Библиотечен тренд бр.27/28

1
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


SODR@INA


BIBLIOTEKATA - OD IDEJA DO REALIZACIJA
NADGRADBA NA NOVIOT DEL NA BIBLIOTEKATA
- Priredila Len~e Andonovska....................................................................................2
ZA[TITA NA DVI@NOTO KULTURNO NASLEDSTVO
- Priredila Len~e Andonovska....................................................................................2
KONFERENCIJA COBISS 2009
- Gordana Pe{evska.........................................................................................................3


OD ME\\UNARODNATA SORABOTKA
DESET MAGISTRI PO BIBLIOTEKARSTVO
- Priredil d-r Nikol~e Veqanovski.........................................................................4
„BIBLIOTEKA NA SEDUM KONTINENTI”
VO DOLNO[LONSKATA JAVNA BIBLIOTEKA VO
VROCLAV, POLSKA
- Priredila Marija Ma~kovska Malgo`ata.............................................................5
INTERVJU SO ROZITA PETRINSKA
- Razgovorot go vode{e d-r Nikol~e Veqanovski...................................................6


BIBLIOTEKATA NIZ ODDELI I AKTIVNOSTI
ZA NATPREVAROT MLADI BIBLIOTEKARI 2009
- Priredila Jolanda Bo{evska..................................................................................10
POPULARIZACIJA NA KNIGATA
IZLO@BI, PROMOCII, PREDAVAWA
- Priredil Dragi Kabrovski .....................................................................................11
ODDEL ZAJMUVAWE I USLUGA ZA VOZRASNI
BIBLIOTEKARITE VI PREPORA^UVAAT
- Marijan Kotevski.......................................................................................................15
DETSKA BIBLIOTEKA
BIBLIOTEKARITE VI PREPORA^UVAAT
- Stevanka Petkovska...................................................................................................15
NOVA STIHOZBIRKA NA PANDE MANOJLOV,
„BITOLA, QUBOV MOJA“
- Recenzija na Ivan ^apovski.....................................................................................16
- Recenzija na prof. d-r Vera Stoj~evska Anti}...................................................17


SEDUMTE SVETSKI ^UDA
SPASITELOT „ISUS HRISTOS”
RIO DE @ANEIRO, BRAZIL
- Priredila Lidija Mir~evska..................................................................................19


DA VI GI PRETSTAVIME
VI GO PRETSTAVUVAME PETKO [IPINKAROVSKI
- Priredil d-r Nikol~e Veqanovski.......................................................................20
NOVA KNIGA „BIBLIOTEKITE VO BITOLA”
- Recenzija na Mile Bo{eski.....................................................................................21
OD OBRA]AWETO NA ANETA STEFANOVSKA
- Recenzija na d-r Mihajlo Georgievski...................................................................23
OSVRT KON DELOTO „VE[TICA”
OD VENKO ANDONOVSKI
- d-r Nikol~e Veqanovski...........................................................................................24
ОД НЕКОГАШНИОТ ДОМ (Извадок од романот “Соседовата кокошка”)
Никола Кочовски........................................................................................................................27
РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ВО НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ЗА 2009 ГОДИНА
Приредилe Ленче Андоновска и д –р Николче Вељановски............................................29
УШТЕ 5 НОВИ ИЗДАНИЈА НА БИБЛИОТЕКАТА........................................................30
БИБЛИОТЕЧНИ ИЗДАНИЈА 2007-2008...........................................................................32


KULTURA... BIBLIOTEKATA VO PE^ATOT


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД
СПИСАНИЕ НА


НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ“


БИТОЛА


Издавач
Национална установа


Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“


Битола
ул. „Ленинова“ бр.39


За издавачот
Науме Ѓоргиевски, директор


Издавачки совет
д-р Николче Вељановски,


претседател
Јоланда Бошевска,
виш библиотекар


Гордана Марковска


Главен и одговорен
уредник


д-р Николче Вељановски


Редакција
д-р Николче Вељановски


Јоланда Бошевска
Илче Стојановски


Фотографии
Драги Кабровски


Компјутерска обработка
и печат


Академски печат - Скопје


Тираж
300 примероци


ISSN 1409 - 9497


Тел: 047/220-208;
Тел/факс: 047/220-515;
Тел на Изд.: 232-999


www.nuubbt.uklo.edu.mk
e-mail: nuubbt@uklo.edu.mk




2
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


Приредила Ленче Андоновска,
Виш библиотекар


Во Националната установа - Универ зи-
тетска библиотека „Св.Климент Охридски” -
Битола, во 2009 година се реализира одобрениот
проект од Министерството за култура на Р.
Македонија „Изградба на поткровје на рав-
ните тераси на новиот дел од зградата на Биб-
лиотеката”. Со тоа се санира состојбата oдносно
се пристапи со покривање на рамните тераси со
ман сарден кров со што практично се формира и
дополнителен простор кој е неопходен за опти-
малното функционирање на Библиотеката и
потребите на корисниците. Се овозможи сите не-
проодни тераси од објектот да се искористат за
изведба на поткровни простории, со што од една
страна се добија потребни простории, а од друга
страна се реши проблемот на рамните кровови,
односно поради изразените температурни разлики
во битолскиот регион, рамните кровови многу
брзо се амортизираат и се подложени на течење
и создавање на градежни штети на подолните
спратови. Со изградбата на поткровјето на
рамните тераси на новиот дел од Библиотеката,
добиваме пред се заштита на постојниот дел и нов
наменски простор во поткровните простории од
околу 500м2 кои ќе бидат наменски искористени.
Во целост поткровјата фасадно се поврза-
ни со постојниот објект во една естетска цели на.
За следнатата 2010 година ни останува ново из-


градените поткровја на рамните тераси ентериер-
но да се дообработаат со финални ѕидови, тава-
ни, подови, сите видови на инсталации, како и
ентериерна опрема, за да можат истите во нај ско-
ро време да се стават во работна функција која ќе
може да одговори на новите стандарди и нор ма-
тиви кои важат за јавните објекти.




ЗАШТИТА НА ДВИЖНОТО
КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО


Ленче Андоновска
Раководител на проектот

Националната установа - Универзитетска
библиотека „Св.Климент Охридски” - Битола,
покрај редовната библиотечна дејност води
особена грижа за прибирање, обработка и заштита
на раритетни книги. Со оглед на фактот што оваа
го дина Министерството за култура на Република
Македонија ни го одобри проектот „Заштита на
стари и ретки книги”, нас како на Библиотека ни
беше предизвик одобрениот проект да го реали-
зираме со задоволство.
За да го збогатиме ваквиот фонд,
испративме соопштение преку медиумите и ги
поканивме сите граѓани кои поседуваат ретки
и стари книги ако сакаат да ги отстапат на
Библиотеката со соодветен паричен надоместок.
Одзивот беше добар и со тоа се оформи, засега,
мал но драгоцен фонд на стари и ретки книги.
Како раководител на проектот заедно
со стручниот соработник Гордана Пешевска
се потрудивме старите и ретки книги кои ги
поседуваме, да ги скенираме, компјутерски
обработиме и внесеме во Каталог на стари и


НАДГРАДБА НА НОВИОТ ДЕЛ ОД БИБЛИОТЕКАТА


БИБЛИОТЕКАТА - ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА




3
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


ретки книги. Застапени се вкупно 50 наслови на
монографски публикации издадени во период од
1893 до 1946 година. Каталогот е испечатен во боја,
во кој покрај фотокопијата (изгледот на книгата),
дадени се и основните библиотечни показатели
како насловот на книгата, авторот, местото и
годината на издавањето. Податоците се дадени во
оригинал.
Вака конципиран Каталогот на стари и
ретки книги, дава добра можност за презентација
на движното културното наследство.


КОНФЕРЕНЦИЈА COBISS 2009

Приредила Гордана Пешевска,
Виш библиотекар


И оваа година традиционално се
одржа дводневната конференција COBISS
2009, седумнаесетта по ред, насловена како
Министер ска конференција за информациската


инфраструктура на науката, образованието и
културата. На конференцијата присуствуваа околу
400 учесници од повеќе земји (Р. Македонија,
Р. Србија, Р. Албанија, Р. Бугарија, Р. Косово, Р.
Босна и Херцеговина, Р. Црна Гора, Р. Хрватска и
Р. Словенија). Во рамките на конференцијата беа
организирани два панела и тоа:


Панел за пристап до информациите за •
истражувачките потенцијали и резултатите
од истражувачката дејност за соработка во
регионот, со учество на министрите за наука и
технологија, како и за високото образование на
државите кои покажале интерес за соработка
во проектот COBISS.Net;
Панел за библиотечно-информациските •
системи како најцелосни прегледи на
творештвото, со учество на министрите за
култура на државите кои досега покажале
интерес за соработка во проектот COBISS.
Net;



Воведните излагања за оваа тематика имаа
Грегор Голобич (министер за високо образование,
наука и технологија на Словенија) и Мајда
Ширца (министерка за култура на Словенија). Од
нашата земја во панелите учествуваа деканот на
Машинскиот факултет Атанас Кочов и заменик
министерот за култура Драган Недељковиќ.
Како и претходните години и на оваа конференција
настапија светски познати предавачи:


Карен Калхун (Karen Calhoun) е •
потпретседателка на OCLC и во своето
предавање направи пресек на актуелните
транзиции во светското библиотекарство;
Маршал Бридинг (Marshal Breeding) од •


БИБЛИОТЕКАТА - ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА




4
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


Универзитетот Вандербилт во САД ја
претстави следната генерација на кориснички
интерфејси;
Стаменка Увалиќ-Трумбиќ од париската •
централа на УНЕСКО говореше за новата
динамика на високошколското образование и
истражувањата за општествените промени и
развој;
Сер Џон Даниел, претседател и генерален •
директор на Комонвелт на знаењето (Com-
monwealth of Learning), говореше за одговорот
на библиотеките на потребите на студентите
на далечина.



ИЗУМ организира и богата културна
и забавна програма, со цел запознавање и
пријателското дружење на библиотекарите
и информатичарите, учесници на оваа
конференција.


ДЕСЕТ МАГИСТРИ ПО
БИБЛИОТЕКАРСТВО


Приредил
д-р Николче Вељановски


После две години студии, на 9-ти
ноември 2009 година, десет библиотекари од
државата го имаа својот завршен испит, односно
одбрана на својот магистерски труд. Ова е за


прв пат во историјата на библиотекарството
во Македонија официјално да се посетуваат
постдипломски студии по библиотекарство. Овие
студии беа во рамки на болоњската декларација
за постдипломските студии, а предавањата и
полагањата се одржуваа во Задар, Охрид, Скопје,
Приштина и Љубљана. Постдипломските студии
ги посетуваа и успешно ги завршија наши колеги
од 30 до 50 години старост, односно со искуство
во библиотекарството од две до дваесет години.
Ред е да ги претставиме нивните имиња: Жаклина
Ѓалевска, Миодраг Дадасовиќ и Марјана Кавчиќ од
НУБ – Скопје; Сузана Данаилова, Елена Крстевска
и Гордана Андреева од Народната библиотека
„Браќа Миладиновци” Скопје; Розита Петринска
од Библиотеката на Факултет за електротехника
и информатички технологии – Скопје; Вилма
Јованова од Националната установа Библиотека
„Гоце Делчев” Штип; Елизабета Трпчевска –
Петрушевска од Народната библиотека во Тетово
и Иванка Соколова од Народната библиотека во
Радовиш.



