КЛИМЕНТ. • БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003 Секој а модерна библиотека во...

КЛИМЕНТ.





БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003


Секој а модерна библиотека во светот не може да го замисли своето
работење.и постоење како институција без константно популаризирање на
својата работа и постоење преку свое интерно гласило. Самото име на нашата
институција не значи многу ако за историјата на истата треба истражувачите
да пребаруваат по архивите.


Оваа година, за првпат, Матичната и универзитетска библиотека "Св.
Климент Охридски" Битола ќе ја популаризира својата дејност. Списанието
изнесува содржини од работата на одделите, стручната и културно-просветна­
та мисла на библиотечните работници во контакт со корисниците на биб­
лиотечните материјали и јавноста како и во соработка со писателите и
другите научни работници на кои Библиотеката им излегува во пресрет.
Целокупната програма на библиотеката од прегледот на набавката на биб­
лиотечниот материјал до популаризацијата на истиот преку изложби, про­
моции, литературни читања, трибини и ел. ќе бидат претставени на адекватен
начин. Исто така, ќе биде оставен простор за критики на дела и извадоци од
дела на познати роднокрајни и други автори од македонското литературно,
уметничко и друг вид творештво.


Сметаме дека со публикувањето на едно вакво гласило како што е
"Библиотечен тренд", јавноста ќе ја сфати библиотечната дејност не само
како место за издавање и чување на книги и списанија туку како многу
поширока и покомплексна дејност. Со постоењето на "Библиотечниот тренд"
го надминуваме големиот хендикеп за нашата институција. Преку него пос­
тојано индиректно ќе и напоменуваме на јавноста за улогата на библиотеките
и библиотекарите кои со своето знаење во голема мера им го скратуваат
времето за истражување на корисниците и само вака информирани би се
откажале од досегашното постојано прашање исполнето со сомневање, "Што
работите вие во библиотеката?"


Сега кога сме веќе во можност да ги издадеме првите два броја од
"Библиотечен тренд", а наредните два броја ги подготвуваме во наредните
месеци, голема благодарност изразуваме до Министерството за култура кое
ни излезе во пресрет за да започне овој наш значаен библиотечен проект и се
надеваме дека ќе продолжи неговата реализација и понатаму.


Од редакцијата


1


. •




Содржи.на. БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 1, 2003


СОДРЖИНА 2


-БИБЛИОТЕКАТА ВО НОВИОТ МИЛЕНИУМ .................................................................... 3


БИБЛИОТЕКАТА - ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА 5


-РАЗВОЈОТ НА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ ВО МУБ
"СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" БИТОЛА- Николче Вељановски ....................................... 5
-УЛОГАТА НА СИСТЕМ-БИБЛИОТЕКАРОТ ВО БИБЛИОТЕКИТЕ
Николче Вељановски ........................................................................................................................ 8


ОД ИЗДАНИЈАТА НА МУБ 11


-БИБЛИОГРАФИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"
БИТОЛА ( 1979-1999)Цвешанка Дамјановска, Лена Секуловска и Јоланда Бошевска ..... 11
- БИБЛИОТЕЧНИ ТЕРМИНИ НА АНГЛИСКИ- ириредил Николче Вељановски ....... 12


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ 14


-ОД ОДДЕЛОТ ЗА ПОЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА ................................................................ 14
Б б · - - д - - Р д И , 14 - и ли1аша - кни2а на 1<.ни2ише- ичар ванишевик ............................................. .


- Осврш кон делошо "Кандид" од Волшер- ириредила Гордана Марковска ......... 15


-ОДДЕЛОТ ЗА ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА
- Книжевниош лауреа�и - Григор Прличев- Ричард Иванишевиќ ........................................... 17
- Поршреш за авшоиоршрешош на Драги Михајловски-Ричард Ивании,евиќ .................... 18
-ОД ДЕТСКИОТ ОДДЕЛ НА МУБ - ириредила Сшеванка Пешковска ............................. 19


ИНТЕРВЈУ 21
РАЗГОВОР СО ПИСАТЕЛОТ РАДОВАН П. ЦВЕТКОВСКИ
- ириредил Николче Вељановски .................................................................................................... 21


ОД ЖИВОТОТ НА БИБЛИОТЕКАРИТЕ 24


- ОД ПО СЕТ АТ А НА ДОМОТ ЗА ДОЕНЧИЊА ОД БИТОЛА
И МАНАСТИРОТ ПЛАОШНИК ВО ОХРИД- ириредиле Свешлана Талеска и
Илче Сшојановски .............................................................................................................................. 24


БИБЛИОТЕКАТА ВО ПЕЧАТОТ


ЗАНИМЛИВОСТИ ОД СВЕТОТ НА КНИГАТА


АФОРИЗМИ


ЛИСТА НА ИЗБРАНИ КНИГИ ПРИСТИГНАТИ ВО 2003 ГОДИНА 2 25 26 27




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003


БИБЛИОТЕКАТА ВО НОВИОТ
МИЛЕНИУМ в. д. дирекшор Јелена Пешровска


Предизвикот што Ја става биб­
лиотеката во позиција постојано да се
менува налага и нерина комплетна транс­
формација. Напредокот на технологиите
во информациското општество, го
условува видот на услугите во биб­
лиотеките.


Потребата за радикални промени
во библиотечното работење условена е
од широката палета на културни и меди­
Јумски понуди како и на се поголемиот
број на корисници кои зависат од инфор­
мациЈата.


Поради зголемената достапност до
информациските услуги на далечина и
употребата на Интернет за пребарување
на информации, се намалува бројот на
корисници кои физички ја посетуваат
библиотеката. Од друга страна пак, пос­
тои огромна потреба за кориснички ори­
ентирани онлајн услуги кои им излегу­
ваат во пресрет на потребите на корис­
ниците и кои се достапни до секого. Не
помалку се значајни и звучните книги т.е
книгите снимени на касети и ЦД-а. Со
својата поставеност библиотеките играат
важна улога во нивниот развиток и пону­
да.


Нашите најмлади корисници рас­
тат со добро развиено и интуитивно
знаење за користење на Интернет .
Меѓутоа, сепак останува голема група


3


возрасни и деца кои немаат ниту пристап,
ниту знаење за да ги користат овие услу­
ги. Библиотеките би требало поинтен­
зивно да се фокусираат на потребите на
ваквите специфични групи и самите да
развиЈат нови стратегии во задоволу­
вањето на нерините корисници.


Пред се трансформираните биб­
лиотеки треба да бидат пријатни и удобни
места каде што нејзините членови ќе
имаат комплетен пристап до сите ресурси
на информации, но во исто време ќе
бидат места за дружење и размена на
искуства па и пријателства. Тие ќе го пот­
тикнуваат учењето и сопственото
изградување за сите генерации. Посебно
е важно доживотно учење во контину­
умот на процесот на учење. Тоа е учење
во детството, но и формално образование
на сите нивоа до независно учење во
повозрасни години, вклучувајќи и учење
на далечина.


Секоја старосна група мора да има
свој приоритет. Кога се работи за нај­
малите, најважно е постојано развивање
на љубов и навика кон читањето.
Библиотеката би требала да им овоз­
можи на најмалите корисници пријатно
катче каде што децата ќе читаат, каде
што ќе се дружат и разменуваат знаења,
каде што ќе го живеат своето детство во
светот на мечтата и литературата. Тука е
и никулецот на идниот доживотен корис­
ник на библиотеката.


Повозрасната група (адолесценти)
е тн. "критична група" која е и најбројна
популација на читатели во библиотеката.
За жал иако привидно најголема таа не
претставува Јадро на идни читатели пора­
ди низа фактори што пресудно влијаат на
нивното формирање како читатели.
Затоа библиотеката мора да им понуди
на младите место каде што ќе можат да
учат, да бараат интересни податоци или
едноставно да се одмараат, да читат вес­
ници и списаниЈа и да се состануваат со
пријателите, а се со цел книгата да стане
дел од нивното секојдневие.


Трансформацијата на библиотека-




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003
та треба да биде и во однос на повозрас­
ната читателска популација. Оние што
активно работат како и оние кои го
завршиле својот активен работен век
треба да си го најдат своето место во
современата библиотека.


Своето место библиотеката мора
да го најде и во пошироката заедница,
конкретно самата да се осмисли во среди­
ната каде што се наоѓа и дејствува.
Мошне значајна е соработката со другите
културни установи како и со општествен­
ите институции во градот.


Перманентно дополнување и
усовршување на автоматизацирта на
библиотеката мора да биде приоритет во
нејзиното работење. Со воведување на
систем COBISS (Кооперативен online биб­
лиографски систем и сервиси) МУБ Св.
Климент Охридски стана дел од совре­
меното библиотечно работење а со тоа
на своите корисници им овозможи мошне
квалитетна и брза услуга. Библиотеката
во скоро време ќе им овозможи на нејзи­
ните корисници и пристап до ЕВЅСО
базите на податоци за пребарување на
целосни статии и абстракти на различни
списанија од областа на медицината,
социолошки, психолошки и др. науки.


Не помалку значаен фактор во
современото библиотечно работење е и
кадарот кој што ги опслужува корис­
ниците на библиотеките. Современите
текови во библиотекарското работење
наметнуваат нови посовремени и поадек­
ватни пристапи кон читателот. Самиот
профил на читателот кој е испрофилиран
во повеќе насоки налага соодветен
пристап на библиотекарот. Со самиот
факт дека бибиотеката постои за корис­
ниците се што се превзема во истата мора
да произлегува од нивните интереси.


Современиот библиотекарски
работник мора да поседува интелектуал­
ни, физички, карактерни и др. особини.
Тој пред се треба да е универзален и секо­
јдневно да работи на своето самообразо­
вание. Не е доволно теоретското знаење
стекнато во институциите на неговото


4


школување така што библиотекарското
работење бара од библиотекарот посто­
јано да ја прати литературата и совреме­
ната мисла а посебно инзвонредно да го
познава библиотечниот фонд на
дотичната библиотека. Не помалку
значење има и пристапот кон читателот.
Тој мора да е пред се љубезен, трпелив и
стручен. Меѓу луѓето често пати владее
погрешно мислење дека работата во биб­
лиотеката е лесна, мирна и тивка. Но тоа
е така само на прв поглед.
Библиотекарите мораат и физички да
бидат подготвени за работа со странки,
мораат да поседуваат и некои
надворешни физички особини као што е
пријатен изглед, добар слух и вид, добро
памтење и со тоа да го задоволат прин­
ципот на современиот менаџмент- "пра­
вата личност на правото место".
Библиотекарот никогаш не треба да
работи по одредени шаблони, треба да е
инвентивен, љубопитен и полн со енерги­
ја која ќе зрачи и која ќе ги привлекува
корисниците.


Во услови на постојани промени во
нашето битисување Библиотека ќе биде
незаобиколен дел од човечкиот живот.
Таа ќе му дава на корисникот неопходни
информации и знаења што ќе бидат во
функција на неговото деловно работење
како и духовната надградба
Библиотеките се повеќе ќе бидат втор
дом и место за активно учење и здоби­
вање со релевантни информации како и
одмор од секојдневните обврски на нези­
ните корисници.




