1
Ванчо Николески
П Е С Н И
(ОД РАКОПИС ДО КНИГА)
Битола, 2008
2
Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“
Битола
За издавачот
Науме Ѓоргиевски
Уредиле
Анета Стефановска
Науме Ѓоргиевски
Милка Котевска
Лектура
Здравко Божиновски
Печати
„МИКЕНА“ – Битола
2008.
3
Ванчо Николески
П Е С Н И
(ОД РАКОПИС ДО КНИГА)
Национална установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“
Битола, 2008
4
CIP – Каталогизација во публикација
Национална установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Битола
821.163.3(02.053.2)-1
НИКОЛЕСКИ, Ванчо
Песни : (од ракопис до книга) / Ванчо Николески ;
[урeдиле Анета Стефановска, Науме Ѓоргиевски, Милка
Котевска]. – Битола : НУ Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, 2008. – 162 стр. : факсимили ;
21 см
Ванчо Николески: биографија: стр. 161-162. – Тираж 500
ISBN 978-9989-2783-5-8
COBISS.MK-ID 18294593
5
ПРЕДГОВОР
Меѓу низата оригинални ракописи кои се чуваат
во Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ од Битола, посебно внимание и
место заземаат песните на Ванчо Николески.
Ванчо Николески е исклучителна индивидуа во
македонската литература, која на фасцинантен начин влезе
во детската литература. Плодовите од таа посветеност се во
големиот број збирки песни за деца.
Овие песни како оригинални ракописи во Библиоте-
ката се веќе четириесетина години и бездруго заслужуваат
да бидат објавени.
Според нашите согледувања, од објавениот фонд на
авторот овие ракописи во македонската литература досега
не се обелоденети.
Во книгата „Песни – од ракопис до книга“ се вкупни
54 песни, една поема и четири приказни во стихови, скени-
рани се 39 страници од оригиналните ракописи во тетратка,
од кои 19 песни се целосни, а 6 делумно скенирани.
Во Националната установа – Универзитетска библи-
отека „Св. Климент Охридски“ од Битола, се чуваат и
други оригинални ракописи на раскази и поеми на Ванчо
Николески.
Искрено се надевам дека во наредниот период и
останатите ракописи ќе бидат отпечатени, затоа што поетс-
киот логос на Ванчо Николески е неделив историски дел
од македонската литература, блескотен јазичен код во
меморијата на македонскиот народ.
Науме Ѓоргиевски
6
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
7
ЈУНАКОТ ЈАНЕ
-поема-1
I
Низ двор шета стара Стојаница,
кон Ботунска кула погледнува,
прсти крши, солзи проронува,
коса корне, – луто проколнува:
„Куло, куло, пуста останала,
утре да би не те разденило,
оган силен да би те изгорел,
поштук да би од тебе немало!
В пусто турско беше мудурница,
црна куќа, беговска судница,
а пак денес талјанска темница.
Црна куло, пуста останала,
две ми рани на срце направи:
прва рана Турци јаничари
со нож крвав татка го заклаа;
Втори чемер на срце зерови,
што фашисти крвави ѕверови
сина денес ми го затворија,
мојот сокол Јане единецот.
Ој, фашисти, проклети крвници,
многу села в оган изгоревте,
многу народ под нож поминавте,
многу мајки в црно ги завивте!
В честа гора лисје ми покапа,
рамно поле слана го попари,
1. Песните печатени во оваа збирка се необјавена поеска оставнина од Ванчо
Николески
Ванчо Николески
8
в родни ниви жита опустеа,
моја земја чума ја поари...
Да ли мажи поле ќе засеат,
да ли моми оро ќе заиграт?
Горо моја, да ли ќе разлисташ,
сине Јане, да ли ќе те видам?...
II
В темна кула на плоча ледена,
два дни лежи Јане во зандана,
два дни кај го мачат полицајци,
ни сув лебец, ни вода студена...
Два – три дреној стапој искршија,
и три маши жешки усвитија,
три под него огна запалија -
да го горат и жив да го печат.
Распит прават гости неканети,
неканети гости полицајци:
„Кажи Јане, кој ти се другари,
ако кажеш Царот ке ти прости!“
Зборва камен во гора станоит -
та да зборва Јане момче младо...
________________________
Трета вечер каде е затворен,
горски сокол во црна зандана;
кула виши, горе нависоко,
внатре темно – мувла задушлива,
на пуст пенџер железна решетка.
Мисли Јане, око не му фака:
„Бел ден утре нема да дочекам,
в рана зора ќе бидам пронижан
од куршумот на клетиот душман.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
9
Ој, не жалам дека ќе загинам,
јас ќе паднам – народ ќе живее!“
III
Ноќ е темна... нигде месечина,
лаат в село овчарски кучиња,
долу шета стражар под кулата,
мисли Јане горе во занданда.
Мисли, крои, место не го држи:
тесен пенџер – железна решетка,
пуста кула два ката висока,
смисли Јане низ пенџер да бега.
Напна силно решетка да свитка,
камен јака е пуста решетка,
но челик се раце соколови,
в срце гори желба за слобода!
Полноќ врви, Јане не престанва,
с’машка сила арслан налегнува,
пот му чело јуначко облеа,
а на раце плуски излегоа -
и се свитка проклета решетка...
Алов појас Јане сопашува,
со заби го на две разделува;
гајтан пара од волнен џамадан,
гајтан пара с’појас го врзува,
итро јунак долу се спуштува.
Скокум дворот сокол преминува,
од тел мрежа брзо прескокнува.
Петли в село кога пропеаја,
Јане фати полската ширина.
Рујна зора на исток заруди,
блесна ѕвезда на небо, Деница,
на јунакот пат му покажува!
10
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
11
IV
Петли пеат низ Долна Дебарца,
горски ветар кроце поддувнува,
зора руди ден се разденува,
јунак Јане брза низ полето.
Поле мина в гора навлегува,
раце крева, чело разведрува,
гради шири, срце отворува,
свидна песна сокол запејува:
„Горо мила, личен Караорман,
шири, мајко, зелени пазуви,
горски раце поли јаворови,
нов партизан мене да дочекаш!
Горо моја, мајко на јунаци,
стапи борец во твои дворови,
како мајка в гради ќе го скриеш,
и во твојата зелена долама
како дете ти ќе го завиеш...
В твои сенки овчари пладнуват,
в твои поли јунаци ноќуват,
пиле песна ти пее, славејче,
Сонце в роса те мие в утрина –
горо моја, личен Караорман!“
V
В пролет рана, во пролет провирна,
вита гора, гора се развила,
вијат гнезда пилци во шумарци,
бисер ронат горски изворчиња.
Над Дебарца сред буки високи,
покрај јавор на рамна рудина,
собрал борци во гора зелена,
собрал Ѓуро млади партизани...
Ванчо Николески
12
Трева им е мека постелица,
мрки камен од бабак перница,
вишно небо над нив е покривач,
шума гора – братска закрилница.
Личи Ѓуро меѓу партизани,
како сокол помеѓу јастеби,
развил снага гора и планина,
рамна става ко поле широко,
машка снага до небо високо,
калеш око веда во облаци!
Капа носи – ѕвезда петокрака,
а на рамо пушка брзометка,
на градите два реда колани
и на појас бомби нанижани...
Говор држи Ѓуро на дружина:
„Браќа борци – млади Македонци,
Турци, Власи, вие Косовари,
мили браќа и вие Албанци,
и другарки млади партизанки:
Тежи ропство – проклето фашистко,
народ гине во темни зандани,
висат страшни секаде бесилки,
плачат мајки в црно преврзани,
бели градој лежат ограбени,
чадат села в оган запалени...
Не се слуша гласот на орачот,
наше поле не раѓа пченица,
в наши трла и в рамни рудини
не ми блејат рудите јагненца,
народ стенка во ропски синџири!
Но да знајте браќа партизани:
нама дождец без темни облаци,
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
13
плод не раѓа поле без орача,
бел ден нема без сонце на небо -
нема живот без мила слобода!
Дружно братски борба ќе водиме
за наш народ, правда и слобода,
до последен сите ќе паднеме -
ќе умреме или ќе живејме!“
VI
Грабна пушка Џемо кесеџија,
собра луѓе злогласни балисти,
што за пари честа ја продале,
на Германци – кравави фашисти.
Сè што фати сегде обесчести,
млади моми и лични невести,
граби, пали села и градови,
редум носи крвави јадови,
деца в мајки луто проплакаа...
Ботун село денес го опколи
и в Ботунска кула законачи,
живо пиле надвор тој не пушта -
ќе го плени, после ќе го гори.
А под село, под стари дабови,
огној горат, на ражен се печат
руди овни, калеш’ сугарчиња
и телчиња млади цицалчиња...
VII
Рана зора уште не зорила,
втори петли в село на пеале,
ветрец горски уште не повеал,
повел Ѓуро млади партизани,
Ботун село да го ослободи.
14
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
15
Скришум врви тивко низ планина,
скришум врви одбрана дружина,
в мрак ги води Јане ботунчанец,
тој ги знае горските патеки,
во сред полноќ како на пладнина.
А каков е Јане партизанин,
танка пушка в раце ја прегрнал,
на гради ми наредил колани,
строен, висок – јавор во планина -
ко за песна мајка го родила.
А пак в кула Џемо се распашал,
сто Германци и петсто балисти,
двојна стража насегде наредил -
мисли Џемо пиле не минува...
Горски ветрец тивко повејува,
зора рана веќе зазорува,
Сонце злати горските врвои,
свет се буди – ден се разденува...
Млади борци в заклон наредени,
чекат, траат бојот да започне.
Јане стиснал пушка огнострелна
срце тупка надвор ќе искочи.
VIII
Знак им даде Ѓуро млад командант,
три фишеци испука огнени,
три фишеци на три разни страни,
бој да почнат орли партизани.
Ко да небо цело се распука,
ко да земја цела се преврте,
безброј молњи воздух запараа,
се истури вековна омраза.
Ванчо Николески
16
Чад од барут до небо се крена,
луто екна дол, брег и рамнина,
страшно згрме висок Караорман,
одѕив даде и Славеј Планина.
Ријат бомби, одѕиват долови,
бесно лаат лути митролези,
ситно пиштат убојни шмајзери,
еден рафал други го покрива.
Искрат очи на борци јунаци,
крцкаат заби, бијат срца млади,
секој борец право в гради мери,
секој крвник во страв ми трепери.
Бојот гори, ек се страшен ори,
косат пушки, се креват правои,
паѓат трупој – ко снопје се нижат,
мрзне крвник во црни стравои.
Битка долго, долго не престанва,
камен кула силен отпор дава.
Гледа Јане и од јарост гори,
и на Ѓуро тогај му говори:
„Јас те молам, друже команданте,
болат рани, рани од душмани,
од душмани, крвници погани,
в таа кула скоро добиени;
минофрлач мене подајте ми,
јас да срушам кула укрепена!“
Прва мина кула ја префрли,
втора Јане во кула погоди,
трета, петта кула ја растресе,
ја растресе од корен запали.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
17
Викна Ѓуро што го грло држи:
„Јуриш момци на тие поганци!“
Тесен обрач на јуриш се стегна,
дива орда пола мртва падна,
пола падна, пола се разбега.
Среде в село знаме се развеа,
јасно Сонце на небо огреа!
