големите неприЈатели на македонската
теорија пред силата на фактите се прин­
удени да го признаат. А како би го знаеле
браќата, тој словенски јазик во финеси,
ако не го научиле од мајката, бидејќи тој
не бил ни званичен ни говорен јазик во
Солун. Па дури и теоријата дека мајката
била словенка, или македонска словенка,
а таткото грк би можело донекаде да се
дозволи, или јас после 35 годишни научни
истражувања апсолутно се приклучувам


кон сите создавачи на македонската
теорија. И тоа навистина со најголема
убедливост ќе победи како што после
толку години таа ја надвлада моравската
и панонската теориЈа истакнувана од


Миклушиќ и Ј ернеј Копитар.
Како ученик од вакви учители
Климент не заостанал подалеку од нив. А
каков е неговиот почит што им ја оддавал


на учителите го покажува неговото
книжевно дело "Похвалата посветена на


25


неговиот учител Кирил Филозоф во кое
ТОЈ многу спонтано, поетски, а и природ­


но возбуден и восхитен од својот учител
му ја посветува оваа антологиска похвала
која ќе ја најдеме во сите основни и гим­
назиски и научни помагала како најдобар
состав на свети Климент Охридски. Така
восхитен од делото на браќата Кирил и
Методиј, тој го истакнува следново: "Еве
ми светна, христољупци, светозрачниот


спомен на нашиот преблажен отец Кирил
- нов апостол и учител на сите земји кој
што огреа како сонце на вистинска вера и
убавина - како сонце на присушното
божество осветлувајќи го сиот свет.
Божјата премудрост си созида храм во
неговото срце и на неговиот јазик како на
херувимски почиваше секогаш светиот
дух, разделувајќи дарови според верата
како што кажуваше и апостолот Павле
дека секому од нас му се дава благодет
како што дарувал Христос. Кој што ќе
каже дека ме љуби како Господ и јас ќе го
заљубам, ќе му се покажам самиот и во
него ќе си направам манастир и тој ќе ми
биде син, а јас ќе му бидам татко." Таква
татковина, барајќи овој преблажен
учител и отец наш ја остави сета убавина
на овој живот, домот и богатството,
татко и мајка, браќа и сестри. Од млади
години беше чист како ангел. Се оттргну­
ваше и избегнуваше од житејски сла­
дости. Секогаш беше со псалми и пеење и
со духовни поуки. Врвеше само по еден
пат што води кон небото. Затоа низ него­
вата уста се изли божјата благодет како
што кажал премудриот Соломон, "Во
устата на премудриот влегува вдахнове­


ние кое носи закон и милост на Јазикот -
со него ги врзува злословните усти на


еретиците".
Свети Климент Охридски бележи
една врвица на успеси коЈа започнува
уште како ученик На светите браќа
Кирил и Методиј.
Кога тие биле поканети од
Моравската мисија да дојдат во Рим на
покана од римскиот папа Адријан II.
Бидејќи браќата ги пронашле според




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


христијанската религија како заслужни
христијани. Кога тргнале во мисија кај
Хазарите тие ги понесле со себе одамна
бараните мошти на римскиот папа
Климент и им ги поклониле за да се
вратат во Рим, во местото каде што
живеел и твор ел како папа Климент.
Адријан II, восхитен од оваа постапка
наредил во повеќе римски цркви да се
посветат словенските книги. Прв успех во
Рим, во престолнината на Папата да
бидат посветени и признати словенските
книги. Тогаш тројцата, со свети Климент
Охридски, добиле повисоки црковни
звања.
Во 885 година, по смртта на
Методиј, Климент и Наум Охридски со
група ученици, сурово протерани од


Моравија, ја преминале реката Дунав и се
нашле во центарот на тогашната сред­


новековна бугарска држава на чело со
Кнез Борис. Борис одвај ги дочекал
учените словенски просветители.