Од свечената вечера организирана од ИЗУМ после Конференцијата COBISS 2009


БИБЛИОТЕКАТА - ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА




5
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


Приредила Марија Малгожата Мачковска,
виш библиотеакар


Долношлонската јавна библиотека „Тадеуш
Микулски” од Вроцлав, со која подолго време
соработува Универзитетската библиотека од
Битола, секоја година реализира повеќе проекти.
Реализацијата на разните проекти го забрзува
развојот на таа институција во повеќе сегменти
од нејзиното функционирање. Меѓу проектите
што во последно време беа реализирани беше и
проектот кој се однесуваше на целосна преобразба
на Одделот за работа со деца. На почетокот на 2009
година претседателот на концернот LG Display Yeu
Jung Ungl и директорот на Долношлонската јавна
библиотека – Анджеј Тивс потпишаа договор за
соработка при реализацијата на проектот наречен
„Модернизација на Одделот за работа со деца
поврзан со создавање на компјутерско- медијална
работилница”. Целта на проектот беше создавање
на современ мултимедијален библиотечен центар
за деца и младина со развиена програма за
културно и едукативно делување, која ќе служи
за задоволување на информативните потреби,
проширување на познавањата за светот, како и
за воспитување на децата и младината во духот
на отвореност, почит и толеранција за разните
култури и обичаи.
Мултикултурниот и мултимедијалниот
профил на библиотеката, идејата за патување,
запознавање на светот и неговите жители блиска
му е на Концернот LG Display кој е присутен
насекаде во светот, не само преку фирмите и
производите, туку и со мисиите за формирање
на човек чувствителен и отворен кон светот
и неговите вредности. Тоа претставува голем
програмски предизвик и интересна авантура
за детската библиотека која веќе популаризира
разни форми на патувања во културното време
и простор и иницира средби на деца од различни
националности во рамките на големиот проект


„Светотека” спонзориран од LG Display .
По неколку месеци интензивни градежна
и финална работа, во октомври оваа година
беше отворен во целост модернизираниот Оддел
за работа со деца – „Библиотека на седумте
континенти“. Заеднички домаќини на свеченото
отворање на обновениот Оддел на Библиотеката
беа вработените во Долношлонската јавна
библиотека и претставниците на корејскиот
концерн LG Display кој го финансираше ремонтот
и опремата на библиотеката. Меѓу поканетите
гости беа присутни и претставници на Одделот
за култура на Војводството, библиотекари од
Вроцлав и од Војводството, деца и младинци.
Свеченото пресекување на лентата (во боите на
Полска и Кореја) се одвиваше во два дела – во
првиот лентата ја пресекоа децата ( корејски и
полски), а во вториот амбасадорот Joon Jae Lee,


ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА


„БИБЛИОТЕКА НА СЕДУМТЕ КОНТИНЕНТИ”
Во Долношлонската јавна библиотека во Вроцлав, Полска


Мултимедијален центар во Одделот за деца


БИБЛИОТЕКАТА - ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА




6
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


директорот на Долношлонската јавна библиотека
Анджеј Тивс, претседателот на Собранието на
Војводството Марек Лапински и претседателот
Jung Ung Jeu .
Целосно обновениот Оддел за работа со
деца – исклучително естетски и функционален – од
самиот почеток им се допадна на младите читатели,
на нивните воспитувачи како и на вработените


Да ни кажете нешто за себе, образованието и од
кога сте вработена на ФЕИТ?


Родена сум во Куманово, но во моментот
живеам и работам со Скопје. Дипломирав на
Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје
на Катедрата за англиски јазик и книжевност, со
италијански јазик и книжевност како втор јазик,
наставна насока. Минатиот месец магистрирав
на Одделот за библиотекарство на Универзитетот
во Задар, како стипендист на Институтот за
наука од Марибор (ИЗУМ), Словенија, а во тек
се моите магистерски студии по Дипломатија и
меѓународни односи во Софија. На Факултетот за
електротехника и информациски технологии во
Скопје (поранешен Електротехнички факултет)
работам од крајот на 2005 година како раководител
на Библиотеката на Факултетот за електротехника
и информациски технологии и Машинскиот
факултет во Скопје.


Дали требаше да се конкурира за престој
на Универзитетот на Ајова?


Да, како стипендист на Програмот за
развој на млад факултетски наставен кадар (Ju-
nior Faculty Development Program-JFDP) за 2009
година, бев испратена на петмесечен престој на


во библиотеката. Современата внатрешност ги
исполнува највисоките библиотечни стандарди и
овозможува сестрана активност и реализација на
широка популаризација на читателството, а сов-
ре мената компјутерско-медијална работилница
ќе одговори на потребите за знаења и едукација
на новата генерација на млади читатели.


Универзитетот во Ајова, во градот Ајова Сити,
во државата Ајова. Таму престојував од јануари
годинава до крајот на мај, а се разбира дека
морав претходно да поминам строги евалуации и
процеси на селекции, со оглед на тоа дека бројот
на стипендисти беше ограничен и не толку голем.
Имаше јавен конкурс за пријавување, требаше
да се подготви добра апликација, да се положи
стандардизиран тест за познавање на англискиот
јазик (TOEFL) и во финалниот процес се избираа
кандидатите врз основа на целокупната пријава и
резултатите од интервјуто пред комисија.

Дали на тој програм зедоа учество и
претставници од други земји?


Програмот за развој на млад факултетски
наставен кадар (Junior Faculty Development Pro-
gram-JFDP) е програм на Бирото за образование и
културни работи на Стејт Департментот на САД,
а го води Американскиот совет за меѓународно
образование. Самиот програм не нуди звања и
дополнително формално образование, туку има
за цел професионално да го развива младиот
наставен кадар од универзитетите. Тој им
овозможува на младите предавачи да го прошират
своето знаење и експертизата од нивното поле
преку посетување на настава и работа со наставен
кадар од универзитетите во САД, да се запознаат
со нови перспективи во образованието преку
нивно запознавање на американската образовна
филозофија и наставни методи, да добијат
пристап до нови академски материјали и извори
и да ја зајакнат врската помеѓу универзитетите во
САД и институциите во кои работат, со што се
поддржува соработката и контактите помеѓу САД
и Македонија, во образовна смисла.
Програмот во најголема мера ги опфаќа
земјите од Југоисточна Европа и Евроазија, така
што вкупната бројка на стипендисти за 2009
година беше 73, од која 7 од Македонија.


ИНТЕРВЈУ СО РОЗИТА ПЕТРИНСКА
Раководител на библиотеката при „Факултетот за електротехника и


информациски технологии” - Скопје


БИБЛИОТЕКАТА - ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА




7
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


Која е главната цел на програмот, дали
е тоа библиотечен програм или се вклучени и
други професии?


Значи, програмот не е исклучиво за
библиотекари, ниту пак е наменет за развој на
библиотечната дејност, но со оглед на тоа дека
во Македонија нема формално образование за
библиотекари, а и поради моето искуство во
настава и работата во високошколска институција,
бев соодветен кандидат. Јас бев единствениот
библиотекар оваа година, но се надевам дека
во иднина и други наши колеги ќе ја добијат
оваа прекрасна можност да бидат гости на некој
универзитет во САД и ќе го збогатат своето знаење
и искуството од областа на библиотекарството и
информациските науки.

Дали имавте конкретни задачи?


Презентација со наслов „Врската
на Македонија со европските процеси и
идентитети“ на собирот на тема „Преминување
на границите“


Нашата задача беше не само да
посетуваме предавања од оние предмети за
кои сме заинтересирани, туку и да го проучиме
севкупниот образовен систем во САД и нивната
култура. На почетокот на семестарот подготвивме
план и на крајот поднесовме извештај што
од тоа сме исполниле. Што се однесува до
запознавањето на културата, тоа се случи преку
најразлични активности - од разговори со
колеги и локалните жители, преку патувањата
за време на пролетниот распуст со колегите
од програмот, па до волонтирање на различни
настани организирани од Универзитетот
или заедницата. Јас, освен презентацијата за
библиотекарската дејност во Македонија пред


студентите на магистерските студии на Школото
за библиотекарство и информациски науки на
Универзитетот во Ајова, одржав и презентација
за Македонија и нејзините аспирации за влез
во ЕУ. Презентацијата за библиотекарството
во Македонија ми ја овозможи мојот ментор,
Деканот на Школото за библиотекарство и
информациски науки на Универзитетот во Ајова,
кој ми овозможи без проблем да ги согледам сите
аспекти на библиотечното образование во САД
и дури да учествувам во процесот на евалуација
на Школото, низ кој тоа поминуваше токму во
периодот кога јас престојував таму. Да појаснам,
секои 6 години Асоцијацијата на библиотекари на
Америка (ALA) врши евалуација на работата на
школите, т.е. факултетите за библиотекарство.

Дали имавте можност да присуствувате
на некои конференции и да посетувате други
библиотеки во други градови?


Нашиот престој во САД започна во
Канзас. Таму имавме 4 дена конференција и еден
вид на “ориентација”. Потоа, од таму секој отиде
во државата во која беше распределен. На крајот,
повторно сите се собравме на завршна кон-
ференција во Вашингтон. Јас бев стационирана во
Ајова, но бев на прошетка и во Чикаго, Илиноис,
Лос Ангелес и Сан Франциско, Калијорнија, Лас
Вегас, Невада. Се зачленив во АЛА (American Li-
brary Association) како меѓународен член, а преку
нив пак, се зачленив и во една професионална
мрежа за лидерство и менаџмент во библиотеките.
Интересно е да спомнам дека Директорот за
членство на АЛА има македонски корени од
една страна, и тоа токму од Битола. Секако, во
Ајова Сити бев член на две големи библиотеки -
универзитетската и градската/јавна библиотека,
а при патувањата во другите градови, никако
не ја испуштав шансата да посетам некоја од
библиотеките.


Кои предмети ги слушавте на
постдипломските студии по библиотекарство на
Универзитетот во Ајова?


Целиот овој програм е во насока на
учење за образованието и неговото значење,
учење за културата на една далечна земја и преку
нив и за својата, учење за областа воопшто,
за специфичните подобласти на полето кое ве
интересира, учење за самиот себе. Јас посетував
настава од повеќе предмети на магистерските
студии по библиотекарство и информациски
науки, но само 5 од нив ги следев сосем


БИБЛИОТЕКАТА - ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА




8
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


редовно, работејќи паралелно со студентите и
наставниците. Следев предавања по предметите:
Методи на истражување, Корисници и користење
на библиотеките, Академски и истражувачки
библиотеки, Писменост и учење и Заштита
на библиотечен материјал. Најголем дел од
предавањата имаат и практичен дел, па целото
оваа искуство ми отвори сосема нови перспективи
за библиотекарството и како дејност и како наука.
Мојот предмет на интерес е посебно менаџментот
во библиотеките, а со оглед на тоа што еден
од професорите чии што часови ги посетував
беше директор на Универзитетската библиотека,
успеав да дојдам до многу корисни информации и
сознанија.


Кажете ни нешто за главната библиотека
на Универзитетот во Ајова?


Самата библиотека на Универзитетот
во Ајова е огромна. Се работи за еден систем на
библиотеки, од кои една е Централна библиотека,
а одделни факултети имаат специјализирани
библиотеки. Централната библиотека е многу
голема и богата со ресурси. Составена е од
повеќе оддели, како на пример: Оддел за услуги
на дигиталната библиотека, Оддел за услуги за
далечинско учење, Оддел за меѓубиблиотечна
позајмица и достава на статии, потоа Музичката
библиотека, Оддел за заштита и конзервација


на библиотечен материјал, Оддел за обука на
корисници и помош при пребарување и уште
многу други. Постојат повеќе различни Збирки,
и секоја Збирка е еден вид посебен Оддел, со
вработени кои се занимаваат исклучиво со тоа.
Таква е Источноазиската збирка, Збирката на
владини изданија, Збирката на мапи и слично.


Дали имавте некакво професионално
дружење за време на престојот или тоа зависеше
од вас?


Професионалното дружење беше
поттикнувано во текот на целиот престој - од
престојот во Канзас каде што имав професионални
средби со колегите од Универзитетот во Канзас во
Ло ренс, па се до постојаните контакти со колегите
од Универзитетската библиотека на Универзите-
тот во Ајова. Таму љубопитноста е позитивна
осо бина, која многу се цени, така што е доволно
да покажете мал интерес за некоја подобласт
на библиотекарството и едноставно да добиете
многу информации за тоа и да остварите многу
контакти. Колегите во САД меѓусебно одлично
комуницираат и соработуваат, па така и нас, оние
кои доаѓаме од странство, одлично не прифаќаат.


Доделување на дипломите за завршен програм во Вашингтон


БИБЛИОТЕКАТА - ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


Работа во групи на теми од образованието на
завршната конференција во Вашингтон




9
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


Што е тоа што најмногу Ви се допадна од
престојот, а што не Ви се допадна?


Од толку многу позитивни впечатоци
тешко е да се одбере еден кој би го издвоила.
Професионално, најмногу ми се допадна можноста
да се биде дел од предавања по сопствен избор, но
и да се посетуваат различни работилници со кои се
подобруваат наставните способности. Приватно -
можноста да се биде дел од една мултикултурна
средина. Најмалку ми се допадна тоа што престојот
кратко траеше.


Дали се уште имате контакт со
одговорните на програмот и колегите?


Тука се пред с¡ мојот ментор, професорите
чија настава ја посетував и со кои соработував,
но и нивните студенти, постдипломците на
Школото, кои ги имаше од многу различни
држави. Интересно е дека остварувањето на
контакти врз база на оние кои сум ги остварила
во Америка продолжува. Последниов месец
соработував со еден професор по лингвистика на
Универзитетот во Ајова, кој работеше на еден труд
за морфологијата на македонскиот јазик. Никогаш
не знаете каде ќе ве одведат контактите.


Што е тоа со што престојот Ви помогна
откако се вративте во Македонија, дали можеби
во магистерските студии?


