Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
1
Po~ituvani,
Најсрдечно ве информираме дека и покрај финансиските тешкотии,
списанието „Библиотекарство“ континуирано излегува од печат.
Пред вас е најновиот број исполнет со разновидни содржини од
библиотекарската теорија и практика со надеж дека ќе ги исполни вашите
очекувања, желби и потреби за нови сознанија од областа на
библиотекарството.
Редакцискиот одбор на списанието „Бибиотекарство“ ги разгледа
пристигнатите текстови и го оформи истото содржински и тематски.
Редакцискиот одбор ги поканува и понатаму сите заинтере- сирани
автори и колеги од областа на библиотекарството активно да
придонесуваат за збогатување на содржините на списанието
„Библиотекарство“.
Од Редакцијата
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
2
SODR@INA
ПОТРЕБА ОД ЗАБРЗАНА ТРАНСФОРМАЦИЈА ........................................................... 3
КОНФЕРЕНЦИЈА „УЛОГАТА НА БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ИНФОРМАЦИСКОТО
ОПШТЕСТВО БАЗИРАНО ВРЗ ЗНАЕЊЕ“ ...................................................................... 6
КОН ДВЕТЕ ПРОМОЦИИ НА ПУБЛИКАЦИЈАТА БИОБИБЛИОГРАФИЈА
– БОРКО ЛАЗЕСКИ ............................................................................................................. 9
НА ПАТ КОН ИСПОЛНУВАЊЕ НА СВОЈАТА МИСИЈА .......................................... 11
65 ГОДИНИ СВЕТИЛНИК НА ПРИЛЕПСКАТА КУЛТУРА ...................................... 14
PROFESIONALNA ETIKA NA BIBLIOTEKARITE .................................. 16
БИБЛИОТЕКАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ ПРОЕКТ:
„КРЕАТИВНИ УМОВИ СОЗДАВААТ МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА“ ......................... 19
МОДЕРНИ КОНЦЕПЦИИ ЗА ДОБРА УСЛУГА НА ЛОКАЛНАТА УСТАНОВА
БИБЛИОТЕКА „БЛАГОЈ ЈАНКОВ МУЧЕТО“, СТРУМИЦА, 2011 ............................ 25
НЕДЕЛА НА ОТВОРЕН ПРИСТАП ................................................................................ 33
ФОРМИРАЊЕ НА ПРВИТЕ БИБЛИОТЕКИ СО ЧИТАЛНИЦИ ВО ШТИП ............ 38
ОДДЕЛ ЗА РОДНОКРАЈНА ДЕЈНОСТ, ЗБИРКА ДОКТОРСКИ ДИСЕРТАЦИИ
И МАГИСТЕРСКИ ТРУДОВИ ......................................................................................... 42
СО „ОПШТИНСКИ УДАР“ ДО ЗАСЛУЖЕНОТО МЕСТО
ВО МАКЕДОНСКАТА ДРАМАТУРГИЈА ..................................................................... 48
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
3
УДК 027(497.7)
ПОТРЕБА ОД ЗАБРЗАНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Дали традиционалната библиотека е пред колапс?
м-р Елизабета Трпческа Петрушевска, виш библиотекар
Апстракт
Време е за промени, време е за трансформации. Заостанувањето може скапо да
чини. Умешноста на менаџерите во библиотеките е во изнаоѓањето брзи и соодветни
решенија со кои не само што ќе ги задржат своите корисници туку и ќе го зголемат нив-
ниот број. Библиотеките се свесни дека мора да имаат јасно поставена мисија и визија,
како и јасно поставени реални цели кон кои треба да се стремат за да ги остварат, како
и тоа дека сите тие мора да дејствуваат во еден интегриран систем во општеството.
Abstract
It is time for changes, it is time for transformations. Falling behind is too expensive.
The skillfulness of the library managers is in finding fast and adequate solutions which will
not only hold their users but increase their number, as well. Libraries are aware of their
mission, vision and their clear actual aims which they should aspire to fulfill as an integrated
practical system in society.
Улогата на библиотеките во општеството
Библиотеките и библиотекарството претставуваат значаен сегмент од културата
на едно општество и играат важна улога во градењето на личноста низ процесот на
образованието. Библиотеката овозможува лесна и глобална достапност до информации-
те, нивно пребарување и зачувување, како и брз трансфер на знаења. Тие му овозможу-
ваат на секој поединец пристап до широкиот и разновиден спектар на податоци, идеи,
мислења. Со самото тоа што овозможуваат пристап и заштита до материјалите со на-
ционална содржина, библиотеките претставуваат јавни информативни центри, кои
обезбедуваат афирмација и на националниот културен идентитет. Библиотеките имаат
важна улога во развојот и во градењето на едно демократско општество.
Поранешните библиотеки ги опишувавме како центри каде е складиран и орга-
низирано сместен библиотечниот материјал, а една од нивните главни улоги денес, а и
во иднина, е поттикнување на употреба на информациската и комуникациската техно-
логија за да се овозможи што поедноставен и побрз пристап до саканите податоци. Тоа
подразбира дека библиотеките треба да станат главни информациски центри, кои ќе ну-
дат широка понуда на услуги за своите корисници од различна интелектуална, образов-
на, социјална и возрасна структура. Во тој контекст зборува и M. Bandelin во својот
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
4
текст "Libraries and Google".1 Имено, тој укажува на фактот дека треба да се соочиме со
реалноста и да сфатиме дека нашите корисници повеќе го претпочитаат пребарувачот
Google и да пребаруваат седејќи дома крај компјутерот, отколку да дојдат да побараат
информации во библиотеките. Тоа, од своја страна, е многу разочарувачки факт за биб-
лиотеките. Треба да бидеме свесни дека Google секој ден е сè поголем и подобар, и не-
миновно, пред библиотекарите се поставуваат прашањата: „Каде е нивното место во
новонастанатите услови? Како ќе се соочиме со фактот дека библиотеките, во однос на
Google, го губат своето место како испорачувачи на информации? Што треба библиоте-
ките да преземат за да останат и понатаму релевантен фактор? Како можат референтни-
те служби во библиотеките и понатаму да имаат водечко место ако корисниците ги зао-
биколуваат? Што треба да направиме за да биде атрактивна за пребарување веб-страни-
цата на библиотеката?“ Денес постојат повеќе места и начини на кои корисниците ги
задоволуваат своите потреби за одредени информации. Тоа е основната причина зошто
библиотеките треба да направат чекор напред и да прераснат во главни информативни
центри и да го повратат стариот имиџ на „места каде се складирани целокупните умст-
вени достигнувања на човештвото“, а со тоа, не само што нема да ги губат членовите
туку и бројот на корисниците ќе биде во подем.
Потребата од трансформација – императив
За да одговорат на новите барања на корисниците, библиотеките мора да претр-
пат трансформација. Тоа подразбира прифаќање одредени промени во структурата на
библиотечниот фонд и натамошно осовременување на начинот на нивната работа. Ме-
ѓутоа, и покрај тоа што библиотеките се трудат да чекорат напред со времето, тие пер-
манентно се соочуваат со сè поголем број тешкотии. Тоа се проблеми од финансиска
природа, намалувањето на бројот на корисници-членови на библиотеките, намалување
на бројот на циркулации, намалување на бројот на референтни трансакции. Се поставу-
ваат прашањата: „Дали се ближи крај на библиотеките? Дали традиционалната библио-
тека е пред колапс и ќе остане само како споменик на културата? Дали библиотеките ќе
бидат неми набљудувачи отстрана или ќе преземат некои чекори за да го променат сето
ова?“
Брзиот развој на науката и на технологијата, а паралелно на тоа, и немерливо бр-
зиот прираст на информации, доведуваат до значајна промена на улогата и на позиција-
та на библиотеките, а со самото тоа, им се наметнуваат и посложени обврски и задачи.
Доаѓа до процес на трансформација на библиотеките од класични библиотеки, чија
главна задача е позајмувањето книги, во библиотеки како современи информациски
сервиси, кои нудат брз и слободен пристап до информациите. Трансформацијата на би-
блиотеките треба да е во согласност со потребите што ги наметнува времето, како и со
новите, поинакви барања на корисниците. Од секоја современа библиотека се очекува
успешно да ја извршува својата образовна, културна и, особено, информативна улога во
општеството. Библиотеките, како информативни сервиси, треба да бидат центри, однос-
но медиум преку кој корисниците ќе дојдат до саканата информација.
Во овој период на т.н. дигитална ера, голем дел од потребните информации мо-
же да ги пронајдеме на Интернет или во дигитална форма, со што ни се наметнуваат
следниве прашања: „Каква улога ќе имаат традиционалните библиотеки во иднина?
1 Bandelin, Janis M.. Libraries and Google. // Reference & User Services Quarterly 47, 1(2007). EBSCO. URL:
http://www.ebsco.com (2008-08-31)
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
5
Можат ли нашите корисници, со помош на компјутер и на Интернет пребарувачите, да
ги задоволат сите свои потреби за информации?“ Овие размислувања се неточни и
опасни и како такви, претставуваат опасност за финансирањето и за егзистенцијата на
библиотеките. Треба да го прифатиме фактот дека дигиталните медиуми ќе го пронај-
дат своето место во општеството и ќе се вклопат во самите библиотеки, кои од своја ст-
рана, се во постојан развој. Можеби е сè помал бројот на прашања, кои ни ги поставува-
ат нашите корисници, но тие прашања се сè подлабоки и покомплексни. Одговорите на
тие прашања не можат да се најдат со едноставно пребарување на Интернет, туку бара-
ат посистематско пребарување на библиотечниот фонд бидејќи не може сè да се најде
на Интернет. Библиотеките мора да ги следат и постојано да ги истражуваат реалните и
можните потреби на своите корисници и да настојуваат да ги задоволат. Денешната
библиотека треба да биде добар и достоен конкурент на другите културни установи и
да нуди подобри содржини, подобар и побрз пристап до бараните информации за да
може да го задржи интересот и да ја задоволи љубопитноста на своите корисници, со
крајна цел да придобие повеќе нови членови. Кадровската политика во целата оваа ра-
бота има примарно место. Библиотекарот е човек кој доживотно учи и се усовршува.
Пред него сега се поставуваат уште потешки и посложени задачи, кои мора да ги реша-
ва во од.
Заклучок
Непобитен е фактот дека библиотеките се соочуваат со голем број проблеми. Со
појавата на телевизијата, се мислеше дека на радијата им дојде крајот. Но тоа не се слу-
чи. Слично е и со библиотеките. Со појавата на Интернетот, светот стана глобално се-
ло, па сепак, книгата уште долго ќе го има своето место во рацете. Меѓутоа, време е на
промени, време е на трансформации. Заостанувањето може скапо да чини. Умешноста
на менаџерите во библиотеките е во изнаоѓањето брзи и соодветни решенија со кои не
само што ќе ги задржат своите корисници туку и ќе го зголемат нивниот број. Библио-
теките се свесни дека мора да имаат јасно поставена мисија и визија, како и јасно пос-
тавени реални цели кон кои треба да се стремат за да ги остварат, како и тоа дека сите
тие мора да дејствуваат во еден интегриран систем, во кој максимално ќе се помагаат и
ќе се надополнуваат во својата секојдневна работа.
Литература:
Bandelin, Janis M.; Libraries and Google // Reference & User Services Quarterly 47, 1(2007). EBSCO URL:
http://www.ebsco.com (2008-08-31)
Brophy, P.; Biblioteka u dvadeset prvom veku: nove usluge za informaciono doba, Beograd: Clio, 2005. str. 13
Gorman, Michael; Postojana knjižnica: tehnologija, tradicija i potraga za ravnotežom,
Zagreb: HKD, 2006
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
6
УДК 004:773.5(496.5)(061.2)
КОНФЕРЕНЦИЈА
„УЛОГАТА НА БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ИНФОРМАЦИСКОТО
ОПШТЕСТВО БАЗИРАНО ВРЗ ЗНАЕЊЕ“
(2-3 декември 2010 г., Тирана, Албанија)
m-r Жаклина Ѓалевска, vi{ bibliotekar
На 2 и 3 декември 2010 година, во просториите на Албанската академија на на-
уки во Тирана, Албанија, беше одржана конференцијата „Улогата на библиотеките во
информациско општество базирано врз знаење“. Конференцијата беше организирана од
Друштвото на библиотекари на Албанија, а во организацијата учествуваа и Албанската
академија на науки и Институтот за информациски науки (ИЗУМ) од Марибор, Слове-
нија. Покровители на конференцијата беа албанската и словенечката национална коми-
сија на УНЕСКО. На конференцијата присуствуваа повеќе од 100 учесници од над 40
високообразовни и јавни библиотеки од Албанија, Министерството за туризам, култу-
ра, образование и спорт на Албанија, Друштвото на библиотекари на Косово и Мини-
стерството за образование и спорт на Косово.
Организаторите на конференцијата го искористија терминот на одржување за да
направат уште еден обид, но како што ќе се покаже, повторно неуспешен, да се воспос-
тави соработка помеѓу Националната библиотека на Албанија и ИЗУМ со цел да се вк-
лучат и библиотеките од Албанија во регионалната библиотечно-информациска мрежа
COBISS.Net.
Kонференцијата започна со поздравните говори на Гудар Беќирај, претседателот
на Албанската академија на науки, и на Даворин Сеничар, привремениот вршител на
должност од Амбасадата на Република Словенија. Потоа Тефта Бузо, претседателката
на Друштвото на библиотекари на Албанија, даде осврт на состојбата на библиотеките
во Албанија и на развојните предизвици што им претстојат при вклучувањето во свет-
ските библиотечни текови.
Особено внимание кај присутните предизвика презентацијата на Томаж Селјак,
директорот на ИЗУМ, кој го претстави организацискиот модел на системот COBISS и
на регионалната мрежа COBISS.Net и ја истакна водечката улога на националните биб-
лиотеки во воспоставувањето на националните библиотечно-информациски системи
COBISS. Меѓу другото, на присутните им ги претстави и досегашните обиди на ИЗУМ
за воспоставување соработка со Националната библиотека на Албанија, со цел потпи-
шување на Спогодбата за вклучување на библиотеките од Албанија во регионалната
мрежа на библиотечни системи COBISS.Net. Потоа им ги претстави писмото од дирек-
торите на националните библиотеки на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Маке-
донија и Бугарија испратено до директорот на Националната библиотека на Албанија,
Аурел Пласари, од 24.11.2010 година, своето писмо до него од 1.12.2010 година и одго-
ворот на Пласари. Селјак истакна дека ставот на директорот на Националната библио-
тека на Албанија за прифаќање и за потпишување на Спогодбата за вклучување на би-
блиотеките во Албанија во слободниот проток на библиографски записи во мрежата
COBISS.Net е дека тоа би било еднакво на велепредавство, па затоа ја прочита Спогод-
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
7
бата, а преведувачите пред себе ги имаа официјалните преводи, и додаде дека присут-
ните сами можат да оценат какво велепредавство би било потпишувањето на таквата
спогодба. Презентацијата ја заврши со слајдот „Продолжување на соработката на
проектот COBISS.Net не е можно без Националната библиотека на Албанија“.
Следеа Душан Ханжуреј и Перо Шобот од ИЗУМ, кои ги претставија аплика-
циите COBISS за пристап до информациските извори и за автоматизација на библио-
течното работење. Беа претставени новата верзија на апликациите за автоматизација на
библиотечните процеси COBISS3, како и новата верзија на сегментот COBISS/OPAC
V6.0. По нив, Рајна Спахо од Албанската агенција за истражување, технологија и ино-
вации од Тирана даде осврт на информацискиот систем за истражувачката дејност на
Албанија E-CRIS.AL и на активностите што Агенцијата ги има преземено за развој на
овој систем од 2006 година. Последно излагање на првиот ден од конференцијата има-
ше Неки Фрашери од Албанската академија на науки, кој даде свои размислувања за
мрежно базираните истражувања.
По завршувањето на презентациите и на излагањата, се отвори дискусија во врс-
ка со реакцијата и со ставот на директорот на Националната библиотека на Албанија за
вклучување на Албанија во COBISS.Net, кажани на презентацијата на Томаж Селјак.
