БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД
СПИСАНИЕ НА
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
БИТОЛА
*
Издавач
Националната установа
Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Битола
ул. Ленинова 39
*
За издавачот
Науме Ѓоргиевски, директор
*
Издвачки совет:
д-р Николче Вељановски,
претседател
Јоланда Бошевска
виш библиотекар
Гордана Марковска
*
Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски
*
Редакција:
д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска
Илче Стојановски
*
Лектура
Ивана Коцевска
*
Фотографии
Драги Кабровски
*
Компјутерска обработка
Пеце Илиевски
*
Печати
Академски печат - Скопје
*
Тираж
300 примероци
ISSN 1409–9497
Тел/факс.: 047/220-208;
Тел.: 047/220-515;
Тел. на Изд.: 047/232-999
www.nuub.mk
e-mail: nuub@nuub.mk
СОДРЖИНА
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
РЕАЛИзИРАНА СОРАБОТКА СО УНИВЕРзИТЕТОТ „АРИСТОТЕЛ“
Анета Стефановска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2
РЕАЛИзИРАНА СОРАБОТКА СО УНИВЕРзИТЕТОТ НА ИСТАНБУЛ
Анета Стефановска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
РАзГОВОР СО НАУМЕ ЃОРГИЕВСКИ, ДИРЕКТОР НА
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ БИТОЛА
д-р Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 4
МЕДИЈАТЕКА ВО ВРОцЛАВ
Марија Малгожата Мачковска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8
10 „ЛЕСНИ“ ПРАВИЛА НА ЛИДЕРСТВОТО
„Verba Volant, scripta manent“
м-р Светлана Талеска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 9
39. СОБРАНИЕ НА БзМ И СЕМИНАР НА ТЕМА:
СОВРЕМЕНОТО БИБЛИОТЕчНО РАБОТЕњЕ“
Силвана Јакимова, библиотекар Градска библиотека
„Браќа Миладиновци“- Скопје . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 11
13. РЕПУБЛИчКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ 2012“
Јоланда Бошевска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 12
КНИжЕВНИ ПАМЕТЕњА НА ТУМБЕ КАфЕ
Петре Димовски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 12
80 – ГОДИНИ жИВЕЕњЕ И 45 ГОДИНИ ПИСАТЕЛСКО ТВОРЕшТВО
д-р Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 13
ПОПУЛАРИзАцИЈА НА КНИГАТА ПРОМОцИИ ИзЛОжБИ И ПРЕДАВАњА
Фатма Бајрам Аземовска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 16
ДРУГИ АКТИВНОСТИ – ПОПУЛАРИзАцИЈА НА КНИГАТА
Драги Кабровски и д-р Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 20
ПОСВЕТУВАњЕ ВНИМАНИЕ НА зАшТИТАТА НА КНИжНИОТ фОНД
Ленче Андоновска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 22
ДА ГО ПОТТИКНЕМЕ чИТАњЕТО КАЈ ДЕцАТА!
Фатма Бајрам Аземовска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 22
СЕДМА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА ВО БИБЛИОТЕКАТА
д-р Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 25
ЧУДАТА НА СВЕТОТ
КОЛОСЕУМОТ – СИМБОЛОТ НА РИМ
Лидија Мирчевска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 29
ИНТЕРВЈУ
РАзГОВОР СО ПИСАТЕЛОТ ПЕТРЕ ДИМОВСКИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 30
2
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
На седницата на стручниот совет на НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола одржана на 19.06.2012
година разгледувајќи ги проектите за меѓународна
соработка донесе заклучок да се воспостави
меѓународна соработка со Универзитетската би-
блиотека при Универзитетот „Аристотел“ – Солун,
Р. Грција. Овој проект е финансиран од Министер-
ството за култура. Проектот за продолжување на
меѓународната соработка со Библиотеката „Иван
Вазов“ од Пловдив, Р. Бугарија кој и покрај тоа што
беше доставен до Министерството за култура беше
одбиен.
Стручниот совет разгледувајќи ги и двата про-
екти донесе заклучок делегацијата која ќе патува во
Солун, Р. Грција со истите средства доделени од Ми-
нистерството за култура за реализација на проектот
за склучување на меѓународен договор со Универзи-
тетската библиотека при Универзитетот „Аристотел“
– Солун, Р. Грција, да ја посети и Библиотеката „Иван
Вазов“ од Пловдив, Р. Бугарија.
На 26.06.2012 година делегацијата во состав: На-
уме Ѓоргиевски – директор, Анета Стефановска –
вработена во секторот за меѓународна соработка,
Благој Николов – раководител на сектори и зоран
Јанакиевски – вработен во секторот за развој на би-
блиотекарството замина во утринските часови за
Солун, Р. Грција.
Веднаш во пристигнувањето во Солун ја посетив-
ме Универзитетската библиотека при Универзите-
тот „Аристотел“ – Солун, Р. Грција и воспоставивме
првични контакти со директорот на Универзитет-
ската библиотека. Претставени беа библиотеките
од страна на директорите за нивната функција и
работење со оглед дека се и двете универзитетски би-
блиотеки и се разговараше за взаемна соработка при
приготвување на проекти од заеднички интерес. На
крајот од средбата се договорија утрешниот ден да
се искористи во посета и запознавање со работата и
функционирањето на Универзитетската библиотека
при Универзитетот „Аристотел“ – Солун, Р. Грција, и
поставување на изложба на наши изданија и нивно
подарување со кое во Библиотеката ќе бидеме при-
сутни и презентирани како град и држава.
На 27.06.2012 година во Библиотеката беше по-
ставена изложба на околу триесеттина изданија на
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, за потоа да
се премине кон разгледување и детални информации
за работењето на Универзитетската библиотека при
Универзитетот „Аристотел“ – Солун, Р. Грција. На
крајот, изложените изданија на нашата библиотека
свечено ѝ беа подарени на директорот на Библиоте-
ката во Солун.
На 28.06.2012 година, делегацијата во утринските
часови замина во Пловдив, Р. Бугарија и пристигна
во вечерните часови. Следниот ден посетена беше
библиотеката „Иван Вазов“ од Пловдив, поставена
беше изложба на триесеттина наслови, изданија на
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Пред поголем број на присутни во салата за про-
моции поздравни говори одржаа директорот на
Пловдивската библиотека и директорот на НУУБ
„Св. Климент Охридски“ – Битола со краток осврт
РеализиРана соРаботка
со УнивеРзитетот „аРистотел“
Приредила
Анета Стефановска,
библиотекар советник
3
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
за работењето и функцијата на нашата библиотека.
Потоа збор зеде Анета Стефановска и ја информи-
ра публиката за работата и функцијата на новоотво-
рениот сектор за меѓународна соработка при нашата
библиотека и за бројните посети на библиотеки низ
Европа и воспоставување на соработка со истите.
Благој Николов ги претстави двете изданија на
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, Библиоте-
ките во Битола и Библиотеките во црквите и мана-
стирите во Преспанско – Пелагонискиот регион. По
завршувањето на свечениот дел делегацијата се запо-
зна со работењето на библиотеката „Иван Вазов“ и
размени искуства од работата во библиотекарството.
Одржан беше прес од бугарски електронски ме-
диум на кој покрај директорот на Пловдивската
библиотека пообемно претставување на нашата Би-
блиотека даде директорот Науме Ѓоргиевски. Со оваа
библиотека веќе е потпишан меѓународен договор за
соработка со кој веќе имаме размена на посети на
делегации и од двете страни во изминатиот период.
РеализиРана соРаботка
со УнивеРзитетот на истанбУл
Приредила
Анета Стефановска,
библиотекар советник
Разгледувајќи ги проектите за меѓународна со-
работка пратени од нашата библиотека, Министер-
ството за култура на Република Македонија одо-
бри и го финансираше проектот за воспоставување
меѓународна соработка со İstanbul Üniversitesi
Kütüphane ve Dokümantasyon Daire başkanı - Р.
Турција.
На 12. 08. 2012 година, тричлена делегација од Би-
блиотеката и претставник од Ректоратот замина во
вечерните часови за Истанбул, Р. Турција.
Веднаш во пристигнувањето во Истанбул ја по-
сетивме Универзитетската библиотека и воспоста-
вивме првични контакти со директорот d-r. pervin
bezirci. Меѓусебно беа претставени библиотеките и се
разговараше за взаемна соработка, за приготвување
на проекти од заеднички интерес, размена на литера-
тура. На крајот од средбата се договорија утрешниот
ден да се искористи за потпишување на Договорот за
заедничка соработка.
Следниот ден на 14. 08. 2012 година при повтор-
ната посета на Библиотеката склучен е Договорот за
меѓународна соработка и реализирани беа задачите
предвидени од претходниот ден. Се постави излож-
ба од наши изданија, која и покрај летните одмори
беше проследена од поголем број вработените и на
членови на библиотеката. Изложените книги им беа
подарени, со кои во Библиотеката ќе бидеме присут-
ни и презентирани како град и држава. Вработените
не информираа за работата и функционирањето на
нивната библиотека.
Разговарано беше за вклучување на нашата Би-
блиотека како партнер во европски проект со кој
тие конкурираат, а се однесува на реставрација и
конзервација на стари ракописни книги и нивна
презентација. Проектот треба да биде реализиран
кон крајот на 2012 година, во кој нашата Библиотека
зеде активно учество.
4
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Во понатамошните разговори од наша страна им
беше предложено, заднички да изготвиме проект –
Научна средба – Потеклото, родителите и животот
на Ќемал Ататурк – периодот на неговото детство
и образование. Научната средба би се одржала во
Битола во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола,
следната година (2013,) за која тие беа многу заинте-
ресирани.
На 15. 08. 2012 година на предлог на еден од
домаќините prof. d-r mustafa bereketli беше посете-
на и општината municipality оf adalar belediyesi, каде
што со домаќинот, заменик градоначалник Мüсел
ayranci, разговаравме за можност за аплицирање на
заеднички проекти пред европските фондови, за кој
тој беше заинтересиран.
Роден е во 1956 год. основно и средно образова-
ние завршил во Битола. филозофски факултет група
историја на уметност со археологија на Универзите-
тот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.
Од кога сте вработени во Библиотеката и на
кои рабони места сте поминале?
Во библиотеката сум вработен од 1986 год. На
почетокот како и секој нововработен работев две
години во одделот за издавање на книги за возрас-
ни.После тоа добив ново работно место во одделот
за набавна политика која работа ја извршував се до
доаѓањето на функцијата директор Во 2006 год. , во
меѓувреме совладувајќи ги сите процеси во библио-
течната дејност.
Кога работевте на набавната политика дојдовте
до идеја да организирате „Саем на книгата“ во
Битола, кажете ни нешто повеќе за тоа?
Со доаѓањето на работното место на набавна по-
литика на почетокот ми беше да воспоставам кон-
такт со сите издавачки куќи од Македонија и со
издавачките куќи од бивша Југославија. Како што
одминуваше времето одејќи по саеми на книги во
Македонија и надвор од Македонија во мене тлееше
идејата да организираме Саем на книгата и во Бито-
ла.Така да првиот саем на книга го организиравме во
2004 год. во центарот за култура немајќи соодветен
простор во нашиот град за организирање на вакви
манифестации во градот.
Почнавме скромно со мотив и желба да се орга-
низира некаков мини-саем, но се случи спротивното
- за учество на саемот се пријавија сите издавачки
куќи од Македонија и се наметна проблемот со про-
сторот. Бевме принудени да ги ограничуваме изда-
вачите да не ја носат нивната цела продукција затоа
што немаше простор.
Така да од година во година саемот ги променува-
ше локациите во бавчата на Домот на АРМ, во Музеј
РазговоР со
наУме ЃоРгиевски
ДиРектоР на нУУб „св. климент
охРиДски“ битола
5
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
на град Битола, во Холот на Театарот, за конечно по-
следните пет години да го најде своето место пред
Народниот Театар на отворен простор и секоја годи-
на во последната недела од месец мај.
Исто така последниве неколку години во летниот
период во склоп на Битолско културно лето органи-
зираме мини саем на книги „Битола чита“.
Која беше Вашата улога во формирањето на
КНИИЦ во Библиотеката?
Мојата улога во формирањето на КНИц беше во
тоа што директно бев вклучен во реализација на тој
проект и одреден временски период бев и претседа-
тел на здружението.
Кога дојдовте на функција директор на НУУБ
– Битола во каква состојба ја затекнавте
Библиотеката и која беше првата цел што си ја
поставивте?
Со самото мое доаѓање на директор на НУУБ
„Св.Климент Охридски“, библиотеката ја затек-
нав во многу лоша состојба. Прво што направив
вклучувајќи ги сите вработени генерално чистење
на целиот објект и отстранување на се она што е не-
потребно. Одма само по еден месец го реновиравме
холот на библиотеката со што веќе добивме еден нов
лик на самиот влез.
