Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
1
Почитувани,
Најсрдечно ве информираме дека и покрај финансиските тешкотии, списанието
„Библиотекарство“ континуирано излегува од печат.
Пред вас е најновиот број исполнет со разновидни содржини од библиотекарската
теорија и практика со надеж дека ќе ги исполни вашите очекувања, желби и потреби за нови
сознанија од областа на библиотекарството.
Редакцискиот одбор на списанието „Библиотекарство“ ги разгледа пристигнатите
текстови и го оформи истото содржински и тематски.
Редакцискиот одбор ги поканува и понатаму сите заинтересирани автори и колеги од
областа на библиотекарството активно да придонесуваат за збогатување на содржините на
списанието „Библиотекарство“.
Од Редакцијата
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
2
СОДРЖИНА
Јубилејно 40. годишно собрание на БЗМ во Велес .............................................................. 3
Функционални барања за библиографските записи – ФРБР ............................................... 5
Насоки за определување нормирани облици на ................................................................... 8
лични имиња на автори согласно препораките за транслитерација ................................... 8
на кириличното писмо со латинично писмо ......................................................................... 8
Информациската писменост клучен елемент во библиотекарството ............................... 15
Маркетингот во библиотеките .............................................................................................. 20
Јавните библиотеки – мост кој ги поврзува државата и локалната самоуправа со
граѓанската средина ............................................................................................................... 25
Јавните библиотеки ги решаваат потребите на заедницата ............................................... 31
Јавните библиотеки во Р. Македонија како културни жаришта на локалната средина.. 35
Трансформирање на јавните библиотеки во информациски центри и нивно
интегрирање во секојдневниот живот .................................................................................. 39
Културно туристички сервис – современа услуга во услуга во состав на локалните
библиотеки .............................................................................................................................. 44
Библиотеките и научноистражувачката дејност ................................................................. 46
Високошколските библиотеки во Македонија во пресрет на новите предизвици на
научноистражувачка работа.................................................................................................. 51
Школските библиотеки центар на воспитно-образовниот процес и културното
воздигнување на младите генерации ................................................................................... 57
Училишните библиотеки и културните вредности на младите ........................................ 62
Перманентна едукација во библиотеките ............................................................................ 65
Отворените образовни ресурси – значајна алатка за подобро образование .................... 70
Современите услуги и сервиси на библиотеките во Република Македонија .................. 71
Давање стручна помош во изготвување документи ........................................................... 75
Посета на Градската библиотека во Гетеборг ..................................................................... 77
Одржан 14. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Неготино ....................... 80
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
3
Јубилејно 40. годишно собрание на БЗМ во Велес
Јубилејното 40. годишно собрание на Библиотекарското здружение на Македонија оваа
година се одржа на 06. и 07. јуни во Велес, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ со почеток во
11 часот. Собранието го отвори и присутните ги поздрави директорот на Локалната библиотека
„Гоце Делчев“, Игор Крајчев, кој воедно беше и домаќин на овогодинешното собрание.
Програмата за Собранието ја изнесе Благој Николов, претседател на Здружението на
БЗМ. Оваа година за првиот ден од Собранието, насловено како „Стручната средба на
библиотекарите од Република Македонија“ беа предложени повеќе теми како насока за
изработка на трудови од страна на Извршниот одбор на БЗМ и тоа:
„Современите услуги и сервиси на библиотеките во Република Македонија“;
„Училишните библиотеки и културните вредности кај младите“;
„Високошколските библиотеки во Македонија во пресрет на новите предизвици на
научноистражувачката работа“;
„Јавните библиотеки во Република Македонија како културни жаришта на локалните
средини“.
Вториот ден беше работен и се работеше според дневниот ред:
1. Извештај за работата на ИО на БЗМ за периодот јуни 2012 – мај 2013 година;
2. Кооптирање на член во ИО на БЗМ;
3. Дополнување на Статутот на член 17 со две алинеи;
4. Разно
Присутни и на двата дена беа библиотекари од повеќето библиотеки во Македонија.
Првиот ден (06. јуни), по горенаведените теми свои трудови презентираа: Раде Љубиќ -
библиотекар, Ленче Андоновска - виш библиотекар, м-р Јелена Петровска - виш библиотекар,
м-р Миодраг Дадасовиќ - библиотекар советник, Благој Николов - библиотекар советник, д-р
Билјана Кочишка – библиотекар, м-р Катерина Данаилова - библиотекар, Соња Манева –
библиотекар и Благица Спиридонова - виш библиотекар.
Презентираните трудови дадоа насоки за нови и посовремени тенденции во
библиотекарството во Македонија, преку примена на искуствата од работењето на
библиотеките надвор од Македонија.
Првиот ден заврши со свечена вечера во хотелот „Брод“ на езерото Младост во Велес.
Вториот ден (07. јуни) се одржа работниот дел на Собранието на БЗМ. Претседателот
на БЗМ, Благој Николов, поднесе Извештај за работата на БЗМ за периодот од јуни 2012 до
јуни 2013 година кој беше едногласно прифатен од присутните делегати.
По втората точка Претседателот на ИО на БЗМ Благој Николов информираше за
испразнетото место секретар и член на ИО на БЗМ. Со дискусија на членовите на Собранието
каде беше образложено кој може да биде член на ИО беа предложени 4 делегати:
1. Вилма Јованова
2. Иванка Соколова
3. Катерина Марковска
4. Станој Петров
Беше предложено тајно гласање и формирана комисија од делегатите која ќе го
спроведе истото. Комисијата ја сочинуваа: Кире Ангелов, Весна Камилова и Јадранка
Мајсторова. По изготвувањето на гласачките ливчиња се пристапи кон тајно гласање по кое
според добиените гласови беше избрана Вилма Јованова за член на ИО на БЗМ.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
4
По однос на третата точка Претседателот на ИО на БЗМ Благој Николов го образложи
предлогот член на ИО освен на Собрание да може да избира и самиот ИО во случај на
инцидентно заминување на некој од постојните членови на ИО до следното Собрание.
Промената oдносно дополнување на Статутот на член 17 со две алинеи кои гласат:
кооптира максимум 2 (два) нови члена во Извршниот одбор во случај на непредвидени
околности: оставка, подолготрајно боледување и сл.;
кооптира максимум 2 (два) нови члена во Комисијата за наградата „Климентова
повелба“ во случај на непредвидени околности: оставка, подолготрајно боледување и
сл.
Присутните гласаа едногласно со 46 гласа ЗА по одлуката да се кооптираат најмногу до
2 члена од самиот ИО под исклучителни околности со цел да не се блокира работата на
Здружението при донесување одлуки.
Под точката разно, од страна на претседателот беше даден предлог за Воспоставување
на награда за најдобра библиотека во период од една година (од едно до друго Собрание). Овој
предлог беше едногласно прифатен.
Воедно беа разгледани и повеќе тековни проблеми со кои се среќаваат библиотеките и
библиотекарите за кои по плодна дискусија од присутните делегати се донесоа насоки по кои
би се работело во идниот период.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
5
Функционални барања за библиографските записи – ФРБР
(стручен труд)
м-р Миодраг Дадасовиќ
Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Република
Македонија
(miodragda@gmail.com)
Апстракт
Функционални барања за библиографските записи, на англиски Functional Requirements
for Bibliographic Records - FRBR, како модел на концепти, односно ентитети, претставува
алтернатива за стандардите за библиотечна каталогизација создадени од три групи ентитети.
Основни ентитети на првата група: дело, израз, појавна форма и единица граѓа. ФРБР може да
биде од големо значење во работењето на библиотеките во однос на севкупното дигитално
опкружување како и функционирањето на е-библиотеките денес и во иднина.
Клучни зборови: Функционални барања за библиографските записи, Functional Requirements
for Bibliographic Records, ФРБР, модел на ентитети, библиотечна каталогизација
ФРБР, односно Функционални барања за библиографските записи, на англиски
Functional Requirements for Bibliographic Records, претставува модел на концепти, односно
ентитети - релации, концепти карактеристични за релациони бази на податоци.
Развиен е од страна на ИФЛА со намера да се олесни пребарувањето на библиотечните
системи, библиографии, каталози и библиографски бази на податоци, особено со системи кои
се поврзани со појавата на нови видови на материјали, нови медиуми, како и со почитувањето
на различните намени, цели и потреби на корисниците на библиотеките.
Разновидноста и сестраноста на овој пристап за пребарување овозможува пристап до
податоци преку односи, односно релации меѓу ентитети кои обезбедуваат врски, односно
линкови помеѓу хиерархиските нивоа на меѓусебните релации.
Уникатноста на овој пристап е значајна по тоа што ФРБР се издвојува од другите
каталошки стандарди, бидејќи со него се овозможуваат предуслови за олеснет пристап до
библиографските записи во процесот на пронаоѓање на потребните материјали, иденти-
фикација и избор на ентитетот, како и добивање на пристап до истиот. Петта, неофицијални
улога на ФРБР претставува пловењето, одн. поврзувањето на библиографските записи.
Во пристапот кон моделите на релации, може да бидат издвоени три групи ентитети:
Ентитети од прва група: дело, израз, појавна форма, единица граѓа;
Ентитети од втора група: поединци односно лица, корпоративни тела;
Ентитети од трета група: поим, објект, настан, место.
Основата на ФРБР ја сочинуваат ентитети од првата група:
Делото како специфична интелектуална или уметничка креација;
Изразот како интелектуална или уметничка реализација на делото;
Појавната форма како физичка реализација на изразот на делото и
Единицата граѓа како унифициран, конкретен примерок на појавната форма
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
6
Наведените примери се превземени од каталогот на Националната и универзитетска
библиотека „Св Климент Охридски“ – Скопје:
Роман Сценарио Филм
д1 Before the rain M.M.*
и11 изв. Текст
и12 мак. Превод
пф12 Jugoreklam ‘02
ег12 K II 392022
д2 Before the rain M.M.*
и21 изв. Текст
и22 мак. Превод
пф22 C.C."M.S." ’96
ег22 К II 300941
д3 Пред дождот M.M.*
и31 оригинал
и32 eng. Title
пф31G.K. VHS PAL color
ег31 МВК II 132
За прв пример е земено делото на Милчо Манчевски* „Пред дождот“. Фондот на
библиотеката го има неговиот истоимен роман, изразната реализација на делото е на англиски
јазик, како и на македонски јазик, појавната реализација на формата е објавена во издание на
Југореклам, во 2002 година, додека во фондот единицата граѓа се наоѓа под сигнатура К II
392.022.
Библиотеката го има и сценариото за истото дело, од истиот автор, изразната реализа-
ција на делото е на англиски јазик, исто така и на македонски јазик, појавната реализација на
формата е објавена од страна на Центарот за култура „Мала Станица“ 1996 год., додека во
фондот единицата граѓа се наоѓа под сигнатура К II 300941.
Третата форма на ова дело се јавува во вид на истоимениот филм, во оригинален израз,
на македонски јазик, појавната реализација е во форма на VHS PAL колор видео лента,
објавена во издание на Градски Кина, со непозната година. Единицата граѓа во фондот се наоѓа
под сигнатура МВК II 132.
Ноти Аудио ЦД Гр. Плоча
д1 Македонски ора O.T.*
и12 превод
пф12 KPZ '89
ег12 МН III 3949
д2 Македонски ора
и22 изведба
пф22 MRT CD '02
ег22 MKD 164
д3 Македонски ора
д32 изведба
пф32 гр. плоча,18см.,45 в.м.
пф32 MGP II 509
Како втор пример може да се земе делото на Тале Огненовски* „Македонски ора“.
Библиотеката го содржи неговиот нотен материјал, изразната форма на реализација на делото е
во вид на препев на македонски јазик, појавната реализација на формата е објавена од страна
на КПЗ, во 1989 година, додека во фондот единицата граѓа се наоѓа под сигнатура MН III 3949.
Вториот израз и појавната форма на делото е во вид на аудио CD, објавена од страна
Гоце Џуклески, во форма на музички изведби, појавната реализација е објавена од страна на
МРТ, во 2002 година, додека во фондот единицата граѓа се наоѓа под сигнатура МКД 164.
Третиот израз и појавна форма е во вид на аудио запис на грамофонска плоча, во
изведба на оркестарот на Пеце Атанасовски, во форма на музичка изведба, појавната реа-
лизација е во форма на грамофонска плоча, 18 см, со 45 вртежи во минута, во издание на МРТ,
додека единицата граѓа во фондот се наоѓа под сигнатура MГП II 509.
ИФЛА-иниот ФРБР, може слободно да се каже дека претставува „мала револуција“ во
однос на традиционалното сфаќање на каталогизацијата во библиотеките, особено може да
биде од големо значење во однос на дигиталното опкружување денес и новите медиуми, како и
за специфичните начини за пребарување на (е)каталозите.
Терминологијата на ФРБР, релациите и корисничката ориентираност сигурно ќе доведе
до ширење на овој концептуален модел, така што во годините што доаѓаат, сè повеќе и повеќе
библиотеки ќе го прифатат овој модел, со кој се постигнува олеснување на меѓународната
стандардизација, што неизбежно ќе доведе до драстична рационализација на библиотечното
работење, како и на трошоците на глобално ниво.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
7
ЛИТЕРАТУРА:
1. Functional Requirements for Bibliographic Records – FRBR. URL:
http://en.wikipedia.org/wiki/FRBR (28.06.2013);
2. Tillett, Barbara. What is FRBR? : A conceptual model for the biblliographic
universe.//Technicalities 25, 5 (Sept./Oct. 2003), str. 11-13;
3. Uvjeti za funkcionalnost bibliografskih zapisa: završni izvještaj / IFLA-ina Studijska skupina
za uvjete za funkcionalnost bibliografskih zapisa; odobrio Stalni odbor IFLA-ine sekcije za
katalogizaciju; [s engleskog prevela Tinka Katić]. Zagreb : Hrvatsko knjižničarsko društvo,
2004;
4. Willer, Mirna. Novi modeli organizacije bibliografskih informacija: FRBR, FRAD i FRSAR;
ujednačeno izdanje ISBD-a; Frankfurtska načela; RDA. Izvanredni diplomski studij iz
knjižničarstva. Fakultet filozofskih znanosti sveučilišta u Zadru. Конференциски центар,
Охрид. 26.03.2008. [Предавање].
Библиотеки и взаемни библиотечни каталози кои го користат ФРБР, неговите концепти и
основи:
Конгресна библиотека на САД;
Национална библиотека на Австралија;
Национална библиотека на Ирска;
Национална библиотека на Шведска - LIBRIS;
Национална библиотека на Германија - Deutsche Nationalbibliothek;
Взаемен каталог на Хрватска – Vero - Crolist.
Abstract
Functional Requirements for Bibliographic Records - FRBR, as concept model of entities, is an
alternative to the library cataloging standard created on three groups of entities. Basic first group of
entities: work, expression, apparent form and material unit. FRBR can be of great importance in the
operation of libraries in terms of overall digital environment and the functioning of e-libraries today
and in the future.
Keywords: Functional Requirements for Bibliographic Records, FRBR, entities model, library
cataloging
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
8
Насоки за определување нормирани облици на
лични имиња на автори согласно препораките за транслитерација
на кириличното писмо со латинично писмо
Валентина Дојчиновска - Илиоска, виш библиотекар
м-р Жаклина Ѓалевска, виш библиотекар
Јовица Тасевски
Национална и универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Скопје
УДК 025.342
Апстракт
Нормативната контрола на личните имиња на авторите, посебно преку имплементација
на нормативната база на податоци CONOR.МК во библиотечно-информацискиот систем
COBISS.MK, e една од приоритетните задачи на Библиографскиот центар при Националната и
универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Подготвувајќи се за овој проект
Библиографскиот центар ги ревидираше правилата за транслитерација на македонското кири-
лично писмо во латинично, усвојувајќи ги препораките на Институтот за македонски јазик
„Крсте П. Мисирков“ од Скопје. Воедно, за сродните кирилични писма се одлучи да ги
применува усвоените транслитерациски шеми на Конгресната библиотека. Со голем број при-
мери се прикажани основните насоки за определување на единствените определници, т.е.
нормираните облици на имињата на националните и на странските автори, во согласност со
усвоените транслитерациски шеми на македонското и другите сродни кирилични писма.
Клучни зборови: нормативна контрола, транслитерација, единствена определница,
изворен нормиран облик, варијантен облик, Библиографски центар, COBISS.MK, CONOR.MK
Abstract
Authority control, esprecially in the library information system COBISS.MK implemented
through the CONOR.MK database, is one of the priorities of the Bibliographic Centre at the National
and University Library "Sv. Kliment Ohridski" - Skopje. Preparing for this project, Bibliographic
Centre has revised the rules for Romanisation of Macedonian Cyrillic, accepting the recommendations
of the Institute of Macedonian Language "Krste P. Misirkov" from Skopje. At the same time, for other
related Curillic scripts it was decided to be used the Library of Congres Romanisation schemes. With
large number of examples, basic guidelines for formation of the headings i.e. authorized forms of the
names of national and international authors are shown, according to the accepted transliteration
schemes for Macedonian and other related Cyrillic scripts.
Keywords: Authority control, transliteration, heading, authorized form, variant form,
Bibliographic Centre, COBISS.MK, CONOR.MK
1. Вовед
Перспективите на библиотекарството, како и на секоја наука, е перманентно следење
на современите трендови и нивно инкорпорирање во своето делување, со цел да се оствари што
поголем квалитет. Една од тенденциите на библиографската дејност е воведување автомати-
зирана нормативна контрола на автори која ќе овозможи доследна и контролирана употреба на
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
9
личните имиња во библиографските записи. Националните библиографски агенции се
одговорни за утврдување на нормираните облици на имињата на авторите, како и воспоста-
вување нормативна датотека со личните имиња на авторите. Аналогно на тоа една од приори-
тетните задачи на Библиографскиот центар при Националната и универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Скопје е имплементација на базата на податоци за нормативна
контрола на личните имиња – CONOR во рамки на библиотечно-информацискиот систем
COBISS.MK.
Нормативната база на податоци CONOR.MK треба да биде оргaнизирана така што ќе
содржи записи со податоци за личните имиња на авторите (нормирани облици) кои ќе бидат
релевантно дефинирани за употреба во системот на заемна каталогизација, како и варијантните
облици на имињата на авторите кои можат да се сретнат во библиографските записи при
обработка на библиотечниот материјал. Тоа ќе овозможи автоматизирана нормативна контрола
на единствените определници во самите библиографски записи во системот COBISS.MK.
Всушност, функционирањето на нормативната контрола ќе обезбеди изедначен внес на
имињата на авторите и постоење на упатници за варијантните облици на имињата. Со тоа ќе се
зголеми квалитетот на библиотечните услуги во поглед на пребарувањето на записите според
сите облици на имињата на авторот во библиографските бази на податоци.
2. За новините во правилата за транслитерација на кириличното писмо
Библиографскиот центар, како одговорен субјект за имплементација на базата на подат-
оци за нормативна контрола - CONOR.MK, се заложи за што поаргументиран пристап кон
основните препораки за определување на нормираните облици на личните имиња на авторите.
Своето долгогодишно искуство го темели врз применувањето на меѓународните принципи за
универзална библиографска контрола (УБЦ) и правилата за каталогизација, во согласност со
Правилникот и прирачникот за изработка на абецедни каталози од Ева Верона1. Во согласност
со УБЦ, Библиографскиот центар е одговорен за изработка на нормираните облици на имињата
на авторите од нашата држава, како и за одобрување на транслитерацијата на националното
писмо во латиница, во согласност со меѓународно прифатени транслитерациски шеми.
Според правилата за нормативна контрола на авторските определници кои се
применуваат во Р.М., по правило за секој автор се водат два нормирани облика (кириличен и
латиничен). Но, сепак, кој од нормираните облици ќе биде застапен зависи од јазикот на
текстот и писмото со кое е напишан авторот. Доколку публикацијата е оригинално дело, при
што јазикот на публикацијата и писмото со кое е напишан авторот се од исто јазично
подрачје од каде што потекнува, во библиографскиот запис се применува само неговиот
изворен нормиран облик. Ако публикацијата е превод на некој автор на писмо различно од
неговото, тогаш се застапени двата нормирани облика.
За авторите од Македонија изворен облик на името е личното име предадено со
македонска кирилица. За авторите од етничките заедници (Албанци, Турци, Власи, Роми) кои
творат на својот мајчин јазик и притоа го користат соодветното латинично писмо, се дефинира
втор изворен облик на името на авторот, на јазикот на етничката заедница.
Така, за автор кој потекнува од латинично јазично подрачје, нормиран латиничен облик
на името е изворниот облик на неговото име, додека нормиран кириличен облик на името е
неговото изворно име транскрибирано на кирилица. При транскрибирањето на изворните лати-
нични облици во нормирани кирилични се користи фонетскиот принцип според „Правописот
на македонскиот литературен јазик“. Во него се вели: „Туѓите имиња се пишуваат со наше
писмо, по правило, онака како што се изговараат. При тоа, нивните глaсовни особености се
1 Verona, Eva: Pravilnik i priručnik za izradbu abecednih kataloga. D. 1, Odrednice i redalice. Zagreb:
Hrvatsko bibliotekarsko društvo, 1986
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
10
пригодуваат колку што е можно кон гласовниот систем на нашиот јазик, т.е. гласовите што ги
нема во нашиот јазик се предаваат со наши слични гласови“2.
За автор кој потекнува од кирилично јазично подрачје, неговото изворно име на кири-
лица претставува нормиран кириличен облик. За да се определи нормиран латиничен облик на
името на авторот потребно е да се изврши транслитерација во латиничен облик. Токму овој
сегмент, транслитерацијата на изворните кирилични облици на имињата во нормирани
латинични (од македонското и другите сродни кирилични писма) налагаше потемелен
ангажман кој резултираше со соработка со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“
- Скопје. Нивната препорака е да се применува транслитерација со двојни букви (пр: ч = ch), а
не со надредени знаци (пр: ч = č). Оваа препорака произлегува од Советот за македонски јазик,
која е објавена во Билтенот на Советот за македонски јазик од 2001 година, бр. 3.
a - a Атанасов / Atanasov н - n Никола / Nikola
б - b Богатинов / Bogatinov њ - nj Огњановски / Ognjanovski
в - v Василев / Vasilev о - o Оливера / Olivera
г - g Груевски / Gruevski п - p Петровски / Petrovski
д - d Димитров / Dimitrov р - r Ристо / Risto
ѓ - gj Ѓорѓи / Gjorgji с - s Спасовски / Spasovski
е - e Елена / Elena т - t Таневски / Tanevski
ж - zh Жарко / Zharko ќ - kj Ќамилов /Kjamilov
з - z Зоран / Zoran Петровиќ / Petrovikj
ѕ - dz Ѕвездан / Dzvezdan у - u Убавка / Ubavka
и - i Иван / Ivan ф - f Фотев / Fotev
ј - j Јован / Jovan х - h Христов / Hristov
к - k Крстевски / Krstevski ц - c Цветан / Cvetan
л - l Ленка / Lenka ч - ch Чинго / Chingo
љ - lj Љупка / Ljupka џ - dj Џукески / Djukeski
м - m Марков / Markov ш - sh Шемов / Shemov
Табела: Препорачана транслитерација на македонската кирилица во латиница
Оваа препорачана транслитерација е широко меѓународно применувана, а се користи и
во државните институции во Република Македонија.
Во однос на другите сродни кирилични писма, по подолготрајно и опсежно истра-
жување за примена на транслитерациски шеми во други странски библиотеки и бази на
податоци, согледано е дека се практикува овој начин на транслитерација со користење на
двојни знаци. Врз основа на тоа, Библиографскиот центар одлучи за определување на
единствените авторски определници да се применуваат усвоените шеми за транслитерација на
соодветните кирилични писма на Конгресната библиотека од Вашингтон, со цел поголемо
унифицирање при дефинирањето на нормираните облици на личните имиња на авторите.
2 Правопис на македонскиот литературен јазик, Скопје: Просветно дело, 1999. стр. 72
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
11
3. Примери
Во понатамошниот текст се дадени примери со кои се покажани најосновните правила
при определувањето на нормираните облици на имињата на авторите. Исто така, даден е и кус
опис како податоците за единствените авторски определници и нивните упатници се внесуваат
во библиографските записи во системот COBISS.MK, наведувајќи ги само податоците внесени
во полињата 700ab и 900ab, при што за правилен внес во полето 900 посебно е значајно
одредувањето на 2. индикатор на полето. Истите правила важат и од другите полиња на
блоковите 7ХХ и 9ХХ.
I. Автори од латинично јазично подрачје
За автори кои потекнуваат од латинично јазично подрачје, чие дело е издадено на
латиница, а нивното име напишано со латинично писмо, единствена определница е нивниот
нормиран изворен латиничен облик
Пр. 1: Публикација: Le père Goriot / Honoré de Balzac
Изворно дело на француски јазик. Единствена определница е нормираниот изворен
латиничен облик Balzac, Honoré de.
700 _1 $аBalzac $bHonoré de
Пр. 2: Публикација: Budenbrokovi / Tomas Man
Превод на дело од германски на српски јазик (латиница). Името на авторот е напишан
во поинаков латиничен облик од изворниот – Tomas Man. Во ваков случај единствена
определница е нормираниот изворен латиничен облик – Mann, Thomas, а латиничниот облик на
самата публикација - Man, Tomas е варијантен облик.
700 _1 $aMann $bThomas
900 19 $aMan $bTomas
Следните два примери се дела на автори од другите етнички заедници (Албанци,
Турци, Роми, Власи) во Македонија, кои творат на нивниот мајчин јазик. Публикациите се
изворни дела напишани на латиница на нивниот мајчин јазик и единствена определница е
нивниот нормиран изворен латиничен облик. Во овој случај нивниот нормиран изворен
кириличен облик на името претставува варијантно име на авторот.
Пр. 3: Публикација: Rruga e ndjenjave / Burhanedin Xhemaili
Изворно дело напишано на албански јазик. Единствена определница е нормираниот
изворен латиничен облик Xhemaili, Burdanedin. Нормираниот изворен кириличен облик
Џемаили, Бурданедин е варијантен облик на името на авторот.
700 _1 $aXhemaili $bBurdanedin
900 14 $aDžemaili $bBurdanedin (податоците се прикажуваат/печатат на кирилица)
Пр. 4: Публикација: Prizren gűzeli / Nusret Dişo Űlkű
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
12
Изворно дело напишано на турски јазик. Единствена авторска определница е
нормираниот изворен латиничен облик Űlkű, Nusret Dişo. Нормираниот изворен кириличен
облик Улку, Нусред Дишо е варијантен облик на името на авторот.
700 _1 $аŰlkű $bNusret Dişo
90014 $aUlku $Nusret Dišo (податоците се прикажуваат/печатат на кирилица)
Автори кои потекнуваат од латинично јазично подрачје, чиј труд е публикуван на
кирилица, а нивното име напишано со кирилично писмо, единствена определница е нивниот
нормиран транслитериран кириличен облик.
Пр. 5: Публикација: Пат околу светот за 80 дена / Жил Верн
Превод на дело од француски на македонски јазик. Авторот е напишан со кирилично
писмо – Жил Верн. Единствена определница е Верн, Жил, која е транскрибиран кириличен
облик од изворниот латиничен облик Verne, Jules. Verne, Jules е нормираниот латиничен
изворен облик, кој во конкретниот библиографски запис се третира за варијантен облик.
700 _1 $aVern $bŽil (податоците се прикажуваат/печатат на кирилица)
90013 $aVerne $bJules
Пр. 6: Публикација: Колибата на чичо Том / Марк Твен
Превод на дело од англиски на македонски јазик. Авторот е напишан со кирилично
писмо – Марк Твен. Единствена определница е Твен, Марк, која е транскрибиран кириличен
облик од изворниот латиничен облик Twain, Mark. Twain, Mark е нормираниот латиничен
изворен облик, кој во конкретниот библиографски запис се третира за варијантен облик.
700 _1 $аTven $bMark (податоците се прикажуваат/печатат на кирилица)
900 13 $aTwain $bMark
II. Автори од кирилично јазично подрачје
За автори кои потекнуваат од кирилично јазично подрачје, чиј труд е публикуван на
кирилица, а нивното име е напишано со кирилично писмо, единствена определница е
нормираниот изворен кириличен облик.
Пр. 7: Публикација: Две Марии / Славко Јаневски
Изворно дело напишано на кирилица. Авторот е напишан во неговиот изворен кирили-
чен облик, која е единствена определница. Тоа е и неговиот нормиран изворен кириличен
облик Јаневски, Славко.
