BI B L I OT EK AR SK O ZDR U@ENIE NA M A K ED ON I JA ...

BI
B


L
I


OT
EK


AR
SK


O
ZDR


U@ENIE
NA


M
A


K
ED


ON
I


JA


Почитувани,


Пред Вас е најновиот број исполнет со разновидни содржини од
библиотекарската теорија и практика со надеж дека ќе ги исполни вашите
очекувања, желби и потреби за нови сознанија од областа на библиотекарството.
Редакцискиот одбор на списанието „Библиотекарство“ ги разгледа
пристигнатите текстови и го оформи истото содржински и тематски.
Редакцискиот одбор ги поканува и понатаму сите заинтересирани автори и
колеги од областа на библиотекарството активно да придонесуваат за збогатување
на содржините на списанието „Библиотекарство“.


Издавањето на овој број на списанието „Библиотекарство“ е финансирано
од Министерството за култура на Р. Македонија.





Содржина


42. годишно собрание на БЗМ во Македонска Каменица .................................................... 3
Мери Белевска: Комуникацијата и јазикот – императив за
создавање повисоки стандарди во библиотечната дејност ............................................... 6
Аница Глигорова-Милева: Библиотеките како места за истражувачки
и креативни активности ......................................................................................................................... 12
Радослав Љубиќ: Креативно- истражувачки активности во училишните
библиотеки ....................................................................................................................................................... 16
Марија Чупић, Славица Кривокућа: Креативно ангажовање у афирмацији и
презентацији завичајне библиотечке грађе ................................................................................. 22
Гордана Пешевска: Училишните библиотеките како места за
истражувачки и креативни активности ......................................................................................... 27
Магдалена Кочовска - Салтирова: Библиотеките како места за
истражувачки и креативни активности ......................................................................................... 31
Јелена Петровска: Библиотеките промотори на истражувачки и креативни
активности ....................................................................................................................................................... 38
Елена Никодиновска: Зошто библиотеката треба да биде значајно
место за истражување и за културни манифестации............................................................ 43
Сузана Данаилова: Библиотеките како места за истражувачки и
креативни активности .............................................................................................................................. 49
Ленче Т. Андоновска: Моќта на истражувачките и креативните
активности во библиотеките ................................................................................................................ 53
Силвана Јакимова: Библиотеката како креативен простор за децата ..................... 57
Тања Гошева: Библиотеките како места за истражувачки и
креативни активности .............................................................................................................................. 61
Вилма Јованова: „Ноќ со Андерсен“ проект на НУ-У Библиотека
„Гоце Делчев“ Штип ................................................................................................................................... 63
Фатма Бајрам Аземовска: Јавните библиотеки во пресрет на потребите
за креативно изразување и творештво на младите во Битола ......................................... 68
Меѓународна соработка со Sistema Bibliotecario Cittadino,
Палермо, Италија .......................................................................................................................................... 77




3


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


42. годишно собрание на БЗМ во
Македонска Каменица


На 11-12.06.2015 год. во прекрасниот град Македонска Каменица се одржа 42-
то годишно Собрание на БЗМ. Собранието официјално го отвори градоначаникот на
М. Каменица - Г-н Дарко Митевски со свечено обраќање пред учесниците во салата
на Домот на културата. Потоа собранието започна со обраќање на Претседателот
на БЗМ - Г-н Благој Николов, кој ги поздрави учесниците и им посака убаво
дружење во текот на двата работни дена. Потоа следуваше еден прекрасен гест од
гостинките од НБ „Стеван Сремац“ од Ниш, Р. Србија кои во знак на благодарност
и почеток на една меѓународна соработка во областа на библиотекарството, на
Претседателот на БЗМ му доделија Монографија.
Во натамошниот работен дел од првиот собраниски ден, продолжи со
излагање на стручните трудови, кое го водеше модераторот м-р Миодраг Дадасовиќ
и каде во континуитет се претставија 10 автори од примените 12 трудови.
Во продолжение имаше дискусија за квалитетот на изложените трудови,
како и за слабото присуство на членството на првиот ден од Собранието. Следеше
дружење на свечен ручек и заминување на учесниците кои не ноќеваат во М.
Каменица. Во вечерните часови учесниците се дружеа на свечена вечера, размена
на искуства.
На вториот работен ден од Собранието, Претседателот на БЗМ Г-н Благој
Николов најпрво ги извести членовите со текот на првиот работен ден, на кој
се претставија 10 трудови, а 2 од примените трудови не беа претставени поради
отсуство на авторите. За прв пат со авторски труд се претставија гости од НБ „Стеван
Сремац“ од Ниш - Р. Србија, со што Собранието доби и Меѓународен карактер.
Потоа се работеше според предложениот дневен ред:


Дневен ред


1. Извештај за работата на ИО на БЗМ за периодот јуни 2014 – мај 2015 година,
Благој Николов;
2. Дискусија за предлог Колективниот договор за култура и донесување на
заклучок
3. Разно


- Врачување на Благодарница на директорот на Локалната библиотека
„Гоце Делчев“ - Велес за доделената награда „Библиотека на годината“ за
2014 година




4


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


- Донесување на заклучок за подршка на Локалната самоуправа на
Македонска Каменица за отворање на локална библиотека


Во понатамошното излагање Претседателот на БЗМ го претстави Дневниот
ред на кој како прва точка се најде Извештајот за работата на ИО на БЗМ за
период јуни 2014-јуни 2015, во кој се истакна дека и покрај тенката финансиска
состојба беа реализирани сите предвидени активности и беа покриени средства
за наградата Климентова повелба и двегодишно одржување на Веб-страната на
БЗМ. Извештајот беше едногласно прифатен од членовите на БЗМ.
По однос на втората точка - Колективниот договор, Претседателот на БЗМ
презентираше неколку „болни“ точки кои треба да се предложат до Министерството
за култура за подобрување на Колективниот договор:


- Забелешки за член 44:
• Коефициентите во библиотекарството се многу пониски во споредба


со коефициентите во уметничките дејности.
• Бараме изедначување на коефициентите со уметничките дејности во


културата. Предлог: библиотекар советник да биде изедначен со актер –I
група.


• Разликата меѓу библиотекар помошник и самостоен библиотекарски
помошник, библиотекар – виш библиотекар – библиотекар советник е
незначителна;


• Треба да се поведи сметка носителите на дејност да не бидат со понизок
коефициент од вработените во јавната администрација;


• Бараме секоја установа, заради нормално и непречено функционирање,
да има назначен програмски или уметнички раководител независно од
бројот на даватели на услуги заради непречено одвивање на програмските
активности на установата


- Забелешки за член 90:
• Да се стави граница односно наведеното во член 44 да се реализира


најкасно до 01.01 2016 година.
- Забелешки за член 59:


• Во членот 59 за организирање на штрајк во согласност со закон
наведено е дека работодавачот е должен да исплати придонеси од плата
за време на штрајкот, меѓутоа не е наведено кој ќе ја сноси одговорноста за
исплата на плата за време на штрајкот.


- Забелешки за член 16
• Да се избриши ставот 3 и да се додадат нови два става и тоа:
• Став 3: Програмата за професионално оспособување и начинот на


спроведување на постапката ја донесува Матичната установа за секоја
дејност.


• Став 4: Програмата и начинот за спроведување на приправничкиот
испот ја донесува управниот одбор на јавната установа од областа на
културата, на предлог на директорот.


- Забелешки за член 17
• Во став 1 зоборовите – 3 (три) да се заменат со 6 (шест)
• Во став 2 зоборовите – 6 (шест) да се заменат со 12 (дванаесет)




5


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Напомена:
Колективен договор да не се потпишува без усогласување на коефициентите
во културата кај сите даватели на услуги.
По однос на третата точка едногласно е донесен ЗАКЛУЧОК на
Локалната самоуправа од Македонска Каменица да ѝ се даде поддршка за
основање на локална библиотека. Во процедурата за основање, стручна помош и
безрезервна поддршка, ќе даде НУБ „Свети Климент Охридски“ – Скопје.
Се прифати едногласно предлогот за ново издание на Прирачник за Млади
Библиотекари.


* ЗАКЛУЧОК
4. Се донесе одлука, ЈОУ Библиотека „Искра“ - Кочани да е домаќин на 16.
Републички натпревар Млади библиотекари 2015
5. Се донесе Одлука ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ - Гевгелија да е домаќин
на 43 годишно изборно собрание на БЗМ


Собранието заврши со општа констатација на сите учесници дека имаше
прекрасна атмосвера како во работниот дел така и во забавниот дел, прекрасно
дружење меѓу учесниците и порака до сите кои не дојдоа да дојдат догодина во
Гевгелија.




6


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Комуникацијата и јазикот – императив за создавање повисоки
стандарди во библиотечната дејност



(стручен труд)


Мери Белевска, виш библиотекар
НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје


meri.belevska@yahoo.com


„Историјата не може да ни даде толку прецизна
претстава за судбината на еден народ, за неговата
општествена организација и за неговите верувања
и чувства, како што може анализата на неговиот јазик“.


(МАРТИН АЛОНСО)


Апстракт


Една од задачите на современите комуникациски науки е постигнувањето
успешна (ефективна) комуникација. Во тој поглед, практичната употреба на
јазикот има особено место во развојот на комуникациските вештини (способности).
Говорењето е вештина што се засновува врз човековата способност за комуникација
со помош на јазикот.
Содржината на овој труд ги опфаќа следните области: поим и дефиниции
за комуникацијата; успешна комуникација; комуникација со корисници;
прилагодување на библиотекарот на брзите промени; интерперсонали вештини;
култура на слушање и прагматичка компетенција. Целта на овој труд е да се
одговори на неколку есенцијални прашања кои се однесуваат на суштината и
значењето на комуникациските вештини во современите библиотеки, со што уште
еднаш ќе упатиме на сознанијата за нивната нераскинлива поврзаност.
Интересот за темата на овој труд произлезе токму како резултат на значењето на
комуникацијата и јазикот како рефлексија не само во библиотеките како културно
– образовни и информативни центри туку и во сите сфери на нашето општествено
живеење.




7


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Клучни зборови: комуникација, комунициски вештини, библиотекар, корисник,
прагматичка компетенција, јазик


Abstract


One of the tasks of the contemporary communication sciences is the achieve-
ment of successful (effective) communication. In that regard, the practical use of the
language has special place in the development of communication skills. The speech is
a skill based on the human capability for communication using the language.
The content of this paper encompasses the following areas: term and definitions
of communication, successful communication, communication with users, adjustment
of the librarian to the fast changes, interpersonal skills, the culture of listening and
pragmatic competences. The purpose of this paper is to answer a few questions related
to the essence and meaning of communication skills in the contemporary libraries by
which once more we will refer to their unbreakable link.
Тhe interest for the topic emerged as a result of the meaning of communication
and language as reflection not only in the libraries as cultural-education and informa-
tion centers but also in all spheres of our social living.

Key words: communication, communication skills, librarian, user, pragmatic compe-
tence, language


ЗА ПОИМОТ КОМУНИКАЦИЈА


Комуникација е збор со богата историја. Етимолошки, потекнува од
латинскиот јазик (communication) и значи соопштување, општење, врска,
соопштение, појава на земање учество во дискусија. Во одделни современи
науки постојат различни дефиниции кои потесно ја дефинираат комуникацијата.
Во нив се тргнува од особеностите на предметотот на проучување во дадената
наука и од кој аспект се третира комуницирањето. Според Берелсон и Штајнер,
комуникацијата е процес на пренос на информации, идеи, вештини со помош на
употреба на симболи. Симболите можат да бидат: зборови, слики, илустрации,
графикони и сл. Теоретичарот Шактер смета дека комуникацијата е механизам
со помош на кој се врши моќ. Во одредувањето на поимот комуникација, Милер
ја набљудува како средство за постигнување на некои намери, односно ситуации
на пренесување каде изворот пренесува порака до примачот со свесна намера
да влијае врз неговото однесување. Бертранд Расел, англиски философ, кој беше
активен во разни области од научната, философската и општо културната дејност
заклучува:
„Секоја дефиниција е контраверзна и вклучува философски став .“
Вкупниот број на современи дефиниции за комуникацијата во различни
науки денес изнесува над 100. Но, без разлика на пристапниот дискурс и покрај
разликите што се јавуваат во дефинирањето на поимот, сите тие инсистираат на
тоа дека комуникацијата пред сé, e процес.




8


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


УСПЕШНА КОМУНИКАЦИЈА


- Јазикот претставува систем на симболи преку кои се одвива
комуникацијата. Преку јазикот се идентификуваат националностите,
кои се и од каде доаѓаат. Доколку сакаме ефективност или подобрување на
комуникациските вештини, потребно е прво да разбереме кои се основните
функции на јазикот. Јазикот има три основни функции:
- Јазикот е основно средство за комуницирање.
- Јазикот ја одразува личноста на поединецот и културата на неговото


општество.
- Јазикот овозможува развој и пренесување на културата и контролата на


сите облици нa општесвениот живот.
За да има успешна комуникација пораката мора да биде целосна, односно
мора да ги содржи сите релевантни информации. Сопствените пораки треба како
такви, јасно да се идентификуваат и за нив да се превземе целосна одговорност.
Потребно е да се провери како примателот ја разбрал пораката (да се бара фидбек).
Говорот како средство за комуникација произлегува од јазикот и претставува
негова звучна реализација.
Библиотекарот треба да внимава како звучи неговата интерпретација и
својот говор да го насочува кон корисникот. Накратко тоа значи: комуникатор –
збор – реципиент.
Треба да води сметка за тоа како звучи: тон и јачина на глас, брзина на
говорење, чистота на јазикот, избор на зборови. Брзото зборување е причина
луѓето да испуштаат дел од информациите што се пренесуваат, додека бавното
зборување може да биде причина за нeзаинтересираност.


КОМУНИЦИРАЊЕ СО КОРИСНИЦИ И КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ


Успешното реализирање на комуникацијата во библиотеките е условено
од високата комуникациска компетентност на библиотекарот и системот на
активности за формирање на комуникациската култура на корисникот. Во тој
процес, особено важно за библиотекарот е познавањето на корисниците, нивните
потреби и мотиви за комуникација, запознавање и разбирање. Пристапувајќи кон
проблемот на комуникацијата меѓу библиотекарот и корисникот, се наметнаа
повеќе суптилни прашања стари по вокација, но значајни по смисла. Во текстот што
следи, ќе се обидеме да одговориме на прашањата кои го третираат проблемот на
актуелноста, а тоа е прилагодување на брзите промени на библиотекарот, второто
прашање ги третира интерперсоналните вештини како форма на комуникација, а
потоа културата на слушање и прагматичката компетенција во комуникацискиот
процес.


ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА БРЗИТЕ ПРОМЕНИ


Справувањето со прилагодувањето на брзите промени бара од библиотекарот
да поседува знаење од голем број на области, истовремено да поседува информации




9


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


за најновите достигнувања во технологијата, да се залага за изнаоѓање на
поефикасни и поефективни начини на давање услуги и секако да одржува
професионален однос и комуникација кон корисниците. Новиот електронски
свет, кој не ги трансформира само библиотеките, туку и организациите на кои тие
им служат, ја усложнува улогата на секој информатички експерт и сега на сите ни
се потребни дополнителни знаења и вештини. Авторите на книгата „Управување
со изворите на информациите во библиотеките“, Питер Клејтон и Г. Е. Горман
сметаат, цитирам:
„Веруваме дека управувањето со извори на информации во библиотеките
станува уште поважно во светот кој е се подигитален, не губејќи на важност; и
дека токму библиотекарите ќе го преземат водството во овој век“.


ИНТЕРПЕРСОНАЛНИ ВЕШТИНИ КАКО ФОРМА НА КОМУНИКАЦИЈА


Интерперсоналната комуникација се одликува со неколку карактеристики.
Овој вид комуникација се одвива меѓу личностите лице в лице, односно библиотекар
– корисник, значи постои директен контакт во непосредна физичка блискост.
Нејзината главна карактеристика е реципроцитетот на размена на пораки помеѓу
две или повеќе лица, директно или индиректно, со заемна заменливост на улогата
на комуникатор и реципиент, како и брз одговор на процесот на размена на
пораки. Интерперсоналната комуникација подразбира и вербално и невербално
однесување. Вештината во интерперсоналната комуникација се состои од:
способноста да се препознае фидбекот и да се артикулира позитивен одговор
од соговорникот, но исто така и способноста да се сослушаат другите, потребно
е внимателното посматрање на себеси и на другите, како и од контролата на
употребата на вербални и невербални знаци. Вештината на слушање пак, се
потпира и на невербалната комуникација, а подразбира знаење за тоа со кого се
разговара, а потоа и прифаќањето на другата личност како рамноправен партнер
во комуникацијата. За таа цел треба да се определат сите комуникациски фактори
вклучени во испраќање и примање на пораките. Секоја информација треба да биде
релевантна, корисна, разбирлива, да биде обликувана во соодветна форма и што е
најважно информацијата треба да биде благовремена. Без тоа таа нема вредност.


КУЛТУРА НА СЛУШАЊЕ


Клучните аспекти на културата на слушање се: посветување внимание
на соговорникот, докажување на соговорникот дека го слушаме, разбирање
на соговорникот, слушање без прекинување, давање соодветен одговор на
соговорникот.
Активното слушање како клучен елемент на успешната комуникација го
воспримаме како информација, доколку внимателно слушаме прво се избегнува
можноста за погрешно толкување на говорните пораки од страна на корисниците
и второ лошата интерпретација на податоците од страна на создавачите на
пораката. Со активното слушање го почитуваме туѓото мислење, ставовите и
чувствата, со други зборови го почитуваме интегритетот на корисникот.




10


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Почитувањето на личноста на соговорникот е морална обврска и израз на
културата.
Смислата на културата на слушање доаѓа до израз во умеењето на
библиотекарот да побуди интерес кај корисниците, токму затоа треба да се има во
предвид следново: кога да се праша, како да се праша и што да се праша.
Прашањето треба да биде директно и концизно.


ПРАГМАТИЧКА КОМПЕТЕНЦИЈА


Кога зборуваме за прагматичка компетенција многу е значајно да се
совлада буквалното значење на она што е искажано и да се навлезе подлабоко
во намерите и претпоставките на оној кој што ни ги дава тие информации. Еден
од главните елементи на коишто се однесува прагматичката компетенција се
говорните чинови. Говорните чинови според Остин (Austin, 1962) се она што го
правиме со зборовите: замолуваме, прифаќаме, одбиваме, се извинуваме, даваме
комплименти, приговараме, се согласуваме и сл. Така кога некој ќе нé праша:
Имаш ли пенкало?, него впрочем не го интересира дали имате или немате пенкало.
Впрочем, тој претпоставува дека имаме, инаку не би нé прашал. Значењето
коешто тој му го дава на исказот во оваа ситуација е барање дозвола да го позајми
пенкалото. Треба да потсетиме дека библиотеките ги посетуваат корисници кои
се припадници на различни култури и токму овде недостатокот на прагматичко-
лингвистичката компетенција може да предизвика проблеми во интеракцијата
меѓу говорителите. Со овие корисници комуникацијата се одвива на англиски
јазик. Оттука произлегува фактот дека библиотекарот треба да има едно повисико
ниво на конверзација. На примерот за учтиво однесување во англиската култура
„Thanк you“ често го слушаме одговорот „Nothing“, што ги остава соговорниците
збунети и со чувство дека нешто не е во ред со нивната комуникација. Значи, покрај
буквалното значење на изразите, треба да го научат и нивното конвенционално
индиректно значење.


РЕЗИМЕ


Ако го разгледаме функционирањето на библиотеката како институција
може да заклучиме дека нејзин главен двигател се комуникацијата и јазикот
помеѓу библиотекарот и корисникот. Познавањето на вештините и техниките во
комуникацијата овозможува подобро да се пренесе пораката. Библиотекарот мора
да биде влијателен и да знае правилно да комуницира, да поседува интерперсонални
вештинии и прагматички компетенции. Вештините на комуницирање можат да
се учат и развиваат. Може да се заклучи дека општествените промени бараат
библиотекарот континуирано да се усовршува, а примената на комуникациските
вештини ќе придонесе кон успешно воспоставување на интеракцијата меѓу
библиотекарот и корисникот.
Дали комуникацијата ќе се искачи на пиедесталот на вредности во
библиотеките, ќе покаже времето.




