BI
BL
IO
TE
KA
RSK
O Z
DRU@ENIE NA
MAKED ONIJA
Почитувани,
Пред Вас е најновиот број исполнет со разновидни содржини од
библиотекарската теорија и практика со надеж дека ќе ги исполни вашите очекувања,
желби и потреби за нови сознанија од областа на библиотекарството.
Редакцискиот одбор на списанието „Библиотекарство“ ги разгледа пристигнатите
текстови и го оформи истото содржински и тематски.
Редакцискиот одбор ги поканува и понатаму сите заинтересирани автори и
колеги од областа на библиотекарството активно да придонесуваат за збогатување на
содржините на списанието „Библиотекарство“.
Издавањето на овој број на списанието „Библиотекарство“ е финансирано
од Министерството за култура на Р. Македонија.
Содржина
Розита Петринска-Лабудовиќ: Мултикултурноста и библиотеките .................................................3
Радослав Љубиќ: Библиотекарството и општеството ..............................................................................11
Ленче Т. Андоновска: Знаењето како двигател за развојот на библиотекарството,
некогаш и денес ..............................................................................................................................................................16
д-р Биљана Кочишка: ЗАСТАПУВАЊЕТО ВО АКЦИЈА: Кампања за подигање на
свеста за важноста на јавните библиотеки ..................................................................................................20
м-р Миодраг Дадасовиќ: Елементи на SWOT анализата на Националната и
универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје ........................................................26
м-р Мариче Боздоганова: Тинејџерите во библиотеката ......................................................................30
проф. д-р Лилјана Колева-Гудева, проф. д-р Саша Митрев, проф. д-р Блажо Боев,
проф. д-р Кирил Барбареев: Значење на дигиталната библиотека во универзитетското
образование ......................................................................................................................................................................36
Елена Никодиновска: Национална и универзитетска библиотека „Св.Климент
Охридски“ – библиотека за сите ...........................................................................................................................42
Соња Стрезоска-Велјановска: „Библиографија Македоника“ – историски преглед,
актуелна состојба и перспективи .......................................................................................................................47
Гордана Пешевска: Новите технологии предизвик за современите библиотеки ..................55
м-р Јелена Петровска: Мултифункционалните библиотеки и нивните корисници во
пресрет на потребите на заедницата ................................................................................................................60
м-р Сузана Данаилова: Андрагогика – улогата на библиотеките во образованието
на возрасните....................................................................................................................................................................67
м-р Жаклина Угриновска: Библиотеки и образование ..........................................................................72
Андријана Апостоловска: Дигитализацоја на книжен фонд ..............................................................77
Силвана Јакимова: Библиотеката – извор на знаење и информациска писменост ..............83
Анета Стефановска: Истражувања и нови трендови во библиотеките .......................................87
м-р Аница Глигорова-Милева: Библиотеките и образованието ........................................................91
Александар Крстев: Современи библиотечно - информациски услуги и потенцијални
корисници ..........................................................................................................................................................................96
Тања Гошева: Мултикултурални библиотеки ............................................................................................101
м-р Тетута Османи: Движење на членството и причините за зголемување или
намалување на членарината – фактори кои влијаат кон зголемување или
намалување на нови корисници ........................................................................................................................108
Магдалена Кочовска-Салтирова: Корисникот и библиотеката – минато и иднина ............113
Блага Спиридонова, Милена Ристова Михајловска: Нови програмски содржини ..............121
Сузана Стојанова, м-р Ивана Стојанова: Иновативен начин – мотивирање на
читателот за книга ......................................................................................................................................................125
Одржан 17. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Велес ...........................................130
Доделена наградата „Библиотека на годината“ за 2016 година ......................................................130
Одржан 18. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Велес ..........................................131
Спонзори на конференцијата на 44. годишно собрание на БЗМ ....................................................132
3
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Мултикултурноста и библиотеките
(стручен труд)
м-р Розита Петринска-Лабудовиќ
Библиотека на Факултетот за електротехника и информациски технологии и
Машинскиот факултет во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје
Апстракт: Улогата која библиотеките ја имаат во современото општество, кое благодарејќи
на информациските и комуникациските технологии секој ден станува сè поглобално,
е многу значајна. Како главни информациски и културни центри, библиотеките во
едно мултикултурно општество имаат должност да го промовираат концептот на
мултикултурност и интеркултурност, односно да ги зачувуваат, промовираат, нагласуваат
и да им даваат глас на различните култури. Овој труд ги дефинира и објаснува главните
поими по врзани со мултикултурноста и дава осврт на препораките од релевантните
тела во библиотекарството во однос на примената на концептот на мултикултура во
библиотеките.
Клучни зборови: култура, мултикултурност, интеркултурност, библиотеки
Multiculturalism and Libraries
Rozita Petrinska Labudovikj, MLS, MPM
Library of the Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies and the Faculty
of Mechanical Engineering, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
Abstract:
In the modern society, which due to the information and communication technologies
is becoming more global each day, libraries have a very important role. As key information and
cultural centers, libraries in a multicultural society have the duty to promote the concepts of
multiculturalism and interculturalism, which means they need to preserve, promote, empha-
size and give voice to different cultures. This paper defines the basic terms related to multi-
culturalism and provides an overview of the guidelines for application of multiculturalism in
libraries prepared by the relevant international bodies and institutions in the field of librarian-
ship.
Key words: culture, multiculturalism, interculturalism, libraries
4
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
1. Вовед: Култура
Една од најраните антрополошки дефиниции за културата датира од 1871 година и
нејзин автор е познатиот британски антрополог и зачетник на културната антропологија
како научна дисциплина Сер Едвард Тајлор1. Според Тајлор, културата е комплексна
целина која вклучува знаење, верување, уметност, морал, закони, обичаи и било какви
други способности и навики со која се здобил човекот како член на општеството. Од тогаш
па до денес, се имаат појавено различни видувања и дефиниции за културата - почнувајќи
од „обичаи и верувања, уметност, начинот на живот и општествена организација на
одредена група луѓе“, преку „земја (држава) со свои специфични убедувања“, па сè до
„уметност, музика, литературна мисла на една група“2. И покрај обемните истражувања,
научната мисла нема дојдено до една единствена дефиниција; така, се разликуваат
две главни гледишта на културата како поим – хуманистички и антрополошки. Според
хуманистичкиот концепт културното наследство треба да се гледа како модел кој треба
да се гледа со восхит, збирка на ремек дела во литературата, уметноста и музиката. Од
друга страна, антрополошкиот концепт ја поима културата како севкупен начин на живот
– очигледни и поимплицитни модели на однесување и правила кои се потенцијален водич
за однесувањето на членовите таа определена култура.
Во 1952 година, двајца истакнати американски антрополози Алфред Кребер (Alfred
Kroeber) и Клајд Клукхон (Clyde Kluckhohn) објавиле збирка со 160 различни дефиниции за
поимот култура. Во својата книга под наслов „Културна антропологија: племиња, држави
и глобалниот систем“ (1994), Џон Бодли (John Bodley) овие дефиниции ги класифицира
во 8 категории и дополнително ги објаснува.3 Бодли културата ја гледа како „заемна,
научена, симболична, генерациски пренесена, адаптибилна и интегрирана“. Понатаму,
тој вели дека културата е научена (стекната) и луѓето ги учат културно-специфичните
правилата на однесување и гледање на светот преку „културно учење“. Ова учење може
да биде резултат од директно подучување, конверзација, читање на пишаната култура и
опсервација. Пренесувањето на културата некому е познато како „eнкултурација“ (англ.
enculturation) и таа може да се одвива верикално – интергенерациски, од родител на дете;
хоризонтално – интрагенерациски, од врсник на врсник; и косо – интергенерациски, но
помеѓу нероднински врски, како на пример од учител на ученик, гледајќи телевизија,
читајќи книги и сл.
Основните функции на културата се универзални, иако начините на кои функциите
се реализираат се локализирани. Меѓукултурните односи не се случуваат во вакуум,
туку културата е таа која ги води човековите зборови и неговото однесување. Не постои
ниту еден класификациски систем кој може идеално да ја претстави комплексноста и
разновидноста на културните форми, но и покрај тоа што културата останува непрецизен
концепт за одредување, постојат одредени генерализации кои се нудат во литературата, а
кои гласат:
• луѓето кои припаѓаат на иста култура се најчесто со иста расна или етничка
припадност;
• членовите на една култура генерално имаат ист систем на вредности (кој може
1 Encyclopaedia Britannica: Sir Edward Burnett Tylor.
URL: http://www.britannica.com/EBchecked/topic/611503/Sir-Edward-Burnett-Tylor (2017-10-02)
2 Lazarević, N. Intercultural competence as an aspect of the communicative competence in the tertiary level English lan-
guage learners. Doctoral dissertation. Novi Sad: University of Novi Sad, Faculty of Philosophy, 2013, 17-18.
3 Bodley, John H. Cultural Anthropology: Tribes, States, and the Global System. Mountain View, California: Mayfield Publish-
ing Co., 1994.
5
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
да биде во судир со културните вредности на други култури);
• културата е дел од човекот и никој не е надвор од културата;
• начинот на кој човекот комуницира во голема мерка е условен од неговото
културно потекло.
Културите се мошне комплексни и тие се многу повеќе од она што се гледа на
површината. Кујната, начинот на облекување, начинот на поздравување и слично го
формираат првиот впечаток на некој постетител од надвор за една култура, но скриените
делови од културата, како што се вредностите, верувањата, начинот на размислување –
се поважниот дел за нејзино разбирање. Моделот на „санта мраз“, прикажан на Сликата
1, многу години наназад се користи да ја опише културата, а посебно бил популарен во
1950-те години. Моделите кои го следеле оригиналниот модел ја задржуваат главната
претпоставка за културата – дека постојат одредени концепти кои се невидливи и дека
она што може да се види е само површината - врвот на сантата мраз. Вообичаено, луѓето
не размислуваат за тоа колку нивната културна основа влијае врз нивното однесување,
говорење или очекувања, а дури помалку размислуваат или гледаат под површината
на туѓото однесување. Најчесто се суди и се интерпретира она што е на површината,
многу често и погрешно, затоа што се интерпретира врз основа на сопствените норми на
однесување, вредностите и убедувањата.
Слика 1. Приказ на културата како санта мраз
Извор: Multicultural council of Saskatchewan. Anti-racism 101. URL: http://mcos.ca/anti-
racism-101/
2. Мултикултурноста и библиотеките
Во основа, културата е начинот на кој поединецот се определува кон некоја група/
заедница и учествува во неа. Поединецот од заедницата ги презема „дефинициите“,
односно знаењата или вредностите на таа заедница и ги менува и ги прилагодува преку
сопственото искуство, создавајќи го на тој начин сопствениот идентитет. Истиот тој
комуницира назад во заедницата делумно изменети вредности, со што придонесува до
6
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
одржувањето и развојот на културата на својата заедница. Поради тоа, секоја култура е
секогаш нужно динамична и променлива.4
Мултикултурност како термин најчесто се користи да опише некое општество во кое
живеат различни култури. Oсвен на елементите на етничката или националната култура,
тој се однесува и на јазичната, религиската и социо-економската различност. Концептот
на мултикултурност не става во преден план одредена култура и мултикултурното
општество не го сочинуваат само националните и етничките малцинства и староседелците,
туку и сите други кои живеат надвор од својата земја и од својот примарен културен
круг: доселеници и нивните потомци, работници-мигранти, бегалци и азиланти5, како и
личностите со културно мешовито потекло и транс-националните личности.6
Меѓународната федерација на библиотечни здруженија и институции (ИФЛА) во
својот Манифест за мултикултурна библиотека, термините “културна разновидност”,
односно “мултикултурност” ги дефинира како хармоничен соживот и интеракција на
различни култури, каде што “културата треба да се смета како збир од различни духовни,
материјални, интелектуални и емотивни карактеристики на општеството или една
социјална група и дека покрај уметноста и литературата ги опфаќа и: животните стилови,
начинот на живеење заедно, вредносните системи, традициите и верувањата“.7 Во членот
3 од Универзалната декларација на УНЕСКО за културната разноликост се вели дека таа
на секој човек му ги проширува опциите за избор и дека е еден од корените на развојот,
не само во смисла на економскиот раст, туку и како средство за постигнување на подобар
интелектуален, емотивен, морален и духовен живот.8
Улогата која библиотеките ја имаат во современото општество, кое благодарејќи на
информациските и комуникациските технологии секој ден станува сè поглобално, е многу
значајна. Како главни информациски центри, со овозможувањето на непречен пристап
до значајни извори на информации потребни за развојот и напредокот на општеството,
како и нудејќи услуги со кои се унапредува економскиот, културниот и социјалниот
живот на заедниците на кои примарно им служат, библиотеките стануваат еднаков
партнер во градењето на граѓанското општество. Тие во огромна мерка придонесуваат
кон развојот и одржувањето на интелектуалната слобода, ги негуваат демократските
вредности и универзалните човекови права и ја потикнуваат социјалната инклузија.9 Со
оглед на тоа дека библиотеките им служат на сите, без оглед на националната, верска и
политичка припадност, пол, возраст, социјален, образовен и економски статус, сексуална
ориентација, како и физичка и здравствена состојба, токму тие претставуваат важно
место за средба и дијалог помеѓу различни култури и идеална подлога за промоција и
негување на мултикултурноста и интеркултурноста.
2.1. Услуги во мултикултурните библиотеки
Секоја библиотека, без оглед на тоа на кој тип библиотеки припаѓа, може да
4 Uzelac, Aleksandra. Utjecaj novih informacijskih tehnologija na kulturni razvoj: uloga virtualnih mreža. Doktorska disert-
acija, Zagreb: Sveučilište u Zagrebu, 2003.
5 Stricevic, Ivanka. Multikulturalna pismenost u knjižnici – temelj interkulturalnog dijaloga. 8. savjetovanje za narodne
knjižnice, Martin na Muri, 18.-20. svibnja 2011.; IFLA. Multicultural Communities: Guidelines for Library Services, 3rd ed., 2009.
URL: https://www.ifla.org/files/assets/library-services-to-multicultural-populations/publications/multicultural-communi-
ties-en.pdf (2017-10-2)
6 IFLA. Defining multiculturalism. URL: https://archive.ifla.org/VII/s32/pub/multiculturalism-en.pdf (2017-10-18)
7 IFLA/UNESCO multicultural library manifesto. URL: https://www.ifla.org/node/8976 (2017-10-2)
8 UNESCO Universal declaration on cultural diversity. URL: http://unesdoc.unesco.org/images/0012/001271/127162e.pdf (2017-
10-2)
9 International Federation of Library Associations and Institutions. World Summit on the Information Society. Informa-
tion for all: The key role of libraries in the information society, Geneva, 2003. URL: https://www.unige.ch/biblio/ses/IFLA/
rol_lib_030526.pdf (2017-10-02)
7
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
биде мултикултурна. Библиотеките како културни центри ги зачувуваат, промовираат,
нагласуваат и им даваат глас на различните култури, вклучувајќи го и нивното
наследство, традиции, литература, уметност и музика - пристап кој им овозможува
на луѓето од сите култури да се доживеат и да учат за различните форми на културно
изразување. Како информативни центри, тие стекнуваат, произведуваат, организираат,
зачувуваат и прават достапни информации кои се однесуваат на потребите на сите
заедници, и шират информации за културно разновидни заедници.10 Мултикултурниот
карактер на библиотеките се огледа во нивните заложби за културна и јазична
разноликост и поттикнување на интеркултурален дијалог. Според Стричевиќ, концептот
на мултикултурна библиотека значи:
• културно и јазично разноврсни збирки и услуги;
• заштита на материјални и нематеријални културни добра;
• програми во правец на образование на корисниците и воспоставување на
меѓукултурен дијалог;
• пристап до печатени и електронски извори на соодветните јазици.11
Во развиените земји, во библиотеките често се формираат т.н. мултикултурни
центри, чии ресурси се во насока на збогатување на знаењата на нивните корисници за
различни култури - верувања, вредности и искуства, како и зајакнување на вештините
потребни за работа и живеење како граѓани на светот и лидери во општеството. Во јавните
библиотеки во Америка често се среќаваат таканаречените културно-чувствителни
програми (англ.: culturally responsive programs) кои служат да го олеснат разбирањето
и прифаќањето на различностите врз основ на културата, лингвистичката способност,
религијата, физичката способност, имиграцискиот статус и сексуалната ориентација.
Центрите од ваков тип најмногу се фокусираат на децата и водат сметка да понудат
квалитетни ресурси за децата (во печатена и дигитална форма) и да промовираат меѓу-
културни врски преку поттикнувањето на децата да истражуваат теми од типот на
социјална правда, еднаквост и културна автентичност. Овие програми се замислени
како форум за истражувањa на темите етникум, класа и култура. Американскато
здружение на библиотекари (АЛА) смета дека една библиотека која е целосно посветена
на промовирањето на културната компетенција преку збирките и програмите нуди
бројни можности за децата и нивните семејства да учат за нови култури. Она на што се
предупредува е опасноста при осмислувањето на ваквите програми да се користи т.н.
туристички пристап - пристап кој ги акцентира храната, фестивалите, модата, фолклорот
и познатите личности од некоја одредена култура, наместо да ги проучува секојдневните
интеракции на луѓето кои ѝ припаѓаат12. Проблемот со овој пристап, според АЛА, е тоа
што тој има за фокус културни елементи кои се егзотични, впечатливи, невообичаени
и забавни, а не ретко содржат и стереотипи. Претставувањето невообичаена мода или
костими и фестивали од една култура на корисниците им дава чувство на егзотика или
различност, наместо да ги приближи и да ги поттикне на разбирање. За да се избегне
создавањето на поголем јаз, наместо доближување, важно е библиотекарите да изберат
актуелни материјали кои вклучуваат книги напишани и илустрирани од луѓе кои или се
припадници на културата која се профилира или со обемно познавање на таа култура
и поседуваат искуство врзано за неа.
10 IFLA/UNESCO Multicultural library manifesto.
11 Stricevic, Ivanka. Нав. дело.
12 Naidoo, Jamie Campbell . The importance of diversity in library programs and material collections for children. American
Library Association. URL: http://www.ala.org/alsc/sites/ala.org.alsc/files/content/ALSCwhitepaper_importance%20of%20
diversity_with%20graphics_FINAL.pdf (2017-10-2)
8
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
2.2. Препораките на ИФЛА за библиотечни услуги во мултикултуралните
заедници
Меѓународната федерација на библиотечни здруженија и институции (ИФЛА)
во 2009 година го издава третото издание на препораките за библиотечните услуги за
мултикултурните заедници со наслов „Мултикултурни заедници: водич за библиотечни
услуги“. Оваа издание претставува ревизија на препораките од 1998 година и ги зема
предвид новите технологии и развојот во професијата и општеството.
Во делот во кој станува збор за улогата и целите на мултикултурните библиотеки,
се наведуваат главните насоки кои мултикултурните библиотеки треба да ги следат при
создавањето на услугите и програмите:
9 При набавката на материјалите, библиотеките треба да имаат за цел да го
одразат мултикултурниот состав на општеството и да го поттикнат разбирањето на
културната разноликост, расната хармонија и еднаквоста. Добиените библиотечни
материјали треба да овозможат пристап до други култури, на јазикот на
мултикултурниот корисник.
9 Материјалите на библиотеката треба да вклучуваат материјали на
мнозинскиот јазик/јазици кои се однесуваат на културно разновидни заедници и
нивните наследства.
9 Библиотеките треба да го промовираат ширењето (дисеминацијата) на
знаењето за мултикултурните групи и нивните култури.
• Библиотеките треба да поттикнуваат и овозможуваат учење на јазици, особено за
оние кои самостојно ги учат, и треба тесно да соработуваат со локалните образовни
агенции и/или усни јазични заедници за да се обезбеди најдобрата можна понуда.
9 Библиотеките треба да обезбедат ресурси кои ќе го олеснат учењето на
националниот јазик/јазици и други јазици. Таквите ресурси треба да бидат на
автохтоните јазици, како и на националниот/ните јазик/јазици и треба да ги
вклучуваат сите соодветни медиуми, особено употребата на компјутери и софтвери
за писменост и јазици. Во случај на усните јазици, говорниците од локалната
заедница треба да бидат ангажирани како ресурси.
9 Библиотеките треба да ги промовираат или ко-спонзорираат активностите
за да им помогнат на новодојдените имигранти да се прилагодат на нивната нова
земја, на теми како што се државјанството, вработувањето и социјалните услуги.
9 Библиотеките треба да спроведуваат, промовираат или ко-спонзорираат
активности за луѓето кои го изучуваат националниот јазик, односно националните
јазици, како и други јазици.
9 Библиотеките треба да учествуваат во зачувувањето и промовирањето
на усните, автохтоните и помалку користените јазици, соодветно на потребите на
нивните мултикултурни и автохтони заедници.
• Библиотеките треба да поттикнуваат доживотно учење и општествен ангажман
преку програми за едукација и обука на заедницата и јавни програмски активности
кои слават и поттикнуваат културна разноликост.
• Библиотеките треба да учествуваат во животот на заедницата и грижата за неа.
Ова може да вклучува обезбедување на информации за мултикултурните заедници
кои им се потребни за да остварување на нивните утврдени цели, како и вклучување
во локални настани, како што се културни активности, фестивали и комеморативни
настани на мултикултурните групи во областа, но и преземање иницајативи за нивно
одржување.
9
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
• Библиотеките треба да ги приближат мултикултурните заедници. Како места за
средби, библиотеките можат да формираат арени за интеракција меѓу луѓето од сите
видови на култури. Настаните, изложбите и заедничките сесии за културни прашања
и социјален ангажман ќе им овозможат на луѓето од сите видови на култури да учат
едни од други, да ги применуваат или да ги подобрат своите јазични вештини, да си ги
разберат животите и перспективите едни на други и да создаваат нови пријателства
• Библиотеките треба да обезбедат референтна и информативна служба на оние
јазици што најчесто се користат и на оние групи со најголема потреба, како што се
скоро пристигнатите имигранти. Особено е важно информациите за заедницата,
вклучувајќи податоци за секојдневното донесување одлуки, треба, каде што е можно,
да бидат обезбедени на јазикот на корисникот.
• Истата палета и квалитетот на услугата треба да им бидат достапни на лицата кои
бараат заеми преку меѓубиблиотечна позајмица или одреден наслов или тема на сите
јазици и за сите мултикултурни групи.13
Во водичот се дадени и насоки за изработка на анализа на потребите на
корисниците, за развој на библиотечниот фонд, човечките ресурси во библиотеките,
маркетинг и промоција на услугите, како и примери за добра пракса од светот.
Заклучок
Пристапот до информации е универзално право на секој човек. Библиотеките
ја имаат таа важна улога да ги задоволат информацискиските потреби на сите свои
корисници и да им понудат информации и податоци на нивните мајчини јазици и писма.
Мултикултурноста во најширока смисла претставува признавање на правото на различните
групи да ги задржат своите културни специфичности. Целта на мултикултурните
библиотеки е да работат во насока на промовирање на праведноста и еднаквоста на
пристапот до библиотечните услуги. Мултикултурните услуги не претставуваат посебни
услуги, туку се вградени во услугите достапни за сите корисници и треба да се базираат
на познавањето на културата на заедниците кои ги опслужуваат и на нивните потреби.
Затоа, неопходно е библиотечниот персонал во мултикултурната библиотека да биде
одраз на заедницата која ја опслужува, а изградбата на библиотечните збирки и услуги
да се темели на опсежна анализа на корисничките потреби и на самата заедница. Секако,
предвид треба да се земат и други важни показатели, како што се демографските и социо-
економските податоци за населението, информациското опкружување, податоците
од државните институции, економските истражувања и слично. Според препораките,
побарувачката не смее да биде единствен фактор за изградба на збирките и понуда на
услугите, бидејќи побарувачката може да биде одраз на несоодветната понуда и ниските
очекувања на потенцијалните корисници.14
Преку приближувањето на различните култури и минимизирање на разликите,
библиотеките придонесуваат до постабилна и понапредна заедница, со што се
унапредува квалитетот на животот на сите нејзини припадници.
13 IFLA, Multicultural Communities: Guidelines for Library Services. 3rd ed., 2009. URL: https://www.ifla.org/files/assets/
library-services-to-multicultural-populations/publications/multicultural-communities-en.pdf (2017-10-2)
14 Stricevic, Ivanka. Нав. дело
10
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Библиографија
1. Bodley, John. H. Cultural Anthropology: Tribes, States, and the Global System. Moun-
tain View, California: Mayfield Publishing Co., 1994.
2. Encyclopaedia Britannica: Sir Edward Burnett Tylor.
URL: http://www.britannica.com/EBchecked/topic/611503/Sir-Edward-Burnett-Tylor
(2017-10-02)
3. IFLA. Defining Multiculturalism.
URL: https://archive.ifla.org/VII/s32/pub/multiculturalism-en.pdf (2017-10-18)
4. IFLA. Multicultural Communities: Guidelines for Library Services, 3rd ed., 2009.
URL: https://www.ifla.org/files/assets/library-services-to-multicultural-populations/pub-
lications/multicultural-communities-en.pdf (2017-10-2)
5. International Federation of Library Associations and Institu-
tions (IFLA). World Summit on the Information Society. Information for
All: The Key Role of Libraries in the Information Society, Geneva, 2003.
URL: https://www.unige.ch/biblio/ses/IFLA/rol_lib_030526.pdf (2017-10-2)
6. IFLA/UNESCO Multicultural Library Manifesto.
URL: https://www.ifla.org/node/8976 (2017-10-2)
7. Lazarević, N. Intercultural competence as an aspect of the communicative competence
in the tertiary level English language learners. Doctoral dissertation. Novi Sad: University
of Novi Sad, Faculty of Philosophy, 2013,17-18.
8. Multicultural Council of Saskatchewan. Anti-racism 101. URL: http://mcos.ca/anti-
racism-101/ (2017-10-2)
9. Naidoo, Jamie Campbell. The Importance of Diversity in Library Pro-
grams and Material Collections for Children American Library Association.
URL: http://www.ala.org/alsc/sites/ala.org.alsc/files/content/ALSCwhitepaper_impor-
tance%20of%20diversity_with%20graphics_FINAL.pdf (2017-10-2)
10. Stricevic, Ivanka. Multikulturalna pismenost u knjižnici – temelj interkulturalnog
dijaloga. 8. savjetovanje za narodne knjižnice, Martin na Muri, 18.-20. svibnja 2011.
11. UNESCO.Universal declaration on cultural diversity.
URL: http://unesdoc.unesco.org/images/0012/001271/127162e.pdf (2017-10-2)
12. Uzelac, Aleksandra. Utjecaj novih informacijskih tehnologija na kulturni razvoj: uloga
virtualnih mreža. Doktorska disertacija, Zagreb: Sveučilište u Zagrebu, 2003.
11
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Библиотекарството и општеството
(стручен труд)
Радослав Љубиќ, виш библиотекар
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје
Апстракт
Библиотекарството, како специфична културна гранка, „кристализира“, се развива и
напредува низ големите историски пресврти предизвикани од епохалните економски,
технолошки и политички промени во општеството. Серијата кризи доведоа до формирање
специфична институционална поставеност на библиотеките како што ја познаваме
денес: колекција лоцирана во јавна зграда, јавно достапна, индексирана и достапна
преку јавен каталог, одржувана од обучени библиотекари и финансиранa од јавни,
општествени фондови. Библиотеките денес ја ревитализираат идејата за достапност
на сите знаења до сите, негување култура на читање, архивирање материјали и разни
културни добра, посредување во давање информации и знаење во поширока смисла.
Како институции од општествен интерес, тие го прифатија предизвикот да бидат јавeн
сервис и јавна инфраструктура која обезбедува информации, образование, вештини,
помош и „засолниште“ за општествената заедница, која, пак, од своја страна, треба да
биде во вистинска смисла на зборот донатор и главен двигател на современите текови
во библиотекарството. И покрај задоволителното или незадоволителното место во
општеството, библиотекарството, како дејност, сепак ужива општествена грижа што се
однесува барем до законската регулатива.
Клучни зборови: колекција, јавен каталог, јавен сервис, општествена заедница, донатор,
општествени фондови, законска регулатива.
Библиотекарството , науката и општеството
Дејностa која се занимаваа со структурата и работењето на сите видови библиотеки,
а нејзината главна цел е да се овозможи најсоодветно користење на културното и
научното наследство на човештвото, отпечатени, снимени на различни видови документи
поради разновидниот развиток на поединецот и на општеството во целина, се нарекува
библиотекарство. Како важна културна гранка, библиотекарството вклучува: изградба
мрежа од библиотеки, изградба на библиотечни фондови, нивно средување во просторен
и информациски смисол, чување и заштита, давање информациско-реферални услуги и
услуги за библиотечно снабдување, како и разни активности кои ги развиваат навиките
за читање, научно истражувачка дејност, информациска писменост, како и користење
разни други библиотечни услуги, а сѐ со една цел задоволување на потребите на своите
корисници.
Иако библиотекарството е една од најстарите културни гранки, библиотеката
дури во последно време, имајќи го предвид брзиот развој на науката и технологијата,
демократизацијата на животот и образовниот систем и зголемената потреба на луѓето
12
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
да бидат информирани, е призната како посебно општествено вредна институција.
Воспоставен е системот на образование и библиотекарството кое е признато како
посебна професија, а исто така воспоставени се теоретско-методолошки основи на
библиотечната наука. Од првиот сериозен обид да се утврди потеклото на библиотечната
наука (Schrettinger, 1808, неговите следбеници и критичари), усвојувањето на првите
закони во областа на библиотекарството, основањето на првите библиотекарски
здруженија и отворањето на првите училишта за библиотекари до денешен ден, кога се
чувствува посилно влијание на новите техники и зголемување на приливот на новите
медиуми во библиотеката, библиотекарството како дејност ја прошири лепезата на
своите услуги, следејќи ги промените во опкружувањето кои ги одредуваат новите и
посложени барања на корисниците. Меѓутоа, како научна дисциплина, библиотечната
наука се обиде да го прошири концептот на библиотечниот дискурс и да ги постави
темелите за својата теоретско-методолошка основа. Притоа, при воспоставувањето на
својата интердисциплинарна позиција во областа на науката и обидите да ги докаже
развитокот и промената на својата научна парадигма, ги користеше постигнувањата на
други дисциплини.
Библиотеката низ вековите – улога и развиток
Првите библиотеки настанале од потребата во општеството да се складираат
и сочуваат документи кои го регулирале општествениот поредок. Првите збирки на
државно-правни и други записи, внимателно селектирани и собирани, се заедничка основа
на денешните библиотеки и архиви. Во текот на развитокот на општеството долго време
библиотеките и архивите биле под ист покрив и управа, но како времето одминувало се
јавила потребата тие да се разделат. Денес можеме да кажеме дека архивите складираат,
средуваат, обработуваат и даваат на користење сѐ она што е производ на дејствување на
административните, економските и останатите државни институции, а пак библиотеките
сѐ она што потпаѓа под поимот духовен производ, било да се работи за културна или научна
димензија на тие производи. И едната и другата дејност – библиотечната и архивистичката,
имаат, главно, разграничен делокруг, иако дел од архивистичката граѓа може да се најде
во библиотеките, но и обратно, дел и од библиотечната граѓа може да се пронајде во некој
градски или државен архив. Но, едно нешто им е заедничко: и едната и другата дејност
имаат сопствени закони, правила за начинот на прибирање, обработување, складирање,
како и давање на користење на материјалите кои ги поседуваат (книжен фонд, документи
итн.).
Бројот на корисници на библиотеките (по одделувањето на библиотеките од
архивите) бил многу мал и ограничен на одреден круг луѓе. Долго време во својата
историја библиотеките опслужувале одреден слој граѓани, за да дури во XVIII век, со
ширењето на идејата за просветителство, бројот на корисници (и бројот на библиотеки)
видно се зголемува. Отогаш навака библиотекарството, наместо дотогашната основна
цел – овозможување само на читање, ја насочува својата активност кон образување (XIX
век), напоредно со развојот на научно-техничките достигања и зголемувањето на бројот
на корисничката популација.
Во ХХ век библиотекарството поставува нова цел – посилно посредување во
пренесувањето на запишаното човечко знаење и искуство, што како краен продукт се
јавуваат начелата на отвореност и достапност на библиотечните фондови. Во теоријата и
праксата на библиотекарството тие начела означуваат квалитативна промена, пред сѐ на
оној дел од оваа дејност која најдобро објаснува зошто библиотекарството е незаобиколно
во развитокот на човечката цивилизација, откако истата почнала да се засновува на
пишани симболи. Книжевниот критичар Ј. Нитецки заклучува дека, во текот на својот
развиток, библиотеките „во почетокот едвај преживувале, потоа општеството почнало
13
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
да ги прифаќа, условно кажано, како нешто без кое не се може, за на крајот активно да
учествува во нивната работа“. Таквото активно учество на општеството во работата на
библиотеките може да се разгледа од различни аспекти: идеолошко-политички, економски,
културен, научен и образовен. Идеолошкиот аспект е тесно поврзан со политичкиот,
а во тој поглед сите демократски држави со устав гарантираат рамноправност на сите
граѓани во користење и достапност на библиотечните фондови и информации. На самите
библиотеки, се разбира под патронат на општеството чиј производ се самите, останува
менаџирањето, управувањето и развитокот на библиотечната дејност, во рамките на
уставот, законите и меѓународно признатите стандарди за овој вид дејност.
Културен и општествен статус на библиотеките
Иако, библиотекарството и библиотеките се важен сегмент од културата на
секое општество и имаат важно, но често невидливо влијание врз општествените
текови, нивната положба и развиток се на маргините на општеството. Сакале да
признаеме или не, вистината е дека оваа дејност не е почитувана и експонирана од
страна на институциите на системот, барем до ден денешен. Како дејност која создава
и дава одреден тип информации, библиотекарството е коплементарно со науката,
иако ни приближно не ужива исти привилегии. Иако во научните кругови честопати
се предупредува на несоодветна достапност на информации и публикации преку
библиотеките и библиотечно-информациските мрежи, библиотекарите сами, иако свесни
за последиците од лошата организација на меѓубиблиотечната соработка, ќе кажат дека
ваквите пропусти се резултат на недоволниот интерес и соработка на академската, а и
пошироко на општествената заедница, во решавањето на битни прашања од областа
на библиотекарството. И конечно, образовното ниво на населението, а тоа значи и
образовното ниво на општеството во целина, потребно е систематски да се подига, за да
може самото општество понатаму да се развива. Уделот на библиотеките притоа е голем
и никако не смее да се занемари.
Посматрајќи го библиотекарството низ наведените гледишта, мораме да
заклучиме дека нивото на неговиот развиток и опсег го одразува степенот на културниот
и цивилизацискиот статус на општеството. Библиотекарството треба да се подигне на
повисоко ниво не само преку систематско и квалитетно образование на своите кадри,
туку и со поголеми материјални вложувања на општеството, како и со наменски систем
во неговото работење. Имајќи ја „привилегијата“ во секој поглед да биде на маргините
на општеството, библиотекарството останува свртено само кон себе. Сите напори за
подигнување на нивото на сопствената професионална работа се недоволни без поголема
помош од општеството. Лошо структурираната и сиромашната библиотечна активност е
одраз на реалната состојба на општеството, особено неговото културно ниво. Тврдењето
дека библиотекарството е основна културна дејност на секој народ е неспорна, но, само со
добро и успешно работење на библиотеките, библиотекарството со право може да го бара
своето место пред сѐ во културата, но и во општеството пошироко. Самите библиотеки
треба да станат помудри и поупорни во нивните напори за подигање на нивниот углед
во општеството, со смислено планирање треба да обезбедат квалитетни служби, кадри
и услуги за своите корисници и што е можно повеќе да влијаат на нивната перцепција за
потребата од такви услуги и сервиси.. Библиотекарството денеска е силно насочено кон
пронаоѓањето на опшествениот смисол и оправдание за своето постоење, како и брзото
прилагодување на барањата и потребите на новото информатичко време. Во тие процеси
се кријат многу ризици, но и созреваат шансите за вистинска професионализација. Ниту
библиотеките можат да се променат без свесна и сеопфатна професионализација на
14
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
струката, ниту таа е можна ако библиотеките сами не се трансформираат во отворени,
флексибилни, динамични институции кои се спремни постојано да „учат“ и да одговарат
на сите предизвици. Но, за да ја оствари својата мисија, библиотеката мора и треба да
има силна поткрепа зад себе од државата, која, преку своите механизми кои ги има
на располагање, ќе ги испочитува нормите што едно современо општество мора да ги
исполни кон ваквите институции.
Kултурна гранка од национален и јавен интерес
Библиотеките во Македонија, според Законот за библиотеките, ја имаат таа
„привилегија“ активно да учествуваат во воспитно-образовниот процес на младите
генерации, трасирајќи го нивниот иден интелектуално-професионален живот. Покрај
тоа, нивна задача и цел е достапност до библитечните фондови за сите категории
граѓани, без разлика на возраст, верска, политичка или друга припадност, давање
информации од секаков вид, се разбира од доменот на нивниот интерес. „Библиотеките
се отворени за јавност (цитат од Законот за библиотеките) и, преку користење на
библиотечниот материјал, го унапредуваат образованието и трајно ги задоволуваат
културните и другите потреби на пошироката јавност, придонесуваат за унапредување на
стручната и научно истражувачката работа...“ Библиотекарството е можне важна алка во
„синџирот“ културни процеси на секое општество, „папочна врска“ помеѓу самобитноста и
културниот идентитет на секој народ. Влечејќи корени од светите Кирил и Методиј, преку
средновековните манастирски и црковни библиотеки, па сѐ до денешните национални,
јавни, универзитетски и дриги библиотеки, овие институции биле и останале бастиони
на пишаниот збор, места каде се негувала и негува народната мудрост, македонскиот
фолклор, научно-истражувачката мисла, се промовираат новите современи технолошки
идеи, изуми.
Успешноста во работењето на секоја институција (националнa, јавнa), приватнa
компаниja, во најголема мера зависи од менаџерскиот кадар, од неговата перцепција,
визија, знаење за менаџирање на соодветната дејност. Општеството, државните
институции се ментори на културата, библиотекарството во нашето општество, па оттаму
и одговорноста за успешноста на менаџирањето со културните институции е нивна. Целта
на менаџирањето не треба и не смее да биде поставување „свои“ луѓе на раководни функции
по секоја цена (досегашна пракса), туку луѓе со личен и професионален интегритет, искусни
професионалци во својата област. Менаџирањето во библиотеките подразбира процес на
организирање на работните процеси заради исполнување институционални цели, процес
на избор, обука и вреднување на работниците, но и процес на комуникација и соработка
со други институции, граѓански организации, синдикатот и разни владини и невладини
здруженија. Како дејност од национален, јавен интерес, библиотекарството мора да го
добие третманот кој го заслужува во општеството, културна гранка која мора да биде на
пиедесталот на приоритети на секоја власт, а не на маргините. Секоја импровизација, секое
ставање „под тепих“ на проблемите со кои се соочуваме во тековното работење, е чекор
назад во она што значи фаќање приклучок со современите текови во библиотекарството.
Аbstract
Library science as a specific cultural branch has been „crystallizing“, developing and making
progress throught big historical turnabouts caused by epochal economic, technological and
political chenges in the society. A sequence of crises led to formation of specific institutional
place of the libraries as we know today: a collection located in a public building with public
15
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
accessibility, indexed and available through pablic catalogue, maintained by trained
librarians and financed by public social funds. Nowadays libraries revive the idea of
knowledge accessibility to everybody, nursing the cultural of reading, filing the mate-
rial and various cultural goods, mediating in giving information and knowledge in a
wider sense. As institutions of social interest they accept the chellenge to be public
service and public infrastructure that provides information, education, skills, help and
„shelter“ to the community that on its side has to represent, in the full sence of the
word, donor and main motive power in the modern courses of the library science. De-
spite the fact that the librarianship may have satisfactory or unsatisfactory place in
the society, it still uses social care, at least regarding statutory regulation.
Key words: collection, public catalogue, public service, social community, donor, so-
cial funds, statutory regulation.
Користена литература
1. https://www dzs.ffzg.unizg.hr/text/pog1.htm
2. Котовчевска, Сузана. Македонското библиотекарство низ вековите: (со
посебен осврт на периодот 1944-2004 година). Скопје: Котовчевска, 2007.
3. https://www.memoryoftheworld.org.hr/buducnosti-knjiznice/
16
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Знаењето како двигател за развојот на библиотекарството,
некогаш и денес
(стручен труд)
Ленче Т. Андоновска, библиотекар советник
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
e-mai: lence.andonovska@yahoo.com
Апстракт
Во современиот свет незамисливо е функционирањето на образовниот и културниот
систем, како и целокупниот научно – истражувачки процес, без целосен синхронизиран
и комплементарен развој на современото библиотечно работење и развој на современи
библиотеки како вечни храмови на мудроста и знаењето.
Мотив за изработка на трудот е да се истражи влијанието, улогата, функцијата
и значењето на поимот знаење за развојот на библиотекарството. Поимот знаење е
комплексен термин, кој во различни контексти и дискурси добива различно значење.
Знаењето мора да е поврзано со науката која е специфична технологија на моќ и која на
својот корисник му обезбедува знаење со кое им се дава говор на нештата. Знаењето е
процес на пренесување, на селективна акумулација, на разместување, на бришење, на
преуредување и истрајност во она што се нарекува „правење видлива граѓа“.
Клучни зборови: знаење, мотивација, библиотекарство
Knowledge as driving force in developing librarianship, then and now
Lenche T. Andonovska, librarian adviser
NI University Library St.Kliment Ohridski Bitola
An abstract
The functioning of the educational and cultural system, as well as the complete scien-
tific-research process would not be even imaginable in the modern world without a completely
synchronized and complementary development of the modern library work, and also develop-
ment of modern libraries as eternal temples of wisdom and knowledge.
The motive for this thesis is researching the influence, the role, the function and the
meaning of the term knowledge for the development of librarianship. The term knowledge is a
complex term which receives a different meaning in different contexts and discourses. Knowl-
edge must be closely connected with science which is a specific technology of power and pre-
sents its user knowledge that gives voice to things. Knowledge is a process of transfer, of selec-
tive accumulation, of relocation, of deleting, of rearranging and perseverance in that which is
called “making visible timber”.
Key words: knowledge, motivation, librarianship
17
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Поимот знаење е заеднички именител и за „академските, официјално признати
знаења“ (оние што се учат на академиите) и за „популарните“ (оние што се шират меѓу
народот, знаења по сопствена логика) кои човекот, зависно од својата егзистенцијална
поставеност, ги стекнува целно или стихијно, посредно или непосредно. Оттука, од едната
страна, постои институционализирано значење на академските знаења, кои го означуваат
конструирањето на идентитетот како свет за индивидуалните граници и можности. Од
друга страна, пак, постои значењето на „технологијата на јаството“ – популарните знаења,
облагородени со определени (авто) терапевски содржини, можности и учиноци,
кои речиси се граничат со некои шамански вештини, мистерии и т.н. народна
медицина, која се издигнува на ниво на фармакон (лек кој може да прерасне во
отров). Имено, популарните знаења покажуваат тенденција да прераснат во
опасност, трансформирајќи го и деконструирајќи го автентичниот/личниот
идентитет. Времето во коешто денес живееме е време на промени. Современите
организации, установи, се наоѓаат пред дилемата како да се опстане и успешно
да се делува во опкружувањето, чии главни карактеристики се неизвесноста
и непредвидливоста. Во услови на глобализација успешните организации и
установи не управуваат само со трудот и капиталот. Вистинските менаџери мора
да водат сметка и за уште еден клучен ресурс: знаењето. Знаењето е единствениот
ресурс којшто со употребата не се троши, туку се зголемува.
Општо земено науката, како релативно независен и заокружен систем што се
темели врз знаењето, лежи во неколку клучни елементи. Нематеријалната природа на
квалитетот на знаењето што го прави специјално и уникатно, исто така, го прави тешко
да се измери. Како се мери способноста да се комбинираат образование, искуство и
генијалност за да се унапреди продуктивноста или создавањето нови производи. Иако
сѐ уште не постојат директни мерки, стручните лица користат различни техники за да се
измери знаењето како индиректна активност. Притоа две заеднички индиректни мерки
се разликуваат. Една од мерките е бројот на луѓе во занимањата кои користат високо ниво
на знаење да ги извршуваат своите задачи. Таа ги мери тешкотиите, комплексноста и
познавањето на занимањата на скала на професионални критериуми. Согласно ова скала,
занимањата се дефинираат како управувачки, професионални и технички занимања.
Втората заедничка мерка на активност базирана на знаење е врз основа на занимањата
на ниво на индустрија.
Имајќи го предвид претходно изнесеното, можеме да констатираме дека голем
придонес во стекнувањето на знаењето на секој поединец има библиотеката како битен
фактор. Библиотеките вршат витални функции и тие треба постојано да се унапредуваат,
да се збогатуваат со книжен фонд, а истовремено да претставуваат и центри во кои
се одвиваат низа разновидни активности, хостинг разговори, предавања и сл. Во
библиотеките со децении се собирале културните вредности, односно се гаела традицијата
за односот кон книгата, нејзиното чување и дисеминација на знаењата. Библиотеките во
таа смисла ја одиграле улогата на центри од каде што се црпеле творечките достигнувања
кај нас, околу нас и во светот. Имено, самиот еволутивен развој на оваа дејност ги покажува
стремежите да се фати приклучокот во светот што оди напред.