IX
В Ботун село, во славна Дебарца,
свадба прави стара Стојаница,
алов скутник напред опашала,
бела коса ситно исчешлала,
со бел тулбен глава преврзала,
старо лице в радост насмеала.
Гости чека од цела Дебарца,
гости чека Јанета го жени,
идат во двор стари пријатели,
идат во двор моми и ергени.
Свират, ѕунат млади чалгаџии,
бумтат, бијат стари тапанџии,
стара сваќа песна запеала,
оро води, срце разиграла:
„Гори куло, пуста мудурнице,
в црно ропство проклета суднице,
гори куло, в оган да изгориш,
прав и пепел пуста да се сториш!
Лични моми оро заиграјте,
свидни мажи поле засевајте!
Листај горо, гранки шумолете,
греј ми солнце, на небо високо,
цути земјо, цути во слобода!“
18
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
19
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Над Кукуш ноќта легнала,
запалил месец борина,
Султана лулка лулела,
на Гоце песна пеела:
„Нани ми, нани детенце,
јуначе да ми порастеш,
с јунаштво да се прочуеш,
пред црна турска робија
главата да не ја веднеш...
Ѕвечеле ропски синџири,
немало нигде правдина,
пораснал Гоце – извишил
ко зелен бор во планина.
Тежела пуста робија,
плачеле деца в пелени,
Гоце ми пушка нарамил -
отишол в гори зелени.
За живот и за правдини
бунтовен оган запалил,
цел народ в борба покренал -
јунак се Гоце прославил.
август, 1948 г.
20
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
21
ПЕСНА ЗА ЈАНЕ
Низ долој тече
пенлива Струма,
крај брегот лисни
ракити шумат,
гулаби в сини
простори летат -
моми на Јане
венци му плетат.
Калеши овци
пасат низ лагој,
а меден кавал
ѕуни низ долој,
се носи свирка
в падини, гори -
овчар за Јане
низ кавал збори:
„Вишете мои
гулаби горе,
над ниви, трла,
пиринско борје,
над Пирин, Кукуш
и Прилеп рамен,
шири се, носи,
песно за Јане!“
Април, 1948 год.
22
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
23
ПРЕД ИЛИНДЕН
Алови знамиња гордо се вејат,
исполнет ни е вековен блен,
утре е празник, најголем празник,
најсветол празник – Илинден.
Се готви народ, за Илинден ита,
се слуша песна и весел вик,
фабрики, села, школи се китат
со венци, Титов и Гоцев лик.
Ко вчера беше – испрати повик
народот цел да стане в бој,
пушките денес алат ги смени,
погледај, гради народ твој!
Македонија жална не е,
нема тирани ни систем клет,
се гради, расте, живее, цути
в твојата земја нови свет.
Радоста наша е силна ко море,
£ нема мерка, £ нема збир,
Илинден, празник да видиш и ти
пресреќен, Мите, сега би бил.
(На поетот Мите Богоевски,
паднат во Народноослободителната борба)
Ванчо Николески
24
ПРЕД КОВЧЕГОТ НА
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Свет излегол, улиците тежат,
народната војска во опрема бојна,
крај лафетот врви и почит му дава,
наоколу венци наредени лежат -
марш погребен свири музиката војна.
Ти пред нас си, Гоце, ко исполин стоиш,
пред нашите очи години се редат,
искрснува пред нас Баница во крвје,
илјадници борци патот твој го следат!
Аргатите – робје, рисјани и Турци,
овчарите Власи – под твоето раме,
народот го крена султан бесен
и поведе в борба под твоето знаме.
Во нашите срца ти живееш вечно,
во секое гратче, фабрика и село,
длабоко пред тебе симнуваат капа
и даваат почит на твоето дело.
Беласица, Малеш ти чуваат спомен,
на твојата лика и машката става,
орачи ти пеат благодарна песна:
„За бесмртно дело вечита ти слава!“
Ќе помине време во бескрајна вечност,
в полињата наши, каде жита зреат,
по фабрики, домој, училишта родни,
за подвиг и борби песни ќе ти пеат.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
25
Почивај ти, Гоце, во слободна земја,
синовите твои со кренато чело
изградија она за кое ти падна,
Република цути, класи твое дело!
(По случај преносувањето на моштите на
Гоце Делчев во слободната и родна земја)
26
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
27
ПОВРАТОК В СЕЛО
Ти ли си мое, малечко село,
на јаве те гледам или пак е сон?
На сонцето блестиш, трепериш цело,
далеку негде се слуша ѕвон.
Колку е мило, убаво тука,
пукнало поле равно ко длан,
срцево силно ми бие, чука,
во мене, мислам, се крева бран.
И ете тука, во тоа гнездо,
јас играв прашлив и бос,
од колку „битки“ дома се враќав,
со скршена глава и крвав нос.
Во мене тука разгоре пламен,
засакав мома во сончев ден,
на таа нива прв пат ја видов -
пееше песна, береше лен.
28
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
29
Ко сега помнам, да, беше есен,
ко крилно пиле в далечен лет,
по патов селски, прашнав и тесен,
далеку тргнав, тргнав во свет.
По толку време пак ти се враќа
во тебе село и твојот син,
здраво селани, роднини, браќа,
здраво ти, Славеју, горски џин!
Моето детство в пресрет ми ита,
и јас треперам ко горски лист,
кукички, ниви, ливади, жита -
од сонце блеска крајот мој чист.
Колку е, колку свежо и чисто,
по цвеќе пчели збираат мед,
и мило ми е секое место,
сламени плевни, куќички ред.
Летај гулабу горе в облаци,
орелу кршен шири лет,
греј ми, ти сонце и плискај зраци
врз најмилото на овој свет!
И сето ова в срце е збрано:
„Здраво ти, мајко и татков праг,
здраво селани, ти утро рано,
здраво ти село, крају мој драг!“
20. 06. 1950 год.,
село Црвена вода – Дебарце
Ванчо Николески
30
ТАТКОВОТО ОГНИШТЕ
Татково родно огниште мое,
бескрајно колку те љубам тебе,
во тебе колку осетив радост,
колку сум среќен под твое небо.
Навечер кога Сонцето зајде,
постела мама постила мека,
крај топло мило огниште мое
вечерна радост мене ме чека.
Дедо ми кажва приказни чудни,
за Карев како развеал знаме,
за Гоце, Јане, Илинден славен,
за Питу Гули и Мечкин Камен.
За Карпош татко почнува бавно,
за Мирче, Кузман и јунак Страшо,
за Козјак, Тиквеш, Дебарце славно
и безброј во бој паднати наши.
А јас, внук нивни, чувствувам радост,
а духот нивни гордост ми дава,
крај наше огниште в мојата земја
живее вечно нивната слава.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
31
ВО ТАТКОВИОТ ДОМ
Седиме дома
разговор тече
пријатен, драг,
мириса лебец
под црепна печен –
топол и благ.
Сонцето надвор
гори и пече,
старото куче
легнало в лад,
чукање слушам –
тоа дрва сече
нашиот сосед млад.
По црната греда
пајак шета,
бие воздух млак,
а јато муви
игра и лета
по сончевиот зрак.
Низалка пипер
на ѕидот виси,
на страна стои
стариот кош:
– Умен и учен,
сине, ти си,
целово лето
не падна дожд.
Ванчо Николески
32
Работа ете,
сине, до гуша,
берикет в поле
не е збран,
стегнала страшно
оваа суша,
тутунот уште
не е собран.
Војник отиде
и твојот батко,
останав дома
сосем сам,
испрати некој
динар на татко;
да, тешко ти е
во градот, знам.
Излези малку
во пчеларникот,
има и таму
некој рој,
прошетај в село
за да се видиш
со роднините, сине мој!
Мириса лебец
во црепна печен,
топол и благ,
разговор сладок,
пријатен тече
во домот татков драг.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
33
ВО МАЈЧИНИТЕ ПАЗУВИ
извадок од лирска песна
Минаа детски години мои,
летнаа далеку ко жерав сив,
но споменот нивни во мене стои -
в срцево мое вечно е жив.
Далеку таму, в планинско гнездо,
најмил за мене лежи кат,
мислата моја таму езди
во чист и светол сончев зрак...
Живеат таму селани прости,
в планинско место, на висок рид,
на сол и лебец да сум им гостин,
сепак ке бидам царски сит...
Некогаш таму свирев со кавал,
коричка лебец јадев во лад,
и секој изгрев сончев го славев,
пак среќен јас бев, весел и млад.
Тргнувам денес таму да одам,
преку татков да минам праг,
крајот мој роден пак да го видам,
крајот мој роден и мил и драг....
---------------------------------------
Далеку остана ти, граду прашен,
стивна екотот фабричен див,
патувам в село изморен, прашен,
пред мене блешти просторот сив...
Ванчо Николески
34
В зелени ливади овците пасат,
благо се лее од ѕвонци ѕвон,
се ближам в село, спомени растат
како во приказ, како во сон...
Колку е мило убаво тука,
се ниша тивко јачменот ран,
срцево силно ми бие, чука,
во мене, чиниш, се крева бран...
И, ете, тука во тоа гнездо
јас како дете си играв бос,
од колку „битки“ дома се враќав
со удрена глава и крвав нос.
Во мене тука разгоре пламен,
ја сретнав Роска во сончев ден,
на таа нива првпат ја видов,
пееше песни, береше лен...
И како денес јас добро помнам:
ко крилно пиле в далечен лет,
по патов селски, прашлив и тесен,
далеку тргнав, тргнав во свет.
И после толку пак ти се враќа
во тебе, село, твојот син,
здраво селани, роднини, браќа,
здраво ти, Славеј, горски џин!
Моето детство в пресрет ми ита,
веќе треперам ко горски лист,
куќички, ниви, ливади, жита –
на сонце блешти крајот мој чист.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
35
Колку е овде свежо и чисто,
од цвеќе пчели збираат мед,
и мило ми е секое место,
сламени плевни, куќички ред.
Летај соколу, крилато пиле,
летај в облаци и шири лет,
греј ми ти, сонце, плискај со зраци,
најмило место на овој свет!
И сето ова в срце е збрано:
„Здраво ти, мајко и татков праг,
здраво селани, ти утро рано,
здраво ти, село, крају мој драг!
---------------------------------------
Веста да идам на гости в село
брзо се слушна сегде ко гром,
чекорам бавно и бришам чело,
пред мене стои стариот дом....
Како некојпат сè гледам исто:
плевната, куќата, стариот двор,
дрвено корито, дабово, чисто
секира, лопата, вила и сор...
Покрај вратата кучето Шарко,
врзано стои за дабов кол,
јас не знам зошто чувствата мои
се полни тага, радост и бол?
Ете ја мајка ми в шамија црна
ме чека таа на татков праг,
ме чека сега пак да ме згрне
во домoт татков и мил и драг.
Ванчо Николески
36
Колку ли време со тага платив,
старице моја, јас твојот син,
и колку време јас не се вратив –
за мене светол овој е чин!
Години многу, мајчице моја,
кај тебе дома јас не сум бил,
мајчице моја, рашири раце,
и прегрни го синот твој мил!
---------------------------------------
Седиме дома, разговор тече
во домот татков и мил и драг,
мириса лебец под црепна печен,
топол и благ....
Сонцето надвор гори и пече,
старото куче легнало в лад,
чукање слушам, дрво кај сече
нашиот сосед млад...
По црната греда пајакот шета,
низ воздухот со провев јак
јато од муви игра и лета
в небото горе, во сончев зрак.