11


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА


6. Груевски. Томе. Комуникации и култура.Скопје: Студентски збор, 2004
7. Дрваров, Дине.Уметноста на говорот: сценски говор: говорна
интерпретација на уметнички текст. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и
Методиј“, 2000
8. Јаničijević, Jasna. Komunikacija i kultura: sa uvodom u semiotička istraživanja.
Sremski Karlovci; Novi Sad:Izdavačka knjižarnica Zorana Stojanoviča, 2000
9. Мирасчиева, Снежана.Комуникацијата меѓу настаникот и ученикот во
основното училиште. Штип: Педагошки факултет „Гоце Делчев“ 2005
10. Кусевска, Марија. Стекнување прагматична компетенција. Прегледен труд.
http://goo.gl/ofXD22 (10.03.2015 година)
11. http://goo.gl/KMEXsg (10.03.2015 година)
12. https://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=&esrc=s&source=web&cd=2
&cad=rja&uact=8&ved=0CCcQFjAB&url=http%3A%2F%2Fwww.pf.ukim.edu.
mk%2FUploads%2F6____Komunikacii.pps&ei=beUTVbPiAuWAywPY04DYBQ&usg
=AFQjCNEk7QchYx8Uoay0OKjCj-JrR_g-Fw&sig2=6jQ0hiKeyXSK9r2ZUPqunw




12


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Библиотеките како места за истражувачки
и креативни активности



м-р Аница Глигорова-Милева, виш библиотекар


ЛУ Библиотека “Благој Јанков Мучето” Струмица


Апстракт


Библиотеките се од големо значење за културниот живот на една заедница,
но и покрај тоа често се потценувани и потребно им е голема поддршка да се
придвижат напред кон дигиталната ера. Во денешно време не е лесна задача
да се одговори на потребите на заедницата. Затоа ни се потребни нови начини
за презентирање на информациите преку новите технологии. Технологијата
брзо застарува и библиотеките треба да бидат во чекор со промените. Треба да
истражуваме проекти за јавен пристап до информациите и Интернет, трендовите
кои влијаат на тоа како библиотеките им служат на своите заедници и начините
како да ги применат иновациите во библиотеките. Овие напори помагаат јавните
библиотеки и вработените брзо да ги разберат и да ги применуваат иновативните
идеи, алатки и услуги како одговор на променливите потреби на заедница.

Клучни зборови: корисници, потреби, информациска писменост, информации,
технолошки развој.


Abstract


As vital as they are, however, public libraries are often underutilized and need
critical support to move forward into the digital age. Meeting the evolving information
needs of individuals and communities through technology is no easy task. Technol-
ogy becomes obsolete quickly, and resources are needed to keep up with ever-changing
community needs. We must research projects for public access to information and the
Internet, trends that affect how libraries serve their communities, and ways to foster
innovation in libraries. These efforts help public library leaders and staff understand
and quickly integrate innovative ideas, tools, and services in response to the changing
needs of their communities.




13


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Key words: users, needs, information literacy, information technology development.


Културните вредности имаат исто значење за еден народ како и цутот и
плодовите за едно дрво. Заедницата што не успеала да изгради своја култура или
пак ја загубила и заборавила таа што ја имала, може да се спореди со јалово дрво
или со дрво чии плодови искапеле. Денес или утре тоа дрво ќе биде исечено и
употребено за огрев.
Реално има многу причини за промени во работењето на библиотеките
– сите ние треба да се вклучиме да ги лоцираме и решиме. Прво треба да ги
согледаме причините, да ги врамиме како проблеми и да го најдеме решението. Да
го погледнеме ова од друга страна: „Ако вашата библиотека не е на Facebook, тогаш
таа веројатно треба да биде таму“. Можеби другите библиотеки веќе го направиле
тоа и се и на Twitter. Но не е доволно само да сте таму- туку мора да споделувате
информации, да комуницирате со корисниците на вашите услуги. Користејќи ги
социјалните мрежи Facebook, Twitter, ние треба да овозможиме полесна и побрза
соработка со корисниците.
Некој може да каже дека овој начин на комуникација со корисникот
е монотон, но ние треба да се трудиме да ги следиме новите трендови и да ги
вклучиме социјалните мрежи за професионална цел. Најбитната точка е што
социјалните мрежи реагираат брзо и успешно на вистинско место во вистинско
време. Приспособливоста на библиотеката за да ги задоволи променливите
потреби на корисниците се рефлектира во прифаќањето и на улогата на online-
центри, а одговорот што ќе го добијат од поединците и заедницата ќе бидат
позитивни. Тоа не значи дека ja намалуваме вредноста на директниот контакт со
корисникот. Работејќи директно со корисниците, библиотекарот има можност да
ги изрази своите лични способности за да можат корисниците да добијат слика за
тоа што се случува и зад пултот. Добрата комуникација е особено важен фактор
за успехот на една библиотека. Без разлика колку некој е подготвен за некоја
тема, или пак е најголемиот иноватор, ако нема способност тоа да го пренесе на
корисникот тогаш нема никаква полза.
Пред сѐ, занимливо е мислењето на граѓаните за улогата и значењето
на библиотеките во време кога информациско- комуникациската технологија
навлегува силно во сите сфери од општеството. Меѓу корисниците владее мислење
дека предвидувањата за губење на потребата од библиотеките и библиотечниот
кадар, како последица на „дигиталното“ време, се крајно апокалиптични и
нереални. Поголемиот дел од анкетираните мислат дека е-книгата не може да бида
достојна замена за оргиналната „хартиена“ книга, дека ерата на дигитализација
не ги опфаќа сите генерации, социјални категории и етникуми, па затоа книжната
граѓа складирана на библиотечните полици уште долго, ќе биде предмет на
интерес и начин на комуникација. Од друга страна, помал дел од анкетираните
корисници изјавиле дека ќе ги користат услугите на online библиотеките, каде ќе
можат да симнуваат книги од Интернет и дека нема да имаат потреба да одат во
библиотека.
Библиотеките треба да се стремат кон приспособување на услугите кон
новата реалност и барања на корисниците со зголемување на иновативни




14


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


програми, но во исто време да ги одржуваат и традиционалните услуги и работење.
Библиотекарите поретко се во улога да бараат апсолутна тишина, а се повеќе се
препознаваат во улогата на обучувачи, учители и помагачи на корисниците.
Потребно е вработените да се стекнат со нови вештини и истите да бидат
применети на работните места. Вработените мора да знаат зошто учат, што ќе
работат и кој квалитет се очекува од нив, тие исто така своите искуства треба
да ги користат како база за нови учења. Поседувањето на добар кадар значи и
постигнување видни резултати во работењето.
До пред 20 години постоеше само печатено издание на енциклопедиите.
Пред 15 години почнаа првите електронски верзии на избрани енциклопедии
кои беа ставени на оптички диск.
Пред 10 години дел од енциклопедиите беа достапни online.
Пред 10 години започна со работа слободната енциклопедија Wikipedia.
По 2009 година корисниците почнуваат повеќе да и веруваат и да ја користат
Wikipedia отколку печатените енциклопедии. Тогаш настанува јазот-социјалните
мрежи ги заменија библиотеките.
Ден Браун рекол „Google не е синоним за научно-истражувачка работа“
Една од придобивките од користење на Интернетот е и COBISS - алатка за
автоматизирано библиотечно работење на принципот за заемна каталогизација.
На тој начин библиотеките го унапредуваат квалитетот на своето работење,
постигнаат воедначување и стандардизираност во процесот на каталогизација,
истовремено заштедувајќи на време и трошоците за работа. Можноста
корисниците преку Интернет слободно да пристапуваат и да ги пребаруваат
електронските каталози на библиотеките доведе до нивно повторно откривање
и заживување како места во кои секој може да пронајде информации потребни
за негова едукација, истражување, информирање или разонода. На тој начин
библиотеката не само што би ја имала својата централна позиција како културна
институција, туку и би одговорила на потребите на читателите, но и на потребите
на научните и стручните кругови, без чии трудови и истражувања незамислив би
бил секој напредок во областа на библиотекарството.
Според Ерик Шмид од Google, на секои два дена човештвото создава повеќе
информации отколку од почетокот на цивилизацијата до денес.
Библиотеките се клучни партнери во давање поддршката на иницијативите
за зајакнување на граѓанскиот ангажман на младите, давање поддршка на
граѓаните во потрага по работа, на студентите кога им е потребна помош, како и на
луѓето кои не можат да си дозволат компјутер во своите домови. На библиотеките,
со оглед на мисијата која ја имаат во новонастанатите услови, се гледа како на
места важни за луѓето заради:


- популаризација на културното наследство
- образовни центри - средишта за неформално образование
- социјални средби и контакти
- бесплатни курсеви и интеграција на различни ранливи групи
- обуки за online и учење на далечина
- стимулирање на роднокрајно творештво
- помагање за пронаоѓање работа на младите
- преквалификација на невработените




15


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


- воведување на нови online услуги
- културни, спортски и други видови на услуги од образовен карактер
- услуги поврзани со здравјето на луѓето


библиотерапија (Поимот библиотерапија, значи лекување со книги или терапија
со читање - се користи и во медицината. Библиотерапијата нема за цел да ги скрие
или залаже реалните ситуации и состојби, туку читателот, преку книжевното дело
треба да ја расветли неговата вистинска ситуација и да се подготви за промената
која мора да ја направи врз самиот себе).
Следењето на овие библиотечни трендови ќе створат нова визија за
библиотеката како културна институција која не е повеќе само зграда во која
се чуваат книги, туку жив центар на секоја заедница на која ѝ служи, центар
на многу културни случувања во градот. Главно собирачко место на луѓето од
различни возрасти со различни интереси каде ќе можат да ги добијат потребните
информации, знаење, да учествуваат на јавни случувања притоа нудејќи им сè
на едно место односно програми и услуги за сите. Затоа мора да се подготви план
преку кој ќе се изрази приоритетот на градските библиотеки во заедницата, со
што ќе се помогне да обезбедат сигурни библиотечни услуги кои се од суштинско
значење сега и за следните генерации на корисници.
„И јас разбрав дека малата библиотека, која е близу до мојот дом, e уште една
соба каде може да се отиде и да се прочита некоја книга. За мене е чест да бидам
со Вас. Вие сте луѓето кои се грижите за таа соба од мојот дом. Сите библиотеки во
светот се соби од мојот дом. Па дури и тие во кои никогаш не сум влегол. Но тие се
всушност соби од домовите на многу луѓе“.


Хорхе Букај




16


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Креативно- истражувачки активности во училишните
библиотеки


(стручен труд)
Радослав Љубиќ, виш библиотекар


ЈУ Градска библиотека„Браќа Миладиновци“- Скопје


Апстракт


Училишната библиотека претставува интегрален дел од севкупниот
воспитно- образовен процес во современото училиште, и тоа пред се како подршка
на наставниот процес. Во склад со планот и програмата на работните активности
во училиштето, но и врз основа на сопствениот план и програма на работа на
библиотеката, во неа се извршуваат стручни библиотекарски активности, кои
опфаќаат библиотечно- информациска, воспитно образовна и јавна културна
дејност; негување и јакнење на креативно- истражувачките способности на
учениците преку соработка на библиотекарот со наставниците од одделни
предметни групи. При тоа со брзиот развој на информациско- комуникациската
технологија доаѓа и до промена во начинот на функционирање на училишните
библиотеки , која пред се огледа во автоматизација на библиотечното работење,
во збогатување на книжниот фонд со лектирни наслови, „слободна“ детска
литература, научна литература итн., но и во изнаоѓање на на нови форми на
интерес кај учениците со што би зајакнала нивната креативност, иновативност и
научно- истражувачката способност.


Клучни зборови: воспитно-образовен процес, автоматизација, креативност,
иновативност, научно- истражувачка способност


Училишните библиотеки и духот на „новото време“


Училишните библиотеки ја остваруваат својата традиционална улога на
набaвка (купување, подарок и сл.), селекција, синтеза и трансфер на информации и
знаење, како од соодветни научни области така и од сферата на јавниот и културниот
живот, и сето тоа во интерес на своите корисници, ученици и наставници, како и
стручните органи на училиштата. Библиотечниот фонд кој воглавном се заснова
на книжна граѓа, како и технолошки застарена аудио- визуелна опрема (како




17


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


дијафилмови, аудио и видео- касети, магнетофонски и филмски ленти) се заменува
со нова, компјутерско- дигитална опрема со чија помош библиотечните операции
се забрзуваат и олеснуваат, но исто така се овозможува пристап до информации
и публикации од оддалечени извори, како и нивен трансфер до корисниците.
Подобрената техничка и хардверско- софтверска опременост на училишните
библиотеки влијае позитивно врз извршувањето на административно- техничките
работи во истите, што остава простор за библиотекарите да имаат повеќе време
за стручна и креативна работа. Следува заклучокот: училишните библиотеки се
важен дел од училишниот простор каде со оранизирана и програмирана примена
на образовната технологија„ ќе се овозможи отворен пристап до разновиден тип
на информации, мрежно поврзување, пристап до разни компјутерски сервиси
(услуги), создавање на информации, испраќање и чување на информации,
обработка и избор на информации(бази на податоци)...“
Денес во многу училишни библиотеки, благодарение на користењето на
современи образовни технологии, се одвиваат разновидни активности, кои до
скоро беа табу- тема:


- запознавање со издавачката продукција, следење на библиотечните веб-
сајтови, електронски каталози на издавачките куќи , нарачување на нови
изданија на лектирна, стручна литература, белетристика, слободна детска
литература итн. ;
- истражувачката работа на учениците, студентите и наставниците, со брзо


и лесно обезбедување на материјали (стручни трудови, зборници на трудови
од научни собири, извештаи од коннференции,, стручни советувања и слично).
- електронска коресподенција со менаџментот на училиштето и наставниот


кадар, образовниte институции и организации, здруженија, издавачки куќи;
- поврзување со поширокото библиотечно опкружување и размена на


информации (Националните библиотеки, универзитетски библиотеки,
градските библиотеки, училишните...);
- слободно - стручно користење на интернет од страна на учениците и


наставниот кадар (подготовка за настава, следење на печатот, забава);
- обезбедување на можности за учениците во училишните библиотеки за


директна и практична примена на стекнатите знаења од предметите поврзани
со информатичката писменост и образование (информатика, компјутерска
технологија итн.);
- спроведување на наставата во читалните на училишните библиотеки


како алтернативни училници ( се мисли на проектни училишни активности)
со употреба на компјутери, аудио-визуелна опрема, проектор, видео-бим, т.н..
паметни табли;
- електронска комуникација со учениците и нивните родители, испраќање на


информации за книжниот фонд и јавните културни активности на училишните
библиотеки;


Детската креативноста во библиотета


„Ќе гледам ТВ или ќе играм на компјутер игри!“, тоа се најчестите одговори
на децата ако ги запрашате што ќе прават кога ќе завршат со школските обврски.




18


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Во осмислувањето на слободното време ќе се појави и некоја книга, воглавном
наметната од страна на возрасните или како задолжителна активност наметната
од наставникот. Релативно е мал бројот на деца кои своеволно и со љубов ќе го
пополнат своето слободно време читајќи некоја интересна книга, како што велиме
за „своја душа“, а при тоа можно е од своето друштво да бидат окарактеризирани
како бубалици или со некој сличен „бисер“ во негативен контекст. Но, слободното
време знае понекогаш и да се оддолжи и секојдневните игри и активности да станат
досадни, па макар се работело и за игри. За да на некој начин им се скратат „маките“
поврзани со слободното време, вработените во Народната библиотека „Детко
Петров“ во Димитровград- Србија дошле на идеја преку т. н. Поетска работилница
да им ја доближат книгата на децата, но истовремено да им овозможат корисно
и креативно да го поминуваат своето слободно време. Оваа работилница постои
шест години и во неа според првичната идеја требало да членуваат талентиранид
деца, „мали поети“, првенствено ученици од основните училишта кои својата
природна дарба за пишување и напливот на детска фантазија би ги преточиле во
прозно- поетски творби. Многу бргу се покажало дека оваа Поетска работилница
многу добро функционира и мошне бргу и се приклучиле рецитатори, глумци,
мали сликари. Ниедна културна манифестација во градот не можела и не може да
се замисли без учество на некој член од оваа работилница. Всушност библиотеката
„Детко Петров“ и Поетската работилница денес претставува место каде децата
ја искажуваат својата креативност, и со насмевка на лицето подоцна ги гледаат
плодовите на својата креативност. Поетската работилница е отворена за сите
деца во Димитровград. Доволно е да дојдат и да посакаат нешто да работат- да
читаат, пишуваат, сликаат, глумат. Статистиката кажува дека откако постои оваа
работилница децата многу повеќе читаат. Многу често на овиа работилница се
разговара за прочитаните книги и лектири, при што истите се многу интересни
сами по себе пред се поради фактот да децата знаат да ги скенираат и анализираат
до најситни детали. Оваа библиотека последните години претставува на некој
начин втор дом за децата од овој мал град, истата како „храм“ на културата e
отворена за сите, а посебно за најмладите кои се пред портите на бескрајниот свет
на знаењето.
Зошто го истакнувам овој пример со оваа библиотека?Дали креативноста
како ментален процес кој вклучува создавање на нови идеи, процеси кои ги
истакнуваат личните амбиции и желби треба да се негува од најмала возраст и
постојано надоградува...? Библиотеката во Димитровград н је земав за „урнек“ пред
се бидејќи се работи за една мала библиотека со скромни просторно- финансиски
ресурси, установа од балканскиот регион која со своите специфики, организациско-
техничката поставеност, степенот на библиотечно- информациската развиеност
е горе-доле на слично рамниште како поголемиот дел од нашите библиотеки. Овој
пример може да го земат како „урнек“ голем број на училишни библиотеки од
нашата земја и регионот, како и библиотеките од внатрешноста на земјата.
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, т.е. нејзината
Централна библиотека „Другарче“ традиционално, секоја година по повод
празникот „Св. Климент Охридски“ и „С. Кирил и Меодиј“ организира литературен
конкурс- натпревар во чест на основоположниците на македонската писменост,
култура како почит кон ликот и делото на овие наши просветители, мисионери,
преродбеници (во еден од претходните броеви пишував поопширно за тоа ).




19


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


На овој литературен конкурс учествуваат ученици од основните училишта во
нашиот главен град и тоа претежно оние кои се лоцирани до или во непосредна
близина на библиотеката „Другарче“. Интересот на децата за учество е огромен,
но финансиите не ни дозволуваат со конкурсот да бидат опфатени поголем број
на основни училишта, а со тоа и помасовно учество на ученици. Како пример ќе
наведам дека за овогодишниот конкурс насловен како „Македонската азбука
камен- темелник на народниот јазик и култура“, а во чест на светите Браќа Кирил
и Методиј, пристигнаа околу сто поетско- прозни творби од дванаесет основни
училишта лоцирани во блиската околина на библиотеката. Децата прекрасно
пишуваат, нивната емотивност, чистотата на нивните души и кај многу од нив
вродената дарба за нарација воодушевуваат, ве оставаат без здив! Емоциите,
мислите, смисолот за нарацијата и поетско искажување споени во креативноста
на младите литерати и оваа година го исполнија секој агол, секоја стопа од
библиотеката. И, замислете кога треба оваа млади литерати треба да ги наградите,
барем делимично да им возвратите за вложениот труд, за литературните креации со
кои треба да се гордееме, одговорот од надлежните лебди некаде помеѓу тишината
и нарцисодноста. По некоја книга, „извлечена“ од биоблиотечната сиромаштија и
дипломите се единствената утеха за вложениот труд, наша морална срамота што
не можеме поинаку. Но, и овие скромни награди тие ги прифаќаат како голем
триумф, зашто знаат дека нивната интелектуална слобода, отвореноста за чувство
и фантазија, како и потрагата по нови литературни остварувања се фундаментите
на нивните идни литературни имагинации, остварувања.