Библиотеките заземаат истакнато место во развојниот тек на книжевниот
континуитет во Македонија и со своите активности и дела даваат голем придонес во тој
правец. Книгите од историски и културолошки аспект претставуваат израз и потврда на
универзалните вредности што постоеле на овие простори. Поради тоа една од примарните
грижи на библиотеките е и прибирање, заштита, чување и презентирање на движното
културно наследство.
18
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Навиката на читање е доживотно континуирано и редовно изведување на чинот
на читање, како резултат на перцепцијата за читање како потреба. Меѓутоа, навиката за
користење на библиотеката, нејзините услуги и литературните дела значи континуирана
и редовна посета на истата, со што се збогатуваат нивните погледи кон иднината.
За делата претежно важи ставот на Пол Валери „дека поетската мисла во делото
треба да биде сокриена како што е сокриено хранливото својство на плодот“.
Несомнено, секое литературно дело за секој книжевник по вокација претставува
предизвик за анализа и импликација на теоретските инструменти со кои ги утврдуваме
карактеристиките на делото и неговите обележја. Интертекстуалноста како термин
нуди можност, преку новите освоени дела, читателите или учениците како рецепиенти
на литературното дело да се навраќаат на веќе познатите литературни приказни, со што
компаративно приоѓаат на различни стилски формации и на различни автори.
Како читатели, односно рецепиенти, датотеките сместени во нашата свест
постојано нѐ навраќаат да се прошетаме низ страницата на некое веќе прочитано дело
кое како „дежа ву“ создава дилеми кај нас. И дали тука ќе ја прифатиме онаа теза дека
литературата е една голема библиотека на веќе обработени теми и дека не се очекува
ништо ново да се појави на литературна сцена.
Досегашната практика на нашата библиотека беше постојано збогатена со
активности кои, како мотивациски фактор, беа насочени кон зголемување бројот на
корисници во Библиотеката. Мотивацијата претставува фактор кој го поттикнува,
насочува и одржува однесувањето на луѓето. Таа се однесува на динамичниот дел од
личноста и се разликува од поимите на чувства и личност. Мотивацијата е желба или
волја да се направи некоја работа и истата претставува движење, насоченост на личноста
кон задоволување на потребите, комбинација на желбите и енергијата насочена кон
постигнување на целта. Што е тоа што ја придвижува личноста да мисли, да делува.
Разбирањето на мотивите на една личност не значи разбирање и на мотивите на една
група или организација. Мотивацискиот развој има за цел комплетно мобилизирање
на индивидуалните способности на сите нивоа во Библиотеката во која се планираат,
координираат и реализираат програмските содржини со кои се стекнува знаење, се
поттикнува развојот на личноста со цел да се потпомогне вклучувањето на корисникот
во општествениот живот, во средината во која се наоѓа и истовремено да му помогне
во подготвувањето за идниот живот. Поради тоа ваквата пракса ќе продолжи и во
иднина, односно библиотекарите и корисниците ќе се мотивираат со нови содржини,
ќе се прошируваат и ќе се продлабочуваат. Овде не се стекнува само знаења, туку се
подига здрава, хумана, образована, критичка и творечка личност. Новонастанатите
услови за живеење и работа кај нас сами по себе бараат реализација на воспитно-
образовниот процес да биде на повисоки образовни ефекти и стандарди, компатибилни
со современите европски и светски системи, затоа секојдневно треба да се поттикнува
иницијативност и компетентност во реализацијата на секојдневните задачи и менување
на традиционалниот однос кон нивното извршување. Со тоа се претпоставува дека ќе се
унапредува развојот на библиотечната дејност, како основен двигател на целокупното
работење во библиотеките.
Со ваквиот начин на работа многу од слабостите ќе се надминат и ќе се трасира
пат за нови идеи и визии во библиотекарството. Новонастанатите услови за живеење и
работа кај нас, сами по себе бараат реализација културно-образовниот процес да биде со
повисоки културни ефекти и стандарди, компатибилни со современите европски и светски
системи, затоа секојдневието бара поттикнување, иницијативност и компетентност
во реализацијата на секојдневните задачи и менување на традиционалниот однос кон
нивното извршување.
Научниците, како и сите други луѓе, можат да навлезат темелно во својата
работа, да создаваат моќна апаратура, но секогаш ќе постојат методски постапки кои се
19
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
неплодни. Дефинициите и формалните постапки можат да се развијат до совршенство,
инструментите да се усовршат, но не и умот за да ги применува правилно. Некои
емпириски податоци можат да бидат во согласност со највисоките технички критериуми
и пак да бидат неуверливи и ирелевантни. Со други зборови, како што велат Коен и Нејгел,
не е познато на кој начин може да им се влее креативна интелегенција на оние на кои таа
им недостасува. Па сепак, научниот метод е единствениот начин да се зголеми општата
маса на испитани и проверени знаења, да се дефинираат значењата на зборовите,
нашите магличави идеи да се трансформираат во прецизно формулирани ставови и да
се елиминираат произволните мислења. Несомнено, желбата за знаења е исконска и
голема, но често е недоволна да се спротивстави на инерцијата. Малкумина имаат сили да
се искачат, како што би рекол Маркс, по стрмните и несигурни врвици на науката. Обично
луѓето се интересираат за резултатите на некоја научна дисциплина, но ги одвраќаат
макотрпните трагања и примената на научната апаратура.
Покрај интелектуалната љубопитност, творечките потенцијали, истрајноста,
дисциплинираноста, времето, средствата, на идниот научник му е неопходна и
определена општествена клима за реализирање на своите замисли и за манифестирање
на потенцијалите. Значи, за оние кои се ангажираат во макотрпната истражувачка работа
им е потребно не само слободно време за размислување и средства за експерименти,
туку и заедница која ќе го почитува стремежот кон вистината и допушта слобода на
изразување на интелектуалниот сомнеж во нејзините најпрестижни институции. Стравот
од повреда на востановените норми и, се разбира, консеквенциите од тоа се сериозна
пречка за напредокот на науките, дури и егзактните, а стравот да не се повреди чувството
на патриотизмот е една од најголемите пречки за развитокот на науката на човекот
воопшто. Но, од друга страна, кога една заедница без критериум ја поздравува секоја нова
доктрина, љубовта кон вистината станува подредена на стремежот за промени.
Научниот метод е исто така единствен успешен начин да се засили и да се
продлабочи љубовта кон вистината, кон вечниот идеал. Тој развива интелектуална
храброст за соочување со тешкотиите и за совладување на илузиите кои можат да
се покажат за извесен период, но штетни во крајна линија. Науката бара несебичност,
непристрасност, ги поврзува во нешто доблесно, ги утврдува разликите без какви било
надворешни сили, повикувајќи се на нашата заедничка рационална природа и на тој
начин нуди пат подеднакво отворен за сите кои имаат сили да чекорат по него.
Користена литература:
1. Андоновски А., Петровски П., Бошевски М. 1986) Минимум стандарди за училишните
библиотечно-информативни центри во СР. Македонија, Библиотекарство: зборник на
материјали, Скопје: Народна и Универзитетска библиотека „Климент Охридски“.
2. Гаџова, Славица, 2013. Книжевноста и дискурсите на моќта, Скопје.
3. Панзова, Виолета. 2003. Науката како занает. Скопје: Филозофски факултет.
4. Поп-Атанасов, Ѓ. 1989. Речник на стара македонска литература, Скопје: Македонска
книга.
5. Спектар (меѓународно списание за литература и наука). 2010. Скопје.
6. Стаменковски, Алекса. 2006. Деловно комуницирање. Скопје.
7. Шелева, Елизабета. 2011. Културолошки есеи, Скопје.
8. Knowledge, International Journal Scientific and applicative papers, 2015;
9. http://www.pannoniantourism.hu/htmls/gradivo.html?glD=232&ID=503 (05.08.2017);
10. http://www.mkd.mk (27.09.2017);
11. http://vladasrma.wix.com/coaching (19.09.2017).
20
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
ЗАСТАПУВАЊЕТО ВО АКЦИЈА: Кампања за подигање на свеста
за важноста на јавните библиотеки
(стручен труд)
д-р Биљана Кочишка, виш библиотекар
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје
b.kociska@gbsk.mk
Апстракт
Трудот дава одговор на прашањето - Што е застапување? Во светото на
библиотекарството под поимот „застапување“ генерално се подразбира активности
на индивидуи или организации со кои се влијае на донесувањето одлуки на локално,
регионално, национално или меѓународно ниво. Застапувањето често се изедначува со
маркетингот, јавните односи или лобирањето. Иако овие активности се всушност тактики
кои го подржуваат застапувањето секоја од нив има различна цел и намена.
Успешно застапување на библиотеката започнува со поставување на главна
цел и дефинирање на акционен план на застапувањето. Рамката на акциониот план
подразбира тимска работа, секако одредување на таргет група, поставување на порака
која се пренесува во јавноста преку медиумите и воспоставување на партнерства.
Студија на случај - презентирање на резултатите и ефективно пренесената
порака од првата национална кампања „Влези во нов свет“ за подигање на свеста за
важноста на библиотеките во заедницата, организирана од Градската библиотека „Браќа
Миладиновци“ Скопје.
Клучни зборови: застапување, маркетинг, јавни односи, лобирање, брендирање, акционен
план, стратегија, тим, таргетирање, медиуми, порака, партнерства
Дефинирање на поимот „застапување“
Advocacy is critical to building public support for long-term funding for public libraries.
Advocacy [...] can secure for library leaders a place at the table where important funding
decisions are made. It can also inform public library users and the community as a whole
about library services and value. For these reasons, we believe that advocacy must be a
permanent part of every public library - practiced by library leaders, staff and external
community supporters.1 (Bill & Melinda Gates Foundation Global Libraries)
Во светот на библиотекарството под поимот застапување генерално се подразбира
„дејствување на поединците или организациите на локално, регионално, национално
или меѓународно ниво, со цел да се дејствува на обликувањето и донесувањето на
посакуваните политики или финансиски одлуки за поддршка на јавните библиотеки. Тоа
вклучува континуиран и адаптивен процес на собирање, организирање и формулирање
на податоци во ефективен аргумент, кој потоа се презентира пред носителите на одлуки
преку разни интерперсонални канали за комуникација и преку медиумите.“2 Значи,
секоја активност која може да помогне во менувањето на ставот на одлучувачите во
1 “Turning The Page” Supporting Libraries, Strengthening Communities
2 “Turning the page” Supporting Libraries, Strengthening Communities, e-learning INELI Balkan
21
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
корист на библиотеката може да се нарече „застапување“. Застапувањето им помага на
библиотеките да ги добијат потребните ресурси за да спроведуваат соодветни услуги кои
им го олеснуваат животот на поединците во заедницата. Активното застапување може да
спречи кратење на буџетите, намалување на ресурсите или бројот на вработените.
Застапувањето често се изедначува со маркетингот, односите со јавноста или
лобирањето. Овие активности се всушност тактики кои го поддржуваат застапувањето и
секоја од нив има поинаква цел. Тактиката на застапување подразбира активности и алатки
кои ги користат учесниците за да ги постигнат целите на застапувањето. Токму такви се
маркетингот, кој опфаќа активности кои се насочени кон промоција или зголемување на
одредена библиотечна услуга или програма. Маркетингот има одредена целна публика и
се усогласува со нивните потреби и интереси. Односите со јавноста пак се дизајнирани да
ја подигнат свеста за некое прашање или настан, обично со поттикнување на медиумите
да пишуваат за тоа. Активностите за лобирање се насочени кон комуникација со
државните службеници, со цел да се направи промена на специфичното законодавство.
На овие активности им предходи друга тактика, теренско истражување или интеракција
со членовите на зедницата и нивно потикнување за поддршка на застапувањето и
остварување на целта. Контактот со корисникот може да го мобилизира во активен
учесник во застапувањето, кој ќе зборува со одлучувачите за важноста на библиотеката.
Секогаш се започнува со разговор со членовите на заедницата за да се слушнат нивните
потреби, сваќања и идеи за да се дефинираат услугите кои би ги понудила библиотеката.
Денес најчесто за тоа се користат социјалните мрежи (Facebook, Twitter, e-mail).
Во понатамошните активности за подигање на свеста се вклучуваат „односите со
јавност“ кога станува збор за некој настан или проблем за да се поттикнат медиумите
(дневни весници, телевизии, списанија, радио, блогови) да известуваат за библиотеките. На
тој начин треба да се овозможи на медиумите пристап до јасни и одредени информации кои
ќе ја потенцираат целта на застапувањето. Најчесто се користат интервјуа со репортери,
е-меил кампањи, постирање на веб страната, конференции за печат или јавни настани.
Додека пак промоцијата на некоја библиотечна услуга или настан во библиотеката е со
цел да се поттикнат корисниците да ја користат и за тоа е „маркетингот“, тактика која
е насочен кон одредената целна група со потреба и интерес од услугата или настанот,
со што може да се регрутираат нови корисници во библиотеката. Тоа подразбира
адвертајзинг, рекламен матерјал како брошури, флаери, банери, граничници, веб страни,
организирање на промоции и настани. За потенцирање на важноста на библиотеката
во заедницата потребно е да се изгради имиџ на институцијата преку брендирање или
кампања. Оваа тактика на застапувањето им помага на корисниците да ја идентификуваат
институцијата-библиотека, нејзиниот профил и услугите кои ги спроведува. За тоа
најчесто се користат логоа, брендирано име, визуелно претставување. Како специфична
тактика се користи и лобирањето најчесто насочено кон индивидуи кои се поврзани со
законодавството, односно локалната или државната власт. Подразбира состаноци, е-меил
пораки, телефонски разговори.
Активностите поврзани со застапувањето може да се спроведат во секоја заедница,
голема или мала, на локално, државно, национално или интернационално ниво. Секој
вработен во библиотеката или корисник може да биде вклучен во овие активности и тие
може да се дел од секојдневните работни обврски во насока на остварување на поставената
цел.
Акционен план на застапувањето
Застапувањето е еден вид патување кое подразбира планирање и подготовка:
- Каде одите, како ќе стигнете, кои ресурси ви се потребни, кој ќе ве придружува по
пат?! Затоа секое успешно застапување за библиотеката започнува со одредување
22
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
цел и поставување на акционен план на активности за застапување. Овој план треба
да биде документ кој постојано ќе се апдејтира и ќе го трасира патот и ќе ги мери
придобивките кон поставената цел. Секогаш треба да се има во предвид дека овој
план бара тимска работа, бидејќи повеќе членови носат различни идеи, перспективи,
искуства и информации од заедницата, а сето тоа дава поефективен план за акција.
Првата фаза на акциониот план подразбира поставување на цели и задачи на
застапувањето. За да се одредат целите и задачите потребно е идентификување на
потребите на заедницата, бидејќи библиотеката е институција која ги следи барањата на
корисниците и е јадро на заедницата. Ако корисниците имаат потреба од нови простори
во библиотеката целта на застапувањето ќе биде добивање на финансиски средства од
буџетот на Градот за реновирање на истата. Задачите поставени во овој план мора да
бидат специфични и мерливи за да може лесно да се следи процесот за остварување на
поставените цели. Имено, ако целта на застапувањето е добивање на буџет за реновирање
на објектот на библиотеката во 2018 година, задача е да се лобира во советот на градот за
изгласување на новиот буџет за 2018 година од кој ќе се издвојат средства за реновирање.
Успешно реализиран план ги содржи следните елементи:
- Корелација на главната цел на застапувањето на библиотеката со потребите на
заедницата. Со постојано укажување на важноста на библиотеките за заедницата
се остварува контакт и се поставува стабилна основа за пораката која треба да се
пренесе;
- Целта на застапувањето треба директно да ја поддржува мисијата и главната цел
на институцијата библиотека;
- Разделување на целта на застапувањето од задачите и тактиките на застапување
кој се насочени кон постигнување на целите на застапувањето.
Идентификување на целните групи
Суштинска компонента на застапувањето е да се знае кои се носители на одлуките
што ќе помогнат за реализирање на целта за застапување. Целна публика може да биде
група или организација, потоа владините ентитети (извршна или локална власт), како
и поединци, кои треба да се ангажираат, да се убедат и мотивираат за да помогнат во
достигнување на целта на библиотеката во процесот на застапување. Три клучни
нивоа се важни при одредувањето на целните групи за библиотечното застапување:
примарно (носители на одлуки), средно (оние кои влијаат на донесувачите на одлуки)
и заинтересирани страни (партнери во заедницата и сојузници кои ја промовираат
библиотеката). На овој процес предходи фаза на собирање информации за перцепциите
што ги имаат членовите на целната публика за библиотечните услуги или програми и
мерење на влијанието од собраните податоци. Собраните податоци го даваат јавното
мислење на целната публика за услугите што ги нуди библиотеката и вработените.
Импактот од овие податоци е мерило за тоа колку библиотеката и нејзините услуги
влијаат на корисниците и ги менуваат животите на членовите на заедницата. Најчесто се
користат квалитативни и квантитативни методи за собирање информации. “Innovation
starts with people... Learning from users first is key. People are at the forefront of this pro-
cess. By taking the time to interview and observe our patrons, we can learn what is really
important to them. We remain relevant and put our energy and resources where we will
see the most impact.“ 3
Креирање на решенија за библиотеката започнува со наоѓање инспирација во
светот околу нас и подлабоко разбирање на потребите на луѓето. Без разлика дали
3 A team at Chicago Public Library reflects on their user needs research, Design Thinking for Libraries (IDEO, 2015)
23
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
сакаме да ја трансформираме библиотеката во центар на заедницата или да се воведат
нови програми, првиот чекор е да се разберат потребите на корисниците и заедницата.
Познавањето на перцепциите на корисниците на библиотеката ќе помогне за одредување
на најефикасен начин на комуницирање со нив за поддршка на библиотеката. Многу
често постои разлика како ние ја вреднуваме библиотеката и како корисниците ги
вреднуваат нејзините квалитети. Токму застапувањето е од помош за надминување на
овие разлики. Перцепциите на целната публика може да бидат позитивни, негативни или
неутрални. Согласно со нив може да се преземат чекори за зајакнување или промена на
тие перцепции:
- Позитивните перцепции може да се засилат
- Негативните перцепции може да се дестабилизираат или да се променат
- Неутралните перцепции може да се одржуваат или префрлат на позитивни
перцепции
Засегнати страни (Stakeholders)
Постојат сличности помеѓу процесот на идентификување на целната публики,
анализата на засегнатите страни и корисничките потреби. Но, кои се заинтересираните
страни? Заинтересирани страни се поединци кои или се грижат или имаат интерес од
застапувањето, може да вршат влијание врз целите на проектот и не е невообичаено тие
да имаат спротивставени или конфликтни интереси. Еден од предизвиците со кои се
соочуваме во застапувањето е ефикасно решавање на прашањата околу конкурентните
интереси на различните заинтересирани страни. Комуникацијата со засегнатите
страни подразбира систематско идентификување, анализа, планирање и спроведување
на активности дизајнирани да се ангажираат сите засегнати страни. Важно е да се
идентификуваат сите засегнати страни од самиот почеток. Корисниците на библиотеката,
членовите на заедницата, граѓанските организации, локалните власти, сите се засегнати
страни. Исто така заинтересирани страни се и организациониот тим на застапувањето,
вработените и менаџерите на библиотеката. Типично засегнати страни се поединците и
групи кои ја вршат работата (библиотекарските работници), корисниците, заедницата и
законските и регулаторните тела.
Порака на застапувањето
Пораката за застапување е можност да ја убедиме целната публика да преземе
акција во име на библиотеката. Ефективните пораки за застапување им овозможуваат
на луѓето да имаат јасно разбирање зошто и како треба да помогнат. За да се постигне
ова, пораката за застапување треба да се потпира на она што го знаеме за нашата целна
публика, што тие во моментов мислат и чувствуваат за библиотеката и што сакате
да направите за да ја постигнеме целта на застапувањето. Најефективните пораки за
застапување имаат една основна порака, со нагорна линија, до три основни пораки за
поддршка. Пораките треба да бидат јасни, да бидете во можност да ги објасните задачите
и целите за застапувањето во реченица или две. Пораките треба да бидат конзистентни.
Доследни пораки ќе имаат поголемо влијание бидејќи истите пораки се слушаат одново и
одново од целната публика. Пораките треба да бидат веродостојни, односно фокусирани
на она што може да биде поддржано со факти или специфични приказни. Со раскажување
на реалноста на библиотеката и нејзиното влијание, поголема е веројатноста да се
привлече вниманието на публиката. Пораките треба да бидат убедливи. Следната фаза е
пренесување на пораката преку различни медиуми. Различни средства за комуникација
влијаат на различна публика. Некои се поотворени кон вестите што ги дистрибуираат
24
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
традиционалните медиуми (весници, радио, телевизија), други се подобро ангажирани
преку социјалните медиуми. Важно е да го изберете медиумот кој ќе ја претстави вашата
порака на најпривлечен начин на вашата целна публика.
Идентификување на потенцијални партнери и создавање на тим
Потенцијалните партнери на Библиотеката играат важна улога во помагањето
да се постигнат целите за застапување. Тие можат да обезбедат ресурси и волонтери, да
овозможат запознавање со другите лидери на заедницата, да ја понудат својата експертиза,
како и да помогнат во промовирањето на работата на библиотеката во заедницата и меѓу
клучните носители на одлуки. Партнерите играат важна улога во поддршката на мисијата
на библиотеката. За да се задржат партнерите важно е да се обрне внимание на нив,
без разлика дали тоа е краткорочна или долгорочна врска и затоа се бараат едноставни
начини да се ангажираат партнерите со постојано потсетување дека се дел од тимот.
Студија на случај: Застапување на локално и национално ниво
„Влези во нов свет“ Кампања за подигање на свеста за важноста на библиотеките во
заедницата
Цел на кампањата
Подигање на свеста за важноста на библиотеките во заедницата,
влијанието врз корисниците и менување на нивните животи
Задачи на кампањата и
тактики
Нови простори во библиотеката, нови сервиси и услуги, целосно
реновирани библиотечни објекти; Акционен план за реновирање
и ре-инвентирање на Градската библиотека;
Интервјуа со корисниците од кои произлегоа лични приказни
документарани во филм за библиотеката
Целна публика и засегнати
страни (stakeholders)
Учениците, студентите, пензионерите, писатели-те, професорите
и другите корисници;
Предходните и сегашните директори, градоначалници,
претставници на локалната власт, спортисти, глумци, водители
и други јавни личности
Порака/Слоган на кампањата ВЛЕЗИ ВО НОВ СВЕТ
Приказна на библиотеката
Личните приказни на учениците, студентите, професорите,
писателите, јавните личности, вработените, директорите,
се преточија во единствена приказна за библиотеката во
документарен филм „Влези во нов свет“
Медиа план
Маркетинг: Филмот е прикажуван на сите локални и
национални телевизии; Односи со јавност: интервјуа на ТВ и
радио, написи во весници, печатени флаери, брошури, постери,
беџови, граничници; Социјалните мрежи: Facebook, twit-
ter, instagram, website; Лобирање: дописи и е-маил пораки со
локалната и државната власт
Партнерства
Библиотеките од Македонија (јавни и национални),
библиотекарските здруженија, град Скопје, Министерство за
култура, Катедра за библиотекарство, бизнис сектор, библиотеки
од Бугарија и Србија
25
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Advocacy in Action: Awareness raising campaign on the importance of public
libraries
Biljana Kociska PhD
PI City Library “Braka Miladinovci” Skopje
The paper answers the question - What is advocacy? Advocacy generally refers to the
activities of individuals or organizations that influence decision making on a local, regional,
national or international level. Tactics that support advocacy are marketing, public relations
or lobbying, and each of them has a different objectives and purpose. Successful advocacy of
the library begins by setting the main goal and defining an action plan. The action plan implies
teamwork, determining a target group, setting up a message that is transmitted to the public
through the media and establishing partnerships.
Key words: advocacy, marketing, public relations, lobbying, branding, action plan, strategy,
team, targeting, media, message, partnerships
26
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Елементи на SWOT анализата на Националната и
универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Скопје
(стручен труд)
м-р Миодраг Дадасовиќ
Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје
Апстракт
Историскиот раст и развој, функциите, улогите, услугите, ресурсите и средствата
на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје,
претставени преку SWOT анализата на нејзините силни страни, слабостите, предизвиците
и опасностите, пружаат своевидна анализа на сегашното, но во исто време овозможува
увид во идните насоки на работењето на Библиотеката.
Повеќето од елементите на анализата се применливи и кај некои други видови
библиотеки во Република Македонија.
Клучни зборови: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ –
Скопје, SWOT анализа
Вовед
По над седумдесетгодишната историја и развој на Националната и универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, околностите на историската заднина,
општествениот и економскиот момент во изминатите седум децении, нејзиното место
и улога, работењето, функционирањето и ефикасноста на улогата на национална,
истовремено и универзитетска библиотека, се огледаат во нејзините функции,
екипираност, услуги, сервиси, средства и фондови кои сега се состојат од над 3 милиони
библиотечни единици, повеќе уникатни национални збирки, дигитални колекции, бази и
банки на податоци.
Библиотеката е сместена во наменски изграден објект во 1971 година. Изградбата
на фондовите до почетокот на деведесеттите години на минатиот век беше, главно,
определена од страна на централизирана набавка на библиотечни материјали, со
добивање задолжителен депозит во рамките на поранешната држава.
Постоеја, исто така, обиди за координирана набавка во Република Македонија, која
обично беше ограничена на Националната и универзитетска библиотека во Скопје, НУУ
библиотеката во Битола, на универзитетите во Скопје и Битола, како и јавните библиотеки
во големите градови, научните институции, главно од Скопје.
По осамостојувањето на Република Македонија, доаѓа до намалување на приливот
на задолжителниот примерок, како и постепено намалување на материјални вложувања
средства во Библиотеката.
Недостатокот координирани набавки води до индивидуалистички пристап во
набавката и финансирањето во рамките на државата, што не придонесува кон поефикасно
градење библиотечни фондови.
Финансирањето на дејностите и активностите на Библиотеката, како и средствата
за набавка беа намалувани, пропратено со сѐ поголема изразеност секоја наредна
година. Долгогодишната улога и учеството во финансирањето, особено во набавката на
книжни фондови, од страна на Министерството за наука и Министерството за култура,
без учество на Министерството за образование (и покрај статусот на „универзитетска“
27
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
библиотека), постепено се сведува само на Министерството за култура. На тој начин се
одвива финансирањето на сите библиотечни дејности, обновувањето и набавката на
фондови, набавката на опрема, одржувањето, реновирањето на објектот на Библиотеката
и нејзината инфраструктура.
Донесувањето на Законот за библиотеки1 и Законот за локална самоуправа2 ,
доведува до промена на статусот на дел од јавните библиотеки, кои преоѓаат во надлежност
и финансирање од страна на локалните власти, додека статусот на Националната
библиотека од посебен национален интерес го има Националната и универзитетска
библиотека „Св Климент Охридски“ во Скопје.
Примената на новиот Закон за библиотеки води до постепено зголемување
на финансирањето на активностите на Националната библиотека и на тој начин, во
рамките на Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата
3, од страна на Министерството за култура се одобруваат средства со кои се обезбедува
соодветно годишно ниво на финансирање. Во рамките на оваа програма се предвидуваат
средства, помеѓу останатите програми и проекти и за набавка и реконструкција на
фондовите на Библиотеката. Добиените средства претставуваат обврска на практичен
начин и со голема одговорност да се пријде кон понатамошниот развој на фондовите на
Библиотеката, подобрување на пристапот до услугите на Библиотеката како и подигање
на нивото на квалитетот на библиотечните услуги. Притоа, тие играат значајна улога кај
потребите на корисниците кои треба Библиотеката да ги следи.
Отварањето на студиска група за библиотекарство во академската учебна
2010/2011 година при Педагошкиот факултет во Скопје го определува и стручниот состав
на вработените библиотекари, кои имаат можност за индивидуално, вонсистемско,
професионално напредување, што не често се искористува.
Професионалното напредување во текот на работата и вршењето стручна,
библиотечна дејност, учеството на домашни и странски конференции, едукации,
како и учеството во професионални проекти, придонесува за понатамошен развој на
доживотното образование за библиотекари.
Во меѓувреме, преодниот период на транзиција значи и намалување на бројот на
вработените во библиотеката, од 175 на околу 110, од кои околу 60 библиотекари и околу
30 библиотекарски помошници. Денес Библиотеката има потреба од нови вработувања
на над дваесет библиотекари.
Воведувањето научен контекст во Библиотеката е условено од расположливите
човечки ресурси: 1 доктор на науки, 6 магистри и 50-тина библиотекари, со натамошни
можности за зголемување на бројот на библиотекарите со академски титули.
Мотивацијата на вработените, во однос на финансиското задоволување на личните
и семејни потреби, е на незадоволително ниво и претствува одраз на економската
ситуација во земјата.
Потребата за учење на странски јазици е поврзана со составот на корисниците на
библиотеката.
SWOT АНАЛИЗА
Силни страни (позитивно - S)
• Улога на национална и универзитетска библиотека,
• Улога на национална библиотека од посебен општествен интерес,
• Поддршка од Министерството за култура за функционирање на Библиотеката,
1 Закон за библиотеки, Службен весник на РМ бр.66/2004.
2 Закон за локалната самоуправа, Службен весник на РМ бр.05/2002.
3 Министерство за култура, Годишна програма за остварување на национален интерес во културата во 2008 година.
28
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
• Добра локација во близина на универзитетскиот кампус,
• Бројот и единственоста на фондовите,
• Искуството и бројот на библиотекари со професионални титули,
• Акредитација за одржување државна библиотечна обука и испити,
• Достапноста на е-ресурси на локално и на национално ниво,
• Работното време на Библиотеката,
• Опременоста на Библиотеката,
• Бесплатното користење на интернет.
Слабости (W)
• Недостаток на соодветно финансирање,
• Класична работа на службата за набавка,
• Несоодветни фондови,
• Значителни дупки во фондовите,
• Недостаток на координирана набавка,
• Вработените рутински ја вршат работата,
• Недоволен број библиотекари,
• Недоволно финансиско задоволство на вработените,
• Недостаток на следење на потребите на корисниците,
• Потреби од учење нов странски јазик,
• Економски развој во транзиција,
• Недоволно почитување на доставување задолжителен примерок,
• Недоволна набавка на изгубени книги,
• Недоволен број и користење на библиотечниот систем за обезбедување
информации со целосен текст,
• Недоволно пропагирање на Библиотеката и услугите,
• Локација на Библиотеката на најпрометните раскрсници во градот,
• Потреба од евалуација и прочистување на фондот.
Можности (O)
• Научната и стручна работа е во согласност со составот на кадарот,
• Можности за меѓубиблиотечна размена,
• Можности за користење безжична мрежа во Библиотеката,
• Дигитализација на фондови, особено на специјалните,
• Можности за зголемување на позитивната слика за Библиотеката во Македонија
и во странство,
• Видеоконференциски можности во Библиотеката,
• Можности на постоечката ИКТ технологија во Библиотеката.
Опасности (Т)
• Ерозија на членовите на Библиотеката,
• Намалување на бројот на корисници на Библиотеката,
• Одржување и подобрување на свеста на заедницата за релевантноста на
институцијата,
• Следење на демографските трендови и потребите на демографските групи,
• Предизвици за следење на новите ИКТ технологии,
• Учествување на библиотекари со високи стручни звања во образованието на
29
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
библиотекари,
• Овозможување комуникација со Библиотеката на далечина,
• Барање дополнителни методи за финансирање,
• Проширување можности за отворен пристап,
• Подобрување на контролата на безбедноста на објектот и средствата,
• Застареност на наменски изградениот објект на Библиотеката > 45 години,
• Недостаток и несоодветност на простор за сместување на фондовите,
• Потреба од поврзување со побрза комуникациска мрежа,
• Почитување на авторските права.
Овој труд претставува обид за пружање елементи за анализа на силните страни,
слабостите, предизвиците и опасностите на функционирањето на Националната и
универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, пружа појдовни елементи
за иницирање посеопфатна анализа на сегашните состојби на целокупната структура на
Библиотеката, објектот, позицијата, човечките ресурси, фондовите, средствата и услугите,
кој во исто време може да овозможи увид во идните насоки на развојот и натамошното
работење на Библиотеката.
Поголем број на елементите на анализата можат да бидат применети и кај некои
други видови библиотеки во Република Македонија.
Abstract
The historical growth and development, functions, roles, services, resources and fa-
cilities of the National and University Library “St. Kliment Ohridski” - Skopje are presented
through SWOT analysis of the Strengths, Weaknesses, Opportunities and Threats which pro-
vides a kind of analysis of the present, but at the same time, can provide an insight into the
future directions of the work and functions of the Library.
A greater number of elements of the analysis can be applied to other types of libraries
in the Republic of Macedonia.
Keywords: National and University Library “St. Kliment Ohridski” - Skopje, SWOT analysis
ЛИТЕРАТУРА:
1. Akobundu, Dike Ugah. A SWOT Analysis of the University Library of Michael Okpara
University of Agriculture Library, Umudike, Nigeria. // Library Philosophy and Practice
2007 (e-journal) (October). URL: http://digitalcommons.unl.edu/cgi/viewcontent.cgi?art
icle=1149&context=libphilprac (14.02.2008)
2. de Bruijn, Erik. UBC Library SWOT Analysis Strengths Weaknesses Opportuni-
ties Threats, January 25, 2000. URL: http://www.library.ubc.ca/home/swot-analysis.pdf
(14.02.2008)
3. Годишна програма за остварување на национален интерес во културата во 2008.
година. Скопје : Министерство за култура, 2008.
4. Instructions for conducting a SWOT analysis. URL: http://www.sprc.org/library/swot.
pdf (14.02.2008)
5. Tadić, K. Rad u knjižnici. 1994, Opatija: Naklada Benja.
6. Закон за библиотеки. // Службен весник на РМ бр. 66/2004.
7. Закон за локалната самоуправа. // Службен весник на РМ бр. 05/2002.
30
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Тинејџерите во библиотеката
(стручен труд)
УДК 027.625
м-р Мариче Боздоганова
НУ-Библиотека „Григор Прличев“, Охрид
„Ако не им го понудиш она што денес им е интересно, ќе бидеш неинтересен и неважен во
иднина за нив.“
Патрик Џонс
Абстракт
Овој текст дава осврт на најчувствителната и најпрогресивна категорија корисници
на јавните и школски библиотеки – тинеjџерите.
Земени се во обзир нивните барања, очекувања, моменталното расположение,
како и степенот на образовно, културно и социјално образование. Клучен момент е
односот на библиотекарот со младо-возрасниот корисник. Подготвеноста и поткованоста
на библиотекарот да му пријде на младиот корисник е услов да се привлечат и прифатат
тинејџерите во библиотеката, од една страна и она што го нуди институцијата од друга
страна.
Клучни зборови: тинејџери, младо-возрасни корисници, библиотека, библиотекари,
информациски потреби.
Teens in the library
Mariche Bozdiganova
NI Library “Grigor Prlichev” Ohrid
Abstract
This text gives an overview of the most sensitive and most progressive category of us-
ers of public and school libraries.
Their demands, expectations, current mood and the level of educational, cultural and
social education were considered.
A key point is the relationship between the librarian and the young adult user. The read-
iness of the librarian to approach the young user is a condition for attracting and accepting
teens in the library on one hand and what the institution offers on the other.
Key words: teens, young adult users, library, librarians, information needs.
31
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Вовед
„Информацијата е порака која се користи во комуникацискиот процес за да
претстави збир на податоци, поими, со цел да ја намали неизвесноста, односно да го
зголеми знаењето на корисникот“. (Sečiќ, D. 1995).
Во планирањето квалитетна услуга најважно е да се согледаат разликите меѓу
информацијата и потребата. Целата на секоја услуга е уникатноста. Корисникот е учесник
во креирањето на услугата. Лошата услуга не може да се поправи или да се замени.
Овде ќе зборуваме за една специфична група корисници кои верувам се најбројна
популација корисници во школските и јавните библиотеки. Тоа е категоријата млади
тинејџери-адолесценти, кои секогаш имаат специфични и посебни потреби.
Истражувањата покажуваат дека книгата и читањето ја губат битката со други содржини
и активности што ги нуди современото информатичко општество. Така, телевизијата,
интернетот, паметните телефони, социјалните мрежи стануваат доминантен начин на
комуникација и размена на информации.
Колку овој забрзан развој на модерната инфомациска технологија влијае на навиките
за читање, посебно на тинејџерите, која како група во општеството е под најсилен удар
на технолошките иновации (знаејќи ја осетливоста на овие години – раскрсница на
детството и зрелоста), се чини дека постојано се балансира меѓу литературата за деца и
литературата за возрасни.
Влијанието на компјутерите и интернетот врз младите е интензивен, затоа оваа генерација
уште се нарекува и google генерација. Како се менуваат условите во информатичката
технологија, така младите сѐ помалку се заинтересирани за традиционалната улога на
библиотеката.
Стекнуваат други навики: мислат побрзо и поразлично; сакаат брзи информации; учат
низ игра; имаат библиотека на своите лаптопи, смарт телефони и сл.
Во библиотеката и стручниот библиотечен тим се наметнува потребата за обезбедување
литература, пристап до електронски извори и информации како би го задржале нивното
внимание. Важно е да се придобијат за соработка овие млади корисници. Начинот за таков
подвиг е и во амбиентот и ентериерот, сѐ со цел да ја надминат бариерата на оттуѓеност
кај овој вид корисници.
Традиционалниот однос треба да се смени. Комуникацијата и пристапот се клучни
предуслови за соработка. Тоа значи дека библиотекарот мора да поседува изразито
чувство на љубезност, тактичност и стрпливост кон младиот корисник.
Цели за реализација на потребите на младо-возрасните корисници:
- комуникација библиотекар-тинејџер;
- библиотечниот тим треба да обезбеди сервис за тин-корисниците;
- на младите корисници да им се овозможи да ги добијат потребните достапни
информации од различните услужни сервиси;
- будност на библиотечниот сервис за оваа категорија корисници: промовирање
популарна литература; подолготрајни предавања интересни за тинејџерската возраст;
информативни трибини со теми прилагодени за нивната возраст.
- волонтирање
Искуствата зборуваат
Читањето и книгата се препознатлив и нераздвоен дел од цивилизираниот развој и
културните потреби на сите времиња во ралични средини. Со книгата се расте, созрева, се
радува и тагува. Неизбришливи се впечатоците наталожени од детството кога се читале
приказни пред спиење, одењето во светот на бајките со омилените јунаци.
32
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
За да има позитивни резултати, неопходно е да се спроведуваат активности со младата
популација корисници.
Комуникацијата помеѓу библиотекарот и младиот корисник често е во
позиција на информатор-едукатор и љубопитен млад читател, кој во тие информации не
може да се снајде. Имаме и обратни ситуации, кога библиотекарот не може веднаш да
даде одговор на барањата од тинејџерот.
Оваа група корисници била тема на дискусија и разработка и ќе биде и во иднина.
Тоа го наметнува развојот на новата технологија и брзото прифаќање на промените
од оваа категорија корисници. Пристапот до информациите кај сите е различен.
Карактеристичните белези на оваа категорија корисници можат да се добијат токму
од нивната потребна информација. Значи, за еден младо-возрасен корисник можеме
да дознаеме на кое образовно ниво се наоѓа, неговата култура, информираност, јазична
бариера, психичка состојба, социјален статус од неговата редовност во библиотеката и
начинот на кој комуницира со референтното лице. На ваков начин се добива сознание
за развојните фази на младата личност, поточно колку влијанието на библиотеката,
како културна и информативна установа, учествувала во развојот и оформувањето на
личноста. Овие млади луѓе растат низ библиотечниот сервис.
Токму затоа малку пошироко ќе се задржиме на оваа група корисници гледани и
анализирани од странски стручни библиотечни соработници.
Така, на пример, Мајкл Е. Кејси и Лаура Савастинук (2006), во статијата Библиотечен
сервис за следната генерација, главен акцент става врз промените на библиотеката. Со
внесувањето на новиот модел Библиотека 2.0 за библиотечните услуги кои поттикнува
постојани промени, ги повикува корисниците да учествуваат во создавањето виртуелни
и физички услуги кои им се неопходни и потребни.
Се смета дека со Библиотека 2.0 ќе се олесни on-line пристапот, каде корисниците (во
случајот се најрадикалните и најбунтовните темпераменти-младите) своите информации
ќе ги добијат низ игра и забава. За нив овој пристап дава отвореност и транспарентност
во желбата да се дојде до нешто ново и поразлично од досегашното.
Сепак, да се задоволат потребите на тин-генерацијата не е лесно. Крис Андерсон,
автор во Wired, тврди дека барањата книги или филмови кои не се хитови, за други
корисници можат да бидат хитови.
На оваа статија ѝ дадов предност поради новото време на информатичката
технологија во библиотекарството, каде како најбројни корисници се тин-читателите кои
секогаш се во чекор со новото време.
Даи Катие во статијата Тинс и информациската писменост... и јавната
библиотека ги искажува различните улоги или искуства во јавноста на библиотекарите
33
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
кои ги поддржуваат и го овозможуваат развојот на тинејџерската информациска
писменост во поширока смисла. Во информациската писменост на оваа група корисници
се вклучуваат многубројни популарни појави, разни игри, потреба од тин-катче за дружба,
музичко катче, литература соодветна за нив.
Според тоа, тинејџерите ја опфаќаат возраста од 13 до 19 години, период што го
покрива основното и средното образование. Нивната возраст меѓу дете и возрасен им
наметнува потреба кон себеспознавање бидејќи навлегуваат во светот на
возрасните. Тука се загадочните теми за сексот, дрогата, паралелниот свет, лични
проблеми за кои возрасните не треба да знаат.
Тод, Рос Ј., во својата статија Поддршка и барање за информирање на тинејџерите
адолесценти, објаснува какви информации бараат тинејџерите и од што зависи потребата
за информациска писменост. Иако информациите можат да бидат достапни, голема
улога имаат социјалните услови, општествените норми, економијата, емоционалниот и
културен развој и сл.
Ангела Веилер (2004) смета дека интелектуалните развојни фази кај тинејџерите
влијаат врз информациското пребарување, однесување и способноста критички да се
размислува. Затоа и библиотекарите треба да се пренасочуваат од традиционалниот
пристап на услуги кон новата дигитализирана писменост.
Во рамките на ова истражување е вклопено и испитувањето по прашањето дали е
воведена Teen Read Week на поширок простор, како поттик за прославување на т.н. недела
за тин читателите.
Во однос на резултатите за читање, YALSA спровела серија анкетни прашалници
околу интересите и мотивот за читање. Токму Teen Read Week го зголемувал интересот за
читање. Исто така YALSA истражувала колку и што се чита: 26% уживале во читањето; 21%
читале списанија; 18% го читале она што им е на располагање во книжарниците; 17% читале
во јавните библиотеки; 16% читале од домашни библиотеки; 15% читале од школските
библиотеки.
Во наши услови
Што читаат тинејџерите? Нивниот интерес оди во повеќе насоки, почнувајќи од
романи со одреден жанр, биографии, списнија, стрипови и сѐ повеќе интернет. Некои
сакаат тин романи со среќен крај, други детективски приказни, трети акција, се на сѐ
шаренило на потреби. Од списанијата најинтересни се спортските за момчињата, а за
девојчињата модните списанија. Интернетот го користат 90% за решавање на своите
школски задачи, но и како главен извор на информации.
На нашите простори пак, поточно во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид,
поттикнати од потребите на оваа група корисници, се направи испитување и поделба во
неколку групи од оваа категорија корисници.
- во првата група се тинеџери од 12 до 15 години;
- во втората група од 16 до 18;
- третата група од 19 до 21 (млади студентски корисници).
Методот со кој се пријде на оваа група корисници е интервјуто, поточно неформална
комуникација со корисниците за нивните потребни информации. Комуникацијата
повеќе одеше во насока на корисникот да ги каже барањата, а библиотекарот да иницира
на натамошна комуникација за да се дојде до потребната информација. Потребните
информации, главно, се кратки, нецелосни, нејасни кои сепак бараат брз одговор.
Очекуваната информација или ја добиваат комплетно, или делумно. Нивните реакции
се различни во зависност од темпераментот, возраста и културата. Тука е референтното
лице кое, со својата стручност и тактичност, им приоѓа и им овозможува да дојдат до
34
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
очекуваните информации.
Волонтирањето како активност Библиотеката го практикуваше во минатите
години. Тоа даде квалитетни резултати, како за волонтерите така и за институцијата. Се
активираат младите во библиотечните активности, а Библиотеката ги оствари зацртаните
цели во однос на ваквиот акгажман.
Резултати
При анализата на резултатите добиени се следните податоци:
Потребите на младо-возрасни корисници при НУБиблиотека „Григор Прличев“, Охрид
За првата група 74% се утврдени побарувања поврзани со школските потреби;
слободна литература 18%; додека останатите 8% остануваат на стручна литература од
психологија, астрономија, историја, научна фантастика.
Во втората група сликата на добиените резултати е за нијанса поразлична,
имајќи го во предвид прагот на годините. Потребите на оваа група се кон мистичноста,
фантазијата, тин-проблемите и нивните психолошки состојби: 60% школска литература,
слободна литература 25% (поезија, белетристика); 15% стручна литература. Кај оваа група
корисници (16 – 18) постои чувство дека се доволно информирани, многу малку имаат
потреба од стручна литература, читаат само она што мораат. Поимот енциклопедија го
поврзуваат со википедија. Затоа проблемот кај оваа млада популација е најверојатно
поврзан со емоционалната зрелост, бурниот развој, социјални и психолошки проблеми
пропратени со информативно-технолошкиот развој.