700_1 $aJanevski $bSlavko (податоците се прикажуваат/печатат на кирилица)
Пр. 8: Публикација: Ана Каренина / Лав Николаевич Толстој
Превод на дело од руски на македонски јазик. Авторот е напишан во поинаков кирили-
чен облик од изворниот (македонска кирилица) – Лав Николаевич Толстој. Кога се работи за
ваков пример единствена определница е нормираниот изворен кириличен облик - Толстой, Лев
Николаевич, а кириличниот облик од публикацијата Толстој, Лав Николаевич е варијантен
облик.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
13
700_1 $aTolstoî $bLev Nikolaevič (податоците се прикажуваат/печатат на кирилица)
90019 $aTolstoj $bLav Nikolaevič (податоците се прикажуваат/печатат на кирилица)
За автори кои потекнуваат од кирилично јазично подрачје чие дело е издадено на
латиница, а неговното име е напишано со латинично писмо, единствена определница е
нормираниот транслитериран латиничен облик. Нормираниот изворен кириличен облик на
името се третира како варијантен облик на името на авторот.
Пр. 9: Публикација: Vezilja / Blaže Koneski
Преведено дело од македонски на словенечки јазик. Авторот на делото е напишан во
поинаков латиничен облик – Blaže Koneski - од нормираниот латиничен облик на името на
авторот. Единствена определница е Koneski, Blazhe, и е нормиран транслитериран латиничен
облик на изворниот кириличен облик Конески, Блаже. Во овој случај латиничниот облик кој е
даден на самата публикација – Koneski, Blaže и нормираниот изворен кириличен облик –
Конески, Блаже се варијантни облици.
700 _1 $aKoneski $bBlazhe
900 14 $aKoneski $bBlaže (податоците се прикажуваат/печатат на кирилица)
900 19 $aKoneski $bBlaže
Пр. 10: Публикација: The Salonika bombers / Jovan Boshkovski
Преведено дело од македонски на англиски јазик. Авторот на делото е напишан на
публикацијата во неговиот латиничен облик Boshkovski, Jovan кој воедно е и неговиот норми-
ран транслитериран латиничен облик и е единствена определница во библиографскиот запис.
Овој облик е транслитериран од неговиот изворен киричен облик Бошковски, Јован кој во овој
случај се третира за варијантен облик.
700 _1 $aBoshkovski $bJovan
900 14 $aBoškovski $bJovan (податоците се прикажуваат/печатат на кирилица)
Заклучок
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје ги
прифати и започна да ги применува препораките од Институтот за македонски јазик за
транслитерација на кириличното писмо во латинично при формирање на авторските
определници, земајќи ја оваа институција за најкомпетентна во однос на овој сегмент од
начинот на формирање на нормираните транслитерирани латинични облици.
Имајќи предвид дека COBISS.MK е организациски модел на поврзување на библио-
теките во единствен библиотечно-информациски систем со заемна каталогизација и заемна
библиографско-каталошка база на податоци на библиотеките учеснички, до сите библиотеки
од COBISS.MK се испратени соодветните препораки за транслитерација на кириличните писма
во латинично писмо, бидејќи сите активни учесници во оваа база треба да имаат адекватен и
изедначен пристап при примена на основните правила на автоматизираната нормативна кон-
трола на авторските определници. Всушност, овие препораки се однесуваат на формирањето
релевантни облици за личните имиња на авторите (нормирани облици), со посебен акцент на
транслитерацијата на изворните кирилични во нормирани латинични облици на имиња на
авторите.
Може да се каже дека имплементацијата на автоматизираната нормативна контрола е
комплексен процес при што, уште на почетокот, треба да се постават основните правила и
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
14
доследно да се применуваат. Затоа е неопходно потребна постојана меѓусебна соработка и
активно учество на сите библиотеки во системот COBISS.MK.
Она што како следен чекор нè очекува во процесот на нормативната контрола на
личните имиња на авторите за имплементација на базата на податоци CONOR.MK е
подготвување на записите на селектирани автори во заемната библиографска база на податоци
COBIB.MK од кои ќе биде генерирана почетната база CONOR.MK. За селекцијата на авторите
е одговорен Библиографскиот центар, а во подготвувањето на записите, во согласност со
постојните упатства за подготовка, ќе треба да учествуваат избрани каталогизатори и од
библиотеките што членуваат во системот COBISS.MK. Ова ќе биде најдолгиот и најмакотр-
пниот дел од процесот на имплементација на нормативната база CONOR.MK, а
каталогизаторите кои ќе учествуваат во овој проект треба да имаат потребно знаење од областа
на нормативната контрола на авторските определници, како и искуство и привилегии за
редактирање на записите во системот COBISS.MK.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
15
УДК 027.22 : 025.4.03
Информациската писменост клучен елемент во библиотекарството
м-р Мариче Бозодганова, библиотекар
Национална установа - Библиотека "Григор Прличев"-Охрид
Апстракт
Современите текови во развојот на техниката и технологијта ја наметнуваат потребата
од постојана едукација и наставна обука во сферата на својата дејност на дејствување. Денес
таа насушна потреба зазема централно место во општествениот систем на комуникација.
Со овој труд сакам да ја нагласам потребата од наставно-едукативни процеси за
подобрување на информациската писменост во библиотечното рабо-тење. Имено, новите тех-
нологии на информациска писменост денес се користат во многу позначителна мера за разлика
од пред неколку години. Новото време носи нови промени, потреби за задоволување, а со тоа и
опрема за реализирање на потребите како на корисниците така и на библиотекарите.
Главен и основен проблем е судирот со многу новитети, непознати поими и активности
со кои се среќаваат референтниот сервис и корисниците. Неопходна е едукација за инфор-
мациска писменост на сите категории корисници како и за лицата кои ја извршуваат
информациската дејност.
Клучни зборови: корисници, потреби, информациска писменост, информации, технолошки
развој.
Abstract
Modern flow of development of technical and technology are giving the need of constant
education and teaching training in the sphere of its act of acting. Today that need takes central place
of global system of communication.
With this subject I want to addres the need of teaching educative process for improving of
informational knowledge, in the sphere of library working.
The new technologies of information literacy today are used in many significant extents apart from a
few years. The new time brings new changes to meet needs and thereby realization of the equipment
needs of users as well as librarians.
The main problem is a basic the clash with many novelties, unknowns’ notions and activities
that encountered customer and reference service. Essential information literacy instruction for all
categories of users and the people who perform information activities.
Key words: users, needs, information literacy, information technology development.
Вовед
Информациската писменост е збир на способности за поединецот кој бара: „да се
препознае кога е потребна информација, можност за нејзино лоцирање, оценување и
квалитетно користење на потребната информација“3.
Информациската писменост претставува темел на целокупното учење. Таа е заедничка
за сите дисциплини, културни, образовни и, се разбира, инфор-мативни. Релевантноста на
информациите започнува со поставуавување на информациската писменост на 21 век,
3 American Library Association. Presidential Committee on Information Literacy. Final Report. (Chicago:
American Library Association, 1989)
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
16
„опстанок на писменоста“4, поточно функционална писменост; информатичка писменост и
медиумска писменост. Според Хортон, „образованието на далечина“ подразбира познавање на
телекомуникациската технологија која овозможува учење и културна писменост (како
културна норма, начин на гледање на свет и верување) и влијание во управувањето со
информациите. Тој предлага постоење на стратегија во однос на информациската писменост за
целокупното учење насекаде во светот. Но неговата дефиниција може да се критизира како
недостаток на социјална природа на информациската писменост која, сепак, е поврзана во
соработка и придонес на заедницата.
1. Информациската писменост во библиотеките
Информацијата денес е достапна преку библиотеките, ресурсите на заедницата,
посебниот интерес на организацијата, медиумите и, се разбира, Интернетот, од каде сите
информации му доаѓаат на поединецот, се разбира во нефилтрирана форма. Се поставува
прашање за неговата валидност и точност.
Дефиницијата за информациската писменост, според Друштвото на научните и
универзитетски библиотеки, се опишува како информациски писмена личност, збир на
способности кои му овозможуваат на поединецот да ја препознае ситуацијата, кои информации
му се потребни да ги пронајде, процени и ефикасно да ги употреби.
За проценка на информациската писменост неопходно е да се споменат пет стандарди:
1. Утврдување на природата и опсегот на потребната информација;
2. Вредно и успешно собирање на потребната информација;
3. Критичка проценка на информацијата и информациските извори, присвојување на
потребните информации;
4. Способност индивидуално или во група, вредно да се користат информациите за
постигнување на зададените цели;
5. Да се разберат етичките, правните и социјално-економските прашања врзани за
информацијата и информациската технологија.
Тоа се пет стандарди кои вклучуваат пет поими: знаење, пристап, проценка, користење
како и разбирање на контекстот5. За секој поединечен стандард постојат индикатори кои треба
да дадат одговор на прашањето „кои знаења студентот/ученикот треба да ги усвои?“ и на секој
индикатор постојат низа резултати од учењето со чија помош се доаѓа до сознание дали е
знаењето усвоено според зададените стандарди. Овие пет стандарди овозможуваат емпи-риска
проценка на информациската писменост на поединецот или дадената група.
1.2. Цели на информациската писменост:
Организирано и трајно собирање на достапните знаења;
Организирано создавање на нови знаења;
Зголемување на способноста за усвојување на нови знаења;
Унапредување на комуникацијата со инфраструктурата;
Пронаоѓање соодветни модели за промена на стекнатите знаења.
Од сето ова се сумира високо здобиено знаење во областа на информациската
писменост, знаење, дејствување и мудрост.
4 Horton, F. W. (2007). Understanding Information Literacy: A Primer. Paris: UNESKO. CI-2007/WS/18-
CDL3008.7 (pp. 1-8; Annex A – key definitions).
http://unesdoc.unesco.org/images/0015/001570/157020E.pdf
3 Information Literacy: Standards Toolkit.
http://www.ala.org/acrl/issues/infolit/standards/standardstoolkit
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
17
2. Пристап кон испитувањето на информациската писменост со осврт кон вториот
стандард: Вредно и успешно собирање на потребните информации.
Според прописите на овој стандард фокусот се темели на способноста за собирање
информации на ефикасен начин. Индикаторите кои го опишуваат овој стандард истакнуваат на
информациски писмен студент / ученик:
се одбира најприкладна метода на истаражување и пребарување;
се конструира и имплементира ефикасна стратегија на пребарување;
се доаѓа до информации online или offline користејќи различни методи;
ги синтетизира методите на пребарување ако е потребно;
ја извлекува и подготвува информацијата и информациските извори.
Во овој стандард акцентот е на пребарувањето каде корисникот треба да е теоретски и
практично запознаен за своите можности кои ги има на располагање, од библиотеката до online
изворите. Прашања на кои мора да знае да одговори се:
Кои се најдобри начини за прибирање на информациите кои ми се потребни?;
Ја користам ли најдобрата стратегија на пребарување?;
Кој извор или состав на пребарување ќе ми ја осигура информацијата која ми е
потребна?
За прегледност на овој стандард како корисничка група земени се младо-возрасните
корисници од седумнаесет-осумнаесет години.
Испитувањето на оваа група од пет корисници го третира прашањето кој вид
информациска литература користат за дадена тема од историја, поврзана со фашизмот.
Како метод на испитување застапено е набљудувањето како метод.
Испитувањето се вршеше во просториите на НУ - Библиотека „Григор Прличев“,
Охрид. Времетраењето е околу три недели, дискретно набљудување и воочување на нивната
фреквенција, брзина на пребарување, однесување. Се бележат нивните гестови, способност,
снаодливост, едуцираност, однесување и упатеност во потребата и начинот на пребарување.
Со овој метод се создава „блискот“ со групата или поединецот со нивното постојано
доаѓање во библиотеката, комуникацијата и начинот на пребарување својствен за секој
поединец.
На ваков начин се создава методолошки пристап при комуникацјата како неформално
интервју, анализа на нивните мислења, потреби, како тие го гледаат изворот на информации.
Овде нема посредник. Тоа е најкраток пат за добивање податоци.
2.1. Анализа од набљудувањето
Првичниот пристап на групата е неопределен и нејасен. Библиотекарот пристапува
тактички кон нивните информациски потреби. Референтното лице е обврзано да ја посочи
комплетната историска збирка: воена енциклопедија, лексикони, енциколпедии, албуми, редок
библиотечен фонд, и сл. Испитаниците се соочуваат со фази на преодност при пребарувањето
на информациите:
Комплексност на темата;
Определување на период или лик од историјата;
Постапност во пребарувањето;
Развој или насочување кон информациите;
Продлабочување на интересот.
Групата испитаници, корисници на библиотеката, тргнаа во пребарувањето од
различни појдовни точки. При набљудувањето во пребарувањето на потребните информации
се забележа дека испитаниците на прашањата кои си ги поставуваа според вториот стандард се
дојде до следната констатција:
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
18
2.2. Кои се најдобрите начини во пребарувањето на информации кои ми се потребни?
Секој од нив има различен пристап до потребната информација за темата. Беа барани
податоци по:
автор; наслов; УДК каталог; клучен збор; периодика.
Дел од групата (двајца – од Средно угостителско училиште) пребаруваа по автор. Еден
корисник од Средно економско училиште пребаруваше по клучен збор, пр: податоци за
Хитлер, Мусолини, Гебелс, фашизам. Истовремено се побара периодика - „Нова Македонија“
од 1947 до 1952 година. Другите двајца корисници, ученици од гимназиското образование,
пребаруваа по УДК каталог, клучен збор, наслови врзани со фашизмот.
Секој од нив имаше посебен приод кон информациите која, секако, зависи од:
способноста, едуцираноста, средината, мотивот, потенцијалот во себе, љубопитноста, инте-
ресот. Се покажа дека корисниците од гимназиско и економско образование поседуваат
поголема вештина во пребарувањето на податоците за разлика од оние корисници со
угостителско образование.
2.3. Ја користам ли најдобрата стратегија во пребарувањето?
При пребарувањето најважно е да се има план. Стратегијата на групата беше: за своите
потреби за историската тема прашањата ги насочи најпрво кон тоа со колкав фонд на
историска збирка располага библиотеката; кои воени енциклопедии ги има и од кои издавачки
куќи; колку долго можат да ја задржат позајмената литература; дали библиотеката соработува
со други библиотеки во случај на зајмување – меѓубиблиотечна соработка.
Надополнувајќи ја нивната стратегија, се доаѓа до заклучок дека корисниците, како
навлегуваат во процесот на пребарување, така ја градат својата стратегија за доаѓање до
потребните информации. Оние што користеа УДК каталог и не ја пронајдоа комплетно
бараната литература, побараа меѓубиблиотечно зајмување од други библиотеки. Секој нов
податок ги водеше до нов извор на информации, па така дел од групата побара да го користи
реткиот библиотечен фонд за кој се бара посебна дозвола, користење во просториите на
библиотеката.
2.4. Кој извор на пребарување ќе ми ја осигура информацијата која ми е потребна?
При пребарувањето, набљудуваната група корисници се наоѓаше во дилема дали го
користат добриот извор на информации. Покажуваа несигурност кон сервисот на библи-
отеката, дали е доволно тоа што им се нуди, колку јавните медиуми можат да им помогнат,
дали периодиката ќе ги задоволи нивните барања и потреби? Повеќето од нив посегнаа по
Интернетот како „отворен“ медиум за слободен пристап до сите јавни информации.
Младите испитаници покажаа голема умешност во работата со Интернет. Вештината во
пребарувањето на информациите ја покажа и нивната информациска писменост но и барие-
рите со кои се среќаваат. Една од нив е недоволно познавање на англискиот јазик и не
користење на вистинските алатки во пребарувањето. Добрата страна е што купувале списанија
со историска тематика, следеле телевизиски емисии и ТВ канали со историски теми.
При комуникацијата со испитаниците, дискретно и ненаметливо се разбира, се дознава
дека како извори на информации користеле и искази од повозрасни луѓе кои им понудиле
информација за даден историски настан.
2.5. Вреднување или евалуација на информациите
Кога се пристапува кон вреднувањето на информациите потребно е да се погледнат и
двете страни кои биле вклучени во истражувањето. Во овој случај тоа се младите испитаници,
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
19
корисници на услуги на библиотеката и испитувачите, оние кои го спровеле истаражувањето,
библиотекарите.
Како испитаниците ќе го проценат ефектот од испитувањето?
Со нивна примена во образовниот процес, за лична надградба, користење на
темата за пријава на историски конкурс, за продлабочување на нивните знаења
од областа на историјата и сл.
Што вреднува испитувачот, библиотекарот?
Способноста и брзината на корисниците во пребарувањето на податоците,
нивната едуцираност, вештината во пребарувањето на информации, колку
системот на заедницата вложува во едукација на информациската писменост
воопшто, колкаво е учеството на библиотеката во овој процес, дали има потреба
од дополнителни обуки и за корисниците и за библиотекарите. Библиотекарот
согледува дали литературата која ја поседува библиотеката е на задоволително
ниво, врши анализа на поединецот како индивидуа, на неговата способност и
вештина во пребарувањето на информациите.
3. Заклучок
Со методот на набљудување користен во ова истражување се доаѓа до заклучок дека
младите корисници во почетокот лутаат во пребарувањето на информациите и податоците
потребни за дадената тема. Во текот на истражувањето, како навлегуваа во темата, се
забележуваше движење од општото кон поконкретното. Сликата која се добива упатува на
податок дека се работи за млади корисници на услуги кои брзо и лесно сфаќаат, ја впиваат брзо
новата информација и умеат да ја пронајдат вистинската алатка за пребарување и доаѓање до
саканиот податок.
Степенот на информациска писменост покажува нужност од постојано следење на
новата технологија и развојот на информацискиот систем. Како и на кој начин ќе се спроведува
зависи од организираноста на повисоките институции, а секако и од библиотеката како една од
значајните компоненти во образовното, културно и информативно издигнување на попула-
цијата.
ЛИТЕРАТУРА:
1. American Library Association. Presidential Committee on Information Literacy. Final Report.
(Chicago: American Library Association, 1989);
2. Horton, F. W. (2007), Understanding Information Literacy: A Primer. Paris: UNESKO. CI-
2007/WS/18 - CDL3008.7 (pp. 1-8; Annex A – key definitions)
http://unesdoc.unesco.org/images/0015/001570/157020E.pdf
3. Information Literacy: Standards Toolkit
http://www.ala.org/acrl/issues/infolit/standards/standardstoolkit.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
20
Маркетингот во библиотеките
(стручен труд)
Радослав Љубиќ, библиотекар
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладин овци“- Скопје
Апстракт
Маркетингот како општествен процес е профитно задоволување на потребите. Тој
претставува динамично подрачје на севкупната економија во една држава, која се заснова на
пазарна размена. До скоро маркетингот се врзувашe исклучиво за профитните организации,
моќната бизнис индустрија, но поради сè поголемата конкуренција, привлекувањето на донато-
ри и градење имиџ, маркетингот станува мошне важна компонента во работата и на непрофит-
ните институции. Тука, пред сè, се мисли на библиотеките во кои последните десетина години
маркетингот активно се спроведува како процес, со цел привлекување на што поголем број
корисници и задоволување на нивните потреби. Информациската технологија ги проби сите
стереотипни бариери за галопирачки да „метастазира“ секаде каде човековиот ум и рака досе-
гаат: профитни и непрофитни организации, државни, јавни установи, приватен бизнис сектор,
стопански и нестопански организации. Воведувањето на маркетингот во библиотеките е мош-
не сложен процес и како таков бара одлично познавање на маркетиншките техники, стрпливо и
континуирано спроведување на маркетиншки постапки за да бидат видливи посакуваните
резултати.
Клучни зборови: непрофитен маркетинг, традиционален маркетинг, библиотекари, маркетин-
шки план, промоција на услуги, евалуација, корисници, дистрибуција, книжен фонд.
Што означува поимот маркетинг?
Постојат неколку гледишта и дефиниции за маркетингот. Најшироко прифатена дефи-
ниција е онаа на Американската маркетиншка асоцијација (American Marketing Association),
професионална организација за маркетинг практичари и наставници која што го дефинира
маркетингот како „организациона функција и збир на процеси за создавање, комуницирање и
испорачување на вредност на потрошувачите и за управување на врските со потрошувачите на
начин од кој корист ќе имаат потрошувачите, клиентите, партнерите, но и општеството“6.
Маркетингот претставува современа деловна концепција која во фокусот на интересот го става
корисникот и задоволувањето на неговите потреби. Темелни вредности се истражувањата на
потребите на корисниците и како „финален производ“ задоволувањето и на тие потреби.
Главни цели на маркетингот се: да се зголеми вкупната потрошувачка и задоволство кај
корисниците, да му се овозможи на корисникот да може да го одбере она што најмногу му
одговара и на тој начин да се зголеми квалитетот на живеење на секој поединец и општеството
во целина7. Значи, основната задача на маркетингот е да се задоволат барањата, интересите на
потрошувачите, а не да се манипулира со нив. Маркетингот е, всушност, вештина на создавање
на вистинската вредност на потрошувачот (корисникот). Според Питер Дракер, еден од
водечките економски теоретичари „целта на маркетингот е да го познава и да го разбира
потрошувачот толку добро што производот или услугата ќе им одговара ним и ќе се продава
6 Американско здружение за маркетинг, „Definition of Marketing“, 2007; Лиза Киф,16, дел 1, „Marketing
Defined“, Маркетинг њуз, 15 јануари 2008, стр. 28-29
7 Ivanovic, Marija, Prepoznavanje knjiznicnog marketinga. // Vjesnik bibliotekara Hrvatske 45, ¾ (2002).
Str. 107
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
21
самиот. Идеално, маркетингот треба да резултира со потрошувач кој е подготвен да купи. Во
тој случај, сè што е потребно е да се направи производот или услугата достапен“. Оттаму
произлегува и основното мото (девиза) на секој оној кој се занимава со маркетинг, а тоа се
квалитетот, услугите и вредноста на производите кои им се нудат на потрошувачите да бидат
на највисоко можно ниво.
Кој маркетира?
Маркетарот е некој што бара реакција - внимание, купување, глас, донација - од друга
страна, наречена можност. Ако двете страни сакаат да продадат нешто една на друга, тогаш
двете се маркетари. Маркетарите мораат да имаат квантитативни и квалитативни вештини,
претприемачко однесување и разбирање за тоа како маркетингот создава вредност во
организацијата. Маркетингот не го прави само одделението за маркетинг. Маркетарите мора да
ја вклучат и перспективата на потрошувачот, како и нивната ориентација во носењето на
бизнис одлуките со што ќе се влијаат врз допирната точка на секој потрошувач (место каде
што потрошувачот директно или индиректно комуницира со компанијата во некаква форма) -
излози на продавници, дизајн на пакување, функции на производот, обука на вработените и
испорачување и логистика. Тие треба да бидат вклучени и во клучните активности на менаџ-
ментот, како што е иновацијата на производ и развој на нов бизнис.
Улога и значење на библиотечниот маркетинг
Недостатоците на полето на културните, образовните и информативните политики
предизвикаа многу корисници да не се свесни за нивните потреби од информации кои би
можеле да ги пронајдат во библиотеките. Во обид да се ублажат колку што е можно овие
проблеми, библиотеките го користат маркетингот и добрата сопствена организација да ја
промовираат својата функција, нудејќи ги своите услуги на своите корисници, бидејќи добрата
услуга секогаш наоѓа соодветни консументи. Суштината на маркетингот вклучува пронаоѓање
на желбите на библиотечните корисници, а потоа и задоволување на тие потреби. Услугите
речиси целосно зависат од задоволството на корисниците и она што тие ќе продолжат да го
зборуваат за нив. Затоа, интеграцијата на маркетингот во библиотеките е добредојдена бидејќи
ги истакнува и повторува основни вредности и верувања на професијата во овие турбулентни
времиња и помага било која организација да ги исполни своите цели и задачи. Ако сакаме да
им понудимe првoкласна услуга на своите читатели, треба да мислиме и да се однесуваме како
деловни луѓе. Маркетингот е дел од „ланецот“ на промени кои се случуваат во државата и во
кој на библиотеката се гледа како на сервис институција, фокусирана на задоволување на
потребите на своите корисници, свесна дека поддршката на општеството треба да ја заслужи -
добие, постојано докажувајќи дека ѝ е неопходно потребна. Маркетингот гради добри односи
со корисниците и придонесува за позитивен однос со медиумите, бизнис секторот, локалните
владини агенции и организации. Главната цел е да се делува во одредени сегменти на потес-
ната и пошироката јавност во регионот со цел да се создаде посакуваниот имиџ на инсти-
туцијата и нејзините активности. Во тој процес учествуваат сите библиотекари. Без маркетинг,
библиотеката не e ништо друго, освен пасивен извор на информации, оттаму произлегуваат
пасивни корисници на тие информации и минимум персонални контакти.
Како се спроведува библиотечниот маркетинг?
Библиотечниот маркетинг е процес кој се состои од неколку основни „чекори“, а кои го
сочинуваат т. н. маркетиншки циклус:
Идентифицирање на потенцијалот (стручен кадар, книжен фонд, компјутерско -
информатички познавања итн.) со кој располагаме;
Истражувања на пазарот и потребите на корисниците;
Осмислување на маркетиншкиот план;
Осмислување стратегија;
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
22
Поставување на основните цели на промоцијата на можните услуги во најразлични
облици;
Контрола на резултатите (дали сме го постигнале тоа што сме го сакале?) и
Преиспитување на стратегијата, целите и мисијата (ако е потребно).
Библиотеката е културна, информациска, образовна и непрофитна институција која на
своите корисници им го става на располагање книжниот фонд со кој располага, како и други
извори на информации, услуги и сервиси. За нејзината мисија да биде целосна и успешна, како
прв чекор при маркетиншкиот процес мора да се детектираат библиотечните потенцијали:
стручниот кадар кој е носител на дејноста, книжните ресурси, информациската писменост на
вработените, компјутерско-информациската технологија со која располагаат итн.
Следна задача на маркетингот во библиотеката е да се утврдат потребите и желбите на
заедницатa, т.е. да се соберат информации за локалната заедница и нејзините потреби кои
треба да бидат исполнети, како и начинот на кој ја перцепираат библиотеката (истражување на
пазарот и потребите на корисниците). Утврдувањетo нa профилот на заедницата е од суштин-
ско значење за планирање, организирање и контрола на процесот на работење, развој и
промоција на своите услуги и на потребите на заедницата. Оваа задача може да се постигне
преку организирање на состаноци, прашалници, анкети или фокус групи и интервјуа со луѓе
кои ја посетуваат библиотеката, како и оние кои не ја посетуваат. Библиотеката мора ја нагласи
својата иновативност, креативност, иницијативност и да ги предвиди потребите на корисници-
те, мора навреме да ги согледа и исполни сите нивни барања, иницијативи. По откривање на
желбите на членот, библиотекарот е во можност да ги планира своите маркетинг - стратешки
цели, средствата кои ќе се користат за тие стратегии, потребни за да се постигнат поставените
цели, како и временската рамка за нивно остварување. Осмислувањето стратегија овозможува
библиотеката да се сконцентрира на библиотекарските активности, а воедно и дава и насоки во
остварувањето на посакуваните цели. Доколку е можно, целите би требало да бидат мерливи и
остварливи, како би овозможиле ефективна евалуација8. Стратегијата мора да биде едноставна
и кратка за да може полесно да се имплементира, како и адекватно поставена за да не се
појават грешки, а исто така таа да служи како алатка за контрола на прогресот и прилаго-
дување на планот за подобри резултати. Во процесот на постигнување на целите, битна е
промоцијата на основните услуги и производи, како и план кој ја вклучува целта на промо-
цијата, опис на услугите кои ќе се промовираат, публиката на која се цели, методите на
маркетингот и дистрибуцијата. Промоцијата е дел од миксот на маркетиншки чекори кој следи
откако претходните операции на маркетиншкото планирање се завршени. Преку промоцијата
библиотеката ги информира своите корисници за моментните и идните библиотечните актив-
ности, како и за тоа што таа може да им понуди. Промотивните активности можат да бидат од
најразлични облици и можат да се поделат во неколку групи: односи со јавноста, печатени
облици на промоција, организирање манифестации во библиотеките, соработка со медиумите,
WEB промоции итн.