Истражувачката компонента во училишните библиотеки


Истражувачката работа е напорна, комтинуирана и бара висок степен на
интелектална активност, која вклучува многу аспекти на логички и практични
мислења и се остварува врз основа на претходни хипотетички , добро осмислени
проблеми. Меѓутоа, истражувањето само по себе не е цел, и не смее да биде
формалистичко, туку конкретно, содржајно и смислено. Затоа истражувањето
кое не е добро испланирано, организирано и систематизирано- не е вистинско
истражување, туку помалку или повеќе слободно, необврзувачко „лутање’ по
литературата, често пати зависно од случајност или среќа. Но, доколку тоа е
припремено и испланирано со јасна цел и методологија, може да се претвори во
права мала научна експедиција.
Уште во пониските одделенија во основните училишта, учениците со
домашните задачи и посебните наставнички упаства и методичка подршка се
поттикнуваат и оспособуваат самостојно да бараат нови информации за одредена
зададена наставна тема. Во повисоките одделенија, а нарочно во средните
училишта учениците самостојно пронаоѓаат и вршат селекција на информации и
на тој начин доаѓаат до лични заклучоци и ставови за одредена тема или проблем.
Водени од упаствата и насоките кои ги добиваат од своите наставници, професори
учениците во училишните библиотеки можат да ги направат првите чекори во
самостојни или групни истражувачки проекти по одредени наставно- предметни
(научни) теми. Појдовна точка во сето ова е што учениците работаат, истражуваат
во библиотечниот простор користејќи ги при тоа научните методи, со менторство




20


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


на наставниците и библиотекарите.Ставањето на ученикот во позиција да
открива или решава некој проблем, т. е. да ги согледува и анализира причинско-
последичните односи и врски, и на крај да даде критички заклучок за некоја
појава или процес- не треба да биде императивот на истражувањето на ученикот
во основното училиште. Резултатите на (научно) истражувачката активност не
мораат да бидат точни, ни комплетни: целта на истражувањето не е доаѓање до
нови научни откритија, туку запознавање на ученикот со истражувачките методи
во науката и поттикнување на логичкото и научно размислување, експеримент
базаиран на интелектуалниот потенцијал на ученикот. Ова се првите чекори
на младите истражувачи- научници во нивната идна животна определба, тоа
се почетните моменти во процесот на изградба на нивниот критички став за
стварноста и формирањето на објективен научен поглед за светот и животот.
Мошне значајна улога во модерниот истражувачки процес во самите
училишта има училишниот библиотекар кој со својата непосредност, отвореност,
педагошки пристап и стручност може да му даде додатен стимул на ученикот
во неговите истражувачки активности. Како и на наставникот, неговиот однос
према учениците е педагошки, а во самиот истражувачки процес менторски. Во
тој контекст треба да се има в предвид фактот дека на почетокот и во текот на
истражувањето, библиотекарот се појавува во позиција на стручен соработник кој
ќе им помогне на наставникот и ученикот во пребарувањето и систематизирањето
на соодветни информации, кои ќе се користат во текот на истражувањето. Воспитно-
образовната работа на библиотекарот со учениците- истражувачи подразбира пред
се нивно оспособување и подучување на техниката на истражувачко/ научната
работа ( користење каталози, избор на граѓа итн.). На тој начин библиотекарите
на учениците ќе им ја пружат и неопходната течничка и методолошка помош во
изборот на електронска граѓа од интернет, нејзино превземање и вклучување во
истражувачкиот процес. При тоа мора да се имаат в предвид ограничувањата кои
се наметнуваат со наставните програми, планираните исходи и достигнувања, за
да не се излезе од рамките на реалните истражувачки барања и цели, како и од
реалните можности на учениците, се разбира со почитување на нивната возраст
наспроти истражувачкиот концепт.
Еден пример превземен од сајтот на Градската блиотеката во Карловац,
Р. Хрватска најдобро ги доловува „истражувачките капацитети и ресурси“ кои
ги нудат библиотеките на сите млади кои сакаат и имаат предизпозиции за
истражувачки потфати. Оваа библиотека во своите програмски активности
вклучила циклус на предавања насловени како „Млади научници“. Се работи за
еден циклус на предавања на кои учествуваат млади луѓе чија определба и талент
кон одредени научни дисциплини е на мошне високо ниво. Секој од овие „млади
научници“ ги презентира своите научни знаења и достигнувања од теоретски
и практичен аспект, а за слушателите останува тоа да го перцепираат и ако
имаат желба, можност и предиспозиции и самите активно да се вклучат. Според
зборовите на библиотекарите, интересот кај младите за ваквите активности во
рамките на библиотеката бил огромен, на овие предавања доаѓаат ученици од
основните и средните училишта, како и повозрасни групи.




21


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Abstrakt


A school library represents an integral part of the entire educational process in
a modern school, in the first place as a support of the teaching process. In accordance
with the curriculum and the syllabus of the school activities, as well as in accordance
with the library curriculum and its syllabus, a lot of specialized library activities take
place there. These are: information activity concerning the library, educational activity,
public cultural activity; strengthening students’ creative and research abilities through
the process of collaboration between the librarian and the teachers of certain subjects.
We can say that with the fast development of the computer technology there are sig-
nificant changes in the functioning of the school libraries. These can be seen in the field
of automation of library working, in enriching the library holdings with books listed in
the obligatory reading, as well as “free” children’s literature, scientific and reference
literature, etc., as well as finding new forms of students’ interests. Thus, students’ com-
ponent for creativity, innovation, science and research will be strengthened.


ЛИТЕРАТУРА:


1. Георгиев, Елизабета, Песничка радионица у библиотеци у Димитровграду;
http://biblioteka-bor.org.rs/2009/05/kreativno/
2. Пенков, Миле, Истраживачки рад ученика у библиотеци основне школе;
http://www.skolskibibliotekari.edu.rs/glavni/sr/aktivnosti/publikacije/55-
casopis/89-istrazivacki_rad_ucenika
3. Брофи, Питер. Библиотека у 21. веку: нове услуге за информационо
доба,Београд: Clio, 2005




22


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Креативно ангажовање у афирмацији и презентацији завичајне
библиотечке грађе


Марија Чупић
cupicmarija@yahoo.com


Славица Кривокућа
cecakrivokuca@yahoo.com


Народна библиотека „Стеван Сремац“ Ниш


Резиме


Со овој труд сакаме да укажеме творечката улога на роднокрајните
одделенија во рамките на јавните библиотеки. Библиотечната пракса денес се
потпира на развиената информатичка и комуникациска технологија и големо
внимание се посветува на транспарентноста и пристапот до информациите и
материјалите и начинот на нивната презентација. Творештвото и креативноста
станаа, покрај стручноста и знаењето, се клучни фактори за афирмација
и промоција на библиотечната, а особено разновидната и слабо познатиот
роднокраен книжен и некнижен материјал. Во трудот се покажуваат примери
од практиката на Роднокрајниот оддел и посебните фондови од Националната
библиотека “Стеван Сремац” во Ниш, во обид да се обликува опкружувањето за
истражувачка работа по мерка на корисниците на 21век.


Клучни зборови: роднокрајни одделенија, креативна работа, презентација на
материјалot, работа со корисници.


Сажетак:


Овим радом желимо да укажемо на стваралачку улогу завичајних
одељења у оквиру јавних библиотека. Библиотечка пракса се данас ослања на
развијене информационе и комуникационе технологије и велика пажња се
посвећује отворености и доступности информација и грађе као и начину њиховог
представљања. Стваралачки рад и креативност су постали, поред стручности и
знања, неопходни чиниоци у афирмацији и промоцији библиотечке а нарочито




23


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


разноврсне и недовољно познате завичајне књижне и некњижне грађе. У раду
се показују примери из праксе Одељења завичајних и посебних фондова Народне
библиотеке „Стеван Сремац“ у Нишу у покушају обликовања окружења за
истраживачки рад по мери корисника 21. века.


Кључне речи: завичајна одељења, креативни рад, презентација грађе, рад са
корисницима.


CREATIVE ENGAGEMENT IN THE PROMOTION AND PRESENTATION OF THE RE-
GIONAL LIBRARY MATERIALS


Summary:


This paper aims to point out the creative role of local history departments with-
in public libraries. Library practice today relies on a developed information and com-
munication technologies and great attention is paid to the publicity and accessibil-
ity of information and materials, as well as the manner of their presentation. Creative
work and creativity have become, in addition to competence and knowledge, essential
factors in the affirmation and promotion of a library, and especially diverse and rath-
erunknown regional book and non-book materials. The paper shows examples from the
Department of local history and special funds of the National Library “Stevan Sremac”
in Niš, in an attempt to shaping the environment for research work meeting the reqiu-
rements of the users of the 21st century.


Key words: local history department, creative work, presentation of materials, work
with users.


Једна од основних функција библиотечког пословања је пружање услуга
корисницима. У данашњим условима високо развијене информационе и
комуникационе технологије у којима су се измениле потребе и интересовања
корисника, ова функција је много комплекснија него раније. Традиционално,
библиотека је место где се позајмљује књига. Поред тога она је и виртулено
место (доступно на вебу) где чита или истражује тзв. „удаљени корисник“. Многи
је виде као сервис који пружа бројне услуге грађанима а углавном се дефинише
као културно и информационо средиште где корисници задовољавају различите
потребе, од информационих, научних, културних до рекреативних. У IFLA/UN-
ESCO Манифесту за јавне библиотеке из 1994. год. јавна библиотека је сагледана
као „локална капија знања која пружа основне услове за учење током читавог
живота, самостално доношење одлука и културни напредак појединаца и
друштвених група“1 а међу њеним задацима истичу се пружање могућности за
лични креативни развој и подстицање маште и креативности код деце и младих.
Библиотеке се све више схватају као креативни простори у којима се стичу
1 Међународни библиотечки манифести IFLA/UNESCO. Приређивачи и редактори превода Весна Ињац и
Драгана Милуновић (Београд: Библиотекарско друштво Србије, 2014) , 5. http://bds.rs/wordpress/wp-content/up-
loads/2014/10/Medjunarodni-bibliotecki-manifesti.pdf (преузето 12. 05. 2015.)




24


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


знања и вештине и размењују идеје. У ери данашње тзв. „демократске“ културе
сматра се да је креативност, која се потенцијално приписује већини људи а не само
изузетним појединцима, важан елемент библиотечке праксе у представљању
библиотечке грађе и долажењу до информација у свим облицима, од штампаних,
рукописних, некњижних до дигиталних. Овакво схватање је основа рада нарочито
у Одељењима књиге за децу и школским библиотекама које организују разне
креативне радионице за одређене узрасте деце и младих.
Јавне библиотеке, међутим, пружају могућности и старијима као и особама
са посебним потребама за стицање нових знања и вештина кроз разне облике
креативно осмишљеног рада са корисницима. Пројекти “Библиотека за слепа и
слабовида лица”, „Рачунарска писменост“ и сл. су велики корак даље у пружању
библиотечких услуга и знатно доприносе афирмацији библиотека.
Завичајна одељења у оквиру јавних библиотека имају посебно место
и значај. Завичајне аутентичне збирке књижног и некњижног материјала о
култури и историји завичаја драгоцен су извор за историографска, етнолошка
и културолошка истраживања локалне и националне баштине. Настојања
завичајних библиотекара имају пресудну улогу у презентацији ове баштине и
пружању информација о њој. Стручним приступом, развијеном методологијом
и креативним способностима, они учествују у истраживачким процесима
и образовању корисника управо проналажењем, селекцијом и разменом
материјала и информација. Осим редовним активностима у непосредном
контакту са корисницима, то се остварује на још много начина: организовањем
изложби поводом годишњица и јубилеја значајних догађаја из прошлости града
или као подсећање на значајне личности наше заједнице, израдом персоналних
и тематских библиографија, објављивањем каталога збирки и мултимедијалних
публикација, учешћем у градским манифестацијама, креирањем дигиталних
збирки завичајног материјала, ширењем информација преко друштвених мрежа
итд.
У Библиотеци „Стеван Сремац“ у Нишу је 2004. год. покренута едиција
Завичајна ризница. Од тада је, у оквиру ње или ван ње, објављено неколико
каталога и библиографија. Поменимо следеће: Каталог нишке периодике 1888-
2004 (2004.), Библиотека Стевана Сремца (2004.), Српска књига 1788-1867 у фонду
Народне библиотеке „Стеван Сремац“ у Нишу: библиографија (2008.), Кабинет графике Народне
библиотеке „Стеван Сремац“ у Нишу (2008.), Из албума старог Ниша: фотографије (2009.),
Нишка периодика (библиографија као резултат сарадње са УБ “Никола Тесла” , 2010),
Бранко Миљковић у завичајним збиркама: библиографија (2013.) и Каталог личне библиотеке
Бранка Миљковића (2013.). Нека од ових издања имају вредност свеобухватних база
података за истраживачки рад, нпр. библиографија Нишка периодика као попис
свих наслова периодике на једном месту, са сиглама библиотека које их поседују.
Остали каталози и библиографије су добар пример представљања завичајних и
посебних збирки. Ове године, по пројекту који је подржан од стране Министарства
за културу, приступамо изради Каталога историјске збирке Драгољуба Мирчетића,
поклоњене личне библиотеке истакнутог завичајног историографа, која садржи
драгоцена дела за проучаваоце историјске прошлости региона.
На основу пројекта „Дигитална заштита зaвичајне периодике: 1885 – 1913.
године“, 2008. год. у сарадњи са Одељењем за развој дигиталне библиотеке и
микрографију, Народна библиотека Србије је дигитализовала 43 документа,




25


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


укупно 7034 странице нишких часописа и новина. То је био почетак процеса
дигитализације у нашој библиотеци, са циљем да се надокнади изгубљена
периодика у штампаном облику, страдала у ратовима и поплавама, кроз дигиталну
форму. Тако су сада доступни наслови Слава, Ђаче, најстарији сачувани часопис
са југа Србије (1888.), Нишке новине из 1886. и други. Дигитална збирка се може
прегледати на сајту http://scc.digital.bkp.nb.rs/collection/nbss.
Стваралачки рад нарочито долази до изражаја у осмишљавању програма
у оквиру манифестација који увек имају за циљ представљање фондова и
афирмацију завичајне културе. Учешће у традиционалној манифестацији
као што је „Ноћ музеја“ почели смо са представљањем мање познатих делова
завичајних фондова. Под називом Плакатоплов приказана је историја плаката
и представљена пажљиво изабрана збирка, чиме смо подсетили суграђане на
позоришне представе, концерте, Филмске сусрете итд. одржане кроз деценије
друге половине 20. века. Следеће године смо приредили Фотоплов презентујући
фотографије „старог“ Ниша. У најави програма смо упутили позив посетиоцима
да дарују Библиотеци фотографије из својих породичних албума или их уступе
за скенирање и умножавање. Одзив је био значајан, људи су радо учествовали и
многи су поклонили своје фотографије. 2014. год. у Ноћи музеја наставили смо у
истом маниру са Фонопловом под називом Винил је опет у моди. Нишлије су могле да
слушају са грамофонских плоча популарне нишке извођаче али и да чују старије
звучне снимке настале пре Другог светског рата.
Поменимо и још један важан јубилеј светског значаја, 1700. година од
доношења Миланског едикта, који смо обележавали 2013. год. у Нишу низом
различитих догађања. Завичајно одељење се тим поводом бавило библиотечком
грађом која се тематски односила на цара Константина и Милански едикт.
Изложбом Цар Константин у завичајним збиркама представили смо књиге,
филмове, разгледнице, плакате, чланке у периодици итд. Том приликом израђени
су пратећи каталог изложбе и мултимедијална презентација.
Богатство грађе завичајних одељења још није довољно афирмисано. Обиље
материјала, нарочито оног „ситног“, документационог, тек треба промовисати као
неисцрпни извор података и понудити јавности кроз штампане или електронске
каталоге огласа, програма културних манифестација и сл. Некњижна грађа
уопште заслужује по свом значају много више пажње и труда на представљању,
сразмерно ономе колико се улаже труда у њену набавку и чување.
На крају желимо да скренемо пажњу да креативни ангажман не треба
безусловно везивати за све популарније креативне радионице. Никако не
умањујући њихов значај, сматрамо да стваралачки рад зависи од нас самих,
од креативног тима који успевамо да створимо у свом окружењу и који својим
идејама и знањем свакодневно промовише библиотеку, откривајући завичајно
културно и историјско богатство уз поштовање начела равноправног приступа
информацијама и грађи за све.




26


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


ЛИТЕРАТУРА


1. Међународни библиотечки манифести IFLA/UNESCO. Приређивачи и редактори
превода Весна Ињац и Драгана Милуновић. Београд: Библиотекарско друштво
Србије, 2014. http://bds.rs/wordpress/wp-content/uploads/2014/10/Medjunarod-
ni-bibliotecki-manifesti.pdf (преузето 12. 05. 2015.)
2. Вукићевић, Дејан. Завичајни фондови. Београд: Службени гласник; Инђија:
Народна библиотека „Др Ђорђе Натошевић“, 2011.
3. Стање и перспективе развоја завичајних фондова: зборник радова. Уредник Даница
Оташевић. Чачак: Градска библиотека „Владислав Петковић – Дис“, 2004.




27


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Училишните библиотеките како места за истражувачки и
креативни активности


(стручен труд)
Гордана Пешевска, виш библиотекар
НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола
e-mail: gordana.peshevska@yahoo.com
tel.047/242-560; mob.tel. 075/311-800
ул. „Димче Лахчански“ бр.59/28, Битола


Апстракт


Преку едукација на младите, целта на библиотекарот е да ги оспособи
корисниците на истражувачка работа, самостојно претражување и пронаоѓање
на информацијата, развивање на критичното мислење, способноста за анализа и
заклучување, како клучни способности за доживотно учење. Библиотекарот треба
да ги оспособува младите креативно да го трошат слободното време, работејќи
директно со книгата и обучувајќи ги на библиотечните работи.
Библиотекарот би требало да ја има способноста да им се приближи на
учениците и да ја поттикне нивната оригиналност и креативност. Интелектуалната
способност на ученикот се развива преку давање на задачи кои се интересни,
нови и кои ќе го стимулират мисловниот процес. Нивната заинтересираност за
она што им го нудат библиотеките се менува со годините и во текот на нивното
образование.


Клучни зборови: училишна библиотека, библиотекар, креативност,
истражување


Во средиштето на цивилизацискиот развој е науката - научните изуми и
достигнувања. Начинот на кој денес живееме е дело на човековиот ум и на неговата
посветеност, креативност и интелигенција, преточени во полето на науката.
Креативноста и постигнувањата на младите ни даваат за право да веруваме
дека постојат потенцијали на кои сериозно треба да се смета во сите научни
области. Ние, како општество, треба да направиме сè, младите истражувачи да




28


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


ги заземат своите места во образованието, институциите, компаниите, во кои ќе
можат најмногу да придонесат со својата научна работа за развојот на нашата
држава.
Науката ги проширува и нашите видици и нашите можности. Од сознанието
како едно парче стакло може да помогне при слаб вид, па сè до современите
откритија кои овозможуваат да понесете цела библиотека во еден мал мемориски
чип, научните достигнувања несомнено го менуваат нашиот живот. Хоризонтите
на науката се безгранични, проблемите на човештвото огромни, а напредокот на
нашата цивилизација е наш поттик и императив.
Библиотеките се клучните места во нашето општество каде секој може да
пронајде информации потребни за негова едукација, истражување, информирање
или разонода.
Денешните библиотеки како никогаш досега минуваат низ крупни и
непрекинати промени во своето работење, како последица од брзиот напредок
на информатичката технологија, информациската наука и општеството. Тие
иновативни промени треба да се искористат и да се приспособат, со што би се
зголемил интересот на популацијата за библиотеката и за користење на нејзините
фондови и услуги.
За современа училишна библиотека можеме да зборуваме ако таа ги
оспособува учениците за самостојна работа, разбудува интерес и љубопитност,
обезбедува услови за современа настава и учење и овозможува пристап на сите
извори на знаење. (Kovačević, 2004, стр.52-53). Училишните библиотекари доколку
на време се обучат и се припремат за потребните вештини можат да станат
активни учесници во примената на наставната и воннаставната програма во
училишната библиотека. Значи, учењето со повеќе медии (книги, слики, звучен
запис, видеоприлог, наставни филм и др.) е процес на истражувачко учење што е
цел на секоја современа училишна библиотека. Само таква современа училишна
библиотека, учениците-корисници можат да ја прифатат како ризница на
човечкото знаење и култура, место каде можат да ги добијат одговорите на многу
прашања и каде што ќе се поттикне нивниот творечки и истражувачки дух. Тоа е
и основата на самостојното учење бидејќи со престојот во современа училишна
библиотека, ученикот може да се сретне со сите книжни и некнижни извори на
информации и знаења кои овде се централно сместени, спроведени во каталог и
на дофат на корисниците.
Во согласност со IFLA/UNESKO Насоките за училишната библитека, меѓу
основните квалитети и вештини кои се очекува од училишниот библиотекар
се способностите за согледување на потребите на корисниците, познавање на
теоријата и методологијата на учење, поседување вештини за користење на
информации, познавање на материјалите кои ја сочинуваат библиотечната
колекција, познавање на книжевноста и медиите кои се наменети за децата,
познавање на информациската технологија и поседување практични знаења во
таа област, како и познавање на областите на управување и маркетингот.
(http://archive.ifla.org/VII/s11/pubs/SchoolLibraryGuidelines-sr.pdf).
„Носител на дејноста на училишните библиотеки е училишниот библиотекар
од кого се очекува професионален пристап во комуникацијата и работата,
способност за разбирање на корисничките потреби, информациските вештини
и знаење” (Zovko M. Školska knjižnica, XIX. Proletna škola školskih knjižničara RH.




