Д-Р ЃОРЃИ МИХАЈЛОВСКИ НАУКАТА Е ТРКА НА ИДЕИ

Д-Р ЃОРЃИ МИХАЈЛОВСКИ


НАУКАТА Е ТРКА НА ИДЕИ


DR. GEORGE MIHAJLOVSКI


SCIENCE IS А RACE OF IDEAS


На Љубица, Данче и Снежана
со љубов и благодарност


Авторот




DR. GEORGE MIHAJLOVSКI


SCIENCE IS А RACE OF
IDEAS


MACEDONIAN SCIENCE SOCIETY
BITOLA, 2012




Д-Р ЃОРЃИ МИХАЈЛОВСКИ


НАУКАТА Е ТРКА НА
ИДЕИ


МАКЕДОНСКО НАУЧНО ДРУШТВО
БИТОЛА, 2012




МАКЕДОНСКО НАУЧНО ДРУШТВО - БИТОЛА


За издавач:


Проф. д-р Игор Неделковски


Р ецензенти:


1. Проф. д-р Трајан Дојчиновски


2. Проф. д-р Трајко Мицески


CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент
Охридски", Скопје
001-026.23(100)


МИХАЈЛОВСКИ, Ѓорѓи
Науката е трка на идеи/ Ѓорѓи Михајловски. - Битола:


Македонско научно друштво, 2013. - 309 стр. ; 21 см


Summary
ISBN 978-608-4616-47-4


а) Наука - Развој - Свет
COBISS.MK-10 93025546




Науката е трка на идеи


5











П Р Е Д Г О В О Р


Идејата за насловот на книгата „Науката е трка на идеи”,


може да се каже дека е препотентна, преамбициозна, нереална,


за прикажување на содржини од написи кои се пишувани, а


еден помал број од нив и објавени во последните


четири години. Пишувањето за науката во светот е доста


сложено и многу широко прашање, за него треба да се


познаваат и презентираат факти, како: за бројот на вработени,


остварените приходи и расходи во работата на субјектите,


постигнати ефекти и друго. Во отсуство на тоа се определив да


го користам насловот на книгата како обид, да може секој


човек да каже и напише по нешто, како тој ја гледа, доживува и


чувствува науката како и да се изнесат податоци каде сме ние


како земја.


Трката е брзина соединета со поимот квалитет и уште


неколку други чинители со позитивни особини, кои на човекот


му носат успех. Брзината како поим има повеќе карактеристики.


Во текстот станува збор за делотворната брзина, корисна за


човекот. Луѓето и организациите делотворната брзина треба да


ја применуваат во нивната работа. Овластените од вработените


во организациите треба да размислуваат за секој посебен


случај. Со тоа од нив се очекува да не бидат пребрзи. Тоа е


случај кога се носи одлука неразмислено, пребрзо тогаш истата


наместо успех може да создаде голема загуба од лошо


сработеното.


Во предговорот почнувам со глобални видувања за


науката. Вкупното население на планетата Земја во овој век е


поголемо од седум милијарди единки. Во нив има поголем број


на држави во кои живеат различни народи, помали и поголеми




Науката е трка на идеи


6








заедници од луѓе и други. Разликите не се само во тоа, туку и во


нивните занимања, струки и други класификации. Во вкупната


структура од населението науката со сите свои содржини


зазема свое место. Во неа пак, покрај вработените во


специјализираните организации за наука, влегуваат и голем


број на единки кои се бават со наука, а се евидентирани како да


припаѓаат на субјекти од стопанството и вонстопанството.


Сите луѓе во светот се препознаваат по нивната особина


да учествуваат во секаков вид на натпревар, да се


натпреваруваат, да ги докажуваат своите способности, вештини


и знаења. Светот покажа голем интерес и ги следеше „Летните


олимписки игри”, кои беа одржани во Лондон, од 27 јули до 12


август 2012 година, каде беа евидентирани досега


незабележано високи резултати во одделни гранки од спортот.


Ваквите настани се честа појава кои се случуваат по разни


поводи, именувани со разни имиња. Овие настани се случуваат


периодично, но секојдневните се најмногубројни и тешки,


ризични, интересни, забавни.


Оваа особина на човекот се пренесува со сите свои


содржини во сите организации, што се создадени од него. Во


нив тоа својство добива своја мултиплицираност во зависност


од големината и бројот на вработените во нив и друго.


Според тоа учесници во трката се луѓето како единки,


семејството, сите видови на организации од стопанствотото и


вонстопанството. Во науката учесникот во трката е авторот и


неговите идеи. Тој се натпреварува со други лица, кои се како


него. Во трката учествуваат и сите заинтересирани субјекти


кои, пак, сакаат да го користат авторот како личност и


неговите идеи. За учесниците трката е секојдневна, таа почнува


за човекот со неговото раѓање а, за организациите од нивното


основање. Покрај тоа значајни се и: местото каде се остварува


настанот; оспособувањето на тркачот за настанот; правилата за




Науката е трка на идеи


7








стартот, целта и судијата и конечно, по завршување на


натпреварот се добиваат резултати.


Прикажувањата и компарирањето на единката и


неговото семејство, со сите видови организации, како учесници


во трката се наједноставни, бидејќи тие се сами и малкубројни.


За организациите ова прашање зависи од бројни


поединости, како бројот на вработени, предметот на работа,


оспособеноста за работа. Квалификационата структура е


изразито значајна за добивање на трката. Се создаваат тимови


од нај способни луѓе кои ќе можат да влијаат за подобрување на


вкупнатата структура од вработените, за добивање на ниво за


забележување врвни резултати. Се вработуваат или повремено


се користат потреби кадри. Се бараат врвни и докажани единки


кои своето знаење и реноме го докажувале. Ваквите


однесувања не се единствени. Сите организации тоа го прават.


Конкретна организација, според тоа, не е единствена во ова


натпреварување. Таа се соочува со ривалите кои се со ист или


приближно ист капацитет и можност а сакаат да го земат на


пример, истото лице, но, за нивни потреби. Во трка на пазарот


се трошат огромни средства. Доколку ова е еден вид за


добивање на посакувани единки следната се препознава, кога од


најрани години се избираат деца таленти и се оспособуваат за


конкретна дејност. Детето се школува и се вежба да достига


високи резултати и за тоа се трошат огроми средства. Двата


примери се мал, блед приказ на шареноликоста на тоа што се


случува во светот, во која постои трка по најпаметните,


најдокажаните, најпродуктивните, најталентираните,


креаторите, иноваторите. На врвот од барањето или ценењето


на најединките се луѓето на идеи кои ги докажале во работата.


Некои од нив формираат своја организација и со неа достигаат


баснословни резултати. Со вмешување во оваа трка на моќни


држави и специјализирани меѓународни организации ова


натпреварување добива свои белези посебно за теми и


содржини, како што се: мирот и безбедноста во светот, грижата




Науката е трка на идеи


8








за природата, истражувања на вселената, за проекти за идните


10 или 50 години, за кои треба фундаментални истражувања


и за кадри од голем број на струки, кои можат тоа да го


направат.


Местото на кое се одвива трката може да биде


разновидно на пример, во работните простории на


организацијата, каде се потпишуваат договори, за испорака на


секакви производи, трансакции со пари и хартии од вредност и


друго, каде со потписите, се изразува заедничкиот интерес на


два или повеќе учесници во деловната активност. Многу е


интересно прашањето за берзата, каде се регистрираат


дневните настани. Берзата има свои клиенти и таа за нив


соопштува како се движат цените на нивните акции. Таа, со


најголема леснотија на основа на понудата и побарувачката,


како и на остварените деловни резултати ја покажува цената на


акциите. За една странка цената може да покажува положба за


големо покачување на вредноста во дадениот ден а за друга


показателот е со обратна големина, за третата без промена.


Покрај тоа, берзите покажуваат цени за определени производи,


трансакциите во размената се вршат според овие цени. Местото


на трката е во просториите на берзата. Заедничкиот интерес и


компромисот државите го создаваат во специјализирани


организации, каде се носат документи, кои се ратификуваат од


нивните надлежни органи, со што таа прима одговорност нив да


ги спроведува. Такви специфичности постојат повеќе. Овие


активности се одвиваат во работните простории на


организацијата, која ги донесува резолуциите или другите


документи.


Оспособувањето на луѓето во организациите е


секојдневна активност. Тоа го наметнува технологијата, која


постојано се развива и унапредува. Треба да се учат новитетите


и истите да се аплицираат во работата. Вежбите кои се


изведуваат зависат од карактерот на работата.


Во секоја организација на различен начин се врши ова




Науката е трка на идеи


9






оспособрување. Целта на оваа активност е да се создава и


одржува способна структура од вработените за постигнување


на врвни резултати. Најголемите организации формираат


центар за оваа намена, каде на пример, се врши подготовка на


единки кои се одговорни за спроведување на законската


регулатива, која значајно се променила во однос на постојната


положба.


Стартот, целта и судијата се значајни за сите видови на


организации. Овие поими се видоизменуваат во зависност од


дадената дејност. Стартот е многу значаен, треба да се почне


навреме. Целта е уште поважна, таа е смислата на трката.


Судиите ја контолираат примената на правилата. Пазарот е


најприменуваниот судија за активностите на луѓето и


организациите. Тој, како регулатор на активноста, инсистира на


економично, продуктивно и рентабилно работење. Тие што не


го почитуваат тоа тој ги казнува. Свирката, мерилото, казната се


во употреба за да се стигне до целта има бројни препреки.


Успешните секогаш стигнуваат први на целта и тие го земаат


големиот дел од колачот. Се прави пирамида од учесниците,


која од врвот оди надолу, најголемиот дел учесници се на дното.


Резултатите на крајот од трката се евидентираат со


големо внимание. Тие се паметат и се користат за новите


натпреварувања. Резултатите се именуваат со победа и пораз,


која е одраз на вистината во настанот. Во реалниот живот тоа


се изразува со посмирени зборови. Така, во зделките каде


постои договор, овие зборови се именуваат со: нема победник


ниту победен, туку остварен е заеднички интерес. Во односите


помеѓу поголеми организации има изрази кои се со уште


поблаги зборови од прикажаните. Но, суштината на резултатот


како поим и како да се каже, останува непроменета.


Употребата на зборовите во текстот, може да наликува


на олимписките игри, но, животот и работата на човекот, тие




Науката е трка на идеи


10








поими или други со такво значење, се прифатени како правила


за однесување на сите субјекти.


Секој човек има право да го постави прашањето, зошто се


прави трката во која се вложува голем труд и се трошат уште


поголеми средства? Одговорот е: борба за опстанок и развој на


сите субјекти, човекот и организациите. Станува збор за


борбата за егзистенција на луѓето, поголем стандард и имиџ, за


покомотен живот, за обезбедување на мир и безбедност во


светот. Развојот, пак, е потреба од таква репродукција која ќе


ги решава основните прашања и проблеми на работењето и


животот на луѓето. Репродукцијата, според една прогноза на


Меѓународниот монетарен фонд за 2012 година за светот,


мерена со БДП на државите предвидува раст на развојот по


стапка 3,25 отсто. Заедно со тоа се предупредува дека е


потребен уште поголем развој, бидејќи без него не може да се


води борба против невработеноста. Оваа проценка на ММФ е


показател, кој секој човек и организација треба да го знае и се


верува дека тоа ќе има одраз врз нивните однесувања.


Во книгата влегуваат текстовите кои беа објавени во


2009, 2010 и 2011 година во списанието теорија и практика


“Економија и бизнис” Скопје и тоа:“Планот е резултат на


нашата креација”, “Перспективата е во освојување на нови


цели” и “Репродукцијата е способност на луѓето за создавање


производи”.


Во првиот труд се вели дека планот и пазарот не се


монопол само на одделни субјекти туку им припаѓаат на сите


земји во светот. Тие едниот со другиот се надополнуваат. Со


нив се предвидени и остварени најсуптилните остварувања


на


човекот во светот.


Во вториот напис се говори за творечкиот немир на


човекот за негово оспособување за нови вештини, со учење на




Науката е трка на идеи


11








нови постапки, со брзо прифаќање на новата техника и


технологија, за остварување нови благородни цели.


Во третиот напис само со едно подзаглавие се кажува


суштината на настаните а тоа гласи: репродукцијата е творечка


војна на ривалите во трката за пазар.


Написите “Кризата е казна за лошото управување” и


“Градењето на нова динамична посткризна рамнотежа”, беа


испратени до споменатиот издавач, но не се објавени.


Во трудот “Кризата е резултат на лошото управување”


се зборува дека репродукцијата продолжува и во време на


кризата, како резултат на моќта на стопанствата и


вонстопанствата на државите во светот. Кризата имаше


различно влијание од земја до земја, некои од нив во тоа време


покажуваа забележителни резултати.


Кризата како нарушување помеѓу производството и


потрошувачката, се карактеризира со помала вредност на


првиот, од преголемото трошење, изразено во вториот


показател. Таа предизвика голем број на проблеми, нападната е


постојната рамнотежа, смалување на БДП на државите, губење


имоти, зголемување на задолженоста, појава на невидена


неликвидност на организациите, отпуштање на луѓе од работа,


смалено вработување на младата генерација.


Кризата изврши притисок за создавање на нова творба


на човекот со формирање на Г-20, тело составено од 20


најголеми и најмоќни држави, кое ќе има за задача да се бави со


оценки на состојбите и градење на ставови за решавање на


наметнатите прашања и проблеми во светот.


Науката е неминовен учесник во активностите за


кризата. После интензивни напори на експерти од стопанството


и вонстопанството, науката, државата, меѓународните


организации и други се најде лекот за нејзино смирување.




Науката е трка на идеи


12








Епилогот од кризата е познат, најсиромашните ја платија


најголемата и најболната цена.


Во трудот “Градењето на нова динамична рамнотежа”,


место да се интензивираат донесените ставови на Г-20 и да


се почне организирано работење за создавање на нова


посткризна рамнотежа, вниманието е насочено кон решавање


на должничката криза на најразвиените држави во светот, во


кои покрај тоа, владее рецесија пратена со поголеми


намалувања на БДП.


Написите “Науката е трка на идеи” и “Учинокот на


генерацијата 1930- 1990 година во развојот на Битола”, се од


2012 година и не се презентирани за објавување.


Како автор имам желба книгата да се погледа и прочита.


Во неа има интересни податоци, видувања и оценки.



Битола, 15 септември 2012 година Д-р Ѓорѓи Михајловски




Науката е трка на идеи


13











ПЛАНОТ Е РЕЗУЛТАТ НА НАШАТА КРЕАЦИЈА



1. Планот е големо помагало на човекот



Во животот на човекот во едно деноноќие има повеќе


настани кои произлегуваат и поврзани се со неговото битие. Во


него тој треба да спие и одмара за да може да собере свежина и


енергија, да работи за да обезбеди егзистенција, како и да се


разонодува за да може да ги почувствува убавините на животот.


Големиот број настани можат да се класифицираат по


повеќе основи и тоа според кој е предизвикувачот за нив; по


бројноста на истите; по нивното значење и рочност; лесно и


тешко препознатливи; лесно, помалку мерливи и тешко


мерливи; со доверливи и јавни содржини и други.


Како предизвикувачи на настаните можат да бидат:


самиот човек, природни и други појави, други луѓе и


организации и други. Самиот човек предизвикува настани кои


произлегуваат од неговата природа, од неговата желба да


сознава појави од неговата околина и пошироко, од


користењето на можности кои му постануваат достапни, од


зголемувањето на комуникацијата со други луѓе и организации


и друго. Природните и други појави можат да предизвикаат


настани, како што се поплави, земјотреси, војни,


неконтролирани штрајкови во кои тој се јавува како трето лице


и друго. Други луѓе и организации можат да предизвикуваат


настани кон истражуваната индивидуа. Тие можат да бидат


односи со роднини и пријатели или такви со други единки.


Според бројноста на настаните тие можат да се јавуваат:


многу често, потоа следуваат тие со посмирен интензитет и




Науката е трка на идеи


14








такви кои најмалку се јавуваат во животот на единката. Многу


често и тоа не само во еден ден, туку во целиот живот на


човекот се јавуваат првите настани. Во нив влегуваат: барања


на организмот истиот да се нахрани, да се напие вода, да спие и


друго. Во вториот вид од ова поделба влегуваат настаните, кои


се предизвикани од самата единка, на пример, за завршување на


задолжителни и традиционални видови на образование, со кое


тој се оспособува за живот и работа, за негувањето на здравјето,


како и за работењето и заработувањето на средства за


егзистенција и друго. Најмалку, исто така, по иницијатива на


единката, се јавуваат настаните, како што се: влегување во брак,


градење или купување на живеалиште, купување на кола, како и


разни производи, со повеќегодишна употреба кои му служат на


човекот.


Според значењето и рочноста настаните, истите можат


да се поделат на три групи и тоа на: значајни, помалку значајни


и најнезначајни. Предизвикувачи на овие настани можат да


бидат: самиот човек, природни и други појави, како и други


лица и организации. Оваа поделба ја прави самиот човек. Таа


може да биде добро и лошо направена. Добрата поделба се


забележува по тоа што правилно тој ги проценил настаните,


додека лошата по тоа што ги потценил некои делови од


настанот и на пример место истиот да го рангира како прв тој


се определил него да го нареди во третата група и друго.


Значајните и со рочност настани се препознаваат по нивната


содржина, која бара брзо реагирање на човекот. Тоа може да го


предизвика неговиот организам, конкретна природна појава,


друг човек или организација. Во ова група на случувања


станува збор за здравјето или живот на единката или за напад


на неговиот имот. Во втората група на случувања влегуваат


помалку значајните. Тие се препознаваат по тоа што можат да


трпат определено одлагање за нивното задоволување. И на


крајот се најнезначајните настани, кои трпат поголемо




Науката е трка на идеи


15








одлагање во нивното задоволување. Овие настани од човекот


не треба да се запоставуваат.


Лесно и тешко препознатливите настани претставуваат


посебна тешкотија за човекот. Тие можат да бидат со различна


содржина. Единката лесно се справува со препознатливите, но


за другите тој е исправен пред дилеми, незнаејќи како да се


однесува кон нив.


Лесно мерливите настани се препознаваат по тоа што тие


лесно можат да се пресметаат и да се прикажат. Помалку


мерливите настани му создаваат определени тешкотии на


нивните прикажувачи во вршењето на пресметките. За тешко


мерливите настани сеуште нема верификувани традиционални


мерила за прикажување на нивната големина, вредност и друго.


Содржините на доверливите и јавните настани добиваат


такво име по тоа дали тие претставуваат тајна или јавна


информација за единката. За тајните настани значајно е дека


тие имаат забрана од него да може да ги користи некој друг


човек или друг субјект.


Однесувањето на човекот кон настаните започнува преку


контактот со нив. Тој во неговата глава прво го регистрира


случувањето. После тоа истиот реагира. Брзината на


реагирањето е поврзана со повеќе прашања. Од нив посебно се


истакнува неговиот капацитет, степенот на интелигенција и


друго. Реагирањето на единката значи одговор на поставено


прашање. Во одговорот, пак влегуваат содржините, како што се


задоволување на потребата, решавање на прашањето или


проблемот, одбивање на барањето и друго.


Општо забележано човекот е свесно суштество, кое за се


што му се случува, размислува и се определува како настанот


рационално да го реши. Тој во таа активност на прво место, се


потпира на своите искуства, сознанија и способности. Тој за


најчестите случувања има готов одговор, навика, за нивно




Науката е трка на идеи


16








задоволување. Исто така, тој ја користи традицијата на својата


потесна и поширока заедница за решавање на настаните. За


определени случувања човекот користи знаење од стручни и


компетентни луѓе и организации и друго.


Одлуките на човекот за решавање на настаните, може да


ги памети или да ги забележи на хартија или во друга форма.


Во таков случај тој прави агенда, роковник, план во кој ги


бележи потребните податоци за решавањето на прашањата и


проблемите. Така, доаѓаме до планот како документ, кој го


потсетува неговиот сопственик за приоритетните и другите


обврски. Планот постанува негово значајно помагало. Тоа е


знак и за неговата култура на однесување со природата, со


луѓето во неговото семејство, со другите луѓе, организации и


друго. Според тоа, настаните коишто претставуваат непрекинат


процес, така и планирањето, се именува како процес со исто


значење.


Во продолжение се истакнува пример, за планирање на


кариера. На Олимписките игри во Пекинг 2008 година Мајкл


Фелпс, пливач од САД, освои 8 златни медали. Резултат за почит,


кој му обезбеди слава во цел свет. Од вестите за него може


да се забележи дека тој во почетокот на 2009 година сé уште


нема изработено план за подготовски за Олимпијадата во


Лондон во 2012 година и дека работи со неговиот тренер на тоа.


Во истата вест се споменува пак, дека програмата во која се


наведуваат деталите за подготовките, ќе биде порелаксирана во


споредба со таквата за Олимписките игри во Пекинг.





2. Планот е неопходен за сите видови организации



Планот е документ во кој сите видови организации ги


забележуваат за иден период на време, прво, затечените




Науката е трка на идеи


17








резултати од својата активност и второ, своите цели, сонувања,


предвидувања, ветувања, чекорења во реалниот живот за даден


иден временски период и за определен простор. Тој ги


предвидува сите настани кои произлегуваат од самото правно


лице и другите, надворешните. Така, планот на дадена


организација, во основа се залага со неговата реализација да се


зголеми ефикасноста и ефективноста на работењето и


управувањето, а со тоа и активата на субјектот, а во односите


со други такви чинители, да се зголеми нејзината конкурентна


способност и друго. Ова однесување на еден субјект е и општо


правило за најголемиот број на сите видови организации. Сите


посакуваат подобра иднина. Во реалниот живот скоро да нема


некој субјект кој предвидува, односно подготвува план за: да


загуби средства од неговата актива; да се уназадува себеси; да


троши средства за да ликвидира и друго.


Планови прават семејствата, претпријатијата, банките,


државите, меѓународните организации и други. Заеднички план


прават два или повеќе правни субјекти. Тоа е потреба за


остварување на заеднички цели и интереси. Бројот на


носителите на планови е неограничен и тој произлегува од се


поголемиот број на настани во реалниот живот, кој од ден во


ден станува поразгранат, поразнолик, побогат.


Во науката и праксата познати се повеќе видови на


планови. Овде ќе стане збор за некои од нив. Така постојат


планови: според времетраењето на истите; планови кои


третираат фундаментални прашања; планови за определени


зафати; и друго.


Доколку се има во вид времетраењето на овие творби на


човекот, плановите можат да бидат: краткорочни, среднорочни


и долгорочни. Овие документи во основа се занимаваат со


прикажување на затекнати состојби и предвидувања за иден


период за даден субјект и друго. На пример, планот на


претпријатието за дадена година зафаќа бројни показатели кои




Науката е трка на идеи


18








се однесуваат за организационите делови и за целината на овој


субјект. Доколку плановите се однесуваат за третирање на


фундаментални прашања, тогаш тие можат да бидат со тековна


и со стратегиска содржина. Првите се препознаваат по


планирање на тековни настани, додека вторите користат


фундаментални параметри, со кои се предвидуваат глобалните


и значајните движења на појавите. Така на пример, тука


влегуваат стратегиските истражувања на Вселената, како и


заштитата на планетата Земја од глобалните затоплувања и


други. Доколку плановите се прават за определен зафат, тие се


препознаваат со својата прецизност и точност на сите делови во


овој документ. Таков е примерот, со изградбата на сувоземниот


пат на Ла Манш, помеѓу Англија и Франција и други.


Видовме какво влијание имаат бројните настани врз


човекот. Сите наброени видови на настани имаат влијание и на


сите видови на организации, на правните лица. Разликата


помеѓу човекот како единка и организациите како


колективитети е во тоа што настаните кај нив се


мултиплицираат, како однос на еден спрема бројот на луѓе во


овие субјекти. Така мултиплицирани настаните се


манифестираат во сите видови организации и тоа: со случувања


кои ги предизвикува самото правно лице; според бројот и тука


има многу чести,такви со смирен интензитет и трети кои


најмалку се јавуваат; со значајни и рочни настани, кадеима


значајни, помалку значајни и незначајни; со лесна и тешка


препознатливост; лесно, помалку мерливи и тешко мерливи;


настанисо доверлива и јавна содржина и други. Прикажаната


сложеност со мултипликацијата е математички приказ на


појавите. Но, вистинската состојба е дека таа е далеку


посложена од така прикажаната. Во новата состојба се јавуваат


далеку посложени прашања, проблеми, дилеми и друго, кои


бараат одговори од органите и телата на субјектот,од сите


вработени во него.




Науката е трка на идеи


19








Споменатата сложеност на состојбите и наложува на


организацијата, умно да го користи планирањето и планот, како


и да вложува за нивпоголеми напори особено со


знаење,креација, визија, со што ќе се обезбеди ниво на развојот,


со кое ќе бидат постигнатинејзините цели.


Така, сложените барања на настаните, исто така им


наложуваат на субјектите да ги употребуваат сите можни


технички и технолошки пронајдоци за сознавањето на нивното


битие, на нивното дејство. Интересот на истражувачот е дали


тоа дејство е со позитивен или негативен предзнак, со каков


интензитет ќе се манифестира големината на влијанието на


поединечниот настан и друго. Истражувањата на поединечните


случувања се од големо значење за целината, за нејзината


структура. Овие показатели се фундаменталните големини за


планирањето и за изработка на планот. Познавањето на


структурата е познавање на душата на планот. На пример,


познавачите на делата на Леонардо да Винчи секогаш сакаат да


истакнат дека: Никој не ја разбрал подобро од него структурата


на човековото тело. Со тоа познавање творецот на делата


направил близу до идеални слики и други дела во кои


суштествува убавината, складноста, поврзаноста,


симетричноста, ангажираноста на деловите во целината.


Оттука, произлегува трајноста на неговите дела, како и нивната


ненадмината вредност. Неговите дела според тоа се


претставници на високата уметност. Таа активност бара и други


луѓе да бидат уметници, се разбира секој во својата струка. За


економската наука е значајно да се одговори на прашањето,


како да се направи план во кој ќе бидат вградени споменатите


вредности.


Современите сметачи кои се со огромен капацитет,


расположливата техника и технологија, како и изградените


системи кои се материјални орудија за работа треба да се


користат бидејќи тие им овозможуваат на организациите да


проникнуваат до најпотребните податоци, детали, глобални




Науката е трка на идеи


20








оценки и друго за да можат да направат план, кој ќе биде


потврден во идниот период.


Основната претпоставка за тоа е барањето, планот да


биде жива материја, направен со научни сознанија, со


познавање на струката, со користење на искуства, и со висок


степен на креација на изготвувачите. Тој не е направен да лежи


во фиока. Тој треба да биде секогаш во рацете на одговорните


луѓе, постојано да се надоградува, да се јакнат чинителите за


остварувањето на целите, за кои тој е направен. Со таквиот


пристап кон него се овозможува дадената организација, да


живее со времето во кое делува, како и да користи вистински,


квалитетни помагала, во името на плановите, за својата работа,


за раководењето и управувањето. На пример, добро


направениот и реализиран план на производно претпријатие


треба да се препознава по следното: потрошувачите, да бидат


задоволни со квалитетот и цената на производите; задоволство


да се забележува кај добавувачите и купувачите; да нема


забелешки од државата и други такви организации; да има


препознатливо задоволство од работата и примањата на плати,


награди, премии, дивиденди и друго од сите вработени, од


менаџерскиот тим и сопственикот.


Планот не смее да биде мртов, ниту по изградбата на


инвестиционите објекти. Со пуштањето на објектите во работа,


документацијата во планот треба интензивно да се користи. Во


нашата пракса тоа на широк план не се прави. На пример, со


изградбата на хидромелиоративните објекти, во планот се


предвидува зголемување на земјоделското производство за три


или четири пати, а тоа не се остварува во реалниот живот. Со


оваа пракса испаѓа дека планерот е добар, реализаторите на


планот се исто така добри, а производството по планот


изостанува, тоа постанува мислена именка. Културата на


однесувањето со плановите треба да биде таква со нив да се


соочуваат и по многу години нашите поколенија.




Науката е трка на идеи


21













3. Моќта на планот



Во економската, посебно во општата наука за


организација, разработени се голем број на поими за овој


наставен предмет, како што се нејзините: цели, задачи, органи,


функции и друго. Во сите овие одделни целини се зборува за


планот и планирањето. Од тоа посебно се истакнува општата


поделба на функциите во организацијата во која влегуваат:


планирањето, диригирањето односно управувањето,


извршувањето, евидентирањето, анализирањето и


синтетизирањето. Со оглед на тоа што овде станува збор за


задачи што треба да се остваруваат во секој вид на


организација, а тие работи ги организира или извршува


човекот, се чини дека најприродно е на прво место да се


постави управувањето. Природното се потврдува со фактот


што мислата, сонот, идејата за функционирањето на


организацијата доаѓа од човекот, кој ја започнува работата со


правење на план, планира.Без оглед на тоа кој редослед на


функциите е подобар се чини дека за успешна и квалитетна


активност на организацијата основно е во неа да се обезбеди од


сите чинители висок степен на синхронизација. А за одржување


на високиот степен на таа придобивка, која е преку потребна за


секој субјект, потребно е многу големо знаење. Природните


падови во синхронизацијата се неминовни. Тие се јавуваат како


последица на замор, презаситеност, здодевност кај луѓето и


друго, но настојувањето на субјективниот чинител треба да


биде таков, тие да бидат краткотрајни и без поголемо


негативно влијание на општите резултати.


Самозаштитата и контролата на извршувањето на


задачите треба да биде организирана внатре во секоја




Науката е трка на идеи


22








функција. Тоа гарантира дека правното лице располага со


решение кое ќе обезбеди поголема сигурност и безбедност во


работењето на целината. Организацијата, покрај тоа, треба да


практикува, за определени потреби, во нејзините простории да


влезе и надворешна контрола, која може да изврши корисни


истражувања за неа.


Планирањето започнува со набележувањето на


затечената состојба на организацијата за дадениот период. Во


новоформираните организации оваа почетна состојба се зема


од искуствата на постојни организации или на друг начин. Во


планот се предвидува големина, квалитет и други својства


на сите ресурси. Помеѓу споменатите ресурси треба во него да


се обезбеди целосна синхронизација. Не смее да се дозволи


губење на вредности кај: човечкиот ресурс, орудијата за работа,


суровините и репроматеријалите, паричните средства и


другите


чинители. Оваа складност и поврзаност на сите ресурси е


гаранција за тоа планот да добие добра оценка.


Успешните предвидувања, остварената складност и


поврзаност на сите ресурси во организацијата, утврдени по


завршувањето на планскиот период, зборуваат за моќта на


планот и планирањето. Тоа со други зборови значи дека


организацијата правовремено и рационално одговорила на сите


настани или инпути. Со нив оди и исполнувањето на задачите и


постигнувањето на целите на организацијата.


За силата или важноста на планот, проектите,


програмите и други имиња за оваа активност на човекот ќе


стане збор во два примери, и тоа: за нуклеарната енергија и за


откривање на универзумот.


Прв пример. Атомот како поим претставувал најситна честичка


на хемиските елементи којапо хемиски пат неможела повеќе да


се дели. Мислата за атомската градба на материјата потекнува


од грчките филозофи. Според нив атомите се неделиви,




Науката е трка на идеи


23








невидливи, со стален облик, без вкус и мирис... На крајот на XIX и


почетокот од XX век оборена е теоријата за неделивоста на


атомот. Тука човекот не застана. Пред Втората светска војна


откриена е фисијата, која претставува процес на делење на


атомското јадро на два истоветни дела и кој обично е пратен со


емисија на лесни честички, најчесто неутрони, и со


ослободување на голема количина енергија. После ова откритие


физичарите предочија дека енергијата ослободена со овој


процес може да послужи како потенцијално оружје. Трката по


овој пронајдок ги зафати повеќе држави. Владата на САД во


1940 година донесе одлука за почнувања на истражувања и


определи сума од 6.000 САД долари. Во јуни 1942 година


создаден е проект со цел да се координираат сите активности


за изградба на атомска бомба. На овој проект потрошени се 2


милијарди САД долари. На 16 јули 1945 година направена е


првата пробна експлозија на бомба во пределот на Алмагордо.