Наредил да бидат сместени во најубавите
и најбогатите куќи во бугарската
престолнина и се надевал дека во


26


Охридската (Западна) книжевна школа и
Преславската (Источна) книжевна
школа, ќе останат овие ученици.
Меѓутоа, се случува нешто вообичаено
кое и ден денес во науката предизвикува


полемики. Денес, едно е сигурно дека
Климент Охридски многу брзо заминал
од престолнината и се упатил во Девол,
Главеница и Охрид, во Западна
Македонија, која веќе била освоена и
била припоена како периферија во
границите на средновековната бугарска
држава.
Во Охрид, Климент како прв маке­
донски учител ја основа на цврсти темели
Охридската книжевна школа која не
случајно кај многу слависти се смета за
прв словенски Универзитет на Балканот.
Илјади ученици минале низ тоа школо а


' мудриот Климент Охридски, огледувајќи
се на делата на светите Кирил и Методиј
мислел на кадарот што ќе го остави зад
себе. Токму тие ученици, околу 300 на
број ги распределувал во разни краишта
на Западна Македонија. Охридската
школа многумина ја замислуваат како
некаков црковен центар. Сепак тоа не е
така, затоа што Битолско и Преспанско
биле опсипани со ученици. "Битолскиот
триод" е значаен книжевен споменик
произлезен токму од овој крај. Дури и јас
се потсетувам со каков понос и со какви


зборови настапи пред битолскиот аудито­
риум, познатиот светски славист
Франтишек Мареш по повод 1100 -
годишнината од јубилејот на свети
Методиј, на предавањето во Домот на
културата во Битола во 1985 година, во
преполнетата сала. Тој е и шеф на слав­
истиката во Виена.
За големината на свети Климент
би сакала да кажам еден пример: Во XI
век цариградскиот патријарх одлучи на
престолот на Охридската архиепископија
да го назначи познатиот писател и автор


во Византија, Теофилакт. Тој бил многу
популарен и пред да биде назначен бил
прогласен за магистер на реторите. Ако
знаеме колку познати ретори имала




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


Византија во IX, Х и XI век тогаш
можеме да знаеме за величината на


Теофилакт. Тој многу се разочарал ако
навистина Патријархот му ја наметне со
сила таквата должност. За него тоа била
ниска награда да биде меѓу едни варвари.
Тој и покрај тоа што не ги почитува
словенските автори, само после неколку
години го напишува своето најубаво дело
Опширното житие на свети Климент
Охридски во кое изнесува големи
похвали и вознес за Климент Охридски.
Во Византија биле изненадени од пресвр­
тот кај Теофилакт. Тоа јасно говори дека
учениот и мудар Теофилакт се соочил, не
со варвари, туку со луѓе кои нему почнале
да му служат како пример. Има многу да
се зборува за свети Климент Охридски,
денови, недели, месеци за неговото
ракописна наследство, за неговите обиди
да ја наполни Македонија со цркви и ман­
астири, да создаде една традициЈа за прав­
илен развој на Македонската православ­
на црква. На крајот само би споменала за
едно кратко народно предание кое и ден
денес живее во Охрид, дека и денес, во
ноќните часови, низ калдрмите охридски,
свети Климент Охридски шета со фенер в
рака и го чува мирниот сон на


Ви благодарам


Би ја издвоил песната "Охрид" на
Рајко Жинзифов од книгата на профе­
сорката Вера Стојчевска - Антиќ, "Свети
Клименту" издадена во 1993 година, во
коЈа нашите наЈпознати македонски
поети го слават ОВОЈ македонски
просветител и патрон на нашата


Библиотека.


