3
Национална установа – Универзитетска библиотка
„Св.Климент Охридски“ – Битола
МЛАДИ ПОЕТСКИ ПЕРФОРМАНСИ
(Избор на поетски творби)
Битола, 2017 година
4
Издава
Национална установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ -
Битола
За издавачот
м-р Јелена Петровска
Уредници:
Фатма Бајрам Аземовска
Илче Стојановски
МЛАДИ поетски перформанси : (избор на поетски творби) / [уредници
Фатма Бајрам Аземовска, Илче Стојановски]. - Битола : Национална установа
Универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", 2017 (Битола :
Графопром). - 47 стр. ; 21 см
ISBN 978-608-4538-64-6
821.163.3-93-1(082.2)
COBISS.MK-ID 103813642
5
СОДРЖИНА
ПРЕДГОВОР ........................................................................................................... 7
НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ............................................................................................. 8
ЈА САКАМ БИТОЛА ............................................................................................... 9
ЖИВОТ НЕВЕРЕН ................................................................................................. 11
ДА ГО ОТВОРИМЕ СРЦЕТО ДА ГО СОБЕРЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ ............................... 12
МОЈАТА ТАТКОВИНА ......................................................................................... 14
ЈАБОЛКО .............................................................................................................. 16
ПОЕЗИЈА .............................................................................................................. 17
НЕНАСЛОВЕНА .................................................................................................... 19
БИБЛИОТЕКА ...................................................................................................... 21
ПРOШЕТКA .......................................................................................................... 22
ВЕЧНО ДЕТЕ СУМ... ............................................................................................. 23
ПЕПЕРУТКА .......................................................................................................... 24
СЛОБОДНА МИСЛА ............................................................................................ 25
ЉУБОВНА ............................................................................................................ 27
ЖИВОТ ................................................................................................................. 32
СОН ...................................................................................................................... 33
МОЈАТА НАСТАВНИЧКА ..................................................................................... 34
МОЈАТА УЧИТЕЛКА ............................................................................................ 36
МОЈАТА УЧИТЕЛКА ............................................................................................ 37
МОЈАТА НАСТАВНИЧКА ..................................................................................... 39
МОЈАТА УЧИТЕЛКА ............................................................................................ 40
МОЈАТА УЧИТЕЛКА ............................................................................................ 41
6
ТЕБЕ УЧИТЕЛКЕ ................................................................................................... 42
НАШАТА УЧИТЕЛКА ........................................................................................... 43
БЕСМРТНИОТ ...................................................................................................... 44
РОДНИОТ КРАЈ ................................................................................................... 46
ПРАЗНИК ............................................................................................................. 47
ТАТКОВИНА ......................................................................................................... 48
ПРОЛЕТ ................................................................................................................ 49
ПРОЛЕТНИ СЕТИЛА ............................................................................................ 50
СМИСЛАТА НА ЖИВОТОТ НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕДЕН МЛАД ПОЕТ ................ 51
7
ПРЕДГОВОР
„Млади поетски перформанси“
Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент
Охридски“ – Битола започна да го реализира проектот „Млади поетски
перформанси“, наменет за млади автори на поетски творби од
Пелагонискиот регион, за ученици од 5-9 одделение од основните училишта,
ученици од средните училишта и млади на возраст од 18 до 24 години.
Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме младите
литературни творци да пишуваат, да го промовираат и афирмираат своето
креативно творештво, за прв пат да се објават во збирка поезија со што ќе
им се даде можност да се претстават пред пошироката јавност. Во поттекст
на проектот е заложбата за силна и директна стимулација на творештвото на
младите автори од нашата земја.
Проектот опфаќаше конкурс за доставување на поетски творби, кој
беше јавно распишан во текот на 2017 година.
Најдобрите и најквалитетните творби кои беа доставени се
објавени во оваа заедничка збирка поезија.