Низалка пипер на ѕидот виси,
а татко стои крај нашиот кош:
– Умен и учен, сине мој, ти си,
целото лето не падна дожд....
Работа, сине, има до гуша,
берикетот в поле не е збран,
стегнала страшно оваа суша,
тутунот уште не е собран.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
37
Војник отиде и твојот батко,
останав дома сосема сам,
испрати некој динар на татко –
дека е тешко во градот, знам...
Излези малку во пчеларникот
погледни ти во пчелите рој,
прошетај в село, за да се видиш
со роднините, сине мој!
Мириса лебец под црепна печен,
топол и благ,
разговор пријатен дома тече,
во домот татков
и мил и драг...
Ванчо Николески
38
ПРЕД ТАТКОВИОТ ДОМ
Далеку остана,
ти граду прашен,
зативна екот
фабричен, див,
патувам в село
изморен, прашен,
пред мене блешти
просторот сив.
В зелени лагој
овците пасат,
тивко се лее
од ѕвонци ѕвон,
се ближам в село,
спомени растат
како в приказна,
како во сон.
Дека си идам
дома на гости
се слушна в село
брзо ко гром,
чекорам бавно
и бришам чело,
пред мене стои
стариот дом.
Како некој пат
сè гледам исто:
плевната, куќата,
стариот двор,
дрвено корито,
дабово, чисто,
секира, лопата,
вила и сар.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
39
Пред куќната врата
кучето Шарко
врзано стои
за дабов кол,
јас не знам зошто
чувствата мои
се толку полни
со радост и бол.
Ете ја мајка ми
в шамија црна,
како ме чека
на татков праг,
ме чека топло
пак да ме згрне
во домот татков
познат и драг.
Колку ли време
плаче и пати,
старице моја
твојот син,
колку ли време
тој не се вратил –
светол за него
овој е чин.
Години, години,
мајче моја,
кај тебе дома
јас не сум бил,
мамице, мајко,
рашири раце,
згрни ме мене –
синот твој мил!
40
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
41
РАЗДЕЛБА
Ти си одиш, а сега е пролет,
колку убав е просторот чист,
но моето срце нема полет,
ко откинат во гора е лист.
Оди, драга, па и среќна биди,
јас последен ти дарувам цвет,
очите мои нема да те видат –
немам близок јас на овој свет.
Сè што беше нема да се врати,
о, никојпат, јас тоа го знам,
нема никој поздрав да ми прати,
и за вечно јас ќе бидам сам.
Би сакал како птица волна
да сум така спокоен и тих,
но душата, драга, ми е болна,
ќе ја лечам со песна и стих.
Нема благ збор никој да ми рече,
а маката ме гризе ко црв,
разделбата ко рана ме пече,
од срцево ќе потече крв.
42
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
43
Ќе помине, драга, многу време,
како буен од потокот шум,
патник ќе бидам, ќе носам бреме,
мојот живот ќе е широк друм.
Оди, драга, па и среќна биди,
јас последен ти дарувам цвет,
очите мои нема да те видат, –
немам близок јас на овој свет.
15 мај 1951 год., Скопје
44
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
45
ПЕСНО МОЈА
Песно моја, моја рожбо мила,
бликни бујно како порој речен,
екни силно и рашири крила,
гласот сакам да ти биде вечен.
Имај душа ширна како море,
немој да си ледена и штура,
јас би сакал да се вивнеш горе,
да пркосиш на ветер и бура.
Рашири се по ридишта сиви,
по колиби, градови и села,
по ливади, угари и ниви,
биди, песно, гулабица бела.
Како сонце, кое топло грее,
сегде дојди и секаде сврати;
кај се гради и каде се пее,
кај е тешко и каде се пати.
Песно моја, голабице мила,
бликни бујно како порој речен,
екни силно и рашири крила,
гласот сакам да ти биде вечен.
1 јуни 1951 год., Скопје
46
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
47
ПИОНЕРСКА МАРАМА
Работиме и учиме
секој еден час,
пионерската марама
света е за нас.
Развиваме дух и тело –
бодер, силен, јак,
и марама си носиме –
пионерски знак.
Се сакаме, помагаме
ко сестра и брат,
пионерски симбол ни е –
марама на врат.
Порастеме ли големи
ке стапиме в НОЈ,
ке дадеме се од себе
за народот свој.
Ванчо Николески
48
ВО ГОДИНАТА ПЕДЕСЕТ И ПРВА
Ме носат желби млади
фабрика кај се гради,
од чекан да слушам таму
моќен и силен ѕвон,
многу тогаш се радвам
ме носи светла мисла
во годината педест и прва,
далеку како во сон.
На ова место тука,
капини кај се плетат
темел сега се ѕида,
се гради без спор,
гулаби гледам летат
во небо високо горе –
в бескрајна шир.
А в Прва петолетка,
во годината педесет и прва,
кај растат сега дрвја,
на овој простор личен,
ќе јури ток електричен -
ќе класи колхоз.
Во годината педесет и прва,
фабрика тука ќе има,
на струја тука ќе јури,
ќе лета силно ко стрела
низ мои родни села –
електричен воз!
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
49
НА НОВА ГОДИНА
Ви стискам рака
мои родни браќа –
од моја ширна родина,
со радост итам
да ви честитам –
светлата Нова година.
И тебе чесен
селанецу вреден,
што браздиш земја мека,
в плодните ниви,
в загони долги -
нова те година чека...
Огнару, друже,
в машина црна
што палиш огнен жар,
насмевни лице
донеси в пресрет
од нова година дар.
Работен ѕидару,
мили другару,
ти што ѕидаш
фабрика, задруга, стан,
посмело, посилно
во новата година
натфрли норма – план!
На сите редум
ви стискам рака,
мои родни браќа –
од моја ширна родина
со радост итам
да ви ја честитам –
светлата Нова година.
1 јануари 1949 година, Скопје
50
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
51
КОЊАНИК
В далек простор небо се синее,
сонце пече, поток в поле рони,
горски ветрец шумно лисје вее,
млад коњаник по пат коњче гони,
коњче гони, на глас песна пее:
„Коњче мое, коњче караманче,
помниш, коњче, тоа не е дамна,
бевме слуги за леб короманче
беше туѓо ова поле рамно.
А пак денес, во слобода мила,
оваа земја како да е друга
имам ниви, не сум веќе слуга,
летам, коњче, ко да имам крила!“
Горски ветрец тивко лисје вее,
солнце веќе кон запад се клони
млад коњаник по пат песна пее,
песна пее, брзо коњче гони...
Ванчо Николески
52
РАБОТНИЧКА ПЕСНА
В полиња ширни, ливади, ниви,
градови, села безброј,
наши се ширни простори сиви -
нашата сила е порој!
Дај рака друже,
и стани в ред,
и со нас гради
нов живот, свет!
Трудот е наша огнена лава,
несрушив силен гранит,
трудот е наша гордост и слава,
а редот сплотен и збит!
Дај рака друже,
и стани в ред,
и со нас гради
нов живот, свет!
Партија в градба сите не води,
кон светол и нов живот,
градиме силни фабрики, пруги –
централи за нашиот народ!
Дај рака, друже,
и стани в ред,
и со нас гради
нов живот, свет!
18 април 1949 год., Скопје
припев
припев
припев
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
53
ФРОНТОВСКА ПЕСНА
Фронтовска наша бригада
работно знаме вее,
срцата млади ни бијат –
Сонцето над нас грее!
Со наши силни раце
градиме живот убав,
за сите наши деца,
за народ сакан, љубен!
Ке цути среќен нов живот
в новите градој, села,
в работни наши задруги
ќе светне светлост бела!
Со наши силни раце
градиме живот убав,
за сите наши деца,
за народ сакан, љубен!
В задружни домој и пруги
сливаме моќна сила,
в Петлетен план да ни цути
земјата наша мила!
Со наши силни раце
градиме живот убав,
за сите наши деца,
за народ сакан, љубен!
припев
припев
припев
54
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
55
ПРЕРОДЕН ЧОВЕК
До вчера не знаев ни едно слово,
живеев бедно, горко и мачно,
не знаев писмо, бев прост и неук,
пред мене беше темно и мрачно.
Денес сум писмен, знам да ги пишам
сите слова – писмени знаци,
научив писмо и писмен станав -
нови ме греат сончеви зраци.
Ново знаење пред мене никна
и нова радост – силна бескрајна,
в моето срце наново бликна
од чудно писмо семоќна тајна.
Читам кој другар натфрлил норма,
кој рудар колку ископал руда,
колку никнале нови централи
и кој новатор направил чуда.
Дознавам каде вредни ѕидари
дигнале нови фабрички згради,
колку задруги селански има,
на фронтот колку има бригади.
56
Чувствувам дека сум прероден човек,
ми иде денес силно да пеам,
со нови очи го гледам светов,
илјади сонца во мене греат.
За таа среќа во мојот живот –
што и јас можам денес да читам,
на тебе должам, Партијо моја,
Партијо моја и друже Тито!
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
57
МОЕТО БОГАТСТВО
Да минеш земји, земји бескрај,
на запад, исток, север и југ,
помила земја, побогат крај
од мојот нема никаде друг!
Сонцето колку умилно грее -
разлева топол и златен зрак,
в загони долги пченици зреат,
в полиња родни расцутил мак.
До небо Шар извишил чело,
Вардар низ поле забрзал од,
в Прилепско тутун нанизал низа,
в Тетовско емиш натежнал плод.
В Тиквешко рамно широко поле
натежнал глава гроздот зрел,
в Кочанско ориз развеал грива,
расцутил глава памукот бел!
В Мавровско поле израсла нова
хидроцентрала силна ко џин,
централи безброј, фабрични оџаци
параат небесен простор син!
Задружни домој и нови школи
се множат секој ден и час,
богатство е тоа на мојот народ,
богат, пребогат – среќен сум јас!
Ванчо Николески
58
НАШАТА ЗАДРУГА
Во моето школо
имам јас другари
и сите се редум
млади задругари.
Но прв меѓу сите
е нашиот Зарче,
тој е умен, спреман
како мало старче.
Тој не учи како
и кога е време
за нашата градинка
да имаме семе.
В задружната градинка
има плодни дрвја,
и сакаме ние
таа да е прва.
Во неа посадивме
орев, слива, круша,
и секакви дрвчиња
што ви сака душа.
За зајаците наши
посадивме зелка,
секој зајак неа
сака да ја делка.
Имаме кокошарник,
кокошки и петли:
црни, бели, црвени
и со перја светли.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
59
Имаме и јајца
од чуени сорти
од кои се прават
колачи и торти.
Нашата задруга
во крајот е ретка,
секој од нас за неа
строго води сметка.
Дојдете ни на гости,
знам ќе ви се слади,
ние ќе ве честиме –
задругари млади!
60
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
61
Во нашето село
малиот Илија
еден ден намисли
да стане делија.
Кожувче облече
широко и бело,
и јагнешка капа
намести на чело.
И уши намести
влакнести и лоши,
и опашка долга
на себе си соши.
Глава тој исцрни
со гареж од печка,
стана црн ко арап,
страшен како мечка.
Мустаќи од коноп
си залепи бели,
штом некој го види –
„Што е страшен!“-вели.
Низ селото тргна
како волк да вие,
мало и големо
почна да се крие.
Надолу по патот
волот Мурџо иде,
по него се спушти
штом таков го виде.