Беше поставено прашање од аудиториумот дали и во другите држави се сретнувале со
тешкотии при воведувањето на системот. На ова прашање одговори директорот на На-
родната библиотека на Србија, Сретен Угричиќ, кој ја истакна одлучувачката предност
на системот на заемна каталогизација поради можноста за преземање записи, и додаде
дека секаде во нашиот регион, како што изгледа, „неизбежни се и отпори на инертност,
традиционализам, нестручност и мистификација, страв од напредок и од соработка со
регионот и со светот. Трагикомична е забелешката на колегата Пласари за велепредав-
ство, бидејќи тогаш тоа би значело дека сите ние, кои веќе учествуваме во системот
COBISS.Net, сме предавници на своите земји. Напротив, ние правиме да сме од корист
на нашите корисници, на својата култура и наука, а дојдовме на колегите од Албанија
да им понудиме помош и соработка бидејќи тоа, пред сè, ќе им биде ним од полза“.
Следниот ден, првиот дел од конференцијата започна со излагањето на Франсоаз
Пеле, директорката на Меѓународниот ценар CIEPS-ISSN од Париз, која ги претстави
ISSN Регистарот и начинот на меѓународна регистрација на сериските публикации. По-
ради временските неприлики, кои ја спречија лично да присуствува на конференцијата,
претставувањето беше изведено преку телеконференциска врска. За Дигиталната биб-
лиотека на Словенија (dLib.SI) и за пристапот до дигиталните содржини говореше Лу-
ција Першин од Народната и универзитетска библиотека од Љубљана, а за набавката на
печатени и електронски извори преку конзорциски настап на библиотеките при склуч-
ување на договорите со комерцијалните понудувачи и за конзорциумите ЦТК говореше
Миро Пушник, директор на Централната техничка библиотека во Универзитетот во
Љубљана. Миранда Бакиаси од Академијата на уметностите од Тирана говореше за Ме-
ѓународниот конзорциум EIFL – Electronic Information for Libraries Direct – додека за
базите на податоци и сервиси ProQuest и за посебната понуда за Албанија говореше Ју-
лијан Херчиу, претставник на ProQuest за регионот на Југоисточна Европа. Последно
излагање во првиот дел од програмата на вториот ден од конференцијата беше излага-
њето на Малгожата Красовска од Thomson Reuters, која ги претстави индексите на ци-
тираност Web of Science и нивната употреба во истражувањето и во процесите на ева-
луација, исто така, изведено преку телеконференциска врска.
Во вториот дел, свои излагања за значењето, за придобивките и за резултатите
од соработката на библиотеките од: Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Црна
Гора, во регионалната мрежа COBISS.Net имаа Исмет Овчина, директор на Народната и
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
8
универзитетска библиотека на Босна и Херцеговина, Жаклина Ѓалевска, раководител на
националниот COBISS центар од Националната и универзитетска библиотека „Св. Кли-
мент Охридски“ во Скопје, Сретен Угричиќ, директор на Народната библиотека на Ср-
бија во Белград, и Јелена Ѓуровиќ, директорка на Централната народна библиотека
„Ѓурѓе Црнојевиќ“ на Цетиње.
Конференцијата ја заклучи Томаж Селјак, кој од името на сите што зедоа учест-
во на конференцијата, ги истакна желбата и подготвеноста за соработка со библиотеки-
те од Албанија, но дека истовремено и жали што таква подготвеност не постои од стра-
на на директорот на Националната библиотека на Албанија.
Сенка на конференцијата и на нејзиното значење, во смисла на размена на ис-
куства со другите библиотеки од регионот, фрлија настаните што се случија паралелно
со нејзиното одржување на вториот ден од конференцијата. Сè што беше кажано за вре-
ме на првиот ден во врска со намерите за воспоставување соработка со Националната
библиотека за вклучување на библиотеките од Албанија во мрежата COBISS.Net, ди-
ректорот Пласари го прогласи за напад врз Националната библиотека на Албанија, и
како реакција на тоа, свикал конференција за печат по која во голем број дневни весни-
ци беа објавени и статии за „нападот“ од страна на двајца странски државјани. Пласари
истовремено испратил и писмо адресирано до Државната разузнавачка служба, како и
до г-ѓа Ина Рама, државниот обвинител на Република Албанија, и до премиерот на Ре-
публика Албанија, г. Сали Бериша, во кое ги опишува настаните како опасност за Алба-
нија и за албанските библиотеки доколку се вклучат во регионалната мрежа
COBISS.Net. Сето ова предизвика значителна реакција, како во научните и библиотеч-
ните кругови така и во пошироката албанска јавност.
Повеќе за одржаната конференција, за нејзината програма, за презентациите и за
излагањата на неа, како и за настаните што произлегоа од реакцијата на директорот на
Националната библиотека на Албанија може да најдете и на домашната страница на
мрежата COBISS.Net (http://www.cobiss.net/), во прозорчето за Албанија, под наслов
„Актуелно во декември“.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
9
УДК 012(497.12)
КОН ДВЕТЕ ПРОМОЦИИ НА ПУБЛИКАЦИЈАТА
БИОБИБЛИОГРАФИЈА – БОРКО ЛАЗЕСКИ
д-р Наде Караџоска,
библиотекар-советник
„Уметникот е средиште на чувствата на својата земја, на својата класа, нејзиното
уво, око и срце, тој е глас на својата епоха.“
(Горки)
По повод 90 години од раѓањето на големиот уметник
Борко Лазески, ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“,
Прилеп, ја издаде Биобиблиографија – Борко Лазески, чиј
уредник е д-р Наде Караџоска
Ликовното творештво на овој наш уметник со светско
реноме е многу значајно за Р. Македонија, и поради тие при-
чини, работен тим на ЈОУ Градска библиотека „Борка
Талески“, Прилеп, со стручна помош од колешките при НУБ
„Св. Климент Охридски“, Скопје, ја изработи оваа публика-
ција.
Со излегувањето од печат на оваа публикација, биб-
лиографските единици се најдоа на едно место, а со тоа,
информациите се презентираа пред пошироката јавност.
Биографскиот дел од оваа публикација е застапен на
80 страници и претставува фактографски приказ на важните
моменти и циклуси од неговиот живот и од неговото творештво во најразлични перио-
ди. Неговата животна приказна е одраз на едно време, време во кое творел уметникот,
но тоа не завршува тука, бидејќи за уметникот се пишува и по неговата смрт.
Авторот, односно уредникот на оваа публикација, во нејзиниот завршен дел, од-
делува простор и за постхумниот дел во кој се објавени прилози по повод некои мани-
фестации и јубилеи поврзани со неговото дело.
Во библиографијата се вклучени монографски публикации, статии и прилози од
периодични и сериски публикации, репродукции, каталози, фотографии и др., издадени
во Р. Македонија и надвор од неа, од почетокот на творењето на авторот, до 2008 година.
Библиографијата е доста богата и содржи 1214 библиотечни единици и Регистар
на автори и аноними во кој се застапени имињата на лица, кои учествувале во творење-
то на содржините во вклучената библиотечна граѓа и која е подредена хронолошки.
Овој труд, како и многу други, не е целосно истражен, со што се остава простор
за понатамошно и посеопфатно дополнување.
Првата промоција на оваа публикација се одржа во неговиот роден град При-
леп, во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“, на 29 април 2010 г., а промотори беа
историчарките на уметност Марика Бочварова – Плавеска и Александра Зиновски – Ви-
лиќ од Скопје.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
10
Во своето обраќање пред присутните, историчарката на уметност Бочварова –
Плавеска потенцира дека „творештвото на овој уметник ги рефлектира пунктовите ин-
корпорирани во доживувањата на преобразбите на ликовниот свет во нашата средина
во педесеттите, но и во следните две декади. Во логиката на неговиот светоглед, тој
настојува да се дистанцира и да се растовари од идеолошките предрасуди (иако темите
се допираа до социјал-реалистичкиот дух), тврдејќи дека фокусот на неговата преоку-
пација е формата.
Интенцијата за промовирање на ликовната уметност што помасовно да навлезе
во фреквентните јавни места, како и напорот вложен во пробивот на модерната умет-
ност во втората половина на минатиот век, ја одредија релевантната позиција на слика-
рот Лазески во историјата на современата уметност во Македонија“.
Вториот промотор Александра Зиновски – Вилиќ ќе рече:
„Лазески, вљубениот во уметноста, и тоа не само ликовната, својата дарба и
талент ги пројавува и во поезијата, во свирењето на инструменти и во глумата.
Неговиот немирен дух, љубопитноста во работата, истражувањата, ќе го втурну-
ваат во разоткривањето на тајните на сликарството, и тоа како во стилот така и во тех-
никите, во темите, кои ги обработува.
Како автор на монументални дела, како автор, кој традицијата ја врзува со
модерните тенденции во уметноста, како уметник, кој повеќе години престојува надвор
од својата земја, Лазески ќе остави многу дела зад себе – цртежи, графики, темпери,
бројни изведени фрески, мозаици, витражи, книги полемики“.
Поради големиот интерес, кој го предизвика излегувањето на оваа публикација,
а на барање на неговите најблиски роднини и пријатели, но и љубители и познавачи на
неговото дело, втората промоција на оваа публикација се одржа во Скопје, градот во
кој живееше и твореше.
Промоцијата беше во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје, на 28.10.2010 г., а
промотор беше професорот и академски сликар Владимир Ѓеорѓиески, кој ќе рече:
„Сликарското дело на Борко Лазески стои на самиот врв на македонската современа
уметност и култура. Неговото ликовно творештво не е приказна, тоа не е нарација и
уште помалку, тоа не е нужноста на едно време. Неговото дело е слобода на неговата
творечка личност, и кога не се признава и почитува таквата слобода, тоа значи да се не-
гира вистината“.
Во сеќавање на големиот уметник зборуваа и ликовниот уметник Коле Манев,
како и филмскиот режисер Мето Петровски, кој за фреските и за муралите изработени
од Лазески, дома и надвор од нашата земја, има реализирано четири документарни фил-
мови, од кои два во Мексико.
Заедничко мислење на промоторите на оваа публикација е што таа претставува
богат и неисцрпен извор на информации, кои се од големо значење за почитувачите на
неговото ликовно творештво, но и воопшто, за македонската литература. Да се допре до
суштината на еден творечки опус, да се определат индивидуалните поттици, да се утвр-
дат просторните и временски инфлуенци, со еден збор, да се дефинираат еден автор и
едно време е тешка и комплексна задача, и затоа, овој труд е еден од ретките од ваков
вид, кој побуди голем интерес кај читателската публика, особено кај љубителите на ли-
ковната уметност.
Богатиот опус од репродукциите на уметникот, како и фотографиите од негови-
те семејни албуми, кои за првпат се објавуваат во оваа публикација, укажуваат на фак-
тот дека станува збор за релевантно богат научно-стручен труд.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
11
УДК 027.54:027.7(497.7)
НА ПАТ КОН ИСПОЛНУВАЊЕ НА СВОЈАТА МИСИЈА
НУ Библиотека „Гоце Делчев“, Штип, поминува во Национална установа –
Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“, Штип
м-р Вилма Јованова, виш библиотекар
Со одлука на Владата на РМ од
25.1.2011 год., Националната установа
библиотека „Гоце Делчев“, Штип, преми-
нува во Национална установа – Универзи-
тетска библиотека „Гоце Делчев“, Штип.
Основната функција како градска, библио-
теката ја задржува, а станува збор за про-
ширување на дејноста во универзитетска,
со додавање нови услуги и простории,
како што се: референтен центар, студент-
ска читалница, индивидуални читалници
за студенти, асистенти и професори и голем фонд книги за потребите на над 13.000 сту-
денти од регионот.
Во изминатите три години Библиотеката бележи многу активности, манифеста-
ции и успеси на планот на приближување на услугите кон корисниците, притоа, посто-
јано информирајќи ги за настаните на својата страница www.nubgdst.edu.mk, но и со ав-
томатизираното работење во целост. Целокупниот фонд на библиотеката е внесен во
базата записи во COBISS, со исклучок на мал процент од депозитно одделение, благо-
дарение на големиот број вработени, кои се обучени за професионално и стручно рабо-
тење на сите оддели. Можностите за давање услуги на детското одделение, во катчето
за мали од претшколска возраст, вклучувајќи и програми за работа со нив, во возрасни-
от оддел и во студентската читалница, придонесоа бројот на членови на Библиотеката
да надмине 4000. Инфобусот, нашата мобилна библиотека, единствена од таков вид во
Македонија, со над 4000 единици библиотечен фонд и 350 читатели, постојано опслу-
жува 14 села од општините Штип и Карбинци и приградски населби.
Како резултат на исклучително добра-
та соработка со Универзитетот „Гоце Дел-
чев“ во претходните 2 години се случија две
големи инвестиции – донации на Библиоте-
ката, со што беа извршени промена на ком-
плетната покривна конструкција и фасадира-
ње на целата библиотека. Тргнувајќи од фак-
тот дека целната група студенти, наши ко-
рисници на услугите се и студенти на УГД,
Библиотеката соработуваше и бараше заед-
нички решенија за излегување во пресрет на
нивните потреби, за што ректорот проф. д-р
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
12
Саша Митрев и Сенатот излегоа со позитивен став. Од страна на УГД беа донирани
компјутери за студентите, научна литература од издаваштвото на УГД, а Библиотеката
набави поголем фонд книги – учебници од професорите на повеќе факултети во Штип.
Како круна на добрата сорабока, која започна со издавање простор од Библиотеката на
УГД – целосно реновиран и адаптиран за потребите на Библиотеката на Универзитетот,
беше доделувањето на плакета на НУБ „Гоце Делчев“, Штип, од страна на ректорот
проф. д-р Саша Митрев за афирмација на Универзитетот и за придонес за развојот на
образованието и на науката.
Од голема чест за Библиотеката и осо-
бено за корисниците на стручна и научна лите-
ратура е донацијата на книги од страна на Вла-
дата на РМ согласно проектот 1000 наслови на
книги од познати светски универзитети. На по-
лиците во Библиотеката достапни се по 25
примероци од нив, можат да се изнајмат, да се
користат за различни потреби на студентите,
на асистентите и на професорите за нивната
надградба во контекст на заложбата за дожи-
вотно учење.
Последните 2 години се значајни и за
еден голем и единствен проект на Библиотека-
та и на Универзитетот, кои уште еднаш ја пот-
врдија споменатата соработка со УГД. Имено,
НУ Библиотека „Гоце Делчев“, Штип, и Уни-
верзитетот „Гоце Делчев“, Штип, добија дона-
ција 20.000 книги од фондацијата International
Book Project од Америка.
Книгите, освен за УГД и за Библиотека-
та во Штип, се дистрибуираат како подарок и
за библиотеките од регионот. Во таа листа се:
Пехчево, Берово, Делчево, Гевгелија, Кавадар-
ци, Радовиш, Кочани, Виница, Прилеп и Стру-
мица.
Се работи за повеќе од 7000 книги за
библиотеките од регионот, на англиски јазик,
од различен жанр, енциклопедии, сликовници,
книги за учење англиски јазик за читатели од
неанглиско говорно подрачје наменети за пот-
ребите на учениците во основните училишта,
средните училишта, факултетите. За постапка-
та за прием на пратката до Македонија се по-
грижи г-ѓа Билјана Костуранова, за што искрено се заблагодаруваме од името на сите
библиотеки во регионот. Дел од трошоците за транспорт ги покрива Библиотеката така
што помалите библиотеки од регионот не се подложени на никакви трошоци.
Позитивните промени и случувања на НУ Библиотека „Гоце Делчев“, Штип, не
останаа незабележени и од претставниците на Американската амбасада во Македонија,
кои ја посетија Библиотеката и иницираа заеднички активности. За почеток е една
многу значајна промоција на Библиотеката пред светскиот аудиториум на алумни чле-
нови. Г. Тим Лен, помошник за односи со јавност во соработка на Американската амба-
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
13
сада во Македонија со поранешната директорка м-р Вилма Јованова, која е и алумни
член, напиша текст во The Alumni Newsletter за Библиотеката, кој ја отсликува работата
врз база на искуствата од посетата на библиотеките во САД во 2008 година, применува-
ни во својата општина, што всушност е и основната мисија на алумни членовите.