Приредил Николче Вељановски


27


ОХРИД


Ја в полношт, мрачна, беззвездна,
Боже на високо место,
с с с олзи во очи, е душа жедна
За Охрид ја мислех често.
За Охрид, столица духовна,
За тепла вера тогашна,
Как с'народна дума свободна,
Как с'душа чиста, безгрешна,
Климент славјанска молитва,
Божја предаваше слово,
Во Охрид, во старата црква
Сос облекло кирилово.
Как на свој јазик народен
Проповедал кротко мило,
Дух на љубов, дух свободен,
Он кадејќи сос кадило.
Он в црква е љубов, е смирење
Он свое словесно стадо
Сос Кирилово учење
Напојавал старо, младо.
И как народ грмогласно
В стара црква охридска
Произносеше согласно
Он молитва си славјанска.
И сега, о боже, често
Сос очи влажни, с'лзливи,
От това високо место
Праштам ти тепли молитви
Пастир прати им духовен
Да пасит славјанско стадо,
С дух народен, дух свободен
Да утешит старо, младо.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


ТОМАС ТР АНТРОМЕР - ЛАУРЕ- Томас Транстромер е роден во Стокхолм
АТОТ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА во 1931 г. Неговата прва збирка наслове-
ПОЕЗИЈАТА ЗА 2003 ГОДИНА на Seventeen Poems (Седумнаесет песни)
излезе1954 и веднаш го привлече вни-
Волшебните мигови беа
привилегија на малкуте намерни
или сосема случаЈни минувачи во таа


врела охридска ноќ под лаковите на
мистичната Св. Софија. Тука каде
што се соединуваат мислите,


религиите, каде што звукот замира
во ѕидовите и извира од очите на


немите икони се исправа Тој - лауре­
атот на Струшките вечери на поези­
Јата, шведскиот поет Томас
Трантромер. Стиховите како река
течат и се влеваат во срцата на


посетителите и еве тука за вас
почитувани читатели дел од уни­
верзумот на големиот поет.


ЛАМЕНТ


Тој го остави перото настрана.
Тој се одмара спокојно на масата.
Се одмара спокојно во празниот
простор.


Тој го остави перото настрана.


Што е многу, многу е - ниту може да
напише, ниту да премолчи!
Тој е неподвижен, фатен од нешто
што се случува многу далеку
Иако прекрасната патна торба му
чука како срце.


Надвор е рано лето.
Од зеленилото се слуша свиреж -
луѓе или птици?
А црешите во цут ги галат камион­
ите што дошле дома.


Минуваат недели.
Ноќта се издолжува.
Молците се собираат на прозорецот:
Малечки бледи телеграми од светот.


Културен живот (2-3) 2003


i
1


'


'


1


i


ш
0 0
е


::г
'


3;


111


.


z z
-z z
ш
>
ш


z :
ш liQ!
0


0


1


манието на тогашните критичари


и читателската публика.
Понатаму излегуваат Secrets on the
Way (Тајните на патот) и The Half-
Finished Heaven (Полузавршениот
рај), потврдувајќи го успехот на
првите изданиЈ а и
Трантромер станува
со тоа


еден од
наЈважните шведски современи
поети.
Во времето кога беше
најпродуктивен, 1990 год доживеа
мозочен удар. Ја загуби способ­
носта за говор и стана
неподвижен. Полека, со голема
внатрешна желба и огромен
физички напор, иако сосема пар­
ализиран од десната страна, го


повратил говорот и почнал да се
движи. Излезот за својата тешка
положба го наоѓа во љубовта кон
музиката. Имено уште од детство­
то, Трантромер свирел на пијано и
тоа му помагало да го преброди


. .


наЈтешкиот период во СВОЈОТ
живот. Со натчовечки напор, само
со лева рака, бега во светот на
музиката.


Шведските композитори
воодушевени од неговата хариз­
матичност пишуваат композиции


за него, длабоко сочувствајќи со
својот пријател - уметник. После
шестгодишна пауза 1996 излегува
збирката поезија The Sad Gondola
(Тажната гондола), означувајќи го
неговото враќање на поетската
сцена.
Трантромеровата поезија е
специфичен пример за современа
поезиЈа и многу е тешко да се
класифицира во било кој современ
тренд. Поетот несоменено спаѓа во редот
на големите поети како што се William
Butler Yeats, Rainer Maria Rilke, Juan Ramon