Во рамки на проектот се одржаа работилници на следните теми:
„Модерни текови и трендови во современата поезија“, „предавање од
областа на поезијата, посочување теми, пишување на песна и
интерпретација на напишаната песна“,„Електронските алатки и можноста за
промоција на поетското творештво на младите поети“„Од развивање на
идеја – дело до промоција на дело“ итн.
Од уредниците
Фатма Бајрам Аземовска
Илче Стојановски
8
НА СВЕТИ КЛИМЕНТ
Пред твојот споменик стојам,
со мислите во минатото летам,
годините наназад ги бројам,
колку одминало од тогаш сметам.
Пред илјадa години низ земјава си одел,
си чекорел мудро крај езеро мирно,
и народот кон светлина си го водел,
кон ново утро, кон знаење ширно.
Да не беше ти, ни оваа песна немаше да биде
твоето дело секој ден го славиме,
и затоа секој нека виде
дека од срце, за писменоста ти благодариме.
Гугучевски Милош
ОУ „Св Климент Охридски“ V-1 оддeление
Ментор Стевановска Вера
9
ЈА САКАМ БИТОЛА
Во подножјето на Баба
со магична убавина блика,
не било кој, градот на конзулите
Битола се вика.
На Пелистер Моликата помош бара
што не чини ни пара,
треба само разум здрав
кон почиста иднина да го најдеме патот прав.
Реката наша Драгор
градот ни го краси,
да не дозволиме со отпадоци
никој да ја гнаси.
Дрвца и цвеќиња да засадиме
да ги негуваме и вадиме,
зелената природа да ја зачуваме
да ја штитиме и да не ја уништуваме.
10
Акција да превземеме вредна
зошто природата е една,
свеста наша да се дигне
за катастрофа да не не стигне.
Ѓорѓи Гајтановски V-1 оддeление
ОУ. Св. Климент Охридски - Битола
Ментор Вера Стевановска
11
ЖИВОТ НЕВЕРЕН
Ред, редум, нередица.
Вечност
во вечноста не изживеана.
Солзи во очите заматени
избледени
од летата пројдени
за солзата од срце откорната
за првиот бебешки плач
згаснат од бескрајноста.
Наташа Егуменовска
12
ДА ГО ОТВОРИМЕ СРЦЕТО ДА ГО СОБЕРЕ ЦЕЛИОТ
СВЕТ
Зошто луѓето да бидат тажни?
Зошто срцата да им се празни?
Зошто срцата да не им се отворени,
да проговорат на темите затворени?
Мајка Тереза е пример за сите,
чекорот нејзин да го следиме.
Хумани луѓе да бидеме,
само тогаш навистина вредиме.
Да не го делиме светот по бојата и нацијата.
Да ја почитуваме на секој традицијата.
Со хумани луѓе светот да опстои,
секаде хуманоста да постои.
Животот е убав кога љубов делиме.
Малите нешта го прават вреден.
Подадете рака,отворете срце,
направете го убав, животот е еден
13
Чувството на споделување не се опишува,
во срцето трага запишува.
Да почувствуваш благодарност вреди.
Секој од нас добри дела да реди.
Љубов, насмевка и среќа да посееме,
благодет и добрина да доживееме
Светот во подобро место да го претвориме,
срцето за секој да го отвориме.
Бојана Спасовска VIII оддeление
ООУ„ Стојан Бурчевски Буридан„
с.Иванковци- Велес
Ментор - Наташа Брезовска Богоевска
14
МОЈАТА ТАТКОВИНА
Мојата татковина
Македонија се вика,
јас ќе ја опеам
во безброј стиха.
Голема убавина
низ неа се точи,
но сето тоа треба
да се види со очи.
Таа има најубави планини,
безброј цветни паркови,
а во Пелагониската рамнина
најплодните житни полиња.
Македонијо, татковино,
земјо мила,
благодарна сум ти,
што многу убави градови
си ни подарила!
