Млади поетски перформанси (Избор на поетски творби) Книга 2 ...





Млади поетски перформанси
(Избор на поетски творби)


Книга 2




Издава
Национална установа


Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Битола


За издавачот
м-р Бојан Стефановски


Уредници
м-р Фатма Бајрам Аземовска


Илче Стојановски
м-р Зоран Јанакиевски


CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“,
Скопје


821.163.3-93-1(082.2)


МЛАДИ поетски перформанси : (избор на поетски творби). Кн.
2 / [уредници Фатма Бајрам Аземовска, Илче Стојановски, Зоран
Јанакиевски]. - Битола : Национална установа Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“, 2018. - 63 стр. ; 21 см


ISBN 978-608-4538-72-1


COBISS.MK-ID 108744714




Национална установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола


Млади поетски перформанси
(Избор на поетски творби)


Книга 2


Битола, 2018






Избор на поетски творби. Книга 2


7


Предговор


Националната установа - Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола започна да го реализира проектот
„Млади поетски перформанси“, наменет за млади автори на
поетски творби од Пелагонискиот регион, за ученици од основните
училишта, ученици од средните училишта и млади на возраст од 18
до 24 години.
Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме
младите литературни творци да пишуваат, да го промовираат и
афирмираат своето креативно творештво, за прв пат да објават
свои творби во збирка поезија со што ќе им се даде можност да се
претстават пред пошироката јавност. Во поттекст на проектот
е заложбата за силна и директна стимулација на творештвото на
младите автори од нашата земја.
Проектот опфаќаше конкурс за доставување на поетски
творби, кој беше јавно распишан во текот на 2018 година.
Најдобрите и најквалитетните творби кои беа доставени
се објавени во оваа заедничка збирка поезија.


Од уредниците
м-р Фатма Бајрам Аземовска


Илче Стојановски
м-р Зоран Јанакиевски






Избор на поетски творби. Книга 2


9


Молчење


Ноќва нè дели нешто
незнаено
бесвесно во себе
се делиме,
а еден свет сме биле.
Зарем треба да се разделиме?
Зарем нешто сме скриле?
Неискрени бевме...
Додека молчевме
некој небото го ниша.


Мартина Стојаноска
СОУ „Таки Даскало“ – Битола
Ментор Николина Поповска




10


Млади поетски перформанси


Последна љубов


Ех, камо да можат да се вратат
вдахновените од љубов години,
повторно да го сетам
совршенството на мигот,
сјајот во твоите очи –
доказот дека животот е сè уште
во мене.


Само моето бледо лице
и празноталкачката душа
знаат колку солзи ме убија
во моментот кога сфатив
дека те изгубив.


Зборовите молкум шепотени
не допреа до твојата мила душа.


И еве ме сега меѓу луѓето алчни
по улиците мрачни.
Тагата притиска, пулсот чмее,
смртта тајно откорнува
со нејзините крвави канџи –
ѝ благодарам.


Зарем е ова живот без тебе?




Избор на поетски творби. Книга 2


11


Вака седејќи до расплаканиот прозорец
се претворив во кукавица.
Доцна е за надеж
кога од очите извираат Викторините водопади,
дните без тебе, како свесно умирање.
Јас не те изгубив само тебе,
туку се изгубив и себе
во неостварените сни.


Како ли стигнавме до овој крај,
убавице моја?


Магдалена Дундушевска
СОУ „Таки Даскало“ – Битола
Ментор Николина Поповска




12


Млади поетски перформанси


Мојата татковина


Те сакам од сè срце и душа, ти моја татковино,
накитена, нагроздена, гиздава мома убава!
Коси ти се планински венци преплетени,
а и реки низ долини брзотечни, бисерни
и води езерски како солзи бистри невестински.


Те сакам земјо моја единствена мајко наша,
дедовци наши славни те љубеле, херои
синови твои.
А, сега нека знаат сите:
од убава поубава си кога сонце те грее
кога дете слободно во игра се смее.


За тебе најмила песни од душа се испеани
со љубов и мерак од срце излеани,
за твоите румени јаболка преспански,
за оризи кочански, за житна Пелагонија
за моми насмеани со црвени гроздови тиквешки.


Ние сме деца на гордоста твоја славна
на приредба ќе пееме песна со нова мелодија
песна за тебе моја татковино
радост и гордост од неа ќе ечи
и твоите стари рани со векови ќе ги лечи.


Александра Петровска
СОУ „Таки Даскало“ – Битола
Ментор Николина Поповска




Избор на поетски творби. Книга 2


13


Радосна есен


Деца, деца, дојдете
да турнеме чаша,
да наздравиме сите
за школската година наша!


Есента радосна иде,
родот богат да биде,
сливи, грозје, јаболка, круши,
деца мили, сладат души!


Огнот силно гори,
мама, баба, слатко прават,
а ајвар деца јадат,
есен сите слават.


Анастасија Мицевска
ОУ „Елпида Караманди“ – Битола


Ментор Лилјана Стефановска




14


Млади поетски перформанси


Ајвар


Конечно дојде и ладната есен
но, за животот лесен
ни треба ајвар лут и бесен
направен во градот Ресен.