Во магистерските студии секако ми
помогна. Во моментот кога заминав во САД јас
веќе работев на мојата теза со наслов “Менаџмент
во културата со осврт на библиотечната дејност
во Македонија”. Во Македонија имав проблем
со пронаоѓање на релевантни материјали,


такашто најмногу ме израдува фактот дека во
Универзитетската библиотека има литература
за менаџмент во институциите од културата во
изобилство.


Од неодамна сте и магистер по би блио-
текарство, стручниот предмет по каталогизација
е во фаза на полагање, многу ретко
специјализираните библиотеки во Македонија
внесуваат записи во COBISS, што понатаму?


Да, магистерските студии се завршени.
Понатаму планирам да се запишам на докторски
студии по библиотекарство. Од стручните испити,
јас пред три години го положив стручниот испит
по каталогизација, а бидејќи библиотеката на
ФЕИТ/МФС од крајот на 2007 година е членка на
COBISS, посетував и обуки за овој библиотечен
програм и очекувам во блиска иднина да ја добијам
лиценцата за креирање записи во COBISS.


Раководител сте на библиотеката на
ФЕИТ, колкумина работите, зошто сте постојано
зафатени, кои се Вашите други задолженија?

Овде веројатно алудирате на мојот
недостаток на време, што беше пречка оваа
интервју да го направиме порано, како што беше
планирано. Еве, јавно Ви се извинувам за тоа.
Кога се вработив во Библиотеката на ФЕИТ/МФС,
бевме четири вработени, но сега сме само три. Една
колешка тукушто се пензионираше и сега сме во
фаза кога се подготвуваме да побараме дозвола од
Министерството за вработување на библиотекар
на местото на пензионираната колешка. На ФЕИТ
сум исто така и главен и одговорен уредник на
веб-страната на Факултетот и координатор на
информации од јавен карактер, но секогаш има и
дополнителни обврски.


Дали некои од другите вработени го има-
ат по сетувано курсот за COBISS/каталогизаци-
ја, по четен, како ги обработувате книгите во
моментот?

Од двете колешки со кои работам,
едната веќе го има завршено курсот COBISS/
каталогизација, почетен и е во фаза на изработка
на записите за добивање на лиценца, а другата ќе
го посетува следната година. Додека ја полниме
COBISS базата со податоци, ние користиме друг
библиотечен програм, изработен од вработени на
ФЕИТ во 1994 година.


На гала вечера по повод завршување на програмот,
групата од бившојугословенските држави,


Вашингтон DC


БИБЛИОТЕКАТА - ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА




10
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


Доста со библиотекарството, кажете
ни нешто за себе, хоби, желби неостварени,
професор сте по англиски јазик, преведувате,
давате часови по англиски јазик, дали имате
слободно време, за блиските, брак, семејство?


Настрана од професијата библиотекар, јас
сум и судски преведувач за анлиски и италијански
јазик и лектор. Пред да станам библиотекар
предавав три години англиски и италијански јазик
- работев и во основни училишта и во Гимназијата
во Куманово, а држев часови и во голем број
приватни јазични центри. Бидејќи предавањето
ми е исто така голема љубов, повремено и сега
држам часови по англиски јазик. Сакам да патувам,
па неостварените желби за кои ме прашувате ќе
ги поврзам со многуте земји кои би сакала да ги
посетам, а до сега не сум успеала во тоа. Слободно
време имам многу малку и воглавно го користам
за читање книги или дружење со пријателите.
Сеуште не сум оформила свое семејство, но тоа
не е поврзано со професионалните ангажмани,
се разбира. За блиските луѓе секогаш се наоѓа
време. Имам голем број на пријатели и прекрасно
семејство, за кои се резервирани викендите.
Добриот менаџмент на времето и вољата го
овозможуваат тоа.


Кој Ви е омилен писател или омилена книга?


Има повеќе писатели чии дела со
задоволство ги читам и по неколку пати. Такви се
Вирџинија Вулф, Наталија Гинзбург, Лајош Зилахи
и голем дел од класиците. На читателите им
препорачувам да ги прочитаат “Смртна пролет”
и “Водата нешто носи” од Зилахи. Моментално
читам две книги: автобиографијата на Барак
Обама “Сонови од татко ми” и најновата книга на
Пауло Коељо “Победникот е сам”.


Разговорот го водеше д-р Николче Вељановски


ЗА НАТПРЕВАРОТ “МЛАДИ
БИБЛИОТЕКАРИ” 2009


Приредила Јоланда Бошевска,
виш библиотекар


Една од основните дејности на
Библиотеката е афирмацијата и популаризацијата
на библиотечната дејност во нашиот град и
околните општини. Во соработка со училишните
Библиотеки, реализира разни едукативни форми
со кои кај најмладата популација се развиваат
навиките за користење на библиотеките како
организирани институции што овозможуваат
пристап до извори на информации. Една таква
форма е натпреварот “Млади библиотекари”.
Оваа година, како резултат на традиционално
добрата соработка со основните училишта беше
организиран Десеттиот општински натпревар
„Млади библиотекари”.
На натпреварот зедоа учество петнаесет
ученици од десетте основни училишта од
Битола, како и од училиштата во с. Бистрица, с.
Добрушево, с. Могила, с. Новаци и с. Цапари,
кое за првпат имаше испратено свој претставник
на натпреварот. Младите „библиотекари“ со
помош на своите ментори, успешно ги совладаа
дефинициите, поимите, настаните прикажани
во прирачникот кој им беше навреме доставен
и покажаја одлични познавања од областа на
библиотекарството. Секако тоа се должи на
големата желба на натпреварувачите не само
да учествуваат туку и да бидат најдобри. Но за
жал, само еден отиде на Републичкиот натпревар.
Прво место освои Емилија Недановска, ученичка
од Основното училиште “Браќа Миладиновци”
во с. Добрушево. И оваа година Библиотеката им
додели награди и благодарници на сите учесници,


а на добитниците на првите три
места им беа доделени дипломи и
вредни награди.
На 6 ноември 2009 година се одржа
десеттиот Републички натпревар
во Народната библиотека “Гоце
Делчев” во Велес. Во новите, модерно
уредени простории на Библиотеката
се собраа голем број претставници
на библиотеките од Р. Македонија,
заедно со нивните ментори, родители
и други гости, за да се дружат, да
склопуваат нови другарства и да се
натпреваруваат. Беше организирана
посета на Народниот музеј , со цел да
се запознаеме со историјата на Велес,


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛНИ АКТИВНОСТИ




11
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


а бевме почастени и со неговиот традиционален
специјалитет, пита пастрмајлија. Имавме време
да се прошетаме низ велешките улици, а го
посетивме и велешкиот пазар.
Највозбудливиот дел на ова дружење беше
соопштувањето на резултатите од натпреварот.
Исчекувањето, кој, кога ќе биде прочитан,
желбата неговото име да биде што покасно
прочитано, ги растреперуваше срцата на младите
библиотекари и на нивните ментори. И повторно...
на радоста £ немаше крај. Нашата Емилија, од 29


натпреварувачи, беше прва. Честитки за Емилија,
честитки за сите натпреварувачи кои можеби
преку овие натпревари ќе ја засакаат нашата
професија и ќе посакаат да бидат дел од неа. Во знак
на малиот јубилеј, оваа година организаторите на
натпреварот им доделија благодарници на сите
кои на било кој начин дадоа свој придонес за
натпреварот. Им благодариме и веруваме дека ќе
продолжиме успешно со нашата мисија: љубовта
кон книгата и мудроста што таа ја носи во себе.


Доделување на првата републичка награда - Емилија Недановска со својот ментор (во средина) Јоланда
Бошевска, виш библиотекар во НУУБ - Битола


Приредил Драги Кабровски


09.07.2009 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА


Во рамките на програмата за одбележување
на Битолското културно лето, Библиотеката во
соработка со Општината Битола, во дворот на
Магазата, организираше промоција на книгата
“Реката Драгор” од Александар Стерјовски.
Промотор на книгата беше Димитар
Димитровски, а поздравна реч одржа директорот
на Библиотеката Науме Ѓоргиевски. Промоцијата ја
водеше Тоше Ивановски. Во текот на промоцијата


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРЕДАВАЊА, ПРОМОЦИИ И
ИЗЛОЖБИ


беа изведени музички точки на хармоника. На
крајот од промоцијата збор зеде авторот на
книгата Александар Стерјовски кој на присутните
гости им презентираше стари фотографии од
реката Драгор и Битола преку видео-бим.




12
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


20.07.2009 г.
ВЕЧЕР НА ЉУБОВНА ПОЕЗИЈА


Во рамките на програмата за одбележување
на Битолското културно лето 2009, во просториите
на Магазата беше организирана “ВЕЧЕР НА
ЉУБОВНА ПОЕЗИЈА” со актерите од Народниот
театар- Битола, Сонја Михајлова и Сашо
Огненовски.


07.09.2009 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ


За одбележување на 8 Септември - Денот
на осамостојувањето и сувереноста на Република


Македонија, овој голем и светол датум од
историјата за Македонија, Одделот за културни
активности во холот на Библиотеката приреди
изложба на книги кои тематски обработуваат
содржини од историјата на македонската нација.
Изложбата можеше да се разгледа секој работен
ден од 07 до 20 часот, а во саботите од 08 до 15
часот


09.09.2009 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА

Во салата за промоции на Библиотеката, со
почеток во 19 часот беше организирана промоција
на нова книга “На покривот на Европа” од авторите
Илчо и Гоце Белџигеровски. Промотор на книгата
беше г-дин Драган Ристевски.


09.10.2009 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА


По повод 11 Октомври - Денот на
востанието на македонскиот народ, Библиотеката
организираше промоција на романот
“СОСЕДОВАТА КОКОШКА” од битолскиот
писател Никола Кочовски.


Промотори на романот беа Петре Димовски
и Радован П. Цветковски. На промоцијата беа
читани и извадоци од книгата од ученици од


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




13
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


Средното училиште “Таки Даскало”од Битола. На
промоцијата свое излагање имаше и директорот
на Издавачката куќа “Култура” г-дин Глигор
Стојковски од Скопје. Како пропратен дел од
промоцијата, Библиотеката приреди изложба на
книги од литературното творештво на овој познат
битолски писател и истата беше поставена во
холот на Библиотеката.


16.10.2009 г.
НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“


На 16 Октомври Библиотеката го
организираше десеттиот по ред Општински
натпревар “Млади библиотекари”. На натпреварот
учество зедоа 15 кандидати од сите основни
училишта од градот Битола и општините
Могила и Новаци. Комисија во состав: Јоланда
Бошевска, виш библиотекар и претседател, Драги
Кабровски и Илче Стојановски, на учесниците на
натпреварот, за првата, втората и третата награда,
им доделија дипломи и книги, а на останатите
учесници им беа доделени благодарници и по една
книга. Победникот од овој натпревар, Емилија
Недановска, ученичка во Основното училиште
“Браќа Миладиновци” во с. Добрушево се стекна
со правото да ја претставува Библиотеката на
Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“
што се одржа на 6 Ноември 2009 година во
Велес. Втората награда и припадна на Теодора
Сахурмовска од ОУ „Гоце Делчев” с. Могила,
додека третата награда и припадна на Стефанија
Поповска од ОУ „Тодор Ангелевски” Ботола.


06.11.2009 г.
РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР
„МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“


На 6 ноември се одржа Десеттиот
републички натпревар во Народната библиотека


“Гоце Делчев” во Велес Во новите, модерно
уредени простории на Библиотеката се собраа 29
натпреварувачи - претставници на библиотеките
од Р. Македонија, заедно со нивните ментори,
родители и други гости. Емилија Недановска,
ученичка во основното училиште “Браќа
Миладиновци” во с. Добрушево, Битола ја доби
првата награда. Втората награда му припадна на
ученичка од Радовиш, а третата на ученичка од
Делчево. Во последните четири години, три први
награди и една втора дојдоа во Битола.

22.10.2009 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ

Националната установа Универзитетска
библиотека “Св. Климент Охридски”од Битола
за одбележување на 23 Октомври - Денот на
македонската револуционерна борба во холот
на Библиотеката подготви тематска изложба на
книги комбинирана со портрети на македонските
револуционери, каширани на картон. Изложбата
ја сочинуваат околу 70 монографски публикаци
кои содржински соодветствуваат со овој голем
празник на Македонија.