Неподелено е мислењето дека со овој факт започна нова ера во


меѓународната политика и секако голема пресвртница во


историјата на човештвото. Во почетокот на 1940 година со


голема недоверба кон идејата започна со изготвувањето на


планот. Оваа активност траеше до средината на 1945 година.


Работите на остварувањето на идејата од ден во ден добиваше


се понагласен интензитет, така што планот стана главниот


координатор на сите активности во насока на постигнување на


целта. Планот, покрај задачата за координација на сите


активности, ги собра и сите талентирани луѓе од физиката,


математиката, од другите науки за забележување на додатен


напредок во истражувањата во споредба со претходните


сознанија, до добивање на нуклеарна енергија, а во случајот и


за нејзина употреба во воени цели. Планот за бомбата се


препознава и по фактот дека тој се изведуваше со голема


строгост, конспирација, тајност и нагласена заштита на


сознанијата. Научниците со потпишување на посебни


документи и изолирани на определена локација, се обврзуваа


нивното знаење да не го искажуваат ниту на




Науката е трка на идеи


24








најблиските и друго. Оваа енергија со тек на време стана


употреблива за стопански, хуманитарни и други цели.


Втор пример. Новините на 11.09.2008 година објавија наслов:


Почна откривањето на универзумот... Ние сеуште сме овде. Во


продолжение на написот се вели: најголемиот акцелератор на


честички во светот вчера успешно го заврши првиот голем тест


со пуштање зрак од протони низ 27-километарски подземен


тунел на швајцарско-француската граница. Научниците се


надеваат дека овој најголем светски експеримент во физиката е


следниот голем чекор да се дознае составот на универзумот.


Проектот е организиран од 20 европски земји членки на


Европската организација за нуклеарни истражувања и


привлече истражувачи од 80 националности. Акцелераторот


вреди 5.4 милијарди евра. Научниците се надеваат да дознаат од


кои компоненти се составени атомите со нивно судирање.


Почетокот беше желно очекуван од 9000 физичари во светот,


кои на определената локација ги извршуваа експериментите.


Интересот за реализација на оваа идеја е многу голем и тоа не


само кај споменатите стручњаци. Во примерот станува збор за


симулирање услови на Големата експлозија. Одтука,


споменатиот проект беше магнет за големото учество на


физичарите на оваа проба. Успешната проба е резултат на


сеопфатно планирање на предвидените задачи. Резултатите од


денот на настанот се задоволителни. Во идните денови ќе се


пратат сите резултати, ќе се анализираат и ќе се носат оценки


за сите случувања и друго.


Прикажаните примери како и целокупната пракса во светот со


планот и планирањето недвосмислено зборуваат дека оваа


творба на човекот има нагласена моќ, која треба да ја користи


секое правно лице. Планот може да обезбедува: координација,


синхронизација, складност, пропорционалност и усогласеност


на сите ресурси потребни за целокупниот тек на работите на


дадената организација. Тој е магнет за собирање на


талентирани творци. Тоа е реална моќ за постигање на цели.




Науката е трка на идеи


25











4. Планот ставен на столбот на срамот



Планот и планирањето на правните лица во една држава


е слика на степенот на развојот на вредностите на


националната економија. Од него преку читањето на


презентираните показатели може да се види и да се заклучи


дека тие претставуваат содржини за: богата, средно стоечка или


сиромашна држава.Најзначаен индикатор за препознавање на


споменатите состојби на државите во светот се броевите, кои


покажуваат национален бруто производ во вкупен износ или


таквиот изразен по еден жител во САД долари или евра или


други светски валути. Внатре во една национална економија


има мерила за најбогати, средностоечки и сиромашни


претпријатија, банки и други организации.


Споменатите индикатори содржат: затечена или почетна


состојба, која вообичаено претставува податок од изминат


период на време, на пример една година, и прогнозирана,


предвидена, планирана големина, која се однесува за иден


период на време, на пример, за една година. Овие индикатори


можат да бидат изразени во натурални или со вредносни


мерила.


Квалитетот на планот е поврзан со општата состојба во


државата, погледната преку образованоста на населението,


изграденоста на стопанството, вонстопанството и друго. Покрај


тоа тој зависи и од бонитетот на конкретната организација,


како и од тоа кој е неговиот изготвувач, и со каква техника и


технологија располагал истиот за неговата изработка и друго.


Кога се зборува за квалитетот на планот, може да се каже дека


тој може да биде добар или лош, да претставува прав погодок


или да е чисто промашување и друго. Исто така, може да стане


збор и за тоа дека него го подготвил глупав или паметен човек,




Науката е трка на идеи


26








дека е правен со валкана тенденција или врз основа на морален


и одговорен однос на единката кон работата.


Планот може да биде подржуван или напаѓан.


Најмериторен оценувач на планот е времето. Тоа ги споредува


едните со другите резултати и остварените резултати ги


подржува, додека заблудите, незнаењето, погрешните проценки


и друго не ги одобрува. Во животот постојат добронамерни и


злобни оценувачи на планот. Добронамерната оценка врши


позитивно влијание на планерот, на оваа свесна активност на


човекот. Конкурентската трка помеѓу фирмите, како и во


политичките односи помеѓу државите и друго, која во основа


претставува движечка сила на развојот и напредокот, таа може


да биде и деструктивна и да поаѓа од ставот дека моето е добро,


а твоето не е добро. Со тоа се запоставуваат општите состојби и


оценки, дека во секоја национална економија, на пример, има


добри и лоши планови или планови со прав погодок и со чисто


промашување и друго. Најлоша е состојбата кога самите луѓе


од напаѓаната економија ја прифаќаат оценката на


конкурентската фирма или држава, дека нивниот план не е


добар и истите стануваат не само критичари, туку најоддани


спроведувачи во практиката на таквите оценки.


Со таквите однесувања во дадената државна заедница


планот се става на срамен столб, се исфрла неговото користење


или се сведува истото на недозволен минимум.


Творците на идејата и праксата планот да се стави на


срамниот столб треба да извлечат поука од една вистина, дека


најголемите корисници на планот денеска се најбогатите и


најразвиените земји во светот. Тие исто така, се и најпазарни,


најдемократски, земји со најголеми човекови права и друго. Тоа


значи дека планот не може да биде кочница на: демократијата,


пазарното работење, на човековите права и други вредности на


развојот на човекот и неговите заедници.




Науката е трка на идеи


27








5. Планирањето во нашата земја



Народна Република Македонија својата државност ја


започна како една од шесте републики на Федеративна


Народна Република Југославија. Во првите години после


Втората светска војна, оваа заедница ги користеше


етатистичките содржини на организација. На широк план беше


започнато со обновата и изградбата на разрушената земја во


Втората светска војна. Со законски мерки на државата се


формира државната сопственост, која стана еден од чинителите


за натамошниот развој на земјата. Во нив влегуваат


конфискацијата, национализацијата, задругарството и други.


Приватната сопственост остана само кај земјоделскиот


производител, во ситното занаечиство, угостителството и


сообраќајот.


Планот стана главниот инструмент за спроведување на


економската политика на Републиката. Тој е државен документ


и со планот се предвидуваше: кој, што, како и кога да направи.


Претпријатијата и другите субјекти во државата немаа своја


самостојност.


Затечените, почетните состојби за планот беа


незначителни. Од состојбите во работната сила забележано е


дека најголемиот дел од работноспособното население


живееше на село. Според првиот попис во 1948 година во


Република Македонија земјоделското население учествуваше со


72% во вкупното население. Образовната структура, се


карактеризираше со голем број на неписмени луѓе. Во учебната


1952/53 година бројот на ученици со завршено образование


е сосема мал, и изнесува: со основно 25.541, со средно 6.359,


со вишо 52, со високо 96. Нема завршени магистри и доктори


на науки. Животниот стандард на луѓето беше на ниско ниво.


На пример, во земјоделското семејство мажот располагал со


една




Науката е трка на идеи


28








одаја, која беше за спиење, седење, готвење и друго. Спиењето се


остваруваше со постилање на земјен под на една ругузина,


покривка на истата со пригодна постела, со перници наполнети


со слама и со покривка на луѓето. Состојбите кај другите


чинители за стопанска активност не беа подобри, така што,


орудијата за работа во Републиката беа со мал обем и застарени.


Суровините и репроматеријалите, долго време беа


дефицитарни. Инфраструктурата беше неразвиена. На пример,


патната мрежа во најголемиот дел беше со земјена подлога,


помалку со макадам и друго.


Позитивна компонента во планирањето беше еланот и


мотивираност за подобра иднина кај сите луѓе од најмали до


најстари. Секој сакаше нешто да направи, тој што работеше


што повеќе да сработи, тој што учеше, што повеќе да научи и


друго.


После обновата и изградбата на земјата, следуваше


периодот во кој се изведуваше електрификација и


индустријализација на земјата.


Овие глобални насоки на развојот на земјата се содржани


во првиот петтогодишен план. После него следуваат уште


четири такви планови, или вкупно овој период покрива време


од 20 години. Во ова време се забележани голем број на


настани, како во политиката така и во економијата на нашата


Република. После 1948 година започнува период на


олабавување на функциите на државата, посебно во областа на


стопанството. Во 1950 година беше донесен Основниот закон за


управуавање на државните претпријатија и вишите стопански


здруженија од страна на работните колективи. Органите на


управување на претпријатието беа должни да дејствуваат во


рамките на државниот стопански план. Во областа на


идеологијата на крајот на 1952 година забележна е заложбата,


во која се вели: Новиот стопански систем треба да се заснова на


објективните економски закони и до крајни граници да се




Науката е трка на идеи


29








избегнува административното гушење на тие закони. Оваа


реченица искажана на највисок форум на Комунистичката


партија на Југославија и на други такви, од ден на ден


стануваше се поширока врата за афирмација на законот за


вредноста, понудата и побарувачката, стоковното


производство, за пазарно работење на стопанските субјекти.


Овие поими се јавија како барања на стопанството, за негово


што поголемо поврзување со европското стопанство, од каде


можеше да се купува нова техника и технологија, како и


суровини, репроматеријали, кои беа со висок квалитет. И покрај


тоа планот беше закон, а законот мора да се спроведува.


Со Уставите на СФРЈ и на СР Македонија од 1963 година


во практиката од почетокот на 1965 година се воведоа


општествените планови, со кое престана употребата на


дотогашните планови. Овие документи го загубија својството


за задолжително спроведување на нејзините предвидувања во


практиката. Почна да се нагласува самостојноста на


претпријатието. Заедно со тоа се нагласуваше и одговорноста


на овој субјект за својата работа во репродукцијата. На пример,


до 1965 година сосема ретко беше паѓањето на претпријатието


во стечај, а после тоа, тоа стана редовна појава во реалноста.


Стопанската, односно општествената реформа донесе,


покрај другото и слобода на движење на работната сила.


Дотогаш затворените граници се отворија, така да секој човек


можеше слободно да се движи низ целиот свет. Луѓето кои не


можеа да најдат работа во нашата Република или пак други кои


имаа можност за подобро работно место во странство, се


ориентираа на преселување, посебно во Австралија, САД,


Канада и други држави.


Општествените планови беа петтогодишни и годишни.


Основната цел на овие документи беше планирање на


најзначајните економски категории, како што се




Науката е трка на идеи


30








производството, распределбата и потрошувачката


на материјалните добра во Републиката.


Општествените планови во практиката суштествуваа до


1990 година, или 25 години, трајност.


Со почетокот од 1991 година во нашата држава, во


основа се носат документи со кои се предвидува што треба да се


оствари за една година. Документите носат различни наслови.


Документот за 2009 година Владата на Република Македонија


го именува како: Макроекономска политика на Република


Македонија за 2009 година. Во него, на пример, се истакнува


дека постигнати се задоволителни резултати во претходната


2008 година во остварувањето на бруто домашниот производ и


дека во 2009 година се очекува натамошен пораст на оваа


категорија за 5,5%. Се предвидува дека поттикнувач на


економскиот раст ќе бидат бруто инвестициите кои ќе


достигнат 30% од БДП. Стапката на инфлација не се очекува да


ја надмине проектираната од 3,5%, и друго. Како што е оваа,


така и сите други проекции од изминатите години се со


содржини дека периодот за кој се однесува документот е многу


тежок и сложен, но се предвидуваат настани со позитивен


предзнак. Доколку постои разлика помеѓу содржините на овие


документи, тоа е присуството на личниот став на лидерите на


политичките партии, односно на нивните носители.


Во овој период на време од 18 години, покрај овие


годишни предвидувања за Републиката изработени се:


Национална стратегија за економскиот развој на Република


Македонија од Македонската академија на науките и


уметностите Скопје, и Стратегија за развој на земјоделството во


Република Македонија до 2005 година, од МАНУ и


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство


Скопје.




Науката е трка на идеи


31








Покрај споменатите активности, секако дека постоеја и други


такви со јасни цели, особено во сферата на политиката.


Човекот е рационално суштество. Тој таа своја основна


особина не ја напушта без оглед на тоа во каква положба се


наоѓа. Неговата мисла го водела, го води и ќе го води во


насоката за обезбедување на подобро утре, за подобар животен


стандард. Во овој наслов видовме дека во поглед на


планирањето сме поминале три различни периоди. Заедничко


за нив е тоа дека во ниту еден период не се предвидувало да се


оди назад, туку напротив се сакало да се оди напред. Исто така,


видовме дека ниту еден период не се забележува стоење во


место, туку напротив се прогнозирало движење за подобро


утре. Реализацијата на предвидувањата, пак, биле како со


позитивен, така и со негативен предзнак.


Со прикажаното планирање како и со неговата


реализација, неспорни се постигнатите резултати. Но, за


одбележување е и фактот дека сите генерации на луѓе во трите


периоди на време не најдоа правилно решение за складен развој


на земјата. Непримерно се зголемуваа градските населби,


додека се запоставуваше развојот на селата. Со тоа денес ни се


јавува појава на таква напуштеност на простор, која укажува за


голема неодговорност на сите раководни структури во земјата.


Квалитетот на планот и планирањето неминовно треба


да се поврзува со степенот на развојот на нашата земја.


Предвидувањата некогаш се остварувале, друг пат не се


постигнувале посакуваните резултати. Постоеле како добри


така и лоши планови. Исто така, постоела како добра така и


лоша реализација на планот. Се чини дека планот и


планирањето во нашата држава бил и е резултат на нашата


креативност.




Науката е трка на идеи


32











6. Затекнатите состојби станаа проблеми без умни решенија



Управувачките и раководните структури на


Социјалистичка Република Македонија по изборите одржани


врз основа на политичкиот плурализам, на крајот на 1990


година им го предадоа управувањето и раководењето на


државата на таквите раководства, кои исто така беа на


Социјалистичка Република Македонија. Со Амандманот 82 на


Уставот на СРМ во јуни 1991 година избришан е атрибутот


социјалистичка од името на државата, со што и луѓето во


власта се ослободија од споменатиот предзнак. Со ова


примопредавање на новата власт му беа предадени голем број


на капацитети во стопанството, вонстопанството и другите


дејности. Државата тогаш располагаше со бројна


работоспособна работна сила и со нејзина разгранета


образовна структура. Големината и квалитетот на овој


затекнат човечки потенцијал и имот е неспоредлив со таквиот


во 1945 година, со кој почна да располага тогашната власт.


Денес присутноста на урнатините од некогашните


фабрики и други објекти во секој град, запоставеното


земјоделско земјиште на повеќе локации, големиот број на луѓе


кои останаа без работа, а не стигнаа до некаква пензија, луѓе


прогласени како технолошки вишок, стечајци, штедачи кои ги


загубија своите штедни влогови во штедилници, што работеа со


одобрение за вршење на таа дејност, обесправени штедачи на


старата девизна заштеда и други се прашања од таканаречените


затечени или почетни состојби од третиот период на


планирањето во нашата земја.


Во годишните документи на државата за решавање на


овие прашања скоро да немаше место. Во последните години




Науката е трка на идеи


33








тие и не се споменуваат. Одвреме навреме овие прашања се


актуелизираат и пак постануваат предмет на заборавот.


Државата за сите прашања од почетните состојби има


свој дел од одговорноста. Таа врз основа на законските прописи


ги вршеше своите функции во односите со стопанските и


другите субјекти. Преку тоа таа со тек на време стана


сосопственик на истите. За неплатените обврски од нив кон


државата и кон нејзините организации, како што се Фондот за


инвалидско и пензиско осигурување, Фондот за здравствено


осигурување и другите, таа стана сопственик на делови од


истите. Со ликвидација на ваквите субјекти, државата ги


губеше и своите права. За добростоечките фирми таа дојде до


право по основ на своината да наплаќа дивиденди или да го


продава својот дел од имотот и друго. Во новата улога на


државата, како сосопственик, таа не се однесуваше како добар


стопан. Покрај тоа таа, врз основа на посебни закони, постана


сопственик на други добростоечки фирми.


Така, денес нашата држава е најголемиот и најмоќниот


сопственик на имот во земјава. Имот создаден со употреба на


нагласени селективни методи. Сето тоа се направи во време


кога сите заложби беа насочени кон приватизацијата на


општествениот имот, кон развојот на претприемаштвото и


друго.


Тоа што се случи со затечените состојби во планирањето


во 1991 година има голем одраз врз вкупната стопанска и


општествена активност во целиот период од 18 години. Вината


не се однесува само на државата. Таа им припаѓа и на другите


чинители, како што се вработените и менаџерските тимови.


Исто така, на таквата состојба имаше влијание и крвавиот


распад на бившата СФРЈ.


Во овој процес на промени најболни се и најзапаметени


речениците изговорени од одделни највисоки раководители


на




Науката е трка на идеи


34








државата со содржина, дека сé треба да пропадне и да го снема


од Социјалистичка Република Македонија. Или ние направивме


тоа и тоа што никојпат не е направено досега. Реченици без


никаква поткрепа со аргументи. Тоа се реченици за


демобилизација и дезориентација на луѓето. Овие индивидуи


неможат да сфатат дека плејадата лица кои ја загубија работата,


а сега не можат да најдат друга таква, живеат со болка на


душата, а тоа ја раскорнуваат нивната тага. Исто така,


споменатите автори на горе посочените реченици неможат да


разберат дека штедачите на старата девизна заштеда на која е


припишана камата од 2% годишно, примаат денарски износ на


рата, која е иста 7 години, и ратите претставуваат вредност со


изедена камата и изеден дел од вредноста на влогот.


Манипулацијата со пензионерите е иста. Пензиите се во


постојана трка со трошоците за живот и со порастот на платите,


во која трка стално се смалуваат истите. Но, доколку се исклучат


овие примери, овие ненапишани а изговорени зборови,


соединети со објективните околности, имаат силно влијание врз


влошување на општиот амбиент во земјата. Денес по толку


години, вистината е таква, што во определени области, не се


постигнати резултати кои се постигнуваа во 1990 година,


состојба што е за жалење.





7. Јазикот на броевите



Денес можеме да кажеме дека живееме во време кога


нашиот јавен живот преисполнет е со зборовите искажани од


некои врвни раководители, за демократија, за слобода, за


човекови права, за најдобри решенија во меѓучовечките односи,


за решени меѓуетнички односи и друго.


Во таквата положба во земјата, луѓето во органите и


организациите на државата, со нагласена леснотија




Науката е трка на идеи


35








пристапуваат кон поголем број на настани, кои се исполнети со


многу сложени содржини. Помали или поголеми заедници од


граѓани преку јавни манифестации истакнуваат барања


насочени кон државата, со убеденост дека таа е чинителот кој


треба да го реши нивниот проблем. Барањата се инспирирани


од разни незадоволства, кои произлегуваат од големата


невработеност на луѓето и нагласената сиромаштија. Со други


зборови овие баратели не ги уважуваат гледањата на


раководствата, дека во државата се е во најдобра состојба.


Броевите како потврда за определени состојби можат да


бидат злоупотребувани и со нив да се пласираат невистини, или


да бидат правилно употребени со што ќе се креира реална


вистина. Во ова пригода броевите се употребени за кажувања за


остварени резултати и за планирани, предвидени можности за


иден период на време. Употребата на броевите во планот кој е


помагало на човекот и неговите организации, се прави преку


нив да се квантифицираат, да постанат мерливи и видливи,


резултатите на работа. Здравиот однос помеѓу планираното и


оствареното треба да биде исполнет со заложби на луѓето, тоа


што е предвидено да се оствари дури и да се надфрли и друго.


Со мал број показатели сликата на нашата држава од


основањето во 1944 година до денес се прикажува преку


просечната годишна стапка на пораст или пад на бруто


домашниот производ.


На прославата на 40 години на Првото заседание на


АСНОМ беше истакнато дека: Општествениот производ на


вкупното стопанство на Социјалистичка Република Македонија


во периодот од 1948 до 1982 година имаше просечно


годишна стапка на пораст од 4,5%, што овозможи обемот на


вкупното производство во 1982 година да биде на повисоко


ниво за 8 пати. За истиот период за СФРЈ овој показател изнесува


7,2 пати. Нашата република имаше подинамичен резултат од


таквиот на федерацијата.




Науката е трка на идеи


36








Во времето од 1961 до 1991 година остварени се следниве


просечни годишни стапки на пораст на општествениот


производ по цени од 1972 година, и тоа:


1961 до 1965 год. 8,4%


1966 до 1970 год. 7,5%


1971 до 1975 год. 5,8%


1976 до 1980 год. 5,8%


1981 до 1985 год. 0,6%


1986 до 1991 год. 2,7%


1953 до 1991 год. 4,7%


Стапката на реалниот пораст (пад) на бруто домашниот


производ од 1991 година, до 2009 година изнесува и тоа:


 Петгодишен континуиран пад: во 1991 год. од -6,2%;
во 1992 година од -6,6%; во 1993 година од -7,5%; во


1994 година од -1,8%; и во 1995 година од -1,1%.


 Петгодишен континуиран пораст: во 1996 година од
1,2%; во 1997 година од 1,4%; во 1998 година од 3,4%;


во 1999 година од 4,3%; и во 2000 година од 4,5%.


 Едногодишен пад во 2001 година од -4,5%.
 Петгодишен континуиран пораст: во 2002 година од


0,9%; во 2003 година од 2,8%; во 2004 година од 4,1%;


во 2005 година од 4,0%; и во 2006 година од 4,0%; и


 Тригодишен пораст: во 2007 година од 5,9%; во 2008
година од 6,0%; и во 2009 година од 5,5%; Податоците за


2007 и 2008 година не се службено објавени, додека


таквите за 2009 година се предвидувања.


Во Националната стратегија за економскиот развој на


Република Македонија во врска со бруто домашниот производ,




Науката е трка на идеи


37








на Македонската академија на науките и уметностите,


забележано е:


y Поволните услови на светски и домашен план, според
оптимистичкото сценарио ќе водат кон остварување на


просечната годишна стапка на реален економски раст од


6% во периодот 1997-2002, што би било за 0,4 процентни


поени просечно годишно понизок раст од просечниот


остварен во последните години во земјите во развој.


y Неповолните домашни и екстерни услови за економски
развој, според песимистичкото (-) сценарио, ќе водат кон


остварување на значително пониска стапка на економски


раст во Македонија во однос на просечната годишна


стапка во земјите во развој. Просечната стапка на


економски раст би изнесувала 4,2% годишно, што е сепак


недоволно до 2002 година Македонија да се вброи во брзо


растечките земји. На крајот на 2002 година стапката на


реален економски раст би достигнала 5,2%.


Броевите кажуваат дека најголема просечна годишна стапка на


пораст нашата Република забележала во периодите од 1961 до


1965 и од 1966 до 1970 година. Работните луѓе и граѓаните


на земјата во овие десет години оствариле најголем пораст на


општествениот производ во споредба со сите други периоди.


Тоа нив никој не може да им го одземе, најмалку со некакви


говори.




8. План или Пазар? Двата заедно



Секоја земја во светот има визија за градење на својата


иднина. Во правењето на тоа, таа треба да почне од своите


жители. Човекот веднаш по раѓањето влегува во потрага како


подобро да си го организира својот живот и работа. Кај него е




Науката е трка на идеи


38








присутно: незадоволството од постигнатото, желба за


освојување на непознато, сака да биде ценет и уважуван во


својата средина, се бори да му се признае неговиот труд,


грчевито се бори за своето семејство и за имотот и друго.


Според тоа визијата на државата треба да поаѓа од


определувањата на луѓето, кои живеат во неа бидејќи тоа е


најздравата основа за планот.


Во фундирањето на визијата за развој на нашата држава,


треба на прво место да се стави структурата на


работоспособното население. Природните услови на земјата се


значителни чинители за визијата. Компаративните предности


во однос со другите држави, а пред се кон соседите се од големо


значење. Во визијата свое место треба да заземе нашата


конкурентна способност на пазарот и др. Визијата треба да


инсистира домашниот капитал умно да се репродуцира. Оваа


маса на средства е многу мала. Таа бара голема заштита. Досега


направени се бројни авантури со парите на граѓаните и тие


еднаш треба да престанат. Голема е главоболката на граѓаните


за тоа, бидејќи овие авантури се перфектно легални и никој


ништо на нивните чинитрели не може да им направи, а најмалку


од нив може да се бара да ги надоместат направените шетети.


Со овие дејствија на поединците, државата многу повеќе се


оштетува, во споредба со други било какви дејствија направени


од други единки. Многу е значајно во законодавството да се


избришат сите задскривања на поединци, функционери и други


зад законите.


Планот, планирањето кај нас е напуштено,


злоупотребено, анатемисано, препуштено на заборав и друго.


Планот паметно се користи во мал број фирми, во кои се


употребуваат најразвиени технички средства и методи. На ниво


на држава покрај таквата состојба значајно е да се каже дека


она што се нарекува план е творба на поединци, врвни


функционери и лидери на политички партии. Така, еден лидер


мисли и прави по свое, а наредниот прави нешто спротивно од




Науката е трка на идеи


39








претходниот. Во државата нема движења според пазарните


законитости, туку според сакањето на таквите поединци.


Во државата грижата за ускладување на производството,


распределбата и потрошувачката е ничија. Нема решенија ниту


за односот помеѓу извозот и увозот на стоки и услуги.


Запоставени се бројни потребни пропорции. Идеите за


менување на структурата кон поефикасно стопанство и


вонстопанство си остануваат желби. Засега тежиштето на


активностите во земјата се свртени само кон државата која


постана и првата и последната буква од азбуката. Пример, само


буџетот на државата за 2009 година зафаќа 164.200 милиони


денари од вкупниот бруто домашен производ кој изнесува


442.245 милиони денари или 37,1%. Градиме скапа
и нефункционална држава.


Пазарот кој е немилосрден судија е вистинскиот


ориентир каде треба да се движиме. Тој ги покажува


вистинските патишта на движење. Воедно тој знае да казнува и


да пофалува, наградува. Со пазарот како таков се соочуваат,


човекот и сите облици на организација.


Овие творби на човекот, планот и пазарот, според тоа


едниот на другиот не си пречат, туку напротив тие едниот со


другиот се надополнуваат. Изборот е јасен двете творби,


планот и пазарот, паметно да ги користиме.




Битола, 09март 2009 година Д-р Ѓорѓи Михајловски




Науката е трка на идеи


40








КРИЗАТА Е КАЗНА ЗА ЛОШОТО УПРАВУВАЊЕ




1. Светска криза



Осмата година на овој милениум, прво, со шепот речиси


срамежливо скоро нечујно, по малку време со посиленглас, за на


крајот прегласно, таа, им соопшти на луѓето во светот дека, тие


се наоѓаат во центарот на тешки пореметувања во целокупниот


тек на репродукцијата, дека започна голема криза.


Реакциите на луѓето за кризата беа различни. Некои луѓе


веруваа дека кризата навистина се јави и постои, додека


други не веруваа во тоа. Се јавија оценки дека кризата се


однесува на еден дел од националните економии и не се


протега на целата планета Земја. Дел од овие луѓе сметаа дека


оваа појава не се однесува на нивната национална економија.


Голем број од луѓето појавата на кризата ја доживеаја со страв,


други со мислење дека таа ништо не им значи. Различни оцени


се јавија и по прашањето на траењето на кризата. Некои


луѓе сметаа дека таа брзо ќе помине, како и такви со мислења


дека таа подолго ќе трае. Нормално, постоеа и други гледања и


оценки за споменатата појава.


Луѓето од науката, кои со посебен интерес ги пратат сите


општествени појави, така се однесоа и со ова криза, со тоа што


не беа изненадени од нејзините манифестации. И кај нив


постојат различни гледања за појавата. Во нив има и такви


единки кои сметаа дека таа почна пред 2008 година. За


поголемиот дел луѓе од науката појавата е сосема нормална,


поради карактерот на стопанските движења.


Речиси скоро сите теории на одделните автори


започнуваат со анализи задвижењата, структурата и


карактерот на стопанската и вонстопанската активност на




Науката е трка на идеи


41








националната економија или за поширок регион на земји, која


се остварува во циклуси. Во циклусот на стопански и


вонстопански активностизадолжителникатегории на поими се:


полетот, кој се препознава по порастот на стопанската и


другата активност, во споредба со претходна година; движење


близу до нормалата, каде нема понагласен пораст или пад на


општествениот бруто производ; и појава на стагнација или


депресија, која се препознава со пад на активностите во


анализираниот, во споредба со претходен временски период.


Знак со кој се препознава кризата е рецесијата на


стопанската и другата активност на дадената држава.


Содржините на кризата, можат да бидат: паѓање на цените на


производите и услугите; паѓање на вредноста на капиталот;


паѓање на платите на вработените, на менаџерските структури,


како и приходите на сопствениците на дадените субјекти; се


зголемува невработеноста; се отежнува и подзапира давањето


на кредити од банките на граѓаните и деловните субјекти; се


смалуваат вложувањата во инвестиции; пропаѓаат


претпријатија, банки и други субјекти; се осиромашуваат луѓето


и нивните домаќинства и друго.


Поимот на кризата која се јавува периодично, доколку се


разбере како информација која носи лоши вести не е точна. Таа


е само потврда дека во реалниот живот постои врв на


пореметувањето на она што го нарекуваме динамична


рамнотежа. Пореметувањата, пак, се резултат на некои


делувања на човекот кои се непримерни. Така, самиот човек е


генератор на пореметувањата. Тие треба да се утврдат и да се


отклонат. Така, кризата е најавувач за организирана активност


на голем број субјекти со цел и задачи, за отклонување на


непосакуваните чинители во стопанската и другата активност.


Луѓето кои управуваат и раководат со субјектите, стресот кој го


создава и се чуствува кај секоја единка, тие треба најпаметно да


го искористат за акумулирање на позитивна енергија кај сите


чинители, за доаѓање до корените на кризата и за нивно




Науката е трка на идеи


42








отклонување. Перспективата на човештвото е во


воспоставување на нова динамична рамнотежа.


Во врска со дообликувањето на поимот на кризата, кој


како таков е отворен како и кај другите такви, луѓето од


науката немаат монополска положба за оценување и за барање


на насоки како да се излезе од неа. Ова посебно се истакнува


поради фактот што со кризата се соочуваат голем број на луѓе.


Секој човек има свои оцени на основа на неговите чувства,


посебно од таквите единки, кои претрпеле губење на работно


место, загубиле голем имот, здравје, кариера, слобода и друго,


така што сите индивидуи имаат право и одговорност да


дадат придонес за решавање на ова прашање. Нивните


сознанија се неопходно потребни, тие треба да се забележат и


да се користат во насока на посочената перспектива.