28




Од животот на библиотекарите


Jimenez. Неговата поезија зборува за
обични нешта, реални појави со длабока
концептуалност, емоционалност и
посебен однос помеѓу јазикот и објектот -
слики на природата, прикази покраЈ


патот, попатни детали, патувајќи со кола
или воз. Неговата работа поетот ја
споредува со човек КОЈ во ракавици го
допира универзумот.
Придружувајќи го Трантромер на
неговото поетско патување низ вселена­
та, сведоци сме на обид за помиру­
вање на природата и цивилизациЈа­
та што авторот го прави на мошне
детален и суптилен начин низ


речиси микроскопски леќи. Поетот
константно се прашува: "дали ние
со помош на нашите сетила и свес­
та доаѓаме во контакт со есенцијал­
ното во светот" и како излез ја
посочува уметноста како водечки


фактор кој ни помага да излеземе
од темнината, како што стапот ни
помага да ги искачиме темните
скалила, пратејќи не со чувство
дека оставаме нешто зад нас, додека све­


тот пред нас неизмерливо се шири. Така
уметноста станува медијатор помеѓу вна­
трешниот космос и надворешниот хаос и
дава хумана димензиЈа на нешто што не е
створено спрема нашите желби и стан­
дарди. Магичниот стаклен кафез на изо­
лациЈ ата во вселената само за еден миг
ни се чини како да има излез. Во темни­
ната на бескрајната ладна пустина
трепери светло на прозорецот од


далечната, осамена куќа каде што
светли дел од огнот и каде што не


чека пријателот. Тоа е момент кога
ги распознаваме нашите стравови,
сомнежи и надежи во гласот на пое­


тот кој доаѓа од некаде, од некоја
далечна земја. Моментот кој го
препознаваат другите е единствен


спас против самотиЈата.
И тогаш и сега, пишувајќи за
Томас Трантромер, ја слушам
музиката. Музика од душа, соната
за лева рака, спонтан подарок на


29


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


поетот КОЈ самиот не можеше да ги каже
своите стихови, и кој ни се заблагодари на
наЈсуптилниот од сите начини, на нас
вечните патници на Универзумот, со
неговата музичка тишина ...


Јелена П етровска


ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ
ПРАЗНИК НА БИБЛИОТЕКАТА


По повод 8-ми Декември, патрон­
иот празник на МУБ "Св. Климент
Охридски", на 6-ти декември, за
вработените беше организиран свечен
ручек во ресторанот "Белведере". Оваа
свеченост се организира традиционално и


на неа редовно се канат и пензиониран­
ите работници на Библиотеката.




Од животот на библиотекарите


ДЕДО МРАЗ ВО БИБЛИОТЕКАТА


На 29 декември со почеток
во 11 часот, Основната организаци­
ја на синдикатот при МУБ орга­
низира свечено предавање на ново­


годишните пакетчиња на децата на
вработените. Присуството на Дедо
Мраз беше посебна радост за најм­
ладите.


30


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


БИБЛИОТЕКАТА-НАШИОТ ВТОР
дом


Библиотеката како една од инсти­
туциите во културата отсекогаш
располагала со скромни финансис­
ки средства и често ги ангажирала
своите вработени да дадат по некој
свој личен придонес, се разбира
според можностите, во смисол на


. .


реализациЈа на план или идеЈа преку
технички нацрт и изведување, или
на било кој друг вид на самоиници­
јативно помагање. Во вакви случаи,
оплеменувањето и обновувањето на
библиотеката со опрема за нејзино
непречено функционирање и
вклучување во современите трен­
дови на библиотечно работење,
зависело од средствата на сопстве­


ната сметка и во голема мера од


несебичната помош на вработените.


Овојпат ви ги претставуваме
нашите вработени кои во текот на
2002 година работеа на целосното
опремување на читалната на
Роднокрајниот оддел со полици,
шкафови и маси, а во 2003 година ги
изработија 18 - те изложбени витри-


ни-паноа сместени во холот при влезот на
Библиотеката, како и количка за разне-




Од животот на библиотекарите


сување на книги во магацинот. Нацртот,
техничкото решение и надзорот беше на
благајникот Трајан Чагорски, а целосна­
та изработка на ложачот-хаусмаЈстор
Владо Пачовски.