Почна да го брка
и страшно да рика,
а Илија бега:
„Леле, мамо!“ – вика.
И јунакот падна,
носот си го скрши,
така таа славна
историја сврши.
СТРАШЕН ДЕЛИЈА
Ванчо Николески
62
ПРИСПИВНА ПРИКАЗНА
Ноќ се спушта,
блага, лека,
тивко ветрец вее,
на полјана
рамна, мека
Месечина грее...
Сè е тивко
и сè спие –
како в стара бајка,
во постела
Боре спие,
кошула му
нова шие
неговата мајка.
На ѕид тука,
дома, горе,
в одајата сиромашна
цела празна,
часовникот бие, чука,
го приспива Боре –
раскажува сказна...
– Денес, утре
и сè така,
тика,така –
тика, так!
Без грижи
и без мака,
расти, Борче,
стани голем,
силен, јак!
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
63
Не го знаеш
дедо Злате,
не го помниш
твојот тате,
дури врне снежец бел,
спиј ми, Борче,
нани, нани,
и порасни
јунак стани –
јунак голем, смел!
Штом ќе дојде нова пролет,
озелени гора, поле,
развигорец кога дувне
од топлиот југ,
Сончко ниви ќе позлати,
Сончко тебе ќе ти прати
убав сребрен плуг.
Дури ветрец
тивко вее,
Месечина дури грее,
дури врне снежец мек,
спиј ми, Борче,
нани, нани,
сон сонувај лек!
64
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
65
Пролет мина
лето втаса,
на почивка
секој вјаса:
на езеро,
кој на море,
на планина
некој горе...
Летно сонце
силно пече,
како река
народ тече.
Ете, некои
стари знанци
нарамиле
нови ранци,
и јадици
в раце зеле,
на главите
капи бели.
На Дојран е
среќа жива
за тој што знае
сам да плива.
Покрај брегот
седи Томче,
а до него
сестра Ленче.
По езеро
чуној пловат,
а пак тие
риби ловат...
НА ЛЕТУВАЊЕ
66
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
67
Едно кленче
фати Ленче,
мало сомче
фати Томче,
а татко им
стори лом,
в езерото
фати сом.
68
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
69
ПОШТEНСКО САНДУЧЕ
Сандуче, црвено, мало,
на ѕидот едно има,
секојпат таму виси –
во пролет, лето и зима...
Не мине минут, два, три,
час или два, три часа,
секој кај него брза –
писмо да фрли вјаса.
Штом се наполни сето –
и кога место нема,
поштарот тогаш доаѓа –
и писмата ги зема.
Луѓето пишат писма
во села, градој разни,
сандуче, црвено, мало,
се полни, пак се празни...
Ванчо Николески
70
ВОЛШЕБНИКОТ СЕЗНАЈКО
Побрзај малечок
и не губи време,
крај радио, тука,
ти дојди кај мене!
Имам многу нешто
на вас да ви дам,
за вас, мили деца,
нешто многу знам...
Јас сум тој волшебник
во сандуче чудно,
ќе ти пеам песни,
слушај ме будно!
Само сврти копче:
едно, две, три, пет!
ти ќе чуеш вести
од целиот свет.
Јас ќе те прошетам
по краишта разни,
ќе ти пеам песни
ќе ти кажам сказни.
Гласот мој се слуша,
низ просторот лета,
јас сум тој Сезнајко –
побрз од ракета.
Во сите краишта
ме слушаат в ред,
ме сакаат сите
од целиот свет...
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
71
НАДАРЕН МАЈСТОР
Надарен сум мајстор вреден,
верувајте не е шега,
што сакате ќе нацртам
со раката сега.
Сакате ли куќа, дрво?
– Ке повлечам два, три реда –
и за момент од хартија
на вас чудна слика гледа!
Трактор, мотор ли сакате,
животинка нека дива?
Пет минути не ќе минат –
ќе нацртам слика жива.
Цртам коњче, волче, врапче,
мустакливче маче, мече,
ќе нацртам многу брзо
секој од вас што ќе рече...
Ќе нацртам прво нешто
на хартија од картон,
штом исечам со ножичка –
ќе имате после слон.
Од хартија бела чиста
правам капи, чуној нови,
после чунот ќе го пуштам
по водата сам да плови...
Ванчо Николески
72
Честопати јас се трудам
да измесам мека глина,
и од неа да направам
и скулптура многу фина.
Надарен сум мајстор, нели?
Верувајте тоа е така!
Што сакате ќе направи
мојата вредна мала рака!
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
73
ЗБОГУМ КУКЛИЧКЕ
Збогум, збогум,
ти кукличке мала,
многу грижи
за тебе сум дала!
Јас те пазев,
те чував, те миев,
фстанчиња нови
од свила ти шиев.
Се грижев за тебе
и не толку ретко
јас те носев
кај мојата тетка.
Сега те напуштам,
жал ми е, но прости!
Немој ти да мислиш
дека одам на гости!
Сега те напуштам,
имам грижа нова,
јас на школо тргнав –
веќе учам слова...
Ванчо Николески
74
МОЈАТА ТЕТКА
Си ја љубам мама,
го љубам и тате,
ме милува баба,
ме сака и бате...
Ама никој за мене
не води сметка
како нашата Вела –
мојата мила тетка.
Кога на пат тргне,
каде и да сврати,
подарок ќе купи –
мене ќе ми прати.
Ќе ми купи мотор,
авионче, коњче,
и гумена топка
или мало слонче.
Погледајте сега,
ви давам збор чесен,
подарок ми купи –
бардаче од Ресен.
Бардаче шарено,
убаво, со свирче,
ќе завиди Ване,
и Боре и Кирче!
Многу си ја сакам
мојата тетка Вела,
како неа нема
на земјава цела.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
75
ТРАКТОР
Било да е пролет
или есен рана,
во селските ниви,
на рамна полјана,
крај селскиот друм,
трактор кренал шум...
Ора, бразди рине,
тревки, корен кине,
в полската ширина –
тракторот машина.
Гледа дедо Петко
в ова чудo ретко,
гледа и си вели:
„Погледајте, луѓе,
леле мајко мила,
што е оваа сила?
Грутки, земја крши
и работа врши...
Во него се, брате,
страшна сила збрала,
тој работа врши
за сто селски рала!
76
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
77
ШАРКО
Го гледате, деца мои,
пред вас врзан Шарко стои.
Понекојпат, тоа се знае,
умно куче Шарко лае,
силно лае, куќа брани,
а Диме со леб го храни.
Шарко деца не е лен,
на стража е ноќ и ден.
Го гледате, деца мои,
пред вратата Шарко стои,
Дојде некој, тоа се знае,
тогаш Шарко, силно лае,
силно лае куќа брани,
а Диме со леб го храни.
Ванчо Николески
78
МОЖАМ ЛИ ДА НЕ УЧАМ?
Весело се враќам
од школото сама,
ме прашува дома
мојата мила мама:
– Како во школото
керко врват дните,
беше ли за пример,
керко, меѓу сите?
Крај мене седнува
и прашува дедо:
– Како мина в школо,
мило мое чедо?
Од работа дома
кога иде татко,
– Да си добра, умна –
вели – чедо слатко!
Не може да трае
ни мојата баба:
– Пази да не ставиш
во дневникот слаба?!
И сите за мене
водат грижа една:
можам ли да не учам,
да не бидам вредна?!
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
79
ВРЕДНАТА РАТКА
Нигде нема вредна
како мала Ратка,
умна ќерка и послушна –
на мама и татка.
Штом петелот кукурекне,
Ратка сон не спие,
брзо вода зема,
лицето го мие.
Се обува, брзо, тивко,
и без збор да рече,
забите ги чисти,
ноктите ги сече...
Чешелот го зема,
коса чешла сама,
во кујната £ помага
на милата мама.
Затоа вредна Ратка
ја сакаат сите,
и кој не би сакал, деца,
така умно дете?!
Ванчо Николески
80
ЦВЕТКО ДЕТЕ РЕТКО
Чисти деца да најдеш –
тоа не е ретко,
ама нигде не ќе најдеш
ко нашиот Цветко.
Изгрее ли Сонцето,
тој нема да чека,
веднаш Цветко станува
од постела мека.
На чешмата брза
лицето го мие,
рацете и вратот
со сапун ги трие.
– Дај ми, мамо – вели –
шамивче за нос,
каде ми се чевлите
да не одам бос!
Тој дома ќе помогне,
ке прочита книга,
за сè време има
и секаде стига.
Мајка си ја слуша,
в дуќан оди често,
секој негов прибор
е на свое место.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
81
А за учењето?
Има само петки!
Ех, таквите деца
вистина се ретки!
Затоа е Цветко
дете умно, бистро,
како цвеќе бело –
работно и чисто.
Ванчо Николески
82
ВЛАШЕ ЈАЛО ГРАШЕ
Едно мало Влаше
од селото наше
исркало цело
полно грне граше...
Тоа мало Влаше
од селото наше,
после ми испило
од бокалче сино
цело кило вино....
И малото Влаше
од селото наше
го заболе глава,
го заболе меше.
Дедо му му рече:
– Ако сакаш, внучко,
ти да станеш силен,
голем убав Влав,
што повеќе треба
ти да јадеш грав;
голем ќе пораснеш
и ќе немаш страв
дури ни од лав!
.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
83
ЌЕРКАТА НА ВЕРКА
Како сите Верки
што имаат ќерки
и нашата Верка
има мала ќерка.
Верка неа на стол
високо ја става,
ќе £ тури млеко
и лепче £ дава.
После со сапунот
миризлив ја мие,
за да може миена
в креветот да спие.
После ќе ја повие
во пелени чисти,
па ќе ја избаци
во очите бистри.
Под глава £ става
и перниче меко,
после ја покрива
со чаршавче леко.
На крајот £ вели
на ќерка си Верка:
– Да ми бидеш умна
и послушна ќерка!
Ќерката на Верка,
умна, вредна наша,
беше, драги деца,
куклата Наташа...
Ванчо Николески
84
НАШИОТ МРЗЛИВКО
Сонцето изгреало,
градскиот саат бие,
а нашиот мрзливко
уште в кревет спие...
Секое друго дете
за на школо брза,
а пак него, ете,
го фатила мрза.
– Ајде, сине, на школо! –
мајка му го кара,
тој само се врти
и сè нешто бара...
Книгите извалкани,
скинати, за жал,
како на нив секој ден
мрзливко да јал.
Мракот надвор паднал –
за учење време,
а нашиот мрзливко
над книгите дреме...
Сите деца учат,
ништо не им тежи,
а нашиот мрзливко
во креветот лежи...
И кога се обува –
вика како бесен,
на левата нога
обул чевел десен.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
85
Со нечисти чевли
наш мрзливко оди,
помрзливо дете
нема да се роди.
Неговите мани,
деца, не се бројат,
и сè слаби оценки
в книшката му стојат...
Ванчо Николески
86
УТРИНСКИ ПОЗДРАВ
Светлата зора од исток се руди,
со поздрав петле од сон ве буди:
– Добро ви утро, дечиња мали,
радост и среќа нека ве гали!
Ветерче вее в блиска горичка,
утрински поздрав ви праќа птичка:
– Добро ви утро, дечиња мали,
радост и среќа, нека ве гали!
Орачот весел на нива ора,
сонце ви праќа поздрав од горе:
– Добро ви утро, дечиња мали,
радост и среќа нека ве гали!