Третата група млади корисници ја опфаќаат популацијата која повеќе има потреба
од информациски извори за одредена тема, проблематика, било да е од сручен или личен
карактер. Резултатите покажуваат дека оваа група е свртена кон себеанализирање,
теми поврзани со емотивниот живот на поединецот. 47% школска литература; 13%
слободна литература и 40% стручни информациски извори за дадени теми, матурски или
семинарски трудови, писмени задачи.
35
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Заклучок
Ако иднината на библиотеката ја гледаме во брзината на промените во светот на
информациската технологија, тогаш од горе понудените резултати добивме нова идеја и
поттик за формирање адолесцентен фонд или фонд за младо-возрасни корисници. Знаејќи
го фактот дека не може да се стави линија меѓу детскиот фонд и фондот за млади, тие се
во тесна заемна врска. Доколку сепак се формира фонд за младите корисници, потребата
од истиот би била повеќекратна. Станува збор за негово постојано обновување и ширење
со нови изданија и тематски содржини, не само во квантитативна, туку и квалитативна
смисла. Со волонтерски ангажирања на младиот свет во библиотеките, ќе се подобри
квалитетот на живеење на младиот човек и ќе се развива и негува љубовта кон книгата.
Младите луѓе имаат право на ист квалитет на услуги кои ги нуди библиотеката за сите
корисници.
Користена литература:
1. IFLA. Development of the profession:
https://www.ifla.org/publications/development-of-the-profession-a-history-of-the-
ifla-section-for-education-training-from?og=64
2. Information 2000, (1991). Library and Information Services for the 21 Century, USA. Str.6.
3. Петрески, Д. (1998). Библиотекарство. Битола: Универзитет „Св. Климент Охридски“.
Стр. 166.
4. Петрески, Д. (1996). Трансформација на библиотеките во Р. Македонија. Битола:
Универзитет „Св. Климент Охридски“. Стр. 173-174.
5. Sečiќ, D. (1995). Informaciska sluzba u knjiznici. Rijeka: Naklada Benja. Str. 11.
6. Young Adult Library Services Association:
https://en.wikipedia.org/wiki/Young_Adult_Library_Services_Association
7. Welcome to Teen Teach Week:
http://www.solanolibrary.com/teens
8. Young adult fiction:
http://en.wikipedia.org/wiki/Young-adult_fiction
36
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Значење на дигиталната библиотека во универзитетското
образование
Лилјана Колева-Гудева, редовен професор, liljana.gudeva@ugd.edu.mk
Саша Митрев, редовен професор, sasa.mitrev@ugd.edu.mk
Блажо Боев, редовен професор, blazo.boev@ugd.edu.mk
Кирил Барбареев, вонреден професор, kiril.barbareev@ugd.edu.mk
Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А, П. фах 201, 2000 Штип, Р. Македонија
Апстракт
Новите информатички и комуникациски технологии, како и новите техники за
истражување и учење, наложија промовирање современ пристап во методите на настава
и истражување на универзитетите. Тоа создаде потреба за промоција на нов и современ
пристап во библиотекарството, што беше и водечка идеја во формирањето на првата
електронската универзитетска библиотека во Република Македонија. Е-библиотеката на
Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип отвори нов мултимедијален пристап за брза, точна,
и бесплатна информација за студентите, вработените и останатите корисници на оваа
е-библиотека.
Клучни зборови: е-билиотека, студенти, самоефикасност, високо образование.
Вовед
Најраните идеи за креирање дигитални библиотеки потекнуваат од последните
децении на XX век. Првите проекти се фокусираа на создавање на Каталог на електронски
картички (Electronic Card Catalogue), познат како Каталог за on line јавен пристап (Online
Public Access Catalog, OPAC). До 1980-тите успехот на овие напори резултираше со OPAC, за
потоа да следи заменување на традиционалниот картонски каталог во многу академски,
јавни и специјални дигитални библиотеки. Ова дозволи библиотеките да преземат
дополнителни напредни чекори за поддршка во делењето на ресурсите и да го прошират
пристапот до библиотечни материјали надвор од индивидуална физичка библиотека.
Прв пример за дигитална библиотека е Информативниот центар за образовни ресурси
(Education Resources Information Center, ERIC, https://eric.ed.gov), кој беше роден во 1966
година (Bell, 2015).
Терминот „е-библиотека“ е поврзан со други слични термини, како што се дигитална
библиотека, хибридна библиотека или виртуелна библиотека. Во литературата постојат
различни дефиниции за тоа што претставува е-библиотека. Ramayah, et all., (2003, 2004)
и Ignatius (2004) ја дефинираа е-библиотеката како дигитална библиотека која нуди
технологија за поврзување на ресурсите на многу библиотеки и информатички услуги.
Deb et all., (2003) ја дефинираа е-библиотеката како систем кој е достапен од каде било
преку интернет, за да достави знаење директно до нивните корисници, без да биде
ограничен на содржината на ниту една физичка библиотека, ниту пак да биде систем
37
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
кој е „фатен“ на web со неорганизирани, неуправувани и неточни информации. Појавата
на е-библиотека обезбедува повеќе можности за корисниците да пристапат до разни
информатички ресурси.
Е-библиотеката е креирана од три важни фактори: електронско собирање,
електронско работење и електронска услуга. Покрај тоа целта на е-библиотеката е да ги
изврши сите online функции на традиционалната библиотека, а таков извор на податоци
е и многу повеќе достапен во денешниот дигитален свет (Yusliza, et all., 2009).
Дигиталната библиотека е збирка дигитални објекти со потврден квалитет достапни
преку интернет. Дигиталните објекти се создадени, или прибрани и организирани, во
согласност со меѓународно прифатените принципи за развој на збирки и се достапни
на кохерентен и оддржлив начин, со поддршка на услуги неопходни за пронаоѓање и
користење на изворите од страна на корисникот (IFLA/UNESCO Manifesto for Digital Li-
braries, 2010, превод Дадасовиќ, 2016).
Улога на дигиталната библиотека во универзитетското образование во XXI
век
Академската библиотека традиционално се смета за „срцето на универзитетот“
која им служи на академската заедница на нејзините партнерски институции. Во текот
на 1970-тите и 1980-тите години, многу академски библиотеки во Англија, Канада,
САД, Германија, Скандинавија и Австралија започнаа доста амбициозни програми за
едукација на своите корисниците. Во нив беа вклучени библиографски инструкции кои
обезбедуваа корисничко образование во форма на курсеви за ориентација во користењето
на информативни ресурси и каталози за нови студенти и курсеви за информатичка
писменост за додипломски и постдипломски студенти (Virkus, & Metsar, 2004).
Крајот на XX век се заокружи со изјавата на Wätjen (1999): „Сите знаеме дека
мораме да ја редефинираме традиционалната улога на библиотеката: што и како да се
избере, што и како да се стекне, да се класифицира, да се каталогизира, да се обезбеди,
архивира, или да се даде пристап со кој ќе им се помогне на луѓето во користењето
информации и уште поважно: да се обезбеди слободен и еднаков пристап до информации
според мисијата на дигиталните библиотеките. Библиотеките, меѓу најинтензивните
организации во постоење, ќе мора да се променат за да влезат во која било академска
или јавна библиотека, во секој дел од светот, треба да бидат поздравени од сцената на
информатичката технологијата и да се различни од оној тип библиотеки со кои би се
сретнал еден посетител од пред половина век“.
На почетокот или во XXI век академските библиотеки ги истражуваат развојните
сервиси за поддршка на серија нови сценарија (Brophy, 2001) како што се:
- нови публикации и нови научни комуникациски сценарија;
- поинтензивна употреба и испорака на дигитални ресурси;
- академијата служи за повеќе хетерогена студентска популација;
- продолжување на побарувачката на студентите за традиционалните ресурси;
- нови начини на студирање, вклучително и учење базирано на ИКТ и учење на
далечина, со што класичните библиотеките имаат помала вклученост;
- постојано намалување на нивото на ресурси, особено во бројот на вработени, што
доведува до огромни притисоци врз индивидуалниот персонал и сериозен предизвик
за универзитетскиот менаџмент.
Основање на е-билиотеката на УГД
УГД е опремен со најсовремена информатичко-телекомуникациска опрема која
овозможува континуиран проток на информации и поврзување на сите 15 единици
38
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
на универзитетот (12 факултети и 3 академии), во компактно и мултифункционално
информатичко јадро. Сето тоа наоѓа огромна примена во креирање и имплементирање на
наставата на нов, модерен и функционален начин. Во современите информатички алатки
во имплементација на наставата и во реализацијата на студиските програми спаѓаат:
е-индекс, е-индекс инфо, е-библиотека, студентска е-пошта, е-распоред, е-репозиториум,
е-учење, е-календар, а сите овие електронски алатки се достапни на порталот на УГД во
сервисот за студенти на линкот http://www.ugd.edu.mk (Извештај за самоевалуација на
УГД 2013 – 2015).
Основањето на е-библиотеката на УГД беше промовирана како идеја на 27.3.2011
година, на одбележувањето на четиригодишниот патронен празник на нашиот Универзитет.
Идејата за реализацијата на е-библиотеката беше предизвик за сите наставници и
соработници вработени на Универзитетот, а студентите широко ја прифатија платформата
за бесплатен електронски пристап на сите високошколски учебници и учебни помагала.
Уште кон крајот на истата промотивна година заживеа е-библиотеката на УГД, со што
се создаде нов мултимедијален пристап за брза, точна, и бесплатна информација како
за студентите, така и за вработените на Универзитетот. Покрај сите други предности
на е-библиотеката, минимизирани се и шансите за злоупотреба на авторските права, a
студентите се здобиваат со право за слободен, брз и бесплатен мултимедијален пристап
на соодветната универзитетска литература за совладување на предметните содржини.
Зголемувањето на бројот на електронските изданија е во интерес на подобро образование,
подобри компетенции и поголема самоефикасност со кои студентите треба да се стекнат.
Развој на е-билиотеката на УГД во периодот 2011 – 2017
Започнувајќи од 2011 година е-библиотеката на УГД во континуитет се збогатува со
содржини од електронски учебници и учебни помагала (скрипти, практикуми, речници,
збирки задачи, монографии, научни книги и други форми на достапна литература) за
студентите на сите факултети на Универзитетот. Досега во е-библиотеката се депонирани
вкупно 545 наслови на учебници и учебни помагала, се најавиле и се регистрирале 82 212
корисници, а од регистрираните корисници се направени 126 594 симнувања на насловите
кои се наоѓаат во е-библиотеката (https://e-lib.ugd.edu.mk/naslovna.php, прочитано на
22.10.2017 година).
Вкупниот број депонирани содржини на учебници и учебни помагала во
е-библиотката, дадено по календарски години и по факултетите на кампусите на УГД. е
преставен на слика 1, 2 и во табела 1. (Колева-Гудева, 2017).
Слика 1. Вкупен број депонирани содржини во е-библиотека на УГД 2011 – 2017
39
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Слика 2. Вкупен број универзитетски изданија, on line и печатени, УГД 2007 – 2016
Табела 1. Вкупен број депонирани содржини во е-библиотеката на УГД по факултети
(состојба од мај 2017)
40
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Мислење на студентите за е-библиотеката
Според спроведените студентски анкети од 2016 година, 73,9% од анкетираните
студенти сметаат дека наставата е поддржана со информатичко-комуникациска
технологија.
Студентите од УГД, и тоа дури 77% од анкетираните, сметаат дека со е-библиотеката
имаат поголема достапност на учебници и учебни помагала, а 13,8% не можат да се
одлучат. 63,9% од испитаниците сметаат дека е-библиотеката им заштедува пари, а само
17,2% не можат да се одлучат. Мислењата на студентите за корисноста на е-библиотека,
со моменталниот фонд на учебници и учебни помагала, се далеку подобрени во однос на
претходната анкета од 2012 година (56,1%). Ова значи дека насоката на УГД за збогатување
на овој фонд е правилна и им овозможува на студентите повеќе да ја користат
е-библиотеката (Извештај за самоевалуација на УГД 2013-2015).
Заклучок
Во универзитетското образование спаѓаат современи и моќни информатички
алатки, сите со префикс „е“ како што се: е-индекс, е-библиотека, е-пошта, е-распоред,
е-репозиториум, е-учење и е-календар. За овие е-платформи, од резултатите во
спроведените анкети, студентите и наставниците се изјасниле позитивно во најголем
процент, во односот на сите останати прашања. Во просек за е-индекс, е-библиотека и
е-учење 86,26% од анкетираните студентите сметаат дека оваа се корисни алатки а нешто
понизок е процентот од анкетираните наставници 81,33 кои имаат позитивен став кон
овие информатички алатки.
Живееме и работиме во динамично време, чија основа е информатичката
технологијата и нејзиниот напредок. Затоа дигиталните платформи, како што е
е-библиотеката, се алатки преку кои успешно се промовира и реализира современото
универзитетско образование. Нивното натамошно надградување, надополнување и
суштинско искористување е препораката, за да постои стабилен електронски систем, од
една страна и задоволни, успешни и самоефикасни студенти, од друга страна.
Современото високо образование треба да го концентрира својот развој во насока
на подобрување, усовршување и постојана надградба на сите дигитални платформи,
особено на е-библиотеките како извор на брза, точна, мултимедијална информација
достапна преку интернет до секој корисник.
Користена литература
1. Bell, Suzanne (2015). Librarian’s Guide to Online Searching: Cultivating Database Skills
for Research and Instruction, 4th Edition: Cultivating Database Skills for Research and In-
struction. p. 69. ISBN 1610699998.
2. Brophy, P. (2001). The Library in the Twenty-first Century: new services for the informa-
tion age. London: Library Association Publishing.
3. Дадасовиќ, Миодраг (2016). Надминување на дигиталниот јаз: обезбедување
достапност за сите до светското културно и научно наследство. Библиотекарство, Вол.
33 (2016), бр. 1-2: 6-8.
4. Deb, S., Kar, D. C., & Kumar, S. (2003). Setting up electronic library: The case of TERI. Pro-
ceeding of the ASIS&T 2003 Annual Meeting “Humanizing Information Technology: From
Ideas to Bias and Back”, 19-22 October, California.
5. ERIC, Education Resources Information Center. https://eric.ed.gov, прочитано
22.10.2017
41
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
6. IFLA/UNESCO Manifesto for Digital Libraries, 2010, International Federation of Library
Associations and Institutions (IFLA). https://www.ifla.org, прочитано 22.10.2017.
7. Колева-Гудева, Лилјана (2017). Презентација Каталог на изданија на УГД 2007-2017.
Academic e-repository Goce Delcev University Stip, Macedonia. http://eprints.ugd.edu.
mk/17661/, прочитано на 22.10.2017.
8. Извештај за самоевалуација на УГД, 2013-2015, Комисија за самоевалуација (2016).
http://www.ugd.edu.mk/documents/ugd/evaluacija/izvestaj_za_samoevaluacija_na_
ugd_13_15.pdf, прочитано на 22.10.2017.
9. Ramayah, T. & Aafaqi, B. (2004). Role of self-efficacy in e-library usage among student
of a public university in Malaysia. Malaysia Journal of Library and Information Science, .9(1),
39-57.
10. Ramayah, T., Sarkawi, F., & Lam, S. C. (2003). Attitude and intention to use web-based
supply chain management (SCM) among SMEs. The proceedings of the Asia Pacific Seminar
on E-Customer relationship Management, 8-9th July, Shah Alam, Selangor, Malaysia.
11. Virkus, S. & Metsar, S. (2004). General Introduction to the Role of the Library for Univer-
sity Education. LIBER Quarterly. 14 (3-4). DOI: http://doi.org/10.18352/lq.7780, прочитано
на 22.10.2017.
12. Yusliza M.Y., Zikri M., Mohd S., Ermy S. P., Emmaliana R. (2009). Individual Differences,
Perceived Ease of Use, and Perceived Usefulness in the E-Library Usage. Computer and In-
formation Science Vol. 1 No. 2: 76-93.
42
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Национална и универзитетска библиотека „Св.Климент
Охридски“
НУБ - БИБЛИОТЕКА ЗА СИТЕ
(стручен труд)
Елена Никодиновска, Виш библиотекар
Национална и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Скопје
Резиме
Корисниците на библиотеки како вечно актуелна тема на сите позначајни
домашни и меѓународни конференции, дебати, работилници. Во време на постојано
воведување нови технологии, со цел побрз пристап до информации, се менува и односот
на корисниците и нивниот број.
ИФЛА – Меѓународното здружение на библиотекарски асоцијации и библиотеки и
УНЕСКО потсетуваат на мисијата на библиотеките за широко отворање врати за непречен
пристап до информации за сите граѓани подеднакво, без разлика на нивниот хендикеп,
етничко и географско потекло, пол, јазик, политичка филозофија, раса или религија.
Водењето статистика во библиотеките според меѓународни стандарди и
спроведувањето редовно анкети со корисниците, во кои се вклучени релевантни
институции, може да доведе до значителен напредок во сите сегменти на библиотечното
работење.
Клучни зборови: библиотеки, корисници, ИФЛА, УНЕСКО, анкета
St Clement of Ohrid National and University Library
NUB - LIBRARY FOR EVERYONE
Elena Nikodinovska, Senior Librarian
St Clement of Ohrid National and University Library - Skopje
Abstract
Library users are always an interesting discussion topic on all important national and
international conferences, debates, workshops. In a time when new technologies for faster ac-
cess to information are constantly being introduced, the relationship with the users as well as
their number is also constantly changing.
IFLA ‒ International Federation of Library Associations and Institutions and UNESCO
remind that the mission of the libraries is to be widely open and provide free and easy access to
information for all citizens equally, regardless of their handicaps, their ethnic and geographic
backgrounds, sex, language, political philosophy, race or religion.
Keeping statistics in the libraries according to international standards and conducting
user surveys on a regular basis, in which relevant institutions shall be involved, can bring sig-
nificant progress in all aspects of library work.
Keywords: libraries, users, IFLA, UNESCO, survey
Одново да се освојат корисниците и широката публика, да се отвориме кон сите
граѓани, вклучувајќи ги и тие со посебни потреби, да го зацврстиме местото на НУБ
во општеството – да го свртиме вниманието кон нејзината локација со богато и вредно
културно наследство, отвореноста кон воведување нови технологии, новини за пристап
43
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
до информации, користење и промоција на фондовите... Повеќето од европските
библиотеки, на чии листи со приоритети во изминативе години е прашањето како да го
зголемат бројот на корисниците, одлучија да се здружат со други културни, образовни,
научни, институции, невладини организации што се специјализирани за социјални
работи, екологија, туризам, уметнички вештини и слично и остваруваат добри резултати.
За нашата НУБ, како и за сите останати библиотеки во Република Македонија, ова се
големи предизвици. Прашањето со корисниците е стратешко за библиотеките и затоа
бара континуирано нивно следење, согласно брзиот технолошки развој, изработка на
стратегија, статистики, спроведување анкети, програми, соработка со нив. Среќни сме
што работиме во интерес на една област без која човештвото не би можело да напредува,
која направи револуција во светот имајќи зад себе едни од најзначајните професионални
организации ниво и соработка.
Да се потсетиме на целите на ИФЛА – Меѓународното здружение на библиотекарски
асоцијации и библиотеки, основана во далечната 1927 година како невладина организација
која ги претставува интересите на библиотеките, информациските услуги и нивните
корисници:
- Признавање на принципите за слободен пристап до информации, идеи и дела, за
слободата на изразување, според член 19 од Универзалната декларација за човековите
права.
- Увереност дека луѓето, заедниците и организациите имаат потреба од универзална
достапност до идеи и дела за нивна социјална, образовна, културна, демократска и
економска благосостојба.
- Увереност дека пристапноста е можна преку библиотечните услуги и давањето
информации.
Членките на ИФЛА се обврзуваат да им ги овозможат овие благодети на своите
граѓани и на сите заинтересирани, без разлика на нивниот хендикеп, етничко и географско
потекло, пол, јазик, политичка филозофија, раса или религија.
УНЕСКО, пак, како образовна, научна и културна организација, основана од
Обединетите нации во 1945 година, тесно соработува со ИФЛА во остварувањето на
овие важни задачи. Минатата година на одбележувањето пет децении работа во борба
со неписменоста во светот, под мотото „Да се чита минатото, да се пишува иднината“, се
констатира дека се постигнати значителни успеси. Но, сепак има уште многу да се работи.
Институтот за статистика при УНЕСКО објави дека во светот 758 милиони возрасни над
15 години, од кои две третини се жени не знаат ни да читаат ни да пишуваат. Генералната
директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова, побара од владите, меѓународните организации,
граѓанското општество и приватниот сектор описменувањето да стане полиитчки
приоритет, за да може секоја индивидуа да го развива својот потенцијал и активно да
учествува во создавањето потарјни, поправедни и помирни општества.
Знаеме дека и покрај одамна зацртаните правила, донесени препораки, а поврзани
со работата на библиотеките и развиените земји се соочуваат со буџетски скратувања
кои се закана по нивното постоење. Во последниве години голем број од нив се затворени,
а други се драстично намалени или пак работат со скратено работно време.
Според Германското библиотекарско друштво, финансиите се реален проблем
бидејќи средства се потребни не само за одржување на постоечките збирки, туку и за
нивно обновување. Покрај актулени прашања како воведувањето на е-книгите, или
на некаква друга интерактивна одлика на библиотеките која би привлекла читатели,
германските библиотеки ја разгледуваат можноста за работење и во недела. Според
постоечките закони, мал број библиотеки работат во неработен ден, но успешни пилот-
проекти во неколку градови покажале дека недела е одличен ден за посета на библиотека,
особено ако имаат и кафе-ресторан, игротека или зони за релаксација со удобни фотељи,
44
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
џебни кина, многу зеленило и дека библиотеките на овој начин би можеле да остваруваат
добар сопствен приход.
Секако дека ова е само еден од многуте предлози за поголема достапност на
германските библиотеки, како впрочем и во други земји во кои и покрај финансиските
проблеми не недостасуваат читатели. Во Германија, на пример, годишно се регистрирани
околу 250 милиони посетители и тој број расте. Особено се атрактивни универзитетските
и јавните библиотеки во општините и тоа, меѓу другото и поради долгите листи на е-книги
каде се читаат бесплатно, наместо да се купи примерок онлајн.
Голем број библиотеки нудат книги на отворено и со мобилна дислокација. Убав е
примерот со традиционалните букинисти, како незаобиколна туристичка атракција во
Париз, долж кејот на реката Сена, каде се протегаат тезги со книги, слики и плочи, во
конвенционална форма и каде има постојана врвулица на луѓе од сите возрасти.
Проектот „Библиотека под крошна“, кој се одвива во текот на летото на шест локации
во центарот на Љубљана, ги воодушевува посетителите кои остануваат со часови да ги
читаат понудените книги во удобни лежалки, со цел да „излезат“ на кратко од нивната
сакана НУК.
Корисниците очекуваат да бидат услужени, но истовремено се подготвени да
споделат мислење, активно да соработуваат со библиотекарите и да бидат вклучени во
процесите. Библиотекарите треба да ја разберат пораката што ја испраќаат корисниците
не само за да одговорат на барањата на новата генерација „digital natives“, туку и да
одговорат на потребите на општеството.
Стотина библиотекари и љубители на библиотеки од различни краишта на светот,
меѓу кои и двајца македонски студенти – програмери од Скопје, не така одамна тргнаа
на пат долг 400 километри, кој започна во Амстердам, а заврши во центарот на Брисел.
По пат тие посетија голем број мали и големи библиотеки, остварувајќи разговори
со библиотекарите и корисниците од Холандија, Германија, Италија и Белгија. По
пристигнувањето на целта, учесниците се сретнаа со членови на Европскиот парламент
за да им врачат „Декларација за регулирање на библиотеките на европско ниво“ за
важноста на јавните библиотеки. Целта на прогласот е да укаже на незаменливата улога
на библиотеките во општеството, како и на нивната централна улога во образованието на
младите генерации и напредокот на секоја локална заедница.
Овие лобисти (колеги и корисници) завршија одлична работа и во наше име, на
европско ниво и ни го подотворија патот за наш заеднички организиран и убедлив настап
пред нашите политички одлучувачи, свесни за важноста и ургентноста на прашањето за
доброто на сите.
Културните манифестации се убава можност за посета на библиотеките. НУБ веќе
се вбројува меѓу културните институции кои имаат бројни значајни манифестации, во
голем дел во организација со амбасади и културни центри од големи земји. Изложби на
книги, списанија и друг материјал од збирките и посебните фондови на НУБ и на странски
библиотеки, плакати со фотографии, цртежи и текст, промоции, разни одбележувања,
музички и актерски настапи, конференции, дебати, работилници, саеми и многу други
настани. НУБ е место, како и во сите национални библиотеки во светот, каде отсекогаш
се собирале значајни личности, љубители на културата, граѓани, место кое го чувствуваат
за свое. Тука ќе ги издвоиме само манифестациите на УНЕСКО како Светскиот ден
на поезијата во организација со македонскиот ПЕН Центар, кога се собираат нашите
најзначајни поети или, Светскиот ден на книгата и авторското право, најпосетената
манифестација која амбасадорот на Кралството Шпанија, г. Рамон Абароа Каранца, инаку
редовен посетител, во годината на одбележувањето на двајцата великани Сервантес и
Шекспир, пред публиката изјави дека оваа културна манифестација, од секој аспект, ја
оценува како една од најдобрите во државата.
Со цел да се доближиме до корисниците ние спроведовме мини анкета , со која беа
45
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
опфатени 100 испитаници во периодот јуни – октомври 2017, за да го изразразат своето
мислење, искуство и однесување за некои прашања поврзани со библиотеката: студенти,
библиотекари, универзитетски професори, странци, творци во културата, стопанственици,
пензионери, граѓани. Во директен контакт, телефонски, или по електронски пат, еве
некои од прашањата што ги поставивме:
- Дали сте член на НУБ или на друга библиотека?
- Колку често ја користите/посетувате библиотеката (дневно, неделно, месечно,
годишно)?
- Зошто сте член на НУБ?
- Кои услуги ги користите?
- Колку често ја посетувате веб страницата на НУБ?
- Читате ли е-книги?
- Кои странски јазик познавате / знаете?
- Дали имате потреба од библиотекарите?
- Дали би се вклучиле во работата на НУБ?
- Што би промениле?
Одговорите на овие прашања може да дадат одредена слика и ние може да си го
поставиме прашањето: „Корисниците се огледало на библиотеките, или библиотеките се
огледало на корисниците?
Во однос на свеста за значењето на Националната и универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ и желбата да се биде нејзин корисник, учесник во културните
манифестации и вклучен во работата на библиотеката, сите испитаници се изјаснија
позитивно.
Со оглед на разликите во возраста, образованието, социјалниот статус, одговорите
се различни. Се работи за лица кои некогаш биле корисници на НУБ, студенти кои редовно
користат одредени услуги на библиотеката, е-каталогот, публикации од фондовите,
пребарување бази на податоци и особено просторот, пензионери од факултетот за трето
доба. Тука треба да се има предвид дека поголемиот број библиотеките факултетите не
се во состојба да обезбедат соодветни услови за своите студенти. Имено, НУБ со функција
на универзитетска библиотека, покрај националната, и сега придружна членка на
Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, има уште поголема грижа да одговори на
потребите на студентите. Одредени факултети се во нејзина непосредна близина, што е
во корист.
Анкетата покажа дека 70% од испитаниците посетиле, биле или се актуелни
членови на некои од странските библиотеки.
На прашањето дали се запознати со услугите на НУБ и дали може да набројат 5,
повеќето покажаа дека не се запознати (60%), додека на прашањето кои услуги би требало
да се подобрат, даваат јасни одговори што сакаат: убаво уреден простор со удобни седишта
и фотелји, кафе-ресторан, многу книги на слободен достап, пониска членарина, нови
книги, компјутери и апарати за нови технологии, мали сали како за џебно кино, музика,
простор со тркалезни маси за тимска работа, индивидуални кабини за професорите и
истражувачите, постојани предавања и обуки за корисниците, порадикална промена на
свеста за библиотеките во нашата средина и на имиџот на библиотекарите...
Во однос на читањето класична или е-книга, 50% одговорија дека користат таблет,
е-читач или паметни телефони. Има и такви читатели кои поседуваат и од поновите
уреди како Amazon Kindle, едноставен за употреба, лесен, малку помал од стандардната
димензија на книгa, со екран прилагоден за читање кој воопшто не ги заморува очите
и со достапна цена. 80% од испитаниците, и тие кои ги претпочитаат класичните книги,
се љубопитни да доаѓаат во библиотека само за да читаат е-книги. Анкетите во светот
покажуваат дека читателите кои користат е-читачи читаат речиси двапати повеќе книги.
46
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Како придонес на мотото од насловот на овој труд „НУБ Библиотека за сите“,
може да биде и реализација на една стара идеја да формираме „Пријатели на НУБ“, каде
здружени, со вклучување влијателни луѓе од земјата и странство, ќе постигнеме поголеми
резултати, а можностите се големи.
Би сакала да изразам благодарност до сите учесници кои учествуваа во анкетата,
за искажаниот интерес и поддршка, за добрите идеи и совети од студенти, библиотекари,
универзитетски професори, творци во културата, политичари, стопанственици,
пензионери, граѓани.
Библиографија:
Bibliothèque et numérique : panorama d’Europe et au Québec », ActuaLitté, 14 juin 2015
ENSIB, 2017, http://www.openedition.org/6540
« Who are the bloggers ? », in Technorati. [en ligne] http://technorati.com/blogging/state-of-
the-blogosphere/who-are-the-bloggers/
Françoise Benhamou, Le livre à l’heure numérique : papiers, écrans, vers un nouveau vagabond-
age, Paris, Seuil, 2014, p. 51.
Picard, Georges. 2006. Tout le monde devrait écrire, José Cort.
Barbagelata, Pierre; Inaudi, Aude; Pelissier, Maud. 2014. Le numérique vecteur d’un renouveau
des pratiques de lecture : leurre ou opportunité ? », Études de communication, n° 43, pp. 17-38,
ici p. 21.
Paquienséguy, Françoise. 2013. Usages et consommation d’ebook en France : bilan des études
françaises disponibles. 2013. Séminaire Ebook AN 2 : liseuses et lecteurs.
Boullier, Dominique; Crépel, Maxime. 2013. Pratiques de lecture et d’achat de livres numériques.
le MOTif.
Le Béchec, Mariannig; Crépel, Maxime; Boullier, Dominique. 2014. Modes de circulation du livre
sur les réseaux numériques . Études de communication. n° 43, pp. 129-144.
Donnat, Olivier. 2012. La lecture régulière de livres : un recul ancien et général. Le Débat. Don-
nat,
47
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
„Библиографија Македоника“
– историски преглед, актуелна состојба и перспективи
(стручен труд)
Соња Стрезоска-Велјановска, библиотекар советник
НУ НУБ „Св.Климент Охридски“ - Скопје
„Македоника“ во минатото
Во состав на Библиографскиот центар во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје
функционира одделот „Македоника“. Оваа статија претставува ретроспективна анализа
на историјатот на формирањето и функционирањето на службата „Македоника“ до
почетокот на 2000 година. Направена е анализа на случувањата во службата во сегашноста
во модерното време на живеење и дадена е визија за тоа како треба да изгледа ова
одделение во иднина.
„Почетоците на Македоника датираат од 70-тите години на минатиот век, поточно
со практична работа се отпочнало во 1972 година, по вселувањето во новиот објект,
кога и кадровски се оформува оваа служба.“ (Народна и универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – водич, 1994 : 85). Првите размисли за едно вакво одделение
датираат од времето кога директор на оваа куќа бил Митко Зафировски. Тој, заедно со
Михајло Миноски, размислувале да се формира „Македоника“ како збирка која ќе биде
дел од збирките во библиотеката. Подоцна, кога за директор е назначен Иван Катарџиев,
надвладеало размислувањето „Македоника“ да биде библиографија и да дејствува во
состав на „Македонска тековна библиографија“ како посебен сектор. За прв координатор
е поставена Павлина Ежова која била испратена во Словенија да воспостави врска со
нивната „Словеника“ и да пренесе искуство во Македонија.
Постои и податок кој го дава Марковиќ (1980 : 90), при што вели дека во текот на
1969 год. во НУБ „Климент Охридски“, во рамките на одделот Библиографии, се формира
служба за библиографска обработка на македонистиката. Службата следи, истражува
и подготвува за печат литература за Македонија и Македонците публикувана во други
земји и во други републики и покраини во СФРЈ, а во поширока смисла публикувана и
во самата Македонија (во нејзините тогашни етнички, административни и политичко-
територијални рамки).
Миноски (1972-1973 : 33) вели: „Забрзаниот развиток на науката и научната мисла
во Македонија ја наметна потребата за регистрирање и испитување на сето она што е
напишано, што се пишува и што во иднина ќе се пишува за Македонија и Македонците.
Согледувајќи ја таа потреба во Националната библиотека на Македонија Климент
Охридски во Скопје, од пред две до три години, се пристапи кон формирање на посебна
служба за работа на Македоника“.
За потребата од „Македоника“ како служба зборува и Киро Дојчиноски, кој, како и
Михајло Миноски, биле вработени во оваа служба.
„Секоја книга на македонски автор, преведена или објавена во странство, секоја
статија, изложбен каталог, наслов на периодика во кој се говори за македонскиот народ
и народностите, мора да се најде во Библиотеката. Ако сакаме што покомплетна слика
на светот за нас, тогаш треба да набавуваме сѐ. Публикациите до кои не може да се дојде
во оригинал, треба да се внесуваат како микрофилм, фото или ксерокс-копија. Само со
48
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
упорно трагање по каталозите, библиографиите од сите видови и бележење сѐ за нас,
нашата наука, култура, политика, македонски збор, фондовите ќе добијат профил кој
одговара. На овој проблем работи службата тековна Македоника‘“ (Dojčinoski, 1977 : 48)
Во својот труд Катарџиев (1976 : 14) говори за дооформување на физиономијата на
тековна „Македоника“, чиј предмет на проучување се сите видови публикации создавани
надвор од СРМ, на територијата на СФРЈ и во светот. „Се очекува, вели тој, дека првата
книга од оваа библиографија ќе биде издадена кон крајот на 1975 или почетокот на 1976
година“.
За значењето и сложеноста на научно-истражувачката дејност во „Македоника“,
како и за стручното кадровско екипирање на службата, Миноски (1972 – 1973 : 38) ќе рече:
„Работата на откривањето на материјали и други податоци од интерес за Македоника,
ако се земат предвид самиот обем, карактерот и содржината, секако дека претставува
многу значителна, многу сложена научно-испитувачка работа. Претпочита ангажирање
на доволно стручни кадри, па и средства.“
Во 1972 година се отпочнало со обработка на „Македоника библиографија“.
„Службата Македоника која се наоѓа во рамките на Библиографскиот центар, до 2002
година публикуваше две свески: „Југословенски публикации за Македонија“, како прва серија
(1) и „Странски публикации за Македонија“, како втора серија (2). Првиот број на првата
серија излегол во 1985 година и ги опфаќа годините 1975 – 1976, а последниот број излегол
во 2000 година за 1989 г. Првиот број на втората серија излегол 1985 година и ги опфаќа
годините 1975 – 1976, а последниот број излегол во 2001 г. за годините 1983 – 1984.“ (Стрезоска
– Велјановска, 2015 : 103)
Интересен е фактот што во 70-тите години, кога се формирала и екипирала
службата, целта на вработените била издавање на „Библиографија – тековна Македоника“
во 4 свески. Така Дојчиноски (1977) во својата магистерска теза ги посочува:
1. угословенски публикации за Македонија;
2. Странски публикации за Македонија;
3. Публикации издадени во пиринскиот дел кои се однесуваат на Македонија и
4. Публикации издадени во егејскиот дел кои се однесуваат на Македонија.
За жал, не знам од кои причини, но такви четири публикации никогаш не излегле
во печат, што е вредно да се истражи. Всушност, материјалите кои се однесувале на
Македонија, а биле објавени во пиринскиот и егејскиот дел на Македонија, подоцна
влегле во втората серија Странски публикации за Македонија (СПМ).
Во 1990 година во печат излегува „Библиографија на македонската книжевност,
преведена во странство до 1985“. Ежова ( 1990 : 1), која се јавува како составувач и како
уредник на оваа библиографија, ќе рече: „Идејата за изготвување на библиографијата
се роди во службата Македоника ...“ Оваа библиографија претставува обид да се согледа
една од најстарите култури на Балканот, како и да се создаде инструмент што ќе ги олесни
напорите на истражувачите што ја проучуваат оваа книжевност и нејзиното место во
светската култура“.
Како составувачи и уредници на првите библиографии се јавуваат еминентни
тогаш виши библиотекари, а подоцна и советници: Павлина Ежова, Маргарита Јовановиќ,
Киро Дојчиноски, Михајло Миноски, нешто подоцна Менка Китанова и Соња Стрезоска
Велјановска.
Во почетокот на 70-тите години на минатиот век, утврдени се и принципите и
методологијата за истражување и обработка на библиографската граѓа .
Генерално, критериумите на селекција во првите години од формирањето на
службата се исти до ден денешен, а тоа се:
– странски објавени трудови за Македонија во нејзините етногеографски граници,
третирани од кој било аспект, за македонскиот народ и македонските национални
49
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
заедници во странство, малцинствата, етничките групи и Македонци поединци;
– објавени трудови од Македонци кои живеат и творат во странство, без оглед на
предметот што го третираат или јазикот на кој пишуваат;
– трудови од македонски автори објавени во странство на македонски јазик, на туѓ
јазик или преведени;
– трудови на автори од македонските малцинства и етнички групи објавени на
изворниот јазик, на туѓ јазик или преведени.
Издавачката продукција во странство од сите пбласти, која била од интерес за
„Македоника“, се следела преку националните и специјалните библиографии, преку
дневен печат, часописи, монографии на различни јазици, англиско, француско, италјанско,
германско... подрачје, како и преку Библиографија на Југославија.
Материјалите кои се селектирале биле купувани или добивани преку размена
или како подарок, а библиографската обработка се вршела de visu. Библиографскиот
опис на монографиите бил извршен според Меѓународниот стандард ISBD(m), а статиите
според правилата на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Покрај главниот опис имало
и анотации и регистри (именски, предметен и регистар на наслови на периодични
публикации застапени во таа свеска). Големо внимание се посветувало на анотациите во
скоро секоја единица, бидејки многу наслови не кажуваат дали се работи за Македонија
и немале претстава за содржината на книгата или статијата. За подобра информација
на корисниците се правела анотацијата. И денес анотациите во „Македоника“ се
од исклучително значење за објаснување на содржината на статијата или книгата.
Анотацијата, всушност, ја открива содржината на обработениот документ во однос на
Македонија и Македонците.
За кого е наменета „Библиографијa Македоника“
Најголем интерес има кај научните работници во однос на тоа сѐ што се пишува
во странство за Македонија и Македонците. Библиографијата е наменета и за нашите
писатели и поети кои се интересираат за податоците за тоа кои и какви трудови се
преведени во странство, каде и какви рецензии и критики има за некои нивни преведени
дела во некои списанија, како се примени настапите на наши научни работници на
конгреси и симпозиуми во странство.
„Најпосле, тие податоци и материјали се од посебно значење за широката
читателска публика, бидејки читателот ќе биде запознаен и непосредно упатен во
целокупниот материјал за прашањето што го интересира во врска со Македонија и
Македонците...“ „Перманентното следење, испитување, прибирање и публикување на
сето она што е напишано, се пишува и ќе се пишува за Македонија и Македонците, има и
пошироко национално значење. Затоа на овој вид научно-испитувачка работа е потребно
да се посвети поголемо внимание и поткрепа за да може таа да се постави на сигурна
основа“ (Миноски, 1972 – 1973 : 38)
„Македоника“ во сегашноста
Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје,
службата „Македоника“ во 2002 година започна со публикување на свеска „Македоника
- информативен билтен“. За библиографиите велат дека тоа се информација за
информациите, токму тоа е и „Македоника информативен билтен“. Тој има за цел да му
помогне на корисникот и да го упати на вистинскиот извор на информацијата. Промените
во современото информатичко живеење налагаа редефинирање на начинот на обработка
на „Библиографија Македоника“. Публикацијата претставува база на информации
преземени селективно од користените извори, а тоа се: он-лајн бази на податоци; он-лајн
50
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
книжарници. Пребарувањата се вршат и во странски печатени библиографии и каталози
кои се наоѓаат во библиотеката. „Причината зошто веќе „Библиографијата Македоника“ не
се обработува de visu се финансиските средства кои за библиотекарството и за купување
материјали се многу намалени, а принципот на размена и подарок речиси замре. Така
пребарувањата на странски публикации, кои се од интерес на овој билтен и се вклучени
во билтенот, се вршат преку интернет врските, при што корисниците побрзо, понавремено
и поефтино би дошле до најнови информации.“ (Стрезоска-Велјановска, 2015 : 104)
Во градењето на новата концепција на „Македоника“ во 2000/2001 г. учествуваа:
Павлина Ежова, Стана Јанкоска, Михајло Миноски, Илија Велев, Соња Стрезоска
Велјановска. Всушност, кога се правеше првичната концепција на „Македоника –
информативен билтен“, идејата беше билтенот да биде индикатор за купување книги и
списанија за комплетирање на библиотечниот фонд во библиотеката, со што ќе се отвора
можноста за паралелно подготвување и на „Библиографија Македоника“, значи de visu, но
со големо жалење констатирам дека такво нешто од 2002 година па до денес не се случи.
Нема финансиски средства да се комплетира една библиографија, да се купат материјали
кои се од интерес за „Македоника“.
Истражувањата во он-лајн базите на податоци, на пример во националните
библиотеки или во националните библиографии или каталози, се прават со употреба
на клучни зборови како : Македонија, ФИРОМ, или пошироко Балкан, Југоисточна
Европа, или употреба на некое име на личност од историјата, или актуелен политичар од
денешницата, или некој клучен историски или современ настан.
На кој начин се доаѓа до информации кои се предмет на интерес? Преку интернет
врските се влегува во списанија и книги од различни области, некогаш се дадени
можности во pdf да се види целата статија, а некаде и цела книга. Што се однесува до
книгите, основно правило е да се најде оригиналната форма. Описот е секогаш во
оригинална форма, односно првото издание на книгата на јазикот на дотичната земја.
За повеќе информации на читателите за поцелосен опис на содржината, се бара истата
книга и во други библиотеки за да се искористи некој апстракт, резиме, клучни зборови,
разни дескриптори итн. Ако книгата се однесува на целиот свет, Европа или Балкан,
тогаш се истражува во кој дел има нешто за Македонија. Многу е важно информациите
во анотацијата да не бидат пристрасни или субјективни, туку да бидат непристрасни
и објективни, онака како што ги презентираат авторите. Во денешно време интернет
врските нудат многу повеќе информации за дневниот печат отколку периодот кога
се правела библиографија. Со влегувањето во најголемите и најпопуларни весници во
светот, се прави селекција на она што е најсуштествено за Македонија. И овде е важна
големата умешност и професионалност на библиографот да остане неутрален, треба да
се огради од лични коментари, со зборови од типот „бугарски гледишта, српски гледишта,
грчки гледишта“. Затоа е важна „Македоника“, сите тие гледишта, особено од областа
на историјата и политиката, да останат собрани на едно место и идните генерации
историчари, политиколози, новинари, социолози... да го толкуваат сето тоа.
„Истражениот и селектиран материјал се обработува и структурира најпрво низ
азбучно средување, за да може да се идентификуваат истите единици најдени во повеќе
бази. Описот и дескрипторите на единиците во сите бази на податоци не е вршен според
постоечките библиографски стандарди, но при обработката се користи и извлекува
максимумот од она што е понудено, со цел на читателот да му се презентираат што повеќе
информации за наведената библиографска единица.“ (Стрезоска-Велјановска, 2004 : 85)
Во „Македоника – информативен билтен“ опфатени се сите области на човековото
знаење и живеење – општествени и природни науки. За полесно снаоѓање на корисникот,
сите области се поделени во групи сродни по својата природа, според груба предметна
класификација. На пример:
51
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
– историја, археологија, нумизматика, биографии (монографии и периодика);
– политика, право (монографии и периодика);
– економија, инжењерство, техника, индустрија, (монографии и периодика)
– социологија, религија, образование (монографии и периодика);
– географија, сé за една земја, геологија, патеписи, карти, туризам (монографии и
периодика);
– литература, лингвистика, книжевност (монографии и периодика);
– уметност, спорт, музика, фолклор, театар, филм (монографии и периодика);
– медиуми, информатика, библиотекарство (монографии и периодика);
– земјоделие, шумарство, животна средина, екологија (монографии и периодика
– хемија, физика, биологија, зоологија, ботаника (монографии и периодика);
– медицина, фармација, ветерина, психологија (монографии и периодика)
Описот се прави според постоечките стандарди, за монографиите ISBD(m), а за
статиите ISBD(cp).
„Нотациите се формирани врз основа на насловот, содржината, предметните
определници, клучните зборови, апстрактите, дескрипторите и другите помошни
елементи понудени во единиците.“ (Стрезоска-Велјановска, 2004 : 86.)
Во однос на регистрите за разлика од „Македоника библиографија“, во „Македоника
– информативен билтен“, покрај именскиот, предметниот и регистарот на наслови на
сериски публикации, има и регистар на наслови на библиографските единици и регистар
на on line бази на податоци.
Во однос на критериумите за селекција по кои се раководи „Македоника –
информативен билтен“, остануваат исти како и на почетокот на формирањето на
„Македоника – библиографија“.