15
Постои една држава
во светот знај,
во која убавините немаат крај.
Да , тоа е мојата Македонија!
Лаура Кајџаноска III-1 оддeление
ООУ.”Климент Охридски” – Прилеп
Ментор Соња Стојаноска
16
ЈАБОЛКО
Есен дојде златна,
јаболката зреат,
од гранката полна
на децата им се смеат.
Ајде, ајде, дечиња,
земете јаболчиња,
слатко да ги каснете,
големи да пораснете.
Јаболчиња црвени,
Жолти или зелени,
Зрели сте и вкусни
За детските усни.
Христијан Шипинкоски III-1 оддeление
ООУ „Климент Охридски“ –Прилеп
Ментор - Соња Стојаноска
17
ПОЕЗИЈА
Го зедов перцето бело.
Го ставив во мастилото.
Капка солза падна на хартијата.
Цела облеана во страв.
Затворена во соба.
Четири ѕида,мастилото,јас
Хартијата и поезијата.
Таа е секогаш со мене.
Таа е како сенка
Што ме следи на секој чекор.
Каков би бил светот без неа?
Каков би бил светот без песна?
И ете,застанав на сред соба.
Во моето срце се повеќе и повеќе
Се разгранува болката.
Но нека,ќе помине.
Го велев тоа со години,месеци недели и денови,
Па камо и секунди и стотинки.
И знаев дека сум во светот на поезијата.
18
Се разбудив.
До мене беше старата хартија,мастилото и перцето.
Односно поезијата.
Поезијата е моето верно другарче,
Благодарение на неа
Никогаш не се чувствувам осамена.
Стефанија Јакимовска, 7 одделение
19
НЕНАСЛОВЕНА
Барем еднаш би сакала да сум
насоката во која некој е упатен.
Мора да е возможно да пливаш
во сенките на твојата љубов
без да останеш без здив.
Мораш да пливаш,
бидејќи тоа е твојата љубов!
Мора да е возможно да
немаш душевна знаност
за реалноста ако си добро!
Да, добро сум!!!
Но, сепак повторно
ги сретнувам оние бранови
кои ме донесоа кон ова сознание
за некоја енергија
која ме води.
Да, одам според сликата за себе
живеам според мојата суета.
Мора да е возможно да го надминеме егото.
20
Мора да е возможно
да ги тргнам тие синџири од моиве нозе
за да можам повторно да пливам.
Мора да е возможно да се ослободам
од тој магнет,
што ме привлекува кон темното дно.
Мора да е возможно да пливам
без да станам вода и самата!
Но, не мора да бидам тоа нешто
од кое луѓето ги чистат своите раце.
Христина Тасеска, 8а одделение
21
БИБЛИОТЕКА
Во неа книгите се редат,
затоа многу вредат,
секое дете да сака да чита
секој миг со неа блика.
На секоја полица по една книга
различно се вика,
и секогаш различен поет ја сликал.
Библиотека напразно не се вика,
бидејќи во неа секое дете
сака да чита.
Со убави зборови речници
се полнат,
и никогаш не се ронат.
На секој ѓердан по една буква
се реди,како браќа сложно
стојат и времето го бројат.
Секогаш ќе те посетуваме
и тајни ќе чуваме,
и со тебе ќе векуваме.
Ангела Симоновска
22
ПРOШЕТКA
Низ зеленило и бои,
oдaм сo тивок чекoр.
Сaмa низ сончевината.
Се влевa некoјa убавина вo срцетo мoе.
Гледaм слика
на разигран пејзаж пред мене...
Мелодија во душата,
кaкo сетa глеткa дa е сaмo мoјa.
Гледам листот се движи брзo,
ита земјата да ја бакне.
Гледам врв планински вишен,
облакот го милува нежно.
Гледам бран езерски тивок,
брегот го дарува со спокој.
Слушам зaмaвнувa ветер,
чиниш пердув те разгалува.