Нашиот живот во вас се враќа,
утрински поздрав денот ви праќа:
– Добро ви утро, дечиња мали,
радост и среќа нека ве гали!
17.01.1968 год. Охрид
(Текст за песна на конкурс
на ТВ Скопје)
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
87
ПИСМО ДО БАТЕ
Еве, ти пишам, бате,
од нашево село,
по ливади, ниви
падна снеже бело.
Во нашево село
фати лута зима,
свадби и веселби
насекаде има.
Јас одлично учам,
имам само петки,
ученици такви
в школото се ретки.
Ти како си таму?
Дали добро служиш?
Со војници разни
ти сега се дружиш...
Најмалата сестра
го прашува тате:
– Од војска кога
ќе си дојде, бате?
Те чекаме дома
и стари и млади,
од војската да дојдеш
со медал на гради!
88
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
89
ДОБРО УТРО ДЕЦА
Петлето пее
од сон ве буди:
-Добро утро, деца,
зората руди!
Птичките пеат
в горичка блиска:
-Добро утро, деца,
сонцето плиска!
Радосен осмев
мајчин ве гали:
-Добро утро, мили
дечиња мали!
Ванчо Николески
90
МАРШ НА МАЛИТЕ ДЕЧИЊА
Маршираме бодро
по полиња, гори,
а нашата песна
секаде се ори:
Згрнати сме сите,
сложно брат до брат,
секој си го љуби
својот роден кат!
На славни татковци
малечки сме чеда,
со гордост и радост
секој во нас гледа.
Згрнати сме сите,
сложно брат до брат,
секој си го љуби
својот роден кат!
Го сакаме Вардар,
Караорман, Шар,
во нас пламти љубов
силна како жар!
Згрнати сме сите,
сложно брат до брат,
секој си го љуби
својот роден кат!
припев
припев
припев
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
91
Секој од нас цврсто
како јунак гази,
татковина утре
ко војник ќе пази!
Згрнати сме сите,
сложно брат до брат,
секој си го љуби
својот роден кат!
припев
92
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
93
МАЧОРОТ МАРКО
Го занаете мачорот Марко,
пријател е, деца, ваш,
два мустаќа долги има
како некој маж.
Мачор Марко не се крие,
ниту има страв,
со шепите се мие,
се чисти од прав...
Крај амбарот цел ден клечи –
мачор Марко чист,
ако мрдне некој глушец -
тој на него скока
итро како рис!
Ванчо Николески
94
ИМАМ......
Имам сестра Борка
слаба како чкорка.
Мама што ќе даде,
не сака да јаде.
Имам бате Тасе,
дебел како прасе.
Тој пак сешто јаде -
слаткото го краде.
Имам баба Веца,
„слаба“ како Меца.
Таа сè што јаде –
сè сало ќе кладе....
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
95
ПОДАРОЦИ ОД ДЕДО МЕДО
Во горската пештера,
во дворојте бели,
Дедо Медо почна
дарови да дели:
На мајката Меца,
за малите деца,
како што е ред –
£ подари мед.
А на едно зајче
од долното крајче,
му подари Медо
една кревка зелка,
слатко да си делка;
На брзата верверичка,
многу да не вреска,
Медо £ подари
плодови од леска.
На дивиот мачор
и мачката друшка,
им подари Медо
за ловење пушка...
А за себе Медо,
да заслади душа,
си задржа, деца,
една мека круша.
За крадачот Волчко
не донесе ништо,
го остави, деца,
како празен пиштол.
96
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
97
УЧЕНИОТ ФИЛОЗОФ
Учен е и преучен
со голема слава
и со славен ум,
тој високо крева глава
штом оди по друм.
И музика тој предава
ко професор стар,
и тоа на ноти –
а зошто да не,
верувајте оти
има голем дар!
Тој знае да смета –
јас ви давам збор,
до стотина брои,
кога врзан стои
во селскиот двор.
Филозоф е учен
тој на овој свет,
сто стапови скршил
на своите плеќи,
многу школи свршил –
магарешки факултет.
Ванчо Николески
98
МАЧОРОТ КАЛУЃЕР
(Според народна приказна)
Некој мачор остарел,
многу остарел, браќа,
не можел да трча
ни глувци да фаќа...
Кога почувствувал
дека нема снага,
решил да се послужи
со итрост и лага...
Мантија една облекол,
мантија, долга, црна,
си зел и бројаници –
нанижани зрна...
И така од мачорок –
брз, итер и силен,
сега станал калуѓер,
калуѓер, кроток, мирен...
И на амбарот селски,
среде нашето село,
чуден оглас напишал,
на ливченце бело.
На огласот објавил:
„Калуѓер станав, браќа,
месо, сланина не јадам
нити глувци фаќам.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
99
Глувците што ги ловев,
вервајте сум згрешил,
и многу сега се кајам,
да постам јас сум решил.
Глувците можат слободно
со жито да се гостат,
досега што ги ловев –
ги молам за прошка.
Месо не јадам, знајте!
На пост сум сега решен!
Мачорот Марко – грешен...“
Крај амбарот со жито
мачорот скрстил прсти:
– Прости ми, господе! –
почнал да се крсти...
Простете ми глувци!
побожно тој вели,
кренал глава горе –
скрстил шепи бели.
Стрчале да видат
глувците калуѓер чуден,
секој во него гледал –
никој не бил буден.
Мачорот штом ги виде,
почна лига да му тече:
– Елате поблиску, мои! –
побожно им рече.
Ванчо Николески
100
– Утре јас ќе умрам,
ве молам за прошка!
– Ете, калуѓер станав –
не јадам месо ни трошка!
Смртниот час се ближи,
јас ќе умрам скоро,
дојдете кај мене сите,
на проштално оро!
Стрчаа сите глувци,
секој на оро брза,
веднаш околу мачорот
ситно оро се врза...
Крај него играат сите,
весело пеат в оро:
– Бог да го прости мачорот,
ќе ни умре скоро!
Стариот глушец гледа,
мудар совет им дава:
– Нека секој ја чува
својата кожа здрава!
Глувците сите скокаат,
в орото се влечат,
на мачорот – калуѓер
лигите му течат.
Мачорот не издржа,
рашири страшни очи,
среде кршното оро
врз глувците скочи.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
101
Некому глава скина,
некому нозе скрши,
и така мачорот – калуѓер
со глувците сврши...
102
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
103
ЛОВЕЧКИ СОН
Еднаш ловецот Веле
се врати од лов
и ништо не донесе
во ранецот нов...
В креветот си легна,
се плесна ко слон,
во постелата мека
сони ваков сон:
В гора густа, тука
крај рекичка брза,
за дебела една бука
лежи Веле врзан.
А крај него се збрале
полно ѕверки диви:
мечки, волци, верверички
и зајаци сиви...
– Штом е врзан – рече гулаб –
веќе не се плашам,
дозволете за вечера
да го сварам каша.
– Колете го, дерете го! –
вели мечка стара –
запалете силен оган,
в котел ќе го варам!
Ванчо Николески
104
– Тој жената ми ја уби –
рече Зајко сив –
на ражен ќе го ставам,
ќе го печам жив!
– Тој со куршум – викна Лиска –
ме пронижа вчера,
дајте ми го мене
кожа да му дерам.
Волчко страшно зина:
– Таква смрт е ништо!
Тој на мене во гората
стрелаше со пиштол!
Дајте ми ја мене
таа умна глава,
со забиве остри
сакам да ја давам!
– Аман! – Веле вика,
се колне и плаче,
– пушка веќе не земам,
не тепам ни маче!
Пуштете ме да одам
и да спасам глава,
на лов веќе не одам,
чесен збор ви давам.
Цел испотен и исплашен
се разбуди он:
– Добро било – рече –
што е само сон...
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
105
ШТРКОТ, ГАРВАНОТ И ВОЛКОТ
(Според северноамериканска народна
приказна)
I
Во зелена ливада,
стадо овци паси,
а крај неа високо
едно дрво расте...
Еднушка во пролетта,
кога цвеќе цвета,
на дрвото високо
штрк долгоног слета.
Штркот го разгледа
тоа дрво плодно,
за седелце убаво
му се виде згодно.
Почна тој да прибира
гранчулиња тенки,
пердувчиња, крпчиња
и ‘ржани сламки...
На дрвото високо,
ноќе тој да спие,
почна штркот седелце
убаво да вие.
Почна Сончко високо
потопло да грее,
славејчето песничка
пролетна да пее.
Ванчо Николески
106
Изникнаа убави
кокичиња бели,
низ полето секаде
забрмчеа пчели.
Расцутија јаболка,
кајсии и сливи,
црешни, круши, јагоди
и капини диви...
И орачот стана
уште в рана зора
и нивите свои
почна да ги ора.
Во шумата букова
почна лист да листа,
гората се облече
во промена чиста.
Штркот се разлета,
радосен и весел,
во своето седелце
бели јајца снесе.
На јајцата убави,
округли и свежи,
почна штркот секој ден
в седело да лежи.
Што полежа штркот
три недели цели,
се родија убави
шест штркчиња бели.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
107
Почна штркот да лови
скакулци и жаби,
со нив да ги храни
штркчињата слаби.
Штркчињата малечки,
в седелката мила,
од ден на ден растеа
и ширеа крила.
Штркот си ги хранеше
своите мили чеда,
беше среќен, радосен
здрави да ги гледа.
Не траеше долго
неговата среќа,
се угаси брзо
ко пламен од свеќа.
II
Еднаш кога дојде
кај децата свои,
гледа под дрвото –
Волчко гладен стои.
Штркот го поздрави:
– Добро си ми дошол!
Каде вака, Волчко,
денеска си пошол?
Волкот се преправа
и важен се прави,
ја крена главата
и жалосно зави:
108
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
109
– Тешко, мили Штрку,
се живее вака,
несреќа ме снајде
и голема мака.
Имам таму долу
воденичка стара,
оската се скрши
сега оска барам.
Ова твое дрво
згодно ми се виде,
сакам да го сечам –
оска да ми биде.
– Што зборуваш, Волчко? –
штркот жално писна –
штркчињата мои
од студот ќе свиснат!
– Нема аман, заман,
одамна се виде,
ова твое дрво
оска ќе ми биде...
Штркот солзи рони,
душата го боли,
почна да се витка –
милно да го моли:
-Немој мили Волчко,
зошто јас да страдам,
барај нешто друго
тебе да ти дадам...
А пак Волчко итер
се преправа вешто:
Ванчо Николески
110
– Знаеш што е, штрку,
ќе ти кажам нешто.
Работата да е
и јасна и проста,
во гнездото имаш
ти штркчиња доста.
Седелката твоја
да не биде мртва,
едно твое штркче
ќе ми дадеш жртва.
Мисли, крои штркот,
несреќа го снајде,
но никаков излез
не може да најде.
На крајот се реши
и штркче му даде,
нека си отиде,
отров да го јаде...
Не потраја долго
ниту два – три дена,
пак по штркче, Волчко,
кај штркот се крена.
Штркот штом го виде
волкот – муцка гнасна,
веднаш црна змија
за срце го касна.
– О, добар ден, Штрку!
Дозволи да речам
пак дрвото дојдов
денес да го сечам.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
111
Штркот се расплака
од мака и гнев:
– Што правиш бре, Волчко,
зар не ти е грев?!
– Седелката твоја
да не биде мртва,
едно второ штркче
ќе ми дадеш жртва.
Штркот мисли крои,
второ штркче даде,
пустина да фати,
отров да го јаде....