Ајвар сака секој да јади
а, кога од тегла се вади
мојата уста се слади
и соседот сака да го кради.


Најубав ајвар прави баба Стоја
од пиперки во црвена боја.


Петар Живковиќ
ОУ „Елпида Караманди“ – Битола


Ментор Лилјана Стефановска




Избор на поетски творби. Книга 2


15


Есен


Лист со лист се гушкаат
насекаде нешто шушкаат.
Ветрот силно дува
есента се радува.


Есента штом дојде
летото си појде.
Од сив облак капките се ронат
низ олуци ѕвонат.


Анамари Мушуланова
ОУ „Елпида Караманди“ - Битола


Ментор Лилјана Стефановска




16


Млади поетски перформанси


Среќа, не од леќа


Дома се враќам,
и мимики со главата праќам,
кон мојата мајка,
која личи на бајка.


Го чувствувам тој мирис,
Како низ кујната се шири,
Одвратно ми иди,
Кога ќе помислам што може да биди.


Ех, таа леќа,
како мал ми викаа,
јади, јади ќе имаш среќа.


Лука Марковски
ОУ „Елпида Караманди“ – Битола


Ментор Лилјана Стефановска




Избор на поетски творби. Книга 2


17


Нашата есен


Есента ни дојде
а летото си појде
во утринските часови
Студот стега
а сонцето со таа негова
топлина си бега.


Листовите паѓаат на земја
Есента наша тепихот го посла
Летото тажно си бега
а Есента наша со студот стега.


Лејла Усеини
ОУ „Елпида Караманди“ – Битола


Ментор Лилјана Стефановска




18


Млади поетски перформанси


Есен


По гранките плодот
жолто – златен зрее
и чиниш ќе падне
на ветрот што вее.


Се смуртило небото
со сивкаста боја,
орач жито жнее
на нивата своја.


За топлото лето
птица една тажи
дождец ситно паѓа
земјата ја влажи.


Јана Тасевска
ОУ „Елпида Караманди“ - Битола


Ментор Лилјана Стефановска




Избор на поетски творби. Книга 2


19


Есен


Есен мило дојде
Летото топло пројде,
Се скри сончев зрак
Птиците тргнаа на пат.


Дождец ситен роси
Студот силно коси,
Лисјата бавно паѓаат
И снегулки доаѓаат.


Андреа Николовска
ОУ „Елпида Караманди“ - Битола


Ментор Лилјана Стефановска




20


Млади поетски перформанси


Есен


Есента со кочија дојде
Топлото лето веднаш си ојде,
Килимот жолт направен од свила,
Децата се распеаа за есента мила.


Есента е златна,
Целата е матна
Полна е со злато,
А богатството го бери бато.


Дождот падна,
Летото го грабна
Морето го зеде,
Килимот го среде.


Марија Ковачки
ОУ „Елпида Караманди“ – Битола


Ментор Лилјана Стефановска




Избор на поетски творби. Книга 2


21


Училиште


Училишниот ден дојде,
Летото си појде.
Со другар чекориме за рака,
Секое утро не ни е мака.


Кој на училиште оди,
Животот свој
По добар пат ќе го води.


Училишното ѕвонче пее,
На учениците им се смее.
Првиот ден започна со песна,
За целата година да биде лесна.


Гласно се слуша ѕвон,
Но учениците се во сон.
Сакаат да учат тие
Но многу им се спие.


Јосифа Иваноска
ОУ „Елпида Караманди“ – Битола


Ментор Лилјана Стефановска




22


Млади поетски перформанси


Бон – тон


Бон – тонот не е ѕвонче
што ѕвони на врата,
не е ниту вкусно бонбонче
што секој го сака.


Бон – тон е нешто
како златен ѕвон,
бон – тон се учи и треба
секој да го знае и во сон.


Јана Логовска
ОУ „Елпида Караманди“ – Битола


Ментор Лилјана Стефановска




Избор на поетски творби. Книга 2


23


Есен


Есента пристигна
во мојот крај.
Жолтите лисја
паѓаат и прават златен
тепих по улиците.


Сите се радуваме
среќни сме ние,
училиштето не чека
и со нас се смешка.


Зимата ќе ни дојде,
ќе падне бел јорган
мразулците ќе висат,
а санките ќе не лизгаат.


Ангела Ѓоревска
ОУ „Елпида Караманди“ - Битола


Ментор Лилјана Стефановска




24


Млади поетски перформанси


Диви коњи


Висат божилаци
врз гриви разлетани диви.
Топотат во румените мугри,
ги бркаат облаците тешки сиви.


Во галоп ливадите ги красат
лудо растрчани во разгален ден.
Со реката жуборлива, распенета цела
вјасаат до ѕвезди со снагата врела.


Врз копита тешки
гордоста се кове, одѕвонува,
неразудана убавина
ко момини солзи се одронува.


Антим Атанасоски
ОУ „Елпида Караманди“ – Битола


Ментор Сузана Петковска




Избор на поетски творби. Книга 2


25


Поглед


По долго време пак прогледа Климент,
од врвот на ридот на Сребреното Езеро.
Словото, брате, словото
пак ми се јави,
словото со љубов меѓу луѓето во светот.
Му рече на брата си Наум од другата страна.
Те гледам сеуште лекуваш луѓе без да гледаш,
од кој јазик се и со кое име се молат на Бога.