29


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Šibenik 2007”, стр.8).
Потребно е континуирано усовршување на библиотекарот со цел неговата
работа да се прилагоди на постојаните промени во општеството. Новиот
електронски свет ја усложнува работата и од библиотекарите се бара поседување
на дополнителни вештини и знаења. „Од голема важност за библиотеките
кои забрзано се менуваат е да се ангажираат лица кои се флексибилни, кои
поседуваат знаења од областа на информатичката технологија, кои се посветени
на непрекинато усовршување во струката и кои поседуваат способност за
комуницирање (http://www.nb.rs/view_file.php?file_id=77). Во едно информатичко
општество и библиотекарот треба да стане информатички стручњак и да ги
усоврши неговите вештини кои се потребни при користење на новата технологија.
Тој треба да биде во можност да им ги понуди сите извори на информации и да ги
научи како слободниот пристап на информации да ги насочат во постигнување на
сопствените цели.
Новата генерација ученици се генерација на „читатели на електронски
изданија” во однос на старите генерации „читатели на печатени изданија” http://
www.nieman.harvard.edu/assets/pdf/Nieman%20Reports/backissues/03winter.pdf.
Децата и младите денес многу читаат, но најмногу од компјутерскиот екран,
електронските игри или од мобилниот телефон. Затоа на е-читателите им се
неопходни вештини за информациската писменост за да знаат критички да
пристапат на содржините пронајдени на интернет. Такви информации наоѓаме
на CD/DVD медиумите и интернетот (електронски книги, енциклопедии, речници,
лексикони, филмови, музиката...). Пристапот до овие извори на информации е
достапен само на информатичките писмени лица“ (Galić N. Školska knjižnica, “XIX.
Proljetna škola školskih knjižničara RH. Šibenik 2007”, стр. 140).
Библиотекарот преку разните активности кои ги презема со учениците,
наставниците и родителите, треба да настојува да го олесни наставниот процес, да
помогне при реализирање на целите и задачите на училиштето и да го оспособи
ученикот за самостојно користење на разновидниот библиотечен фонд и
самостојна употреба на информатичките апарати во библиотеката, во согласност
со способностите и интересите на ученикот. Ова произлегува од целта и задачите
на современиот образовен процес која е да ги оспособи учениците за самостојна
работа, самообразование и подготовка за перманентно образование во текот на
целиот живот.
На ваков начин библиотеката ќе биде место во кое учењето ќе се темели
на истражување, решавање проблеми, претражување, избор и употреба на
информациите од сите достапни медиуми. Улогата на библиотекарот е да
ги запознае учениците со потребата од самостојно снаоѓање во светот на
информациите и нивно вреднување.


Резиме:


Библиотекарите треба да обрнат внимание на модификување на нивните
традиционални услуги во услуги што ќе овозможат достапност во користењето
на сите извори на информации. Тоа значи, дека библиотекарот треба да биде
информатички описменет, подготвен да им препорача литература и да им ја даде




30


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


потребната информација на корисниците.


Summary:


Librarians should pay attention to modifying their traditional services, services
that will provide availability in the use of all sources of information. That means he
should be opismenet information, ready to recommend books and give them the neces-
sary information to users.


Key words: library, librarian, creativity, research


Користена литература:


1. Андоновски А., Петровски П., Бошевски М., (1986) „Минимум стандарди
за училишните библиотечно-информативни центри во СР Македонија“;
Библиотекарствo : зборник на материјали, Скопје: Народна и универзитетска
библиотека „Климент Охридски“
2. Jovanova, V. (2009) „Istraživanje potreba korisnika u narodnim knjižnicama“,
Zadar: Sveučilište, Odjel za knjižničarstvo
3. Krušelj-Vidas, I. (2010) „Novi izazovi za školske knjižničare“, XXII. Proljetna
škola školskih knjižničara republike Hrvatske (2010; Zagreb), Zagreb: Agencija za
odgoj i obrazovanje
4. „Манифест на ИФЛА за Интернет“ (2002) Библиотекарство, 20(1-2),180-182
5. „Манифест на ИФЛА за училишните библиотеки“ (2003
Библиотекарство,21(1-2), 93-96.
6. Петровски, Д. (1996) „Трансформација на библиотеките во Р. Македонија“,
Битола: Друштво за наука и уметност
7. Vučković, Ž. Korišćenje školskih biblioteka kao faktor uspešnosti ucenika URL:
http://scindeks-clanci.nb.rs/data/pdf/0031-3807/2008/0031-38070804694V.pdf
(2010-04-17)
8. Гоцевски, Т. Образовен менаџмент URL:http://jser.fzf.ukim.edu.mk/
index.php?option=com_content&view=article&catid= 52%3A1998-2-%20
3&id=504%3A2009-08-11-19-54-36&Itemid=58 (2010-01-02)
9. Дигитално упатство ПУЛМАН URL: http://www.pulmanweb.org/dgms/DGM-
FYROM-Ver-Nov02.doc (2011-08-07)





31


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2



Библиотеките како места за истражувачки и креативни


активности


Магдалена Кочовска - Салтирова , библиотекар
ЈОУ Библиотека „Искра“ - Кочани


Апстракт


Брзиот развој на науката и технологијата кој придонесува и носи со себе
тековни општествени промени врши силно влијание врз видоизменување на
библиотечната дејност, а пак библиотеката креирајќи простор и програми за
нови креативни и истражувачки активности во склоп на истата, се прилагодува
на актуелните општествени потреби, максимално придонесувајќи за побрз
образовен, научен, материјален и културен развој на средината во која дејствува.
Интенцијата на современите библиотеки е да бидат место каде младите корисници
би можеле да истажуваат, учат, растат, креираат, да се поврзуваат и соработуваат,
а возрасните корисници да се поддржуват, обидуваат и творат.


Клучни зборови: библиотека, креативни активности, истажувачки активности,
креирање простор, корисници


Со сигурност може да се поддржи она што го има напишано Дејвид Морис
, велејќи дека библиотеките денеска се повеќе од полици со книги и поставени
компјутери, туку претставуваат места каде поединците се собираат, истажуваат,
комуницираат и размислуваат, места кои претставуваат културни центри во
заедницата достапни за различна популација, центри за уметност, универзитети,
за младите место преку кое би можеле да дадат поддршка на локалната
култура, креативен простор кој со својата значајност иницира свое континуирано
финансирање.
Значајноста да се зголеми свесноста кај граѓаните библиотеката да се
перцепира како место кое ја гради и развива својата заедница е есенцијално,
сметајќи дека поголемата посетеност од страна на корисниците е во позитивна
корелација со постигнување на повисоко образовно ниво на граѓаните.




32


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Библиотекарите учествуваат во образованието на корисниците преку ефикасно
пронаоѓање, пристап, размена и употреба на информациите. Исто така со
остварување на својата дејност библиотеката претставува значајна алатка во
преставување и десеминација на едукативни програми во заедницата.
Повеќето искуства од библиотеки во светот носат податоци дека креираните
нови простори за креативни и истражувачки активности во библиотеката
единствено носат позитивни вреднувања.
Искуството на Bill Derry , асистент директор на програмата за иновации и
искуства кај корисниците на Connecticut’s Westport Library, во 2012 година говори
дека со создавање на простор за креирање кој претставува повеќе од место каде
има 3D принтери и други машини во неа, се креира место во библиотечниот простор
за демократизација на производството и простор кој насочува кон создавање и
творење, нудејќи програми и услуги за партиципативно учење.
Искуствата во универзитеската библиотека на Amanda Rust , од соработката
со Deborah Davidson, едукатор, во која реализирала работилници за изработка на
едноставни книги кои нудат бесконечно многу можности. Водена од тоа дека
студентите кои се во процес на академско учење и истражување често го користат
Google и e – весниците, преку програмата за изработка на своја книга со многу
можности ја потенцирала идејата за значајноста на користењето и имањето на
библиотечен материјал книжен или некнижен, со нагласување на бесконечно
многуте можности кои ги нуди истиот.
Melissa S. Robinson, библиотекар во ооделение за тинејџери, ги споделува
искуствата од работата на Клуб кој ги развива уметничките активности, во кој се
охрабруваат тинејџерите да ја искористат својата креативност да бидат активни
граѓани ангажирани во својата заедница имајќи активен придонес во развојот на
културниот живот во истата. Таа поддржува креирање на makespace – простор за
творење, во склоп на библиотеката каде на корисниците ќе им биде дадено место,
алатки и услови за учење и креирање на дигитални проекти.
Anne Berard, библиотекар во Milford Town Library, е поддржувач на група
уметници кои творат со масло на платно и со својата редовна програма нудат
изложби со различни мотиви од различен изведувач во месецот.
Во ЈОУ Библиотека „Искра“ Кочани преку посебни форми и методи на работа, се
реализирани програми, по повод светскиот ден на литературата за деца, како
илустрирање на приказни од различни нации и автори кои потекнувааат од
Холандија, В.Британија, Кина, Шведска, Франција и други, со претходно обезбедени
материјали, учесниците изработија творби изразувајќи ја својата креативност и
истите беа изложени на паноата и позитивно вреднувани од посетителите.
Еmily Classon , која работи како библиотекар во ооделение за услуги и
информации, предлага креирање на простор наменет за возрасните именувајќи
го The Beehive или „Пчели во кошница“. Истото би претсавувало место каде
возрасните граѓани би биле фокусирани на уметност, пишување и други рачно
изработени творби. Исто така би се организирале средби со локални уметници и
литерати, со одредена програма во која би имало денови за игри, фотографирање,
цртање и друго. „Пчели во кошница“би било место адекватно за возрасните
да се сретнат, запознаат, учат и обидат, со друг збор возрасните лица во своето
пензионирање би биле „Be-Busy“ или „работно ангажирани“ во различни видови
на активности во просторот„Пчели во кошница“.




33


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Поддршката на возрасните лица и пензионерите преку програми за нивно
активно стареење библиотеката „Искра“ ја има со реализираната програма
„Раскажуваме и читаме заедно”, преку работилница за читање на приказни и
носење на позитивни пораки од страна на член на библиотеката - пензионер и
група на деца од детската градинка „Павлина Велјанова“-Кочани.
Значајноста во имањето и користењето на библиотечниот материјал го
истакнува и Nancy Cole , раководител за образование, со користењето на постоечки
збирки во библиотеката и архивата со цел да се постави изложба во локалниот
музеј со цел да се реализира програмата Martha’s Vineyard Museum. Употребата на
фотографии, статии во весници и консултирање на познавањата на роднокрајните
експерти по историја се креирале приказни. Овој креативен процес може да биде
употребуван во сите библиотеки, на различни теми во различни заедници.
Еmily Classon , која работи како библиотекар во ооделение за услуги и
информации, предлага креирање на простор наменет за возрасните именувајќи
го The Beehive или „Пчели во кошница“. Истото би претсавувало место каде
возрасните граѓани би биле фокусирани на уметност, пишување и други рачно
изработени творби. Исто така би се организирале средби со локални уметници и
литерати, со одредена програма во која би имало денови за игри, фотографирање,
цртање и друго. „Пчели во кошница“би било место адекватно за возрасните
да се сретнат, запознаат, учат и обидат, со друг збор возрасните лица во своето
пензионирање би биле „Be-Busy“ или „работно ангажирани“ во различни видови
на активности во просторот„Пчели во кошница“.
Поддршката на возрасните лица и пензионерите преку програми за нивно
активно стареење библиотеката „Искра“ ја има со реализираната програма
„Раскажуваме и читаме заедно”, преку работилница за читање на приказни и
носење на позитивни пораки од страна на член на библиотеката - пензионер и
група на деца од детската градинка „Павлина Велјанова“-Кочани.
Значајноста во имањето и користењето на библиотечниот материјал го
истакнува и Nancy Cole , раководител за образование, со користењето на постоечки
збирки во библиотеката и архивата со цел да се постави изложба во локалниот
музеј со цел да се реализира програмата Martha’s Vineyard Museum. Употребата на
фотографии, статии во весници и консултирање на познавањата на роднокрајните
експерти по историја се креирале приказни. Овој креативен процес може да биде
употребуван во сите библиотеки, на различни теми во различни заедници.
Свесни за компутерската се поголема присутност во светот на децата,
Nancy Sheehan , креирале простор во својата библиотека каде се нудат услуги за
млади. Креирање на Видео игри, организирање часови за компјитерски вештини
и компјутерска уметност. Од страна на учениците од основно образование како и
тинејџерите ја бирале библиотеката и креираниот простор како посакувано место
за најмладите каде да го искористат своето време. Неминовно се вели дека децата
ја движат библиотеката, а библиотекарите го насочуваат движењето. Donna Johns
Исто така преку остварување на својата дејност библиотеката претставува
значајна алатка во преставувањето на програми со кои се продолжува
економската одржливост на локално ниво преку партнерства со локални бизниси.
Библиотеката преку креирање база на податоци обезбедува важни бизнис ресурси
особено за малите локални бизниси (DCPL) Јавната библиотека во Колумбија ,
која вклучувајќи активен бизнис информативен центар, со расположливи бизнис




34


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


ресурси, конгресна сала, полно работно време на библиотекар и други работници
помага во развој на програми за локалните мали бизниси.. Библиотеката во
Ричмонд (Калифорнија) поттикнува култура на споделување и поддржување на
бизниси со семиња за локално адаптирани растителни сорти.
Библиотеките континуирано работат на збогатување и создавање на нови
збирки на постоечки уникатни содржини. Со интенција да се задржат историските
артефакти, но и да се оствари дигитализација на историските содржини, што го
бара новото време, реставрација на мапи, слики и друго се креираат нови програми
и проекти. Преку своите библиотечни содржини библиотеката може исто така да
поттикнува демократски вредности, актуализирајќи прашања за слобода, правда
и демократија.
Независно дали библиотеката просторно е во мали стари згради или модерни
чуда како библиотеката во Сиетл, чија архитектура претставува богатство со
симболи и значења, тоа се места каде информациите се лесно достапни за секој
граѓанин во заедницата.
Во едно современо општество Библиотеката се перципира како центар за
различни етички групи и националности. Со цел да има славење на различноста,
освен збогатување на книжниот фонд со литература на повеќе јазици, истото се
поддржува и со одржување на курсеви за изучување на странски јазици со целни
групи од различни возрасти, настава со CD и информатор за новите жители за
запознавање со институциите на системот, запознавање со културните објекти и
случувања.
Библиотеката поддржувајќи програми за еднакви можности, треба да
креира програми со креативни и истражувачки активности кои ќе бидат достапни
и за лицата со пречки во развојот. Успешната реализација бара претходни обуки
на библиотекарите за запознавање на знаковниот јазик и други што ќе го олеснат
вклучувањето на лицата со посебни потреби во програмите во библиотеката.
Јавните библиотеки стремејќи се да обезбедат што повеќе збирки и нови
услуги и нови пракси на работа често соработуваат со локалните уметници, кои
пак библиотеката ја гледааат како место преку кое можат да ја дистрибуирааат
својата уметност литературна, ликовна или музичка. Праксата на обезбедување
на слободни часови за деца и возрасни, преку креативни работилници е секако
поддршката која ја дава библиотеката кон поединецот за негово индивидуално.
учество во уметноста. Како што изјавил Кит Ричардс ꞉ Народната библиотека
е значаен субјект во средината која прави баланс на условите и можностите. И
покрај зголемување на трошоците на концерт и театарски билети, настаните во
јавната библиотека (вклучувајќи концерти, посета на автор, изложби) често се
нудат безплатно, овозможувајќи им на сите луѓе од различен социјален статус да
присуствувааат.
Во време кога образованието е се поскапо, библиотеките обезбедуваат
информации и образовни можности и слободен пристап за сите луѓе. Преку
креирани on-line програми се нудат континуирани образовни курсеви како база
на податоци. Библиотеките не се само места каде се барааат информации, тие
всушност претсавуваат и места каде се креирааат информации. Корисниците
ги користата библиотечните материјали и простори со цел да создадат нови и
независни дела. Дел од посетителите можеби би учествивале во уредувањето на
Википедија, формирање на блокови, креирање свои списанија и многу повеќе.




35


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Библиотеките ги учат младите на важни животни врштини. Работните
вештини и искуства кои младите ги стекнуваат преку волонтерска пракса во
јавните библиотеки се едни од креативните програми за практиканска работа,
каде тинејџерите се здобиваат со позитивни искуства, нудејќи бесплатни
менторства, помош во домашните задачи на најмладите и друго, што претставува
додгогодишна пракса во Јавната библиотека во Бруклин .
Во интерес на создавање на подобри библиотечни услуги кои ќе овозможат
истражувачки активности во билиотеките, преку оствареното вмрежување на
библиотеката во системот COBISS.NET, што овозможува меѓународна достапност
на изворите на знаење им се нудат квалитетни услуги на истражувачите и
граѓаните кои работат на своите научни трудови. Секако и овозможувањето на
меѓубиблиотечното позајмување и присутната достапност на материјалите, со
усвоените вештини за работа со новите апликации од страна на библиотекарите
кои се поставени во современите технологии, улогата на библиотекарот е високо
значајна и потврдена во процесот на осовременувањето на општетвото во кое
живееме.
Во дополнителниот прилог – фотографии се претставени креирани
библиотечни простори, обезбедени со книжен фонд и дополнителна опрема кои
поттикнуваат креативни и истражувачки активности во склоп на библиотеката.


Прилог - Фотографии






36


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2




37


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Користена литература


1. David Moris, The Public Library Manifesto Why Libraries mater, and how we
can save them”YES, Magazine, May 6,20011, accessed June 17 (Online)
2. www.masslibsystem.org/makingchange
3. www.conference.ifla.org/ifla77 date submitted.June 1, 2011, Creativity and inno-
vations in Ugandan Libraries꞉ Case of Makerere University Library
4. Public Library Association a division of the American Libraries Association
Public Libraries (online).




38


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Библиотеките промотори на истражувачки и креативни
активности


М-р Јелена Петровска, виш библиотекар
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


e-mail jelap@yahoo.com


Апстракт


Дефиниција на успешноста на денешните библиотеки укажува на
новите тенденции во библиотечното работење, трансформација во нејзината
организациска поставеност, сѐ поголеми овластувања и одговорност кон
заедницата и општеството во целина. Тие се приспособуваат кон потребите на
корисничкиот интерфејс и промените во опкружувањето.
Квалитетот на библиотечната услуга се дефинира со планирање, контрола
и перманентно приспособување кон корисничките потреби. Во тоа светло
библиотеките можат да понудат широк спектар на анимација на населението, ткн.
„living room for the community“ преку осмислување на иновативни и креативни
библиотечни програми за сите возрасти.
Техничко-технолошкиот развој условува промени во сите сфери на
човековото знаење и компетентност, така што библиотекарите се исправени пред
предизвикот самите да бидат инволвирани во тој креативен процес.
Затоа библиотеките по својата организацијска поставеност морат да
бидат дел од истражувачките процеси и се позахтевните барања на образовниот
систем. Потребно е активно да ги следат промените, да ги мотивираат и
обучуваат библиотекарите кои се исправени пред предизвикот да ги задоволат
библиотечните корисници преку користење на новите технологии во здобивањето
на квалитетна и навремена информација.


Клучни зборови: образовниот систем, кориснички услуги, информацијска
писменост, креативни модели, истражувачки програми


Современите библиотеки имаат задача и цел да бидат столб во
функционирањето на образовниот систем. Тие активно го подржуваат процесот




39


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


на подучување, усвојување на новите знаења и вештини, а особено влијаат на
креативноста и истражувањето како битен дел од школувањето на идните
генерации.
Денес библиотеките се сѐ помалку места (локации) а се повеќе претставуваат
процес. Тие стануваат информацијска платформа како дел од умрежено друштво
на знаење.
Профилот на корисниците ги детерминира идните планови на одделни
библиотеки. Па така по својата функција, и вид на давање на корисничките услуги
библиотеките пронаоѓаат се понови мотивациони елементи со кои влијаат на
идните корисници.
За да бидат наполно прифатени во својата средина и активен чинител во
локалната инфраструктура библиотеките се приморани навистина брзо да се
прилагодуваат на промените во сферата на образованието и науката. Катадневно
сме „бомбардирани“ од преголем број на информации и барања кои што ги пратат
процесите на учењето. Станува се порелевантен факт дека образованието,
но и информациската потреба на секој поединец во општеството е зависен
од потребатата за брза, квалитетна и достапна иноформација на едно место.
Таа локација мора на корисникот да му овозможи што поголем број на услуги,
квантитативно и квалитативно достапни во секое време.
Од друга страна развојот на општеството во сите сфери на човековото
дејствување бараат креативни и иновативни решенија. Во условите на забрзаниот
техничко-технолошки развој во областа на комуникации и услуги се поставува
прашањето кои ќе бидат тие институции кои што ќе го имаат потенцијалот да ги
задоволат барањата?
Библиотеките ќе мораат институционално да постават разновидни,
квалитетни и иновативни програми, но пред се да оформат компетентен и високо
мотивиран кадар кој што ќе биде наполно оспособен да одговори на предизвикот.
Освен како информативни стручњаци и луѓе со широк дијапазон на познавање
на механизмите за пребарување, современите библиотекари стапуваат во
интерактивен контакт со корисниците. Michael Gorman тоа сликовито го искажува
во „Трајна библиотека“: „Мораме да ги преиспитаме и афирмираме основните
вредности на нашата професија, доколку сакаме да се развиваме во времето на
промени, постојано да ја одржуваме еластичноста на услугите кои ги даваме на
поединецот и општеството, што ја крактеризира посебноста на нашата професија.
Особено е важно одржување на сегментот давање услуги на корисникот „лице во
лице„“ што е дел од нашето историско информациско минато. Затоа да оставиме
отворена врата на сите, за да им ги дадеме плодовите на својата стручност,
искуство и добрата волја.