Меѓутоа, не смее да се заборави фактот дека маркетингот тргнува од сржта на самата
библиотека, т. е. библиотечниот кадар. Во спроведувањето на маркетингот во библиотеката
мора да учествуваат сите библиотекари и вработени во неа. Неопходно потребно е кај
вработените да се развие чувството за континуирана промоција на библиотеката и нејзините
активности, секаде и во секое време9. Aко библиотекарот ја работи својата работа така што
заедницата е свесна за нејзиното постоење и користа која ја има од нејзе, тој може да биде
најдобар извор на маркетингот за својата библиотека. Оттаму од библиотекарите се очекува да
поседуваат висок степен на квалитетни лични вештини и знаења, да имаат професионален
пристап кон корисниците, богатство од информации од секаков вид. Ако библиотекарите не се
доволно запознаени со имплементирањето на маркетингот, потребно е да се организираат
8 Usp. Nicholas, Julie. Nav. Dj., str.302
9 Kobaš, Pavo, Nav. Dj., str. 121
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
23
предавања, работилници за тие да се обучат за да може ефективно и квалитетно да се спроведе
маркетиншкиот процес.
Крајната цел треба и мора да биде зголемување на бројот на корисниците на библио-
теката и успешно задоволување на нивните потреби, но, исто така, истите да прераснат во
вистински извор на информации за пошироката општествена заедница. Евентуалниот успех
или неуспех на промоцијата не треба да се дочека со преголема еуфорија или песимизам,
постапката на презентација и маркетингшки развој мора постојано да еволуира, бидејќи
упорноста и доследноста во привлекување нови корисници се заштитниот знак за позитивно
работење, зголемен интерес за користење на библиотечните ресурси. Преиспитување или
ревизија на сработеното може да значи и нов почеток, евентуалните грешки во планирањето,
стратегијата или некој друг сегмент од маркетиншките активности треба да дадат поттик
истите да се исправат и да се продолжи понатаму.
Корисници
Како што веќе рековме, современиот маркетинг е ориентиран исклучиво кон кoрисни-
ците и затоа е неопходно да се каже нешто повеќе за нив. Пред да одлучиме кои се нашите
целни корисници, треба да поседуваме одредена количина информации за нив. Тие ќе дадат
одговор на прашањето: кои се тие (корисничките групи треба да бидат доволно големи за да
бидат значајни и доволно мали за да може да се развие маркетинг план според нивните пот-
реби), нивните карактеристики и потреби (не само она што тие велат дека сакаат но, исто така,
причините за нивниот избор), какви услуги тие сакаат, кои услуги би сакале да ги користат во
иднина, кои услуги би можеле библиотекарите да ги убедат да ги користат во иднина, кои се
нивните очекувања и перцепции (нивните очекувања ќе бидат формирани врз база на
различните услови кои го вклучуваат нивното искуство со библиотеки и она што го слушнале
од други, нивната перцепција се темели на она што библиотеките навистина го прават и нудат),
кои бенефиции можат да користат (клучен маркетиншки концепт е дека корисниците купуваат
бенефиции - тие го купуваат она што библиотеката може да го направи за нив), кои се нивните
„куповни фактори“ (вклучуваат олеснет пристап до услугите, сигурност, цена, брзината на
испорака на услугата итн.). Исто така, потребно е да се има предвид старосната група на
корисници, бидејќи од тоа ќе зависат и нивните бидејќи од тоа ќе зависат и нивните потреби,
како и начинот на задоволување на тие потреби, што е и целта на библиотечниот маркетинг.
Кога библиотеките ќе добијат одговори на прашањата за нивните корисници, веднаш
може да започнат со прилагодување на нивните услуги кон нивните потреби, чекор по чекор,
темелно и стручно. На тој начин се заокружува маркетиншката постапка која во фокусот на
интересот и реализацијата го има корисникот и задоволувањето на неговите потреби, со што се
постигнува оптимално ниво на библиотечното делување. На крајот, да напоменеме дека
посебно внимание на своите услуги мора да обрнат народните библиотеки, кои треба да
обезбедат широк спектар на услуги за различните корисници кои ги посетуваат истите.
Abstract
Marketing as a social process is meeting the needs of profit. It is a dynamic area of the
economy in a state that is based on market exchange. Until recently, marketing was a „privilege“ of
profit organizations, the powerful business industry, but due to increasing competition, attracting
donors, building performance marketing is becoming an important component in the work of non-
profit institutions. This refers to the libraries where a process has been implemented actively for the
last ten years in order to attract as many customers as possible and to satisfy their needs. Information
technology has broken stereotypical barriers to galloping "metastasizing" wherever the human mind
and hand can reach: profit and non-profit organizations, government, public institutions, private-
sector business, commercial and non-commercial organizations. The introduction of marketing in
libraries is a complex proces and as such requires excellent knowledge of marketing techniques,
patience and continuous implementation of marketing actions in order the desired outcomes to
become visible.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
24
Keywords: non-profit marketing, traditional marketing, librarians, marketing plan, services
promotion, evaluation, customers, distribution, library holdings;
ЛИТЕРАТУРА:
1. Pavličić, Mirta, Knjiznični marketing u hrvatskoj savremenoj praksi. Diplomski rad. Osijek,
2011;
2. Sabolović, Dijana, Zasto marketing u knjižnicama? Garešnica: 20. Skupština knjizničara
Biloggore i Podravine, 2002;
3. Ivanović, Marija, Prepoznavanje knjižničnog marketinga. // Vjesnik bibliotekara Hrvatske 45,
3/4(2002[i.e.2003]), str. 105-115; www.scribd.com/doc/126460778/POJAM-MARKETINGA
4. hr.wikipedia.org/wiki/Marketing
5. Келер, Филип. Основа за маркетинг и менаџмент, Скопје: Арс ламина, 2012.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
25
Јавните библиотеки – мост кој ги поврзува државата и локалната
самоуправа со граѓанската средина
(стручен труд)
Благој Николов, библиотекар советник
НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола
blagoj_nikolov@yahoo.com
Апстракт
Јавните библиотеки може слободно да се каже дека се главна карика за доближување
до граѓанинот и бизнис заедницата за остварување на целите и мерките од стратешките
планови на Владата на Република Македонија, односно на своите министерства, кои преку овој
вид библиотеки со своите програми можат да дејствуваат и во најистурените рурални населени
места во РМ. Во ваквите создадени информативни центри – библиотеки или клонови на
библиотеки во секое населено место, ќе бидат средиште на сите случувања во локалната
самоуправа – општината, државата и пошироко, давајќи ги сите барани информации на
населението од населеното место каде ќе делуваат овој вид установи.
Клучни зборови: јавни библиотеки, развој и автоматизација, стратешки планови.
Точното време на создавањето на првата библиотека е невозможно да се одреди, ниту
нивната точна улога. Сите од нив, без исклучок, беа општествено условени. Нивната улога
зависела од политичките, економските и културните услови специфични за историскиот
период во кој биле создавани. Од времето на египетскиот крал Рамзес II (13-ти век пр.н.е.) е
зачуван еден илустририран папирус, кој претставува најстара илустрирана книга.
Најзначајна библиотка од тоа време била библиотеката на асирскиот цар Асурбанипал
(668-626 пр.н.е.). Оваа библиотека е пронајдена во урнатините на асирската престолнина
Нинива. Во ископините на оваа библиотека се пронајдени 22 000 глинени плочи со најразлична
содржина кои биле и соодветно обработени, за што говорат зачуваните материјали кои биле
сигнирани и нумерирани.
За време на владеењето на Александар Македонски (336 - 323) се отвораат и
најпознатите библиотеки во Александрија и во Пергам. Се претпоставува дека Александрис-
ката библиотека (332 година пр.н.е.), која била изградена според моделот на Аристотеловата
библиотека, имала од 500 000 до 700 000 свитоци и претставувала средиште на македонско -
хеленистичката култура, во која се чувало севкупното дотогашно научно и литературно
богатство на европските и источните народи. Еден од управителите на оваа библиотека, поетот
Калимах, изготвил и каталог на библиотеката содржан во 120 свитоци. Оваа библиотека била
уништена во 47 г. пр. н. e. од голем пожар.
Во II век пр.н.e., за време на Римското Царство, се отвораат првите јавни библиотеки,
главно од ограбените библиотеки во елинската држава, кои се пренесени во Рим. Така, почнува
ширењето и отворањето библиотеки и на овие простори.
Меѓутоа, со распаѓањето на Римското Царство, доаѓа до општа декаденција и културна
криза. Јавните и личните библиотеки се затвораат, а се формираат библиотеки во црквите и во
манастирите. Значајно за овој период е дека за прв пат се појавуваат христијански библиотеки
по црквите, главно со верска литература. Една од најстарите такви библиотеки е онаа во
Ерусалим, во средината на III век.
За време на големата преселба на народите од IV до IX век од новата ера, уништени се
многу културни достигнувања. Во тие тешки времиња за културата не се поштедени ни
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
26
библиотеките. Од овие библиотеки има зачувано само мал број примероци и тоа во
манастирите во Европа.
Со развојот на писмото и писменоста во Македонија се поставија и основите на
библиотекарството во повеќе словенски земји, како и во Македонија. Самиот Константин
(Кирил), откако го завршил своето високо образование, бил назначен за библиотекар во
црквата „Света Софија“ во Цариград. Нивните ученици Климент и Наум глаголското писмо го
поедноставија и ја создадоа новата азбука „кирилица“, по името на својот учител.
Кон крајот на IX и почетокот на X век, со дејноста на Климент и Наум, почнува
подемот на библиотекарството во Македонија и формирањето на првиот книжен фонд во
Македонија, кој продолжил да се збогатува и по нивната смрт од страна на нивните ученици.
За Климент и Наум се знае дека се први создавачи на словенските книжевни фондови и
манастирските библиотеки, а нивните творби го сочинуваат првиот оригинален словенски
книжевен фонд, во средновековните манастирски библиотеки во Македонија. Како прва и
најстара манастирска библиотека во Македонија се споменува библиотеката во Климентовиот
манастир „Св. Пантелејмон“ во Охрид.
Повеќе од 60 години во Република Македонија дејствува Библиотекарското здружение,
а главен белег на активностите на здружението во сите изминати години се трите сегменти:
стручното оспособување на библиотечниот кадар,
стандардизацијата и правната регулатива и
афирмацијата на библиотечната дејност.
Библиотекарството денес, особено со својата информативна димензија, претставува
значаен сегмент во изградбата и практикувањето на информативниот систем на Р. Македонија.
Моментално, во Република Македонија дејствуваат 30 јавни библиотеки. Тие располагаат со
библиотечен фонд од приближно 4.000.000 библиотечни примероци.
Меѓутоа, услов и критериум на транзицијата кон информатичко општество не е само
материјалниот и технолошкиот стандард, туку и стратешкото определување за науката, како
општествен приоритет за овој сектор да стане еден од клучните генератори на развитокот.
Со автоматизацијата на библиотеките од Република Македонија и изградбата на
библиотечно-информативниот систем, се обединуваат информациите на библиотечните
фондови во Македонија со информациите и електронските документи од базите на податоци од
било кој сервер во системот. Со посредство на развиените сервиси во системот, библиотечно-
информативниот систем на Македонија прерасна во библиотека без ѕидови, чии фондови се
наоѓаат на просторот од Интернет, а библиотечните услуги се поддржани од Интернет
сервисите. Системот е изграден како модел на дистрибутивен информациски систем кој го
подржува мрежа на компјутери по библиотеките и сервер за заеднички потреби.
Денес имформациско-комуникациските технологии играат клучна улога во развојот на
модерното општество. Тие стануваат есенцијална алатка во секојдневниот живот на граѓаните.
Сето ова непосредно придонесува за создавање на современо информатичко
општество, воспоставувајќи нови информациони стандарди во нашата земја и е
инфраструктурна поддршка на новата политика на Македонија во областа за генерирање,
собирање, чување и дистрибуција и користење на науката, што е и визија на МИОА наведена
во Стратешкиот план за 2012-2014.
Како стратешките планови да стигнат до секој граѓанин
Разгледувајќи ги стратешките планови на одделни министерства (Националната
програма за развој на културата за период 2013-201710, Стратешкиот план на МИОА за 2012-
2014)11 со свои програми и нивните приоритетни цели и мерки срочени во нив, се доаѓа до еден
10 http://www.kultura.gov.mk/
11 http://www.mioa.gov.mk/
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
27
единствен заклучок, пристапноста до информациско-комуникациските технологии да биде
овозможена за сите граѓани, без разлика на нивното место на живеење, нивните познавања од
ИТК, нивната возраст, нивното образование итн. и полесен и поудобен живот на секој граѓанин
во РМ. Но како тие да стигнат до крајниот корисник – граѓанинот, за кого и се предвидени
овие мерки во наведените стратешки планови.
Во ниеден дел од стратешките планови на сите министерства, за жал, не се спомнати
јавните библиотеки кои може слободно да се каже дека се главна карика за доближување до
граѓанинот и бизнис заедницата за остварување на целите и мерките од овие стратешки
планови и кои со своите програми можат да дејствуваат и во најистурените рурални населени
места во РМ. За жал, сè уште има недостаток на свест за новата реалност на улогата на
библиотеките.
Имено, Стратешките планови, односно мерките, најлесно ќе стигнат и ќе се претстават
до граѓанинот преку библиотеките кои веќе прераснуваат во информативни и едукативни
центри.
За таа цел во секое поголемо населено место, каде што е сместена локална самоуправа,
би требало да постои јавна библиотека со вработен стручен кадар, да поседува адаптиран
простор, да биде поставена ИТК инфраструктура и да располага со солиден книжен и друг вид
фонд. Но, за жал статистиката покажува дека денес вакви јавни библиотеки во Република
Македонија има само 30, а општини 81. Тоа кажува дека населението од 57 општини, односно
повеќе од 65%, во моментов не можат да ги користат услугите на овие установи, многу
значајни за секојдневниот живот.
Што треба да превземе државата, односно локалната самоуправа за ваквата ситуација да
се промени
Според Акцискиот план за имплементација на Националната програма за развој на
културата за период 2013-2017 и Стратешкиот план на МИОА за 2012-2014, има неколку
варијанти, односно решенија кои, според целите и мерките, можат да се спроведат.
Имено, секоја локална самоуправа која што во своите граници на делување нема јавна
библиотека, треба да обезбеди и адаптира простор во кој ќе формира јавна библиотека за
своите жители и тоа:
преку самостојно основање јавна библиотека;
преку вршење библиотечна дејност од страна на друга јавна библиотека во согласност
со нејзиниот основач;
за општината што нема да обезбеди библиотечна дејност на своето подрачје, државата
би требало тоа да го направи на сметка на општината.
Доколку локалната самоуправа нема јавна библиотека, може самата да формира, во
согласност со член 8 од Законот за библиотеки, за што е потребно да ги исполни следните
услови:
да обезбеди основни средства за почеток со работа;
да обезбеди финансиски средства за одржливо вршење на дејноста;
да изготви елаборат за основање на библиотеката;
да се обезбедени соодветни простории и опрема за чување и користење на
библиотечниот материјал;
да обезбеди библиотечен материјал;
да има вработено соодветен стручен кадар и
да обезбеди брз пристап до Интернет, со закупување на линија.
Исполнувајќи ги овие услови се реализираат одредени цели и мерки од националните
стратегии на Министерството за култура, МИОА, МТСП и МОН.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
28
Според првата варијанта, а во согласност со бројот на жители во населеното место (да
не се помалку од 10 000) и наведените услови кои се клучни за вршење на дејноста
(Националната стратегија за развој на култура за периодот 2013-2017- Посебни цели за
развој на културата, Оптимално доближување на бројот на јавните библиотеки по
жител во Република Македонија ), во обезбедениот простор потребно е, покрај просторот во
кој што ќе биде сместен библиотечниот материјал, да се предвиди и простор за Интернет
читална во која ќе се постави опрема потребна за брз пристап до информационите ресурси во
светот. Во овој простор, исто така, би можеле да се реализираат еднодневни или повеќедневни
обуки (Приоритет во Стратешкиот план на МИОА за 2012-2014, за Дигитална писменост –
подобрување на ИТК вештините и способностите на граѓаните). Да обезбеди инвентар и
опрема за функционирање на библиотеката, да обезбеди соодветен библиотечен материјал
според потребите на населението во кое делува, да воспостави Интернет врска, да вработи
најмалку две лица со висока стручна подготовка кои ќе работат со полно работно време и кои
ќе ги посетат (Национална стратегија за вработување на РМ 2015 година на МТСП12) сите
обуки потребни за работа во библиотека за да може стручно да се обработи библиотечниот
материјал според меѓународните стандарди ИСБД и, на крај, библиотеката да се приклучи кон
системот COBISS. MK, со што нејзиниот фонд ќе биде достапен на секој оној што би
пребарувал во локалната база на оваа библиотека, односно преку взаемната база повторно
корисникот би бил информиран дали публикацијата за која е заинтересиран ја поседува
библиотеката или таа се наоѓа на полиците на друга библиотека, членка на овој систем
(Националната стратегија за развој на култура за периодот 2013-2017 - Поттикнување на
развојот на библиотечниот автоматизиран информациски систем на Република
Македонија, Национална стратегија за вработување на Република Македонија 2015 година,
Стратешкиот план на МИОА за 2012-2014).
Втората варијанта за локалната самоуправа каде што бројот на жители во населеното
место е помал од 10 000, би било вршење библиотечна дејност на нејзината територија од
страна на друга јавна библиотека. За ова решение локалната самоуправа потребно е да ги
исполни следните услови:
да добие согласност од основачот на јавната библиотека која ќе врши
библиотечна дејност на нејзината територија;
да обезбеди финансиски средства за вршење на дејноста;
да се обезбедени соодветни простории и опрема за чување и користење на
библиотечниот фонд;
да набави библиотечен материјал;
да вработи соодветен стручен кадар и
да обезбеди брз пристап до Интернет, со закупување на линија.
Локалната самоуправа со основачот на јавната библиотека склучува спогодба за
вршење библиотечна дејност на нејзината територија, покривајќи ги сите финансиски трошоци
за непречено функционирање на библиотечната дејност на нејзината територија.
Локалната самоуправа може да побара од најблиската јавна библиотека да врши
библиотечна дејност на нејзината територија на тој начин што ќе побара од јавната библиотека
да формира подрачна библиотека. Локалната самоуправа потребно е да обезбеди простор во
кој што ќе биде сместен библиотечниот материјал, а воедно да се предвиди и простор за
интернет читална во која ќе се постави опрема потребна за брз пристап до информационите
ресурси во светот. Во овој простор, исто така, би можеле да се реализираат еднодневни или
повеќедневни обуки. Да обезбеди соодветен инвентар и опрема за функционирање на
библиотеката, да обезбеди соодветен библиотечен материјал според потребите на населението
во кое делува, да воспостави Интернет врска, да вработи најмалку едно лице со висока стручна
подготовка кое ќе работи со полно работно време и кое ќе ја посети обуката за зајмување на
12 http://www.mtsp.gov.mk/
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
29
библиотечниот материјал, потребна за работа со корисниците во библиотека. Јавната
библиотека која врши библиотечна дејност должна е да води инвентарна книга за сите
пристигнати примероци во подрачната библиотека, технички и стручно да го обработи
библиотечниот материјал. Вработеното лице – библиотекар, преку целиот ден, односно според
поставеното време за работа на библиотеката, ќе им биде на располагање на жителите за
добивање секаква информација која им е потребна.
И третата варијанта, општината што нема да обезбеди библиотечна дејност на своето
подрачје, државата треба тоа да го направи на сметка на општината користејќи ја првата или
втората варијанта во согласност од големината и бројноста на населението во населените места
на локалната самоуправа.
Разгледувајќи ја Националната програма за култура и Акциониот план 2013-2017,
библиотекарската заедница во секој поглед би дала огромен придонес во остварување на оваа
програма. Мерка развој на културен туризам.
(Решение) Населението од некое населено место би сакало да го развие културниот
туризам, библиотеката која функционира на тој простор, во спрега со надлежните институции
би ја испитала историјата на населеното место и би го насочила населението во кој правец да
го развива тој културен туризам. Тоа би се постигнало преку стручни предавања и обуки,
преку кои слушателите би биле обучени како да ги привлечат заинтересираните домашни, а
секако и странски туристи.
Во зависност од историјата на населеното место или од археолошките наоѓалишта,
можат да се развиваат разни облици на туризам:
современ;
христијански;
византиски;
антички;
отоманска култура;
традиционални облици на древните пагански претхристијански култури, во РМ, и др.
Кој е придонесот од ваквите решенија за државата, локалната самоуправа граѓанската
заедница
Ваквите оформени информативни центри – библиотеки или клонови на библиотеки во
секое населено место би биле средиште на сите случувања во локалната самоуправа –
општината, државата и пошироко, давајќи ги сите барани информации на населението од
населеното место каде делува оваа установа.
Според Националната стратегија за е-вклучување 2011-2014 на Министерството за
информатичко општество и администрација овие информативни центри - библиотеки ќе бидат
центар каде што ќе се одржуваат повеќедневни обуки на заинтересираните за пребарување во
базите COBISS.NET, GOOGLE, YAHOO, WIKIPEDIA, каде што можат да се добијат речиси
сите барани научни, литературни, културни и други информации. Значајно е, исто така,
населението да се обучи како да ги користи социјалните мрежи FACEBOOK, TWITER и како
преку нив, доколку работат со било каков бизнис, земјоделие, сточарство, туризам и др. да ги
рекламираат своите производи без никаков надоместок. Мерки: Географско е-вклучување;
Дигитална писменост – Развој на бесплатните Интернет клубови; Доживотно учење.
Библиотеката преку меѓубиблиотечното зајмување на корисникот може да му ја
обезбеди бараната литература, статии во сериски публикации и сл. од сите области на науката,
а доколку таквите не се наоѓаат во фондот на библиотеката, а нив при пребарувањето во базата
COBISS.NET сме ги пронашле во некоја локална база, членка на системот COBISS.NET.
(Поттикнување на развојот на библиотечниот автоматизиран информациски систем на
Република Македонија).
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
30
Значајно е тоа што тука има можност за одржување курсеви за странски јазици,
користење на програмите MICROSOFT OFICE, составување на сопствено CV, користење на
електронска пошта, пополнување формулари и. сл., аплицирање за користење на Европските
фондови и каде вработените ќе бидат обучени за поддршка на посетителите при користење на
електронски административни услуги (Доживотно учење).
Од големо значење за библиотеките би било кога МИОА отворените Интернет клубови
во државата, кои денес бројат 22, ги дислоцира во просторот на библиотеките, а новите
веднаш да се отвораат во овие установи, со што истите би добиле бесплатен Интернет и опрема
и би биле средиште за добивање на бараните информации и обучување на населението со
горенаведените многу значајни програми, а МИОА би ги избегнало трошоците за изнајмување
простор и вработување. Мерка: Дигитална писменост – Развој на бесплатните интернет
клубови; Доживотно учење.
Користејќи ги овие можности локалната самоуправа, а секако и населението во неа,
многу полесно би се ориентирале на кој начин, а со добар маркетинг, полесно да ги остварат
своите цели.
Согледувајќи ги горенаведените решенија, Јавните библиотеки се во стратегиска
прилика да го подобрат квалитетот на животот и демократскиот капацитет на населението во
информациското општество обезбедувајќи им слободен и еднаков пристап до висококва-
литетни информации. Да поддржуваат обезбедување услуги за е-влада, е-здравје, е-трговија и
е-учење преку овозможување непречен, објективен пристап и обука за користење електронски
ресурси. Да ја развиваат нивната улога на центри за вонинституционално и неформално
образование нудејќи содржини, обука и поддршка на граѓаните од сите возрасти во целосното
користење на предностите на е-учењето. Да го поттикнуваат чувството за локалната заедница,
роднокрајната историја и генеалогија среде растечки глобализираниот свет низ помагање во
создавањето, овозможувањето пристап и зачувувањето за идните генерации на дигитални и
аналогни содржини.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
31
Јавните библиотеки ги решаваат потребите на заедницата
м-р Аница Глигорова Милева – виш библиотекар
ЛУБ ,,Благој Јанков Мучето“ - Струмица
a.mileva@yahoo.com
„Кога почина татко ми
како една цела библиотека да изгоре“
Лори Андерсон
Апстракт
„Европската библиотека својот карактеристичен концепт го постигнала дури во 1843
година со изделувањето на читалните од просториите наменети за полици со книги. Прв обид
за една таква нова библиотекарска архитектура претставувала Библиотеката Сен-Женевјев на
Универзитетот во Париз. Очекуваната последица на разделувањето на книгите од читателите
била потребата од професионален библиотекарски персонал“ (Џепароски, 2007:298).
Библиотеките и во 21 век - век на глобализација и технолошки бум - сè уште остануваат
затворени и ги користат само одреден број луѓе, ученици, студенти и оние вистинските
вљубеници во пишаниот збор, а за сите други таа останува една непозната енигма која е време
ние како библиотекари да ја разрешиме и да ги отвориме вратите за сите граѓани. Библиотеката
не може и не смее, а да не ги следи новите технолошки иновации зошто ќе се доведеме до
степен секојдневно да ја губиме битката за зголемување на бројот на нашите корисници кои од
година во година сè повеќе се опсипуваат, а тоа нам не ни оди во прилог - затоа мораме да се
приспособуваме и да изнаоѓаме нови форми и нови услуги кои ќе ги вратат читателите во
библиотеките, истовремено да можеме и некој кој досега не ги користел нашите услуги да го
привлечеме да дојде и тој да стане наш корисник. Потребен ни е маркетинг и новини кои се во
согласност со желбите на нашите корисници. Библиотеките постојат за да им служат на своите
потенцијални корисници, а за да ги поддржат нивните потреби за информации, мораат да
откријат кои се тие корисници, како и да ги земат предвид нивните разновидни потреби. За да
биде успешен, библиотекарот мора да преземе активна улога, да биде свртен кон надвор и да е
во тек со најновите технолошки новини, да остане во врска со корисниците, издавачите и
пазарот на книги, со колегите во организацијата и со другите библиотеки. Како и во многу
професии и во библиотеките на денешнината, ова не е работа за осамен и во себе повлечен
библиотекар како што јавноста го претставува стереотипот за оваа професија. Ориентацијата
на библиотеките би требало да се движи кон развивање на библиотеката како модерна
институција која одговара на барањата и потребите на современиот човек.
Речиси сите библиотеки, без оглед колку се јасно дефинирани нивните примарни
клиенти, задолжително имаат уште две скриени групи на корисници:
Семејствата и пријателите на примарните корисници. Библиотеките меѓу кои и нашата,
повремено добиваат барања за информации кои им се наменети на членовите на семејството на
корисниците. Угледот на библиотеката подеднакво ќе зависи од нејзината успешност да ги
задоволи потребите на другата група како и на првата.
За библиотеката може да биде од огромна предност ако во јавноста се создаде мислење
дека таа се наоѓа во првите редови за промовирање на приоритетите за подобрување и
решавање на проблемите на заедницата.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
32
Брзиот раст на информациската и комуникациската технологија претставува вреден
сојузник при реализацијата на претстојните промени и зајакнувањето на соработката на јавните
библиотеки и граѓанското општество. Библиотеките се информативни центри кои нудат широк
спектар на услуги за граѓаните, ,,се здружуваат“ различните услуги на едно место сè со цел да
се усвои пристап ориентиран кон клиентите. Главната цел на оваа идеја е:
Библиотеките во денешно време да прераснат во модерни центри кои добро функцио-
нираат, водени од филозофијата ,,корисникот на прво место“ и кои ќе овозможат:
Задоволување на граѓанските потреби и очекувањата за квалитетна испорака на услуги;
Подобрување на комуникацијата со граѓаните,
притоа обезбедувајќи:
Навременост,
Фер однос,
Љубезност и пресретливост,
Ефективност во поглед на економичноста и квалитетот на услугите,
Ефикасно и ефективно работење искористувајќи ги постоечките
финансиски и човечки ресурси за постигнување максимален резултат и
Промовирање на приоритетите за подобрување и решавање на проблемите на
заедницата.
Во некои држави зголемувањето на изборот на услугите е главна стратегија за да се
сврти вниманието на корисникот и да му се покаже дека во библиотеката може да добие
одговор на своите барања. Таков е примерот и со нашата библиотека ЛУБ ,,Благој Јанков
Мучето“ од Струмица. Библиотеката од 2009 година секојдневно врши издвојување на
неважечките документи од ,,Службен весник“ за лицата кои живеат на подрачјето на општина
Струмица. Граѓаните кои не добиле известување од ,,Службен весник“ доаѓаат во нашите
простории за да се информираат дали нивниот оглас е објавен.
Библиотеката треба да преземе иницијатива да допре до социјално исклучените групи
граѓани преку воведување на нови услуги и со тоа да помогне да се подигне свеста и перцеп-
цијата на заедницата за да може да се зајакне социјалната кохезија.
„Еднакви можности за сите“ е замисла на проект кој треба да помогне на лицата со
интелектуална попреченост и со инвалидитет полесно да се интегрираат на пазарот на трудот.