Пaѓa сaмрaк, a во негo тишинaта ја буди
oдaтa зa убaвинaтa.
Јана Вангеловска 8 оддeление
ОУ „Даме Груев“ - Битола
Ментор Билјана Герас
23
ВЕЧНО ДЕТЕ СУМ...
Пред мене се
многу убави нешта,
нели сум сè уште дете?
Колку безгрижен, весел живот...
Колку детски игри, насмевки...
Дали ќе останат засекогаш?
Дали ќе остани овој
свет на фантазии?
Овој прекрасен свет
на виножито од желби?
Не сфаќам ништо,
само едно знам.
Ова време ќе замине,
но… на едно место ќе остане,
во душата, во мислите...
Ете таму вечно дете сум,
само таму вечно дете сум...
Андреа Наковска 8 оддeление
ОУ „Даме Груев“ – Битола
Ментор Билјана Герас
24
ПЕПЕРУТКА
На овој свет
нема таков цвет,
само што ќе летне
ќе заблеска во лет.
Црвени, жолти, бели
крилја има смели,
во ливада негде лета
каде што цветот цвета.
Пеперутка мила,
накитена со свила
како мајски цвет,
нема такво нешто
на целиот свет.
Големо чудо
животно лудо
по цел ден само лета
оди и прета.
Ева Шипинкоска
4 оддeление ООУ „Јонче Смугрески “ –Обршани-ПП Бела Црква
Ментор Марина Димовска
25
СЛОБОДНА МИСЛА
Поглед низ прозорецот
Поглед зад ѕидините на срцето
Поглед кон птицата во кафез во дворецот
Се чувствува мирисот на желбата
Во потрага по слободата на морето.
Тивко! Се слуша гласот на тишината
Слушни го гласот на копнежот
Тивок, но смел
Храбар, со јасна цел
Бара поглед низ очите на светот
Бара милост од срцето на ветрот
Бара насмевка од мрачното лице на векот.
О, зошто, зошто, не сум гавран црн
Па да летнам по полињата ширни
Да ги разбунтувам срцата мирни
Да најдам бунтовна капка во пролеаната крв
Да најдам во мирните души немирен црв.
Можеби таму ќе најдам зрно желба
Потопено во вир од почит,
26
Можеби таму има човек со срце,
Срце во кое има ѕвезда,
Ѕвезда со силен сјај,
Ѕвезда која бара слобода,
Слобода за која со векови сонувале
И безнадежно низ мислите патувале,
Во облакот, светлина барале,
Во празното срце љубов барале
И со безнадежни мисли
За среќа сонувале.
Наумовска Ана Марија
27
ЉУБОВНА
Не живеам зашто животот ми е драг,
не, зашто ќе оставам трага
зад моите чекори.
Не, зашто вредам,
или сакам да дишам.
Сè ќе ти доверам тебе,
не двоумејќи се ни за миг.
Ќе создадам љубовна историја!
Мојот здив нека биде твој,
заедно да дишеме,
откини ми го срцето,
изгори ми го телото,
сè ти подарувам тебе.
Ќе горам во твојот оган,
со твоите страдања јас ќе се борам.
По тебе чекорам со години,
деновите се полоши,
ноќите ме проголтуваат.
28
По тебе одам во пролет
кога цветовите нежни цутат со мојата љубов.
Потам во жешки лета.
Есенските листови паѓаат, а со неа и љубовта,
со нив и јас пропаѓам.
Тонам во солзите изгонети како реки,
во зима замрзнати
и јас скаменет, замрзнат,
не знам како да се вратам дома.
А ти не ме погледнуваш,
не се вртиш да видиш што има зад тебе,
што крие светот во кој ти спокојно одиш.
Трчајќи, викајќи, плачејќи
само да ме слушнеш.
Живеам со студот,
живеам со тагата,
со болката,
ништо не ме грее.