Нови услуги, креативни модели


Библиотеките денес ја имаат својата педагошка, социолошка и културолошка
димензија. Со содржините тие постојано треба да ја зголемуваат воспитната и
информациската компетенција. Ставени под лупа на интересите на заедницата
се менува нивната перцепција, така што фокусот на вниманието не е повеќе на




40


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


установата, туку на библиотечните услуги. Впрочем во тоа светло библиотеките
изнаоѓаат нови патишта за да бидат пред се во длабока синергија со потребите
на локалната средина од една страна, а од друга, по пат на партнерски однос да
допринесат за квалитетот на живеењето и препознатливоста во средината каде
што делуваат. Тоа го потврдуваат и странските искуства каде што „на крајот на
краиштата секоја библиотека постоји за да и служи на одделна локална заедница,
која ја финансира, или библиотека која од неа добива средства, па заради тоа
потребите на заедницата доаѓаат на прво место“.
Се отвара навистина широк простор за делување, пред се за различни
возрасни групи. Библиотечните програми за најмладите корисници треба да
отворат врата за идните трајни корисници, кои во креативните програми на
библиотеката ке ги задоволат своите потреби. Како пример за добрата практика
се ткн. иновативните проекти кои што библиотечната и општествената јавност
ги посочува како примери на добрата практика, а кои мора да бидат достапни и
составен дел од добро конципирани библиотечни програми, особено на јавните
библиотеки. Креативните работилници, интернет радио „Книшки молец“,
проектите „Приказни од поткровјето“, „Библиотечен излог“, проекти врзани
со поттикнување на читање, доживотно учење и општествената инклузија
на маргиналните групи, се дел од сосема нови пристапи кон анимацијата на
населението.
„Во секоја локална заедница постојат низа потенцијални партнери.
Разновидни облици во работа ја отвараат вратата на библиотеката кон заедницата,
и овозможуваат излез во новите физички простори, како и во виртуелниот свет,
кои нудат мнозина содржини и можности.
Денес програмите за повозрасна група на млади, а особено за адолесценти,
се во неверојатен подем со изнаоѓање на сѐ понови методи за креативна и
истражувачка работа. Библиотеките стануваат неисцрпен извор во однос на
техничко-технолошка снабденост со опрема која го задоволува специфичниот
адолесцентен кориснички интерфејс. Во светот тоа кореспондира со современ и
функционален простор опремен со компјутери и on line подршка на соодветни
бази на податоци. Програмите мора да се прилагодени на возраста, што имплицира
соодветна наобразба на библиотекарите, за да можат да изготват креативни и
иновативни програми што ќе ја задоволат љубопитноста и мотив за самодокажување
на таа возраст. Тоа подсетува на „утописката визија на универзалната виртуелна
библиотека, каде корисниците сурфајуќи низ кибернетскиот простор, можат да
ги пронајдат сите достапни човекови знаења, кои чекаат да им се пристапи“.
Спецификите на повозрасната популација, која е составена од повеќе
кориснички потреби, движејќи се од работно способни, па се до најстарата
популација, бараат мошне сериозни, креативни и истражувачки програми.
Студентската популација ќе бара квалитетни и во секое време достапни бази
на податоци како и можност за изведување на истражувачките постапки во
библиотеката со помош на обучените библиотекари. Болоњскиот процес во таа
насока нуди мошне креативни и интерактивни предлози за креативна работа на
библиотеките како реферални така и референтни услуги.
Особено универзитетските библиотеки со програмите кои го потикнуваат
и осмислуваат истраживачкиот процес на наставата претставуваат исклучително
значаен извор на информации, како за студентите така и за професорите.




41


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Од друга страна, продолжувањето на човековиот век кореспондира со
процесот на доживотно учење и на се поквалитетни библиотечни програми,
особено поврзани со информацијска писменост и можности кои се нудат со
интернет пребарувања. И во Македонија имаме примери на добра практика каде
што и во помали средини извонредно функционираат библиотечните програми
за обука на возрасните корисници за работа на интернет.
Така со право можеме да констатираме дека ресурсите на библиотеките
се неисцрпни, каде традиционалните библиотеки се судираат со современите
библиотеки и достапни web портали, „па сепак новото доживување на
бесконечноста, настаната како последица на постоење на вебот не го намали
старото чувство на бесконечност на старите библиотеки; туку само ја даде новата
димензија на допрена недопреност...“


Предизвици на иднината


Денешното информациско и мултикултурално општество го моделира
начинот на живеење и користење на слободното време на библиотечните
корисници. Секојдневно е присатна компетенцијата за целоживотно учење од
најраната возраст, со што пред библиотеките поставува прашања од типот кои се
потребите на нејзините корисници и со кои програми библиотеката може да стане
ориентирана кон пошироката заедница, наметнувајќи сѐ понови, покреативни
и иновативни решенија. Измените во сите сфери на човековото влијание,
особено во образовниот систем ги става библиотеките во нерамноправна борба
со сѐ повлијателните електронски извори. Но од друга страна, со кориснички
ориентирана програма која ги почитува сите елементи на креативна и
истражувачка работа библиотеката и натаму претставува влијателен елемент
како за поединец така и за општеството.
Библиотекарите, кои што во поново време имаат силна конкуренција,
доколку се покажат како исклучителни стручњаци кои се обучени да им излезат
во пресрет на сѐ позахтевните барања на корисниците и нивните истражувачки
потреби, ќе бидат дел од овие промени.
Добро осмислени, секогаш нови и свежи проекти и активности на
библиотеките, во иднина ќе бидат препознати во својата средина како двигател
на развојот на општеството.
Питер Брофи библиотеките на идниот век ги смета за „највлијателни
информациони посредници во заедницата, тело кое што ја разбера заедницата, кое
што наполно се поистоветува со своите корисници, добро го познава универзумот
на информациите и нивната организација, и истовремено активно развива и ги
усовршува механизмите који ги поврзуваат овие два света“.
Тоа, што библиотеките и библиотекарите се повеќе го разбираат
значењето на промените и можностите библиотеките да бидат креативни,
пред се истражувачки настроени, со тоа што имплементираат нови содржини и
програми, не значи дека автоматски ќе станат влијателен фактор на општеството.
Тоа место се се заслужува со постојана будност и вложување во квалитетен
библиотечен кадар, креативни и иновативни програми и целосна посветеност кон
библиотечната работа.




42


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Користена литература


1. Brofi,Piter, Biblioteka u dvadeset prvom veku,CLIO,Beograd,2005.
2. Gorman Michael,Postojana knjižnica: tehnologija, tradicija i potraga za
ravnotežom,HKD,Zagreb,2006.
3. Klejton, Piter,Gari,J.,Gorman, Upravljanje izvorima informacija u bibliotekama,
CLIO,Beograd,2003.
4. Mangel,Alberto,Biblioteka noću,Geopoetika,Beograd,2008
5. Program EU u narodnim knjižnicama ,uredile A.B Simić,A.,Čar, HKD, 2007.
6. Gadžo,Amina, Informacijske usluge biblioteke Internacionalnog BURCH
univerziteta,Филозофски факултет,Сарајево,2013




43


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Зошто библиотеката треба да биде значајно место за
истражување и за културни манифестации



Елена Никодиновска, виш библиотекар


НУБ „Св.Климент Охридски - Скопје


Резиме


Библиотеката треба да зрачи во својата средина, да биде живо и динамично
место во општеството. Тоа може да го постигне само со добро конципирана
долгорочна програма во која услугите од интерес на истражувачите што таа може
да ги понуди ќе им станат приоритет во работата.
Културните манифестации грижливо конципирани се една од најважните
задачи на библиотеката кои допираат до јавноста и создаваат трајни врски.
Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Скопје со
своите активности како значајно место за развој на Република Македонија.


Клучни зборови: библиотека, истражување, културни манифестации.


Summary


The library should radiate in its surrounding, it should be a live and dynamic
place in society. This can be achieved only through a well-devised longterm program in
which the services of interest to researched, and which it can offer, will become a prior-
ity.
Carefully elaborated events are on of the most significant library tasks which
enable its contact with the public and create lasting relations.
The National and University Library “St. Clement of Ohrid” - Skopje with its activities
of this type is an important place for the development of the Republic of Macedonia.

Key words: library, research, cultural events.


Пред неколку години, на средбите на библиотекари можеше да се слушнат
првите впечатоци искажани со возбуда од оние кои ја посетиле новата Градската




44


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


медијатека во Делф, Холандија: прекрасна зграда, со многу светлина, со удобен
конфорен мебел, услуги какви што ќе посакаш, весели лица и миризба на
убаво кафе, место од каде не ти се излегува. Најшарената и најестетска од сите
медијатеки и која најсрдечно ќе ве дочека се вика ДОК „library concept center“.
Тука активностите имаат голем визибилитет, се прават секакви истражувања и
секој ден има културен настан, се чувствува енергија и добро расположение во
една здрава средина. Позната е изјавата на директорот Ван Ипсен „Треба да умееш
да го искористиш животот, а тоа почнува во библиотеките“. Овој ист директор ги
советува своите колеги да работат со радост.
Библиотеката како втор дом, или трето место, ако домот (е на прво место),
работниот простор (на второ), значи нешто помеѓу.1 Во ваквите библиотеки се оди
секој ден за да се побара помош во барањето работа, да се добие професионална
надградба, да се види некоја изложба, да се биде на некоја промоција, да се
разменат идеи, да се слушне музика, да се учествува во работилници од секаков
вид, да се креираат анимации во 3д и роботика, па се до совладување на вештини
во кулинарството, современата уметничка фотографија или камера обскура. Во
нив се оди за да се црпи знаење и заради социјализација, да се победи осаменоста,
присутна како кај постарите лица така и кај помладите. Граѓаните се во потрага
по библиотека со нов изглед (new look), место каде ќе можат да и се препуштат на
фантазијата и креативноста.2
Живееме во време кога, наместа се најавува или се прогнозира крај на
библиотеките, барем на вакви какви што се повеќето во светот поради заканата
од дематеријализација на знаењето и зголемената културна понуда и програми за
разонода од институции и поединци кои стануваат конкурентни на библиотеките,
но истовремено сме и сведоци на појавата на библиотеки од еден поинаков вид,
ако може така да се каже. Се профилира трансформацијата, редефинирањето
и реинвентивноста на библиотеките, односно тие се надминуваат. Во Велика
Британија библиотеките сè повеќе се изјаснуваат за нов назив: learning centres, learn-
ing resource centres, learning.. streets, learning hubs, learning malls, learning grids, research villages, idea
stores, book bars, cultural centres discovery centres3.
Во овој современ свет се предвидува дека многу брзо ќе нема повеќе место
за блиотеките кои и натаму остануваат премногу институционални, премногу
формални, или премногу строги, неприлагодени, во расчекор со времето, без
разлика од кој вид се. Библиотеките, без разлика на степенот на нивниот развој,
се добродет за општеството, најдемократски места, гордост на библиотекарите,
градоначалниците, државата.
Библиотеките минуваат низ период на криза на идентитетот за што се
прават бројни анкети и студии. Ниту развиените северно-европски земји каде
библиотекарството има голема традиција, не се поштедени. Во Велика Британија,
на пример, во периодот 2006-2009 се затворени стотина библиотеки како што
тогаш објави весникот Гардиен4 чија вест ИФЛА (Меѓународна асоцијација на
1 Harris, Kevin Putnam, Feldstein. Your third place or mine ? Public libraries and loc al communities. Public library
journal, 18(2), 2003, pp. 26-29.
2 Mikunda, Christian. Brand Lands, Hot Spots & Cool Spaces. Welcome to the Third Place and the Total Marketing
Experience, London and Philadelphia : Kogan Page, 2004, p.5
3 McDonald, Andrew. 2007. “The top ten qualities of good library space”, in IFLA library building guidelines : develop-
ments & reflections. Munich : K.G. Saur, p. 13.
4 Guardian “Library’s bookbudget fall aigain” Flood Alisson, 2008




45


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


библиотечни здруженија и институции / The International Federation of Library As-
sociations and Institutions – IFLA, веднаш ја рашири со цел да се сензибилизира
јавноста не само во таа моќна држава, туку и во целиот свет. За судбината на
библиотеките, како и во многу други сфери, политичарите, или одлучивачите
на било кое место, вклучувајќи ги и тие во библиотеките, имаат клучна улога.
Искуствата се различни во зависност и од културните политики, приоритетите,
визијата и стратешкото планирање, вербата, упорноста, позитивната конкуренција,
или поинаку кажано, желбата за напредок на човештвото. Тука, ќе го издвоиме
примерот на Франција која со векови посветува посебно внимание на културата,
особено со исклучителниот однос кон неа што го имал Луј XIV, наречен кралот сонце
(le roi soleil), со кралскиот дворец во Версај (Château de Versailles), што го направил
бесмртен. Од понов датум, да цитираме само два објекти што се изградени во
Париз, како традиција, Центарот Бобур или Центарот Жорж Помпиду од страна
на истоимениот претседател, со прекрасната јавна библиотека пред која речиси
во секое време чекате на ред за да влезете, или новата зграда на Националната
библиотека на Франција „Франсоа Митеран“. Не случајно овие градби го носат
името на своите градители, во почетокот оспорувани од многумина заради смелите
авангардни идеи, сега прифатени, „присвоени“ од граѓани, не само од земјата, туку
ширум светот, за кои тие се дел од нивниот живот.
Пред една деценија, во 2005 година, е иницирана и поддржана идејата од
шест претседатели на држави и премиери на Европа за создавање на Европска
дигитална библиотека, чии предлог проект, во 2007 година беше презентиран на
Саемот на книгата во Париз, а веќе наредната година новоименуваната Europe-
ana е официјално објавена од страна на претседателот на Европската комисија,
господин Жозе Мануел Баросо. Преку овој „дигитален излог“ на културното и
научно наследство се достапни повеќе милиони ресурси од библиотеки, музеи,
архиви и центри со аудиовизуелен материјал, создавајќи така можност за учество,
инвентивност и креативност. „Ако Еуропеана успее да ни помогне да работиме
подобро, побрзо и поефтино, тоа ќе биде исклучително драгоцено“, вели Луси
Бургес, од Британската библиотека, една од водечките институции во овој голем
проект на денешнината. Прекрасните материјали преку сајтовите Europeana
Regia, за ракописи, “Europeana Newspapers“, Europeana Collections 1914-1918, за
Првата светска војна, или за европскиот филм European film Getway – EFG даваат
информации за историјата на Европа од античкиот период па сè до денес. Така,
материјалите во традиционална/класична форма можат да бидат достапни на на
веб-от и да се зачуваат во дигитална форма за идните генерации.
Логото на Еуропеана think culture/мисли култура и Европската стратегија 2015-
2010 We transform the world with culture / Nous transformons le monde par la culture
/ Ние го менуваме светот со културата доволно говорат дека за библиотеките се
отвора уште поголем, поамбициозен, поодговорен простор во кој само здружени
во идеите, енергијата и финансиите ќе успееме во нашата мисија: културното
богатство кое му припаѓа на човештвото да биде на едно место, достапно до сите,
без граници. Библиотеките се пред голем предизвик како да го направат достапно
културното наследство што го поседуваат и со тоа рамноправно да учествуваат
во Europeana, што е и идејата на овој проект. Нашата држава се вклучи во овој
глобален европски проект и нејзините резултати стануваат сè повидливи, но со
поголеми очекувања за создавање услови за побрз достап и афирмација.




46


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
како централна, најразвиена, најорганизирана и најопремена библиоетка во
Република Македонија е вклучена и активна во работата во европските и светски
библиотечни мрежи. Со тоа се создаваат услови таа да дејствува послободно со
збогатување на своите активности, сè позначајни за развој на општото културно
дејствување. Во таа смисла НУБ и библиотеките во државата добиваат на значење
со подемот на информатичкото општество како нов цивилизациски феномен, за
кој библиотеките се едни од изворите и базични институции.
Во НУБ се развиваат различни видови истражувања. Некои се поврзани со
дејноста на другите научни институции во земјата, како МАНУ и универзитетите
и нивните факултети, но и одделните проекти или индивидуални научни дејства,
монодисциплинарни, мултидисциплинарни или полидисциплинарни, за што
библиотеката понудува вредна, речиси единствена епистемолошка основа. Тоа за
библиотеките е дел од нивната базична дејност, тие им помагаат на сите на кои им
е потребна информатичка помош и врска, не само со богатите фондови на НУБ и
на другите поголеми библиотеки (COBISS - Кооперативен онлајн библиографски
систем и сервиси) туку со целата светска библиотечна мрежа, која претставува
единствен механизам за огромните материјали кои се сместени во нивните
фондови.
За тие истражувања НУБ е опремна и се модернизира, со развој на
електронска обработка на своите фондови и со поврзување во информатичките
библиотечни мрежи. Но, покрај тоа, и самите врaботени во НУБ се учесници во
големиот и разгранет процес на истражување во разни сфери, блиски и подалечни
научни области, за кои се оспособени нејзините бројни стручњаци. НУБ организира
изложби на своите богати фондови, специјализирани според епохата, темата или
некој соодветен историски и културен настан, кој се одбележува, укажувајќи не
само посредно, туку и директно на своите истражувачки капацитети.
НУБ ја развива особено меѓународната соработка, не само со овозможување
достап на релевантни информации за македонските извори и за материјалите
од своите фондови, како и достап до странските фондови, размена на стрчњаци,
изложби, организирање заеднички конференции, семинари/работилници и друго.
Сите тие активности и унапредувањето на дејноста на НУБ и развивањето
на меѓународната соработа, ги извршуваме во духот на идеите за заедничка
соработка на сите научници и на сета култура според замислите на УНЕСКО, како
наш заеднички духовен центар и организација која ја поттикнува соработката,
инсистира на развивањето на универзалната улога на библиотеките во новиот
свет на обединетото човештво.
Меѓу бројните културни манифестации што НУБ ги организира самостојно
или во соработка со други домашни и странски институции, Британскиот совет,
Германската читална (Гете институт), ЕУ Инфо точката (Делегација на ЕУ),
Институтот „Конфуциј“, Американското катче, сите сместени во НУБ, Францускиот
институт, Здружението на руски сонародници „Чајка“ и други, во оваа прилика ќе
го издвоиме одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право –
23 април (УНЕСКО) што традиционално се организира во НУБ и во библиотеките
ширум земјата, една од најпосетените манифестации.
Во последните години НУБ имаше значајна улога во претставувањето на
капиталните проекти на Владата на Р. Македонија од областа на книжевноста




47


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


на Меѓународниот саем на книгата во Скопје и на повеќе реномирани саеми во
странски држави и библиотеки.
Исклучително важни проекти, поддржани од Министерството за култура
претставуваат двете изложби на оригинални Словенски ракописи од Македонија
од XIII до XIX век“, организирани во Кралскиот музеј Мариемон во Белгија во
партнерство со овој Музеј, Католичкиот универзитет во Лувен, Амбасадата
на Р.Македонија во Брисел и Валонија Брисел Интернационал (2012 г.) и во
Ватиканските музеи како дел од манифестацијата Македонија во чест на Свети
Кирил во Ватикан и одбележувањето на 20 годишнината од воспоставувањето на
дипломатските односи меѓу Република Македонија и Светата Столица (2014 г.).
Библиотеките главно имаат доволно услови за привлекување на вниманието
на јавноста: интересен разновиден библиотечен материјал, календар на настани
за одбележување, убав простор и добра местоположба што треба да ги користат
колку што е можно повеќе со што стануваат динамични и присутни во општеството.


Д-р Иван Заров директор на НУБ на одбележувањето
на Светскиот ден на книгата и авторското право, 2015 г.