(https://alumni.state.gov/uploads/e1/13/e113d42ccea3728bf978d92ed0752c84/NEWSLETTE
R.pdf). Во иднина се очекуваат интензивирање и проширување на таа соработка преку
Алумни асоцијацијата на Македонија и заеднички проекти, кои ќе го подигнат дигните-
тот на професијата библиотекар во Македонија по примерите на добра практика од Со-
единетите Американски Држави.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
14
УДК 027.022(497.7)“1945/2010“
65 ГОДИНИ СВЕТИЛНИК НА ПРИЛЕПСКАТА КУЛТУРА
(ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“, ПРИЛЕП)
Петар Петрески, директор
Минатата година, во периодот од 20.10. до 22.10.2010 г., беше прославен јубиле-
јот 65 години ЈОУ Градска библиотека Борка Талески, Прилеп. Во чест на ова големо
празнување, во Библиотеката се промовираа три мошне значајни публикации: Водич
низ ЈОУ Градска библиотека Борка Талески, Прилеп од д-р Наде Караџоска, Ката-
лог од изложбата на млади прилепски уметници - 65/15 и енциклопедискиот именик
Прилепчани, 19 век од м-р Славчо Ковилоски – сите во изданиe на Библиотеката.
Шеесет и пет години се долг период, не само за просечниот човечки живот туку
и за институција каква што е јавната општинска установа Градска библиотека Борка
Талески, Прилеп. Тоа е време исполнето со многу желби, надежи, стремежи, многу
труд и многу вредни резултати.
Формирана во далечната 1945 година и сместена во неадекватни просторни ус-
лови, со повеќе од оскуден книжен фонд и со неколку приучени библиотекари, таа из-
минативе години и децении израсна и се етаблира како едно од водечките културни из-
воришта и жаришта на Прилеп.
Инаку, почетоците на библиотекарството во овие краишта се поврзани со фор-
мирањето на библиотеки во нашите познати манастири какви што се манастирот Трес-
кавец, за кој Џинот, во една статија објавена во Цариградски весник од 1854г. тврди
дека во неговата библиотека имало 20 товари книги, манастирот Св. Никола во Слеп-
че, манастирот Св. Спас во Зрзе, манастирот Св. Никола во с. Манастир, Мариово, ка-
ко и Чебренскиот манастир, близу с. Чаниште, Мариово, кој бил уништен во виорот
на Балканските и на Првата светска војна. Податоци за активна библиотечна дејност во
овие манастири се среќаваат кај Никола Ганчев Еничерев (Во споменание и белеш-
ки) и кај Јован Хаџи Васиљевиќ (Прилеп и његова околина).
Во 19 век во Прилеп се чувствува значително заживување на трговијата и на за-
наетчиството. Надалеку познатиот прилепски панаѓур, кој се одржувал секоја година
од 1 до 15 август, бил вистинско огледало на тој економски напредок, место каде што
се мешале повеќе народи, јазици, култури, искуства и традиции.
Новоформираната граѓанска класа на Прилеп почувствувала и дошла до созна-
ние дека без образование и сопствена национална култура нема вистински напредок и
дека без нив не ќе може да застане рамо до рамо со другите европски народи. Тргнувај-
ќи од овие побуди, во 1843 год. е отворено првото училиште во Прилеп, а некоја година
подоцна, според едни, во 1867г., а според други извори, во 1869г., и првото читалиште
Надежда, кое, како што тврди Еничарев, станало ошт двигател на културниот живот
на Прилеп.
Библиотекарството во Прилеп меѓу двете Светски војни се карактеризира со
функционирањето на таканаречениот Народен дом, а додека во 1924 година е форми-
рана народна библиотека. Во 1933 г., Трговското здружение на Прилеп формирало
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
15
своја библиотека и читалница. Истата година почнала да дејствува и Трезвената ложа
со читалница со која извесно време раководел и Љубен Лапе.
За време на Втората светска војна, бугарските власти настојувале да го обно-
ват читалиштето Надежда за ширење на својата пропаганда, но на основачкото собра-
ние, младиот интелектуалец и револуционер, Борислав Петров Талески, студент по
медицина, предложил читалиштето, место името Надежда, да го носи името на славни-
от револуционер Гоце Делчев. Поради овие активности на Борка Талески, како и по-
ради големата љубов што ја негувал кон книгите, денес Градската библиотека во При-
леп го носи неговото име.
По ослободувањето, на 22 октомври 1945г. се формира денешната библиотека.
На почетокот го носела името на славниот руски писател Максим Горки и располагала
со околу 1000 книги. По повеќето селидби од еден во друг објект, (просториите зад сто-
ковната куќа НА-МА, просториите на Синдикатот, куќата на д-р Шајкар) конечно, во
1984 г. Библиотеката се стационира во едно од крилата на Домот за култура Марко
Цепенков, каде што се наоѓа и денес.
Библиотеката функционира во корисен простор од над илјада метри квадратни
и со книжно богатство од над 100.000 книги, со многу списанија, вредни и ретки рако-
писи, видеозаписи, фотографии. Со примената на најсовремените библиотечни
процеси, какви што се автоматската обработка на библиотечниот материјал и неговото
електронско пребарување, Библиотеката се преобрази во модерна установа од областа
на културата со ретко богата издавачка дејност и ретко богата лепеза организирани
настани: промоции, изложби, книжевни и библиотечни натпревари и други атрактивни
манифестации (Поетско Маркукуле).
Со преземените внатрешни ин-
тервенции во Библиотеката, со на-
бавката на најсовремени технички
средства, со проширувањето на спи-
сокот на услуги што им се нудат на
корисниците, со почетокот на дигита-
лизацијата и електронското зајмување
на книгите, иднината и судбината на
Библиотеката, ајде да речеме, ќе би-
дат доста интересни и извесни, тесно
поврзани со иднината и со судбината
на младата читателска популација
што доаѓа.
Добивањето на највисокото
општинско признание, Третоноем-
вриската награда на град Прилеп,
за Библиотеката и за нејзините
вработени претставува исклучителна чест и гордост, но истовремено и голема обврска
– да се надмине стореното, да се постигне недостигнатото, да се биде подобар од
подобрите. Навистина, предизвикот е голем, како што е голема и наградата. Но, од
друга страна, пак, ако нема предизвик, ако нема цел, ако нема вдахновение, нема
ништо.
За инает на ништото, да си продолжиме ние со започнатата работа...
Од прославата на јубилејот на Библиотеката
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
16
УДК 02:174(497.7)
PROFESIONALNA ETIKA NA BIBLIOTEKARITE
Аница Глигорова – Милева, библиотекар
Апстракт
Етичкиот кодекс ги поддржува позитивните индивидуални и професионални
вредности и однесување на вработените во библиотеките што доведуваат до поквали-
тетно работење и до задоволување на различните барања и афинитети на корисниците.
Етичкиот кодекс треба да ги поттикне вработените во библиотеките да се раководат од
лични и морални вредности.
Abstract
The Ethical codex supports the positive individual and professional values and
behavior of the employees in the libraries which in turn brings quality of service improvement
and user’s satisfaction in accordance with their different requirements and affinities. The
ethical codex must motivate employees in the libraries to observe the personal and moral
values.
Професионалната етика е кодекс на однесување во кој принципите на права,
должности и обврски во професијата се обидуваат да го регулираат однесувањето на
своите вработени и паралелно преку тој морален концепт, се одразуваат и вредностите,
кои се интегрирани и прифатени од заедницата. Заради зачувување на достоинството на
професијата и развивање и унапредување на моралните вредности, треба да се едуцира-
ат вработените со всадување добра работна етика, почит и способност за тимска работа
каде индивидуалноста, личните вештини и претходни знаења се надополнувааат во ед-
но. ,,Етичкиот кодекс на библиотекарите обично се донесува во рамките на професио-
налните асоцијации на библиотекарите, кои функционираат обединети во Меѓународ-
ната федерација на библиотечни асоцијации (IFLA), со силно изразен капацитет да про-
пишува стандарди, да утврдува препораки“ (Најдов,2007:50).
Американската библиотекарска асоцијација го има донесено својот прв етички
кодекс во 1939 година, и тој, со текот на времето, бил дополнуван и осовременуван. По-
крај етичкиот кодекс, постојат и голем број слични документи, како на пр., Декларација
за слободно читање. Во Велика Британија, библиотекарите во 1983 година го донеле
својот етички кодекс Кодекс за професионално однесување. Здружението на францу-
ските библиотекари во 1984 година го составило документот Мисија, обврски и права
на библиотекарот. Во Јапонија постои манифест под наслов Манифест за слободата
на библиотеките, кој бил донесен во 1954 година. Во Австралија во 1964 година е до-
несена Изјава за слободата на читањето. Во Украина, етичкиот кодекс е насловен Ма-
нифест за демократизација на библиотеките, а во Русија е насловен како Кодекс на
професионална етика на рускиот библиотекар (www.nb.rs).
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
17
Во Р. Хрватска во 1992 година е донесен првиот Eтички кодекс на Хрватското
библиотекарско друштво, а во Р. Србија тоа се случило во 1998 година.
,,И припадниците на македонската библиотекарска професија имаат свој Етички
кодекс, донесен на собранието на Македонското библиотекарско друштво во 1997 годи-
на“ (Најдов, 2007:50).
Етиката ги поставува стандардите за тоа што е добро или лошо во водењето и во
одлучувањето. Етиката се справува со внатрешните вредности, кои се дел од организа-
циската култура, и ги обликува одлуките, вклучувајќи ја и социјалната одговорност.
Професионалната етика наведува да се верува во професијата, вредно и квалитетно да
се извршува работата за да се заслужи професионална репутација. Библиотеката е
место каде што на граѓаните им се обезбедува слободен пристап до информација .Во
последните неколку години, вработените во библиотеките во Македонија вложуваа во
себе преку обуки и семинари и со тоа, го подигнаа и го изменија значењето на зборот
библиотекар во професионалец, кој поседува стручни знаења и вештини потребни за да
се зголеми бројот на корисниците во библиотеките, којшто поради денешниве техно-
лошки достигнувања, особено Интернетот, од година во година рапидно се намалува.
Основни показатели за успешноста на една библиотека се задоволни корисници
и бројот на корисници, кој бележи зголемување. Професијата библиотекар, и покрај тоа
што некои ја сметаат за многу лесна и со тоа ја маргинализираат, во себе содржи повеќе
комплексни односи. Библиотекарот-професионалец, во работата со корисници, секој-
дневно се среќава со најразлични ситуации, кои може да бидат стресни, напорни, но и
комични. Во таквото опкружување, библиотекарот треба да биде психолог, педагог,
воспитувач и пријател.
За да може професионално да ги извршува своите работни обврски, библиотека-
рот треба да ја темели својата работа врз основа на следниве неколку принципи:
- желба да се даде одлична услуга;
- создавање средина во која владеат меѓусебно почитување и доверба;
- способност за тимско работење;
- владеење со комуникациски вештини;
- флексибилност и позитивен став во време на постојани промени;
- доживотно учење;
- гарантирање на приватноста на корисниците;
- рамноправност и непристрасност во почитувањето на човековите права;
- знаење за планирање и утврдување на приоритети;
- барање нови начини за афирмација на библиотеката.
Односот библиотекар – корисник бара постојано надградување на персоналните
врски со корисниците преку концептот за двонасочна форма на комуникација за да не
ни се случи да дојдеме во ситуација во која и кога исто зборуваме, не можеме да се раз-
береме. Библиотекарот треба да се труди преку неколку едноставни прашање во вид на
разговор, да препознае што корисникот би го интересирало и од случаен корисник, да го
претвори во вистински и задоволен корисник. Библиотекарот мора да знае да комуни-
цира со корисникот, но истовремено да овозможи одвивање и на дијалог за да може ко-
рисникот да стекне мислење и доверба дека му ја давате најдобрата можна услуга. Биб-
лиотекарот-професионалец треба да ги слуша корисниците и да ги гледа нештата од
нивна перспектива за да може да оцени на која целна група во зависност од возраста,
полот, образованието, интересите би можел да им понуди нешто од библиотечниот ма-
теријал, кој би го задржал нивното внимание и би ги претворил во постојани корисници.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
18
Етичкиот кодекс ги поддржува позитивните индивидуални и професионални
вредности и однесување на вработените во библиотеките, што доведуваат до поквали-
тетно работење и до задоволување на различните барања и афинитети на корисниците.
Етичкиот кодекс треба да ги поттикне вработените во библиотеките да се раководат од
следниве лични и морални вредности:
- желба за работа;
- професионалност;
- колегијалност и соработка;
- aнгажираност;
- aктивност;
- исполнителност;
- чесност;
- почитување на различни мислења;
- демократичност;
- настојчивост (Темков,2005:157).
Во своето работно опкружување, библиотекарите треба да се стремат кон созда-
вање на атмосфера на меѓусебно почитување и доверба, која ќе се рефлектира преку
нивната работа и позитивно ќе влијае и на корисниците, кои ќе стекнат доверба дека во
библиотеката ќе можат да добијат одговор на секоја нивна посакувана информација со
насмевка.
Користена литература:
Модерни концепти за градење добра услуга, 2007 год.
Темков, Кирил, Етика, Епоха, Скопје, 1998 год.
Темков, Кирил, Етиката денес, Епоха, Скопје, 1999 год.
Темков, Кирил, Етика за II година, Просветно дело, Скопје, 2005 год.
Хорват, Александра: ,,Образование и воспитување на библиотекари на почетокот на новиот век“,
Библиотекарска искра, стр. 37-38, 1999 год.
Модерни концепти за градење добра услуга - прирачник, UNDP, 2007 год.
www.nb.rs
www.sla.org/professional/com
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
19
УДК 027.022:028.01
БИБЛИОТЕКАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“
ПРОЕКТ: „КРЕАТИВНИ УМОВИ СОЗДАВААТ МОЖНОСТИ
ЗА РАБОТА“
м-р Иванка Соколова, виш библиотекар
„Библиотеката ја користам од мала и сметам дека е едно од најдобрите места во
градот каде постојано нешто се случува, но со развивањето на услуги за
невработените мислам дека го достигна врвот на својата креативност, помагајќи им
на невработените да го надминат дигиталниот јаз, учејќи нови компјутерски
вештини.“
Фросина Дониновска
Апстракт
Овој труд има за цел да ја истакне улогата на Библиотеката „Браќа Миладинов-
ци“ од Радовиш како специфичен модел, која во своето работење воведе низа инова-
тивни услуги и ја промовира важноста на читањето, на писменоста и на доживотното
учење. Последната година е фокусирана на развивање нови услуги, кои подразбираат
користење на ресурси на Библиотеката за подобрување на образованието и на инфор-
мирањето на невработените лица, на кое ќе им се овозможи еднакво учество на пазарот
на трудот и нивно активно вклучување во животот на локалната заедница. Oпишани
се основните претпоставки за воведување на овие услуги во рамките на библиотечното
работење, кои беа развиени преку проектот „Креативни умови создаваат можности
за работа“, кој во 2010 година и беше награден од страна на ЕIFL2 преку PLIP3 програ-
мата. Опишани се целите, главните активности, кои доведоа до формирање на оваа ус-
луга, и досегашните резултати од користењето на услугата. Нагласена е важноста од во-
ведувањето на такви услуги во библиотечното работење, кои имаат големо значење и за
заедницата и за општеството во целина.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: Библиотека „Браќа Миладиновци“, иновативни услуги, доживот-
но учење, невработени лица.
2 Electronic Information for Library = Електронски информации за библиотеки
3 Public Library Inovation Program = Иновативна програма за јавни библиотеки
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
20
Public Library „Braka Miladinovci“
Project : „Creative minds create job opportunities“
„I use the library since i was little and I think that is one of the best places in town where
something is always going through various lectures, but with the development of services for
unemployed i think it library reached the top of it’s creativity, to help unemployed people to
overcome the digital language and learn new computer skills. “
Frosina Doninovska
Abstract
This paper aims to highlight the role of the library “Braka Miladinovci” from Radovis
as a specific model which introduced new innovative business services that promote the
importance of reading, literacy and lifelong learning. In the last year it was focused on
developing new services that imply the use of library resources to improve education and
information for the unemployed, which will allow them equal participation in the labor
market and active involvement in local community life. This paper describes the
assumptions underlying the introduction of these services within the library, that were
developed trough the project “Creative minds create job opportunities” which in 2010 was
awarded by ЕIFL trough PLIP program . The goals are described, main activities that led to
the forming of the service aswell as the results to date from using the service. Emphasized the
importance of the introduction of such services in library operations which have great
significance for the community and society as a whole.