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




14
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


02.11.2009 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА


Во рамките на Општинската програма
за одбележување на 4 Ноември - Денот на
ослободувањето на Битола, во салата за промоции
на Библиотеката беше организирана промоција
на стихозбирката “Битола, љубов моја” од
битолскиот писател Панде Манојлов. Меѓу
големиот број гости на промоцијата присуствуваа
градоначалникот на Битола Владимир Талески и
претседавачот на Советот на општината Лилјана
Кузмановска. Промотори на книгата беа д-р Вера
Стојчевска-Антиќ и писателот Иван Чаповски
од Скопје. Промоцијата ја отвори директорот на
Библиотеката Науме Ѓоргиевски кој воедно и ги
поздрави гостите. Извадоци од стихозбирката
читаше актерот од Народниот театар - Битола,
Петар Мирчевски.


02.11.2009 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ

Како пропратна активност по повод
промоцијата на најновата книга на Панде Маној-
лов, во холот на Библиотеката беше приредена
изложба на книги комбинирана со објавени


текстови од овој познат битолски писател, член
на ДПМ, насловена “Од творештвото на Панде
Манојлов”.


03.11.2009 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА


За одбележувањена 4 Ноември - Денот на
ослободувањето на градот во салата за промоции
на Библиотеката, Македонското научно друштво
од Битола ја претстави книгата “Битола и
битолско во Балканските и во Првата светска
војна” (1912-1918) од авторите Ѓорѓи Танковски
и Никола Миновски. Промотори на книгата беа
Миле Михајлов и Александар Литовски. Како
придружен дел на промоцијата беше и Изложбата
на фотографии од Петар Ставрев со тематика
од Балканската војна и Првата светска војна за
Битола и Битолско.


20.11.2009 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА


Во издание на Националната установа
Универзитетска библиотека “Св. Климент
Охридски” од Битола на 20 ноември, во 13.00
часот, во холот на Народната и Универзитетска


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




15
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


библиотека “Св. Климент Охридски” - Скопје
беше организирана промоција на книгата
“Библиотеките во Битола” од Анета Стефановска
и Науме Ѓоргиевски . Промотори на книгата беа
Миле Бошески и д-р Михајло Георгиевски.


26.11.2009 г.
НАУЧЕН СОБИР


Македонското научно друштво и
Техничкиот факултет, Битола, на 26 ноември во
салата за промоции на Библиотеката организираа
Научен собир на тема “Техниката и техничките
науки - услов за современ одржлив развој на
општеството и општината Битола”. Собирот
го отвори претседателот на МНД проф. д-р
Борче Ангелковски, а поздравна и воведна реч
одржа ректорот на Универзитетот “Св. Климент
Охридски”, Битола, проф. д-р Златко Жоглев.
Поради службени околности на Собирот не
присуствуваше градоначалникот на Битола кој
беше и покровител. Од него беше прочитана
поздравната телеграма испратена до сите
учесници.


ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ ЗА ВОЗРАСНИ
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ


Приредил Маријан Котевски


ПОБЕДНИКОТ Е САМ – Пауло Коелјо1.
МАНДОЛИНАТА НА КАПЕТАН КОРЕЛИ 2.
– Луј де Берниер
САМРАК – Стефан Мајер3.
МЛАДА МЕСЕЧИНА – Стефан Мајер4.
БЕЛАТА МАСАИ – Карин Хофман5.
ВРАЌАЊЕ ОД АФРИКА – Карин Хофман6.
НИКАДЕ БЕЗ ЌЕРКА МИ БЕТИ 7.
МАХИУДИ – Вилијам Хофер
ИНДИГО БОМБАЈ – Јагода Михајловска8.
ПИЛЕШКА СУПА ЗА ДУША – Џек 9.
Кенфилд
НЕГИРАЊЕ – Крис Аблоу10.


ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ


Приредила Стеванка Петковска


КЛУЧОТ НА АЛХЕМИЧАРОТ – Брамбила 1.
Кристина
ДРУЖИНАТА МЕСИ – Харисон Лис2.
ЕСЕНСКО ЗАЈДИСОНЦЕ – Здравеска 3.
Ангела
ДРУЖИНАТА ДИЛАН – Харисон Лис4.
ЧАРЛИ И ФАБРИКАТА ЗА ЧОКОЛАДА – 5.
Дал Роал
ШЕТАЛКИ – Бужаровска Вера6.
ЗЛАТНО ГРНЕ – Тарапуза Стојан7.
ТУРКАНИЦА ВО БРКАНИЦА – Ефтимова 8.
Лилјана
КРАЛОТ ПАРТАЛКО – Џамбазов Ненад9.
ХОТЕЛ ЗА КУЧИЊА – Данкан Луис10.


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




16
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


НОВА СТИХОЗБИРКА НА
ПАНДЕ МАНОЈЛОВ


„БИТОЛА, ЉУБОВ МОЈА”
Рецензија на Иван Чаповски


Добар ден, драги присутни, љубители на
литературата, почитувачи на творештвото на
Панде Маноjлов!


Денеска промовираме едно исклучително
поетско дело со мошне симболичен наслов
“Битола, Љубов Moja”. Или на англиски:
“Битола, Maj лав” овој наслов кaj читателот
веднаш побудува едно размислување: поетот за да
напише ваков наслов што веднаш се запаметува,
Bepojaтнo имал илjада и една причина, бил
однапред свесен дека песните што потоа доагаат
во една долга дузина исто така криjат во себе
илjада и едно значење за неговиот град.
Кога мојот приjател, Панде Маноjлов,
пред извесно време ми се jави по телефон за да
ме праша дали имам желба да му ja промовирам
најновата поетска книга, кoja ja имав веке
прочитано два пати и нешто напишав за неjзините
мотиви и естетски вредности, се разбира поканата
ja прифатив со големо задоволство. Прво, затоа
што се работи за книга напишана во слава на
славната Битола, во слава на градот толку многу
познат во Европа последните два века, за градот
што има повеке историjа и од самиот Солун;
второ, затоа што целото творештво на Панде
Маноjлов, поет, раскажувач, критичар, публицист,
новинар, препеjувач, со децении го следам и му се
воодушевувам на могу негови творби; и трето затоа
што промоцијата се одржува во неговиот град и не
случајно во културниот храм на Битола, во храмот
со светото име: „Свети Климент Охридски”.
Ако поетот Панде Маноjлов својот најнов
поетски труд го насловил и го потпишал онака


како што тоа го прави вљубениот во некое свое
љубовно писмо до вљубената: Бuтола, со љубов,
еве и jac си дозволувам, читаjќи ги низата песни
на поетот, да речам: се овде што е напишано, во
оваа книга посветена на еден град, не е ништо
друго освен поетска обjава во слава на убавината
и на љубовта, во слава на светлината, во слава на
трајност ...
На почетокот реков дека со задоволство
ja читав и ja препрочитав оваа мошне содржаjна
стихозбирка. Ќе бидам искрен дека ceкoja песна
ме потсетуваше на времето кога и jac живеев во
Битола, во далечната 1950 година, кога често пати
како дете талкав низ градот восхитен од неговата
тајнa книга.
И самиот поет уште во првата песна
Широк Сокак ни открива пред што, всушност,
тоj запрел и во што се загледал кога ни ja нуди
првата импресија од загледаноста во историскиот
уметнички мурал:


кога те гледам широк
како цвет
што го обновува своешо семе, кога се тркалаат
колцата
од Виа игнациjа
од Рим до Битола,
од Битола до Стамбола,
моjош йаш е месечев плочник:
да се љуби градот,
Градот да се љуби,
како Бог
и Свети Нектариj што се љубат!


Меѓутоа, по ceкoj изгрев на градот постои
и друг изгрев, поинаков од другите изгреви, што
осветлува и грее онака како што запалува и самата
JЬубов. Изгревот на поетот Панде Маноjлов е
поетска книга што се jaвувa на виделина да ги
дополни празните места во старите историски
записи, напишани главно од странски патописци


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




17
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


или дипломати, потоа во делата на современите
писатели и на ликовните уметници, но и местата
до каде што не допрела народната песна. Дури и
камерата на Милтон Манаки. Може да се каже
дека најновата поетска книга на Панде Маноjлов
е евангелие создадено по летописот на Битола.
Интересен е тoj битолски мурал, распнат
на пелагониската земjа, за кого пишува Панде
Маноjлов. Можеби сме минале илjада пати по тие
одблесоци на Битола, но никогаш не сме го чуле
нивниот скриен говор за коjшто Панде Маноjлов
пишува:


Ах, болно е кога времето


на скршено крило осамено лета
а полет нема,
староста тогаш
в засолниште од урна
го смирува крајот
(Од песната Тумбе Кафе)


Или: Од солзи - река
полн параброд болка кон Егеjош броди


и никоj на разделба, од плач и љубов
на Битола
збогум да и рече ...
(Од песната Драгор)


Во оваа хомогена поетска книга (содржи
49 песни) ceкoja буква, ceкoj збор, се поставени
со една цел: да ja дополнат незавршената химна на
градот, да ja одбележат симболиката на Битола со
поетски ноти. Оттука книгата на Панде Маноjлов
се чита и како поема.
И во поранешните поетски книги Панде
Маноjлов успевал да постигне единство во однос
на мотивите, во разнообразието на самите идеи,
особено во песните со патриотски нагласок, но
сепак во оваа негова последна стихозбирка, тие
елементи се мошне видливи. Bepojaтнo поради
тоа што посветата Битола, љубов мoja ja носел со
години во себе (како и Жак Превер за Париз), зад
таа посвета ние прочитавме и неколку антологиски
песни. Тоа се песните: Саатот, Стариот театар,
Свети Дuмитриjа, Шадрванот, Дулието, Чинарот,
Железничка станица, канделабрите на чаршиjата,
Девоjчето во копринен фустан, За Битола, вековите
и љубовта ... Воведот кон оваа чудесна поетска
книга, толку искрено напишана, полна со емоции,
со стихови содржаjни и прелиени со мисла, би го
завршил со еден фрагмент од песната Саатот:
Со уморни сказалки раширени како крила на
пелисшерски гулаб го покажува Саатот течението


на времето и временските мени.
... Течението на времето ... , како што поетот
запишал, а верувам дека мислел оти тоа време нема
никојпат да истече, како виор по Драгорот, зашто
самото течение на живата историjа на Битола за
миг е претворено, во друго течение, во поетско
течение ...
Верувам дека сказалките на битолскиот
симбол ќе му го покажат набргу на светот и времето
што отчукува во поезиjата на Панде Маноjлов,
препеана и на англиски jазик под наслов: Бuтола,
љубов моја.
Како што тие сказалки и мене ми го покажаа
времето кога како бегалец минував низ Битола
во големата зима на 1947 година ... Звукот на
камионот, стар и расклатан сиот, се уште го слушам
додека ечеше низ Широк Сокак и, намерно или не,
се изгуби кога се поjави стариот симбол на Битола,
Вечноста на градот - Стариот Саат.
Честито, поету Панде Маноjлов, за задоволството
што ни го приреди со твојот најнов подарок:
книгата песни Битола, љубов мoja!


РЕЦЕНЗИЈА НА
проф. Д-р Вера Стоjчевска-Антиќ


БИТОЛА, ЉУБОВ MOJA


Bepojaтнo битолскиот поет Панде
Маноjлов лесно ja насловил стихозбирката имаjќи
ги предвид бележитите места на Битола, чии
стихови се излеваат не само од неговото срце, туку
и од сите граѓани кои минале одредени години во
“Градот на конзулите”.
Насловот на стихозбирката “Битола,
љубов мoja” уште во самиот почеток на моето
читање предизвикува посебен однос кон
стиховите, бидеjќи и jac сум битолчанка. Верувам
дека неjзиното восприемање не може да биде
исто со она на љубителите на поезиjата, а кои не


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




18
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


се битолчани. Панде Маноjлов е познат автор
во Битолскиот писателски круг, но истовремено
ширум Македониjа и надвор од неjзините граници.
Неговото творештво е перманентно вреднувано во
македонската книжевна критика. Творештвото се
раѓало спонтано и прераснувало во хронолошки
создавана градба, кoja добила врвен дострел во
критичко-есеистичката публицистика на Гане
Тодоровски.
Стихозбирката е шеснаесетта книга по ред
на Панде Маноjлов, по познатите поетски наслови:
Созвездие на болот, Македонски поетски молк, Лет
во сонот над Аjфеловата кула, Битола, вековите
и љубовта, по изданиjата на прозните раскази и
детски творби. Во неа го сублимира својот однос
и љубов кон родниот кpaj, кон наjопеаниот град
во Македониjа, со препознатливиот Широк
Сокак, со напластените историски традиции,
надополнувани со присуството на разнородни
културни карактеристики и намерници во градот.
Не е случаjно што и првата песна од стихозбирката
е насловена “Широк Сокак”, како резиме на
целокупната историjа на конзулска Битола. Таа е
истовремено вовед и предговор во навлегувањето
во Битола. Ако треба да се долови духот на градот
низ историjата, за да се добие наjубава слика на
стариот град кој живеел на Виа Игнација и гордо
опстојал до денес, тогаш прочитаjте ja внимателно
песната. Целото богатство на истории, арте-
факти, личности, градби, природа, лесно го гради
мозаикот со поесткиот код на поетот Маноjлов. Не
случајно и оваа поезиjа започнува со стиховите:


“Блажен
што го направи градот
гобленска слика ... “


Насловите и испеаната поезиjа за
битолчани значат препознатливост на иденти-
тетот и опстанокот во оваа средина со:
Тумбе Кафе, Драгор, Пелистер, Бези-
сте нот, Саатот, Стариот театар, Корзото, Свети
Димитриjа, Влашкото Маало, Jени Маало,
Дулието, Исак Џамиjа, Чинарот, Мас пазар, Ат
пазар, Црвичето 40 маченици, Сокаци, Кепенци,
Хераклеа, камера и Милтон Манаки. Будното око
на поетот не ги одминува улогите на жителите
од овoj град, Евреите со Естреа, Манолиjа Фотеjа
Лукула, Битолскиот песнопеец Турчинот вљубен
во Битола - Аjри Демировски, убавите битолчанки.
Меѓу нив одминува со леснотиjа “девоjчето со
копринен фустан” купен во Париз. Затоа и низ
архитектурата на Битола лебди и еден “сон на
крилjа од коприна”.
Битола би била нецелосна без вкоренетата љубов


на низа генерации кои својот раст и љубов ги
доживееjа во клупите на Битолската гимназиjа. Во
неа битолчаните ги бараат своите сонови.