Неодамна правев една компаративна анализа за работата на „Бугарика“, „Сербика“,
„Словеника“ и „Кроатика“ и во оваа статија сакам да направам една паралела во однос на
работењето на „Бугарика“ и „Сербика“ во денешно време.
До 2000 година „Бугарика“ влегуваше во рамките на тековната национална
библиографија како и кај нас, а од таа година „Бугарика“ ја превзема одделението
Библиографско и информационо обслужуване.
„Од 2000 г. пребарувањата на материјали, кои се од интерес за Бугарика, се вршат
преку достапните интернет врски... Околу една петтина од библиографските описи се
направени de visu, а тоа се книги кои се наоѓаат во Националната библоиотека во Бугарија,
дел од материјалот е пронајден во библиотеките на министерствата, во амбасадите,
културните институции, меѓународните саеми на книгата, лични контакти и т.н.“
(Стрезоска-Велјановска, 2015 : 105). Значи, во „Бугарика“ еден дел е од истражувањата се
вршат преку интернет врските и тоа се само информации за библиографските едеиници,
а еден дел е купен и се наоѓа во Националната библиотека или на други места во државата
и се обработува de visu.
„Од 2009 година во рамките на проектот Библиографија Сербика влегува и Наши
аутори у сервису Web of science. Базата содржи околу 18 500 статии и опфаќа период од
2000 г. па до денес .… Оваа база се наоѓа во состав на проектот КоБСОН, каде што работи
Одделение за научни информации. На овој начин КоБСОН се надополнува со Сербика.
Оваа база содржи трудови на истражувачи од Србија во најпрестижните светски списанија.
КоБСОН ги евидентира еднаш неделно сите трудови од домашни автори, објавени во Web
of science и ги претставува на домашната јавност на својот портал. Важно е дека тука
влегуваат сите преземени статии, во кои авторот ја навел адресата на институцијата во
Србија како своја афилијација. Публикацијата се наоѓа во електронски облик.“ (Стрезоска-
Велјановска, 2015 : 106-107 )
Значи, во овие тешки економско-кризни времиња кога за културата, а особено
за книгата, се одвојуваат малку финансиски средства, се поставува прашањето:
52
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
„Што е подобро: дали на корисниците да им се даде речиси целосен преглед со брза и
навремена информација, за сето она што е објавено во светот за земјата за која се прави
библиографијата, или пак да се работи de visu, односно да се обработи мал број граѓа
која библиотеката може да си дозволи да ја купи, затоа што размената и подарокот веќе
функционираат на најниско ниво?“ (Стрезоска-Велјановска, 2015 : 110 ).
Значењето на „Македоника“
Зошто „Македоника“ е многу важна за библиотекарството и за државата?
„Македоника“ не смее да згасне бидејки во неа (независно дали е библиографија или
информативен билтен) сместени се библиографски единици кои ја опфаќаат литературата
објавена во светот за Македонија и Македонците, независно од тоа од кого, каде, кога, на
кој јазик и за што е напишано, што е од огромно национално значење. Интересот на светот
за Македонија и македонскиот народ е сместен во тие скапоцени страници на едно место.
Тие страници говорат за важноста и посветеноста на светскиот печат за Македонија
и Македонците. Во нив е испишана историјата која ќе остане вечно во архивите во
Македонија и во 100 земји во светот каде се дистрибуира „Македоника – информативен
билтен“, како доказ дека Македонија постоела, постои и ќе постои. Идните генерации ќе
имаат информација за интересот на светот, за тоа колку и што пишувал за Македонија. Со
„Македоника - информативен билтен“ времето на пребарување на научните работници
и сите други корисници се скратува бидејки сѐ за областа која го интересира го има како
информација на едно место.
Проблеми во службата „Македоника“
Темата убаво кажува „Македоника“ некогаш и сега, односно во минатото и во
сегашноста. Некогаш „Македоника“ работи со 7 (седум) вработени во службата, а сега
само 1 (еден). Некогаш со покриени јазични подрачја (англиско, француско, германско,
руско, бугарско, италијанско...) а сега само со едно покриено јазично подрачје. Некогаш
со покриени области (книжевност, право, социологија, историја итн.), а сега само една
област, затоа товарот на еден извршител е многу голем.
Еден од најголемите проблеми со кој се соочува „Македоника“ во моментов е тешкотијата
да се задоволат некои од критериумите за селекција, а тоа се:
– објавени трудови од Македонци кои живеат и творат во странство, без оглед на
предметот што го третираат или јазикот на кој пишуваат;
– трудови од македонски автори објавени во странство на македонски јазик, на туѓ
јазик или преведени;
– трудови на автори од македонските малцинства и етнички групи објавени на
изворниот јазик, на туѓ јазик или преведени.
Прашањето е зошто тоa претставува проблем? Затоа што многу е тешко да ги
лоцираш сите (или делумно) Македонци кои творат во странство, или учествуваат на
семинари, конгреси, или имаат објавувано статии во зборници, или се преведени на туѓ
јазик. Многу е важно во трудот правилно да се наведе институцијата во која авторот работи.
Доколку институцијата од која доаѓа авторот во статијата не е наведена, тогаш тешко се
доаѓа до податоци за таа статија или тој труд. На пример, во странство се практикува
до името и презимето на авторот да стои името на универзитетот или институцијата,
градот во кој се наоѓа таа институција и името на државата. Бидејќи, како што наведов,
истражувањата се вршат преку клучни зборови и тогаш под клучен збор Македонија
или Скопје ќе излезат податоци за Македонци кои објавиле во странски списанија или
зборници. За жал, голем дел од нашите автори не ги пополнуваат тие податоци. Во Србија,
како што реков, за потребите на „Сербика“ имаат посебна база „Наши аутори у сервису
53
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Web of science“, во која авторите кои творат во странство ги евидентираат своите трудови.
КоБСОН обезбедува парични средства за набавка на научните информации. Во Словенија,
на пример, многу автори во различни земји во светот имаат соработка со словенечките
амбасади и тие, преку амбасадите, се евидентираат во „Словеника“.
Друг проблем во службата „Македоника“ е тоа што библиографските единици се
внесуваат во word. Потребата од тоа да се направи посебна подбаза за внес во COBISS
е голема. „Македоника – информативен билтен“ (МИБ) содржи и регистри: предметен,
именски, регистар на наслови, регистар на наслови на сериски публикации и регистар на
on- line бази на податоци. Сите тие регистри се прават рачно – мануелно во word, се редат
абецедно и се кумулираат. Корпусот и регистрите технички се средуваат исто така рачно и
целиот визуелен изглед на МИБ се финишира рачно (мануелно). Информативниот билтен
за 1998/99 година го внесовме во COBISS базата, но се увиде дека тоа ја оптоварува базата
на тековната национална библиографија, бидејки всушност библиографските единици
на билтенот се само информација, тоа се материјали кои ги нема во Библиотеката. Затоа
е голема потребата од една таква подбаза.
Бидејки во последните 7 години сето ова го реализира еден извршител, затоа и МИБ
не може да биде тековен. Досега, почнувајки од 2002 година, излезени се 10 информативни
билтени во печатена форма, некои се едноброј а некои се двоброј, опфатени се годините
од 1995 до 2013 година. Во моментов технички се средува МИБ 2014/2015. Тоа се некои од
главните проблеми со кои се соочува службата „Македоника“.
„Македоника“ во иднината
Веќе погоре кажав дека во 2002 година основната идеја да се изработува
информативен билтен беше овој билтен да служи како индикатор да се купат книги и
списанија кои ја тангираат Македонија и Македонците, со што би се збогатил и фондот
на Библиотеката. Значи, државата треба да одвојува повеќе финансиски средства за
купување материјали кои се од интерес за службата „Македоника“. Со тоа материјалите
би се работеле de visu и на тој начин ќе се прават библиографии „Македоника“. Потребно
е, како во „Бугарика“, да се истражува не само во Националната библиотека, туку и во
библиотеките на разни министерства, во амбасадите, културните институции итн., со
што би се збогатил фондот на материјали кои ќе се обработуваат de visu.
Многу значаен момент за службата е стручниот кадар и техничкиот персонал.
Би било убаво да се зголеми бројот на вработени со различни јазични подрачја и со
различни области на стручност. Така, кога би се комплетирала службата „Македоника“,
тогаш тековно, брзо и навремено ќе излегува библиографијата „Македоника“ или
информативниот билтен „Македоника“. Доколку се зголеми бројот на стручен кадар,
тогаш истражувањата ќе бидат многу покомплетни и ќе се прави помала селекција на
понудениот материјал за „Македоника“. Илузија е да се опфати сѐ што светот пишува
за Македонија и македонскиот народ, или да се опфатат сите Македонци што творат во
странство, но тенденцијата на службата треба да биде да се опфати што повеќе материјал.
Работата во „Македоника“ била и сѐ уште е сериозна научно-истражувачка дејност
и затоа има потреба од високостручен кадар кој ќе работи во службата, да се фокусира
кон таа научно-испитувачка дејност во однос на истражувањето, селекцијата и стручната
обработка (составување), а тука спаѓаат формирање анотации и креирање предметни
определници или клучни зборови. Потребен е и кадар во службата кој ќе креира записи
(библиографски опис) и ќе учествува во изработката и кумулацијата на регистри, како и
техничко средување и обликување на корпусот и на регистрите.
Добро би било македонски автори, кои во која било форма творат во странство, да
достават информации и примерок од нивниот објавен труд.
Доколку се зголемат финансиските средства во Библиотеката за набавка на
54
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
странска литература, барем еден дел од истражените единици да се купат, тогаш може
да излегува комбинирана свеска. Еден дел да биде информативен, а еден дел што ќе се
купи да се обработува de visu (библиографски). Тогаш и насловот би бил комбиниран
БИБЛИОГРАФИЈА МАКЕДОНИКА – ИНФОРМАТИВЕН БИЛТЕН.
Доколку се задоволи сето ова, тогаш мислам дека би било убаво Библиографија
Македоника - Информативен билтен да излегува во две свески. Во првата (1) да бидат
опфатени монографии, докторски и магистерски дисертации, а во втората (2) статии од
списанија, зборници и дневен печат.
Во однос на предметните определници и подопределници, мислам дека е подобро
да се употребуваат клучни зборови.
И сосема за крај, библиограф во „Македоника“ на свој сопствен начин во модерно
време на живеење треба да биде еден вид собирач и патописец низ светот на сѐ што ќе
најде за Македонија и Македонците. Чувството на задоволство кога ќе се пронајде нешто
за твојата родна земја ве прави среќен и горд што сте дел од службата „Македоника“, за
чии цврсти основи се погрижиле елитни научни работници и целиот кадар околу нив.
Л И Т Е Р А Т У Р А
1. Харвардски начин на цитирање и референцирање
2. Dojčinoski, K. (1977) Savremene koncepcije razvoja narodne i univerzitetske biblioteke
“Kliment Ohridski” - Skopje. Magisterski rad. Zagreb : Referalni centar Sveučilišta
3. Ежова, П. (уредник) (1990) Библиографија на Македонската книжевност преведена
во странство до 1985, Скопје: НУБ „Св. Климент Охридски“
4. Катарџиев, И. (1976) Триесет години Народна и универзитетска библиотека
„Климент Охридски“. Триесет години Народна и универзитетска библиотека „Климент
Охридски“ 1944-1974. 126 стр.
5. Марковиќ, С. (1980) Македонската национална библиографија – досегашен развиток
и перспективи. Библиотекарство, XI (24), 81–103
6. Миноски, М. (1972 – 1973) Кон прашањето за работа на Македоника во НУБ „Климент
Охридски“. Скопје. Библиотекарска искра. VII (17–18), стр. 33–38
7. Народна и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски (1994) Скопје : НУБ
„Св. Климент Охридски“
8. Стрезоска-Велјановска, С. (2004) Истражување, селекција и обработка на
“Македоника – информативен билтен“. Библиотекарство, 22 (2), стр. 84–86
9. Стрезоска-Велјановска, С. (2015) Компаративна анализа на библиографија:
Македоника, Бугарика, Сербика, Кроатика, Словеника : библиографски извори и
критериуми на селекција. Библиотека : списание за библиотечна теоријя и практика,
22 (4), стр. 103–110
Консултирана литература
1. Дојчиновска-Илиоска, В. et al. (2015) Библиографскиот центар ресурс на научни
и стручни информации. Просветно дело : орган на Министерството за просвета на
Народна Република Македонија, 68 (3), стр. 105–111
2. Маркович, С. и Стоименова, Е. (2001) Дејност на библиографскиот центар при НУБ
„Св. Климент Охридски“ - Скопје. Библиотекарство, 19 (1–2), стр 37
55
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Новите технологии предизвик за современите библиотеки
(стручен труд)
Гордана Пешевска, виш библиотекар
НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола
e-mail: gordana.peshevska@yahoo.com
Апстракт
Во библиотеките во Р. Македонија на новата технологија ѝ е потребно време за да си
го најде своето место. Во последниве години, приоритет на сите библиотеки е подобрување
на квалитет на услугите на нивните корисници. Современите технологии за детекција
на библиотечниот материјал се корисни алатки за речиси секоја библиотека. РФИД
(Радио-фреквентна идентификација) е најновата технологија што може да се користи
во библиотеките како систем за детекција. За разлика од EM (електромеханичките) и RF
(радиофреквенциите), кои се користат во библиотеките со декади, РФИД-базираните
системи се стремат да станат системи за детекција, кои ја комбинираат безбедноста со
поефикасно следење на материјалите низ целата библиотека, вклучувајќи полесно и
побрзо зајмување, враќање, инвентаризирање и ракување со библиотечните материјали.
РФИД е комбинација од технологија базирана на радио фреквенции и микрочип
технологија. Информациите содржани во микрочипите во таговите залепени на
библиотечните материјали се читаат со употреба на радиофреквентната технологија, без
разлика на ориентацијата или усогласувањето на предметот.
Клучни зборови: библиотека, технологија, системи за детекција, радиофреквенции
Abstract:
In libraries in the Republic of Macedonia, new technology takes time to find its place. In recent
years, the priority of all libraries is to improve the quality of the services of their users. Modern
technologies for the detection of library material are useful tools for almost any library. RFID
(Radio Frequency IDentification) is the latest technology to be used in library theft detection
systems. Unlike EM (Electro-Mechanical) and RF (Radio Frequency) systems, which have been
used in libraries for decades, RFID-based systems move beyond security to become tracking
systems that combine security with more efficient tracking of materials throughout the li-
brary, including easier and faster charge and discharge, inventorying, and materials handling.
RFID is a combination of radio-frequency-based technology and microchip technology. The in-
formation contained on microchips in the tags affixed to library materials is read using radio
frequency technology regardless of item orientation or alignment.
Key words: library, technology, detection systems, radio frequencies
Вовед:
Секоја библиотека се труди да се доближи до светските трендови на библиотечното
работење, притоа имплементирајќи ги современите технологии. Повеќето библиотеки во
нашата држава се стремат да бидат современи библиотеки кои ги задоволуваат основните
56
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
потреби на своите корисници и нивниот фонд да биде на отворен пристап за читателите.
Но тука се наметнува прашањето за обезбедување на вредните книги, кои ќе бидат на
достап на корисниците, како да се спречи нивната евентуална злоупотреба. Одговорот е
во сигурносниот системот за детекција, кој претставува елегантно и трајно решение. На
овај начин книгите ќе бидат зачувани, секогаш достапни на читателите.
Современи системи за детекција
Библиотеките се ризници на знаењето. Целта на овие институции е тоа знаење да
го зачуваат. Сигурносниот систем за детекција им овозможува целосно обезбедување на
книгите, а со обезбедувањето на книгите ќе се обезбеди и подобра услуга на читателите.
Неколку библиотеки во Р. Македонија применувајќи ги овие современи технологии, а
со цел поголема заштита на својот фонд имплементираа современ систем за детекција
со кој многу се намалуваат штетните последици од исчезнување на вредните книги
од библиотеките. За правилно функционирање на овој систем на детекција потребна
е инсталација на врати за детекција, кои користат ниски фрекфенции, безбедни за
другите уреди околу нив; терминали за активирање и деактивирање на маркерите, како
и поставување на маркери (магнетни траки) во книгите. Овој систем емитира ниско
фреквентни сигнали кои се целосно безбедни за околината и ги минимизира пречките
со околната електронска опрема. Вградениот црвен аларм, исто така, содржи и звучен
сигнал, додека клиентскиот бројач на овој систем овозможува евиденција на бројот на
посетители на библиотеката.
Сл. 1 Систем за детекција (врати, сензитер и десензитер)
Концептот на интегрираниот библиотечен систем не е нов на нашите простори
и затоа библиотекарите треба добро да се запознаат и со најновите технолошките
достигнувања на полето на идентификацијата со помош на радио-фреквенцијата РФИД
- (Radio-Frequency Identification), која што може радикално да влијае на главните функции
на интегрираниот библиотечен систем и други рутински библиотечни задачи како што
се: набавка, издавање и враќање на публикациите, заштита од кражба и пронаоѓање на
изгубените книги. Овие иновации им овозможуваат на библиотечните корисници сами
да го позајмуваат и враќаат библиотечниот материјал без помош на библиотекарите.
Последната адаптација на радио-фреквенцијата РФИД е токму за потребите на
библиотеките. Библиотеките во Р. Македонија го користат интегрираниот библиотечен
систем COBISS3, со кој овие нови технологии, конкретно РФИД лесно се имплементираат.
Секој RFID систем се состои од читач поврзан со персонален компјутер или друг уред за
обработка на информации, како и транспондер (исто така RFID таг). Читачот се состои од
антена и електронски уред за обработка на информации. Антената ги прима и пренесува
сигналите од и до транспондерот. Електронскиот уред за обработка на информации ги
обработува примените информации и разменува податоци со компјутерот. Антената
и уредот за обработка на информации може да се комбинираат во едно куќиште.
57
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Транспондерот (RFID таг) се состои од чип (интегрирано коло) и антена. Чипот служи за
обработка на примени и пренесени сигнали и за складирање на информациите.
Налепниците имаат меморија и некои од нив можат да се репрограмираат
повторно, и ги имаат следните предности: сместување на околу 90 бита информации на
секоја единица, тие информации можат и да се ажурираат, а овие налепници можат да се
читаат преку кориците на книгите, наредени една врз друга дури и во движење. Читачот
ја декодира информацијата сместена на чипот и ја испраќа до персоналниот компјутер
или серверот.
РФИД технологијата може да придонесе многу активности во библиотеките да се
изведуваат побрзо и поефикасно. Во делот на набавката олеснителна околност би била тоа
што издавачите размислуваат за поставување на РФИД налепници во ново издадените
книги кои може да служат како единствени идентификатори за секој примерок. Во делот
на Позајмицата оваа технологија овозможува самоиздавање, враќање и сместување на
книгите. Корисниците на библиотеките можат да си ги самозадолжуваат книгите на
машини (книгомати), кои можат да бидат поставени на било кое место во библиотеките.
Ако библиотеката користи RFID-читач на пултот за зајмување, возможно е зајмување
на цел еден комплет книги со отчитување на само една единица од комплетот. Но ако
библиотеката поседува книгомат кој ја идентификува граѓата врз основа на RFID,
програмската поддршка на книгоматот мора да обезбеди контрола на потполност на
комплетот книги кои се издаваат. Во двата случаи програмскиот интерфејс мора да биде
поставен за детектирање на читач. Корисниците на библиотеките можат сами и да ги
раздолжуваат книгите, оставајќи ги во сандаче или на подвижна лента, но во овој случај
нецелосен комплет од книги не може да се врати со RFID-читач и на книгоматите што
58
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
поддржуваат RFID-технологија.
РФИД секако дека ќе ги идентификува сите резервирани книги. Овие системи исто
така служат и како заштита од отуѓување на библиотечниот материјал со тоа што кога
корисниците на библиотеката ќе поминат низ вратите, се огласува аларм дека нешто е
изнесено на недозволен начин, при што персоналот на библиотеката ќе знае не само дека
некоја книга е земена без дозвола туку ќе знае и за која книга се работи. РФИД работи
дури и кога корисникот ќе си издаде сам себеси книги, преку деактивирање на алармот
за кражба кога книгата е коректно издадена. Со РФИД технологијата многу се олеснува
вршењето на попис на библиотечниот материјал, т.е. со читачот се скенираат налепниците
едноставно поминувајќи по полиците на наредените книги во магацините со книги. На
овој начин книгите може да се бараат со помал труд отколку порано, и шансите да се
пронајдат книгите, доколку тие навистина се присутни, се поголеми.
РФИД технологијата сѐ уште напредува и може да се очекува да стане многу
помоќна и поефтина во блиска иднина. Налепниците сега може да се читаат од пристојна
оддалеченост, во зависност од јачината на пренесувачот и налепницата. Нема сомнение
дека моќта на оваа технологија ќе ги трансформира библиотеките.
Во склоп на оваат технологија можат да се користат свап и смарт картичките. Свап
картичките се пластични картички со магнетна лента на нив, коишто при минување
низ жлеб или отвор го идентификуваат корисникот и му дозволуваат пристап до
одредени можности. Тие не содржат повеќе информации отколку што е потребно да се
идентификува индивидуата и тие информации се чуваат во базата на податоци. Смарт
картичките физички се идентични со свап картичките и работат на ист начин како нив,
но за разлика од свап картичките тие содржат микрочип на кој што се информациите
за одреден корисник. Тие информации не се депонирани во ниедна база податоци.
Читателите би можеле да користат смарт картички на кои би се бележеле информациите
за нив. Кога корисникот ќе пројде покрај антената, книгите ќе му бидат раздолжени или
задолженијата ќе му бидат приклучени, трошоците за казните и резервациите ќе бидат
пресметани и информацијата ќе биде на неговата картичка, а не во базите податоци како
што е сега случајот. Свап картичките се ефтини додека смарт картичките се доста скапи,
но исто така се и многу полезен начин за обезбедување или контролирање пристап до
одредени услуги без ангажирање и одземање време на персоналот освен она што е потребно
за ажурирање, персонализирање и издавање на картичките. Тие веќе се во употреба во
59
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
академските библиотеки како начин за наплаќање, на пр. фотокопирање на студентите.
Тие може да се користат и на далечина така што корисниците коишто имаат пристап
до Интернет може да користат од нивните домови услуги што се наплаќаат како што се
онлајн базите податоци. Исто така, тие може да се користат за обезбедување пристап до
персонализирани извори на корисникот на мрежата, на пример да се покажат на екранот
услугите на коишто корисникот се претплатил или неговите омилени фонтови, мостри
и други опкружувања. Тие можат да го регулираат времето искористено од корисниците
за одредени услуги како на пример Интернет, што е тешко за надгледување од страна на
персоналот.
Користена литература:
1. www.rfid-library.com (05.09.2017);
2. http://www.rfid-handbook.de (06.10.2015);
3. Dhanalakshmi, M., Uppala Mamatha, RFID Based Library Management System, Delhi
University, India;
4. http://www.thefreedictionary.com/library (28.08.2017);
5. http://www.zotei.com/Passive_RFID_tag/Library_RFID_tag.html (11.09.2017);
6. http://1000projects.org/library-automation-using-rfid-abstract.html (25.09.2017);
7. Sree Lakshmi Addepalli et al, / (IJCSIT) International Journal of Computer Science and
Information Technologies, Vol. 5 (6), 2014, 6932-6935.
60
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Мултифункционалните библиотеки и нивните корисници во
пресрет на потребите на заедницата
Ние не ги дефинираме нашите библиотеи, тоа го прават нашите корисници.
(непознат библиотекар, земено од блогот)
м-р Јелена Петровска, библиотекар советник
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
e-mail jelap@yahoo.com
Резиме
Вредноста на денешните библиотеки, како места и симболи на чувари на книгата
и информациски посредници за своите корисници, кореспондира со нејзината јасна
ориентираност кон заедницата.
Нивната трансформација можеби најдобро се гледа во компетенциите коишто
секојдневно ги преземаат во областа на научно-истражувачка и процесот на доживотно
учење. Дигиталната технологија постојано ја менува средината за учење со воведување
современи пристапи кон библиотечната работа, го моделира начинот на живеење
и користење на слободното време на библиотечните корисници. Како највитален и
суштински фактор на новото време, библиотеките треба да бидат препознатливи во својата
средина преку општествено ангажирани и издржани проекти, додека испитувањето
на корисничките библиотечни потреби претставува темел врз кој библиотеките се
позиционираат во т.н. општество на знаење.
Согледувањето на потребите на библиотечните корисници, без оглед на нивната
возраст или професионален ангажман, научно-истражувачка работа или пак користење
на слободно време, го дефинира концептот на „излегување“ од библиотеката (hot spot),
библиотечните активности, собите за анимација (makerspace), мултифункционалните
простори за програмите поврзани со образованието и информациската писменост,
библиотекарските медиуми итн. Затоа е многу важно јасно да се согледа правецот во
развојот на современите библиотеки, како хибридни библиотеки на новото време, кои со
реализација на креативни и пред сѐ иновативни програми стануваат моќни партнери во
задоволувањето на потребите на заедницата.
Клучни зборови: мултифункционални библиотеки, кориснички интерфејс, дигитали-
зација, управување со информации, кориснички парламент
Multifunctional libraries and its users - meeting the needs of the community
Jelena Petrovska, librarian adviser
NI University Library St.Kliment Ohridski Bitola
e-mail jelap@yahoo.com
Abstract
The value of today’s libraries as places and symbols of book keepers and information
mediators for its users corresponds to its clear orientation towards the community.
61
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Their transformation is perhaps best seen in the competences that they undertake daily
in the field of scientific research and the process of lifelong learning. Digital technology con-
tinually changes the learning environment by introducing modern approaches to library work,
modeling the way of living and using leisure time for library users. As the most vital and es-
sential factor of the new age, libraries should be recognizable in their environment through
socially engaged and well-performing projects, while examining user library needs is the foun-
dation on which libraries are positioned in the so-called. society of knowledge.
Recognizing the needs of library users regardless of their age or professional engage-
ment, scientific research or use of free time defines the concept of “hot spot” library activities,
animation rooms (makerspace), multifunctional spaces for programs related to education and
information literacy, library media, etc. It is therefore very important to clearly understand the
direction in the development of modern libraries as hybrid libraries of the new age, which by
means of creative and, above all, innovative programs, become powerful partners in meeting
the needs of the community.
Keywords: multifunctional libraries, user interface, digitalization, information management,
users parliament
Вовед
Библиотеките поминаа голем пат од скромните почетоци на месопотамските
храмови на Сумерите, до најсовремените библиотеки кои прераснаа во мултикултурални
центри. Нивната трансформација можеби најдобро се гледа во компетенциите коишто
секојдневно ги преземаат во областа на научно-истражувачката работа и процесот на
доживотно учење. Дигиталната технологија постојано ја менува средината за учење, со
воведување современи читачи, 3D принтери, електронски извори и технологии наменети
за управување со растечкиот број информации.
Просторно решени на современ начин, флексибилни и иновативни во понудените
програми, библиотеките се поставени пред предизвикот на ораганизација и складирање
огромен број библиотечната граѓа, на сѐ поамбициозни репозиториуми, навики и хобија
на населението. Miguel Figueroa, директор на Американската асоцијација на библиотеки
и Центарот за иднината на библиотеките, ја истакнува новата улога на библиотеката,
усмерена кон искуства на заедницата во која делува, вклучувајќи ги трендовите во
ангажирање на јавноста и пристапот кон многу поголем опсег на вештини, узурпирајќи
ги дури и образовните процеси, но никогаш не намалуваајќи го значењето на љубовта кон
книгата во кој било формат.1
Имајќи ја предвид општествената мисија на библиотеките, која се менува сообразно
со потребите на времето, произлегува дека освен грижата за чување на културното
наследство, библиотеките имаат важна улога во општествениот развој и промовирање
на етички и морални вредности. Во рамките на своите можности, на заинтересирани
корисници им отвораат пат до информациски ресурси, како основа за стекнување нови
знаења, формирање сопствено мислење и оспособување за активна партиципација во
општествоto. Не случајно развојот на јавноста (audience development) е една од клучните
области на интерес во областа на културaта и централна тема во програмот на Европската
унија за поддршка на проектите од областа на културата „Креативна Европа 2014 – 2020“. 2
Паралелно со сѐ поголемите предизвици поврзани со сместувањето на библиотечната
граѓа, дигитализацијата, атрактивните и иновативни библиотечни програми, корисникот
го ставаат во позиција на одлучување и креирање на сопствениот удел во реализација
1 Nancy,Gravatt,Future Tense panels consider the library of 2100 and beyond, American Libraries, thhps://americanlibraries-
magazine.orf/b;pgs/the-scoop/will-libraries-outlive-books/
2 Ivana Arsić Jovanović, Planeta čitalac, Gradska biblioteka Pančevo i Udruženje Kulturis, Pančevo, Bograd, 2014, стр. 7
62
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
на тие програми, а уште повеќе во интерактивен однос со библиотекарот. Тој треба да
поседува вештини и способности кои се дел од мултифунцконални библиотеки кои ги
промовираме.Стручната оспособеност и врвна информацијска писменост се предуслов за
успешно реализиран кориснички интерфејс.
.
Трансформација без преседан
Во светот на информациско-комуникациските технологии промените се случуваат
со неверојатна динамика. Човештвото со леснотија ги прифаќа новите технологии и
веднаш, за многу кратко време, тие стануваат дел од професионалното секојдневие во многу
полиња на човековото живеење. Библиотеките се ставија во позиција своите активности
да ги мерат со минатото, а вреднуваат со иднината. Во тој таканаречен јаз помеѓу старото
и новото, помеѓу конвенционалната библииотечна граѓа и е-книгата, библиотеката мора
да побара рамнотежа. Патувајќи по т.н. информациски пат кон виртуелните библиотеки,
денешните корисници се судруваат со голем број нерешени прашања поврзани со начинот
на добивање брза и релевантна информација, поквалитетно учење, пронаоѓање место кое
ги задоволува нивните образовни, културни, но и рекреативни побарувања.
Денес се многу актуелни прашањата поврзани со судбината на библиотеките.
Едните зборуваат за надмоќноста на интернетот и лесната достапност до сите
информации, додека другите и натаму зборуваат за важноста на книгите и читањето,
на библиотеки каде што се негува принципот на демократско општество и бесплатен
пристап како граѓански концепт за развој на заедницата. Библиотеките претставуваат
многу сложен организам кој, со текот на времето, покажува неверојатна способност за
прилагодување и усвојување на новите навики и вредности, но, во исто време, менуваќи
се себеси библиотекарите ја менуваат и заедницата во која опстојуваат. Ако зборуваме за
компјутерско доба во развојот на библиотеките, процесите одат од автоматизацијата на
библиотечните процеси, па сѐ до дигитализација на библиотечната граѓа, оформување
на web-каталози и изнаоѓање нови патишта за примена на иновативните и, пред сѐ,
квалитативните пристапи кон бараната информација. Во тоа светло современите
библиотеки се принудени многу брзо да учат како да ги задржат постоечките корисници,
но во исто време и да станат вистинска потреба на заедницата.
Идејата за третиот простор (куќа, работа) во светот стана популарна дефиниција
на библиотечната наука. Отворањето на големите книжарници со разновидна понуда,
повеќенаменските јавни читални и простори за пополаризација, библиотекарите ги
ставија во позиција да ги преиспитаат своите активности, да создадат средина што ќе биде
конкуретна за подобрување на животот во заедницата. Согледувањето на потребите на
библиотечните корисници, без оглед на нивната возраст или професионален ангажман,
научно-истражувачка работа или пак користење на слободното време, претставува
патоказ за идните генерации библиотекари кои, со својата магична посветеност кон
книгата, постојано ја преиспитуваат својата улога во надминувањето на дигиталниот,
но сѐ повеќе и на социјалниот јаз. Токму тука денешните библиотеки ширум ги отвораат
вратитѕе за социјално ранливите групи, децата со посебни потреби, воспоставување
нови програми за олеснување на секојдневните проблеми на граѓаните, како што се
можностите за вработување, информацискаата писменост, online плаќање, остварување
на правата на дискриминирани малцинства, намалување на сиромаштијата, правата
на бегалците и пружање помош во уште многу други витални проблеми кои се дел
од нејзиното опкружување. „Библиотеките ја обавуваат својата работа не за да бидат
услужна дејност, ниту да произведуваат производ за заедницата, туку единствено, во
крајна линија да ја менуваат на подобро. Граѓаните не ја поддржуваат библиотеката
затоа што се задоволни корисници, туку затоа што библиотеката претставува дел од
63
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
нивниот идентитет.“ 3Особена вредност на денешните библиотеки е нивната ангажирана
улога во општеството. Вредностите, како што се приватноста на личните податоци,
еднаквиот пристап за сите, интелектуалната слобода, почитувањето на авторските права
и демократичноста, библиотеките ги поставува на самиот врв на институциите кои го
менуваат секојдневниот живот. Корисничкиот пристап на библиотекарот, познат како
„лице в лице“, останува едно од темелните основи за работа со корисниците во дигиталнотп
време. Библиотекарите оставаат отворена врата за сите корисници со својата стручност,
ажурност, искуство и пред сѐ посветеност.
Хибридни библитеки – зошто библиотеката е најважно место во градот?
Во сегашноста, но и во минатото, библиотеките беа ангажирани во набавување
на библиотечната граѓа, нивната обработка за соодветен пристап до корисниците и
дисеменација на истата. Во т.н. дигитално доба библиотечната граѓа ќе биде застапена
со лиценцирање на пристапи кон извори на информациии, организацијата и обработката
ќе се појават како организација на метаподатоци, додека ширењето на информациите
ќе претставува витален дел од обуките на корисниците како да се здобијат со потребни
знаења за квалитетно интерпретирање на истите. Во поново време библиотеките
добиваат конкуренција во интернетот, кој привлекува сѐ поголем број потенцијалните
корисници, како и бесплатно достапни портали за е-книги. На тој начин библиотеките се
принудени да го менуваат својот кориснички профил, но и да се соочат со предизвикот за
пронаоѓање новикорисници, на кои брзо и квалитетно ќе им одговорат на нивните потреби.
Тоа претставува и нов концепт во библитечното работење, каде што библиотеката не
дава услуги, туку тие услуги се креирани од страна на самите корисници. Уште повеќе,
библиотеките се организираат како платформи каде можете да ја најдете граѓата или
информацијата на одреден автор, корисникот ќе може да ја презентира својата идеја,
или можеби да обезбеди пристап на другите кон значајните прашања поврзани со
потенцијалните идни корисници.
Се поставува прашањето: зошто токму библиотеките ќе бидат најсилната врска
со заедницата? Одговорот на прашањето е во делот на нивната нова организациска
поставеност, уредени како места каде граѓаните поминуваат дел од своето слободно
време, добиваат различни видови услуги и силна подршка за нивното понатамошно
образование.
Новиот профил на т.н. хибридни библиотеки библиотеките ги става во фокусот на
заедницата. Ланкес во неговата книга „Очекуваме повеќе“ зборува за моќта на денешната
библиотека. Таа е, пред сѐ, управувач со знаење, силен партнер кој, заедно со сите субјекти
во граѓанското општество, ја прави заедницата „попаметна“. Библиотеките тоа го прават
на четири начини:
1. Обезведуваат пристап
2. Обезбедуваат обуки
3. Обезбедуваат сигурно опкружување
4. Градат мотивација за учење4
Сите овие функции се преплетуваат во профилот на хибридните библиотеки кои се
свртени кон своето опкружување преку потребите на своите корисници. Освен книжната
граѓа, како еден од столбовите на нејзиното функционирање, јавните библиотеки се сѐ
повеќе партнери како со различни институции од областа на образованието, културата,
3 David R., Lankos, Expect more,Create Space Independent Publishing Platform, USA, 2016, стр. 35
4 Ibid, стр. 41
64
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
информатичкото општесто, па сѐ до неформалните групи, бизнис секторот, невладиниот
сектор и поединци. Познати како т.н. пријателски места (friendly space), во поново време
се препознатливи по програмите од областа на описменувањето, комуналното живеење
на граѓаните, медицинската грижа, програмите за вработување, програмите за сите
генерации, рекреативните програми и оние кои ги креираат самите корисници.
Исто така новиот тип хибридни библиотеки влијаат и на социјалните навики во
една заедница преку обезбедување на бесплатен интернет сигнал, бесплатни влезници,
бесплатен сервис за позајмување на различен тип библиотечна граѓа. Денешните
библиотеки обезбедуваат пристапи кон службени публикации и документи, често
обучувајќи ги како да пополнат обрасци за вработување или плаќање сметки. Обезбедуваат
инструкции за информациска писменост, користење на социјалните мрежи и користење
на најновите технологии за пристап кон базите на податоци (e-books, CDs, DVDs, iPads,
clud computing, software tools) или едноставно сигурно и топло место кое ги задоволува
нивните потреби.
Едно е сигурно, а тоа е дека сите учесници во процесот на етаблирање на
библиотеката во центар на заедницата имаат големи очекувања. „Јавните библиотеки
треба да бидат дисеминатори на референтни материјали и материјали за читање,
даватели на компјутерски пристапи за сите. Да го задржат чекорот со растечкиот број
информации и тоа да биде бесплатно. Библиотеката треба да обезбедува програми за
најмладите читатели и да ги воведува во светот на научните истражувања. Да ги знае
потребите на заедницата, да биде место за учење и собирање.“5
За да може квалитетно да одговори на сѐ поамбициозни барања, хибридните
библиотеки треба да имаат добро разработен план за работа. За препознатливоста на
нејзиното работење заслужни се активностите, промоциите и настаните во библиотеката.
Сопствената промоција, заедно со истражување на корисничкиот профил, претставуваат
две основни сегменти за успешно работење на библиотеката од XXI век.
Корисниците во фокусот – повратна врска (oриентација кон корисникот)
Во поново време, дефинирани како мултифункционали и информативно-
комуникациски простори, библиотеките сепак ја задржуваат својата основна функција
поврзана со собирање библиотечен материјал, но тука се поставува и прашање како тој
материјал се користи. Терминолошки е-книгата ја користиме, а не ја читаме. Со тоа се
менуваат и навиките за читање, па оттука произлегува и новата димензија на различни
видови корисници.
Библиотекарите согледаа дека библиотечното работење се менува не само во
зависност од типот на достaпност на библиотечната граѓа, туку и од присуството на
библиотечните активности надвор од библиотеката. Корисникот сѐ повеќе го разликуваме
во зависност од видот на неговото членство и воспоставениот двонасочен однос. Се
менува и значење на зборот „корисник“, кој станува сѐ потесен термин, па се бараат
новите појасни терминолошки попрецизни појаснувања. Па така некои библиотечни
теоретичари (Molaro) сметат дека зборот „корисник“ (library user) означува некој кој
конзумира, користи, но не практицира креативност. Од друга страна зборот „член“ (library
member) означува повеќе проактивен однос со библиотекарот, помалку и сопственички
во однос на процесите во библиотеката.6 Но, за кој термин и да се одлучиме останува она
што е најважно, а тоа е пристапот кон корисникот и нивниот однос во процесот. Имено,
5 Kathryn Zickuhr,Lee, Rainie,Library Services in the Digital Age,Part 5: The present and future of libraries, http://libraries.
pewinternet.org/2013/01/22/part-5-the-present-and-future-of-libraries/
6 Bohyun,What do Libraries Call Users, and what Do Library Users Think of Themselves in relation to Libraries?, http://www.
bohyunkim.net/blog/archives/1885#.Wd5-7WiCzIX
65
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
доколку библиотеката сака да биде дел од заедницата, таа своите програми треба да ги
гради врз реални потреби за набавка на актуелната библиотечна граѓа, а уште повеќе за
решавање на проблеми кои се врзани со секојдневниот живот на нејзините корисници.
Кориснички ориентираниот сервис тргнува од претпоставката дека секој има
различни потреби. Затоа кориснички ориентираниот сервис е универзален концепт што
може да се примени во која било библиотека во кое било време.“7
Библиотекарите треба да мислат од гледна точка на корисникот, а не од сопствената.
Всушност, библиотеката би требало да биде таква каква ја замислуваат нејзините
корисници. На пример, долго време библиотекарите беа против внесување храна во
читалните.За библиотекарите храната и книгите не одат заедно. Корисниците имаа друго
мислење од типот кога учат, конзумираат и храна, така што и библиотеката мораше да
ги измени своите правила, што по извесно време се покажа како добра деловна одлука.
Проактивните методи и сѐ поагресивниот маркетинг во презентација на производот
станаа дел и од библиотечната стварност. Се става акцент на многу важниот концепт
„надвор од ѕидовите на библиотека“, кој јасно кажува дека библиотекарите повеќе не
чекаат корисниците сами да дојдат, туку преземаат низа активности во опкружувањето,
со кои ги подржуваат програмите на локална самоуправа. Се отвора поле за заеднички
активности, особено за образовни, културни, социјални, инклузивни, па и програми кои
го менуваат секојдневието на граѓаните.
Едукацијата на корисниците, обуките за пребарување во базите на податоци,
индивидуалниот пристап во писмена особено жива комуникација, претставуваат алатки
за добро организиран кориснички сервис. Организирањето на т.н. кориснички парламент,
пријателските групи, запознавањето на различни видови потреби, анкетирањето и
евалуацијата на постигнатото даваат реална слика за услугите на библиотеката.
Оние што ги следат актуелните трендови и иновации во библиотечно работење
се согласуваат со промените во однос на технолошки високо опремени простори за
корисниците, итерактивни соби т.н. makerspace и 3D принтери, магични кутии, нови
мобилни библиотечни апликации, апарати за самопозајмување, проекти поврзани со
роботика, студија за снимање, надворешни информативни киосци итн. Паралелно со
програмските иновативни решенија за решaвање на мултифункционалниот физички
простор, библиотеките постојано следат нови технологии во прикажувањето на
дигиталните содржини, како што се интерактивни ѕидови, експонати обележани со т.н.
RFID технологија8, користење игрици надвор од вообичаената содржина (gamification) и
со воведување инспиративно дигитално опкружување. Гејмификацијата како активност
од неодмвна влезе во библиотеките, но со оглед на потенцијалот и начинот на мислење во
процесот на учење на корисниците, особено на тин-генерацијата и студентите, заслужено
го зазема своето место.
Еден од исто така актуелните проблеми кои корисниците ги посочуваат се однесува
на пребарување на базите на податоци, како и полесно снаоѓање во предметните каталози.
Потребна е постојана ревизија и комуникација на сите заинтересирани страни во однос
на каталозите, кои треба да бидат достапни и разбирливи.
За таа цел библиотеката треба системски да иницира истражувања поврзани
со корисничките потреби и маркетингот, како дел од нејзината деловна стратегија. На
тој начин најдобро ќе стигне до своите клиенти и ке ја задржи релевантноста на своите
услуги во денешниот умрежен свет, а со тоа и видливоста во општеството.
7 John,Pateman,Developing a needs based library service, http://www.libr.org/isc/issues/ISC26/articles/26%20Develop-
ing%20a%20Needs%20Based%20Library%20Service.pdf
8 RFID (radio frequency identification) технологијата подразбира систем на далечинско упатување и прием на податоци
со помош на RFID плочки/предавател на малите објекти кои можат да се залепат или вградат во посакуваниот
производ.
66
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Заклучок
Современиот концепт на библиотечното работење ги перципира библиотеките
како важен елемент во општествената заедница, место за средба, место за учење, игра,
опуштање, простор каде граѓаните секојдневно со радост навраќаат, го чувствуваат за
свој, за нешто блиско што им припаѓа.
Библиотеките доживееја вистински успех кога фокусот на своето работење го
префрлија од книгата кон корисникот.
П ромената на „чипот“ претставува долготраен процес, но сепак повеќегодишното
искуство укажува на добрите страни од организирањето на библиотеките, како
мултифункционални центри со поголемо учество на корисниците во креирањето на
набавната политика и активностите, што резултира во зголемен углед на библиотеките
како во образовниот систем, така и во областа на јавните и издавачките институции.
Библиотеките имаат голем потенцијал. Секоја локална заедница е уникатна на
свој начин. Добро оргнизираните библиотеки не се плашат да покажат дека и тие самите
учат; не се плашат да учат од другите. Нејзините активности поддржуваат напредни
демократски идеи, менуваат стереотипи и „го унапредуваат општеството преку создавање
знаење.“9
За да ја исполни својата мисија, библиотеката во центарот го става корисникот. Тој
меѓусебен однос и корисничка видливост во заедницата библиотеката не го остварува само
преку списокот на нејзините активности, сервиси, ниту преку своите збирки, статистики
и стратегиски планови, туку преку дијалог и поддршка во заемна комуникација со
читателите.
Користена литература
1. Arsić Jovanović, Ivana, 2014. Planeta čitalac. Pančevo, Bograd: Gradska biblioteka
Pančevo i Udruženje Kulturis
2. Gorman, Michael. 2006, Postojana knjižnica: tehnologija, tradicija i potraga za
ravnotežom, Za¬greb: HKD.