Библиотеката треба да им помогне на овие лица да имаат можност да се дружат и да
разменуваат искуства, а истовремено да се организираат обуки за овие лица да се стекнат со
нови работни вештини кои би им користеле за полесно пронаоѓање на работа. Библиотеката би
била место каде би се организирале средби за да се зголеми информираноста и работните
контакти меѓу оваа група лица со инвалидитет и бизнис заедницата на кои работодавците би се
запознале со спецификите и предностите од вработување лица со интелектуална попреченост и
инвалидитет. Библиотеката како информативен центар треба да се труди да ја зголеми јавната
свест во партнерство со медиумите кај населението за лицата со посебни потреби, да се
подигне свест за правата на маргинализираните и дискриминираните лица во рамките на
пошироката општествена заедница и да се помогне тие да се интегрираат во истата, станувајќи
активни учесници во општеството.
,,Читај со љубов“ е една интересна идеја која може библиотеката да ја организира на
Меѓународниот ден на книгата и авторското право, 23 април. Замислата е библиотеката да
организира во еден ден, на различни делови од градот, луѓе од различни професии да се
соберат заедно и секој од нив да прочита извадок од своето омилено дело од македонските
автори. Оваа акција има за цел популаризација на нашата македонска литература која е некако
запоставена и заборавена во последниве години од читателите, но истовремено да се поттикне
најмладата популација, децата, да читаат. Оваа акција ,,Читај со љубов“ веќе неколку години
успешно функционира во соседните земји.
Книгомат - пред библиотеката е идеја за собирање на невратените книги, да не бидат
корисниците обврзани да ги враќаат книгите во периодот кога работи библиотеката, да им се
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
33
овозможи и после работното време или за време на викенд, празник да можат да ја вратат кни-
гата. Книгоматот особено добро ќе им дојде на сите оние кои подолго време доцнат со враќа-
њето на своите книги и кои се срамат лично да дојдат и да си ја вратат позајмената граѓа.
Брзиот начин на живот и трката по пари доведоа до изместување на традиционалните
семејни вредности и навики, семејниот ручек го заменивме со брзата храна, со тоа мислевме
дека сме добиле на време, но изгубивме многу повеќе, го изгубивме своето здравје. Да не
дозволиме тоа да им го направиме и на нашите најмили зошто ние сме нивното огледало, тие
нè копираат нас, да им дадеме подобар и поквалитетен живот на своите деца. Затоа јас како
вработена во библиотека секојдневно сум во контакт со деца од најмала возраст и сакам да
укажам на проблемот кој се јавува од година во година сè повеќе, а нè засега и нас како
родители. Тоа е прекумерната тежина кај децата. Во општина Струмица во 2012 година се
изврши научна студија под наслов „Структура и развој на антропометриските, моторичките,
функционалните димензии и состојбата на постуралниот статус кај учениците од двата пола на
возраст од 6 до 14 години од основните училишта во општина Струмица“. По спроведената
научна студија резултатите се поразителни. Постои алармантно зголемување на бројот на
децата што имаат прекумерна тежина или се дебели. Прекумерната тежина е ризик-фактор за
многу хронични заболувања меѓу кои хипертензија, дијабетес тип 2.
Библиотеката има општествена одговорност и треба да се вклучи во програмите за
едукација и промоција на здравјето и правилната исхрана со проект кој го замислив како
Недела на книгата и здравата храна. Времетраењето на овој проект би бил една недела со
што би се подигнала свеста на јавноста, претежно на младата популација. Проектот би се
темелел на секој корисник од одделот за деца да им се подели флаер за здрава исхрана и
симболично да им се даде по едно сезонско овошје. Овој проект библиотеката би го направила
заедно со локалната самоуправа, училиштата, градинките, активно вклучување на родителите,
спортските организации и медиумите. Библиотеката располага со простор кој може да се
искористи за организирање на јавни дебати, форуми и работилници на кои ќе присуствуваат
лекари нутриционисти кои ќе им делат совети на родителите и децата. Библиотеката треба да
ги охрабрува граѓаните да ги користат новите информационо-технолошки иновации за да
добијат совети он-лајн за здрава исхрана. Фондот на библиотеката треба да се надополни со
литература и списанија за здрава исхрана.
„Трето доба“ е идеја за доживотно учење и активен,здрав живот и дружење во третото
доба. Библиотеката има можности да им го направи животот на постарите лица посодржаен
преку посетување на курсеви и презентации за можностите кои ги нудат компјутерите и
интернетот. Во рамките на презентациите, присутните би се запознале со можностите кои ќе
им помогнат да остваруваат евтина, брза и практична комуникација со блиските во странство,
како да отворат и да користат своја електронска пошта и да им се помогне да можат самите да
прелистуваат и пребаруваат содржини на Интернет кои се во согласност со нивните потреби и
возраста. Идејата е да им се овозможи на постарите лица нов облик на организирање на
слободното време. Библиотеката треба да прерасне во место каде луѓето би остварувале нови
контакти, би се дружеле, би учествувале во литературни читања, средби со писатели,
едноставно библиотеката треба да биде центар од каде се шират позитивни вибрации дека
секој е добредојден, зошто задоволните корисници се нашите најдобри промотори во заедни-
цата и општеството.
Резиме
Библиотеката како информативен центар мора да создаде нова слика и перцепција за
себе кај пошироката јавност за да биде препознатлива како моќен и ефикасен сервис на
информации, ресурси и дистрибутивен центар за сите граѓани. Исто така, библиотеката треба
да ја следи динамиката и темпото на новата технолошка ера и да успее да изнајде опции и
алтернативи за постапки на менување и да одговори на новите предизвици кои ги наметнува
современиот начин на живот – „да гледаме кон иднината, но да не го заборавиме минатото и
да не ја исклучиме сегашноста“.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
34
Keywords: user needs, user behavior, leadership competences, change management, academic
libraries, public libraries, information, communication.
ЛИТЕРАТУРА:
1. Хорват, Александра, ,, Образование и воспитување на библиотекари нa почетокот на
новиот век“, Библиотекарска искра, 37-38, стр. 1999 год.;
2. Модерни концепти за градење добра услуга - прирачник, UNDP, 2007 год.;
3. Клејтон, Питер, „Управување со изворите на информации во библиотеките“, Нампрес,
Скопје, 2009;
4. Менсел, Робин, „Мобилизирање на информатичкото општество“, Издавачки центар
Три, Скопје, 2009;
5. Лаудон, Кенет, „Електронска трговија“, Арс Ламина, Скопје, 2010;
6. Саздовски, Чедомир, „Структура и развој на антропометриските, моторичките,
функционалните димензии и состојбата на постуралниот статус кај учениците од двата
пола на возраст од 6 до 14 години од основните училишта во општина Струмица“,
Фунтек-7, Скопје, 2012;
7. Џепароски, Иван, „Аспекти на другоста“, Менора,Скопје, 2007;
8. www.nb.rs ;
9. www.sla.org/professional/com
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
35
Јавните библиотеки во Р. Македонија како културни жаришта на
локалната средина
(стручен труд)
Манева Соња – библиотекар, културни манифестации
Национална установа-Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“, Штип
(maneva.sonja@yahoo.com)
Апстракт
Библиотеката, како установа од областа на културата, покрај тоа што е меморија на
човештвото за секоја нова генерација да не би започнувала од почеток со прибирање на
сознанија, место каде што на организиран начин може да се дојде до потребната информација
и знаење сè со цел за збогатување на својот интелект и јакнење на сопствената личност, по
разните културно-информативни и образовни про-грами, јавно би ја препознале и како една од
културните средини во местата каде што делува. Програмите се наменети за широката пуб-
лика, а усмерени кон популаризација на книгата, нејзино промовирање, читање и поттикну-
вање на учењето.
Јавните библиотеки во Р. Македонија како културни жаришта на локалната средина,
годишно организира различни содржини како што се: книжевни средби, промоции, предавања,
конкурси, изложби, семинари, работилници, интерактивни програми, манифестации.
Клучни зборови: јавна библиотека, култура, културна средина, промоции, манифес-
тации, културни содржини
1. Вовед
Точното време на формирање на библиотеките е невозможно да се утврди како и
нивната точна улога. Сите тие, без исклучок на ниедна од нив, биле општествено условени,
нивната улога зависела од политичките, економските и културните прилики во одредениот
историски период. Според германскиот историчар Вортиас за постанокот на библиотеките
биле неопходни одредени предуслови: 1). Појава и рзвиток на писмото кое се јавува 3-4000
години пред нашата ера, речиси во исто време во Египет, Вавилон и Кина, кое Фениќаните и
Грците го усовршиле и го создале првото фонетско писмо; 2). Развој на литература до таа
мерка што доведува до тоа што само усмената традиција постанува недоволна, па се јавува
потреба истата и да се запише, што доведува до појава на книжевни споменици; 3). Појава на
еден слој образовани луѓе, неопходни за формирање на корисници на библиотеките, а исто
така и на самите библиотекари; Пренесувањето на искуството и знаењето само по усмен пат
било возможно само во малите заедници со неразвиени општествени односи. Самата појава на
писмото ќе овозможи брз општествен развој како последица на што ќе се појават и првите
пишани документи, а со самото тоа и потребата за нивно чување и скаладирање на одредени
места и складишта. Од тогаш, па сè до ден-денес библиотеките како складишта на пишаните
документи се менувале и развивале како што претходно споменав, така што денес според
класификацијата на библиотеките во Република Македонија постојат повеќе видови биб-
лиотеки и тоа: национални, високошколски, специјализирани, неспецијализирани (општо-
научни, библиотеки – национални установи и јавни (народни) библиотеки.
2. Јавни библиотеки, нивната улога и функција
Јавните библиотеки се тип на установи кои што бесплатно и сосема непречено даваат
информација и услуги од областа на културата, образованието, воспитанието и општествените
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
36
дејности на сите граѓани без разлика на пол, години и занимање. Тие се вбројуваат во најваж-
ните инструменти за развој на културата и образованието на масата народ, бидејќи овозможува
пристап до изворите на знаења, овозможувајќи им можност истите да ги употреби. Имајќи
предвид дека „Знаењето е природно право на секој човек“, во правец на настојувањата за
осигурување на општото право на читање на секој граѓанин, без разлика каде и да се наоѓа, при
самите јавни библиотеки како што е пример и нашата библиотека „Гоце Делчев“ - Штип, која
покрај тоа што е национална, а за да одговори на предизвиците што ги носат општествените
случувања е веќе и Универзитетска, таа е и јавна, се организираат и мобилни библиотеки, кај
нас тоа е ИНФОБУС- библиотека на тркала, сè со цел да се обезбеди ваков вид услуга.
Во поголем број општествени заедници со различни култури јавните библиотеки се
дефинираат како културни институции кои ги формира државата како би можело населението
без разлика на годините, занимањето, афинитетите и образовното ниво, за да им го обезбеди
она што се нарекува или класифицира како информација, која што е заедничко добро за некое
општество или држава и која се состои од основни податоци за кои граѓаните покажуваат
интерес заради проширување на сопствените сознанија во сите подрачја и предмети од општи,
стручни или специјализирани знаења. При тоа, граѓаните се поттикнуваат да ги користат
книгите и другите посредници во културата на сите начини и сите средства, за слободното
време да го поминат за нив на најкорисен и најпрофитабилен начин, со што и на општеството
би му донело добро.
3. Јавните библиотеки во Р. Македонија, нивните цели и место
Јавните библиотеки во нашата земја, како јавни места од прв ред кои треба да му
обезбедат на секој граѓанин можност до потребната информација да дојде на брз и ефтин
начин, покрај информациите за образовни и социјални потреби, треба да ги задоволуваат
културните потреби на граѓаните. Јавните библиотеки како културни жаришта во локалната
заедница треба да си ги постават пред себе и да ги остваруваат следните цели:
Да го охрабрува чувството на припадност во локалното опкружување, за сопствената
историја и средина во овој сè повеќе глобализиран свет, така што би помогнале да се
создаде можност да станат достапни и да се зачуваат за идните генерации сите оние
дигитални содржини кои се чуваат во локалните јавни библиотеки, музеи и архиви;
Да ги подржуваат етничките, културните, јазичните и верските различности,
културниот идентитет и општествената интеграција, така што локалното население и
општествените институции би се вклучиле во т.н. „колективно помнење“,
дигитализирано во ресурси достапни за сите;
Да обезбеди интерактивен пристап на културните содржини со помош на современи
мултимедијални дигитални ресурси кои што ги документираат локалната историја,
книжевност, уметност, музика и заеднички интереси спакувани каде што е можно во
форма на образовни ресурси;
Да ја развива и негува навиката за читање уште во првите фази на школување со
организирање такмичења во читање;
Да ја развива ликовната уметност во соработка со уметниците, организирање изложби,
објавување конкурси, стимулирање на уметниците за организирање изложби кои ќе
бидат достапни за сите граѓани;
Да организираат промоции на книжевни дела и други манифестации каде што се
среќаваат книжевници, писатели и интелектуалци на локално, државно и меѓународно
ниво;
Негување на уметничкиот и естетскиот вкус, кое нешто допринесува за активирање на
уметничко движење кое претставува изворно народно чувство;
Поттикнување на духот за творење, развивање на љубов кон пишаниот збор, негување
на сопствениот јазик и писмо преку објавување на литературни конкурси наменети за
сите возрасти, а оваа година и со препорака на Министерството за култура потребно е
библиотеките да предвидат повеќе проекти, особено за деца и младинци, со кои ќе се
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
37
овозможи востановување на систем на културни вредности кај младите и создавање на
едуцирана и млада публика со афинитети за учество во културниот живот, а исто така и
за лица со посебни потреби со цел збогатување на културната понуда за овие лица и
нивно вклучување во културниот живот.
Со оглед на целите кои треба да ги остваруваат, за Јавните библиотеки во Македонија мо-
же да се констатира дека:
Се места на роднокрајно паметење, поддршка за локалниот дух и обичај, креатори на
културалните мобилности и различности, места за културна и социјална средба,
промотори на мултикултурализмот;
Организациски се отворени места за сите, сите возрасти, социјални групи, со самото
тоа влијаат на зацврстување на демократијата;
Во период на транзициски промени и во тешки социјални состојби тие се местата за
речиси бесплатно користење на граѓа, книги, весници, а мошне често и единствена
установа од културата во општината;
Тие се моќна информациона и културна мрежа, но, за жал, сè уште недоволно
искористена;
Се места кои поттикнуваат писменост, читање, организираат културни активности, со
што стануваат сè повеќе посетени, за разлика од некои други центри, земено на
годишно ниво.
4. Стратегија и филозофија во развојот на јавните библиотеки
За да одговорат на поставените задачи и на предизвиците кои ги носи времето, Јавните
библиотеки потребно е да градат и стратегии на јавно делување, со што сè повеќе би го
позиционирале своето место во локалните средини и тоа:
Стратегија на позиционирање во јавноста и развој на препознатливоста, односно
јакнење на јавната видливост;
Стратегија на лобирање и добивање поддршка;
Стратегија на јавен ангажман и промена на јавниот простор, искористување на истиот
за маркетинг, на пр., зградата како настан, а ѕидовите и излозите како изложбен
простор, а исто така, дворот и влезот можат да бидат искористени за создавање на
социјален простор во самата заедница;
Стратегија на поттикнување на квалитет со поддршка на развој на квалитетот -
постигнување на најдоброто;
Стратегија на хармонизација со професионалните стандарди на работење,
Стратегија на обезбедување лиценцирано, односно ексклузивно право за пренос на
знаењата;
Развивање на интеркултурален сензибилитет за да се разбере другиот;
Препознавање на друг во сопствената култура и уважување на истата;
Заштита на другите културни наследства на нашата територија;
Стратегија на паметење на градот, развивање на колективно сеќавање,
интеркултуралност, транскултуралност и прекуграничност;
Стратегија на иновација и креативност.
За да ги остварат своите цели, јавните библиотеки треба да имаат и свои партнери, а
тоа се: училиштата, научните институции, градинките, заводи за заштита на споменици, а исто
така и своја развојна филозофија и тоа: организација која создава и открива, организација која
делува, организација која учи, организација која креира знаење, организација која создава
тренд, а и организација која заработува.
Јавните библиотеки во Република Македонија, чиј број според податоците на Заводот
за статистика во 2010 година изнесува 53, а во споредба со 2007 год. нивниот број е намален за
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
38
22,1% , поради затворање на подрачните библиотеки и клонови, како темел на културата, кои
речеси 90% се поврзани во една единствена мрежа, потполно компјутеризирани и оспособени
да понудат книга и информација на секој граѓанин во Македонија независно каде тој се наоѓа,
треба да бидат и витални установи кои ќе го постават акцентот на исполнување на барањата
на Е – Европа. Затоа треба да се обезбеди финансирање и поддршка на национално и локално
ниво кое ќе ја засили улогата на јавните библиотеки во областите на цивилното општество,
перманентното усовршување, општествениот и економски развој и култура.
Во последните неколку години Министерството за култура на Република Македонија
има многу вложено во развојот на библиотеките, но сепак треба да продолжи да води активна
кадровска политика, по пат на јавни конкурси да ја поттикнува меѓународната политика, да
продолжи да го финансира учеството во Асоцијациите на библиотеки како што е ИФЛА, да го
развива културното читање, да се јакне и соработката со другите министерства во Европа.
Самиот назив на овие установи во кои се наоѓа зборот „јавна“, означува дека на нив се трошат
народни пари, а имајќи го предвид фактот дека сите членови на општеството имаат корист од
овие библиотеки, затоа општеството мора да им помогне, додека библиотеките за возврат
нудат речиси бесплатни услуги на сите корисници, со што стануваат и места за проток на
информации.
НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип, во која што сум и вработена, на мое задоволство можам
да кажам дека многу од изнесеното го има остварено во својот развој, секогаш се труди да се
носи со предизвиците на новото време, како што е познато таа има претрпено неколку измени
во своите називи, од градска, народна, национална, а со отворање на Универзитетот во нашиот
град, за да одговори и на потребите на корисниците, отворено е и ново одделение – Универ-
зитетска читална и е преименувана во Универзитетска, но таа е и Јавна библиотека и носител
на културата во локалната средина. Според мене, таа е еден жив организам и ако книгите се
нејзиното срце, читателите крвтокот, тогаш културните случувања во неа се нејзината душа.
Но тоа не значи дека секогаш не се може повеќе, секое наше понатамошно работење
треба да е токму во тој правец.
5. Заклучок
Од сето претходно изнесено, на крај само на кратко може да се заклучи дека историјата
на библиотеките е дел од општата културна историја на земјата, бидејќи тие постојат од кога
постојат пишувани спомени. За да се создаде библиотека потребно е да се обезбеди критична
маса на писмени луѓе, односно едни кои ќе ги пишуваат, а други кои ќе ги читаат.
Јавните библиотеки се основни центри на културните дејности и се официјални
институции кои своите услуги ги нудат на целиот народ, на секој поединец без разлика на
полот, годините и образовното ниво. Тенденција во развојот на секоја јавна библиотека е да се
развијат во центри, поточно жаришта во локалната средина.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
39
Трансформирање на јавните библиотеки во информациски центри и
нивно интегрирање во секојдневниот живот
(стручен труд)
д-р Биљана Кочишка
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје
070 356264, Бул. „Партизански одреди“, 22)
b.kociska@gbsk.mk
Апстракт
Јавните библиотеки како субјект основан од државата се наоѓаат во процес на тран-
сформација и менување на главната улога во секојдневниот живот на заедницата.
Остварување нова визија и насока која ја одредува основната цел во работењето на
јавните библиотеки, во согласност со новите трендови во библиотекарскиот менаџмент.
Примери од јавните библиотеки во Европа и САД посочуваат на поврзаност на страте-
гијата за развој на заедницата и стратегијата за развој која ја гради библиотеката како центар
на животот во пошироката и потесната заедница.
Многубројни активности од општествениот и социјалниот живот ја трансформираат
библиотеката во излог на локалната власт.
Крајната цел на трансформацијата на јавните библиотеката е создавање на „Библиотека
за иднината“.
Клучни зборови: јавни библиотеки, стратегија за трансформација, информациски центри,
интегрирање во секојдневниот живот
Вовед
Јавните библиотеки се субјект основан од државата или поточно ЈУ Градската
библиотека „Браќа Миладиновци“ основана од Градот, за да ѝ служат на заедницата и го
обезбедуваат следново: 1). Организирано собирање на печатени или други библиотечни
материјали; 2). Платен персонал; 3). Воспоставен распоред во кој услугите на вработените се
достапни за јавноста; 4). Објектите неопходни за поддршка и динамика како на собирањето
библиотечен материјал, така и на персоналот 5). Поддржани се во целина или делумно со
јавни средства.
Манифестот на УНЕСКО за јавните библиотеки прокламира верување дека тие се жива
сила за развој на образованието, културата и информациите; нивните услуги се базирани на
еднаков пристап за сите без разлика на возраст, раса, пол, религиозна припадност, јазик или
социјален статус13. Библиотечните материјали мора да одговорат на моменталните трендови и
барањата на заедницата, но и да претставуваат складирани информации од меморијата на
човечките настојувања и имагинации.
За нас е особено важно да се одреди улогата на библиотеките во иднината, пред се
Јавните библиотеки. Одговорот на прашањето за иднината на библиотеките е во контекст на
претпоставката:
ДАЛИ СМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ОНА ШТО ДОАЃА И ДАЛИ МОЖЕ ДА СИ ПОДГОТ-
ВЕН ЗА ПОСТОЈАНО МЕНЛИВАТА ПРИРОДА НА ТЕХНОЛОГИЈАТА И ПРОМЕН-
ЛИВИТЕ ПОТРЕБИ НА КОРИСНИЦИТЕ?
Библиотеките се на крајот од патеката на трансформацијата. Промените во меѓусебната
комуникација, пристапот до информации, потреба од нови ресурси, ја истакнуваат неопход-
13 http://archive.ifla.org/VII/s8/unesco/eng.htm
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
40
носта од оперативно и ефективно раководење во општеството и потребата од нови пристапи до
услугите и ресурсите кои ги нуди библиотеката. Библиотеката мора да еволуира на начин кој
ќе ги поврзува двата дела од промената, разноликостите на нашите корисници од една страна и
обезбедување еднаков пристап до светот на идеите на сите членови на градската заедница.
Промените се наменети за да се обезбеди визија и насока, во согласност со вистинските
библиотечни вредности, бидејќи Библиотеката, смислено и смело, ги прифаќа новите предиз-
вици и можности, кои се во корист на своите корисници. Основната цел на библиотеката
треба да претставува ЗАДОВОЛУВАЊЕТО НА ПОТРЕБИТЕ И ИНТЕРЕСИТЕ НА СИТЕ
ВОЗРАСТИ НА ЧИТАТЕЛСКА ПУБЛИКА, во согласност со основниот, темелен ресурс на
нашето време, а тоа е ИНТЕЛЕКТУАЛНИОТ КАПИТАЛ, бидејќи денес конкуренцијата се
гради на знаење, а не на ,,физичка сила“. Општество кое се насочува кон одредницата ,,органи-
зирана заедница“ мора да еманира и културни вредности, т.е. да апсорбира културно живеење
кое подразбира ,,интересот на реалните граѓани во реалните заедници“.
Според сегашните состојби, Јавната библиотека ги соединува луѓето, информациите и
идеите за збогатување на животот и градење на заедницата. Имено, библиотеката е неразделен
сегмент на локалната заедница и носител на културниот живот во неа и, како јавна културна
институција, има големи потенцијали за остварување на процесите поврзани со трансфор-
мацијата во локалната заедница и во општеството во целина. Затоа, Библиотеката како дел од
мрежата на градски културни институции, претставува „излог“ - „прозорец“ на градската власт
(windows of community) во кој ќе се одразуваат сите заеднички достигнувања во процесите на
деполитизирање на културните простори, трансформирање на институцијата и воведување
нови културни трендови.
Искуствата од земјите во Европа и од САД ја одредуваат улогата на јавната библиотека
како локален ресурс центар на информации, што овозможува пристап до сите видови знаења и
информации кои се лесно достапни за своите корисници. Според новите библиотечни
трендови, јавните библиотеки (Public Library) треба да се раководени од т.н. „Одбор на
библиотекарски комесари“ кои ќе бидат избрани од вистински претставници на градската
власт, кои ја застапуваат политиката на библиотеката во јавноста и ги остваруваат главните
стратешки цели на оваа политика.
Следењето на овие нови библиотечни трендови ќе ја донесат библиотеката до нова
визија на културна институција која не е повеќе само зграда во која се чуваат книги, туку жив
центар на секоја заедница на која ѝ служи, центар на сите културни случувања во градот.
Новата визија овозможува заедницата (градот, државата) да израсне во бренд за промови-
рање на својата култура, културното и историското наследство во светот.
Сегашната состојба на мрежата на културните институции во нашата метропола го
одредуваат местото на Јавната библиотека како дел од интегралниот систем на јавни институ-
ции кои го сочинуваат културното јадро на метрополата. Под раководство на градските власти,
културните институции ги креираат културните движења на градот како и на државата, во
пошироки рамки, на тој начин градејќи го културниот идентитет на членовите на заедницата.
Културниот идентитет го идентификуваат современите културни движења, изразени преку гри-
жата за културното наследство, мултикултуралноста, интеркултурниот дијалог, културната
разноликост и новите насоки на развој на културните содржини. Библиотеката како дел од оваа
мрежа на културни институции во кои се чува културното наследство и во согласност со насо-
ките на идните културни процеси, ја усвојува обврската за заштита на пишаниот збор кој е
неизоставен дел од културното наследство во државата и со тоа се вклучува во процесите за
поставување нови цели и одредување нови начини за збогатување на културниот живот во
главниот град.
Примерите од земјите во Европа и од САД посочуваат на поврзаност на стратегијата за
развој на заедницата и стратегијата за развој која ја гради библиотеката како центар на истата.
Сите насоки на движење и развој се со заедничка мисија и визија и се главен приоритет на
градоначалникот, заради постигнување на заеднички цели. Затоа неопходно е интегрирање на
библиотеката во секојдневниот живот и организирање активности за трансформација на
библиотеката во излог на локалната власт.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
41
Основни цели на процесот на трансформација14
Поттикнување и зајакнување на здрава демократија
Библиотеките се ретка локација каде што луѓето од сите сфери на животот редовно го
споделуваат простор кој е безбеден и ги разменуваат искуствата; библиотеката претставува
место кое ги поздравува сите дојденци и ги охрабрува сите истражувања. Едно од приори-
тетите на библиотечното работење е негување и посветеност на демократијата, со што јавната
библиотека се трансформира во практично и креативно сидро за животот на заедницата и
главната алка во синџирот индивидуа-член на заедницата и локална власт-застапник на
заедницата.
Преку граѓански ангажмани во дискусии и размена на информации Библиотеката се
посветува на градење информирана заедница и обезбедување на неутрален терен, каде
учеството во цивилниот живот е отворен за сите, со што игра централна улога во градот и
неговата околина. Преземајќи ја оваа улога таа ќе биде чекор понапред, бидејќи Библиотеката
не треба да чека луѓето да влезат низ врата, напротив, таа ќе е активна надвор, ќе ги слуша
барањата на луѓето и ќе ги поврзува со библиотечните ресурси, онаму каде што се тие.
Јавно место со моќно присуство во секоја заедница и витален дел на секоја
заедница
Библиотеката ќе биде отворена и ќе му служи на соседството, бидејќи луѓето се желни
за јавни места, односно простори за дружење, комуницирање, места каде можат да учат и
уживаат во рекреацијата. Библиотеката како јавен сервис може да им помогне на жителите да
се поврзат со градските власти за чисто практични прашања, може да помогне како да го
регистрирате детето за училиште, да проверите зонирање на една парцела, да се провери
листата на чекање за државен стан, или проверка на датотеката на документи за кандидирање
во Градскиот совет. Централната библиотека и секој нејзин клон ќе претставуваат нов плоштад
на заедницата, главно собирачко место на луѓето од сите возрасти, каде се собираат за
информации, знаење, соседство, јавни случувања и социјална интеракција, нудејќи им сè на
едно место: отворени јавни простори, нови колекции и компјутери, Wi-Fi пристап, програми и
услуги за сите возрасти, простории за состаноци на заедницата, место на одржување културни
настани.