III
Се замисли Штркот:
– Леле, мајко стара,
утре пак ќе дојде
штркче да ми бара!
Плаче, плаче штркот,
солзи жешки рони:
каде да се дави,
каде да се склони?
На дрвото слета
еден гарван мал,
го виде кај плаче
и му падна жал.
– Што си толку тажен? –
праша гарван Грачко –
зашто солзи рониш,
море штрку плачко?
Ванчо Николески
112
– Волкот имал воденица –
штркот тажно рече
за оска дрвово
сака да го сече.
За да не го сече,
немам што да правам,
сè на два, три дена
по штркче му давам...
– Имал, Волчко, воденица?
Кој тоа ке каже?
Будала, бре штрку,
тој тебе те лаже!
За сечење дрво
тој секира нема,
со лага тој лажго
сè тебе ти зема.
Ако жртва утре
дојде да ти бара,
– Ништо – речe – не давам,
Волчко, кучко стара!
Штркот викна радосно:
– Ти мене ме спаси,
да си жив, бре гарване,
мудроста те краси!
Браво, брате, гарване,
така и ќе правам,
нема веќе штркчиња
нему да му давам!
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
113
IV
Еден ден на пладне,
кога сонце жежи,
ете ти го Волчко
под дрвото лежи.
Штркот го поздрави
и се јави прво:
– Пак по штркче дојде
под моево дрво?
– Дрвото го сечам
и тоа е сè,
ако не ми дадеш
ти штркчиња две!
– Ти претера, Волчко,
глупав јас бев страшно,
секој ден ми фрлаше
во очите брашно.
Не верувам веќе
на твојата лага,
не ме мериш, Волчко,
на твојата вага!
Се зачуди Волчко
на овие думи,
почна да се преправа
и вешто да глуми:
– Чекај, море штрку,
нешто да ти кажам,
кој ти рече, глупчо,
дека, море, лажам?
114
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
115
– Гарван Грачко мене
од тебе ме спаси,
мудроста и славата
вечно да го краси!
Воденица имаш?
Шипинки и трици?!
Не ќе јадеш веќе
од моите птици!
Сечи го дрвото,
ништо не ти правам,
но ниедно штркче
веќе не ти давам.
– А така ли велиш?
Волчко сега сфати –
со главата Грачко
има да ми плати!
V
Три дни и три ноќи
Волчко планој крои,
да го фати Грачка
во рацете свои..
Во една ливада,
преполна со мрави,
две – три мрши лежеа
од пцојсани крави.
Штом Волчко ги виде,
забите ги стегна,
меѓу тие мрши
како мртов легна.
Ванчо Николески
116
Штом сонцето огреа,
полјаната светна,
кај мртвите мрши
гарван Грачко слетна.
И штотуку гарванот
колвна два, три пати,
цап – за глава Волчко
гарванот го фати!
Тогаш се насмеа:
– Сега што да чинам?
Сакаш, море гарване,
глава да ти скинам?
– На другите знаеш
памет да им солиш,
да видам за тебе
сега што ќе сториш?
Гарванот се мисли,
од стравот се тресе
како да се избави
од волчјите шепи.
И на крајот почна
да итрува вешто:
– Ти да ме изедеш?
Против немам ништо!
– Но погледај брзо,
силен Волчко море,
што е она чудо
на небото горе?!
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
117
Се излага Волчко,
кон небото горе
главата ја крена.
А гарванот итер
од муцката клета,
кон синото небо
во слобода лета.
8.11.1967 год., Охрид
118
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
119
ОВЧАРЧЕТО ХАНЗЛИ
И ВОЛШЕБНИОТ ЦВЕТ
(Според швајцарска народна бајка)
Високите Алпи
снегојте ги красат,
а пак долу овчари
бројни стада пасат.
А меѓу овчарите,
снажни, здрави, смели,
најмал Ханзли беше –
сказнава така вели.
Овци и крави, Ханзли
в планината пасе,
кротко јаренце едно
и малечко прасе.
И секој ден така;
цветен мирис се шири,
а во ладот Ханзли
со меден кавал свири...
Гласот волшебен, чуден,
далеку се слуша,
птички песни пеат,
што лежат на душа...
-------------------------------
Во едно такво утро,
кравите пасеа трева,
а малото прасенце
весело креваше врева.
Ванчо Николески
120
Ханзли пак седеше
под брестот во лад,
а над него лета
еден орел млад.
Во ладот растеа
цвеќенца разни –
шарени како в сказни.
В мигот гледа Ханзли:
Тоа што ќе биде?
Меѓу цвеќенцата
сино цвеќе виде!
А во цвеќенцето, дечиња мои,
нацртано срце во средина стои!
Прасенцето пријде, со нога го стапна,
и синото цвеќе, дечиња, го лапна.
Прасето викна со весел глас:
– Волшебно цвеќе изедов јас!
И како човек јас сега зборам,
секакво чудо можам да сторам!
Ханзли се чуди: – О, мили боже!
Прасе да збори, зар тоа може?
– Како не може? – прасето рече. –
Ти само посакај, истиот час,
ќе ти ја исполнам желбата јас!
– Астрономите се – рече Ханзли – учени луѓе,
гледаат на небо небесни тела,
сите ги ценат нивните дела,
секој во светот почит им дава,
имаат светска научна слава!
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
121
– Затоа сакам – извика он –
да бидам, прасенце, астроном!
Прасето викна: Гру – грув!
Твојата желба, Ханзли, ја чув!
Дури ја сврти главата мала,
Ханзли се најде в голема сала,
во неа полно дурбини разни,
сандуци, ногари и стакла мазни;
прозорци мали, во црна боја...
Ханзли в мантилот од црна чоја,
и шилеста капа врз глава, он
беше вистински астроном...
Грда принцеза тука се створи
и на Ханзли весело збори:
– Ти си, мајсторе, астроном,
ноќеска сонив чуден сон.
На небото гледаш в ѕвездите горе,
од тебе мудрост голема зрачи,
побрзај, мајсторе и протумачи,
што треба мојот сон да значи.
Да ме направиш уште и лична,
на мајска ружа да бидам слична!
– Не можам тоа, треба да знаеш!
– Смртта те чека, да не се каеш!
Ханзли се стресе, во себе рече:
„Оваа работа не е за мене,
сега ѓаволот и ќе ме земе!
Глупава главо, о главо празна,
тебе те чека смртната казна!
122
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
123
На крајот Ханзли покорно јави:
– Да кажам, принцезо, сè што знам,
за момент, молам, да бидам сам!
Кога остана сосема сам,
почна да моли Ханзли со страм:
– Каде си прасенце? Ханзли те сака!
Неволја имам, голема мака!
Прасето веднаш тука се створи
и на Ханзли вака му збори:
– Еве ме, Ханзли, гру – грув!
Гласот за помош веднаш го чув!
– Прости ми, прасенце! – Ханзли му рече,
– Направив страшно голема грешка,
астроном била работа тешка!
– Што сакаш, Ханзли? – прасето праша.
-Што мака имаш и што ти тежи,
на срцето каква желба ти лежи?
– Сакам да бидам – Ханзли му рече –
семоќен, силен и многу славен
и да ми нема никаде рамен,
сакам, прасенце, во овој час,
семоќен цар да бидам јас!
Ханзли сакаше уште да збори,
но в мигот царски дворец се створи,
а Ханзли седи в царскиот трон2,
вистински цар е, како на сон!
2. трон = престол
Ванчо Николески
124
Не може Ханзли уште да сфати –
сè наоколо свети, сè злати!
Со царска почит, раскош и слава,
царската круна му е на глава!
Во дворецот пак, дворјани кружат,
со царски јадења него го служат:
– Напиј се, касни, честити царе!
Сакаш ли прасе, печено јаре?
Ханзли се мисли – што да прави?
Војниот министер тука се јави:
– Честити царе, о царе мој,
соседот наш ни објави бој!
Војските идат од сите страни,
земјата треба да се брани,
на чело, царе, застани прв,
ние сме спремни за бој и крв!
Ханзли сè разбра, во себе рече:
„Неволја нова, ете, се роди!
Јас не знам војна како се води!“
За да се извлече тој план створи,
малку се прибра, почна да збори:
– Царска одлука јаска да дам,
молам, за момент, да бидам сам!
И кога Ханзли остана сам,
исплашен сиот, викна со страм:
– Оваа работа не е за мене,
ѓаволот сега ќе ме земе!
Што ми требаше цар да бидам?
А, сега, Ханзли, да те видам?
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
125
– Каде си, прасенце? Ханзли те сака!
Неволја имам, голема мака!
Малото прасенце в часот се створи,
весело почна тоа да збори:
– Еве, ме Ханзли! Гру– грув!
Гласот за помош веднаш го чув!
– Прости, прасенце – Ханзли му рече –
направив многу голема грешка –
и царската работа била тешка!
– Не сакам војвода, големец, цар,
за тоа треба наука, дар.
Те молам, прасенце, само за едно
пак направи ме овчарче бедно!
В час згрме гром со сила голема –
царскиот дворец веднаш го снема!
-----------------------------------------
Дури сонцето пак пече, жежи,
ене го Ханзли пак каде лежи,
в дебела сенка слатко се шири
и со медено кавалче свири...
16.11.1967 год., Охрид
126
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
127
ДВАЈЦАТА ГЛУПАЦИ
(Според народна приказна)
I
Во една стара столетна шума,
во ливадата рамна ко длан,
меѓу два селски прашливи друма,
кроткиот Ешко имаше стан.
Куќата не беше кој знае каква:
обична дупка, без прозор, врата,
но ежот си ја сакаше многу
како да беше царска палата.
Во оваа куќа, подземна палата,
широка одвај девет педи,
послана со шума и мека трева,
десeт години Ешко седи....
И во куќата, темна палата,
со темен и тесен влез,
безгрижен живот водеше Ешко,
како да беше шумски кнез.
Времето кога убаво беше,
пред куќарката, подземна зграда,
лежеше Ешко на една клада3,
а кога одеше ноќе на лов,
на влезот в куќата редеше мов.
Малку подолу, во ливадата,
рамна како длан,
кртот имаше
подземен стан.
3. клада = оборено стебло, дрво
Ванчо Николески
128
Станот на кртот беше кртичњак
со безброј ходници мали,
но за кртот тој беше дворец,
со многу одаи, сали...
II
Еден ден, токму на пладне,
кога сонцето печеше жешко,
во таа иста ливада,
кртот го сретна Ешка.
Па ко сосед, роднина близок,
разговор почна Ешко:
– Каде си тргнал вака, крту,
по ова време жешко?
– Цела недела не сум јал ништо,
гладот ме стега страшно,
ни трошка лебец немам дома,
нити пак имам брашно.
– И мене гладот ме стегнал –
му се пожали Ешко,
– ни зрнце жито за храна немам
во ова време тешко.
На патот седнаа двајцата соседи,
седнаа жедни, гладни,
почнаа да се жалат и плачат,
да зборат за маките страдни...
– Вака не оди – ежот рече –
нема никакво фајде,
треба работа, море крту,
некаква да се најде!
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
129
– Работа велиш? – се сети кртот.
– Ајде дури е време,
в оваа ливада што стои тука
да посееме семе!
– Браво крту! – извика ежот.
– Твојот збор пари вреди!
Не само плачи, жали се тука
и без работа седи!