Во најопштиот смисол на зборот за кризата постојат


поголем број на видувања. Некои од нив се дека: кризата е


природна појава, се јавува ненадејно како и други природни


појави; кризата се јавува кај одделни држави, а другите се имуни


на неа, теза со која се смета дека најнеразвиените држави во


економска смисла на зборот немаат повеќе ништо што би го


загубиле, бидејќи такви добра немаат; кризата се однесува на


едни држави додека другите не ги допира, теза со која се смета


дека структурата на таквите стопанства се имуни на


конкретната појава; кризата ја планираат и ја менаџираат


најбогатите земји во светот со јасно определени цели; и други.


Кризата е привлечна за поимот мистерија. Таа, пак во


себе има значења за таинственост, загонетност, нешто што е


несовладливо, недопирливо, неразбирливо и друго. Како и кај


сите појави и тука умерена и рационална употреба на


мистеријата во поимот криза, нејзе не може да ја измести од


својата суштина. Додека претерана доза во употреба на истата,


секако дека ќе влијае и на изместувањето на кризата од своето


место за поимите, кои претставуваат богатсво на општата




Науката е трка на идеи


43








култура на човекот. Оваа компонента на кризата заедно со сите


нејзини содржини треба да бидат добро истражени, за да може


да се дојде до вистински вредности, којшто ќе му користат на


човекот.


Реалниот живот е тој којшто ја зборува вистината. Оваа


криза ја зафати целата планета Земја. Таа е светска криза.


Цената која ќе ја платат одделните држави ќе биде различна.


Некои од нив ќе поминат поевтино други поскапо. Ќе има и


такви кои ќе профитираат и во времето на кризата.


Економската криза не е единствениот носител за тешки


пореметувања во тековите на целокупната репродукција во


светското стопанство и вон стопанство. Такви пореметувања,


во помал или поголем обем, на целата или на дел од


пространствата на планетата Земја, можат да настанат и


поради војни и други појави, било да се природни или други.


Како отворени прашања и проблем на целото човештво


со константно тешки пореметувања се најмалку две појави и


тоа односот на човекот кон природата и нагласениот јаз помеѓу


богатството и сиромаштијата на луѓето. Оваа масовна активност


за финансиската и економската криза во која учествуваат сите


организации од меѓународен карактер,


државите, банките, претпријатијата и другите субјекти, е


посакувана, и за поддршка, но таква активност треба да се види


и за други прашања и проблеми. Тоа е потребно со оглед на тоа


што во дадена криза со еден предзнак, сакале ние или не, се


предизвикуваат движења и промени и кај другите


пореметувања, какви што се посочените.




Науката е трка на идеи


44








2. Злосторство и казна



Во насловот на написот “Кризата е казна за лошото


управување”, употребата на зборот казна бара потребно


објаснување. Најлогично е да постои злосторство за да може


истиот да се употреби. Употребата на двата поима, злосторство


и казна, во нивниот најостар облик често се користи. Но, се


знае дека и кај едниот и другиот постојат повеќе степенувања.


Нивната суштинска употреба треба да биде насочена, да се


поддржува доброто, а да се оневозможува лошото и друго. Да


одиме по логиката.


Погледот во историјата и денешнината нам ни овозможува


јасно да се определиме, прво, за промена на несовесниот,


индолентниот, нерационалниот однос на човекот кон


природата и второ, за барањето сите видови на субјекти да


работат врз начелата на вистинските вредности.


Видливи се појавите за глобалното затоплување


и последиците од него.


Наоружувањето, војните, тероризмот и друго ставени се


пред здравјето и исхраната на луѓето, како и уредувањето,


развивањето на животната и работната средина и друго.


Нереалните, фиктивните, измислените показатели за


стопанската и општествената активност попримија невидени


размери. Тие се препознаваат по содржината на настанот.


Такви во реалниот живот има многу. За пример се наведуваат


две појави. Прво, конкретна банкарска или друга организација


издава акции врз основа на своја претпоставка дека во иден


планиран период на време ќе оствари определен профит. Но,


реалниот живот тоа го негира, претпоставката не се остварува.


Планот и одлуката за оваа зделка е измислица, овие документи


се фиктивни. Продадените хартии од вредност имаат купувачи,




Науката е трка на идеи


45








кои во даден момент тие бараат за нив пари од нивниот


издавач. Издавачот нема готовина за да може да ги задоволи


барањата на купувачите. Сопствениците на акциите не можат да


ги наплатат своите побарувања, значи тие се излагани. Оваа


појава стана практика на деловната политика на конкретни


фирми, кои со ваквите активности постанаа учесници за


нездраво работење во дадена држава и пошироко од неа. Овие


конкретни фирми со примената на посочената појава самите


себеси се идентификуваат, како чинители кои делуваат


спротивно на начелата за вистинските вредности. Второ,


банкарските организации се докажани субјекти со јасна и


цврста организираност. Тие применуваат најнови техники и


технологии во своето работење. Своите зделки ги обезбедуваат


кај осигурителни компании и друго. Овие субјекти прават такво


обезбедување на нивното работење, за да се сведе ризикот на


најмал процент. Нивната деловна политика е исполнета со


формулари, кои треба да се пополнуваат и договори, кои се


темелат на таквите формулари. Во овој пример се зборува за


кредитирањето на станбената изградба од страна на овие


субјекти. Барателот на кредитот го добива заемот по


исполнување на определени услови. За обезбедување на


сигурноста, дека барателот ќе го врати заемот плус каматата,


банката бара од него да даде валиден залог. После земениот


кредит барателот месечно ја плаќа дадената рата. Доколку тој


не врати три рати од кредитот и тоа во континуитет, банката


него го префрла во поризична група, каде месечната рата


значително се зголемува. До вакви состојби се доаѓа поради:


губење на работно место на корисникот на кредитот, задоцнета


исплата на плата, нереализирана деловна активност и друго,


кои исто како појави се знаци преку кои се манифестира


кризата. Оваа практика тука не застанува. За ненавремениот


плаќач на ратите има се поостри мерки. Станува збор за


неговото префрлување во уште поризична група на корисници


на заеми. После врвењето на предвидените групи на корисници


на кредит, во последната од оваа пирамида, банката кредитот




Науката е трка на идеи


46








го огласува како достасан. После тоа следува вклучување во


оваа активност на агенција или друга организација, која врши


присилна наплата на побарувањата, преку реализација на


залогот. Доколку во практиката има сосема мал број на вакви


случаи, никој не се интересира за оваа појава. Но, таа во 2008


година се изрази со голем број на случаи, кога беа исфрлани од


своите станови голем број на семејства на улица без да се води


грижа. Големината на појавата ја предизвика потребата


државата да се вклучи во оваа непогода и да бара решенија. Од


овие два примера може да се види дека во практиката победува


појакиот, додека послабиот е жртва. Тој станува социјален


случај, гладден уличар.


Самооценувањето, самовреднувањето, самонаградувањето е


појава која постојано се задскрива од јавноста. Со тоа се доаѓа до


преценување на вредноста на единките, кои се наоѓаат на


определени раководни работни места, во најголем број на


случаи во органите и организациите на државата и други и со


носење на законски акти постојано си ги зголемуваат правата


од работниот однос, како и решавање на нивните права и


привилегии по престанување на нивната работа на овие


работни места. Неможат да се набројат содржините на овие


права. Со нивното запознавање се доаѓа до апсурдни


показатели. Така и кај овие појави присутно е отстапувањето од


правилото за работа врз вистинските вредности.


Оваа фактичка состојба се брани со теза од дадени


чинители, дека со неа се одржува динамичната рамнотежа во


целокупната репродукција на светското стопанство и


вонстопанство. Се чини дека нема друг аргумент за тоа. Но, и


покрај тоа се наоѓаме пред дилема. Оттука, би било логично да


се настојува да се направат такви промени во распределбата во


националните доходи на државите, со кое ќе се обезбедат


потребните средства на пример, за остварување на конкретни


зафати, за смалување на злосторствата


на планетата Земја и друго.


човекот кон




Науката е трка на идеи


47








Незадоволството на човекот со постигнатото и барањата


да се оди напред во нови победи, се за поддршка, бидејќи тие


претставуваат негова движечка сила како позитивна


карактеристика. Но, алчноста, лакомоста, нечесноста,


нелегалноста, нагласениот егоизам, нестрпливоста и друго на


истиот, со што се заграбуваат, едни од други единки,


материјални и нематеријални добра и друго, влегуваат во


негативните негови карактеристики. И овде, зборувајќи за


луѓето се наоѓаме во дилема. Содржината на дилемата е во тоа


што постои опасност, да не застане човекот на патот на


активностите, кои го носат човештвото во прогрес. За да не


дојде до тоа потребно е да се прават појасни разграничувања на


поимите за доброто и лошото, за законитото и незаконитото и


друго. Во законодавствата на националните држави треба јасно


да се обликуваат злоделата, за совладување на чинителите, кои


се носители на криминални, нездрави, нефер односи во


деловните односи помеѓу сите субјекти во светот.


Злодела се направија во односите на човекот кон


природата, како и во односите на човек кон човек. За првиот


однос видно е дека злостворството е факт. Казната е платена.


Во злосторството учествувале сите луѓе. Исто така, казната ја


платиле сите луѓе. Најголема цена од нив платија оние луѓе кои


живееја во подрачјата, каде природата направи речиси пустош.


Во природните катастрофи се загубени голем број на човечки


животи, како и поништени се индивидуални и колективни


имоти и друго. За вториот однос на човекот кон човек, може да


се каже дека на крајот ќе испадне како кај природните


катастрофи. Ќе се социјализира како злочинот така и казната,


со напомена дека мал број од сторителите на злоделата ќе


бидат поединечно казнети.


Излезот од оваа состојба ја наметнува потребата


човештвото, не само тоа да го уреди во законодавствата на


државите, туку споменатите одлуки да се применуваат во




Науката е трка на идеи


48








практика, со кое ќе се утврди конкретниот чинител на


злочинот, како и со примена на казна по таа основа.


За односите на човекот кон природата, значајно е во оваа


обемна работа, на прво место да се постави едукацијата за овие


содржини на индивидуите и сите видови на субјекти, потоа,


и позабрзано менување на техничко технолошките процеси и


друго. Општо речено треба менување на вкупната култура на


единките и сите субјекти за нивна посреќна иднина. Тоа е


прашање кое треба систематски да се постави и решава во


подолг временски период.


За односите на човекот кон човек, значајно е што е


можно побрзо да се расчистува со запирањето на замислите и


делата на носителите на злочините, неделата, како и


афирмација на вистинските вредности и што е најважно за брзо


санирање на сите појави, кои доведоа до пореметувања во


стопанската и општествената активност.


Клучна улога во активностите за надминување на


состојбите
предизвикан
и


од кризата и другите тешки


пореметувања, им припаѓа на најодговорните поединци, кои


управуваат и раководат со светските организации, државите,


банките, претпријатијата, во сите субјекти.


3. Поголеми кризи



Луѓето во својата историја на постоење често се


соочувале со различни видови на кризи. Некои од нив се


јавувале почесто, други поретко. Кризите траеле подолго или


пократко. Загубите во нив од луѓе и имоти и друго биле помали


или поголеми. Настаните од историјата ги има и сега. Секој


човек во својот живот од раѓањето до смртта, нив ги доживува


и може да носи со себе свои видувања за нив. Кризите ќе се




Науката е трка на идеи


49








јавуваат и во иднина и новите поколенија луѓе ќе се соочуваат


со нив. Човекот е суштество кое по својата природа е таков,


што некои од кризите самиот ги создава и воедно тој е истиот


носител на организирање на активности за совладување на


истите.


Економската наука најголем интерес има за истражувања


на финансиските, економските, економско- финансиските и


други кризи од овој домен.


Истражувањата за овој вид на кризи за XIX, XX - и овој век


се присутни во голем број пишувани дела. Овде ќе се истакне


една криза од пред Втората светска војна и настани после неа.


Добро запаметена во историјата остана кризата 1929-


1932 година. После завршувањето на Првата светска војна беше


забележан континуиран пораст на светското стопанство, кој


што траеше неколку години. Во тоа време движењата на


берзите во светот забележуваа далеку подинамичен раст на


цените на хартиите од вредност, на акциите, споредени со


таквите во реалниот сектор. По големата радост од тоа, која се


чуствуваше кај луѓето, следуваше голема тага кај истите, се


појави кризата. Со неа следуваше губење на работни места, на


имот, на кариери, како и појава на самоубиства и друго.


Како што е познато ова е светска криза, која ја зафати


планетата Земја. Приказната за САД вели дека Рузвелт


Френклин Делано, кој бил избран за претседател на ова земја


во 1932 година бил значаен за совладување на кризата по


тоа


што по формирањето на тим од талентирани луѓе се изборил


пред Сенатот, Претставничкиот дом и Конгресот да се донесат


економски и социјални реформи со кои се обликува нова


политика која се именува како “Њу Дил”. Сојузник во оваа


активност на претседателот му беа бројките дека


невработеноста во земјата се покачи до 24,9% и друго, а


противниците беа луѓе кои не се согласуваа со духот на




Науката е трка на идеи


50








реформите. Од бројните пакети на мерки најзабележани


останаа јавните работи, како што се изградба на патишта,


хидроцентрали, и други инфраструктурни објекти, кои беа


финансирани од државата. На претпријатијата, банките и


другите субјекти, кои забележуваа многу низок степен на


користење на капацитетите, со нив им се создаде работа и


остварување на профит, а државата стана сопственик на


профитни објекти, кои со тек на време од нив таа си ги поврати


вложените средства. Другите земји во светот во историјата


напишаа свои приказни. И тие наоѓаа решенија што побргу да


излезат од кризата.


Долго време после Втората светска војна немаше криза.


Почнаа да се јавуваат гледања дека е поминато времето на


кризите. Тие стојалишта беа демантирани со појавата на


кризата во 1973/1974 година. Оваа криза се карактеризира


со смалена понуда на пазарите на суровини, енергија, девизни


средства. Смалената понуда на споменатите ресурси доведе до


зголемување на потрошувачките цени, како и таквите во


големопродажбата. Во 1973/1974 година достигнато е


највисокото ниво на цените, сметано од завршувањето на


Втората светска војна. Во тоа време нагласено беше


присуството на невработеноста, инфлацијата, нагласена е


задолженоста на стопанските и други субјекти, како и на


државите. Постоеја во тоа време тврдења дека кризата не ги


зафати сите држави во светот. Тврдењата не беа точни, бидејќи,


сите споменати појави се почуствуваа во сите земји.


Во нашата Република, кратко време пред, во самата, и на


крајот на кризата, се забележа нагласено задолжување за


изградбата на „Фени” Кавадарци, ХМС „ Стрежево” Битола, за
повеќе програми од земјоделството и други, и тоа со високи


камати на добиените заеми во вид на девизи, кое имаше, како


позитивно така и негативно влијание врз тековната


репродукција.




Науката е трка на идеи


51








Нобеловецот Едмунд Фелпс третирајќи ја темата за


распределбата на богатствата, на едно место ќе ја спомне и


кризата 1973/74 година и истакнува дека првиот нафтен шок


во сите развиени земји предизвика појава на феноменот


стагфлација - или забележување на стагнантни стапки на бруто


домашниот производ, истовремено проследен со високи стапки


на невработеност и инфлација.


После оваа криза следуваат и други пореметувања во


репродукцијата на одделни држави или на поголем регион


на земји. Овие пореметувања на тековите на репродукцијата


најочигледно се забележуваат преку берзите. Овие институции


се покажувачи на реалните движења, преку цените на реалните


добра, хартиите од вредност, а преку тоа за состојбите во


државите и светот. Така, појави кои покажувале поизразито


неповолни состојби во предметот на работата на берзите, за


падот на истите, забележани се: 1997-1998 и 2000 -2002


година, во кој била присутна паника и слични појави во


берзанското работење.


Од секоја криза, од секој пад на берзата, како и од


нагласениот пораст на цените на хартиите од вредност треба да


се извлекуваат поуки. Прикажаните кризи сé една од друга


многу различни, но воедно сé и нагласено исти.





4. Моќта и немоќта на стопанството и вонстопанството во
светот и рефлексија на кризата врз нив






4.1. Репродукцијата и кризата




Репродукцијата како вкупен обем е резултат на


активностите на сите држави во светот. Таа во времето по




Науката е трка на идеи


52








Втората светска војна се движеше по свој ритам, кој се


карактеризира со одење по нагорна линија. Во 2008 и 2009


година овој тренд е запрен. Тоа значи дека изостана нејзиниот


годишен пораст. Запирањето и падот во репродукцијата, со


оглед на тоа што се јавува прв пат после 63 години од


завршувањето на Втората светска војна, претставува посебен


настан. Но, и покрај тоа што се случи посебен настан,


репродукцијата како целина, во кризата и по неа продолжува со


производство, услуги, промет, со сите свои составни делови.


Запирањето на порастот и падот во репродукцијата го


присилува човекот да размислува зошто се јави кризата? Дали


секојдневните подмладувања, поправки, адаптации,


модернизации, новелирања, докапитализации, реорганизации и


друго во сите организации во светот, не беа направени на


време, не беа квалитетно изведени, не беа правите, туку


погрешни, или беа недоволни? Одговорот на овие прашања


веројатно треба да биде адекватен на посебниот настан, тој


треба да биде посебен. Мислата неминовно оди кон тоа дека


треба поголеми промени од вообичаените во: модернизација на


производството, на размената, на распределбата, на


потрошувачката. Со тоа треба да се зголеми моќта на


репродукцијата и воедно да се создаде одбранбен механизам за


нејзина заштита од појави, кои ја намалуваат нејзината моќ. Во


актуелната криза ќе биде намалена моќта на репродукцијата.


Доколку во 2007 година беше предвидено вкупниот


пораст на националните БДП да изнесува за 2008 година 2, а за


2009 година 1 отсто, а во реалниот живот во првата година е


паднат таквиот производ за 2, а во втората година за 1 отсто,


тогаш штетата која ќе ја направи кризата за овие две години е


губењето на двата позитивни резултата, планираните порасти,


плус збирот на падовите во двете години. Моќта на


репродукцијата на почетокот на 2010 година ќе биде


значително намален, во однос на резултатите од производите


на крајот на 2007 година.




Науката е трка на идеи


53








Показателите за вкупниот обем на репродукцијата и за


нарушувањата на истата даваат слика која може да ни помогне


да видиме, што претставува кризата. Покрај тоа, добро е да се


погледне и што се случува во структурата на репродукцијата.


Истражувањата на структурата на репродукцијата погледната


на пример, за еден десетгодишен период на време, покажуваат


какви промени настануваат во одделните нејзини делови.


Истражувањата на еден дел од структурата покажува дека, тој


како во полет, така и во криза и по неа, ја врши својата улога во


репродукцијата. Делот се наоѓа во процес на стални промени.


Ваквото однесување на делот во структурата, карактеристично


е и за другите целини од репродукцијата, се разбира со одделни


минимални отстапувања во плус или минус. Доколку


вработеноста и вработувањето е посматраниот дел од


репродукцијата, ќе забележиме дека резултатите од анализите


зборуваат, дека во овој дел, има секојдневни промени. Така,


нема ден кога не се примаат или отпуштаат луѓе од работа. Оваа


закономерност се однесува и на другите делови од


репродукцијата, како што се: набавката на суровини и


репроматеријали, продажба на готови производи, инвестирање


во основни средства и друго. Исто така, вообичаена е појавата


на непрекинато основање нови фирми, како и нивна


ликвидација.


Според тоа, целата репродукција како обем и нејзините


составни делови се во постојано менување, во насока на плус


или минус. Тоа произлегува од битието на општественото


стопанство и вонстопанство. Тоа е секојдневие на сите облици


на организација, кои се наоѓаат во непрекината борба за


остварување на своите цели. Доколку сето тоа зборува за


истоветно однесување на деловите во репродукцијата пред


кризата, во кризата и по неа, се поставува прашање во што се


состои разликата на нивното однесување во пореметувањата во


неа? Одговорот треба да гласи, дека постојаните промени во


вкупната репродукција и нејзините делови како пред, во криза и




Науката е трка на идеи


54








по неа во услови на полет, нагласено се остваруваат


позитивните чинители на репродукцијата, додека во криза


понагласено се реализираат чинителите со негативна содржина.


Содржината на различното однесување се состои во тоа, што во


репродукцијата или во нејзините делови во криза се


забележуваат понагласени движења од вообичаените во


деловната активност, која оди во непосакувана насока, а таа


зборува за губење на вредности во неа.


Нарушувањата кои значат и немоќ на репродукцијата, се


изразуваат во големини, кои се различни од една до друга


национална економија. Овие разлики можат да бидат и


енормно големи. Така, кај некои држави се забележува


смалување на бруто домашниот производ, за помал или


поголем процент, во споредба со претходната година. Кај други


држави ова смалување се однесува на намалување на


позитивната стапка на пораст на оваа категорија, на пример,


доколку стапката на пораст изнесувала 10% во претходната


година, таа се намалува на 8%, и друго. Овие процентуални


пореметувања, како такви, се чинителите за потврдување на


она што е различно од она што е вообичаено однесување на


организациите. Станува збор за постоење во репродукцијата на


чинители со негативна содржина.


Се поставува прашање што станува на пазарот на трудот


за 2008 и 2009 година? Во одговорот се земаат само


вработувањето на младата генерација и отпуштањето луѓе од


работа. Во овие две години стасуваат две генерации на


работоспособно население, кои се реални кандидати за


вработување. Нивната кандидатура за вработување, не е само


нивни интерес, тоа е интерес и на целата репродукција, бидејќи


со овој чин се освежува целата работна сила во светот.


Освежувањето е најмалку двојно, прво, се вградува нивната


младост, и второ, нивното знаење стекнато во образовниот


процес. Пропаѓањето на организации во стопанството и


вонстопанството, смалувањето на користењето на




Науката е трка на идеи


55








капацитетните можности на организациите и друго, се основата


за издавање на решенија со разни содржини за прекинување на


работниот однос на поголем број вработени лица. Овде станува


збор за луѓе со одминати години, кои поседуваат поголем стаж


поминат во дадената или дадени организации. Нивното


отпуштање е реално за поголемиот број од нив, бидејќи тоа


значи и раскинување на работниот однос. Кај друг дел луѓе овој


чин сеуште дава надеж за останување во работен однос, поради


тоа што тие остануваат без работа на пример за шест месеци и


слично, за потоа да се вратат на работа. Но, и оваа алтернатива


завршува со фактот дека и овие луѓе остануваат без работа.


Отпуштениот од работа треба да бара друго вработување во


сродна организација или да се ангажира да се оспособи за друго


занимање и да се вработува во друга организација. За добар дел


од овие случаи, погледот кон пензионирањето е реалност,


додека тоа за други е недостижна цел. Секоја единка од нив


мора да бара свое решение. Со овие и други проблеми единката


и пазарот на труд се наоѓаат во сериозна состојба.


Прашања и проблем, покрај овој пазар, се наметнуваат и


на пазарот за стоки и услуги, пазарот на капитал, како и на


глобалниот пазар. Нарушувањата се јавуваат во сите домени на


репродукција.


Вкупниот обем на репродукција, намален за големината


на пореметувањата, покрај другото, значи дека се смалува


капацитетот, а со тоа и моќта на оваа значајна категорија. По


надминувањето на кризата репродукцијата со својот капацитет


и моќност влегува во оздравувањето на стопанската и


општествената активност.


Зборовите употребени за почеток или за завршување на


кризата треба условно да се прифатат, поради повеќе причини.


Прво, тука конкретен датум не може да се употреби, второ, во


различни држави таа се јавува различно, некаде побрзо, кај


други покасно и друго.




Науката е трка на идеи


56








4.2. Богатите и големите држави во кризата




4.2.1. САД центар на кризата



Последните месеци од 2007 година во Соединетите


Американски Држави на пазарот на труд, според месечните


извештаи, се забележуваа податоци за поголемо затворање на


работни места, за отпуштање на луѓе од работа. Тоа доведе до


податок дека, стапката за невработеност дојде, таа да стане


најголема во последните неколку години. Во 2008 година


продолжува овој тренд, после кое се зачестија изнесувањата во


јавноста дека државата е во рецесија.


За да се разбере сериозноста на појавите, претседателот


Џорџ Буш во почетокот на март 2008 година, истапи со оценка


дека изразува загриженост во врска од ефектите од


економијата, како и дека во неговата земја нема рецесија.


Загриженоста пак, значи дека треба да се преземат мерки, во


насока за елиминирање на неповолните појави. Така многу брзо


беше подготвен пакет на мерки, кој исто така, брзо стасаа до


фаза за примена во животот. Со пакетот, државата по пат на


чекови им обезбеди и тоа: на поединците по 600 долари, за


двојки по 1200 и по 300 долари за секое дете. Целта на овие


давања се да се зголеми личната потрошувачка и да се влијае на


зголемувањето на вработеноста. Државата, за зголемување на


вработеноста направи прием во администрацијата на 38.000


лица. Банката на федерални резерви ги зголеми износите на


заемите кои ги користат банките од 30 на 50 милијарди долари,


како и ги намали каматите од 4,25% на 3%. Цената на овој


пакет изнесува 152 милијарди долари.


Преземените активности со овој пакет на мерки беа


напаѓани од индивидуи и организации, со оценки дека тие




Науката е трка на идеи


57








неможат да ги совладаат негативните движења во земјата.


Забелешките беа лоцирани на малите средства споредени со


големината на проблемот. Споредби се правени на оваа


големина и со средствата кои се трошат за војната во Ирак,


каде на пример, еднократен износ за таа намена е далеку


поголем од пакетот на мерки. Постоеше сомнеж, на пример,


дали начинот на употребата на средствата ќе ги постигне


посакуваните резултати или пак таквите ќе изостанат, а


средствата ќе се потрошат. Определени размислувања го


актуелизираа прашањето за улогата на државата во


стопанската активност, со барање секој во својата средина да ги


решава своите прашања и проблеми и друго.


Вистинската експлозија за оваа криза се случи на крајот


на третото тримесечје од 2008 година. Настаните се редеа еден


по еден. Во почетокот на септември главна вест во светот беше


дека, американските власти ја презедоа контролата врз „Фани
Меј” и „Фреди Мак”, два големи чинители со учество од 50% во
хипотекарниот пазар во земјата. Потегот, кој е дел од вкупните


мерки, е мотивиран со потреба да се надмине кризата со


хипотекарните кредити. Заедно со тоа, сменети се извршните


директори на двете банки и беа поставени нови раководители.


Пропаѓањето на „Леман Брадерс” беше вест со која се
стресе не само САД, туку и целиот свет. Овој гигант четврт по


големина, кој се бави со инвестициона активност, побара


заштита од банкротство пред надлежниот суд во Њујорк, по


неуспешните обиди за наоѓање на стратегиски инвеститор.


Прашањето на пропаѓањето на овие гиганти не треба да се


поедноставува. Овој чин повлекува голем број на договарања,


кои ги водат овластени лица, како внатре во државата, така и


со други држави, бидејќи овие фирми имаат свои филијали низ


целиот свет. Познато е дека Британската банка „Баркли”, пред
да поднесе „Леман Брадерс” барање за заштита од банкротство,
и после тој чин, таа водеше преговори за купување на


определени делови од нејзиниот бизнис.




Науката е трка на идеи


58








Стресот на луѓето се одржуваше на високо ниво и со


донесената одлука од страна на Банката на Америка да ја купи


најголемата светска брокерска фирма „Мерил Линч” за сума од
50 милијарди долари. Овој потег на банката, покасно беше


поддржан од државата, со две интервенции, и тоа првата, со


помош од 25 милијарди долари од Министерството за


финансии, според Програмата за помош за проблематични


активи и втората, со помош од 20 милијарди долари и гаранции


за потенцијални загуби од штетните активи преземени со


зделката, од околу 100 милијарди долари.


Најголемото изненадување се верува дека го направи


барањето на најголемата светска осигурителна компанија


„АИГ” да добие итен заем од Банката на федералните резерви.
„АИГ” осигурува банкарски заеми низ цел свет. Структурата на
нејзината работа е разграната. Во неа влегуваат: хипотеките,


кредитите, осигурителните фондови и друго. Со своите деловни


односи таа има големо влијание врз потрошувачите,


сопствениците на куќи, возачите, патниците и други.


Корпорацијата дејствува во над сто земји и има 74 милиони


клиенти. Невидениот голем и сложен проблем, предизвика


државата да донесе одлука да го преземе во своите раце овој


концерн. Министерот за финансии во септември донесе одлука


и го назначи Едвард Леди за раководител на „АИГ”. Во 2008
година оваа фирма покажа 100 милијарди долари загуба од кој


во четвртото тримесечје таа, изнесувала 62 милијарди долари.


Во четирите обиди на државата за санирање на Америкен


интернешенел груп потрошени се 180 милијарди долари.


За една недела од крајот на септември до првите денови


на октомври Планот за стабилизација на финансискиот пазар


во САД предложен од претседателот Џорџ Буш, беше предмет на


одлучување во Сенатот, Конгресот и Претставничкиот дом.


Планот во вид на закон, после повеќе компромиси и промени на


првобитниот текст е донесен и потпишан од предлагачот. Во




Науката е трка на идеи


59








него се предвидени 700 милијарди долари и други мерки за


споменатата намена.


Владата на САД влезе и во санацијата на „Ситигруп”, банка
која е присутна во над 100 други држави. Таа се стави во


состојба да располага со 306 милијарди долари ризична актива.


Нејзините акции на берзата во ноември 2008 година котираа со


цена помала од 60%. Интервенцијата на државата изнесува 20


милијарди долари и определени бенефиции за оваа банка


обезбеди Банката за федерални резерви. Идејата на владата е


да се заштити земјата од пропаѓањето на финансискиот систем,


како и да се заштитат сопствениците на куќи од запленување.


За вложените средства државата ќе користи приходи од


дивиденди. Во овој случај нема промена на менаџментот на


банката, со тоа што државата обезбеди права да одлучува за


определени прашања од пакетите, кои ги подготвува банката во


нејзината работа.


Берзите на САД како секојдневни покажувачи на


вредностите на работите на човекот и неговите организации во


текот на целата 2008 година покажуваа далеку повеќе


негативни од позитивни движења. Со тоа се создаде нагласена


акумулација на негативните движења. На крајот на годината


индикаторите за цените на хартиите од вредност беа со


загрижувачко негативни големини, но се уште тие не стасаа до


оценката дека берзите крахираа.


Состојбите во финасискиот сектор, прикажани во


текстот, заедно со неговата целина, доведе до забавување на


кредитирањето на правните лица и домаќинствата. Отсуството


на свеж капитал во потребна големина, како и смалената


потрошувачка на добра и услуги од страна на населението и


организациите, смалениот извоз во други земји и друго, доведе


до нарушување на ликвидноста на реалниот сектор. Со тоа


настапи смалување на користење на капацитетите, отпуштање


на работна сила, затворање на одделни организации и друго. На




Науката е трка на идеи


60








сцена, во понагласена форма се јави потребата за помош на


државата на реалниот сектор.


Така, по формално правно завршување со блокот на


активности за санација на финансискиот сектор, на крајот на


годината, државата почна да влечи потези за санација на


реалниот сектор. Во прв план беше земена автомобилската


индустрија. Посебно внимание се посвети на „Џенерал Моторс”,
„Крајслер” и „Форд”.