6
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Во време на Вашето директорување беа набавени
најмодерните компјутери со ЛЦД екрани, ЛЦД
- ТВ и ЛЕД – Мониторот пред влезот на Библи-
отеката, како и за прв пат беше поставен сат за
автоматска евиденција за работно време, кажете
ни нешто повеќе за нивната реализација.
Во мојот шест-годишен мандат се реализирани
доста проекти. Прво да ги напоменам двете донации:
Отварање на библиотечна музејска поставка един-
ствена во нашата држава и целосно осветлување на
зградата со поставување на ЛЕД монитор на самиот
влез, и двата проекти донација од ЕЛЕМ Македонија.
Исто така за прв пат беше поставено електронско
-автоматско евидентирање на вработените.
Дали можете да се сетите кои инвестициони
проекти сте ги реализирале во Библиотеката?
Конзервација и реставрација на фасадата на ста-
рата зграда на библиотеката со промена на прозор-
ците. целосно ентериерно уредување на стариот дел
на библиотеката , промена на подови, промена на но-
ви таваници и комплетно молеро-фарбарски работи.
Ќе ни кажете ли нешто повеќе за проектот
надградба на новото крило на Библиотеката?
Проектот „Надградба на библиотеката“ финан-
сиран од Владата на Р.Македонија како капитална
инвестиција делумно е реализиран и се добија нови
500м2 површина исклучиво наменети за читателите.
Во новиот дел ќе бидат сместени читални за ко-
рисниците, предвидена е сала за промоции, семина-
ри, научни собири и сл., која ќе биде со можност да
има и симултан превод.
Исто така отворена е просторија во која ќе бидат
сместени сите дигитализирани материјали. Истов-
ремено е целосно реновиран и постоечкиот простор
во новиот дел со нови санитарни чворови, замена на
сите подови, и целосно молеро-фарбарски работи на
фасадата и во внатрешните простории.
Во последните години беа реализиарани
повеќе проекти од меѓународната соработка,
кои се тие?
Да, точно така беа реализирани повеќе проекти од
меѓународна соработка: Во неколку наврати во култур-
ниот центар на Македонија во Софија, соработка со би-
блиотеката Иван Вазов од Пловдив, воспоставена со-
работка со библиотеката од Корча Албанија, со Сплит,
Дубровник и задар во Р. Хрватска, воспоставена сора-
ботка со библиотеките во Москва Русија, Братислава
Словачка, Прага чешка, Едрене и Истамбул Турција,
Вроцлав Полска, Виена Австрија и Солун Грција. Уче-
ство на конференциите на ИфЛА во Милано-Италија,
Гетеборг шведска и Сан Хуан Порторико.
На сите овие средби се презентирани активно-
стите на НУУБ„Св.Климент Охридски“ од Битола,
презентација на градот Битола и на Р.Македонија.
заради големата активност беше отворен и нов
сектор Меѓународна соработка.
Автор, односно коавтор сте на повеќе книги,
изданија на Библиотеката, кои се тие?
„Битола низ вековите“- коавтор, „Библиотекар-
ството во Битола“ - научен труд, „Библиотеките во
Битола“ - коавтор, НУУБ „Св.Климент Охридски“
во меѓународната соработка - коавтор, „значајни
7
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
личности“, „значајни личности писатели“, „значајни
личности култура“, „значајни личности образование
и наука“-еден од авторите, Ванчо Николески „Од ра-
копис до книга“ - уредник, Ванчо Николески „Раска-
зи и народни приказни“ - уредник.
Дали сметате дека стручниот кадар во Библио-
теката е доволно ангажиран во работата?
И колку да задоволува струшниот кадар, секогаш
тежнееме кон повеќе, а не само што мислам, но и сум
сигурен дека можеме повеќе.
Библиотеката е постојан учесник на БИТ –
Фест, со кои проекти сме учествувале?
Да, секоја година Библиотеката е вклучена со
повеќе манифестации на БИТ-фест.
Дали сметате дека токму Вие сте најуспешниот
директор досега кој најмногу успеал да ја по-
пуларизира Библиотеката како по просторното
уредување, така и преку големиот број настани
и издавачаката продукција на Библиотеката?
Нескромно е да кажам од моја страна дека сум
најуспешен директор, нека судат другите за мене и
за моето директорување, но мислам дека времето ќе
покаже кој колкав придонес имал во целокупниот
развој на нашата институција.
Сакам да напоменам дека во овај период се изда-
дени 30 наслови на книги што го надминува бројот
од основањето на билиотеката до денес,
Се вели дека за Вашиот успех во голема мера е
заслужна г-ѓа Анета Стефановска, библиоте-
кар советник, едно време член на Парламентот
на РМ и денес член на Државната изборна
комисија, или се тоа само гласини?
Да, точно така без несебичната поддршка на Ане-
та Стефановска доста проекти немаше да бидат реа-
лизирани без нејзиното лобирање.
Дали сте строг како директор и што најмногу
Ви пречи кај вработените, не препознавате ли
во нивните однесувања и некоја своја одлика
што сте ја имале кога не сте биле на директор-
ска функција?
за себе мислам дека сум доста толерантен, а тоа
што најмногу ми пречи, можеби проблемот е во мене
што јас како личност сум доста прецизен и принци-
пиелен и одговорен кон работите. Дали препознавам
некои одлики од времето кога не сум бил директор,
одговорот е да, но некогаш работите треба да бидат
и спротивни на моето мислење.
Како библиотекар и како директор дали сте до-
биле некакво признание или награда за Ваша-
та работа?
2002 год. бев прогласен за најдобар библиотекар
меѓу двата саеми на книги во Скопје, и многу други
пофалници и благодарници. Наградата на градот Би-
тола „4-ти Ноември“.
Во областа на библиотекарството сум ги до-
стигнал највисоките титули-Библиотекар советник
и директор на една од најголемите библиотеки во
Македонија.
Освен директор, дали имате некоја друга
амбиција, желба што би сакале да Ви се оства-
ри на професионален план, односно кои се
Ваште планови за во иднина?
Моите амбиции и планови се да го довршам она
што сум го започнал во библиотеката да се заокружи
во една целина.
Разговорот го водеше д-р Николче Вељановски
Културен информативен центар на РМ во Софија,
Р. Бугарија во 2007 год.
Прием кај амбасадорот на Р. Македонија во Прага, после посетата
на Националната библиотека на Чешката Република
во 2010 год.
8
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Мултимедијалната библиотека - Медијатека е
формирана во 2004 година во Вроцлав во рамките на
проектот на германската фондација Бертелсман во
соработка со градските власти и со Општинска авна
библиотека од Вроцлав. Таа е прва мултимедијална
библиотека за млади читатели која во рамките на
својата понуда има богат книжен фонд како и мул-
тимедии – вкупно над 30.000 позиции.
Во мултимедијалните збирки на Медијатеката чи-
тателите ќе најдат филмови, ДВД, БЛУ РЕЈ, музички
плочи, аудиобуки, компјутерски игри како и елек-
тронски едукативни програми. Библиотеката исто та-
ка овозможува достап до електронската база на книги
– И Бук (e-book) која ја користат многу читатели.
Понудата на Медијатеката е насочена најмногу до
младите луѓе на возраст од 13 до 25 години, но библи-
отеката можат да ја користат сите заинтересирани.
Медијатеката на своите корисници им овозможува
достап до интернет на 13 компјутерски места. чи-
тателите можат да ги добијат сите информации во
врска со дејноста и понудата на Медијатеката во од-
делот за информации како и на професионално из-
работената интернет страна.
Во грижа за потребите на читателите обезбедено
е брзо и комплексно добивање на информации, бес-
платен достап до копјутерските места со интернет
и можност за враќање на позајмените позиции во
деноноќен трезор.
Медијатеката не е само библиотека туку и место
на средби и интересни културни настани. Библиоте-
ката се ангажира во многу општествени проекти ка-
ко пријателско,отворено и толерантно место. Такви
проекти се на пр. Купи му книга на детето, Академија
на Е-сениорот или Напоредник Нула (Вроцлавски
патувачки фестивал). Се организираат разни излож-
би, фестивали и авторски средби како и средби со
видни луѓе.
Елемент кој ја истакнува Медијатеката е Мулти
центарот – интерактивен центар за едукација чија
цел е дополнување на знаењето стекнато во тради-
ционалниот систем на образование и language cafe
кое нуди конверзација со нејтив спикери. Мулти
центарот нуди атрактивни активности со примена
на мултимедијални едукативни програми од разни
области на науката.
Програмите на едукација во Мулти центарот на-
менети се за разни старосни групи. Исто така тие се
прилагодени и за обука на учители.
Поканувани се организирани групи од вроцлав-
ските школи и предучилишни установи на заедничко
учење преку забава во Мулти центарот. Сите актив-
ности организирани во тоа место се бесплатни.
Во текот на една година Медијатеката активно ја
користат над 10 000 лица. Тоа е резултат на нејзиниот
професионален пристап и богата понуда.
Издадени се на корисниците седум пати повеќе
медии во просекот од другите библиотеки во Вроц-
лав.
Успешната работа на Медијатеката во Вроцлав
придонесе вниманието на Советот на градот да се
насочи и на други вроцлавски библиотеки при што
беше прифатена програма за реструктуризација на
цела мрежа на градски библиотеки до крајот на 2012
година.
По завршувањето на соработката со фондацијата
Бертелсман во 2007 година беше подготвен специ јален
извештај кој ги сумираше активностите на три модели
на библиотеки: median@age од Дрезден, planetа 11 од
Олштин и Медијатека од Вроцлав. Од извештајот про-
излегува дека Медијатека има најинтересна понуда на
збирки и активности кои се најдобро прилагодени кон
потребите на корисниците.
целта на функционирањето на Медијатеката е
создавање за младите луѓе пријатен простор за раз-
мена на мисли и погледи, место каде можат да реали-
зираат важни за нив проекти и да ги продлабочуваат
меДијатека во вРоцлав
Приредила
Марија Малгожата Мачковска,
виш библиотекар
9
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
своите пасии и заинтересирања. Се посветува голема
грижа читателите да бидат секогаш исполнети од по-
нудените услуги и со задоволство да доаѓаат во би-
блиотеката.
Освен постојано вработените во библиотеката ра-
ботат и волонтери. Помагаат во секојдневните обвр-
ски при средување на книгите, обработката на нови
колекции, организацијата на разни проекти како и
промоцијата на Медијатека на фејсбук.
При испитувањето на сатисфакцијата читате-
лите на Медијатека за најатрактивно го прогласија
позајмувањето на електронски медии, деноноќната
можност за враќање на медиите, современиот изглед
на ентериерот и пред се компетентната и пријатна
услуга во Медијатеката.
Медијатеката - како што кажуваат корисниците- е
посебно место каде што секој ќе го најде својот оми-
лен филм, книга, музика...
10 „лесни“ пРавила на лиДеРството
„Verba Volant, scripta manent“
Приредила
м-р Светлана Талеска,
виш библиотекар
Она што еден народ го прави вреден за почиту-
вање, она што значи култура и тра диција во живее-
њето, показател на културниот развој на една земја
и на нејзината историја како и показател на циви-
лизацискиот напредок, тоа несомнено се книгите и
напишаниот збор. Токму затоа, библиотеките како
чувари на тие цивилизациски вредности и култур-
ни показатели, претставуваат основни двигатели во
културното, образовното, информациското и едука-
тивното живеење на заедницата.
занимавањето со библиотекарство претставува
одговорна и многу сложена задача, со многу поба-
рувања и предизвици поставени пред неа. Покрај
едукативната подготвеност за извршување на струч-
ниот дел од работата, библиотекарите мора да бидат
подготвени и за вешта и успешна професионална
комуникација. Без разлика дали таа комуникација се
однесува на корелацијата на внатрешно - надвореш-
ните односи или се однесува само на внатрешните
комуникациски релации, мора пред сé да се темели
врз работната етика. Логичен е заклучокот дека ети-
ката и библиотечното работење се во тесна врска и
корелација. А бидејќи креирањето на позитивни и
благопријатни услови за работа пред сé е задача на
менаџерот, многу е важно секој менаџер да знае што
треба да стори за да создаде етичка деловна среди-
на во која субјектите во работниот процес со свое-
то етичко однесување во меѓусебната корелација, ќе
создаваат пријатна работна и организациска клима.
Поаѓајќи од мојата стручна оспособеност во тре-
тирањето на оваа проблематика, како м-р по Менаџ-
мент во областа на библиотекарството, ќе се обидам
да дадам кратко видување на потребните карактери-
стики кои го заокружуваат градацискиот процес на
раководење и од класичен раководител, менаџерот го
претвораат во лидер.