Библиошекаша-од идеја до реализација Николче Вељановски сисшем библиошекар
УДК 021.63:004 (497.7)


РАЗВОЈОТ НА КОМПЈУТЕРСКИОТ
СИСТЕМ ВО


МУБ "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"
БИТОЛА


Во 1988 година беше усвоен проек­
тот на СНТИЈ, финансиран од Сојузниот
секретариЈат за наука и технолошки
развој, а за главен изведувач беше избран
Институтот за информациски науки
(ИЗУМ). Во системот на научно
технички информации на Југославија
(СНТИЈ), во кој што системот на взаемна
каталогизација беше прифатен како
БИС (Библиотечно информативен сис­
тем) на Македонија, на Марибор му беше
доверена улога на главна информациска
база на податоци (хост). На сите членки
приклучени на хостот им беше
овозможено по еден претставник да прис­
уствува на еднонеделна бесплатна обука
во ИЗУМ, Марибор.


НУБ "Св. Климент Охридски"
Скопје (1988), беше определена за јазол­
на точка во СНТИЈ, односно во БИС на
Македонија. Во 1990 година, со доби­
вањето на терминалската опрема, нашата
Матична и универзитетска библиотека
"Св. Климент Охридски" Битола се прик­
лучи преку јазолната точка во НУБ на
ЈУПАК мрежата преку која имаше
пристап до хостот во Марибор и до други
меѓународни информациски сервиси и
банки на податоци. Исто така, можевме
да ја користиме електронската пошта. За
нас се отвори прозорец кон светот и ни се


5


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 1 1 2003


укажа можноста за комуникација со све­
тот. Покрај нашата библиотека во
СНТИЈ/БИС беше вклучена и биб­
лиотеката на Природно-математичкиот
факултет во Скопје и Кинотеката на
Македонија. Сите го користевме аплика­
тивниот софтвер ЈУБИБ изработен од
ИЗУМ во Марибор.


Податоците ги внесувавме во наша
локална база, која ни беше отворена во
компјутерскиот систем во Националната
и Универзитетска библиотека (НУБ) во
Скопје. Тоа го работевме директно преку
единствениот терминал во библиотеката.
Нашите записи, се запишуваа автоматс­
ки, доколку во хостот претходно немаше
регистрирано идентични. Главната
информациона база на податоци, или т.н.
хост во Марибор се состоеше од неколку
комбинирани странски и над петнаесет
специјализирани домашни (Бившо­
југословенски) бази на податоци ОД
повеќе важни образовни, културни и
научно-технички полиња од животот. Во
секое време имавме пристап до хост-от
кој можеше бесплатно да се пребарува.
Можевме да преземаме записи и со мали
исправки да ги имаме во своЈата локална
база на податоци. Така, МУБ " Климент
Охридски" -- Битола, стана втора биб­
лиотека во Македонија каде што отпочна
11роцесот на автоматизација која во
наредните години требаше да се развива
како централна библиотека во
Југозападниот Регион.


Распаѓањето на СФРЈ придонесе за
пропаѓање на СНТИЈ и ЈУБИБ.
Функционирањето на базите се сведе
само на локално ниво. Врската со свет­
ските бази на податоци и електронската
пошта се одвиваше преку МАКПАК.
При крајот на 1994 година врската со
другите бази и електронската пошта
беше прекината заради неплатени долго­
ви на НУБ. Тоа траеше и скоро преку
цела 1995 година. Во меѓувреме ИЗУМ го
надградуваше библиотечниот софтвер и
го усоврши според меѓународните стан­
дарди. ИЗУМ конечно се одлучи ката-




Библиошекаша-од идеја до реализа��ија
лошките записи да бидат според UNI­
MARC (Universal Mashine Readable
Cataloguing), кој се темели врз постојните
меѓународни стандарди на каталогизаци­
ја како што се: ISDS-International Serial Data


Sy�tem; ISBD(M)-International Standard
J;Зibliographic Description for Monographs;
ISBD(S)-International Serial Bibliographic
Description; ISBD(N)-International Standard
Book Description Number; ISSN--International
Standard Serial Number. Повеќе автома­
тизирани национални библиотеки во све­
тот го користат овој начин на
обработка каде преку инте­
грален и универзален приод
кон МАRС-шемите за ката­
лошка обработкаи беше овоз­
м о ж е н а к о о п е р а т и в н а
обработка на библиотечната
граѓа и непречен увид во
содржините на фондовите на
другите библиотеки и посто­
јните информативни системи
во земјата и странство. Во
1995 година новиот биб­
лиотечен софтвер беше поз­
нат под името COBISS
(КОБИСС) Cooperative On-line
Bibliographic System and Services.
Всушност, COBISS беше надградба на
системот за взаемна каталогизација.


Заради недоволно познавање на
слични библиотечни програми на нашето
поднебје постоеше сомневање дали да се 6 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003 одлучиме за словенечкиот библиотечен програм КОБИСС, или да чекаме претходно НУБ да се одлучи за некој друг програм, а ние да го прифатиме. Кај нив постоеа и реални проблеми затоа што нивната база на податоци беше поголема, а истовремено и нивното сом­невање дека тие записи безбедно ќе бидат префрлени на новиот Алфа систем (сервер) кој работеше со VMS оперативниот систем. При крајот на 1995 нашата библиотека веќе го набави Алфа-серверот 400 -4/166 МХз за кој сметавме дека ќе биде довол­но голем и брз за нашата база на податоци и за нашите корисници. Требаше брзо да одлучуваме дали да го прифатиме КОБИСС, или не затоа што во тој момент НУБ конечно се откажа од истиот, а нас ни беше понудено бесплатно да станеме ,,демо" за Македонија со оваа програма. Кога веќе тоа го прифативме и се догов­оривме околу поединостите, НУБ побара и тие да потпишат договор. Договорот го потпишавме и ние со тоа што се промени-ја некои работи од претходно договорено­то. Затоа што НУБ плати една одредена сума за користењето на софтверот, ние мораше да платиме некаква симболична сума и се договоривме да плаќаме за одржување на истиот што беше . mогу




Библиошекаша-од идеја до реализација поволно.
Пролетта и летото 1996 година


неколкумина инженери дојдоа во нашата
библиотека при што го инсталираа
КОБИСС програмот и организираа


обука
н а


Авторот воИЗУМ, Марибор 1996


вработените за истиот. Истата година, во
есента повторно организираа бесплатен
престоЈ за еден наш член за да се одреди
како ќе изгледаат сигнатурите и за да се
означат посебните Оддели на истите со
нивните посебни инвен-
тарни броеви. Требаше
да се отклонат некои
проблеми со печатење­
то на билтените на кир­
илица во нивните
епром-и. Во овој период
останавме да ја полниме
само својата локална
база без да бидеме
поврзани преку взаемна
база на податоци.
Направивме неколку
акции за ретроспектив­
на каталошка обработ­
ка и до есента 2001 годи­


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003


лиотеки кои влегоа во взаемната база
лоцирана на серверот во НУБ беше и
нашата библиотека. Покрај нас во взаем­
ната база влегоа ПМФ и МАНУ. Во тој
почетен период над 50.000 библиографс­


ки записи од МУБ влегоа во
взаемната база. Во текот на
2002 година неколку биб­
лиотекари-кат ало ги за тори
беа на обука во НУБ.
Взаемната каталогизација се
заснова на кооперативното
собирање и дистрибутивна
обработка на библиографско­
ка талошки податоци. Ова
о в о з м о ж у в а р а ц и о н а л н а
поделба на работата при
обработката на библиотечната
граѓа. Доволно е, секоја едини-


ца да се обработи само еднаш, во
локалната база, за потоа on-line,
да биде достапна на сите учесни-


ци во системот, што воедно е и главна цел
на автоматизацијата на библиотечните
процеси. Пристапот до податоците од
фондот се достапни и преку Интернет за


што пома­
га и WEB
СаЈТОТ на
МУБ.
Во момен-
т а л н а т а
фаза од
автомати­
зациЈата на
М У Б
п о с е б н о
внимание
му се при­
дава на
про грамот
за позаЈму-


на повеќе од 90% од книжниот
фонд беше веќе внесен.


Терминали за пребарување во МУБ
,, Св. Климент Охридски"


вање
засега


што
го


Во декември 2001 година
беше формирана библиографската база
на податоци на Македонија
(КОБИБ/МКД) и меѓу неколкуте биб-


7


имаме само на
тестната база и вработените се веќе
обучени за работа.




Библиошекаша-од идеја до реализација


УДК 023.5:004 ( 497.7)
МЕСТОТО НА СИСТЕМ
-БИБЛИОТЕКАРОТ ВО


БИБЛИОТЕКИТЕ


Николче Вељановски
сисше.м библиотекар


Терминот систем библиотекар
како работно место сеуште не е доволно
познат меѓу библиотекарите во Р.
Македонија. Тој често се поистоветува со
терминот систем инженер кој по зани­
мање е инженер и работи со комјутер­
скиот суистем, односно тој работи со
машините со
серверите и другите
машини кои се
опслужувани од него
или· се врзани на
него. Кратко речено,
систем инженерот се
грижи за комп1утер­
ската мрежа без
оглед на тоа дали таа


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 1) 2003


итн.
Во услови кога библиотеките треба да
набават нов библиотечен програм или
треба да го заменат постојниот со друг
библиотечен софтвер, систем биб­
лиотекарот е тој кој треба да биде најан­
гажиран и да знае кој он-лине интегриран
библиотечен програм најповеќе одговара
за да излезе во пресрет на библиотечните
потреби и процеси. Тој треба да знае дали
и како ќе се усогласи новиот програм со
веќе постоечката банка на библиографс­
ки податоци. Систем библиотекарот
треба претходно да ги испита можнос­
тите на новиот програм за да би можеле


библиотечните
п р о ц е с и


. непречено да
. ф у н к ц и о н и­
раат. Значи
потребно е да
се проследи и
искуството на
другите биб­
лиотеки каде
ТОЈ програм мрежа е во биб­


лиотеката или на
друго место. Систем
инженерот треба да
обезбеди непречена
работа на сите јузери или
корисници кои се пријаву-


КароАин Мур и авторот (горе десно)
Од семинарот за автоматизациiа на


бибАиотеките во Македониiа, Охрид 1996


в е ќ е
функционира и
да ги слушне
искуствата на
библиотекарите
кои работат со
истиот. Кога се ваат на системот.