За дома не знам откако те видов тебе.
29
Чекорам по патишта влажни,
во ноќи тажни.
Тревките и облаците ми се браќа и сестри.
Небото и земјата-мајка и татко.
Покажи ми го патот, судбината.
Да не чекорам залудно,
живеам зашто те сакам
и за да ме сакаш и ти.
Моите рани,
моите болки и страдања,
искрвавено срце,
нека се пролеат
и запечатат по тој изоден пат ако залутам.
Не живеам за ноќта, за мракот,
сакам да ме осветли твојата светлина.
Не живеам за денот, не живеам за лебот,
сакам да ме нахрани твојата љубов.
Се плашам од тие силни звуци кои наоколу ечат.
Од темнината која сè повеќе ме покрива,
30
која ме проголтува за да ме раздели од тебе.
Ќе погледнат ли тие сини очи,
тие мразови во нив недостопени.
Тие усни суви, студени,
ќе се згреат ли од мојот бакнеж?
Имам желба да ми прелетнеш в прегратки
како најслободна и најубава птица,
во моето гнездо на љубовта осамено.
Зашто, вака сум само скитник,
и бесцелно чекорам по љубовта,
барајќи ги нејзините траги,
а ги оставам само своите.
Веќе ја губам надежта,
последниот здив ми надоаѓа,
ме болат нозете,
ќе ме изедат тие снегови бели и зими снежни.
Ми остана да се молам дека твојата љубов,
страдање, болка ќе ги стопат тие снегови.
31
Да истрчаш како нежна срна кај мене
барајќи спас од ловците.
Да процути твојот цвет во моето срце.
Да вкусиме од најслатките плодови на љубовното дрво.
Александар Кутлешовски 8 оддeление
ОУ ,,Стив Наумов"-Битола
Ментор - Ана Динковска-Божиновска
32
ЖИВОТ
Уште првите зборови кога ги пишуваме
во нашите училишни тетратки,
чекориме заедно кон иднината
со чекори сигурни, иако кратки.
Кога учиме секој ден
сè подобри ученици и луѓе стануваме,
за да можеме иднината да ја градиме
и заедно да ја негуваме.
Сите сме различни,
но заедно разнобојно виножито боиме,
и така, за рака фатени, сплотени
гордо пред иднината ќе стоиме.
Теона Стојановска 8 оддeление
ОУ Стив Наумов-Битола
Ментор Ана Динковска-Божиновска
33
СОН
Дали знаете дека постои
една голема розева планета
каде сè е направено од бонбони-
Да, да, постои.
Дали знаете дека на таа планета
луѓето пасат сочна трева и се чуваат во трла,
а овците живеат како нас луѓето на Земјата
и живеат во палати.
Има и една овца по име Диоген
која шета со фенерче и вели:
,,Одам да барам овци’’.
На таа планета будилниците наутро
блеат и кога се будиш сфаќаш дека си
назад во реалноста - на земјата.
Дали знаете дека постои нешто што
се вика сон – да, да, навистина постои,
а ова е еден од многуте мои.
Горјан Стојановски 8 а одд.
ОУ „ Стив Наумов“ - Битола
ментор Ана Динковска-Божиновска
34
МОЈАТА НАСТАВНИЧКА
Мојата наставничка
Гордана се вика.
Кога е со нас, децата
таа е расположена, насмеана
и од радост блика.
Мојата наставничка
со мил поглед ни кажува
колку сме вредни и паметни.
А кога сме лоши, таа не воспитува
да бидиме подобри ние.
За тоа наставничке,
ти благодариме многу
за она што сме,
и за она што ќе бидиме ние.
Секогаш ќе бидеш во мислите наши,
ти не исполнуваш
и не водиш
да чекориме по патиштата прави.
35
Ти беше светлина
Во темнината наша
не бодреше, ни влеваше утехи и надеж
и затоа ќе останаш светлина наша.