Улогата која менаџерот ја има во водењето на
организацијата и создавање на услови за нејзино
успешно функционирање и напредување е мно-
гу значајна, комплексна и ни малку едноставна. Не
10
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
постојат однапред изготвени правила кои би го пока-
жале патот кон успехот. Секоја работна организација
е засебен „организам“, кој живее во свој ритам. Ис-
тото се однесува и на библиотеката, која има свои
општи карактеристики и група од вработени со свои
одлики и карактерни особини. Да се усогласат си-
те тие карактеристики и карактери и да се насочат
кон една посакувана цел, која ќе гарантира успеш-
но изшување на работата, сето тоа е обврска на
менаџерот. за успешно да се справи со предизвици-
те и да ја спроведе својата законска обврска во де-
ло, секој менаџер поседува одредена моќ, која му е
дадена за да управува и со тоа го става во надредена
положба.
Но, она што менаџерот го прави лидер не е даде-
ната моќ, туку здобиеното почитување и стекнатата
доверба кај неговите следбеници. А тоа се постигну-
ва преку постојано усовршување, лична надградба,
развивање нови вештини и постојано одржување
чекор со новите достигнувања во професијата,
бидејќи лидерството пред сé е одговорност, а не ранг,
привилегија и титула. Вработените го следат лиде-
рот бидејќи тој покажал и докажал дека има визија,
јасно поставена цел и дека ги знае начините и при-
стапите за нејзиното остварување. Лидерот пред сé
е следен поради неговата сопствена природа и вред-
ностите кои ги има (посветеност на организацијата,
лојалност, правичност, комуникациски вештини,
аналитичност, визионерство, креативност, моќ за
убедување, самоконтрола, воздржаност итн.), а не
поради титулата или организациската улога. Лиде-
рот раководи преку влијание, а не преку авторитет.
Силниот лидер не манифестира сила, тој охрабрува,
инспирира, дава енергија, бидејќи и самиот е енер-
гичен, динамичен, креативен и мотивирачки ан-
гажиран. А мотивацијата на вработените е еден од
основните предуслови за успешно извршување на
работата, внатрешен двигател за усовршување на
организацијата и нејзиното движење напред.
Во процесот на раководење, успешните менаџери
не се потпираат само врз законските акти, норми-
те и правилата за однесување предвидени со зако-
нот. Успешниот менаџер има прецизно чувство во
применувањето и отстапувањето од таквата закон-
ска регулатива. Се разбира, тоа никогаш не смее да
предизвика негативно влијание врз севкупниот ра-
ботен процес ниту да го загрози индивидуалниот
интегритет на поединецот.
Согледувајќи ја важноста од совладувањето и
применувањето на начините на менаџирање и нив-
ното влијание врз успешноста на организацијата,
многу се дискутирало и истражувало во сферата на
менаџментот. Покрај огромниот број на дефиниции,
теории, стручни толкувања и научни пристапи, се-
пак во секојдневното практицирање на менаџментот,
доволно е менаџерот да се раководи од неколку ед-
ноставни, но многу корисни правила на однесување
кои ги предлага американскиот авторитет во обла-
ста на менаџерските мотивирачки техники - Џејмс К.
Ван флит, а кои значително би му ја олесниле работа-
та во процесот на интерперсоналната комуникација
и во подигањето на квалитетот на работењето.
10 „лесни“ правила на лидерството:
Пожелно однесување:
1. Почитување и соработка со вработените
2. Давање на личен пример што ќе се следи
3. Подеднакво користење на вештините и способ-
ностите на вработените
4. Објективна проценка на својата работа
5. Доследност во спроведувањето на одлуките
6. Обрнување внимание на жалбите и поплаките
од вработените
7. Постојано информирање на вработените за ра-
ботата на организацијата
8. Одбегнување да се користи позицијата за лична
корист
9. Упатување искрени пофалби и награди кон вра-
ботените
10. Соработка, заедничко донесување на одлуки,
тимска работа
Недозволено однесување:
1. Користење на диктаторска комуникација
2. Покажување моќ и заканување
3. Јавно критикување
4. Преокупираност со хиерархија
5. Неконтролирано подигање на гласот кон вра-
ботените
6. Употребување на вулгарности
7. Дискриминаторско однесување по која било
основа
8. Омаловажување и исмевање
9. злоупотреба на трудот
10. Управување со предизвикување страв
Применувањето на овие едноставни правила на
однесување, културното и професионалното кому-
ницирање, меѓусебното почитување, колеги јалноста,
професионалноста и примената на деловната етика
воопшто - тоа се единствено исправните начини на
однесување, преку кои ќе го зачуваме дигнитетот на
професијата и личниот дигнитет на личноста и ќе го
подигнеме угледот на библиотекарството и библио-
текарската професија.
11
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
39. собРание на бзм и
семинаР на тема:
совРеменото библиотечно
Работење“
Силвана Јакимова, библиотекар
Градска библиотека
„Браќа Миладиновци“- Скопје
39. Годишно собрание на Библиотекарското здру-
жение на Македонија, оваа година се одржа на 22 и
23 мај во Битола, во хотел „Премиер“ со почеток во
11 часот. Собранието го отвори и и присутните ги
поздрави директорот на НУУБ „Св. Климент Охрид-
ски“- Битола, Науме Ѓорѓиевски, кој воедно беше и
домаќин на овогодинешното собрание.
Програмата за собранието ја изнесе д-р Николче
Вељановски, претседател на здружението на БзМ.
Темата на Собранието оваа година беше „Совреме-
ното библиотечно работење“. Присутни беа библио-
текари од повеќето библиотеки во Македонија.
Програмата за двата дена ја изнесе д-р Николче
Вељановски, претседател на здружението. Веднаш
се премина на спроведување на програмата за први-
от ден. започна семинарот на тема: „Современото
библиотечно работење“. Трудови презентираа: м-р
Вилма Јованова, виш библиотекар („Мозаикот ус-
луги ги прави библиотеките различни од книжар-
ниците“, Науме Ѓоргиевски, библиотекар советник
(„Современото библиотечно работење во високош-
колските библиотеки“), Анета Стефановска, би-
блиотекар советник („Меѓународната соработка на
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола), Јелисавета
Костадинова, виш библиотекар и Јовица Тасевски го
претставија трудот на м-р жаклина Ѓалевска, виш
библиотекар, Валентина Дојчиновска, виш библио-
текар и Јовица Тасевски („Насоки за определување
нормирани облици на лични имиња на автори соглас-
но препораките за транслитерација на кириличното
писмо во латинично писмо“), цветанка Дамјановска,
библиотекар советник („Некои искуства од работа-
та на Роднокрајните библиографии во Нацоналната
установа –Универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски“-Битола, Јоланда Бошевска, библиотекар
советник („Роднокрајната библиографија – проект
на предизвик и задоволство“), м-р Аница Глигоро-
ва Милева („Библиотеките во дигиталниот свет“) и
Марко цуцуловски („Книги за сто денари“), беше
прочитан текстот извадок од трудот на Елена Нико-
динова „Светскиот ден на книгата и авторското пра-
во – 23 април празник за сите нас“ од д-р Николче
Вељановски.
Вториот ден, (23 мај беше работниот дел на БзМ.
Претседателот на БзМ, д-р Николче Вељановски
поднесе Извештај за работата на БзМ за 2010-2012,
со посебен осврт на финансискиот дел и проблеми-
те со кои се соочуваше здружението во овој период.
Извештајот за работата беше едногласно прифатен
од присутните делегати.
Наградата „Климентова повелба“ му беше доде-
лена на д-р Николче Вељановски, библиотекарски
советник. Во врска со наградата беше разгледана
претставката од Надзорниот одбор и истата беше от-
фрлена од Собранието. Собранието едногласно од-
лучи наградата да ја добие д-р Николче Вељановски.
По предлог на Благој Николов беше избрана трич-
лена комисија која ќе прави измени во Статутот на
БзМ, по предлог на Извршниот одбор на БзМ.
Беа избрани и новите членови на ИО на БзМ, чле-
нови на Надзорниот одбор, членови на комисијата
за Климентова повелба, а за нов претседател беше
избран Благој Николов, библиотекар советник. Сите
членови беа избрани по предлог на присутните деле-
гати и едногласно прифатени од Собранието.
По завршувањето на работниот дел на Собрани-
ето, гостите го посетија археолошкиот локалитет
Хераклеа Линкестис. Текот на Собранието медиум-
ски беше покриено од телевизиските куќи „Тера“ и
„Орбис“ од Битола. Интервјуирани беа претставни-
ци од сите библиотеки, кои се изјаснија за состојбата
на библиотекарството во Македонија и примената на
современите текови во библиотечното работење.
12
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕјА ДО РЕАЛИЗАцИјА
„Битолски книжевни паме тења“, манифестација
која ја организира Битолскиот книжевен круг со
поддршка на НУУБ „Св. Климент Охридски“ Бито-
ла, а финансиски помогната од Министерството за
култура на Република Македонија и од Општината
Битола, по вторпат оваа година се одржа во рам-
ките на Битолското културно лето. На првиот ден
од Манифестацијата, 8 август, на Летната сцена на
Тумбе Кафе, со свои творби настапија реномирани
книжевни паметења
на тУмбе кафе
Приредил
Петре Димовски
Традиционално и оваа годи-
на Библиотеката, во соработка
со основните училишта го ор-
ганизираше општински нат-
превар „Млади библиотекари“
кој се одржа на 03 10 2012 годи-
на во Роднокрајната читална.
На натпреварот зедоа учество три-
наесет ученици од основните учи-
лишта од Битола, с.Добрушево,
Могила, Бистрица, с.Горно Ориза-
ри и с.Ивањевци. Младите библи-
отекари со помош на своите мен-
тори успеаја да ги совладаат основ-
ните поими од библиотекарството
објаснети во прирачникот кој им
беше навреме доставен. Првото
место и припадна на Лина Грозда-
новска, ученичка во Vii одделение
при ОУ „Тодор Ангелески“ - Бито-
ла. Второто место го освои Горда-
на Саботковска,, ученичка во Vii
одделение од ОУ „Гоце Делчев“-
Могила. Третото место и припад-
на на Марија Ѓуровска, ученичка
во Viii одделение при ОУ „Браќа
Миладиновци“ - с. Добрушево.
Победникот на натпреварот
Лина Грозда новска се стекна со
право да учествува на 13-от Репу-
блички натпревар кој се одржа на
19 октомври 2012 година во Град-
ската библиотека „Браќа Милади-
новци“ во Скопје. На натпреварот
учествуваа 22 натпреварувачи,
претставници на библиотеките од
Р. Македонија. Тестирањето трае-
ше еден час и истото беше спро-
ведено од тричлена Комисија на
БзМ: м-р Сузана Данаилова, виш
библиотекар, претседател, Пепи
Ставревски, член и Илија захари-
ев, член. Повеќе натпреварувачи
имаа максимален број на бодови.
затоа им беа поставени допол-
нителни прашања со кои треба-
ше да се пронајди најдобриот од
најдобрите. Првото место го ос-
вои Лина Гроздановска од Бито-
ла. Второто место му припадна на
ученичката фросина Андреева од
ООУ „Видое Подгорец“ – Стру-
мица, а третото на зорица Геор-
гиевска од ОУ „Лазо Трповски“
– Општина Карпош, Скопје. На
победниците, наградите им ги до-
дели Благој Николов, библиотекар
советник и претседател на БзМ.
На учесниците и нивните менто-
ри им беа доделени благодарници.
Домаќинот организираше за сите
гости на натпреварот посета на
зоолошката градина.
Директорот на НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“ Битола и честита-
ше на Јоланда Бошевска, библио-
текар советник која победниците
од општинските натпревари во
Битола ги подготвуваше за по-
следните седум Републички нат-
превари каде беа освоени 4 први и
две втори места.
13. РепУблички натпРеваР
„млаДи библиотекаРи 2012“
Приредила
Јоланда Бошевска,
библиотекар советник
13
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
поетски имиња од Скопје, Прилеп, Охрид и Струга,
заедно со поетите од Битола збрани во писателската
книжевна асоцијација.
за првпат Манифестацијата „Битолски книжевни
паметења“ ја додели наградата Книжевен круг, која
му припадна на истакнатиот македонски писател
Владимир Костов, кој живее и твори во Битола, за
неговиот голем придонес на книжевното поле, чие
дело трајно се втемелува во тековите на национал-
ната меморија на Македонија и останува вградено
во културната ризница на вредностите. Одлуката ја
донесе жири комисија во состав: Ефтим Клетников,
претседател, Никола Кочовски и Кире Неделковски,
членови.
На 9 август, вториот ден од Манифестацијата, во
просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“, се
одржа научниот симпозиум на тема Битола во дела-
та на Владимир Костов.