Keywords: Library „Braka Miladinovci“, innovative services, Lifelong learning, unemployed
Вовед
Библиотеката „Браќа Миладиновци“ е уникатна институција од ваков вид во
двете соседни општини Радовиш и Конче, обезбедувајќи услуги за 32.000 жители. Ос-
нована во 1957 година, целосно модернизирана во 2006 година, денес Библиотеката е
модерен мултифункционален центар, со одличен пристап до пишани и електронски ин-
формации. Библиотеката, покрај традиционални библиотечни услуги: позајмување
книги, дневен печат, списанија, обезбедува и пристап до Интернет, скенирање и печате-
ње документи, фотокопирање и организирање различни културни и социјални настани
за различна публика. Во соработка со општината и со локалните институции, со при-
ватните компании и со невладини организации, Библиотеката организира работилници,
јазични курсеви, тркалезни маси за важни локални прашања, изложби, презентации и
др. Библиотеката нуди пријателска средина за сите возрасни групи и има пристап за ли-
ца со посебни потреби и со право го носи името „Пријателска библиотека за сите граѓа-
ни“. Иако е една од помалите библиотеки во Македонија, која има само 4 вработени и е
сместена во простор од 340 м2, сепак е позната меѓу библиотеките во Македонија по
својата иновативност. Со креирањето на просторот, кој функционално и естетски одго-
вара на потребите на корисниците, Библиотеката стана информациски центар за развој,
за анимирање и за промоција на културата во општината и £ остана верна на својата
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
21
примарна мисија да обезбеди материјали потребни за да се задоволат интелектуалните,
културните, социјалните и рекреативните потреби на локалната заедница. Облагороде-
на со современа комуникациска технологија, стана препознатлив симбол на новото вре-
ме во кое знаењето и информацијата се битен фактор за развој. Подучувањето за биб-
лиотечна писменост, за начинот на користење на Библиотеката и за начинот на самос-
тојно пребарување на информации за пишување задачи, реферати, семинарски и дип-
ломски работи се дел од секојдневната работа на вработените во Библиотеката. Во таа
насока се развиени бројни иновативни услуги преку кои Библиотеката ги поттикнува
читањето и писменоста од најрани години, со цел развивање љубов кон книгата. Вакви-
те услуги Библиотеката ги развива преку проекти, кои со право ја вброија меѓу пионе-
рите во иновативноста во библиотечното работење меѓу библиотеките во Македонија.
Проект: „Креативни умови создаваат можности за работа“
Имајќи го предвид фактот дека технологијата ги трансформира јавните библио-
теки во светот, но во земјите во развој, иако потребите се големи, тие не се доволно ис-
користени, во 2010 година, ЕIFL ја разви PLIP програмата, која има за цел да ги ох-
рабри јавните библиотеки да им се приближат на своите локални заедници, да ја про-
длабочат својата соработка со локалните власти и со бизнис секторот за да ги проценат
локалните потреби и да развијат нови услуги. Во првата фаза од оваа програма беше
распишан јавен повик за прибирање иновативни идеи од библиотеки од земјите во
развој од цел свет. Комисијата за иновативни програми за јавни библиотеки избра 12
предлог-проекти од пристигнатите 324 од 49 земји, кои ја воведуваат новата технологи-
ја во својата работа, меѓу кои беше и проектот „Креативни умови создаваат можности
за работа“ со кој конкурираше Библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш. Согле-
дувајќи ги растечките потреби на локалната заедница, која се бори со континуирана за-
губа на работни места и со голема невработеност како резултат на долгата транзиција и
на економската криза, овој амбициозен проект на Библиотеката е иницијатива што ги
поддржа потребите на невработените лица во двете општини, Радовиш и Конче. За пре-
цизна процена на потребите на невработените беше направено истражување, спроведе-
но помеѓу невработените членови на Библиотеката на возраст од 18 до 40 години.
Резултатите покажаа дека немањето основни компјутерски вештини и недостигот на
финансиски средства за покривање на дополнителни обуки се обично причина младите
луѓе да не се конкурентни на пазарот на трудот. Исто така, официјалниот образовен
систем во земјата сè уште не им дава на младите луѓе знаење како да бидат иновативни
и да го покажат сопствениот потенцијал на најдобар начин кога аплицираат за работна
позиција во компаниите.
Цели на Проектот
Одговарајќи на овие потреби, Проектот ги имаше следниве цели:
Цел 1: Да се подобрат ИТ вештините на невработените лица.
Цел 2: Невработените лица подобро да ги препознаат можностите за работа.
Цел 3: Невработените подобро да ги презентираат своите потенцијали, преку
користење на технологијата.
Цел 4: Да се поттикне проактивен пристап во барањето и во создавањето мож-
ности за работа преку користење на ИТ и на Интернет.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
22
Проектот поттикна активно учество на жените и на малцинствата, обидувајќи се
да задржи еднаква застапеност на машките и женските претставници.
Активности
Во текот на спроведувањето на Проектот за постигнување на зацртаните цели,
клучните активности беа фокусирани на:
Набавка на ИТ опрема за организирање и за одржување обуки.
Поставување безжична мрежа преку постоечката интернет-конекција.
Изработка на промотивен материјал: постери, флаери, bookmarkers.
Подготовка и печатење на прирачници според кои се спроведуваа обуките.
Одржување, селекција и набавка на книги на теми поврзани со барање и со креи-
рање работни места.
Одржување курсеви за основни ИТ вештини (Microsoft Windows, Microsoft
Word and Internet).
Одржување два дводневни интерактивни тренинга (употреба на Интернетот за
пронаоѓање работа; најважните веб-страници за вработување; креирање можности за
самовработување преку Интернет, волонтерство).
Креирање веб-страница како дел од постоечката веб-локација на Библотеката за
поддршка на невработените во општината.
Информирање на корисниците за функционирањето на новиот сервис,
изготвување промотивен материјал: брошури, bookmarkers.
Информирање на корисниците за функционирањето на новиот сервис и овозмо-
жување помош за употреба на техничката опрема.
Промоција на Проектот и на услугите (комуникација со средствата за јавно ин-
формирање).
Истражувајќи ги проблемите на заедницата, партнерите создадоа синергија
преку размена на знаења и искуства за надминување на проблемот на невработеноста.
За успешното партнерство, од клучно значење беше отворената комуникација меѓу
партнерите. Врз основа на добрата соработка, се изгради локална мрежа, која осврну-
вајќи се на заедничките интереси, пристапи кон имплементација на активностите и се-
кој од нив даде свој придонес во реализацијата на Проектот. Библиотеката имаше клуч-
на улога во имплементацијата на Проектот и помогна логистички и просторно, на рас-
полагање ги стави комплетно ИТ опремата, која ја имаше, и новата ИТ опрема што бе-
ше купена со средства од Проектот за изведување на обуките, со што се овозможи бес-
платен пристап до компјутерите и до Интернетот за невработените лица, а по завршува-
њето на обуките, стана клучна е-точка за барање на потребните информации. Двете
невладини организации вклучија свои луѓе како дел од проектниот тим и волонтери –
млади луѓе, кои студираат информатика и кои помагаа во спроведувањето на обуките за
компјутерски вештини. Агенцијата за вработување и канцеларијата за локален економ-
ски развој помогнаа во информирањето на невработените за активностите и за услуги-
те, кои за нив ги нуди Библиотеката. Во Проектот беа вклучени консултанти и обучува-
чи, кои дадоа јасни насоки за спроведување на голем дел од активностите. Обучувачите
учествуваа во дизајнирањето и во подготовката на содржините за прирачниците, а во
текот на изведувањето на обуките, преку теоретски и практичен дел, ги доближија по-
сетителите на обуките до содржините наменети за нив, за што добија доста високи
оценки при евалуацијата. Сите актери вклучени во Проектот ги интегрираа своите капа-
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
23
цитети за развивање на библиотечните услуги, сè со цел унапредување на животот на
заедницата.
Библиотеката, како сервис на граѓаните, им е на располагање на граѓаните со
различно образование, возраст, пол и етничка припадност и е во состојба да £ помогне
на локалната заедница околу решавањето на овој проблем. Во такви тешки времиња,
луѓето сè повеќе се свртуваат кон Библиотеката како место во кое веруваат дека може
да им помогне со информации и други услуги. Со сè пооскудни ресурси, Библиотеката
постојано наоѓа нови форми и достапни алатки, вклучувајќи ја, пред сè, современата
технологија за да се приближи до своите корисници; особено прави напори преку разни
активности да ги привлече социјално исклучените групи.
Имплементацијата на проектот „Креативни умови создаваат можности за рабо-
та“ резултираше со значајни промени во начинот на работењето на Библиотеката, која
излезе од своите традиционални рамки и пристапи кон развивање нови библиотечни ус-
луги за граѓаните од општината. Преку Проектот, Библиотеката ја обнови и ја збогати
IT опремата со 13 персонални преносливи компјутери (лаптоп), 1 мултифункционален
печатач и постави WI-FI мрежа, што придонесе за формирање на мобилен едукативен
центар, кој се приспособува во зависност од корисничката група и од потребите и кој
придонесе за максимално искористување на сите ресурси. Вработените во Библиотека-
та ги надградија своето знаење и вештини во две димензии. Од една страна, ги надгра-
дија своите ИТ вештини, имајќи можност да ги следат обуките заедно со корисниците,
а од друга страна, овој Проект им овозможи да се развиваат професионално преку една
сосема нова димензија на библиотечните услуги.
Во првата фаза на спроведувањето на Проектот, купена е збирка од 43 библио-
течни единици, каталогизирани и понудени на корисниците на Проектот.
Вториот чекор во имплементацијата на новата услуга беше информирање на ко-
рисниците за воведувањето на новите услуги. За таа цел, имаше интензивни
промотивни активности, вклучувајќи ја комуникацијата со целната група преку
средствата за јавно информирање, изготвување на промотивни материјали, брошури,
bookmarkers.
Од септември 2010 година започнаа обуките за основни компјутерски вештини,
со цел да се мотивираат невработените лица и да земат поактивно учество во надградба
на своето образование и во развој на професионалните вештини, што ќе ги охрабри во
подобрувањето на квалитетот на сопствениот живот. По завршувањето на овие обуки,
учесниците посетија дводневна обука на тема „Како да се најде работа“. Оваа обука бе-
ше со цел да се обезбеди нов пристап во размислувањето на невработени лица и во ко-
ристењето нови вештини за барање работа, подобро да се претстават пред работодавци-
те, да научат како да изготват потребна документација за барање работа. На првата обу-
ка учесниците беа охрабрени да ја разгледаат важноста на подготовката на биографија
и мотивациско писмо за аплицирање, како и на внимателното читање и оценување на
слободните работни места објавени во медиумите. Учесниците беа обучени како да се
подготват за интервју, се запознаа со техники за барање работа преку Интернет.
За потребите на невработените, Библиотеката изработи портал, со цел да им по-
могне на жителите на Радовиш и на Конче да добиваат информации и да го подобри
пристапот во барањето работа, како и обезбедувањето услуги за подобрување на нивни-
те работни способности.
Главните цели на Инфопоинт се:
Да се информираат невработените лица за слободни работни места.
Да им помогне на работодавците, кои сакаат да ангажираат работници.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
24
Заклучок
Во изминатите години имаме драстично зголемување на информациите на Ин-
тернет, кои имаат сè поголемо влијание врз образованието, врз работата и врз животот
на луѓето. Како што бројот на услугите, кои се достапни онлајн, продолжува да расте,
така и јазот меѓу оние коишто имаат пристап на Интернет и оние што немаат, расте.
Јавните библиотеки сè повеќе се препознаени како јавни точки за пристап до информа-
циите и до знаењето. Тие може подобро да се поврзат со заедницата доколку понудат
богата лепеза услуги, развијат стратегии, кои имат цел да влијаат
на долгорочна промена во однесувањето на луѓето. Но, за да станат дел од редовните
активности на луѓето, тие мора да ги доживеат како пријатно место каде мо-
же да поминат неколку часа. Преку своето работење, Јавната библиотека „Браќа Мила-
диновци“ од Радовиш ја демонстрира својата посветеност на образовните, културните,
информативните, економските и социјалните потреби на локалната заедница и даде јас-
на порака дека јавните библиотеки се катализатори за подобрување на социјалните и
образовните услуги за луѓето од сите возрасти.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
25
УДК 027.022:082
МОДЕРНИ КОНЦЕПЦИИ ЗА ДОБРА УСЛУГА НА ЛОКАЛНАТА
УСТАНОВА БИБЛИОТЕКА „БЛАГОЈ ЈАНКОВ МУЧЕТО“,
СТРУМИЦА, 2011
Тања Гошева
Апстракт
Успешноста на работата на една библиотека, вклучително и на Локалната уста-
нова библиотека „Благој Јанков Мучето“ во Струмица, целосно зависи од професионал-
ната поставеност на нејзините вработени и од способноста за менаџирање на раковод-
ните лица. Професијата библиотекар подразбира сестрана личност со морални норми и
вредности, кои се во функција на разбирање и на почитување на барањата на корисни-
ците. Библиотеката постои и е во служба на нејзините корисници, кои треба да ја при-
фатат како место привлечно за посета и место каде можат да дојдат до информација,
која не им е достапна.
Локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ во Струмица претставу-
ва репер за институција, која во многу организациски аспекти и во работата со корис-
ници сè повеќе се усовршува и се модернизира. Односот на библиотекарот кон корис-
никот е повеќе од транспарентен и отворен, со единствена цел, да се задржат постоеч-
ките корисници и што е уште поважно, да се привлечат нови членови.
Со својата работа и добра менаџерска поставеност, може слободно да се каже
дека Библиотеката во Струмица е меѓу водечките институции од таков вид, која од ден
на ден прераснува во мултифункционален центар за образовно и културно издигнува-
ње на своите граѓани.
Abstract
The success of a library, including the local library institution “Blagoj Jankov
Mucheto” in Strumica, entirely depends on the professional attitude of its employees and
management skills of executives. Librarian profession involves versatile personality with
moral norms and values that are in function of understanding and respecting users’
requirements. The library exists and is in service to its users who need to accept it as an
attractive place to visit and a place where they can find information that is not available to
them elsewhere.
The local institution “Blagoj Jankov Mucheto” in Strumica is a benchmark institution
which in many organizational aspects and work with users is constantly refined and
modernized. The relationship between the librarian and the user is more than transparent and
open, with a sole aim to retain existing customers and even more important, to attract new
members.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
26
With its work and a good management structure, the library in Strumica is among the
leading institutions of its kind and day by day it grows into a multifunctional center for
educational and cultural elevation of its citizens.
Зошто работи убаво Библиотеката во Струмица?
На што се потпираат модерните концепти за давање ефективна и ефикасна
услуга?
Давањето добра услуга се потпира врз градењето персонални врски со клиентите,
како еден вид промотивен метод каде една страна (на пример, библио-текарот) користи
вештини и техники за градење персонални врски со друга стра-на (корисниците на
услугата), што резултира со тоа двете стани да стекнат некак-ва вредност. Таа вредност
за давателот на услугата најчесто е реализирана преку доброто работење на ЛУБ „Благој
Јанков Мучето“, Струмица, додека кај корис-никот, вредноста е реализирана со
придобивка што тој или таа ја стекнува со до-бивање одредена услуга. Доведувањето до
добивање услуга и не е секогаш един-ствена цел. На пример, во Локалната установа
библиотека „Благој Јанков Муче-то“, Струмица, давањето услуги се состои од повеќе
начини на информирање.
Давањето услуги подразбира персонален контакт. Овој метод функциони-ра
лице в лице или преку телефонски разговор. Како таков, тој бара разбирање на процесот
на комуникација, како исклучително важен елемент во градењето односи со клиентите.