За сето ова ти благодариме ние.
Стефанија Кечеџи
ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола
V-2 одделение
Ментор Гордана Анастасова
36
МОЈАТА УЧИТЕЛКА
Учителка моја мила
Убава како вила
ти не подучуваш на се
така е за се.
Сите не редиш во строј
и не пребројуаш на број
ти не носиш насекаде
и ни создаваш нови доживувања некаде.
Ти си наша најубава слика
секогаш со најубава лика.
Одсекогаш сум те сакала
и засекогаш ќе те сакам
најмила моја учителке.
Михаела Ристевска
ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола
V-2 одделение
Ментор Гордана Анастасова
37
МОЈАТА УЧИТЕЛКА
„Благодарам“ зборот е премал
за добрината што во неа се крие
во нејзиното срце топлина и љубов
за сите нас и спие.
Од бројки, букви, планини и реки
училницата ечи секо ден
да се сакаме себе и другарите не учи
да бидеме најдобари примери за се.
Секогаш се радува на домашно
и тест за пет
„Одлично“ ќе напише и ќе додаде
Уште два плуса по ред.
Насмевка и озарува лице
кога некој од нас на улица ќе сретне
а мене ми доаѓа да викнам пред сите:
„Ова мојата учителка Гордана беше!“
Мојата учителка е најдобра на свет
38
секој од нас го милува ко најубав цвет.
Таа е нашата втора мајка
училишните денови со неа се бајка.
Леона Колтовска
ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола
V-2 одделение
Ментор Гордана Анастасова
39
МОЈАТА НАСТАВНИЧКА
Мојата наставничка има срце големо,
има душа како мајка.
Убава е како принцеза од бајка.
Мојата, твојата, нашата наставничка
секогаш има доверба во нас,
и затоа секогаш е со нас .
Почнавме буквално од нула,
па од а, б , в еден, два, три
се со неа научив јас, но и ти.
Со неа ќе бидиме уште многу кратко
но ќе ја паметиме уште многу долго,
ќе бидиме најдобри, ќе учиме вредно
за таа да не памети како најдоброто слатко.
Јована Чукалевски
ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола
V-2 одделение
Ментор Гордана Анастасова
40
МОЈАТА УЧИТЕЛКА
Мојата учителка е најубава на свет,
таа е мојот расцутен цвет.
Таа е добра како мајка,
таа е нашата најубава бајка.
Таа не учи колку што знае,
памтењето наше предолго ќе трае.
Ве сакаме учителке најмногу на свет,
вие сте нашата птица в лет.
Ања Стефановска
ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола
V-2 одделение
Ментор Гордана Анастасова
41
МОЈАТА УЧИТЕЛКА
Учителке, втора мајко моја,
Ме учиш да почитувам и сакам
Ти правиш да се чувствувам своја.
Ме научи да пишувам и читам
Ме научи другар да сум
Тоа постојано го имам на ум.
Од срце учителке тебе ти благодарам
И цела љубов што во мене постои
Јас сакам да ти ја подарам.
Андреа Крстевска V2 оддeление
ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Ментор Гордана Анастасова
42
ТЕБЕ УЧИТЕЛКЕ
Ќе те наречам моја светлина,
со неа ќе те споредам,
што свети секој ден мој,
во мигови среќни без број.
Ќе те наречам моја насмевка,
денови што ми разубавува,
кога сум тажна и нерасположена ,
ми зборуваш, ме развеселуваш.
Ќе те наречам моја “втора мајка”,
со твојата нежна рака,без никаква мака
по патот,до светот на знаења
ти ме водиш, како во бајка.
Гордост моја , ќе те наречам,
те сакам и те почитувам,
песна за тебе пишувам,
така ти се заблагодарувам.