И јас брате сега дом имам,
на врвот од ридот на Плаошник
над Охрид и се уште ја ширам
писменоста,
на љубовта меѓу народите,
во овој мал и убав свет
само тие ќе бидат чувари на мирот.
Рече Климент и во спокој се повлече,
во темната ќелија своја
со поглед полн со светлина на мудроста.


Ардиан Јусуфи
ОУ „Елпида Караманди“ - Битола


Ментор Сузана Петковска




26


Млади поетски перформанси


Горка љубов


Можеби споени усни, можеби некогаш.
Можеби јас и ти заедно пак.
Можеби тела преплетени пак и пак,
Можеби споени пак засекогаш јас и ти
Можеби тајна откриена, тајно моја.
Можеби не повеќе од солзи накиснати, тајно моја.
Можеби заедно јас и ти под небото гушнати
Можеби писмата искинати, но во душа останати.
Можеби откако оваа војна заврши, не повеќе скриени.
Можеби гледање на ѕвезди, заедно јас и ти. Не повеќе од пепел
скриени.
Можеби реченицата тивко ќе ми ја повторуваш,
Можеби кога ќе слушнеш еден збор и ќе го срушиш цел свет тогаш си
заљубен.
Можеби тајна нема да биде тајна, можеби пак ќе дојдам кај тебе,
засекогаш јас.
Можеби солзи пролеани, ќе се избришат.
Можеби јас и ти како во бајка, засекогаш среќни
Можеби засекогаш среќни додека смртта не нè раздели.
Можеби да, можеби не.
Можеби пак, пак и пак.


Ах, војна пуста да остане, крај нема.
Ах, како што вели Шекспир, очекувањето е корен на секоја љубовна
болка.
Ах, мојата е голема, што да очекувам не знам.
Ах, можам да очекувам, секој може, можам да очекувам пингвин да
полета
Ах, ама нема да биде така, не и не.
Ах, да не морам да те чекам, силно да не те прегрнувам во соништата.
Ах, сакам на јаве, сакам на јаве драг мој.




Избор на поетски творби. Книга 2


27


Ах, љубов моја единствена, како ми велеше
Ах, љубовта е како трка, правиш сè на целта да стигнеш но дали
можеш секогаш!?
Ах, љубов моја нашата приказна, споделена, разоткриена.
Ах, војна пуста да остане, зошто љубовта не победи?
Ах, зошто класи се важни, зошто не можеме јас и ти?
Ах, на дожд слободно прегрнати.
Ах, да ме потсетиш на твоите љубовни стихови
Ах, ах љубов моја, тајно разоткриена моја.
Ах, веќе изморена сум, знам и ти,
Ах, те молам да заврши, да побегнеме јас и ти.
Ах, еве дома пишувам, дека го читаш замислувам, заклучена од татко
ми.
Ах, љубов моја, ти испраќам бакнежи на тоа бојно поле, каде и да си
мил мој.
Ах, мил мој, во војна да не беше дозволено сè, да останев со тебе.
Ах, да бевме од ист свет, да ми дозволеа да се мажам со тебе.
Ах, ми недостигаш.
Ах, под сонце заедно и секаде јас и ти.
Ах, твојот мирис ми недостига, ах љубов, спаси ме, спаси ме.


Љубов моја, поминаа години а тебе те нема, војната заврши.
Љубов моја не знам каде си,
Љубов велат ако сакаш мир подготви се за војна, ете се подготвив
Љубов но беше залудно, не дојде никаков мир за мене, без тебе го
нема.
Љубов во птица претвори се, кажи ми тука сум, не сум само кажи ми.
Љубов те молам дојди, не можам да живеам, без тебе, не можам.
Љубов, те нема, можеби си таму некаде, и еден ден ќе се појавиш.
Љубов можеби во местото каде се исполнуваат соништата си, во
рајот мил мој.
Љубов ми недостигаш, ми недостига сè, сè и сè.
Љубов ќе те чекам, знам ќе те чекам можеби ќе се појавиш.
Љубов да знаеш вечно во моето срце ќе те чувам.
Љубов кога ветровите ќе престанат, душата ќе здивне.
Љубов, можеби ќе здивне, можеби и не!




28


Млади поетски перформанси


Љубов но секогаш во неа ќе ни остане тој мирис на ветрот
Љубов ветрот кој ни ги дувал страниците од книгата на животот
Љубов или ни помагал да ги прочитаме.
Љубов, само за да живеам душата ми остана, само дел.
Љубов, пак, можеби, пак, љубов.
Љубов, оваа наша горка, љубов горка.


Анастасија Огненова
ОУ „Елпида Караманди“ - Битола




Избор на поетски творби. Книга 2


29


Училиштето – мој дом


Моето училиште –
ко да ми е куќа родна,
во него со радост секој ден доаѓам,
во него времето брзо ми проаѓа.


Во училиштето мое
на час внимателно се следи,
а стекнатото знаење наше,
надалеку многу вреди.