80 – гоДини живеење и 45 гоДини писателско твоРештво
Приредил
д-р Николче Вељановски,
библиотекар советник
Проф. д-р Владимир Костов е современ ма-
кедонски раскажувач и драмски автор, еден од
најплодните прозаисти, кој целиот свој опус го по-
светил на градот Битола. Роден е 1932 год, дипломи-
рал на Филозофскиот факултет во Скопје, а првото
вработување му било како артист на радиодрамата
во Радио Скопје. Во 1956 година станал професор
по македонски во Средно ветеринарно училиште
во Битола, а во 1964 година бил избран за профе-
сор на Педагошката академија во Битола, каде ра-
ботел се до своето пензионирање. Член е на Друшт-
вото на писатели на Македонија, на Македонското
научно друштво и битолскиот книжевен круг, а во
2010 година се стекна со титулата почесен доктор
на Универзитетот во Битола.
Во организација на Универзитетот „Св.Климент
Охридски“, а со поддршка на универзитетската би-
блиотека и Друштвото на писатели од Македонија и
литературното книжевно друштво „Дениција“ при
Педагошкиот факултет – Битола на 21 септември
во салата каде што се одржуваат состаноците на
Сенатот на Универзитетот (зградата на Правниот
факултет – комплекс касарна) во организација на
Ректоратот се чествуваше 80 – години од раѓањето
на писателот професор и почесен доктор на науки
Владимир Костов. Во негово отсуство, но во при-
суство на неговата сопруга г-ѓа Ружа Костова и не-
говите две ќерки, неколкумина од неговите колеги –
пистали и други, Ректорот ги излагаше прв своите 80
напишани редови во чест на славеникот Владимир
Костов. Тој се осврна на долгиот творечки опус на
Писателот со потенцирање на растојанието во годи-
ни од издавањето на делата до денес.
14
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
ИНТЕРВјУ
„Досега имам напишано околу 250 страници, но
за да не претерам во моето денешно излагање јас ќе
прочитам само 80 редови. Ние посебно го почитува-
ме како професор на нашиот универзитет, тој пре-
даваше на Педагошкиот факултет. Исто така, ние
го прогласивме Владимир Костов, за прв почесен
доктор на науки на Универзитетот „Св. Климент Ох-
ридски“ во Битола. заради тоа имаме еден посебен
однос кон професорот Владимир Костов и сите се со-
гласивме дека оваа личност заслужува да направиме
едно чествување за него. Универзитетот во чест на
Владимир Костов востанови награда за куси прозни
творби, a интересот за учество на тој конкурс е огро-
мен и секоја година универзитетот доделува награди
за најдобрите творби, изјави ректорот на Битолскиот
универзитет, проф. д-р златко жоглев.
за Владимир Костов каков што не го знае јавноста
зборуваше неговиот пријател и колега проф.д-р
Александар Стерјовски: „co Владимир Костов се по-
знаваме 55 години, сме ги поминале заедно детските
го-дини, гиманзиските денови, сме работеле во иста
институција, сме биле во иста канцеларија, а бевме и
соседи. Ние сме многу блиски пријатели, токму затоа
денес, на неговиот роденден, се определив да збору-
вам за еден непознат Владимир Костов, да откријам
некои работи што не се познати во литературната
историја, за наградите што ги добиваше уште како
ученик, за неговите амбиции да стане актер, односно
за се она, што за пошироката публика е еден непознат
Владимир Костов”, изјави професорот Стерјовски.
Меѓу другото ќе рече: „за малку ќе го загубевме Вла-
димир Костов како писател ако беше реализирана
неговата желба да стане режисер“, рече тој. „Уште не-
што, Костов во една пригода ми рече: “Јас пишувам
со крв“. Размислете добро за ова!“
Настанот по повод 80 го-дини од животот на
Владимир Костов беше одбележан со програма ор-
ганизирана од Универзитетскиот литературен клуб
«Дениција», а учествуваа наставен кадар, асистенти и
студенти од Педагошкиот факултет во Битола, кои се
претставија со нарација, односно читање на делови
од творештвото на Владимир Костов. Пригодна све-
чена уметничка програма имаа учениците од Сред-
ното музичко училиште во Битола со професорката
г-ѓа Мери Кафкалева.
На свеченото чествување во име на професорот
Костов, неговата сопруга Ружа Костова го прими по-
дарокот-уметничка слика, која по повод 80 години
од раѓањето на Костов, му ја подари Универзитетот.
Во нејзиниот краток говор таа ќе се заблагодари на
Ректорот и колегите – писатели, „а посебно му израз-
ува благодарност на д-р Николче Вељановски кого го
смета за негов критичар кој со неговите текстови од-
блиску ги расветлува неговите дела“.
Во своето кратко пројавување д-р Николче
Вељановски ќе реќе: „Писателот проф. д-р Владимир
Костов го прави универзален и единствен неговото
страдање за Невидливото. Ова е една мала тајна која
треба да ја знаат и неговите блиски, но и неговите ко-
леги – писатели и пошироката јавност. Кога прв пат
влегов во неговиот дом, тој ми рече „Николче немој
да ме измачуваш и да ме тераш да го отворам веќе
затворениот ракопис на четвртото преработено из-
дание на „Учителот“ зашто тоа толку ме измачува“
(некаде пред Божиќ во телефонски разговор тој ќе
ми рече: Паркинсоновата болест ми го парализира
телото да не може да се движи, но умот се уште добро
ме служи за интензивно интелектуално работење.
И до денес сум окупиран со Учителот, но не сум во
состојба да го објавам 5-тото издание.) за овој свој
роман што во своето прво издание излезе пред 36 го-
дини во 1976 година во едно убаво црвено издание
со тврд повез, а до кој јас дојдов кога се запослив во
Библиотреката во 1983 година, Костов ќе рече: „Тоа
е роман – фокус на сите мои филозофски размисли“,
а јас би рекол филозофско–религиозни размисли“.
Сите четири изданија се над шестотини (шестоти-
15
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
ИНТЕРВјУ
ни и девет, десет страници во кои последниот збор
ЉУБОВ). Во еден наш разговор по телефон ќе го
запрашам зошто не го намали до кај 150 страници
за да би можеле барем неговите колеги – битолски
писатели да размислуваат околу неговата порака. Тој
ми одговори: „јас не можам да се враќам сега назад,
таков беше текот на мојата мисла“. Кога професорот
Стерјовски ги спомна неговите зборови, дека пишу-
ва со крв, тоа асоцира на неговата единственост во
страдањето за Невидливото како што тоа едно време
го напишал и познатиот германски и светски познат
филозоф Ниче: „Никој не страдаше толку многу за
она за кое што страдав јас“. Ете ова нека биде мојот
поздрав до професорот д-р Владимир Костов“.
Овде би сакал да дадам едно објаснување во по-
глед на зборот „Невидливото“. Писателот Владимир
Костов е редок писател „кој пишува со својата крв“,
односно пораката која ја дава, помалку или повеќе,
во сите негови дела е „бесмртноста“, а не минливо-
то, како во животот така и во науката. Тој ја презира
секоја догма во науката и религијата, а во литерату-
рата трага по хероите кои го разгореле во себе огнот
на бесмртноста, наспроти луѓето – глувци, зашто ме-
диокритетите лесно можат да преминат во џган, како
оној „џган пред две илјади години кој го распнал Исус
Христос“. зборот „џган“ кај Писателот најверојатно
го опишува она најниското, најзлобното, бескрупу-
лозната омраза која станува убиствена која што може
многу лесно да ја завладее „толпата“, а која елабора-
тивно ја дефинирал Ле Бон.
Кога се вратив на работа си помислив, „да поглед-
нам мислам дека четвртото издание од „Учителот“
не завршува со зборот „Љубов“. Видов дека послед-
ната страница завршува како и на почетокот, Трпко
ја турка пред себе количката која крцка под товарот
и таму се спомнува неговиот син. Си помислив, „не
завршува со зборот Љубов!“. Истата ноќ сонував
како на улицата Херц(-еговина) туркам количка со
остатоци од градежни материјали, не во правец на
куќата на комшијата ГОГО туку во правец на гара-
жата на електричарот за коли ПЕцЕ. Кога стигнав до
една куќа каде се градеше, како да имаше железни
скелиња преку цел тој дел пред куќата и улицата, а
јас требаше да се провирам со количката низ нив,
слушнав глас, како од НЕКОЈ познат: „А, бе никако
не застануваш со работа!“ На работа ме знаат дека
постојано градам, а и штотуку ја доправивме фаса-
дата на куќата. Ми велат, сега е доста застани! Ја кре-
нав главата и видов глава од млад човек на аголот
на куќата како да стоеше и работеше токму горе, под
ќерпијата од кровот. зборовите ми беа познати, но
ЛИКОТ негов не го препознав. „Работата нема крај“
– Му одговорив и сонот заврши. Градењето, работата
како и љубовта немаат крај. Овие симболи секогаш
го поврзуваат синот со Таткото (Трпко) за кого сим-
боликата е постојаност, сеприсутност, сезнаеност и
семоќност, пред се, беспочетност и бескрајност, од-
носно бесмртност како што е беспочетна, бескрајна
и бесмртна Љубовта. И ние луѓето кои постојано
градиме како што ја полниме количката со градежни
материјали и нивни остатоци за фрлање, така тре-
ба да ја полниме количката на животот (Трпко) со
Љубов, за да ја отфрлиме омразата СО цЕЛ да не си
наштетиме СЕБЕ СИ, бидејќи ЉУБОВ СМЕ.
Истиот ден, вечерта му се јавив по телефон на
професорот Костов. Се извинуваше што не ќе мо-
же долго да стои на нозе покрај телефонот зашто
паркинсонот од рацете сега му преминал на нозете:
„Сега можам колку сакам да пишувам со рацете, а и
умот, фала му на Бога, ме крепи“. Во поглед на моето
излагање за неговото „страдање“ ќе рече: - „Добро си
го приметил тоа!“ - „Тебе сакам да ти откријам дека ти
ќе бидеш меѓу првите до кои ќе стигне мојата најнова
книга инспирирана од етнологот Леви Строс. Дали
си чул за него? Па, да видиме што ќе даде Господ да
пишувам во неа!?“
16
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
25.12.2011 г.
МИНИСТЕРКАТА ВО ПОСЕТА НА
БИБЛИОТЕКАТА
Министерката за култура Елизабета Канчевска
Милевска на ден 25.12.2011(сабота) оствари средба
во Битола со петте директори на театарот, центарот
за култура, библиотеката, заводот и музеј и музејот
на албанската азбука каде што се одржа во кабинетот
на битолскиот градоначалник Владимир Талески. На
средбата министерката Милевска го искажа своето
задоволство од работата на сите национални кул-
турни установи во Битола, По средбата со градона-
чалникот на Битола се упати во НУУБ „Св.Климент
Охридски“ - Битола. На средбата со првите луѓе на
библиотеката стана збор за програмските активно-
сти на установата за идната година.
Март 2012 г.
СОРАБОТКА СО ОСНОВНОТО УЧИЛИшТЕ
ВО ПУСТЕЦ
Да се стигне до македонското село Пустец во
Албанија и да се присуствува макар и еден ден е голе-
мо доживување. Селото е оддалечено 25 километри
од Корча, еден од поголемите албански градови, но
како да е оддалечено стотици години од сегашноста.
Пустец и околните девет села се населени исклучи-
во со Македонци. Македонците од Пустец прават се
за да си го говорат и зачуваат својот чист македон-
ски јазик. Во Пустец и уште осум околни села жи-
веат само Македонци, на македонски јазик државата
Албанија им дозволува да учат само до четврто одде-
ление. Директорот на НУБ „Св.Климент Охридски“
– Битола г –дин Науме Ѓорѓиевски оствари работна
средба со директорот на основото - средното учи-
лиште г –дин Михалаќ Апостоловски од Пустец –
Република Албанија. На средбата се разговараше за
проблемите, потребите и дефинирање на наредните
чекори за идна соработка меѓу двете институции.