Во почетокот на 2009 година подготвен е План од мерки


за стимулација на економијата, вреден 825 милијарди


долари. Во структурата на планот влезени се 550 милијарди


долари за јавни расходи и 275 милијарди долари за даночни


олеснувања. Идејниот творец на овој значаен документ е


новоизбраниот претседател на САД Барак Обама. Планот стана


предмет на одлучување во надлежните органи. Во расправата


по него беа изнесувани најнови согледувања за состојбите во


земјата. Така, во првата седмица од февруари е забележано


дека, Департментот за труд соопштил дека бројот на работници,


кои пополнуваат нови барања за бенефиции за невработени,


минатата недела го достигна рекордот во последните 26


години. Исто така, соопштението содржи дека, во минатиот


месец биле затворени во приватниот сектор повеќе од 500.000


работни места. Во расправата по документот претседателот


Барак Обама, истакнал дека, во последното тримесечје од 2008


година, бруто домашниот производ е намален за 6,2


проценти на годишна основа, што е најголемо намалување на


економијата од првото тримесечје на 1982 година. Шефот на


Федералните резерви Бен Бернанке, истакнувајќи дека


рецесијата ќе заврши оваа година, потенцираше дека состојбата


на пазарот на труд ќе продолжи да се влошува и дека е можно


таа да ја надмине бројката од 8,1 проценти. После повеќе


компромиси кои беа резултат во сите расправии, во Сенатот,


Конгресот и Претставничкит дом, планот е прифатен, како


закон за стимулирање на економијата, во вредност од 787




Науката е трка на идеи


61








милијарди долари. Две третини од средствата во пакетот се за


реализација на повеќе проекти, додека една третина за даночни


олеснувања. Со мерките треба да се спасат или да се отворат


нови 3,5 милиони работни места. Претседателот во втората


декада од февруари, овој документ го потпиша и со тоа почнува


неговото остварување во практиката.


Финансиската подршка која ја укажа државата на


„Џенерал Моторс” на крајот од 2008 година, не беше доволна
овој гигант на автомобилската индустрија да застане на здрави


нозе. После низа активности внатре во државата и во односите


со други држави каде оваа корпорација има свои клонови, таа


во почетокот на јуни побара објавување стечај пред судот во


Њујорк откако не успеа да обезбеди услови за продолжување


на работењето. Во текот на судската постапка се планира да се


преземат повеќе мерки, за нејзино оздравување. Во тие мерки


влегуваат ангажирање на средства на државата, со кое се


планира во ова фирма, таа да стане доминантен сопственик, со


учество од 60% во имотот. Се планира да се затворат 11


фабрики и три погони, кое ќе предизвика отпуштање од работа


на 21.000 лица. Повеќемесечните преговори на „Џенерал
Моторс”, најмногу со Германија и другите држави од Европа се
ближат кон нивниот крај, со што Германија треба да обезбеди


заем од 1.5 милијарди евра да го спаси „Опел”. Германија се
определува „Магна” од Канада да го купи „Опел”. Цената на оваа
зделка значи спасување на 25.000 работни места во Германија,


со тоа што од работа ќе бидат отпуштени 2.600 лица, како и


11.000 лица од другите држави во Европа. По завршувањето на


зделката, канадската компанија ќе поседува 20%, московската


„Збергбанк” 35%, „Џенерал Моторс” 35% и работниците на
„Опел” 10%, од имотот на „Опел”.


Во најголемиот дел од текстот станува збор за одделни


банки и мал број претпријатија. Како примери, за да се влезе во


суштината на проблемите, се наведуваат само некои


позабележителни организации. Мерките на државата за




Науката е трка на идеи


62








решавање на проблемите, се карактеризираат по тоа што истите


имаат плански карактер, се носат од надлежните органи многу


брзо, од нив се гледа кој што да направи, кој колку ќе плати,


што се добива од направеното и друго. Првата мерка редовно се


следи, се контролира насоката дали оди кон вистинската цел


или не. Доколку е потребна друга доза од мерката,


дополнително се одлучува и друго. Мерките на државата се


разновидни. Прифатен е моделот за конкретен проблем


примена на конкретна мерка.


Во текстот како да отсуствува грижата на државата за


единката, за човекот, за неговото семејство. Тоа е привид


бидејќи голем број на мерки се однесуваат на човекот. Во тој


поглед тука ќе стане збор, на пример, конкретно се определени


мерки за да се избегне запленувањето на станот на човекот; за


одлучноста да се заштитат депозитите на штедачите; за давање


средства на луѓето за купување на нови автомобили и друго.


Во врска со кредитирањето на станбената изградба,


државата уште во почетокот на 2008 година сугерираше


проблемот да се решава со доброволни програми за


модификација на заемите без нејзина подршка. Чинителите во


постапката пораката ја разбраа така, што се јавија разни


решенија, кои не вродија потребен резултат. Во текот на


февруари 2009 година стартува Програмата за спречувања на


запленувањата, со која е предвидено учество на државата од 75


милијарди долари. Планот ќе им помогне на околу 9 милиони


луѓе да го спасат својот стан.


Заштитата на депозитите на граѓаните во банкарските


организации беше една од првичните мерки на државата. Таа


застана зад штедачите со гаранција дека нема да им пропаднат


влоговите. Мерката беше благотворна, бидејќи се избегнаа


трките на луѓето по банките за повлекувањето на нивните


средства.




Науката е трка на идеи


63








За купување на нови автомобили и расходовање на


старите, државата учествуваше со свои средства. Првиот износ


на средства беше една милијарда долари. По нејзиното


искористување, се определија уште две милијарди долари.


Граѓанинот добиваше и до 4500 долари за купување на една


кола или камион. Оваа мерка не значи само помош на граѓаните,


туку мерката им помогна и на производителите на возила.


За големиот број активности на државата потрошени се


големи износи на средства. Американската влада за фискалната


2009 година, која завршува на 30 септември, потроши 1.400


милијарди долари повеќе, од колку што собрала во буџетот.


Трошењето на пари за спас на банките, стимулативните


издатоци и намалувањето на даночните приходи и друго,


придонесоа дефицитот да достигне 9,9 отсто од БДП, што е


највисоко ниво по 1945 година.


Настаните во 2008 и 2009 година во репродукцијата на


САД со сигурност може да се каже дека оваа земја е центарот, од


каде почна да се распространува кризата во светот. Тие настани,


како криза, како немоќ не ја запреа репродукцијата на земјата.


Во такви услови се остваруваа резултати во репродукцијата.


Големината на ова држава, распространетоста на нејзината


организациона структура не само во неа туку и во светот,


нејзиното влијание на пазарите на капитал, стоки и услуги,


глобалниот пазар и пазарот на труд, и друго, претставуваат


чинители, со кои секојдневно се во контакт сите држави,


нивните банки, претпријатија и друго. Тоа зборува и за


поврзаноста на економиите во светот со овој најголем


производител, потрошувач и друго во светот.




Науката е трка на идеи


64








4.2.2. Другите водечки економии во кризата



1. Јапонија


Јапонија е земја која 41 година го држи второто место на


листата најразвиени земји во светот. Нејзината организација на


општественото производство е специфична, во споредба со САД


и Западноевропските држави. Нивниот модел се препознава по


понагласено влијание на државата во стопанството.


Присутноста на кризата во земјата ја присили државата да


интервенира на конкретни проблеми.


Во средината на 2009 година според Годишниот извештај


на министерството за економија, трговија и индустрија,


констатирано е дека бруто домашниот производ во вториот


квартал од ова година регистрираше пад од 14,2 отсто на


годишно ниво, додека за цела оваа година се предвидува


намалување од 6,2 отсто. Во овој извештај се даваат и податоци


со кои се компарираат нивните резултати со таквите на Кина.


Според нив Кина во оваа година ќе оствари раст на БДП за 6,5


отсто, со што, можеби во 2010 година или до крајот на 2009


година, ќе ја надмине нивната држава на споменатата листа за


светот.


Централната јапонска банка употреби 14,3 милијарди


САД долари во текот на септември 2008 година, за да го


стабилизира пазарот.


На Форумот во Давос во почетоток на февруари 2009


година јапонскиот премиер Таро Асо, информира дека Јапонија


додели финансиска помош во висина од 17 милијарди САД


долари на државите од Азија, со цел за надминување на


кризата. Покрај тоа, тој се залагаше за елиминирање на


трговските бариери меѓу државите, како и за потребата


богатите држави да им помогнат на помалите држави.




Науката е трка на идеи


65








Најголемиот светски призведувач на автомобили


„Тојота” во првата декада од мај 2009 година, објави загуба од
436,94 милијарди јени, или 4,41 милијарди САД долари, во


фискалната година која заврши во март. Овој резултат е оценет


како најлош деловен резултат во историјата на компанијата.


Кризата предизвика пад на продажбата на возила од „Тојота” за
22 отсто на глобално ниво. Прогнозите за иднина се


песимистички, но воедно постои верување за постигање на


поповолни резултати од агресивното намалување на трошоците


на повеќе нивоа.


Најголемо внимание во земјата е посветено за


задржување на стекнатите позиции во претходниот период, во


нивниот платен и трговски биланс. Во двата биланси


забележани се пореметувања, за што се преземаат темелни


мерки и активности. Репродукцијата, како моќ на оваа земја се


држеше добро, таа и во услови на криза бележеше резултати.





2. Германија


Поврзаноста на банкарските, индустриските и другите


организации на оваа земја со таквите во САД, имаше силен


одраз и врз јавувањето на кризата во неа. Уште во средината на


октомври 2008 година, на законодавниот дом на државата,


Владата му предложи план за спасување на банките. Во него се


предвидува државата да учествува со средства, и тоа: прво, да се


формира фонд за стабилизација на финансиските пазари, со


средства од 100 милијарди евра; второ, 80 милијарди евра да се


наменат за докапитализација на банките, и трето, гаранции од


400 милијарди евра, за меѓубанкарски заеми. Оваа мерка треба


да биде во сила до 31.12.2009 година.


Владата на Германија, во континуитет усвои Нацрт на


закон за национализација на банките кои се наоѓаат во лоша


финансиска положба. Дадените гаранции од државата во




Науката е трка на идеи


66








висина од 102 милијарди евра не беа доволни „Хипо Ријал
Естејд” да ја стабилизира својата тековна сметка, а тоа наложи
преземање на дополнителни мерки. Во дополнителните мерки


влегува одлуката на акционерите на фирмата за зголемување


на капиталот за 3 милијарди евра, после кое следува


национализација на банката, а со тоа државата ќе стана


сопственик на 90 отсто од имотот.


Во земјата се правеа бројни комбинации, како да се


решат проблемите на повеќе фирми. Од сето тоа се


забележуваат два примери. Активностите со „Опел” доведоа до
решение, со санирање. Меѓутоа тоа не се направи и за


концернот „Аркандор”, во кој влегува и синџирот на стокови
куќи „Карлштат”, во кој се вработени 43 илијади лица. Во
средината на 2009 година, „Аркандор” банкротира. Банкротот
не значи и пропаѓање на фирмата. Овластените лица во оваа


постапка ќе направат се да се заштити што поголем дел од


активата на овој субјект. Така, се очекува, со сопствени сили и во


друг облик, да се јави нова фирма.


Во првото тримесечие од 2009 година, Германската


економија забележа пад од 3,8 отсто. Во истото време и извозот


на стоки и услуги беше намален. Извозот на земјата во јуни,


достигна 67,4 милијарди евра, со кое забележа зголемување за


седум отсто, што е најбрзо темпо во последните три години. Во


истиот период увозот изнесуваше 56,4 милијарди евра, со тоа


трговскиот вишок изнесува 11 милијарди евра. Тоа, заедно со


други показатели зборува дека, најголемата економија во


Европа закрепнува од кризата. Споменатиот показател,


Министерот за економија Карл Теодор Гутеберг го


коментираше со следното, дека економијата стабилно се држи


во вториот квартал.


Германија е земја со која нашата земја остварува најголем


обем на размена. Вкупниот обем на размената за јануари-


април 2009 година, изнесува повеќе од 300 милиони




Науката е трка на идеи


67








САД долари, со кое таа зазема учество во вкупниот обем на


оваа категорија од 13,1 отсто. Нашиот извоз изнесува, повеќе


од 147, додека увозот е повеќе од 153 милиони САД долари.


Покриеноста на увозот со извоз е 96 отсто. Знаците за


оживување на стопанството на ова земја не се значајни само за


неа, туку и за другите земји, а воедно и за нас.


Коментарите за оживување на стопанската активност, се


различни кај експертите. Споменатите броеви се сериозни


индикатори, тие зборуваат дека репродукцијата се одвива во


насока на оздравување. Сите ја поздравуваат појавата, на


големината на извозот и постигнатиот вишок во размената. Кај


едни се забележува дека е отворен патот кон стабилизацијата,


кај други има внимателен оптимизам. Кај нив постои страв,


показателот да не е еднократен резултат. Се напоменува и дека


работите се и натаму многу турбулентни и несигурни.





3. Кина


Кинеската економија во 2007 година оствари раст во


однос на претходната година од 11,4 отсто, што е најголем за


последните 13 години. Оваа година е забележано, бруто


домашниот производ, пет години со ред, да остварува


двоцифрен раст. Растот на БДП во 2008 година се движи околу


10 отсто. Во првото тримесечие од 2009 година растот е смален


на 6 отсто, додека за цела година се смета тој да се движи во


распон од 5 до 6 отсто. БДП по жител за ова година изнесува


3.600 долари. Ова категорија пред 20 години изнесуваше 400


САД долари.


Кризата, особено во реалниот сектор силно се чуствува во


оваа земја. Извозот во индустриските земји, пред сé во САД, се


намалува. Намалувањето на извозот во јануари оваа, со јануари


претходната година е смален за 17 отсто. Многу фабрички хали


стојат празни. Милиони работници мигранти од




Науката е трка на идеи


68








градовите се вратија во родните краишта на село. Се чини дека е


избегната катастрофата.


За соочување со кризата Кина уште во ноември 2008


година донесе Програма за справување со кризата, вредна 500


милијарди евра. Во земјата постојано растат девизните резерви


и се на завидно високо ниво. Таа стана најголем купувач на


хартии од вредност во висина од 768 милијарди долари од


владата на САД. Исто така, таа е купувач на хартии од


вредност и од ММФонд во висина од 50 милијарди долари.


Деловните односи на Кина со САД се разгранати. Покрај


тоа што таа врши голем извоз на стоки во оваа земја, воедно


купува и техника и технологија од неа. На пример, во 2009


година Кина го купи од „Џенерал Моторс”„Хамер”. Во договорот
е предвидено „Хамер” да го задржи постојниот раководен тим и
седиштето во САД.




Кина е една од земјите која постојано го актуелизира


прашањето за формирање азиски монетарен фонд, независен


од ММФ. Во оваа кампања се спомнува дека една држава со


мала или средна големина во ММФ има понагласен глас од


гласот на оваа земја. Најновите показатели зборуваат дека оваа


земја не само што порасна во голем производител, но, стана и


кредитор на други земји. Тие резултати се основа таа да се бори


за место во светското стопанство и политика.





4. Англија


Без поголема гласност во почетокот на февруари 2008


година во Англија е национализирана банката „Нортен рок”,
погодена од кризата. Во образложението на одлуката за


национализација се вели дека двете приватни понуди за


преземање на банката, не понудиле доволно средства за трајно


решавање на настанатиот проблем. Во образложението се




Науката е трка на идеи


69








истакнува дека во случајов прифатена е опцијата која е


најповолна за земјата. Според правилата за национализација на


акционерите им е понуден надомест за нивниот имот утврден


од посебна комисија. Комисијата, пак, за основа во


калкулацијата ја зема вредноста на банката, пред да се дадат


гаранциите на државата. Интервенцијата на државата се цени


на 110 милијарди фунти, што ќе значи трошок од 3.500 фунти


за секој даночен обврзник. Со овој потег на државата се


повлекоа од пред шалтерите на банката штедачите, кои беа


преплашени од губењето на своите средства. На критиките за


овој потег се одговараше дека иднината на банката е таа да се


приватизира, по нејзината стабилизација.


Врз основа на договор од септември 2008 година малиот


„Лојдс” го купи големиот „ХБОС”, за сума од 12,2 милијарди
фунти. Позицијата на пазарот на „ХБОС” беше значајно слаба и
тоа поради фактот што уплатите од луѓето за земените


хипотекарни кредити беа отежнати до крајни граници. Тоа


доведе до неликвидност на банката. Овој договор беше напаѓан


од локалната власт од Единбург, додека истиот беше


поздравуван од владата во Лондон. По договорот, после


спојувањето, остана за решавање горливото прашање за


наоѓање компромиси за превработените во новата банка, и


друго.


На крајот на септември 2008 година е национализирана


банката „Бредфорд енд Бингли”, која падна во сериозни
проблеми. По извршениот чин, делот од банката за штедење и


за штедните влогови на граѓаните е продаден на шпанската


банкарска групација „Сантандер”, која поседува и две други
британски банки. Делот од банката за стамбени кредити и


заеми, што изнесува 50 милијарди фунти, остана под контрола


на државата. Акциите на компанијата се суспендираа.


На Лондонската берза во почетокот на октомври 2008


година беше забележано значително намалување на вредноста




Науката е трка на идеи


70








на акциите, на пример, за 42 отсто, на банката „ХБОС”, за 39
отсто, на „Ројал банк оф Скотланд”. Од лондонскиот финансиски
центар беше истакната информација, дека банките немаат пари


за дневни потреби и дека треба државата да преземе мерки.


Оваа состојба ја наметна потребата да се соберат на едно место,


претставници на Министерството за финансии, Централната


банка, другите банки и луѓе кои можат да придонесат за


решавање на проблемот. Во расправата која се водеше на овие


средби, се роди првиот пакет на мерки, кој се однесуваше на


санација на 8 банки, а неговата вредност изнесуваше 50


милијарди фунти. Овој пакет беше прифатен и брзо ставен во


неговата реализација. Пакетот беше оправдуван


дека тој претставува долгорочна реконструкција на


банкарскиот систем со рекапитализација. Целта е да се подобри


и да се донесе на потребно ниво ликвидноста на банките, преку


кое се штитат и интересите на граѓаните.


Владата на Гордон Браун во јануари 2009 година донесе


втор пакет на мерки, кој во основа значи давање на гаранции на


банките, со кои истите се подржуваат да влезат потемелно и


пошироко во кредитирањето на граѓаните и стопанството, со


кое се бара заживување на активностите во земјата. Банката


може да стане корисник на гаранција, доколку така


направената зделка биде проследена со загуба. Покрај тоа со


пакетот на банките им се дава можност да ги пролонгираат


роковите за враќање на земените средства од државата, и


друго. Сметките од оваа активност покажуваат дека со неа се


зголемува учеството на државата во капиталот на банката.


Менаџирањето на кризата во Англија најлесно може да се


оцени преку санацијата на „Нортен Рок”. Интервенцијата на
државата за санацијата беше обемна. Но, ангажирањето пари во


зделка не значи фрлање на истите. Напротив, за краток период


на време вратени му се на државата повеќе од 67 отсто од


вложените средства. Тоа значи дека парите на државата тука




Науката е трка на идеи


71








не се трошат за покривање на дупки, туку за решавање на


проблем, доколку може и со постигнување на профит.




5. Франција


Во Франција кризата имаше влијание врз смирување и


смалување на бруто домашниот производ, зголемување на


невработеноста, смалување и забавување на кредитирањето од


страна на банките на граѓаните и правните лица, пропаѓање на


претпријатија и друго.


Според проценките на Министерството за финансии се


предвидува дека бруто домашниот производ во 2009 година ќе


забележи пад од 3 отсто.


Францускиот пазар на труд во првото тримесечје од 2009


година претрпе силен удар од финансиската криза, со што


невработеноста се искачи од 7,7 на 8,7 отсто. Според


францускиот завод за статистика, вкупниот број на


невработени изнесува 2,4 милиони лица. Доколку се вклучат и


француските прекуморски територии, стапката на


невработеност изнесува 9,1 отсто. Трендот на зголемување на


невработеноста се цени дека ќе продолжи и во наредниот


квартал.


Од интервенциите во банките за одбележување е


заедничката активност на Белгија, Франција и на Луксембург за


санирање на банката „Дексија” со 6,4 милијарди евра.


На фабриките за автомобили „Пежо” и „Рено” за нивна
санација и развој државата ќе им даде шест милијарди евра


помош, со барање од нив да не затворат ниту една фабрика на


територијата на земјата, како и да сторат сé што е можно да се


спречи отпуштање на работници. Исто така, од нив се бара тие


да инвестираат во развој на автомобили кои испуштаат ниско


количество штетни гасови. Парите компаниите ќе ги добијат во




Науката е трка на идеи


72








наредните пет години и ќе бидат со каматна стапка од 5 отсто.


Помошта се дели на два исти дела.


Погледот на ова искуство во Франција кое е создадено со


барањето излези од кризата зборува за специфичен модел, кој е


исполнет со заедништво и рационалност, како и со поглед кон


иднината.





6. Европска унија


На еден од бројните состаноци за борба против


финансиската криза, забележана остана изјавата во која се вели


дека, во отсуство на заеднички европски план за помош на


финансискиот сектор, секоја земја ќе мора да ја преземе


одговорноста на национално ниво. Оваа кратка реченица


кажува за многу работи и дека, сите беа: изненадени и во


паника, бидејќи не можеше заеднички да се процени обемот и


широчината на кризата и друго.


Во почетокот на ноември 2008 година Европската


комисија предвиде дека економиите во еврозоната, оваа година


ќе ја завршат со раст на економијата од 1,2 отсто и дека во 2009


година таа стапка ќе изнесува само 0,1 отсто. Проценките пак,


на ММФ за 2009 година, говореа дека економијата на


еврозоната ќе забележи пад од 0,5 отсто. Организацијата за


економска соработка и развој смета дека споменатата стапка ќе


изнесува минус 0,6 отсто. Само еден месец по првата прогноза


следува јавување на Статистичката служба на ЕУ - Евростат,


која потврди дека економиите на 15 членки на ЕУ кои користат


евро, ослабеле за 0,2 отсто во периодот јули - септември 2008


година и дека планираната стапка за четвртото тримесечие,


нема да се намали за минус 0,6, туку за минус 0,7 отсто. Тоа


значи дека еврозоната е во рецесија. Показателите во


економиите во еврозоната во третиот квартал се послаби од


оние на САД и за Јапонија. Пред крајот на јануари 2009 година




Науката е трка на идеи


73








Европската комисија истакна дека во еврозоната се очекува


сериозна рецесија. Се очекува пад на бруто домашниот


производ за 1,9 отсто, што ќе биде проследено со големо


зголемување на дефицитите и на невработеноста. За 2010


година се предвидува мал пораст од 0,4 отсто. Европската


централна банка во првата декада од јуни 2009 година соопшти


дека економијата на еврозоната ќе се намали за 4,6 отсто, што е


многу поголемо од намалување од претходните предвидувања


за 2,7 отсто. Банката соопшти дека видливо подобрување се


очекува во 2010 година.


Пред крајот на јануари 2009 година, Европската комисија


соопшти и предвидувања за невработеноста. Според нејзините


прогнози невработеноста која изнесуваше 7,5 отсто во 2008


година, таа ќе се наголеми на 10,2 отсто во 2010 година. Еден


показател за првиот квартал од 2009 година зборува дека 1,9


милиони работни места се укинати во Европската унија. Според


податоци од средината на 2009 година, стапката за


невработеност е забележана во Шпанија од 18,7 отсто,


Литванија од 16,3 одсто и Естонија од 15,6 одсто. Најдобра е


положбата во Холандија, каде овој показател изнесува 4,3 одсто,


Австрија 4,3 отсто и Кипар, 5,3 отсто.


Третиот показател кој го соопшти Европската комисија


од пред крајот на јануари 2009 година е предвидувањата за


дефицитите во еврозоната. Во 2008 година тие изнесуваат 1,7


отсто од БДП, а во 2009 година ќе се зголемат на 4,0 отсто и во


2010 ќе изнесуваат 4,4 отсто. Предвидувањата покажуваат


континуирано зголемување на задолжувањата на државите.


Цената за спас на банките во ЕУ во 2008 година изнесува


3,8 билиони евра. Од нив: одобрени се 2,92 билиони евра


гаранции за обврски на банките; 311 милијарди евра за


капитална помош; 33 милијарди евра за ослободување од лоши


активи; и 505 милијарди евра за подобрување на


ликвидноста.




Науката е трка на идеи


74








Најголема сума за тоа издвоила Велика Британија и тоа 781,2


милијарди евра.


Во отсуство на конечни и званични показатели за 2008 и


2009 година неблагородено би била да се дава оценки, за


нештата кои настанаа во овие години. Настаните во реалниот


живот многу брзо се јавуваа. Нивната големина во пари,


нивните учесници, во кои се влезени најпознатите банки и


претпријатија и друго, го фрапираа обичниот човек. Но тој,


истиот човек не е преплашен, тој на работните места си ја врши


својата работа, така репродукцијата и покрај тоа што е жестоко


нападната со загуби, таа оди натаму. Европа, како целина е


силна економија со моќни банкарски и други организации.





5. Меѓународни организации, групи и состаноци за кризата




5.1. Крупниот проблем бара од сите ефикасна организираност



Живата активност на сите чинители во националните


економии за кризата не заврши во нивните граници. Потребите


за решавање на нарушувањата во репродукцијата, бараа


заедничка активност на државите. Оваа потреба, се разбира


покрај контактите и соработката на држава со држава, се


задоволуваше со ангажирањето на меѓународните организации,


групи на држави и повеќе видови состаноци, на кои се даваа:


видувања, проценки за големината на настанот, прогнози за


иден период, насоки за решавање на прашањата и проблемите


кои ги создаде кризата и друго.


Развојот и напредокот на светот е општо добро на сите


земји. Секоја земја од најмала до најголемата имаат интерес да


се подржува општото добро. Тоа е врзувачко ткиво кое ги




Науката е трка на идеи


75








обединува сите земји. Интересите на државите во такви услови


се различни од една до друга држава. Во сите видови на


организации јасно се изразуваат интересите на државите, како


единки, на групи држави и друго. Во практиката има


попуштања или затегања во договорите помеѓу државите.


Компромисот е наоѓање решение кое одговара на сите држави.


Затегнувањата како облик на односи, често води до војни.


Организацијата за ефикасно работење и управување се смета


како облик за решавање на прашањата и проблемите со


компромис, на мирен начин.


Од големиот број активности во продолжение ќе бидат


забележени еден мал број од нив.





5.2. Меѓународните организации за кризата



1. Организација на обединетите нации


Во извештајот од мај 2009 година ООН направи


корекција на проценката за глобалната економија од јануари


оваа година, кога се предвидуваше падот да изнесува 0,5 отсто.


Во овој документ се вели дека глобалната економија ќе падне


за 2,6 отсто. Благо зајакнување на глобалниот бруто производ


се очекува во 2010 година, доколку брзо зајакнат финансиските


пазари и до колку фискалните стимулативни пакети се


применуваат во посакуваната големина. Во спротивно


рецесијата ќе продолжи во многу земји со што економската


стагнација ќе се пренесе длабоко во наредната година. Во


документот се вели дека стимулативните мерки засега се


нерамномерни, бидејќи 80 отсто од нив се концентрирани во


развиените земји. Во земјите во развој недостасуваат средства


за социјална помош и за намалување на последиците од


кризата.




Науката е трка на идеи


76








Одделот на ООН за економски и социјални прашања


предвидува дека, годинава се очекува обемот на светската


трговија да падне за 11 отсто, што би бил најголем годишен пад


по Големата депресија од 30- те години на минатиот век.


Според прогнозите на овој оддел, идните две години во светот


без работа ќе останат 50 милиони лица, како и до колку


состојбите продолжат да се влошуваат, оваа бројка може лесно


двојно да се зголеми.


Организацијата на ОН за храна и земјоделство соопшти


во првата декада од август 2009 година дека, првпат во


историјата хронично гладуваат милијарда луѓе. Во


соопштението се истакнува дека ФАО успеала да обезбеди храна


за 102 милиони загрозени лица во 76 земји, што претставува


само 10 отсто од вкупниот број лица погодени со глад.


Состојбата е дополнително влошена и со рецесијата во


светот.


Во врска со директните странски инвестиции, а според


резултатите од анкетата на Конференцијата на ОН за трговија и


развој, објавени во третата декада од јули 2009 година,


произлегува дека, по намалувањето, тие постепено ќе


заздравуваат во 2010 година, по што комплетно ќе се обноват


во 2011 година.





2. Меѓународен монетарен фонд


Во Извештајот од првата декада на октомври 2008 година


Меѓународниот монетарен фонд, прво, ја корегира проценката


за глобалните финансиски загуби од април во износ од еден


билион и второ, новото предвидување е дека тие ќе изнесуваат


1,4 билиони долари, што претставува покачување за 40 отсто.


Нагласените и тешки пореметувања, кој јасно беа


манифестирани во американскиот хипотекарен пазар, пред




Науката е трка на идеи


77








една година, предизвикаа незабележана финансиска криза, која


се уште не е надмината.


Два месеца после споменатиот извештај главниот


економист на ММФ Оливие Бланшар, изјави дека светската


економија малку се оддалечи од финансиската катастрофа,


односно од крахот на глобалниот финансиски систем, но факт е


дека таа почна да покажува многу поголемо и подлабоко


влијание врз реалната економија. Авторот на оваа проценка


нагласува дека неопходно е да се обезбеди стабилност на


банкарско финансискиот систем и да се поттикнува


побарувачката, да се подзапира падот на производството и да се


врати довербата кај луѓето и организациите во излезот од


нагласените пореметувања. Негова оценка е дека во кризата ќе


следи задолжувања на владите, така што по кризата треба да се


поработи на тоа прашање во насока, тие да се стават во


посакувани големини.


Директорот на оваа финансиска организација Доминик


Штрос-Кан во третата декада од јануари 2009 година, во своја


изјава истакна дека треба да се намалат предвидувањата за


светската економија за 2009 година, дадени во ноември 2008


година, со кои се ценеше на пораст од 2,2 отсто. Според него тој


смета дека првата половина на 2009 година ќе биде многу лоша,


додека во втората половина можно е да дојде до одредено


подобрување, а заздравувањето веројатно ќе почне дури во 2010


година.


Во третата декада од март 2009 година ММФ соопшти


дека светското стопанство е на пат годинава да ослаби дури за


еден отсто, прв пат од 60 години. Развиените економии ќе


забележат најголемо опаѓање. Умерено заздравување се очекува


во 2010 година.


Во третата декада од април 2009 година ММФ објави


дека, најверојатно светската економија ќе забележи пад од 1,3




Науката е трка на идеи


78








отсто оваа година, во најдлабоката досега рецесија по Втората


светска војна. Раст се предвидува повторно да се јави со околу


1,9 отсто следната година.


Над десет трилиони долари е вкупната цена на светската


финансиска криза, соопшти во почетокот на август 2009 година


ММФ. Богатите земји во овој износ учествуваат со 9,2 додека


другите економии со 1,6 трилиони долари. Од сите средства,


околу 1,9 трилиони долари се исплатени непосредно, а


останатите се во форма на гаранции и зајмувања.


Според соопштение од третата декада на јули 2009


година, осумдесет најсиромашни држави ослободени се од


плаќање камати на заемите до крајот на 2011 година. Овие


камати изнесуваат од 0,25 до 0,5 отсто. Нови заеми за овие земји


се предвидуваат во висина од 17 милијарди долари за времето


до 2014 година, од кој 8 милијарди ќе припаднат на идните две


години.


Прогнозите на ММФ соопштени во првата декада од


октомври 2009 година, во јавните гласила во земјава, според


изјава на Доминик Штос-Кан, извршен директор, покажуваат


дека: глобалното економско заздравување навистина почна, но


кризата сé уште не е завршена. Заздравувањето е присутно, но


сé уште нема намалување на невработеноста. Во извештајот се


предвидува: падот за оваа година да изнесува 1,1 отсто, а во


2010 година може да се очекува раст од 3,1 отсто, растот ќе


продолжи и во 2011- 2014 година со стапка од околу 4


проценти;


развиените економии и оваа година ќе имаат пад, но на


почетокот на идната година ќе влезат во фаза на заздравување;


американската економија заздравува побрзо од очекуваното,


таа ова година ќе забележи пад од 2,7 проценти, додека во 2010


година ќе порасне со 1,5 проценти; во еврозоната се предвидува


дека годинава падот ќе изнесува 4,2 проценти, додека во


2010 година раст од 0.5 проценти; за Република




Науката е трка на идеи


79








Македонија за 2009 година се предвидува пад од 2,5 отсто,


дефлацијата ќе изнесува 1 процент, инфлација 0,1 отсто,


дефицитот во платниот биланс за 2009 година ќе изнесува 10,6


отсто од БДП, додека во 2010 година тој ќе изнесува 9,7


проценти.


Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка


својата работа во овие две години ја остваруваа во услови: под


притисок на пореметувањата во светската економија; барања


на одговорност од раководствата на банкарскиот и


финасискиот систем; барања со поголема упорност од порано


за формирање нов меѓународен монетарен фонд, кој би


покривал еден дел од светот, што претставува, покрај другото,


и како несогласување со работата на ММФ и друго.


Двете организации ќе влезат во реформирањето на


светскиот финансиски систем. Како почетни резултати од


идните промени забележани се активности на побогатите и


други држави, да ги отвораат своите каси, за зголемување на


финансиските ресурси на ММФ, со кое се посакува моќта на


оваа организација да се наголеми во споредба со сегашните


состојби.





3. Светска банка


Светската банка, во соопштение од првата декада на


април 2009 година очекува пад на глобалниот бруто домашен


производ во оваа, спореден со 2008 година за 1,7 отсто, што


претставува прв економски пад по Втората светска војна. Покрај


тоа, растот на оваа категорија во земјите во развој ќе


падн
е


од 5,8 отсто во 2008, на 2,1 отсто за оваа година.


Проекцијата соопштена во ноември 2008 година за земјите во


развој, беше со пораст од 4,4 отсто што значи, со споменатата,


таа сега е скоро двојно намалена.




Науката е трка на идеи


80








Во првата декада од јули 2009 година Претседателот на


Светската банка Роберт Зелик во Чиле, на состанокот на


министрите за финансии од Латинска Америка, истакнал дека,


и покрај некои појави за заздравување, светската екомомија сé


уште е во лоша состојба. Како аргумент за тоа тој рекол дека,


невработеноста во светот се уште се зголемува, а постојано е


присутна и опасноста од воведување бариери за меѓународна


трговија.




5.3. Активноста на групите Г - 8 и Г - 20



1. Г- 8


Една единка, учесник и познавач на овој вид собирања на


одговорни лица, неодамна кажа дека, е поминато времето кога


Рузвелт, Черчил и Сталин, носеа одлуки за обликувањето на


светот. Неговата мисла оди кон идеата дека, треба да се


консултираат за значајните работи повеќе меродавни чинители.


Друга пак единка, вели дека лидерите на состаноците идат, се


бакнуваат, носат декларации. Средбата е шоу. Г - 8 е осмислен


како неформално собирање. Тој нема моќ да прави големи


промени. Епилогот од овие размислувања е дека, оваа група


вероватно ќе еволуира отколку, таа да се распушти.


Оваа група е основана 1974 година како Г-6, од САД,


Јапонија, Германија, Франција, Велика Британија и Италија, како


потреба по кризата 1973/74 година. Покасно во 1977 година


таа е проширена со Канада, а од 1991 година и со СССР, кој се


канеше да учествува на состаноците на групата, така што таа, се


именуваше како Г-7. Групата применува начин на работа на


своите средби, да кани и да учествуваат и други лидери, според


потребите на дневниот ред за работа.




Науката е трка на идеи


81








На состанокот одржан во Рим во втората декада од февруари


2009 година се расправаше за економската криза. Поентата на


средбата е дека, групата го потврдува ангажманот за заедничко


дејствување за надминување на рецесијата со користење на сите


политички инструменти за да се помогне економскиот раст и да


се зајакне финансискиот сектор. Дадени се и ветувања дека,


нивните земји ќе ги избегнуваат протекционистичките мерки.


На состанокот одржан во јули 2009 година на којшто


учествуваше и Г-5 +1, во која влегуваат: Кина, Индија, Бразил,


Јужна Африка и Мексико, како и Египет, во врска со


економската криза, се договорија да ја избегнат девалвацијата


на валутите и да го охрабруваат практикувањето на стабилен


меѓународен финансиски систем.


2. Г-20


Оваа група е создадена како потреба наметната од


кредитниот удар и хаваријата на банкарскиот систем, за


обединувањето на силите во решавањето на пореметувањата во


репродукцијата. Лидерите на оваа група се претставници на


држави кои учествуваат 90 отсто во БДП и 80 отсто од


светската трговија.


На 15 ноември 2008 година во Вашингтон, на првиот


Самит, лидерите на дваесет богати земји и големи економии


беа соочени со економската криза во светот. Тежината на


пореметувањата во репродукцијата беше основа за барање сите


заедно да се вклучат во активности, за широка реформа на


институциите што ги водеа глобалните пазари од Втората


светска војна до кризата. Воедно мора да се обезбеди поголема


транспарентност и понагласена одговорност од институциите


на финансискиот систем. Во коменикето од Самитот


забележани се содржини на идеите, како треба да се


остваруваат определувањата на Г-20.




Науката е трка на идеи


82








Вториот Самит одржан е во почетокот на април 2009


година во Лондон. Во оваа средба, лидерите на државите, со


повеќе аргументи и сознанија, влегоа во нејзината работа.


Самитот ќе биде забележан со Договор, којшто е постигнат по


серија попуштања и компромиси, кои што ги направија


учесниците на оваа средба. Како еден од производите на


согласноста на сите континенти е во глобалната економија, да


се вложи дополнително еден билион долари, пари, што ќе се


движат по меѓународните патишта. Овие средства корисниците


ќе ги добиваат преку ММФ и Светската банка. За остварување


на оваа задача договорено е да се наголемат ресурсите на ММФ


од страна на државите. Лидерите покрај тоа се договорија, да


почне реформирање на светскиот финансиски систем. Сите се


согласија дека итно треба да се обнови растот на економијата,


да почне одново да се отвораат нови работни места, како и да се


обнови довербата во финансискиот ситем. Попуштањата и


компромисите кои доведоа до договарањето, од учесниците беа


позитивно оценети.


На крајот на септември 2009 година, во Питсбург САД


одржан е третиот Самит на кој е донесена завршна декларација,


во која се истакнува: Нашите мерки функционираат. Нашиот


моќен одговор помогна да биде спречен опасен и драстичен пад


на глобалната активност и придонесе за стабилизирање на


финансиските пазари. Воедно одлучено е дека, плановите за


стимулирање на економијата остануваат се додека не биде


гарантирано стабилно заздравување. Непромисленото


однесување во финансискиот сектор се смета како главен


виновник за кризата. Оттука, се наметнува од 2012 година да се


воведат поостри мерки во областа на управување со банките.


Изјавено е дека за бонусите во банкарскиот систем,


централнните банки, да можат да го ограничуваат нивниот


општиот размер. За земјите во развој договорено е: најмалку


пет проценти од уделите во ММФ да им бидат префрелени на




Науката е трка на идеи


83








овие земји. Правата на глас на овие земји да се зголемат за три


проценти.





5.4. Повеќе видови на состаноци



1. Во светот видовите на организации е многуброен. Во
овој текст ќе се прикажат пет различни видови на


организирање на држави и поединци, кои се, едни со други со


големи разлики. Тие се наредени во овој наслов само по тоа


што на нивниот дневен ред на средбата е поставено прашањето


на актуелната криза.


2. Шангајската организација за соработка, во која
влегуваат: Русија, Кина, Казахстан, Киргизија, Таџикистан и


Узбекистан и како набљудувачи: Индија, Пакистан, Монголија и


Иран на Самит, одржан во втората декада од јули 2009 година,


разговараа за излез од економската криза и за создавање на


наднационална резервна валута. Претседателите на земјите


членки, покрај другото, донесоа заклучок, дека во блиска


иднина треба да се бара замена за доларот.


На оваа средба е кажано дека доларот се покажа како


недоверлива резервна валута. Воедно е потенцирано дека за


промоција на резервна валута е потребно време и дека таа не


може да се воведе со декларација, туку со јакнење на


економската моќ на државите.


Во време на кризите, кога се поставува на преиспитување


сè и сешто, луѓето бараат излез во минатото, сегашноста и во
непознатото, иднината. Како солуција, за наоѓање на решение со


најголема стабилност за прикажување на вредноста, некои од


експертите за тоа, се залагаат златото да стани супервалута.


Оваа особина златото ја има потврдено во време од скоро 200




Науката е трка на идеи


84








години. Златното важење во плаќањата е воведено во Англија,


во почетокот на третата деценија од 19 век. Со Бретон Вудс


златото беше примарен инструмент, додека доларот на САД,


како клучна светска валута беше секундарен инструмент. Во


1971 година САД целосно ја укина замената на доларот за злато.


Други луѓе од експертите сметаат дека, покрај доларот во


поново време, се јавува во споменатата функција и еврото и


друго.


3. На крајот од ноември 2008 година, лидерите од азиско-
пацифичките земји, познати како АПЕК, расправајќи за


големината на кризата, покрај другото, застанаа на стојалиште


дек
а


нема да преземаат мерки со кои ќе се зголемуваат


трговските бариери, за наредната година. Од Самитот е објавено


соопштение, дека со протекционизмот ќе се влоши и онака


тешката ситуација, во размената помеѓу државите.


4. На крајот на јануари и во почетокот на февруари 2009
годин се одржа Светскиот економски форум во Давос


Швајцарија, во присуство на 2500 бизнис и корпоративни


лидери, а се расправаше за економската криза. За оваа тема


организаторот покани и пет експерти, од кои двајца со


Нобелова награда. Во нив беа и експертите кои пред повеќе од


две години предвидоа дека финансискиот систем се движи кон


огромна криза со ликвидноста. За големината на кризата тие


истакнаа, дека е неверојатно да се повтори кризата од 1930


година. Тогаш американската економија се намали во просек за


14 отсто годишно, цените паднаа на 8 отсто годишно, а


невработеноста достигна 25 отсто.


Како дијагноза за тековната криза на средбата се истакна


дека основни причини се: преголемиот долг; културата на


краткорочна корист за долгорочно преземање ризик; и


фатално погрешните математички модели на ризик. Како


пример, за таквата практика беше наведено дека, финансиска


институција зела долгови во вредност 40 пати поголеми од




Науката е трка на идеи


85








нејзината актива. Тоа доведе до голем број на проблематични


активи, кои донесоа големи загуби. Нормално е за една таква


практика да се постави прашање, каде беа и што правеа


инвеститорите и акционерите. Или, каде беа регулаторите,


агенциите за рејтинг, корпоративните одбори и банкарите на


централните банки.


Се претпоставува дека една солидна дијагноза може да


биде и патоказ на движење на идеите за преземање на мерки и


активности за иднина.


Светскиот економски форум редовно го следат протести.


На транспарентите демонстрантите истакнуваат несогласување


со собирот со следните зборови: “минатата година кажавте дека


светската економска ситуација е добра”, “додека годинава


велите дека сме во криза, ние сметаме дека, Вие сте кризата” и


друго.


5. По иницијатива на холандскиот принц Бернар во 1954
година формирана е групата “Билдерберг”, именувана по


хотелот во кој се одржала првата средба. На средбата од


средината на мај 2009 година одржана во Атина, присуствувале


130 лица, од политиката, економијата, банкарството, војската,


науката и други. Оваа група позната е по својата затвореност и


тајност за нивната дејност. Тоа е работа зад затворени врати и


без никакви соопштенија. Предмет на работата на групата се


најзначајните прашања и проблеми на светот. Нивното


влијание на светот, познавачите на групата, тврдат дека тоа е


докажано со аргументи. Врз основа на тоа, таа го доби имиџот,


да не биде напаѓана за начинот на нејзината работа, за


давањето на соопштенија, за местата каде се држат состаноците


и друго. Учесниците во групата се именувани, како кројачи на


судбината на светот. На средбите учествуваат уредниците на


“Вашингтон пост”, „Њујорк тајмс” и „Фајненшел тајмс”. Од
споменатата средба е забележано дека таа е посветена на


економската криза.




Науката е трка на идеи


86








Новинарот истражувач Даниел Естулин смета дека оваа група


во расправата била поделена околку две опции, и тоа: или да ја


пролонгира мачната депресија што ќе го осуди светот на


неколку децениска стагнација, назадување и сиромаштија.....


или интензивна, но пократка депресија што ќе го отвори патот


кон нов одржлив економски светски поредок, со помал


суверенитет, но поголема ефикасност.


6. Тајна средба на најбогатите луѓе во светот. По
иницијатива на Ворен Бафет, Бил Гејтс и Дејвид Рокфелер


помладиот, на 05.05.2008 година, одржана е тајна средба на


најбогатите луѓе во светот и се расправало за глобалната


финансиска криза. Средбата е одржана во претседателската


сала во Универзитетот „Рокфелер” во Њујорк и на неа
учествувале и Опра Винфри, Џорџ Сорос, Тед Танер и


градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг. Иницијаторите за


средбата во поканата ја навеле светската рецесија и ургентната


потреба да се направи план за иднината.


Останува мистерија, како толку моќни личности од


американскиот живот за кратко време успеале да ги усогласат


своите агенди, за да присуствуваат на оваа средба, која се одржа


во исклучителна тајност во светската медиумска метропола.


Голема е веројатноста дека овие луѓе никогаш не биле на исто


место и во исто време.


На секој од присутните му биле дадени 15 минути да


направи презентација за тоа како ја гледа идната економска


криза, идните приоритети за филантропијата, и што смета да


направи за тоа, елитната група.


Изданието “Хроника на филантропијата” има забележано


дека од 1996 година, учесниците донирале повеќе од 72


милијарди САД долари во добротворни цели. Во изданието е


забележано дека рецесијата има негативно влијание на


добротворните организации.




Науката е трка на идеи


87











6. Сиромашните и богатите во кризата



6.1. Најнеспорна поделба на луѓето во светот


Точниот број на сиромашни луѓе никој досега не го има


утврдено. Мерилата за сиромаштијата на единките низ


вековите се различни. Овие разлики постојат и денес, а тоа


зависи, кој и како го истражува ова прашање, кое е едно од


најголемите проблеми во светот. Сиромаштијата е поврзана со


гладот, болестите, неукоста, вработувањето, векот на живеење


на единките и друго.


Богатите луѓе во споредба со сиромашните, се многу мала


група на луѓе. и кај нив не се знае точниот број бидејќи во оптек


се различни критериуми. Најчесто може да се прочита или


чуе за бројот на милијардери и милионери и друго.


Во сите векови луѓето се делеле на сиромашни, средно


имотни и богати. Оттука, таа поделба е најнеспорна,


најстабилна.




6.2. Сиромашните во кризата



Конференцијата на ОН за трговија и развој во својата


активност го има во вид следењето на стопанската активност на


49 најнеразвиени земји во светот. Според извештаите на оваа


институција, произлегува дека од 2002 до 2008 година, во


овие земји е забележан силен стопански пораст, што е


резултат на високиот скок на цените на суровините,


дадената помош,




Науката е трка на идеи


88








отпишаните долгови и друго. Со економската криза силно се


намалија странските директни инвестиции, се затворија


вентилате за добивање на кредити и друго. Нивните граѓани


вработени во други земји, ги намалија парите, кои ги праќаа на


нивните семејства. Некои од нив се вратија во својата земја и се


без работа. Со сето тоа создаден е амбиент да не може да се


направи поголем зафат за смалување на сиромаштијата. Така,


кризата запре еден тренд кој одеше кон ублажување на


сиромаштијата во овие земји.


Сиромашните луѓе не се лоцирани само во споменатите


земји. Нив ги има во сите земји на планетата Земја. Бројот на


сиромашните луѓе пред кризата е големина, која им тежи на


самите национални држави, но, и на целиот свет. Податоците за


кризата и сиромаштијата зборуваат за зголемување на овој број


сиромашни луѓе. Проблемот со сиромашните од ден на ден


станува се поголем и потежок.


Кризата ќе доведе до зголемување на бројот на луѓе: кои


што гладуваат, ќе останат без работа, на должниците, на


бездомниците и друго. Исто така, ќе се отежнат состојбите на


емигрантите, ќе се зголемат протестите на луѓето што ќе го


осетат вкусот на кризата и друго.


Гладот на луѓето во светот е присутна категорија и


фактор поради кој умираат голем број на единки. Гладните луѓе


сé најсиромашниот дел од населението.


На крајот на јануари 2009 година Меѓународната


организација на трудот, ИЛО прогнозира дека во оваа година,


ќе останат без работа 51 милион луѓе. Глобалната стапка на


невработеност ќе достигне ниво од 6,5, наспроти 6 минатата и


5,7 отсто во 2007 година. Во почетокот на јуни 2009 година


следи од ИЛО прогноза дека, глобалната стапка на


невработеност годинава ќе се зголеми на 7,4 отсто, што значи


дека без работа ќе бидат 239 милиони луѓе во светот. Бројот на




Науката е трка на идеи


89








невработени во 2009 година во светот ќе се зголеми од 39 до 59


милиони лица, наспроти претходните прогнози за зголемување


од 24 до 52 милиони луѓе. Во соопштението се вели дека ова е


незапаметен пораст на невработеноста. Со невработеноста,


патот на единките им е отворен кон сиромаштијата. Граѓаните


за задоволување на своите потреби, сé редовни корисници на


кредити од банкарските организации. Тие се задолжуваат,


најсиромашните за секојдневните потреби додека, другите и за


купување на трајни потрошни добра и друго. Задолжувањата во


прво време се движат во дадена нормала, но покасно, тие


заземаат непосакувана големина. Следува кошмар, присутен кај


единката, кај неговото семејство. Една информација од


средината на август 2009 година зборува за тоа дека


Американците, како единки, масовно банкротираат и ги губат


своите домови. Оваа појава е резултат на невработеноста,


здравствените проблеми, раскинувањето на бракови и друго.


Задолженоста на граѓаните значи и нивно влегување во кругот


на сиромашните.


Бездомништвото е појава кога единката нема каде да се


смести, каде да домува, бидејќи нема сопствен стамбен простор


или не може да плаќа наемнина за користење на таков простор.


Бездомникот во такви услови бара користење на стамбен


простор, како социјален случај. Доколку го најде тој го решава


ова прашање. До колку не најде такво решение тој животот го


поминува низ улиците на градовите или на други населени


места. Според податоци од април 2009 година на Националниот


совет за бездомници во САД, во јануари 2005 година се


регистрирани 744.000, а во истиот месец 2007 година 672.000


лица. Со доаѓањето на кризата, 36 од американските сојузни


држави пријавиле зголемен број на бездомници. Со неа запрен е


трендот за намалување на бројот на бездомници и почнува


нивното зголемување. Во информацијата се истакнува дека


кризата најпрво ги погодува најслабите.




Науката е трка на идеи


90








Емиграцијата низ вековите и денес е појава кога


единката не може да ја остварува егзистенцијата во својата


земја, и тој тоа го бара во друга земја. Во основа емиграцијата е


движење на луѓе од неразвиените кон развиените земји. Таа е


со економски карактер. Кризата и покрај големите ветувања на


развиените држави за тоа дека нема да се зајакне


протекционизмот, обезбедувањето на нивните граници е се


понагласено. Заедно со тоа се преземаат и други мерки. Една


информација од јули 2009 година вели дека Италија ќе ги глоби


и протерува имигрантите. Друга информација од Британската


влада од август истата година вели, дека, само со добро


однесување и само морално подобните и заслужните странци ќе


можат да заработат и да добијат британско државјанство и


пасош. Емигрантот како единка, во кризата се наоѓа во уште


посложена положба, од претходната.


Нема делови во светот каде не се забележуваат протести


на луѓето за мерките, кои се преземаат од бројните субјекти


кон вработените луѓе. Мерките се однесуваат на намалување на


правата од работен однос, намалување на плата, отпуштање од


работа и ред друго. Протестите се со различна острина, од едни


кои се со голема острина до последните кои мирно и без


трзавици се остваруваат во животот. Со протестите единката го


манифестира својот очај од положбата во која се наоѓа.


Сиромашните луѓе го живеат својот живот со својата


судбина, исполнета со незадоволство кон себе и кон околината


која го опкружува, исполнет со гнев, очај и со ретко видување


на убавината на животот. Животот на овие луѓе е неподнослив


и во времето пред и во кризата.




Науката е трка на идеи


91








6.3. Богатите и кризата



Богатите луѓе постоеле одсекогаш во светот и таа е


стална категорија на луѓе, кои поседуваат голем имот,


учествуваат во разни акционерски друштва со свое учество во


нивниот имот, разни добра со високи цени и друго. Имотната


состојба, конкретната личност, може да ја стекнал: по пат на


наследство од своите родители или други лица, по крвна врска;


со склопување на брак и со тоа станува богат човек; со своја


долгогодишна успешна работа, која го крунисува во член на


оваа група единки; со други настани кои се случуваат во


животот на луѓето. Богатството може да ја удри единката во


главата, потоа тој да ја изгуби истата и да прави непримерни


потези, со кои може да се изгуби дел или целиот капитал.


Ваквите личности животот го завршуваат со реченицата, дека


во животот се брзо течеше само паметта кај мене закасни. Се


вели дека човекот, кој богатството го стекнал во својот живот, и


се однесува со смирена глава, е личност која внимателно


размислува за својот живот, за опкружувањето околу него, за


неговите комуникации со бројни институции, организации и


други облици на организации, се впушта во активности да


помага определени нешта, кој се од поширок интерес и друго.


Богатиот човек може да работи во некоја од неговите


организации, но воедно да биде и вон од нив. Без оглед каде се


наоѓа тој, битно е дека тој управува со неговото богатство.


Милионерите се луѓе кои поседуваат, најмалку 1.000.000


долари, додека милијардерите сума над 1.000.000.000 долари.


Во мај 2009 година беше достапна за јавноста веста дека


во кризата богатите и помалку богатите загубиле големи пари.


Во конкретно истражување за илјада лица е забележано дека,


најголемиот губитник го намалил својот капитал дури за 60


отсто. Оваа приказна потсетува на една друга приказна од 2000-




Науката е трка на идеи


92








2002 година, кога голем богаташ од неговите 90 загубил 30


милијарди САД долари. Истата личност и ден денес успешно
работи, сосема смирено, без никаква трага од настанот.


Во Светскиот извештај за богатството објавен во крајот


на јуни 2009 година се вели дека, бројот на милионери се


намалил за 15 отсто. Според овој документ, во светот има 8,6
милиони, милионери. Најголемиот број се од САД, следуваат:


Јапонија, Германија, Кина, Велика Британија и други.


Судбината на богатите луѓе, во материјалниот дел со кои


тие располагаат е неспоредлива со сиромашните. Нивното


богатство ним им гарантира, големи разлики во животот, во


споредба со сиромашните. Но, и овие личности се луѓе и тие се


наоѓаат во положба, животот да им носи како добри така и лоши


доживувања. Лошите доживувања можат да бидат со пеколни


содржини, поради кои и ним животот може да им биде


неподнослив, пеколен. Кризата, на овие луѓе ретко може да им


го земе работното место, станот, егзистенцијата и друго, но, таа


може да им го намали капиталот, профитот, имотот и друго.


Сето тоа може да им предизвика болка на душата. Во оваа


криза имаше и самоубиства.




7. Науката во кризата



7.1. Пронајдоци и нивна апликација




Науката е дејност која ја претставуваат луѓе кои се бават


со неа. Овие луѓе се неделив дел од целокупноста на луѓе во


светот. Тие се вклучени во сите дејности и во нив ја изразуваат


својата позитивна и негативна енергија. Тие како единки со




Науката е трка на идеи


93








своите особини не сé разликуваат од другите луѓе. Сé што


прават другите луѓе го прават и овие единки.


Со оглед на тоа што е константирана светската криза во


2008/2009 година, тоа значи дека и науката е учесник во


кризата, како сите други структури во општеството. А тоа се


однесува и на научниците, кои припаѓаат на оваа дејност.


Еден дел од научниците со својата работливост, љубов


кон работата, знаење, талент, упорност се одвојуваат од


целината, со создадените идеи, изуми, откритија, производии.


Нив можеме да ги препознаваме по тоа што: нивните дела се


прифатени како трајни добра поради нивната корисност, кое се


гледа во подобрувањето на квалитетот на животот на човекот


во семејствата; креирале нови орадија за работа, со кои се


воведува нова технологија; направиле значајни промени во


користењето на материјалите и репроматеријалите; влијаеле за


порационално користење на природните добра и друго. Покрај


тоа, научниците постигаат забележани резултати во


медицината, каде ова структура од науката, дојде и доаѓа до


техники и нивна примена во практиката, со што се подобрува


здравствената положба на луѓето. Тие заземаат значајно место


во образовниот систем, со што ги дефинираат појавите, за


нивно лесно препознавање и нивна реализација во реалниот


живот. Воедно, тие се значајниот кадар за едукација на младите


луѓе, за нивно оспособување за живот и работа. Нивната


позитивна енергија за промени и напредок во стопанството е


неизмерна.


Поголемиот дел од научниците се делот од нив, кој


успева пронајдокот да стане општо добро за поголем број на


луѓе. Станува збор за неговата примена, како постапка во


изведување на определена работа, како производ за


задоволување на потребите на потрошувачите и друго. Со оваа


дејност, која ја нарекуваме апликација, многу пати новитетот се




Науката е трка на идеи


94








подобрува, со што тој добива вистински облик. Апликацијата е


сложена работа, која бара знаење, упорност, средства и друго.


Алфред Бернард Нобел, син на сопственик на фабрика за


мини, во 1875 година, новодобиениот експлозив го именува


како динамит. Единаесет години подоцна го произведе


бездимниот барут. Тој имаше привилегија и да открие нешто и


да го произведе. Никола Тесла, е врвен пронаоѓач. Има


регистрирано поголем број на пронајдоци од областа на


електро техниката и во радио техниката. Во лексиконите е


забележано дека тој има патентирано околу 700 пронајдоци. Од


неговата лабораторија произлезени се овие добра, кои се


користат во цел свет. Неговите пронајдоци се лансирани на


пазарот од големите фирми на САД, каде тој во Њујорк го


помина поголемиот дел од неговиот живот.


Истражувачите кои се занимаваат со следењето,


прогнозирањето и друго за кризите, се луѓе кои пред себе


немаат експлозив или струја, туку само помагала кои им служат


да вршат обработка на поголем број на броеви. Многу значајно


е броевите да се чисти, ослободени од фризирања, кои можат да


бидат од повеќе чинители, како што е раката на политичарите,


сопствениците на фирми и други. Фризирањето тие го користат


за подобрување на својот имиџ, за интерес и друго. Со чистите


броеви и помагалата започнува нивната истражувачка работа.


Во неа сé прават операции со броевите во кои влегуваат:


собирање, одземање, делење, компарирање и друго. Со овие


операции се добиваат разни резултати, показатели. Така,


показателите за големината на масата на добра и услуги


претставува едната страна на вагата. На другата страна од


вагата се книжните пари и помалку вредните монети издадени


од Централните банки, акциите и голем број на книжни


симболи, кои се на име или безимени и покажуваат определена


вредност. Дали може човек да замисли, што претставува ова


тука кажано, а да биде за цел свет. Секако дека тоа не е можно,


бидејќи едни држави со други не се признаваат. Во таква




Науката е трка на идеи


95








состојба една национална економија не ги признава


вредностите на друга. До сега нема толку смел човек и да каже


каков е односот на едната со другата страна на вагата.


Претпоставките зборуваат дека меѓу нив постои голем


дебаланс, при што првата страна е многу мала за разлика на


втората која е огромна. Така, во етерот циркулираат само оние


бројки, кои ги презентира, едните одвоени од другите делови,


само ММФ, Светската банка и други.


Во таков амбиент истражувачот, како што е прифатено во


практиката, почнува од поединечното и се движи кон општото.


Се добива, на пример резултат за една Сојузна држава во САД,


па потоа за цела САД, се зема цел Континент, па наредниот и


така се добива глобален показател. Во пресметката се цени


специфичноста која е карактеристична за континентите и


друго. Истражувачот најмногу се потпира на САД која има


најразвиена информативна дејност и во неа тој, може да најде


најмногу показатели за сé и сешто.





7.2. Прогнози, планови, доктрини, дефиниции, прогнози



Луѓето од науката, покрај големиот број активности, кои


ги објавуваат во реалниот живот, во времето на кризата се


зафатија: со прогнозирањето, беа вклучени во изработката на


плановите, се разгореа дебатите помеѓу застапниците на


доктрините, се направија обиди за дефинирање на кризата и


пак, прогнози за заздравување на репродукцијата.


Во продолжение ќе стане збор само за еден мал дел научници.




Науката е трка на идеи


96








7.2.1. Прогнозите за кризата




Во врска со прогнозите за појавата на кризата, во


животот вообичаено е, а тоа и сега се случува, дека повеќе луѓе


сега кажуваат дека, ја предвиделе актуелната криза. Тоа не


може никој на никому да му го оспори. Меѓутоа, само


пишуваниот збор, направеното и виденото е сведокот за


таквата вистина.


Тимот од Нуриел Рубини, Насим Талеб и други, пред да


почнат пореметувањата во репродукцијата, напишаа и објавија,


дека финансискиот систем се движи кон огромна криза со


ликвидност. Тие и во самата криза предвидуваат до кога таа ќе


трае и какво влијание ќе има на конкретни подрачја во светот.


Оваа група истражувачи во која влегуваат и двајца со Нобелова


награда, а се верува и други такви, единки или колективитети,


имаат своја заслуга и им припаѓа признание за осознаеното и


формулирано знаење. Тие во овие години од кризата се


присутни на разни собири, дали во матичната држава или во


други земји и меѓународни организации.


Внимателниот читател може да забележи разлика,


помеѓу изумот за експлозивот и струјата, и овој за кризата.


Првиот истражувач повеќе време, како и вториот се бавеа со


истражувањата. Правеа голем број на проби, вршеа разни


операции за да дојдат до посакуваното. Во случајот со Нобел,


во една од пробите, од несакана експлозија загинаа луѓе, меѓу


кои и неговиот брат. Пронајдокот, двајцата научници го


образложуваа на поголем број стручни форуми. Во таа постапка


постоеја неверувања на луѓе кон пронајденото и се случуваа


покрај добри и лоши реакции на околината и друго. Од сето


тоа, како краен резултат беше добивањето на лиценца за


производот и следуваше лансирање на пронајдокот на пазарот.


Во случајот со нарушувањата, пронајдокот, дека




Науката е трка на идеи


97








следува криза во светот, остана скоро не забележан. После


објавувањето на веста дека следува кризата, може да им се


забележи на истражувачите, за нивната неупорност, поради тоа


што не се бореа нивното сознание да добие критична маса, за да


може светот да се заштити од нејзиното дејство. Ова барање


може да е преголемо, посебно поради краткото време за таква


активност, но компарацијата со упорноста на Нобел и Тесла,


тоа го наметнува за размислување. Дури во време кога кризата


јасно ги покажа своите белези, најодговорното лице во САД,


кажа дека нема нарушувања во репродукцијата, но брзо после


тоа, истиот предложи прв пакет мерки за совладување на


неповолните движења во неговата земја. Изјавата на


претседателот на САД не е случајно или набрзина кажано


определување. Таа по својата природа е и дело на многу


талентирани, компетентни луѓе, од непосредната близина на


претседателот, кои се занимаваат со ова прашање. Во случајот


може да стане збор и за научници. Така, за овој настан нема


патент за пронајдокот, како документ, но има покани за


учество на пронаоѓачите на значајни состаноци.