В училиште ние учиме многу,
се натпреваруваме кој повеќе знае,
никој дома не сака да си оди,
штом крајот на часовите дојде.


Кога не сум в училиште-сеедно не ми е,
ми недостига мојата дружина
со која заедно учиме
и со предизвици се соочуваме.


Моето училиште е весела, бела лаѓа,
секој шепот или тајна, нова љубов раѓа.


Антониа Цветаноска
ОУ „Гоце Делчев“ – Битола


Ментор м-р Емилија Прчкова




30


Млади поетски перформанси


Mојот дом


ДОМ – местото во кое припаѓаш,
ДОМ – местото во кое
чувствата најсилни ги преплетуваш!
Таму се луѓето кои ти помагаат и те сакаат,
оние кои рака постојано ти подаваат.
Доколку некогаш изгубам надеж,
тие се тука, до мене,
во сите моменти.
Каде и да одам,
постојано кај нив се враќам.
Ме поддржуваат и ме сакаат
во најтешките времиња,
ми нудат сигурност и поттик,
ми даваат сила и љубов најголема.
Со нив се чивствувам сакана -
во прегратките на најсаканите,
во овој дом исполнет со спомени незаборавни.
Семејството е мојот извор на среќа и насмевки,
тоа е спокој и рака подадена кон иднината.


Исидора Кузмановска
ОУ „Гоце Делчев“ – Битола


Ментор м-р Емилија Прчкова




Избор на поетски творби. Книга 2


31


Мојот роден крај


Мојот роден крај Битола се вика
убав е како слика.
Многу ми е мил
затоа што има конзулски стил.
Има една река Драгор што се вика
Најубава е кога сонцето во неа блика.
Старата чаршија занаети реди
таму никој напразно не седи.
Хераклеа е полна со туристи, а
театарот со безброј артисти.
Улицата која од младост блика
Широк Сокак се вика.
Саат кулата споменик е стар
за градскиот парк најубав дар.
Многу си го сакам мојот крај
во него се чуствувам како во рај.


Андреа Гулабовска
ОУ „Стив Наумов“ - Битола


Ментор Ана Динковска-Божиновска




32


Млади поетски перформанси


Песна за родниот крај


Мојот роден крај
е убав како месецот мај,
во него се чувствувам
како во цветниот рај.


Во него има многу дворови
со прекрасни цветови
и дрвја наречени борови.


Кога патуваш по планината
Баба нема да најдеш
никакви ѕверови, туку
само убави цветови.


Широк сокак е
улица позната,
а филџанот кафе
негова ознака.


Драгор е река
полна со мека трева,
И секогаш покрај неа
има некаква врева.


Саат кула не е
кривата кула во Пиза,
туку белег на градот,
прв во големата низа.


Нина Дејаноска
ОУ „Стив Наумов“-Битола


Ментор Ана Динковска-Божиновска




Избор на поетски творби. Книга 2


33


Езерска радост


Темно е, дува, силен дождец се вее,
над езерската шир небото го сее.
Од брановите силни, бела пена се прави
А, камчињата тивко наведнале глави.


Звукот на ветрот полека се губи,
Сончев зрак почна езерото да го љуби.
Галебот сребрен пушта весел глас,
Писка–креска силно и нè повикува нас.


Дојдете деца, езерото ве вика,
Во бистрата вода видете ја својата лика.
Секој од вас од радост нека клика,
Езерска песна од срце да блика.


Зорица Симјановска
ОУ „Стив Наумов“–Битола


Ментор м-р Ана Динковска-Божиновска




34


Млади поетски перформанси


Немир


Некогаш во гради ме боли,
друг пат во очи оган ми гори.
Тага веднаш в срце ме стега,
низ образ сама солза бега.


Со раце можам да допрам,
со очи не можам да видам.
Не можам со уво да слушнам,
ниту во прегратка да гушнам.


Ветрот сакам да ме однесе
кај што очи твои гледаат,
звук од музика да се сторам
што ушите твои ја слушаат.


Ко дожд да се истурам силен
врз мислите твои што будат.
И околу тебе да лебдам,
да те стиснам, да те гушнам.


Моите соништа те гонат,
за среќа сакаат да те допрат,
зраците наутро ги чекам,
по нив топлина да пуштам.


Дланка на градиве си ставив,
те молам осети и слушни.
Трепери срцето во ритам-
копнеж мој си, прости лаги.


Марија Цветановска
ОУ „Стив Наумов“ - Битола


Ментор м-р Ана Динковска-Божиновска




Избор на поетски творби. Книга 2


35


Љубов


Страшно е кога некого сакаш,
кога колку е опасно сфаќаш,
за љубовното оро се фаќаш
и нема пуштање сè дури,
не почнеш да се распаѓаш.


Како цвет на пролет ќе расцутиш,
сè додека есен не дојде
и застуди.
Тогаш ќе фати суша и
огламник ќе се стави на твојата душа.


Ќе се мачиш и ќе трпиш,
сè додека не преболиш и отрпниш.
И ќе си размислуваш ти така:
Дали за таа мака, вредеше
толку многу да се сака?