Подарок од Панде Петровски за авторот


Панде Маноjлов пленува со специфичниот
лесен од и продор кон убавините на битолската
околина и природа, среде кои лежи “Битола-
бабам Битола”. Над неа се разлева и тагата на
градот по дождот, заради што и одот станува
,Jанѕа на душата”. Убава е и зората кога осамнува
над Тумбе Кафе и Ленски мост, над амалите и
атовите битолски. А есента? Таа доаѓа и се спушта
таинствено од Пелистр, низ водите на Драгор, за
да допре до вљубената Виолета. Сликата на градот
ja дополнуваат изниjансираните броjни народни
песни, резимирани во еден симбол - “Моме Дон-
ке”.
Стиховите од најновата стохозбирка на
Панде Маноjлов “Битола, љубов мoja” несомнено
ке го втиснат градот под Пелистер во духовниот
живот на љубителите на поезиjата, на битолчаните,
на сите оние со однос кон уметноста кoja ги буди
и наjубавите патриотски чувства кон родниот
кpaj, како дел од земjата во кoja се слива бистрата
водотечина на љубовта од сите страни.
Споменатите броjни наслови со кодот на
знаменитостите на Битола се поврзани според
моето навраќање во родниот град, а се потврдени
со поетскиот излив на Маноjлов. Мнозина
битолчани ќе се поистоветат со мojaтa перцепциjа.
Имано, сите тие: сатови, корза, шеталишта,
пазари, природни надарености, луге, ги поврзува
доживуваната наjдосттоинствената добродетел
или врлина човекова - а таа е предизвикувачката
љубов, целовита, како што ja откриваат одамнина
библиските поетски стихови на апостолот Павле.
Колку младешки чувства и средби собирал и
отчукувала градската Саат Кула, колку изливи на
соодветни чувства и воздишки собирал градскиот
парк и со нив се возвишувал со зеленилото кон


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




19
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


небото? Истите збогатувања се одвивале на Тумбе
Кафе, Исак Џамиjата, Драгорот, а Пелистер? А
сите тие, битолчаните, прибрани во Битола- бабам
Битола, дарувана со повевот на пелистерската
боровина, со жуборливиот и присутен Драгор,
особено во пролетното и есенско божjо шаренило
на распосланите бои, украсени со божилакот, кога
љубовтаjа впиваат и краjречните битолски липи,
со шумливите краjречни воденици, прелеани со
пурпурот излиен од Тумбе Кафе, ja разнесуваат
sвонливите камбани на старите градски цркви, со
традиционален христиjански дух.


СПАСИТЕЛОТ „ИСУС
ХРИСТОС”


Рио де Жанеиро, Бразил


Приредила Лидија Мирчевска,
виш библиотекар


Во градот кој претставува синтеза на залив
и остров, планински вериги и пејсаж испреплетени
во тропски раскош гледа Статуата на Спасителот
„Исус Христос” (португалски Estatua de Jesus
Cristo Redentor). Склуптурата се наоѓа на 709
метри надморска висичина, на врвот од ридот
Корковадо, во националнот парк Тијука. Висока е
30 метри и тежи над илјада тони. Склупторот ја
работел статуата пет години, почнувајќи од 1926
година, а свеченото отварање било на 12 октомври


1931 година. Статуата е дизајнирана од архитектот
Хектор да Силва Коста, а извајана е во Франција
од полскиот склуптор Павел Ландовски. Идејата
за еден ваков религиозен споменик за прв пат се
појавила во 1859 година. Предлогот бил даден од
страна на Педро Марија Бос и принцезата Изабела,
но во тоа време не се реализирал. Во 1921 година
таа идеја повторно била обновена, во чест на
бразилската независност од Португалија. Се смета
дека ова е најголемата статуа на Исус Христос
на светот, што соодветствува со репутацијата
на Бразил како земја во која живее најголемата
римокатолочка популација на светот.
Статуата е симбол и препознатливо
обележје на градот. Спасителот „Исус Христос”
е со раширени раце, посакувајќи им добредојде
на посетителите и гледа кон Рио де Жанеиро на
атланскиот брег од Карковадо, од каде што целиот
град се гледа како на дланка. Пристапот до оваа
голема туристичка атракција е со трамвај до
влезната платформа, а потоа туристите мораат
да се искачат по 226 големи скалила за да стигнат
до статуата. Посетена е од голем број светски
лидери, милиони туристи кој се фасцинирани
од ова импозантно и грандиозно дело, како и од
чудесниот град, лоциран меѓу дождовните шуми,
стрмните брегови и водите на Атланскиот Океан.


СЕДУМТЕ СВЕТСКИ ЧУДА




20
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


Ви го претставуваме
ПЕТКО ШИПИНКАРОВСКИ




Роден е во 1946 година во с. Будимирци,
Битолско. Завршил Средно земјоделско училиште
во Битола. Дипломирал на факултетот за
безбедност и општествена самозаштита во Скопје
при Универзитетот „Св. Климент Охридски”
Битола. Живее во струга. Работи како дописник од
Мариово за весникот „Нова Македонија”. Автор е на
ро маните: „Откорнати души”, „Петра”, „Кога трг нав
Цве то, во туѓина” и „Црна љубов”, на монодрама-
та „Духот на војводата”, на стихозбирките
„Седело на орлица” и „Бели ветрови”. Коавтор
е на зборникот Миладиновци – 145 години од
излегувањето на Зборникот на народни песни од
Браќата Миладиновци. Член е на Друштвото на
писателите на Македонија и член на Здружението
на новинарите на Македонија. Учесник е и на
меѓународната поетска манифестација „Струшки
вечери на поезијата “ во 2004 и 2008 година и на
други поетски манифестации и средби.


Извадоци од најновата стихозбирка „Бели
ветрови”, издадена оваа година:


ТАГО ТАГОВНА


Се вратив во прегратките на замрените
ледини ко сениште во заспаните августовски
светулки и врелите летни дни,
провевам ко снегулка во зимските
отпратнини до млаките пролетни отпоздрави
доодовни, водотопни на сувата суводолица.


Таго таговна!
Се вратив подбледите сенки на исплазените
полози и по згинатите стрнишна –
потпокровка
на зазбивтаниот прелог на немата песна


на потполошката, на преглатта изарипнатата
песна на штурчето и сувите прелети
на ластовицата пред прагот на закати наре-
ните
клучалки обездомени и глувите детски плачја.
Таго таговна!
Се вратив на твоите раскрилени едра
во ишибаните црни мешунки од твоите свети
пазуви, растргани пурпурни соседни,
во туѓи прегратки и пак сегдегоде ништовно
ти го милуваат твоето библиско име,
таго таговна стрвна на лакомо извишените
ненаситии и изострените оканџени копја
дерикожни.


Таго таговна!
Се вратив ете и да го одгрнам замутленото
мајкино грне, да ги изистрам сесечените коси
за сеча на распосланите клетви и опустените
леи,
во зенит и лет, со Икарови крилја да провет-
рат,
да го подзапрат, да го засушат одот
на невратнината пустинска и ѕиркно
да заздивнат лелејните лулки на приспивните
весели сништа родилни.


ОГАН И ЉУБОВ


Валав гргор на раскостена душа
развејува ко исучена сусарка по
сите дождовни и прегладнети ридишта
што за слатка капка зјапат.


А, гледам сонце втренчено жари,
клапнала небеса еден – еден прилегнат
копнеж, оган и љубов
наизуст им буди младост.


Всаден панагум, застрелан бел дорија низ
сребрено-темни ѕидишта ко в магла плови
и низ сништа виј летнуваат горски ѕверој.
Еден венец расклатени колена ко
гладен разбој чкрипнат,
слани капки сепоројно млазат,
врелина, жед, врз оросени чела гаснат,
заврзани љубовни меѓи, опарена крв, плачја:


„Чедо заиграј го орото на животот
и на сите огнени молњи, сите устрели
запри ги, надитри ги отфрлените стрели
на изострените јазици и зрна,
надитри ги сите снопја од босилок
в уткина клетва што пловат по страни,
по сите оледени сребрени мегдани”.


ДА ВИ ГИ ПРЕТСТАВИМЕ




21
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


НОВА КНИГА „БИБЛИОТЕКИТЕ
ВО БИТОЛА”


Автори: Анета Стефановска и
Науме Ѓоргиевски


На промоцијата на книгата „Библиотеките
во Битола” во просториите на НУБ – Скопје,
своите рецензии ги читаа Миле Бошески, директор
на Библиотеката и д-р Михајло Георгиевски,
библиотекар советник во пензија


ОД РЕЦЕНЗИЈАТА НА МИЛЕ БОШЕСКИ


Почитувана министерка г-ѓа Елизабета
Канческа Милевска, почитувани пратеници на
Собранието на РМ, почитувани професори,
почитувани колеги и колешки, почитувани
присутни дами и господа,
Пред да кажам неколку збора за книгата
кoja е пред нас, наjнапред би сакал да им честитам
на авторите г-ѓа Анета Стефановска актуелен член
на Собранието на РМ Науме Ѓоргиевски, директор
на националната установа Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски” - Битола.
За извонредниот труд кој не само во однос на
двоjазичната експликациjата на основниот
предмет на македонски и англиски jазик, туку и
со својот визуелен и естетски изглед внесе еден
нов дух, подигаjќи ги досегашните стандарди на
едно многу повисоко вредносно ниво, во однос
на постоjниот по малку стереотипен приод, коj
провеjуваше во издавачката свера во рамките на
библиотечната деjност.
Книгата кoja е пред нас Билиотеките
во Битола ја карактеризираат неколку jacнo
диференцирани целини, кои однапред ги
одредува историскиот хронолошки дискурс, за
коj се определиле авторите при обработката на
неjзиниот основен предмет. Имено, во оваа книга


jacнo се препознаваат неколку аспекти кои може
да го привлечат нашето внимание:
- прво таа регистрира, информира и сведочи
за еден значаен сегмент од општествениот живот
на градот Битола низ историjата;
- преку критичкиот однос на авторите
по суштествените прашања од деjноста на
библиотеките, валоризира или барем се прави
обид за oдpeдувањe на правите вредности на
оваа дејност и нејзиниот придонее во општиот
цивилизациски развој;
- книгата поттикнува на нови истражувања
и расветлувања на библиотечната деjност
неодминилив следбеник, или уште попорецизно,
по многу нешта предводник во ширењето на
писменоста, развоjот на образованието, и во
формирањето на книжевниот и литературен
амбиент во наjградски град во нашата земjа
Битола.