17 Април 2012
ПРЕТСТАВНИЦИ ОД КОНГРЕСНАТА
БИБЛИОТЕКА
Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“
– Битола г–дин Науме Ѓорѓиевски оствари работна
средба со претставници од Конгресната библиоте-
ка – Соединетите Американски Држави (library of
congress) и Светската дигитална библиотека (World
Digital library) со господата mr. Grant G. Harris and
mr. Jason Yasner и претставници од американската
амбасада во Р. Македонија. На средбата се разгова-
попУлаРизација на книгата
пРомоции изложби и пРеДавања
Приредила
Фатма Бајрам Аземовска
17
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
раше како наскоро НУУБ „Св.Климент Охридски“
– Битола да стане член на Светската дигитална би-
блиотека со седиште во Вашингтон и Конгресната
библиотека. Сите дигитализирани материјали што
ги поседува библиотеката ќе може да ги користат
членки од целиот свет што е од големо значење како
за самата библиотека, така и за градот и целата држа-
ва. целта и вредноста на тоа што го имаме е сподел-
бата на културното наследство, на културата и на се
она што го има една земја, да го приложи и да биде
достапно до секој студент, кој од дома ќе може да има
пристап на една голема колекција на материјали кои
ги има Дигиталната светска библиотека
23 Април 2012
СВЕТСКИ ДЕН НА КНИГАТА И
АВТОРСКОТО ПРАВО
По повод светскиот ден на книгата и авторското
право, беше организирана пригодна манифестација
од НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола. Идејата за
одбележување на овој ден потекнува од Каталонија,
каде на 23-ти Април на денот на католичкиот праз-
ник Св.Јурја, традиционално се подарува ружа за
секоја подарена книга , традиција која трае скоро 100
години. Се смета дека токму оваа дата е избрана за-
тоа што на 23-ти Април како повод е земена и смртта
на великаните на светската книжевност Мигуел Де
Сервантес и Вилијам шекспир.
Одлуката да се одбележува овој ден како светски
ден на книгата и авторските права е донесена на оп-
штата кон ференција на УНЕСКО, одржана во Па-
риз 1995 година. На при сутните гости им се обрати
г. Науме Ѓорги евски, директор на НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“ –Битола, читање на пораките од г-ѓа
Ирина Бокова, генерална директорка на УНЕСКО и
македонската порака од д-р Александар Прокопиев,
Институт за македонска литература. Програмата ја
збогатија младите поети од литературниот клуб „По-
етски рефлексии“.
На крајот на настанот следеше традиционално
подарување книга на посетителите.
РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ВО РАМКИТЕ
НА БИТФЕСТ 2012
Моја библиотека, 11-12 јули 2012
На 11 и 12 јули 2012 година, се одржа дводневна
презентација на услугите што Националната устано-
ва Универзитетска библиотека „Св. Климент Охрид-
ски“ – Битола им ги нуди на своите членови на Web-
порталот cobiss/opac. На овој начин граѓаните на
Општина Битола имаа можност непосредно да се за-
познаат со новите услуги на „МОЈА БИБЛИОТЕКА“.
Притоа беа и во директен контакт со вработените од
Библиотеката да поставуваат прашања за сите сег-
менти од овој дел.
УЧИМЕ ДА ТВОРИМЕ, ЈУЛИ – АВГУСТ 2012
Во рамките на проектот се одржуваат осум рабо-
тилници за 15 – 20 млади заинтересирани луѓе како да
пишуваат книга. На работилниците на мошне слико-
вит начин се прикажа процесот на создавање на едно
книжевно дело од идеја и замисла, до истражување
и нејзината подготовка, пишување, илустрација,
вообличување, печатење, дистрибуција, па се првиот
контакт со читателите.
„БИДИ КАБАДАЈА - ЧИТАЈ КНИГА“,
јули – август 2012
Можете ли да замислите читајќи да се соживеете
со книгата и да заплачете или гласно да се насмеете
читајќи. Е тоа е длабоко чувство и со тоа писателот ја
постигнал кулминацијата со тоа што ве вовел цело-
сно во самото дејство.за крај, не е исто дали читате од
книга hardcopy или дигитален облик на книга. Стати-
стички е докажано дека читањето од екран е побав-
но за разлика од читањето од хартија односно книга.
затоа бидете во тренд и користете го интернетот и
дигиталниот свет, но не забора вај те на книгите, и
уживањето со нив. земете добра книга, најдете добро
место за читање, кафенце до Вас и уживајте.
Најдобрите фотографии беа наградени и беа из-
ложени во холот на библиотеката во месец август
2012 година.
18
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
8-ми септември
ПРОЕКТ НА ВЛАДАТА 1000 КНИГИ
По повод 8-ми Септември – Денот на независно-
ста на Република Македонија, НУУБ „Св.климент
Охридски“- Битола организираше изложба на кни-
гите кои се дел од проектот на Владата на Република
Македонија „Преведување на 1000 стручни и научни
книги и учебници“.
На изложбата обраќања имаа градоначалникот
на општина Битола м-р Владимир Талески и г. Науме
Ѓорѓиески – директор на НУУБ „Св.Климент Охрид-
ски“ – Битола.
Изложбата свечено ја отвори проф. д-р златко
жоглев - ректор на Универзитетот „Св.Климент Ох-
ридски“- Битола.
Ректорот на Универзитетот проф. д-р златко
жог лев кој ја отвори изложбата посебно се осврна-
на значењето на книгата: „Во развојот на човечката
цивилизација, според една мисла, луѓето учеле и учат
најчесто преку други умни луѓе, преку искуството и
преку книгите. Со појавата на книгата како печа-
тен медиум е предизвикана експлозија на знаења
во човечката историја“. Тој рече дека за прв пат во
Македонија се преведувааткниги во толкав обем од
светски познати автори: „за прв пат на свој мајчин
јазик имаат можност и професорите и студенти-
те, соработниците, како и другите претставници на
интелектуалната јавност да читаат и учат книги од
најдобрите светски универзитети.“
Септември 2012
Во рамките на програмата за одбележување на
Меѓународниот ден на мирот, директорот на НУУБ
„Св. Климент Охридски“- Битола г.Науме Ѓорѓиески
и австрискиот амбасадор во Р.Македонија др. Томас
Михаил Бајер на ден 20.09.2012 година потпишаа
договор за соработка и свечено беше пуштена во
употреба „Австриската библиотека“ во рамките на
библиотеката при НУУБ „Св. Климент Охридски“-
Битола. Потпишувањето на договорот подразбира
проширување на меѓусебната соработка преку разме-
на на стручен кадар од областа на библиотекарство-
то и информациските науки и размена на искуства,
учество во меѓународни проекти и организирање
културни манифестации за приближување и
запознавање на културите на двата народа, како и
донација на 2500 австриски книги за сите љубители
на пишаниот збор.
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МИРОТ
21 Септември 2012 година
Во 2001 година за Меѓународен ден на мирот беше
прогласен 21 септември.
Резолуцијата вели: „Меѓународниот ден на мирот
е ден за глобално прекинување на огнот и за нена-
силство, покана до сите нации и луѓе на тој денот
да ги прекинат си-
те непријателства...“
„Ги повикува сите
земји членки, орга-
низации во системот
на Обединетите на-
ции и невладините
организациии, сите
лица на соодветен на-
чин да го одбележат
Меѓународниот ден
на мирот, вклучувајќи
образовни актив-
ности и подигање на
јавната свест, како и
19
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
соработка со Обединетите нации во воспоставување
на глобално прекинување на огнот.“ Во реализација
на проектот беа вклучени ученици од гимназијата
„Јосип Броз Тито“ - Битола и издавачката куќа „Вер-
милион“.
25.09.2012г.
ПОСЕТА НА УЧЕНИЦИ
Ученици од ОУ „Даме Груев“ - Битола на ден
25.09.2012 година ја посетија Библиотеката. Посета-
та беше искористена за запознавање на учениците со
работата на Библиотеката како културна установа,
нејзините оддели и начинот на издавање на книгите.
Исто така беа разгледани магацинот за чување на
книги, детската библиотека, читалните.
27 Септември 2012
ПОСЕТА НА СТУДЕНТИ ПО ГЕРМАНСКИ
ЈАЗИК
Студентите ид 1 и 4 година, професорките доц.
д-р Валентина Илиева и проф. д-р Јаготка Стрезов-
ска при Педагошкиот факултет - Германски јазик
и книжевност - Битола на ден 27.09.2012 година ја
посетија Библиотеката. Посетата беше искористе-
на за запознавање на
студентите со рабо-
тата на Библиотеката
како културна устано-
ва, неј зините оддели и
начинот на издавање
на книгите. Студенти-
те покажаа интерес за
„Австриската библи-
отека“ во рамките на
НУУБ „Св.Климент
Охридски“- Битола и
на германската лите-
ратура. „Австриската
библиотека„ е донација
од Австриската ам-
басада во Република
Македонија. Исто така беа разгледани магацинот за
чување на книги, детската библиотека и читалните.
03.10.2012 г.
ОПшТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ
БИБЛИОТЕКАРИ“
НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, на
03.10.2012 година (среда) го организираше традици-
оналниот општински натпревар „Млади библиоте-
кари“ кој се одржа во просториите на Библиотеката.
На натпреварот зедоа учество 15-мина учесници
од основните училишта од Битола, Новаци и Могила.
Првото место и припадна на Лина Гроздановска, уче-
ничка во Vii одделение при ОУ „Тодор Ангелески“
- Битола.Победникот на натпреварот Лина Грозда-
новска се стекна со право да учествува на 13-от Репу-
блички натпревар „Млади библиотекари“ во Скопје.
04.10.2012 г.
ПОСЕТА ОД ДЕТСКА ГРАДИНКА
Дечиња од детската градинка „Коца Василева“ -
Битола ја посетија Библиотеката. Посетата беше ис-
користена за запознавање на децата со работата на
Библиотеката како културна установа, нејзините од-
дели и начинот на издавање на книгите. Исто така
беа разгледани магацинот за чување на книги, дет-
ската библиотека, читалните. На децата им се про-
читаа песнички, приказни. Додека на крајот на по-
сетата децата ни изрецитираа песнички што ги учат
во градинката.
20
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
13.03.2012 г.
СВЕДОшТВА ЗА хОЛОКАУСТОТ НА
ЕВРЕИТЕ ВО БИТОЛА
за одбележување на годишнината од холокаустот
на Евреите Македонското научно друштво, Друшт-
вото за македонско еврејско пријателство и НУУБ
„Св. Климент Охридски“ од Битола, на 13 март 2012
година во салата за промоции со почеток во 17.00 ча-
сот организираја програмски актовности и тоа:
– Настап на вокално–инструменталниот каме-
рен состав „aD libitUm“. Диригент д-р Екате-
рина Јосифовска
– Историски аспекти на Холокаустот на Евреите
во Битола, проф Ѓорѓи Димовски – цолев
– Драматизација на две песни од книгата „Возот
на плачот“ од Методија Христовски (автор на
драматизацијата м-р зора Русомарова) наста-
пуваат ученици од СОУ „Таки даскало“ и ОУ
„Даме Груев“ од Битола
– Евоцирање на спомени од познати битолчани
за депортацијата на Евреите
– Изложба на книги и објавени текстови во пе-
чатот за Евреите во реализација на НУУБ „Св.
Климент Охридски“ - Битола.
16.03.2012 г.
ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА И
ИЗЛОжБА
за одбележување на 100 годишнината од црве-
ниот крст од Битола, Библиотеката во соработка
со црвен крст на Битола на ден 16 март со почеток
во 12.00 часот во салата за промоции организираа
промоција на монографијата „Еден век Црвен крст
во Битола“ од проф. Александар Стерјовски од Би-
тола. Промотор на монографијата беше проф. Златко
жоглев ректор на Универзитетот „Св. Климент Ох-
ридски“. На почетокот присутните гости ги поздра-
ви претседателката на Опшинската организација на
црвен крст од Битола ѓ-ѓа Диана Димитрова, Свое
обраќање имаше и секретарот на црвен крст од Би-
тола г-дин Нико христовски. Преку видеобим на
цД се прикажуваа придружни материјали по повод
овој јубилеј. Во холот на Библиотеката беше поста-
вена и тематска изложба на книги фотографии разни
признанија како што се пехари, Благодарници, Ди-
пломи, плакети и текстови објавени во Битолски вес-
ник за црвениот крст од Битола. На крајот вообичае-
но завршен збор имаше и авторот на монографијата
г-дин Александар Стерјовски. Промоцијата беше
одржана под медијаторство на г-дин Благој шаклев-
ски вработен во ТЕРА телевизија.
06.04.2012 г.
КОМЕМОРАТИВНА АКАДЕМИЈА И
ИЗЛОжБА НА КНИГИ
Македонското научно друштво, Здружението
на граѓани за заштитан а ликот и делото на Дам-
јан Груев и НУУБ - Битола, организираа Комемо-
ративна академија по повод 106 годишнината од
загинувањето на битолскиот војвода Ѓорѓи Сугарев.
На академијата со свои излагања учествуваа: м-р
Јован Кочанковски, проф. Ѓорѓи Димовски-Цо-
лев, проф. Здравко Божиновски, а рецитал изведе
Билјана Павлоска.
ДРУги активности – попУлаРизација на книгата
Приредиле
Драги Кабровски и д-р Николче Вељановски
21
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
29.05.2012 г.
ДЕВЕТТИ САЕМ НА КНИГАТА
Во просторот пред Народниот театар – Битола,
НУУБ – Битола по деветти пат го организираше тра-
диционалниот „САЕМ НА КНИГАТА – БИТОЛА
2012“ на кој изложија книги повеќе македонски, како
и неколку странски издавачи. Саемот беше отворен
од вторник до недела.