Ана Дамчевска
ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола
V-2 одделение
Ментор Гордана Анастасова
43
НАШАТА УЧИТЕЛКА
Учителке наша мила,
добра како вила
засекогаш секој ќе знае
дека нашата љубов кон Вас ќе трае
Од секогаш ни помагате
за секое наше прашање, секогаш одговор барате
Во секоја наша дилема
Се сложувате во нашата шема
За нас секогаш се борите
дури и понекогаш останувате будна до зорите
Затоа оваа песна е за Вас
за да знаете дека секогаш ќе Ве сака Вашит клас!
Марија Нечоска
ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола
V-2 одделение
Ментор Гордана Анастасова
44
БЕСМРТНИОТ
Кога сонцето изгрева на небото,
кога чекорам по полињата широки,
кога ги слушам зборовите на планините високи
и песната на потоците бистри –
не, не ме држи место,
па размислувам за минатото на татковината – многу често.
Таму, во таа плејада на јунаци смели,
Името – Гоце Делчев топлина во срцето ми всели.
Ти – кој желбата за слобода ја преточи во дела,
Ти – кој со храброста огромна иташе кон градови и села,
учител горд и непокорлив борец,
на светлината наша си творец.
Македонски јунаку –
Темел си на борбата за вистината,
за поглед кон правдината.
Кога шетам покрај езерските брегови,
кога газам во планинските снегови,
кога ги набљудувам реките диви
45
и кога го гледам сончевиот залез во бои живи,
не можам, а да не помислам на тебе
и минатото бурно да го отсликам пред себе.
На тебе Гоце се потсетувам
и длабока почит чувстувам.
Горда Македонка – потомок твој,
ги гледам ѕведзите чиј сјај
историското небо го осветлуваат,
а таму некаде и твоето име со букви златни го испишуваат:
тоа си ти, херојот Гоце Делчев, бесмрниот,
творецот на борбата за македонска самобитност,
со вечноста и незаборавот прегрнатиот!
Тамара Костова 9 одделение
ОУ „Гоце Делчев“ – Битола
Ментор м-р Емилија Прчкова
46
РОДНИОТ КРАЈ
Кога сонцето високо ќе изгрее на небото,
прекрасната глетка на која се посветува –
е онаа на златните патишта на мојот роден крај,
по кои секојдневно со гордост чекорам.
Таа голема светлина
широка насмевка на лице ќе ми плисне,
кога го улиците на градот мој чекорам
и со погледот кон идината патувам.
Мојот роден крај е вистинска убавица,
со природа и раскош
што душа маѓепсуваат
и никого рамнодушен не оставаат.
Чуден е овој крај сакан, мој дома и моја иднина,
со голема љубов и почит секогаш ќе му останам достајна,
со делото свое верност ќе му подарам!
Наталија Гагачева, 9 одделение
ОУ „Гоце Делчев“ – Битола
Ментор м-р Емилија Прчкова
47
ПРАЗНИК
Празникот
радост ни подарува,
насмевки и спокој
насекаде царува.
Секој - секому посакува
среќа го прати,
на секого за добрите дела
да му се врати.
Љубов сите да не следи
и многу здравје
кое за луѓето најмногу вреди.
Секој – секого
со добри дела да дарува,
само радост во срцата
да се вселува!
Костанца Споа 9 одделение
ОУ „Гоце Делчев“ – Битола
Ментор м-р Емилија Прчкова
48
ТАТКОВИНА
Горда сум Македонка
која чекори по оваа земја
што слободата ја дише.
Татковината наша големо срце има,
срце што за љубов со љубов не храни,
во срцето на Татковината мила
сите наши срца во едно се збрани.
Татковината е најголемо богатство,
сон за среќа, љубов, насмевка.
Во секоја македонска душа,
постои надеж искрена –
замисла за успех
во реалност преточена.
Горда сум што сум ќерка
на оваа Татковина
и што чекорам по земјава најмила:
ДЕНЕС: УТРЕ: ЗАСЕКОГАШ!