Библиотеката постои за да ги поддржува индивидуите во постигнување на свој
личен развој и тоа ја издвојува библиотеката од другите јавни институции
Имено, секој ден библиотеката ги поврзува учениците и студентите со новите идеи,
проширувајќи ги нивните вештини. Библиотеката е основен извор за практични информации
од област на образованието и воспитувањето, личните финансии, здравството, еден вид
платформа каде поединците и организациите можат да разменуваат знаење за теми од интерес
на заедницата, место за организирање дискусии, форуми, јавен сервис кој им помага на
граѓаните да се поврзат со градските власти. Библиотеката ќе придонесе за трансформација на
учењето, преобразувајќи се во лабораторија каде што секој може да експериментира со новите
технологии (Open recourse). Библиотеката е уникатна институција која е одговорна за ширење
на вештините потребни да се најде и користи информација, да организира програми кои ќе ги
насочат младите ученици кон доживотни читатели, ќе ги инспирира тинејџерите да ги
постават целите во кариерата и ќе им помогне на возрасните да ги збогатат своите животи.
Библиотеката треба да прерасне во место каде се случуваат силни лични менувања, место со
14 Сите подолу наведени цели се дел од „СТРАТЕГИЈА СО АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА РАЗВОЈ НА
ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ СКОПЈЕ, за период 2013-2016 година“
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
42
посебен дел само за деца и тинејџери, како и литературен центар од соседството во кој личнос-
тите кои останале неписмени ќе можат да научат да читаат. Ова го потврдува фактот дека
библиотеката ги гради човечките капацитети кој му овозможуваат на еден град да напредува.
Затоа и ги поддржува програмите за доживотно учење, поттикнување на креативноста и
поддржување на интеркултурниот дијалог, културно насочените проекти кои во основа се
насочени кон потврдување на капацитетите на културните институции и нивната улога во
образовните процеси на возрасните. Тоа подразбира рекламирање на библиотечната програма
за писменост на веб сајтот на библиотеката, зголемување на бројот на писмени центри во
клоновите, обучување на волонтери - наставници кои ќе им помогнат на возрасните ученици да
ги пополнат образовните празнини, збогатување на мултиформат колекциите за подобрување
на вештините од странските јазици, промоција на мултилингвилизмот и поддржување на
интеркултуралниот дијалог во заедницата.
Библиотека за иднината значи флексибилност во спроведување на промените
Јавните библиотеки не сакаат статус кво, бидејќи нашиот свет се менува и овие
промени ќе донесат многу предизвици, нови можности. Затоа мораме да бидеме флексибилни,
да ја одржиме силната врска со корисниците и постојано да вршиме ревизија на сработеното и
да откриваме нови дејности на библиотеката. Способноста постојано да се развиваме како што
нашиот свет и светот на нашите корисници се менува не е еднократен напор, туку целосна
посветеност, за да продолжиме да слушаме, прашуваме, прифаќаме предизвик и се прилаго-
дуваме.
Вработените во библиотеките ќе се стремат да бидат препознатливи личности,
постојано присутни во заедницата и да имаат познавања за сè што се случува. Треба да знаат
кога во соседството се организира бизнис асоцијација, кога се одржува редовна дискусија или
локален натпревар. Библиотеката го задолжува персоналот да стане „контакт“ за тековните
информации за активностите од соседството, ги развива ресурсите за да одговори на
личностите и потребите од населбите на кои им служи. Предизвикот е да се балансира помеѓу
одговарањето на интересите и потребите од соседството како и ефикасното служење на
разновидноста на населението.
Создавање на културна институција и вработени поттикнати од иновативност
Тоа подразбира и преструктуирање на институцијата, организирање на нови или
преименување на постојаните оддели што е основна стратешка цел заради градење на тим од
вработени кои ќе бидат подготвени да одговорат на новите предизвици и секогаш подготвени
за иновации, бидејќи иноваторите можат да дојдат од сите нивоа на организацијата. Од друга
страна, комуникацијата е основа за публицитет на библиотеката и затоа потребна е обука
на вработените за да го интегрираат „маркетингот“ во секоја интеракција, исто како што е
потребно постојано одржување чекор со новитетите и со континуираните промени во сервисот
на информациските технологии. Тоа подразбира постојано ажурирање на веб страната, корис-
тење на предноста на социјалните медиуми, градење на ПР стратегија.
Заклучок
Библиотеката е неразделен сегмент на локалната заедница и носител на културниот
живот во неа. Промените во меѓусебната комуникација, пристапот до информации, потребата
од нови ресурси, ја истакнуваат потребата од оперативно и ефективно раководење во општес-
твото и потребата од нови пристапи до услугите и ресурсите кои ги нуди библиотеката.
Библиотеката мора да еволуира на начин кој ќе ги поврзува двата дела од промената,
разноликостите на нашите корисници, од една страна и обезбедување еднаков пристап до
светот на идеите, на сите членови на градската заедница.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
43
Од слоевитоста на истражувањето кое претходеше на подготовката на акцискиот план
од Стратегијата, ги одредивме клучните теми во водењето и развојот на стратешкиот план.
Основна дејност на библиотеката и понатаму останува јавен сервис на граѓаните за
задоволување на литературната дејност, додека како нови трендови во библиотечното
работење се основањето на јавно-приватните партнерства и креативните индустрии, кои во
голема мера треба да го надополнуваат финансирањето на институцијата.
Abstract
Public libraries are the entity established by the state and they are in the process of transformation and
change the main role in everyday life of the community.
Realizing of a new vision and direction that determines the basic aim of the work of public libraries,
according to the new trends in library management.
Examples of Public libraries in Europe and the United States are good examples for connection of
strategy development and community development strategy which builds the library as the center of
life in the wider and closer community.
Numerous of societal activities and activities of social life transform library to “window – showcase”
of local government.
Final goal of the transformation of the public library is to create a "Library of the future."
Keywords: public libraries, strategy for transformation, information centers, integration into everyday
life
ЛИТЕРАТУРА:
1. IFLA/UNESCO Public Library Manifesto 1994, преземено од интернет страна
http://archive.ifla.org/VII/s8/unesco/eng.htm
2. Кочишка, Биљана, Стратегија со акционен план за развој на Градската библиотека
„Браќа Миладиновци“ Скопје, за период 2013-2016 година// печатена и електронска
верзија достапна на http://www.gbsk.mk/
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
44
Културно туристички сервис – современа услуга во услуга во состав
на локалните библиотеки
Катерина Данаилова
Локалната библиотека „Страшо Пинџур“ – Неготино
Апстракт
Главна цел на развојниот план за Локалната Библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино
е истата да прерасне во модерна современа установа - место каде ќе се вкрстуваат културата,
историјата, уметноста, едукацијата и информацијата. За таа цел Локалната Библиотека –
„Страшо Пинџур“ од Неготино, во делот на осовременување и збогатување на своите дејности
како резултат на локално-општествените потреби е во тек со реализација на прокт на
активирање на културно туристичка инфо точка која ќе функционира дисперзирано во објект
со културно и историско значење, таканаречена - Желкова куќа, под менаџмент на
библиотеката во модерно уреден простор во центарот на градот. Културно - туристичко
информативната точка, всушност ќе значи чекор напред во смисла на зачувување и промоција
на културното богатство во овој крај, а воедно ќе значи и следење на новите текови и новиот
начин на живеење со ефективно и рационално искористување на институционалните
капацитети во функција на општествените потреби за следење и ширење на информации.
Локалните библиотеки во Р. Македонија денес како сервис во служба на граѓаните ги
има надминато стереотипите на вршење на основната и единствена позајмувачка дејност.
Според потребите и интензитетот на економско-технолошки развој на општеството, локалните
библиотеки денес постојат и функционираат како модерни интерактивни места каде се развива
креативноста и едукативната дејност. Излегувањето од затвореноста, излегувањето од затво-
рените шалтери значи и проширување на своите таргет групи со отворање на нови можности.
Со ваква реализација на една од активностите, покрај нејзината основна дејност, локалната
библиотека би прераснала во клучен јавен сервис, професионално реализиран и контролиран
со пропорционален поттик на интелектуалниот развој, претприемничките вештини, стимула-
ција на едукативните, културно-рекреативните потреби и информациските потреби во градот и
руралните средини.
Со Законот за Библиотекарство, во делот на дејноста на библиотеките, се овозможува
следење на трендовите и потребите на јавноста и општеството, при што се овозможува широк
опсег на дејности. Во библиотекарската дејност, меѓу многуте активности кои една современа
библиотека може да ги реализира, е и дејноста која се однесува на туристичка промоција,
како локална, регионална така и национална.
Како резултат на глобализацијата како и светските политички движења и збиднувања,
Р. Македонија станува сè пофреквентно место – со зголемен број на странски посетители.
Неодминлив е фактот дека Р. Македонија станува и сè поинтересна и позната туристичка
дестинација и место каде бројот на туристички посетители од разни земји сè повеќе се
зголемува. Ова, секако, е резултат и придонес на туристичкиот развој на нашата земја и тоа во
делот на развивање на алтернативниот туризам, со што секое место, па и најмало селце,
станува интересна дестинација за потенцијалните туристи. Културниот, манастирскиот тури-
зам, винскиот туризам, селскиот и многу други развојни гранки на туризмот овозможуваат
секое место во нашата земја да стане достапно со можност да ги покаже своите неисцрпни
капацитети во делот на културното богатство и традицијата. Во овој дел локалните библиотеки
имаат можност да излезат во пресрет на ваквите предизвици и потреби и да заземат главна
улога искористувајќи ја својата компатибилност како отворена институција и достапен сервис
за пошироката јавност. Ова, пак, отвора можност за креирање на нови методолошки форми на
едукација блиски на потребите на различни категории на граѓани со што ќе се надминат
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
45
едукативните недостатоци кои се припишуваат на географски аномалии во малите рурални
средини преку искористувањето на одржливите капацитети на локалните библиотеки.
Но, битен факт дека библиотеките во Р. Македонија се со долга традиција, па така,
покрај модернизацијата и менување на функциналноста, библиоеките се должни да ја чуваат
традицијата, добрите традиционални навики и сето ново што се воведува треба да е во
синхронизација со веќе постоечкото.
За промовирање на одредено место и за воведување на една таква дејност потребно е
да се изнајде модус кој ќе биде како функционален, исто така и ефективен.
За потребата библиотеката да излезе во пресрет за инволвирање во туристичкиот
механизам на општествено ниво искористувајќи ги сопствените ресурси, треба да искористи и
можни надворешни ресурси, со што ќе се овозможи реализација на посебен оддел или сектор
во библиотеката кој ќе менаџира со таканаречена културно-туристичка точка која ќе
претставува место каде што ќе можат да се најдат или добијат едноставни информации, но и
информации за културно-туристичките и други капацитети за општината каде што се наоѓа
локалната библиотека.
Искористување на капацитетите со промотивен материјал, туристичките едиции
енциклопедии, како и можноста за промовирање на информации по електронски пат, значи
можност за етаблирање на културно-туристичка инфо точка која ќе функционира во состав
на библиотеката.
Главна цел на развојниот план за Локалната Библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино
е истата да прерасне во модерна современа установа - место каде ќе се вкрстуваат културата,
историјата, уметноста, едукацијата и информацијата. За таа цел Локалната Библиотека –
„Страшо Пинџур“ од Неготино, во делот на осовременување и збогатување на своите дејности
како резултат на локално-општествените потреби е во тек со реализација на проект на
активирање на културно-туристичка инфо точка која ќе функционира дисперзирано во објект
со културно и историско значење, таканаречена -Желкова куќа под менаџмент на библиотеката
во модерно уреден простор во центарот на градот. Културно - туристичко информативната
точка, всушност ќе значи чекор напред во смисла на зачувување и промоција на културното
богатство во овој крај, а воедно ќе значи и следење на новите текови и новиот начин на
живеење со ефективно и рационално искористување на институционалните капацитети во
функција на општествените потреби за следење и ширење на информации.
Можноста за осовременување на услугите и начинот на функционирање на библио-
теките во Република Македонија претставуваат предизвик за издигнување на библиотекар-
ството на кој треба да се одговори, претставуваат предизвик кој води многу чекори напред и ги
прави локалните библиотеки актуелни фактори, чие значење во општеството ќе добива сè
поголема важност, што, всушност, претставува цел на секоја институција која се натпреварува
со протокот на информациите.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
46
Библиотеките и научноистражувачката дејност
Елена Никодиновска, виш библиотекар
Национална и универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ - Скопје
Бул. „Гоце Делчев“, бр. 6
e-mail: elena@nubsk.edu.mk
Моб: 070 70 30 29
Постојат повеќе начини за користење на високообразовните библиотеки коишто можат
да се разгледуваат од различни аспекти: користење на услугите што ги нуди библиотеката,
барање помош од библиотекарите, но и заобиколување или свесно одбегнување на библиоте-
ката. Научните информации на кој било начин треба да се користат, тие се заедничко добро кое
мора да биде достапно за сите.
Овој труд е поделен во два дела. Во првиот, разгледуваме еден дел од поврзаноста на
библиотеките и научноистражувачкиот кадар во европските земји. Во вториот дел, планиран за
наредниот број на списанието „Библиотекар“ на Библиотекарското здружение на Македонија -
БЗМ, ќе биде разработена пообемна анализа, според анкетата што ја спроведовме кај наставно-
научниот кадар при универзитетите, институтите и лабораториите во Република Македонија,
за состојбите и потребите од библиотеките во функција на научноистражувачката работа. Во
неа учествуваат и дел од македонските научници и студенти кои работат и студираат во
различни земји во Европа и Северна Америка.
Истражувачката дејност претставува исклучително значајна инфраструктура, без која
не можат да се замислат современото образование и истражувањата, ниту пак културниот,
технолошкиот и економскиот развој. За таа цел, нивното функционирање треба да е поддржано
со најсовремена информациска и комуникациска технологија. Најчесто, понудата се усогласува
со потребите на научноистражувачкиот кадар. Но, се случува во одредени средини на библио-
теката и на истражувањето да се гледа како на две нешта оддалечени едни од други. Моќни
институции, асоцијации и фондации во светот се преокупирани со прашањето за широк достап
до научните информации насекаде и до секого, како што се Меѓународното здружение на
библиотекарски асоцијации и институции - ИФЛА (International Federation of Library Asso-
ciations and Institutions - IFLA), Европската комисија, ЦЕНЛ - Конференцијата на директорите
на националните библиотеки во Европа – (Conference of European National Librarians - CENL),
УНЕСКО и други. Со декларацијата усвоена во Хаг на 5 декември 2003 г. од страна на
Административниот совет, ИФЛА се обврза да обезбеди колку што е можно поширок достап
до информациите до сите, според принципите од декларацијата во Глазгов за библиотеките,
информациите и интелектуалната слобода. На оваа тема се работи мошне сериозно и постигна-
ти се многу големи резултати. Но, останува да се има уште поангажиран однос, со донесување
долгорочни стратегии за реализација на оваа толку благородна идеја. Во таа смисла, библио-
теките се мошне значајни институции, може да се каже привилегирани и повикани да работат
на сензибилизација на населението, како и кај надлежните фактори, со што успесите од резул-
татите ќе бидат трајни, како на локално така и на регионално, европско и светско ниво.
Општо е познато дека библиотеките имаат начин на организација на знаењето, правила
за функционирање, понуда на разновидни услуги на корисниците во инстутуционална рамка во
високото образование и истажувачката работа. Во објаснувањето на мрежата COBISS-Net
(Кооперативен онлајн библиографски систем и сервиси при ИЗУМ, Институтот за информа-
циски науки, Марибор, Словенија) во која Националната и универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ – Скопје како дел од ЗЈНБ, Заедницата на југословенските национални
библиотеки, го прифати системот на заемна каталогизација во 1987 г. и работи во континуитет,
може да се прочита: „За информациското општество кое го поддржува развојот заснован врз
знаење, библиотечно-информациските системи и информациските системи за истражувачката
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
47
дејност претставуваат посебно значајна инфраструктура, без која не можат да се замислат
современото школство и истражување, ниту културниот, технолошкиот и стопанскиот развој.
Библиотеките не можат успешно да функционираат како осамени острови, туку, следејќи го
знаењето и културата, мораат да се поврзуваат и на тој начин да обезбедат услови за дијалог и
соработка како најдобра основа за развој на секоја држава и на меѓународната заедница во
целост“.
Современата библиотека претставува една мултидимензионална средина која покрива
најразлични научни дисциплини и истовремено претставува физички простор, локален,
виртуелен, на растојание, споделен, технолошки, социјален и човечки. Библиотеката како
основа на науката низ вековите е изложена на големи трансформации, нуди максимален достап
до своите фондови со архитектонски решенија за брз достап до публикациите и инфраструк-
тура со технолошка опрема сè пософистицирана и поразновидна. На традиционалната форма
на книгата и останатиот библиотечен материјал се додадоа и електронските ресурси, онлајн
каталозите и многубројните комплементарни услуги со цел да одговорат на барањата на
научноистражувачкиот кадар кој, всушност, понекогаш останува збунет од сета таа понуда.
Научната дигитална библиотека во Франција (La Bibliothèque scientifique numérique –
BSN) е еден од успешните примери како придонес за развој на науката. Денес, универзитет-
скиот и академски свет располага со значајни научни информации повеќе од кога било досега.
Издавачите на научни публикации се изложени на разновидни турбуленции со напливот од
новите начини за ширење на знаењето, особено на економски план. Во таа смисла, се поголеми
и трошоците за високообразовните институции и други центри и лаборатории кои се занима-
ваат со наука. Користењето на традиционалните публикации го следи цел еден систем на
нивно поинакво електронско користење кое треба да се охрабри, со оставање слободен избор
на истражувачите за научните податоци, како и за квалитетот на протоколите за валидност на
научната продукција.
Во 2009 година на иницијатива на Министерството за високо образование и истражу-
вање во Франција во соработка со голем број претставници од универзитетите и истражу-
вачките центри е создадена научната дигитална библиотека БСН, со цел да води грижа секој
наставник-истражувач, секој самостоен истражувач и студент да ги добие сите неопходни
најрелевантни информации и алатки. Во согласност со целите на Европската комисија, БСН
овозможува отворен пристап до научните документи во различни форми кои се темелат на
иновации, договори со издавачите и поддршка на отворените архиви водејќи сметка за застапе-
носта на различните дисциплини. Сето ова е овозможено благодарение на успешната коорди-
нација на учесниците во високото образование и во истражувачките центри и лаборатории.
Формиран е комитет за управување што го сочинуваат директорите на истражувачките инсти-
туции и конференцијата на претседателите на универзитетите и на претседателите на високите
школи во Франција. Предлозите доаѓаат од девет тела кои работат на различни сегменти за
БСН: набавка на списанија (тековни) и на архиви, алатки за достап и складирање, алатки за
пребарување, отворени архиви, дигитализација, трајно архивирање, научни изданија, доставу-
вање на документи, зајмување, обуки, вештини.
Инаку, досега за научните и технички информации (Information Scientifique et Technique
- IST) беа задолжени повеќе институции како ABES за ретроспективен внес на податоци, PEB
за групирање на командите, INIST-CNRS за пребарување научни материјали и портали со
документи, CCSD за отворена архива, Националната библиотека на Франција BNF за
дигитализацијата и други. Со формирањето на новата научна дигитална библиотека е усвоен
проектот ISTEX - заради подобра организација и унифицирано работење како и стратегијата
2012-2015.
Интересни се истражувањата спроведени кај европските научници за нивното
размислување за библиотеките што вообичаено го спроведуваат катедрите за библиотекарство
и информациски науки како дел од нивните програми во Лион, Франција, град кој се
подготвува да биде домаќин на Конференцијата на ИФЛА во 2014, Стокхолм, Копенхаген,
Лондон и Хаг.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
48
Електронските податоци заземаат централно место кај научниците било да се работи за
нивно директно имплементирање во истражувачката работа и експерименти или, пак, нивно
примање како информации со кои се проширува знаењето. Ако на виртуелната библиотека се
гледа како на неодминлива за повеќето од нив, понекогаш тие немаат јасна визија како таа
функционира и за нејзиното финансирање. Преовладува мислењето дека библиотеката и
натаму останува централно место и движечка сила во рамките на нивните истражувачки
центри, лаборатории, универзитети со својата набавна политика и претплата за достап до бази
и банки на податоци, богата лепеза на услуги, со класичната заштита и дигитализација,
архивирање на публикациите и податоците. Во ерата на новите технологии на информации и
комуникации работењето бележи промени во начинот на работа и организирање на времето и
на податоците. Дали дефинитивно научниците-истражувачи поминаа во ерата на информатика-
та или пак, ова прашање бара покомплексна анализа?
Кај некои од научниците, библиотеката асоцира повеќе на збирки/фондови отколку на
физички простор. Таа се поврзува со информатиката, со виртуелните библиотеки. За други,
пак, библиотеката е истовремено затворен и отворен простор, место со работни маси и удобни
столчиња и фотелји, исклучително пријатен амбиент каде е тивко, а има многу луѓе. Таа е
задолжителен простор за студентите и истражувачите, место каде може да се изолираш, да се
опкружиш со купишта литература и да ја превртуваш и на земја ако така ти е поудобно.
Библиотеката е место и за средби и за изолирање.
Сите се согласни дека библиотеката, односно каталозите се апсолутен извор на
информации што постојано ги консултираат. Просечно се прават по десетина пребарувања
дневно од одредена област. Понекогаш пребарувањата се депресивни кога го нема тоа што се
бара. Не може да се зборува за идеална библиотека без да се помисли што таа содржи и дали се
има достап до сите можни извори на информации. Сите испитаници одговараат дека „идеална
библиотека е онаа каде ќе можам да најдам сè што ми треба“. Некои мислат дека таа треба да
има ракописи и стари и ретки книги бидејќи тие будат други чувства. Книги од хартија кои се
сакаат или не се сакаат, книги кои се читаат повеќепати. Фондови со автори од различни
култури за подобро да се дознае како функционира овој свет. Некои од нив имаат забелешки за
процедурите при користењето на ретките фондови и тешкотиите да се дојде до некое старо
издание за кое треба да се одвои повеќе време.
За најотворени се сметаат северноамериканските библиотеки, каде одамна публикации-
те се на слободен достап.
Во библиотеката, позади нередот, кој го чини нејзиниот шарм, добивате систематизира-
ни информации. Односно, се пристапува со некое барање, честопати нејасно, а се добиваат
подредени информации што ве прават задоволни.
Личните/приватни библиотеки за која било област може да се поделат во два типа:
материјални библиотеки, оние кои поседуваат фондови со библиотечен материјал во традицио-
нална форма, хартија, грамофонски плочи, микрофилмови, уметнички слики, географски
карти, плакати, фотографии, итн. и виртуелните библиотеки чиј пристап до документите е
електронски. Тие речиси кај сите се дезорганизирани и се со различни видови литература. За
некои тоа се полици, шкафови, книги во сите простории. Најчесто книгите се класирани
тематски, се подредуваат по години, азбучно, по формат, според редоследот како се купуваат,
најпотребните се на дофат на раката. Тие читаат разновидни книги, собираат албуми, исечоци
од весници. Библиотеките на научниците се повеќе библиотеки со содржини за кои тие се
пасионирани и им пристапуваат повеќе со страст отколку со разум. Количината на библиотеч-
ниот материјал некои ја изразуваат во бројки додека други во метри.
Во своите кабинети, пак, тие исто така имаат голем број публикации, цели библиотеки.
Обично се претплатени и лично на некои списанија за кои тие мислат дека им се неопходни.
Користат онлајн информации за кои се претплатени нивните центри, лаборатории универзите-
ти. Границите помеѓу бесплатните информации и тие што се наплатуваат честопати не се
доволно јасни.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
49
Научниците кои биле студенти во седумдесеттите години со исклучителен занес
говорат за тоа време кога библиотеките биле централно витално место и покрај значително
помалиот број публикации и услуги.
Библиотекарот останува да биде на услуга тогаш кога корисникот не може да ја најде
информацијата. Во заклучоците се наведува дека истражувачкиот свет и библиотеките не се
познаваат доволно и дека понекогаш библиотеката е и место од каде повеќе се сака да се
замине отколку да се дојде, но зависи каде!
Докторски дисертации на јавен пристап на
Универзитетот Малардален во Вастерас, Шведска
Резиме:
Пример за отворен пристап до научните публикации и бази и банки на податоци е
Научната дигитална библиотека (БСН) во Франција. Научните информации се заедничко добро
кое мора да биде достапно за сите.
Спроведени се анкети на истакнати научни работници во европските земји за
значењето на библиотеката во научно истражувачката работа. Направена е споредба меѓу
специфичните потреби на научниците и понудата на библиотеките.
Научниците имаат различен приод во користењето на библиотеките кои можат да се
проучат од различни аспекти: начинот на користење на услугите, помошта на библиотекарите,
избегнување на библиотеките.
Без разлика дали информациите се користат или произведуваат електронската
документација е од суштинско значење за корисниците и тогаш кога тие немаат јасна
претстава за виртуелната библиотека.
Сепак, библиотеката останува главен центар за истражувачките организации со
нејзините задачи: купување публикации, обработка на библиотечниот материјал, заштита,
чување и овозможување достап и користење до нив што е значајно за научноистражувачкиот
кадар.
Клучни зборови: истражувачи, библиотеки, Франција, корисници, научници, анкети.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
50
Abstract:
Open acces to researches publications and research data - The Digital Scientific Library
(BSN) in France. The scientific information is a common good that must be available for all.
Throughout the interviews with a sample of researches in “hard sciences”, the issue of their
representation of the library and the way the use it emerges. The comparison between the specific
needs of the scientists and what libraries offer them point out the multiplicity and complementarity of
the different types of library they use.
The researchers have different ways to use libraries which can be studied under several
aspects : how they use the services offered, the help of a librarian, and also how they develop
strategies to avoid the world of the library which, sometimes, seems to them very far from their own.
Whether they use or produce it, the electronic documentation is essential for the scientists,
even if they dont have a clear idea of how they can access to the .virtual library.
Nevertheless, the library is still a central element for research organizations because of the
important functions it recovers, such as : purchasing, cataloging and providing documents and, filing
and preserving them, which is essential for the researchers.
Keywords: Researches, Libraries, France, Libraries – Use, Scientists, Interviews.
ЛИТЕРАТУРА:
1. ЃАЛЕВСКА, Жаклина. Резултати од придобивки од учеството на библиотеките во
Македонија во мрежата COBISS.Net. Конференција, Улогата на библиотеките во
информациско општество базирано врз знаење, Тирана, 3 декември 2010;
2. AGOSTINI, Francis (sous la dir. de). Sciences en bibliothèque. Paris : Cercle de la librairie,
1994. (Coll. Bibliothèques). ISBN : 2-7654-0558-1;
3. BUSINO, Giovanni. Sociologie des sciences et des techniques. PUF : Paris, 1998. (Que sais-je ?).
ISBN 2-13-049241-X;
4. CHARTRON, Ghislaine. Les chercheurs et la documentation numérique nouveaux services et
usages. Paris : Ed. du Cercle de la Librairie, 2002. (Bibliothèques). ISBN 2-7654-0840-8;
5. FENNETEAU, Hervé. Enquête : entretien et questionnaire. Paris : Dunod, 2002. (Les Topos. Eco
gestion). ISBN 2-10-005792-8;
6. MARTIN, Olivier. Sociologie des sciences. Ouvrage publié sous la dir. de François de Singly.
Paris : Nathan, 2000. (Coll. 128. Sociologie). ISBN : 2-09-191063-5;
7. MELOT, Michel. La sagesse du bibliothécaire. Paris : L.il neuf éditions, 2004. (Sagesse d.un
métier). ISBN 2-915543-03-8;
8. VINCK, Dominique. Sociologie des sciences. Paris : Armand Colin, 1995.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
51
Високошколските библиотеки во Македонија во пресрет на новите
предизвици на научноистражувачка работа
М-р Петровска Јелена, виш библиотекар
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Апстракт
Со цел да се укаже на мошне комплексната улога на високошколските библиотеки во
образовниот систем, преку анализа на целните документи и компаративна анализа на улогата
која што ја имаат библиотеките во системот на високо образование, во трудот е даден пресек
на состојбите во опкружувањето, како и во Р. Македонија.
Високошколските библиотеки се препознаваат преку нивниот правилен истражувачки
однос како кон студиските програми, така и преку нивната мобилност во комуникацијата со
другите универзитети и достапност на соодветни библиотечни ресурси потребни за квалитетно
извршување на наставниот курикулум.
Клучни зборови: високошколски библиотеки, Болоњскиот процес, интегриран универзитет,
ЕХЕА
Библиотеките кои што делуваат во системот на високото образование имаат единствена
цел - да бидат логистичка поддршка на образовната, научната и истражувачката работа на
универзитетот.
Иако во својот интезивен развој низ вековите библиотекарството ќе поминува низ
бројни потешкотии врзани со начините на оформувањето на фодовите, кризите во набавката и
дигитализацијата на научните списанија, авторските права, па сè до научните комуникациски
проблеми сè до денес, сепак, XVII век ќе остане запаметен како век на значителни промени во
библиотекарството, но пред сè, во втемелувањето на високошколските библиотеки.