Елена Дурловска
ОУ „Стив Наумов“-Битола


Ментор м-р Ана Динковска-Божиновска




36


Млади поетски перформанси


Книга


Со книгата другарувам често
во пролет, лето, есен и зима.
На нејзините страници секогаш
неоткриени тајни за мене има.


Со неа шетам
низ краишта разни
од неа ги читам
најубавите сказни.


Еднаш зборував со тажна принцеза,
се криев во густа шума,
веслав со мало бротче,
ме бркаше една црна пума.


Среќна сум кога читам убава книга,
исполнета со предизвици и големи тајни,
кога откривам нови места, луѓе разни
па дури и небесни ѕвезди сјајни.


Лина Чашитовска
ОУ „Стив Наумов“ - Битола


Ментор м-р Ана Динковска-Божиновска




Избор на поетски творби. Книга 2


37


Љубов е...


Љубовта е чувство,
извор од нашите срца.
Да се љуби е возвишено дело,
да се биде љубен е богатство цело.


Во сечии очи љубов да се чита,
искрена љубов топлина да блика.


Да си љубен и да љубиш е среќа и радост.
Вистинската љубов е вечна младост.


Андреа Марковска
ОУ „Стив Наумов“ - Битола


Ментор Магдалена Сајкова




38


Млади поетски перформанси


Мајка


Карпа е јака,
И нежна роза,
ко злато сјајна
в мои очи тајна.


Добрина е полна
искрена животна борба.
Не знае за мака ,
секому подава рака.


Љубов полна милна,
Кралица моја најсилна
Ја сакам во целост
Со сето срце и душа.


Мене ме смее
тага ко вее,
живот ми дари
насмевки ми ќари.


Марија Илковска
ОУ „Стив Наумов“ - Битола


Ментор Магдалена Сајкова




Избор на поетски творби. Книга 2


39


Битола


Под Пелистер стои
векови брои.
Низ Пелагонија мила
ги шири своите крила.


Калдрми вечно стојат
чекори илјадници бројат.
Саат кулата времето го брои,
Безистенот крај неа стои.


Биди вечен граду мој сакан
си видел и среќа и мака.
Секогаш за тебе се молам,
за мојата сакана Битола.


Филип Станковски
ОУ „Д-р Трифун Пановски“ Битола


Ментор Тања Николовска




40


Млади поетски перформанси


Есенска самовила


Таа девојка игрива, смела
распослала жолт килим
пурпурна насмевка врела.


Насекаде заводливо игра и пее ,
на дождовни капки
нежно им се смее.


За неа јас,
за таа девојка лична
пишувам песна
зашто е на самовила слична.


На својот фустан
ставила илјада живописни бои,
очигледно најдобриот кројач го скроил.


На круната своја
ставила пурпурна боја,
а во раката своја,
плодови во илјада броја.


Радувајте се дечиња,
есента самовила иде,
богато и весело
ќе ни биде.


Бојана Ѓорѓевска
ОУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола


Ментор Тања Николовска




Избор на поетски творби. Книга 2


41


Селото Зашле


Во вишното село Зашле
дечиња многу се нашле.
Весели песни си пееле,
убави зборови сееле.


Дедото под стреата стоеше
и дрвата ги броеше.
А бабата, под дрвото седеше
и џемпер си плетеше.


Ветрот на ливадата нежно вееше,
девојчето вода на чешма лееше.
Изворчето бурно течеше
жубор гласен ечеше.


Ана Спиркоска
ОУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола


Ментор Тања Николовска




42


Млади поетски перформанси


Библиотека


Библиотека е најубавото место
во неа децата одат често.


Сите читаат книги разни
и лето и зима таа се празни.


Приказни, песни и сказни
се напишани на листовите мазни.


На полици наредени ко пчелки во рој
во неа има книги без број.


Читањето е вистински лек
што трае цел век.


Андреа Јосифовска
ОУ „Д- р Трифун Пановски“ – Битола


Ментор Тања Николовска




Избор на поетски творби. Книга 2


43


Мојот роден крај


Зад грамадни планини се крие,
многу убавини што лие,
Битола се вика и има прекрасна лика.
Низ неа бистар Драгор води,
на секој што поминува му годи.


Убавини има колку да сакаш
кои личат на рај со бескраен крај.
Пелистер гнездо свил
и сите под него ги скрил.


Мојот роден крај
има најубав, блескав сјај
и лие убавини до крај.
Прекрасен е овој рај!


Анастасија Тодоровска
ОУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола


Ментор Тања Николовска




44


Млади поетски перформанси


Мојот роден крај


Мојот роден крај, ми заликува на рај.
Со име старо, преубав на лика
Битола се вика.


Под Пелистер гнездо си свила,
и на сите си им мила.
Во безброј песни си опеана
и секогаш си насмеана.


Те красат убавини од сите страни
и ние во тебе сме
среќни, збрани.


Мојот роден крај преубав на лика
Битола се вика.


Леонид Велјановски
ОУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола


Ментор Тања Николовска




Избор на поетски творби. Книга 2


45


Свету убав


Сонцето силно,
облакот бел,
ветрето милно,
О! Свету голем,
прекрасен цел!