Систем библиотекарот е посредник
помеѓу компјутерскиот систем и автома­
тизираните библиотечни процеси кои тој
систем ги подржува како интегрирани
библиотечни процеси од една страна и од
друга страна библиотекарите колеги кои
треба да ги обучува, или информира за
сите новонастанати промени во биб­
лиотечниот програм. Всушност, систем
библиотекар е библиотекар кој има
одредено познавање од информатика и
кој успешно работел низ повеќе автома­
тизирани библиотечни процеси како што
се: каталошка обработка на монографски
и сериски публикации, УДК-класи­
фикација, предметна систематизација 8 работи за избор на добавувачот на софт­верот потребно е истиот да биде познат и признат добавувач на библиотечен софт­вер кој работел подолго време исклучиво на таа проблематика. Ако тој нема посто­јана екипа која ќе се грижи за сервисир­ањето и помагањето на библиотекарите во поглед на обука за програмот како и неговото постојано надградување според потребите на библиотеката, тогаш тој не е сериозен добавувач. Меѓутоа, при изборот на биб­лиотечен софтвер потребно е паралелно да се води строго сметка и за добавувачите на хардвер. Добавувачот на хардверот, исто така, треба ;:i;a и�1а




Библиошекаша-од идеја до реализација
искуство со работата на истиот или
сличен библиотечен програм за да може
систем библиотекарот да знае во колкава
мера библиографските записи ќе можат
да се внесуваат во банката на податоци и
какви ќе бидат проблемите со хардверот
воопшто. Добавувачот на хардверот
треба да биде сериозна фирма која ќе
може да го обезбедува сервисирањето на
истиот во секое време, а по потреба да
суделува во инсталациЈата на
библиотечниот програм.


Систем библиоте-
карот треба да биде во пос­
ТОЈ ан контакт со раковод­
ниот орган и стручниот
тим и да им ги изложува
предностите и слабостите
како на поодделни биб­
лиотечни програми така и
на хардверот за кој тој има
информации, а исто така и
да дава преглед на евенту­
алните трошоци при евен­
туална набавка на истиот.
Во случај кога библиотека­
та се реши за одреден биб­
лиотечен хардвер со ЧИЈа
помош про грамот ќе
функционира, систем биб­
лиотекарот треба да извр­
ши анализа на недоста­
тоците и на софтверот и на
хардверот во нивниот
меѓуоднос. Потоа, тој
треба да стапи во контакт со добавувачот
на софтверот и заеднички ги решаваат
сите можни потреби и проблеми согледу­
вани од добавувачот, а посебно од страна
на систем библиотекарот.


Добавувачите на библиотечниот
софтвер се сосема свесни за комплек­
сно ста на потребите за непречено
извршување на библиотечните процеси.
Еден од добавувачите на програмата
COBISS , IZUM од Марибор, Словенија
има персонал од над 60 стручни работни­
ци од кои најголем број се инженери
информатичари со одлично познавање на 9 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003 библиотечните процеси и потреби. Откако ќе се имплементира биб­лиотечниот софтвер и хардвер, систем библиотекарот организира обука за вработените и самиот активно учествува во истата како инструктор. Почетната обука за вработените скоро секогаш ја водат добавувачите на софтверот, а оние на кои им треба дополнителна помош (таа постојано им треба на сите), посебно во случај кога вработените за првпат се сретнуваат со ваков интегриран on-line библиотечен сис­тем, систем биб­лиотекарот се активира во таа насока. Тој треба да биде посебно трпелив со оние б и б л и о т е ч н и работници кои побавно се при­лагодуваат на автоматизирана­та обработка на библиотечните материЈали и да им посвети посеб­но внимание. На почетокот обуката се обавува на таканаречената тестна база, наменета за обука. Откако вработените стекнат одредено искуство и преминат да работат во тековната банка на податоци, систем библиотекарот треба да добива информа­ции за евентуалните недостатоци во софтверот со кои тие се сретнуваат во работата. Систем библиотекарот стапува во контакт со добавувачот на софтверот и го известува за недостатоците за кои ТОЈ треба да изнајде решение и да му го соопшти на систем библиотекарот откако претходно на одреден начин ќе интервенира. Недостатоци ќе постојат и после една, две или повеќе години од




Библиошекаша-од идеја до реализација имплементацијата на библиотечниот софтвер. Тоа се докажа и ден денес во нашата библиотека, почнуваЈКИ од означувањето на дуплик:атите , пуб­ликациите во томови, во пополнувањето или непополнувањето на одредени поли­ња или потполиња при што беа неопход­ни накнадни акции за отклонување на истите. Систем библиотекарот постојано треба да биде во тек со надополнувањето и надградувањето на софтверот како и за наЈновите можности на хардверот потребен за поуспешна работа на инте­грираниот библиотечен систем. При едно предавање на систем библиотекарот на Универзитетот во Илиноис, Мери Бет Лавињо (Marry Beth Lavigno- systems librar­ian), во 1995 година, на кое бев присутен, ќе рече: , систем библиотекарот е биб­лиотекар, кој не мора да биде инженер, а потребно е да има знаење од информати­ка и солидно искуство од - повеќе биб­лиотечни процеси и што е најважно треба да има насмевка и ентузијазам'. Истата дефиниција ј а слушнав како учесник на семинарот, односно воркшопот (workshop) " Автоматизација на библиотеките " кој се одржа во 1996 година во Охрид на кој зедов активно учество и затоа од организаторот .ми беше дадена можност да напишам извештај за работата на истиот. На воркшопот кој траеше три дена учеству­ваа по еден до двајца претставници од 21 библиотека од републиката. Предавачот од Лондон, Каролин Мур (Caroline Moore, Information and Libraгy systems consultant) , ќе нагласи неколку пати: 'на биб­лиотеките и воопшто на библиотеките во Македонија, денес кога тие треба да се автоматизираат им се потребни систем библиотекари чиј ентузијазам треба да "влече II до нивна потполна автомати­зација и одржување на истата на ниво на европските и светски стандарди'.
10


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003


Од иешшомесечнио�и иресшој на авшорош
во ирва�иа авшомашизирана библиошека
на САД ири универзишешо�и Илиноис во
Урбана-Шамиањ, Охајо




Од изданијаша на библиошека�иа УДК 013: 378.4 (497.7) " 1 979/ 1 999"
БИБЛИОГРАФИЈА НА


УНИВЕРЗИТЕТОТ Цвешанка Дамјановска Лена Секуловска Јоланда Бошевска Проектот " Библиографија на Универзитетот Св. Климент Охридски 1979-1999 " , претставува дел од повеќе годишни истражувања на Матичната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски-Битола, која како нејзина рамноправна членка истражува и приби­ра документарен материјал за Универзитетот, а со тоа придонесува и за побрзо евидентирање на вкупната граѓа неопходна за истражување и пишување на историЈа­та на Битолскиот уни­верзитет. Оваа библиографија е вовед во еден поголем труд што тематски ќе ја опфати целокупната дејност на Ун:иверзиrеrог во два дела: 1 .Историја на уни­в е р з и т е т о т , о п ш т е ств е н о - п о л и ­тички и културен живот и изданиЈа на Универзитетот; 2 . Н а ст а в н о - н а уч н а работа и наставниот кадар н а Универзитетот од � 1979-1 999 со своите комплетни научни трудови( објавени и необјавени) , учество на симпозиуми, кон­греси и ел. Во овој прв дел на библиографијата се опфатени сите релевантни статии истражени во фондовите на Библиотеката, како и монографски пуб­ликации објавени од Универзитетот како
11


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003 институциЈа. Статиите во овој труд се однесуваат на Универзитетот и неговите институции, факултети, Универзитетска библиотека научни институти, наставна работа,општествено-политички и кул­турен живот, студентски домови, здруженија, задруги и фондови,здраствени и културни установи објавени во македон­ските весници и списанија за период од 20 години. Обработена е релевантна граѓа истражена во следните македонски изданија на весници и списанија: Нова Македонија, Вечер , Битолски весник, Студентски збор, Млад борец, Студент, како и изданија на монографски пуб­ликации од издавачката деЈност на Универзитетот. Б и б л и о г р а ф с к а т а граѓа во оваа свеска е средена според УДК (Универзална деци­мална класификација) , а во рамките на класи­фикацијата библи­ографските единици се средени азбучно . Библиографијата се обработува де визу според IЅВD(Меѓунар­оден стандард за биб­лиографски опи� . Б и б л и о г р а ф с к и о т запис содржи анотаци­ја секогаш кога насловот не ја опфаќа или недоволно Ј а открива содржината на публикацијата или статиЈата. Библиографските единици се подредени азбучно . секоја библиографс­ка единица е систематизирана според сис­темот УДК според средното и другите изданија на Универзална децимална класификација : прво српскохрватско среднје изданје ЈУБИН-Београд 1991




Од изданијаша на библио�иекаша


Библиографските описи се
изработени автоматизирано на сметач,
според што записите на б.е. содржат
идентификациони броеви. Исписот е под­
готвен со програмска поддршка на
СОВIЅЅ(Кооперативни онилане библи­
ографски систем и сервиси) што го
одржува IZUM(Institut informacij skih
znanosti Maribor). Податоците се струк­
туирани според библиографскиот фор­
мат COMARK што претставува моди­
фикација на форматот UNIMARК.


Библиографијата содржи Регистар
на имиња, Регистар на стварни наслови и
Предметен регистар.


Регистарот на автори ги содржи
имињата на лица кои што учествувале во
духовното создавање на содржините на
статиите, како и имиња на автори цити­
рани во библиографската забелешка. Во


Регистерот се внесени сите форми
на имиња од кои неусвоените форми од
едно име се упатуваат на усвоена форма
за единстевена именска определница .


Регистарот на стварни наслови ги
содржи сите наслови на статии, со или без
автори.


Предметниот регистар го содржи
пописот на предметот што го обработува
статирта, изразен преку определници
кои се азбучно средени. Тој укажува на
определен предмет-тема, не водејќи смет­
ка за аворот на делото односно статијата.
Во предметниот регистар секој предмет­
тема се обработува самостојно и одделно
и со тоа предметниот регистар Ја испол­
нува основната задача да овозможи
точна, брза и непосредна информација за
дадените статии содржани во
Библиографијата.


Би сакале да веруваме дека презен­
тираната библиографија ќе го претстави
растежот и развојот на Универзитетот
низ една значајна димензија преку
дведецениските напори на одделот
Библиографии да остави една библи­
ографија која ќе претставува прилог од
непроценливо значење за идните
истражувачи.


12


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003


БИБЛИОТЕЧНИ ТЕРМИНИ НА
АНrЛИСКИ ЈАЗИК


ириредил и иревел Николче Вељановски


ASTERISK (*) - симбол кој се впишува
при скратување на еден збор, наслов, или
име и презиме на автор при пребарување­
то на книги, списанија, статии и друг биб­
лиотечен материЈал.


BARCODE (Баркод) : Алфанумерички
или нумерички податоци кодирани преку
серија на вертикални прачки кои се раз­
ликуваат по дебелина за да претстават
одредени броеви. Можат да бидат
прочитани на компјутер со помош на
ласерски читачи. Во библиотеките се
користат во одделите за позаЈмување.


B I B L I O G R A P H I C D A T A B A S E
(Библиографска база на податоци) - база
на податоци со записи кои опишуваат
книги, списанија, статии и други матери­
јали кои се чуваат во библиотеките.


CATALOGUE (Каталог) : место каде се
запишани сите библиотечни материјали.
Во компјутерскиот систем каталогот
претставува библиографска база на пода­
тоци.


CATALOGUING (Каталогизација): про­
цесот на создавање на библиотечен ката­
лог. Всушност тоа е главниот модул во
еден интегриран библиотечен систем.