3. Gravatt, Nancy, Future Tense panels consider the library of 2100 and beyond, American
Libraries, thhps://americanlibrariesmagazine.orf/b;pgs/the-scoop/will-libraries-outlive-
books/(преземено 10.03.2017)
4. Zickuhr,Kathryn,Rainie,Lee,Library Services in the Digital Age,Part 5:The present and
future of libraries, http://libraries.pewinternet.org/2013/01/22/part-5-the-present-and-fu-
ture-of-libraries/(преземено 05.10.2017)
5. Bohyun,What do Libraries Call Users, and what Do Library Users Think of Themselves
in relation to Libraries?, http://www.bohyunkim.net/blog/archives/1885#.Wd5-7WiCzIX/
(преземено 15.10.2017)
6. Pateman,John,Developing a needs based library service, http://www.libr.org/isc/is-
sues/ISC26/articles/26%20Developing%20a%20Needs%20Based%20Library%20Service.
pdf(преземено 15.10.2017)
9 Lankos, R. David, Expect more,Create Space Independent Publishing Platform, USA, 2016, стр. 36
67
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Андрагогика – улогата на библиотеките во образованието на
возрасните
м-р Сузана Данаилова, библиотекар советник
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје
Апстракт
Андрагогијата е наука која ги проучува проблемите, методите, техниките,
системската едукација и образованието на возрасните. Таа е базирана на филозофијата
на доживотно учење и ги обединува сите три образовни патишта: формално образование,
неформално образование и информално учење.
Процесот на доживотно учење станува значајно прашање што доведува до
воспоставување одредени рамки за зголемување и дополнување на знаењата кај возрасната
популација, со цел да се зголемат можностите за вработување и да се обезбедат вистински
вештини и способности во текот на работниот век, кои произлегуваат од потребата за
дополнително стручно усовршување. Затоа податоците за учеството на возрасната
популација во формалното и неформалното образование и обука ги зајакнуваат мерките
што се преземаат во рамките на разни иницијативи насочени во процесот на доживотно
учење
Создавањето можности за продолжување на учењето за возрасните и за подобрување
на нивните вештини и капацитети е од витално значење за секоја земја, вршејќи влијание
на нејзиниот економски развој, активното учество на луѓето во заедниците и граѓанското
општество, негувањето на поддршка и почит кон културниот дијалог, креативноста
и имагинативноста на младите и возрасните, почитта кон и заштитата на животната
средина, зајакнувањето на статусот на учењето и знаењето и негувањето на вредностите
на културата на живеење. Инвестирањето во образованието на возрасни е целисходно за
поединците, заедницата и општеството во целина.
Во библиотеките посебно внимание треба да се посвети на неформалното
образование на возрасните за стекнување знаења, јазични вештини, компјутерски
вештини, интернет-пребарувања, комуникациски и социјални вештини за постојано
нивно самообразование.
Клучни зборови: андрагогика, целни групи, возрасни, формално образование,
неформално образование, Е-учење, библиотека
Andragogy - the role of libraries in adult education
Suzana Danailova, MA, librarian-advisor
PI City library ‘Braka Miladinovci’ - Skopje
Abstract
Andragogy is a science that deals with problems, methods, techniques, systemic educa-
tion and adult education. It is based on the lifelong learning philosophy and brings together all
three educational paths: formal education, informal education and informal learning.
Lifelong learning process gains importance and leads to the establishment of certain
framework which aims to increase or upgrade the knowledge of the adult population so as to
enhance their employability and provide for the right skills and abilities during the working
68
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
life that derive from the need for professional development. Therefore, data about the share
of adult population in the formal and informal education and training enhance the measures
taken as part of various initiatives within the lifelong learning process.
Creation of opportunities for adults and improving their skills and capacities is vital for
every country, thus making impact on the economic development, active citizen participation
in the communities and the civil society, providing support and respect for cultural dialogue,
creativity and imagination in young people and adults, respect for and protection of the envi-
ronment, raising the status of learning and knowledge and cherishing the values of the culture
of living. Investment in education is worthwhile for individuals, community and society as a
whole.
Libraries should pay special attention to informal education of adults for acquiring
knowledge, language skills, computer skills, online searching, communication and social skills
for continuous self-education.
Key words: andragogy, target groups, adults, formal education, informal education, e-learning,
library
Андрагогијата е наука која ги проучува проблемите, методите, техниките,
системската едукација и образованието на возрасните и се заснова на идејата за
доживотно континуирано учење и усовршување. Зборот „андрагогија“ доаѓа од aner (an-
dros) „човек“ и ago (agein) водач, односно „водечки човек“, што е спротивно на педагогијата
што значи „чување деца“.
Андрагогијата е комбинација од три образовни учења:
– Формално образование (основно, средно и високо образование)
– Неформално образование (континуирана едукација поврзана со професијата,
курсеви, семинари, работилници и др.)
– Информално учење
Формалното образование е образование кое е во согласност со законите
за образование во земјата (закони за основно, средно или високо образование),
институционализирано образование како редовно и вонредно образование. За да се
вклучи во регуларното (формално) образование, образовната активност треба да води
кон квалификација призната од националната власт и да биде дел од хиерархиски
структуираната скала на образование и обука, т.е. дел од образовниот систем на
земјата, а со завршувањето на определен степен на образование, лицата се здобиваат со
свидетелство, диплома или друг вид сертификат.
Европската комисија усвои шест основни препораки, коишто служат како патоказ
при создавањето на развојни програми за образованието на возрасни и доживотното
учење:
1. Загарантиран универзален и континуиран пристап до учење со цел стекнување
и обновување на вештините што се потребни за одржливо учество во општество
базирано на знаење;
2. Видливо подигнување на нивото на инвестиции во човечките ресурси со цел да се
стави приоритет на најдрагоценото средство со кое располага Европа – а тоа се луѓето;
3. Развој на ефективни методи на настава и учење и контексти за континуитет на
доживотното учење и учењето во пошироки животни контексти;
4. Значително подобрување на начините на кои се разбираат и вреднуваат учеството
во учењето и резултатите, особено во однос на неформалното и информалното учење;
5. Oсигурување дека сите можат лесно да пристапат до квалитетни информации
69
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
и совети во врска со можностите за учење во рамките на Европа, во текот на целиот
живот;
6. Oбезбедување можности за доживотно учење што е можно поблиску до учениците,
во нивните заедници и со поддршка преку капацитети базирани на ИКТ, на места каде
што тоа е возможно.1
Со формалното и неформалното учење им се дава можност на граѓаните да учат на
сите возрасти и во различни контексти: на работа, дома и преку рекреативни активности,
за разлика од формалното учење, како што се училиштето и високото образование. На
вработените и на оние кои аплицираат за работа им се потребни знаења како: јазични
вештини, компјутерски вештини, интернет-пребарување, комуникациски и социјални
вештини за постојано нивно самообразование.
Денес, формалното и неформалното учење се крајниот резултат на информациската
писменост, а социјалните мрежи се одличен начин за да се стигне до тој резултат.2
Постојат неколку дефиниции за Е-учење: „Користење на мултимедија и интернет
со цел да се подобри квалитетот на учењето – обезбедување пристап до ресурси и услуги
на далечина, олеснување на соработката и комуникацијата на далечина.
Кои се добрите страни на користењето на социјалните мрежи во образованието:
• Лесен пренос на информации;
• Комуникација со пријатели или познаници кои не се во земјата без високи трошоци;
• Познавање на други култури преку луѓето што ги среќаваме;
Најраспространети учења на далечина се:
Е-пошта
Интернет (World wide web)
Телеконференција
Видеоконференција
Неформално образование е институционализирано образование (се изведува во
работнички универзитети, училишта за странски јазици, за компјутери, музика, танци, тоа
вклучува и учество на семинари, конференции, работилници и сл.), се изведува со помош
на професионално квалификувани наставници или предавачи и образовна програма и
кое придонесува за зголемување на знаењата на индивидуата, но е надвор од редовниот
образовен систем.3
Неформалното учење е доброволно учење што се одвива преку различни образовни
програми кои не се нужно поддржани од формалните образовни институции. Овие
програми, активности и курсеви се спроведуваат од страна на професионални лица.
Квалитетно неформално образование постои кога се исполнети следниве услови:
– Јасно дефинирана програма по која се работи;
– Програмата треба да е прилагодена на целната група;
– Да има јасно дефинирани цели;
– Да постои флексибилност во програмата;
– Учеството е доброволно, без оглед на возраста, искуството и претходното
образование;
– Обучени и компетентни лица;
– Интерактивен однос помеѓу обучувачите и сите учесници.
1 Европска комисија: Меморандум за доживотно учење, Брисел, 30.10.2000
2 http://www.ftn.kg.ac.rs/download/SIR/SIR%20Ljiljana%20Deljanin.pdfж
3 file:///C:/Users/user-pc/Downloads/2.4.17.08%20(1).pdf
70
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Неформални образовни програми се вклучени во различни групи:
• Лица на кои од различни причини им е недостапен образовниот формален систем
(на пример, имигранти или маргинализирани групи);
• Возрасни кои со своето сопствено образование немаат социјална работа или
немаат дефинирана општествена улога;
• Млади луѓе кои се собираат околу младински здруженија и клубови;
• Родители на кои им треба помош во одгледувањето на децата и слично.4
Во последните неколку години младите стануваат свесни дека не е доволен
факултетот и дека е многу важна активноста надвор од универзитетот.
Невладината организација „Млади инфо“5 спроведува тренинзи преку кои се учи
како да се раководи со проекти, како да формираат невладина организација или како да
креираат веб-страница.
Во едно од истражувањата спроведени од страна на Катедрата за менаџмент
на Економскиот факултет во Скопје6, се покажа дека македонските вработени не се
вклучуваат доволно во дополнителните обуки.
Во ЕУ најмалку 1/3 од активната работна сила е предмет на која било форма на
неформално образование, додека во Република Македонија тој процент варира од 10 до
15%.
Неформалното образование во библиотеките
Со подобрувањето на техниката во библиотеките: компјутерски сали за читателите,
конекција со интернет, нови информативни, комуникациски и менаџерски услуги,
библиотеките веќе не се само центри на културата и информации, туку се наметнуваат
како организации кои обезбедуваат неформално учење и консултации со локалните
заедници.
Со ова се зголемуваат квалификациите и компетенциите на стручните
библиотекари за да им обезбедат неформални образовни услуги на возрасните. За да
можат успешно да ја работат таа работа, библиотекарите треба да се здобијат со нови
андрагогични знаења и надлежности и да имаат темелно познавање на психолошките
особини, форми, методи и организациски аспекти на обуката за возрасни.
Неформални учења во Градската библиотеката „Браќа Миладиновци“
Во библиотеката „Браќа Миладиновци“7 се спроведуваат следниве активности на
неформално учење:
– Семинар „Каталогизација и класификација на библиотечен материјал“
(присуствуваат библиотекари од основните и средните училишта во Скопје)
– Курс по англиски јазик
– Курс по италијански јазик
– Игротека (за деца од предучилишна возраст)
– Курс за компјутери за возрасни
– Општински натпревар „Млади библиотекари“
– Библиотеката во улога на олеснување на самоопределувањето на средношколците
4 http://projects.tempus.ac.rs/attachments/project_resource/470/679_145010%20sistem%20form_neform%20obrazovanja%20
u%20RS%20nov09-1.pdf
5 https://www.smartportal.mk/tag
6 http://www.eccf.ukim.edu.mk/Teacher/52/56
7 http://gbsk.mk/
71
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
за нивните идни професии
– Промоции на книги, работилници, трибини и др.
Заклучок
Оваа тема ја избрав инспирирана од учеството на работилницата на тема:
„Андрагогика, виртуелна средба за обука на библиотекари“, одржана во јуни 2017 година,
а финансирана од програмата Еразмус, во Софија. Јас и колешката Елена Петроска
учествувавме на таа работилница како претставници на здружението ИНОВА ЛИБ.
Учеството на возрасните во процесите на доживотно учење во нашата држава е
прилично ниско, па оттаму нашата земја ќе треба да вложи голем напор за подобрување
на оваа состојба, со продукција на андрагошки кадри кои комплетно и стручно би работеле
на дизајнирање, реализација и евалуација на образовната понуда.
Библиотеките треба да се залагаат и да им овозможат на возрасните неформално
образование во зависност од нивните потреби, со јасно дефинирана програма по која се
работи. Програмата треба да е прилагодена на целната група, да има јасно дефинирани
цели, да постои флексибилност во програмата, учеството да е доброволно, без оглед на
возраста, искуството и претходното образование, да има обучени и компетентни лица, и
интерактивен однос помеѓу обучувачите и сите учесници.
Користена литература
1. http://www.ftn.kg.ac.rs/download/SIR/SIR%20Ljiljana%20Deljanin.pdfж
2. http://projects.tempus.ac.rs/attachments/project_resource/470/679_145010%20sis-
tem%20form_neform%20obrazovanja%20u%20RS%20nov09-1.pdf
3. Невладина организација „Млади инфо“ https://www.smartportal.mk/tag
4. Универзитет „Св.Кири и Методиј“, Екомомски факултет http://www.eccf.ukim.edu.
mk/Teacher/52/56
5. ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје
http://gbsk.mk/
6. Анкета за образование на возрасни лица, 2016 file:///C:/Users/user-pc/Down-
loads/2.4.17.08%20(1).pdf
72
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Библиотеки и образование
(стручен труд)
м-р Жаклина Угриновска, виш библиотекар
Градска бибилотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје
Апстракт
Воспитно-образовната работа со учениците претставува законска утврдена
обврска и најзначајниот дел од работата на училишната библиотека. По обем и содржина
таа работа изнесува 60 – 70% од целокупното работно време на библиотекарот, додека 40%
отпаѓа на библиотечно-стручната и културната активност. Воспитно-образовната работа
се одвива преку целата учебна година, преку запознавање на учениците со работата на
училишната библиотека, нејзиниот фонд, можностите за негово користење и стекнување
навики за чување на истиот. Библиотекарот, преку оваа активност, настојува да ги
воспитува своите корисници да ја засакаат книгата, да им помогне на интровертните
деца да го пронајдат својот пријател во книгата, да ја усогласи понудата со нивните
интереси, да ги запознава корисниците со новите наслови, да им помага при изборот
на книга, да водат разговор за прочитаната книга, да им понуди помош на учениците во
начинот на користење на референтни збирки. Притоа настојува учениците да ги запознае
со методите на истражување и совладување на техниката за библиографско цитирање, а
со тоа настојува да ги развие способностите и навиката за читање, да ја разбуди нивната
креативност, да го осамостои ученикот во учењето, да го развие чувството за естетско
вреднување на прочитаното, да ги оспособи за проценување и да развие кај учениците
критички однос кон различните извори на знаења, со цел знаењето кое ќе го добие да го
искористи и примени во практиката.
Клучни зборови: Воспитно – образовна работа, Библиотекар, Училишна библиотека
Abstract
The educational pedagogical work with the pupils is an obligation established by the
law and it is the most significant part of the school library’s work. The capacity and the con-
tent of that work amounts to 60 – 70% of the librarian’s whole working time, while the library’s
profesional and cultural activity amounts to 40%. The educational pedagogical work happens
during the whole school year by introducing the work of the school library to the pupils, its
fund, the possibility of the usage of the fund and obtaining habits for its keeping. Through this
activity, the librarian insists on educating its users to fall in love with the book, to help the in-
trovert children find their friend in a book, to reconcile the requirements with their intrests, to
present the new headlines to the users, to help choose a book, to discuss a read book, to help the
pupils learn how to use the miscelaneas. In addition, the librarian insists to show the methods
of exploring and mastering the technique of a bibliographical quotation to the pupils, insisting
on developing the abilities and the habit of reading, to arouse their creativity, to make an inde-
pendent learing pupil, to develop the sense of an aesthetic appraisal of the read, to qualify the
pupils for valuing and to make them develop a critical attitude towards the different sources of
knowledge with aim to use and implement the obtained knowledge in practice.
Kej Words: 1 Educational pedagogical work 2 Librarian 3 School library
Вовед
73
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
„Современата училишна библиотека е интелектуално, информациско и културно
средиште, кое, освен тоа ја негува и верифицира воспитно-образовната компонента,
кое има влијание на целокупниот телесен, когнитивен, психосоцијален, емоционален
и духовен развој на ученикот. Со развојот на индивидуалните творечки способности на
ученикот, оспособувањето за самостојно учење врз основа на истражувачки пристап, се
остваруваат задачите на современата училишна библиотека како место на информациска
писменост кое се темели на доживотно учење. Таа е извор на информации и знаење,
потпора на сите наставни и воннаставни активности на училиштето, место за собирање
и поминување на слободното време, со што училишната библиотека станува значаен
фактор за модернизација на воспитно-образовниот процес“.1
Активноста на училишната библиотека во давање поддршка на наставниот
процес
Библиотеката е место во кое ученикот доаѓа организирано во група или сам, по свој
избор, при што ја развива својата самостојност и притоа создава позитивна слика за себе.
За ефективно и ефикасно менаџирање во училишната библиотеката, библиотекарот треба
да презема различна активност кај своите корисници, усогласувајќи ги со нивната возраст.
Своите најмали корисници треба да ги запознае со библиотечниот простор, начинот на
позајмување, чување и враќање на книгите на време, однесувањето во библиотеката,
како и да ја развие нивната вештина за пишување и читање. Приоритет треба да се даде
на поттикнувањето на читањето, на развивањето на читачката писменост, а преку ова
и на поттикнување на говорното и писменото изразување на ученикот; збогатување
на речникот, разликување на книжевниот текст од научно-популарните и стручните и
оспособување за нивно користење. Библиотекарот треба да ги поттикне и за посета на
поголема библиотека и да ги запознае со поимите: поет, писател, илустратор, издавач и
способноста да можат да ги согледаат и издвојат библиографските податоци. Тој треба
да ги запознае со референтните збирки, како што се енциклопедиите и речниците, да
разговара со нив за некоја интересна книга и филм и да ги поттикне за читање весници
и списанија. За разлика од малите корисници, библиотекарот треба да настојува да
ги запознае повозрасните ученици (од петто до деветто одделение) со распоредот на
книгите во библиотеката, за самостојно пребарување и употреба на библиотечниот
фонд, запознавајќи ги со составот на Универзалната децимална класификација со која
се класифицираат научно-популарните и стручните дела, а преку ова да ги оспособи да
можат да го пронајдат библиотечниот материјал во која било библиотека. Библиотекарот
треба да ги подучи и како да водат белешки за време на читањето на книгите, како да
се служат со стручната литература при обработка на зададена тема, запознавање со
разновидните лексикони, енциклопедии, речници, а со тоа да ги упати учениците со
начинот и методите на истражувачката работа. Исто така, библиотекарот ги оспособува
учениците и за пребарување на библиотечниот фонд по пат на електронските каталози.
Значи, библиотекарот презема и активност да ги научи корисниците за користење
на каталозите и библиографиите при пронаоѓање на информации за потребите на
проблемско-истражувачката и проектната настава. Притоа ги оспособува да вршат
проценка на вредноста и квалитетот на секоја информација и нивна употреба во
пишување реферати и истражувачка работа. „Тие треба да умеат точно да го лоцираат
(да го препознаат) барањето на корисникот, за да можат да формираат најефективна
стратегија на истражување и пребарување, која би резултирала со информации за
очекуваните податоци од страна на корисникот“.2
1 М. Zovko.(2007) Primjena postojećih zakona u radu školskih knjižnica; časopis, стр. 8
2 „Модерни концепти за градење на добра услуга, илустрирани преку односите меѓу библиотеката/библиотекарот и
74
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Секако, треба да се потенцира дека воспитно-образовната работа во библиотеката
не може да се реализира доколку библиотеката не располага со добар библиотечен
простор во кој може да се организира работата, ако библиотеката не располага со добар
библиотечен фонд, современа опрема и библиотекар кој е професионалец, кој си ја знае
својата работа, кој е подготвен тимски да работи и да ја развива библиотеката.
Современото училиште мора да биде иновативно, да прифаќа промени, дури и
самото тоа да ги бара, внесува, усовршува и менува. Иновациите во учењето се најдобро
средство за воспоставување рамнотежа помеѓу ученикот и наставата. Значи, се оди кон
тоа како да се обликува наставата која не предизвикува стрес и здодевност. Тоа може
да се надмине со поттикнување на ученикот на активност во наставата. За ова се залага
и училишната библиотека. Таа им нуди помош на учениците при одржување часови и
реализирањето на дополнителните и слободните активности во библиотеката. Бидејќи
како партнери во наставниот процес се сметаат учениците, стручните соработници и
наставниците, тоа значи вклучување на библиотекарите во наставата. Ова може да се
оствари преку реализирање на наставниот час во библиотеката, односно медијатеката. За
една ваква соработка треба да бидат отворени и наставниците и учениците, прифаќајќи
нови методи и облици за работа „во“ и „со“ училишната библиотека. Наставниот час што
се остварува во соработка со библиотекарот може да се реализира во училницата или
библиотеката. На ваков начин стануваат партнери учениците, наставниците, стручните
соработници и родителите. Партнерскиот однос помеѓу ученикот и наставникот се
огледува бидејќи ученикот има прилика сам да бира и предлага тема и содржина на
работа, да истражува, да учи самостојно и творечки да ги вреднува своите резултати.
Партнерскиот однос на библиотекарот со учениците и наставниците го
подобрува учењето и разбирањето на наставниот материјал, со примена на начелата на
интердисциплинарност и мултимедијалност. Со тоа тој воспоставува корелација помеѓу
предметите и го рационализира времето потребно за учење, односно усвојувањето на
наставниот материјал. Соработката на библиотекарот со наставниците се остварува
во текот на целата учебна година. Таа опфаќа соработка околу изборот и набавката на
библиотечниот фонд за учениците, наставниците и соработниците, заедничка посета
на саемите за книга, соработка околу распоредот на лектири по одделенија, соработка
при реализирање програми и проекти поврзани со наставата, околу организирање на
часови во библиотеката, околу изработка на ѕиден весник и др. Училишната библиотека
се појавува како партнер на наставникот и наставата во подготовка на наставниот час и
преку дидактична подготовка и ставање на наставните медии во функција.3
Дидактичката подготовка на наставниот час на библиотекарот се гледа преку:
про- наоѓање на потребните извори на знаење, нудење додатни извори на знаење, давање
сугестија за користење на медиумите, давање сугестии за идејно решавање на часот и
давање сугестии за методите и облиците кои ќе бидат применети.
Часовите во библиотеката библиотекарот може да ги организира сам или во
соработка со наставниците, стручните служби, учениците, родителите и другите
ресурси во училиштето. Во текот на нивната работа библиотекарот има можност да
експериментира со различни можности кои ги нуди библиотеката. Целта на сите овие
активности е да се развие и да се зајакне свеста кај учениците дека библиотеката е извор
на знаење и учење и простор во училиштето во кој ученикот може да ја покаже и пласира
сопствената моќ, знаење и вештини. Ова може да вклучува: циклуси на игри поврзани со
книгата и читањето; мали истражувачки проекти; литературни средби на кои учениците
ќе можат да се сретнат со книжевни автори или да презентираат свое книжевно дело;
часови по лектири на кои учениците можат да се оспособат самостојно да ги користат
клиентите: прирачник за сите оние кои сакаат да понудат добра и ефикасна услуга”, (2007) Скопје: Програма за развој на
Обединетите Нации-УНДП, стр. 47
3 D. Kovačević. (2004) Školska knjižnica – korak dalje. Zagreb: Filozofski fakultet, стр. 118
75
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
изворите на сознанија и да ги пронајдат потребните информации; мултимедијални часови
во кои библиотекарот може да им помогне на наставниците ставајќи го на располагање
целиот книжен, а особено некнижен библиотечен материјал: компјутерот, интернетот,
колекцијата на CD-ата од различни наставни содржини, снимени часови од училишната
програма од ТV и сл.
Библиотеката не треба да биде само место за учење, туку и простор за средби и
искуства. Од таа причина во училишната библиотека е многу важно тимското учење.
Многу е важно да се воспостави комуникација во која нема критики. Комуникацијата
треба да биде повеќе насочена не само помеѓу учениците и водителите на работилницата
(библиотекарот, наставникот, стручниот соработник и сл.), туку и меѓу самите ученици.
Неконкурентното дружење и комуницирање резултира со брзо зближување и чувство на
заедништво меѓу учениците. Затоа во библиотеката библиотекарот треба да организира
нов метод на учење. Една од нив се работилниците. Работилниците се наменети за
учениците и наставниците. Училишната библиотеката, преку работилницата, настојува
да ја оплемени наставата со нови содржини и форми на работа и да оствари корелација
помеѓу различни наставни предмети, слободни активности и градските културни
институции како извор на знаење. Преку разни работилници кои се организираат во
библиотеката, може да дојде до подобрување на вербалната и невербалната комуникација
на учениците и до нивно оспособување за ненасилно решавање на проблемите.
Библиотекарот настојува да ја развие училишната библиотека како средина
во која, со различни активности, може да се придонесе за развој на толеранцијата и
соработката помеѓу учениците. Преку групните активности во библиотеката, учениците
се оспособуваат меѓусебно да го делат своето знаење, информациите и искуствата,
да донесуваат одлуки со проценка, а не со емоции, да ги делат одговорностите, да не
се осудуваат туку заемно да се почитуваат, да постигнат синергија, да соработуваат
емпатички, да се оспособат да ги решаваат меѓусебните конфликти без интервенција на
библиотекарот.
Под современа училишна библиотека денес не мислиме само на опремата и
богатството на библиотечниот фонд (тоа се подразбира), туку мислиме и на различните
активности кои таа може да ги понуди. Во нејзините активности влегува и реализирањето
на училишни проекти. Училишен проект е образовен облик кој се применува во
училишните библиотеки. Потребни услови за изведување на училишниот проект се
стекнуваат со: појавата на значајна и комплексна образовна содржина која не е предвидена
со наставната програма; потребата со учењето да се опфатат сите или поголем број од
ученичката популација.4
Ова може да се реализира само ако постои компетентен библиотекар, кој е во
можност да биде иницијатор и водител на активностите поврзани со училишниот проект.
Поради интересот на учениците за проектите, училишниот библиотекар, како учесник
во воспитно-образовниот процес, треба да биде вклучен во проектите на кои учениците
работат, без оглед на тоа дали се врзани за наставниот материјал или се по слободен избор
на учениците.
Библиотекарот, освен со наставниците и учениците, остварува соработка и со
стручните соработници во училиштето. Денес сите стручни соработници во училиштето
(педагог, психолог, социолог, дефектолог, библиотекар) делуваат како стручен тим и се
залагаат за постапност и систематичност во планирањето, реализирањето и вреднувањето
на воспитно-образовниот процес, методичност и организираност на работата и поврзаност
на стручите и научните претпоставки со училишната пракса.5 (Kovačević, 2004, стр. 123).
Улогата на родителите е темелна. Потешко едно дете ќе стане читател ако не ги види
своите родители како пример, односно ако тие дома не читаат книги и весници. UNESKO
4 D. Kovačević. (2004). Školska knjižnica – korak dalje. Zagreb: Filozofski fakultet, стр. 112
5 D. Kovačević. (2004) Školska knjižnica – korak dalje. Zagreb: Filozofski fakultet, стр.123
76
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
го има истакнато значењето од заедничката работа на родителите со наставниците. Денес
сè повеќе е присутна желбата родителите активно да се вклучат во училишниот живот. Во
развиените земји во светот, во детските библиотеки, постои долга традиција за соработка
со родителите. Како волонтери родителите можат да му помогнат на библиотекарот
во некои практични работи. Со нивната присутност се осигурува континуитетот на
воспитното делување меѓу библиотеката и родителите, бидејќи родителите имаат
активна улога во создавање на читателските навики, интереси и вкусови.
Заклучок
Библиотекарот, преку разните активности кои ги презема со учениците,
наставниците и родителите, настојува да го олесни наставниот процес, да помогне при
реализирање на целите и задачите на училиштето и да го оспособи ученикот за самостојно
користење на разновидниот библиотечен фонд и самостојна употреба на информатичките
апарати во библиотеката, во согласност со способностите и интересите на ученикот.
Ова произлегува од целта и задачите на современиот образовен процес, која е да ги
оспособи учениците за самостојна работа, самообразование и подготовка за перманентно
образование во текот на целиот живот. На ваков начин библиотеката ќе биде место во кое
учењето ќе се темели на истражување, решавање проблеми, пребарување, избор и употреба
на информациите од сите достапни медиуми. Задоволството на корисниците зависи од
способноста на библиотекарот да ги забележи потребите на поединците и групите и од
неговите можности да ги воведе оние услуги кои ќе ги одржуваат променливите потреби
на припадниците на училишната заедница. Само со такво менаџирање училишната
библиотека ефективно и ефикасно ќе може да ги остварува своите цели.
Користена литература:
1. Zovko, M.(2007). Primjena postojećih zakona u radu školskih knjižnica, časopis
2. Kovačević, D. (2004) Školska knjižnica-korak dalje. Zagreb: Filozofski fakultet
3. Модерни концепти за градење на добра услуга, илустрирани преку односите меѓу
библиотеката/библиотекарот и клиентите: прирачник за сите оние кои сакаат да
понудат добра и ефикасна услуга”, (2007) Скопје: Програма за развој на Обединетите
Нации-УНДП
77
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Дигитализација на книжен фонд
Андријана Апостоловска, библиотекар
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје
Апстракт
Трудот дава објаснување за важноста на дигиталните библиотеки во нашето
општество, процесот на дигитализација кој почнува во почетокот на 90-тите години на
ХХ век врз темелот на компјутерски автоматизирани библиотеки. Овде се прикажани
основните поими, предности и недостатоци, критериуми за селекција на граѓа, авторските
права и новите технологии: каталог со слики, нов дигитален медиум во каталогот,
апликации, обликување на дигитални збирки и промоција на услуги во библиотеката.
Краткиот опис на дигиталните проекти во нашата библиотека, кои се од големо значење за
македонската книжевност, но исто така опишани се и најдобрите практики за проекти за
дигитализација, нивните стандарди, архивски слики, пристап и он-лајн водичи. Од големо
значење е Европскиот дата-модел за културно наследство, CDL дигиталниот формат на
датотеки каде што постојат препораки за издржливи главни фајлови за производство,
OCR оптичко препознавање на знаци и насоки за создавање дигитални колекции.
Клучни зборови: дигитализација, дигитални библиотеки, технологии, проекти, слики,
датотеки, фајлови, дигитални колекции.
Digitalization of the fund book
Andrijana Apostolovska, librarian
PI City Library “Braka Miladinovci” Skopje
Abstract
The paper gives an explanation of the importance of digital libraries in our society, the
digital process that began in the early 90s. the 20th century on the basis of computerized auto-
mated libraries. Here are the basic concepts, advantages and disadvantages, criteria for selec-
tion of materials, copyrights and new technologies: catalog of images, new digital media in the
catalog, applications, shaping of digital collections and promotion of services in the library. A
short description of digital projects in our library that are of great importance for Macedonian
literature, but also best practices for digitization projects, their standards, archival images, ac-
cess and online guides are also described. Of great importance is the European Data Model for
Cultural Heritage, CDL Digital File Format where there are recommendations for durable main
production files, OCR optical character recognition and guidelines for creating digital collec-
tions.
Keywords: digitization, digital libraries, technologies, projects, images, files, digital collec-
tions.
Дигитална библиотека е посебна библиотека со збирка на дигитални објекти
кои можат да вклучуваат текст, визуелен материјал, аудио материјал, видео материјал
78
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
складирани како електронски медиумски формати заедно со средства за организирање,
складирање и прибирање на датотеките и медиумите содржани во библиотечна колекција.
Дигиталната содржина може да се зачува локално, или да се пристапи од далечина
пред компјутерски мрежи. Електронската библиотека е вид на систем за пребарување
информации.
Раните проекти се фокусираа на создавање каталог на електронски картички,
познат како Каталог за онлајн јавен пристап (OPAC). До 1980-тите успехот на овие напори
резултираше со OPAC, што го замени традиционалниот картонски каталог во многу
академски, јавни и специјални библиотеки. Ова дозволува библиотеките да преземат
дополнителни награди за заем за поддршка на споделување ресурси и да го прошират
пристапот до библиотечни материјали надвор од индивидуалната библиотека.
Прв пример за дигитална библиотека е Информативниот центар за образовни ресурси
(ERIC), кој во 1966 год. „беше роден во дигитална форма“.
Дигитализацијата претставува пренос на граѓа во дигитален формат, постапка
на снимање, складирање и обработка на содржината со користење дигитална камера,
скенер и компјутер. Поставувањето на самата граѓа на веб овозможува поголема и побрза
достапност на корисниците ширум светот. Можат да се изработат висококвалитетни
копии, затоа што при умножување не се губи на квалитет. Дигитализираниот материјал не
се оштетува со негово користење, т.е. квалитетот, со тек на време, останува непроменет и не
исчезнува со неговата употреба. Но, во споредба со хартијата и микрофилмот, дигиталниот
формат има многу краток животен век и не е читлив со голо око. Најголем проблем е
дигиталната заштита затоа што сега- засега, дигитализацијата не е заштитена. Исто така
е и многу скапа, а најголемиот трошок е работната сила. Директорите на националните
и универзитетските библиотеки од БИХ, Србија, Словенија, Црна Гора и Македонија,
потпишаа заедничка Стратегија за побрз пристап на Новата европска библиотека,
забрзана дигитализација на вреднувани текстови и зголемување на размената на искуства
и информации под покровителство на COBISS електронски мрежи на библиотекарски
податоци. Дигиталната библиотека е библиотека чиј фонд е достапен во дигитален облик
и може да му се пристапи со помош на компјутер. Дигиталната содржина може да биде
достапна локално или по пат на компјутерски мрежи. Во библиотеките процесот на
дигитализација почнува со дигитализирање на каталог. Дигиталните библиотеки се збир
од електронски извори и поврзани можности за создавање, пребарување и користење
на информации. Во тој случај тие се продолжение на информациско потхранување и
пронаоѓање, кои управуваат со дигиталните податоци во сите медиуми (текст, слика, звук,
статични или динамични слики) и постоење во дистрибуирани мрежи. Тие се организации
кои прикажуваат извори на специјализирани личности кои бираат, чуваат интегритет и
ја осигураат трајноста на збирките, на начин за да бидат спремни и економски достапни
за користење на една или повеќе заедници.
Предност на дигитализацијата:
– ставање на граѓата на веб овозможува поголема и побрза достапност на
корисниците
– можат да се изработат висококвалитетни копии затоа што со умножување не се
губи на квалитет.
– дигиталната граѓа (вклучувајќи ги секако и сликите) не се оштетува со користење.
Недостатоци на дигитализацијата:
– во споредба со хартијата и микрофилмот, дигиталниот формат има многу краток
животен век и не е „читлив со око.“
– документи печатени на бескиселинска хартија и чувани во ладен простор со малку
влага можат да траат и неколку стотина години.
– хартијата останува на „око читлива“, без потреба за додатна опрема.
79
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Решение: миграција, емулација, одржување компјутери од сите комбинации на
хардвер и софтвер.
– трошоците и ракувањето растат во зависност од состојбата, вредноста или
комплексноста на документите и предвиденото користење.
– брзата измена на технологиите и брзото застарување бара често префрлување на
нови дигитални медиуми и нови формати.
– недостатокот на стандардите за дигитални формати даваат голема предност на
микрофилмувањето.
Проекти дигитализација:
– успехот на дигитализацијата зависи од добро осмислен проект
– јасно дефинирани цели во корист на дигитализацијата
– изработка на методологија и техника кои се користат во процесот на дигитализација
– избирање на стандарди
– преглед на моментална состојба и прикажување на идни потреби
– предвидени средства
– предвидено траење на проектот
– следење, вреднување и прилагодување на проектот со потребите на корисниците
– презентација на резултатот
– дигитализацијата може да се спроведува во самата институција, или пак може да
се предаде на некоја надворешна организација или компанија.
Пристап до дигитални содржини:
Потребно е да се изгради веб-портал кој ќе овозможи пристап на корисниците до
дигиталните содржини на максимално поедноставен начин. Да се применат соодветни
алатки за пребарување на содржините и добивање резултати соодветни на потребите на
корисниците.
Веб-порталот треба да обезбедува пристапност и до други интерни или оддалечени
сервиси. Одржувањето вклучува развој на нови сервиси, како и негово модернизирање
преку примена на новите технологии за оваа намена.
– Постојано да се следат новите технологии за да се држи чекор со развојот на оваа
област.
– Да се подготвуваат активности за промоција на дигиталната библиотека, односно
дигиталните содржини. Да се анимираат корисниците од повеќе средини: студентите
на универзитетите, истражувачите од научните институции, библиотеки од различни
типови, бизнис-групациите, државната управа, институциите од областа на културата
(музеи, архиви, заштита на културни споменици и др.).
Нови технологии: каталог со слики, нов дигитален медиум во каталогот,
апликации, обликување на дигитални збирки и промоција на услуги во библиотеката.1
Библиотеката „Браќа Миладиновци“ во секој момент се залагаше да ги задржи
сите корисници подолг временски период и поради тоа потребно беше да се унапреди
дигитализацијата на книги, заради пристап на корисниците до саканите информации во
достапни форми. Во 2006 година библиотеката започна со реализација на проектот E-
книга, т.е. поставување дел од библиотечниот фонд во PDF формат. Тоа е, пред сè, заштита
на старите и ретки книги, но исто така достапни за пошироката читателска публика. Така
одредени книги, значајни за македонската наука, култура и уметност, се дигитализираа
во PDF формат и се ставаа на услуга на читателите на интернет страницата на
1 Radionica: Digitalizacija i nove knjižnićne usluge, Boris Badurina,Martina Dragija Ivanovič, Koraljka Golub i Franjo Pe-
har
80
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Библиотеката, а со тоа започна и реализацијата на проектот Е-книга.2 Најпрвин почнаа да
се дигитализираат дел од ретките книги, збирката од македонската книжевна продукција
издадена во периодот од 1935 до 1960 година. Објавени се три едиции на компакт диск
под наслов „Македонско богатство“. Станува збор за делата на Цепенков, Пејчиновиќ,
Крчовски, Прличев, Џинот, Браќата Миладиновци, Рацин, Конески и др.
Реализиран е проектот „Аудио книги“, наменети за слепи и слабовидни лица.
Во 2012 год. објавени се неколку нови наслови. Станува збор за едицијата „Браќа
Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во електронска форма. Во 2013 –2014
год. беа дигитализирани изданијата добитници на „Рациновото признание“, во 2015 год.
се реализираше проектот „Роман на годината“ на Утрински весник. Работата на нови
проекти во ова одделение продолжува со ист интензититет. Проектот за дигитализација
на Македонското културно богатство започна со почетокот на 2006 година. Најпрвин се
започна со дигитализација на стари и ретки книги од Македонски автори издадени до
1956 година, а кои се во сопственост на Градската библиотека. Тука се секако нашите
познати автори – Коста Рацин, Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Славко
Јаневски, Венко Марковски, Константин Миладинов, Лазо Каровски и др., а да се
заокружи со дигитализација на Зборникот на Браќата Миладиновци. Потоа продолживме
со делата на доајените на македонското сликарство, како што се Личеноски, Мартиноски,
Серафимовски, антички накит и други, како дел од едицијата „Ликовна уметност“.
Следеше дигитализација на илустрираните биографии на македонски дејци, сместени
во едицијата „Македонски великани“. Тука спаѓаат дигиталните изданија на Цепенков,
Прличев, Пејчиновиќ, Крчовски, Браќата Миладиновци и Џинот. Посебно значаен проект
за мене се аудио записите од македонската книжевност наменети за корисници со
пречки во видот. Овие дигитални изданија беа работени во текот на 2008 и 2009 година
и ги содржат најзначајните дела од македонската книжевност, интерпретирани од наши
познати артисти. Истите, за жал, не се доволно користени и познати на јавноста. Во 2017
година Градската библиотека почна со дигитализација на периодични списанија од
македонска продукција од архивата на Библиотеката и тоа Екран, Вечер, Нова Македонија,
Библиотечен спектар, а подоцна, со тек, на време ќе биде дигиталзиран останатиот
периодичен фонд.
Успехот на еден проект е генерално пропорционален на времето поминато во
планирање на проектот. Проектите за дигитални слики се сложени, одземаат многу време
и се скапи. Клучни компоненти на проектот за дигитално снимање се избор, стандарди и
пристап.
Стандарди за дигитализација:
Постојат многу препораки за најдобри практики за дигитализирање на материјали.
Овие упатства може да бараат прилагодување кон одредени проекти, во зависност
од карактеристиките на изворниот документ, како што се големината на фонтот,
фотографски детали и физичка големина.
Програмата за дигитална обработка на слики од државната библиотека во
Илиноис3 ги користи најдобрите практики за скенирање:
Пристап:
1. Метаподатоци: каталогизација и технички податоци поврзани со дигитални слики
или вградени или како придружен текст, клучни за пребарување и пристап.
2. Складирање: каде ќе се наоѓаат сликите и дали треба да се купи сервер?
2 www.gbsk.mk/e-knigi/, 04.09.2017
3 http://lcweb2.loc.gov/ammem/prjplan.html, 08.09.2017
81
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
3. Backup/ disaster recovery: се препорачуваат две копии од сите дигитални датотеки
со слики, од кои еден е зачуван надвор од локацијата.
4. Управување со права: известување за авторски права, договори за лиценцирање,
дигитални водониски знаци.
5. Преглед на софтверот: дали корисниците треба да преземат plug-in за да ги гледаат
сликите?
6. Пронаоѓање на помош/индексирање: дали ќе биде потребно создавање индекси/
помагала за пронаоѓање за да им се помогне на корисниците во пристапот до
информации?
7. Реформатирање/освежување на медиумите за да се избегне деградација на
податоците: планирајте однапред, неизбежно е.*4
Голем број предмети од културното наследство на Европа се дигитализирани со
широк спектар на податоци провајдери од библиотека, музеј, архив и аудио-визуелен
сектор и сите тие ги користат различните стандарди за метаподатоци. Овие податоци
треба да се појават на значаен начин во повеќејазичен контекст. Бројни ресурси за
културно наследство, како тесаури, постојат во светот и имаат потенцијал да додадат
вредна содржина и да придонесат за развој на нови знаења.
Европскиот дата модел е развиен заедно со технички експерти од Библиотеката,
музејот, архиви и аудио-визуелни домени за собирање
ЕДМ овозможува збогатување на податоците од голем број избрани авторитативни
избори. ЕДМ е рамка за собирање, поврзување и збогатување на метаподатоците.5
По примерот на Калифорниската дигитална библиотека,6 дознаваме за издржливи
главни фајлови за производство кои содржат слики, текстови, аудио и видео содржини
кои се исто така погодни за долгорочно складирање и создавање на соодветна употреба
на копии. Треба да имаме на ум дека препораките за формати на главните формати се
оптимизирани за генерирање на употреба на копии. На пример, главните датотеки на
производство може да се користат за креирање специфични дериватни датотеки за
дистрибуција, прикажување или репродукција, преку печатење на хартија со користење
на различни печатени материјали. Препораките можат да се сметаат за соодветни цели
на зачувување, да се создадат копии што би можело да го заменат оригиналот, но во
голема мерка зависи од локалната или внатрешната политика на самата институција.7
Раните верзии требаше да се обучуваат со слики од секој вид и работеле на еден
фонт истовремено. Напредните системи способни за производство на висок степен
на препознавање за повеќето фонтови сега се вообичаени и со подршка за различни
дигитални слики за формати на датотеки. Некои системи се способни за репродукција
на форматиран излез, кој тесно ја приближува оригиналната страна, вклучувајќи слики,
колони и други нетекстуални компоненти.8
Насоки кои учествуваат во создавање на дигитални колекции се: квалитет на слика,
форма на датотеки, препознавање на оптички знаци, кодирање на текст, складирање и
пристап. Овој водич беше креиран од страна на групата корисници CARLI Digital Collec-
tions Users, дигитални збирки (DCUG) и за секоја информација може да се контактира.9
Постојат одредени упатства кои се составени од страна на членовите на Digital
4 http://www.webjunction.org/documents/webjunction/Best_Practices_and_Planning_for_Digitization_Projects.html,
08.09.2017
5 http://pro.europeana.eu/files/Europeana_Professional/Share_your_data/Technical_requirements/EDM_Documentation//
EDM_Factsheet.pdf, 11.09.2017
6 https://www.carli.illinois.edu/, 11.09.2017
7 http://www.cdlib.org/gateways/docs/cdl_dffr.pdf,, 13.09.2017
8 https://en.wikipedia.org/wiki/Optical_character_recognition, 13.09.2017
9 support@carli.illinois.edu,13.09.2017
82
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Creation and Preservation Group за создавање, зачувување и користење на сите проекти за
дигитализација на библиотеките. Тие имаат за цел да обезбедат дигитални менаџери на
проекти, со збир на минимални спецификации за зачувување на квалитетот на печатениот
текст, ракописи, слајдови, фотографии, ретки книги, мапи и др. Тие обезбедуваат
основа за создавање дигитални слики кои се со доволен квалитет за долгорочно
зачувување. Овој документ обезбедува вовед во следните аспекти: дали проектот ќе
проиведува содржини за долгорочно чување, избор на хардвер и софтвер за скенирање,
воспоставување постапки за контрола на квалитет, складирање и разбирање на потребите
за метаподатоци на проектот. Упатствата исто така вклучуваат спецификации за формат
на датотека, резолуција, длабочина на бит, димензии и компресија за различни типови
дводимензионални дела.10
Заклучок:
Библиотеките треба да се залагаат да применуваат повеќе нови трендови, следејќи
ги другите библиотеки во светот, нивната современа светска технологија и да се залагаат
да ги задржат нивните корисници. Дигитализацијата на книги е исто така значајна во
денешно време поради полесен пристап на читателите до саканите информации. Затоа
библиотеките и клоновите треба да се стремат кон набавка на посовремена технологија,
како, на пример, компјутери, скенери, принетри и сл., бидејќи истите се неопходни за
континуирана работа на библиотеките како изработка на книги, списанија, весници,
ракописи во дигитална форма.