Христина Гарабиљевиќ 9 одделние
ОУ „Гоце Делчев“ – Битола
Ментор м-р Емилија Прчкова
49
ПРОЛЕТ
Пролетта ни дојде,
зимата ни појде.
Едно цвеќе никна,
први април викна!
Реката е бистра,
полна е со рипки,
секогаш е чиста.
Тревата ни стигна,
а со неа прво
зајче рипна!
Елена Велеска 4 одд
ООУ„Јонче Смугрески“ –Обршани ПП Бела Црква
Кривогаштани
Ментор Марина Димовска
50
ПРОЛЕТНИ СЕТИЛА
Во мугрите ме буди зелен мирис
косена трева, лисја свежи, свежо нане и рузмарин.
Сончевиот блесок го отвора првиот поглед
прикован за прозорецот.
Оној, најубавиот, кога Сонцето од зад планините
ги отвора ливадите, полињата, долините.
Ме милува нежно, тивко
секој случаен или намерен допир
на нечие крило на новата јаболкова гранка.
Водата пее со високи акорди,
ме обзема и носи во безвремен простор.
Ветрот се вгнездува во мојата коса,
го допирам секој цвет како свој, го носам денот пролетен
свеж, нов, запаметен.
Филимена Најдовска
ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ - Битола
Ментор Александра Упале
51
СМИСЛАТА НА ЖИВОТОТ НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕДЕН
МЛАД ПОЕТ
Сите ние живееме...или барем мислиме дека го правиме тоа,
секојдневно ја испишуваме нашата книга со различни чувства, случки, промени,
опсесии, обиди, успеси и неуспеси и сето тоа е составен дел на животот, но дали
сето тоа го правиме на правилен начин? Дали ние навистина живееме или само
сме неми набљудувачи на животот кој поминува пред нашите очи? Дали доколку
застанеме, се завртиме зад себе и се запрашаме “што направив јас за сето ова
време додека постојам?”
Дали можеме да го одговориме тоа прашање, да го одговориме тоа
прашање со насмевка и огромна среќа во нашето срце, бидејќи сме направиле
нешто, сме направиле промена, сме усреќиле некој, сме го оствариле нашиот
сон и сега секојдневно живееме во него, или во спротивно, со солзи на лице и
тага во срце, одговорот ќе биде едно големо ништо, затоа што сме живееле од
денес за утре, не трудејќи се утрешниот ден да го направиме подобар од
претходниот, сме живееле за сите околу нас, но само за себе не, сме ги слушале
сите останати само нашето срце и ум не или едноставно сме живееле туѓи
животи во епизода на нашиот живот!
Да не си го дозволуваме тоа сами на себе, да не дозволуваме одговорот
на тоа прашање да биде едно големо ништо, или доколку до сега, до овој
момент сме живееле на тој начин, никогаш не е доцна да го промениме тоа.
Животот е како филм составен од најразлични жанрови, во тој филм сите
ние живееме, но дали ние ќе бидеме режисери или само глумци во тој филм
изборот е само наш да избереме ние да бидиме режисери на тој филм, а не да
бидиме само глумци кои глумат по напишано сценарио. Да направиме тој филм
да е наш филм, а ние негови режисери и со тој филм да освојуваме многу оскари.
Сите ние имаме само еден живот, на кој нема реприза, затоа да ја
најдеме смислата на истиот, да го живееме на најдобриот можен начин, да
живееме за остварување на нашиот сон и за мигот во кој ќе уживаме.
Да направиме нашиот живот да биде исполнет со мноу љубов,
позитивна енергија, успеси и најважното да го најдеме вистинскиот пат што ќе
не одведи до остварување на нашиот сон и пронаоѓање на вистинската смисла
на најскапоцениот дар, а тоа е животот.
Божидар Николовски
52
Проектот е реализиран со финансиска поддршка од:
Министерство за култура на Република Македонија и
Општина Битола – БИТФЕСТ 2017