CD-ROM (Compact Disc Read Only
Memory): оптички диск кој може да
складира текст, графика, звук итн. ЦД­
РОМ-овите се користат во издавачки
формат за многу библиографски банки
на податоци, библиотечни материјали и
за дистрибуција на софтвер.


COBISS (Cooperative On-Line Bibliograpbic
System and Services) - Библиографски сис­
тем сервис на Научниот институт на
Марибор, Словенија како надградба на




Од изданијаша на библиошекаша системот на каталогизација кој се користи во неколку бивши југословенски републики.
DISK DRIVE (Диск Драјв) : уред за складирање, пишување и _ читање на информации од компакт дискови.
CIRCULATION (Позајмување) : функција на библиотечно организирање и кон­тролирање на позаЈмувањето и враќањето на библиотечниот материјал од страна на корисниците . Тоа е еден од модулите на интегрираниот библиотечен систем.
FULL-TEKST (полн текст) : го означува библиографскиот материјал ( статии , списанија и др.) запишан во библиограф­ската банка на податоци во целост.
Е-ВООКЅ - библиографски материјал (книги) на компакт диск кој исто така може да биде содржан во библиографска­та база на податоци.
E-JOURNALS- библиографски материјал (списанија) на компакт диск кој исто така може да биде содржан во библиографска­та база на податоци.
EPROM - Erasable Programmable Read
Only Memory - една од употребите му е во печатачите на библиотеките при што текстот го покажуваат паралелно на кир­илица и латиница и ел. , во случај кога оперативниот систем, во КОЈ што се вне­сени записите, ги испраќа до штампачот само како еден фонт. На пр. само на латиница. Затоа за матричните печатачи во библиотеката ни се потребни ЕПРОМ-ите прилагодени на КОБИСС­програмот, програмирани во ИЗУМ, Словенија.
НОЅТ: централна библиографска банка на податоци која содржи голем број на други бази на податоци достапни за он­лине пребарување.


13


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003


ISBN: International Standard Book Number - број доделен на секоја издадена моно­графска публикација.
ISSN: International Standard Serial
Numbep - број доделен на секоја издадена сериска или периодична ·публикација.
ISBD: International Standard Bibliographic
Description - Меѓународен стандард за обработка на книги, списанија, статии и друг вид библиотечен материјал.
КEYWORD: индексиран термин по КОЈ може да се пребарува и да се пронаЈде бараниот наслов и ел.
МАRС: Machine Readable Cataloguing -шема или маска за каталогизирање на библиографските податоци која е стан­дардизирана. Постојат неколку типа на шеми: USMARC (го користи Конгресната библиотека) , UKMARC (го користи Британската Библиотека) итн. UNI­MARC е универзална шема која е комби­нација од неколку MARC- шеми И најмногу е користена во библиотеките на Словенија, Србиј а и Црна Гора, Македонија и други источноевропски библиотеки.
ОРАС: Online Public Ассеѕѕ Catalogue -систем за пребарување на компјутер­изиран библиотечен каталог дизајниран за брзо и лесно користење од страна на корисници кои немаат никакво посебно искуство со компјутери или системи.
TERМINAL: уред за внес и пре барување на библиографски:те податоци. "Тупите " терминали, кои за разлика од компју­терите "не умеат да мислат " , немаат мем­ориј а или сопствен процесирачки �апацитет.




Библиошекаша низ оддели и акшовносши
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ПРЕПОРАЧУВААТ
ОД ОДДЕЛОТ ПОЗАЈМУВАЊЕ НА


ВОЗРАСНИ Приредила Гордана Марковска Најчитани книги: 1 . ПОСЛЕДНИТЕ СЕЛАНИ - Петре М. Андереевски 2. АЛХЕМИЧАРОТ - Паоло Куелјо 3. ЦЕЛЕСТИНСКОТО ПРОРОШТВО -Џејмс Редфилд 4. ГОСПОДАРОТ НА ПРСТЕНИТЕ -Тон Р. Толкин 5 . ПАТУВАЊЕ СО ЉУБЕНАТА -Божин Павловски 6. БУДЕЊЕ - Антони де Мело 7. БИТОЛСКА ХРОНИКА ОБИТЕЛС­КА ТРАГЕДИЈА - Владимир Костов 8. КАНДИД - Валтер 9. СВЕТО ПИСМО 10. СТРАНЕЦ ВО ОГЛЕДАЛО - Сидни Шелдон
Б И Б Л И Ј АТ А


КНИГА НАД КНИГИТЕ Ричард Иванишевиќ Најсветата и најтајната, најчитана­та и најпочитуваната, најобожаваната и најбожествената книга меѓу христијаните ширум сехристијанскиот свет е БИБЛИ­ЈА Т А . .. Создадена од низа автори, авторитет­на и вечно привлечна по духовноста, содржините , мудроста и грамотноста , претставува хрестоматија, хроника, историја и енциклопедија· на христи-
. . рнството, хронологиЈа на христовите харизми, богородичните благородија, апостолските чуда и чудества, духовни и душевни драми на ангелските дела и ѓаволските недела, страшните и ужасни 14 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 1) 2003 прикази на пеколот, небесните двери на рајот, неизвесните мистерии на чистилиштето, замоците на бесмртноста, дворците на библиските бесмртници, светци и светици . Библијата . . наЈпрепишуваната и наЈпечатената книга, чија слава и моќ, читаност и преведу­ваност, планетарно плени и вселенски вознесува две ИЛЈ ади години верници на Христовата вера. Вистина е дека , Библијата е храмот на храмовноста. Од Библијата потекнува градењето базилики и кате­драли, манастири и цркви, светилишта и свети места; Според библиските легенди, сцени и биднувања - создадени се ремек -дела во ликовните уметности. Неимарските спиритуални монументи -храмовите кои се исполнети со фрескописи и живописи, скулптури и резби, калиграфски и каменорезачки убавини до совршенства, мотивирани и испирирани од универзалниот храм на христијанската библија. Философите, книжевниците, композиторите, твореле, творат и ќе творат повикувајќи се на непресушните извори на библиските све­тогледи кои поттикнуваат кративно да се толкува психата, бескрајот на генијалнос­та, бесконечноста на фантазијата, без­граничноста на емоциите, хипнотичноста на б о ж е с т в е н о т о . . . За сите изданија на библијата само едно е неменливо и незаменливо: деми­нациј ата на христиЈанскиот дух; пиедесталноста на вистината и верата која никогаш не згаснува - христијан­ските празнувањана верата и надежта, од кој а се црпат желбите, копнежите, среќата за ближните, жизнерадосност и благословот на блаженоста што госпо­дари и шири од книгата над книгите, во која е загадочната Песна над песните. Едемската градина, Таворската гора , Исус од Назарет, посланијата на Мојсие, Зидот на плачат во Ерусалим, Гетсиманската градина, Давид и Голијат, Апокалипсата и Голготата, Содома и Гомора и уште безброј библиски теми,




Библиошекаша низ оддели и акшовносши
места и личности се вечни мотиви, пора­
ки и препораки на инвентивните - посеб­
но генијалните да ја интерпретираат
Библиуата , во најразновидни креативни
заложби.


Библијата е присутна.во литерату­
рата на Данте и Гете, во музиката - ора­
т9риуми, Реквиемот на Моцарт, во
севкупниот опус на Микеланџеловиот
демиург, севкупното сликарство на
Рембрант, во раскошните икони на
Андреј Рубљов, во прекрасните
сликописи на охридските завештаниЈ а од
Михаил и Евтихиј, во резбите на Рез овци
и Фрчковци, Зограф Дичо, во совре­
мените храмови, во древните свети град­
би, во поезијата на Михаил Ренџов,
сликите на Владимир Георгиевски, бо
прозата на Владимир Костов, во славните
1 1 Беседи од Калиште II на Отец Стефан
Санџаковски ...


Библијата не е само ритуална,
реликвиска света книга коЈа има
религиска, теолошка или_ теогониска
важност - Таа е волшебна книга, чиЈа
мисија не мисионира само на
богослужбите, туку таа е книга коЈа
исцелува, утешува, советува, пред коЈа
може да се испеведаме и насамо и кога
сме осамени, тажни, нерасположени, во
обеспокоени состојби. Во нејзината
милосрдност, страдањата и искушенијата
се ублажуват.


ОСВРТ КОН ДЕЛОТО КАНДИД ОД
ВОЛТЕР


Гордана Марковска


Франсоа - Мари Аруе Волтер
живеел од 1694 - 1778 год. и бил еден од
најзначајните и најеминентните францус­
ки писатели и филозофи. Мошне
разновидни се неговите книжевни тру­
дови- прозни дела и филозофски размис­
ли, историски дела, многубројни критики,
полемички текстови, памфлети, комен­
тари, богата кореспонденција со еминент­
ни современици итн.


15


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 1) 2003
Сето заедно ни дава за право да констати­
раме дека Волтер представува една од
стожерните величени на 18 век . Кандид
излегол од печат во првиот месец од 1759
год. кога Волтер бил на 65 годишна
возраст, со богато писателско искуство
зад себе, во време кога неговите фоло­
зофски и други текстови веќе ја брану­
ваат цела Европа. Кандид е всушност и
самиот Волтер . И бидејќи самото име во
превод, означува искрен, невин, наивен,
простодушен човек, односно особини
што ги содржи карактерот на детето,
пред да почнат во него да се мешаат и да
го расипуваат особините на
подоцнежната возраст, авторот го зема
токму него како главна личност на свор­
та приказна, со негови очи да ги гледа и
да ги следи настаните што се случуваат во
романескното дејствие. Како авторот,
така и читателот се идентификува со
личноста на Кандид, зашто детето вечно
живее во човекот, независно што околи­
ната и возраста непрестаЈНО му ги намет­
нуваат своите искуства и своЈата логика.
Кандид на секоја случка и појава гледа
секогаш со вчудоневиденост и
вџашеност. Лошите работи му се
причинуваат многу полоши, а добрите
многу подобри, убавите многу поубави.


Тајната на глемиот успех и попу­
ларноста на 1 1 Кандид 1 1 се состои во гени­
ј алната дарба и вештина на раскажување­
то, како и воспособноста на авторот да му
даде најсоодветна форма на делото. Така
од позицијата на филозоф Волтер соз­
даде филозофски роман при тоа бази­
рајќи се врз народните раскажувачки
традиции на романот му дава форма на
приказна, така што најпосле добиваме
своевидна верзија на прекрасната фран­
цуска II шехерезада 11 • Неговото црно бело
сликање концизна реченица, егзактен
израз и елегантен стил, Ја освежуваат
прозната структура со лесен хумор и
ироничен тон. Би можело уште многу да
се зборува за Кандид, како што тоа го
направиле многу литературни критичари.
Но ќе кажеме само уште тоа:




Библиошекаша низ оддели и акшовносши
Благодарение токму на"Кандид" славата
на Волтер не само што не згаснува, туку
се повеќе расте. Дури и денес се актуелни
прашањата што се покренати во ова
бесмртно дело, за кое се вели дека е
книга за сите возрасти и за сите времиња.