Користена литература:
1. Radionica: Digitalizacija i nove knjižnićne usluge, Boris Badurina,Martina Dragija
Ivanovič, Koraljka Golub i Franjo Pehar,8-9.11.2002,Zadar-R.Hrvatska
2. www.gbsk.mk/e-knigi/ 04.09.2017
3. http://lcweb2.loc.gov/ammem/prjplan.html, 08.09.2017
4. http://www.webjunction.org/documents/webjunction/Best_Practices_and_Planning_
for_Digitization_Projects.html, 08.09.2017
5. http://pro.europeana.eu/files/Europeana_Professional/Share_your_data/Technical_
requirements/EDM_Documentation//EDM_Factsheet.pdf , 11.09.2017
6. https://www.carli.illinois.edu/ , 11.09.2017
7. http://www.cdlib.org/gateways/docs/cdl_dffr.pdf , 13.09.2017
8. https://en.wikipedia.org/wiki/Optical_character_recognition,13.09.2017
9. support@carli.illinois.edu, 13.09.2017
10. https://www.library.umass.edu/assets/Digital-Strategies-Group/Guidelines-Policies/
UMass-Amherst-Libraries-Best-Practice-Guidelines-for-Digitization-20110523-templated.
pdf , 14.09.2017
10 https://www.library.umass.edu/assets/Digital-Strategies-Group/Guidelines-Policies/UMass-Amherst-Libraries-Best-Prac-
tice-Guidelines-for-Digitization-20110523-templated.pdf,14.09.2017
83
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Библиотеката – извор на знаење и информациска писменост
(стручен труд)
Силвана Јакимова, виш библиотекар
JУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје
Апстракт
„Во животот имав само еден вистински и искрен пријател: книгата...(Виктор
Иго)“. Цивилизациите низ историјата преку книгата се поврзувале низ вековите, а се
спојувале и луѓето од различни места на живеење во светот. Книгата била и останала
основен темел на знаењето, образованието, науката и културата на сите цивилизации.
Библиотеката, како културна институција од општествен јавен интерес, е место каде се
складира и чува книжното богаство, каде се негуваат и надоградуваат интелектуалните,
културните, воспитно-образовните вредности на младите, граѓаните во целина. Читањето,
како бесконечен извор на знаење и мудрост, прилив на информации од секаков вид, е
патот кој ни ја покажува бесконечноста на човековиот ум, интелект и мисла. Затоа
библиотеката треба да биде простор каде заедницата ќе им овозможи на младите луѓе да
ги надоградуваат своите интелектуални капацитети.
Клучни зборови: книга, библиотека, културна институција, информации, заедница
LIBRARY - a source of knowledge and information literacy
Silvana Jakimova
City library “Braka Miladinovci” – Skopje
Abstract
“During my life I had only one true and sincere friend: the book. (Victor Hugo)”. Through-
out the history civilizations, as well as the people from different places in the world were con-
nected through the book. The book was and still is the basic foundation of knowledge, educa-
tion, science and culture of all civilizations. The library, as a cultural institution that has social
and public interest, is a place where the literary wealth is held and stored, where the intellectu-
al, cultural and educational values of young people and the citizens are nurtured and upgraded.
Reading, as an endless source of knowledge and wisdom and influx of various information is
the road that shows us the infinity of the human mind, intellect and thought. Therefore, the li-
brary should represent a place where the community will enable young people to upgrade their
intellectual capacity.
Key words: book, library, cultural institution, information, community
Значењето и улогата на библиотеките
Преку книгите се отвораат нови хоризонти кои, во развивањето на творечкиот дух,
се продлабочува и стимулира размислувањето, знаењето и се развива интелегенцијата.
Тие се основата на образовниот систем во една земја. Просторот кој книгата ни го отвора
84
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
е всушност просторот наречен универзум. Книгата не е ексклузивно право на само една
цивилизација, таа е богатство за сегашните генерации и највредното наследство за сите
идни генерации.
Библиотеките во денешното современо општество се, пред сѐ, образовни центри
со соодветен простор за читање и најразлични други активности. Библиотеките треба
да бидат привлечни за читатели од најмала возраст кои ќе доаѓаат во библиотеките, а
за тоа библиотеките треба да располагаат со соодветно уреден простор, каде тие ќе се
чувствуваат убаво и релаксирано. Библиотеките треба да претставуваат центри на
културните збиднувања во општеството, места каде ќе се собираат, информираат и
поврзуваат меѓу себе корисниците од различни категории и возрасти. Нејзиниот простор,
библиотечниот кадар мора да претставува извор на информации од сите области, место
каде граѓаните-корисници на нејзините услуги, ќе бидат задоволни и среќни при секоја
посета. Таа треба да биде нивен втор дом, катче за забава, простор за инспирација и
спокојство, извор од кој ќе впиваат информации за светот кој нѐ опкружува. Во неа
секој корисник, член на библиотеката, ќе се пронајде себеси и своите интереси, ќе црпи
знаење и ќе се надоградува себеси, но и ќе дава идеи и сугестии за подобро и поефикасно
функционирање на библиотеката.
Успешноста во работењето на една библиотека се гледа, пред сѐ, преку успешното
реализирање на поставените цели и задачи, но и планираните програмски активности. Во
интерес на секоја библиотека е да се остварат врски со институциите во заедницата, меѓу
кои се: училиштата, градинките, факултети, општината, културните и други установи.
Преку поврзување на библиотеката со сите инстутуции во нејзината околина, ќе се
овозможи полесна и поблиска поврзаност со корисниците на библиотеката. Стратешка
цел на секоја библиотека треба да претставува соработката на библиотеката со повеќе
целни групи, кои ќе бидат корисници на библиотечните услуги. Тука, пред сѐ, спаѓаат:
децата од основните и средните училишта, деца со посебни потреби, студенти, вработени,
невработени, пензионери. Соработката и поврзаноста со корисниците од овие целни
групи наједноставно ќе се остварува преку организирање настани, работилници, трибини,
литературни и ликовни конкурси, поетски читања и промоции на книги, организирање
курсеви и семинари.
Улогата на библиотеките во образовниот процес и задоволување на
потребите на корисниците
Според IFLA стандардите за народните библиотеки, поимот корисници на
библиотечните услуги се однесува и на оној дел граѓани кои мометно не се , т.е. кои се
можни корисници. Притоа акцентот е на идентификација на можните корисници,
а можните целни групи се луѓе од сите старосни граници, поединци или групи со
посебни потреби (тука е вклучена нова „група“ – луѓе кои не знаат ништо за услугите
на библиотеката), како и институции од поширокото општествено живеење. Посебно
се нагласуваат услугите за деца и се наведува дека библиотеките (народни, јавни)
имаат одговорност во помагање децата да научат да читаат, да одбирааат книги и да
бидат нивниот соработник во учењето и образовниот процес. Освен децата треба да
се подучуваат и информираат родителите како да ги користат услугите кои ги нудат
библиотеките, а се во полза на воспитно-образовниот процес на нивните деца. Услугите
за младите се исто така од голема важност. За „поголемите“ библиотеки IFLA советува
книжниот фонд и инвентарот да сочинуваат посебен оддел, што ќе овозможи младите
да ја почуствуваат библиотеката како втор дом, супер место за убави, корисни и забавни
работи. Добрата библиотека која се грижи за своите корисници има важна задача да ги
наслушнува нивните потреби и со различни активности да ги исполнува нивните желби.
Библиотеките мора да го поддржуваат севкупното животно учење соработувајќи со
85
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
училиштата и другите образовни институции (основни, средни школи, факултети). Тие
се должни да обезбедат книжен фонд со кој се развива писменоста и основните животни
вештини, како и простор за учење за сите корисници кои немаат услови за тоа. Кога е во
прашање слободното време, се очекува давање информации поврзани со предметот на
интерес на корисникот, како и начинот на користење на слободнот време, а сѐ во духот на
културно-уметничкиот развој на грѓаните од сите возрасни групи.
IFLA посебно ги истакнува библитечните услуги на специјални групи корисници, а
тука влегуваат и корисници кои од разни причини не се во можност да ги користат истите.
Библиотеките за деца како основа во образованието
„На децата ширум светот и на нивните семејства библиотечните услуги никогаш
не им биле поважни отколку денес.“ Со оваа реченица е започнато воведното поглавје во
документот на Меѓународната федерација на библиотечните работници, објавен во 2003
год. Во воведот на овој документ се вели дека квалитетната библиотека за деца на децата
им овозможува неопходни вештини за учење во текот на целиот живот и образование,
оспособувајќи ги да учествуваат и придонесуваат во општеството. Основна задача на
библиотеките за деца се:
– достапност на широк избор граѓа и активности за откривање нови знаења;
– подучување на децата за што подобро да ги искористат можностите на библиотеката
за нивното образование и развивање вештини за користење на печатена и електронска
граѓа;
– поддршка на децата во учењето да читаат;
– поттикнување на децата од мали да ја користат библиотеката, да го олеснат своето
образование и да бидат нејзини корисници
Прирачникот за работа со деца во библиотеките, кој УНЕСКО го објавил 1957 год.,
како корисници ги наведува децата што знаат да читаат. Денес ситуацијата е променета
и корисници на библиотеката се мали деца, деца од претшколска возраст, школски деца,
деца со посебни потреби, воспитувачи, учители, наставници... сите оние на кои децата
се упатени. Библиотеката е основниот столб кој го прати детето во неговиот процес на
образование и спознавање на животот од најмала возраст. Библиотеките за деца се важни
во развојот на читателските способности на детето, таа е главен „пренесувач и собирач“
на знаења, им овозможува пристап на сите деца, без оглед на години, пол, раса, социјално
потекло и место во кое живее. Задача на „добрата“ библиотека е на децата секогаш да им
нуди најдобри, нови и интересни услуги и содржини, кои имаат за цел да ја развиваат
љубовта кон книгата, учењето и образованието. Прилагодувајќи се на потребите на
современото време, библиотеката се отвора кон своите мали корисници, кои сѐ повеќе
преземаат активна и важна улога во осмислување на нови библиотечни услуги, се со цел
да се олесни и овозможи интересен и полесен начин на совладување на препреките во
кои наидуваат во текот на нивното образование. Многу е важно јавните библиотеки да не
ги доживуваат детските, училишните библиотеки како бледи сенки и во нив да не гледаат
конкуренција, туку пред сѐ да остваруваат и продлабочуваат соработка со училиштата и
нивните библиотеки.
Библиотеката како простор за продлабочување на знаењето и образованието
Освен тоа што библиотеките претставуваат и се извор на човечкото знаење и
основа во поткрепувањето и продлабочувањето на нивното образование, тие можат
и мораат да бидат место на средби од „низок интензитет“ (Audunson i Varheim), кои им
86
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
овозможуваат на посетителите да осознаат нови, поинакви интереси и вредности, за
разлика од други места на средби од т.н. „висок интензитет“, каде посетителите веќе
делат заеднички вредности и интереси. Значи, библиотеките можат својот простор да
го стават на располагање на потребите на различни работилници, предавања, со што се
овозможува продлабочување на знаењето и образованието на корисниците. Соработката
на сите библиотеки со универзитетите, образовните институции (основно и средно
образование) треба да биде многу активна и интезивна, бидејќи најголемиот дел од
нашите корисници произлегуваат од овие средини. Библиотеката треба да биде простор
каде ќе се негува и развива креативноста и истражувачкиот дух на младите. Преку
организирање серија работилници, предавања итн., овие средби од „низок интензитет“
би ги поттикнале младите да ги искажат своите природни предизпозиции кон одредени
научни дисциплини, а користењето на библиотечните ресурси би помогнало во нивната
научно-истражувачка надградба. Културните манифестации биле и ќе бидат дел од
библиотечните процеси, но тие мора уште повеќе да се интензивираат и надградуваат со
нови содржини. „Читањето е најдобро учење“, рекол Пушкин и затоа библиотеките треба
да се почетните места каде корисниците ќе се образуваат и ќе го надоградуваат своето
севкупно знаење.
Користена литература:
1. Меѓународни библиотечни манифести IFLA/UNESCO. 2014, приређивачи и
редактори превода Весна Ињац и Драгана Милутиновић. Београд : Библиотекарско
друштво Србије
2. Смернице за библиотечке услуге за децу. Гласник Народне библиотеке Србије, бр.
1 (2006)
3. Матијевић, Милица, Георгиев Елизабета. 2014. Култура читања. Лазаревац:
„Димитрије Туцовић“.
87
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Истражувања и нови трендови во библиотеките
Анета Стефановска, библиотекар советник
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Апстракт
Во поново време размислувањата за библиотеките се како тие ќе се вклучат во
идните процеси на развојот, како мрежа на интегрирани, развиени инфраструктури,
особено од технолошки, архитектонски, социјален, етички аспект. Ваквиот начин на
размислување може да ни помогне подобро да истражиме какви услуги сакаме да даваат
библиотеките; што може разумно да се очекува од нив; кои би биле вистинските приоритети
на библиотеките како институции кои, заедно со науката како основна поддршка на
истражувањата и нивниот развој, ќе принесат библиотеките да дадат економска корист
за заедницата. Отсекогаш библиотеките биле место каде информативните и социјалните
инфраструктури се вкрстуваат за добивање услуги и информации од секаков вид.
Клучни зборови: библиотеки, установи, иднина, истражувачки заедници, база на знаење,
нови трендови, развој.
Abstract
More recently, thinking about libraries is how they will engage in future processes for
their development, as a network of integrated, developmental infrastructures. Especially for
the development of libraries, technological, architectural, social, ethical, etc. This way of think-
ing can help us better explore what kind of services we want to provide for libraries; which
can reasonably be expected from them; which would be the real priorities of libraries such as
institutions and science as the basic support of research and their development will contribute
libraries to give economic benefit to the community. From time to time, libraries have been a
place where information and social infrastructures intersect in obtaining services and infor-
mation of all kinds.
Key words: libraries, institutions, future, research communities, knowledge base, new trends,
development.
Нови трендови во библиотеките
Следејќи го подемот на новите процеси во библиотечното работење и развојот
на библиотеките, како платформа можеме да заклучиме дека тие се база на податоци
врз основа на кои програмерите креираат нови апликации, технологии и процеси кои се
надоградуваат и развиваат на веќе постоечките како основа.
Постои теорија на одредени научници кои ја испитувале оваа област –
библиотекарството и нѐ охрабруваат да не размислуваме за библиотеките дека тие се
портал низ кој поминуваме повремено, туку да размислуваме дека тие се инфраструктура
што е толку распространета и потребна за заедницата и истата треба уште повеќе да се
распространува на глобално ниво, до таа мера што функцијата на овие институции треба
да стане основна навика и потреба на заедницата.
Функцијата на библиотеките, со сите свои нови процеси на таквата воспоставена
88
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
инфракструктура на дејност, да биде место каде што просторно, технолошки,
интелектуално и социјално ќе биде база на податоци и информации и центар на
заедницата и на сите институции слични на неа.
Народните библиотеки често се сметаат за „можни институции“, кои треба да
ги отворат вратите за сите корисници. Но, корисниците и сите други субјекти наместо
да се свртуваат кон библиотеките како што треба, во иднина да бидат замислени, тие
повеќе имаат за цел да пристапат на интернет, да добијат помош за продолжување или
барање работа; постарите лица или лицата кои бараат работа да ги добијат потребите
услуги и информации, учениците да добијат услуги од интернет итн., што значи овие
субјукти не ја сфатиле правилната улога на библиотеката. Од ова може да се заклучи
дека одредени дејности во библиотеките опфаќаат и дел од социјалната структура, па
поради тоа се смета дека „ниту една друга институција, јавна или приватна, не е подобра
отколку библиотеката, која, преку својата работа, може да придонесе најмногу за
ваквата категорија корисници, кои биле оставени на маргините во денешните услови на
функционирање на општеството во сите области, а кои не успеале да се најдат себеси со
својот потенцијал, во градскиот јавен, училишен систем, или едноставно им треба помош
за навигација, насочување во сѐ покомплексниот свет во кој живееме“.
Библиотеките во одредени земји во светот, особено во САД, каде јавните библиотеки,
во партнерство со други институции, ги пренесуваат библиотечните услуги на постарите
лица, на децата и на други корисници, а целта им е да се подобрува смислата на животот.
Ние во тој процес сме помагачи, односно конектор во самиот процес. Примерот со Бамберг,
детската библиотека.
Библиотеките во заедницата треба да бидат „отворени“, достапни и добредојдени
јавни места, каде што жителите можат да се соберат и да им се даде поддршка кога им е
потребна.
Во поново време се јавува дилема во врска со понатамошното функционирање и
дејноста на библиотеките, како, на пример, дали библиотеките треба да се пренаменат и
насочат како центри за граѓански ангажмани, каде што заедниците можат да дискутираат
за локалните прашања, да создадат медиуми и да архивираат историја на заедницата;
дали треба да ги вклучат студијата за медиумска продукција, просторите за производство,
односно да се репозиционираат, да еволуираат и развиваат како информатичка и
образовна инфраструктура?
Тоа не значи дека библиотеката треба да се откаже од одредени слоеви граѓани
во заедницата и да се фокусира на елитен патрон или група, напротив, образованите
и талентирани корисници треба да ги донесат своите знаења, способности и талент во
библиотеката, во нејзините социјално-инфраструктурни ресурси како придобивка во
процесот на работа и дејност. Така библиотеката ја остварува и својата улога на отворен
простор, што дава можност да не се заборави самата библиотека, да се користат нејзините
ресурси и фондови, инфраструктурата на складирање и системот за испорака што го
сместува. Сето тоа има огромно значење дури и во дигиталната ера.
Во поголемите библиотеки и универзитетски центри во светот постојат повеќе
материјални и технички предуслови, како големи читални, оддели за конзервација, за
дигитализација, подземни складишта за книги преземени од робот. На пример, Државниот
универзитет во Северна Каролина располага со роботски начин на складирање и
пребарување во системот, така што библиотеката може да собере повеќе книги на терен,
како и да ја исполни својата цел да обезбеди следење за 20% од студентската популација.
Во поново време, следејќи ја работата на библиотеките во светот, се доаѓа до заклучок
дека институциите од оваа област ја надоградуваат својата функција врз база на своите
можности и услови на развој, следејќи го чекорот на новиот момент на библиотечниот
тренд. Бруклинската народна библиотека отвори простор за корисници на лап-топ и
многу деск-топ компјутери со креативни софтверски програми. Таму има и простор за
89
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
конференции опремени за телеконференција, студио за снимање, лабораторија за обука
која нуди низа дигитални медиумски работилници за уметност и дизајн. Се спроведуваат
и бројни курсеви и работилници, како, работилници за уредување, за изработка на
креативни бизнис техники, индивидуални состаноци со бизнис советници, компјутерски
часови за повозрасни итн.
Се разбира, со сите овие нови активности доаѓаат и нови просторни барања.
Библиотекарите подолго време се залагаат за слободен и демократски пристап до
информациите, за тоа им се потребни доста средства и помош од заедницата за да можат
да ја спроведат политиката на технолошки иновации.
Сепак, библиотеките треба да останат фокусирани на долгорочни културни
цели кои треба да се одржат, без оглед на тоа што интернетот ќе одлучи да направи во
иднина. Покрај сите промени, никогаш не смееме да ја занемариме основната улога на
библиотеката која мора да постои, без разлика на сите технолошки процеси коишто ќе
влијаат врз развојот на овие институции.
Како што вели Зади Смит, „дека е убаво во њујоршкиот преглед на книги ризикуваме
да ја загубиме улогата на библиотеката како „поинаков вид на општествена реалност (од
тродимензионален вид), која по самото постоење поучува за систем на вредности надвор
од фискалната“.
Барбара Фистер, библиотекар во колеџот Густавс Адолф, понуди еднакво
елоквентно барање и предлог за библиотеката како простор за исклучок. Библиотеките не
се, или барем не треба да бидат, мотори на продуктивност. Ако ништо друго, тие треба да ги
забавуваат и заинтересираат луѓето и да ги придобијат со неочекувани, креативни, чудни
и необјасниви иновативни дејности кои ги поседува човечката креација. Продуктивноста
е деструктивен начин за да се оправда вредноста на поединецот во систем кој е природно
комунален, а не индивидуалистичка или претприемничка игра со нулта сума што треба
да ја победи најтранспарентната.
Според нејзиното тврдење, библиотеките „секогаш ќе бидат во неповолна положба“
на Google и Amazon, бидејќи тие ја ценат приватноста; тие одбиваат да ги искористат
приватните податоци на корисниците за да го подобрат искуството за пребарување.
Сепак, неуспехот на библиотеките да се натпреваруваат во ефикасност е она што им дава
да понудат „поинаков вид општествена реалност“. Може да се рече дека има простор за
претприемничко учење во библиотеката, но исто така мора да има простор за искажување
на учењето и знаењето каде не мора да има монетарна вредност.
Од сето ова досега искажано во мојот труд, треба да се заклучи дека библиотеките
во дваесет и првиот век и понатаму треба да се модернизираат, развиваат на сите начини
кои погоре ги набројав, па и други кои не ги набројав, а кои можат да се видат од повеќе
држави во библиотеките и да ни служат како пример во нашата држава што од сето тоа
можеме да примениме. Затоа меѓународната соработка е навистина голема потреба за
размена на искуства, кои ќе ни служат, согласно условите во нашата држава, да примениме
ние тука, а што пак тие држави можат да земат од кај нас.
Според досегашните истражувања, искуства и развој на библиотечната дејност во
наши услови, идните приоритети на библиотечната дејност се следните:
• Дигитализација на книжниот фонд;
• Редакција на постоечките бази на податоци и усогласување со библиотечниот
фонд на повисоко ниво;
• Натамошно и перманентно опремување со информатичка опрема;
• Активен однос кон манифестациите преку различни форми и облици за
збогатување и популаризација на книгата, културата на читање, работењето на
библиотеките и културата воопшто;
• Нов пристап кон медиумите и соработка со соодветни институции, друштва и
90
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
здруженија од областа на културата, науката и образованието при реализација на
програми од заеднички интерес и интерес на граѓаните и заедницата;
• Соработка со соодветни институции од земјата и странство;
• Современ пристап кон библиотечното работење со постојано следење и вклучување
во светските процеси од оваа област;
• Особен однос и пристап кон заштита на библиотечните добра, особено книжното
наследство;
• Обука и стручно усовршување на кадрите во сегментите и платформата на
програмата која се користи во процесот на работа.
Заклучок
Во текот на истражувањето и развојот на дигиталните и традиционалните
библиотеки за во иднина, се препорачуваат неколку приоритети како решенија за нивниот
развој и вклопување во современите трендови:
• Да се збогатува културниот живот на нацијата;
• Да се даде поддршка на сите истражувачки заедници во клучните области за
обезбедување социјална и економска корист;
• Да се овозможи пристап секому што сака да истражува;
• Да се даде придонес и да се овозможат услови за зголемување на базата на знаење
и менување на контекстот.
На крајот, вреди да се напоменат блиските паралели помеѓу моделот на дигитални
библиотеки и главниот облик на современи библиотеки, кои произлегоа од поранешните
расправи за традиционалните сфаќања на библиотеките.
Сите споменати модели ги карактеризира подеднаквата важност на информацијата
и нејзиното користење, додека осмислувањето на процесот, во смисла на откривање,
лоцирање и испорака на изворот ги одредува прашањата на практична реализација, што
од најраните периоди предизвикуваше загриженост кај творците на библиотечни услуги.
Сепак мојот став е дека библиотеките треба и мора ја задржат својата традиција и
сите дејности што ги врши денес библиотеката, а да имаат спој и со новите трендови
кои ги набројавме, а во кои најмногу да се стави акцент во поблиската иднина на
дигитализацијата. Ова значи спој помеѓу старото и новото. Библиотеките се основата,
корените и писменоста на секоја држава и треба сепак да постои библиотеката со ваков
спој.
Користена литература:
1. Brofi, Piter. 2005. Biblioteka u dvadeset prvom veku – nove usluge za informaciono doba.
Beograd: Clio
2. Библиотечната дејност во Битола и Битолско. Кн. 2, од 1974 година до 2013 година,
составувачи Анета Стефановска... и др. 2013. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“
91
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Библиотеките и образованието
м-р Аница Глигорова-Милева, виш библиотекар
ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ – Струмица
Abstract
Librarian is a specific type of occupation that more or less all encounter in life, but the
job very little is known regarding his skills, abilities and knowledge that apply to the operation.
Many believe that library work is monotonous and uneventful. But in the modern librarian
should be a person who would sit behind the bench and his work be limited to publishing books.
Librarians should pay attention to modifying their traditional services, services that will pro-
vide availability in the use of all sources of information. That means he should be opismenet
information, ready to recommend books and give them the necessary information to users. So,
with positive changes in education, changing the function of libraries and the more it grows
into a library, information and multimedia center. With the work of the librarian becomes more
complex and dynamic that requires management skills.
Key Words: management, librarians, users, service, library fund library equipment, library
space.
Работата со корисниците библиотекарот треба да ја организира на начин кој ја
следи максимата на еден голем теоретичар (и практичар) на библиотекарството, индиецот
С.Р. Ранганархан: „На секоја книга – нејзиниот читател“ и „За секој читател –неговата
книга“. Во современата практика нејзината парафраза сега би можела да гласи: за секоја
создадена или понудена информација ќе се најде корисник, односно за секој корисник
има информација. Значи, улогата на библиотекарот е да знае да ја понуди вистинската
информација на секого. На секоја работа ѝ претходи планирање на работата, кое треба
да биде прецизно, реално и во функција на реализирање на работата. Леонардо да Винчи
рекол: „Кој се зафаќа за пракса без теорија, тој е како кормилар кој управува со бродот без
кормило и компас и никогаш не е сигурен каде плови“.
Директната работа со корисниците, освен стручно-библиотекарски компетенции,
бара истовремено познавање и на педагошките и комуникациските вештини. Стручно-
информациското работење на библиотекарот бара концентрација, професионална обука
и континуиран професионален развој, а културно-јавната активност на библиотеката ги
отвора вратите за двонасочна комуникација и овозможува организирање културни и други
манифестации кои од библиотекарите бараат и менаџерски способности. Библиотекарот
има можност да експериментира со различни можности кои ги нуде библиотеката. Целта
на сите овие активности е да се развие и да се зајакне свеста кај учениците и корисниците
дека библиотеката е извор на знаење, учење и простор во кој може корисниците да ги
покажат и пласираат сопствените знаења и вештини преку игри поврзани со книгата и
читањето, мали истражувачки проекти, литературни средби на кои учениците ќе можат
да се сретнат со книжевни автори или да презентираат свои дела, часови по лектира на
кои учениците можат да се оспособат самостојно да користат изворите и да ги пронајдат
потребните информации, мултимедијални часови во кои библиотекарот може да им
помогне на наставниците, ставајќи го на располагање целиот книжен, а особено некнижен
92
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
библиотечен материјал: компјутерот, интернетот, колекцијата на CD од различни наставни
содржини, снимени часови од училишната програма од ТV и сл.
Целта и задачите на современиот образовен процес е да ги оспособи учениците за
самостојна работа, самообразование и подготовка за перманентно образование во текот
на животот. Затоа библиотеката ги насочува корисниците како да дојдат до потребната
информација, како да го пронајдат вистинскиот извор, како да го разликуваат важното од
неважното, вистината од невистината, критички да ја проценуваат нивната вредност и да
знаат да ги комбинираат и користат. Целта е да се оспособат учениците поединечните
наставни задачи да знаат да ги обработат во корелација со повеќе наставни предмети и со
повеќе информациски извори со кои располага библиотеката. Преку различните облици
на работа со учениците библиотеката им овозможува проширување на знаењето,
постепено ги оспособува за самостојно учење и самостојно пронаоѓање извори на
информации, ги поттикнува на творечко и критичко мислење при пронаоѓање,
селектирање, вреднување и примена на информациите. Информациската писменост
вклучува разбирање и употреба на информации не само од класичните извори на
информации, туку и оние со посредство на современата технологија. Улогата на
библиотекарот е да ги запознае учениците со потребата од самостојно снаоѓање во светот
на информациите и нивно вреднување. Новата генерација ученици се генерација на
„читатели на електронски изданија“ во однос на старите генерации „читатели на печатени
изданија“. Децата и младите денес многу читаат, но најмногу од компјутерскиот екран,
електронските игри или од мобилниот телефон. Затоа на е-читателите им се неопходни
вештини за информациската писменост, за да знаат критички да пристапат на содржините
пронајдени на интернет. Информатичката писменост е способност за користење на
компјутерот и неговите програми, додека информациската писменост претставува
согледување на потребите за информации и поседување знаење како да се дојде до нив,
нивно вреднување и нивно искористување. Притоа како извори на информации може да
бидат книгите, весниците, компјутерот, телевизијата итн. Улогата на библиотекарот е да
ги подучи корисниците на информациска писменост, односно како да ја пронајдат
потребната информација, како да ја анализираат и вреднуваат и како да ја употребат.
Денешната генерација, децата и младите растат покрај интернетот. Младите луѓе кои не
можат да го замислат секојдневието без компјутер ги поставуваат новите начела на
едукацијата. Бидејќи библиотеката е еден од сегментите на образованието, се јавува
потреба од следење на овие нови едукациски програми. Користејќи го тој медиум децата
и младите можат да ги напишат домашните задачи, да дознаат новости од разни подрачја,
било да се работи за информација за нивната најнова играчка, познат анимиран и
филмски јунак, информација и песна од некој нивни пејач и др. Со помош на интернетот
можат да комуницираат со своите врсници, да склучуваат познанства и виртуелни
пријателства без просторни граници. Преку интернетот се достапни многу точни и
корисни информации, но и многу од тие информации можат да се стават под знак
прашалник. Многу од нив се непотполни и невистинити информации и можат штетно да
влијаат во обликувањето на ставовите и однесувањето на децата и младите кои преку
интернетот можат да бидат изложени и на непримерни содржини и комуникација со луѓе
кои имаат лоши намери. Учениците не се оспособени за вреднување на содржините на
интернет, па затоа библиотекарите, во соработка со наставниците и родителите, треба да
ги насочуваат корисниците кон квалитетните извори, односно за критичко вреднување
на информациите на интернет. Во библиотекарската пракса постојат разни облици за
превенции и заштита на младите од лошите влијанија на интернет. Тоа се остварува преку
проверка на дневната евиденција за користење на веб-страните, но постојат и посебни
филтри и блокади за одредени веб-страни кои оневозможуваат пристап до непристојните
содржини. Друга постапка е позната како „препорачани сајтови“. Наместо блокирање на
содржините на сајтовите (што го прави програмата Net Nanny), библиотеките,
93
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
библиотекарите и едукаторите би требало да препорачуваат корисни сајтови. Таквите
сајтови и самите ќе содржат линкови за други познати, корисни и доверливи сајтови,
бидејќи другиот начин на пребарување преку пребарувачите на глобалната мрежа можат
да прикажат стотина погодоци без никакво значење или општи податоци кои не мора да
бидат квалитетни. Тогаш постои опасност учениците да се изгубат во огромниот простор
на интернет и да наидат на тешкотија од големиот избор да ја одберат вистинската
информација. Проблемот со општите сервиси, за разлика од специјализираните сервиси
или „препорачаните сајтови“, е во тоа што нудат многу малку квалитетни информации
кои можат да ги задоволат професионалните, академските и другите потреби на
корисниците. Интернетот овозможува слобода во информирањето и комуницирањето, но
библиотекарот треба да ги насочи корисниците дека таа слобода бара одговорност –
благодетите на новиот медиум да можат да ги користат за вистински цели и на вистински
начин. Преку едукација на младите, целта на библиотекарот е да ги оспособи корисниците
за истражувачка работа, самостојно пребарување и пронаоѓање на информацијата,
развивање на критичко мислење, способноста за анализа и заклучување како клучни
способности за доживотно учење. Секогаш треба да се работи на придобивање нови
корисници. Библиотеките треба да ги користат разновидните комуникациски канали за
да ги придобијат корисниците. Интерентот во денешно време е многу важно комуникациско
средство, бидејќи голем број ученици и други кориснички профили го користат него.
Секоја библиотека треба да има своја веб-страна со привлечен изглед и да биде јасно
структуирана, за да можат сите лесно да ја пронајдат информацијата која им е потребна.
Бидејќи технологијата брзо се менува, самата веб-страна не е доволна. Денес поголем
број луѓе прво што гледаат на интернет е Facebook. Тоа е социјална мрежа на која се
среќаваат луѓе со исти интереси. Бидејќи библиотекарите треба да се присутни таму каде
што се нивните корисници, тоа значи дека библиотеките треба да отворат своја група на
Facebook. На таа страна треба да има податоци за работното време, новите книги,
случувањата во библиотеката, програмите и сл. Тоа значи дека оваа страница треба
редовно да се ажурира, а корисниците на Facebook треба да се насочуваат кон веб-страната
и на библиотеката. На овој начин, преку кратки и интригантни наслови кои привлекуваат
внимание, се овозможува бесплатна промоција, бесплатен маркетинг на библиотеката и
се добива повратна информација од корисниците. Значи, ако библиотеките имаат мрежно
поврзување или веб-страна, тие ќе можат многу подобро да комуницираат со корисниците,
а со тоа да привлечат и поголем број корисници, што е и нејзин главен императив.
Меѓународната федерација на библиотечните асоцијации (ИФЛА), меѓу другото,
прокламира: „слободниот достап до информации, без оглед на медиумот и границите, е
основна одговорност на библиотеката и информативната професија“. Библиотеките и
библиотечните служби треба да го поддржуваат правото на корисниците да бараат
информации по сопствен избор... ИФЛА ги поттикнува сите влади да го помагаат
непречениот проток на информации достапни на интернет преку библиотеките и
информативните служби и да се спротивставува на каков било потег на цензура или
кочење на достапот“. Интерентот, како што им е потребен на корисниците, така тој му е
потребен и на библиотекарот. Преку електронската пошта и интернет тој може да
учествува во дискусиите од областа на библиотекарството, да комуницира со корисниците,
да учествува во online-курсевите од областа на библиотекарството или информациската
писменост, да праќа и да прима датотеки (тексови, слики, звуци или компјутерски
програми) потребни на корисниците или на самата библиотека, да праќа или прима
библиографски записи од другите библиотеки, да ги пребарува компјутерските каталози
на други библиотеки, да ги следи електронските списанија од областа на библиотекартвото
и образованието и сите случувања и новости поврзани со библиотекарството. Добро е
познато дека опремата не значи ништо доколку луѓето не знаат или немаат идеја како да
ја користат. Библиотекарството стана професија која се учи цел живот. Библиотеките
94
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
треба да ги користат разновидните комуникациски канали за да ги задоволат барањата
на постоечките корисници, а во исто време треба да се работи многу за да се придобијат и
нови корисници. Крајната цел е да се зголеми посетеноста во библиотеката, да се поттикне
желбата за читање кај децата, градење на човечките капацитети преку индивидуалното
и доживотното учење. Многумина сметаат дека библиотекарската работа е монотона и
еднолична. Но, со позитивните промени во образованието, се менува и функцијата на
библиотеките и сѐ повеќе таа прераснува во библиотечен, информативен и мултимедијален
центар, а со тоа работата на библиотекарот станува многу комплексна и динамична.
Комплексноста и динамичноста на библиотекарската работа во денешни услови се
согледува од активностите кои треба да ги реализира во неа. Неговиот однос со
корисниците: децата, наставниците и родителите е помалку формален од оној на
наставниците. Производот на библиотеката е услугата. Единица мерка на давање услуга
е корисникот. Тоа значи дека колку повеќе услуги се даваат, т.е. колку поголем број
корисници или консументи на услугите постојат, толку библиотеката е поуспешна.
Библиотекарот не треба да биде личност која ќе седи зад пултот и неговата работа да се
сведува само на издавање книги. Библиотекарите треба да обрнат внимание на
модификување на нивните традиционални услуги во услуги, со што ќе овозможат
достапност во користење на сите извори на информации. Многу значаен е фактот дека
истата работа не треба да се работи на ист начин наредната година. Потребно е
континуирано усовршување на библиотекарот, со цел неговата работа да се прилагоди на
постојаните промени во општеството. За да може да им понуди ефективна услуга на
своите корисници, потребен е доживотен развој на библиотекарот. Новиот електронски
свет ја усложнува работата и од библиотекарите се бара поседување дополнителни
вештини и знаења. Од голема важност за библиотеките кои забрзано се менуваат е да се
ангажираат лица кои се флексибилни, кои поседуваат знаења од областа на
информатичката технологија, кои се посветени на непрекинато усовршување во струката
и кои поседуваат способност за комуницирање. Ако библиотекарот-менаџер помисли за
себе дека доволно научил за својата работа и дека во иднина ќе може да се потпре само
врз дотогашните знаења, тогаш тој ќе направи голема грешка. Индивидуалното учење
може да се дефинира како продлабочување и проширување на индивидуалните можности
со приспособување, за да се излезе во пресрет на менувањето на условите, додавање нови
однесувања, надлежности, вештини и знаења и развивање на пософистицирани
размислувања. Вработените најчесто се прилагодуваат на промените. Но често се случува
нешто ново во опкружувањето што предизвикува стариот начин на извршување на
работата да не функционира. Во некои случаи вработените ги признаваат промените, ги
предвидуваат промените, па дури и работат за да предизвикаат промена и на тој начин
генерираат учење.
„Менаџерот е слуга. Негов господар е институцијата со која раководи и според
тоа негова прва одговорност е таа институција. Прва задача на менаџерот е да управува
со институцијата, без разлика дали се работи за библиотека, болница, училиште или
универзитет, да ја извршува функцијата и да даде придонес поради она за кое и постои“
(Draker, 2006, стр.47).
Во денешно време библиотечните менаџери го следат развојот на општиот
менаџмент со цел да се идентификуваат трендовите и пристапите. Бројот и квалитетот
на услугите зависи од знаењето, креативноста, идеите и подготвеноста за прифаќање
новини од страна на библиотечниот менаџмент.
Библиотеката е задача, цел, предизвик за секој менаџер/менаџерски тим на кој
било вид библиотека. „Корисникот е основна мерка, репер на нејзината стратегиска
филозофија на дејствување, на менаџирање на нејзините активности. A корисникот се
сфаќа како поединец со единствени (посебни) информациски, образовни, психолошки
и општествени потреби“ (Модерни концепти, 2007, стр. 40). Оттука, успехот зависи од
95
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
креативноста, идеите, способноста и отвореноста за нови активности на менаџерите кои
треба да умеат да ги идентификуваат и да го следат интересот и потребите на корисниците.
Иако, повеќето луѓе не се менаџери, сепак секој човек обавува менаџер- ска функција
во животот. Процесот на менаџирање се среќава во секоја ситуација, во секојдневниот
живот и во работата со цел да се дојде до очекуваните резултати. Иако во Оксфордскиот
водич за англиски јазик manager e „личност која е задолжена за раководење со работата“,
можеме да се согласиме со тврдењето дека сите сме задолжени за раководење со работата
која по описот на нашите работни места секојдневно ја работиме. Она на што треба да
се фокусира библиотечниот менаџмент е понудата – осмислувањето и давањето услуги,
прифаќајќи ја потребата од свое перманентно доградување, совладување нови пристапи
и технологии во библиотечното работење.
96
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Современи библиотечно - информациски услуги и
потенцијални корисници
(стручен труд)
Александар Крстев, библиотекар
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
aleksandar.krstev@nuub.mk
Апстракт
Човештвото и времето во кое живееме денес просперира и се движи напред со
неверојатна брзина, секојдневно освојувајки нови полиња, под влијание на различни
прогресивни идеи и заложби на поединци или институции. Со тоа информациите и
нивниот тек се круцијални во однос на нивната достапност до единката на време и во
обем во кој таа има потреба од нив.
Во минатото секој вид информација бил пренесен од колено на колено – во усна
форма или пак во писмена – преку различните форми на комуникација, за денес да
стигнеме до една ера на апсолутна достапност на секоја една информација во реално
време. Сè што нам ни преостанува е да дојдеме до таа информација, или пак ако ја
генерираме истата да ја усмериме до правилните канали за да стигне што побрзо до
крајниот корисник.
Библиотеките, во современетото општество, со својот развиен информатичко-
кориснички потенцијал на своите читатели, во поголема или помала мера, им обезбедуваат
значаен проток и извор на информации од секаков вид. Современите библиотеки веќе ги
промовираат и ги имаат воспоставено како достапни нивните ресурси со кои располагаат,
а токму преку библиотечно-информациските услуги тој процес продолжува и во иднина.
Клучни зборови: библиотеки, библиотечно-информациски услуги, информации,
корисници
Abstract
Mankind and the time in which we live today are prospering and moving forward with
incredible speed, gaining new fields of knowledge every day, influenced by various progressive
ideas and efforts of individuals or institutions. Thus, the information and their course are cru-
cial in terms of their availability to the time for every person and to the extent that it is in need
of them.
In the past, every kind of information was transferred from generation to generation - in
oral form or in writing - through various forms of communication, for today we reach an era of
absolute availability of every single information in real time. All we have to do is to get access
to that information, or if we generate it, we urge it to the right channels to reach as quickly as
possible to the end user.
Libraries, in the modern society, with their developed information and user potential
provide their readers with a greater or lesser degree a significant flow and source of infor-
mation of all kinds. Modern libraries have already been promoting and have established their
available resources at the disposal of the end user and through the library information services
97
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
this process continues in the future.
Keywords: libraries, library information services, information, users
Поимот информација се користи во различни дисциплини и понекогаш е сосема
нејасен, но цело време го има зачувано своето значење и хеуристичка вредност. Имаме
рализчни видови информации, т.е. можеме да ја сретнеме „теоријата на информации“ –
математичка теорија која се однесува на количината и преносот на електрични сигнали;
потоа имаме користење на овој термин кога во генетскиот и наследен код и неговата
теорија спомнуваме термини како пренос на информациите, пораките и кодовите; кај
фундаменталните основи на биологијата оваа теорија на генетски код се однесува не
само на хемиската структура на материјалното наследство, туку и „информацијата“ која
во себе ја носи веќе и на молекуларно ниво; информацијата исто така е мерка и на секој
еден организациски систем, мерка на организациската порака во еден случај и самата
организација како жив организам во друг.1
Самиот поим всушност преминува во еден вид „камелеонски“ поим, ако може така
да се каже, бидејќи има широк спектар на негово користење, но, во суштина, се поврзува
со сознавањето и човековата комуникација. Според тоа, можеме да дојдеме до една
обопштена формулација за информацијата како запишано сознание кое е регистрирано
во пишана (печатена или дигитална), усмена или аудио-визуелна форма на некој вид на
медиум.2
Во таа насока треба да истакнеме дека потребата од информираност на единката
за различни видови интереси кои таа ги има, мора да биде задоволена, без разлика дали
тоа се работи за време на дигитална ера (во кое и живееме) или пак говориме за период од
неколку векови наназад, кога поголемиот дел од информациите доаѓале во пишана форма
и можеле да се најдат во различните библиотеки од јавен и приватен тип. Во денешницата
секоја една библиотека треба да се стреми кон задоволување на оваа потреба кај своите
корисници, т.е. на истите да им доставува навремени и точни информации за која било
сфера од нивниот интерес.
Следствено на тоа, за да ја опфатиме точно проблематика која е предмет на
наша обработка, треба да се насочиме кон три сегменти од севкупниот процес на работа
при еден развиен библиотечно-информативен систем, а тоа се: согледување на реална
состојба, едукација и развој.
Имено, доколку говориме за нашето опкружување, реална би била констатацијата
дека во време на апсолутна дигитализација на содржини од секаков вид, како и време на
достапност на информациите насекаде и веднаш, библиотеките кај нас, во голема мера,
имаат проблем да се носат со технолошкиот напредок во светски рамки. Ова го говориме
бидејќи во дел од нив има потреба за обновување на техниката (компјутерите) кои се
користат од страна на корисниците, во дел од нив имаме недоволен број компјутери или
пак истите се делумно непристапни за крајниот корисник. Во таа насока има потерба
од возобновување на тој дел од опременоста на секоја библиотека во Р. Македонија
(без разлика дали се работи за јавните, специјализираните или високошколските и
универзитетски библиотеки, креирање на мали (мини) катчиња за обука и користење на
тие ресурси (компјутери) од страна на читателите и со тоа искористување на потенцијалот
кој се пружи во насока на едукација на пошироката јавност.
Во принцип, иако е незамисливо во овој технолошки развиен и дигитализиран
свет да најдиме лице кое е аналфабет во однос на компјутерската писменост, сепак
имаме почетници или пак постари лица кои поспоро или со потешкотии се снаоѓаат при
1 A. Lichnerowicz. Information et communication. Paris: Maloine, 1983, стр. 23
2 Le Koadik, Iv-F. Nauka o informacijama. Beograd: Clio, 2005, стр.8
98
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
користењето на компјутерската технологија и во таа насока библиотекарот може и тоа
како да им се најди од корист. Тука е значаен сегментот на едукација, бидејќи не само што
ќе му се помогне на корисникот да ги совлада пречките кои би ги имал при користењето
на компјутерот, туку истовремено и ќе се насочи, обучи и оспособи успешно да ги користи
и да пребарува во различните бази на податоци кои ги има на располагање библиотеката,
а со тоа во целост да му бидат достапни ресурсите со кои располага самата установа.
Тука доаѓаме до една позитивна страна, кога се зборува за ресурсите со кои
располагаме како библиотеки и во однос на согледување на реалната состојба со која
се соочуваме, а тоа се базите на податоци кои можеме да ги презентираме до нашите
крајни корисници. Генерално, секоја една библиотека во Р. Македонија во завидна
мера го има внесено својот фонд во COBISS системот, кој го користиме за пребарување
на библиотечниот материјал и тоа е една апсолутно позитивна страна од аспект на
запознавање на корисникот и стекнување на информации кои му се нему потребни.