Студентки рецитираат стихови од Шекспир




48


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Игор Џамбазов во НУБ со наградата за
најчитан автор во 2015 г., според анкетата на


јавните библиотеки


MARESCA, Bruno. Les bibliothèques municipales après le tournant Int
ernet : attractivité, fréquentation et devenir.
Avec la collaboration de Christophe Evans et Françoise Gaudet. - Paris : Bpi / Centre
Georges Pompidou, 2007. (Etudes et recherche)
ISBN 978-2-84246-103-4


GOULDING, Anne. Public libraries in the 21
Century. Defining Services and Debating the Future. -
Hampshire : Ashgate, 2006. ISBN 0-7546-4286-0


BRUIJNZEELS, Rob.
Bibliothèques 2040.[en ligne] ABDP, 24.08.2005. Disponible
sur : http://www.adbdp.asso.fr/Bibliotheques-2040




49


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Библиотеките како места за истражувачки и креативни
активности


м-р Сузана Данаилова, виш библиотекар
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје


Апстракт


Главното прашање при истражувањето на библиотеките е: „Што треба да
проучуваме за резултатите од тие истражувања да ни послужат за унапредување
на библиотеката со што ќе одговориме на барањата на нашите корисници“.
Библиотеката има за цел да преземе серија активности за организирање
на активности кои ќе придонесат за поттикнување и развивање на свеста за
образованието и културата помеѓу младата популација, а со цел за нивно порано и
поактивно вклучување во современите образовни и културни програми и процеси
во државата.
Библиотеката „Браќа Миладиновци“ работи на усовршување на своите
услуги за децата со понуда на сите расположливи можности, со цел родителите и
старателите да се поттикнат да ги донесат своите деца.
Во библиотеката „Другарче“ повеќе од 30 години постои Игрална која е прва
и единствена во Република Македонија. Таа е достапна за деца од предучилишна
возраст на возраст од 3 до 5 години, деца кои не посетуваат други предучилишни
установи.
Следејќи ги новите трендови во едукацијата како distant-learning, open re-
sors, e-education, on-line exam, библиотеката „Браќа Миладиновци“ има поставено
приоритетна цел да отвори е-читална со која уште повеќе ќе ја привлече младата
читателска публика.
Организирањето на креативните активности кој ги организира
библиотеката „Браќа Миладиновци“ ќе им помогне и ќе ги потикне младите да ја
засакаат книгата, ќе ги инспирира тинајџерите да ги постават целите во кариерата
а и на возрасните да го збогатат својот живот.


Клучни зборови: Библиотека, истражување, активности, проекти, игрална,
е-читална.




50


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Apstract


The main question regarding the library research is the following: “What should
one study so that research results can help to improve the library and respond to the
needs of our users.
To that end, the library shall take a series of organized activities to contribute to
the creation and raising the awareness about education and culture among the young
population so that they can get more actively involved in the early stages of the con-
temporary educational and cultural programs and processes in the state.
The library “Braka Miladinovci“ works on the advancement of its services for
children by offering all kinds of available opportunities so that both parents and custo-
dians can be stimulated to bring their children.
For 30 years now, there is a playroom in the library “Drugarce“, which is the first
and only one of this type in Republic of Macedonia. It is available for pre-school chil-
dren aged 3-5 , children that do not attend other pre-school institutions.
Given the new trends in education such as distant-learning, open resources, e-
education, on-line exam, the library “Braka Miladinovci” has set its priority goal to
open an e-reading room in order to attract more young readers.
The organization of creative activities in the library “Braka Miladinovci” shall
help and encourage young people to love reading, shall inspire teenagers to set their
career goals, and for the adults to enrich their life.


Key words: library, research, activities, projects, gaming, e-reading room.


Еволуцијата на библиотеките претставува процес што треба да се базира
на стратешко истражување базирано на факти, со рационален пристап кон
проблемот и само на тој начин може да се очекуваат посакуваните резултати.
Библиотекарската фела треба да ги обезбеди и да ги насочи сите свои човечки
и финансиски ресурси кон согледување на сегашната состојба и креирање на
програма за практични насочени активности кои ќе бидат од полза за корисниците
на библиотеките.
Главното прашање при истражувањето на библиотеките е: „Што треба да
проучуваме за резултатите од тие истражувања да ни послужат за унапредување
на библиотеката со што ќе одговориме на барањата на нашите корисници.
Во поглед на истражувањето на библиотеките, многу малку се прави во сите
библиотеки во Република Македонија, вклучувајќи ја и Градската библиотека
„Браќа Миладиновци“.
Овде ќе се задржиме на креативните активности во библиотеката – сега и во
иднина.
Во библиотеката, пред сè, треба да се прецизираат потребите на децата и
на оние кои се грижат за нив обезбедувајќи им забава, безбедно и стимулативно
опкружување за извршување на училишните обврски и за исполнување на
слободното време, комбинирајќи ги игрите со новите технологии и создавајќи
партнерства со школите и другите образовни тела.
Библиотеката е културна институција со која треба да се дојде во контакт
многу порано од тинејџерската возраст. Детскиот оддел треба да служи како место




51


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


каде што децата (од 2-годишна возраст) за првпат ќе се запознаат со книгата и на
тој начин образовниот процес ја поместува границата на времето кога се почнува
со читање. На тој начин се постигнува сликовито запознавање со ликови, настани
и секојдневни дејства.
Библиотеката има за цел да преземе серија активности за организирање
на активности кои ќе придонесат за поттикнување и развивање на свеста за
образованието и културата помеѓу младата популација, а со цел за нивно порано и
поактивно вклучување во современите образовни и културни програми и процеси
во државата.
Библиотеката „Браќа Миладиновци“ работи на усовршување на своите услуги за
децата со понуда на сите расположливи можности, со цел родителите и старателите
да се поттикнат да ги донесат малите деца - па дури и бебиња – во детското катче,
на најразновидни настани што вклучуваат и сликовито прикажување на ликовите
од бајките и сказните на тој начин придонесувајќи во подготовка на децата за
училиште .
Во библиотеката „Другарче“ повеќе од 30 години постои Игрална која е прва
и единствена во Република Македонија. Таа е достапна за деца од предучилишна
возраст навозраст од 3 до 5 години, деца кои не посетуваат други предучилишни
установи. Со нив работи стручно лице, педагог. Игралната работи секој ден од
12 до 14.30 часот, а покрај секојдневните активности, во текот на целата година
организира повеќе приредби од кои две се традиционални: новогодишната
прослава и завршната која се одржува во првата половина на јуни.
Децата – посетители на Игралната се мошне креативни и подготвуваат изложби.
На пример, на есенската изложба тие цртаа и боеја листови што најмногу им се
допаѓаат, а потоа го избираа најубаво нацртаниот лист. На крајот сите добија
пригодни награди.
Курсот по англиски јазик е една од најстарите форми на работа во Градската
библиотека „Браќа Миладиновци“,што датира уште од учебната 1962/63 година.
Според нашите податоци, од формирањето до денес, курсот го посетувале над
8000 ученици од градот. Курсот по англиски јазик е наменет за ученици од III до
VIII одделение. Учениците се поделени во групи, а наставата на курсот трае преку
целата учебна година. Наставата се одвива според однапред подготвен план и
програма и е на 6 степени (нивоа) на знаење. Учениците кои го посетуваат курсот по
англиски јазик се воедно и членови на Библиотеката и како такви имаат можност
да се служат со слободна литература на англиски јазик, се разбира, прилагодена
за нивната возраст.
Новите начини на едукација во светот како distant-learning, open resors,
e-education, on-line exam, се трендови кои многу брзо навлегуваат и во нашиот
образовен систем. Младите луѓе кои не можат да го замислат секојдневието без
компјутер ги поставуваат новите начела на едукацијата. Бидејќи библиотеката
е еден од сегментите на образованието, се јавува потреба од следење на овие
нови едукациски програми. Отворањето на е-читална е приоритетна цел во
библиотеката „Браќа Миладиновци“.
Неодамна во нашата библиотека се одржа хуманитарна акција ОТВОРЕН
ДЕН во Библиотеката – „Јавни личности во улога на библиотекари“ за опремување на
Игротека-библиотека на Универзитетската клиника за детски болести – Скопје.
Јавните личности – библиотекари успешно ја завршија својата библиотекарска




52


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


мисија и подарија радост на многу корисници во Библиотеката, а Игротеката во
болницата е веќе отворена и ги развеселува детските срца додека ги поминуваат
деновите во болницата.
Библиотеката „Браќа Миладиновци“ го спроведува и проектот под наслов
„Програма за духовно зајакнување на млади децa“. Оваа програма е наменета за млади
луѓе на возраст помеѓу 12 и 15 години и се изведува во мали групи. Програмата има
за цел да ги насочи и да ги подготви младите за светот кој ќе го наследат. Учењето
по овие материјали, кои пренесуваат морални принципи, се развиени од Бахаи
заедницата која долги години работи со луѓе ширум светот со основна цел да го
сврти вниманието кон специфичните потреби на оваа возрасна група.


Креативно лето во библиотеката


Во текот на летото ќе бидат организирани многу креативни активности и
тоа:


1. Летни креативни активности (работилници за учениците од основните
училишта). Овие работилници ќе се одржуваат во детскиот оддел во
библиотеката. Голем број на креативни – едукативни работилници и содржини
(ликовна, куклена, изработка на предмети и кукли од хартија и текстил,
промоција на книги, средба и разговори со нивните омилени писатели).
2. Часови по македонски јазик за основците на кои ќе се обработуваат
лектирите надвор од училниците и училиштата..
3. Библиотеката „Браќа Миладиновци“ во голем дел ја изврши каталогизацијата
на својот книжен фонд и го направи онлајн достапен за своите корисници. Сега
секој корисник може, од својот компјутер, од дома, , во секој момент да види со
кој книжен фонд располага библиотеката, и дали бараната книга е слободна за
да ја изнајми, да ја резервира или да ја позајми од друга библиотека.
4. Библиотеките во улога на асистенција во процесот на олеснување на
самоопределувањето на идните професии кај средношколците (од 15-18 години).


Организирањето на овие креативни активности и програми кој ги организира
библиотеката „Браќа Миладиновци“ ќе им помогне и ќе ги потикне младите да ја
засакаат книгата, ќе ги инспирира тинајџерите да ги постават целите во кариерата
а и на возрасните да го збогатат својот живот.


Користена литература


1. Gorman, Michael (2006) „Postojana knjižnica : tehnologija tradicija i potraga za
ramnotežom, Zagreb : Hrvatsko knjižničarsko društvo
2. Стратегија со акционен план за развор на градската библиотека „Браќа
Миладиновци“ URL: http://www.gbsk.mk/images/stories/strategija.pdf?/ (2015-
05-19)




53


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Моќта на истражувачките и креативните активности во
библиотеките


(стручен труд)
Ленче Т. Андоновска, библиотекар советник
НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола
e-mai: lence.andonovska@yahoo.com
tel.047/522-140; mob.tel. 075/963-554
ul.Darvinova br.8, Bitola


Апстракт


Библиотеките се информативни центри што нудат систематизирани,
навремени, брзи и актуелни информации за развојот на научната мисла кај нас и
во светот, каде корисниците и сите други граѓани можат да истражуваат, креираат,
активно да учествуваат, да покажат што знаат и да го поделат со другите своето
знаење. Со оглед на фактот што секој поминат ден е поминат дел од животот, а со
тоа поминува и животот кој во стварност е она што секојдневно го работиме, за
да дојдеме до тоа што ќе работиме, прво е потребно да го истражиме сопствениот
живот, како што рекол Сократ „Неистражениот живот не е вреден да се живеее“.
Како сите ние секојдневно работиме исти работи, и таа секојдневница го чини
поголемиот дел од нашиот живот, ние сме во идеална ситуација да тој наш живот
детално го истражиме и со самото тоа го направиме вреден за живеење. Заради
тоа е потребно да се направи нешто да биде подобро овде и сега. Нашите фантазии
се одраз на слабост, па заради тоа е потребно да се направи нашиот идеал да стане
реалност. Постанете господар на сопствената судбина и со тоа ќе остварите
двострука корист.


Клучни зборови: библиотека, креативност, истражување


За развојот на децата и младите, библиотеките се места каде што се
стекнуваат со знаење, каде децата ќе можат да се „пронајдат“ себеси, да се осознаат
и да го прават тоа за што најмногу го сакаат. А со тоа им се овозможува помош на
родителите во насочувањето на децата во нивниот натамошен живот. Водени од
фактот дека она што најмногу го сакаат децата е играта и од фактот што најдобро
учат преку игра, потребно е во Библиотеките да се организираат што повеќе




54


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


работилници како креативни места, каде што децата ќе можат истовремено да
играат и да учат. Тоа е место каде каде што децата ќе играат она што најмногу
ги исполнува, место каде што ќе учат преку игра и место каде ќе се развиваат.
Со тоа ќе им се овозможи на секое дете да ја развие својата фантазија и својата
креативност, а притоа да биде разбрано од тимот професионалци кои ќе се грижат
за нив. Влегувањето во библиотеката претставува еден чин на задоволство и мир,
а со тоа им се создава атмосфера за креирање на младите, и се предизвикува
храброст кај нив секогаш да ги изразуваат своите желби, потреби и импресии. Со
тоа се подигнува самодовербата кај децата и младите, на будење и потикнување
на нивната креативност, на нивната социјализација а со тоа им се наметнува и
натпреварувачки дух. Постојаната промена на активностите ќе креира предизвик
кај децата секоја наредна активност да ја учат за време на предвидените часови.
Колку повеќе се вложува во децата толку резултатот ќе биде поголем, заради
фактот што никој не се родил учен и сам да може да ги постигнува зададените
работи, туку социјализаци- јата, континуираното учење и следење на развојот на
децата, доведува до влегување во системот наречен правила на учење. Секое дете
се среќава со нови ситуации за кои е потребно време за приспособување и труд за
совладување на новите принципи на функционирање. Со тоа ќе им се овозможи
сами да осознаат со колкав талент располагаат, ќе им се овозможи сами да осознаат
што е креација и креирање за да можат сами да се справат со предизвиците и
дека секој проблем можеби има и други решенија. Библиотеките како места за
истражувачки и креативни активности им дават можност на младата популација
сами да ги истражуваат можностите и алтернативните решенија за одредени
ситуации, им овозможува индивидуална работа на децата која ќе им ја зацврсти
сигурноста за нивните можности, квалитети и остварувања. Библиотеките на
децата им овозможуваат и групни активности преку кои на сите деца ќе им покаже
и укаже на тоа дека групната креација може да биде многу посложена како плод
на повеќе креативни умови, секогаш побрзо се решава како резултат на повеќе
работна сила, но од друга страна мора да се знае дека кога сме во група го правиме
она што групата сака да го правиме, а не она за што се залагаме.
Со текот на развојот на децата и младите, љубовта кон Библиотеките треба
да биде се поголема како места каде доаѓа до развој на креативноста и желбата
за истражување. Креативноста не е само важен извор за градење конкурентска
предност, туку и потреба за преживување. Кога се развиваат креативни решенија
за некој проблем тогаш е потребно да се оди подалеку од своето искуство од
минатото. Луѓето најчесто го гледаат она што очекуваат да го видат. Минатите
искуства го обликуваат начинот на кој се перцепира светот. Затоа децата се толку
креативни и љубопитни за нови можности. Креативноста е процес на добивање
оригинални идеи кои имаат вредност преку интердисциплинарен начин на
гледање на работите. Многу години постои конвенционално размислување дека
некоја личност е или креативна – имагинативна, со слободен дух и претприемлива
– или пак не е. Затоа некои луѓе се сметаат дека се креативни, а другите се мисли
дека се логични, ограничени и ригидни. Истражувањата покажуваат дека секој
може да биде кретаивен. Најдобар начин за да се постигне иновативноста во
било која бранша е да се осигураат вработените, учесниците и сл. дека имаат
слобода и стимулација за нивниот развој. Развивањето на корпоративна култура
која ја потикнува и наградува креативноста е клучна, бидејќи сите институции,




55


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


компании и слично мора да бидат способни да ја стимулираат иновативноста.
Зголемувањето на индивидуалната креативност и иновативност може да се
постигне и со потикнување веселба, забава, хумор и сл. Сигмунд Фројд вели: „Каков
депресивен контраст има помеѓу озарената интелегенција на детето и слабиот
менталитет на просечниот возрасен“. Значи треба да се разбуди детето во секој
возрасен. Смислата за хумор е важен и често занемарен квалитет во лидерството
и менаџирањето со луѓе, а атмосферата на забава и уживање е интегрален дел од
организационите култури во некои од светски познатите компании. Најдобрите
идеи доаѓаат од разиграни умови, установите, компаниите, фирмите и сл. кои
гледаат напред, разбираат дека добрата атмосфера за работа и добрите односи
со колегите на работа, се клучни за задржување на креативниот кадар. Значи
хуморот е далеку најсуштинската креативна зависност на човековиот ум. Тој е
големиот ослободител на креативноста затоа што тој ги ослободува стегнатите,
„возрасните“, рационалните, логичките и линеарни делови од умот и им дозволува
на поанархичните, слободоумните и креативните делови од личноста да испливаат.
Се разбира, хуморот, забавата и играта сами не постигнуваат ништо: тие мора да
се искомбинираат со самодисциплината, мотивацијата за постигнување, стабилно
генерирање на нови идеи и воведување практични производи и услуги на пазарот.
Човековите ресурси се како и другите природни ресурси, не се на површината,
мора длабоко да се копа за да се стигне до нив. Многу луѓе не знаат кои се нивните
таленти. Постојат луѓе кои уживаат во својата работа, но и такви кои едноставно
го одработуваат својот живот, едвај чекајќи го викендот. Причината за тоа е
образованието, зошто многу луѓе сметаат дека незнаат што друго би работеле.
Талентот е длабоко во човекот, потребно е многу да се истражува за да се открие.
За секоја работа е потребна страст. Ако се работи нешто што многу се сака,
времето брзо минува, часот се чини 5 минути, а ако не се сака 5 минути се чинат
1 час. Образованието многу луѓе ги одалечува од нивните таленти. Промената е
тешка, зошто значи преиспитување на она што се зема здраво за готово. Голем
проблем на реформата е тиранијата на здравиот разум, работи за кои луѓето
мислат, „па не може да се работи поинаку, зошто тоа така се прави“,. Потребно
е да се сменат менталните модели. Општеството зависи од талентите на многу
луѓе, а не само од линеарноста. Човекот учи целиот негов живот и ако се справи
со минливоста, мора да е подложен на промени. Сите ние имаме потреба за нови
различни решенија во нашите животи, и ако пристапиме со радост и оптимизам
кон секој проблем можеме нашето секојдневие да го претвориме во вистинска
креација. Секој за себе е нова живописна и едноставна приказна и претставува
вистинско задоволство за луѓето од сите возрасти кои имаат желба и волја да
научат за својата креативност. Во сопствениот ум имаме непроценливо богатство.
А нам ни останува да му дадеме слобода.


Резиме:


Низ долготраен и непосреден ангажман во истражувачката и креативна
работа во библиотеките може да се почуствува комплексноста и суптилноста
на научниот занает. Само таквото искуство може да обезбеди претпоставки за
еден вид логична реконструкција на сложениот, многуслоен и деликатен научно




56


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


истражувачки и креативен процес.
Summary:


The complexion and subtlety of the scientific profession can be felt through a
long and direct engagament in the research and creative work in the libraries. Only
such an experience can provide hypotheses for a kind of logical reconstruction of the
complex, multilayered and delicate scientific research and creative process.

Key words: library, creativity, research


Користена литература:


1. Креативно однесување, прирачник за менаџери, Лидија Наумовска, Скопје
2013;
2. Бидете креативни, Ју Кам Кеонг, Скопје 2010;
3. Науката како занает, Виолета Панзова, Филозофски факултет, Скопје ,
2003;
4. Поп-Атанасов, Ѓ.(1989) Речник на стара македонска литература, Скопје:
Македонска книга;
5. Зборник на научни трудови од работилницата за значењето на книгата,
Битола, 2013;
6. Спектар (меѓународно списание за литература и наука), Скопје 2010;
7. http://www.mkd.mk
8. http://vladasrma.wix.com/coaching




57


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Библиотеката како креативен простор за децата


стручен труд
Силвана Јакимова, виш библиотекар


Градска библиотека„Браќа Миладиновци“-Скопје


Апстракт


Креативноста има повеќекратно значење, таа претставува една од
суштинските карактеристики на човекот, а библиотеката преку разни
активности, акции и работилници треба да се стреми да создава услови за нејзино
поттикнување. Креативноста може да се развива и учи, а за тоа е потребно време,
истрајност и интерес. Најдобро е развивање и негување на креативноста да се
врши и поттикнува кај децата уште од најмала возраст. Библиотеките треба да
создаваат услови и да бидат места каде ќе се формираат катчиња за развивање на
креативноста кај младите.


Што е креативност?


Креативноста не е случаен дар кој го поседуваат поединци, туку вештина
која се вежба и развива како и секоја друга. Таа е ментален процес кој вклучува
создавање на нови идеи, поими или решавање на проблеми и нови врски меѓу
постоечките идеи и поими. Креативноста се однесува на појавата според која
некоја личност создава нешто ново што има некоја вредност(производ, решение,
уметничко дело, роман итн..). Она што се смета за „ново“ може да биде во врска со
творецот, или со општеството или областа во која се создава иновацијата. Она што
важи за „вредно“ исто така се дефинира на различни начини. Научниот интерес
за креативноста значително се разликува. Тој опфаќа важни теми поврзани
со врската помеѓу креативноста и интелигенцијата, умствените и невролошки
процеси поврзани со креативната активност, врската помеѓу креативноста и
психичкото здравје, можноста за поттикнување на креативноста преку образование
и обуки кои особено се зголемуваат со технологијата, примена на постоечките
креативни способности на индивидуата за подобрување на ефикасноста во
процесот на учење и прилагодениот процес на предавање. Креативноста може
да се развива и учи, а за тоа е потребно време, истрајност и интерес. Најдобро е




58


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


развивање и негување на креативноста да се врши и поттикнува кај децата уште
од најмала возраст. Целта е децата да се охрабрат и поттикнат, со еден збор да се
мотивираат кон создавање на нови идеи, а особено на реализирање на идеите во
кои учествуваат и самите тие.