Крајот на 20-тиот век и почетокот на 21-иот век го карактеризираат значајни промени
во начинот на организацијата на академското образование кое што со години се потпирало на
концептот каде што студентот е повеќе пасивен и подучуван и со минимум вложен труд во
областа на научноистражувачка работа во рамките на студиските програми.
Новите концепции во организацијата на современите универзитети сè повеќе промови-
раат го концептот на самостојно учење и проактивен пристап кон наставата. Прилагодувајќи се
на новонастанатите услови универзитетот пристапува кон својата реорганизација, ги менува
програмите и пристапите кон студентите, ставајќи го студентот во центарот на образовниот
процес.
Во литературата го наоѓаме како термин „студент-центред леарнинг“ со што студен-
тот е ставен во центарот на збиднувањата, а процесот на наставата задолжително се оценува
или евалуира според библиотечните стандарди. Се инсистира на поголема самостојност во
процесот на истражувањето од страна на студентите и развојот на критичкото мислење,
поттикнување на прашување и активно делување и совладување на техниките на научно-
истражувачка работа како за професорите, така и за студентите.
Универзитетските библиотеки со своите услуги и ресурси ги унапредуваат новите
начини на учење вклучувајќи го доживотното учење и учење на далечина во концептот за
современа и услужно ориентирана културно-образовна институција.
Во тој систем организираните универзитетски библиотеки имаат широк дијапазон на своите
услуги и се темел на наставниот репозиториј, истакнувајќи ја важноста на улогата на
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
52
универзитетските библиотекари „кои што ќе го превземат водството во овој век, но за да го
постигнат тоа, тие мора да знаат дека нивните традиционални вештини на анализирање,
вреднување, синтеза и комуникација се поважни од кога и да е15.
Трансформацијата на високото школство и придружни библиотечни сервиси во Европа
и кај нас се поврзани со промени кои што го определуваат профилот на денешното модерно
општество.
Во стратешките документи за примена на Болоњските принципи во високото школство
на одделните земји јасно се истакнува улогата на образованието и иновативните пристапи како
многу важни елементи во креирањето на идниот профил на универзитетот.
Европската унија го истакнува квалитетот на наставниот кадар и сите придружни еле-
менти на реформираниот универзитет, како што се во прв ред универзитетските библиотеки,
како исклучително влијателен дел од процесот на високото школство.
Таков начин на размислување доведе до замислата за остварување на европскиот
простор на високото образование (англ. Еуропеан Хигхер Едуцатион Ареа - ЕХЕА).
Практичното изведување на тој, пред сè проект со сè поголеми барања кај нас во Македонија и
во останатите европски земји, популарно е приватен како Болоњскиот процес, во кој системот
на функционирање на универзитетските библиотеки е дефиниран со мерки врз кои се темелат
евалуациските параметри во библиотечното работење.
Со реформите во образованието и трансформацијата на универзитетот и високото
школство, особено поврзани со научноистражувачката работа, задолжителни се и измени во
организациското и функционалното работење на универзитетските библиотеки, особено во
применувањето на веќе познати модели во организацијата. Примената на европските
квалификациски рамки се темели врз резултатите од учењето и истражувањето кои што мораат
да бидат мерливи. Токму тука ја наоѓаме и врската со институциите кои што по својата
функција ги надополнуваат дадените барања.
Со цел да се поттикнат истражувачките постапки поврзани со несопирливиот Болоњски
процес кој што полека ги дава и своите први резултати, библиотечните работници ќе мораат
многу брзо и професионално да се преструктуираат и да им овозможат на своите академски
корисници нови услуги кои наполно ќе бидат во функција на втемелувањето на т.н. трансфор-
миран и сосема интегриран универзитет како дел од големиот простор на европското високо
образование. Новиот концепт на учење го подржуваат сè поголем број универзитетски профе-
сори кои стануваат свесни за потребата за сè поголемо користење на библиотечните услуги и
за изградба на поквалитетен пристап кон информациите во функција на подобрување на
квалитетот на студиските програми, за кои наставниците немаат ниту доволно време ниту
знаење. Тој предизвик пред универзитетските библиотеки поставува големи барања, но дава
можност за подобрување на својата положба, со што укажува на важната задача која што мора-
ат да ја извршат универзитетските библиотеки.
Како стратешки документи кои извршија влијание на високото образование се земаат
Лисабонските документи или т.н. Образование&Тренинг 2010 (education&training 2010) и
воспоставување на Европските квалификациски рамки, како и сите понатамошни документи од
повеќе конференции кои се одржани на ниво на министрите од повеќе европски земји.
На тој начин, законски и институционално втемелен, подржан од страна на повеќе
зинтересирани страни, библиотечниот систем станува неодвоив дел од реформите во високото
образование и сврзувачка алка на програмите и истражувачката работа на универзитетот.
Со оглед на тоа дека Македонија немала подолгорочна стратегија во развојот на
библиотечната наука во рамките на студиските програми, ниту пак соодветни смерници во
едукацијата на високошколските библиотекари, навистина е тешко професијата која од некои
понови автори е наречена „invisible “ професија, сама да се наметне во општеството и заземе
место кое што со право го заслужува. „Определбата да се служи на заедницата, свеста дека
секој корисник е свет за себе, а квалитетот на услугата да се дефинира според ставот на
15 Piter. Klejton, Gari Judžin Gorman, Upravljanje izvorima informacija bibliotekama,CLIO,Beograd, 2003, str.
6
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
53
корисникот кон тој квалитет, е содржана во основните принципи на библиотекарството
од XX век“16.
Начинот на организациската поставеност на универзитетските библиотеки во системот
и нејзиното место во интегрираниот универзитет треба да ги отсликува реформите во високото
школство. Затоа, внимателниот пристап кон моделот на организирање на библиотечното рабо-
тење на универзитетот и пошироко во високошколскиот простор, го дефинира статусот, т.е.
поставеноста на универзитетската библиотека, како инситуционално, така и практично во
пресрет на совладувањето на курикулумот како и во процесите на научноистражувачка работа
на Универзитетот.
Доколку направиме еден пресек во работењето и можностите кои денес се на распола-
гање на одделните универзитети и факултети одделно, фактичката состојба покажува крајно
недоследен концепт во организација на истите. Вообичаено, се работи за одделни збирки на
учебници и прирачна литература со мошне мали обиди за меѓубиблиотечна размена. Универ-
зитетските библиотеки се затворени системи кои функционираат сами за себе, институцио-
нално најчесто оставени на маргините на универзитетот, а не ретко се ставени во функција на
придружни членки, како што е тоа случај со Универзитетската библиотека во Битола. Од дру-
гата страна пак, библиотечниот материјал на факултетите нема соодветно евалуациско долго-
рочно следење на потребите на студентите и професорите, со што би се обезбедила квалитетна
библиотечна набавка и услови за научноистражувачка работа. Размената на списанија и научни
трудови со факултетите во државата, а особено со другите држави од регионот и пошироко, е
без поголеми резултати. На тој начин универзитетските библиотеки се ставени во незавидна
положба своите програми да ги унапредуваат и разменуваат, ставајќи се во позицијата на под-
редена членка на универзитетот.
Бројни се факторите кои, како во другите држави така и во Македонија, влијаат на
функционалната поставеност на универзитетските библиотеки во системот. Тоа, освен наве-
дените причини, е и библиотечниот простор кој што треба да биде наполно во функција на
неговите корисници. Пространи, светли и наменски опремени читални се услов без кој не е
можна организација на современите универзитетски библиотеки. Стручен, љубезен и наполно
професионален тим на библиотекари е најважната карика во системот. Тие со своите компен-
тенции ќе бидат наполно ориентирани кон задоволување на научноистражувачките потреби на
професорите и студентите. Само на тој начин, со планско и навремено планирање на библио-
течните програми и ресурси, универзитетската библиотека ќе биде способна да одговори на
предизвиците на научноистражувачката работа на универзитетите.
Подрачја на активно влијание на високошколските библиотеки во Македонија
Едно од најактивните влијанија на универзитетскате библиотеки во рамките на новите
предизвици на научноистражувачката работа и практицирање на наставните содржини во рам-
ките на универзитетот претставува нејзин активен придонес кон процесот на учењето и
остварување на услови за квалитетното извршување на предизвиците поврзани со нау-
чноистражувачката работа.
Универзитетските библиотеки, во зависност, пред сè, од наставните курикулуми, мора
да се прилагодат на промените, да ги проучуваат начините и методите за унапредување на
своите услуги и на тој начин да ги предвидат новите ситуации на универзитетот како после-
дица на постојани реформи во високото образование.
Универзитетските библиотеки во праксата се сретнуваат со повеќе проблеми од типот
на:
Сè поголема употреба на дигиталните извори при што библиотеките само привидно ја
губат својата улога, но со правилна обука на кадарот и пристапот кон корисникот,
16 Stokić, Simončić, Gordana, ,Vučković, Željko, MenaMenadžment u bibliotekama, Beograd, 2003, str. 33
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
54
библиотекарот и понатаму ќе остане незаобиколна „алатка“ за здобивање со информа-
ции во процесот на учење;
Новите публикации и новите начини на комуникација во рамките на универзитетот ја
ставаат библиотеката во подредена позиција, доколку таа не успее да излобира поголе-
ми финансиски средства за своето работење и внимателен избор на понудените публи-
кации;
И понатаму останува голема побарувачката за класичните извори на информации
(книги), посебно за хуманистичките студии;
Влијанието на сè поразновидната студентска популација која што со право (стекнато
поради финансирањето на своите студии) бара квалитетна и брза информација како и
барање на сè понови стандарди во библиотечното работење;
Моделите на студирањето се сè посовремени, учење на далечина и др. видови на
студирање им диктираат на библиотеките различен пристап кон нејзините корисници;
Проблемот со финансирањето на универзитетските библиотеки и усовршувањето на
библиотечниот кадар, како и трансформацијата во менаџирањето со универзитетските
библиотеки, се дел од активните подрачја во однос на влијанието на современата
универзитетска библиотека.
Но, секако, можеби највлијателниот фактор во подрачјето на образовниот систем од
страна на универзитетските библиотеки се препознава во нејзиниот правилен и истражувач-
ки однос кон студиските програми како и во нејзината мобилност во однос на комуника-
циската соработка со учесниците во образовниот систем, обединети во соодветен модел на
високошколска библиотека на универзитетот.
Како за илустрација, Универзитетската библиотеката во Кембриџ во своите почетоци
на основањето во 1424 г. имаше само 122 единици, но тој број со години сè повеќе растеше.
Фондот се збогатуваше по пат на внимателно водена политика на набавка, но и со преписи на
поважните изданија, како и донации кои што полека станаа сигурен и мошне важен начин во
зголемувањето на фондот на библиотеката.
Низ целата историја на истражувачката работа на универзитетот, моделот на патување
и истражување одејќи од една до друга универзитетска библиотека претставуваше единствен
извор на информации за научниците. Тоа денес како пракса се применува само за истражување
на навистина недостапни и вредни ракописи. Принципот на заедничкото користење на
изворите на информациите на универзитетските библиотеки укажува на мошне затворен тип
на давање услугите на корисниците на универзитетските библиотеки кои се специјализирани
за одредени области и набавуваат литература само од определената тема. На тој начин тие,
иако го збогатуваат националниот фонд, од друга страна, поради финансиски причини го
напуштаат тој начин и се свртуваат кон матичните институции враќајќи го опсегот на
понудените теми.
Но, сепак, во поново време концептотот дека универзитетската библиотека е центар на
истражувачката работа на универзитетот се преиспитува и сè погласни се мислењата дека таа е
многу повеќе, всушност, во некои сегменти ја губи својата исклучителна мисија како
истражувачки центар. Тоа се должи на сè поголем број информации и, секако, на ерата на
дигитализиран материјал, пристап кон Интернет и размена на информациите по електронски
пат. Сè поголем број корисници од техничките и економските факултети кои бараат актуелни
информации најчесто пронаоѓаат сопствени патишта до нив.
Но тоа не е случај со хуманитарните науки каде што збирките на стар и раритетен
материјал, инкунабули и др. ракописи се од исклучителна важност за научните работници на
универзитетот.
Кога зборуваме за важноста и зависноста од необјавените информации секако дека
доаѓаме до т.н. појава која што библиотекарите ја нарекуваат „сива литература“, а се
однесува на голем број информации, придружни документи, стенограми, извештаи и сл. кои
што се дел од големи проекти, особено меѓународни, кои најчесто не се никаде објавени, а
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
55
имаат голема важност за натамошното истражување. Најчесто тие информации се разменуваат
по пат на електронска пошта и остануваат во кругот на релативно мал број корисници, истра-
жувачи.
Постојат бројни сомнежи каква ќе биде универзитетската библиотека на иднината. Тие
секако остануваат едни од главните извори на информации на Универзитетот, но предизвикот е
голем.
Со право донесуваме заклучок дека денешниот универзитет не само што не може без
современа универзитетска библиотека, тука таа е и т.н. срце на универзитетот.
За сите релевантни фактори во Македонија поврзани со образовниот систем и за целата
библиотечна јавност останува одговор на најважното прашање - да ли универзитетските биб-
лиотеки во Македонија претставуваат навистина важен фактор во трансформацијата на
универзитетот, колку со своите програми успешно реализираат предизвиците на научноистра-
жувачката работа на универзитетите и функционираат во рамките на новите начини на академ-
ско комуницирање и во колкава мера успеале нивните услуги да се совпаѓаат со барањата на
нејзините ново-стари корисници?
На тие прашања со своите организациони програми ќе треба да одговорат високошкол-
ските библиотеки во Македонија.
Универзитетот треба да обединува силно развиени факултети кои што ќе бидат носите-
ли на промените. Исто така, факултетските библиотеки во рамките на добро организирана
универзитетската библиотека со своите актуелни фондови ќе допринесат за развојот на универ-
зитетот во целина.
На тој начин Министерството за образование ќе оствари апостериори механизми на
контролата кои што ќе ги поддржуваат институциите во високото образование и ќе им овоз-
можат наполно да ја остварат својата улога во опкружувањето за да се справат со предизвиците
на новото време.
Резиме
Положбата и улогата на високошколските библиотеки во Македонија во голема мера
зависи од реформите во високото образование и наставните курикулуми кои се со сè поголеми
барања и предизвици на научноистражувачката работа на Универзитетот.
Со своите програми и организациони модели високошколските библиотеки во Македо-
нија во голема мера го креираат просторот на активно вклучување на наставниот кадар и
студентите во остварувањето на целите на универзитетот.
Високошколските библиотеки се параметар на образовните реформи во светло на
Болоњскиот процес и претставуваат вистинска поддршка на процесот на мултимедијално
учење и научноистражувачката работа на универзитетот.
ЛИТЕРАТУРА:
1. Aparac Tatjana, Knjižnična ynanost u poslednjem desetljeću dvadesetoga stoljeća, Vjesnik
bibliotekara Hrvatske. 40, HKD, Zagreb, (1997)
2. Aparac Tatjana – Gazivoda, Sveučilišni bibliotečni sustavi u teoriji i praksi, Vjesnik
bibliotekara Hrvatske, god. 33/1990. HKD, Zagreb
3. Brofi, Piter, Biblioteka u dvadeset prvom veku, CLIO, Beograd, 2005
4. Gorman, Michael. Postojana knjižnica: tehnologija, tradicija i potraga ya ravnotežom. Zagreb:
HKD, 2006
10. dani specijalnih i viskoškolskih knjižnica, radni materijali, Opatija, 2007
11. Evropski prostor visokog obrayovanja, Zajednička deklaracija europskih ministara
obrazovanja potpisana u Bolonji 19.6.199
www.zagreb.idi.hr/bolonjski_dokumenti/Bolonjska%20deklaracija%20Hr.doc
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
56
12. Закон за високо образование,Сл. весник на РМ, бр. 35 ,Скопје,2008
13. Katalenac Dragutin, Uloga sveučilišnih knjižnjica u ostvarivanju koncepta e-sveučilišta,
Edupoint, IV Zagreb 2004, www.edupoint.carnet.hr
14. Национална програма за развој на образованието во Република Македонија 2005-2015,
Министерство за образование и наука на РМ, декември 2004
15. Стокиќ, Симончиќ, Гордана, ,Вучковиќ, Жељко, Менаџмент у библиотекама,
Београд,2003
16. Qualitiy Assurance Agency form Higher Education Librarianship and information
management, Subject Benchmark Statements, 2000,
www.quaa.ac.uk/reviews/reports/subjektlevel/q60_01_tewtonls.htm
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
57
Школските библиотеки центар на воспитно-образовниот процес и
културното воздигнување на младите генерации
(стручен труд)
Радослав Љубиќ, библиотекар
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје
Апстракт:
Пропаѓањето на социјализмот како општествен процес, уредување, доведе неминовно
до големи промени не само на економско-политички план, структурата на општественото
уредување туку и во воспитно-образовните, културните процеси и останатите домени на
секојдневното живеење. Преминот од едно општествено уредување во друго, начинот на
„консумирање“ на новите идеи и погледи на светот и опкружувањето се секогаш многу
сложени и тешки, обременети со многу пречки, разногласија во донесувањето на крупни
одлуки, различности на ставови и слично. Училишните библиотеки во севкупното библиотечно
работење и опстојување во Р. Македонија имаат многу важна улога како во образовно-
воспитниот процес на најмладите категории, така и во нивното културно воздигнување и
оплеменување. Пред библиотекарите кои работат во овие библиотеки е крупна и мошне важна
задача, пред сè да го променат досегашниот начин на работење со воведување на IFLA
стандардите во библиотечно работење, како и интегрирање на компјутерско-информациската
технологија во сите домени од библиотечните процеси.
Клучни зборови: нови идеи, образовно-воспититниот процес, училишнитe библио-
теки, IFLA стандарди, компјутерско-информациска технологија, библиотекарите.
1. Вовед
Училишните библиотеки претставуваат интегрален дел од воспитно-образовниот
процес во училиштата (основни и средни), со посебен акцент во помагањето на наставниот
процес во сите негови делови (теоретски и практични). Во планот и програмата за работа на
училиштата во Р. Македонија, работата на библиотеките зазема посебно место, а нивната улога
и значење добива на интензитет со брзиот развој на информациската технологија. Овој
образовно-информациски прогрес во библиотекарството бара поинаков пристап во организа-
цијата и начинот на дејствување, со еден збор втемелување на автоматизацијата во работата на
училишните библиотеки. Новите ветришта на прогресот полека но сигурно навлегуваат во сите
пори од општесвеното живеење, компјутерско-информациската технологија владее со светот,
бескрајноста на човечкиот интелект неминовно бара нови пространства за пласирање нови и
нови идеи, технологии и сл. Библиотечните фондови, стручноста и професионалноста на биб-
лиотечниот кадар во фузија со новите технологии се силен адут во остварување на мисионер-
ската улога која ја имаат самите институции.
2. Улога и значење, работни задачи
Библиотеките во училиштата имаат големо значење поаѓајќи од фактот дека образова-
нието е задолжително и сите деца мораат да дојдат во контакт со нив, па оттаму и нивната
улога во образовно-воспитниот процес е од особено значење. Според досегашната терминоло-
гија и сфаќања тие претставувале места каде што учениците доаѓаат да земат или вратат книги,
најчесто школски лектири. Меѓутоа, според IFLA/UNESKO манифестот за школски библио-
теки, улогата која библиотеките ја имаат во воспитно-образовниот процес е далеку поголема.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
58
Во врска со сето ова, во него се предложени основните карактеристики кои треба да ги
поседува една училишна библиотека: „Училишната библиотека дава информации и сознанија
кои се неопходни за успешно учествување во современото општество засновано на информа-
ции и знаење. Училишната библиотека им овозможува на учениците да ги совладаат вештини-
те на учење во текот на целиот живот, да ги развијат своите креативни способности и да ги
оспособува да бидат одговорни граѓани. Таа им дава помош во образовно-воспитниот процес
на сите кои учествуваат во него и е од пресудно значење во развитокот на писменоста, обра-
зованието, добивањето на информации, економскиот, општествениот и културниот развиток на
секој поединец. За училишните библиотеки се одговорни локалните, регионалните и држав-
ните органи на управување, кои затоа мораат да донесат соодветни прописи и програмски
документи. На овие библиотеки задолжително им се обезбедува соодветно финансирање и
доволно средства за библиотечниот кадар, нивно стручно усовршување, за набавка на книжен
фонд, нова технологија и слично. Нивните услуги се бесплатни. Училишните библиотеки
мораат да бидат составен дел од локалните и регионалните мрежи, а исто така и во
национално-информациска мрежа (IFLA, 419-420)“.
Училиштето, покрај образовно-воспитната компонента, е еден од главните чинители во
создавањето, негувањето и развитокот на културата, културниот идентитет на еден народ.
Библиотеката како составен дел на секое училиште само ги надополнува и зајакнува култур-
ните вредности кај младите генерации, таа е патоказ кон богатството од знаење, идеи, прогрес.
А сето тоа е поврзано со развивање на чувството за читање, пред сè на својот мајчин јазик, но,
се разбира, и на светски присутните јазици во нашиот образовен систем. Токму тоа е
функцијата и намената на училишните библиотеки: развивање на чувството и потребата за
читање кај учениците, бидејќи тоа единствениот пат кон успехот, јакнење на сопствениот
интелект, спознавање на самиот себеси, светот во кој живееме.
Интересот за библиотеката, запознавањето со богатството кое таа го нуди кај децата
треба да се воспоставува постапно, од првите училишни денови. Во тие моменти кога од светот
на играта и безгрижноста буквално влетуваат во образовно-интелектуалниот „океан“, мошне
важен е начинот на приемот и комуникација на наставникот и библиотекарот со овие невини
суштества. Ако во тие моменти се воспостави вистинска интеракција, понатамошните вос-
питно-образовни процеси ќе добијат позитивен тек, ако тогаш ја прифатат библиотеката како
„нивно катче“, таа ќе стане место каде тие постојано ќе престојуваат. Запознавајќи ги со
работата, просторот, распоредот на книгите така го јакнеме нивниот интерес кон книгата,
читањето, всушност, односот кој ќе се формира кон книгата во основното училиште, ќе ги
следи цел живот. Учениците кои ќе ги совладаат вештините кои библиотеката ги нуди, во
понатамошното школување далеку полесно и побрзо доаѓаат до за нив потребните инфор-
мации. Користејќи ги тие информации од разни области тие го јакнат својот интелект,
образование, надоградувајќи се себеси ја прават иднината на својата држава побогата и
просперитетна. Користејќи ја библиотеката, ученикот се навикнува на книгата и таa станува
негов животен сопатник, а читањето станува негов стил на живеење. Всушност, кај ученикот се
создава култура на читање, вештина на барање информации, информатичка писменост, се
развива критичко мислење... Токму во тој контекст е прашањето која е и колкава е улогата на
библиотекарот во „привлекување“ на учениците да станат секојдневни посетители на библио-
теката, кои квалитети и знаења треба да ги поседува еден библиотекар за децата од најрана
возраст да ја развијат љубовта кон читањето?! Дали училишниот библиотекар траба да биде
„физичко лице“ само за контакт и услуга на своите корисници, или пак нешто повеќе од тоа:
педагог, воспитувач и психолог на детската личност, мисла, идеја?!
Според IFLA-стандардите за библиотечно работење, училишниот библиотекар е
личност која:
одлично ги познава библиотечните процеси: набавка, прием на нови книги, нивна
техничка и стручна обработка и подредување;
позитивно и без предрасуди комуницира со деца и возрасни;
ги согледува потребите и желбите на корисниците;
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
59
соработува со директорот, наставниот кадар и другите вработени во училиштето
ги препознава и разбира културните различности;ја познава теоријата и методологијата
на учењето;
добро го познава книжниот фонд, врши брза услуга на корисниците (ученици,
наставници и сл.);
има желба и капацитет за стручно усовршување и надградба;
поседува информациски вештини и способност за давање информации од секаков вид;
умее да користи компјутерско-информациски технологии, пред сè користење на
INTERNET- технологијата, програмскиот пакет Windows (Word, Excel);да им помага на
учениците и наставницте при користење на библиотечните извори и информациски
технологии;
да промовира и организира литературни читања, средби со писатели и одбележување
на значајни датуми и личности од историјата;
да комуницира и разменува искуства со библиотекари од други училишта, како и
подготвеност за давање стручна помош и поддршка;
да го поттикнуваат истражувачкиот дух кај учениците, се разбира, во соработка со
наставниците, професорите преку изведување на заеднички проекти, тимски задачи и
слично.
3. Работни услови, организација и стручност
Библиотеките во училиштата (во најголем број случаи) се сместени во простории кои
не ги исполнуваат ни најосновните стандарди за библиотечно работење. Вообичаено тоа се
мали, „периферни“ делови од училиштата каде се сместени голем број книги, а за кои во
нормални услови е потребно два, три и повеќе пати поголем простор. Полиците на кои е
сместен библиотечниот фонд се несоодветни за таа намена, во голем број случаи се работи за
инвентар стар повеќе десетици години (ормани, дрвени рафтови, школски клупи итн.), малку
се училиштата кои користат современи библиотечни рафтови (метал, дрво). Книжниот фонд со
кој располагаат овие библиотеки е повеќе од скромен, поседуваат претежно лектирни изданија,
„слободната“ детска литература од домашни и странски автори е многу малку застапена.
Постоечкиот книжен фонд со години не се обновува, а да не зборуваме за воведување на
компјутерската технологија во процесот на библиотечното работење. Еден од големите
проблеми во работата на училишните библиотеки е персоналот кој се распоредува, поставува
на работно место- библиотекар. Најчесто на ова работно место се поставуваат луѓе кои немаат
соодветно стручно знаење, наставници, професори кои се пред крај на својата образовно-
воспитна кариера, наставен кадар со непотполн фонд на часови итн. Самото поставување на
такви кадри за библиотекари ја обезвреднуваат библиотечната професија, тие луѓе, ни криви
ни должни, се поставуваат во крајно незавидна ситуација. Без елементарни познавања од
областа на библиотечното работење, тие буквално се втурнати во едно библиотечно
„бесознание“ каде треба да одговорат на задачата: брзо и точно да ги услужат своите
корисници-учениците и професорите, а при тоа да ги почитуваат стандардите и нормите на
библиотечната дејност. Се разбира, ваквата ситуација доведува до грешки во работењето, пад
на нивото на заинтересираност за стручно усовршување, а со тоа до тешкотии во работата на
библиотеката. Во тој контекст, за колку-толку да помогне во средување на состојбите со
библиотечните фондови во училиштата, нивна обработка (техничка и стручна) Градската
библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје на неколку пати организираше обука за библиотека-
рите од основните и средните училишта на тема „Обработка на монографски публикации“,
која ги опфати библиотечните процеси кои се важни за работењето на училишните библио-
теки:
Набавка и техничка обработка (потпечатување, инвентарирање и сигнирање);
Стручна обработка - каталогизација и класификација на монографски публикации и
Подредување (сместување) на книжниот фонд.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
60
Ваквиот начин на презентација на библиотечното работење наиде на голем одѕив кај
библиотекарите во основните и средните училишта, кои веднаш по завршување на истата,
почнаа обуката, стекнатите знаења ги преточија во практична работа. Комуникацијата со дел
од библиотекарите кои беа учесници на обуката продолжи до ден-денешен, преку телефонски
јавувања или со наши директни посети во соодветните училишта. Резултатите од взаемната
соработка се повеќе од успешни и евидентни, книжните фондови полека, но сигурно се
средуваат според библиотечните правила и прописи, иако постапката, т.е. техничката и
стручната обработката оди „рачно“ (пенкало и молив). Ова го споменувам од причина што дел
од поканетите библиотекари не пројави никаков интерес да учествуваат на обуката, а тоа оди
во прилог на погоре наведената теза за незаинтересираноста за стручно усовршување. Исто
така, дел од работоводните органи - директорите во училиштата не се свесни за улогата и
значењето на библиотеките во воспитно-образовниот процес на учениците, тие за нив се само
„мртва буква на хартија“, дел од образовната институција кој треба да се занемари. Тие свесно
не дозволуваат библиотекарите стручно да се усовршуваат, не дозволуваат да се купуваат нови
книги, а да не зборуваме за воведување на компјутеризација на библиотечните процеси.
4. Што понатаму?!
Компјутеризацијата, информатичката технологија се резултат на бескрајноста на
човековиот интелект, тие се основна, движечка сила на прогресот во сите домени на општес-
твото: науката и техниката, економијата, образованието, културата... Библиотекарството како
една алка во бескрајниот синџир на човековата генијалност, одамна е во „стегите“ на
компјутерско-информатичкото царство. Тоа бенигно се шири низ светот, го владее просторот и
времето и не признава граници, нестручност, незнаење и пасивност во работата, однесувањето.