Овој систем практично ги поврзува сите библиотеки во Р. Македонија во една
заемна библиографско-каталошка база на податоци, која располага со над 1000 врски
(линкови) до е-извори, 380 000 книги, 136 000 статии, 11 400 списанија, 950 CD/DVDA-а3 и
друг вид библиотечен материјал во над 40 библиотеки во нашата земја, а преку истиот
крајниот корисник исто така има можност да се поврзи и со библиотеките во: Албанија,
Босна и Херцеговина, Бугарија, Словенија, Србија и Црна Гора и да ги пребарува нивните
фондови и материјалите кои тие ги поседуваат.
Останатите системи кои ни се на располагање во Р. Македонија и кои можеме да
ги понудиме до крајниот корисник, сè со цел за тој да се здобие со повеќе информации од
одредена област на интерес, се следните:
E-CRIS – веб-апликација која Институтот за информациски науки во Марибор
(IZUM) бесплатно ја понуди на корисниците на апликациите COBISS, има за цел да
воспостави евиденција на истражувачите и установите во Република Македонија.
E-CRIS базата е неопходна за следење и евалуација на резултатите од
истражувањата реализирани во рамките на повеќе национални библиотечно-
информациски системи од мрежата COBISS.Net. Националниот E-CRIS систем е поврзан
со националниот библиотечно-информациски систем COBISS и овозможува непосреден
увид во биографските и библиографските податоци на истражувачите и истражувачките
организации. Националниот E-CRIS систем вклучува база на податоци за истражувачи,
истражувачки организации и оддели и истражувачки проекти. Податоците во базата се
меѓусебно поврзани. Податоците во базата се внесени на македонски и англиски јазик
(веб страна: http://e-cris.mk.cobiss.net/).4
INIS центар за Р. Македонија – INIS е водечки светски информациски систем
за употребата на нуклеарна енергија во мирновременски услови. INIS функционира во
рамките на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), во соработка со земјите
членки и со кооперативните интернационални организации. INIS базата на податоци
од библиографските записи како и NCL литература сега веќе е достапна бесплатно на
интернет страната на IAEA (http://www.iaea.org/inis/).5
EBSCO6 - базите на податоци, кои во текот на своето 70-годишно постоење имаат
изградено силни врски со библиотеките, издавачите и други обезбедувачи и предлагачи
на научни и стручни трудови и содржини во електронска форма. Со тоа се изградија во
лидери во индустријата за библиотекарски услуги, при што постојано инвестираат во
истата за на долг рок да се осигураат со раст на нивните продукти, сервиси и технологии
3 Преземено од: http://www.vbm.mk/cobiss/, на ден: 10.10.2017
4 Преземено од: http://nuub.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1017&Itemid=104, на ден 10.10.2017
5 Преземено од: http://nuub.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1018&Itemid=105, на ден 10.10.2017
6 https://www.ebsco.com/
99
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
за крајниот корисник.
Со тоа библиотеката, како установа која им овозможува на своите корисници да
учат, има значајно место во општествената рамка на континуирана едукација на единката
и нејзино оспособување за напредок и развој. Во таа насока, како презентирање на
иднината која следува секој еден оддел за информации во рамките на самата библиотека
има за задача да ги привлечи корисниците и истите да ги задржи со тоа што ќе им
презентира навремени, точни и информации кои ќе им бидат од корист, а од друга страна
ќе им овозможи на сите заинтересирани различни видови ресурси кои ќе ги доведат до
саканата цел (стекнување некој вид сознание за одредена проблематика).
На тој начин се втемелува патот на секоја една институција и се продуцира иднина
која е посакувана од сите, вработените во библиотеката и нејзините корисници. Но кој е
предвидениот развој, која е таа иднина каде треба да се стремиме?
Практично, навременото и структуирано доставување на информациите до
крајниот корисник, информации од секаков вид. Едноставно треба да бидиме свесни дека
светот е крајно глобализиран и вмрежен и помина ерата кога иднината ја генерираме
„секој за себе“. Затоа библиотеките треба да се приклучат кон оваа тенденција во насока
на генерирање на информации кои можат да бидат од корист за пошироката јавност, но
и специјализирани информации кои ја таргетираат потесната заедница каде се наоѓа
локалната библиотека или одреден слој и типизација на луѓе. На пример, на својата
web страна или на социјалните медиуми (каде секоја една библиотека треба да биди
присутна заради брзиот начин на комуникација и посетеноста на овој вид платформи)
може да се пласираат информации за случувања кои ги организира некое астрономско
друштво – во рамките на некоја друга институција во населеното место или градот каде
се наоѓа библиотеката и истовремено (во склоп на истата информација) да посочи книги
и литература која ја поседува во својот фонд од таа проблематика. На тој начин не само
што ќе придонесе кон зајакнување на локалната заедница и вмрежување со другите
институции, туку ќе предизвика и задоволство кај крајниот корисник, како и негово
привлекување кон просториите на самата библиотека, а со тоа и кон светот на книгата –
што е ултимативна и крајна цел на секој еден библиотекар.
Од друга страна пак, може да се размислува за собирање иформации од други
значајни културни и друг вид институции од локалната заедница или градот во кој се наоѓа
конкретната библиотека, со што на тој начин им се овозможува на сите оние посетители
(особено на посетителите од странство) да можат во просториите на библиотеката да
дојдат до корисна информација за која било нивна потреба или пак за информација каде
може да најдат и да посетат: музеи, археолошки наоѓалишта, урбани локали, национални
паркови, кино сали, каде да најдат мапи на градот, редослед на јавниот превоз и слично.
Само на тој начин и со такво размислување можеме да говориме за библиотеките
на новото време, библиотеки кои со помош на библиотечно-информациските услуги
секојдневно ќе привлекуваат нови корисници, а начините тоа да се направи се безмерно
неограничени – како од ресурсна страна (финансии или техничка опременост), така
и од сознајна и интелектуална страна, т.е. образованост и проникливост на секој еден
библиотекар кој работи во тие оддели.
Во рамките на секоја библиотека ширум светот одделот за библиотечно-
информациски услуги треба да е „user friendly“ – односно секогаш наклонет кон крајниот
корисник и единствената цел која ќе ја има пред себе да е постојаното пласирање на нови
и интересни содржини и информации, со цел да се придобие вниманието на единката и
истата да се насочи кон просториите на библиотеката. Само така, во еден дигитализиран
и глобализиран свет, ќе го зачуваме интересот и потребата од нејзиното височество:
книгата.
100
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Користена литература:
1. Бошески, Миле. (1999). Историски развој на писмото, книгата и библиотеките,
Библиотечно работење во народните библиотеки, Скопје: НУБ „Климент Охридски“.
2. Brofi, Piter. (2005). Biblioteka u dvadeset prvom veku, Beograd: CLIO.
3. Klejton, Piter i Gari, J., Gorman. (2003). Upravljanje izvorima informacija u bibliotekama,
Beograd: CLIO
4. Lichnerowicz, François Perroux. (1983). Information et communication. Paris: Maloine
5. Le Koadik, Iv Fransoa. (2005). Nauka o informacijama. Beograd: Clio
6. Сечиќ, Дора. (1998). Информациски услуги во библиотека. Скопје: НУБ „Св. Климент
Охридски“.
101
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Мултикултурални библиотеки
Тања Гошева, виш библиотекар
Локална установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ – Струмица
Мултифункционален граѓански информативен центар
email: tanjagoseva@yahoo.com
Апстракт
Во трудот се презентирани реални резултати од спроведеното истражување,
со цел да се утврди улогата на библиотеката во современата мултикултурна средина.
Главна цел на трудот е да се открие како библиотеката ги наметнува предизвиците на
мултикултурното општество.
Abstract
The paper presents real results from the conducted research in order to determine the
role of the library in the contemporary multicultural environment. The main goal of the paper
is to discover how the library imposes the challenges of a multicultural society.
Малиот, но успешниот тим библиотекари кои пожртвувано, полни со елан и со
голем ентузијазам, работат во библиотеката од понеделник до петок, со работно време од
7 до 19 часот, го сочинуваат: Тања Гошева, виш библиотекар, директор на Локална установа
библиотека „Благој Јанков Мучето“ – Струмица со работни задачи и во роднокраен
оддел; Нада Витанова, самостоен библиотекар во оддел за возрасни; Наташа Василевска
Трајчевска, виш библиотекар во оддел за деца; Зага Сувариева, оддел за периодика;
Зора Митева, самостоен библиотекар во клон с. Василево и Аница Глигорова Милева,
виш библиотекар во клон во с. Муртино; Драга Бјадова, референт благајник; Љуба Поп
Алексова, домакин.
Во Библиотеката има континуирани настапи, изложби, живи или интерактивни
предавања, место каде постојано се случуваат интересни настани. Резултатите
се видливи во современото мултифункционално окружување на институцијата.
Најпосетена институција од културата во градот, која покрај главната цел се посветува и
на истражувањето. Вработените во Локалната установа Библиотека со голем ентузијазам
прават сѐ за да се дојде до сознанијата потребни на корисниците, овозможувајќи им помош
во нивните барања во мултикултурното опшртество. Посебно во однос на корисниците,
но и на оние кои не се членови, а имаат потреба од услуга во Библиотеката, без разлика
дали се работи за присуство од етничко или национално малцинство.
Мултифунционалната библиотека се појавува и како издавач на роднокрајни
автори и на нивните дела во период од 2013 до 2017 год. 70 пати, доближувајќи ја книгата
до читателот, но, пред сѐ, е фактот дека средината во која се работи и твори е расадник
на квалитетни автори, чии дела не стојат на рафтовите да ја собираат прашината, туку
се во интерес на корисниците за кои се и наменети – за читателите. Мултикултурална
библиотека со традиција на читање, со можност корисниците-читатели да дојдат и
да прочитаат дневни весници, месечен весник, списанија за деца и возрасни со цел за
истражувањата кои им се потребни во кој мултифунционалната библиотека за своите
активности редовно ги известува граганите, но и истражувајќи ги нивните потреби за сѐ
поголеми активности кои се во интерес на корисниците.
Имено, идејата најдобро да се претстави на најдобар начин во 2006 година, беше
102
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
главната лозинка на основачот на локалната библиотека. Отелотворена е желбата да се
стекнат и да се прошират знаењата од областа на литературата, филозофијата, науката и
уметноста на едно место. Сите библиотеки во нашата република се умрежени преку ВБМ
– Виртуелни библиотеки на Македонија, поврзани со Националната и универзитетска
библиотека „Св.Климент Охридски“ во Скопје преку мрежа на заеднички културни
програми, па во рамките на институцијата постојано се случуваат важни културни
активности, меѓу кои и конкурси распишани на територијата на цела држава, а ги
организира Библиотека за творци кои аплицираат во три категории: категорија деца од
основни училишта, средни училишта и возрасни творци – пишувачи.
Струмица е град каде што наследството е почитувано и зачувано. Многумина се
согласуваат дека понекогаш доволно е да се влезе во Библиотеката со цел да се доживее
просветлување. Библиотеката е поддржана на првиот кат 2006 год. со проектот на УНДП
„Пријателски библиотеки за сите граѓани“, финансиран од Кралството Норвешка, но и
дел од Општина Струмица. Со реконструкцијата старата библиотека се трансформира
во посовремена и функционална средина. Во тоа време е реновиран и подрумскиот
простор, но главната работа остана: Библиотеката сѐ уште е тивко место, најатрактивното
место на самото шеталиште наспроти СОУ „Јане Сандански“ – гимназија и ООУ „Сандо
Масев“, основно училиште. Спектакуларниот изглед не донесе бучен спектакл, така
што Библиотеката останува мешавина на корисници од градинките, кои се бесплатно
запишани во Библиотеката, ученици од основните училишта од Струмица и населените
места, ученици од средните училишта во градот и дисперзиран факултет „Гоце Делчев“,
ФОН, Приватни факултети за туризам и менаџмент, лица со посебни потреби бесплатно
зачленети, корисници на социјална помош бесплатно зачленети и др.
Студентите доаѓаат на курсеви, предавања, изложби; членовите позајмуваат
книги, поминуваат денови во читалната; туристите се воодушевени од модерната идеја.
Со сопствени, општински и буџетски средства, уреден подрум каде што се наоѓаат
простории и депо за странска литература, депо стручни книги за студенти и простории
училница во која редовно, повеќе од 15 години, се одржува Општинскиот натпревар „Млади
библиотекари“, натпревар за ученици од сите основни училишта од Општина Струмица,
но и од општините Василево, Општина Босилово и Општина Ново Село. Учениците кои
се запознати со работата на библиотеките, од историскиот развој на писмото, книгата
и библиотеките користејќи го Прирачникот кој им е достапен преку училиштата и
подготвени со знаење, се натпреваруваат. Но, факт е дека ваков натпревар е потребен
и за ученици од средните училишта кои се заинтересирани за библиотекарството, кој за
нив е предизвик при запишување на одредени факултети по завршувањето на средното
образование.
Мултифунционалната библиотека поседува и сочувано наследство кое треба да се
конзервира и резервира, чува над 750 книги од XVIII век, односно од 1768 год до 1945 год.
Со проект конзервирана и реставрирана до дигитализирана публикацијата, „Печалбари“
од Антон Панов од 1939 год. во НУБ „Св.Климент Охридски“ – Скопје.
Интерактивните видео презентации, аудио-визуелни водичи за најмали, но и за
возрасни, се дел од активностите на посетителите при нивните групни посети, претходно
организирани од градинките и основните и средните училишта.
Особено интересни се постојаните поставки вредни за посета. Првиот се наоѓа во
читалната која секојдневно ја користат ученици, студенти и возрасни корисници, кои
истражуваат и читаат весници и списанија, кои, покрај книгите, редовно се набавуваат
во Библиотеката, но и пребарување на „Службен весник на РМ“, кој Библиотеката го
набавува и во печатена и во електронска форма. За оваа форма на информација има
голем интерес од голем број грагани кои, по основ на изгубен документ, излегува во „Сл
Весник“. Библиотекарот им помага да се пребара весникот, а тоа за граѓаните е од голема
полза, со тоа што за кратко време можат да добијат нов документ, Простор за промоции
103
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
и за изложба на европски проекти кои се дел од планираните активности, тргнувајќи од
фактот дека ЕУ инфо точка се наога во Библиотеката со материјали, но и навремени и
сеопфатни информации за Европската унија, прослава за 9 Мај, со цел поголема достапност
и зголемен проток на информации за Европската унија до граѓаните. Конечно, не е ни
чудо што многу експерти сметаат дека Библиотеката е една од најважните институции,
пред сѐ благодарение на исклучителниот ангажман на директорот и многу малиот број
вработени библиотекари и нивнаата отвореност на „глобалното знаење“, а, од друга
страна, негување на сопствени вредности, овој бисер на Струмица во институција која е
формирана далечната 1946 год, каде влезот е слободен, е од посебно значење.
Модерното планирање е проследено со дигитален развој, со можност да се заврши
онлајн, нарачување, резервации, па дури и испорака на книги на домашна адреса, без
разлика на етникум. Секој читател е добредојден и кон секој со голем професионализам
библиотекарот го услужува, фамилијалните уписи се успехот на зголемениот број
корисници. Најмалите го прават она што го прават возрасните, па така, со препораката
кон родителите „Читајте, тоа ќе го прават и вашите деца!“ успехот не изостанува. Системот
за пребарување е едноставен, а чекањето не трае долго.
Покрај оваа отвореност кон редовните корисници, исто така е и соработката со
културните институции и невладините институции и организации, одделението за
мегународна соработка и европските фондови. Мултикултуралната библиотеката е
„отворена“ за да позајмува материјал и простор на изложби и, презентирајќи информации
за проекти, кога клиентите се, главно, странски архиви, музеи и сл.
Од 2006 година наваму, со реконструкција на Библиотеката и со отварањето на ЕУ инфо
центарот, Библиотеката беше посетена од амбасадорите на Франција, Велика Британија
Шпанија и Русија и сите, воодушевени од малиот храм од 800 м2, донираа книги на своите
јазици, а францускиот амбасадор донираше книги од својата приватна библиотека. На
наше задоволство во мултифунционалната библиотека сега постојат: француско катче,
американско катче, англиско катче, шпанско и руско катче со преку 5000 изданија.
Во самата Библиотека постојат и компјутери за вработените, но и компјутери
кои ги користат корисниците за свои потреби во читалната, но и во одделите за деца
и возрасни, каде што библиотекарите им помагаат при пребарување или за одредена
потреба на корисникот надвор од пребарувањето на книжевен фонд, кога треба да се
направи пребарување, пр., на фајсебук, пребарување на е-маил, пребарување на услуги
од банки, сѐ во интерес на корисници на бозрааст од 4 години, колку што има најмалиот
корисник, но и помош на корисници (највозрасниот корисник во Библиотеката има 85
год.), каде се чувствува и духот на ХХ век и интернет врската.
Читалната е на вториот кат, посебна удобна просторија за читање, мирно катче
во кое читателот може во тишина да го користи просторот за свои потреби, без да биде
вознемируван. Корисниците можат целосно да ги искористат моментите на присуство
во Библиотеката која има постојана интернет врска. Само тука, во читалната, може да
прелиста и прочита дневни весници и списанија кои не се издаваат надвор од Библиотеката,
но и дел од архивската граѓа, како и богатството на роднокрајниот оддел во кој се наоѓаат
книги од струмички автори. Нема област од која нема експерти, истражувачи, магисти,
доктори на науки луѓе кои творат и пишуваат за одредена област. Книгите, кои се во еден
примерок, не се издаваат од мултифунционалната библиотека.
Тука би го спомнала роднокрајниот автор за деца и возрасни Видое Подгорец, кој има
напишано и објавено преку 110 наслови на книги, од кои некои се преведени на 17 јазици,
како што е книгата „Белото циганче“, кое сѐ уште е и лектира која се обработува во
основните уличишта во републиката и др. Нив ги користат и студентите на Факултетот
за образовни науки. Објаввена е персоналната библиографија на трудовите на Видое
Подгорец. чиј составувач е Тања Гошева (издадена 2001 год.), потоа за Кочо Урдин, Митко
Маџунков, Васе Манчев, Иван Котев, проф. др. Илија Велев и плеада струмичани. Не
104
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
може, а да не го споменеме Никола Маџиров... такви ги има во роднокрајниот оддел при
Локалната установа, близу сто и педесет. Традиција на луге кои си ја олеснуваат душата,
професионални творци, љубители на пишаниот збор, докажани писатели кои смисолот
и спокојот го наоѓаат творејќи на бел лист хартија, не е важно дали буквите ќе се сини,
црвени или црни. Нивните мисли се токму на листот кој е наменет за читателската публика
со која може да се пофали Библиотеката во Струмица. Библииотекатав е ризница на
пишувачи на книги, а со тоа и бројните побарувања од страна на авторите Ббиблиотеката
да се појави како издавач на нивните дела.
Но, факт е дека самото издаваштво претставува и респект од страна на барањето
на авторот Библиотеката да се појави како издавач и обостран стимул и за Библиотеката
која постои, но и задачата Библиотеката е да набавува, пред сѐ да чува творештва кои се
напишани од творци, пред сѐ вљубеници на пишаниот збор.
Местоположбата на Библиотеката е од големо значење и за корисниците, па
библиотекарите кои работат на пултот знаат дека, со самото отварање во 7 часот наутро,
Библиотеката е посетена од корисници кои наутро прошетуваат во паркот и на враќање
ја посетуваат Библиотеката за да позајмат книга, учениците од основните и средните
училишта позајмуваат во период на пауза, завршување на часовите од 7 до 19 часот, во
зависност од смената кога одат или кога се враќаат од училиште. Возрасната популација
посетата на Библиотеката ја прават за време на паузата, во текот на работниот ден или по
завршување на работа. Студентите, доколку ја користат читалната, тоа го чинат во период
од 7 до 19 часот.
Интересно е што оваа важна институција стана дел од популарната култура.
Доколку се прави промоција на книга на која Библиотеката се појавува како издавач, на
барање на авторот, се овозможува промоцијата да биде медиумски снимена, тоа е секако
во интерес на Библиотеката, така и на Општината. Обезбедени со практична работа
во читалната, актуелна е и за одржување на обуки на наставници по англиски јазик од
страна на „Бритиш канцл“, но и пристап до ретки прашања, пристап до други објекти
од историско значење и стручна помош во истражувачки проекти. Сето ова го прави
библиотечниот материјал чест и мобилен. Оваа институција успеа да ја трансформира
идејата со која владееше со години: дека библиотеката е чувар на книгата, а не нејзин
донатор.
Самиот факт дека оваа Библиотека има традиција на читање, а е и гранично место
кон Република Бугарија, ни овозможува и чести средби и читања со нашите соседи од
Р. Бугарија и чести поетски средби и читања на поети од Бугарија кои живеат и творат
во Петрич, Сандански, Благоевград и посете на наши роднокрајни автори во нивните
библиотеки. Така фунционира и размената на промоции на пограничните општини
и поголема популаризација и мегубиблиотечна размена на промотивен материјал на
авторот-уметник на книжен фонд.
Во работата се претставуваат резултатите од истражувањето, со цел да се утврди
улогата на Мултифунционалната библиотека во современото мултифункционално
опкружување.
Главната цел на истражувањето е да се открие како реагираат библиотеките и ги
измамуваат предизвиците на мултикултурно општество, особено во однос на етничкото
потекло на национални малцинства. Истражувањето (делумно) го потврди првично
ставот дека испитаниците (јавните библиотекари) се свесни за нивните важни улоги
во институциите на едно мултикултурно општество, но истовремено и македонските
народни библиотеки релативно лошо нудат и промовираат посебни услуги и материјали
за нивните малцински припадници, кориснички заедници.
Пред сѐ во нашиот град има мешани паралелки во основнитр училишта, во кои
учениците учат на турски јазик. Во Библиотеката се зачленети и голем број ученици од
средното училиште „Јахја Кемал“, каде наставата е на турски јазик, има, но не и доволен
105
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
број, материјали на турски јазик. Наша задача е да набавиме книги за читателите, заради
тоа се обративме до турски културен центар. Очекуваме позитивен став во донација на
книги на турски јазик, со што ќе им се олесни изучувањето на учениците на овој јазик.
Една од основните карактеристики на денешното општество е културната
разновидност – мултикултурализам со почит кон различни култури. Толеранцијата,
дијалогот и соработката се сметаат за најдобра гаранција за мир и безбедност. Но, за
жал, самиот факт дека припадниците на различни заедници живеат во заедница или
општество, овие култури не мора да значи дека постои меѓусебна доверба и разбирање.
Затоа, во поновата литература, сѐ повеќе и повеќе се користат дваата поврзани
термини: мултикултурализам и интеркултурализам. Културната разновидност или
мултикултурализмот се толкува како постоење на повеќе култури во општеството.
Заедницата, за да го охрабри нивниот соживот, и интеркултурализмот како стимулативно-
интеракција и интеракција на различни култури, а не само слободниот развој на повеќе
(етнички) култури.
Мултикултурното општество како општество во кое различни културни,
национални, етнички и религиозни групи живеат во истиот простор, но не мора да доаѓаат
на меѓусебни односи и интеркултурно општество како она во кое различни културни,
национални, етнички и религиозни групи живеат во истата област, но исто така одржуваат
отворени односи и интеракција, размена и заемно признавање на вредностите и начин на
живот.
Во овој комплексен контекст народните библиотеки, како локални информации,
културни и образовни центри кои им служат на сите членови на нивната култура како
заедници, секако можат и треба да бидат катализатори на социјалниот развој и прослави
на различностите кои придонесуваат за промоција на мултикултурализмот, соодветно
интеркултуралноста како заедничко наследство на човештвото, преку создавање услови
за интеркултурен дијалог и хармонично покорен соживот на сите членови на друштвото.
Денес библиотеките се во фунција на културните групи на нивната заедница за одржување
и развивање на сопственото јазично и културно наследство, нивните мултикултурни
услуги функционираат како посебни програми кои се финансирани од одделни фондови,
а малцинските јазици во народните библиотеки не само што им служат на припадниците
на малцинското население, туку и им овозможува “на сите народи и народи за учење на
јазикот, запознавање на современата литература и културата, употребата на стручната
литература на овие јазици, нивната култура, збогатување, подобро разбирање и дружење
во заеднички простори.
Треба да се нагласи дека неодамнешната стручна литература е мултикултурна,
библиотечните услуги се толкуваат како обезбедување библиотечни услуги кои се посебно
наменети за недоволно застапените групи во општеството, од една страна и обезбедување
мултикултурни информации и услуги за сите библиотекари, од друга страна.
Од професионалната литература и пракса произлегува дека народните
библиотеки денес, во контекст на мултикултурализмот, најчесто нудат два главни типа
на информации или услуги: информации, знаења и вештини потребни за опстанок на
малцинствата и групите во општеството (т.н. вештини за справување) и информации и
програми во областа на уметноста и културата.
Првиот вид услуга вклучува библиотечни програми и услуги, како што се основна
писменост, информации и компјутерска писменост, информации за сместување и
можности за образование, добро информирани за различните права на поединците
во новата средина, помагаат за барање работа и упатување до надлежните владини /
агенции за егзистенцијални прашања.
Библиотеките често нудат малцински групи и нови членови на заедницата
и се карактеристични, пред сѐ, за земјите во кои сѐ уште доаѓаат многу имигранти.
Информациите и програмите во областа на уметноста и културата најчесто се однесуваат
106
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
на библиотечни материјали и програми (изложби, концерти, про-книги, работилници,
разговори, дискусии, итн.) кои се негувани лингвистички и културното наследство на сите
групи во општеството, и го охрабрува и промовира разбирањето различни вредности,
искуства и гледишта. Овој тип на библиотечна програма е услуги подеднакво насочени
кон припадниците на малцинството и мнозинството во заедницата и е примарна форма на
мултикултурни библиотечни услуги во таа заедница, земји и средини каде малцинските
групи се присутни во генерации.
Според упатствата на ИФЛА за библиотечни услуги за мултикултурна заедница,
библиотека која има тенденција да биде мултикултурна треба да обезбеди услуги за сите
членови на нејзината заедница, без дискриминација.
Mатеријалите и услугите треба редовно и активно да се промовираат на сите достапни
ветувачки средства, меѓу сите можни библиотечни корисници, но особено насочени
промотивни акции меѓу припадниците на локалната заедница малцински групи. Сите
тагови и известувања во (физички и виртуелни) библиотеки треба да бидат напишани
на сите јазици што се зборуваат во заедницата, некои од вработените треба да имаат
соодветен јазик и културно знаење, вештини и компетенции. Сите вработени треба да
бидат свесни за културата и свесни за импликациите, професионалните и етичките
прашања што се јавуваат во мултикултурализмот, со збогатени библиотечни средини.
Конечно, мултикултурните библиотеки треба редовно и систематски да ги оценуваат
вашите услуги и да го вклучат неизбежно за да се дознае дали можат да понудат
квалитетни и значајни услуги ситенегови кориснички групи.
На крајот, сѐ уште се надеваме на знаење што се случи со ова, придонесувајќи за
трансформација на народните библиотеки во современи мултикултурни библиотеки
и прифаќање на мултикултурализмот како наше глобално наследство и економски и
социјален капитал. Културната или мултикултурната писменост сега се смета за една од
основните писменоста на XXI век и може да се толкува како способност да препознаваме,
споредуваме, почитувајќи ги сличностите и разликите во културното однесување,
верувањата и вредностите во рамките и помеѓу културите.
Услугите и улогата на народните библиотеки во таквото општество и на кој начин
јавните библиотеки одговараат на предизвиците на мултикултурното општество, особено
во однос на етничките и националните малцинства, присутни се во повеќе генерации на
општеството. Иако е широко прифатена неколку децении, таа е една од поважните задачи
на современите библиотеки за поддршка на развојот на мултикултурните писменост и да
се поттикне и промовира интеркултурен дијалог, во реалноста книгата, ова не е секогаш
лесно да се постигне. Јавните библиотеки исто така се свесни за тоа кои, од една страна,
сѐ повеќе се среќаваат со корисници чии идентитети стануваат сѐ попопуларни, услугата
е посложена и бара повеќе барања, а од друга страна се намалени буџети кои тие мора
да ги дистрибуираат до сѐ повеќе и повеќе корисници, услуги и програми. Библиотеките
играат важна улога во едно културно разновидно општество, но само по правило во
принцип, или во теорија, да разберат што се мултикултурни библиотечни услуги, и дека
анкетираните јавни библиотеки сѐ уште не станале мултикултурни народни библиотеки
во современото значење на тој збор. Со цел да стане мултикултурна нивната политика,
персонал, услугите мора да почнат да ги претставуваат заедниците порепрезентативно и
поактивно и тие мора да применуваат холистички пристапи. Ова е исклучително важно
денес кога, благодарение на новите технологии и глобализацијата е фокусна точка на
мултикултурализмот. Треба да се прошират разликите за да се вклучат не само малцинските
групи заедница или држава, но исто така и различни јазични, етнички и културни групи
во глобалното општество. За да се постигне ова, библиотеките треба (да започнат) да се
придржуваат до некои насоки во работата. Прво, библиотеката или професионалната
заедница неопходно е да ги убедат носителите на одлуки и финансиерите дека сѐ уште
имаат важни информации, образование и културна улога во општеството и покрај тоа
107
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
што од неодамна се појавија најнови провајдери на слични услуги. Покрај тоа, шармот
мора да покаже и докаже дека како јавни институции се отворени за секого да придонесе
за подобар и хармоничен соживот на сите заедници и да се сврти кон едно разновидно
општество. Библиотеките треба редовно и континуирано да ги спроведуваат своите
културни анализи во заедницата и да ги проценат нивните потреби. Овие анализи, секако,
треба да се базираат на достапните официјални статистички податоци, но тие треба да
се базираат на библиотечни информации за (реални и можни) корисниците, собрани со
систематски анализи и, ако е можно, во справување со малцинските групи.
Мултикултурални библиотечни услуги денес
Иако е познато дека библиотеката овозможува :
• Позајмување книги (од библиотеката и од други библиотеки преку меѓубиблиотечно
позајмување)
• Позајмува ЦД и ДВД од фондот на библиотеката
• Користење на читална
• Користење на детско катче
• Користење на интернет и помош при интернет пребарување
• Помош при пополнување формулари, испраќање електронска пошта, скенирање
на документи, печатење и фотокопирање
• Промоции на книги, книжевни настани, саеми на книги
• Изложби на наши творци но и изложби на странски автори во интерес на
мултикултурните библиотеки
• Организирање трибини на најразлични теми
• Изнајмување на читалната за промоции и други настани кои не се во спротивност
со дејноста и улогата на библиотеката и во време кога библиотеката не работи со
корисниците
• Изнајмување опрема за презентации (ЛЦД проектор и платно)
• Соработка и организирање на различни активности, НВО, други јавни институции
од општината и др.
Заклучок
Трудот е резултат на истражувањето на работата во Локалната установа библиотека
„Благој Јанков Мучето“ – Струмица, Мултифункционален граѓански културен центар.
Вака работи Библиотеката, со надеж дека Министерство за култура на Р. зМакедонија
ќе нѐ удостои со вработувања млади образовани кадри, по основ на испразнати работни
места, по основ на вработени кои заминаа во пензија, а работните места се затворија.
Затоа и трудот го почнав со бројката имиња на вработени и работни места. Моментално
вработените се пример на вредни библиотекари, но работата нема да биде и 100% ако тимот
кој работи и сработува не е реално зголемен, а со тоа и Мултикултурната библиотека ќе
биде уште поуспешна.
108
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Движење на членството и причините за зголемување или
намалување на членарината – фактори кои влијаат кон
зголемување или намалување на нови корисници
м-р Тетута Османи, библиотекар
НУЦК „АСНОМ“ – Гостивар
Апстракт
Градската библиотеката од Гостивар работи во состав на на Националната Уста-
нова – Центар за култура „ АСНОМ“ – Гостивар. Основна задача на Библиотеката е
задоволуивање на културните, образовните, научните и други потреби на нејзините
корисници.. Бројот на нови наслови секоја година се зголемува и е предуслов за
привлекување на поголем број читатели. Се поставува прашањето како Библиотеката
да го привлече членството и да предизвика поголем број нови уписи, што значи нови
членови.
Детскиот оддел има перманентно членство кое се движи меѓу 750 – 950 члено-
ви, со исклучок на 2012 година кога брои 1018 члена и 2015 година кога брои 682 члена.
Ова претставува реален податок за да заклучиме дека во овој оддел е постигнат одреден
прифатлив стандард и членството е стабилно.
Националноста во проценти е идентична, со некои мали осцилации. Евидентно
е дека членовите од албанската и македонската популација се во некаков баланс според
бројот на членови и претставуваат заедно повеќе од 90% од вкупниот број на регистрирани
корисници: Тоа се должи и на фактот дека најголемиот број наслови на книги во
Библиотеката се на аалбански и на македонски јазик.
Факторите кои се релевантни во зголемувањето или намалувањето на членството
во Градската библиотека во Гостивар би ги поделиле на неколку групи, според карактерот и
причинителот на истите. А тоа се: 1. Социо-економскиот фактор, 2. Текничко- просторниот
фактор и 3. Промотивниот фактор.
Градската библиотека во Гостивар има релативно стабилно членство, но со
преземање на неколку чекори, односно активности, со сигурност може сериозно да
го зголеми бројот на уписи – нови членови а со тоа да обезбеди и поголеми сопствени
фондови како и економска оправданост за функсионирање како независна институција.
Клучни зборови: членарина и членство, влијателни фактори, Градска библиотека,
националност на членови, уписи.
Abstrakt
The City Library in Gostivar, which is part of NUCK “ASNOM” - Gostivar , as its main
goal is its readers . The number of new Library titles is increasing each year and is a prerequi-
site for attracting a growing number of readers. The question arises how the Library to attract
membership and causes a greater number of new entries meaning new members.
The children’s department has a permanent membership ranging between 750-950
members, with the exception of 2012, when it counts 1018 members and 2015, with 682 mem-
bers. This is a good picture to conclude that an acceptable standard has been reached in this
section and the membership is stable.
Nationality in percent is identical with some minor oscillations, it is evident that
109
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
members of the Albanian and Macedonian populations are in some kind of balance by number
of members and represent together more than 90% percent of the total number of registered
memberships, this is due to the fact that the library the most of title books and books fund have
in Albanian and Macedonian language.
The factors that are relevant in increasing or decreasing the membership in the city
library in Gostivar would be divided into several groups according to the character and their
cause. And they are: 1. Socio - Economic Factor, 2. Technical - Spatial Factor, and 3. Promotional
Factor.
City Library Gostivar has a relatively stable membership, but by taking several steps
or activities, it can surely seriously increase the number of entries - new membership fees and
thus provide bigger own funds as well as economic justification for functioning as an independ-
ent institution.
Key words: membership fee and membership, influential factors, city library, nationality of
members, entries.
Градската библиотека во Гостивар е основана во 1953 година, во тоа време под
името Градска библиотека „Вук Караџиќ“. По осамостојување на Република Македонија
извршени се неколку статутарни промени и сега, согласно Националната мрежа
на културните установи во Република Македонија од 2004 година, истата е дел од
Националната Установа Центар за Култура „АСНОМ“ – Гостивар и е под надлежност на
Министерство на култура на РМ.
Како и сите библиотеки, така и Библиотеката во Гостивар, како основна цел ја
има задоволување на потребите на нејзините корисници, односно читатели, со водење
на набавна политика која ќе ги задоволи нивните потреби. Библиотечниот фонд на
Библиотеката е повеќејазичен, односно, согласно со структурата на населението по
национална приопадност, Библиотеката поседува литература на македонски, албански и
турски јазик. За таа цел бројот на нови наслови секоја година се зголемува и е предуслов
за привлекување на поголем број читатели. Се поставува прашањето како Библиотеката
да го привлече членството и да предизвика поголем број на нови уписи, што значи нови
корисници на нејзините услуги.
За постигнување на таа цел има повеќе фактори кои влијаат и во овој труд ќе се
обидеме, низ една сеопфатна анализа, да дадеме некои согледувања како се движел
бројот на корисниците на библиотечен материјал во поблчиското минато и да дадеме
некои предлози како да се придобијат и привлечат ново корисницви, а истовремено да се
сочуваат досегашните кои сега ги користат услугите на Библиотеката во Гостивар.
Имајќи предвид дека членството во Библиотеката во Гостивар ја пресликува и
разноликоста на националната структура на граѓаните кои живеат во Гостивар, така
во НУЦК „АСНОМ“ – Градска библиотека се води евиденција за членството по основ на
националност и тоа: македонска, албанска и турска, а основната цел е да се води сметка
за потребата од книги и друг библиотечен материјал на јазиците на сите националности,
како и да се постигне оптимално исполнување на потребите од количински аспект.
Овој труд е составен од два дела, и тоа: прв дел – Статистички податоци пресликани
во вид на табели, со графички приказ за движењето на членството по одделни години за
период од 2008 година до 2017 година и национална структура на членството и втор дел –
Главните фактори кои влијаат на зголемување или намалување на членството.
110
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
1. Статистички приказ со табели и графички приказ за движењето на
членството во период 2008 – 2017 година и национална структура на
членството
Во Градска библиотека во Гостивар уписите на членството се за едногодишен пе-
риод и чланарината која се плаќа се однесува за една година, поради потребата на
членовите од школска возраст востановена е пракса да уписната година коренспондира
со школската година, што значи дека уписите започнуваат кон крајот на август и траат до
крајот на јуни следната година. Во текот на месец јули се собираат сите издадени книги и
се врши попис на книгите.
Надоместокот за користење на литература од Градската библиотека во Гостивар,
во почетокот на 2008 година (период опфатен во овој труд) изнесуваше 200,00 денари и за
возрасни и за деца и младинци од училишна возраст, членарината за возрасни е поскапена
во 2013 година од 200,00 денари на 300,00 денари. Сметаме дека оваа околност битно
влијаеше на бројот на членството во одделот возрасни, што лесно може да се заклучи и
ако се анализираат податоците кои сме ги дале во Табеларниот приказ број 1.
Ова е еден од факторите кои влијаат врз бројот на нови корисници во библиотеката,
но не е единствениот зџаради тоа што има и ред други влијателни фактори, кои сериозно
придонесуваат на зголемувањето или намалувањето на бројот на членството. Поопширно
на овие фактори ќе се задржиме во вториот дел од трудот.
Tabela 1: Уписи по уписен период и национална припадност на членстовото1
Уписна
година
Број на
член. Возр.
Македонци Албанци Турци Број на
член. дет.
одд.
Македонци Албанци Турци
2008/2009 756 345 367 45 853 370 400 30
2009/2010 741 313 403 25 850 428 413 9
2010/2011 620 280 322 18 822 400 400 22
2011/2012 612 249 358 15 1018 434 534 50
2012/2013 620 300 310 10 899 350 540 9
2013/2014 508 251 249 8 798 356 422 20
2014/2015 400 180 210 10 716 300 400 16
2015/2016 358 150 203 5 761 330 387 44
2016/2017 300 100 198 2 833 416 387 30
Од првиот табеларен приказ може да се извлечат неколку заклучоци кои сметаме
дека се битни за движењето на читателската публика која има желба за читање книги и
користење стручна и професионална литература.
Детскиот оддел има перманентно членство кое се движи меѓу 750 – 950 членови,
со исклучок на 2012 година кога брои 1018 члена и 2015 година кога брои 682 члена. Овој
податок не тера да извлечеме аклучок дека во овој оддел е постигнат некој прифатлив
стандард и членството е стабилно.
Националноста во проценти е идентична, со некои мали осцилации. Евидентно е
дека членовите од албанска и македонска популација се во некаков баланс по бројот на
членови и претставуваат заедно повеќе од 90% проценти од вкупниот број регистрирани
корисници. Ова се должи и на фактот дека поголемиот број наслови од книжниот фонд
1 Извор на податоци: службена евиденција на НУЦК „АСНОМ“ – Градска библиотека Гостивар
111
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
на Биоблиотеката е на албански и на македонски јазик.
2. Фактори кои влијаат на членството во Градската библиотека Гостивар
Факторите кои се релевантни во зголемувањето или намалувањето на членството
во Градската библиотека во Гостивар би ги поделила на неколку групи, според карактерот
и причинителот на истите. А тие се:
– социо-економскиот фактор
– текничко-просторниот фактор и
– промотивниот фактор.
Социо-економскиот фактор намерно сме го таргетирале како прв фактор поради
тоа што истиот е најзначаен, односно највлијателен. На сите општо познат факт ни е дека
владее општествениот тренд за гледање на класичното читање на книги како на архаичен
остаток – реликт и дека книгите припаѓаат на едно поодминато време и дека сега е време
на тотална кибернетизација, компјутеризација и медијален свет.
Оваа појава најмногу ја афектираше журналистиката и класичната новинарска
дејност, односно издаваштвото на весници. Но, сигурно надвор од таа појава не се ни
книгите, кај претежно помладата популација, за заостанат го сметаат тој кој нема
паметна текнологија на користење, а уште поболно е исмејувањето на поединци кои се
определуваат за читање книги. Како заклучок може да се извлече дека сите ние, како
општество, сме придонесле кон создавање на една таква свест кај младите кога сме
инсистирале тие да научат да се користат со компјутери и друга паметна текнологија, кое
инсистирање сега ни се враќа како бумеранг и новата пракса на користење на комјутери и
дигитална литература сериозно го загрозува класичното читање на книги и сметам дека
овој фактор е главниот кој влијае директно врз членството во сите библиотеки, па така и
во нашата.
Кога сме кај овој фактор, секоја книга има своја цена и неретко истата е доста
скапа и од тие причини недостапна за тие што имаат потреба за книги, па истите се
одлучуваат за некоја друга алтернатива. Таквата алтернатива најчесто е зачленување
во Градската библиотека. Но тука не е крајот на проблемот и вреди да се спомне како
дополнителен негативен фактор е и поскапувањето на членарината за одделот возрасни
во библиотеката во Гостивар во 2013 година, што лесно може да се заклучи ако се обрне
внимание на табелата, паѓањето на бројот на членови на тој оддел (види Табела 1).
Текничко-просторниот фактор, исто како и социо-економскиот фактор, спаѓа во
главните и непосредни фактори кои влијаат на бројот на корисници во Градската
библиотека. Неразбирливо е за една библиотека во нејзините просторни содржини да нема
читална за нејзините корисници. И овој фактор е доста битен и сметаме дека во иднина,
ако се обезбедат такви простории, а слободни простории има во склоп на НУЦК „АСНОМ“
Гостивар, дека бројот на нови уписи сериозно ќе биде зголемен. Како дополнителна
содржина може да се додаде и еден копир-корнер, со што ќе бидат заокружени сите
потреби на еден читател.
Промоцијата, или народно кажано рекламата, е една од битните фактори кои
влијаат врз бројот на членството. Иако досега во неколку наврати од страна на Градската
библиотека се направени неколку промотивни пакети и се дадени разни поволности при
упис во Библиотеката, како што се поволностите за семеен упис, олеснувањата за социално
загрозените групи читатели итн., сметам дека дека има простор за дополнителен обид,
со директна промоција до секој потенцијален член, може да се влијае во зголемување
на членството, поради самиот факт да многу потенцијални членови ниту знаат дека
112
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
постои градска библиотека а добар дел не ја знаат локацијата каде се наоѓа Градската
библиотека.
Како заклучок може да се констатира следното: Градската библиотека од Гостивар
има релативно стабилно членство, но со преземање на неколку чекори, односно
активности, со сигурност може сериозно да се зголеми бројот на уписи – нови членови, а
со тоа да се обезбедат и поголеми и поразновидбни сопствени фондови, како и економска
оправданост за функсионирање како независна институција.
113
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Корисникот и библиотеката – минато и иднина
Магдалена Кочовска-Салтирова, библиотекар
ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
Апстракт
Библиотеката ги развива своите библиотечни услуги водена од поставените
и утврдени библиотечни стандарди, а следејќи ги тековните промени и интересот на
корисникот, истата ја развива својата мултифункционалност. Со цел да се овозможи
максимална достапност на корисниците, следејќи ги новите образовни програми,
се поставуваат нови приоритети кои бараат креирање дополнителни библиотечни
содржини, со конкретни програми и цели со кои ќе се поддржат сите граѓани од различни
возрасни групи во совладување на стандарните образовни програми и надополнување на
истите. Библиотеките така би претставувале места креирани во амбиент, каде учењето и
образовниот процес би биле позитивно искуство. За таа цел библиотеките мора да содржат
и реализираат програми кои нудат едукативни процеси. И истите како институции треба
да бидат вклучени во локалните стратегии за образование, како еднакви партнери во
развојот на истото во средината. Јавните библиотеки, според насоките на европските
стандарди, го остваруваат целосно своето влијание и дејност, доколку истите бидат
гледани и третаирани и од останатите релевантни фактори и субјекти од образовната
дејност, поврзани директно или индиректно, како што се училиштата, градинките, НВО,
Бирото за развој на образованието кои би ја вклучиле и Јавната библиотека во образовните
планирани програми и полиси.