Успешноста во Локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“, Струмица, е во
тоа што библиотекарите работат напорно, со љу-бов кон самата професија библиотекар
и ги разбираат потребите на корисници-те, со оптимална цел, да обезбедат услуги за
корисниците на највисоко ниво, а да-вањето на услугите има голема улога во
промотивните активности.
Концепт
Давањето услуги е умешност на убедување на корисникот, од страна на би-
блиотекарот, а со тоа, има придобивка од понудената услуга.
Давањето услуги од библиотекарот не е еднократен чин и се состои од по-веќе
фази:
Внимание (Attention)
Најважно е да се привлече вниманието на потенцијалниот корисник. За да се
убеди во изборот, треба да му се привлече вниманието.
На потенцијалните корисници, во првите секунди треба суштински да им се
објасни со зборови, бидејќи тие слушаат најмногу и одлучуваат дали понатаму ќе
обрнуваат внимание на она за кое им се говори. Како потврда на претходнокажа-ното,
стојат поговорките: „Првиот впечаток е најважен“, „Убавиот збор желез-ни врати
отвора“... Потребните секунди се насочуваат кон потенцијалниот ко-рисник.
Новите наслови најчесто го привлекуваат вниманието на корисникот и се отвора
можност тој да се запознае со нив.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
27
Интерес и информација
Откако го добивме неговото внимание, се трудиме да го задржиме со тоа што
сме го заинтересирале.
Покажување интерес дека и ние сме заинтересирани за НИВ:
Слушајќи ги, пред сè , додека зборуваат за нивните потреби;
Повторувајќи ги нивните примери, зборови, фрази; Разменувајќи
информации за нивните потреби; Демонстрирајќи,
библиотекарот, без само да се зборува; Вовлекувајќи го
корисникот како активен соговорник; Персонализирајќи ги
дискусиите.
Библиотекарот треба да внимава на факторот здодевност и пред сè, треба да го
заинтересира корисникот, но не и да очекува дека засекогаш ќе го задржи неговото
внимание. За да се види клиентот повторно, библиотекарот треба да на-прави
корисникот да посака повторно да ја посети библиотеката.
Желба (Desire)
Штом корисникот ќе се заинтересира со тоа што му е кажано, треба да му
се се создаде желба да го направи тоа што библиотекарот наумил да го придобие.
Откако корисникот ќе сфати дека има одредена потреба, потребно е да се
МОТИВИРА, а тоа е наредна фаза.
Желбата може да се запали на повеќе начини, и тоа:
На корисникот да му се напомене дека книгата што ја посакал нема да биде
достапна уште долг период, а таквото укажување може да се направи на повеќе начини
и тоа:
Да им се каже дека на други луѓе им се допаднала и многумина ја позајмиле;
Да им се укаже дека тоа што им се нуди, ќе реши некои од нивните
проблеми; Да им се посочи вистинската вредност што ја има книгата.
АКЦИЈА И СОГЛАСНОСТ (Ацтион амп; Агреемент)
Постои магичната фаза во која има акција за задоволување на потребите на
корисникот, односно нивната желба, ја купуваат услугата и се согласуваат со
предлозите на библиотекарот.
Од прашањата како: кога ќе може да ја добијат книгата, односно колку е барана
книгата, колку се чека за бараната книга, библиотекарот прави анализа околу
проблемот, кој им го решава, како и фактот што им се нуди како решение за
проблемот.
Техниката за затворање на бараната услуга треба да се користи со алтер-
нативите: „Ќе Ви се јавам кога ќе биде вратена книгата, а дали сакате да Ви го
резервирам и целиот комплет?“, или за да се задржи контактот: „Кога ќе дојдете
следната недела, за да Ви помогнам лично?“
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
28
Според една варијанта на АИДА, дополнителен чекор, убедување (C=Conviction)
библиотекарот, пред сè, размислува во насока да ја разбере вред-носта на услугата, која
ја нуди.
Ова е вистината на вработените во Библиотеката во Струмица, но не се од-
несува на секој корисник, тоа пред сè, зависи и од библиотекарот и од корис-никот.
Типови корисници
Од направените анализи на очекувањата на клиентите, модерната библио-тека
од отворен тип одговара и на следниве прашања:
Кои се нашите корисници?
Каков е нивниот профил?
Што, всушност, бараат корисниците?
Очекувањата на корисниците од библиотеката во однос на:
квалитетот,
услугите,
книжниот фонд.
При утврдувањето на типовите корисници, се утврдува:
Треба да се размислува што може да се направи за специфични корисници,
со цел да се подигне свеста за услугите на библиотеките меѓу постојните и потен-
цијалните корисници. Библиотеката треба да ги насочи своите активности и да се
фокусира кон овие типови корисници.
Улогата на комуникацијата во градењето добра услуга
Исклучителна е предноста на модерниот концепт за давање услуги преку
градење персонални врски со клиентите пред другите промотивни методи, а тоа е,
всушност, двонасочна форма на комуникација. Доколку корисникот не ја раз-бере
почетната порака (на пример, не разбира сосема како работи интернет-услу-гата),
библиотекарот може да направи приспособување, со тоа што ќе ги именува нејасните
прашања. Многу неперсонални форми на промоција се нефлексибилни и не се
приспособуваат лесно за да одговорат на прашањата на корисниците.
Интерактивната природа е најефективен промотивен метод за градење врски со
корисниците. Побарувањата бараат време и вклучување на многу луѓе во услужната
библиотека, а успехот бара развивање и одржување персонални врски.
За успешно градење и за добра услуга на голем број граѓани, клучот е во
комуникацијата.
Интерперсонална комуникација
Комуникацијата е размена на информации (давање, примање), на факти, на
мислења, на ставови и на чувства. Без комуникација меѓу библиотекарот и корис-никот,
нема идеи од една до друга личност.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
29
Комуникациски процес
Во библиотеката, библиотекарот е испраќач. Тој ја испраќа пораката низ одреден
канал до корисникот, во нашиот случај, по е-пошта,.
Селекција на тема
Библиотекарот, по е-пошта, му потврдува на корисникот-студент дека ба-раната
книга е вратена, а корисникот може да дојде и да ја позајми.
Селекција на медиуми
За секоја интересна информација до сите корисници, институцијата биб-лиотека
го користи медиумот за опширно информирање на корисникот, на пр., организирање
саем на книга.
Комуникацискиот процес се остварува само кога пораката испратена од
библиотекарот е примена и разбрана од корисникот.
Повратна врска
Последниот чекор од овој процес е повратната врска. Процесот може да се
повтори многупати, што редовно се случува во секојдневното работење.
Улогата на библиотекарот е да покаже дека библиотеката е посветена на
потребите на корисниците, им се дава примат на корисниците на услугите, во вис-
тинско време и на вистински начин, секогаш библиотекарот го открива само она што е
во интерес на корисникот.
Односот библиотекар – корисник
Со давање предност на корисникот, се определува самата задача на библио-
теката, т.е. се скенира работата на библиотеката.
Основното значење на терминот библиотека е „колекција (збирка) мате-ријали
организирана за користење“, која е наменета за задоволување на индиви-дуални,
интелектуални потреби на корисниците, го детерминира мотивот за смислата на
нејзиното постоење. Библиотеката постои за корисникот – тој е неј-зината цел, смисла.
Корисникот е основна мера, репер за стратегиската филозофија на дејству-вање,
на менаџирање на вистинските вредности. Корисникот се сфаќа како по-единец со
единствени образовни, психолошки потреби.
Корисникот во Библиотеката во Струмица е спефицичен, неповторлив,
различен, се јавува како:
индивидуален или семеен (кога се запишани повеќе членови од едно семеј-
ство);
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
30
колективен (пред сè, кога се работи за групни уписи на корисници од ос-новни
или средни училишта, установи, претпријатија, организации, здруженија и сл.).
Сè се реализира во интерес на корисниците: политиката на набавка на книжниот
фонд, збогатувањето на збирките на фондовите, самата обработка или организирањето
на информацијата за фондовите и други видови информации во интерес на корисникот,
вршењето услуги, кадровското екипирање, создавањето поволни услови за користење
на библиотеката, однесувањето на корисникот и сл.
Целото умеење на библиотеките е организирање добра, исцрпна, богата,
актуелна информација, која ги задоволува барањата на корисникот. Под инфор-мација
се смета публикацијата што е пронајдена и дадена на корисникот, но кога одредена
публикација не е достапна, и самата информација дека библиотекарот ќе се потруди во
одреден временски интервал да ја обезбеди бараната публикаци-ја претставува
информација.
Од анализите на утврдените најсоодветни постапки, методи, начини и веш-тини
на работење со корисниците, се гледаат способноста и квалитетот на рабо-тата на една
библиотека, што значи дека библиотеката ги апсолвирала прашања-та за нејзините
правен и финансиски статус, стручност и информативни инструм-енти (каталози, бази
на податоци), простор, интернет-врска за интернет-корисни-ци. Основната и
суштинска цел е да се овозможи повеќе посветеност и креатив-ност во осмислувањето
на работата со корисниците, во правец на создавање по-достапни библиотеки за нив.
Локалните библиотеки имаат слобода во профилирањето на политиката на
комплетирањето на фондовите, на организацијата на работењето, пред сè, тра-
диционалното библиотекарство, но и современо, допирно или слично до него.
За професионалното и одговорно одвивање на библиотечното работење,
библиотеките се должни да ги применуваат меѓународните стандарди и да ги
организираат основните работни процеси. Развојот на локалните библиотеки за-виси
од: креативноста, идеите, способноста и отвореноста за нови активности на менаџерите,
кои треба да умеат да ги идентификуваат, да ги следат интересот и потребите на
корисниците.
Корисници
За функционирање на библиотеката, од суштинска важност е осмислува-њето на
постапките и на активностите за идентификување или регулирање нови корисници.
Училишната популација, како најмасовен дел на клиентела во биб-лиотеката, на чие
мотивирање за барање услуги од библиотеката во најголема мера влијаат наставните
програми, не треба да биде основна целна групација. Тие читатели се најбројни кај
локалните библиотеки и секако дека треба да се следат нивните потреби.
Целна група на која им се обраќа библиотеката, како на идни корисници, се бара
меѓу возрасната популација, па и пошироко од неа. На нивно идентифику-вање, а со
тоа, и на профилирањето на понудата од услуги на библиотеката им се посветува
посебно внимание. За таа цел, се проучуваат професионалната ориен-тација на
граѓаните (вид занимање), нивната образовна структура (активна, па-
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
31
сивна), развојните стопански, образовни, културни, туристички и други проекти и
потреби на корисниците.Таквите истражувања се базирани на спроведени анкети на
корисниците во библиотеката.
На оваа група корисници, врз основа на анкетирањата, им се овозможува
запознавање со можностите и со понудата на услуги од библиотеката (веб-пре-
зентација на библотеката, промотивни материјали, медиумски презентации и сл.).
Библиотечни услуги на Библиотеката во Струмица
Придржувајќи се кон модерните концепции, Библиотеката во Струмица го
дава следниве услуги:
- користење (позајмување книги во одделот за деца и во одделот за возрас-
ни);
- користење периодични списанија и весници;
- користење читалница;
- фотокопии на статии, согласно авторските права;
- онлајн пребарување на бази на податоци и заеднички или централни ка-
талози;
- истражување библиографии;
- интернет-пребарувања и комуникации;
- пребарување на Службен весник;
- добивање други видови информации, кои ја засегаат локалната заедница
(управни, стопански, образовни, културни, туристички и сл.).
Од особена важност за придобивање нови корисници се осовременувањето на
вкупното работење на локалната библиотека и примената на новата ИТ тех-нологија.
Библиотеката сè повеќе обрнува внимание на традиционалните услуги достапни и во
користење на изворите на информации. Постои начин документите барани од
корисниците засега делумно да се обезбедат онлајн, како целосен текст.
Од голема важност се и медиумите за презентирање на услугите:
- разговор со корисникот;
- промотивен материјал на хартија;
- веб-страница;
- претставување на радио и на телевизиите и
сл.
Принципи и правила на работа со корисниците на Библиотеката во Струмица
За придобивање и за натамошно задржување на еден корисник, многу е ва-жен
првиот впечаток или првиот успешен наод на барана публикација или друг вид
информација (се потврди дека Библиотеката во Струмица има такви библио-текари).
Библиотеката има корисници со најразлични интереси, кои се резултат на
нивната структурираност по различни критериуми и основи: образовни, профе-
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
32
сионални, возрасни, социјални. Секое барање информација (книга) е легитимно
и не подлежи на ничие вреднување.
При играњето на улогата на посредник меѓу барањата на корисниците и
фондовите на библиотеките и воопшто, во работата со корисниците, библиотека-рите
се упатени на активности, кои слободно може да се наречат образование на
корисниците во многу тесна, специјализирано ограничена смисла.
Образование на корисниците
Образованието на корисниците започнува со првите контакти и општи
појаснувања за библиотеката од страна на библиотекарите во неа.
Потребата и полезноста од образованието на корисниците доаѓаат до израз кога
самиот корисник посакува да пребарува низ информативните инстру-менти на
библиотеката (каталози, библиографии, база на податоци) и на тој на-чин, самиот да
дојде до бараните одговори. Притоа, не е за занемарување и мож-носта за перципирање
други податоци за темата, која корисникот ја истражува, а ова е честа практика во
Библиотеката во Струмица.
Примарното образование на корисниците се врши како:
Насочување (општо претставување на библиотеката, на нејзината органи-зација,
на службите, на начинот на користење на услугите и сл.). Тоа се прави ре-довно кога се
случуваат групни посети во Библиотеката, но и индивидуално, кон поединечни
корисници).
Поучување (оспособување на корисниците за користење на информациски
извори за определени потреби).
Информациската служба во Библиотеката во Струмица
Библиотеката во Струмица посветува големо внимание на овој вид дејност. Со
пребарувањето во класичните каталози на Библиотеката, но и онлајн, во Националниот
библиографско-каталошки систем на Р.Македонија, по барање на корисниците,
библиотекарите прават и поопстојни библиографски истражува-ња (консултирање
разни библиографии, каталози, странски бази на податоци и сл.), и сето тоа прераснува
во истражување на одредена тема.
На барање на корисниците, информациските служби (и другите вработени
во Библиотеката), по сопствена оценка, подготвуваат и други информации за
пуб-ликации и други документи, пред сè, сумирање со библиографски податоци за
публикација на одредена тема. Овие информативни инструменти им се нудат на
индивидуални корисници од разни професии, вработени во одредени органи или
организации, наставен кадар, студенти, истражувачи, стопанственици, политича-ри и
сл., во согласност со идентификуваните целни групи корисници во Библиоте-ката.
Според искуствата, тие се омилени информации за корисниците.
Придобивките на ИТ технологијата, задоволувањето на барањата на ко-
рисниците во Библиотеката сè повеќе се фокусираат на упатување на информации.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
33
УДК 655.413
НЕДЕЛА НА ОТВОРЕН ПРИСТАП
(18-24 октомври 2010)
м-р Розита Петринска
Апстракт: Како резултат на скорешното одбележување на Неделата на отворен
пристап, овој труд оди во насока да го објасни поимот отворен пристап и да укаже на
поволностите од овој вид издаваштво. Дава преглед на видовите отворен пристап, об-
јаснувајќи ги клучните разлики помеѓу нив, а зборува и за годинашнава Недела на отво-
рен пристап, со посебен акцент на настанот за нејзино прославување во Македонија.
Клучни зборови: отворен пристап, слободен пристап, Недела на слободен пристап,
Недела на отворен пристап, Македонија.