Училишните библиотеки мораат да бидат дел од оваа светска реалност, технологиите кои се
длабоко вкоренети во современите библиотеки мора да станат нивна реалност. Со
воведувањето на компјутерите и автоматската обработка на податоци во библиотеките
библиотекарите добиваат нови задачи. Компјутерите „преземаат“ многу работни активности во
библиотеките, почнувајќи од набавката на книги, преку нивна обработка и услужување на
своите корисници. Преку воспоставените библиотечни информативни системи овозможен е
пристап на базите на податоци низ целиот свет, на тој начин информациите стануваат достапни
за корисниците на библиотечните услуги. Компјутерската мрежа во суштина е единствениот
мултимедиски систем кој во потполност го „надраснува“ времето и просторот, училишните
библиотеки во нашата држава мораат да бидат вклучени во постоечкиот COBISS библиотечно-
информативен систем. Тие не можат и не смеат да останат надвор од современите библиотечни
текови, тркалото на прогресот неповратно се движи напред, секоја импровизација и непо-
читување на „новото време“ значи тапкање во место, оддалечување од она што значи
библиотекарство на 21-от век.
Abstract
The falling of the socialism as a process and state structure inevitably led to big changes not only in
the field of economics and politics, changes in the state structure, but also in the field of educational
and cultural processes and in the other domains of everyday life. The transition, the way of
„consuming“ the new ideas have always been complex and difficult, burdened with many obstacles,
diversities while making major decisions, opinion diversites and so on.
The school libraries in the entire library working and existence in the Republic of Macedonia have
very important role in the educational process of the youngest categories as well as in the process of
their cultural elevation. The librarians in the school libraries have a crucial and very important
assignment, in the first place, to change the former way of working in the libraries and to introduce
the IFLA standards in the library working as well as to merge computer- information technology in
every domain of library process.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
61
Keywords: new ideas, educational process, the school libraries, IFLA standards, computer-
information technology, the librarians.
ЛИТЕРАТУРА:
1. Јелена Кузмановиќ (2012 г.), „Нова улога библиотеке у основним школама и
комуникациска стратегија за њено промовисање“, Мегатренд универзитет, Београд;
2. Модел школске библиотеке (пројект), уредник пројекта Миљана Ѓуковиќ
IFLA/UNESCO смернице за школске библиотеке (2005), Гласник Народне библиотеке
Србије, преузето 20.10.2009, са http://www.nb.rs/view_file.php?file_id=1282
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
62
Училишните библиотеки и културните вредности на младите
(стручен труд)
Ленче Т. Андоновска, виш библиотекар
НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола
e-mail: lence.andonovska@yahoo.com
тел. 047/522-140; моб.тел. 071/664-330
ул. Дарвинова бр.8, Битола
Апстракт
Библиотеките се институции во кои корисниците го наоѓаат својот мир и спокојство,
библиотекарите им го даруваат своето знаење и искуство, што само по себе е предизвик
достоен за респект и почит. Уште повеќе што станува збор за образовни и културни центри
што имаат висок дострел каде начитаноста и информираноста ги красат студиозност, потрага
по секој детаљ и бележење на вредностите по темата, поетиката и мислата кои допираат или се
оддалечуваат од оние за кои се создава делото.
Во библиотеките се среќаваме со најразлични творечки објави, богатство од теми и
мотиви кои и по бројност и по содржина имаат посебно место и значење за културните
вредности кај младите.
Клучни зборови: библиотека, училиште, образование, млади
Образование (educatus, educate, educere - изнесува, ducere - водење, едукација) е процес
на промена на личноста во посакуваната насока со усвојување на различни содржини, во
зависност од возраста и потребите на поединци. Образованието вклучува и воспитни, покрај
образовните содржини. Најзначајна образовна институција со образовно-воспитен карактер е
училиштето. Со развитокот на системот за комуникација образованието станува глобален
процес каде е тешко да се насочува само во саканиот правец на одредена социјална заедница.
Образованието е процес со кој општеството ги пренесува акумулираните знаења, вештини и
вредностите од генерација на генерација. Преку едукација се развиваат чувства за сопствена
култура, почитување на принципите и солидарност. Преку школувањето се обликува свеста и
гледиштето на поединецот, кога станува збор за процеси во општеството и системот на власта.
Сите образовни системи се базираат на познавање на историјата на општеството, институ-
ционализација на образованието и покрај тоа што врз основа на усвојувањето на збир од
правила и социјални вредности, се огледува во знаењето и вештините кои поединецот ги
совладува во процесот на обуката. Преку силен образовен систем се менува структурата на
опшеството, семејството и професијата. По Талкот Парсонс училиштето е мост меѓу семејства-
та и општеството како целина. Училиштето го подготвува детето за неговата улога.
Образованието е, всушност, израз на социјалниот систем. Тоа денес значи еднакви шанси кои
отвораат можност за менување на положбата кај некои поединци кои ја стекнале со раѓање или
наследство кое е многу важно за социјалниот престиж, власт и моќ. Стекнатите знаења и
образовни вештини се многу применливи и корисни во практичниот живот. Иако лицата се
стекнуваат со знаењата, индивидуално, тоа е богатство на сите луѓе во општеството.
Училиштето е институција каде што според однапред утврден план и програма луѓето,
обично, во своите детски и младешки години, се здобиваат со знаење. Покрај пренесувањето
знаење на младата генерација, училиштето има и воспитна и социјална функција. Во минатото,
училиштата се делеле на машки, женски и мешани, а сега тоа не е така. Денес има и
професионални училишта коишто даваат знаење кон одредена професија, како уметнички и
профилирани училишта. Како што самото име „училиште“ укажува, главната активност на
учениците во училишните установи е учење, односно меморирање на однапред изготвени
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
63
податоци, без осврт на точноста, применливоста или ажурирањето на податоците, или пак за
методите по кои сервираните податоци се изведени. Во нашата држава основното и средното
образование се веќе задолжителни и нивните цели се: стекнување општи и применливи знаења
што се потребни за секојдневниот живот, развивање на писменоста и способностите на
учениците за разбирање, информирање и изразување, воспитување за општи културни и
цивилизациски вредности кои произлегуваат од светските традиции, развивање на надареност
на учениците во различни области и унапредување на здравиот начин на живеење и
воспитување за преземање одговорност за сопственото здравје и за заштита на животната
средина.
Треба да нагласиме дека секое училиште потребно е да има училишна библиотека која
постојано ќе им е на располагање на учениците. За отворање на училишна библиотека треба да
бидат исполнети неопходни услови и тоа: простор, фонд, опрема, стручен кадар и сл. Во
училишните библиотеки потенцијалните корисници се од различна структура, а тоа се децата
од претшколска возраст, учениците од основното и средното образование, наставни-ците и др.
Постоењето на училишните библиотеки, гледано од стручен аспект, треба да делува многу
позитивно на учениците кои се потенцијални интелектуалци и на нив би требало воспитно да
делуваат.
За жал, во Р. Македонија училишните библиотеки во еден дел не располагаат со
соодветни услови и набавката на соодветна литература не е на завидно ниво, а недоволното
користење на книжните фондови се должи на малиот број примероци од бараната литерату-
ра. Иако училишните библиотеки во овој момент не се на завидно и посакуваното ниво, тие
претставуваат основното јадро за стекнување љубов на децата кон книгата, како да ја користат,
односно заштитат истата што е мошне важен услов за внесување на најмладите читатели во
тајните на пишаниот збор, зошто тука се создаваат навиките за читање. Сето тоа остава траги
за понатамошните духовни развивања на младата личност која од тука ги црпи првите и трајни
читателски искуства.
За привлекување поголем број корисници, библиотекарот во училишната библиотека е
потребно да поседува ентузијазам, да има чувство за афинитетот на корисниците и правилно да
ги насочи кон бараната литература, а со тоа ќе дојде до израз дејноста на библиотекарот која е
истражувачка. Доколку библиотекарот правилно ги информира своите корисници што, исто
така, е должност, обврска и работа на библиотекарот кој треба да се служи со сите форми на
информации и сознанија од искуства што потекнуваат и се стекнуваат со самата работа со
корисниците, успехот ќе биде двостран, односно професио-нален библиотекар и задоволен
корисник.
Со тоа во целост ќе бидат исполнети неопходните услови за корисникот повторно да се
врати во училишната библиотека и да побара соодветна литература. Задоволниот корисник
своето искуство го пренесува на своите другарчиња соученици и кај нив се создава желба да ја
посетат училишната библиотека и само така се создава навика кај младите да ги посетуваат
библиотеките, како би ги оттргнале од пороците кои владеат, со што ќе создадеме млади и
здрави генерации подготвени да го продолжат животот со позитивна мисла.
Преку училишните библиотеки и училиштата се издигнуваат културните вредности на
младите, односно тие осознаваат дека друштвото не е составено од родителите, роднините,
пријателите, туку дека во одделението, односно класот, можностите и условите се еднакви за
сите. Тука ги осознаваат разликите меѓу партикуларистичките и универзалистичките норми на
вреднување, а тоа е важно за да се вклучат во светот на возрасните. Партикуларните норми
значат вреднување на поединец по она што е, а не кој е. Родителите ги вреднуваат децата како
свои, како посебно, а не како другите деца. Овие се стандардите поврзани со пропишаната
позиција. Универзалистичките норми значат дека поединецот е само една од многуте (еднаков)
и дека неговата позиција е условена од споредба со другите, а не однапред загарантирана.
Ова значи дека неговите постигнувања се вреднувани од гледна точка на општите
стандарди, прифатени од опшеството, а не од гледна точка на одредени критериуми (да биде
нечие дете или да припаѓа на некоја раса, религија, нација и т.н). Точно тука детето ја учи
разликата што е многу важно да се подготви за иднината. Од гледна точка на социјализација,
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
64
училишните библиотеки и училиштата не подразбираат само пренос на вредности и норми на
општеството, но таму се учат најважните правила на животот.
Темата „Училишните библиотеки и културните вредности кај младите“ предизвикува
интерес кај сите нас, зошто оваа идеја со себе носи раритетна поставка и можеби денес, а и во
иднина кај младите ќе разбуди посебни чувства, за и тие да се појават како идни автори.
Возбудата кај нив за тоа како се случило чувство да покрене песна, проза и сл. и така оформен
текст да се пренесе на хартија, тоа е оној момент, оној краток момент на раѓање на идејата и
чувството кои младите ги преточуваат во стихови и проза. Вака покренат овој труд со сета
своја оригиналност разбудува интерес за продлабочување на сеќавањето на контактите во
училишната библиотека, контактите со библиотекарот, другарувањата со своите врсници и сл.
Малку, сигурно во пишувањето на првиот стих или проза, ги доведува младите до
времето кога нивните предци ги правеле првите чекори во пишувањето. А, тој чекор е овој
најважниот, најзначајниот зошто со него се одредува насоката во која се движат младите
генерации. Токму затоа, преку овој труд во една целосна реализација на идејата се доаѓа, тоа и
читателот го чувствува, до она првичното што го поистоветува со првиот поетски чекор.
Светот останува на младите генерации кои се гордост за сите нас.
„Сакајте ја книгата, таа ќе ви го
олесни животот, пријателски ќе
ви помогне да се снајдете во
шаренилото на бујниот сплет
на мисли, чувства и случувања“.
Максим Горки
Резиме:
Училишните библиотеки, иако скромни по обем, претставуваат важен сегмент во
образовно - научниот и културниот живот и заради функцијата која ја извршуваат, заслужува-
ат поголемо внимание за редовна грижа и зголемување на книжниот фонд. Тие, истовремено,
ги издигнуваат културните вредности на младите кои преку книгите првично го осознаваат
светот и ги проучуваат вредностите на животот.
Клучни зборови: библиотека, училиште, образование, младите.
Summary
School libraries, although modest in scale are an important segment in the educational-scientific and
cultural life and function for which they perform, deserve greater attention for regular care and
increasing library holdings. They simultaneously elevate the cultural values of youth through books
which initially perceive the world and examine the values of life.
Key words: Library, school, education, youth.
ЛИТЕРАТУРА:
1. МИ-АНОВА Енциклопедија општа и Македонска, 1. А-Ж/ Ј.Павловски.-Скопје:2006;
2. МИ-АНОВА Енциклопедија општа и Македонска, 2. З-Љ/ Ј.Павловски.-Скопје:2006;
3. МИ-АНОВА Енциклопедија општа и Македонска, 3. М-П/ Ј.Павловски.-Скопје:2006;
4. МИ-АНОВА Енциклопедија општа и Македонска, 4. Р-Ш/ Ј.Павловски.-Скопје:2006;
5. Печатарството и издаваштвото во Битола (1999) (колективен труд), Битола, ДНУ;
6. Библиотекарството во Битола и Битолско, Зборник на материјали од научен собир,
Битола: МУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
65
Перманентна едукација во библиотеките
м-р Елена Крстевска Виш библиотекар
ЈУ Градска библиотека Браќа Миладиновци - Скопје
elenakrstevska104@gmail.com; tel.070 274747
бул. Партизански одреди-22 Скопје
Апстракт
Континуираното образование на библиотекарите е многу важно и ги следи низ целиот
нивни професионален живот бидејќи постојано има нови работи, постигнувања, знаења на
секое поле во животот што треба да бидат усвоени. Новите знаења преставуваат збир на едука-
тивни активности примарно обликувани, кои библиотекарите треба да ги запознаат.
Брзиот и едноставен пристап до едукативните содржини на интернет ни овозможува
побрзо да дојдеме до саканите информации. Информациите треба да се проценат да се одредат
образовните ресурси за да може знаењето со споделување да стане подостапно за сите.
Според моја неформална проценка и имајќи ги предвид искуствата од регионалните
библиотеки, најинтересни и најчесто застапени теми за библиотекарите се оние од едукатив-
ното поле. Тие главно се поврзани со начинот како најлесно да се дојде до достапност на сло-
бодни е-извори и методот на нивно пребарување.
Така ни се наметнува прашањето колку ние библиотекарите сме спремни за:
извори за користење, проценка и вреднување, етика во комуникација, авторското право,17
достапност и линкови за базите на податоци и др.
Клучни зборови : едукација, булови оператори, слободни мрежни, научни е-извори
Permanent education in libraries
Abstract
Continuous education of librarians is very important and it follows them throughout their
professional life because there are constantly new things, achievements and knowledge in every field
of life that have to be acquired. These new information represent a set of educational activities
primarily shaped, that librarians have to acquire.
Quick and easy access to educational content online allows us to get the desired information quickly
and efficiently. The information should be evaluated to determine educational resources in order to
share the knowledge (the information) and to become more accessible to all users.
According to my informal estimation and having into consideration the experiences of the regional
libraries, the most interesting and most frequently required themes for the librarians are those from the
educational field. They are mainly connected with the easiest accessibility to free e-mail sources and
the method of their browsing.
So, the question of the librarians’ readiness is set: how much do you know about the source usage,
about valuation and assessment, communication ethics, copyright, accessibility and database links.
17 http://www.gkri.hr/Home.aspx?PageID=58
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
66
Увод
Библиотеките денес, повеќе од било кога се во процес на промени. Така тие секој-
дневното растат во нивната важност и стануваат се поприсутни во секојдневниот живот. Иако
честопати се сметало дека библиотеките не се доволно прилагодливи на новите активности,
историјатот на долгогодишниот развиток, докажува дека сепак опстојувале и опстанувале низ
вековите. Денес библиотеката во светот се препознава како центар на најважна и најдинамич-
на карика во информатичкото општество, и станува центар за проток на знаење и информации
од различен тип на медиуми.
ИНФОРМАЦИСКАТА Технологија, носи промени во начинот на организација во рабо-
тата. Библиотеката ја збогатува лепезата на услуги заедно со традиционалните методи на деј-
носта на библиотеките, станува центар за информации на заедницата која ја опслужува.
Новите техники и методи за истражување, пронаоѓања, чувања и пренесувања на
информациите често се менуваа во склад со новата и современа технологија и комуникација.
Најголемиот скок и напредок во библиотекарството се достигна со воведувањето на интерне-
тот и мрежните електронски комуникации со примена на комјутерите .18
Професионална компетентност
Постојат многу причини за задржување на професионалната компетентност. Пред се
заради тоа што знаењето брзо застарува, па професионалецот мора постојано да учи и да се
надоградува. Стручни тимови истражувале дека професионалнта компетентност станува се
потешка задача. Истражуваната покажале дека теориските знаења мора да се обноват за 5%, а
практичните знаења за 2% за да не дојде до полураспад на компетентността.19
Облици на континуирано образование
Без отстапки е прашањето дали библиотекарите треба да ги следат новостите и
промените, бидејќи тие се носители на овие промени. Така облици на континуирано обра-
зование може да бидат: обуките, курсеви, работилници семинарите, конференции, учење на
работното место, предавања презентации, и др. мораат да бидат дел од усовршувањето во оваа
струка и стекнување на нови вештини, знаења и нивна примена .
Гледајќи ги регионални искуства во библиотекарството по моја неформална оценка
темите кои се најинтересни и најзастапени секогаш се базираат во едукативната насока кај
библиотекарите. Главно се поврзани со начинот како најлесно да се дојде до достапност на
слободни е-извори и методот на нивно пребарување.
Така ни се наметнува темата колку ние библиотекарите знаеме за :
Извори за користење, проценка и вреднување, етика во комуникација, авторското право,20
достапност и линкови за базите на податоци др.
Извори за користење, проценка и вреднување21
Што тоа значи:
- Пронаоѓање квалитетни електронски библиографски извори, компјутерски програми,
мамтематички формули, речници, енциклопедии,
18 http://www.knjiznica-koprivnica.hr/zms_edukacija_knjiznicara.aspx
19 Профессионал должен учиться непрерывно, иначе – полураспад компетентности / С. А. Бражникова //
http://www.bgunb.ru
20 http://www.gkri.hr/Home.aspx?PageID=58
21 http://saturn.ffzg.hr/edukacijakorisnika/index.cgi?pregled_e_izvora_za_humanistiku
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
67
- пронаоѓање секојдневни потребни податоци, пронаоѓање на личности фирми
институции, општи реферални извори преку интернет.
- Пронаоѓање е-извори со слики, карти, статистички податоци,
- како и собирање, уредување, вреднување користење на пронајдените е-извори.
За сето ова ни е потребно:
Основно познавање за пребарување во базите на податоци, кои содржат записи за
документи, понекогаш и цели документи.
Да знаеме дека секој запис се состои од полиња на вреднување овие полиња ги
нарекуваме метаподатоци. Како да се обликува информациското прашање.
Основно познавање и начин на употреба на Булови оператори22
- Познавање и употреба на `Булови оператори кои се всушност логички сврзници, AND
( и), OR( или), NOT(не ) кои ги користиме за ги поврземе или одбереме поимите за
пребарување, да ги прошириме (ор) или да ги намалиме ( АНД, НОТ) ( AND NOT) и со
тоа да дојдеме до релевантните информации.
- употреба, кратење, и замена на знакови (букви) ( wil cards), се користи за да можеме да
ги обликуваме прашањата со зборови кои содржат непознати букви. Знаковите за
кратење и заменските знакови се користат на почетокот на изразот за пребарување. Во
некои бази може да се користат и на крајот од изразот за пребарување но тогаш таквото
кратење всушност го проширува пребарувањето. Најчест знак за кратење на зборот е
ѕвездичка *.
- Користење на загради, наводници и големи букви комбинирано со Буловите опрерато-
ри ги користиме во контрола на информацискиот прашалник ако темата е поопширна
со загради можеме да ги групираме изразите за пребарување.
Следно прашање кое најчесто ги интересира библиотекарите откако се разбира ќе ја
најдеме точната референца е, како точно да утврдиме постои ли некој текст во цел облик на
интернет. Некои збирки не се индексирани на Google i Google Scholar, па така можно нешто да
најдеме но Google, но нема да го најдеме. Katalog Google i Google Scholar (обично ќе ни бара
упишување на точен наслов на темата и мора да се стави во наводници).
Scientific Commons
OpenDOAR
SSRN - Social Science Research Network
Бидејќи библиотеките се главните поддржувачи на образованието должни сме да биде-
ме информирани и обучени за користење на отворените образовни ресурси. Овие образовни
ресурси користат различни материјали како учебници, работни вежбанки, прирачници,
речници, научна литература, каталози, дигиталини бази на содржини и податоци. Овие ресурси
всужност содржат сè што може да се користи во учењето и истражување и надградбата во
животот на секој поединец. Ризици за плагијат речиси да нема бидејки споделениот ресурс е
достапен на стручна проверка. Материјалот е квалитетен бидејќи е достапен и подложен на
проверка и критика од страна на стручни лица. Овие образовни ресурси и алатки се бесплатни
и можат без никаков надомест да се користат во секаков тип на едукација23.
Овде ќе ги препорачам повеќе корисни линкови од македонски јазично подрачје
кои се поддршка на учениците, а со нас библиотекарите се во сродна врска бидејќи
учениците и студентите се нашите најбројни корисници:
22http://www.drewsullivan.com/bos/lessons/lesson6x.htm
23 Отворени образовни ресурси /(автори Ирина Шумадиева, Сеад Џигал) – Скопје: Фондација
Метаморфозис,2012: стр.3 Водич на ИКТ на Метаморфозис бр.7
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
68
1. Бесплатни е-учебници на Македонски и Албански јазик
пр. http://www.e-ucebnici.mk
2. Веб сајтот дава алатки и содржини во сферата на математика, физика, хемија и
биологија
пр. http://www.skool.mk
3. Образовни курсеви од повеќе области, информатика, електротехника, физика, хемија,
дигитални системи, HTML и др.
пр. http://www.E-uciliste.com
Во најскоро време дури и некој социјални мрежи како You Tube, имаат едукативни
клипови со цели презентации пр: Кочо С.Рацин
http://www.youtube.com/watch?v=Mnr4QPv3QOg
You Tube –Primaru & Secandary education; поставени се решени задачи по математика,
обиди и објаснети лекции по хемија или физика.
пр.
http://www.youtube.com/watch?v=5gqG8sdVJZc&list=TLfxOCz6b5re99rth3t7OT8GenUnApR
QaG
Примери на корисни линкови веб страни од англиско говорно подрачје се :
1. Онлајн-база на едукативни алатки и ресурси :
http://oedb.org/library/features/80-oer-tools
2. Видео база на едукативни материјали од сите научни области :
http://www.khanacademy.org/#browse
3. Онлајн - база на едукативни материјали :
http://catalog.flatworldknowledge.com
4. Онлајн –база на програми и материјали на МИТ Tehnologija (Massachusetts Institute of
Tehnology ) http://ocw.mit.edu/index.htm
5. База на класични литературни дела :
http://www.classicreader.com
6. Мултимедијална база на едукативни материјали :
http://www.merlot.org/merlot/index.htm
7. Проект отворена библиотека :
http://openliblaru.org
8. Онлајн - архива на ресурси
http://www.arhive.org
9. Александриска архива е база на материјали и електронски публикации во сверата на
археологија и сродните истражувачки дисциплини
http://alexandriaarchive.org
10. Онлајн - архива на образовни курсеви
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
69
http://www.montereyinsititute.org/nroc
11. Веб-сајт на една од најважните заедници за едукативен софтвер:
http://sakaiproject.org
Слободена достапност на електронски книги е овозможено на овие сајтови:
Google Books
The Open Library
HathiTrust Digital Library
OAPEN (Open Access Publishing in European Networks)
PsycBOOKS (APA)
E-DUKE BOOKS SCHOLARLY COLLECTION
Ова се само куси прегледи на можностите и новостите кои ни ги овозможува интер-
нетот и базите на податоци за можности на користење на отворените образовни ресурси.
Заклучок
Следејќи ги позитивните светски искуства мора да се превземе некоја рамка - став за
перманетна едукација на библиотекарите за да можат да го следат развојот и состојбата на
општите трендови и специфичните проблеми во информациското библиотекарство.
Идејата е да се изнајде поддршка во одлучувањето на преоритетот за едукација. Без
отстапки е прашањето дали библиотекарите треба да ги следат новостите и промените, бидејќи
тие се носители на овие промени.
Така облици на континуирано образование може да бидат: обуките, курсеви, работил-
ници, семинари, конференции, учење на работното место, предавања презентации, и др. Биб-
лиотекарите мораат да бидат дел од усовршувањто во оваа струка и стекнување на нови
вештини, знаења и нивна примена. Само така ќе го надополнуваат и осовременат својот развој
во нивниата професија.
ЛИТЕРУРА :
1. ALA's core competences of librarianship. Final version. URL:
http://www.ala.org/ala/educationcareers/careers/corecomp/finalcorecompstat09.pdf
2. http://eprints.rclis.org/6801/
3. http://www.knjiznica-koprivnica.hr/zms_edukacija_knjiznicara.aspx
4. ALA's core competences of librarianship. Final version.
URL:http://www.ala.org/ala/educationcareers/careers/corecomp/finalcorecompstat09.pdf 5.
http://www.metamorphosis.org.mk/
5. Отворени образовни ресурси /(автори Ирина Шумадиева, Сеад Џигал) – Скопје:
Фондација Метаморфозис,2012: стр.3 Водич на ИКТ на Метаморфозис бр.7
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
70
Отворените образовни ресурси – значајна алатка за подобро
образование
Во Универзалната декларација за човекови права (член 26.1) наведено е дека: „Секој
има право на образование“.
Уште од своето основање во 2004 година, Фондацијата Метаморфозис реализираше
бројни проекти поврзани со развојот на информатичкото општество базирано на знаење како
средство за унапредување на целокупното општество и економија во Македонија и регионот.
Во 2012 година Метаморфозис почна со реализација на проектот Отворени образовни ресурси,
чија цел е да се влијае на подигање на свеста и капацитетот на академската и научната јавност
за создавање и користење на отворени образовни ресурси во Република Македонија.
Накратко, отворени образовни ресурси (ООР) се образовни средства и содржини кои се
слободни за употреба. ООР се слободни и за дистрибуција врз претходно дефинирани
сопственички права кои промовираат слободна дистрибуција и го овозможуваат умножува-
њето на овие алатки.
Проблемите кои се пројавуваат во користењето на образовните ресурси (ОР) главно се
однесуваат на ограниченоста во нивната употреба. Токму на оваа линија функционираат ООР
кои ги подразбираат образовните средства како „јавно и заедничко добро“. Во попрактична
смисла ООР подразбираат „дигитализирани материјали кои се понудени за слободна употреба
од страна на образовниот кадар, студентите и самоуките поединци или групи, за настава,
учење и истражувања“.
Отворените образовни ресурси се многу важни со цел образовните материјали да бидат
лесно достапни, како за учениците, така и за наставниците, а знаењето да биде на дофат за
секој кој има потреба од него.
Минатата година, Метаморфозис издаде 3 публикации: водичот „Отворени образовни
ресурси“24 кој има за цел запознавање со концептот отворени образовни ресурси и сродните
иницијативи, состојбата во Македонија, примери и добри практики од нивната примена во
светот, како и препораки за нивниот развој во иднина. Понатаму, испечатен беше леток25 кој
содржи корисни информации за тоа што се отворените образовни ресурси, зошто да се
користат и кои се нивните цели, информации за авторските права и отворениот пристап, а
испечатен беше и постер26. Во првата година од проектот е изработен и официјален веб-сајт на
проектот, www.oer.mk кој служи како ресурсен центар за споделување на најновите вести,
изданија, ресурси, како и поимник за основните поими поврзани со отворените образовни
ресурси.
Во рамките на проектот изработени се 3 видеа кои претставуваат кратки анимирани
приказни, во кои се илустрираат интересни факти кои треба да се јавно достапни за сите преку
системот на отворени образовни ресурси. Видеата имаат за цел да ги поттикнат луѓето кон
отворено образование и да го споделат знаењето.
Во 2013 година, целта на Метаморфозис е да создаде средина за прифаќање на
Париската декларација за отворени образовни ресурси 2012 на УНЕСКО во Република
Македонија, со што ќе се овозможи унапредување на концептот за отворено образование.