7.2.2. Планови и други документи за излез од кризата




Од содржините на овој текст, читателот јасно може


самиот за себе, да добие целосна слика и да разбере, со отсуство


на конечни и званични статистички податоци, бидејќи тие ќе


бидат објавени во наредните години, што направила САД, или


другите држави, а со тоа и цел свет, за совладување на


пореметувањата во репродукцијата. Кризата се совладуваше со


носење од надлежните органи пакети, планови, проекти и


друго. После првиот документ следува идниот. Плановите,


проектите и другите документи, претставуваат кажувања за:


белезите на кризата, за стравичниот притисок на единките за




Науката е трка на идеи


98








наплата на свои средства, врз дадените субјекти, во примеров,


банкарските, осигурителните и други финансиски институции;


проценките на стручните луѓе за големината на загубите; јасно


набележани мерки и активности,коишто треба да ги направат,


прво, дадените организации,кои се предмет на овие документи,


потоа и државата и други чинители; рокови за спроведување на


мерките. Луѓето од науката заземаа видно место во работата за


изготвување на овие значајни документи, на сите рамништа во


државата или на меѓународно ниво. Тие со своето знаење и


енергија, даваа свои идеи, со насоки како да се надминуваат


појавите во кризата.




7.2.3. Различни гледања изразени во доктрините




Кризата како појава со кратко траење, а со тешки удари


врз бројни субјекти и врз човекот, како единка, предизвика


разгорување на расправите во круговите на науката за пазарот,


како регулатор и за учеството на државата во својство на


регулатор на стопанската активност. Единките во науката ќе


имаат маса на материјали за однесувањето, како на пазарот,


така и на државата. Материјали со голема свежина кои чекаат


нивна обработка.


Во содржината на плановите, проектите и другите


документи донесени од државите во 2008 и 2009 година,


видливи се нивните ставови: за национализација на големи


банки; за купување на големи фирми од нивна страна; за


купување на хартии од вредност издадени од финансискиот


сектор и стопанството, со кое државата станува сосопственик


во таквата фирма; препуштање на други фирми да паднат во


стечај и друго. Покрај тоа, забележани се бројни билатерални


и други разговори помеѓу земјите, после кое следува и


купување, за голема маса на пари, на хартии од вредност на


една од друга




Науката е трка на идеи


99








држава. Овие документи зборуваат за огромна вредност на


капитал, кој преоѓа од една во друга рака. Тоа се случува, кога


акциите и другите хартии од вредност, се именувани со тоа,


дека тие претставуваат: ненаплатливи долгови, лоши долгови,


финансиски меур, токсична актива, балон економија и друго. За


проширување на овој видик интересно е и тоа дека на берзите


САД доларот бележи пад во однос со другите валути. Човекот се


наоѓа во положба, кога милионите и милијардите, не се


единствените поими во прометот, туку тие се надополнети и со


поимите билиони и трилиони. Ова појава отвора голем број на


прашања, на пример, од сето ова кој е губитникот, а кој е


добитникот? Кој е моќниот и кој е немоќниот? и друго.


Современата глобална организација на субјектите се


темели на искуствата од нивното функционирање во реалниот


живот, со тоа што постојано се шири просторот за оние што


покажуваат успех, додека се смалува истиот за неуспешниот


облик на организација. Во времето по кризата се очекува со


нови сознанија да настапат луѓето кои ќе ја напаѓаат улогата на


државата, со барања, да се шири просторот за делување на


пазарот, невидлива рака. Тоа се научниците следбеници на


Адам Смит. Во исто време други луѓе од науката, ќе докажуваат


дека со интервенцијата на државата, видлива рака, се спасени


голем број субјекти и друго, со што постепено се совладуваат


пореметувањата во репродукцијата, за разлика од пазарот, кој


во кризата не можеше во целост да ја остварува својата улога,


како регулатор. Тоа ќе го прават следбениците на Кејнз Џон


Мајнард.


Животот, практиката, науката не трпат никакви


ограничувања, за изразување на мислите на луѓето. Џозеф


Стиглиц, носител на Нобелова награда за економија од САД,


подеднакво ги напаѓа појавите, кои го претставуваат пазарот


или државата. Во време на актуелната криза, на крајот на јули


2008 година, за пазарот тој ќе каже дека: Светот не беше


внимателен кон неолиберализмот, бидејќи прифати, таа збрка




Науката е трка на идеи


100








на идеи што се базираат на фундаменталистичкото мислење


дека, пазарите сами се корегираат и ефикасно ги распоредуваат


ресурсите, со што тие се прикажани дека претставуваат општо


добро за јавните интереси. Пазарниот фундаментализам


изразен во Вашингтонскиот консензус по кризата 1973/74


година се залагаше за приватизацијата, либерализацијата и за


фокусирањето на независните централни банки, единствено


кон инфлација. Во февруари 2009 година Стиглиц истакна дека,


сегашната глобална криза го носи белегот произведено во САД.


Тој вели дека, ние ја извезуваме нашата филозофија за


намалување на државното регулирање на економијата,


извезуваме токсични хипотекарни хартии од вредност, а сега го


извезуваме и нашиот стопански пад. Тој бара државата да


направи длабоки неопходни реформи во целиот економски


систем.


Во употребата на поимите: невидлива рака и видлива


рака употребена е доза на мистерија, со која се исфрла од


реалниот живот во непознатост, веројатно од неможноста да се


контролираат големиот број на учесници, како на понудата,


така и на побарувачката. Денес размената се врши на пазарот,


кој е еден изграден целосен систем, ниту подобар ниту полош


од системот на државата. Но, и двата овие системи, пазарот и


државата, не можат да допрат до апсолутно регулирање на


размената. Системите се составени од луѓе на кои им треба


поделба на работите, со цел секој во својот делокруг да ги


остварува задачите, а со тоа и целите. На двата системи им


треба стално прилагодување на современите потреби и барања


на времето во кое се живее. Во тоа најдобро е да се поаѓа од


гледањето дека треба да се подржува оној облик на


организација, кој забележал видливи резултати во практиката.


Видливиот резултат треба да биде, прво неспорен и второ цел


на организациите на двата системи и другите.




Науката е трка на идеи


101








7.2.4. Дефинирање на кризата




Дефинирањето на кризата 2008/2009 година, е задача


која ја остварува науката. Во текот на кризата се јавија оценки


кои одат кон реализација на таквата задача. Уште на крајот на


декември 2008 година, Нуриел Рубини, професор по економија


на Универзитетот во Њујорк, врз основа на карактеристиките


на кризата, кажа дека: прво, рецесијата е неспорен аргумент и


второ, наместо инфлација, сега на сцената настапува дефлација,


заклучува дека, светот и државите ќе се соочат со проблемот


стаг-дефлација. Феноменот стагфлација од кризата 1973/74


година сега е заменет со поимот стаг-дефлација.





7.2.5. Прогнози за излез од кризата




Прогнозите на научниците за излезот од кризата се


различни, набљудувано по различни држави. Прогнозата на


Нуриел Рубини, носителот на Нобелова награда, уште во


средината на декември 2008 година кажа, дека рецесијата во


САД почна во декември 2007 година и ќе трае најмалку до


декември 2009 година, што претставува најдолга и најдлабока


рецесија од Втората светска војна, а кумулативното паѓање на


БДП веројатно ќе надмине пет проценти. Друг носител на


Нобеловата награда за економија, споменатиот Џозеф Стиглиц,


во септември 2009 година, дава оцена дека, има многу


финансиски организации, подржувани од државата, кои се


подготвени да се коцкаат, да тргуваат и да шпекулираат. Тој


вели: „Помина една година од пропаѓањето на американската
банка „Леман Брадерс”, а сé уште нема мерки што сé донесени
или сé навестуваат со кои ќе може да се гарантира спречување




Науката е трка на идеи


102








на повторувањето на минатогодишната банкарска


и финансиска криза.”


За реализација на прогнозите потребни сé големи напори


на сите субјекти во Светот. Најнеспорен дел од прогнозите во


науката се однесуваат на барањата, да се работи интензивно за


нови научни сознанија, истите да се претворат во реални добра,


да се работи на подобрување на квалитетот и квантитетот на


стопанската и општествената активност, афирмација на


вистинските вредности и сето тоа да биде во интерес за


задоволување на потребите на луѓето. Со новите технологии


треба да се штити планетата Земја од загадување, да се


зголемува користењето на соларната енергија и друго.



8. Одговорност за неделата



8.1. Криминалот во кризата



Во овој милениум луѓето се сретнуваат со изразито


јавување во животот и работата на многубројни деликти, кои се


темелат врз високи знаења, но, за жал со лоша, злобна,


крволочна, нехумана, неетичка содржина, во основа насочена


против животот, мирот и спокојството на човекот. Прометот со


делови на човечки организми, киднапирања, трговијата со


оружје и дрога, перењето на пари и друго, не само што тоа е


чис
т


криминал, туку истото, посредно или непосредно е


поврзано со бизнисот со легитимни организации од


националните стопанства и вонстопанства. Криминалците


бизнисмени се луѓе кои постојано размислуваат, како да дојдат


до својот плен. Формирање и злоупотреба на фирми како во


својата држава така и во други земји е нивна омилена




Науката е трка на идеи


103








активност. Криминалецот, бизнисмен формира резервна фирма


преку која купува квалитетна стока и со истата располага


според неговиот план. Тој намерно ја забавува исплатата на


фактурата добиена од добавувачот. Фирмата се става во


ликвидација. Добавувачот на стоката по повеќе опомени за


наплата на побарувањето, покренува судски спор. Тој спорот го


добива, а парите не, бидејќи судското решение не може да се


оствари, ликвидираната фирма нема никаква актива.


Злоупотребите на производите и услугите, како добра, се


премногу распространети, за остварување на плановите на


криминалците.


Перењето на пари, кои по својата суштина се предмет на


криминални и други дејствија, значи грчевита борба на


нивните сопственици, нив да ги вклопи во редовните,


законитите текови на парите, како и да го избегнат плаќањето


на законските давачки на државите, за нивното стекнување. На


нашата планета Земја постојат држави каде има либерални


финансиски системи, кои тоа можат да го обезбедат. Од


поголемиот број на локации се наведуваат само: Кипар, Панама,


Кајмански острови, Гиблартар, Бермуди. Од матичните држави


на овие сопственици и од меѓународни организации постојат


иницијативи, овие пари да се вратат во своите земји.


Матичните држави, посебно органите за прогон на


криминалот, бараат од одредени држави, во кој се вложуваат


пари, и се евидентираат како анонимен капитал, истите да им ја


отворат нивната евиденција за да може да се направи контрола


за нивните државјани. Се поставува прашање дали традицијата


ќе дозволи, да се влезе, по барање на друга држава, во овие


сметките на граѓаните.


Издавањето и продавањето на разни видови на хартии од


вредност, кои се емитираат врз конкретна законска регулатива


и други, претставуваат најмасовна активност на луѓето, кои сé


или не сé криминалци, но сепак, со оваа активност, некого го




Науката е трка на идеи


104








ставаат во положба без труд да дојде до големи средства,


додека другите, кои што претставуваат поголем дел од


целината на учесници во зделката, ги губат своите пари.


Во денешно време непостои нешто што суштествува а да


не биде предмет на работа на луѓето кои се бават со криминал.


Исто така, на планетата Земја нема ниту еден човек, кој би бил


имун од криминал.


Човекот кој се занимава со криминал е индивидуа која


има склоност за вршење на таква дејност. Тој врши работа која


се санкционира со националните законодавства. Со вршењето


на тоа, истиот влегува во голем ризик. Големината на ризикот е


толкав, што тој го става на коцка и сопствениот живот.


Склоноста на човекот е преполна со голема разноликост. Оваа


индивидуа сé верува дека е преполна: со себичност,


самозалажување, нечесност, алчност, егоизам, незаситеност,


лажење и друго.


Во кризата криминалот е составен дел на вкупните настани. До


колку се прифати теза дека во матно се лови повеќе, тогаш во


овој период се остварува поголем обем на криминал. Обратно


од тоа, до колку во кризата се чистат нечистотиите во животот


и работењето, тогаш во овој период треба да има намалување


на оваа дејност.





8.2. Чувството на човекот за одговорност за кризата



Одговорноста на луѓето за да дојде Светот во криза е


прашање на посебни истражувања на компетентните лица за


тоа. Се чини дека психолошкото расположение на единката е


такво, што тој сé повидливо ги чувствува врз себе притисоците


на кризата, за неговата одговорност, а тоа го тера да се стега




Науката е трка на идеи


105








самиот во себе. Со тоа тој посериозно почнува да размислува,


за народната изрека, дали “нозете ги пуштил подалеку од


големината на чергата”. Доаѓа до самоконтролирање на


неговите постапки во минатото. А контролата го тера уште


повеќе да внимава што прави и дали тоа што го прави е правото


или не.


Се чини дека се што ќе почувствува човекот како единка


во кризата, тој тоа негово чувство го пренесува и во сите


облици на организации, во кој што делува. Во обликот на


организација сега доаѓа до изразувања на сите чувства на


единките и тука во одлучувањето ќе се прифати чувство на


повеќето или чувството на сопственикот или пак, лицето кое


управува со овој субјект. За одлуката на единката како единка


одговорноста ја носи самиот човек, додека за одговорноста на


организација, одговорноста ја носи носителот на истата.


Чувството на одговорност е суптилна категорија, во неа


содржани се разни составни делови. Човекот кој пред и во


кризата бил на висока функција во организацијата, а таа сега е


предмет на споменатите планови за санација и друго станува


заробеник на своите чувства. Тој размислува кој пат да го фати.


Дали да почне да организира, вината да ја пренесува на друга


личност или не, дали да ја прифати вината или не, дали да ги


искине документите кој ги има и го компромитираат него или


не и друго. Се чини дека, без оглед на тоа дали оваа личност е


учесник во криминал или не, тој ќе се најде во позиција да ги


исчисти фиоките на своето биро и во чистењето ќе види дека


тој има некои работи кои добро ги заборавил, ќе види дека


некаде направил многу јасна лична грешка и друго. Кои делови


од неговото чувство ќе победи зависи и од карактерот на


самата личност.


Денес, посебно се нагласува одговорноста за направени


недела, од раководни и управувачки луѓе во стопанските


организации, како и на таквите од државата, кои се скриваат




Науката е трка на идеи


106








зад одлуките на колективните тела. Во стопанските


организации станува збор за собранијата, управните одбори или


за надзорните органи на истите. Во државните органи луѓето се


скриваат зад одлуките на Законодавниот дом, Владата и други


колективни тела. Влијанието на сите видови раководители и


управувачи во носењето на нормативните акти на


организациите од стопанството, како и таквите во државата, е


огромно. Нивното влијание е пресудно за нормирање на


даденото недело. Неделото во нормирањето е нагласено како


потреба од примарна важност за организацијата или за народот


и државата, а тоа носи приходи и други привилегии, за нив и за


нивните истомисленици.





8.3. Видови на мерки за казни изречени за кризата



Органите за прогон за криминални дејствија на државата,


наоѓајќи се во положба да разгледуваат пријава за сторено дело


во кризата, ништо не можат да направат, бидејќи вртејќи го


кривичниот законик, не можат да најдат, вистински текст, за


дејствијата направени од пријавениот, бидејќи тие не се


предвидени во законодавната регулатива. Доколку во


законикот постои текст кој што е истоветен со пријавата,


тогаш во отворањето на постапката, човекот од органот може


да се судри со законска одредба, во која стои дека, таквото


дејствие е легално и дека претставува примарен интерес на


органот или организацијата. Ваквата или слично на неа


практика доведува до разврска во која, многу мал број на


чинители за настанување во кризата ќе останат недопрени,


неказнети. Сосема мал број на поединци од нив, ќе ја вкусат


силата на државата, но само за чисти, класични криминални


дејствија. Нешто поголем број на сторители на злодела ќе


поминат, со поднесување на оставки од работното место и




Науката е трка на идеи


107








функцијата, други ќе бидат разрешени со одлука од надлежен


орган, трети ќе добијат одлуки за преместување од едно на


друго работно место и функција и друго. Во продолжение ќе


стане збор за сосема мал број на луѓе,кои се предмет на судската


власт или други надлежни тела и органи.


Казните за субјектите, кои западнале во нагласена


неликвидност и друго, е нивната ликвидација. Тоа за еден дел


од нив значи и бришење од регистарот на државата, што е


најголема казна.





8.4. Примери за изречени мерки за функционери на држави



Претседателот на Тајван од 2000 до 2008 година е осуден


на доживотен затвор од Окружниот суд во Тајпеј, во постапка


долга три години. Одлуката на судот е соопштена во втората


половина од 2009 година. Чен Шуи Бјан е осуден за корупција и


други дела. Неговата вина во пари изгледа како што следува:


проневера на 3.2 од претседателскиот кабинет, примање мито


во висина од 9, и за уште едно мито од 2.7, или вкупно околу


14,9 милиони САД долари.


Во почетокот на 2009 година, по силен притисок на


граѓаните на разни протести, падна Владата на Исланд, со


поднесување на оставка. Казната овде е оставката. Овој настан


директно е поврзан со актуелната глобална криза. Во


размислувањата за развојот на оваа земја пред повеќе време


беше прифатена определбата, таа да му даде предност на


банкарството, нешто слично како што тоа изгледа во


Луксембург и Швајцарија. Договореното е сторено. Извршена е


приватизација на банкарските организации, на кои им е


обезбедена голема слобода во дејствувањето. Со деловната


политика на банките, се обезбеди атрактивност, не само за




Науката е трка на идеи


108








земјата туку и за граѓани и субјекти од други држави. За кратко


време банкарството во државата стана десет пати поголемо од


економијата на земјата. Во ваквата активност банкарските


организации имаа преземено врз себе голем ризик,


управувањето на истите стана несоодветно на обемот на


работата и потребите, кое доведе до голема неликвидност. На


таквата состојба му помогна и отсуството на контролата врз


нив од државата. Како последица на тоа, дојде до голем пад на


активностите во земјата, на пад на оваа несоодветна,


неприродна, изнасилена организација на банкарството во


државата. Тоа создаде проблеми на земјата за подолг период на


време.


На крајот на првата половина од 2009 година даночната


управа објави резултати од својата истрага со која се потврдува


дека британските министри го пријавувале личниот данок како


трошок. Со оваа акција на управата сé зафатени 40 министри,


нивни заменици и помошници за прекршување на конкретен


закон. Формиран е случај, кој предизвика парламентарна криза.


За расплет на кризата лидерот на либералдемократите побара


оставка од спикерот на парламентот. Појава која е невобичаена,


бидејќи спикерот не се менува, туку тој останува на тоа место


додека не се повлече, или пензионира или почини. Спикерот на


парламентот Мајкл Мартин, врз основа на создадениот


притисок поднесе оставка на функцијата. На негово место дојде


Џон Беркоу пратеник од опозицијата. Во расплетот на кризата


забележани се и оставки на пет министри и друго. За


направените недела казната е оставка од функцијата и со


ветувања дека тоа што било направено, нема да се повтори.


Тројца градоначалници од државата Њу Џерси, САД


заедно со поголема група од 30-40 лица во средината на


2009 година се уапсени за корупција и перење пари.


Корупцијата во оваа средина била прифатена како начин на


живот за обвинетите. Од гувернерот на Њу Џерси забележана е


изјава во




Науката е трка на идеи


109








која се вели дека, степенот на корупција што ја открива овој


случај е скандалозен и не може да се толерира. Се верува дека


оваа судска постапка, ќе трае повеќе време.




8.5. Примери од стопанството



Според информација од првата декада на септември 2009


година на американската Федерална корпорација за


гарантирање на влоговите, годинава се затворени 89 трговски


банки. Таква појава во 2007 година се забележала за три, додека


во 2008 година за 25 банки. Во САД државата гарантира целосна


исплата на влоговите, кои не се поголеми од 250.000 долари.


Тоа значи, дека казната ќе ја почуствуваат во втората година од


кризата, далеку поголем број на банкарски организации,


споредени со претходните години. Единките,


штедачи кои имале поголеми влогови од споменатата сума во


овие банки, разликата од лимитот до вкупниот влог, ќе го


загубат. Тие ќе бидат казнети за вина која ја направиле други


луѓе и организации.


Бернард Медоф е осуден во средината на 2009 година, во


сојузната судница на Менхетен САД, на 150 години затвор за


измама на илијадници инвеститори во светот за сума од 65


милијарди долари. Овој човек на 71 годишна возраст на


судењето признал дека не може да најде оправдување за


неколкудецениската измама, која е најголема во историјата на


оваа држава и во светот. Големината на казната е опомена на


сите инвеститори кои работаат со парите на другите луѓе.


Ален Стенфорд и двајца негови блиски соработници се


обвинети во третата декада од фебруари 2009 година од


американската федерална Комисија за хартии од вредност и


акции, за измама вредна 8 милијарди долари. Овој човек на 58




Науката е трка на идеи


110








годишна возраст практикувал, според обвинението, преку


неговата инвестициска банка, издавање на хартии од вредност


со нагласена гаранција, која била надминувана од нејзините


реални можности.


Еден службеник на Сосиете женерал, Франција извршил


проневера во висина од 4,9 милијарди евра. Луѓето од управата


на ова голема банкарска организација се вчудоневидени, како


еден човек, од нивната средина, без да забележи никој со


дејствија од 2007 и 2008 година, да направи толку голема


проневера. Проневерата е резултат на познавањето на


технологијата на банката и наоѓање на можност како таа да се


злоупотреби. Главниот извршен претставник Даниел Бутон, по


овој повод поднесе отставка од функцијата, но, таа не му била


прифатена од Одборот на банката. Лицата кои биле одговорни


за надзорот врз оваа личност, самоволно ја напуштиле работата


во оваа банкарска групација. Случајот е откриен во почетокот на


2009 година.


Органите за прогон во сите држави, според своите


сознанија, сигурно е дека ќе водат поголем број предмети за


докажување на недела за голем број лица. Овие тела посебно


ќе се зафатат со индивидуите од фирмите, коишто беа носители


на загуби во кризата. Постапките по овие предмети можат да


траат повеќе време.


Надлежните тела на организациите во стопанството, во


целиот период за време на кризата, разгледуваа, уважуваа или


не ги подржуваа оставките на бројни раководители. Во


банкарските организации посебно внимание се посвети за


земањето бонуси од раководителите и други на организациите


за направена деловна зделка. По ова прашање во некои држави,


а со цел да се смират и доведат во нормала бонусите, до


невидени граници се зголемија, на пример, даноците со стапка


дури до 90 отсто. Воедно од државните органи беше упатувана


до корисниците на бонусите, да ги вратат земените средства по




Науката е трка на идеи


111








овој основ. За да може читателот да ги разбере бинусите, се


истакнува пример од САД. Информацијата, која е прогноза од


октомври 2009 година, вели дека 23 американски банки на


своите службеници и оваа година им исплатиле бонуси од околу


140 милијарди долари. Износот е поголем од таквиот во


2007 година, кога изнесувал 130 милијарди долари.





9. Кризата во Република Македонија




9.1. Социјалистичка Република Македонија во кризата 1973/74
година





Кризата 1973/74 година, која го зафати целиот свет


силно се одрази и на животот и работењето во земјата. Таа


влијаеше како на намалување на обемот на производството така


и на потрошувачката. Во кризата се забележа потешко доаѓање


до суровини, енергенси и девизи. Тоа доведе до смалување на


обемот на производството. По високите стапки на пораст на БДП


во претходните години, во 1973 и 1974 година, истите се


намалија на пониско ниво, но тие не поминаа во негативни.


Заедно со ова се смали и продуктивноста на трудот која, исто


така, забележуваше повисоки стапки на пораст во претходниот


период на време.


Посебен проблем во кризата претставуваше немањето


потребни девизни средства за снабдување на земјата. Оваа


состојба предизвика носење на мерки, со кои започна


рационализација на трошењето на нафта и други енергенси,


девизи и друго. Во рационализацијата беа вклучени сите, од


човекот до државата. Така се воведоа мерки, со кои еден ден се




Науката е трка на идеи


112








снабдуваа возилата со бензин кои имаа парен број на


табличката, додека наредниот возилата со непарен број и друго.


Немањето на потребни стоки и услуги на пазарот,


доведуваше до покачување на цените на производите и


услугите. Така, инфлацијата го покажа своето лице. Тоа не се


однесува само на времето на кризата, туку истата се вдоми во


животот и работењето на луѓето. Инфлацијата била најголема


во 1981 година кога достигна стапка на пораст до 40 отсто.


Во овие времиња ММФ и СФР Југославија заклучија


повеќе аранжмани за стабилизирање на стопанските и


општествените текови. Собранието на СРМакедонија,


учествуваше во одлучувањето за сите овие аранжмани и друго.





9.2. Нашите прогнози за кризата 2008/2009 година



Научната, стручната јавност и граѓаните, кои ги следат


трендовите во светот, уште во последното тромесечие од 2007


година, го забелжаа, месечното нагласено намалување на


бројот на вработените во САД. Овој знак и други такви, кои се


повторуваа во 2008 година, како и забележителните истапувања


на познати стручњаци од светот за кризи, уште во првото


тромесечие на 2008 година, јасно се виде, дека во САД започна


голема криза, со евидентна можност, таа да пламне во цел свет.


Оваа појава почна да се манифестира и во односите


помеѓу нашите и странските фирми. Полека, но сигурно почнаа


да се чувствува промени во однесувањето на странските


партнери, како кон нашите понуди за продажба на стоки и


услуги, така и за нарачките за набавка на суровини и


репроматеријали и друго.




Науката е трка на идеи


113








Македонскиот берзански индекс познат како МБИ - 10, се


формира од показатели на македонски фирми. Тој зборува за


движењата во нашата земја. МБИ - 10 е глобален показател за


нашата активност, набљудувана од берзата. Индексот на 28 мај


2008 година, покажуваше вредност од 5.709,80, на 03


септември


2008 година, падна на 5.092,92, а на 22 декември 2008 година


го продолжи тој тренд и падна на 2.221,48. Разликата помеѓу


првиот и третиот показател изнесува 3.488,32 поени. Показател


кој зборува за губење на големи вредности за акционерите било


да се физички или правни лица. Губењето или добивањето на


берзата, за конкретни акционери, се пресметува врз основа на


цените на акциите, кои ги поседуваат. Секоја компанија има


свои цени на акциите.


За 2008 година во анекс 1 Проекција на


макроекономските агрегати, објавена на 27 декември 2007


година, е предвидено БДП да се покачи во споредба со


претходната година за 6.0 отсто. На 25 декември 2008 година во


анекс 1 Основни макроекономски индикатори, за истата година


порастот на БДП е регистриран со стапка од 6 отсто. Последните


денови од декември 2008 година Благица Новковска, директор


на Државниот завод за статистика, изјави дека за 2008 година


растот на БДП изнесува 5,3 отсто и дека овој резултат


произлегува од претходните статистички податоци. Во нив


првиот квартал е со бројка за зголемување од 5,3, вториот од


6,2, и во третиот од 5,5 отсто. За четвртиот квартал е влезена


проценка со вредност, од само 4 отсто. Таа истакна дека тие не


очекуваат отстапување од овој до конечниот показател.


Буџетот на Република Македонија за 2009 година беше


донесен на основа на предвидувањата за пораст на БДП од 5,5


отсто, и покрај поинаквите гледања, на пратениците од


опозицијата, на стручни лица од земјава и некои субјекти од


меѓународно значење, кои предвидуваа пораст, но со помала


стапка.




Науката е трка на идеи


114








Во втората декада од април 2009 година Владата објави


дека е изготвен ребаланс на буџетот, со кој се корегира стапката


на пораст на БДП од 5,5 на 1 отсто. Исто така, премиерот Никола


Груевски, истакна, дека буџетот е намален за 9 проценти,


односно расходниот дел на овој документ е смален за 173


милиони евра. Собранието на Република Македонија го донесе


овој документ, во првата декада на јуни 2009 годинја, со тоа


што смалувањето се зголеми и изнесува 216 милиони евра.


Во третата декада од јуни 2009 година во јавноста се


пласира соопштение дека, во првото тромесечје од 2009 година


БДП се намалил за 0,9 отсто, во споредба со истиот период


минатата година.


Владата на Република Македонија во првата декада од


септември 2009 година го прифати вториот ребаланс на


буџетот. Со него расходниот дел од буџетот е смален за 80


милиони евра. Со вториот ребаланс на буџетот останува


првично најавената проекција дека, годинава економијата ќе


заврши со минус 0,6 отсто. Ова прогноза вели дека и во третиот


квартал ќе има пад на економијата, а само во четвртиот


квартал се очекува раст од 1 до 1,5 отсто, со што ќе се


компензира падот од трите квартали. Собранието на Република


Македонија на 8 октомври 2009 година го прифати вториот


предло
г


ребаланс, со тоа што од поднесените 153 амандмани,


тоа прифати само 13.


На 18 септември 2009 година соопштено е дека и


официјално Македонија е во рецесија. Како показател е


употребен падот на БДП од 1,4 отсто во второто тромесечие од


годината.


Од споменатите и други аргументи може да се каже дека,


во прво време од избивањето на кризата, кај нас се сметаше,


дека таа не се однесува на нашата земја. Таквата проценка




Науката е трка на идеи


115








беше темел за фундирање на буџетот за 2009 година, за


целокупното наше однесување во животот и работењето.


Меѓутоа, движењата забележани за МБИ-10, го тврдат


спротивното. Исто така, значаен за тоа е и смирениот пораст на


БДП во четвртиот квартал на 2008 година. Познато е дека


најголем резултат нашето стопанство покажува во овој квартал,


и тоа поради, се уште присутно нагласениот нејзин сезонски


карактер. Остварената стапка на пораст од 5,3 е пониска од


предвидувањата кои се забележани со пораст од 6, за 0,7 отсто.





9.3. Мерки на државата за кризата



Во третата декада од ноември 2008 година, Владата


донесе мерки за кризата, кои што чинат 330 милиони евра.


Овие средства, како што истакна премиерот, нема да отворат


дупка на буџетот од 2009 година, но може да се смета и за


ребаланс на истиот. Премиерот истакна дека, со мерките


правиме превентивни чекори за да се ублажи евентуалното


доаѓање на таква ситуација, или недоаѓање, до колку е можно


тоа. Најголема ставка од мерките претставуваа олабавувањата


за оданочување на добивката, кои чинат 100 милиони евра. Ќе


се намалат царините на одделни суровини и репроматеријали,


ќе се намалат даноци за индивидуалните земјоделци, ќе се


донесе закон за мирување или отпишување на долговите на


фирмите за здравствено осигурување, усвоен е и Закон за


целосен отпис на каматите кои произлегуваат од долгови и


придонеси за задолжително социјално осигурување,


побарувањата што ги има Владата од „ОХИС” Скопје, „ЕМО”
Охрид, “Тутунски комбинат” Прилеп и „Еурокомпозит” Прилеп,
ќе се претворат во траен влог во овие фирми и друго.


Собранието на Република Македонија ги изгласа сите десет




Науката е трка на идеи


116








мерки на Владата на своја седница, одржана во втората декада


од декември 2008 година.


Во втората декада од април 2009 година Владата соопшти


дека изготвила сет од 70 антикризни мерки, од кој најзначаен е


споменатиот прв ребаланс. Со спроведување на овој документ


ќе се влијае на зголемување на штедењето. Со привремената


забрана за вработување во јавниот сектор ќе се заштедат 327


милиони денари, потоа се одложува најавеното зголемување на


платите на администрацијата, со што ќе се заштедат 531


милиони денари, се намалуваат сите јавни трошења на средства


и друго. Кај капиталните расходи се предвидува позабавено


нивно трошење. Ќе се укинат бонустите во сите јавни


претпријатија и акционерските друштва каде државата е


најголемиот сопственик. Во втората група на мерки влегуваат


напорите на државата за земање од „ЕИБ”, Европската
инвестициона банка, кредитна подршка од 100 милиони евра за


мали и средни претпријатија. Во последната, трета група на


мерки, нагласена е потребата за намалување на сите трошоци.