Клучни зборови: библиотека, библиотекари, образование, креирање нови методи на
работа, едукативни програми, корисници
Abstract
The library develops its library services guided from the established and recognized
library standard and following the ongoing changes and the interests of the beneficiary and
thus developing its multifunctional services. In order to provide maximum availability of the
beneficiaries and following the latest educational programs we set new priorities that require
creation of additional library contents with specific programs and objectives that will support
all citizens from different age group in mastering the standard educational programs and their
latest developments. The libraries in this way will represent place designed in an atmosphere
where learning and the educational process will be positive experience. For this purpose the
libraries should have and carry out programs that offer educational processes. As such institu-
tions they should be included in the local strategies for education, as equal partners in develop-
ment of education. Public libraries according to guidelines of European standards succeed to
accomplish their influence and activity if they are viewed and treated from the relevant factors
and entities from the same field of educational activity which are directly or indirectly linked
such as schools, kindergarten, NGO’s, Bureau for development of education that will include
the Public Library in the planned educational programs and policies.
Key words: library, librarians, education, new working methods, educational programs, users.
114
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Забразаната динамика и напредокот во информатичката технологија ги
води револуционерните промени во начините на кои денеска работиме, учиме и
комуницираме, а со тоа ја трансформира и природата и улогата на истражувачката
библиотека, библиотеката на знаењето. Промената со која се соочува нашата библиотека
е аналогна на еволуцијата на компјутерската технологија. Веќе одамна библиотеката не
претставува само физичко место за складирање на знаење, туку таа се трансформира
во место за знаење до кое може електронски секој да има пристап. Капацитетите
на компјутерите одат во насока да ги содржат сите дигитализирани содржини на
истражувачките универзитетски библиотеки. Напредокот со програми за вмрежување,
масовното складеирање податоци ни обезбедуваат широк пристап до дистрибуираните
информации, а со тоа се елиминираат бариерите на просторот и времето и се добива
непосреден пристап до бројни научни материјали, до најретки историски артефакти во
светот, до дела од визуелната уметност и сл. Ваквите монументални промени бараат да ја
разбереме потребата од модулирање на современа истражувачка библиотека и потребата
од градење на партнерства кои ќе помогнат да се развие истата.
Тргнувајќи од тоа дека библиотеките отсекогаш се перципираат како „бастиони
на цивилизацијата“, посочувајќи ја Библиотеката во Александрија којашто е прототип
на современата истражувачка библиотека1, центар на учење на древниот свет, место
каде се истражувале и креирале бројни научни теории значајни за цивилизацијата и
нејзиниот напредок, таа, како и многуте други библиотеки во светот, во новото време на
дејствување ја имаат потребата од задржување на својата карактеристика како место за
истражување и би го постигнале тоа единствено ако одат во насока на дигитализирање
на своите материјали, збирки и колекции. Со овозможувањето на дигитализација на дел
од библиотечните материјали, библиотеката создава сигурна и постојана средина која
нуди одржливи информативни ресурси.
Достапноста на масивно складирање податоци е применето на универзитетските
библиотеки во Мичиген и во Индијана, со развивање на дигитална архива за изучување
на етномузикологијата, достпни за наставата и истражувањата. Исто така и за потребите
на хуманистичките науки и уметности, им се овозможува на корисниците да се движат
низ виртуелниот простор за да истражуваат збирки на дигитални уметнички слики или
други ресурси.2
Улогата на библиотекарот тогаш е да го олесни пристапот до она што поединецот
или организацијата навистина треба да го пронајдат и знаат во океанот и богатството
на дистрибуираните информации Тие, како креатори на нови знаења, треба да имаат
водечка улога во денешното диструбуирано информатичко опкружување и да бидат
повеќе ангажирани во создавањето, организирањето, ширењето и зачувувањето на
знаењето, како и градењето на поврзаност со сите други релевантни засегнати страни.
Креирањето на дигиталните библиотеки, или дигитализацијата на дел од библиотечните
материјали за потребите на следење на новото време и барањата на корисниците, носи и
потреба од силна финансиска поддршка за истото, што како такво треба да биде ставено
во приоритетите и финасиските конструкции на политиките на раководење на развој на
библиотечната дејност во земјата. Поддршката од патнери соработници во овој сегмент е
важна и добредојдена.
Библиотеката треба да го планира својот стратешки развој на ИТ инфраструктурата
и услугите кои ги нуди, овозможувајќи дигитализацијата да го реализира својот
трансформациски потенцијал во истражувањето, образованието и во општеството
1 Michael A. McRobbie, The Library and Education: Integration information Landscpes,
www.clir.org/pubs/reports/pub119/mcrobbie.html;
2 Michael A. McRobbie, The Library and Education: Integration information Landscpes,
www.clir.org/pubs/reports/pub119/mcrobbie.html;
115
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
воопшто. On-line интеракцијата е неопходно средство за виртуелна соработка, а со тоа
и e-учењето станува важен концепт на општество базирано на знаење. Со поставување
дигитални приказни, аудио-визуелна анализа и интернет дизајн и програмирање, се
остварува успешно учење со посредство.
Библиотеките, образованието, писменоста и националниот развој секогаш имале
позитивна поврзаност и зависност на едни од други. Следејќи ги новите образовни
програми, се смета дека библиотеката повеќе не се грижи само за тоа да биде една
прекрасна зграда со богата колекција на збирки, туку напротив, во неа денеска треба да се
креираат програми со кои ќе се поддржуваат своите корисници за полесно совладување
на образовните програми и надополнување на истите, за сите учесници во образованието,
од најмлада возраст до возрасна доба. Во текот на годините се покажа изразено
позитивно вклучување на библиотеките во образованието, нудејќи им ги нивните услуги
за упатување, информации и ресурси за настава. Сѐ поприсутно е спроведувањето
индивидуални програми за туторство и образовни часови за различни целни групи, кои
имаат интерес во посебна специјализирана област.3
Следната генерација библиотеки ја проширува својата визија и надвор од
складирањето знаење. Пример за тоа е Јавната детската библиотека Imagion и театарот во
Шарлот, Северна Каролина според библиотекарот Bet Majer4, ги привлекуваат луѓето од
средината со нивните активности. Со креативни програми и специјални настани, истите
совршено се надополнуваат. Библиотеките, како јавни места можат да претставуваат
центри за откривање и комуникација, каде луѓето се собираат, информираат и едуцираат
преку наставни програми. Библиотеките треба да преземат поголема граѓанска улога,
следејќи ги потребите на пошироката заедница, а пак библиотекарите да развиваат
повеќе вештини за развој на заедницата.
Библиотекарот Linda Arsenault5, зборувајќи за библиотеките во Нова Шкотска, вели
дека се оди на посветеноста на формирање на партнерства и креирање на иновативни
програми кои вклучуваат надворешни соработници, луѓе кои не се библиотекари и ја
прошируваат улогата на библиотеката во заедницата.
Библиотеката може да претставува центар за ширење на неформалното
образование, преку кое ќе се промовираат навиките за читање и ќе се намалува
неписменоста. Со користење на аудио-визуелните помагала, поставување на изложби,
реализирање на предавања, проекција на едукативни филмови, зајмување на книги ќе се
промовира значајноста на образованието. Слободниот и бесплатен пристап до книжните
и некнижните библиотечни фондови и давање информации е можност на сите, меѓу кои
и припадници на социјално ранливите групи, лесно и навремено да дојдат до бараната
публикација.
Потребата на сѐ поголемиот број учесници во образовниот процес е учењето на
далечина, користејќи упатства од снимани материјали што ги дефинираат образовните
информации со помош на алатки како мултумодални медиуми, наместо физички
училници, за да се постигне поголемо задоволство кај студентите и другите корисници.
Библиотеки кои ги подготвуваат курсевите за конверзација, отворени образовни курсеви,
водат до длабока трансформација во образовниот систем низ целиот свет.
Креирањето библиотечен простор за e-учење што се однесува на истражување,
учење и настава во дигиталната средина со користење на аудио и видео наставна
програма и учебници, имаат посебно значително позитивно влијание на реализацијата
на образовниот процес на жителите во руралните и приградските населби. Едукаторите
сега можат да го интегрираат визуелното образование со дигитално учење, преку
корисно спојување на наставниот процес со сликовните технологии. Со доаѓањето и
3 www.infosciencetoday.org/library-science/the-role of libraries in education.htm
4 www.pps.org/reference/librariesthatmatter
5 www.pps.org/reference/librariesthatm
116
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
унапредувањето на е-библиотеките, образованието ќе стане поквалитетно ориентирано
кон учениците кои користат компјутери или таблети.6
Според тоа каква улога има библиотеката во образованието, можат да се
категоризираат три групи, и тоа: првата е дека истите нудат пристап до образованието
преку информатичките вештини, обезбедуваат експертиза во користењето на
информатичките технологии и преку учество во мрежи кои го зголемувааат пристапот
до ресурси надвор од училиштето и заедницата; втората е поддршката во обезбедување
еднаквост на сите во образованието, преку програми кои помагаат во подготвителниот
процес на децата за училиште, обезбедување пристап до информациите и идеите
непречено на која социјална, културна или економска припадност истите ја имаат, без
географски ограничувања; третата улога е да се влијае на академските постигнувања
на поединците, да се поддржат програмите за доживотно учење со цел да се подготват
поединците за продуктивно вработување, да се промовира уживањето во читањето, да
се промовира функционална писменост кај возрасните, да се подготви поединецот за
одговорно граѓанство.7
Со текот на годините се евидентира сѐ поголемо позитивно влијание на библиотеките
во образованието, нудејќи им ги нивните услуги за упатување, информации и ресурси за
наставата преку креирање на индивидуални програми за туторство и образовни часови,
како и со дистрибуција на информативни ресурсни материјали за институциите, како
болниците, центрите за посебни потреби и постарите лица, невработените и сл.8
Во новите тековни временски промени библиотеката ќе го нема своето вистинско
значење, доколку истата не би влијаела на образованието. Истражувачот за многу
пократко време би дошол до бараната информација, а пак библиотекарот би ве водел
до ретките книги, периодничните списанија, ракописи, микрофилмови, библиографии,
каталози на кои на самостојниот истражувач би му било потребно подолго време доколку
не побара помош.
Јавните библиотеки ја играаат улогата на јазли, во асимилирање на неформални
и формални информации за локалните содржини за учење и истовремено ја поврзуваат
со знаења и информации од глобалните ресурси. Кога јавната библиотека претставува
столб на демократското знаење во средината во која дејствува, се обезбедува сигурен
простор за студенските проекти, истражувања и работа на прогресивни идеи на младите
учесници во образовниот процес.
Во библиотеките кои се дефинираат како центри на знаење, библиотекарот е
присутен помеѓу корисниците, се ангажира во процеси и програми кои вклучуваат
групи корисници, нуди професионални искуства и евалуација и се поврзува со партнери
од мултидисциплиски гранки. Тие треба да имаат визија и да поседуваат способност да
поттикнат креативни, нови пристапи и идеи во олеснувањето на формите на учење на
корисничките групи.
Следејќи ги промените во образовните системи и наставнитe програми,
библиотеката ги прилагодува своите содржини, со цел да биде компактибилна со
побарувањата на корисниците и задоволување на нивните библиотечни потреби.
Мисијата на библиотеката е да ја приближи книгата, читањето, уште од најмала возраст,
во предучилишниот период, кога би требал да биде оптималниот временски период кога
детето треба да го започне своето другарување со книгата.
Обезбедување на образовни ресурси за рано учење, нудење богата колекција збирки
на книги за деца, сликовен материјал, дополнителен дидактички материјал, сложувалки
со едукативна содржина, збогатување на библиотечниот фонд за деца со литература
6 www.infosciencetoday.org/library-science/the-role-of-libraries-in-education.html
7 www.eric.ed.gov/
8 www.infosciencetoday.org/library-science/the-role-of-libraries-in-education.html
117
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
за деца од домашни и странски автори, како што ЈОУБ „Искра“ – Кочани, во соработка
со Ротари клубот – Кочани – Виница и волонтерката на Мировниот Корпус, го збогати
детскиот книжевен фонд на англиски јазик и обезбеди три компјутерски конфигурации
за корисниците. Исто така ЈОУ Библиотека „Искра“ ораганизираше програма „Искра им
чита на најмладите“, со проекција на понудените библиотечни услуги и важноста на
читањето и проекција на детска едукативна бајки.
Со организирање Саем на литература за деца, отворен за сите најмлади на градот
Кочани, каде беше претставена богатата слободна уметничка литература за деца, се
оствари можност истиот да биде посетен од повеќе организирани групи ученици по повод
денот на ослободувањето на град Кочани.
ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, дејствувајќи како институција од културен,
образован и информативен карактер, има воспоставено конструктивна соработка со сите
релевантни институции кои се во образовниот просес во градот Кочани и, следејќи ги
нивните програми, креира свои програми кои го поддржуваат образовниот индивидуален
развој на поединецот, корисник, посетител во нашата Библиотека.
Со цел да се афирмираат детските права и да се зголеми свесноста кај децата за
правото на образование, правото на нивното слободно изразување, правото на нивна
активна вклученост во креирањето на културниот живот во заедницата и другите права,
како и посочување на заштита од нивна злоупотреба и дискриминација, се содржини на
реализираната програма за трет пат во Библиотеката „Искра“, по повод одбележувањето
на Неделата на детето преку креативно-едукативни работилници на тема „Јас ги познавам
своите права“. Во интерактивната програма децата работат со сликовен материјал,
дискутираат и носат заклучоци. Во програмата се вклучени децата од големите групи на
сите клонови од предучилишната установа во град Кочани. Со мисија да се развива љубовта
кон читањето од најмладата возраст, коешто е теоретски покажано дека е пропорционално
поврзано со успехот во училиште, истата целна група е дел од програмата „Книгата
патува во домот на секое дете“, која се реализира втора година по ред и е со цел децата
мотивирано да ја однесат книгата во својот дом, заеднички да ја читаат и разговараат
за неа со своите родители, а потоа своите импресии да ги постават на цртеж кој е дел
од изложбата поставена во просториите на библиотеката. Минатогодишната изложба
содржеше 156 творби и беше отворена за сите граѓани на градот Кочани. Овогодинешниот
проект е во тек, со временски период на реализација (октомври до декември 2017), кога се
очекува поставување на изложбата со новите креативни творби инспирирани од децата
во градинката „Павлина Велјанова“ – Кочани.
118
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Реализација на програмата „Јас ги познавам своите права“ за 2017 година
Изложба на творби од програмата „Книгата патува во домот на секое дете“, 2016.
Со цел да биде поблиску книгата до децата, ЈОУ библиотека „Искра“ – Кочани
овозможува бесплатно запишување на сите првоодделнци во градот Кочани, континуирано
збогатување на детскиот фонд со потребните лектирни изданија, но и застапеност на
богатата издавачка продукција за деца во детското катче на библиотеката.
Поврзувањето со сите релевантни субјекти каде се едуцираат младите, како
основните училишта во градот, Детската градинка „Павлина Велјанова“ – Кочани,
едукативните дневни центри и јазичните центри во градот, како и НУ Центарот за
култура на град Кочани, беа конструктивни соработници и поддржувачи со свое учество
во реализацијата на „Фестивалот на децата, книгите и музиката“, кој се реализираше
по повод Светскиот ден на литература за деца, 02 април 2017 година, чиј носител беше
ЈОУБ „Искра“ – Кочани. Со афирмацијата на темата „Другарувањето со книгите ни е песна“
и „ Ајде да растеме со книгите“ –меѓународното мото за 2017 година, беа водечките теми
на богатата содржина која беше реализирана по овој повод. Како дел од содржината на
едукативните активности, беа реализирани средби на македонски автори за деца со
ученици во Библиотеката, Градинката и училиштата. Беше организиорано промовирање
на творештвото на овогодинешниот добитник на наградата „Ванчо Николески“ за 2016
119
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
година, авторот Александар Поповски, читање поезија, читање бајки со авторката Билјана
С. Црвенковска и запознавање на најмладите за значајноста на читањето од најмлада
возраст, богата дискусија и разговори со учесниците. Во програмата беа вклучени
и претставници на наши роднокрајни автори за деца, Ленче Стоименова и Славица
Цветкова.
Средба со авторката Билјана С. Црвенковска Креативно-ликовна работилница со илустратор
Катерина Николовска
Во соработка со НУ Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани, се реализираше
креативно ликовна работилница, каде гостин автор беше илустраторката Катерина
Николовска, со која учениците од Училиштето за цртање и сликање, во просториите на
Библиотеката, работеа илустрации на тема „Девојчето и дванаесетте месеци“. Творбите
од сите учесници беа изложени пред посетителите во просдториите на Блиотеката.
Беа претставени повеќе драматизирани содржини со едукативни содржини,
меѓу кои и драматизација на руска бајка пред преставникот на Амбасадата на Руската
Федерација во Република Македонија, г. Владимир Ткаченко, поканет со цел бидејќи
Русија беше меѓународен покровител на одбележувањето на Денот на литературата
за деца за 2017 година. Со реализацијата на активности со мултикултурни содржини
и остварување на меѓународна соработка, се поттикнува зголемување на свесноста
кај учесниците за почитување на својата, но и на друга култура, преку афирмација на
литературата од странски и домашни автори. Голем број учесници беа дел од Творење на
литературен и ликовен конкурст во склоп на Програмата, рецитали, музички и ритмички
игри беа содржините кои се реализираа во текот на Фестивалот. Над 350 учесници, деца
од предучилишна и училишна возраст, преку своја активност ја авирмираат пораката
„Ајде да растеме со книгата“. Се организираше поставување на отворен продажен штанд
на издавачката куѓа АРС Ламина, каде посетителите можеа да ги збогатат своите семејни
библиотеки со интересни детски наслови за своите најмлади. Проект-програмата беше
дел од Годишната програма на Министерството за култура на РМ за 2017 година. За
целосна реализација на истата, збогатување на креираните содржини, Библиотеката
оствари соработка со партнери од бизнис секторот и организации во нашиот град кои
финансиски ја поддржаа реализацијта на проектот.
ЈОУБ „Искра“ – Кочани, како библиотечен центар, користи методи на работа кои го
поттикнуваат когнитивниот развој на корисниците, ја поддржува нивната креативност и
иницијативи. Студентите учат да учествуваат во мрежи на соработка, да истражуваат и
да произведуваат нови идеи.
Реализацијата на иновативни програми кои ги следат образовните наставни
планови и програми, спроведување обуки на библиотекарите кои со своите компетенции
ќе креираат услови за мотивација на иновативноста, креативноста и компетитивноста кај
корисниците, се значајни компоненти на библиотечното работење на секоја библиотека,
120
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
која е библиотека на иднината и силно го поддржува образовниот систем во средината.
Рецитал „Стихови за книгата“ – ученици I – 3 одд од ОУ„Св. Кирил и Методиј“ – Кочани, 2017 година
Користена литература
1. Michael A. McRobbie, The Library and Education: Integration information Landscpes,
www.clir.org/pubs/reports/pub119/mcrobbie.html;
2. www.infosciencetoday.org/library-science/the-role of libraries in education.htm ;
3. Nikitin Cynthia, Jackson Josh, www.pps.org/reference/librariesthatmatter
4. www.eric.ed.gov.
5. Strand, Marcus. 2005. For the benefit of others: The public librarian in a learning society,
Scandinavian Library Quarterly, Volume 38. No;
6. Repositioning European Public Libraries ECEI10„ Delivering Digital Europe in Public Li-
braries“, 20 and 21 September 2010, Brussels Workshop„European policy for libraries : What
will it say, what can it do?“
121
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Нови програмски содржини
(стручен труд)
Блага Спиридонова-виш библиотекар
Милена Ристова Михајловска, директор на НУУБ „Гоце Делчев“
Национална установа Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ од Штип,
blagica.spiridonova@gmail.com
Апстракт
Иновативните програмски активности се повод повеќе за отворање на нашата
библиотечна установа за сите целни групи корисници. Преку новосоздадените
и реализирани проекти „Весела среда со Библиотеката“, „Креативен четврток со
Библиотеката“, „Мода меѓу редови“, „Инфобус“ и многуте други, создаваме поинаква
перцепција за Библиотеката. Преку нив анимираме корисници од сите генерации. Им
даваме до знаење преку нашите практично спроведени активности дека во Библиотеката
можат квалитетно да го искористат своето слободно време. Доказ за тоа се Летните школи
што се спроведуваат во Библиотеката и поттикот за читање преку креативните проекти
со кои се реализираат истовремено модни ревии и книжевни претставувања.
Клучни зборови: Нови креативни проекти, весела среда, инфобус, модна ревија и книга
Abstract
Innovative programs activities are more occasion to open our library institution for
all target groups of users. Through the newly created and realized projects “Joyful Wednesday
with the Library”, “Creative Thursday with the Library”, “Fashion among the ranks”, “Infobus”
and many others, we create a different perception of the Library. Through them we animate
users from all generations. We give them knowledge through our practically implemented ac-
tivities in the Library. In this way, they can make good use of their free time. Proof of this are
the Summer schools that are conducted in the library and the incentive for reading through
creative projects that simultaneously perform fashion shows and literary presentations.
Keywords: New creative projects, cheerful Wednesday, infobus, fashion show and book
Весела среда
Одржана е и првата работилница од проектот „Весела среда со Библиотеката“.
Работилницата се одржа со дечиња од градинката ЈОУДГ „Вера Циривири Трена“, а целна
група беа деца од 2 до 5 години. Првата работилница беше на тема „Цреша“.
Сл. 1 Сл. 2 Сл. 3
Сл. 1 - Дечиња од градинката ЈОУДГ „Вера Циривири Трена“ од Штип
Сл. 2 - Работилница на тема „Банана денес“ со деца од гρадинκата ЈОУДГ „Веρа Циρивиρи Тρена“,
κлон Ρосица
Сл. 3 - Работилница на тема „Здрава храна“ со деца од гρадинκата ЈОУДГ „Веρа Циρивиρи Тρена“,
κлон Сончогледи
122
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Се редеа ρаботилници на разни теми: „Саκам да бидам“, со децата од едуκативниот
центаρ Smart and happy kids; „Одиме на плажа“, со деца од Едукативниот центар „Домино“;
„Одиме на одмор“, со дечињата од Игротека „Хепи планет“; „Приказни од А до Ш“, „Сунѓерот
Боб“ од Игротека „Џамбо“; ученици од ПОУ „Ванчо Прке“ од Ново Село изработија цртежи
со книги и прочитаа по неколку редови од нашите убави книги и др.
Од обичен настан до важно едукативно дружење со учениците од „Весела среда“ сè
повеќе се покажа како успешна содржина на НУУБ „Гоце Делчев“. Целта повторно беше
ширење на љубов кон книгата, преку заедничко дружење и ликовно изразување. Секоја
среда, со нова содржина се обидуваме да го прошириме убавиот збор за книгата и да ги
научиме децата, уште од најмала возраст,м да разберат дека книгата може да биде добар
и траен сопатник од кој може да се научи за животот.
Мода меѓу редови
Соработката со студентите, проект кој со години го реализиравме со ДСУ „Димитар
Мирасчиев“ во Штип, продолжи.
Во Салонот за изложби на НУУБиблиотека „Гоце Делчев“ – Штип е отворена
изложба и модна ревија под мотото „Мода меѓу редови“.
Модна ревија под мотото „Мода меѓу редови“ со манекени-студенти на Универзитет „Гоце Делчев“
од Штип
123
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Организатори и реализатори на ревијата беа студентите на Технолошко-техничкиот
факултет при Универзитет „Гоце Делчев“, во соработка со НУУБиблиотека „Гоце Делчев“
од Штип. На модели од платно беа испишани мудри мисли за книгата.
Библио-арт
Се отвори Летна школа за литература, уметност и култура „Библио-арт“ во кое
членството беше бесплатно.
Школата за првпат се реализира во Штип и, воопшто, за првпат една библиотека
од Македонија прави вакво нешто. Успехот е повеќе од очекуван. На повикот се пријавија
над 50 млади луѓе, а се реализираше во периодот од 5 до 15 јули во Библиотеката.
Во рамките на Школата се оствари бесплатно вклучување на ученици од основно и средно
образование, како и заинтересирани студенти.
На интересен и креативен начин се одржаа куси и лесни курсеви по и за:
– фотографија („Овековечувам, значи, фотографирам“, со проф. Маја Рамона
Крстевска);
– односи со јавност и новинарство („Камера ме снима“: пишување соопштенија,
читање пред камера, говор на тело со Драган Ристов и м-р Оливера Жежова);
– сликарство (аматерски работилници „Штипски монмартр“, со проф. Никола
Бојаџиев);
– драматургија (посета на театар, Спомен-собата на Шопов и Музејот на ВМРО во
Штип, новиот театар и Археолошкиот музеј во Скопје со м-р Трајче Кацаров);
– етика на религии („Едно сонце за сите“ со проф. Жаклина Ѓорѓиева – креативни
работилници за изучување на религиските симболи);
– бон-тон („Културно се однесувам“, со м-р Наташа Лазарева);
– книжевност (со м-р Милена Ристова-Михајловска, претставување на специфични
свадбени песни и обичаи од Штип и Штипско – истражувачки труд и курс „Пишувај
правописно, говори правоговорно, почитувај ги темелите на нашата книжнина“);
– курс по библиотекарство („Моја библиотека“, со Жаклина Петрушева);
– основи на музика и пијанизам (со вонр. проф. Ангеле Михајловски и продекан на
Филмска академија);
– народни инструменти и фолклор (со проф. Илија Ќосевски) и
– НАЈВАЖНО: секој ден со по еден професор по странски јазик или книжевност,
беше претставувана странска литература (странски дела), сега преведени на
македонски јазик во рамки на Едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“, а целта е
да се поттикнат младите кон читање и уште во еден наврат да се промовира едицијата.
Се посветија денои на македонската, германската, руската, шпанската, италијанската
книжевност итн.
Инфобус-допир до руралните средини
Со учениците од училиштето во село Таринци, во инфобусот, се одржа Велигденска
креативна работилница. Учениците од село Таринци, со нивната наставничка Гордана
Барбашка, максимално креативно одговорија на прашањето што за нив претставува
Велигден? Со прозни искази и цртежи изработија дела што веќе се изложени во
внатрешниот простор на инфобусот. Работилницата се реализираше во соработка со
Општина Карбинци.
По повод денот на здρавјето 7 Април, претставници на НУУБ „Гоце Делчев“ со
инфобусот ги посетија учениците од с. Κалаузлија. Тие им читаа содржини кои се корисни
за зачувување и унапредување на здравјето.
Претставници на НУУБ „Гоце Делчев“, преку редовната посета на инфобусот, во
124
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
соработка со сообраќајната полиција и Советот за безбедност во сообраќајот, одржаа
предавање под отворено за учениците од училиштето во Три Чешми. Целта е да се
дејствува превентивно и овие ученици да добијат практични совети за нивна поголема
сообраќајна безбедност, а во суштина главната мисија на инфобусот е да ги информира
своите корисници. Активноста е по повод одбележувањето на Светската недела за
безбедност во сообраќајот.
Предавање под отворено за учениците од
училиштето во Три Чешми
По повод Денот на пишување писмо, учениците од с. Долни Балван напишаа писмо
до диρеκтоρκата на Библиотеκата со желби што саκаат да има во инфобусот. Нивните
желби ќе помогнат во натамошниот ангажман, а секако и во поглед на насловите кои би
сакале да ги читаат.
НУУБиблиотека „Гоце Делчев“ со инфобусот престојуваше и во населбата Три
Чешми каде ја спроведе акцијата „Со книга до инвалидизираните и изнемоштени лица“, а
беше давана и медицинска помош и совети од страна на ПЗУ „Самарџиска“.
По повод Неделата на здρавјето на устата и забите, инфобусот ја продолжува
скромната мисија за промоција на убавиот збор и книгата.
Посетени се селата Κаρаоρман, Лаκавица и Селце каде се поделени флаеρи од Здρавствен
дом – стоматологија за здравјето на забите.
По повод Денот на Власите, во пригратската населба Тρи Чешми учениците од
подрачното училиште при ООУ „Гоце Делчев“ ρецитиρаа песни на влашκи јазиκ во
инфобусот.
Инфобусот во кампања против пушењето во с. Κаρбинци пρед ООУ „Стρашо Пинџуρ“
со делење на флаери, бонбони и овошје го одбележаа Денот на борба пρотив пушењето.
Во пригратската населбата Балканска подвижната библиотека инфобус реализира
повеќе активности. Покрај можноста да позајмуваат книги, со најмладите читатели се
реализира една интересна работилница и читање, користејќи ги програмските содржини
од списанието за деца СМЕШКО. На сите учесници на работилницата им беше подарен
по еден број од списанието. Заедно со книгите и инфобусот, беше присутна и медицинска
сестра која им мереше притисок на повозрасните читатели, а поетесата Цвета Спасикова
читаше поезија за Штип пред присутните.
Користена литература:
1. Годишен извештај за работата и активностите на НУУБ „Гоце Делчев“, Штип за
2016 година, бр. 01-23/1.
125
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Иновативен начин – мотивирање на читателот за книга
Сузана Стојанова, библиотекар
м-р Ивана Стојанова
НУ – УБиблиотека „Гоце Делчев “ – Штип
Апстракт
Книгата е збир на пишани, печатени или илустрирани страници изработени
од хартија, пергамент или друг вид материјал. Секоја книга преку својата содржина на
читателите им пренесува некоја порака со едукативен карактер.
Секогаш постои нешто длабоко во врска со книгите. Легнуваме и се будиме,
патуваме и уживаме, пиеме кафе и ги разигруваме здодевните денови, секогаш со книга.
„Книгата во традиционалната форма останува моќна технологија што не се расипува, што
може да ја носиме со себе и која му пркоси на времето. Од нејзиниот најстар облик па сѐ до
денешниот, дигитализиран, докажала дека е најмоќното орудие за ширење на знаењето“.
Abstract
The book is a set of written, printed or illustrated pages made of paper, parchment or
other material. Each book transmits a message of educational character through its content to
its readers.
There is always something deep about the books. We lie down and wake up, travel and
enjoy, we drink coffee and play the boring days, always with a book.
“The book in the traditional form remains a powerful technology that does not spoil, which we
can carry with us and that defies time. From its earliest form to the present, digitizes, it has
proven to be the most powerful tool for spreading knowledge “.
Вовед
Сите ние добро знаеме дека добрата книга има непроценлива вредност и бесконечен
век на траење. Сета мудрост што е содржана во книгите, сместени во библиотеките, со
причина е сокриена на малечки места и во одредени дози. Служи како сведоштво за едно
време, наследство оставено на следните генерации.
Креативниот израз се чини дека не познава граници. Во контекст на тоа, нашата
имагинација и креативност ја насочивме кон тоа да покажеме колку вреди пишаниот
збор. Односно реализиравме проекти на кои, на иновативен, софистициран и креативен
начин, ги афирмираме книгите. Инспирацијата потекнува од духот на самата книга и
приказната која ја носи во самата себе, приказна со која ние ги поместивме границите и
создадовме нов модерен софистициран разврат.
Со овие проекти креиравме нова плодна прикзна, во која се навраќаме на
приказните во книгите испреплетени со целиот гламур на денешниот начин на живот.
Проект 1: „Мода меѓу редови “
Книгата се проткајува низ сите општествени сфери, а преку модната ревија
местото ќе го најде и во модниот свет. Инспирацијата за оваа ревија е образованието и
како книгата да го поттикне човекот да го смени светот и да го направи подобро место
126
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
за живеење и творење. Секој читател кога чита книга, ја доживува на свој начин, па затоа
„Мода меѓу редови“ е ревија која секој консумент ја доживува на свој начин“.
Опис на проектот
Во изложбата и модната ревија „Мода меѓу редови“ беа изработени повеќе модели.
Секој модел со своја приказна и порака. Моделите беа со црно-бела боја, како симболика
на страниците и буквите од книгите кои секојдневно ги читаме. Односно беше реализиран
театрален моден настан, настан на кој креативноста беше испреплетена помеѓу пишаниот
збор и модата, со врвна презентација на идеата за вредноста и љубовта кон книгата.
Ние сме суштества како и сите други на светов, суштества кои имаат душа, срце кое чука,
ум кој работи.
Ние сме само тронка од светов, тронка која самата за себе си има своја големина.
Да, ние сме само скитници, пантици, талкачи на земјава…
А ДАЛИ ВИЕ СТЕ НЕШТО ПОВЕЌЕ??
Цели на проектот
Проектот „Мода меѓу редови“ овозможува да се излезе од секојдневното и
стереотипно промовирање на книгата. Преку претставување на креативниот ум на
младите на ваков начин, ќе се упати јасна порака: преку книга инвестирајте во самите
себе, тоа е најпаметна инвестиција која, порано или подоцна, ќе ви се исплати во животот.
Начин на реализација
Асс. Сања Ристески, заедно со дваесет и двајца студенти од Техничко-технолошкиот
факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, ги покажаа своите модели – креации
во рамките на проектот „Мода меѓу редови“. Моделите беа со мноштво од рачна работа,
односно вид на везови и цртежи со испишани мудри мисли од познати светски автори.
За на крајот, кога модната ревија ќе заврши, многубројната публика да биде поканета
да ја разгледа и модната изложба. Истите изготвени од вредните раце на студентите на
техничко-течнолошкиот факултет.
Место на реазлизација
Проектот „Во светот на бајките “ беше претставен во НУУБ „Гоце Делчев“ –Штип, со
што беше достапен за широката читателска публика.
127
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Дополнителни материјали
За потребите на проектот дополнително беа изработени:
• Покани
• Постери
Учесници во проектот
Ревијата е во соработката со НУУ Библиотека „Гоце Делчев“ во Штип и Технолошко-
техничкиот факултет на УГД .
Проект 2: „Во светот на бајките“
Омилените детски ликови, или животи и дела уште од најраното детство, кои ни се
претставени како модели, се ликовите од детските бајки. Вузелно најпрепознатливи, со
нивната реалност, среќниот крај, добрината, убавината и причините за нивните дејства
во кои никогаш не се сомневавме. Па зошто да не се потсетиме на истите на еден нов,
поинаков начин? Станува збор за модна ревија инспирирана од животот и љубовта во
која ќе се пронајдат многумина. Инспирацијата потекнува од светски познатите бајќи,
преточена во современа приказна (бајка). Приказна која нѐ учи да веруваме во бајка и да
веруваме во убавината на нашите соништа.
Опис на проектот
Од идеа до реализација. Од проект до врвна креација. Волшебна вечер „Во светот
на бајките“.
Си беше еднаш еден свет во кој немаше вредности, свет во кој немаше морал. Свет полн со
толку многу себичност и зло… Во тој свет живеев и јас. Но... Која сум јас? Знаев која сум ова
утро, но се променив многупати оттогаш. Можеби беше доволно да се погледнам во огледало
и за првпат да се видам вистинската јас...
Современа приказна инспирирана од светски познатите бајки, приказна за тоа
како една девојка мечтае да ја спознае љубовта, девојка која започнува да живее во свој
чудесен свет, свет на убавини, фантазија и соништа – свет кој ќе ѝ даде одговори на многу
прашања, а дали ќе ја препознае љубовта на крај, дали ќе ја почувствува… останува да
видиме.
Новата бајка беше напишана со препознатливи елементи од познатите бајки:
јаболкото, огледалото од „Снежана и седумте џуџиња“, чевличето и часовникот на
Пепелашка и слично, и сѐ тоа магично споено. Се чита бајката, дефилираат студенти
маникени, а во заднина се слуша пријатна музика од виолини. И сето тоа споено направено,
изведено со веќе успешниот тим – носител на проект библиотекар Сузана Стојанова, асс.
128
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Сања Ристески, студентите од техничко-технолошкиот факултет.
Цели на проектот
Проектот „Во светот на бајките“ претставува модернизирана и адаптирана форма
на приказни од светски познатите бајки со кој, на иновативен начин, дојде до афирмација
на литературата за деца и потикнување за читање уште од најмала возраст.
Како што изминува времето можеби полека забораваме на нашето детство, но
секогаш го чуваме во нашите срца. Веројатно затоа многумина од нас сѐ уште сакаат да
читаат бајки. И тоа е сосема во ред бидејќи голем дел од нив се вредни за читање, дури и
откако ќе станеме сериозни возрасни луѓе, најмногу затоа што токму тогаш сфаќаме дека
тие магични приказни имаат многу подлабоки пораки и скриени значења отколку што
можевме да замислиме како деца.
Самата приказна во себе крие скриена порака за тоа колку е важно во животот да
се следат сопствените соништа и да се верува во сопствениот внатрешен глас. Приказна
која инспирира, мотивира и нѐ тера да веруваме во магија.
• Согласно со ова, една од главните цели на проектот беше промоцијата на големата
вредност и моќ што доаѓа со литературата.
• „Во светот на бајките“, прекрасен проект, сѐ со една цел – да се поврзат литературното
творештво и модното креирање.
• Проект со кој на иновативен начин се промовираа познатите бајки со кои сите ние
пораснавме.
Начин на реализација
Дваесет и тројца студенти од Техничко-технолошкиот факултет од Универзитетот
„Гоце Делчев“ – Штип ги покажаа своите модели – креации во рамките на проектот „Во
светот на бајките“. Лелеаво, цветно, бајковито, ете вакви беа креациите. Вкупно дваесет и
тројца креативни студенти-маникени, носејќи ги своите прекрасно изработени креации,
дефилираа на летната сцена на НУУБиблиотека „Гоце Делчев“. Посебна магичност
на целиот настан се постигна со помош на ангажирањето на студиото „Анѓела“. Со
рефлеторите во боја и испуштањето пареа и магла, целиот настан го направија да се
чуствуваш како во бајка.
За на крај, кога модната ревија ќе заврши, многубројната публика да биде поканета
да ја разгледа и модната изложба. Истите изготвени од вредните раце на студентите на
129
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Техничко-технолошкиот факултет. Вкупно четериесет прекрасни изработени модели
(фустани на принцези) во размер 1 : 4.
Изложба богата и со фотографии, како да се од некој магичен свет. Пред секое
пано на кое што беше прикажана изложбата имаше маса со изложени книги од детската
литература.
Место на реазлизација
Проектот „Во светот на бајките“ беше претставен на летната сцена на НУУБ „Гоце
Делчев“ – Штип, со што беше достапен за широката читателска публика.
Дополнителни материјали
За потребите на проектот дополнително беа изработени:
• Покани
• Постери
Учесници во проектот
Ревијата е во соработката на НУУБ „Гоце Делчев“ – Штип и Технолошко- техничкиот
факултет на УГД предводени од асс. Сања Ристески.
За детската литература и бајката свој осврт даде и поканетата гостинка проф. д-р
Весна Мојсова Чепишевска.
Мултимедијалниот проект за поврзување на модната и литературна креативност
финансиски е поддржан од Министерството за култура.
Заклучок
Идејата за реализација на овие проекти е преку книгите да се раскаже уште една
приказна. Приказна која ги трансформира книгите во едно ново креативно дело кое
вклучува изработка на модели. Со помош на овие проекти, на еден креативен начин,
успеавме да ја доближиме книгата до читателите и да го афирмираме пишаниот збор на
нов иновативен начин.
Проектите беа пропратени со настани од мултимедијален карактер, зачинето со
интересна инструменталка во заднина, богата содржина, како и многу дополнителни
аксесоари каде сите учесници, сплотени заедно, направија едно навистина уникатно
уживање во нејзиното Височество, книгата
130
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Одржан 17. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во
Велес
На 17. Републички натпревар „Млади библиотекари“, што се одржа на 28. 10. 2016
во Локалната библиотека „Кочо Рацин“ Велес учествуваа 23 учесници од основните
училишта на Република Македонија.
Тричлената комисија во состав: Гордана Пешевска – виш библиотекар, претседател,
Јадранка Мајсторова – библиотекар, член и Пепи Ставревски – претставник од училишните
библиотеки и секретар на Извршниот одбор на БЗМ, член, по прегледувањето на тестовите,
ги известија учесниците за постигнатите резултати. Миа Дарковска од ОУ„Елпида
Караманди“ – Битола освои 101 бод, Игор Стојков од ООУ „Тодор Јанев“ - с. Чашка – Велес,
освои 101 бод и Милена Николовска од ОУ „Браќа Миладиновци“ – Ресен освои 100 бода.
Со оглед на тоа дека двајцата први натпреварувачи имаа ист број на бодови
– 101, се пристапи кон усно одговање на прашања. Може да се каже дека и двајцата
натпреварувачи рамноправно се ноеса се до поставувањето на петтото прашање по кое
натпреварувачот Игор Стојков ѝ подаде рака на натпреварувачката Миа Дарковска и ѝ
честита за освоеното прво место. Според тоа: на прво место е Миа Дарковска од ОУ„Елпида
Караманди“ – Битола, на второ место Игор Стојков од ООУ „Тодор Јанев“ - с. Чашка – Велес
и третото место го освои Милена Николовска од ОУ „Браќа Миладиновци“ – Ресен.
Доделено признанието „Библиотека на годината“ за 2016 г.
На одржаните седници, на Комисијата за доделување на признанието „Библиотека
на годината“ за 2016 година и на Извршниот одбор на БЗМ, на ден 24.11.2016 година, по
разгледување на пристигнатите материјали, донесоа одлука оваа година признанието
да го поделат Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес и Локалната библиотека
„Страшо Пинџур“ од Неготино.
131
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Одржан 18. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во
Струга
На 18. Републички натпревар „Млади библиотекари“, што се одржа на 03. 11. 2017
во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга кој воедно беше и домаќин
на овој натпревар се натпреваруваа 20 учесници од основните училишта на Република
Македонија.
Петчлената комисија во состав: Мариче Боздоганова – виш библиотекар,
претседател, Ели Наумоска Монеска – библиотекар, член, Пепи Ставревски – претставник
од училишните библиотеки и секретар на Извршниот одбор на БЗМ, член, Жаклина
Линкова, член и Љупка Стојменова, член, и двете претставници од присутните ментори
на учесниците. По прегледувањето на тестовите, Комисијата ги извести учесниците за
постигнатите резултати. Анастасија Младеновска од ОУ„Крсте П. Мисирков“ - Куманово,
Благица Митровска од ОУ„Браќа Миладиновци“ – с. Добрушево, Могила, Изабела
Насковска од ОУ „Кирил и Методиј“ - Битола и Трајче Манчевски од ООУ „Никола Вапцаров“
– Струмица, освоија по 130 бода.
Со оглед на тоа дека четворицата први натпреварувачи имаа ист број на поени – 130,
се пристапи кон усно одговарање на прашања. Прва од натпреварот испадна Анастасија
Младеновска, следна испадна Изабела Насковска, а по подолго посатвување на прашања
првото место го освои Трајче Манчевски.. Според тоа: на прво место е Трајче Манчевски
од ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица, на второ место Благица Митровска од ОУ„Браќа
Миладиновци“ – с. Добрушево, Могила и третото место го освои Изабела Насковска од ОУ
„Кирил и Методиј“ - Битола.
132
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
www.ebsco.com
Ready for the ULTIMATE
research experience?
Introducing the ultimate collection of research databases
• More top-ranked scholarly journals
• More peer-reviewed journals
• More academic magazines
and journals from leading
subject indexes
• More global content with
English-language and native-
language journals from Europe,
Asia, Oceania and Latin America
Give your students
more
of what they need for
successful research:
Academic Search™ Ultimate
Applied Science & Technology
Source™ Ultimate
Business Source® Ultimate
Humanities Source™ Ultimate
Sociology Source™ Ultimate
133
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Have you discovered IOP ebooks™ yet?
Visit iopscience.org/books to discover free-to-read content today!
IOP ebooks™ brings together innovative digital publishing with leading voices from across physics and
related disciplines to create the essential ebooks collection from a physical sciences society publisher.
We are the first STM publisher to build an ebook programme on a fully digital vision – we offer multiple
file formats including EPUB, no DRM or restrictions on use and integrated multimedia content including
video and interactive graphs. IOP ebooks puts the reader in control, enabling them to go beyond the
constraints of the printed page for enhanced discovery.
No DRM
We offer libraries
simultaneous access
so your users don’t have
to wait for the books
they need
Broad coverage
Pioneering books in
more than 20 subject
areas within the physical
sciences
One-time, perpetual
purchase with no
maintenance fees
Ensure the content you
buy is for the researchers
of today and tomorrow
Bring your readers
closer to research
Interactive figures,
author webinars and fully
embedded video content
for an enriched research
experience
More choice for
researchers
All ebook chapters
can be downloaded in
EPUB3, HTML and PDF.
We also offer whole-book
downloads
High usage
More than 230,000
downloads in two years
across our collections*
* Jan. 2014 – Dec. 2015
Fully integrated
platform
All book and journal
content sits on
IOPscience and is
semantically enriched for
seamless searching
Easier integration with
your library catalogue
Free MARC records,
KBART-formatted titles
lists and statistics
134
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.34 (2017), бр. 1-2
Jacek Lewinson
Publishers’ Representative Central/Eastern Europe
http://www.jaceklewinson.com
http://www.tbis.onixdb.com/
Contact: Jacek@jaceklewinson.com; mob. +48 502 603 290, skype: jacek.lewinson
****
Agency proudly represents a group of leading scientific publishers. Our services
include providing information, consultation, promotion and sales service to education-
al institutions, professional associations, libraries, the book trade and companies in
Central and Eastern Europe (CEE).
We focus on printed books, e-books, online books, journals, databases and other
digital products.
Activities
• We support scientific libraries by offering information on new printed books and
online publications.
• We support universities and lecturers and help academics choose the right text-
books; we provide inspection copies and handle textbook adoptions.
• We offer professional advice and solutions to law, medical and pharmacy compa-
nies, corporations, laboratories and R&D centers, as well as all other governmental,
non-governmental and private institutions.
• We offer solutions to learning organizations and recommend ready-to-use train-
ing, HR or leadership models and books written by top business authors.
• We co-operate with European booksellers by providing information on new pub-
lications, regular sales visits to the market, and mailing service.
• We provide information on relevant congresses, seminars and meetings.
• We participate in local book fairs