Библиотеките како места за развивање на креативност


Библиотеките одамна веќе не се само места каде што се собираат само
љубителите на книгата и на пишаниот збор, туку се повеќе треба да се креативни
простори во кои ќе се собираат младите и оние млади по дух, кои делат слични
интереси, заради дружење, разменување на идеи и стекнување на нови сознанија
и вештини на креативен начин. Во традиционалните библиотечни понуди
спаѓаат посетите на библиотеката од страна на групи ученици од училиштатат
и градинките, промоции на книги итн. Целта на библиотеките е кај децата уште
од најмала возраст да наметнат навика за доаѓање во библиотека и преку разни
активности кои ќе бидат адаптирани за соодветната возраст на децата, кај нив да
се развива креативноста и тоа најчесто преку игра. За реализирање на ваквиот
начин на работа на библиотеките и соработка со корисниците преку различни
видови на креативни работилници, потребно е да се врши перманентна обука на
библиотечните работници. Поточно да се врши нивна постојана едукација и обука
преку семинари, со што тие ќе можат да ги пратат современите текови на работа
во библиотеките, преку непосредна комуникација со читателите и корисниците
на библиотечните услуги.
Јавните библиотеки треба да се преобликуваат во средиште и центри на
иновации, креативност и учење, кое ќе се реализира со едукација на библиотекарите
и преку опремување на соодветни библиотечни простори за реализација на
креативните идеи. Она што е сигурно е дека со ваквиот начин на работа и соработка
со младите кои доаѓаат во библиотека, се поттикнуваат најразлични интереси.
Младите растат во средина која ги поттикнува на креативни идеи, место во кое
тие го вежбаат умот, ја развиваат својата фантазија, развиваат самодоверба. На тој
начин младите стануваат свесни за својата посебност и добиваат самодоверба за
реализирање на нивните идеи и креации кои постоеле скриени во нивниот ум. Во тек
на нивното растење, кај младите кои ќе бидат вака поттикнати да ги реализираат
своите идеи, тие секогаш ќе имаат снага и нерв кој постојано ќе ги бутка напред,
тие ќе се борат за своето место под сонцето и со леснотија ќе создаваат содржини
со кои ќе ги развеселуваат другите и ќе ја шират својата животна филозофија
во своите нови животни окружувања. Креативноста има повеќекратно значење.
Со оглед на тоа што креативноста е една од суштинските карактеристики на
човекот, библиотеката преку разни активности, акции и работилници треба да се
стреми да создава услови за поттикнување на креативноста. Бидејќи креативните
поединци се значаен чинител на општествениот развој, па и на опстанокот на
некое општество, а општеството кое ја кочи креативноста кај младите генерации,
работи на сопственото пропаѓање. Креативните активности во библиотеките,
кои се важен сегмент во воспитно образовниот процес, понатаму влијаат и
поттикнуваат креативна настава во училиштата и ја прават наставата далеку
поквалитетна и подобра, а со тоа се надминува стереотипниот начин на настава




59


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


која е неинтересна за младите.


Креативни активности во Библиотеката „Другарче“


Библиотеката „Другарче“ како јавна и културно-образовна институција
од посебен општествен интерес, на своите читатели има нуди широк спектар на
услуги, културни активности и настани. Во библиотеката функционираат повеќе
оддели:


- Оддел за возрасни и деца
- Оддел за научна литература
- Оддел за набавка и стручна обработка на книжниот фонд
- Оддел игрална
- Оддел курс по англиски


Вработените во библиотеката со својата стручност, професионалност и
непосредност се спремни во секој момент да одговорат на сите барања од доменот
на библиотечното работење, сето свое знаење и енергија да го стават во служба на
своите читатели. Сето тоа е со една цел, атоа е библиотеката да биде вистински
„храм“ на културата, место каде поетската и прозна реч царува, простор во кој
се негува и јакне националниот идентитет, културна самобитност, културна
установа за пример и гордост, интелектуално-духовен и едукативен центар во кој
ќе се надградува нашата сегашност и иднина, крстопат на современите трендови
на библиотечното работење.
Во библиотеката „Другарче“ работи игрална со повеќе од триесетипет
годишно искуство, која ја посетуваат деца од 4 до 7 годишна возраст. Во игралната
се работи на развивање на креативноста кај децата преку дидактички игри и
работилници, уметничко креативни работилници, учење англиски и музичко.
Долгогодишното искуство на работа со деца покажува дека колку порано се
започне со посета на вакви креативни простори, ефектите се поголеми и целта се
постигнува речиси неосетно и преку игра. Децата преку најразлични активности
кои се организираат во игралната ги искажуваат своите интереси за најразлични
теми области. Тие преку разни работилници кои се организираат во игралната
можат да ги осознаат своите можности и потенцијали и истовремено да ги развиваат
своите интереси и таленти, преку игра и комуникација со библиотекар-педагог, кој
е вработен во библиотеката. Најзастапени активности на игралната се ликовните
работилници, каде децата ја развиваат својата креативност и интерес за цртање и
ликовна уметност. Тие се мотивираат да цртаат на одредена тема, по повод некој
празник или по претходно прочитана приказна, се обидуваат да ги визуелизираат
деловите од приказната кои им оставиле најголем впечаток. Поточно децата на
овој начин се обидуваат да „нацртаат“ приказна. Децата од игралната својата
фантазија можат најдобро да ја изразат и преку креативните работилници кои се
прилагодени на нивната возраст, можности и способности, а тоа е најчесто и со
активно учество на нивните родители. Традиционални креативни работилници
кои се организираат се велигденското фарбање јајца, изработка на честитки за
денот на мајката, подготовка на маски за денот на шегата итн. Покрај ликовните
работилници, на децата им се читаат приказни, а потоа истите се прераскажуваат,




60


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


децата се поттикнува да ги искажат своите размислувања на одредена тема,
кај нив се развива чувството за дебата и говорништво. На малите посетители
на игралната исто така преку соодветни креативни содржини им се укажува на
важноста за заштита на животната средина и кај нив се раѓаат идеи како и тие
можата да придонесат во тоа да бидат млади екологисти уште од најмала возраст.
Децата преку игра учат да бидат идни пилоти, механичари, стоматолози, глумци,
наставници, библиотекари и преку откривање на нивните интереси и развивање
на нивната креативност во одредена област, тие ќе можат во иднина да ја одберат
својата идна професија. Ваквите активности ја развиваат детската фантазија, се
пројавуваат интереси за некоја соодветна област, се откриваат и прошируваат
нивните погледи на светот, се откриваат скриени таленти и се изнаоѓаат начини
како истите да се насочуваат и развиваат. Најчесто во игралната децата се
поттикнуваат на убаво однесување, креативно однесување, каде слободно можат
да ги покажаат и искажат своите фантазии. Со особено внимание се уважуваат
нивните необични прашања и нивните маштовити и необични идеи за нешто
„ново“.
Начин библиотеката да се претвори во креативно катче каде ќе дојдат
до израз слободоумни и непречени мисли на поетско и прозно изразување на
идните писатели е преку организирање на ликовни натпревари и конкурси.
Учениците кои учествуваат на овие конкурси, секоја година одново преку своите
творби ја покажуваат својата креативност во размислувањето и литературното
изразување.
Тука мораме да ја истакнеме не само мотивацијата и желбата за пишување
кај голем број на учесници, туку пред се вродениот инстинкт, напливот на емоции
и размислувања да се преточат во литературен код, поетски и прозни остварувања
кои треба да се негуваат и надградуваат. Традиционални литературни настани
во нашата библиотека се оние по повод денот на просветителството Св. Кирил и
Методиј, потоа литературниот конкурс Св. Климент Охридски и литературниот
настан по повод светскиот ден на детската книга. Учесници на овие литературни
случувања се ученици од основните училишта, кои со своите богати литературни
креации, одново го оживуваат творештвото и ликот и дело на Св. Кирил и Методиј
и Св. Климент Охридски.
Во целокупното библиотечно работење креативноста на библиотекарот
треба да претставува појдовна оска за осознавање и истовремено на создавање на
креативни работилници во библиотеките.


Користена литература:


1. http://kreativnost.pedagogija.net/mod/resource/view.php?id=8
2. http://www.rts.rs/page/stories/sr/story/16/Kultura/1757715/
Igre,+kreativnost+i+biblioteke.html
3. http://www.skolskidnevnik.net/2010/05/inovativnost-i-kreativnost-u-nastavi/
4. http://www.zavod.co.rs/index.php?route=product/category&path=90_208_294
5. http://sh.wikipedia.org/wiki/Kreativnost
6. http://www.gkr.hr/Vodic-za-korisnike/Nasi-programi/Iza-nas/Mladi-za-mlade




61


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Библиотеките како места за истражувачки и креативни
активности


Тања Гошева, виш библиотекар
ЛУ Библиотека “Благој Јанков Мучето” Струмица


Апстракт


Во последната деценија од изминатиов век и милениум се повеќе се
зборува за зачувување на целокупното светско културно наследство. Мал но
значаен дел од него е нашето, македонското. Но голем и преубав дел од ова
второто е творештвото на роднокрајните автори од Струмица и струмичко.Нема
област во која нема творци од Струмица кои не се инволвирани во пишувањето.
Творејки застапени и вреди да се истражува, а и има што да се истражува. Тоа е и
најубавото креативни за работа на библиотекарите, кои истражувват анкетирајки
ги творците собирајки голем број на материјали за истражување кои се корисни
при изработка на библиографии за творците но пред се и материјалите кои се
собираат.


Abstract


Since the last decade of the past century there have been increasing discussions
about preservation of the world cultural heritage. A small but significant portion of it
is our Macedonian heritage of which a large part belongs to homeland authors from
Strumica and its surrounding areas. There are no genres in which there are no authors
from Strumica, which provides a rich soil for research. It is, in fact, the most creative
work for librarians who conduct research by interviewing authors and collecting a lot
of materials that serve as a basis for creating bibliographies of authors, but above all
bibliographies of the materials that are collected.


Тргнувајки од законската обврска со Законот за библиотеки-како
библиотечен материјал се истражува се што е објавено: печатени и електронски
публикации, умножени публикации: книги, брошури, весници, списанија,
докторски дисертации, магистерски трудови, скрипти, ракописи, каталози,




62


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


проспекти, плакати, програми, нотен материјал, разгледници, летоци,фотографии,
и други дела изработени во техника сродна на фотографска, носачи на тон и
на тон и на слика (грамофонски плочи, аудио и видеокасети), компакт дискови,
магнетофонски и др. материјали, ЦД ромови, репродукции на уметнички дела
од творци од Струмица и струмичко, и уметнички изложби на лица од Репулика
Македонија и уметници кои имаат изложби во Струмица а не се од Република
Македонија, настани од промоции на книги , и секој настан кој може да се
истражува, а во интерес на корисниците на библиотеката ширум Македонија, но
и тие кои се надвор од Македонија користејки електронски бази на податоци и
секако користејки ја програмата COBISS/OPAK.
Истражувањата се прават во интерес на корисниците но и во интерес
на Република Македонија. Секое истражување и добиените податоци од
истражувањето го користат оние кои за кои и постоиме како институција од јавен
интерес.Чувството за истражувачката работа и поврзаноста на вредностите што
се истражуваат се дел од вредностите на творештвата на авторите што се предмет
на истражувањето од страна на библиотекарот, вредност на творештва како
дел од нашето културно наследство. Да се собере се што ќе биде во интерес на
корисникот, да се сочува како еден белег на македонското опстојување. Да не се
заборави.
Истражувањето нема единствена цел да го собере и библиографски да го
обработи условно земено целото творештво на авторите. Велам условно земено,
бидејки и покрај исцрпните истражувања и огромни вложувања на труд и време,
секогаш постои можност за нешто што успеало да му се прикрие на будното око на
истражувачот. Толку колку да продолжи предизвикувачот. Истражувањето има
уште една цел која корисникот, особено библиотекарот брзо ќе ја пронајде.
Со истражувањето библиотекарот се посветува на творештвата на авторите и
темите кои ги истражува, а нивното изнаоѓање се надополнува ина комплетирањето
кое го прават библиотекарите на ниво на Македонската национална библиографија
за монографски публикации, сериски публикации како и врз база на истражување
во повеќе јавни и приватни библиотеки на територија на Македонија. Но тоа не
е сé, истражувањето не опфаќа само монографски публикации во кои авторите
се појавуваат со некакво авторство. Како што спомнав и погоре уште поголемо
поле се истражувањата на сериските публикации – списанија и весници во кои
се печатени дела на авторите кои се истражуваат или делови од нив, најчесто
поезија и раскази. Поентата на истражувачот библиотекар е да стекне доблест и
да го истражи и да го презентира творештвото на одреден автор.
Корисниците пред се треба да го почитуваат и да ја респектираат
истражувачката работа на библиотекарот и ентузијазмот со кој библиотекарот
пристапува кон реализирање на истражувањето. За почит е исто и размислата
упатена до сите оние кои се на различен начин инволвирани во научната и
истражувачката сфера: искрена препорака да се следат истражувањата на сите
оние истражувачи, бидејки тоа е еден од најубавите начини да се даде свој личен
придонес во зачувување на македонското културно богатство и националното
опстојување кое во овие времиња повторно минува низ една од своите многубројни
голготи, но сепак опстојува.
Опстојува, меѓу другото и заради постоењето на мислата водилка да се
истражи што повеќе и по професионално да се памети и да не се заборави.




63


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


„Ноќ со Андерсен“ проект на НУ-У Библиотека „Гоце Делчев“
Штип


м-р. Вилма Јованова, виш библиотекар
НУУБ „Гоце Делчев“ Штип


Апстракт:


Со популаризација на светскиот ден 2 април, денот на раѓањето на Ханс
Кристијан Андерсен, НУУБиблиотека „Гоце Делчев“ Штип ја промовира потребата
од читање на детските бајки од страна на родителите како неопходен процес во
воспитувањето и зреењето на личноста на детето. Улогата на библиотеката во
заедницата е да посредува во овој процес меѓу децата и родителите, меѓу децата и
училиштата и секако да ги заинтересира читателите да ја посетуваат библиотеката,
освен за земање книга, на различни настани што таа ги организира, создавајќи
нови навики и култура на живеење. Библиотеката во својата улога во 21 век е исто
така место за организирање различни настани, креативни работилници, забава и
дружење, драматизација на бајка и токму проектот „НОЌ СО АНДЕРСЕН“ ги опфаќа
сите тие активности во еден настан. Учениците – читатели како и оние учесници
активни во воншколски активности, како награда за својата инволвираност и
ангажираност во културниот живо и читањето, беа избрани да учествуваат во
еден ваков необичен настан, преку кој се воспостави линк со библиотеката и
нејзините различни услуги. Две години по ред нашата библиотека, во соработка
со Театарот во Штип, е домаќин на овој мултимедијален настан со вклучување на
сите релевантни технички и човечки ресурси и лица од културата, по примерот
на светските библиотеки, спроведува програма со активности за овој реномиран
настан „Ноќ со Андерсон“ со цел зголемување на креативноста за творење,
сликање, пишување и уметничко изразување на децата воопшто.


Клучни зборови: детски бајки, креативни работилници, нови сервиси, читање,
мултимедијален настан, Ноќ со Андерсен.




64


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Веќе две годнини по ред, во чест на раѓањето на еден од најпознатите
автори на бајки, Ханс Кристијан Андерсен, НУ-У Библиотека „Гоце Делчев“ Штип
организира настан насловен како „НОЌ СО АНДЕРСЕН“, по примерот на светските
библиотеки и детски одделенија. Х.К. Андерсен е роден на 2 април 1805 година во
Данска, и е познат како еден од најголемите писатели на бајки, а секаде во светот
првата недела од април се организира целовечерна активност во негова чест.
Целите на овој проект се:


- Орагнизирање и вклучување во светски реномираниот настан „Ноќ со
Андерсон“
- Потикнување и мотивирање на читателите (децата и родителите) кон


желба за читање на детските бајки;
- Организирање на настани со цел зголемување на креативноста за


изразување, сликање, пишување и рецитирање творби;
- Поттикнување на читателите за регуларно однесување како членови,


поттикнување на повеќе читање и чување на книгата;
Библиотеката, во својата улога во
21 век, е исто така место за организирање
различни настани, креативни работилници,
забава и дружење и токму настанот „ НОЌ СО
АНДЕРСЕН“ ги опфаќа сите тие активности.
Учениците – читатели како и оние учесници
во воншколски активности, како награда,
беа вклучени во овој настан. Минатата
година целна група беа деца од сите
основните училишта во Штип, истакнати
читатели што е и начин за мотивирање и
поттикнување на читањето, а оваа година деца од ООУ „Славејко Арсов“ Штип,
членови на драмската секција. Настаните обилуваа со богата програма кој а им го
држеше интересот на високо ниво во текот на шест часови дружење и креативност
поттикнувајќи ги на творење, забава, тимска работа и осврт на делата на светски
познатиот автор на детски бајки.
Минатогодишната програмата за настанот „НОЌ СО АНДЕРСЕН“ ги
опфаќаше следните активности: Сесија за запознавање со игра за раздвижување


и опуштање; Забава со
глумецот Миле Вртеовски,
читање на бајки, мала
драматизација на најпозната
бајка во која ќе глумат сите
деца од групата; Креативна
работилница (пишување
текст, цртање сликање,
боење хамери кои би ја
претставувале позадината
на сцената за самата изведба);
Изведба на драматизацијата;
Пица-вечера, освежу-вање со




65


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


овошје грицки и музика; гледање
филмови со бајки од Андерсен; Креативна
работилница, „Најомилени линкови од
Бајките на Андерсен“ (пишување текст,
цртање сликање, боење хамери); Караоке
Шоу со песни по избор на групата (преку
проектор и користење Youtube).
Многу интересно за децата беше кога
се побара од нив да осмислат среќен крај
на бајката „Девојчето со кибритчињата“,
а во меѓувреме со глумецот заедно да се
осмисли сцената на драматизацијата.
Нивната креативност дојде до израз и во


моментот кога цртаа и пишуваа за бајките кои им оставиле најголем впечаток во
детството и кои ги претставија соодветно. Дружењето и забавата беше проткаена
во сите активности во кои 17 ученици од основно училите од различна возраст
дејствуваа и твореа како едно, тимски одлучувајќи за клучните активности и за
идеите околу самата драматизација. На крајот во доцните часови, со Караоке Шоу
и песни што самите ги бираа, користејќи ги техничките ресурси на библиотеката
децата и не сакаа да ја напуштат библиотеката и забавата.
Во овогодишната програмата
учествуваа 16 учесници / ученици
од ООУ „Славејко Арсов“ Штип
на возраст од 10 - 13 години со
следните активности: гледање
на цртан филм „Грдото пајче“,
читање на бајки, подготовка на
драматизација на бајката „Грдото
пајче“, креативна работилница за
изработка на реквизити и сцена
за драматизацијата, вклучувајќи
цртање, сликање, боење хамери.
Потоа следеше изведба на
драматизацијата на „Грдото
пајче“во која зедоа учество сите
учесници.


Целокупниот настан беше
координиран од страна на вработени
од библиотеката, а драматизацијата на
бајката, подготовка на реквизитите и
изведбата ја водеа претставници на
Народен театар Штип: Никола Ристов-
режисер и Весна Куслеска-драматург.
На почетокот координаторот и
режисерот преку квиз прашања ги
воведоа во настаните и самите




66


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


заклучија која бајка ќе се
драматизира. На многу
забавен и стручен начин од
страна на режисерот
учениците ги избраа улогите
откако претходно им беше
пуштена приказната за
Грдото пајче. Драматургот
веќе го имаше напишано и
прилагодено текстот на
истата бајка претходно и
откако го изгледаа цртаниот
филм, им се прочита самиот
текст, пристапија кон избор


на своите улоги. Во креативната работилница која следуваше најпрвин сите
заедно го изработија гнездото а потоа секој сам си ја изработи својата маска.
Откако им беше доделен текстот режисерот и драматургот на професионален и
забавен начин ги водеа децата во процесот на драматизацијата. Сето тоа
финализираше со драмска изведба на бајката Грдото пајче, снимена на ЦД која се
планира во иднина да се прикажува на деца како промоција и реклама на самата
библиотека.