31.05.2012 г.
СЕДМА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
На традиционалната, седма по ред Роднокрајна
средба на битолските писатели во Македонија, која
се одржа во Библиотеката, учествуваа дваесетина
писатели кои своите излагања ги читаа на Трка-
лезната маса на тема: „жената – муза на моето тво-
рештво“. Медијатор на Средбата беше д-р Николче
Вељановски.
65 ГОДИНИ ДРУшТВО НА ПИСАТЕЛИТЕ
НА МАКЕДОНИЈА
Во организација на НУУБ „Св. Климент Ох-
ридски“ Битола и Друштвото на пистаелите на
Македонија во салата за промоции на Библиотеката
ја прослави 65- годишнината од постоењето. Друшт-
вото е формирано на 13 февруари 1947 година. Досе-
га во него се зачлениле околу 400 писатели и автори.
Поздравна реч имаше директорот на Библиотека-
та Науме Ѓоргиевски. Во својот говор претседате-
лот на Собранието на Друштвото на писателите на
Македонија проф. д-р Веле Смилевски претседател
ќе рече: „Друштвото на писателите на Македонија
беше и останува она што поетот Анте Поповски го
оквалификува како наш дом, наш духовен храм, на-
ша Академија“. Раде Силјан ја искористи свечената
пригода во отсуство на писателот Владимир Костов
на неговата сопруга, по повод неговиот 80-ти роден-
ден, на неговата сопруга Ружа Костова да и го даде
првиот примерок од неговата најнова книга „Даров-
на“ која штотуку излезе од печат. Притоа, тој ќе рече:
„Владимир Костов е писателски бренд или заштитен
знак на Битола затоа што својот живот го посветил
и завештил на пишаното творештво како вистински
литературен аскет, а во неговиот богат книжевен
опус се чувствува пулсот на Битола и Македонија“.
22
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Националната установа - Универзитетска библи-
отека „Св.Климент Охридски“ - Битола, располага со
книжен фонд над 600.000 монографски публикации,
за кој се води соодветна грижа и тоа како во поглед
на правилно сместување, чување, негова соодвет-
на заштита и навремено враќање на позајмениот
материјал.
Со оглед на фактот што во нашата установа е
инсталиран сегментот cobiss/зајмување и исти-
от се применува, работењето со нашите корисници
е многу подобрено и ефектот од истото е зголемен.
функцијата на Секторот за Позајмување и услуга е
креативна, едукативна и педагошка, затоа што овде се
гради и создава пасија кон книгата, навиката и кул-
турата да се чита, а воедно се стекнуваат сознанија и
запознавања со светот на книгата, жанровите, стило-
вите односно се одредуваат и определуваат корисни-
ците кон ваква или онаква литература - влијанието
на вкусот и афинитетот на корисникот. Мошне ва-
жен е моментот на приемот и остварувањето на
контактот меѓу библиотекарот и корисникот, кој го
воведува, упатува и насочува во светот на литерату-
рата, а истовремено го открива неговиот афинитет.
Неопходно е потребно да се истакне дека во нашата
установа можат да се користат најразновидни моно-
графски публикации, енциклопедии, лексиконски
изданија и друг вид на стручни изданија кои во из-
минатите 67 години постојано и систематски се по-
полнуваат со нови книжни фондови кои создаваат
импресивна слика за богати книжни прилози, во ко-
рист на повеќеилјадниот читателски аудиториум во
Библиотеката во Битола. При зачленувањето во Би-
блиотеката, секој корисник потпишува Изјава со која
се запознава со правилата во Библиотеката и истите
ги прифаќа.
Покрај големиот број корисници кои навремено
го враќаат позајмениот библиотечен материјал, има
и такви кои не го враќат позајмениот материјал во
определениот рок и самата програма ни дава мож-
ност преку cobiss/Исписи да можиме секојдневно
да ги подготвуваме и печатиме опомените за си-
те наши корисници кои не го вратиле позајмениот
материјал во предвидениот рок и на истите им
испраќаме опомени на домашни адреси.
Со оваа постапка ни е овозможено во голем дел
позајмениот материјал да го вратиме во магацински-
те простори и со тоа да можат да го користат и други
корисници на кои им е потребен.
Опомени испраќаме до три пати а последната чет-
врта опомена е испраќаме препорачано како послед-
на опомена пред суд, со што успеваме голем дел од
позајмениот материјал да го вратиме.
Сè што се презема со претходните дејствија е во
полза на корисниците како би се избегнале судски
постапки и нивните трошоци би биле многу поголе-
ми а истовремено е и во корист на Библиотеката за
прибирање и комплетирање на книжниот фонд.
посветУвање внимание на заштитата на книжниот фонД
Да го поттикнеме читањето кај Децата!
Приредила
Ленче Андоновска,
виш библиотекар
Приредила
Фатма Бајрам Аземовска
Писмото е најголемиот и највредниот изум на чо-
вештвото. Тоа ги поврзува луѓето и просторно и вре-
менски. Преку она што е напишано ги запознаваме
луѓето кои никогаш физички не би можеле да ги за-
познаеме. Илјадници луѓе се пишувало на глина, на
камен, на восок, на кожа, на кора од дрво и слично,
но сето тоа било само во еден примерок и достапно
само на привилегираните. Дури по 1500 година со по-
мош на техниката на печатење пишаниот збор станал
достапен на секој кој знаел да чита. Но дури во 20 век
читањето станало привилегија на сите. Во повеќето
држави во светот се отвориле училишта кои имале
основна обврска да ги описменат децата. Истата ос-
новна обрска ја имаат училиштата и денес. читањето
е процес кој се повторува, бидејќи секоја генерација
деца има потреба од описменување. Обично, сметаме
дека читањето е природен процес и дека секое дете
кога тогаш ќе научи да чита. Но, не е така. Секое дете
научува да чита доколку постои ефикасно поучување
во тоа. И не е доволно да кажеме дека се описменило,
туку дали таа писменост е функционална или не т.е.
колку истата му овозможува на детето доволно до-
бро да чита, му го отежнува учењето, детето чита, но
постојано прави грешки при читањето, па погрешно
23
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИБИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
и ги учи нештата. Детето можеби чита, но не го раз-
бира она што го чита.
за претшколското дете средбата со книгата е
многу важна. Родителите можат да имаат важно
влијание на детскиот однос кон книгата. читањето
приказни за добра ноќ треба да биде весело. Важно
е соживувањето со приказната и убавата атмосфера.
Книгите го шират детскиот фонд на зборови и ја пот-
тикнуваат фантазијата. читањето на книги е многу
важно за успешно учење во иднина. Преку нив деца-
та ги запознаваат буквите, пишаните зборови и тех-
никите на читање и учење.
Потребно е систематско развивање на итнерсот за
читање кај детето уште во предучилишна возраст (од
0-6 години) на тој начин што родителите и предучи-
лишните установи односно институции и сите кои се
инволвирани во огледувањето на детето ќе развива-
ат кај него интерес за добра и убава приказна. Един-
ствен начин за да се постигне тоа е кога читањето на
детето му стане секојдневие уште од првите години
по неговото раѓање. Тие се одлучувачки за развивање
на љубовта кон читањето. Никогаш не е прерано да
почнеме на децата да им читаме!
Следните препораки се неколку забавни начини
со кои ќе му помогнеме на детето полесно да чита.
Да му читаме секој ден и додека му читаме – вре-
мето да биде исполнето со нежност и грижа.
Роди телот треба секогаш да ги именува предме-
тите и нештата, така ќе му помогне на детето да го
изгради речникот. На пример: Погледни го авионот!
Она се крилата на авионот. што мислиш зошто се на-
рекуваат крила?“ Тој треба да му покаже на детето дека
ужива за време на читањето и да му каже дека „време
е за приказна“, односно за најомилениот дел од денот.
Не треба да се запостави читањето со ентузијазам во
гласот, со интересен ритам и израз и менувањето на
гласот. Потребна е интерактивност, да се зборува за
случките од книгата, да се укажеува на некои рабо-
ти и да се поставуваат прашања. Нема да згрешиме
ако му ја прочитаме омилената книга по стоти пат.
Едноставно да го натераме детето да ужива. Треба
да знаеме кога е доста, кога детето ќе изгуби интерес
или го изгуби вниманието – да ја оставиме книгата.
ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА
ЗА ВОЗРАСНИ
Приредила Катерина Пејковска
ГРАДИНАТА НА ЛАГИТЕ – Ејлин Гоуџ
ИСПОВЕДТА НА ЕДНА АКУшЕРКА – Дајен
чемберлен
СПАСУВАњЕ – Николас Спаркс
МИ ПРИПАЃАшЕ МЕНЕ – Карен Роуз
ПИСМОТО НА ГОСПОЃА ВИЛМА – Јелена
Бачич Алимпич
ТРИ МЕТРИ НАД НЕБОТО – федерико Моча
ТЕ ПОСАКУВАМ – федерико Моча
ДЕН ПОСЛЕ НОЌТА – Анита Дајамант
ПУСТИНСКА зОРА – Варис Дирие
ПУСТИНСКИ цВЕТ – Варис Дирие
ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА
Приредила Елица Ѓоргиевска
ДНЕВНИКОТ НА ПРИНцЕзАТА – Мег Кебот
ВЉУБЕНАТА ПРИНцЕзА – Мег Кебот
ПРИНцЕзАТА ПОД РЕфЛЕКТОРИ – Мег Кебот
ВАМПИРСКИ ДНЕВНИцИ –Смит Л. Џ.
НАДАРЕНИ – Мерилин Кеј
САРА КЕЈ – Стритлитл М. Т.
БЕТМЕН – Хјулин Џ.
ОГЛЕДАЛцЕ, ОГЛЕДАЛцЕ – Розенблат Џ. Е.
ДЕВОЈчИњАТА СЕ ОД САТУРН, А
МОМчИњАТА ОД ЈУПИТЕР – Лам К.
СОБА – Донахју Е.
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
24
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
павлина котевска
во пензија
Хигиеничарката Павлина Котевска, вработена во Би-
блиотеката од 1974 – 2012 година замина во пензија и така
трите најстари хигиеничарки во Библиотеката веќе се во
пензија. Таа им се придружува на Савеска Ангелина и на
злата Стефановска
ДРаги кабРовски во пензија
Нашиот колега Драги Кабровски вработен во Одделението Популаризација на книгата на 6 август 2012
година со над 40 години работен стаж поминат во Библиотеката (1968 – 2012), соработник и фотограф во
списанието „Библиотечен тренд“, постојан член на комисија во општинските натпревари „Млади библиотека-
ри“, како и повеќе години во Комисијата на натпреварот „Поетски бранувања“, пејач – аматер и ведар колега,
замина во пензија. Ние вработените во Библиотеката му пожелуваме многу здравје и долги години да си ја
користи пензијата.
25
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Во просториите на НУУБ „Св. Климент Охрид-
ски“ Битола на 31 мај 2012 година беше одржана
седмата по ред Роднокрајна средба на битолските
писатели во Македонија на која беа изнесени тексто-
вите на пистаелите: Владимир Костов (во отсуство),
Никола Кочовски, м-р Христо Петрески, Петре Ди-
мовски, проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, проф.
д-р Благоја Брајановски, Добре Тодоровски, Ѓорѓи
Прчков, Ванде Ганчевски, Сања Мучкајева Виданов-
ска, Весна Ефтимовска, Биљана Талевска – Димко,
Димитар Богдановски, Богоја Таневски. Присутни
беа и писателите Панде Манојлов, Радован П. цвет-
ковски и зоран Пејковски.
Темата беше жената – муза на моето творештво, а
дпо неа дојдовме без голем напор со писателите До-
бре Тодоровски и Петре Димовски. Всушност, овој
пат темата самата ни се наметна. „А, гледам и вие не
се уморивте. – рече медијаторот на Средбата д-р Ни-
колче Вељановски кој во име на директорот и вра-
ботените во Библиотеката им се заблагодари на при-
сутните. - Сигурно дека една ваква тема ве освежи
сите. Инспирирано пишувавте и за своите дела и од
својата имагинација. Се изненадив колку жените –
писатели биле инспирирани од жената. Поканивме
и некои нови автори да внесат и тие свежина. Вла-
димир Костов ја поздравува средбата затоа што од
здравствени причини не можеше да дојде и побара
дел од текстот да го прочитам јас. Со оваа ваша седма
роднокрајна средба го градите седмиот зборник на
излагања. Би сакал Министерството да обезбедеше
повеќе средства, но мислам дека вољата на сите вас
е далеку поважна за понатамошното одржување на
Средбата“.