Abstract: This paper is about the Open Access publishing of academic and scientific
works and its advantages. It tries to identify the term Open Access and to differentiate its
types. The author refers to the Open Access Week 2010 and the events that took part in
Macedonia in order to promote the Open Access,
Key words: Open Access, Open Access Week, Macedonia
1. Поимот „отворен пристап“
Една понова форма на издаваштво на научни трудови е токму овој т.н. отворен
или слободен пристап (англ. Open Access). Тој претставува инстантен, бесплатен при-
стап до рецензирана научна литература. Најмногу се однесува на поставувањето елек-
тронски копии на трудови објавени во рецензирани списанија, извештаи од конферен-
ции, технички извештаи, дисертации и работни материјали, па и поглавја на книги, мо-
нографии и податоци за истражувања, односно резултати од истражувања. Накратко,
отворен пристап е сето она што е бесплатно достапно мрежно (online) и може да се
чита, да се презема од базата, да се копира, да се дистрибутира и да се користи (со ци-
тирање на авторот и на изворот, се разбира) на каков било начин.4 За време на состано-
кот одржан на 11 април 2003 година во седиштето на Институтот за медицина „Хауард
Хјуз“ во Шеви Чејс, Мериленд, САД, донесена е нацрт-дефиницијата за отворениот
пристап, која објаснува дека публикација од отворен пристап е онаа што ги следи след-
ниве критериуми:
1. Авторот / авторите и сопственикот / сопствениците на авторските права им дозво-
луваат на сите корисници слободен (бесплатен), неотповиклив, непроменлив при-
стап од каде било во светот и им дозволуваат да го копираат, да го употребуваат,
4 PLoS - Public Library of Science. URL: http://www.plos.org/
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
34
да го дистрибуираат, да го пренесуваат и да го покажуваат делото / трудот јавно и
да изработуваат и да дистрибуираат трудови, кои се базираат на објавените, на ка-
ков било медиум за секоја разумна цел, која води грижа за цитирање (оддавање
признание) на авторството, како и право да се направат мал број печатени копии
за нивна лична употреба.
2. Целосната верзија на делото и сите дополнителни материјали, кои одат со него,
вклучувајќи ja и копијатa на дозволата, како што е кажано погоре, во соодветна
стандардна електронска форма, се депонирани веднаш по првичното публикување
во барем еден онлајн репозиториум поддржан од некоја академска институција,
научно друштво, владина агенција или други реномирани организации, кои се
стремат да овозможат слободен пристап, неограничено дистрибуирање, интеро-
перабилност и долгорочно архивирање.
Забелешки:
1. Oтворениот пристап не подразбира секогаш списанија или конкретни издавачи,
тој се однесува главно на индивидуални трудови / дела.
2. Локалните стандарди, настрана од законите за авторски права, ќе продолжат да
обезбедуваат механизми за осигурување на соодветно оддавање признание (цити-
рање, референцирање) и за одговорно користење на објавеното дело, како што тоа
го прават и сега.5
1.1. Видови отворен пристап
Постојат три главни видови отворен пристап и тоа: списанија со слободен при-
стап, архиви или репозиториуми со слободен пристап и архиви или репозиториуми со
отворен пристап со дополнителни услуги. Списанијата со слободен пристап се науч-
ни, рецензирани списанија достапни бесплатно на Интернет. Овој тип пристап е наре-
чен уште и „златен“ отворен пристап. Во најголем број случаи, овие списанија имаат и
своја печатена верзија. За објавување на трудовите, некои од издавачите на списанијата
со отворен пристап не им наплаќаат на авторите за објавувањето, а други им наплаќаат
одредена сума (најчесто, трошоците ги намируваат институциите во кои работат авто-
рите или, пак, се намируваат од проектите во кои е вклучен авторот). Списанијата со
отворен пристап, од своја страна, можат да бидат со целосно отворен пристап, со отво-
рен пристап до истражувачки трудови, списанија со некои научни статии со отворен
пристап и списанија со отворен пристап на некои статии и други со одложен пристап и
списанија што дозволуваат самоархивирање на статии.6
Отворените архиви или репозиториуми се дигитални колекции на научни тру-
дови поставени од страната на авторот. Овие трудови се достапни бесплатно, и овој тип
слободен пристап се нарекува „зелен“ отворен пристап. Доколку се работи за статии од
списанија, поставувањето може да биде пред или по печатењето. Првиот случај се наре-
кува pre-print, а вториот, postprint. Овој тип издавање се нарекува и самоархивирање.
Репозиториумот содржи метаподатоци за секоја статија (наслов, автори и други
библиографски податоци) во формат согласен со стандардот OAI-PMH (Open Archives
Initiative Protocol for Metadata Harvesting). Отворените репозиториуми можат да бидат
5 Bethesda Statement on Open Access Publishing. URL:http://www.earlham.edu/~peters/fos/bethesda.htm
6 Трајковски, Владимир. Научни статии со отворен пристап. Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,
Филозофски факултет, Скопје, Институт за дефектологија. Скопје, 21.10.2009.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
35
мултидисциплинарни во рамките на еден универзитет или научна институција или, пак,
да бидат фокусирани на една научна дисциплина.7
Последниот тип, репозиториуми со отворен пристап со дополнителни услуги,
ги користи репозиториумите за да ја преземе нивната содржина, но им додава и нови
услуги, како што се лектура и контрола на квалитет.
Објавувањето во репозиториуми, архиви и списанија од овој тип нуди поголема
систематичнот и тие се попогодни за лоцирање на мрежата. И објавувањето на својот
труд на личната веб-страница или страница на институицијата е слободен пристап, но
помалку систематичен од претходните.
1.2. Предности на отворениот пристап
Отворениот пристап до ваков тип литература има многу предности. Бројните
истражувања направени за овој тип објавување научна литература укажуваат дека науч-
ните статии, кои се нудат во режимот на отворен пристап, се повеќе цитирани од оста-
натите. Во некои области, разликата е двојно поголема во корист на отворениот при-
стап, што од своја страна, укажува на неговото големото влијание врз истражувањата.
Тој го олеснува истражувањето и дава поголема прегледност на истражувањата. Им
овозможува на менаџерите на истражувања да набљудуваат, да мерат и да пристапуваат
до истражувачките програми. 8
Овој вид објавување научна литература доаѓа како резултат на сè поскапиот при-
стап до научните бази на податоци и до научните списанија. Фактот што ниту најдобро
финансираните библиотеки не можат да си дозволат претплата на сите научни списани-
ја од интерес на нивните корисници, а да не зборуваме за библиотеките во земјите во
развој, придонесува истражувачите да се соочуваат со тешкотии во однос на пристапот
до информации, кои им се потребни за нивните истражувања. Недостигот на информа-
ции, секако, влијае и на квалитетот на истражувањата.
Важно е да се нагласи дека отворениот пристап е компатибилен со авторските
права, рецензија, приходи (дури и профит), печатење, чување, престиж, квалитет, уна-
предување на кариерата, индексирање, како и со други можности и поддржувачки
услуги поврзани со конвенционалната научна литература.9 Со овој тип издаваштво,
истражувачите не само што можат да бидат полесно лоцирани на Интернет преку ко-
ристење на Google Scholar или некој друг пребарувач туку можат и да го намалат вре-
мето за лиценцирање на нивните трудови.
И библиотеките имаат корист и заштеда од отворениот пристап. Се намалува
времето поминато во: преговарање и лиценцирање, процесирање на претплатите, внесу-
вање на списанијата, барање на броевите што недостасуваат, но има и директно нама-
лување на трошоците со тоа што нема потреба од претплата до ваквите списанија и ре-
позиториуми, ниту, пак, какво било плаќање по други основи (меѓубиблиотечна позај-
мица или пристапот плати за да видиш).
7 Open Access. Otvoreni pristup. URL:http://www.eprints.org/openaccess/briefing-paper/Serbian-Latin.pdf
(2010-10-29)
8 JISC: How to build a case for university policies and practices in support of Open Access.
URL: http://www.jisc.ac.uk/publications/programmerelated/2010/howtoopenaccess.aspx#downloads. (2010-10-
27)
9 Ibid.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
36
Слика 1. Лого на „слободниот пристап“, дизајниран од Public Library of Science.10
2. Недела на слободниот пристап (18-24 октомври 2010)
Веќе четврта година во светот се одбележува Неделата на отворен пристап –
Open Access Week. Оваа недела е можност академската средина да се запознае подобро
со ваквиот тип објавување научни статии и подобро да ги разбере придобивките од
него. За време на овој настан, низ светот се одржуваат различни презентации, предава-
ња и трибини на тема отворен пристап. Секој може да учествува во овој настан, како и
да даде свој придонес кон негова промоција. Презентациите и другите информации за
одржувањето на најразличните настани по повод Неделата на отворениот пристап 2010
година може да се видат на следнава страница:
http://www.openaccessweek.org/
3. Одбележана Неделата на слободен пристап во Македонија
И во Македонија беше одбележана Неделата на слободен пристап. На 21 октом-
ври 2010 година, во Салата за седници на Филозофскиот факултет во Скопје беа одржа-
ни две предавања поврзани со отворениот пристап и со неговото значење. Проф. д-р
Владимир Трајковски од Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во
Скопје одржа предавање со наслов „Научни статии со отворен пристап“, на кое стана
збор за научните списанија и за отворениот пристап. Излагачот се задржа на „Списа-
нието за дефектолошка теорија и практика“ или на англиски: Journal of Special
Education and Rehabilitation (http://jser.fzf.ukim.edu.mk/), чиј главен уредник е токму тој.
Оваа списание од областа на медицината, поточно дефектологијата, е едно од
трите списанија со отворен пристап во Република Македонија, покрај списанијата
Macedonian Journal of Medical Sciences (http://www.mjms.ukim.edu.mk), чиј издавач е
Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во
Скопје (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје) и UTMS Journal of Economics кое
го издава Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје (http://www.utms.cc/e-
student/index.php?option=com_content&view=article&id=29&Itemid=418), кое го издава
Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Исто така, мошне интересно беше и предавањето на Димитар Попоски, инфор-
мациски менаџер на Филозофскиот факултет во Скопје и докторанд на Отсекот за ин-
формациски науки при Универзитетот во Загреб, Хрватска, кое беше насловено како
„Отворени образовни ресурси“.11 Попоски зборуваше за придобивките од отворениот
пристап до академските ресурси, за слободниот софтвер, кој се користи за научни пуб-
ликации, за дигитално зачувување и за електронско учење, како и за авторските права
10 PLoS - Public Library of Science. URL: http://www.plos.org/ (2010-10-29)
11 Open Access Week. URL: http://openaccessweek.org/xn/detail/5385115:Event:9869?xg_source=activity
(2010-10-29)
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
37
поврзани со овој тип објавување. Тој посочи неколку корисни извори на научни инфор-
мации, кои го користат токму отворениот пристап.12
Се разви интересна дискусија меѓу присутните слушатели околу добрите страни
на отворениот пристап, но и за многу други важни теми од библиотекарството и се сог-
ласија дека во иднина треба да има повеќе такви организирани настани.
4. Заклучок
Иако недоволно застапен на подрачјето на Републи-
ка Македонија, отворениот пристап претставува вистински
предизвик, и неговите позитивни влијанија особено би би-
лe од корист за нашата научна средина, како поради еко-
номската состојба, така и поради не толку развиениот про-
цес на истражување, споредено со западните земји.
Библиотекарите би можеле полесно да ги следат
настаните во науката и полесно да ги десеминираат инфор-
мациите до своите корисници, а студентите ќе имаат мож-
ност полесно да дојдат до рецензирани научни трудови и
да ги искористат за своите тези.
Користена литература:
1. Bethesda Statement on Open Access Publishing. URL:http://www.earlham.edu/~peters/fos/bethesda.htm
2. JISC: How to build a case for university policies and practices in support of Open Access.
URL:http://www.jisc.ac.uk/publications/programmerelated/2010/howtoopenaccess.aspx#downloads (2010-
10-27)
3. Open Access Week. October 18-24.Lean Share. Advance.
URL:http://www.openaccessweek.org/ (2010-10-27)
4. Open Access Week. October 18-24.Lean Share. Advance.
URL:http://openaccessweek.org/xn/detail/5385115:Event:9869?xg_source=activity
5. Open Access. Otvoreni pristup. URL:http://www.eprints.org/openaccess/briefing-paper/Serbian-Latin.pdf
6. PLoS - Public Library of Science. URL: http://www.plos.org/
7. Prezi.URL: http://prezi.com/walrijxuuj7g/copy-of/
8. Трајковски, Владимир. Научни статии со отворен пристап. Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,
Филозофски факултет, Скопје, Институт за дефектологија, Скопје, 21.10.2009 [предавање]
12 Prezi. URL: http://prezi.com/walrijxuuj7g/copy-of/ (2010-10-29)
Слика 2. Од одбележувањето
на Неделата на Слободен
пристап во Македонија
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
38
УДК 027.9
ФОРМИРАЊЕ НА ПРВИТЕ БИБЛИОТЕКИ СО ЧИТАЛНИЦИ
ВО ШТИП
Блага Спиридонова, виш библиотекар
Апстракт: Во статијата е даден еден историски осврт како се формирани и на
какви тешкотии наишле првите библиотеки со читалници во Штип.
Клучни зборови: библиотеки, читалници, формирање
Abstract: The article is given a historical overview of how to set up and what
difficulties encountered with the first library reading rooms in Stip.
Key words: Library, reading room, formalize
Формирањето и работата на народните библиотеки со читалници биле помагани
во книги не само од Министерството за просвета на Кралството СХС, односно Југосла-
вија, туку и од други друштва, како што се: „Коло на српските сестри“, „Свети Сава“,
„Књегиња Милица“ и од поединци. Така, на пример, главниот одбор на друшвото
„Свети Сава“ од Белград испратил комплет книги како подарок на Библиотеката во
Гимназијата во Штип, а како подарувачи на книги на Народната библиотека и читални-
ца во градот се сретнуваат генералот Михајло Ковачевиќ, аптекарот Бошко Петровиќ,
одделни штипски семејства и др.
Не постојат сигурни податоци за тоа кога, меѓу двете Светски војни, е формира-
на Библиотеката со читалница во Штип. Не се знае од кога почнала да работи Библио-
теката во Штип, дали во 1920 година, или, пак, била формирана нешто подоцна, во
1924 година. Таа била сместена во една просторија во која имало два-три ормари во кои
биле подредени книгите и неколку маси со петнаесетина столови што служеле за читал-
ницата. Библиотеката со читалница добивала неколку дневни и други весници, а бројот
на читателите бил мал. Бидејќи имала застарен книжен фонд, а на неговата обнова
многу и не се размислувало, таа била слабо посетена, наспроти бројот на читателите во
Гимназиската библиотека.
Според сеќавањата на постари штипјани, книжниот фонд на Библиотеката со чи-
талница бил составен од книги во кои се опишувале борбите на српскиот народ на
Косово, потоа за Брегалничката битка, за пробивот на Солунскиот фронт и за храброста
на српските борци и слични публикации во кои се славело српството, затоа, и покрај
сите настојувања на власта бројот на читателите постојано да се зголемува, во тоа не се
успеало.
Библиотеката со читалница во Штип немала постојано вработено лице. Затоа, во
1924 година, на име хонорар на библиотекарот, му била исплатена сума од 500 (тогаш-
ни) динари. Исто така, само еднаш прашањето на Библиотеката со читалница се нашло
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
39
на дневен ред пред власта на Брегалничкиот округ. Тоа било во 1929 година кога доде-
лиле 400 тогашни динари за нејзина работа.
За споредба: во скопската област, во периодот од 1921 до 1928 година, биле от-
ворени 48 библиотеки, во битолската област во споменатиот период проработиле 26,
додека во брегалничката област, во времето од 1921 до 1928 година, биле отворени
само 8 народни библиотеки.
Меѓу двете Светски војни во Штип постоела една мала библиотека со фонд од
околу 300 француски книги што ги користеле членовите и симпатизерите на Друштво-
то пријатели на Франција. Вакви друштва дејствувале уште во Скопје, каде што фондот
на тамошната библиотека броел 4.200 француски книги, а во Битола, 3.000 француски
книги.
Бројот на народните библиотеки и читалници во брегалничката област во перио-
дот од 1930 до 1939 година бил следниот: Во овчеполската околија имало 4 народни
библиотеки, и тоа во следните општини: горнобалванска – 1, павлешенска – 1, светини-
колска – 1 и џумајлиска – 1 народна библиотека. Во радовишката околија во овој пе-
риод имало отворено и работеле само 2 народни библиотеки и читалници. Тие биле во
следните општини: подарешка општина – 1 и радовишка општина – 1 библиотека со чи-
талница. Во царевоселската околија (денес Делчево) имало, исто така, само 2 народни
библиотеки со читалници. Тие работеле во тработивишка општина – 1 и во Царево
Село (денес Делчево) – 1 библиотека со читалница.