– Само едно треба да знаеш! –
важно кртот му вели –
житото наше што ќе роди,
наполу ќе се дели...
– Така е, крту, родени брате! –
радосно викна Ешко –
Да ораш, копаш, семе да сееш,
за тебе не е тешко!
И кога кртот почна да ора,
секој ден така, од рана зора,
замириса земјата сочна,
ора ли, кртот, ора...
Пченично семе кртот посеа
и долго така се мачи,
со боцките Ешко почна
нивата да ја влачи.
Ситниот дождец скоро заврна,
а сонцето после бликна,
целата нива зелена стана,
бујното семе никна.
Та што се погоди времето добро –
таа година родна,
ех, колку многу жито се роди
на таа нива плодна.
130
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
131
Кога едрите класови почнаа
на нивите да зреат,
ежот и кртот, братски и сложно
почнаа да ги жнеат.
Та што се расили „брзиот“ еж!
Ползи, носи и брза!
А пак на купој кртот ги става –
во снопје тој ги врза.
Фатија после јуначки, машки,
снагата да ја кршат
снопјето златни, жолти и зрели
на гумно да ги вршат.
И на крајот златното жито
почнаа да го веат,
па со ситно решето најпосле
двајцата да го сеат.
Голем куп тие жито собраа,
пченица крупна ко дренка,
и кога свршија братски седнаа
да ја делат во сенка.
III
„Не ора, не копа врагот“,
– старите така велат,
со лута кавга житото
почнаа да го делат.
Голема кавга крена кртот:
– Ешко, јас ќе се карам!
Целата нива сам ја изорав,
повеќе жито барам!
132
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
133
– Што мака видов – одврати Ешко –
нивата сам ја влачев!
Половината боцки ги скршив,
најмногу јас се мачев!
Итрата Лисанка намина тука,
им се доближи вешто,
секаде таа ќе се замеша,
може ли без неа нешто?
– Каква е оваа кавга и врева? –
итро таа се јави.
– Викате тука, дерете грла,
ко некој да ве дави!
– Јас тебе, Лиске – Ешко £ рече –
не сакам да те лажам,
го делиме ова жито,
право да ти кажам.
– Повеќе жито – објасни кртот, –
од Ешко, Лиске, барам,
целата нива сам ја изорав,
затоа и се карам.
– Што мака видов – одврати Ешко –
нивата сам ја влачев,
моите боцки, Лиске, ги скршив,
најмногу јас се мачев!
– За тоа, будали, правите кавга,
вистина чесна велам,
жими мојава опашка долга,
правилно ќе ве делам...
Но што ќе поделам, тоа е,
никој да не се кара,
ниту помалку, ниту повеќе
нема никој да бара!
Ванчо Николески
134
– Добро, кумице, да си ни жива! –
воскликна Ешко гласно.
– Бог да ти даде кокошка сива,
подели право, јасно!
– Еве ти ја тебе, бре Ешко,
сламава топла сува,
целата зима внатре ќе лежиш,
од студот ќе те чува.
А пак тебе, Кртуле мртуле,
жими душа и вера,
како делба ќе ти поделам
пченичка една мера.
Ке јадеш жито целата зима,
дури пролет да чукне,
има да јадеш и да се сладиш –
мешето да ти пукне!
Овој друг куп, од вашето жито,
да го поделам, нема,
како награда за делењето
за себе јас ќе го земам!
------------------------------
Ама делба им подели
итрата лисица млада –
Ежот, кртот наседнаа
на нејзината лага!
Ежот и кртот задоволни
со своите права,
се вратија дома среќни
и со мирна глава.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
135
После Лиска се насмеа:
– Ама делба делам!
Пет години туѓо жито
ќе јадам и мелам!
Дури има глупаци вакви,
наивни и прости,
кума Лиска ќе живее,
и слатко ќе се гости...
24. 11. 1967 год. , Охрид
136
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
137
ПОДВИГОТ НА ДЕДО РУМЕН
I
Било тоа многу дамна,
во ливада една рамна,
како овци стадо бело
си лежело мало село...
Селцето си било згодно,
покрај едно поле плодно,
дедо Недо, уште вели,
со куќички било бели.
Кога денот ќе се родел,
се капело в зраци светли,
го миела утринска роса,
го буделе в зора петли.
И во тоа селце мило,
в зеленило што се скрило,
(приказната така вели),
си живеел човек умен,
го викале Дедо Румен.
Во својата младост Румен
војска служел на три цара,
се мачела, печалела
неговата душа стара...
Имал дома Дедо Румен
два синови – стројни бора,
многу вредни, работливи,
како мајска лична зора.
Ванчо Николески
138
Работеле, синовите,
куќата им била полна
со сирење, жито, брашно,
со кокошки, јајца, волна...
Куќата им била мала,
со прозорци тесни, прости,
но секојпат подредна
да дочека мили гости.
Во куќата имал Румен:
една крава и два вола,
четворјанка лека кола4,
куче Шарко, коњче Дорчо,
десетина добри патки,
пет кокошки, бели, слатки
и бендерче петле бело –
најубаво в цело село.
Во куќата имал уште
три амбари со пченица,
да ја носи на воденица,
едно каче со туршија,
наполнето дур до шија...
Уште, велат, Дедо Румен
бил селанин многу умен:
за сè в село што ќе кажел,
неговиот совет важел...
II
На крај селото, негде згора,
лежела млада густа гора.
Во неа расле јавори, ели,
дабови, буки и брези бели...
4. четворјанка кола = селска дрвена кола со 4 тркала
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
139
Низ таа гора, простори чисти,
течеле брзи потоци бистри,
а крај потоците мирис се кревал
од цвеќињата, бујната трева.
Во таа гора, вечито млада,
селските овчари паселе стада.
Секое утро, луѓето в зора,
да берат дрва оделе в гора.
Секој селанин лека, полека,
орал и копал и дрва сечел,
времето врвело ко тивка река,
животот в село во среќа течел.
Празник ќе дојде во тоа село,
во сите срца радост ќе влезе,
играат сите со ведро чело,
гајдата свири и ситно везе...
И сите биле радосни, среќни,
животот в село врвел без грешка,
но, ете, еднаш (кој ќе помисли?)
го снашла селото несреќа тешка!
Во таа гора, на врвот рамен,
имало пештера под еден камен.
Таму се криела стрвница ѕверка,
голема мечка и месождерка.
И кој добиток в гора ќе влезе
дали е крава ил јунец сив,
ќе го лапне Меца ко мезе
и нема да се врати жив.
Не мине време – ден, два, три дена,
добиток некој в гора ќе снема:
јагниња, кози, волови, крави,
редовно Меца сè со ред дави...
140
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
141
Мислеле луѓето што да чинат,
на мечката како глава да скинат?
На крајот луѓето свикале збор,
во еден широк селски двор.
На зборот дошле од сите страни:
мажи и жени, старци и деца –
сите селани јадосани!
Паднале тука предлози разни
како мечката да се казни:
Велеле едни: „Потера силна
во гората да се прати!“
Вторите предлог давале умен:
„В стапица мечката да се фати...“
На крајот дедо Румен се јавил:
– Итрата мечка, што штета прави,
и кога јаде и кога спие,
мајсторски таа сегде се крие.
Но, жими косава моја седа,
скоро селото чудо ќе гледа!
Како магаре мечката дива
в село ќе ви ја донесам жива!
III
Од исток Сонцето почна да руди,
своите синови Румен ги буди:
– Станвајте, деца, Сонцето грее,
раното пиле и рано пее!
Зората зори, се раѓа ден нов,
одиме денес на чуден лов,
одиме храбро в густата гора,
мечката наша да биде мора.
Ванчо Николески
142
Пред пештерата, темна и сива,
јас ќе ја фатам мечката жива.
Да не побегне, да не нè лаже,
на вратот ќе и врземе јаже.
За да не каса, да не нè валка
на носот ќе и ставиме алка.
Врзана така мечката – ала,
ќе биде кротка бубалка мала.
И таа нејзина, глупава глава,
врзана нема отпор да дава,
скротена, мирна, ко јагне бело,
мечката ќе ја водиме в село...
IV
За на ловот Румен се спрема,
две јажина и ќебе зема,
и на крајот стапот од дрен,
да му се најде за тој ден.
Со двата храбри сина,
тргна в гората умниот старец,
а пред себе тој спотера
уште и еден дебел јарец.
Синовите го запрашаа:
– А овој јарец зошто ти е?
Дедо Румен им одговори:
– Е, тука, деца, мудрост се крие!
Пред пештерата јас ќе го врзам
овој дебел и брадест јарец,
а тој, деца, ќе послужи
за мечката стрвна како мамец.
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
143
Јарецов овој штом ќе завреска
и од себе глас ќе даде,
тогаш гладната баба Меца
ќе се појави за да го јаде.
------------------------
Двајцата синови со секири,
Румен со ќебето свое згора,
сите тројца накачија
во блиската и селска гора...
На местото Румен втаса,
да закова колче брза,
за колчето со јажето
Румен јарецот го врза.
И со двајцата свои синови,
до јарецот, близу тука,
мајсторски Дедо Румен се сокри
зад една стара дебела бука.
Не потраја долго време –
дури да речеш: едно, две,
и јарецот се развреска:
– Меке – ке! Меке – ке!
Се излага кутрата Меца,
од пештерата веднаш скочи,
јарецот како на сон го гледа,
и со шепите трие очи!
Гледа Мецана и не верува,
се радува и зборува:
– Каде било, каде пошло,
само месо дома дошло!
Ванчо Николески
144
Со окото дури да трепнеш,
зад мечката шушна нешто,
со синовите Дедо Румен
од заседата скокна вешто.
Токму мечката кога зина,
и на јарецот му се вдаде,
Дедо Румен во устата
едно дебело дрво £ кладе.
Едниот син, за да не гребе,
на главата £ стави ќебе,
а вториот, како умно маже,
на вратот нејзин врза јаже.
И на крајот дедо Румен –
на мечкината муцка малка,
железна £ стави алка.
Рика Меца, скока, ’ржи,
а со стапот дедо мава,
врзана ја здраво држи
и да мрдне не £ дава.
Мечката на крај се смири,
стана кротка ко јагне бело,
и тргнаа од вишната гора
надолу во малото село...
На пладне, гледај какво чудо!
Секој човек в селото виде,
како со врзана мечка, жива,
Дедо Румен во селото иде...
25.12.1967 год., Охрид
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
145
ДА МОЖАМ ДА ЗНАМ
Да можам да знам
зошто е рамно полето,
да можам да знам
зошто е високо небото...
Погледам ли далеку –
небото изгледа ниско,
одам ли пак таму –
тоа пак не е блиско!
Би сакал да знам
зошто птицата лета,
би сакал да знам
зошто цвеќето цвета?
Да можам да знам
зошто ветерот вее,
да можам да знам
зошто сонцето грее?
Што ли го тера возот,
каква е таа сила?
Би сакал да знам,
мајчице моја мила!
Ех, да можам сè да знам,
иако сум уште мал,
зошто е сè ова вака –
сè на светов би дал!
146
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
147
ЗДРАВО ПЛАНИНО
Рашири, планино,
широки сенки,
радостен овој
да биде час,
отвори порти
зелени, тенки,
на гости еве
ти идам јас!
Здраво, планино,
рудино мила,
здраво ти, крају,
познат и мил,
запеј ми славеј,
рашири крила,
мирисај копиден
и горски смил!