Книгата ja разбирам и како своевидна
професионална провокациjа за останатите
средини во нашата земjа да се зафатат со
истражување, проучување и претставување
на сегашните генерации на значаjната улога
на библиотеките и библиотечната деjност во
ширењето на писменоста и просветителството,
низ призмата на специфичните историски услови
во кои се формирани и целите кои треба да ги
постигнат.
Авторите Анета Стефановска и
Науме Ѓоргиевски со посебна професионална
систематичност се движат низ времето и просторот
и низ крајно изострена професионална диоптриjа
ни ги доближуваат настаните и колоритот
на општестевниот живот во подалечната и
поблиска историjа на градот Битола, отвораjќи
ги и доближуваjќи ни го духот на колкетивното
паметење и духовно твopeњe сместено во
разните видови библиотеки кои опстоjувале и


ДА ВИ ГИ ПРЕТСТАВИМЕ




22
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


вршеле одредена мисиjа за оној кој ги формирал
во одредени историски периоди, тргнуваjќи од
манастирските, преку библиотеки во исламскиот
период па се до jавните, приватните и други
видови библиотеки со кои со право се гордее овој
град и неговата поблиска околина.
Оваа книга само уште еднаш ќе ни ги
обнови нашите знаења за делото на Пресветлиот
Климент и неговиот брат Наум, основоположници
на првата манастирска библиотека во манастирот
„Св. Пантелеjмон” во Охрид. Авторите
почитуваjки го доследно хронолошкиот приод во
претставувањето на содржините, систематично
не водат во периодот на османлиското присуство
на овие простори. Па така jacнo се претставени
првите османлиски библиотеки, во рамките на
верските училишта-медреси кои се во функциjа
на исламизациjа на населението во Битола
и Битолско. Исто така имаме можност да се
запознаеме и со приватните библиотеки, основани
од великодостоjници љубители на книгата, патем
тоа е период на ракописната и многу скапа книга.
Овие книги по смртта на нивните сопственици
биле одстапувани на познатите медреси и
нивните библиотеки. Мегу попознатите приватни
библиотеки се истакнува библиотеката на Исак
Челеби а истотака е евидентирано постоење
на приватни библиотеки и кaj македонски и
влашки трговски ceмејствa меѓу кои се истакнува
ceмејството Робеви, кое е доселено во Битола и
чиjа библиотека обилува со стручна литература од
разни научни области донесена од Париз, Лондон,
Лajпциг и други центри во Европа.
Значаjно место во публикациjата е
посветено на развоjот на библиотечната деjност
по ослободувањето на градот Битола и слободниот
развоj на нашата земjа во поновата историjа до денес.
За прв пат во длабоката историjа на македонскиот
народ се создадени услови за слободен развоj на
писменоста, книжевноста и науката, и caмостојнo
организирање на целокупниот општествено-
политички живот. Значаен удел во развоjот на сите
овие сфери од општествениот живот и припаѓа на
Градската библиотека, денес Национална установа
Универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски”. Cвојата богата културно-образовна
мисија ja почнува со скромен библиотечен фонд
од 300 книги. Денес Библиотеката располага со
повеке од 500.000 библиотечни единици од сите
научни и стручни области и богато развиена мрежа
од деjности. Библиотеката ги следи современите
трендови во развоjот на библиотечната деjност
во земjата и странство. Таа е активен член во
библиотечно¬-информативниот систем во
нашата земjата COBISS MK, со посебни обврски


во неговото ширење во jугозападниот регион на
нашата земjа во рамките на матичната функциjа.
Како национална установа и со универзитетска
функциjа, Библиотеката остварува богата
мегународна соработка, придонесуваjќи за
афирмациjа на книжното културно наслество и
современата македонска литературна, струча и
научна книжна продукциjа. Почиryвани,
Во вакви пригоди многу често меѓу
присутните се поставувало и се поставува
прашањето, за каква книга се работи, дали се
работи за добра книга, и покраj некои тврдења
дека нема лоша книга. Ако би знаеле што ja чини
една книга добра, многу добри книги би останале
непрочитани. Имено на познати афторитети им
е поставено прашањето што е тоа што ја прави
една книга добра, дали е можно да се воспостават
критериуми според кои една книга е добра или
не. И покраj силните размислувања, наjчесто
биле без одговор. Добра книга не постои од
аспект на неjзината содржина односно идејата
кoja сака авторот да ja сподели со читателите,
воспоставуваjќи го светото тројство, автор, дело,
читател. Но сепак, јас нема да останам должен,
и како моj одговор на ова прашање, ќе кажам
дека, добра книга е онаа кoja ja поседувам, книга
кoja сакам да биде во мoja близина, во мojaтa
библиотека, со неа да комуницирам, едноставно
да ми причинува задоволство да ja имам во своите
раце. Ве уверувам дека таква книга ние имаме
денес пред себе благодарение на авторите Анета
Стефановска и Науме Ѓоргиевски.


Од обраќањето на
АНЕТА СТЕФАНОВСКА


Почитувани,


„Зборовите летаат, напишаното останува”
и затоа за највисок духовен производ на човечката
цивилизациjа е книгата. Таа е наjголем извор на
писменоста, а библиотеките се храмовите во кои се
чуваат тие, научните мисли, како наjвисок степен
на развој на човековата цивилизациjа.
Во Битола, со векови се негувала
традициjата кон книгата, а библиотеката како
ниедна друга институциjа, наjмногу придонела за
зачувување на минатото, одржување на сегашноста
и поглед кон иднината. За да ja разбереме големата
улога на библиотеката треба да се осврнеме на
минатото, со цел да ja расветлиме традициjата на
оваа институција во Битола. Во текот на историjата,
честите промени на власта во Битола довело до
уништување на претходно создадените културни


ДА ВИ ГИ ПРЕТСТАВИМЕ




23
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


богатства при што страдале особено книгите, но
во кое време доаѓале на власт создавале и свои
библиотеки. Една од наjвпечатливите страници
од животот на Османлиската империjа во овој
град е космополизмот и лексичкото шаренило.
Постоењето на разноброjните библиотеки го
потврдуваат овој факт. Текот и развоjот на
библиотеките во Битола и околината беше
предизвикот што ние решивме да го претставиме во
оваа книга. Книгата беше работена врз сознаниjата
од постоjната литература и други непознати записи.
Книгата го презентира материjалот хронолошки,
обработуваjќи ги наjстарите записи (ретки книги),
наjстарите библиотеки во сите временски периоди
(Османлиската управа, српската и бугарската
окупациjа како и по ослободувањето до денес)
За одбележување е како нашиот народ
приоѓал кон книгата, почнуваjќи од учењето
и препишувањето во манастирите, при што се
истакнал манастирот „Св. Јован Богослов- Претеча
во с. Слепче, Демирхисарско, Буковски манастир и
др., па преку читалиштата во Османлискиот период
се до редовното описменување на училиштата
користење на училишните библиотеки. Секако,
за одбележување е како окупаторските просветни
министерства ги користеле постоjните библиотеки
за пропагадна литература.
Книгата е повредна од сите паметници
украсени со слики, зашто сепак самото тоа гради
паметници во срцето на оној кој што ја чита.
На крајот сакам да се заблагодарам на
силната поддршка на Министерката за култура
г-ѓа Елизабета Канческа Милевска заедно со свјата
екипа во која е г-ѓа Снежана Ристовска без која не
можевме да го реализираме овој голем проект. Со
нејзината навистина несебична поддршка нашата
идеја ја претворивме во реалност. Тоа е и мотив и
стимул да работиме понатаму и тоа, ветувам, ќе го
правиме.
Исто така, сакам да се заблагодарам за
големата поддршка на печатницата „Киро Дандаро”
Битола без чиј менаџерски тим не ќе можевме да ја
направиме оваа книга.


Од рецензијата на д-р Михајло
Георгиевски


Почитувани дами и господа,
Со особена чест и задоволство ja прифатив
понудата заедно со мојот колега господинот Миле
Бошески да го промовирам монографскиот труд на
госпоѓата Анета Стефановска и господинот Науме
Ѓоргиевски под наслов “Библиотеките во Битола”.
Авторите на овоj значаен труд се истакнати
библиотечни работници (виши библиотекари) од
Битола од кои едниот од нив т.е. господинот Науме
Ѓоргиевски е актуелен директор на Националната
установа ¬Универзитеската библиотека “Св.
Климент Охридски” во Битола и госпоѓата Анета
Стефановска актуелен пратеник во Собранието
на Р. Македониjа. Во оваа пригода сакам да се
осврнам во кратки црти за библиотекарството во
минатото во Македониjа како и неговата важност
во културно-просветното живеење и развивање на
македонскиот народ што всушност е и предмет на
трудот што сега го промовираме.
Уште во почетокот сакам да истакнам
дека библиотекарството претставува една од
наjсветлите културно-просветни деjности. Во него
се вткаени вековните цивилизациски вредности
што ги обележиле времето и епохата. Наjстарите
познати библиотеки всушност претставувале
збирки на текстови (со клинеско писмо на плочи)
наменети за одреден храм или палата. Наjстари
градби на библиотеки (остатоци) се наогаат на Ур,
кoj датира од третиот милениум пред н.е., потоа во
Пергам од вториот милениум пред н.е., во Ефес,
од 107 година и др. Наjголема гордост за светската
култура и цивилизациjа, а посебна чест и гордост
за нас Македонците, како директни наследници на
древните Македонци, е Александриската библиотека
и библиотекарската деjност во неа. Александриjа,
веднаш по неjзиното основање во 332 год. пред. н.е.
станала центар на македонската и грчка култура
во т.н. хеленистички период. Упаравата на Египет
ja започнал Птоломеj (Лек), еден од командантите
на славниот Александар Македонски. Наследникот
на Птоломеj (Лек) Птоломеj I, и Птоломеj II, ja
формирале и збогатиле наjзначаjната библиотека
во светот, Александриската библиотека, која во
времето на Птоломеj II содржела околу 490.000
примероци од сврзоци а во I век пред н.е.
Фондот на библиотеката достигнал до
700.000 сврзоци. Библиотеката била предодредена
како научна база на наjучените луѓе во тоа време
во кoja се пишувале, и чувале вредни дела од
сите области на науката и уметноста. Должноста
библиотекарот во тоа време се издигнала на
наjвисок степен во хиерархиjата на наjодговорните
државни служби.
За голема жал и несреќа на целото
цивилизирано општество, наjголемата светска
библиотечна ризница од анатичкиот период, во 273
година од н.е. за време на императорот Аврелиjан,
стихиен пожар го уништил последните остатоци од


ДА ВИ ГИ ПРЕТСТАВИМЕ




24
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


српски, француски и др. и си ja негувале cвojaтa
култура и просвета што покажува за широката
душа на македонскиот човек што отсекогаш јa имал
во однос на малцинските народи што живееле со
него. На кpajoт, сакам да ги упатам моите искрени
честитки за обемната и добро подготвената па
дури и прелуксузна публикациjа “Библиотеките
во Битола” од авторите Анета Стефановска и
Науме Ѓоргиевски а во издание на Националната
установа - Универзитетска библиотека “Св.
Климент Охридски” во Битола, финансирана од
Министерството за култура на Р. Македониjа, и
да им посакам уште поголем успех во работата и
афирмациjата на библиотекарската деjност во
Битола како културен и економски центар во
jужниот дел на Република Македониjа.


книжниот фонд на Александриската библиотека,
со што светската култура и наука се лиши од
непроценливите вредности од древниот антички
период.
Почитувани дами и господа,
Причината за кoja ние овде се собравме е
секако обемниот монографски труд посветен на
библиотеките во Битола. Во трудот на 332 страници
паралелен текст на македонски и англискиjазик се
прикажани библиотеките во Битола во минатото
и сега, нивниот развој и улога во кутурно-
просветното живеење во овој значаен македонски
град во којшто освен македонскиот народ сите
малцински народи што живееле во него си имале
и свои библиотеки како што се: турски, влашки,
грчки, романски, еврејски, англиски, бугарски,


Д-р Николче Вељановски
Библиотекар советник


Во македонската книжевност голема
реткост е авторот да се зафати со директен однос
кон мудроста на алхемијата, од зеленото олово да
направи злато. Внатрешниот порив на авторот го
натера да го напише романот „Папокот на светот”
во кој тој копнее по средбата со неговата сакана
Луција. Овај пат авторот сака да каже дека не е
исто да се биде писател наратор и писател кој
го пишува своето дело со крв, со вложување на
себеси, со целосно жртвување. Она малку знаење
кое на некој начин судбински му е подарено заради
неговиот голем копнеж по сопствената душа и
умирање среде животот заради една „замислена”
средба со својата љубена која можеби и нема да
биде остварена, тој сака да го сподели со „слепите”
читатели кои не се свесни за своето слепило, а тие
се неговите обожаватели. Ако Пауло Коелјо не сака
да зборува со никого за темата на своите романи,
Венко Андоновски покажува самосожалување
пред читателите со цел да каже дека ова дело не е
обично литературно дело и него може да го читаат
само ретките кои знаат да ги толкуваат симболите
на алхемијата. Романот „Вештица” можат да го
читаат само оние кои страдаат за да дознаат барем
малку од науката за себеспознанието. Авторот
им се обраќа на кои бараат некакво задоволство
во читањето на ова дело: „ Бараш од мене да
бидам твој личен алхемичар, да ти созреам зелено