Што се однесува, пак, до штипската околија, имало само 3 народни библиотеки
со читалници. Тие биле отворени, односно работеле, во следниве општини: дојранска –
1, карбинска – 1 и во Штип – 1 библиотека со читалница.
Податоците уште зборуваат дека во 1931 година, во 29 околии, колку што тогаш
постоеле во Вардарска Македонија, работеле 69 народни библиотеки со читалници и
една Универзитетска библиотека со читалница во Скопје.
Треба да се истакне сознанието што го нуди дописникот на Централното прес-
биро за состојбите со бројот на народните библиотеки и читалници во Вардарска Маке-
донија (Вардарска Бановина) во 1936 година. Тој, со својот допис до претседателството
на Министерскиот совет во Белград, кое побарало да се изготви едно вакво согледува-
ње, наведува податоци според кои, во штипската околија работела само една народна
библиотека со читалница, а нешто слично е и со многу други околии, како, на пример,
царевоселската околија (денес Делчево) во која, исто така, работела само една народна
библиотека со читалница, во малешевска околија, во Берово, во Пехчево и др.
Што се однесува до брегалничката област, која ги опфаќала кочанската, мале-
шевската, овчеполската, радовишката, царевоселската (денес Делчево) и штипската
околија, како што е веќе истакнато, биле отворени 8 народни библиотеки со читалници.
Во штипската околија, народна библиотека била отворена само во Штип, и тоа во 1924
година. Меѓутоа, нејзините правила за работа биле одобрени дури во 1928 година од
страна на Министерството за просвета на Кралството Југославија.
Според еден податок од 1930 година, Библиотеката во Кочани имала 2.350
книги, во Виница, Библиотеката располагала со 300 книги, колку што имала и Библио-
теката во Штип, од што произлегува дека во осумте библиотеки на брегалничката об-
ласт имало околу 7.800 книги. Бројките ни го покажуваат уште ова: во брегалничката
област во тоа време живееле 111.151 жител во 291 населено место, распоредени во 43
опшини. За нивни потреби работеле 71 основно училиште, една гимназија во Штип и
десетина виши, основни и нижи стручни училишта (Берово, Кочани, Радовиш), а само 8
библиотеки со читалници. Кога ќе се земе предвид вкупниот број книги во тие осум
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
40
библиотеки (што изнесувал околу 7.800 книги), излегува дека доаѓало по една книга на
секој 14 жител во брегалничката област.
Режимот на Кралството на СХС, подоцна Кралството Југославија, уште на поче-
токот од формирањето на државата, ја имал сфатено смислата на политиката за асими-
лација и за денационализација на македонскиот народ, па затоа, настојувал со отвора-
њето на основните и на други училишта и гимназии, со формирањето на културно-
уметнички и соколски друштва, хорови и оркестри, со издавањето весници со пропа-
гандна содржина, со отворањето и со работата на библиотеки со читалници, како и со
други форми, да ја постигне својата цел – однародување на македонскиот народ и губе-
ње на неговиот вековен идентитет.
Меѓутоа, и покрај сите вложени напори и средства, резултатите не биле големи,
а како што минувало времето меѓу двете Светски војни, така созреаната македонска на-
ционална мисла нашла свој претставник во политиката на КПЈ, која на македонскиот
народ му нудела национална и социјална слобода. Оттука, отпорот што го давал маке-
донскиот народ кон сите форми на угнетување го користел за постигнување на своите
цели – афирмацијата на македонскиот национален идентитет. Тоа биле и причините за
сериозната загриженост и, се разбира, преземањето нови мерки од страна на режимска-
та власт. Така, во 1923 година, министерот за внатрешни работи му пишува писмо на
својот колега, министерот за просвета на Кралството на СХС, во кое, меѓу другото, го
истакнува и следново: „... оваа пропаганда ја поматува националната свест на наше-
то население, всадувајќи му туѓа култура, уверувајќи го дека тој не е Србин… докажу-
вајќи му дека е тој некаков посебен народ, македонски, и дека треба да има автономи-
ја. Тоа го прифати народот бидејќи му одговараше на неговите чувства по вековното
робување да биде автономен“.
Во продолжение на писмото се истакнува какви сè методи треба да се преземат
за да се надминат оваа појава и сфаќања, па во таа смисла, се сугерира: „Ние мораме да
ги приспособиме нашите методи и да избираме средства за отстранување на ова
зло... кое не може да се реши со жандармерија и со војска. По пат на сила, тоа го доби
своето решение во 1913 и 1918 година. Сега треба да го решаваме со други методи и
со други средства. На досегашната осамена акција на полицијата и на војската, како
заштитничка на јавниот ред и мир, треба да £ се придружи и културно-просветната
акција…“ Меѓу средствата за акција, меѓу другото, избрани се отворањето читалници и
библиотеки, потоа печатење книги со српски песни, за кои се бара масовно да бидат
ширени низ трите области на Вардарска Бановина, и формирање на други просветно-
културни друштва и др.
Отворањето библиотеки и читалници било санкционирано од страна на Мини-
стерството за просвета, кое единствено било овластено да дава дозволи за отворање и
за работа. Поаѓајќи од јасните определби за ширење на својата пропаганда, Министер-
ството за просвета, во периодот 1922-1924 година, донело посебни правила за органи-
зирање на библиотеките и читалниците, а тие ги опфаќале следниве општи задолжени-
ја: 1. Да набавуваат книги, списанија и весници по одобрение и по препорака на одделе-
нието за народно просветување при Министерството за просвета. 2. Да им дава на
своите членови книги, списанија и весници на читање и дома. 3. Во зимскиот период,
да приредуваат просветни седенки. 4. Да држат предавања за чување на народното
здравје и на културните навики. 5. Да приредуваат аналфабетски курсеви за описмену-
вање на неписмените. 6. Да приредуваат домаќински курсеви за жените. Да подигнува-
ат сопствени домови.
Кога погорните правила ќе се споредат со правилата што ги донела управата на
првата читалница „Дејателност“ („Дејност“) во Штип во 1872 година, тогаш сосема
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
41
слободно може да се рече дека во многу работи, одделните членови се поклопуваат, од-
носно барањата им се исти. Тоа се однесува за позајмувањето на книгите за читање до-
ма, потоа за описменување на неписмените, со цел поголемо користење на книгите,
одржувањето предавања и др. Но, додека првата читалница „Дејателност“ („Дејност“)
во себе ги вклучувала целите врзани за неговиот духовен и културен напредок, Библио-
теката со читалница отворена меѓу двете Светски војни имала сосема подруг карактер и
цел: тоа било служење на постојната власт и служела за асимилација и за денационали-
зација.
Прогресивните младинци формирале илегална библиотека со богата марксис-
тичка литература и белетристика, која служела за теоретско и идеолошко изградување
на членовите на воспитните групи. На почетокот, библиотеката имала 100 книги, а по-
доцна нивниот број се зголемил на 200. До провалата во 1937 година, партиската орга-
низација во Штип располагала со богата марксистичка библиотека. Веднаш по почну-
вањето на апсењата, голем дел од илегалната литература се чувал во посебна простори-
ја во куќата на Ванчо Прке, а белетристиката, во куќата на Тошо Вукански, а еден дел,
кај Киро Анџекара. Поради зголемениот фонд книги и списанија, дел од илегалната
библиотека бил сместен во куќата на Панче Ушински.
Литература:
1. Георгиевски М., Културно-просветната и политичка улога на библиотекарството во Вардарска
Македонија меѓу двете Светски војни (библиотекарството во Вардарска Македонија меѓу двете
Светски војни), Скопје, Култура, 1989;
2. Штип и Штипско во Народноослободителната војна: 1941-1945: прилози од научниот собир
одржан на 17, 18 и 19 мај 1990 во Штип. кн. 2, Скопје, Општински одбор на Сојузот на борците од
Народноослободителната и антифашистичка војна, 2000.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
42
УДК 027.81
ОДДЕЛ ЗА РОДНОКРАЈНА ДЕЈНОСТ, ЗБИРКА ДОКТОРСКИ
ДИСЕРТАЦИИ И МАГИСТЕРСКИ ТРУДОВИ
Вера Анастасова, виш библиотекар
Апстракт
Збирката докторски дисертации и магистерки трудови е формирана по пат на
истражување и на воспоставената добра соработка со нејзините автори.
Соработката со сите автори на докторски дисертации и на магистерски трудови
е на високо ниво. Знаејќи го значењето на роднокрајноста, тие секогаш соработувале и
своите трудови ги подарувале во библиотеката – што значи без никаков финансиски
надомест.
Клучни зборови: роднокрајност, збирка, збирка докторски дисертации и магистерски
трудови
Abstract
The Collection of doctoral dissertations and magisterial works has been founded on
the basis of research and cooperation with its authors. This cooperation is very productive,
because the athors are highly aware of the significance of the homeland department activity,
so they have been bringing their dissertations and magisterial works without any financial
compensation.
Keywords: Homeland department activity, collection, Collection – doctoral dissertations and
magisterial works
Во Јавната општинска установа библиотека „Искра“, Кочани, роднокрајниот
фонд во одделот за роднокрајна дејност е организиран како самостоен, и соодветно на
тоа, претставува и специјален фонд во категоријата посебни книжни фондови. Фондот е
формиран со долгогодишни истражувања, a граѓата во овој фонд е универзална по сво-
јата содржина и претставува мешовита збирка во која покрај збирката ретки и старопе-
чатени книги, збирката дробен печат, збирката разгледници, потоа публикувани трудо-
ви на роднокрајни автори во форма на монографски публикации, сепарати, ракопис на
рака, машинопис, касети, ЦД-а и друг материјал, влегува и збирката докторски дисерта-
ции и магистерски тези. Ваквиот вид материјал од овој оддел му дава на корисникот
информации од: историјата, земјоделството (производството на ориз), економијата, по-
литиката, културата, спортот, поточно, од сите сфери на општественото живеење на
градот Кочани и на општината во старите рамки, како и за целиот регион и за Македо-
нија.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
43
Библиотечната граѓа од овој фонд е достапна за сите корисници: истражувачи,
ученици, студенти на кои им се потребни информации за Кочани и за Кочанско, а мо-
жат да ја користат само во просториите на библиотеката.
Овој оддел постојано се надополнува, како тековно така и ретроспективно, 80%
од фондот е добиен како подарок – поради добро воспоставената соработка со родок-
рајните автори, со институциите во општината – а притоа, користени се службени кон-
такти, лични пријателства, а еден дел од материјалот е обезбеден со купување. Поради
специфичноста на просторот во кој е сместен одделот за роднокрајна дејност – се наоѓа
во „Средновековната кула“, која е споменик на културата заштитен со закон – постоја-
но е посетуван како од индивидуални посетители така и организирано од ученици од
основните училишта, од официјални гости на Општина Кочани.
Збирката докторски дисертации и магистерки трудови е во сопственост на
ЈОУ Библиотека „Искра“ и е формирана по пат на истражување и на воспоставената до-
бра соработка со нивните автори.
Докторската дисертација е труд врз основа на кој авторот стекнал звање доктор
на науки; магистерскиот труд е труд врз основа на кој авторот стекнал звање магистер
на науки или звање магистер според Болоњската студиска програма.
„Докторските дисертации и магистерските трудови се научни документи преку
кои јавно се презентираат оригинални научни истражувања, па поради тоа, се сметаат
за значајни извори на научни и технолошки информации.
По правило, докторските дисертации и магистерските трудови се непечатени
(ракописни) публикации, умножени во ограничен број примероци, со што и можнос-
тите за пристап до нив се ограничени“.1)
Во сопственост на Библиотеката „Искра“ се: 12 докторски дисертации и 20 ма-
гистерски трудови, со тоа што дел од авторите ги имаат отстапено во библиотеката и
магистерските трудови и докторските дисертации, секако, во оригинална форма, а не-
кои од авторите успеале да ги отпечатат своите трудови.
Магистерски трудови: 2)
1. Establishing a central treasury in a country in transition toward a market economy as
part of public expenditure management reform-the evidence from the Republic of
Macedonia / Marija Janeva – Belg.: The University of Reading, International and Rural
Development Department , 2004. – 94 стр. УДК 330.1(043.2) Б.III 85
1) Преглед на док. дисерт. и маг. труд. Скопје, НУБ „Св. Климент Охридски“,
2002, стр. 3
2) Прегледот на магистерски трудови е даден според УДК.
2. Економските ефекти на супституцијата на енергијата од класични извори во
енергијата од геотермални води во организациите од стопанството во Кочани /
Иван Иванов – Скопје, Мак.: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Економски
факултет , 1986 – 237 стр. УДК 330.34(043.2) Б.III 91
3. Методика за определување на техноекономската оправданост од примена на нова
опрема во машиноградбената индустрија / Симеон Симеонов – Скопје, Мак.:
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Машински факултет, 1988 . – 111 стр.
УДК 330.34:658.152(043.2) Б.III 26
4. Здружување на трудот и средствата на индивидуалните земјоделски производите-
ли според важечкото сојузно законодавство на СРМ и практиката во регионот на
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
44
Источна Македонија / Никола Николов – Скопје, Мак.: Универзитет „Св. Кирил и
Методиј“, Правен факултет, 1980. – 278 стр. УДК 334.732:631.1(043.2) Б.III 18
5. Kriterijumi i metodi ocene ekonomske efektivnosti i investicija u turizmu / Mihailo A.
Mihailov – Beograd, Jug.: Univerzitet u Beogradu , Ekonomski fakultet, 1970. – 245
стр. УДК. 338.48:658.152(043.2) Б.III 92
6. Темна бројка на криминалитетот / Слаѓана Тасева – Скопје, Мак.: Универзитет
„Св. Кирил и Методиј“, Правен факултет, 1995 – 172 стр.
УДК 343.977:351.74(497.7)(043.2) Б. III 32
7. Socijalno–ekonomski status porodice i zaštita dece u predškolskim ustanovama / Verica
Stamenkova Trajkova – Beograd, Jug.: Univerzitet u Beogradu, Fakultet političkih
nauka, 1980 . – 156 стр. УДК 347.61:373.21 (043.2) Б.III 19
8. Училишно менаџирање со квалитетот на оценувањето во основното образование /
Соња Серафимова – Скопје, Мак.: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Институт
за педагогија, 2010 – 146 стр. УДК 371.1(043.2) Б.III 98
9. Динамика на популацијата на еребица камењарка (Alektoris graeca graeca –
meisner) во средно сливно подрачје на река Брегалница / Киро Бојаџиски – Скопје,
Мак.: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Шумарски факултет, 1983 – 80 стр.
УДК 598.617(043.2) Б.III 85
10. Prilog izučavanju diuralnog ritma sekrecije LH, FSH i testosteronа u zdravih mladih
muškaraca 19-25 godina starosti / Angel Lazarov – Beograd, Jug.: Univerzitet u
Beogradu, 1979 – 67 стр. УДК 61(043.2) Б.III 93
11. Црнодробна ехинококоза и евалуација на оперативните методи / Никола Јорданов
– Скопје, Мак.: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Медицински факултет, 1990
– 80 стр. УДК 612.35(043.2) Б.III 25
12. Влијание на режимите на обработка врз трајноста на резниот алат при обработка
на запченици по методата на Фаутер / Миле Каровски – Скопје, Мак.: Универзи-
тет „Св. Кирил и Методиј“, Машински факултет, 1983 – 119 стр.
УДК 621.833.1:621.9.02 Б.III 16
13. Морфолошко-биолошки и хемиско-технолошки својства на некои сорти ориз одг-
ледувани како прва и како втора култура / Добре И. Андов – Скопје, Мак.:
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Земјоделски факултет, 1997 – 76 стр.
УДК 633.18:575.2(043.2) Б.III 68
14. Некои генетски карактеристики на хибридите добиени со крстосување на култур-
ни бели сорти и црвено–зрнести генеотипови ориз / Верица Б. Ѓорѓиева – Скопје,
Мак.: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Земјоделски факултет, 1997 – 108 стр.