Цвет во сите бои,
река мирна,
силни планини твои,
убавина ангелска крилна,
твојата природа среќа ни крои.


Убав цвету мој!
Бел си во зима,
во есен жолт е листот твој!
Топол зрак во лето,
а пролет твоја шаренило има!


Те сакам чисто,
те љубам како што знае дете,
како себеси исто,
во срце те носам свету,
со радост раснам, пресреќна, ете!


Лела Стојановска
ОУ „Св. Климент Охридски“ - Битола


Ментор Соња Петровска




46


Млади поетски перформанси


Другарство


Другарството е солза
којашто не се рони.
Другарството е шепот
кој по секоја врата ѕвони.


Другарството секој го знае
како ѕвезда наоколу сјае.
Никој не знае за сомнежи
сите ќе ги победиме големите омрази.


Другарството насекаде гласи:
Од недругарството мора секој да се спаси!
Како цвеќе другарството никнува
и со голема радост секого повикува.


Теодора Јовановска
ОУ „Св. Климент Охридски“ - Битола


Ментор Соња Петровска




Избор на поетски творби. Книга 2


47


Пријателство


Пријателството е богатство
кое тешко се стекнува,
а во еден момент
може да се загуби,
како од дланка
да ти избега.


Вистинскиот пријател
е ретко злато,
и ако го има човек,
се чувствува среќен,
исполнет му е
животот и векот.


Пријателството е како
бистра река,
за да бидеш пријател
душата треба да е мека.


Викторија Трајковска
ОУ „Св. Климент Охридски“ - Битола


Ментор Соња Петровска




48


Млади поетски перформанси


Есен


Веселата есен е
убаво годишно време,
тогаш секој го собира
оплоденото семе.


Секакви плодови има:
Јаболка, костени, круши,
за децата да имаат
насмевка до уши.


На дрвјата високи
жолтите лисја им паѓаат,
а пак напролет-
нови им се раѓаат.


Искра Нечаковска
ОУ „Св. Климент Охридски“ - Битола


Ментор Соња Петровска




Избор на поетски творби. Книга 2


49


Би сакал да можам...


Би сакал да можам
да ги излекувам сите болни,
би сакал во светот да нема војни.
Би сакал да можам
да ги нахранам сите гладни,
би сакал да нема жедни и јадни.
Би сакал да можам
да направам планета чиста,
водата да биде чиста и бистра.
Би сакал наградите
да ги поделам со другарите и пријателите,
на успехот мој да се радуваат сите.
Би сакал никогаш да не се уморам од учење,
после секое паѓање да имам успешно станување.
Би сакал да можам
да го прифтам она што неможам да го променам.
Би сакал да можам сите да ги насмеам
радост и среќа сегде да посеам.
И уште многу, многу би сакал,
Но ако дел од ова исполнам
над сите би се издигнал.


Давор Петковски
ОУ „Св.Климент Охридски“ - Битола


Ментор Венета Јоновска




50


Млади поетски перформанси


Да ги оживеам спомените


Да ги оживеам спомените!...
Не! Тоа нема да се случи.
Тоа е нереално,
ниту пак, вистинито...


Стапка полна надеж!...
Чекорам низ истите улици,
ги повторувам чекорите од реалноста
кои, не знам кога, станаа спомени...


Моментите полни живот
беа тркало кое се врти...
Добиваш подарок од рака носен,
години безброј од срцето мое чуван...


Можеш да се надеваш,
а да не се случи ко што сониш...
Но.... Споменот...
Го запишуваш во главата,
па станува несопирлив траг.
Со копнеж ранет...
Со нежност чуван...
Одново...повторно...вечно оживуван...


Ивана Христова
ОУ „Ѓорѓи Сугарев“-Битола


Ментор Марјан Тасевски




Избор на поетски творби. Книга 2


51


Инспирација


Никогаш не сум напишала перфектен стих...
А, тие што се напишани,
Препишани се од моите комплексни драми;
Од некои
„Крај на светот“ - ситуации
Каде што ги обвинувам другите
За моите проблеми, секирации.
По некој месец
Во среќна позиција се ставив,
В огледало прашања за инспирација си поставив...


Каде отидоа тие славни ставови?
-Еј, светот ќе го сменам
Со моќта на зборот,
Со силата на слухот,
Со болката на плачот!...
Патот по кој што чекорам-
Животот е кој го сакам и сонам.
Ветувам!
Пишувам поема
За немањето инспирација
И една постојана мечта да се стигне до
Својата идеална дестинација...
Можеби е добро да се контролира радоста.
Да се стави во кутија и да се пишува на неа,
Па наместо да се чека страшна тага,
Во подвиг мислите ги става в рака
И поетот од вечната слава се радува
Зашто ете, напишал поема
Доволно силна и драга.




52


Млади поетски перформанси


Имам конекција
Со вистинска ментална рефлексија,
Со вистинските работи!
...Како еднаш, сите ќе тажиме,
Самите ќе се лажеме
Од нас самите ќе патиме...
Но,
Среќата е мила
Кога дарува моќ, а и смисла,
Кога буди
Разубавува
И нуди!