олово во злато. И врескаш роман, роман, роман!
Ма немој! Така се пишувало роман! А кој да ти
го напише?! Јас? Зошто би ти го напишал, ти
разгалено суштество седнато на топло, во соба, во
автобус, во трамвај, во чекална, во авион, во тивка
библиотека, легнато на топол кревет, со корици
во рацете, ти лакомо и незаситено суштество што
сака да голта суво злато, а да не ја цени потта на
златарот. Си се прашал ли некогаш КОЈ СУМ
ЈАС?” Ако никој од нас не страда за одговор на
прашањето Кој сум јас?, тогаш нема голема корист
од читање на една ваква книга.
Значи нема страдање без болка, а нема
болка без солзи. Овој свет е океан на безброј солзи,
океан на женски солзи: „ Женската солза е зачин
на злобата. Според тоа, жената е зла по природа,
оти побргу се сомнева во верата и побрзо од неа се
одрекнува, што е темел за магии и маѓосништво...”
Оттука тргнале инквизиторите за да ги палат на
клада „вештиците”, но заборавиле дека пред Бога
сите луѓе се жени, односно, сите сме подложни
на злото, ѓаволот кој се јавува во човекот преку
женската природа како завист, омраза, љубомора,
алчност, себичност, посесивност, страст,
неверство, страв и сл. Дури и ако плотниот татко
ти е ѓавол, ти си син божји... Татко ти плаче:
плаче поради тебе. Знае дека ќе се мачиш. Ти
плачеш. Плачеш поради него. Знаеш дека ќе се
мачи. Солзите не се само течност, тоа се чувства,
мисли, реченици, тие се „стварноста на мракот
и незнаењето” во кој е обвиткан светот: „Отец
Бенџамин се молеше долго, тивко, со внатрешна
солза ... Оче Бенџамине, сеедно ти е, дали си во
реката или надвор од неа. Сеедно ти е дали си жив
или мртов, оти си мртов и во животот и во смртта.
... Страв, страв и крв насекаде полицето на земјата,
под месечината ...” Бог не фрлил на земјата и ни ја
вградил единствената книга во нас – стварноста,


ОСВРТ КОН ДЕЛОТО „ВЕШТИЦА” ОД ВЕНКО АНДОНОВСКИ


ДА ВИ ГИ ПРЕТСТАВИМЕ




25
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


но истовремено ни го дал огледалото на животот
во кое се рефлектирани многу библиотеки и
книги, но авторот како искусен библиотекар и
трагач по вистината ќе извикне: „Ама јас повеќе ја
сакам стварноста. Таа книга – стварноста, не ми е
прочитана, друго се имам читано”.
Авторот ни го претставува и парадоксот
на животот, зошто да сакаме да излеземе пред
светлината кога размислуваме повторно да се
вратиме во мракот, или поточно во ова тело ние
ќе мора да егзистираме во мракот и понатаму.
Има ли човекот капацитет да ја прочита книгата
наречена стварност. Ќе може ли тој еден ден да
се искачи и да застане на кориците од таа книга
и како висок оџак да го допре синото небо,
неговите очи да посинат: „ Ровја удри во близина,
собата на падре Бенџамин се осветли. На ѕидот
се покажа портрет на папата, аматерски нацртан:
на портретот доминираа, испакнати љубопитни
сини очи”. И тој лет на ретките летачи мора да е
лага, затоа што и тој лет на крајот завршува на
земјата. Дали вреди да се жртвува животот за
лагата на летот!? Интуитивно авторот знае дека
во непрочитаната книга – стварност кој секој од
нас ја носи во себе постои свет во кој секој од нас
бил среќен. Таа е градината на рајот во која секој
од нас бил едно со својата сакана а преку неа и
со невидлиовиот Творец. Проклетството пак, да
се биде на земјата настана „кога влезе во мене
отровот, ѓаволот на знаењето”... „и дали затоа
што се занесов во таа ука, јас целосно заборавив
на таа чудна тајна тетратка, на мојата прва, жива,
прочитана и искусена убавина во животот, како и
на мојата буква – девојка „Д”. Се потсетив на мојот
петти роденден кога одбив да го изедам парчето
торта каде се погоди да стои буквата „Д”, која до
денес ја барав во книгите. Сега, мислам дека ја
најдов повторно, по многу еони, но во едно туѓо
списание. Неа ја замени едно стварно русокосо
првоодделенче, а јас станав еден од оние кои го
величаат писмото наспроти сликата”.


Читателот би се запрашал, Зошто туѓо?
Да не е англиско или француско? Можеби е
англиско затоа што зборот Англија потекнува
од „Angela lande” , или во превод „Земјата на
ангелите”. Авторот често пишува пораки на
англиски јазик преку Интернет, а и трговецот
Флоријан Грацијанчиќ го превел како Цветко
Благородниќ кој поднел тужба против неговата
жена дека се среќава со ѓаволот, дека е вештица
затоа што со игла за шиење (sowing niddle) му ја
одзела машкоста (virility). Би можеле да видиме
колку убаво или симболично звучи авторовото
претходно објаснување за неговото трагање по
буквата – девојка „Д” која во кирилицата е петта
буква по ред: Maybe in the time when the devil of
science entered inside myself, or maybe when I was
lost in that science, I completely forgot on that strange
secret exercise book, on my first, live, read and experi-
enced beauty in life, as well as on my letter – girl „Д”. I
remembered that on my fifth birthday I refused to eat
my piece of cake where it happened to stand the letter
„Д”, which I quested in all the books till today. Now,
I think that I found her again, after many eons, in a
foreign journal. She has been replaced by a blond girl
in the first form in primary school, and I became one
of those who glorify the letter instead of the picture”.
Ако човекот е женско пред Бога, зарем
тоа значи дека тој е и мртва кукла, сенка, привид
во животот се прашува авторот: „Дали Бог, со
невидливи конци ги движи мртвите кукли (или
dead dolls = таткови кукли) за да сочини сенки
живи, привид чист, како што е и животот, само
привид чист, само сон и мечта на сенката...
The lead (оловото) killed your father, for all
the letters in the machine are made of lead same as
the bullits of the cowboys in the Wild West… you
are only five years old, your father, the Creator leads
you to a mystic place: at his office at his work desk, in
the old building of “Nova Makedonija”…in the nos-
trils you start feeling the smell of lead, from the let-
ters all standing in mirror image, only after the letter
is printed out, the left becomes right, and the lie be-
comes truth: perfect mirror, magic glass. („Оловото
го уби татко ти, бидејќи сите букви во машината
се направени од олово како што се направени
и куршумите на каубојците на Дивиот Запад...
имаш само пет години, татко ти, Творецот твој
те води на мистично место: во канцеларијата на
работа, во старата зграда на „Нова Македонија”...
уште во ноздринките го чувствуваш мирисот на
оловото од буквите кои стојат обратно во реверс,
и само кога буквата е отпечатена, левото станува
десно, лагата станува вистина: совршено огледало,
магично зрцало”).


ДА ВИ ГИ ПРЕТСТАВИМЕ




26
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


Овде се совпаѓа приказната за Египтјанецот
кому му умрела жената, оти толку многу ја љубел,
сакал пак да ја види и од светлината на љубовта
своја сотворил огледало: „стој светлино, те љубам”
и таа, светлината се смрзнала оти никој порано
не ја побарал за љубовница. Затоа што брзала
на секого да му го осветли патот, се престорила
во огледало прозрачно, тенка стаклена линија
која му зборува на светот дека е минлив, луѓето
и предметите се привид, сенки кои единствено
во него можат да се рефлектираат, а истовремено
огледалото да му потврди на човештвото дека се
што може да се рефлектира во него е исто што и
сонот, не е вистинската книга – стварност која е
скриена длабоко во секој од нас: „Папа, како ли
им е на оние кутри жени кои ги палат на клада?”
„Зошто им го палат телото, кога телото е само
книга на која се испишува страста, а љубовта е во
душата?”
Тоа е исто како кога во огледалото нема по-
ве ќе што да се рефлектира, кога тоа остане празно.


Исто така убавината е светлина, посегаш со рака
да ја фатиш и остануваш со празна дланка. Така и
Бог е невидлив, невидлива е книгата – стварност
во нас. Откако удри ровјата и ја осветли неговата
со ба, отец Бенџамин ја препозна, лагата, заблудата,
илу зијата на светот. Сите луѓе беа само минливи
сен ки на белото филмско платно. Тој некогашен
пад ре Бенџамин, а сега Па па, ја гушна. Цената
на светлината беше бол ката за љубената, за онаа
која требаше да го роди неговото дете, а требаше
да биде из горена во огнот. Но, колку поголема
е болката толку сме по бли ску до Бога. Таа го
запраша: „Ќе има ли некогаш утроба скриена во
утробата моја, Папа?” „Ќе има, кога јаболкницата
ќе роди ѕвезда”. ... ѕвезди има на небото, мила моја,
а јаболка на земјата. Ако небото и земјата се љубат
доволно страсно, тогаш ќе има и ѕвезди на земјата,
и јаболка на небесата, тогаш јаболкницата ќе роди
ѕвезда”.
Алпинистите сонуваат да се искачат на
највисокиот врв на светот Монт Еверест, духовни-
те трагачи сакаат да се соединат со Творецот, осло-
бодувајќи се истовремено од затворот на телото
свое, но кон каде да го направат скокот кој ќе ги
ослободи. Дали е можно духовното искачување на
небото, а истовремено дали постои скокот долу на
земјата: „скок од светот на кориците во светот на
книгите?” секој сам ќе мора да го најде и пре се-
че своето јаболко во кое се зачнала ѕвезда, за да ја
ослободи секој сам сво јата светлина. Нож да зарие
во утробата на светлината, во ја бол ко пресечено
ѕвез до носно. ... „Крвави ме сечината, колку и да
е силна светлината, таа крвта своја не може да ја
сокрие, болна е свет лината болна е ме се чи ната и
крв ави”: „Ќе се вратам во она во што сум сот во-
рена: во оган и свет ли на, во разделина и ви делина,
не плачи, те мо лам, затоа што ќе би дам среќна да
бидам она што сум, брзина не скротлива. Има ли
по го лема среќа од тоа да се вратиш дома, папа, во
куќата на огнот, на Оте цот свој?”
Всушност, авто рот оди длабоко во својата
мис ла дека про феси ја та писател не е да из мислува
романи за све тот кој е сенка, при вид, рефлексија
со нес тварно по стоење: „всуш ност ова е само ре-
цепт за роман... ро ман и не се пишува, туку само
се „распечатува” не прочитаната книга – стварност
која е ис то времено книга за смрт та и бесмртноста,
за земјата и небото, во која е исклучена
рефлексијата во огледалото и све тот на лево и дес-
но, и обратно, на добро и зло. За тоа, авторот им
препорачу ва на читателите да вос креснуваат се кој
ден и да не го се чат јаболкото надолжно како што
тоа досега сите сме го пра веле, туку на преч но, за
да може да се раѓаат нови ѕвез ди.


ДА ВИ ГИ ПРЕТСТАВИМЕ




27
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


ОД НЕКОГАШНИОТ ДОМ
(Извадок од романот “Соседовата кокошка”)


Никола Кочовски


Не беа уште почнати летните жештини, кога
Димко се врати. Му се јави на Благој по телефон.
- О! Стаса ли? Како помина?
- Како што мораше.
Уште веднаш го потсепна темната
сериозност на гласов преку жицата.
- Татко ти... што направи? Арен ли е?
- Почина. Го закопавме.
- Бог да го прости, - за толку барем знаеше
да каже, и покрај самјачкиот живот. - А мајка ми, ја
ви де?
- Дојди, дојди до кај нас... - и прекина.
- Ало, ало! Ало!
“Што е ова?”
Благој ѕвонеше, но телефонот беше зафатен.
Не колку пати ѕвонеше - исто.
“Чудна работа! Неубава работа! Зошто не
ми кажа ниеден збор?”
Беше вечерно време, но без повеќе мислење,
побрза до колата, седна во неа, го запали моторот.
“Мо рам да го видам!” му беше само тоа во умот.
- Влези, влези, - го дочека самиот Димко на
вра тата.
- Не ми докажа...
- Добро де, полека. Седни прво...
- Ама зборај!... - почна да му напира во
грлото веќе вистински немир.
- Не е повеќе жива ни мајка ти...
- Како, бре?! - нешто го секна, нешто прем-
но гу заглушно му зашуми во ушите. Тој замелушен
сед на на што се најде - беше тоа токму шареното плас-
тич но столче што и други пати го гледал тука, иако
не можеше да сфати како се нашло во семејствово
што никогаш немало ни деца ни подмладок. Ме-
ѓу тоа, една лукавост ли беше тоа? Присуството на
Невена, жената на Димко, £ ја одзеде силата на не-
го вата реакција. Немоќно ѕуреше де во него, де во
неа, де којзнае каде. Спушти на него рака Димко,
вни мателно помагајќи му: - Седни поудобно, ете до
ма сата, на столов.