И двајцата ќе речат: "најважна и
најголема сатисфакција за нас е тоа дека
нашата идеја, која произлезе од потреба­
та на Библиотеката, самите ја
претворивме во дело".
Се разбира никој од вработените,
па ни дваЈцата гореспоменати колеги, за
оваа своја несебична помош не помислу­
ваат на било каква друга награда освен
чувството на една лична сатисфакција,
дека СВОЈОТ талент, креативност и
афинитет го вложиле за развојот и
доброто на нашиот втор дом, како што
често сите ние го нарекуваме, битолскиот
храм на книгата.


Приредил Николче Вељановски


31


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


ФИНАНСИСКА РЕАЛИЗАЦИЈА
НА ПРОГРАМСКИТЕ АКТИВНОСТИ
НА МУБ ЗА 2003 ГОДИНА


Цара Огненовска
сметководител


Во 2003 година и покрај намале­
ниот буџет, Министерството за култура
одобри дополнителни средства, по
решение за сервисирање на опрема во


износ од 90 ООО денари кои се во целост
реализирани како и средства во износ од
32000 кои се реализирани за покривање
на трошоците за третото тромесечЈе за
правото на користење на програмата


COBISS од страна на IZUM - Марибор.
Од сопствената сметка збогатен е
книжниот фонд во висина од 107.139,00
денари за монографски и 12. 784,50 за
периодични публикации. Набавени се
метални сталажи за книги, правос­


мукалка, изработени се паноа и витрини
за изложби во износ од 65.881,00 денари.
Посебно е значајно обновувањето
на Одделот за позајмување и услуга за
возрасни со посовремен изглед и


функционалност во износ од 88.500,00
денари и набавен е компјутер во износ од
48.108,00 денари.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


у 11 11
r.


според


1
1


1
·1.
.


.


.·5.ro1


/
1


' l i ШIТ


.


i::; ј


6. ЗЅЈ 1


' :рехд ' rf}


100.04


32




ЗАНИМЛИВОСТИ ОД СВЕТОТ НА КНИГАТА


Издавачката куќа "Библиоглобус" на Меѓународниот саем на книгата во 2003 година во Франкфурт го
издаде своето дело, тн. Микро-книга. Нејзините издавачи тврдат дека тоа е најмалата книга на светот во
која се наоѓаат илустрации и поезија на рускиот писател Пушкин.


Бидете внимателни кога читате книга за здравјето. Можете да умрете поради печатна
грешка.
Марк Твен


Има книги од кои дознаваме а на крајот сепак не сфаќаме ништо.
Јохан Волфганг Гете


Книгите се бродови кои минуваат низ огромното море на времето.
Френсис Бекон


Книгата е повредна од сите споменици и од сите гробници украсени со насликани стол­
бови, зашто таа самата гради споменици во срцето на оној што ја чита.
Египетски натпис


Човек може да биде среќен со било која жена се додека не ја сака
Оскар Вајлд


Секогаш простувај им на непријателите, тоа најповеќе ги разбеснува.
Оскар Вајлд


Читањето на многу разновидни книги носи задоволство, но е знак на расипан стомак,
наЈкорисно е кога читањето е насочено.
Сенека


Тешкотиите го зајакнуваат умот како што работата го зајакнува телото
Сенека


Јас никогаш нема да се срамам да цитирам лош автор ако цитатот е добар.
Сенека


Сеењето страв врз другите е проекција на сопствениот страв. Досега не постоел човек
КОЈ ги тероризирал другите, а да имал мир во душата.
Сенека


Секој човек е виновен за сите добра што можел да ги направи, а не ги направил
Волтер


Ако Бог не постоеше ќе требаше да го измислиме.
Волтер


Постои само едно добро, себеспознанието и само едно лошо, незнаењето.
Сократ


Приредил Николче Вељановски


33




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 4, 2003


34