Можеби насмевката е поопислива
Кога во ликот е лажна,
Ама, кога е од душа извајана
Дали тогаш, таа е важна?!


Бисера Стефановска
ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола


Ментор Марјан Тасевски




Избор на поетски творби. Книга 2


53


Подобро утре


Земја...
Цврсто и одлучно за неа се борам...
Таа е моето минато,
и, секако, моја иднина.
Паднав...
Ќе станам!...
Правила...
Од кои никако не отстапувам!...
Одлучив правилно да постапувам.
Додека секој заминува јас одлучив да останам...
со марамче в рака, насолзена...
Останувам!
Ова е моја територија.
Mое парче, мое место, мое небо!
Место кое одлучив да го негувам!
Мојот дом е ова, каде свој живот имам
и негативното во себе не го примам!...


Да имам сон и јас треба,
да раснам, да пеам, да градам;
да љубам, да се борам, па и да страдам!...


Живеам за подобро утре...
За ова парче света земја...
Со мојот народ тука збран...
Не таму! Не насекаде избеган!
Волшебно е ова место за сите!
Застанете! Нагоре погледнете!
Прегрнете се и вечност жива останете!


Тамара Талевска
ОУ „Ѓорѓи Сугарев“-Битола


Ментор Марјан Тасевски




54


Млади поетски перформанси


Искривени лица


Карикатурите имаат интеракција
со мене и со живиот свет.
Зборови кажани на измислен јазик.
Нов јазик. Стар јазик.
Можеби заборавен, но вечен.
Како Есперанто.
Зголемените делови
на едно лице
нè водат до карактерот на личноста.
Нѝ покажуваат
и мир
и хаос.
Уметност, лирика и адаптација
на нивниот свет, навидум сложен
кон нашиот, навидум прост.
Два светови од истата димензија.
Очите стануваат галаксии.
- Зошто, поради изгледот?
- Не. Поради погледот.
Гледаат, пренесуваат и создаваат.
И нас не создаваат.
Броиш до три, девет,
тринаесет и деветнаесет.
Сфаќаш.
- Додека основата на светот
се создава,
мозокот го чита
овој талог на примери и шифри.
Ние гледаме.
Некој како што е,
а некој -




Избор на поетски творби. Книга 2


55


само посакуваното...
В И С Т И Н А Т А
е дека светот е двострано
о г л е д а л о
со матни и сјајни делови...


Михаела Стефановска
ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Битола


Ментор Катерина Маруши




56


Млади поетски перформанси


Што има од другата страна?


Восхит,
Инспирација,
Надеж,
Огледало,
Желба,
Имагинација,
Тајна,
Ореол.
Воскликнувам и пак го гледам
раскош на бои,
трепет на нијанси,
со ВОСХИТ го следам.
Црвената е ИНСПИРАЦИЈА -
изгрев, оган, љубов,
нежност, копнеж, чудо.
И живот, и храброст, и крв...
Пурпурот од самиот врв
се точи во портокал скрит,
ко усвитен жар -
најличен на природата дар.
Кришум нова НАДЕЖ се лее,
сонце сјајно, жолто злато
ѕвезден прав посипан врз патот...
ОГЛЕДАЛО на душата чиста,
а ЖЕЛБАТА повторно е иста-
да ѕирнам во зелената,
да нурнам во сината,
да ја помирисам виолетовата,
да го најдам крајот
и да видам: Што има на другата страна?
Каков ли е рајот?!




Избор на поетски творби. Книга 2


57


ИМАГИНАЦИЈА,
јавам врз сонот на фантазијата
дишам со здивот на спокојот...
Ќе го скротам ли овој немир?
Ќе ја одгатнам ли вечната тајна?
ОРЕОЛОТ вишнее во синевината,
ко бескрајна порта на мудроста,
А јас во копнеж збрана
мечтаам да откријам часкум
Што има од другата страна.


Андреа Китановска
ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Битола


Ментор Катерина Маруши




58


Млади поетски перформанси


Од далечината


Од далечината
блеска твојата насмевка...
Jа чувствувам твојата топлина,
топлина, која ми ја топли душата,
иако ти не ме гледаш со тие очи.


Ги разменуваме погледите,
мојот мил, твојот ладен како лед,
но, сепак поразличен од останатите.


Ти како никој досега
го отклучи моето срце.
Тебе како никој досега
те гледав со надеж во очите.


Лина Продановска
ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Битола


Ментор Александра Упале




Избор на поетски творби. Книга 2


59


Другарство


Другарството е сина вода, душа што ми чисти
тоа ме научи да се почитуваме и бидеме исти.


Другарството е сонце над нас што грее
тоа е златен симбол во срце што ми бдее.


Другарството и верноста се во нераскинливи алки,
градат мостови и креираат животни бајки.


Тој што другар верен има,
никогаш за него нема зима.


Почитувај ги искрено другарите свои,
верувај тие вечно ќе бидат твои.


Леона Соклевска
ОУ „Тодор Ангелевски“ - Битола


Ментор Ана Јовановска




60


Млади поетски перформанси


Мојата фамилија


Мојата мајка е како сонце кое секој ден ме грее
кога ми зборува си мислам дека славеј пее.
Таа е светлина која животот ми го осветлува,
кога ќе ја видам моето срце од среќа полетува.