ОДДЕЛ ЗА ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА
КНИГАТА


Приредил Драги Кабровски


Популаризацијата на книгата има
за задача на организиран начин да го
зголемува интересот за читање на книги,
таа да биде што подостапна и поблиска до
читателот. Исто така, преку најразновид­
ните форми популаризацијата има за цел
да ја афирмира дејноста на Библиотеката
како најсовремена културно образовна
институција што врши библиотечна
дејност, како и прибирање, обработка и
презентирање на информации и податоци
за библиотечниот материјал, со што при­
донесува за задоволување на културните
потреби и придонесува за унапредување
на научно-истражувачката работа во
регионот.


Популаризацијата се врши преку
разни форми на културно-просветни
активности:


-изложби на книги кои можат да бидат
(тековни и тематски)
-промоции на нови книги
-литературни читања и средби со
писатели
-прифаќање на организирани групни
посети на Библиотеката
-наградни литературни конкурси
-прогласување на читатели - шампиони
-предавања и трибини
-ликовни изложби и др.


16


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 1, 2003


Организир4ни се посети за
првачињата од основното училиште "Св.
Кирил и Методиј ", учениците од трето
одделение од ОУ "Гоце Делчев" и
забавиштата од Детска градинка.
Посетите беа реализирани во детската
библиотека каде, низ разговор, децата
беа запознати со работата и дејноста на
Библиотеката како една од постарите
културни установи во градот Битола и
пошироко.


Изложбите на книги како форма
на културна активносст во МУБ "Св.
Климент Охридски" се воведени од 1957
година. Оттогаш па се до денес на оваа
форма на активност и се посветува голе­
мо внимание. Се приредуваат тековни и
тематски изложби на книги по повод
разни настани и јубилеи. Се поставуваат
изложби на издавачките куќи: "Детска
радост", "Македонска книга", "Култура",
"Просветна дело" , "Магор " и др.


ПРОМОЦИИ НА ИЗЛОЖБИ КНИГИ
И ПРЕДАВАЊА


Приредил Ричард Иванишевиќ


Оваа година изобилува и со орга­
низирани литературни читања со учество
на ученици - членови на литературните
секции, еминентни поети и писатели од
градот и Републиката како: Ката
Мисиркова - Руменова, Иван Чаповски,
Драги ·михајловски, Радован П.
Цветковски, Панде Манојлов и др.


Од почетокот на годината
поместени беа следните изложби: Григор
Прличев-110 години од неговата смрт.
Истите беа проследени со камерни есеи
од Р. Иванишевиќ (информатор-презен­
тер ) ; изложба на книги од писателката




Библиошека�иа низ оддели и акшовносши


Перл Бак (По повод на меѓународниот
ден на жената) ; од книжевното
творештво на истакнатиот . литературен
теоретичар и книжевен историчар проф.
д-р Харалампие Поленаковиќ; Тематска
изложба на книги посветени на животот
и делото на патронот Свети Климент
Охридски(по повод одбележувањето 25
март - ден на основањето на библиотека­
та) ; По повод Светскиот ден на книгата
23 Април пригодна поставка на книги
" Светска Драматургија" (Шекспир, Лопе
де Бега и Сервантес) ; " Сто години од
смртта на Гоце Делчев" - по повод 4 мај
денот на неговото загинување (во
рамките на 100-годишнината од
Илинденското востание) ; "Библијата
книга над книгите" ( сите изданија од
книжниот фонд на Библиотеката).
- Живко Митревски
"Синдикални Предизвици"


Во почетокот на годината беше
промовирана книга од претседателот на
синдикатот на Општина Битола г-н
Живко Митревски, посветена на
синдикалниот развој во Република
Македонија, а ја промовира претсе­
дателот на Синдикатот на Р. Македонија
г-н Ванчо Муратовски.


17.03.2003
Драги Михајловски - " Смртта на дијакот "
со осврт на есеистот Р. Иванишевиќ.
Книгата е влезена во избор на роман на
годината на културната страница на
Утрински Весник. Автор на повеќе
прозни дела. Реномиран преведувач од
англиски на македонски, инаку проф. на
Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во
Скопје.


20.03.2003
Жената од Африка - животот на жената
во Абиџан (Брег на Слонова Коска)
Проекција на слајдови, со предавање
излагање од Елизабет Лили Бутман
Банколе, професор и писател од Берлин,
СР Германија


17


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 1 1 2003


ЛИТЕРАТУРНИОТ ЛАУРЕАТ ­
ГРИГОР ПРЛИЧЕВ


Ричард Иванишевиќ


Деветнаесеттото столетие во
македонската книжевна заложба вечно
ќе се памети по преродбеништвото и


. .
раскошната духовна ризница коЈа му Ја
завештаа на македонското културно
наследство и македонштината, истак­
натите учени духовници и надарени
литерати како што се Браќата
Константин и Димитар Миладинов,
Партенија Зографски, Крсте П.
Мисирков, Јордан Хаџиконстантинов
Џинот, Рајко Жинзифов, Кузман
Шапкарев и редица други знаменити
духовни деЈци.


Деветнаесеттиот век е векот
духовно овековечен во делото и личноста
на Григор Прличев, бесмртниот поет и
благородниот човек, чесен македонец,
посветен на Македонија. Скромен во
животот, славен, вонвремен по ремек­
делата што ги создаде при својот престој
на земјата, безвремен и загадочен по она
што го дари низ творештвото на совре­
мениците, потомците и поколениЈата
поети-книжевници кои ќе го следат
неговиот гениј. Духовноста го понесе, го
вознесе меѓу небесните.


Се роди во Охрид 1831-та. Во
Охрид почина 1893-тата. Таму по свој
избор почина и вечно почива. Не сакаше


. .
татковината и маЈчиниот Јазик да ги
замени за убав живот, затоа што ќе беше
несреќен ако пишува на туѓ јазик, и му
служи на чужд народ . ... на дваесетидевет­
годишна возраст, 186O-тата во Атина
беше овенчан с0 ласкавата прва награда,
на поетскиот конкурс. Го прогласија за
Нов Орфеј, Втор Омир, а на поетскиот
Олимп, да те крунисаат и постават на тој
за сите учесници недостижен, освен за
него Григор Прличев кого го споредија
со великиот Хомер, и го назначија за
хомеров наследник, и кога му понудиЈа да




Библиошекаша низ оддели и акшовнос�ии
студира на Оксфорд и во Берлин - благо­
дарение на поемата " О Арматолос (на
грчки) " Сердарот" на македонски ...
тогаш престижниот поет донесе патриот­
ска одлука засекогаш да се врати во
Македонија, и до крајот на животот да
живее меѓу своите, да не биде ничиј
заточеник и слуга, да се стави во духовна
служба со дарбата на перото да војува за
сопствениот род и пород, да освојува низ
духовните дејанија-поезијата и прозата,
за да се претстави и прикаже величието
на македонскиот дух, широчините на
македонската душа и височините на
македонштината.


Свесен и совесен, иако остатокот
од животот мина во немаштиЈа, замина
осуден доброволно во немилост. Тој го
напушти овој свет среќен. Се лиши од
световните задоволства и благодети, по
свое убедување и уверување дека, поарно
е да се живее аскетски и монашки,
отколку да се слугува и да се робува.
Неговото дело е национално книжевно и
културно светилиште, а неговиот
светечки, свештенички начин на размис­
лување и осмислување е продолжување


. . .
на траЈната мистериЈа и мисиЈа на
личности и автори кои му го посветиле
животот на уметнички дела кои ќе
красат, користат, зрачат и значат на
многу лета за век и веков.


ПОРТРЕТОТ ЗА АВТОПОРТРЕТОТ
НА ДРАГИ МИХАЈЛОВСКИ Ричард Иванишевиќ


Сложени се личноста и делото на
творецот, кој има богата и завидна инвен­
тивна биографија со разновидни рефер­
енци. Тие се должат на професионалнос­
та, темелноста, студиозноста, ерудиција­
та, арт-енциклопедизмот, имагинативнос­
та и посветеноста, кон се она што созда­
ва, но и остава како трајна и тајна
заложба на посебноста на моќта. Започна
како студент-библиотекар, од неодамна и
универзитетски професор ? паралелно


18


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003
творејќи го својот литературен све­
тоглед.


Доблесна креативна кариера и
авторитет на автентичен автор,
придружуван од метафориката на алба­
тросот и симболиката на фениксот- сво­
јствени за личниот уметнички феликс на
трагачите, истражувачите на духовноста,
страстно служејќи на духовните цели,
идеали-идеи чии идоли им се делата.
Драги Михајловски го поседува тој дар,
да има усет, да биде вперен во потрага по
вечноста и вонвременоста на небесните
совршенства, во неговиот случаЈ, во духот
на спектрум спиритум. Фасцинантен
преведувачки опус од англиски на маке­
донски; славните сонети на Шекспир;
епот "Загубениот рај" на Милтон, па пре­
води на Вордсворт, Шели, Елиот, Џон
Дан, Стојан Христов. Куриозитет од 6000
стихови.


Како книжевник, пред литер­
атурниот аудиториум се претставува со
книгата " Речно Улиште" (1981),
" Ѓ о н " ( 1 9 9 0 ) , " Н е р а с п н а т и т е
богови " (1991), " Скок со стап " (1994),
"Триполската капија" (1999), " Пророкот
о д Д и с к а н т р и ј а " ( 2 0 0 0 ) ,
феноменолошките филолошко-фило­
цофски трактати посветени на магијата и
мистеријата на преводот "Под
Вавилон" (2002) и делото за денешната
промоција " Смртта на Диј акот", за кое
Драги ја доби престижното книжевно
признание-лауреат од ДПМ, тради­
ционално востановената награда " Стале
Попов" . Да потсетиме дека во 1994-тата
авторот е добитник на Рациновото приз­
нание за "Скок со стап" , а 1996-тата му е
врачена Прличевата награда за превод на
" Изгубениот рај" од Милтон.






Библиошекаша низ оддели и ак�иовносши ДЕТСКИОТ ОДДЕЛ ПРИ МУБ
Приредила Сшеванка Пешковска


Одделот за деца при Библиотеката
е значаен културен и образовен центар во
градот. Со својата исклучителна богата . .
деЈност како културна институциЈа одде-
лот претставува идеално место за наЈмла­
дите да го збогатуваат своето знаење.
Всушност, почетоците на Детската биб­
лиотека се на 6.02.1955 година, во прос­
ториите на поранешната зграда на
Пионерскиот дом, а од 1.07.1959 година
станува посебен оддел во составот на
Градската библиотека. Денес, овој оддел
го посетуваат од 150 до 200 читатели
дневно што го прави одделот многу попу­
ларен.


Членовите се подеднакво од
претшколска и од школска возраст од
основно образование. Најчитани се
бајките, приказните, фантастичните,
научно-популарните, тинејџерските
романи, а посебен е интересот за енцик­
лопедиите преку кои децата се запоз­
наваат со многу подрачја од животот и
науката како и се информираат за многу
настани и случки во минатото и иднината.
Возраста е таа која му налага на биб­
лиотекарите (двајца) во овој оддел да ја
покажат целата своја одговорност во раб­
отата, затоа што од големо значење е
способноста на библиотекарот, неговото
знаење и познавање на содржините на
книжевниот фонд.