И покрај тоа што вообичаено излагањата на писа-
телите се скратени на неколку минути, д-р Николче
Вељановски предложи текстовите на Христо Петре-
ски и Сања Мучкајева Видановска да бидат изнесени
во целост.
Димитар Богдановски
М О И Т Е Т Р И М У З И
Инаку, по однос создавањето на моето скромно
литературно творештво помалку или повеќе ка-
ко на инспираторки
или поточно, лич-
ности кои придоне-
ле при создавањето
на мојата љубов кон
литературата, им
должам на три жени:
мојата мајка, нашата
сограѓанка госпоѓата
Паула Маер-Апосто-
лова, мојата сопруга
Јованка Богдановска.
Проф. д-р Благоја Брајановски
„жЕНАТА – МУЗА ВО МОЕТО ТВОРЕшТВО”
жената неизбежно е присутна во секој вид умет-
ничко, а особено секој вид литературно дело. Без же-
ната не може да станува збор, не само за уметничко,
литературно дело, туку и за секој друг на дело што не
го носи префиксот уметничко, односно литературно.
сеДма РоДнокРајна сРеДба во библиотеката
Приредил
д-р Николче Вељановски,
библиотекар советник
26
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Тоа е исто како кога го
разгледувате проблем
што е во врска со кое
и да било општество,
односно човештвото,
а да не водите сметка
за атрибутот жена, па
би изгледало како оп-
штеството, односно
човештвото да се со-
стои само од припад-
ниците на машкиот
пол, што би било ор-
динарна будалштина.
Ванде Ганчевски
жЕНАТА – СВЕжИНА ВО МОЕТО
ТВОРЕшТВО
зачинот, или ком бинацијата на зачини каракте-
ристични за жените, никаде не ми дал навика да ги
ставам во едно легло,
ниту пак да правам
некакви селекции на
нивните ликови и ка-
рактери по нивниот
сопствен зачин, дури
и кога зборувам за
неа дека е сочна, де-
ка е путереста, дека е
кајмаклија, дека оди
како срна, дека ми за-
личува како вилушка,
дека е ребро со малку
мевце, дека е бујато
збучена... Едно ми е
јасно, сувопарност ќе
го краси текстот ако
одсуствува женски лик, а спротивно дека текстот
има сочност и фил за да се почуствува низ читањето
неговата убавина и вкус.
Петре Димовски
ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА УНИВЕРЗУМОТ
жената е најголемата неоткриена тајна на универ-
зумот, која откако човештвото знае за себе ја разгат-
нува, а постојано се губи во нејзината совршеност.
Отука таа е вечната инспирација на уметниците, го-
лемата муза на поетите и на творците од целокуп-
ното книжевно творештво што го создава човекот.
Секогаш од тој извор пробива кристална свежина
на недопрени предели што се постојан предизвик на
писателот да завлезе во откривање на тајните при
создавањето на својот свет.
Весна Ефтимова
ИДЕНТИТЕТОТ НА жЕНАТА НИЗ
ПРИЗМАТА НА ГЛАВНИТЕ жЕНСКИ
ЛИКОВИ ВО „СРЕДБА СО НЕПОЗНАТИОТ“
И „МИРИСОТ НА жЕНАТА“
Положбата која жената ја има низ историјата во
различните општествени формации е основен кри-
териум кој ги офор-
мува главните жен-
ски ликови во двата
романи: „Средба со
непознатиот“ и „Ми-
рисот на животот“
женските ликови
во моите романи се
мај ки кои се грижат
за своите деца, иако
историјата, уште Ан-
тичка Грција, се по-
труди да им го одземе
мајчинството.
Понатаму тоа се
жени, кои живеат на
периферијата на западно-европското јадро наречено
Балкан, кој за нив е кобен.
Владимир Костов
ОФ, АМАН, АМАН
КОН ТЕМАТА „жЕНАТА – МУЗА ВО МОЕТО
ТВОРЕшТВО“
(Во отсуство на Владимир Костов излагањето го
чита д-р Николче Вељановски)
Има во моето творештво ликови на жени пре-
ку кои се афирмира љубовта како Аристотеловата
калокаготија (убава
добрина) која го об-
лагородува и го кра-
си животот на чове-
кот. Дури и кога не
е персонифицирана,
таа е присутна во се-
кое литературно дело
како спиритус агенс
на творечкиот чин,
сеедно дали е диви-
низирана, или демо-
низирана. Во првиот
случај во моето творештво неа ќе ја препознаеме во
ликовите на Ленка (од романот „Нов ум“), во Свет-
лана („Маргарит“) и во Олимпија од новелата „Тула“
како верни и пожртвувани сопруги во екстремни
околности... Џишка од романот „црквичето 40 ма-
27
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ченици“ минува низ метаморфоза и од блудница, ја
доживува почитта на Битолчани, градејќи го цркви-
чето кое станува едно од светилиштата во градот, по-
деднакво сакрализирано од сите граѓани, без оглед
на нивната конфециска припадност. Ели Спиридо-
нова од романот „Писание за страшниот суд е един-
ствен лик на жена – филозоф во моето творештво
меѓу бројните ликови и филозофи по вокации, или
самодиктати од машкиот пол.
Никола Кочовски
жЕНАТА КАКО ПОИМ НА УБАВИНА И
НЕжНОСТ, НО И НА ОБЕСПРАВЕНОСТ
Постапката, да се опеваат и слават женските до-
блести, како физички, така душевни, која стана
всушност мошне по-
зната, а која што јас,
со оглед на времето,
би ја нарекол рицар-
ство со зборови, по-
степено се вообичаи
до тој степен, што
се создаде нов вид
поезија – љубовна.
Ова, сепак, не значи
дека понекогаш, осо-
бено во последниве
времиња кога се из-
бега многу напред и
многу далеку од моралот, не може да се сретнат во
романите, расказите, драмите, и негативни ликови
од женскиот пол, кој исто така, со сета своја шароли-
кост, е дел од човештвото.
Сања Мучкајева Видановска
Јас - жена .
„Спиеш во мене .
Длабоко во мене .
Во моите мисли . . .
Таа... колку зборови, стихови, реченици, мо-
же да содржи во едно - таа. жена. Јас, таа, тие...
Просветлување за
писателот, мажот
кој ја гледа со него-
ви очи и жената која
ја гледа со свои очи
- жена. што гледам
јас, а што гледа тој?
за мене предизвик
како ослободување
на мојата енергија, со
кого се зближувам,
нејзиниот лик ме
прави своја, а јас ја ослободувам од патеката по која
поминувала. Ја гледам на моите страници како мајка,
баба, пријателка, онаа што тагува, се радува, љуби, се
плаши, Тоа е мојата патека, животот поминува низ
неа и не можам да се ослободам од помислата дека
жената е утрото на првиот ред од страната која ја пи-
шувам.
христо Петрески
Во моите раскази и песни, не често, но присутни
се и дефилираат и женските ликови. Не како моде-
ли и прототипови,
туку како конкретни
личности со кои сум
бил интимно повр-
зан, биле во моја (не-
разделна) близина,
или едноставно - би-
ле само посакувани
и плод на мечтите и
бујната фантазија.
Но, во секој случај -
тие ми ја напојувале
имагинацијата, ми ја
топлеле душата и ми
ја хранеле суетата... Ја сакам жената, поточно жен-
ската блуза. Музата кај мене и за мене не секогаш е од
женски вид, може да биде од машки и од среден род.
Ѓорѓи Прчков
Подредените на оваа муза се камелеони по креа-
тивност, кои пишуваат во различно време на ноќта
под инспирација
повеќе на грчевите
во стомакот одошто
на матниот поглед.
Доколку и изјават
љубов на поемата,
ќе се превртуваат во
постелата барајќи
нечии усни, макар
к о р и с т о љ у б л и в и .
Ако пак водат љубов
во стиховите, ќе
преспијат во орга-
зам на некој ќош, со
каење кое не може да
се балансира со сликите кои провејуваат. Можеби
ќе се заколнат на верност, но и ќе фантазираат над
некој недовршен акт кој во почетокот нудел смире-
ние. Можеби ќе се гушат во солзи, но и ќе се надишат
над набрекнатата кожа. Генерално денес сите стило-
ви емигрирале во модел на иднината која го напушта
епитетот “чисто”.
28
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Вера Стојчевска Антиќ
ЈАС ЈА ОДБРАВ МАЈКА ТЕРЕЗА
Младата Гонџе без помпа и расправии го напушти
Скопје, за да го исполни својот завет, да му се по-
свети и да се насели
во Исусовото срце,
поткрепена од уката
добиена во Скопска-
та католичка црква
„Срце Исусово“. Ми-
ла, ведра, работли-
ва, добронамерна, се
впушта како ангел над
болните во Индија:
„Се чувствувам како
граѓанка на Скопје,
но му припаѓам на
светот!“ за да се сфа-
ти нејзиниот излез од
Скопје, полетот и ве-
рата кон Бога, најдиректен доказ е нејзината песна
„Проштевање“:
„Ја оставам милата куќа зад себе
и мојот сакан роден крај.
Во Бенгал жежок ќе преминам
во тој далечен на светот предел.
Ги оставам блиските свои
го напуштам родот и домот свој.
Срцето ме влече овој час
на Христос да му служам јас.
Ах, збогум, мајко моја мила,
збогум останете сите вие,
ме нагони мене виша сила
накај горешта Индија...“
Биљана Талевска – Димко
Инспирирана сум од сопственото битие, но за да
можам да продолжам да зборувам за жената од умет-
нички аспект, ја сле-
дам аурата на мајка
ми и најнакрај за да
напишам приказна
допирам до секоја
женска приказна што
ми ги допрела уши-
ве. Можеби ќе звучи
нескромно, за некои
можеби и дури ере-
тично, но во моето
творештво жената ја
почитувам како по-
лубожество.
Богоја ТАНЕВСКИ
жЕНАТА – МУЗА ВО МОЕТО ТВОРЕшТВО
Според грчката
митологија зборот
Муза означува бо-
жица, заштитничка
на некоја уметност, а
повеќето се однесува-
ло на поетското тво-
рештво. Во грчката
митологија постоеле
девет Музи, според
имињата на деветте
ќерки на богот зевс и
Мнемосина:
1. Калиопа – била
заштитничка на епската поезија и говорништ-
вото.
2. Полихимнија – заштитничка на хорската и
лирската поезија (сериозна поезија).
3. Мелпомена – заштитничка на трагедијата.
4. Талија – заштитничка на комедијата, (подоцна
на целиот театарски живот).
5. Ерато – заштитничка на елегиите.
6. Евтерпа – заштитничка на музиката.
7. Терпсихора – заштитничка на танцот.
8. Клио – заштитничка на историјата.
9. Уранија – покровителка на астрономијата.
Добре Тодоровски
жЕНСКИОТ ЛИК – ИНСПИРАТИВЕН
МОМЕНТ
Во моето творештво се опфатени сите категории
на женски ликови, но најповеќе доминира мајката.
Всушност, таа е најобична македонска жена-мајка,
силна по природа, со мека душа, јака верба, кротка,
неизбувлива и секогаш подготвена да подаде рака.
Потребна ли е посебна елаборација, или само да се
каже дека самата по-
мисла преставува
инспирација. Не ве-
рувам да може да се
опише еден лик, осо-
бено кога се работи
за жена, било тоа да
е позитивен, носеч-
ки, спореден или не-
гативен, а при тоа
истиот да не се за-
мисли во авторовата
фантазија.
29
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
ЧУДАТА НА СВЕТОТ
Во Рим „Вечниот град“, центарот на богатата ан-
тичка цивилизација, се наоѓа Колосеумот, кој во 2007
год., е прогласен за едно од „Седумтте Нови Свет-
ски чуда. Тој е една од најпознатите градби во Рим
– Италија, стара околу две илјади години.
Изграден бил во 80 год. од н. ера. Во него се одржу-
вале гладијаторски борби, а според некои легенди и
борби со бродови. Борбите на гладијаторите со крво-
лочните зверови биле најпознати. Гладијаторите, во-
главно биле робови, воени затвореници или крими-
налци.Овие игри царевите им ги подарувале на својот
народ. Пред почетокот на борбата, гладијаторите
му се обраќале на царот со поздравот: „ave caesar,
morituri te salutant“, (здраво цару, те поздравуваат
оние кои ќе умрат). Ретко кој гладијатор ќе останел
жив. за неговата судбина на крајот од играта, одлучу-
вал самиот цар, давајќи знак со раката (ако неговиот
палец од раката бил свртен надолу, тоа значело дека
победникот треба да го убијат, а доколку палецот му
бил нагоре – тогаш победникот ќе преживеел) . Спо-
ред некои легенди во Колосеумот се одржувале и по-
морски битки со вистински бродови; за таквите на-
стани целата арена се исполнувала со вода, а каналот
за доток на вода, се уште се наоѓа под црквата ,„Св.