Шумете тенки
зелени гранки,
и леса плети
ти жилав дрен,
ко мало дете
в пресрет ми итај
радосен, познат
од детство ден.
148
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
149
Занесен слушам
кај кавал свири,
ромори поток
буен и чист,
опоен мирис
ми блажи душа,
тих ветрец вее,
трепери лист.
Постели килим,
на гости итам,
одамна тука
јас не сум бил,
здраво, планино,
крају мој питом,
во кој твојот син
гнездо си свил!
150
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
151
ПОТОЧЕ
Од планина горе,
поточето мало
во брзање силно
надолу се дало...
А колку е брзо –
тоа е за чудо,
по камења скока
како јаре лудо.
Дење, ноќе брза,
никако не спие,
шареното цвеќе
со роса го мие.
Со рекички други
се меша во поле,
и со нив се влива
во синото море.
Ванчо Николески
152
ДЕВОЈКА ЗЛАТОКОСА
Есен е, дечиња мили,
девојка златокоса
по полја, лозја, ниви
ми патува боса...
Секаде каде мине
девојката боса
плодови – богатства
на сите ни носи.
Дарови таа дава
во секој град и село:
јаболки, сливи, круши –
грозјенце слатко, зрело.
Чорапи таа плете
и ткае бело платно,
амбари до врв полни
со житото златно.
Орачот таа го тера
на нива плод да сее,
весела, радосна, мила
на сите ни се смее.
Девојка златокоса
жолти лисја рони,
ветерот тивко вее –
школското ѕвонче ѕвони...
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
153
ЕСЕНСКА ЕЛЕГИЈА
Ете, времето
ко лани е влажно,
било наутро или в мрак,
в гората е тивко,
без птиците весели,
ко лани е тажно пак...
Ветерот голите
гранки ги вее,
по патот напластен
лежи кал,
го нема славејот
песна да пее,
на срце лежи жал.
Небoтo вишно,
небото мило
го покрил облак сив,
пиленце тажно
свиткало крило,
ветерот дува див...
Каде да погледаш
сегде е тажно –
било во село или град,
замрела сегде
весела врева,
горе се крева
чад.
Во ова време
есенско кално,
не блешти светлост
в просторот чист,
и сè е тивко
и сè е жално –
на земјата паѓа лист...
154
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
155
ЗИМА
На сите ладно ни е,
нема од стадо ѕвон,
природата цела спие –
во зимски тоне сон.
Ветерот надвор вее,
од птици нема глас
огнот не топло грее,
ни дошол зимски час.
Ај нека стега зима,
да дува ветер луд,
секому ладно не е,
за деца што е студ?
Децата санки носат,
низ стрмен јурат брег,
Зимата што е за нив?
Радост е за нив снег!
156
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
157
БЕГАЈ СЕЧКО
Прошка земај,
еј, лут Сечко,
и пак дојди до година,
нека дојде,
еј, Март месец,
твој помал брат и роднина.
Горски реки
потечете
долу брзо низ падини,
и овчари
засвирете
в родни полја и рамнини.
Бегај и ти,
баба Зимо,
копни снеже на планина,
те чекаме
мила пролет,
дојдете ни ластојчиња!
Ванчо Николески
158
НОВОГОДИШНА ПРИКАЗНА
За Новата година
секој пат кај нас
иде дедо Мраз.
Тој не иде кај нас
со рацете празни,
за дечиња носи
подароци разни...
Шеќери, бомбони,
топки, пуловери,
разни леворвери,
за читање книги,
за лизгање санки,
бојни пушки, тенки...
Што дедо Мраз иде
не е никакво чудо,
но место дедо Мраз
Медо пак да иде,
е, тоа е друго...
Верувале или не,
кој како сака,
тоа било така –
се случило вака:
На Нова година,
во една планина,
се кренала врева,
во една пештера,
дошле животинки
многу како плева...
П Е С Н И ОД РАКОПИС ДО КНИГА
159
Така тоа било
во тој ден и час,
се појавил Медо
како дедо Мраз.
Во горската пештера,
во дворојте бели,
дедо Медо почнал
дарови да дели:
На младата Меца,
за малите деца,
како што е ред,
и дал грне мед.
Пак за едно зајче,
од долното крајче,
му подарил зелка,
слатко да си делка...
На малото славејче,
што се вика Спирче,
му подарил свирче.
Брзата верверичка,
многу да не вреска,
добила кошничка
со плодови од леска.
На итрата лисичка
£ дал полна торбичка
суви ребра, бутчиња
од млади коковчиња.
На дивиот мачор
и мачката друшка,
им подарил Медо
за ловење пушка.
Ванчо Николески
160
На дивиот вепар,
да не биде слаб,
му дал полна вреќа
желади од даб.
За сиромав Волчко
не донесол ништо,
го оставил Медо
како празен пиштол.
Волчко страшно викал
како да е в пекол,
а Медо му рекол:
– Ти си, Волчко, јунак
и ако ти стиска,
слези долу в село
и земи си ѕвиска5.
Пак за себе Медо,
да заслади душа,
си задржал, деца,
една мека круша...
Верувале или не,
кој како сака,
тоа, драги деца,
се случило така...
22.12.1962 год., Битола
5. Ѕвиска – млада овца
161
ВАНЧО НИКОЛЕСКИ
(Биографија)
Ванчо Николески & припаѓа на првата генерација
македонски писатели за деца, генерација што во литера-
турата влезе непосредно по ослободувањето. Поголеми-
от дел од своето творештво Николески им го посветил
на децата со цел во нивните срца да разгори патриотски
чувства и љубов кон слободата и кон луѓето. Детството
беше негова постојана инспирација. Детските весници,
читанките и најпознатите антологии на македонската
литература за деца се збогатени со прекрасните песни и
ракази на овој плоден творец. Преку неговите книги деца
стануваат вљубеници на пишаниот збор затоа што тој
пишува лесно, сликовито и сугестивно, а неговите јунаци
со сета нивна борбеност, досетливост и чистота на духот
ни стануваат блиски и сакани.
Ванчо Николески е роден на 10 јуни 1912 година
во селото Црвена Вода, Дебарца, Охридско. По основно-
то училиште во родното место, учи гимназија во Охрид,
а учителска школа во Скопје. Неколку години учителс-
твува во многу села низ Македонија (Белчишта, Косел
и др.). Веднаш по ослободувањето тој основа училиш-
та на македонски јазик, а работеше и на учебникарската
литература и изведуваше воспитно-образовна во западна
Македонија. По ослободувањето работи како уредник во
весниците за деца „Титов пионер“ и „Пионерски весник“,
како и во детските емисии на Радио-Скопје и Радио-Битола.
Член беше на Друштвото на писателите на Македонија од
1950 година. Својот животен и творечки пат го заврши во
Охрид на 15.04.1980 година.
Автор е на книгите: „Македонче“ (прва збирка
песни за деца на македонски јазик, 1946), „Школско
Ванчо Николески
162
ѕвонче“ (песни, 1947), „Прва радост“ (песни, 1947), „Мице“
(поема, 1947), „Бабино вретенце“ (песни, 1948), „Крај
огниште“ (песни, 1948), „Дедови приказни“ (песни, 1950),
„Шарено торбиче“ (песни, 1950), „Татковина“ (песни,
1950), „Моето село“ (песни, 1950), „Чуден свет“ (песни,
1952), „Чудотворен кавал“ (раскази, 1952), „Мојот ден“
(сликовница, 1952), „Стани, Коле“ (песни, 1952), „Братска
дружба“ (приказни и бајки за деца, 1953), „Четиринаесет
илјади ослепени“ (историска поема за времето на Цар
Самоил, 1954), „Приказни и бајки за деца“ (1955), „Чудни
случки“ (раскази, 1958), „Волшебното самарче“ (роман,
1959), „Цвета смета“ (сликовница, 1960), „Приказни од
моето село“ (раскази, 1964), „Гоце Делчев“ (роман, 1964),
„Чуден дедо“ (песни, 1964), „Под виорното знаме“ (роман,
1967), „Приказни од волшебната куќичка“ (раскази, 1970),
„Малиот ловец“ (раскази 1970), „Станко спанко“ (песни,
1972), „Ѕвездени вечери“ (песни, 1973), „Рачко плачко“
(песни, 1973), „Крвави години“ (хроника-роман), „Жива
книга“ (раскази, 1978).
Неговите дела се преведувани на повеќе словен ски
јазици, а и самиот се занимаваше со преведување од српски
и руски јазик (Јован Јовановиќ Змај, Виталиј Бјанки и др.).
Добитник е на неколку награди, меѓу кои најзначајните
се: „Климент Охридски“, „Младо поколение“ (1969), „Курир-
че“ (Марибор), „11 Октомври“, „Змаева награда“ и др.
163
СОДРЖИНА
Науме Ѓоргиевски: Предговор . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5
Јунакот Јане. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7
Гоце Делчев . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 19
Песна за Јане . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 21
Пред Илинден. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 23
Пред ковчегот на Гоце Делчев. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 24
Повраток в село . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 27
Татковото огниште . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 30
Во татковиот дом . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 31
Во мајчините пазуви– извадок од лирска песна – . . . . . . 33
Пред татковиот дом . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 38
Разделба . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 41
Песно моја . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 45
Пионерска марама. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 47
Во годината педесет и прва . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 48
На Нова година . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 49
Коњаник. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 51
Работничка песна . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 52
Фронтовска песна . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 53
Прероден човек . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 55
Моето богатство . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 57
Нашата задруга . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 58
Страшен делија . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 61
Приспивна приказна . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 62
На летување . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 65
Поштeнско сандуче . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 69
Волшебникот сезнајко . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 70
Надарен мајстор . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 71
Збогум кукличке . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 73
Мојата тетка . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 74
164
Трактор . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 75
Шарко. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 77
Можам ли да не учам? . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 78
Вредната Ратка . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 79
Цветко дете ретко . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 80
Влаше јало граше . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 82
Ќерката на Верка . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 83
Нашиот мрзливко . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 84
Утрински поздрав . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 86
Писмо до бате . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 87
Добро утро деца. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 89
Марш на малите дечиња . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 90
Мачорот Марко . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 93
Имам...... . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 94
Подароци од Дедо Медо. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 95
Учениот филозоф . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 97
Мачорот калуѓер (Според народна приказна) . . . . . . . . . 98
Ловечки сон . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .103
Штркот, гарванот и волкот
(Според северноамериканска народна приказна) . . . . .105
Овчарчето Ханзли и волшебниот цвет
(Според швајцарска народна бајка) . . . . . . . . . . . . . . . . .119
Двајцата глупаци (Според народна приказна) . . . . . . . .127
Подвигот на дедо Румен. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .137
Да можам да знам . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .145
Здраво планино . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .147
Поточе . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .151
Девојка златокоса . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .152
Есенска елегија . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .153
Зима . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .155
Бегај Сечко . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .157
Новогодишна приказна . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .158
Ванчо Николески
(Биографија) . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .161
165
Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“
Битола
orn
За издавачот
Науме Ѓоргиевски
orn
Ванчо Николески
П Е С Н И
(ОД РАКОПИС ДО КНИГА)
orn
Насловна страница
Горан Микаровски
orn
Подготви за печат и
компјутерски ги обработи
Милка Котевска
orn
Печати
„МИКЕНА“ – Битола
orn
Тираж
500
orn
Битола, 2008
Книгата е финансирана од Министерството за култура на
Република Македонија