Повторно на крајот најхрабрите
се забавуваа со Караоке со песни
кои самите ги избраа. Вечерното
дружење заврши во раните
утрински часови кога учесниците
беа однесени дома од страна на
библиотекарите задолжени за нив
во текот на целата вечер.
За настанот „НОЌ СО
АНДЕРСЕН“ заедничко за двете
години беше тоа што децата доаѓаа
со недоумица како ќе поминат, не
очекувајќи толку интересен настан
во библиотеката, а како што се
ближеше крајот на настанот, така


тие не сакаа да си заминат. Овие шест саати во просториите на библиотеката им
поминаа бргу и интересно и забавно во кои се чуствуваа пријатно, задоволно и
исполнето од учеството во толку различни креативни активности.
Популаризација на Светскиот ден 2 Април, денот на раѓањето на Андерсон но
и потребата од читање на детските бајки од страна на родителите како неопходен
процес во воспитувањето и зреењето на личноста на детето. Нашата улога како
библиотека е токму тоа да посредуваме во овој процес меѓу децата и родителите,
меѓу децата и училиштата и секако да ги заинтересираме да ја посетуваат
библиотеката, освен за земање книга и во многуте различни настани што таа ги
организира превторајќи го тоа во нивна навика и култура на живеење.




67


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2




Имплементатори на проектот во овие две години беа: Охридија Лазарова, директор;
Вилма Јованова, координатор; Драган Георгиев и Роберт Георгиев, библиотекари и Сашко Антонов,
логистика.




68


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Јавните библиотеки во пресрет на потребите за креативно
изразување и творештво на младите во Битола


Фатма Бајрам Аземовска
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Резиме


Младите во Битола се соочуваат со ниско ниво на комуникација и соработка
со институциите на системот од областа на културата, неможејќи и немајќи
простор креативно да ги изразат и да ги искажат своите рефлексии и доживувања
како на објективната реалност така и на целокупното општествено живеење.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, преку секторот за промоција и
популаризација на книгата започна соработка со неформални групи на млади кои
творат и даваат придонес кон развојот на современата култура во Битола преку
реализација на проекти во кои главна улога на осмислување и реализација имаат
младите луѓе. НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола на располагање на младите
им ги стави сопствените ресурси – библиотечниот фонд, просторот, техничката
опрема, проефсионалното искуство и знаења на вработените.
Ваквата иницијатива и позиционирањето на НУУВ „Св. Климент Охридски“
– Битола како отворен систем за комуникација и соработка, резултираше со
реализација на повеќе проекти со кои уште еднаш се потврди важноста и улогата
јавните библиотеки да ги решаваат потребите на заедницата во конкретниот
случај младите во Битола и давањето можност за нивно креативно изразување и
творештво.
Следејќи го интересот на младите и трендот на се поголемо користење
на Интернетот и социјалните мрежи, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола во
делот на промоција и популаризација на книгата посвети повеќе внимание со
квалитетни содржини со што информираноста за услугите, новитетите и настаните
кои се случуваат во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, покрај употребата на
класичните медиуми (радио, ТВ, печат), во реално време се пренесуваат до голем
број корисници со потрошувачка на минимални ресурси.





69


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2



МЕСТОТО И УЛОГАТА НА УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ БИБЛИОТЕКИ ВО
СЕКОЈДНЕНИОТ ЖИВОТ НА МЛАДИТЕ


Развојот на техниката и технологијата ја наметна потребата од
осовременување на принципите на работа на матичните и универзитетските
библиотеки преку следење на модерните трендови.
Ваквата потреба резултира со соодветно позиционирање во општеството
и потенцирање на сопствената важност и улога и придонес кон развојот на
општеството во целина.
Иако постои перцепција дека населението особено младите луѓе се помалку
читаат книги, нашите податоци велат дека тоа не е така. Соочени со силната
конкуренција и модерноста на електронските медиуми, преку работата на
секторот за промоција и популаризација на книгата успеавме да го изедначиме
интересот за книгата и истиот да го задржиме на високо ниво.
Позиционирањето на НУУВ „Св. Климент Охридски“ како отворен систем
за комуникација со различните интересни групи уште повеќе ја истакна
општествената улога и важноста што библиотеката ја имаше во минатото но и во
реалноста на сегашните генерации.
Следењето на модерните текови е резултат на нашите настојувања јавните
билиотеки да работат во пресрет на потребите особено на младите креативни луѓе
кои ќе имаат свој простор за изразување и творештво.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, преку секторот за промоција и
популаризација на книгата започна соработка со неформални групи на млади кои
творат и даваат придонес кон развојот на современата култура во Битола преку
реализација на проекти во кои главна улога на осмислување и реализација имаат
младите луѓе. НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола на располагање на младите
им ги стави сопствените ресурси – библиотечниот фонд, просторот, техничката
опрема, проефсионалното искуство и знаења на вработените.
На некој начин ваквото позиционирање влијаеше на субкултурата на
младите да имаат позитивен и непосреден пристап кон НУУБ „Св. Климент
Охридски“ во Битола што значаен успех на општествено дејствување особено кај
младите луѓе.


РАБОТАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА


Маркетингот во трендот на современото живеење има мошне важна
улога. Од мноштвото на информации во информативнот сообраќај, треба да се
биде мошне креативен и умешен во исто време и уникатен за да го привлечиш
вниманието на целната група, а уште повеќе и да го одржиш постојано на високо
ниво.
Оттука произлегува и важноста на секторот за промоција и популаризација
на книгата кој сега има нова проширена улога и сфера на дејствување.
Комуникацијата со новинарите од печатените и електронски медиуми
понекогаш се сведува на дневна основа во зависност од интензитетот на настаните.
Позитивните аспекти на развојот на техниката и технологијата особено




70


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


интернетот и неговата достапност му даваат на НУУБ „Св. Климент Охридски“ да
ја промовира својата работа и да и ставри не само коуникација туку и интеракција.
Трансферот на информации се однесува на промоција на нови изданија,
белетристика, популарна и стручна литература, но и настани кои се случуваат во
НУУБ „Св. Климент Охридски“ било да се во организација на нашата инстиуција
или на некои други надворешно спработници.


Facebook профилот на НУУБ „Св. Климент Охридски“


Одржувањето на профилот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ со
информативни и интересни содржини го привлекува вниманието на над 5 000
членови.
Ако пресметаме дека секој од ни има минимум 100 пријатели, дел од
нив се заеднички, доаѓаме до бројка од 30 000 лица кои ги следат содржините,
новостите, и информациите преку Facebook профилот. Ова е импозантна бројка
што во претходните децении пред појавата на социјалните мрежи не можеше да
се постигне.
Мошне важна е и брзината на пренос на информации, бидејќи интернетот
овозможува во реално време информацијата д абиде проследена до голем број на
луѓе.
Овде би ја споменала и компонентата на транспарентност јавноста на
работата на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола што ја штити инстиуцијата од
опасноста на елитизам на самата институцијата односно затвореност и достапност
само за одредени кругови во општеството.


Соработка со неформални групи на млади луѓе


Tранспарентноста во работењето и пристапод до информации резултираше
со реализација на повеќе проекти иницирани од страна на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ но и од неформални креативни групи на малди луѓе кои пронајдоа
простор за реализација на нивните креативни идеи.
Со ова НУУБ „Св. Климент Охридски“ излезе во пресрет на потребите
за креативно изразување и творештво на младите во Битола со што се креира
позитивна атмосфера на меѓусебна соработка и взаемна доверба.
Работата со младите кративни луѓе од Битола резултира со иницијатива за
формирање Здружение за креативен развој на децата и младите „Рефлексија“.
Преку институционализација, неформланта група со помош на НУУБ „Св.
Климент Охридски“ ќе прерасне во правен субјект кој ќе може многу повеќе
институционално да дејствува.


Соработка со здруженија на граѓани, училишта и детски градинки


Соработката со субјектите кои се и најчести консументи на информациите
и услугите на НУУБ „Св. Клиемнт Охридски“ – Битола е особено важна со оглед




71


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


дека истите дејствуваат во заедницата и имаат важна општествена улога.
Соработката со здруженијата на граѓани резултираа со нови иновативни
идеи и организирање на спцеијални настани кои во јавноста предизвикаа силен
интерес.
Соработката со Биосфера – центар за едукација, заштита на животната
средина и природата беше во заедничко спроведување на дел од активностите
за заштита на Медитеранот. Во просториите на НУУБ „Св. Клиемнт Охридски“ се
одржа доделување на награди од литературниот конкурс како и изложба на книги
за заштита на животната средина и природата.


Во соработка со зоолошката градина
во Битола се одржа настан „Читај книга во
Зоолошката градин аво Битола“. Настанот
го предизвика вниманието на јавноста.
Како резултат на соработката произлезе
иницијативата за креирање на мини
библиотека во Зоолошката градина во
Битола од која посетителите ќе можат да
изнајмуваат книги и да уживаат во
пријатниот амбиент или да научат нешто
повеќе за животните.
Со здружението Центар за европски
развој и интеграција се одржа промоција на
9 мај – денот на Европа во просториите на
НУУБ „Св. Клиемнт Охридски“. На овој начин
НУУБ „Св. Клиемнт Охридски“ дава свој
придонес во процесот на ЕУ Интеграција на
Република Македонија, како и преку
можноста за изнајмување книги со
тематика Европска унија кои беа
претстваени на тематската изложба.
На членовите на подмладокот на
Центарот за развој на ромската заедница
„Баирска Светлина“ им овозможивме
посета на НУУБ „Св. Клиемнт Охридски“
кои ги запознавме со предметот на работа,


ги видео депоата на книги а им беше претствен и COBIS системот за пребарување
на книги.
НУУБ „Св. Клиемнт Охридски“ спроведе и повеќе организирани посети од
основните училишта и градинките во општина Битола, Новаци и Могила.



ПРИМЕРИ НА УСЛУГИ, НОВИ МЕТОДИ И НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ


Светски ден на книгата и авторското право


23 Април
По повод светскиот ден на книгата и авторското право, НУУБ „Св.Климент




72


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Охридски“ – Битола организираше манифестација со учество на млади поети.
На присутните им се обрати директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ г.


Науме Ѓоргиевски.
Беа прочитани пораките од
г-ѓа Ирина Бокова, генерална
директорка на УНЕСКО и
македонската порака од
д-р Александар Прокопиев,
Институт за македонска
литература. Програмата ја
збогатија младите поети од
неформалната креативна
група на млади поети.
На крајот на настанот
следеше традиционално
подарување книга на посети-
телите.


Младите од Битола го одбележаа Денот на Европа - 9 мај


Во организација на Центарот за европски развој и интеграција и НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола, младите битолчани го одбележаа Денот на Европа


9 мај. Работилницата со
наслов „Иднината
денес“ имаше за цел да
ги информира, мотиви-
ра и анимира младите
битолчани да се вклу-
чат активно во процесот
на Европска интеграци-
ја на Република Маке-
донија бидејќи иднина-
та им припаѓа ним.
Од име на НУУБ „Св.
Климент Охридски“
присутните ги поз-
драви г-ѓа Фатма
Бајрам Аземовска


истакнувајќи задоволство од интересот на младите за темата Европска Унија.
За вредностите на Европската Унија зборуваше Менче Петровска. Со
учеството на работилницата младите битолчани ја потврдија својата европска
определба и желбата што побрзо да станеме дел од големото европско семејство.
Посетителите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола имаа можност и да ја
видат тематската изложба на книги насловена „Европска Унија“.




73


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2




Моја библиотека, 11-12 јули 2012


На 11 и 12 јули 2012 година, се одржа дводневна презентација на услугите
што Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
– Битола им ги нуди на своите членови на WEB-порталот Cobiss/OPAC. На овој
начин граѓаните на Општина Битола имаа можност непосредно да се запознаат
со новите услуги на „МОЈА БИБЛИОТЕКА“. Притоа беа и во директен контакт со
вработените од Библиотеката да поставуваат прашања за сите сегменти од овој
дел.


Учиме да твориме, јули – август 2012


Во рамките на проектот се одржуваат осум работилници за 15 – 20 млади
заинтересирани луѓе како да пишуваат книга. На работилниците на мошне
сликовит начин се прикажа процесот на создавање на едно книжевно дело од
идеја и замисла, до истражување и нејзината подготовка, пишување, илустрација,
вообличување, печатење, дистрибуција, па се првиот контакт со читателите.


„Биди кабадаја - читај книга“, јули – август 2012


Дали се сеќавате кога последен пат сте
читале книга? Книга со добра содржина која
ве замислила и ве оставила малку да
размислите за животот и каде Вие се наоѓате
во него, а каде останатите.
Со самото читање книгата и самото
дејство се доживува на поинаков начин. Се
буди фантазијата, повеќе се размислува и се
чуствува. Можете ли да замислите читајќи
да се соживеете со книгата и да заплачете
или гласно да се насмеете читајќи. Е тоа
е длабоко чувство и со тоа писателот ја
постигнал кулминацијата со тоа што ве
вовел целосно во самото дејство.
За крај, не е исто дали читате од книга
hardcopy или дигитален облик на книга.
Статистички е докажано дека читањето од
екран е побавно за разлика од читањето од
хартија односно книга.
Затоа бидете во тренд и користете
го интернетот и дигиталниот свет, но не
заборавајте на книгите, и уживањето со нив.
Земете добра книга, најдете добро место за




74


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


читање, кафенце до Вас и уживајте.
Во месец јули беше доставен јавен повик преку средствата за јавно
информирање, нашата web страна www.nuub.mk и facebook профилот НУУБ „Св.
Климент Охридски“- Битола
Најдобрите фотографии беа наградени и беа изложени во холот на
библиотеката во месец август 2012 година.


Поетски рефлексии, август 2012


Во рамките на програмата БИТФЕСТ 2012 година, НУУБ „Св.Климент
Охридски“ – Битола на ден 22.08.2012 година во салата за промоции во Библиотеката,
им се додели награди на најдобрите фотографии – креативни места за читање на
книгата во рамките на проектот на „Биди кабадаја – читај книга“. Исто така на 15-
мина учесници на проектот „Учиме да твориме“ им се доделија сертификати за
учество во проектот.
Битолската публика уживаше во друштвото на младите поети. Целта на
настанот беше да се поттикнат и мотивираат младите поети да го промовираат
своето творештво и со тоа да им се даде можност креативно да се изразат.




Мини саем на книгата, јуни – август 2012


Мини саемот на книга, претставува водечки настан за љубителите на
убавиот збор и една од најпосетените саемски манифестации кај нас.
Во деновите на Саемот, посетителите, освен најновите изданија на
домашните и странските издавачки куќи, ги очекуваа бројни промоции, тематски
средби и пригодни изложби, енциклоподии, речници, монографии, детски книги
итн.




75


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Меѓународен ден на мирот


21 Септември 2012 година
Во 2001 година за Меѓународен ден на мирот беше прогласен 21 септември.
Резолуцијата вели: „Меѓународниот ден на мирот е ден за глобално


прекинување на огнот и за ненасилство, покана
до сите нации и луѓе на тој денот да ги прекинат
сите непријателства...“
„Ги повикува сите земји членки,
организации во системот на Обединетите
нации и невладините организациии, сите
лица на соодветен начин да го одбележат
Меѓународниот ден на мирот, вклучувајќи
образовни активности и подигање на јавната
свест, како и соработка со Обединетите нации
во воспоставување на глобално прекинување
на огнот.“


НУУБ „Св. климент Охридски“ - Битола
во рамките на БИТФЕСТ 2015 го реализира
проектот: „Со читање книга до најдобра порака
и личност“.


Проектот има за цел преку креативни работилници да направи спој помеѓу
културата на читање книги како дел од личната и општа култура која треба да
се развива и негува уште од најмала возраст. Креативните работилници ги водеа
Жанета Михајлова и Весела Богадновиќ еминентни и признати работници во
делот на предучилишното основното образование. Содржина: Реализација на
креативни работилници за уметничко читање и анализа, обработка на детска
литература


Поставувањето на мини-библиотеки има за цел да го поттикне интересот за
читање, размена на книги и социјализација на љубителите на книги.
Тој посочи дека на локациите каде ќе бидат отворени популарните мини-
библиотеки, љубителите на книгата ќе можат да позајмат книга, да ја прочитаат и
вратат, но истовремено и да подарат книга.
Освен во паркот кај Саат кулата, мини библиотеки се поставени во во холот
на Клиничка болница-Битола и во непосредна близина на Дом на АРМ во овој град


Проектот настојува да ја сензибилизира пошироката јавност за еднаков
третман и пристап на лицата со оштетен слух, говор и вид до јавните институции
и јавните добра.
Во рамките на проектот обработени се повеќе раскази во ДВД формат чија
содржина се раскажува и со знаковен јазик.
Со ова се прави мал чекор но голем напредок кон социјална интеграција и
еднакви можности на лицата со оштетен слух, говор и вид.
Голема благодарност за финансиската поддршка од Министерството за




76


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


култура на Република Македонија и тоа што го препозна овој проект како сериозен,
потребен и иновативен проект.


ЗАКЛУЧОЦИ


- Библиотеките имаат поширока општетсвена улога и важност и затоа
својата работа треба да ја насочат кон развој на заедниците преку активности
не само од областа на библиотекарството туку и проекти од областа на
литературата, културата, мирот и меѓународното разбирање, процесот на
европска интеграција итн.;
- Библиотеките треба да бидат отворен транспарентен систем со двонасочни


канали на комуникација помеѓу корисниците и воопшто пошироката јавност;
- Користењето на современите интернет и електронски алатки претставува


предизвик за фаќање чекор со времето и адресирање што е можно повеќе
корисници и љубители на книгата;
- Библиотеките имаат огромна важност и улога во негување на културата на


читање на книги и поддршка на творештвото особено на младите креативни
луѓе кои бараат можност и простор своето творештво да го промовираат и
презентираат пред пошироката јавност;
- Соработката со здруженијата на граѓани од различни сектори на


општественото живеење дава нов квалитет на работата на библиотеките како
и интересот на целините групи кои овие здруженија ги претставуваат;




77


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Меѓународна соработка со Sistema Bibliotecario Cittadino,
Палермо, Италија


На седницата на Извршниот одбор на Библиотекарското здружение
на Македонија, одржана на 11. 09. 2015 година, разгледувајќи го проектот за
меѓународна соработка донесе заклучок да се воспостави меѓународна соработка
со Sistema Bibliotecario Cittadino, општина Палермо, Италија. Овој проект е
финансиран од Министерството за култура.
На 15. 09. 2015 година петточлена делегација од БЗМ во состав: Благој Николов,
претседател на БЗМ, Охридија Лазарева, член на ИО на БЗМ и членовите Аната
Стефановска, Анита Ангелевска и Дивна Грданова Караџова во попладневните
часови замаинаа за Палермо, Италија.
Во Палермо, делегацијата пристигна на 16.09.2015 г.во поладневните часови
и смести во хотелот. Утредента на 17.09.2015 г. ја посетивме Библиотеката Sis-
tema Bibliotecario Cittadino и воспоставивме првични контакти со директорот
Филипо Гутусо. Во текот на средбата беше поставена изложбата на изданија на
Националните установи Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ –
Битола, Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип и Библиотеката „Григор
Прличев“ – Охрид.
Директорот Филипо Гутусо подетално ни ја претстави и не запозна со
работата и функционирањето на нивната библиотека, а со колегите разменавме


искуства околу стручното
работење. На крајот од
средбата се договоривме
утрешниот ден да се искористи
за претставување на БЗМ
и библиотеките, отворање
на изложба на изданијата
од трите библиотеки и
нивно подарување, со кои
во Библиотеката ќе бидеме
присутни и презентирани како
градови и држава.




78


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


Следниот ден на 18. 09. 2015 година при повторната посета на Библиотеката,
чест ни укажа советникот во одделот за култура на градот Палермо Andrea Cu-
sumano со кого подетално продискутиравме околу потпишување на договор/
протокол за соработка меѓу библиотеката и БЗМ, за што добивме убедување дека
локалната самоуправа, тој чин, на нареден состанок ќе го поддржи.


Понатаму претставени беа БЗМ од страна на Благој Николов, НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола од Анета Стефановска, а Охридија Лазаревска ги претстави
Библиотеките од Охрид и Штип. Промовирана беше книгата Библиотеките во
Битола од Анета Стефановска и Науме Ѓоргиевски, промотор Анита Ангелевска и
реализирани беа задачите предвидени од претходниот ден. Разговарано беше за
вклучување на некоја библиотека од членките на БЗМ во европски проект со кој
тие ќе конкурираат. Отворена беше изложбата на изданијата на трите библиотеки
со вкупен број од 74 публикации, а потоа беше донирана на библиотека - домаќин.




79


Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Вол.32 (2015), бр. 1-2


На 19. 09. 2015 година на предлог на еден од домаќините го разгледавме
стариот град и посетивме повеќе знаменити објекти.
На 20.09.2015 г. во утринските часови заминавме за Битола. Во Битола
пристигнавме во попладневните часови на 21.09.2015 година.