Климент“, во непосредна близина на Колосеумот.
Колосеумот имал места за околу 50.000 гледачи.
Според некои записи во случај на пожар, тој би се
испразнил за 5 минути, затоа што во него имало
76 влезови и излези. Оваа величенствена градба е
најголемиот амфитеатар во времето на Римското
царство. Неговата градба ја започнал императорот
Vespasian, кој управувал во Рим од 69 до 79 год. од н.
ера, а ја довршиле неговите синови – императорот
titus, кој дошол на власт во 80 год. од н. ера и помла-
диот императорот Domician, кој дошол на власт во
81 год. од н. ера.
Во почетокот Колосеумот се нарекувал флавија-
нов амфитеатар. Неговото име е променето покас-
но во Колосеум, по огромната (колосална) статуа
на царот Нерон, висока 40м, која стоела во близина
на амфитеатарот. Со текот на годините Колосеумот
претрпел многу оштетувања и обновувања; за тоа
биле причина земјотресите, поплавите и пожарите.
После 20 векови, само една третина од овој амфитеа-
тар останал coчуван, но неговите декорации од мер-
мербиле уништени.
Во 18 век, папата Бенедикт XiV го прогласил коло-
сеумот за Свето место, како симбол на христијанското
мачење и страдање. Оваа импозантна градба била со
елипсеста форма, долга189 метри, широка156 метри
и висока 47 метри. Се состоела од четири спрата. Од-
надвор била отворена со некој вид на тераси со отво-
ри, кои наликувале на прозорци; градена е од големи
блокови и метал, а внатрешноста украсена со мозаик
и религиозни слики. Во гледалиштето имало посеб-
ни ложи за високите државни службеници.
Површината во внатрешноста од Колосеумот, ка-
де што се одржувале борбите, исто така била со елип-
сета форма со димензии 85x35 метри. Таа од гледа-
лиштето била одделена со висок зид, поради заштита
на гледачите од дивите животни, кои се користеле во
крвавите борби. Последните борби во Колосеумот се
одржале во V и Vi век од н. ера, а два земјотреси го
оштетиле Колосеумот и тоа во 847 и 1231 година.
за овој величенствен комплекс на градежништво-
то и вајарството, симболот на Рим, на крајот ке каже-
ме: „Кој бил во Рим, а не го видел Колосеумот, како
и да не бил таму“.
колосеУмот – симболот
на Рим
Приредила
Лидија Мирчевска, виш библиотекар
30
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
ИНТЕРВјУ
РазговоР со писателот петРе Димовски
Прозаист, романсиер со објавени: збирки раскази
„Преломи“, „жед и жештини“, „црната мачка“, „От-
ворена слика“; романи: „Пламенка“, „Резервна тајна“,
„Крилја“, „Сонце во келијата“, „Потрага по корените“,
„Изгубен пат“, „Пожар“, „Бродови“, „Густа магла“, ро-
манот за деца „Големата авантура“, монодрамите „Ни
свој“, го приредил и изборот „Раскази за деца“ од ма-
кедонската книжевност. Главен и одговорен уредник
е на списанието за книжевност, уметност и култура
„Раст“. Претседател на „Битолскиот книжевен круг“.
Во својата писателска кариера писателот Пе-
тре Димовски има добиено околу триесет награ-
ди и признанија. Првиот негов дебитантски расказ
беше награден на анонимниот конкурс на „Нова
Македонија“ во 1971 година, „Расказ за слепиот
коњ“. Тоа беше и причина да не се наврати повеќе на
поезијата. Така започна и неговата писателска кари-
ера во прозата. После нешто повеќе од четириесет
години творештво Петре Димовски на 15 октомври
2012 година повторно е награден на анонимниот
конкурс за краток расказ („Будење на вештините“)
на весникот „Нова Македонија“. Но она што беше
повод за нашиот разговор беше големото признание
за Романот „Бродови», кој минатата година го издаде
издавачката куќа „Панили“ од Скопје, a беше под-
држан со Програмата за издавачка дејност на Мини-
стерството за култура. Во конкуренција на 18 дела
ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото иа
писателите на Македонија, за најдобра прозна кни-
га објавена во 2011 година што претставува голем
успех не само за авторот, но и за Битолскиот книже-
вен круг и книжевна Битола.
Наградата на нисателот Димовски му беше враче-
на во преополнетата сала на Друштвото на писатели-
те на Македонија, на свеченоста на 13 февруари оваа
година, по повод 65-годишниата од основањето на
писателската асоцијација, која се одржа под покрови-
телство на претседателот на Република Македонија,
Ѓорге Иванов.
Кажете ни нешто околу тоа, како започна Ва-
шата писателска кариера?
Многу рано ме магепса уметничкиот збор, и не-
каде уште во трето-четврто одделение почнав да ја
откривам тајната на пишувањето, најпрво со гатан-
ки, објавени во „Развигор“, потоа песнички. Во го-
дините што следуваа напишав многу песни, бројката
веројатно беше преку илјада. Најголемиот дел од нив
се изгубени во моите чести преселби, зачуван е еден
мал дел. Не е зачувана и една моја поема, пишувана,
под влијание на „Божествената комедија“, на една те-
тратка во која имаше и обработена лек тира што му ја
позајмив на свој соученик, но потоа се изгуби. Пишу-
вав за своја душа, песните не ги собрав во збирка. Во
почетокот на седумдесетите години од минатиот век
го напишав и првиот расказ, кој на конкурсот на в.
„Нова Македонија“, со расказите на живко чинго и
Петре М. Анддреевски беше награден. Секако тоа бе-
ше и поттикот да продолжам со пишување раскази.
Следната година на конкурсот на Книжевната
31
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
ИНТЕРВјУ
младина, меѓу 47 ракописи, беше избрана мојата
збирка раскази „Преломи“, која забележа голем одѕив
кај критичарите и читателската публика, и тој пери-
од од младата македонска книжевност беше наречен
„времето на демонот на парите“, по еден расказ од
збирката. Највидните писателски пера се искажаа
или пишуваа по оваа книга, (Веле Смилевски, Ефтим
Клетников, Данило Коцевски, Атанас Вангелов, Га-
не Тодоровски, Благоја Иванов, Александар Спасов,
живко чинго, Љубе цветановски, Атанас Тасевски,
Тришо Стојановски, Панде Манојлов, Науме Ради-
чевски и др.), не ми е познато дали друга дебитант-
ска книга од македонски автор побудила толкаво
внимание, а беше номинирана и за сојузната награда
„Младост“ како претставник на Македонија. Додека
бев студент, работев на расказот. Во период од три
години, на конкурсите на „Нова Македонија“, „Сту-
дентски збор“ и Клубот на писатели поединечно за
раскази добив 8 награди и приближно толку други
раскази беа објавени во периодиката. Тие раскази
требаше да ја сочинуваат втората моја збирка, но до
сега таа збирка ја немам објавено.
Зошто имавте прекин од повеќе години во Ва-
шата писателска работа?
Прекинот што го имав во пишувањето и изда-
вањето се провлече преку две децении. Како дојде
тоа? Па, во книгата „Преломи“ што ја објавив во 1973
година го засегнав проблемот на раселувањата на
Македонците и откорнувањето од родното огниште.
По истата расправал и це-ка на Сојузот на комуни-
стите, и после таа расправа, некои критичари што ги
имаа подготвено своите рецензии за објава, ги по-
влекоа. Кога по завршувањето на студиите се вратив
во Битола, се судрив со еден проблем. Не можев да
добијам работа. Од сите специјалности и профили,
со факултетска диплома во Битола бевме само јас и
Ѓорѓи Котевски, и двајцата од исти причини чекавме
пет години додека да се вработиме. При една случајна
средба Петар целаковски, тогаш раководител на об-
разованието во Битола, ме посоветува: „што ти тре-
баше да пишуваш за Австралија! Врати се во Скопје,
овде нема да ти дадат работа.“ Не го послушав сове-
тот на целаковски, па така чекав за работа цели пет
години. Во тој период создадов семејство, три члена,
без работа, а мораше да се гради и куќа. Па кога вле-
гов на работа, ја започнав и градбата на куќата, која
се провлече повеќе години, бидејќи буквално сите
фази во градбата самиот ги извршував. Сигурно ту-
ка лежи причината за големата пауза во пишувањето.
Кои се темите во Вашето творештво, романи,
монодрами, раскази?
Еден дел од моето творештво е поврзан со печал-
барскиот живот на Македонецот, но тука се и темите
од историското минато, војните во кои нашиот човек
бил орудие на моќни сили, Македонци кои во свое
време сè што можеле дале за својот народ, а страдале
и биле прогонувани од Македонци, потоа кримина-
лот во транзицијата како и теми од секој дневието.
Честопати во Вашите романи, Австралија ви е
инспирацијата?
Имав два престои во Австра лија кога одблизу го
запознав печалбарскиот живот и го пренесувам во
делата како лично искуство.
32
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 33–34 • 2012.
ИНТЕРВјУ
Секако дека за Вашата вредност зборуваат и
наградите добиени на анонимни конкурси.
Деновиве добивте и награда на анонимниот
конкурс на весникот „Нова Македонија“? Ка-
жете ни нешто повеќе за тоа?
Конкурсите за краток расказ, посебно тој во „Но-
ва Македонија“ кој започна во шеесеттите години
на минатиот век, се место каде авторот може да се
провери и да се потврди. Кога повторно му се вра-
тив на пишувањето, се испробав на овој конкурс
и во првите неколку години имав пет награди. Со
објавувањето на првиот мој роман „Пламенка“, за кој
во 1995 година ја добив првата награда на БИД „Ми-
сирков“ повеќе се свртив кон романот како форма во
која можам поцелосно да се искажам. Потоа, следи
наградата „4 Ноември“ на Битола за збирката раска-
зи „жед и жештини“, наградата „Тренд“ на „феникс“
за романот „Балканскиот ѓавол“, наградите „Ванчо
Николески“ за романот Големата авантура и „Стале
Попов“ за романот „Бродови“ на Друштвото на пи-
сателите на Македонија, шест награди за монодрами
и повеќе награди за раскази.
Но наполно не го напуштив расказот. Потврда за
тоа се секако наградите од минатата и од оваа година
што ги освоив на конкурсот на „Нова Македонија“.
Вие сте искусен писател кој изградил свој стил.
Вие подолго време работите како професор по
македонски јазик, дали сте и писател кој дирек-
тно ја пренесува својата порака до читателот и
која е таа?
Пораката секогаш била читателот да побара добра
книга и да ја прочита.
Со кои од македонските писатели сте добар
пријател? Дали некој од нив бил и Ваша
инспирација, или Вие сте се идентификувале
со некој странски писател?
Па голем дел од македонските писатели ми се
пријатели, а соработувам приближно со сите, пре-
ку органите и телата на ДПМ во кои сум вклучен,
потоа преку списанието на Битолскиот книжевен
круг „Раст“ и манифестацијата „Битолски книжев-
ни паметења“, и преку книжевните организирања во
државата. Драго ми е разменувањето на мислења со
Владимир Костов. Настојувам да градам индивидуа-
лен пат и немам конкретна идентификација со некој
писател.
Претседател сте на Друштвото на писатели
„Битолски книжевен круг“, и главен и одго-
ворен уредник на списанието за книжевност,
уметност и култура „Раст“. Кажете ни нешто
повеќе за тоа?
Во асоцијацијата „Битолски книжевен круг“ чле-
нуваат еминентни македонски творци што живеат и
работат во Битола, и неколку имиња во дијаспората,
што го прави Битола втор град по масовноста и
по книжевното дејствување. Списанието „Раст“,
кое го издава асоцијацијата, финансиски го пома-
га Министерството за култура. Кругот работи и на
развивање на издавачката дејност, каде свои книги
објавуваат битолски автори, a во соработка со НУУБ
„Св. Климент Охридски“ од Битола ја воспостави и
литературната манифестација „Битолски книжевни
паметења”, за која финансиска поткрепа даваат Оп-
штината Битола и Министерството за култура на Ре-
публика Македонија.
Каква литература најрадо читате?
Некогаш читав сè што ќе ми дојдеше до рака за
да го задоволам големиот глад за читање. Сега, како
прозаист, романсиер, каде творењето одзема многу
голем дел од времето, малку ми преостанува време
за читање, а во тоа време што преостанува читам из-
ворно англиски да имам поширок увид како се пи-
шува во светот.
Во слободното време, доколку го имате, со што
се занимавате?
Настојувам слободното време да го минам во
природа, во прошетка по планините, а и во еден мал
овоштарник кој сам го одгледувам.
ИСПРАВКА: Во минатиот број 31-32 статијата со наслов
ТАЏ МАХАЛ беше пропуштено името на приредувачот:
ЛИДИЈА МИРчЕВСКА, виш библиотекар