За да привлече што поголем број
на читатели Детскиот оддел користи
повеќе методи на работа. Преку медиу­
мите со избор на најчитана книга и кра-


19


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 1, 2003


ток осврт на содржината сакаме да ги
заинтересираме младите читатели и да го
привлечеме нивното внимание.
Изложбите на нови книги во одделот,
средби со писатели, литературни читања . .
и ел. го прават ОВОЈ оддел приЈатно катче
за дружење и запознавање со наЈновите
хитови во домашната и странската литер­
атура. Најчитани книги:
1. Сината патека на љубовта - Манев
Методи
2. Судбоносна одлука - Арсова Елизабета
3. Пролет зад мојот прозорец - Арсовски
Томе
4. Заборавениот колосек - Поповски
Глигор
5. Библија за млади
6. Мојата прва библија
7. Вечниот ветер - Петровски Горјан
8. Бубреже - Руменова-Мисиркова Ката
9. Златни бајки
10. Разиграни и весели
11. Рано дојде љубовта - Петровски
Горјан " Сината патека на љубовта " - Методи
Манев


Љубов меѓу дваЈца млади од различна
вера, но со исти погледи на свет кога е во
прашање љубовта, нивната разделба и
плодот добиен од таа љубов. " Судбинска одлука " - Арсова Елизабета
Приказна за судбината на две девојчиња
без родители дадени во дом за сирачиња.
Нивната судбина ќе биде различна.
Едната ќе тргне по погрешен пат - патот
на дрогата кој ќе биде фатален за нејзин­
иот живот, додека другата похрабра ќе го
избере вистинскиот пат да го заврши
школувањето и да успее во животот, да
биде некој и нешто. " Пролет зад мојот прозорец" - Арсовски
Томе




Библиошекаша низ оддели и акшовносши Кцига за младите кои не размислуваат дека погрешниот правец . во животот може да биде фатален. Станува збор за младите срудношколци кои многу брзо се залетуваат без да бидат свесни дека влегуваат во лошо друштво и лоши нави­ки кои најчесто предизвикуваат тешки последици. Сепак епилогот ќе биде среќен со тоа што еден од главните јунаци ќе сфати дека еден од главните
Награда за наiредовни читатеАи


По повод Светскиот ден
на книгата 2 3 АприА јунаци оди во погрешен правец и ќе успее во последниот момент да се извлече од едно од злата на денешницата - дрогата. 11 Заборавениот колосек 11 - Поповски Глигор Животот на децата без родители е посеб­но тежок. Тие се оставени на милост и немилост самите да се снаоѓаат како знаат и умеат. Главната тема се движи околу детето кое нема родители и прин­уден е да живее во еден напуштен вагон, да работи и да разнесува стока. Сепак крајот ќе биде среќен бидејќи ќе се поја­ват неговите родители и неговиот живот


20


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003 веќе ќе почне да тече во еден нормален и среќен живот. ' ' Вечниот ветер " Петревски Горјан Љубовна приказна за млади. Тоа е љубов­та на Божин кон девојката Винка Керан, повозрасна од него и верена за негов соселанец Марко. Божин е осмооде­ленец, возраст кога веќе почнува да се јавува чувство на симпатија и заљубеност во девојчињата. Тој е занесен од убавина­та на Винка и не размислува дека е повозрасна од него. Сепак тој сакал несакал мораше да сфати дека дека него­вата заљубеност оди во погрешен правец. Почна да ги забележува девојчињата околу него за кои дотогаш не сакаше ни да размислува. 11 Бубреже 11 - Мисиркова Ката - Руменова Романтична љубов на двајца студенти. Едниот со усовршен англиски јазик, дој ­ден од Америка, а другата студентка заљубена во тенисот. И двајцата млади, полни со енергија со желба да постигнат нешто во животот. Меѓутоа желбите се едни а стварноста е друга. Престојот во Америка, големата слобода го носи во сосема друга насока - дрогата. Таа ќе му го одземе и животот. Елена останува на патот на својата определба - тенисот.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003
НА ВОЛШЕБНИЧКАТА КНИГА


Не си учител,
но не учиш
секогаш забавно и точно.


Не си раскажувач,
но ни раскажуваш,
топло и возбудливо.


Не си поет,
но песни кажуваш,
нежно и милозвучно.


Не си жива,
но си другар,
најдобар и мудар.


Ти даваш клуч, за многу тајни,
за ОНОЈ КОЈ те почитува,
за ОНОЈ КОЈ те цени.


Ти си брод,
пловам со тебе по океани
од приказни и сказни,
ти со волшебен килим,
богатство тајно,
искуство незаборавно.


Ти си од знаење и ука сплет,
ти си мал
но богат свет.


Патот кон животот и светлината,
патот кон правдата и вистината,
ти ми го покажуваш.


Ти си предмет,
но не само тоа,
ти си волшебничката книга.


Втора награда - "Поетски бранувања'99"
Петар Митревски VIII - 4 одд.
ОУ " Св. Климент Охридски "


21


Иншер вју
РАЗГОВОР СО ПИСАТЕЛОТ


РАДОВАН П. ЦВЕТКОВСКИ Слободно можеме да кажеме дека припаѓате во редот на познатите битолс­ки и македонски писатели. Секако дека писателската работа однекаде започнала. Каде се вашите почетоци?
-Секако дека и мојата писателска


работа има почеток. Нема ништо без
почеток. Во врска со тоа јас не се сеќавам
за нешто подалечно од ОНОЈ настан во
летото 1943 кога настана пресврт во моја­
та душа, и онаа доцна есен на 1944 година
кога јас дојдов во Битола, малку со задоц­
нување, да го продолжам своето основно
образование, запишувајќи се во VI одде­
ление во Основното училиште
" Св .Климент Охридски " , сместено во
сегашните згради на Основното
училиште " Гоце Делчев " . Помнам, ѕид­
ните весници беа во мода. Е, сега да


. .
доЈдеме до тоа каде е почетокот на МОЈата
писателска работа, која е мојата прва
објава, мојата прва песна.Тогаш како
ученик живеев во гимназискиот интер­
нат. И во интерантот имаше ѕиден вес­
ник. Токму таму ги направив првитее лит­
ературни чекори. Се сеќавам како денес­
ка на ѕидниот весник на интернатот на
Битолската гимназија " Гоце Делчев " . Тоа




Иншервју


беше во некогашната зграда на Водовод и
бањи. Во средината меѓу двете скали на
влезот од зградата беше ѕидниот весник.
Токму во еден од тие ѕидни весници,
бидејќи се менуваа месечно, е објавена
МОЈата прва песна ако така можам да
речам. Тоа е почетокот на мојата писа­
телска работа. Работевте долго време како наставник. Каква беше врската на вашата писателс­ка дејност со занимањето наставник?


- Според мене врска има. Се зависи
од кој ракурс тоа го гледа некој. Ако се
сложиме со тоа дека професорот по лит­
ература треба да биде во постојан кон­
такт со книгата , од една страна и неа
некому да ја препорачува, овде кому ако
не на учениците со кои тој контактира, од
друга страна. Ми се чини дека врската е
повеќе од очигледна. Тоа има и подлабо­
ки елаборирања, реков се зависи од тоа
на што ќе биде ставен акцентот.
Професорот, односно овде поистоветен
со писателот, е само случајност. И секако
дека во доближувањето, анализирањето,
односно разработката на делото станува
предност во овој случај. Тоа не значи дека
секогаш мора и така да биде. Мојата
врска со учениците и професорскиот
позив беше подлабока и !ЈОСенасочна,
дури и надвор од наставата. Првата издадена книга кај писателите останува во паметење, посебно ако се знае дека Вие живеевте во внатрешноста и во време кога не беше лесно да се биде писател. Сепак успеавте. Како?


-Кој автор, кој писател не би се
сеќавал на првообјавената книга. Овде
може да биде и поширока одисејата за
првообјавената книга. Па уште кога се
знае дека Јас секогаш сум живеел и се
уште живеам во внатрешноста многу
нешта може да се доведат на ралација
писател - книга. Скопје од секогаш било,
некогаш повеќе, некогаш помалку,
затворено за авторите од внатрешноста.
Тоа се чувствува и денеска. Мојата прва
книга со сосема поинаков наслов, како
што е објавена - "Моето поднебје" подоц-


22


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003


на, беше најпрвин понудена во " Мисла",
речиси , ми се чини набрзо по нејзиното
формирање. Таму не беше објавена, за
жал. Многу не се разочарав и не
престанав да пишувам. Подоцна истиот
ракопис дополнет и сосем малку изменет
го објави битолски "Развиток" , ама веќе
доцна. Значи, да се вратиме на директ­
ниот одговор. Вреди да се верува во себе­
си, да се чита, да се пишува, едноставно да
се биде упорен. Јас така успеав. Вашиот опус е голем. Низ Вашите дела преовладуваат интими чувства врзани за родниот крај, за жената. Кои се темите на кои најмногу се навраќате?


-Опусот е тој колку што е.
Вредноста на еден книжевен опус и не би
требало да се мери само низ бројки, туку,
според мене, што носи тој опус на еден
автор. Овде е мал просторот за да се раз­
грани и продлабочи ова прашање. Па
сепак ќе го заокружиме некако. Почнав


. .
со поезиЈа и ТОЈ поетски опус го чинат
десет оригинални поетски книги. Во тие
песни сум јас моите чувства, моите
размисли за светот и животот, моето
чувствување на животот, на човекот,
неговиот бит и менталитет, родното под­
небје, моето секојдневно трагање по она
што отишла без повраток. Всушност во
мојата поезија доминираат три основни
тематски подрачја - пејзажи, човекот во
тој пејзаж со своите интимни доживувања
и патриотизмот. Уште нешто. Детството
исто така може да се определи како тем­
атско подрачје. Не случајно некој одамна
беше рекол дека секој писател си го пре­
раскажува сопственото детство. Тие тем­
атски подрачја и не се одделени, туку се
префаќаат, се преклопуваат и се испре­
плетуваат. Низ сето тоа писателот ги
изразува своите расположенир во допир
со се она што го опкружува. Е, сега отта­
му оние интимни чувства во " Бели
несоници" , оттаму оние трагики што П!
доживеал • нашиот човек во своето
национално битие како одраз во поетска­
та збирка "Дедо ми во Балканските
војни" . Во дел од мојата поезија присутни