УДК 633.18:631.52(043.2) Б.III 65
15. Поважни морфолошки, биолошки и стопански својства на некои италијански
сорти ориз одгледувани во Кочани / Јордан Зафиров – Скопје, Мак.: Универзитет
„Св. Кирил и Методиј“, Земјоделски факултет, 1989 – 62 стр.
УДК 633.18:631.52(043.2) Б. III 27
16. Промена на хемиските, физичките и оранголептичките својства кај оризот во
текот на чување во индустриски складишта / Славица Данилова Ивановска –
Скопје, Мак.: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Технолошки факултет, 1984 –
92 стр. УДК 633.18(043.2) Б.III 83
17. Proučavanje nekih morfoloških i fizioloških osobina Helminthosporium Orizae breda de
haan = Study of some morphologic and psihologik properties of Helminthosporium
oryzae breda de haan / Ilija Karov – Novi Sad, Jug.: Univerzitet u Novom Sadu,
Poljopriprivredni fakultet, 1977 – 99 стр. УДК. 633.18:632.42/.49 (043.2) Сеп. II 23
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
45
18. Ентомофауната на оризот во Кочанско со посебен осврт на инсектите од редот
на Diptera / Елизабета Томева – Скопје, Мак.: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,
Земјоделски факултет, 1997 - 82 стр. УДК 632.7.77:633.18(497.7) (043.2) Б. III
703)
19. Влијание на различни количества азот врз приносот и содржината на хлорофил
во листовите, вкупен азот, протеини, нивните фракции, фосфор, калиум и манган
во зрното на ориз (Orizae sativa L.) / Даница Поп Михаилова – Скопје, Мак.:
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Природно-математички факултет, 1986 – 76
стр. УДК 633.18(043.2) Б.III76
20. Плевелна вегетација по оризиштата во Кочанско и нејзиното стопанско
значење / Методија Хаџипаунов. – Скопје, Мак.: Универзитет „Св. Кирил и
Методиј“, Земјоделски факултет, 1985 – 61 стр. УДК 633.18(043.2) Б.III 56
Докторски дисертации:4)
1. Интелектуалните способности кај монозиготните и дизиготните близнаци /
Верица Стаменкова Трајкова - Скопје, Мак.: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ,
Филозофски факултет , 1987 . – 235 стр. УДК 159.922.72:618.25 (043.3) Б.III 30
2. Оштетениот како тужител (супсидијарен тужител) / Иванчо Стојанов – Скопје,
Мак.: Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Правен факултет, 1988 . – 261 стр.
УДК
343.122.001.36
343.122(497.1)(091)
343.122(497.1)(043.3) Б.II 1985)
3) Буквата Б ( од библиографска единица ) е земена за топографска сигнатура
во одд. за род. дејност кога е формиран.
4) Прегледот на докторските дисертации е даден според УДК.
5) Со Б.II се означени докторските дисертации публикувани како монографски
публикации.
3. Перење пари / Слаѓана Тасева – Скопје, Мак.: Универзитет „Св. Кирил и
Методиј“, Правен факултет Јустинијан Први, 2002 – 316 стр. УДК 343.359(100)
343.359 (497.7)(043.3) Б.II 425
4. Mogučnost povečanja pouzdanosti radioimunološke analize za određivanje
koncentracije ukupnog i slobodnog tiroksina (ht4) u serumu periferne krvi čoveka /
Angel Lazarov – Beograd, Jug.: Univerzitet u Beogradu, Medicinski fakultet, 1988 . –
161 str. УДК 61(043.3) Б.III 94
5. Влијание на компонентите на структурата на материјалот за фрикционите
облошки врз перформансите на фрикционите спојки за товарните моторни возила
/ Симеон Симеонов – Скопје, Мак.: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,
Машински факултет, 1998 – 161 стр. УДК 629.113(043.3) Б.III 48
6. Проучување на месните сорти пченка во СР Македонија во однос на нивните
поважни морфолошки, биолошки и стопански својства / Дијаманди Корнети –
Скопје, Мак.: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ,Земјоделско-шумарски
факултет, 1969 – 217 стр. УДК 633.15(497.7)(043.3) Сеп.II 61
7. Наследување на квантитативните својства кај хибридите добиени со циклично
крстосување кај оризот (oryza sativa L.) / Добре Андов – Скопје, Мак.:
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Земјоделски факултет, 2003 – 121стр.
УДК 633.18:575.1:575.222.7(043.3) Б.III 69
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
46
8. Принос и содржина на вкупен азот, протеини, фосфор и калиум во зрното на три
сорти ориз во зависност од начинот и времето на користење на азотот / Даница Л.
Андреевска – Скопје, Мак.: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Природно-
математички факултет, 2000 – 152 стр. УДК 633.18:631.847(043.3) Б.III 63
9. Ефект на гените при наследувањето на компонентите на приносот кај оризот /
Верица Б. Илиева – Скопје, Мак.: Универзитет „Св.Кирил и Методиј“,
Земјоделски факултет, 2002 – 140 стр. УДК 633.18:631.52 Б.III 66
10. Echinochloa sp. по оризиштата во Кочанско и поважните мерки за негово
сузбивање = Echinocloa sp. Dans les riziėres a Kočansko et des precautions plus
principales pour realiser son elimination / Иван А.Серафимов – Скопје, Мак.:
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Земјоделско-шумарски факултет, 1965 – 81
стр. УДК 633.18:632.9(043.3) Сеп. II 1136)
11. Фауната на Diptera Brachucera на оризот во Р. Македонија со посебен осврт на
штетните и корисните видови / Елизабета Д. Томева – Скопје, Мак.: Универзитет
„Св. Кирил и Методиј“, Земјоделски факултет, 2003 – 257 стр.
УДК 633.18:596.772.773:632:591.69(043.3) Б.III 71
12. Порастот и развојот на работничката класа како одраз на индустријализацијата на
НР Македонија (1947-1956 ) / Лазар Лазаров – Скопје, Мак.: Универзитет „Св.
Кирил и Методиј“, Факултет за филозофско-историски науки, 1984 - 332 стр.
УДК 94(497.7)1947/1956“(043,3) Б.III 17
Освен докторските дисертации и магистерските трудови, овие автори имаат отс-
тапено и друг публикуван матeријал; најчесто, тоа се сепарати публикувани во струч-
ните списанија од областа во која работат.
Соработката со сите автори на докторски дисертации и на магистерски трудови
е на високо ниво. Знаејќи го значењето на роднокрајноста, тие секогаш соработувале и
своите трудови ги подарувале во Библиотеката – што значи, без никаков финансиски
надомест. На сите ним им благодарам за соработката.
6) Со Сеп.II се означени научните трудови публикувани во стручни списанија.
Тука, сакам да ги соопштам и имињата на останатите доктори на науки и ма-
гистри, кои во роднокрајното одделение отстапиле свои публикувани трудови, но ток-
му поради, како што веќе кажав, тоа што докторските дисертации и магистерските тру-
дови се умножуваат во ограничен број, не биле во можност да ги отстапат и нив. Д-р
Благој Попов, за кој моите досегашни истражувања кажуваат дека е првиот кочанец кој
докторирал во 1952 година (можеби со некои понатамошни истражувања, ќе се открие
дека и пред него имало доктори на науки од Кочани), Миле Хаџи Василев, Митко Геор-
гиев, Александар Стојмилов, Киро З`мбов, Благородна З`мбова, Маринко Митков, Ван-
чо Тушевски, Снежана Плавшич, Трајко Орушев, Михајло Георгиевски,7) Гордана Па-
нова, Апостол Галачев. Сметам дека е вредно да се каже и тоа дека д-р Благој Попов е и
првиот академик од Кочани, за редовен член на МАНУ е избран на 18 август 1967 годи-
на, членови на МАНУ, надвор од работниот состав, од Кочани се уште и Киро З`мбов,
Константин Апостолов и Иван Дејанов
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
47
Заклучок
Збирката докторски дисертации и магистерски трудови е една од најзначајните
збирки во книжниот фонд во одделот за роднокрајна дејност.
Корисникот на библиотечниот материјал во Библиотеката „Искра“ ја има мож-
носта, преку директен контакт со докторските дисертации и со магистерските трудови
на роднокрајните автори од Кочани и од Кочанско, да ги користи оригиналните научни
истражувања на овие автори и да се запознае со значајни научни и технолошки инфор-
мации.
7) М. Героргиевски, Т.Орушев се декларираа за роднокрајни автори од Кочани.
Користена литература:
1. Преглед на докторски дисертации – одбранети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, во
периодот 1952-1978, НУБ „Климент Охридски“, Скопје, 1980
2. Преглед на магистерски трудови – одбранети на универзитетите во СР Македонија во периодот
1963-1976, Св.1, НУБ „Климент Охридски “, Скопје, 1986
3. Преглед на магистерски трудови – одбранети на универзитетите во СР Македонија во периодот
1977-1980, Св.2, НУБ „Климент Охридски“, Скопје, 1987
4. Преглед на магистерски трудови – одбранети на универзитетите во СР Македонија во периодот
1981-1984, Св.3 НУБ „Климент Охридски“, Скопје, 1987
5. Преглед на магистерски трудови – одбранети на универзитетите во СФР Југославија и странство во
периодот 1948-1986, Св.1, НУБ „Климент Охридски“, Скопје, 1989
6. Преглед на докторски дисертации одбранети на универзитетите во СР Македонија во периодот 1979-
1984, НУБ „Климент Охридски“, Скопје, 1985
7. Преглед на докторски дисертации – одбранети на универзитетите во СФРЈ и во странство во
периодот 1928-1981, НУБ „Климент Охридски“, Скопје, 1985
8. Преглед на докторски дисертации – одбранети на универзитетите во СФР Југославија и странство во
периодот 1982-1986, НУБ „Климент Охридски“ , Скопје, 1989
9. Преглед на докторски дисертации и магистерски трудови одбранети надвор од Република
Македонија во периодот 1992-2000, НУБ „Св.Климент Охридски“, Скопје, 2002
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
48
УДК 929 Јосифовски, Б
СО „ОПШТИНСКИ УДАР“ ДО ЗАСЛУЖЕНОТО МЕСТО
ВО МАКЕДОНСКАТА ДРАМАТУРГИЈА
(Посветено на Боро Јосифоски – новинар, драматург и библиофил)
Владимир Кочовски, виш библиотекар
Апстракт
Боро Јосифоски, иако речиси целиот работен век ќе го помине како општински
финансиски службеник, со својата долгогодишна, речиси петдецениска новинарска ак-
тивност, која ја извршува со голема љубов, ќе обезбеди значајно место во културната
историја на Македонија како хроничар од Тетово.
Abstract
Boro Josifovski, in spite of being a municipal financial clerk throughout his
length of service, with his long five decades of work as a journalist done with great love
he will achieve a significant place in the cultural history of Macedonia as a chronic of
Tetovo.
Со драмскиот текст „Општински удар“ објавен во далечната 1938 година,
иако скромен по своите литературно-книжевни вредности, тетовецот Боро Јоси-
фоски дава сериозен прилог за македонската драмска книжевност кон крајот на
четвртата деценија од минатиот век.
Во времето кога родоначалниците на македонската битова драма, Васил
Иљоски, Антон Панов и Ристо Крле, со своите драмски текстови напишани на разни
народни македонски говори во тогашната Вардарска Македонија, ги зацврстија темели-
те на драматургијата на македонска почва, се појави уште едно драмско дело напишано
на тетовски говор, кое, за жал, остана до денес непознато. Тоа е „Општински удар“ на
тетовецот Боро Јосифоски.
Васил Иљоски, со своето драмско дело „Бегалка“ напишано во 1927 година, го
започнува походот на драмски текстови пишувани на народен јазик; Антон Панов, со
своите „Печалбари“, се потврди како драмски писател во 1936 година, а набргу потоа
се појави и Ристо Крле, третиот член на денес познатото драмско трио, со „Парите се
отепувачка“, текст објавен кон крајот на 1938 година, во која Боро Јосифоски веќе го
имаше објавено својот драмски текст „Општински удар“.
Со својот народен говор од Тетово, „Општински удар“ целосно се вклопува во
милјето на македонските драмски писатели од тоа време. Но, за разлика од нив, кои во
своите дела третираат главно социјална тематика, карактерот на пиесата на Боро Јоси-
фоски е од оној вид политичка сатира што се среќава во блескавите комедии на срп-
скиот комедиограф Бранислав Нушиќ.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 28(2011), бр. 1-2
49
Меѓутоа, за жал, Боро Јосифоски (1912-1994) не ја доживеа славата на претход-
ните тројца. Драмата „Општински удар“ остана непоставена на сцена, а тој не се обиде
да создаде ново дело. „Општински удар“ се одвива за време на изборите за претседател
на општината во една селска населба. Имињата на личностите, кои се јавуваат во пиеса-
та, се измислени. Меѓутоа, и покрај тоа, вистинските актери во настанот лесно се пре-
познале, му се лутеле и му се заканувале, што најверојатно депримирачки влијаело врз
него и било одлучувачко да не продолжи со пишување драмски текстови.
Освен со вистинските актери на настанот, кој, патем набележано, се случил една
година пред да ја напише сатиричната комедија, авторот имал непријатности и со др-
жавниот тужител од Тетово, кој ставил забрана за печатење на ракописот, но на крај,
сепак, попуштил по интервенција на Добрила Миниќ-Јаниќијевиќ, која работела во ис-
та канцеларија со Боро Јосифоски, а била пријателка со државниот тужител.
„Општински удар“ од Боро Јосифоски, печатен во печатницата „Јадран“ на Куз-
ман Најденовски во Тетово, е објаснет како исечок од селскиот живот, има 35 страници,
а дејствието се одвива во пет сцени. Главни личности се: претседателот на општината
Риста Петровиќ, долгогодишен претседател и учесник во Првата светска војна, негова-
та жена Перса, Марко Јовановиќ, главниот противник на претседателот, тројца општин-
ски одборници и двајца пандури, кои не се именувани, деловодителот во општината
Живан Живановиќ, срескиот началник, полицискиот писар и прислужникот на началст-
вото.
Карактеристика на Боро Јосифоски, како автор на оваа драматизација, е убавото
сликање на средината и на личностите, на актерите Ристо и Марко, на деловодителот,
кој е препреден измамник и кој не случајно бара „југовина“ во Тетовско, на пандурите
со своите домашни беди и мали плати, на нерешителните и колебливи општински од-
борници. Дејствието е вешто водено, а тоа е сторено особено умешно кога го изместува
редоследот на иследувањето, кога срескиот началник од одборниците ќе ја разбере вис-
тината, а потоа го сослушува Марко. Срескиот началник е правдољубив и вчудовиден
од итрината на Ристо.
Драмското дело „Општински удар“ од Боро Јосифоски треба да си го најде
своето вистинско место во историјата на македонската драматургија. Без оглед на фак-
тот што е пишувано пред повеќе од седум децении, тоа и денес може да биде актуелно
и интересно и заслужува да биде поставено на сцена и премиерно да му се оддолжи на
починатиот автор за чекањето.
Боро Јосифоски, иако речиси целиот работен век ќе го помине како општински
финансиски службеник, со својата долгогодишна, речиси петдецениска новинарска ак-
тивност, која ја извршува со голема љубов, ќе обезбеди значајно место во културната
историја на Македонија како хроничар од Тетово. Со свои статии за првпат се појавува
во далечната 1930 година. Бил мошне плоден хонорарен дописник на повеќе весници,
како што се „Вардар“, „Време“, „Правда“, и најмногу на белградска „Политика“ на која
£ остана верен до крајот на својот живот.
Љубовта кон книгите и кон читањето кај Боро Јосифоски е неизмерна. Уште
како дете, од својот џепарлак купува книги со кои оформува богата библиотека. Книги-
те ги држи во речиси совршен ред, имал оформено инвентарна книга во која биле запи-
шани сите библиотечни единици, а на книгите ставал налепници со инвентарниот број.
Најголем дел од книгите што ги поседувал се напишани на српско-хрватски јазик, печа-
тени во Белград, во Нови Сад, во Загреб и на други места. За жал, по неговата смрт,
особено по продавањето на куќата во која живеел во Тетово, дел од книгите се растуре-
ни, а инвентарната книга, загубена. Стотина примероци од неговата богата библиотека
има зачувано неговата ќерка Мирјана.