Кратко време по соопштението на Владата, во


медиумските средства за комуникација и на јавни собири,


луѓето кои имаа поинакво гледање од Владата, за напад на


донесените 70 антикризни мерки, беше искористена прогнозата


на ММФ, содржана во анализата за движењето на светските


економии. Во овој документ Фондот прогнозира дека, годинава


ќе имаме еден од највисоките минуси во тековната сметка во


Централна и Источна Европа од минус 14,1 отсто од БДП, додека


регионалниот просек ќе биде 4,1 отсто. Во нивната прогноза


стои дека годинава ќе влеземе во зона на негативен раст од 2


отсто од БДП. Суштината на нападите на луѓето со поинакво


гледање, се состоеше во тоа што се бараше поконкретни и


поделотворни мерки за решавање на кризата. Да не се


дозволи пропаѓање на она, што е сосема мало и многу ранливо.


Се бараше државата да не биде себична и да се грижи само за


себе туку тоа да го прави за целата земја.




Науката е трка на идеи


117








Во средината на третата декада од април 2009 година


Владата донесе пакет на мерки поврзани со кризата. Во нив


влегуваат: намалувањето на лимитот за користење на


службените мобилни телефони за 30 отсто во целата државна


администрација; намалувањето на надоместоците кои


транспортерите ги плаќаат за фито и ветеринарен преглед на


граничните премини, за 30 отсто; се обезбедуваат средства за


ангажирање на 5.000 невработени лица за период од 6 месеци


за вршење на јавни работи и друго.


Владата на Република Македонија, во првата декада од


септември 2009 година го подготви вториот ребаланс на


буџетот, со кој се предвидува намалување на издатоците за


одделни капитални објекти, кои чинат 70,5 милиони евра. Втора


по големина мерка е стопирањето на сите нови вработувања, со


исклучок на оние по Рамковниот договор и за европските


потреби, со што ќе се заштедат 11 милиони евра. Ќе се намалат


трошењата за 50 отсто за дневници и службени патувања и


друго. Со овие мерки направена е корекцијата за намалување


од 100 на 78 милиони евра, за задолжувањето на државата кај


домашните банки, како начин на финансирање на буџетскиот


дефицит. Идејата на мерката е до крајот на годината, оваа


можност да ја користи стопанството. Потребите за


финансирање на дефицитот ќе се задоволуваат, и тоа: од


еврообврзницата, од поволни развојни кредити од Светска


банка за патишта и за подршка на буџетот од 30 милиони


долари. Тука стои и можноста за повлекување на 57 милиони


евра од посебна квота на ММФ. Така нема посебна причина за


склучување на аранжман со ММФ. За она што најмногу е


заинтересирано стопанството беше истакнат став со кој се


корегира првобитната сума за кредитирање на малите и средни


претпријатија од 200 на 150 милиони евра. Од нив 75 отсто


ќе бидат од ЕИБ, а другите од 25 отсто од банките во земјата.


Каматата останува иста 6 отсто на годишно ниво.




Науката е трка на идеи


118








Мерките на државата имаат најмалку две насоки.


Мерките со најголема вредност се однесуваат за ликвидноста на


буџетот, задржување на курсот на денарот и друго. Многу


малку и со нагласена спорост се мерките кон стопанството, кое


во оваа криза е најповеќе погодено. Може да се рече дека


кризни мерки за граѓаните, како да немаше.


Задолжувањето на државата кон странските банкарски и


други организации, како и кон банките на нашата земја, беа


тема на повеќе расправи, на собири, во печатените и другите


медиуми и друго. Со стратегијата за управување со јавниот долг


од 2009 до 2011 година, која беше предмет на расправа во


Собранието на Република Македонија во м. мај и м. јуни 2009


година, предвидено е во 2009 година земјата да се задолжи с


370 милиони евра. Владиниот кабинет во сите документи и


расправи настапуваше дека, буџетскиот дефицит изнесува 2,8


отсто од БДП. Спротивно од тоа беа истакнувани пресметки од


повеќе чинители, дека оваа категорија е поголема од така


прикажаната. Второ прашање кое беше секојдневие е


големината на каматите. Се напаѓаа направените зделки за


предвремено враќање на кредитите кон странство, кои беа со


ниска камата, а сега се зема такви со далеку повисока цена.


Владата овие напади не ги прифаќаше со докажување дека сé


што е направено е во интерес на државата.


За задолжувањето на државата кон странство и кон


нашите банки посебно место во 2009 година заземаа: прво,


издавањето од нашата земја на еврообврзницата, која е купена


од повеќе европски држави и која им носи камата од 9,87 отсто.


Враќањето на позајмените пари на странските држави, ќе се


врши во наредните три и пол години, разделени во рати секоја


рата ќе содржи враќање на дел од долгот и камата. Парите од


еврообврзницата се смета да се употребат за покривање на дел


од дефицитот на буџетот на државата и за купување на девизи


за потребите на девизните резерви кои се водат кај Народната


банка на Република Македонија; второ, државата во повеќе




Науката е трка на идеи


119








наврати издаваше хартии од вредност со кои собираше пари од


домашниот пазар. Купувачи на хартиите од вредност беа


воглавно нашите банки. Каматата која ја плаќа државата за овие


позајмувања се движи помеѓу 5 и 9 отсто. Овие пари се


користени за покривање на дел од дефицитот на буџетот и


друго.





9.4. Македонските банки во кризата



Кризата 2008/2009 година се јави во банкарскиот сектор,


за покасно да ги поклопи сите делови на човековата работа и


живеење. Таа им ја изеде гордоста, поносот, имиџот на


најголемите авторитети во светот. Ги направи неуки,


најучените кадри во банкарскиот сектор. Тоа им се случи и на


управните одбори, надзорни одбори и собранијата на овие


институции. Се верува дека, тие нема да се согласат со оценката


дека, кризата е казна за лошото управување. Но, од вистината не


може да се побегне.


Манифестациите на појавите за кризата во РМ во прво


време беа потценети. Кај нас доминантно беше гледањето дека,


кризата е на САД и на другите држави, дека кај нас нема таква


неликвидност на банките и дека појавите, сé со психолошка


содржина. Претпоставката за тоа лежи во фактот што, тоа што


се изманифестира со појавите, за кратко време, истото ќе си


дојде на своето претходно ниво.


Меѓутоа, појавите кои ни се случија: прво, со падот на


МБИ-10 во 2008 година и второ, со смирениот пораст на БДП


во четвртото тромесеие на 2008 година, зборуваат, дека тоа не е


само психолошко чувство, туку станува збор за суштински


нарушувања во репродукцијата. Овие показатели и настаните


во 2009 година зборуваат за тоа, дека постигнатите цени на




Науката е трка на идеи


120








акциите на банките и претпријатијата во средината на 2008


година, сеуште се многу далеку од посигнатото највисоко ниво.


Тоа не е проблем само за акционерот, туку и за банката, која


има значително намалување на нејзината актива во споредба од


таквата во средината на минатата година. Акционерот има низа


кошмари, губење на соништа, немир и расипано расположение,


бидејќи неговиот имот, кој е на хартија му е значително


намален.


Во 2008 година позабележително е влезен странски


капитал, низ разни облици, во: ,,Охридска банка” Охрид,


,,Извозна и кредитна банка” Скопје, ,,Инвест банка” Скопје,


,,Силекс банка”, Скопје, која сега работи како ,,Централна


коперативна банка” Скопје и други. Докапитализација со 10,8


милиони евра е направена на „НЛБ Тутунска банка” Скопје.
Докапитализацијата ја изврши „Нова љубљанска банка” од
Љубљана, со што Групацијата на НЛБ, го зголеми учеството во


скопската банка на 86,97 проценти. За оцена на овие зделки,


поучно е, да се види нивната цена, кој како поминал, односно


кој добил, а кој изгубил.


Во четвртото тромесечие од 2008 година беа


вознемирени штедачите за своите заштеди. Некои од нив


почнаа да ги повлекуваат од банките своите пари. Оваа појава


беше амортизирана од Народната банка на Република


Македонија, со порака дека, тие треба мирно да спијат бидејќи


нивните влогови се безбедни. Тука се нагласуваше ликвидноста


на банките во земјата, како и моќта на Фондот за осигурување


на депозитите.


Народната банка во текот на летото 2008 година, а со цел


да се смири инфлацијата презеде мерки за намалување на


кредитирањето. Таа, тоа го направи и на крајот на оваа година,


се цел банките да обезбедат поголема ликвидност. Двете


реченици зборуваат за јакнење на рестриктивните мерки во


банкарството. Како составен дел на мерките е зголемувањето




Науката е трка на идеи


121








на каматните стапки на банката, кои се покачија во април 2009


година од 7 на 9 отсто. Со тоа создаден е амбиент, многу тешко


да се доаѓа до денарот. Очигледно е тоа, дека иако немаме


аранжман со ММФ, кај нас се спроведуваат нејзините формули


за стабилизација, поврзана со курсот на денарот. Јасно е дека со


тоа докажуваме дека немаме монетарна слобода, како што ја


имаат големите држави. Во продолжение следуваат неколку


редови, за да резимираме што направи САД во кризата.


Државата, со огромна маса на пари, во текстот се прикажани


само дел од нив, ги купи хартиите од вредност и со овај чин


создаде маса на пари на пазарот, за да може да функционира


државата.Таа, за тоа потроши свои и позајмени пари од други


држави и друго. Централната банка на САД, каматата од 5,25


проценти од 2007 година, ја намали на 0,25 проценти, со што


прати порака до банкарските организации во земјата, за


олабавување во финасискиот сектор. Две мерки, многу


конкретни, јасни и изразени со извршени уплати, или со


значително намалување на обврските на банките кон


Централната банка. Со нашите мерки ние ја штитиме


вредноста н денарот, додека САД со нивните мерки


настојуваат да ја зауздаат рецесијата и да обезбедат покачување


на БДП.


Банките во Македонија успешно ја завршија ова година,


со позитивни биланси од работењето. Така, овој дел од


македонската структура не вршеше притисок врз Владата, со


барања за било какви санации и друго.


Водечките банки во земјата со успех го завршија и


првото полугодие на 2009 година. Одржана е и ликвидноста.


Народната банка во втората тромесечност на 2009


година, инсистираше кај Владата, таа да обезбеди девизни


средства. Барањето беше оправдувано од поголемото


смалување на девизните резерви на земјата. Смирувачки тонови


за ова се забележаа во средината на септември 2009 година,




Науката е трка на идеи


122








кога се истакна дека смалувањето на девизните резерви е


санирано и тие се вратени на висината од крајот на 2008 година.


Кредитирањето на банките на организациите и граѓаните


во 2008 година забележа пораст од околу 40 отсто во споредба


со 2007 година. Народната банка во времето од последните


месеци на 2008 година до завршувањето на летото во 2009


година, во континуитет ги зголемуваше каматите, а банките го


пратеа тој тренд, така да во оваа година се забележа


покачување на каматите и до 19 отсто. Како последица на тоа


кредитирањето на фирмите е со пораст од 0,6 отсто а кај


граѓаните со 3,8 отсто, во споредба со крајот на 2008 година. На


крајот на август вкупните кредити на стопанството изнесуваат


1.6 а на домаќинствата 1.1 милијарди евра. Во земјата сè
погласни се барањата за олабавување на рестриктивната


фискална политика, кон банкарскиот сектор, а кон државата да


не ги собира со хартии од вредност, слободните парични


средства на банките, за задоволување на нејзините потреби. Со


тоа треба да се создаде простор, за враќање на кредитирањето


во положба како што се практикуваше поголем број на години.


Во првите шест месеци од 2009 година побарувачката на


кредити од населението е намалена за 50 отсто во споредба со


истиот период од 2008 година. Додека барањата на кредити од


фирмите во истиот период е на исто рамниште, како во 2008


година.




9.5. Најпогодени со кризата се организациите од реалното
стопанство





Заводот за статистика на Република Македонија, на


крајот на 2008 година соопшти, дека годината е завршена со:


пораст на БДП од 5,3 проценти; трговскиот дефицит изнесува




Науката е трка на идеи


123








3.1 милијарди долари; инфлацијата е 8,2 проценти мерена


според трошоците за живеење; со пораст од 6,7 отсто на


индустриското производство и друго.


Неповолниот тренд во стопанството кој почна во


четвртото тромесечје на 2008 година продолжи и во 2009


година. Покрај показателите за БДП, тука ќе стане збор за


движењата во областа на индустријата, која е значаен дел на


македонското стопанство. Индустријата за периодот од јануари


до август, во однос со истиот период од 2008 година, забележува


пад од 12,8 проценти. Најголемо намалување од 19,8 проценти е


забележано во м.јули. Металскиот комплекс и текстилната


индустрија трпат најголем удар од кризата.


Вкупниот обем на стоковната размена на земјата со


странство, јануари-јули 2009 година, споредена со истиот


период од минатата година, изнесува 4,2 милијарди САД долари


или 62,6 проценти. Намалувањето е за 37,4 проценти. За истиот


период на време извозот изнесува 1,45 милијарди САД долари и


е намален на 58,0 проценти, така што намалувањето изнесува


42


проценти. Увозот изнесува 2.77 милијарди САД долари и е


намален на 65,3 проценти, така што намалувањето изнесува


34,7 проценти. Трговскиот дефицит изнесува 1.32 милијарди


САД долари. Се напоменува дека броевите се претходни


податоци на статистиката.


Трите групи на показатели, за БДП, движењето на


индустриското производство и состојбите за стоковната


размена со странство ја даваат сликата на нашата земја за


нејзината положба во времето на кризата во поголемиот дел од


2009 година.


Во овие вкупни состојби забележани се и понагласено


добри и лоши поединечни случаи. Раководството на „ТЕ- ТО”
Скопје, излезе со соопштение во средината на 2009 година, дека


кризата нема влијание на изградбата, која се одвива строго по




Науката е трка на идеи


124








предвидениот план. Инвестицијата изнесува 150 милиони евра.


Оваа фирма претставува прва централа во земјава што ќе


произведува комбинирано топлинска и електрична енергија на


природен гас. Со информацијата е најавено дека таа ќе биде


пуштена во погон во првото полугодие на 2010 година.


„Сведмилк” Скопје, тукушто изградена индустрија за
производство на млечни производи, не само што успеа брзо да


допре со своите производи до потрошувачите во Републиката,


исто така, таа со голема брзина им го загорчи животот на многу


производители на млеко, на нејзините доверители и на цела


држава. За кратко време направи големи загуби, мерени со


јазикот на нашата земја. Оваа фабрика која во моментот се наоѓа


во ликвидација, падна во криза во средината на 2008 година и


сигурно ќе влезе во списокот на банките на САД, кои во тоа


време ликвидираа или покажуваа неликвидност, мерена со


најголеми броеви.



9.6. Паѓање и почеток на опоравување на берзанскиот индекс



Македонскиот берзански индекс којшто беше


регистриран со вредност од 2221,48 на ден 22 декември 2008


година, продолжи да паѓа и во 2009 година. Индексот во третада


декада од февруари благо падна под 2000. На 5 март неговата


вредност изнесуваше 1.756,15. Вредноста на индексот во насока


на опоравување на ден 20.07 изнесуваше 2.467,17. Таа насока


ова категорија ја потврди и на 1 октомври со вредност од


3.101,88.


Доколку се земат во предвид споменатите показатели,


произлегува дека од 22 декември 2008 година до 5 март


2009 година намалувањето на индексот изнесува 465,33 поени,


што значи, големина врз која се пресметува губењето на


имот на акционерите. Од друга страна, разликата помеѓу


3.101,88 и




Науката е трка на идеи


125








1.756,15, која изнесува 1.345,73 поени е показател со кој се


пресметува колку е наголемен имотот на акционерите.


Броевите се прекрасно помагало на човекот. Со нив


можете да претпоставувате, конмбинирате, маневрирате со


разни комбинации за да дојдете до посакувани видувања. Така,


до колку сакаме да видиме што се случува на нашата берза во


споредба со таквите во САД, лесно можеме да дојдеме до


показател, каде се наоѓаат нашите работи. Во овој текст


видовме дека на 3 септември 2008 година МБИ - 10 покажуваше


вредност 5.092,92, а на 5 март 2009 година 1.756,17. За шест


месеци неговата вредност од 100 сега изнесува само 32,30


или паѓањето е 67,70. Списанието „Форбс”, пак ни дава готов
показател во кој е забележано дека: во периодот септември


2008 година - март 2009 година, индексот на акциите на 500


најголеми корпорации во САД се намалил за 43 проценти.


Крајот на приказната е дека, центарот на кризата за


споменатите компании забележал помал пад на вредноста на


акциите, од падот во нашата земја.


Берзанските показатели, заедно со сите други


индикатори, се од исклучително значење, оттука, тие треба


постојано да се следат и умно да се читаат и врз нив да се гради


деловна и друга активност.





9.7. Според невработеноста ние сме повеќе години во криза



Заводот за статистика на Република Македонија на крајот


на 2008 година соопшти дека ова година невработеноста


изнесува 311 илјади, вработеноста 611 илјади лица, а


стапката на невработеност изнесува 33,8 проценти, според


изворот Анкета на работната сила.




Науката е трка на идеи


126








Агенцијата за вработување на Република Македонија,


според својата евиденција, вели дека во земјава најголема


невработеност имало во март 2009 година, кога изнесувала


351.278 лица. Оваа јунска информација за 2009 година, исто


така, вели дека, од вкупно регистрираните невработени во мај,


278.139 се лица кои активно бараат работа, додека останатите


70.924 лица се пријавуваат само за остварување на правото на


здравствено осигурување. Според Агенцијата за вработување,


на 30 септември, бројот на невработените изнесува 341.893


лица.


Невработеноста во Република Макдеонија е


повеќегодишен проблем. Според тоа, до колку се земат


податоците за Светот или Европа, нашата невработеност која


сега се движи околу 35 отсто, е појава која е посебна.


Некогашниот наш капацитет, којшто на годишно ниво, можеше


да обезбеди пензионирање на околу 12.000 лица, тој


создаваше можност, толкав број на луѓе да се вработат на


нивните работни места. Тој капацитет никој друг не го уништи


туку ние си го направивме и тоа многу лесно. Без никаков жал


затворивме фирми извозници на стоки, на западно европскиот


пазар, во кој луѓето живееа од таквата работа. Отворањето на


нови работни места беше додатна активност. Сега ја нема таа


активност. Се занимаваме со разни приказни за вработувањето.


Не можеме да сватиме дека работното место има своја цена.


Таа цена ние треба да ја платиме за да имаме работно место. Не


може некој од странство тоа да ни го реши. Тој тоа си го прави


во својата земја.


Сиромаштијата покрај другото, е резултат на големата


невработеност. Таа полека, но сигурно се вдомува во нашите


семејства. Еден податок од август 2009 година вели дека,


вкупниот индекс на сиромаштијата од 1997 до 1999 година,


изнесувал помеѓу 19 и 21. Во 2001 година тој се покачил на 24,6,


во 2006 година на 29,8 проценти. Овај индекс во 2007


година изнесува 29,4 проценти, а во 2008 година 28,7 проценти.




Науката е трка на идеи


127








Стаг-дефлацијата во нашата земја покажува дека на


пазарот се појавува помал обем на пари, кои се разменуваат за


поголем обем на стоки и услуги. Стаг-дефлацијата кај нас е


потврдена и со показателот дека во септември 2009 година


трошоците за живеење биле пониски за 1,4 отсто, во однос на


истиот месец минатата година. Невработеноста,


сиромаштијата, ниската продуктивност на трудот, малите плати


и пензии и друго ја доведуваат земјата таа, да нема поголема


парична маса, за зголемување на македонската потрошувачка.





10. Знаци за совладување на кризата



Во Германија уште во втората тромесечност од 2009


година, забележани се добри резултати во нивната размена со


странство. Зголемен е извозот и увозот со посакувана стапка на


пораст. Создаден е вишок во трговскиот биланс. Прогнозата од


средината на септемви предвидува третото тримесечје да


заврши со раст на БДП од 0,7 отсто и во последниот квартал


растот да изнесува 0,1 отсто. Во неа се вели дека


заздравувањето ќе биде скромно и на несигурни основи. Сé


уште функционираат мерките за санација.


Во првата декада од септември 2009 година
претседателот на Европската централна банка, после
состанокот со челниците на најголемите централни банки,


вклучувајќи ја Јапонија и Кина, изјави дека, најновите


показатели се подобри од очекуваните и стабилизацијата е


нешто што најверојатно се потврдува на глобално ниво. Во


октомври истата банка настапи со информација дека рецесијата


во еврозоната технички е завршена.


Првите луѓе на американската централна банка, во


средината на август 2009 година, истакнаа дека, во САД стивна




Науката е трка на идеи


128








рецесијата. Во втората декада од септември, луѓето од истата


банка, истакнаа дека рецесијата во САД е завршена.


На Светскиот економски форум во Кина, во втората


декада од септември 2009 година, се расправаше, како да се


обнови економијата. На оваа средба учествуваа претставници


на 86 земји со 1300 учесници. Информацијата покажува дека


Форумот е свртен кон иднината.


Во споменатата декларација на групата Г-20 на Самитот


во Питсбург на крајот на септември 2009 година, како и во


прогнозите дадени од првата декада на октоври 2009 година на


ММФ, јасно се зборува дека се јавија сериозни знаци кои


зборуваат за совладување на кризата 2008/ 2009 година.


Се чини дека многу е рано да се зборува за завршувањето


на кризата во светот. Убаво звучат резултатите за совладување


на нарушувањата во репродукцијата, но сé уште не е познато,


како кризата ќе се совлада во другите земји, посебно во средно


и неразвиените држави.





11. Во и по кризата следуваат промени во целиот свет



Кризата проголта многу работни места, со што без работа


останаа голем број луѓе на кои со тоа им е наметнато да бараат


иста или друга работа, да се доквалификуваат,


преквалификуваат, пензионираат и друго. Таа ќе затвори


невообичаено голем број на организации, ќе направи да бидат


безвредни многу орудија за работа, богатите ќе ги направи


помалку богати, сиромасите ќе ги доосиромаши, неповолно ќе


влиае на здравјето на дел од луѓето, ќе доведе до смрт на


поединци и друго. Мал број од поединците ќе видат корист од


кризата. Целото човештво во кризата претрпе шокови,




Науката е трка на идеи


129








стегања, паники, влечења на брзоплети одлуки со кои се губат


разни вредности, недоразбирања на едни со други и друго.


Погледнато од друга страна во и по кризата ќе се


отвораат можности: за отварање на нови организации; за ново


вработување на млади луѓе со знаења стекнати во сите облици


за оспособување за работа, лица исполнети со желби за


докажување во практиката; ќе се воведе нова техника и


технологија, која ќе биде со поголема продуктивност,


економичност, рентабилност и профитабилност; ќе се воведат


построги постапки за примена на еколошките стандарди; ќе се


направат подновувања и унапредувања на сите системи со кои


располага светот; заедно со тоа ќе следува и кадровското


освежување на раководни и управувачки луѓе во организациите


и системите и друго.


Во носењето мерки од луѓето кои управуваа на сите


рамништа од најмала организација до државата и


меѓународните организации, за совладување на кризата,


учествуваа и виновници како и невини луѓе. Виновниците


настојуваа со својата активност да покријат, тоа што грешно го


направиле во минатиот период на време. Невините луѓе пак, во


активностите за совладување на кризата, влегоа со желба да ги


докажат своите знаења и способности и друго. За секоја мерка,


сега е време, да се процени дали таа била благотворна или не,


дали таа допринела да се постигне посакуваната цел или не и


друго. Историјата сака, афирмација на добро направеното,


додека лошото треба да се жигоса. Оваа активност е во рацете


на законодавните тела на државите и на највисоките органи на


сите видови организации и други, кои во основа ги носат


фундаменталните мерки.


Мерките, како материјали, треба да послужат за правење


разни анализи. Резултатите пак, од анализите треба да


бидат патоказ, како смирено, со употреба на научни сознанија,


со поглед во иднината, да се менуваат, во законодавствата




Науката е трка на идеи


130








државите, правните норми, за да може светот во иден период на


време, да смета на динамичен и хуман развој, од кој во него ќе


видат корист сите луѓе.


Судската власт со материјалите од кризата, добива можност, за


разоткривање на многу недела, кои во овие две години, појасно


се манифестираа, во споредба со претходен период на време.


Правдата, не се истерува на чисто во краток период на време.


На крајот на кризата, кога ги немаме целосните и


званични показатели за појавите и кога се поставува прашање


кој зошто е одговорен, за тоа засега треба да се даде


прелиминарно видување. Се чини дека кризата, покрај другото,


е резултат на лошото управување. Од презентираните


материјали во текстот, никој од таквата одговорност не може


да биде амнестиран. Меѓутоа, казната се примени и ќе се


применува на сосема мал број луѓе на планетата Земја, со


помош на скривањето на единките зад разни засолништва, било


да се повикуваат на правилата за работа на организацијата во


која работаат, законски прописи, докажувајќи дека работел за


општо добро на потесната и пошироката заедница и друго, со


што се злоупотребуваат облиците на организацијата, се


замаглува случајот. Доколку се поаѓа од информацијата од


почетокот на август 2009 година на ММФ дека, цената на


светската финансиска криза изнесува 10 трилиони долари,


големина која ги надминува сите наши досегашни случувања,


тоа наложува да се заострува индивидуалната одговорност на


луѓето. Луѓето казната ја платија со: губење на работните места,


со глад, болести, осиромашување и друго. На другата страна пак,


индивидуализацијата на казната се однесува на еден мал број


поединци. Нивната казна колку и да е голема е мала,


споредена со страдањата на голема маса на луѓе од населението


во светот. Плаќањето на казната не е завршено, тоа е процес


кој ќе трае подолго време.




Науката е трка на идеи


131








Презентираните материјали зборуваат дека кризата


пламна во банкарскиот сектор и таму треба да се селектира, а


потоа лоцира, кои луѓе најмногу згрешиле во структурите на


управување. Тие треба да одговараат за направените грешки.


Исто така, кризата ги зафати сите органи и организации и


државите, вклучувајќи ги како системите на пазарот, така и


меѓународните организации. Кај сите од нив, забележано е


трошења на големи средства по разни основи. Сите од нив


имаат удел во создавањето на нерамнотежата во стопанската и


општествената активност со што се влезе во кризата. Врз


основите на селекција и локација на грешките кај луѓето во


управувањето треба да се пристапи на ист начин како во


банкарскиот сектор, и во реалниот сектор, државите,


меѓународните организации, пазарните системи и друго.


Денес врз основа на сознанијата прикажани во текстот,


како прелиминарни видувања се наметнуваат, покрај другото,


две карактеристики, првата за одлучноста за делување на


државата и втората, за губење на позиции на пазарот, како


регулатор. Кај најбогатите и најголемите држави е забележано


одлучното велегување во: прво, носењето на мерки за


совладување на кризата, второ, со мерките тие нагласено се


задолжија, трето, тие дојдоа до зголемување на нивната


имовина и друго. Пазарот во кризата загуби голем број на


поени, како регулатор на стопанските и општествените


движења во светот. Многубројните аргументирани настани


кажуваат дека моќта на државите во кризата е евидентна. Таа,


со своите одлуки ги надмина сите чинители во општеството. Во


нормални услови на работа државата во основа треба да


обезбеди: прво, стабилност, безбедност и функционирање на


политичкиот, стопанскиот, целиот систем на земјата и второ,


свесно треба да почне да ја смалува својата активност посебно


во реалниот сектор. Структурите на управување, раководење,


менаџирање и други во системите на размената на добра и


услуги, не треба да чекаат акција на државата, туку




Науката е трка на идеи


132








самоиницијативно да направат критичко согледување на


направените дејствија, кои доведоа до криза и врз основа на


наодите да извршат промени во управувањето и раководењето


во нивните средини. Ова барање е логично и природно поради


тоа што никој не може подобро од нив да ја познава нивната


работа. Такви промени се неопходни во системот на


финансиското работење, во секторот на стопанството, во


целината на репродукцијата. Перспективата на човештвото е да


се создаде рамнотежа на сите чинители во репродукцијата.


Треба да се наголеми вниманието на значајните чинители во


светот, пазарот да го заземе местото кое му припаѓа во


репродукцијата, да постане вистински регулатор на


активностите. Динамичната рамнотежа да се постига со


складност на производството, распределбата, размената и


потрошувачката.


Во Република Македонија, треба многу посложена


постапка од прикажаната. Нашите прашања и проблеми,


споредени со просекот во светот се посложени. Нашите реакции


отсекогаш се побавни од таквите во светот. Како резултат на


тоа, ние имаме изразито тешка положба во светот со: низок


БДП, невработеност, сиромаштија, дефицит во трговскиот


биланс во кој стои малиот извоз, а голем увоз, неизградената


инфраструктура, изразито големата администрација, која од


година во година е сè поскапа и поскапа, изразито се градат
објекти кои не носат ниту вработувања, ниту доход и друго. Тоа


се познати големини кои долг период на време ја следат


нашата работа и животот. Тие нас нè имаат заковано на место,
како земја која се вбројува во најсиромашните во


Европа.Прикажаната положба, бара наша творечка активност за


поголема примена на науката од светот, како и усмереност кон


штедење на секој денар на што е можно поголем број на луѓе.


Многу е јасно дека, не може мал дел од населението да го носи


развојот на земјата, за сите. Неопходно е домаќинско и


економично управување со трошоците во секој




Науката е трка на идеи


133








сегмент од репродукцијата. И кај нас треба да се модернизира и


унапреди, управувањето, раководењето, менаџирањето од


најмалите до најголемите организации и државата.





Битола, 15 октомври 2009 година Д-р Ѓорѓи Михајловски




Науката е трка на идеи


134











ПЕРСПЕКТИВАТА Е ВО ОСВОЈУВАЊЕ НА НОВИ ЦЕЛИ



1. Целта е значаен поим во организацијата



Во реалниот живот неодминлива е потребата постојано


да се навраќаме на прашања и проблеми што се поврзани со


значајните делови и со целата конструкција на една конкретна


наука. Во составот на економската наука, свое место зазема и


Општата наука за организација. Во неа како составни делови


претставуваат: пропорциите, целите, задачите, органите во


организацијата, функциите и други поими, што ја претставуваат


нејзината целина. Сите споменати поими имаат извонредно


значење за изградба на науката за организација, на


менаџментот. Треба да се креираат така, за да може добиениот


облик на организација, да биде жив, витален и способен за


остварување на поставените цели. Зад секој од овие поими стои


човекот како единка или како помала или поголема група луѓе,


задолжена да врши поединечни активности, но тие да бидат во


согласност со целината на дадената организација, за


постигнувањето на посакуваните цели.


Целта како збор има повеќе значења. Во литературата


овој поим претставува: мета, белег, предмет за натпревар,


средина, центар, полн погодок и друго. Во различни делови од


човековата активност овој поим поинаку се поставува и


разбира. На пример, во спортот секојдневно се сретнуваме со


зборовите старт и цел. Тука сосема јасно се знае што е едниот а


што другиот збор. На стартот се поставуваат луѓето кои сакаат


да се натпреваруваат и стартерот им дава знак кога почнува


натпреварувањето. На целта стасува прв, најдобриот
натпреварувач, а последен најслабиот. За најдобриот




Науката е трка на идеи


135








натпреварувач следуваат сите почести и награди. Вториот


пример се однесува за стопанството. Човекот има потреба да


работи, да спие, да се забавува. Со работата, тој ја задоволува


неговата клучна потреба и со неа се исполнува себеси.


Сопственикот на претпријатието како човек и другите


вработени во колективот, целите ги остваруваат со вклучување


на овој субјект во репродукцијата. Тука, основно правило е да


се остварува поголеми приходи, од направените трошоци за


тоа. Со други зборови овој субјект треба да работи со профит, во


спротивно не може трајно истиот да делува во репродукцијата.


Во Општата наука за организација, целта како поим се објаснува


со поставување на прашањето зошто, на кое треба да се


одговори. Природно е одговорот да биде различен од еден до


друг случај.