Ин�иер вју се и поуниверзални теми како што е тоа љ убовното чувство и минливост а како филозофска категорија на тема. Или пак она што го носи авторот, поет или раскажувач, воопшто.
Не ги заборавивте ни најмладите- децата.
Која е вашата тематска преокупација? -Јас веќе раков дека допирот на еден автор со детството е неодминлив. Многу мои песни може да се донесат во врска со детството, но тоа не е кажано низ еден шаблон со исклучиво наметнат мотив, туку повеќе како чувство по нешто драгоцено што си заминало со времето. Поетска книга за деца, иако имам такви песни, се уште не сум објавил. Во опусот на книги за деца се моите празни остварувања : романот " Рашко " и збирките раскази " Смокот пештерски " и " Приказни од лозје " . Тоа е малку подалеку од класичното клише на раскажување. И, во сето тоа мора книга­та да се препорача, да се доближи до тој мал читател, а голем критичар.
Вие сте и литературен историчар. Која е
Вашата научно-тематска определеност? -Овде ќе морам да ви обелоденам една моја тајна, секако книжевноис­ториска. Оваа година ќе се појави мојата прва книга со студии и огледи од областа книжевната историја. Таа е насловена малку невообичаено " Отаде и одовде времето " , што само по себе зборува што е во неа застапено. Тука се студии за Вапцаров трудови од фолклористиката и јазикот. Мислам дека е доволно кажано за МОЈата научнотематска определеност. Посебно би го нагласил овде моето интерсирање за теми од фолклористика­та какви што се книгите " Сказаниј а демирхисарски " , "Демирхисарски и други сказанија и " Македонски народни пословици " .Тоа е таа моја научна преоку­пација. Гледате пак е тоа доведно со теми од книжевната историја.
Се занимавате и со критика. Ве гледаме


често како промотор. Што се pafa од тоа? -Од поодамна се занимавам со кри­тика. Може тоа да се доведе во врска со 23 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 1) 2003 седумдесеттите години, но не така интен­зивно како што тоа го правам и во последната деценија од дваесеттиот век. Трудови од областа на критиката има повеtе и сите о� авувани во " Современост " , " Разгледи " , Стожер " , "Театарски гласник " , " Развиток " и др. Изборот од севкупната критичка објава е мојата книга " Видувања " , само што не се порвила, односно само што не сум го добил првиот примерок. Значи, да рез­имираме. Од она што сум го напишал како промотор на одделни книги се роди книга критики - " Видувања " . Сведоци сме и на Вашата долгогодишна соработка со библиотеката. Бевте иници­јатор на идеи врзани за организација на промоции и изложби, а на семинарот за библиотекарство во Битола и Битолско по повод 50--годишнината од основањето на библиотеката. Можете ли да ни кажете нешто повеќе за тоа? -Библиотеката ја сметам за храм на книгата и отсекогаш со нашава Библиотека сум соработувал. Тука, за соработка треба да наметнуваш свои идеи, но и да те бараат за соработка, секако ако оцениле дека можеш да внесеш свој дел. Јас на тоа не можам да се пожалам. И ме барале и сум се наметну­вал со идеи . Има тука широко поле за работа, но затоа пак треба договарање. Незаборавни биле некои изложби или читања што сме ги правеле во Библиотеката. Па сепак мислам дека наЈвисоко може да се издели научниот собир " Библиотекарството во Битола и Битолско " . Имаше и повод за тоа " 50 години од постоењето на МУБ " Св.Климент Охридски " . Јас стојам на располагање со се што можам да сторам за Библиотеката. ириредил Николче Вељановски




Од жu в o iii o iii на бuбл u o iiieкapuiiie


ПОСЕТА НА ДОМОТ ЗА ДОЕНЧИЊА
ВО БИТОЛА И МАНАСТИРОТ


ПЛАОШНИК ВО ОХРИД


Приредиле Свешлана Талеска и Илче
Сшојановски


По повод 8 Март, Домот за
доенчиња од Битола традиционално
праќа честитка до МУБ, а жените од биб­
лиотеката со свои претставници им
возвраќаат со посета при што на децата
им даваат пригодни подароци.


По повод 8-ми Март Меѓународ­
ниот ден на жената, вработените од МУБ


" Св. Климент Охридски" остварија
еднодневна посета на градот Охрид.


Притоа тоа тие со воодушевување
ги доживуваа моментите на присуство во
древниот град на словенската писменост,
градот во кој културно - образовно и
творечки делувале учениците на С.
Кирил и Методиј, Св. Климент и Св.
Наум Охридски, Цар Самоил, Глигор


24


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003


Прличев и други дејци од македонското
културно - образовно и историско минато
и древно наследство до денешни дни.


Посебно впечатлива беше посетата на
манастирот Плаошник - духовно здание кое
зрачи со сво3ата исконска православна христи­
јанска харизматичносг. Се она што е соз­
дателно и творечко доаѓа до израз во


допир со домарите на духовноста. Тука
чиниш Светоста на книгата и писанието и
творештвото на старите мајстори преку
иконите, фреските, резбите и неповтор­
ливата градба се во неверојатен спој со
природата, набото и езерото.


Во склоп на оваа посета беше ост­
варена и средба со вработените од биб­
лиотеката " Глигор Прличев" , при што
беа разменети меѓусебни мислења и
искуства за состојбите, проблемите и
натамошниот развој во областа на биб­
лиотекарството и библиотечната дејност
како заеднички интерес на двете сродни
институции и натамошната соработка.




Библиошекаша во иечашош БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 1 1 2003


КУЛТУРА . . . БИБЛИОТЕКАТА ВО ПЕЧАТОТ


i ПРОМОЦИИ ВО -МУБ�),"СВ� КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" БuтолсКЈ:1от храм на к1шrата МУБ "Св. Клш.tент Охридски" деноваве б.:ше орrанизатор и соорrанизатор на трн значајни промоц1m на к:нnrп, Во петокот на 23 мај Але�<сандар Проколисn n1 иромовира есеите на Данило Киш а есеистот Ричард Ив:шн­шевнќ збqрувu:ше за книrата "Чо­nеќот со четири часовници" од Алсксандар Прокоrшсв. библnоте:!{ата беше извршена промоција - на стнхозбирките "N{ајчдна душнч.:а·� н "др>•жба-на ветерот" од Трајко Дурчевски ко11 ro:nopea рецензеитн,-е Бе: Узелова н Антонио Т:шескл. Во МУБ нСв. Климе1 1 т Охридски" отворена темаrска изложба--Наре.ЦRИот дев, :на 24 мај во • организација на ОМПЕМ - Бито­ла, исто така во просторm1те на ВО ЧЕСТ И СЛАВА НА ГРИГОР ПР ЛИЧЕВ !3,Ј б11толск11от хра,1 н:1 кннrата . Матнчнатn II ушшерзнтетс1.а Онбтн-1тѕ:�:а „Св,:,тн К1111�1е!tт Охр1џск11" ;:�:ено1ц1nс е отворени те�1атс­К,t II it1�J>-t,;V;, rt\\1 ( �нн 1-� 1 : 1 , 11.' • -� 1·..:н� н;� i Н) r'(>;џ1tцнинn'rа o;.t см�т-r:i на Г\\).iн.: ,ча,,т .. 1�н-:, ..\\.:t�.н 1"·1-.;,: i!�.)( 1 1 ;1ИПЈР I Јрпнч�lt, кннж�џнц>-: п лросвстн­тел од 1 \\1 nек ( l. 83 1 - 1<>'-I. ). Пре:ѕентнран11 ,:1; •1.:Тi1рнссст1н-1а 1-:т1rн со кои расnол,1г;Ј бнбпно­-------------------------..... 1 1.011 „Серљ�р,,-:-" . •. ,\\1побноrр. ф11ј,пu", ,,Ске1-1цербеr" н lромовиран романот P.II.
,.,СМРТТА НА ДИЈАКОТ" Во r!О]ШДСЛIШКОТ t!a 17 apl' во ct\\JI ата 1а nромоц1111 н:1 tУБ ,,Соети Клнме,rт O:tplllt­зr· • Б.нтоnа на с1н.:<tеџ нa'lJ!Jt :ше аретстаnеи ром:аџот ::З.1рт-m на д11ја1.от" од 11ози:1-1от македонс1,,'1f mica-reл i.r npe• ,дув,Р1, ш�аку нзш соrрзѓ:uш11 par11 МнЈСај11011ск11, За овој )Озен paкomic кој е д:об11тки1. , ж1градnта „Стџпе Пстоn" за
т год1U11! нn Друшnото н:1 IG!'te!IIITC: и.а М;t!ССДОIЏЈЈ:\\ fОЈЈ­>еше есенстот Ричард Иuа1ш­еn11х (кој наnраnн хамерен опус на 11елокуn:ито цело на М1tхајловск11) 1r с.,�шот авТQр. Дра.n1 Михајловс�;а (1951) , mн:атсл, 11ре1н:дуиа•1, 11рофесор 1.ш Ф11лолош1.11от факултет во Скопје е зЈЈтор иа 1ш1tп1.те; „Pe'tl10 улнште--. .. fон·· , ,,Скок со стапи . .,Трнnолската каn11ја„ (рас�:аз11) . .. Прор<жот од Д�1с-11антр11ј а", .. Смрт-rа на цнјакот" {рома1ш) 11 друrн, Доб11тн11к е на повеќе к1шжевнп 1<:1гр:џ111 меѓу 1.он Рашшоното t1р11зна­ш1с ( 1994), .. Г;жrор Прл11че11· (1 996) и „Стале Попов" (2002).


25


, пн,иува� п. МаноЈпоо


Во МУБ ,,Св. Климент Охридски"-Битола


ИЗЛОЖБА НА КНИГF
ОД ЖИНЗИФОВ И


.
/


ПОЛЕНАКОВИК Moc1.na) и Хараламш1е Попе ком1ќ (роден 30 ј:шуuри 1909 r 11 11:1 по Гост11nuр з rто•111н:1 фenpy;ip11 1984 rо:џ1нз) Изложени со: рсч11с11 е 11зда1111ја од де-.'lзта на автор но и дела нашШЈ.um 1:1 н:н:n. 1 терссно е да се види изјстнр 1nданш: на ,.Кртtва кошу,1а" Жшоиф◊11 Ro 11 01ше на Поле� овнќ како 11ЈТ0 се:,. Во муrрит, словснс1.атз rшеменост" . .. Иш цнте на 1швата маке;tонска 1 жевнос•r" . .,Во скот на и�р<>дн будење" 1r друn1.