24 Водич „Отворени образовни ресурси“ http://metamorphosis.org.mk/mk/izdanija-
resursi/doc_download/121----7---
25 Леток: Отворени образовни ресурси
http://cc.org.mk/index.php?option=com_docman&task=doc_download&gid=400&&Itemid=32
26 Постер: Отворени образовни ресурси
http://cc.org.mk/index.php?option=com_docman&task=doc_download&gid=402&&Itemid=32
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
71
Современите услуги и сервиси на библиотеките во Република
Македонија
Блага Спиридонова – виш библиотекар
Национална установа Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“, Штип
Апстракт
Библиотечната работа е: информација (оние кои создаваат знаење, односно инфор-
мации), корисник (оние кои ги користат тие информации, знаења) и услуги помеѓу нив со
настојување оваа размена да ја изврши што поуспешно. Но, со воведувањето на современата
технологија во работата на библиотеките ќе се придружи на претходните и технологијата за
што поуспешна, побрза и поефикасна трансакција помеѓу информацијата, корисникот и
услугата.
Клучни зборови: библиотекар, корисник, технологија, информација, современи
услуги.
Библиотеката обезбедува трајно и организирано комплетирање на библиотечните
фондови, нивна стручна обработка и откривање на нивните содржини со цел за пренесување
информации и задоволување на потребите на образованието, науката и научноистражувачката
работа, културата и другите сфери на општественото живеење.
Библиотеката е центар за информации кои обезбедуваат знаење и информации кои се
достапни на корисниците.
Преку библиотечниот материјал се шири образованието, трајно ги задоволува
културните потреби на работните луѓе и граѓани, придонесува за унапредување на стручната,
научноистражувачката работа и развојот на образованието, културата, науката, стопанството и
други дејности. Оваа дејност опфаќа набавка, чување, обработување и давање на користење
библиотечен материјал, како и прибирање, обработка и презентирање на информации и
податоци за библиотечниот материјал.
Библиотекарството претставува: учење преку самостојно истражување, да поттикне
креативна продуктивност, иницијатива и внатрешна мотивација, збогатување и проширување
на знаењата.
Учење преку самостојно истражување: Брзите и непредвидливите технолошки
иновации бараат корелацијата помеѓу библиотекарот и корисникот во образовниот процес
целосно да се промени: од перспектива на оној со традиционални знаења и вештини до улогата
на некој кој знае како да планира, организираат и самоуправува со процесот на доживотно
учење.
Учење преку независно истражување е столбот на оваа практика што значи дека тој е
во линија на современите образовни трендови и препораки за ефективно учење.
Креативна продуктивност е еден од основните вредности на современото општество
и се издвојува како една од главните цели на образованието. Дефинирањето на креативноста
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
72
наведува дека креативноста е намерно создавање на нови и оригинални производи кои се, исто
така, значајни, адаптивни, ги исполнуваат сите функционални или естетски критериуми.
Почитување на иницијативата на корисниците во процесот на учење и нивната
внатрешна мотивација ги става библиотекарите во позиција на носители на образовниот
процес.
Активности кои даваат можност библиотеката да понуди нешто на сметка на
внатрешната мотивација. Библиотекарите нудат подучување на корисниците што придоне-
сува за подобрување на учењето како и проширување и збогатување на знаењата.
Библиотеките се центар на истражување, за образовни насоки, плодна почва за комуни-
кација и создавање, квалитет, креативност и идеи.
Улогата на библиотекарите не се состои само од обезбедување на книги за корисникот,
туку во обезбедување пристап до информацијата. Принципот на универзалното обезбедување
на публикации се заменува со принципот универзална достапност до информацијата. Библио-
текарите мора и самите да владеат со новите знаења како би можеле на корисниците да им ги
пружат новите облици до информациите.
Библиотекарите не многу брзо ги прифатија и ги применуваат оние современи услуги и
сервиси за кои веруваат дека можат да ги прошират и подобрат библиотекарските услуги.
Ова видоизменување ја прифати информациската технологија, стратегија и менаџмен-
тот на информатичките системи како главни движечки сили за натамошното работење на
библиотеките.
Библиотеките се отворени кон потребите на корисниците и постојано бараат можности
за прилагодување кон корисниците. Корисниците имаат потреба за добивање на дел од
раритетните материјали, некои имаат потреба од целосен, архивски и друг вид на ограничен
материјал. Моменталната заштита ја нема перспективата на долга употреба. Дигитализацијата,
како современ тренд, но и потреба, ги содржи во себе истите проблеми.
Има и голем број електронски информации складирано, меѓутоа треба да се обезбеди
подобар систем на истражување, анализа и инпут на информации. Потребни се и лаборатории
за конзервација и репрографика и микро-читање. Добрата информатичка технологија е најваж-
на за истражувањата, обуките и комуникацијата со податоците и трансферот. Одделот го
проширува пристапот до Интернетот со широко користење на e-mail и бази на податоци.
Современиот начин на живеење и комуницирање е условен од динамичниот начин на
комуникација во секојдневниот живот, но и во науката и образованието. Стремејќи се кон
поголема стандардизација, ефикасност, точност и брзина во манипулирањето со библиотеч-
ните фондови, да го подобриме менаџментот, намалиме трошоците и да понудиме нови,
современи библиотечни услуги библиотеките во Република Македонија ја избраа платформата
COBISS-Кооперативен онлајн библиографски систем и сервис. Библиотечно-информацискиот
систем врз платформата COBISS заеднички го обликуваат библиотечно-информацискиот
сервис и библиотеките кои учествуваат во системот на заемна каталогизација.
COBISS претставува организациски модел на поврзување на библиотеките во библио-
течно-информациски систем со заемна каталогизација, заемна библиографско-каталошка база
на податоци COBIB и локални бази на податоци на библиотеките учеснички, база на податоци
за библиотеките COLIB, нормативна база на податоци CONOR, како и бројни други функции.
Стручните основи и технолошките претпоставки за функционирање на системот се: стандар-
дизирана и заемна обработка на библиотечната граѓа и воедначено водење на каталозите и
библиографиите; соодветна оспособеност на стручните работници за заемна каталогизација;
компјутерска и комуникациска поврзаност на библиотеките.
Формиран е Центар на Виртуелна библиотека на Македонија (ВБМ) со задачи за
планирање и координирање на активностите за компјутерско поврзување на библиотеките во
Република Македонија; обезбедување и одржување на заедничките компјутерски и комуника-
циски капацитети за работа на системот и централните сервиси; управување со заемната
библиографско-каталошка база на податоци COBIB.MK; обезбедување на програмската
поддршка COBISS и корисничка документација за заемната каталогизација, локалното
библиотечно работење и други сервиси за сите членки на COBISS.MK; стручна помош на
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
73
библиотеките при набавка, инсталирање и одржување на компјутерската опрема; обука и
стручна помош на библиотеките и другите корисници на програмската поддршка и сервис
COBISS.МК; утврдување на оспособеноста на стручните библиотечни работници за учество во
заемната каталогизација (во соработка со националната библиотека); овозможување пристап
до странски информациски сервиси и бази на податоци за потребите на библиотеките и
другите корисници; стручна помош на библиотеките при конверзија и пренос на податоци од
други системи.
COBISS/OPAC е веб-апликација која на библиотекарите и на крајните корисници им
овозможува пристап до: библиографско-каталошките бази на податоци во системот COBISS
(COBIB и локалните бази на податоци на библиотеките); до другите бази на податоци COBISS
(COLIB, CORES, CONOR, ELINKS, SGC); до специјализираните бази на податоци (на
домашни и странски производители), на серверот на библиотечно-информацискиот сервис; до
базите на податоци на оддалечените сервери Z39.50. Пристапите до странските бази на
податоци се уредуваат со конзорциски договори меѓу библиотечно-информацискиот сервис и
понудувачите на базите на податоци, додека некои бази, пак, се достапни без ограничувања.
Преку оваа апликација може да се види: преглед на зајмена граѓа, продолжување на рокот за
зајмување, резервација на граѓа, статистички податоци.
Други апликации кои можат да се користат за истражувачка работа библиографии
(персонални библиографии, библиографии на трудови) и E-CRIS.MK (Информацискиот систем
за истражувачка дејност во Македонија). E-CRIS.MK е развиена веб-апликација која
Институтот за информациски науки во Марибор (IZUM) ја има понудено бесплатно на
корисниците на апликациите COBISS. Цел е воспоставување евиденција на истражувачи и
установи, неопходна за следење и евалуација на резултатите од истражувањата реализирани во
рамките на повеќе национални библиотечно-информациски системи од мрежата COBISS.Net.
Националниот E-CRIS систем е поврзан со националниот библиотечно-информациски систем
COBISS и овозможува непосреден увид во биографските и библиографските податоци на
истражувачите и истражувачките организации. Националниот E-CRIS систем вклучува база на
податоци за истражувачи, истражувачки организации и оддели и истражувачки проекти.
Податоците во базата меѓусебно се поврзани и се внесени на македонски и англиски јазик.
Информацискиот систем за истражувачка дејност во Македонија го управува Нацио-
налната библиотека „Св.Климент Охридски“, која врши и функција на национален E-CRIS
центар. E-CRIS.МК е поврзан со информацискиот систем COBISS.MK, односно со неговата
библиографска база на податоци COBIB.MK, во која некои од македонските библиотеки веќе
креирале и библиографски записи за библиографии на истражувачите. Статистичките подато-
ци од 2012 година покажуваат дека се регистрирани 2 197 истражувачи, а 91 истражувачка
организација.
Библиотечно-информацискиот систем врз платформата COBISS заеднички го облику-
ваат библиотечно-информацискиот сервис и библиотеките кои учествуваат во системот на
заемна каталогизација. Од едно место пристап до информациите имаат повеќе од 40
библиотеки во Македонија, од тоа 300 линкови до е-извори, 360 000 книги, 126 000 статии, 11
200 списанија, 750 ЦД/ДВД.
На наведената технолошка платформа функционираше втората генерација на аплика-
тивната програмска поддршка COBISS2.
Веќе повеќе библиотеки во Р. Македонија работат на поновата технолошка платформа
на која функционира третата генерација на апликативната програмска поддршка COBISS3.
Базите на податоци содржат библиографски записи за различен вид граѓа (монографски
публикации, сериски публикации, интегрирачки извори, статии и други составни делови), за
потребите на водење персонални библиографии на автори и записи за изведени дела.
Како корисници на современите услуги и сервиси се јавува и понекоја рурална средина
преку Инфо-бус (НУ-УБ „Гоце Делчев“, Штип). Од 19-те рурални средини тој дава услуги за
Интернет приклучок од кои дел се ридско-планински, со тежок пристап. Инфо-бусот ги нуди
следните услуги: примоиздавање на книги, читање на дневниот печат и списанија, гледање на
ВХ-касети, обука за користење на компјутери и Интернет, предавања на разни теми од областа
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
74
на здравството, земјоделието, распишување на литературни конкурси и многу др. Овие услуги
се нудат бесплатно и од различни етнички и старосни групи.
Можеби и во други места и со други средства е направено доближување до ИТ техно-
логијата и користење на современите услуги и сервиси на руралните средини во Р. Македонија,
но тоа не се задоволувачки резултати.
Исто така, лицата со хендикеп многу малку ги користат современите услуги и сервиси.
И на оваа група население не е посветено доволно внимание.
Како заклучок, чувствувам дека е неопходно да се прошири образованието, посебно во
областа на постојано усовршување на библиотекари на полето на работа со корисници и нивно
едуцирање, на информатичката технологија, менаџментот на информации, во организирање на
информативните системи и менаџмент на бази на податоци, познавање на базите кои ни се на
располагање, продукција на информативни производи итн.
За да се успее потребно е:
Да се поттикне колективот да се вклучи во истражување за подобрување на
професионалните квалификации и да се здобие со најновите знаења;
Да се поттикне кадарот да учествува на конференции за знаења и работно
искуство;
Да се постигнат високи стандарди преку здобивање на знање, вештини и
позитивен став кон работата;
Да се поттикне пошироко користење на Интернетот за пристап до базите на
податоци или до web страници;
Да се промовираат заеднички истражувања, обуки и комуникација со податоци
и трансфер;
Да се обезбеди конзервација, репрографика и микро-читачки лаборатории.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
75
Давање стручна помош во изготвување документи
Ленче Т. Андоновска, виш библиотекар
Библиотекарство, нормативни акти
НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола
e-mail: lence.andonovska@yahoo.com
тел. 047/522-140; моб.тел. 071/664-330
ул. Дарвинова бр.8, Битола
Националната установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ –
Битола, по добивањето на дописот од Министерството за култура на Република Македонија за
усогласување на Правилникот за организација на работата и систематизација на работ-ните
места со Правилникот за соодветноста на видот на образованието и описот и пописот на
заедничките и посебните стручни звања во установите од областа на дејностите за заштита на
културното наследство веднаш пристапи кон превземање соодветни дејствија.
Откако беа направени прелиминарни разговори во нашата установа со раководниот
кадар, Претседателот на Библиотекарското здружение на Македонија, како единствена
асоцијација на фелата на библиотекари, предложи да се превземат активности во врска со
организацијата на библиотеките, како би можело заедно на ниво на Република Македонија да
се започне со заеднички активности.
Претседателот на БЗМ, Благој Николов, ги покани сите директори на библиотеките од
РМ на ден 12.02.2013 година да присуствуваат на состанок во НУБ „Св. Климент Охридски“ -
Скопје. На состанокот беа присутни голем број од директорите на библиотеките и библио-
текари од речиси сите библиотеки од Република Македонија, а беше присутен и претставник
од Министерството за култура, г-ѓа Магдалена Диковска, која го образложи Правилникот за
соодветноста на видот на образованието и описот и пописот на заедничките и посебните
стручни звања во установите од областа на дејностите за заштита на културно-то наследство.
На состанокот се водеше обемна и конструктивна дискусија и на крај се донесе заклучок да се
формира Работна група во која ќе учествуваат претставници од библиотеките од НУБ „Св.
Климент Охридски“ - Скопје, Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје, НУУБ „Св.
Климент Охридски“ - Битола, НУ - Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ - Штип и НУ -
Библиотека „Григор Прличев“ - Охрид. Секој претставник беше задолжен да изработи работна
верзија на стручно работно место, како пример при изготвувањето и на останатите стручни
работни места од Правилникот за организација на работата и систематизација на работните
места и истиот да биде усогласен со Правилникот за соодветноста на видот на образованието и
описот и пописот на заедничките и посебните стручни звања во установите од областа на
дејностите за заштита на културното наследство.
Потоа, на ден 20.02.2013 година, се одржа состанок на Работната група во НУБ „Св.
Климент Охридски“ - Скопје на која требаше да се презентира работна верзија на усогласен
Правилник. Седницата ја водеше претседателот на БЗМ г-дин Благој Николов, кој им се обрати
на присутните и ги запраша дали имаат изработено работна верзија како би изгледало едно
стручно работно место. Претставникот од НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, Ленче Т.
Андоновска го образложи изготвениот предлог за стручи работни места. Предлогот беше
едногласно прифатен од сите претставници и истиот беше поделен на сите присутни со
напомена за следниот состанок секој да изготви работна верзија на Правилникот.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
76
Последниот состанок на Работната група се одржа на ден 06.03.2013 година во НУ-УБ
„Гоце Делчев“ - Штип, каде беа сондирани мислењата од присутните претставници.
Претседателот на БЗМ ги поздрави присутните, им се заблагодари за нивното присуство и им
сè обрати со прашање кој од нив има изработен текст на Правилник кој би можел на овој
состанок да го презентира. Единствено со пречистен текст на Правилникот за системати-зација
на работата и опис и попис на работните места имаше од НУУБ „Св. Климент Охридски“ -
Битола. Повикана беше г-ѓа Ленче Андоновска како изготвувач да го презентира Правилникот
и истиот беше целосно образложен по сектори и работни места со имплементирани одредби од
Правилникот за соодветноста на видот на образованието и описот на заедничките и посебните
стручни звања, донесен од Министерството за култура на Република Македонија и применети
соодветните законски прописи од наведената област.
Се водеше конструктивна дискусија и притоа се донесе следниот заклучок:
Изготвениот Правилник за организација на работата и опис и попис на работните места да се
постави на WEB страната на БЗМ како би можеле сите библиотеки од Република Македонија
да го преземат истиот и да си го прилагодат според нивните потреби.
Заклучокот од седницата беше во целост реализиран и откако комплетно се изработи
Правилникот истиот беше поставен на WEB страната на БЗМ.
Потоа беше доставен до Министерството за култура во предвидениот рок, односно
заклучно до 31.03.2013 година, почитувајќи ги предвидените законските рокови.
Денес, на општо задоволство на сите библиотекари од Република Македонија, при-
фатен е усогласениот Правилник за организација на работата и систематизација на работ-ните
места со Правилникот за соодветноста на видот на образованието и описот и пописот на
заедничките и посебните стручни звања во установите од областа на дејностите за заш-тита на
културното наследство и во целост е спроведена постапката за негово донесување.
Со задоволство можам да констатирам дека во предвидениот рок е донесен Правил-
никот и им е пружена стручна помош на сите библиотеки од Република Македонија со
изготвувањето и ставањето на усогласениот Правилник на WEB страната на БЗМ, од каде
секоја библиотека можеше да си го прилагоди според своите потреби.
ЛИТЕРАТУРА:
1. Правилник за соодветноста на видот на образованието и описот и пописот на
заедничките и посебните стручни звања во установите од областа на дејностите за
заштита на културното наследство (Службен весник на РМ бр.11/2013);
2. Закон за библиотеките (Службен весник на РМ бр.66/04);
3. Закон за заштита на културното наследство (Службен весник на РМ бр.20/04).
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
77
Посета на Градската библиотека во Гетеборг
Силвана Јакимова, библиотекар
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“
Скопје
Апстракт
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје претставува мошне важен дел во
библиотечниот систем на Македонија и има исклучително значајна улога во јакнењето на
културните вредности на нашиот народ. Заради ова, постојаната комуникација и размена на
искуства со библиотеките од нашата држава, но и надвор од неа, се предуслов за успешно
работење и прогрес на библиотечната дејност. Од тие причини делегација составена од некол-
кумина библиотекари од нашата библиотека, на чело со директорот Бранко Цветковски, ја
посетија Градската библиотека во Гетеборг, Шведска. Стекнатите искуства и информациски
новини во работењето на оваа библиотека ќе се обидеме да ги вградиме во понатамошното
работење на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Abstract
The City Library „Braќa Miladinovci“ in Skopje represents very important part in the library
system of Macedonia and has got an extremely significant role in strengthening the cultural values of
Macedonian people. Because of this, constant communication and exchange of experiences among
libraries in Macedonia and outside Macedonia are precondition for successful working and progress
of library working. For this reason, a delegation consisted of several librarians from the City Library
„Braќa Miladinovci“ in Skopje and the Director of the library, Branko Cvetkoski, visited the City
Library in Gothenburg, Sweden. The acquired experiences and information novelties in the field of
library working will be applied in the future library working in the City Library „Braќa Miladinovci“
in Skopje.
Вовед
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во изминатиот период, во рамките на
своите постојни активности, соработува со библиотеките од нашата држава, но и со библио-
теките надвор од неа. Целта на ваквиот вид комуникација со другите библиотеки е
воспоставување библиотечна, информативна и културна соработка, размена и подарување на
книги, реализирање на заеднички промоции на книги. Сето ова е со цел да се изврши
меѓусебна размена на информации и искуства од областа на библиотечното работење.
Согледувајќи ги знаењата и новите библиотечно-информациски новини, посебно преку оства-
рената соработка со библиотеките надвор од нашата земја, го шириме, збогатуваме и развиваме
опсегот на библиотечната дејност.
Посета на Гетеборг
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ оствари соработка со Градската библиоте-
ка од Гетеборг (Шведска) и при тоа беше посетена од неколку библиотекари и поети од
Шведска. Како резултат на таа соработка г-н Бранко Цветковски, директор во Градската
библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје, Јулија Темелкова, раководител, Силвана Јакимова,
в.д. раководител, м-р Сузана Данаилова и м-р Гордана Андреева ја посетија Градската
библиотека во Гетеборг, во периодот од 25-28 октомври 2012 година. Целта на оваа студиска
посета беше промоција на книгата „Тајни ветрови“ (Hemliga vindar) и запознавање со
работењето во Градската библиотека во Гетеборг, која брои 25 библиотеки во целиот град.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
78
Првиот ден по пристигнувањето (25.10.2013) ја посетивме библиотеката „300 м2“, која
се наоѓа во центарот на Гетеборг и има 8 вработени библиотекари. Благодарение на поволната
местоположба, фреквенцијата на посетители во оваа библиотека е огромна. Читателите во оваа
библиотека имаат отворен пристап до книгите, кои можат да ги резервираат по електронски
пат, можат да користат безжичен Интернет на сопствен компјутер или компјутери од
библиотеката. Библиотеката располага со литература на повеќе светски јазици и читателите ги
имаат сите поволности, како што е бесплатно членство, изнајмување филмови и книги во
дигитална форма, користење на просторот во библиотеката за учење. Посебни импресии
имавме од посетата на библиотеката „Вестра Фролунда“, во предградие на Гетеборг.
Библиотеката располага со богат фонд на книги на повеќе светски јазици и со книги на
македонски јазик, за потребите на нашите Македонци кои живеат и работат во Гетеборг. Во
оваа библиотека се одржуваат најразлични бесплатни обуки и предавања за читателите. Во
моментот на нашата посета се одржуваше курс за користење на Интернет и компјутери, за
повозрасни лица. Во оваа библиотека се набавуваат книги на преку 50 јазици, зависно од тоа
какви и колку се бараат од страна на читателите. На наше особено задоволство ни беше
претставен одделот за книги и филмови наменети за лица со дислексија и проблеми со видот.
Лицата со дислексија кои имаат тешкотии во разбирањето на буквите и зборовите, а со самото
тоа и тешкотии во читањето, со што им се отежнува образованието, овде имаат посебни
привилегии. Со цел да им се помогне на овие лица, им се обезбедуваат книги со соодветен
фонт кои полесно ќе можат да ги читаат и да го разбираат текстот. Исто така, овозможено им е
читање на книгите (слушање) во форма на аудио снимка, во катче кое е приспособено за нив.
Во оваа библиотека, исто така, постои катче за деца со посебни потреби, тука има литература
која е приспособена за овие деца, но исто така и за нивните родители, кои можат од
специјализираната литература повеќе да дознаат и да истражуваат за болеста на нивното дете.
Посебно важна за нас беше посетата на одделот за обработка на книжниот фонд, каде ни беше
презентиран начинот на обработка на книгите од набавка до самата дистрибуција до сите
библиотечни клонови низ градот. Нашата посета опфати и една детска библиотека, каде
членови се деца на возраст од 0-5 години. Тоа е простор специјално адаптиран за најмалите
членови на библиотеката, кои тука престојуваат заедно со своите родители. Целта и намерата
со која се организираат вакви простори е, пред сè децата да се навикнат уште од најмала
возраст своето слободно време да го поминуваат во библиотека. Овде библиотекарот заедно со
родителите е задолжен да организира забави и активности за децата, како што се на пример
читање на сликовници, куклени претстави итн. Целта е децата да се анимираат и да го
поминуваат времето во игра заедно со своите родители.
Следниот ден имавме посета на Стариот град, плоштадот на кралот Густав, за кој се
знае дека е основач на градот Гетеборг. Потоа следуваше посета на меѓународна библиотека,
која располага со богат фонд литература на повеќе светски јазици и библиотека за млади, која
поради реновирање на централната градска библиотека, привремено е сместена во Музејот на
градот. Библиотеката за млади располага со книжен фонд наменет за млади на возраст од 15-25
години. Оваа библиотека располага со специјално адаптирани катчиња, каде може да се чита,
да се учи, да се играат компјутерски игри, шах, подиум каде младите кои се занимаваат со
музика можат да ги презентираат своите музички способности. Исто така, овде младите можат
да учат да компонираат, но и да земаат часови за убаво пишување. Во оваа библиотека младите
можат уште и да организираат средби и читања на разни теми, да организираат дискусии за
најчитаната книга во соодветниот месец, им се проектираат филмови, а за сите настани се
информираат преку web-страната на библиотеката и преку печатени информативни проспекти.
Во истата библиотека го посетивме и катчето каде беше сместена литература во која се пишува
за градот Гетеборг, каде младите доколку имаат потреба или ги интересира можат да видат
како се менувал изгледот на градот Гетеборг, каков бил животот во градот низ текот на
годините, а исто така можат да гледаат и филмови на истата тема. Со посетата на сите овие
библиотеки видовме дека во Шведска особено внимание се посветува на најмладите читатели,
а со тоа се инвестира во иднината. Тие се раководат според мотото дека ако успеат да ги
научат децата да го поминуваат времето во библиотека уште од најмала возраст, тогаш тие во
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
79
текот на целиот живот ќе ја имаат таа навика да читаат и да ги користат сите поволности што
им ги нуди библиотеката. Потоа следуваше кратка прошетка низ музејот на градот, ја
разгледавме музејската поставка, се запознавме со дел од шведската традиција и култура.
Промоција на поетскиот избор „Тајни ветрови“
Во просториите на Градскиот музеј во Гетеборг (27 октомври, 2012) се одржа промо-
ција на книгата „Тајни ветрови“ (Hemliga vindar), избор поезија од истакнатите македонски
поети Бранко Цветкоски, Братислав Димитровски и Славе Ѓорго Димоски. Промоцијата ја
организираше Градската библиотека во Гетеборг и Градската библиотека „Браќа Миладинов-
ци“. Промотори на книгата беа нашите домаќини Малин Андерсон и Ивица Челиковиќ, кој
истовремено е и преведувач на збирката на шведски јазик. Поздравен говор одржа и
директорот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ г-н Бранко Цветкоски, кој истовре-
мено и читаше поезија на македонски јазик, а шведскиот поет Кенет Клемец читаше дел од
преведените песни на шведски јазик. Во рамките на овој културен настан директорот на
библиотеката „Браќа Миладиновци“ - Скопје, ја претстави едицијата „130 тома македонска
книжевност“, при што комплет од оваа едиција беше подарен на Градската библиотека во
Гетеборг. Гости на промоцијата беа и членовите на македонското друштво „Гоце Делчев“ од
Гетеборг. Вистинско задоволство беше да се присуствува на еден ваков културен настан, каде
се промовираше македонската поезија надвор од нашата земја. Благодарение на овој превод на
македонската поезија на шведски јазик, ќе им се овозможи на шведските читатели и вљубени-
ци во поезијата да се запознаат подобро со нашата култура.
Македонското друштво „Гоце Делчев“ во Гетеборг е основано пред повеќе од четирие-
сеттина години и претставува промотор на македонската култура, јазик и писмо. Друштвото
активно дејствува во повеќе области на културното, спортското и општественото живеење на
подрачјето на Гетеборг, со волонтерско ангажирање на членовите Македонци, вљубеници во
својата национална култура. Во чест на нашата посета и промоцијата која се одржа, членовите
на друштвото ни приредија свечен прием во своите простории. Со пригодна свеченост
продолжи промоцијата на македонско-шведското издание на книгата „Тајни ветрови“.
Друштвото располога со пригодни простории во кои се одржуваат разни забави, сала која што
ја користат членовите на играорното друштво, сала за друштвени игри и библиотека.
Импресиите од нашата посета на Градската библиотека во Гетеборг се огромни, презадоволни
сме од гостопримството на нашите колеги библиотекари и од нашите сонародници од
македонското друштво „Гоце Делчев“. Целта ни е да ги подобриме условите и начините на
работење во нашите библиотеки и барем малку да се приближиме кон она што го видовме во
Градската библиотека во Гетеборг. Доколку се раководиме според девизата дека „сè што многу
и искрено се сака, тогаш тоа и ќе се оствари“, секако дека ќе ја оправдаме нашата посета и се
надеваме дека ова нема да биде крајот на нашата соработка.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 30 (2013), бр. 1-2
80
Одржан 14. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во
Неготино
На 25. 10. 2013 година, во Неготино се одржа 14. републички натпревар „Млади
библиотекари 2013“, организиран од Библиотекарското здружение на Македонија и Локална
библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино. На натпреварот зедоа учество 23 натпреварувачи
од основните училишта ширум државата. По поставените прашања од страна на тричлената
комисија во состав Благој Николов, Катерина Данаилова и Илија Захариев, учесниците
преминаа на одговорање на прашањата. Со најголем број освоени поени односно сите 170,
беше натпреварувачот Миа Ботинова Димитрова од ООУ „Блаже Конески“ - Велес која ја
освои и I награда на натпреварот, додека за II и III награда две натпреварувачки имаа ист број
на поени - 157. По усното испрашување второнаградена беше Јована Јовановска од ОУ „Крсте
Мисирков“ од Куманово и III награда ѝ беше доделена на Александра Шијаковска од ООУ
„Страшо Пинџур“ од Неготино.
На сите учесници на натпреварот и на нивните ментори им беа доделени
Благодарници и по една книга.
Овој број на списанието „Библиотекарство“ е печатен од сопствени средства на
Библиотекарското здружение на Македонија.