Мојот татко на сè ме учи,
без разлика на тоа што ќе се случи.
Тој ме воспитува заедно со мама
и никогаш не ме остава сама.


Мојата сестра е и моја другарка,
на моето друштво таа е господарка.
Секој ден ме радува и смее
кога ја гледам душата ми ја грее.


Анастасија Трампевска
ОУ „Тодор Ангелевски“ - Битола


Ментор Ана Јовановска




Избор на поетски творби. Книга 2


61


Моето училиште


Училиштето мое многу го сакам
во него учам со љубов без мака.
Другарчињата се многу мили
учиме со сите сили.


Дворот школски сите не собира,
во игра и песна одморот ни поминува
а потоа сме спремни за во клупа,
ако наставникот испитува
срцето ни лупа.


За викенд кога не учиме
на шеталиште се дружиме
со мислите и детството летаме,
а во срцата цветаме.


Анастасија Цветкова
ОУ „Тодор Ангелевски“ - Битола


Ментор Ана Јовановска




62


Млади поетски перформанси


365 дена љубов до среќа


365 дена веќе мислам на тебе,
365 дена те носам во себе.
365 дена твојот сакан лик,
365 дена е во моите мисли секој миг.


365 дена будна те сонувам,
365 дена за љубовта болувам.
365 дена за тебе се грижам,
365 дена за случувањата не мижам.


365 дена е една година цела,
365 дена душата ми е врела,
365 дена ја барам љубовта,
365 дена ја чекам среќата.


365 дена срцето ми е заробено,
365 дена лицето не ми е насмеано.
365 дена солзи пролевам во тага,
365 дена желбата не ме излага.


365 дена во закрилата е фамилијата,
365 дена во домот ја барам топлината.
365 дена сакам да верувам во чуда,
365 дена реалноста е моја заблуда.


Георгина Ивановска




Избор на поетски творби. Книга 2


63


Св. Климент Охридски


Уште од десетти век
имаме учител добар и свет.
Азбуката наша ја создал
за факултетот со него светот дознал.


Народни училишта направил,
луѓето, децата на мудрост ги
научил.
Животот полесно да го живеат
знаења нови успеси да жнеат.


Затоа денес го славиме,
во негова чест убави дела правиме
Тоа е нашиот чудотворец
на убавата иднина творец.


Св. Клименте, што и да правиме,
во заборав нема да те оставиме.
Ти си патрон наш сакан
и секогаш ќе бидеш во нашите срца.


Никола Ивановски






Содржина


Предговор ..................................................................................................................... 7
Молчење ........................................................................................................................ 9
Последна љубов .......................................................................................................... 10
Мојата татковина ........................................................................................................ 12
Радосна есен ................................................................................................................. 13
Ајвар ................................................................................................................................. 14
Есен .................................................................................................................................. 15
Среќа, не од леќа ........................................................................................................ 16
Нашата есен .................................................................................................................. 17
Есен .................................................................................................................................. 18
Есен ................................................................................................................................... 19
Есен .................................................................................................................................. 20
Училиште ........................................................................................................................ 21
Бон – тон ......................................................................................................................... 22
Есен ................................................................................................................................... 23
Диви коњи ..................................................................................................................... 24
Поглед .............................................................................................................................. 25
Горка љубов .................................................................................................................. 26
Училиштето – мој дом ............................................................................................... 29
Mојот дом ....................................................................................................................... 30
Мојот роден крај ......................................................................................................... 31
Песна за родниот крај .............................................................................................. 32
Езерска радост ............................................................................................................ 33
Немир .............................................................................................................................. 34
Љубов .............................................................................................................................. 35
Книга ................................................................................................................................ 36
Љубов е... ........................................................................................................................ 37
Мајка ................................................................................................................................ 38
Битола .............................................................................................................................. 39
Есенска самовила ....................................................................................................... 40
Селото Зашле ................................................................................................................ 41




Библиотека .................................................................................................................... 42
Мојот роден крај ......................................................................................................... 43
Мојот роден крај ......................................................................................................... 44
Свету убав ...................................................................................................................... 45
Другарство .................................................................................................................... 46
Пријателство ................................................................................................................. 47
Есен ................................................................................................................................... 48
Би сакал да можам... .................................................................................................. 49
Да ги оживеам спомените ...................................................................................... 50
Инспирација ................................................................................................................. 51
Подобро утре ............................................................................................................... 53
Искривени лица .......................................................................................................... 54
Што има од другата страна? .................................................................................. 56
Од далечината ............................................................................................................. 58
Другарство .................................................................................................................... 59
Мојата фамилија.......................................................................................................... 60
Моето училиште .......................................................................................................... 61
365 дена љубов до среќа ........................................................................................ 62
Св. Климент Охридски .............................................................................................. 63




Издава
Национална установа


Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Битола


Млади поетски перформанси
(Избор на поетски творби)


Книга 2


Дизајн на корица и
компјутерска обработка


м-р Зоран Јанакиевски


Печати
Графопром – Битола


Тираж 100


Проектот е реализиран со
финансиска поддршка од


Министерството за култура на
Република Македонија