Зап имл и в осши о д свешош па кпиаша ЗАНИМЛИВОСТИ ОД СВЕТОТ НА КНИГАТА Најмал весник Бразилското списание Боса сењора, прв­пат печатено во 1935 г. има димензии од 3,5х2,5 см. Најголемо списание било издадено од 10 .1 . 1990 година на Шукан јутаку јохо (неделен информатор за домот) што се печати во Јапонија. Тоа било објавено во рекордни 1940 страници. Најстар весник што сеуште и денес се печати во Шведска е журналот публику­ван од Кралската Шведска академија на литературата во 1645 г. Најпродавани романи Сите се напишани од жени писатели од САД и достигнале тираж од 30 милиони примероци. Тие се: Да се убие подбивната птица ( 1960) од харпер Ли; _Однесено од виорот ( 1936) од Маргарет Мичел; Долината на куклите (1966) од Жаклин Сузан што била продадена во 6,8 милиони примероци уште првите 6 месеци по објавувањето. Најпродавана детска серија книги во една година Во 1999 г. првите три книги од серијата изданија Хари Потер од Џ. К. Роулинг биле продадени во над 18 . 5 милиони примероци во САД и во над 4.5 милиони примероци во Велика Британиј а и Комонвелтот и во 10,4 милиони примеро­ци во САД под насловот Хари Потер и волшебниковиот камен. Девникот на Ана Франк, во времето на 26 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 1) 2003 Втората светска војна, е преведен на 55 јазици и е продаден во 25 милиони приме­роци. Македонскиот најстар буквар што се употребувал како учебник во македон­ските училишта е 1 1 Началное учение со молитви I I отпечатен во Солун во печатницата на Теодосиј Синаитски. Зачувано е второто издание во 1841 год. Речникот под наслов I I Македонски речник од 16 век II содржи над 330 зборови, две македонски љубовни песни и еден убав цртеж на жена во македонска народна носир. Првата граматика на македонски литера­турен јазик " Македонска граматика" е објавена во ј ануари 1 946 година во издание на Државното книгоиздателство на НРМ-Скопје. Нејзин автор е Круме Кепески. Граматиката е печатена во 15000 примероци на 80 страници. Најстар печатар - македонец бил Јаков од Камена Река, денес Каменица Македонска, кој во 1 566 година во Венеција ја отпечатил црковната книга 1 1 Часослов 11 • Книгата е печатена во печатницата на црногорскиот печатар Божидар Буковиќ и неговиот син Виченцо. ириредила Александра Раиф




А ф ор из.и и
АФОРИЗМИ Добрата библиотека го претставува дневникот на човечката раса. -искажана при отворањето на Бирмингемската бесплатна библиотека Џорџ Мерсер Досон Добрата библиотека е место, дворец каде благородните духови на сите нации и генерации се сретнуваат Самјуел Нигер Библиотеката не е олтар за обожавање на книгите. Таа не е место каде што лит­ературниот инсенс мора да гори, или пак место каде нечија посветеност кон саканата книга се изразува преку ритуал. Исто така, библиотеката според моди­фикуваната позната метафора на Сократ, треба да биде место на раѓање на идеи место каде историјата повторно оживува. Норман Казнс Библиотеката не е луксуз туку една од потребите на животот Хенри Бард Бичер


27


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 1) 2003 Библиотеката го претставува умот на собирач, неговите замисли и желби, карактерни слабости и добри страни, неговите предрасуди и неговиот избор. Преку неа се претставени неговите прија­телства, фазите на раст и лутањето на неговиот ум. Сер Вилијам Ослер Библиотекарот денес, и ова ќе биде вистината на библиотекарите во иднина, не се крволочни змеови кои се поставени меѓу луѓето и книгите.Тие се корисни служители, кои управуваат со биб­лиотеките во интерес на ј авноста . . . Многумина мислат дека големиот чита­тел или писател на книги ќе биде одличен библиотекар. Тоа е чиста заблуда. Сер Вилијам Ослер Човекот е несовршениот библиотекар, кој можеби е производ на случајот или на некој злобен демиург; универзумот пак, со својот посед од рафтови со енигматски томови и недостижни бескрајни скалила за патникот и позадина на седнатиот биб­лиотекар, може да биде само дело на бог Хорхе Луис Борхес ириредил Николче Вељановски




./ БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003
ЛИСТА НА ИЗБРАНИ КНИГИ ПРИСТИПIАТИ ВО 2003 ГОДИНА


Р.бр Наслови Автор Издавач Пар.


1. Зоја П. Гилески мм 1
2. Избрани дела 1 -5 Л. Старова мм 1
3. Избрани дела 1-4 П. Бошковски мм з
4. Талкачи С. Кочов мм 3
5 . Чекање на зората Б. Иванов мм 2
6. Една година и цел живот Б . Иванов мм 1
7. Павел Шатев - Живот и П. Михајлов Нова Мак. 3


8. Нова година во земјанките С. Кочов мм
9. Избрани дела 1 -4 Ј. Павловски мм 3
10. Недожилените К. Мисиркова мм 4
11. Бунило Живко Чинго Мисла 4


12. Круг М. Селимовиќ Наша книга з
13. Сага за писателот И. Чаповски мм 4
14. Раскази Б. Иванов мм 4
15 . Сонот на летната ноќ В. Шекспир Феникс 5


16. Црноборје П. Ширилов мм 5
17. Уметноста на љубовта Е. Фром Силсонс 5


18.. Убава жена Д. Ајронс Силсонс


19: Тајните на белата куќа Р. Кеслер Силсонс 3


20. Александровата анабаса Аријан Патрија 3


21 . Филиповата историја Јустин Патрија з
22. Методи Андонов -Ченто Данта Понс 1


23. Мојот татко Методија Данта Пане 1


24. Тага за мојата татковина П. Павловски Мисла 3


25. Патување со љубената Б. П авловски Мисла 2


26. Хамлет В . Шекспир мм 5
27. Роман за моето заминување Б. Павловски АЕА 2


28. По�зија Д. Макс1rмовиќ мм 7
29. Прилози- странски автори Р. Силјан мм 5
30. Прилози-стара книжевност Р. Силја1:1 мм 5
31. Вујко Вања А. Чехов мм 5


28




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003
32. Гилгамеш мм 5
33. Климент Охридски Т. Арсовски мм 5
34. Три стан и Изолда З. Бедје мм 5
35. Скржавец Плаут мм 10
36. Александар Македонски Расин мм 3
37. Кандид Волтер мм 5
38. Господарот на прстените 3 Толкин Мисла 6
39. Семејство М. Пузо Силсонс 6


40. Сите мои синови Артур Милер мм 8
41. Гозба за љубовта Платан мм 7
42. Скомраз П. Гилески мм 4
43 . Молчи и пливај Тиодоровиќ Силсонс 6


44. Назад кон разумот Б. Павловски АЕА 6


45. Македонија, државност и Н. Велјановски ини з
46. Љубовта на мојот живот М.Д. Фишер Феникс 3


47. Странец во огледало С. Шелдон Феникс 3


48. Александар Македонски Феникс- 3


49. Новооткриени масонски К. Најт Феникс 3


50. Како до сопствено с. Реј Фени�с 3
5 1 . Живот без трка и страв К . Ричард Феникс 3


52. Скршени крилја К. Џибран Феникс 3


53. Милионер М. Фишер Феникс 3
54. Фати ме ако можеш Ф. Абигејл Феникс 3


55. Кога си среќен Писма Феникс 3


56. Подарок од срцето Песни и писма Феникс 3


57. Кога Господ одеше по земја Н. Радев Мак. книга 3


58. Ремек дела и Изолда П. Костов Мак. книга 3


59. Немири и размисли Д.Т. Ставрев Култура 2


60. Блесокот на Зуљо Д. Аголи Мак. Книга з
61 . Антолог на сов. хрв. драма С. Никчевиќ Драмск фак. 4


62. Различни гласови Р. Кошка-Хот Магор 2 63 . Премрежето на критиката П. Т. Бошковски мм з 64. Допирање на недопреното Г. Тодоровски мм 3
65. Стари и нови песни И. Ивановски Мак. Книга 3


Приредил: Николче Вељановски 29




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 200.3


Матичната и универзитетска библиотека " Св. Климент Охридски" Битола во
периодот од 01 .01 -30.06.2003 г. има добиено финансиски средства од Буџетот
според решенија по соодветни програмски активности кои се реализираат
како следува:


р.бр. ПРОГРАМСКИ Средства Реализи Разлика % на
АКТИВНОСГИ од буџет рани реализи-


по средств рани
решенија 01.01- средства


30.06
1 2 3 4(2-3) 5


1 . . Средства за збогатување
на книжевниот фонд 200.000 213 .003 13.003 106,51


/


2. Средства за сериски
публикации 55.000 42.068 12.932 76,48


3. Средства за
дозаокружување во
изработката и излегување 60.000 60.000 / / 100,00
во печат на
библиографијата "Битола
низ вековите "


4. Средства за заштита на
книжевниот фонд со·
заштита на оштетениот
материјал и повторно 45.000 30.025 / 14.975 77,30
ставање во употреба


5. Средства за реализација на
проектот за надградба на 100.000 100.000 / / 100,00
АЛФА -серверот 6. Средства за реализација на
проектот за изработка на
периодично библиотечно
списание " Библиотечен 44.000 28.269 / 15.731 64.25
тренд"
ВКУПНО: 504.000 473.365 13.003 43.638 93,93


Остатокот на нереализираните финансиски средства од 7,41 % целосно ќе
бидат наменски реализирани во наредното тромесечје.


И3работила: сметководител Цара Огненовска


Н А П О М Е Н А


Со оiлед на iii.oa шшо ii.pвuiii.e два броја од Библиошечен iii.peнд
uзлeiyвaaiii. исiii.овремено и заради ii.pociii.opoiii, финансискиоiii и.лан
за ii.pвoiii.o шеiiiонесечје io прикажуваме во овој број.


30




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003
58-МИ ЈУБИ ЕЈ НА МУБ 1 1 СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ 1 1 Битолската библиотека е формирана на 25 -ти март 1945 година. Позната и популарна од основањето меѓу корисниците на битолскиот " храм на книгата " , официја.1но од 1979 -тата е Матична и универзитетска библиотека " Св. Климент Охр�цскп " . Централна библиотека на југозападниот регион и една од трите ;::�;епозитнп библиотеки во Република Македонија. Со редовните.професион­ашш адели. служби и ангажмани таа претставува духовен презент и репрезент на ку.1турно-уметничкиот и интелектуално-образовниот живот во градот и државата.
МУБ "CR КЛ.ИМЕНТ ОХРИДСКИ" - БИТОЛА


Комnлетирање
на библиотечен


материјал


6и6 лиотечно-
61i6.1Utоrрафски


ин_срормации


- Сиrнирање
- Инвентирање
- Каталоrизациiа
- Картотеки
- УДК


ОРГАНИЗАЦИЈА


ДИРЕКТОР


Оnшти
служб1t


- СеКl)етар
- Сметководство
• Архива


. - Те:х. пер
сонал


31


Унапредување 11а 6и6лио­
текарс1'еото


Посебни книжни
• - _фондови




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11 2003


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД


СПИСАНИЕ НА МУБ „ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"
Издавач Матична и универзитетска библиотека
1 1 Св. Климент Охридски I I Битола ул. Ленинова 39
Главен и одговорен уредник: в.д. директор Јелена Петровска
Издавачки совет: -претседател
Редакција:


д-р Николче Вељановски, библиотекар советник Јоланда Бошевска, виш библиотекар Ричард Иванишевиќ, виш библиотекар и критичар Гордана Марковска д-р Николче Вељановски, одговорен уредник Ричард Иванишевиќ Илче Стојановски
Лектура и коректура: Костандина Вељановска Јоланда Бошевска
Фотографии: Трајан Чагорски
Корица и скенирање: Гордана Пешевска
Компјутерска обработка и печат: Херакли Комерц
Тираж: 300 примероци
ISSN 1409-9497 Издавањешо на сиисаниешо е финансирано од Минисшерсшвошо за кулшура 32




О УСПЕ ОТ


:,Ј ' •