Послушен на благиот повлек на пријателот,
се смести како што му се рече, неколку моменти сам
со својот нечуен говор: “Ја немам... што не лелекам
се га? - Колку јас повеќе сум имал мајка последните
деве тнаесет години откако £ избегав?...”
Пред него беше донесена чаша ракија. Тој
пивна.
Присилувајќи се да го загледа со поприсебни
очи Димко, му рече:
- Кажи де најпосле... Како било! Кога
било?... - И се виде себеси во чудна, можеби и
глупава положба стутулен тука. - Да чујам сакам.
- Мајка ти изгорела... Имало пожар во
куќата... - Димко не можеше повеќе да избегнува,
задолжението требаше докрај да си го исполни.
Во Благој зајачи ново, витлеечко шумоглавие
од грозотијата настремена чудовишно, рамно на
него. Се беше плеснал со прстите по челото.
- Слушам! Слушам! - високиот Димко
ги поттргна очите од кутрата слика на устата, на
лицето што пролелекна.
Но Димко не можеше да си дозволи одеднаш
да ја каже целата вистина, туку, со заобиколувања,
со одбегнувања и неможење да се доодбегне, полека
полека грдата судбина на мајка му на Благој се
оцртуваше пред него.
- Таа си живеела во селото така, сиромашна
сама жена... - фати тој пооддалеку, но попусто му
беше врткањето од она што го беше дознал, чул:
Била запустена, како заборавена себеси, и ретко
среќавана со луѓе, немала повеќе овци, само некое
скудно градинче, та побиркала класје по нивјето
во лето и компири во есен по бербата, и одела на
нижење тутун, сеедно со подведната глава, испиена
во лицето, бледа - бедница, си одела молкум по
работата, и ако некој ја задевнел, ја прашал зошто ја
носи таа црна излитена руба избледена од сонцето,
ќе му одговорела: “Јас си го жалам мажот, умрен
ми е... немам маж”, и не можел да знае прашувачот
дали е распознат од тие свенати очи кој е, како се
вика...Така испустена, £ ја подзеле некоја зимска
ноќ пламништата куќата, £ ја подлокале, никој не
разбрал како се развитлеле, а од неа... селаните
нашле... тоа што го нашле го закопале во селските
гробишта, клале крст од две изделкани заковани


Директорот на ИК “Култура” Глигор
Стојковски и промоторот Петре Димовски


Од промоцијата на романот “Соседовата
кокошка”


ДА ВИ ГИ ПРЕТСТАВИМЕ




28
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


дрвца, но ветриштето, невремето, го обориле, го
прекриле со трева местото каде што била закопана,
тешко можел човек да погоди каде се наоѓа... Така
му рекле, не пошол тој да види.
Иако Димко пак кажуваше некакви
пребирани, ублажени зборови, како сепак да се
подзабораваше, во гласот понекогаш ќе му се
поткраднеше, заедно со нажаленоста, нотка лутина,
навреденост, којзнае на што.
...Од куќата само, од урнатината, уште стрчи
кон небото по некоја гламносана греда, како што
застасале селаните, се бореле со огнот. Но куќата
не успеале да ја спасат. Потоа ја изнесле однатре,
ја погребале во растурениот гроб на свекрва £ и
свекор £... Стаденцето, многу намалено, му го имала
дадено, доста време, на некој Калешко, некогашен
селски овчар, момок, ñ носел овој по троа млеко и
сирење, ама му било јавено на роднината Величко
во градот, па дошол со лимузина (не, не одел сега со
коњ), му го одзел стадото на Калешко, и го предал
во задругата суводолска. “Исчезна поштук од
луѓето мои, нека оди и последното во народното”,
рекол.
Колку што можеше со внимавање ги кажа
Димко овие нешта за неговото родно огниште.
Чашата пред себе ја беше испразнил Благој.
Друга му тури Невена. Тој ја крена и ја испи. Во
грлото му заздива алкохол. Не можеше, не знаеше да
се владее себеси.. Беше ли ова казна, оваа суровост,
дали избезумлива изопаченост која провиорува низ
светот, од која се губи и моќ за разбирање потаму, и
воопшто смисла на сî.
Згреши тој, - знаеше, и ништо потаму не
знаеше. Ова му е дел, заслужен секако, и немаше
претстава до кога ли ќе го срка. Во тоа е, сиот, и
горчливо му е. Да се опие!... Но требаше да се
оди...
Стана. Требаше да го остави човекот што се врати
од Македонија. Со жена му, и со станот, и со масата,
и со столчето шарено, пластично. Виновно го
погледна. Не остана време да му проговори нешто
за неговата мајка. Лабав во нозете, веќе фатен за
кваката, ја прочекоруваше вратата, извинувајќи се,
малку со зборови, многу повеќе со кутриот изглед
на збрканост и отепаност.
-Ти, со мајка ти... отиде барем, кога £ е
потребна надеж... - нагаѓаа неговите невсредоточени


очи, - арно стори, на душата не ќе ти остане
тежина.
- Што надеж може да биде ова нашево
одење! - одврати Димко, доста сведнат и тој во
својата висина. Не е повеќе некогашниот ведар
Димко кому сî глатко му оди.
Улицата повторно се лизгаше со двете
свои страни покрај него, седнат на седиштето и не
којзнае колку грижливо фатен за воланот. Како да
не постоеше воопшто на светот и можност да му се
случи нешто лошо.
“Прости мајко”, му рече на ликот што
мошне жив лебдеше пред него, зададен за дома низ
безбројот светлости и болскоти и од висината и од
сите страни, за кои всушност многу малку водеше
сметка свеста. Темен и во погледот и во разумот,
само автоматизмот на секојдневната навика му
дејствуваше.
А кога по доста долгото јурење низ
расклокотениот простор, се најде, небаре добегнат,
најпосле легнат на креветот спроти двете радија и
рафтот, под запалената светилка, си прошепна со
речиси чујни зборови: “Сега сум уште посам на
светот”.
Барем вечерва не посегна по плоча или
лента. Кога се случува смрт, се тагува без песна и
свирка. И се молчи, како и сам да умрел човек.
И подоцна, во веќе смирената ноќ, можеби
затоа што му се враќаа пак во умот кажувањата
на Димко за изгубениот гроб под тревата, на баба
му Ката и на мајка му, па за стрико му Величко
кој “се потрудил” и за последниот остаток од
неговиот, Благоев дом, стадото, му дојде однекаде,
меѓу многуте помисли и жалења, и прашањето:
“Дали останало нешто барем од оној дуќанот на
дедо Алексо?...” Слабо веруваше дека е тоа можно,
прашувањето беше само така, како тагување по
некогашното. “Она што сме биле...” си рече со
преслаб шепотлив глас во креветот. Светилката
беше поодамна изгасната веќе, битието му се
молеше по сон, кој наидуваше со повеќе лажни
обиди.
Којзнае кое време беше, надвор во
ноќта беше штама, внатре бледа белузлавост се
одразуваше од месечината. Колку беше спал не
знаеше, но во градите се јавуваше пак немирот
од пред втонувањето во сонот, го потстегуваше.


После промоцијата на романот писателот
Никола Кочовски со блиските


Промотор Радован П. Цветковски


ДА ВИ ГИ ПРЕТСТАВИМЕ




29
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


Се исправи на нозе, пријде полека до прозорецот.
Месечината не беше видлива оттука. Ѕвезди на
небото. Толку убаво име имаше мајка му.
Една Ѕвезда, една мајка некогаш му го
осветлуваше патот, но тој ја изгуби, заборави да се
придржува за неа низ плипотилокот на светот.
Блудееше со очите некаде таму горе. Ја
изгубило небото Ѕвездата која едно време него се
обидуваше да го води... Тој заборави на тоа. Долго
имаше заборавено.
Раката му се потпираше на ѕидот, по образот
сети дека се допира на ситото од прозорецот.


РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ
ВО НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА


ЗА 2009 ГОДИНА


Приредилe Ленче Андоновска
и д –р Николче Вељановски


Националната установа - Универзитетска
библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола, за
реализација во 2009 година, имаше поднесено
повеќе проекти до Министерството за култура
на Република Македонија и еден проект до
Комисијата за култура при Собранието на
Република Македонија.
На наше големо задоволство, а
истовремено и голема обврска за нашата установа,
ни беа одобрени неколку капитални проекти.


Заради почитување на законските рокови за
одобрените проекти предвидени во Договорите
за финансирање, веднаш по потпишувањето на
истите се отпочна со нивна реализација.
Се работеше плански во поглед на временските
периоди, почитување на законската регулатива,
добивање на соодветна документација и слично.
Реализирани се сите планирани проекти
за 2009 година:


Замена на старата дограма со нова на стариот 1.
објект од зградата на Библиотеката, и во
целост е реализиран наведениот проект, со
што е заокружен надворешниот изглед на
старата зграда на Библиотеката, на која
претходно во 2008 година, беше направена
конзервација и реставрација на фасадите на
стариот дел од зградата на Библиотеката која
е споменик на култура,
Сите законски процедури околу добивањето 2.
на сите потребни документи за изградба
на поткровје на новиот дел од зградата на
Библиотеката беа реализирани и беше добиена
потребната документација, а сега се заврши
првата фаза од изградбата на поткровјето,
со што Библиотеката доби корисен простор
од 500м2. Поднесен е проект за втората фаза,
односно изведување на внатрешните работи
во новоизграденото поткровје.
Издадена е книгата Ванчо Николески - 3.
Раскази и народни песни (од ракопис до
книга), која ја уредија Анета Стафановска и
Науме Ѓоргиевски,


ДА ВИ ГИ ПРЕТСТАВИМЕ




30
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


Издадена е брошура со наслов „Од љубов кон 4.
Пелистер засекогаш на Еверест“, по повод
20 години од смртта на Димитар Илиевски
- Мурато, главен и одговорен уредник е
Николче Вељановски,
Издаден е „Книжевен зборник на битолски 5.
писатели“, со дваесетина најпознати
битолски писатели со избор од нивните дела
и паралелен превод на англиски јазик, од
Ленче Андоновска и Гордана Пешевска,
Континуирано се врши набавката на книги 6.
според одобрените финансиски средства од
Министерството за култура,
Проектот за набавка на нови членски карти 7.
е реализиран.
Осовременување на одделението за заштита 8.
и репрографија е во завршна фаза, набавени
се сталажи за поставување на книжниот
фонд со што се овозможи полесен пристап
до книгите,
Одржана е Четвртата роднокрајна средба 9.
со битолските писатели од Македонија на
28.05.2009 година, на која поголем дел од
битолските автори се претставија со дел од
нивното творештво,


ДА ВИ ГИ ПРЕТСТАВИМЕ


По повод 8 Декември – Патрониот праз-
ник на Библиотеката, Свети Климент Охридски,
ќе бидат промовирани:


УШТЕ 5 НОВИ ИЗДАНИЈА НА БИБЛИОТЕКАТА


Се одржа Тркалезна маса со роднокрајните 10.
битолски писатели од Македонија на
29.05.2009 година во Библиотеката. Медијатор
на Средбата беше д-р Николче Вељановски.
Се реализира проектот од меѓународна 11.
соработка помеѓу нашата библиотека и
библиотеката од Москва, Русија во месец
јуни 2009 година.
На 20.11.2009, во НУБ „Св. Климент Ох-12.
рид ски“ Ско п је
бе ше про мо ви-
ра на книгата
„Би блиотеки те
во Бито ла“ од
Ане та Сте фа-
нов ска и Науме
Ѓор гиевски.


- Зборник од Четвртата роднокрајна
сред ба на битолските писатели од Македонија.
Гла вен и одговорен уредник д-р Николче Ве ља-
нов ски;


- Каталог на Детската би блио тека од Олга
Куз мановска.




31
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


ДА ВИ ГИ ПРЕТСТАВИМЕ


Во рамките на проектот Заш ти та на стари
и рет ки книги во Би то ла и Битолско, из работени
се:
- Мултимадијален ДВД - РОМ (втора
фаза) - Од ризницата на стари книги во црквите
во Битолско. Автори: Цветанка Дамјановска,
Јоланда Бошевска и Лена Секуловска. Дизајн и
изработка „Лидер инженеринг“ – Битола;

- Каталог на стари и ретки книги од Ленче
Андоновска


- „Библиотеките во Битола“ од Анета
Стефановска и Науме Ѓоргиевски.




32
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 27/28 • 2009


ДА ВИ ГИ ПРЕТСТАВИМЕ


БИБЛИОТЕЧНИ ИЗДАНИЈА 2007-2008