За објаснувањето на ова прашање се истакнува еден


пример од реалниот живот. Бил Гејтс, американски граѓанин и


бизнисмен, во неговиот живот и кариера, во времето кога


започнал со студии, се откажал од нив и со својот пријател,


започнале свој бизнис, именуван како производство на


компјутери, на сметачи. Можеме сега да поставиме прашање,


зошто? Во одговор на таквото прашање, размислувајќи во


нашата средина, на пример, што имале на ум овие млади луѓе да


направат во гаража, ни се наметнуваат повеќе одговори како


што се: кај нив, постоела горлива желба да направат производ


што ќе може да ги замени постојните орудија за работа;


почувствувале дека се доволно способни за да се зафатат со


замислената работа; имале намера да остварат вработување,


што е желба на младите луѓе; со остварените резултати од


работата, ќе обезбедат средства за нивно осамостојување и


егзистенција; имале желба за докажување; предвидувале слава


и богатсво за себе и друго. Десет години по започнувањето на


оваа дејност, овие луѓе постанаа едни од најбогатите луѓе во


светот. За Бил Гејтс, масовните средства за информирање на


крајот на минатиот Милениум покажаа дека овој бизнисмен




Науката е трка на идеи


136








има имот вреден 90 милијарди САД долари. Денес, кога нивната


корпорација забележува дваесет години работење од


основањето, таа е моќна фирма што влезе во судир за


определени нејзини активности, посебно за конкуренцијата и


монополот, со сопствената држава, со Европската унија и други


држави. Во докажувањето на своите ставови и права пред


судските органи обезбедуваа присуство во парниците на повеќе


десетици експерти. Некои од овие спорови ги добија, додека


други ги изгубија. Компјутерот покрај другото, ја замени


машината за пишување, каде на мал број примероци, на хартија


со индиго се забележуваа текстови за сите видови потреби.


Оваа машина, што својот живот го започна со голема поддршка


за неа, која долго време му користеше на човекот, дојде до


положба да биде нападната од компјутерот, кој докажа бројни


предности над неа. Предностите на компјутерот му обезбедија


невиден пласман, како на домашниот така и на светските


пазари. Така, овие творци повеќе пати ги менуваа посакуваните


цели, со движење по нагорна линија. После петнаесет години од


патот на овој бизнисмен, пронаоѓач, голем инвеститор, во


времето на голема моќ и слава, на значајните средби во Давос


во Швајцарија, кажа, дека неговата цел е: Да го олесни животот


на луѓето во светот.


Целта во главите на луѓето се формулира, па потоа се


основа организацијата. Целта е образложение за формирањето


на организацијата. Ако нема цел не е логично основањето на


организација. За постојните организации, потребно е постојано


да се формулираат целите, за помал период, година, пет години.


Краткорочните цели се темелот на кој се градат видувањата,


целите за иднината. Сите видови на цели се освојуваат со


организирана работа на сите чинители. За постигнување на


целите организацијата треба да се потпира на знаењата во


светот и на способноста на работниот колектив и со тоа да се


бори за постигнување на посакуваните резултати во


работењето. Постигнувањето на резултатите во работата се




Науката е трка на идеи


137








прави со постојано вежбање на луѓето во колективите, учење


на новите техники и технологии, развивање на меѓучовечките


односи и нивната примена во животот. Секоја единка треба да


ги остварува задачите од својот делокруг на работа. Тоа се


однесува за сопственикот на дадениот субјект, менаџерскиот


тим и вработените.


Во животот на организацијата има периоди кога се


забележува остварување, или не се остварува посакуваната цел.


Остварувањето е посакувана, додека неостварувањето на


целите е непосакувана појава.


Целта со организацијата постанува чинител за


остварување на замислите, идеите, соништата на единката на


помали или поголеми групи на луѓе, до најкрупните творби на


човекот. Така, целта се однесува на сите видови на


организации. Станува збор за идеи што се општествено


корисни и се во согласност со законските прописи на дадената


национална економија и на регулативите на светските


организации. Целта со својата содржина треба да претставува


организирана работа за остварување на вредности, што се


идентификуваат: за препријатието да остварува надпросечна


продуктивност, економичност, рентабилност, профитабилност


во својата средина, споредена со сродни субјекти, да прави


напори производите да ги пласираат како на домашниот така и


на странските пазари, да биде отворена кон вработување на


млада и квалификувана работна сила, да се грижи за животниот


стандард на вработените и друго; а банката да ги остварува сите


квалитетни фактори на стопанисување, како и да влегува во


активности со претпријатијата, што се носители на општиот


напредок на националната економија; за државата да обезбеди


пазарно работење на целата економија и вонстопанството, а за


себе да функционира врз основа на вредностите: за


зголемување на работните места, пред се во стопанството, за


зголемување на станбената изградба, за развој на


инфраструктурата и друго. Зголемувањето на бројот на




Науката е трка на идеи


138








работните места е клучно прашање на целите на сите субјекти.


Тоа е темелот за развој на меѓучовечките односи, за


зголемување на животниот стандард и воопшто за изградбата


на националната економија. Изминатите 20 години од нашиот


развој, ова прашање беше изоставено од грижата: прво од сите


вработени, од претпријатијата, банките и државата. Тоа е


голема поука за сите. Вината им припаѓа на сите.


Меѓународните односи во даден момент, не можат да бидат


прашање или проблем на еден субјект. Тие односи ги


погодуваат сите и се однесуваат на сите. Напорите на сите


субјекти во борбата за постигнување на резултати кај


вистинските вредности, го намалуваат просторот на делување


на субјектите, поедини и други кои сакаат да го насочат


развојот на националната економија во непосакувана насока.





2. Видови на цели според карактерот на остварливост



Во главите на луѓето има голем број идеи од кои


произлегуваат повеќе цели, како за единката така и за


организацијата. Од нив некои се неостварливи, други потешко


остварливи и трети остварливи.


Неостварливите цели се многубројни. Тие претставуваат


предизвик за човекот постојано нив да ги поставува на


решавање, но до тоа тој, не може да дојде. Се поставува прашање


дали само тие се единствениот чинител, за немирот на


човекот или пак, како суштество тој е поставен постојано да


биде незадоволен од себе и да пребарува по нештата, да


проникнува во себеси, да бара нешто ново, што до тој момент е


непознато, не е дефинирано.


За неостварливите цели има два примери. Првиот


пример се однесува на барањата на човекот по вечен живот.




Науката е трка на идеи


139








Човекот се раѓа и умира. Со векови имало луѓе кои не се


помирувале со умирањето, и самите барале или плаќале луѓе за


да бараат, како да се победи смртта. Со активноста насочена


кон барање на начинот да се остане вечно млад се доаѓало до


одредени резултати. За тоа им помогнале пронајдоците со


напивки и друго, што се користеле, но со истите не е победена


смртта. И во сегашно време човекот се среќава со написи за


ангажирање некаде на научници, на друго место поединци и


други кои се занимаваат со оваа тематика и информираат за


постигнати определени резултати. Вториот пример, се однесува


за односот на човекот кон предметите и повторно кон себеси.


Златото од секогаш претставувало најпосакуван предмет на


човекот. Во средниот век се правеле експерименти обичните


метали да се претворат во злато. Така се раѓа Алхемијата, која


најповеќе се занимавала со барања на постапки за претворање


на предмети во злато, како и барањето лек за сите видови на


болести и друго. Во оваа активност, како во првиот така и во


вториот пример, учествуваат луѓето како единки, кои за себеси


работат волонтерски потпирајќи се на можностите. Човекот во


такви околности има идеја, знае што сака, но целта со тоа не е


дефинирана, за да постане обврзувачка за однесувањето на


истиот. Доколку се зборува за организација, тогаш, во најголем


број случаеви станува збор за непрофитен субјект, кој не се


јавува на пазарот за остварување на приходи, туку


финансиските средства ги добива од донатори и други извори.


Кога се зборува за тешко остварливите и остварливите,за


разлика од неостварливите, кај нив овој значаен поим на


Општата наука за организација, ја покажува насоката каде оди


конкретната организација. Целта е неодминлива, т.е доколку


организацијата нема цел, нема ни логика да постои. Преку целта


во организацијата, било да е ново основана, или постојна, се


врши целосно мобилизирање на луѓето, за добивање производ


што ќе биде продаден, валоризиран на домашниот и странскиот


пазар.




Науката е трка на идеи


140








Целта како поим е обврзувачка категорија за сите видови


на организации од најмали до најголеми. Се однесува и на


меѓународните организаци. Во организациите од стопанството


тешко остварливите цели се обично нов производ, нова


технологија, која не била позната. За запознавање на новото се


прават големи напори, за остварување на забележаните задачи.


Покрај ова, има и голем број на други настани заради кои многу


тешко се доаѓа до посакуваните цели.


Кај остварливите цели станува збор за околности, кога


постојат претходно забележани резултати и традиција во


извршувањето на задачите и постигнувањето на посакуваните


цели. Овде воглавно целите можат да бидат ограничени од


побарувачката на пазарот и од други околности.





3. Утврдување на целта




Утврдувањето на целта е значајна активност на луѓето во


организацијата, кои треба многу сериозно да пристапат на


истражување на бројни чинители, што можат да помогнат во


формулирањето на целта. Од големиот број на чинители, повеќе


ќе се посвети внимание на две крупни прашања и тоа: прво,


да се одговори каде се наоѓа конкретната организација и второ,


што сака да се постигне со идеите, како и каде треба да се


стигне со освојувањето на целта.


За да се одговори на првото прашање, потребно е врз


основа на постојните финансиски показатели, да се процени


способноста на организацијата, како и промените во односите


со државата, движењата на пазарот, деловните партнери и


друго.




Науката е трка на идеи


141








За ново формирано претпријатие способноста на


организацијата се проценува врз основа на планот за работа. За


постојните субјекти тоа се прави за наредната година, по


поднесувањето на завршната сметка за поминатиот период на


време. Способноста се цени врз основа на покажаните последни


финансиски резултати од работењето. Сите прашања од


репродукцијата се ставаат на маса. Се проценува, што чинело и


што не чинело, во сите инпути и аутпути. Се проценува


состојбата и подготвеноста на сите средства за работа. Посебно


внимание се посветува на проценката на способноста на сите


вработени во претпријатието.


Претпријатието има секојдневни контакти со органите и


организациите на државата. Голем број од тие односи имаат


значајно влијание за формирање на цените, плаќање на обврски


и друго. Без познавање на реперкусиите од тие односи не може


да се постави здрава и издржана цел. Затоа, треба да се процени


како ќе се развиваат тие односи и колкава ќе биде нивната


цена.


Пазарните услови и промените кај добавувачите и


купувачите се од


извонредно


способноста на претпријатието.


значење за процена на




Идеите, желбите, посакувањата се една големина, додека


втората големина, претставува направената проценка за


способностите на организацијата. Со оваа постапка треба да


започне креирањето и утврдувањето на целта. Треба да победи


реалноста, објективноста, стручноста, знаењето,


визионерството на сопственикот и на менаџерскиот тим. Со тоа


се прави напор да се одговори на второто прашање, што сакаме


да направиме со работењето во претпријатието. Врз основа на


сите споменати и други согледувања се поставува целта на


претпријатието, на пример, за една година или за подолг


временски период. Утврдената цел во претпријатието се


распоредува по месеци или по тромесечија. Исто така, таа се




Науката е трка на идеи


142








утврдува и по одделни организациони единици во


фирмата.Завршниот документ за целта го утврдува


компетентно и овластено тело на претпријатието.




4. Целта како инспирација и инструмент за контрола



Со утврдената цел вообичаено е да се запознаат сите луѓе


во претпријатието. Оваа информација станува предмет на


размислување на сите во колективот. Односот на луѓето кон


утврдените цели може да биде различен. Најлесно се прифаќаат


целите кога се задржуваат традиционалните стандарди. Има


цели што потешко и најтешко се прифакаат.


Доколку луѓето во целите гледаат дека во наредниот


период ќе се работи со традиционалните стандарди и се


предвидуваат поголеми задачи и поразгранати и поголеми цели,


а со тоа и поголеми плати, поголемиот дел од нив ќе се изјаснат


за нивно прифаќање. Со таквите цели сметаат дека се


исполнуваат нивните сознанија, за трајноста на работниот


однос, од каде извира инспирација за остварување на


доверените задачи во репродукцијата. Кај некои членови на


претпријатието, логично е да има и такви кои не се согласуваат


со таквите цели и реагираат на зголемувањето на задачите, што


е присутна појава во реалноста. Создадената инспирација во


претпријатието, е основа за акумулирање на енергија за


соочување со зголемените задачи и за нивна реализација.


Потешко се прифаќаат целите што предвидуваат, дел од


луѓето од претпријатието, во даден период да бидат времено


надвор од работниот процес, односно да бидат невработени, со


користење на определени права од работниот однос. По


истекот на така утврдениот прекин, единката повторно се


вработува на работното место.




Науката е трка на идеи


143








Најтешко се прифаќаат целите што предвидуваат


прекинување на работниот однос на одредена група вработени,


со ветувања дека повторно ќе бидат повикани на работа. Со


прекинот на работниот однос не се признаваат никакви права.


Вработениот има една надеж, дека може да биде примен


повторно во работен однос, по надминување на проблемот со


кој е погодено претпријатието.


Во реалниот живот, покрај овие три групи на однесување


на вработените кон утврдените цели, се забележуваат далеку


поголем број на варијанти. Големиот број на варијанти е


резултат на карактерот на претпријатието, на пазарните


услови, на некои природни непогоди, на поголеми конфликти


помеѓу државите и друго.


Реагирањата на вработените кон утврдените цели


споменати се кај најлесно прифатливите цели. Тие се лоцирани


кај мал број поединци. Луѓето кои реагираат на утврдените


цели е далеку поголем кај другите две варијанти, што е


разбирливо. Менаџментот на претпријатието прави сè за
амортизирање на реагирањата на поединците, со тоа што се


создава клима за редовно и успешно извршување на задачите.


Се поставува прашање дали големината


на инспирацијата, може да ги победи овие


реагирања или не. Се


чини дека вработените немаат втора или трета алтернатива за


остварување на нивните интереси. Оние единки кои можат да


најдат работа во друга организација, претставуваат исклучок.


Така, нивните размислувања се движат кон тоа дека, само со


работата, со нивниот труд, може да се остварат задачите


предвидени со целите на претпријатието и со тоа да се оствари


посакуваната плата. Инспирацијата и еланот за работа, е


единствениот пат до потврдување на она што движи напред во


развојот на човекот, како единка, а со тоа и на претпријатието.


Со таквата работа се надминуваат и реагирањата.




Науката е трка на идеи


144








Оваа тема отвора голем број прашања, проблеми и


дилеми, како за сопственикот, менаџерскиот тим, така и за


самите вработени, како да се одговори на секојдневните


промени: во техниката и технологијата; во човечките


потенцијали; во пазарот и во други појави во реалниот живот.


Во депресија пазарот не бара производи на конкретната фирма.


Или во полетот, пазарот бара далеку поголеми количини од


производот. Паметно е во депресијата да се намали


производството до висината на побарувачката, додека во


полетот таа да се зголеми до крајните можности. Ова прашање,


проблем и дилема, што често ни се случува, не е само на


сопственикот или на менаџерскиот тим. Проблем е како да се


најде паметно, праведно и фер решение, за сите во колективот,


за надминување на несаканите појави. На таа основа целиот


колектив треба да биде подготвен за примена на флексибилно


работење на претпријатието. Во спротивно сите вработени


можат него да го загубат. Флексибилноста, како однесување на


луѓето кон претпријатието е за поддржување. Меѓутоа, треба да


се бара одговор за единките кои остануваат без егзистенција. За


тоа треба решенија во претпријатијата и на ниво на државата.


Се чини дека излезите треба да ги создаде единката преку


одвојување средства, како за општите, заедничките и личните


потреби. Влегувањето и излегувањето од овие прашања,


проблеми и дилеми, најлесно можат да се надминат, доколку во


сите структури е вкоренет поимот за постоење на


чесност, отвореност, взаемност и разбирање. Верувањето на


еден кон друг, од почеток до крај, а не само во еден интервал, е


патот за надминување на нештата во репродукцијата.


Спротивно на тоа, не може да се надева ниту една структура од


претпријатието за наоѓање решение на прашањата, проблемите


и дилемите.


Во секојдневниот живот, според тоа треба да се одговори


на прашањето што да се направи за евидентниот напад на


непроменливоста, трајноста и сигурноста на работниот однос.




Науката е трка на идеи


145








Тоа со други зборови значи напад на мирот и спокојството на


вработените. Овој одговор не може да биде изолиран. Во исто


време постои силен притисок за прифаќање на немир,


неизвесност, променливост и друго. Со овие чинители се


создава творечкиот немир на човекот, се креира нова клима во


колективот, како општ интерес за остварување на задачите, до


постигнување на утврдените цели. Творечкиот немир треба да


ги зафати сите луѓе во претпријатието. Секоја единка треба да


се оспособува со нови вештини, со учење на нови постапки, со


брзо прифаќање на новата техника и технологија, која во


суштина, претставува основ за зголемување на нивната


продуктивност на работењето. Живееме во време, кога треба да


се дава подршка на содржините, што нудат движења во


согласност со оние во светот. Изолацијата на националната


економија од овие движења, нема перспектива.


Покрај инспирацијата, утврдената цел е силен


инструмент за контрола. Најчесто во реалниот живот, како


резултат на темелните подготовки за утврдувањето на целта,


таа постанува реално остварлива, во рамките на предвидените


промени. Менаџментот на претпријатието во такви услови се


бори колективот да ги остварува сите задачи, онака како што


се предвидени. Во таков случај со инструментите на контролата


се споредуваат остварените со планираните задачи, односно се


утврдува колку се реализирани целите.


Меѓутоа, не постои менаџмент кој може да ги предвиди


сите околности, внатрешни и надворешни. Доколку во


реалниот живот се појават такви околности, кои се поинакви од


предвидената рамка, во креирањето на целите, тогаш


настапуваат активности, со кои се коригираат утврдените цели.


Оттука, флексибилното однесување на претпријатието во


услови на непредвидени околности, ја насочува активноста во


менување на големината на задачите, за совладување на


настанатиот проблем. Во таков случај инструментите на


контрола, се прилагодуваат на ново настанатата состојба.




Науката е трка на идеи


146








Флексибилноста на однесувањето на претпријатието,


треба да претставува напор за совладување на проблемите


настанати во репродукцијата. Со такви начини на работа овој


субјект ја манифестира способноста за совладување на


непредвидените појави во животот. Тоа е обврска на


менаџментот. Претпријатието е фирма што се бори во својата


работа да оствари профит, а не загуба. Загубата не е добра за


ниту еден чинител во субјектот.


Целта како инструмент на контрола најадекватно се


изразува по завршувањето на даден пресметковен период, на


пример за една година. Тогаш се гледа колку и како се


остварени задачите, односно дали се остварени целите во


целост, со подобар или со полош резултат. Тоа може да се


проценува на пример, дали задачите беа добро или лошо


поставени или пак претпријатието, било правилно или


неправилно поставено кон задачите и целите.




5. Пропорции помеѓу задачата и целта



Задачата е поим кој претставува, колку една единка: да


направи нешта, што да се потроши и со каков квалитет да биде


направеното, за колку време тоа да се изведе и друго. Или,


поинаку кажано се зборува за извршување, реализирање,


изготвување и друго. Во претпријатието задачата како обврска


за единката произлегува од планот, во кој се предвидуваат


целите. Оваа обврска е синхронизирана со обврските кај


другите вработени. Споменатата единка тоа го знае и неговото


неизвршување на задачата, може да ги блокира другите луѓе во


претпријатието. Според тоа, таа носи голема одговорност не


само за себе туку и за целиот работен колектив. За остварување


на тоа потребно е единката да поседува голема работна култура.




Науката е трка на идеи


147








Без извршувањето на задачите не може да се зборува за


постоење на цел. Тоа е состојба кога никој ништо не направил,


ниту пак нешто е освоено, во вид на цел. Оттука, реализацијата


на задачите е од извонредно значење за дефинирањето и за


освојувањето на целта.


Збирот на задачите на единките ја сочинува целината на


остварувањата во претпријатието. Доколку овој збир се


изедначува со целта, станува збор за пропорционален однос на


задачата со целта. Тоа е посакувана состојба, како за


сопственикот, така и за менаџерскиот тим и вработените. Со


остварените задачи се остваруваат интересите на сите чинители


во колективот.


Во реалниот живот покрај постоењето на пропорции


постојат и диспропорции помеѓу задачите и целта.


Диспропорциите се јавуваат, покрај другото, кога задачата е


надво од целта, кога задачата не ја покрива целта и кога


задачата ја препокрива целта.


Задачата е надвор од целта, тогаш кога таа со својата


содржина не се совпаѓа со таквата на целта. Во таков случај


присутно е давање на извршителите од надлежниот орган


задача, таа се остварува, но резултатот од оствареното нема


никакво влијание за постигнување на делови или на вкупно


утврдената цел.


Задачата, кога не ја покрива целта е настан кога


нејзината содржина, дадена и остварена, во својот обем е


помала од големината, потребна за целосно остварување на


целта.


Задачата кога ја препокрива целта е настан кога таа е


дадена и остварена, со тоа што нејзиното остварување е


поголемо од големината на целта. Поголемото остварување од


предвиденото е непотребно, со што се создаваат потешкотии на


претпријатието.




Науката е трка на идеи


148








Според тоа, сите диспропорции, тука прикажаните и
други, претставуваат непотребни трошења, со тоа што истите


не се во склад со утврдената цел. Тоа претставува проблем на


организацијата којшто треба да се забележува, анализира и да


се превземаат активности истите да се отстранат од животот на


дадениот субјект.




6. Значајни настани во економијата на светот по Втората
светска војна






За изразување на идеите и формулирање на целите на


човекот, организацијата и другите субјекти, од извонредно


значење е да се видат какви се општите состојби и условите во


светот и дадената држава, за да можат во нив, тие да се родат,


обликуваат и реализираат. Тоа го отвора патот за креирање на


цели.


Условите во светот пред Втората светска војна беа такви,


што повеќе држави се подготвуваа за неа. Оваа војна во


историјата на човештвото е забележана како најголема и


најкрвава. Учесниците во неа се именувани едните како


предизвикувачи, додека другите како антифашистичка


коалиција. Првите ја загубија, додека вторите се именувани


како победници во војната.


Поразените и победниците држави во војната имаа свои


јасно определени цели кои беа дисперзирани во хиерархијата од


највисокиот орган до војникот. Врз таквата основа се


остваруваа задачите на сите органи и организации до единката.


За подобро разбирање на целите за тоа време, се истакнува еден


пример, кој произлегува од средината на победниците. Кралот


на 10.05.1940 година го определи да состави влада Винстон


Черчил. Долниот дом на 13 истиот месец ја изгласа




Науката е трка на идеи


149








довербата на новата влада. При овој избор тој рекол: „Немам
ништо да понудам сем, крв, мака, солзи и пот.” Во продолжение
рекол: „Прашајте ме која е нашата цел. Можам да речам со
еден збор: победа. победа по секоја цена, победа и покрај сите


стравотии; победа, без оглед на тоа колку ќе биде долг и тежок


патот до неа; бидејќи без победа нема надживување. Ајде,


демек, и, да ги соединиме нашите сили, да тргнеме


заеднички напред.” Тоа е програма на владата, која е кратка,
а покасно стана и многу популарна.


Најмоќните држави од победниците, на крајот на војната


и по неа, ги утврдија сферите на влијание на нивните интереси


во светот. Од една страна, се тргнаа линии, црвени линии,


ѕидови и други симболи, кои мораа да се почитуваат од луѓето и


државит: за разделба, конфронтирање, неуважување помеѓу


нив, додека на друга страна, со основањето на Организацијата


на обединетите нации: во неа луѓето и државите се усмерени


кон мир и мирен развој во светот, преку соединување,


разбирање, почитување и друго.


Победниците ги окупираа земјите на победените. Ним им


определија обврска за надоместување на направената воена


штета на нивните земји. Победниците воедно, обезбедија


правни норми во окупираните земји за остварување на нивните


интереси. Државата како институција, во војната и по неа,


имаше изразито големо влијание на производството, размената,


распределбата, и потрошувачката во својата национална


економија. Со текот на времето, големото влијание на државата


постојано се намалуваше, движејќи се кон разбирлива нормала.


Државите на најмоќните земји од победниците во


меѓународната размена, вршеа извоз на идеологии, доктрини,


технологии, во другите држави. Овие дејствија на државата беа


подржувани и со доделување на помош и други облици на


давања. Најголема медиумска поткрепа имаше америчката




Науката е трка на идеи


150








помош на определени земји. Најпознати, пак од нив, беа


помошта по Маршаловиот план и Програмата за взаемна


безбедност и воена помош која ја даваше САД на други држави.


Во времето од 1948 до 1951 година по овие основи САД му


исплати големи износи на средства на Велика Британија,


Франција, Западна Германија, Италија, Јапонија и други. Грција


доби 614, додека Југославија 62 милиони САД долари.


Не поминаа ниту 20 години од завршувањето на војната,


Германија, прва беше промовирана како светско чудо за својот


развој на стопанството. По кусо време таков епитет во името


додаде и Јапонија, две држави кои беа победени во војната. Во


тоа време Југославија се нареди во десетте земји во светот со


најголема годишна динамика на својот економски развој, земја


која спаѓаше во победниците.


Во Втората светска војна и по неа, на Балканскиот


полуостров се создаде Демократска Федерална Југославија, а во


неа една од шесте рамноправни републики беше Федерална


Македонија. Подоцна заедничката држава се именуваше како


ФНРЈ и уште подоцна СФРЈ, и како таква се распадна во


последната декада од минатиот век. Соодветни промени се


правени и во името на нашата земја. Таа беше именувана како


Народна Република Македонија, а во транзицијата влезе како


Социјалистичка Република Македонија.


ФНРЈ уште во својот почеток имаше проблем во својот


економски развој поради политички причини. Таа доживеа


економска блокада во 1948 година со откажување на сите


политички и економски договори од страна на СССР и групата


држави во кои таа имаше влијание. Нејзината економија уште


првата година по блокадата доживеа голем пад на надворешно-


трговската размена, посебно поради намалениот промет со


земјите кои учествуваа во блокадата. Преориентирањето на


размената со другите држави од светот стана неминовна


потреба која почна да се користи сé поинтензивно. Беа




Науката е трка на идеи


151








склучени договори за добивање на заеми со Монетарниот фонд


и други меѓународни финансиски организации, како и со


држави од повеќе земји во светот. Поголемиот дел од


позајмените пари беа наменети за инвестиции во стопанството.


Кризата 1973/1974 година силно ги потресе сите


национални економии во светот. После кризата се создаде


концепт на глобализација, именуван како Вашингтонски


консензус. Неговата содржина најкратко речено се прикажува


преку барањата за спроведување на: фискална рестрикција,


приватизација и либерализација, упатени до националните


економии во светот. Благото напуштање на функциите на


државата во изминатите години се менува со значително негово


слабеење во областа на економијата за сметка на засилено


користење на пазарот и пазарните законитости, како


регулатори на стопанската активност.


Во националните економии споменатите правила на игра


ги спроведуваа ММФонд, Светската банка и другите банкарски


организации. Правилата без никакви отстапки се спроведуваа


во средните и најмалите држави, што


најголемите и најбогатите држави.


не беше случај со




Во 2008 година Светската криза започна од САД, при


што главни актери беа најголемите хипотекарни, осигурителни,


банкарски и финансиски корпорации. Кризата ги зафати сите


национални економии.


Одговори за совладување на кризата од организациите


во светот се чини дека се дадени од Г-20, од седницата на


15.11.2008 година во Вашингтон, од која е издадено коминике,


како и од седницата на 1.04.2009 година во Лондон, каде се


постигнати договори по пат на компромис. Со тоа Групата смета


дека е победена кризата.


Совладувањето на кризата беше вршено со задолжување


на државите и со позајмените пари тие ги санираа банките и




Науката е трка на идеи


152








другите организации, кои беа носители на загубите. Со тоа пак


се зголеми влијанието на институцијата држава во стопанската


активност.


Читателот треба да ги запамети следните настани по


Втората светска војна: Конференцијата во Јалта во 1945 година


на која беа претседателот на САД Рузвелт, претседателот на


Советот на народните комесари на СССР Сталин и министерот


-премиер на Велика Британија Черчил; Вашингтонскиот


консензус, по кризата 1973/1974 година; и седниците на Г-20 во


2008 и 2009 година, на кои се донесени одлуки за судбините


на луѓето на планетата Земја.


Во Јалта се анализираа целите на победниците и


победените во Втората светска војна. Целите се со спротивни


содржини кај едните за разлика од другите. Овие содржини и


нивната спротивставеност едни на други, доведоа ова војна


да биде најголема и најкрвава. Целите на победниците и на


победените предвидуваа победа и на едните и на другите.


Меѓутоа, тоа не се оствари, бидејќи од оваа војна мораше да


има само еден победник. Според тоа победниците ја остварија


својата глобална цел. Во долготрајната војна имаше настани


кога и тие не можеа да ги остварат своите цели. Глобалната цел


која е остварена е резултат на динамично прилагодување на


истата на барањата на војната. Победените држави не ја


остварија својата глобална цел, ја загубија војната. Кај нив


имаше настани во кои тие ги остваруваа своите цели.


Вашингтонскиот консензус и Седниците на Г-20, се


средби на луѓе од најодговорните организации во светот, каде


исто така, се анализираа настаните за кризата 1973/1974


година и кризата 2008, 2009 година. Забележани се оценки за


остварените и неостварените цели на најзначајните носители


на стопанската активност. Тоа овозможува да се креира иднина


за економијата и за другите содржини на животот на луѓето.




Науката е трка на идеи


153








Трите настани од изминатите 64 години се од големо


значење за човекот како единка, за организациите, државите и


другите субјекти, па оттука, истите треба добро да ги познаваат


и да увидат, како тие се одразуваат на нивниот живот и работа.


Првите два настани се со постари датуми, додека третиот е


сосема нов. Но, нивните заклучни согледувања се со


долготрајна вредност и тие се актуелни за сегашно и идно


време. Со умното толкување на пораките, од нив, сите субјекти


можат да имаат корист, додека, нивното негирање,


потценување, или заземање на став дека тие не се однесуваат за


нив, може ним да им донесе непосакувани проблеми и друго.


Пораките со својата содржина бараат од сите чинители: да се


направат поголеми резултати во животот и работењето од


претходно остварените; секој во својата средина да ги решава


прашањата и проблемите; спорните прашања и проблеми да се


решаваат со дијалог и со употреба на компромис и друго.


Пораките со своите барања претставуваат и стеги за единките и


другите субјекти. Тие треба да се менуваат и унапредуваат. За


оние субјекти кои ги спроведуваат пораките, следува и


поддршка со финансиски средства. За други субјекти кои тоа не


го прават или недоволно го прават, се применуваат други


мерки. Во првата фаза се смалува големината на помош која се


користела. Во наредната фаза, доколку продолжи таквото


однесување, мерката се заострува со укинување на давањата.


Доколку тоа не ја постигне целта на стегата, се применуваат


блокади и други инструменти за да се постигне саканата


состојба на односи.


Пораките од трите состаноци се универзални. Тие кои се


однесуваат на војна, се повеќе војнички, додека за мирнодобско


време тие се попазарни, се чини полиберални, но во својата


суштина тие се нагласено остри со што се доближуваат до


таквите кои важат за воено време.




Науката е трка на идеи


154








7. Нашиот избор на цели



По распаѓањето на СФР Југославија, глобалната цел на


управувачката структура на нашата земја беше воспоставување


на нов политички, економски и демократски систем, со


видувања за правење крупни чекори во заокружување на


државноста, самостојноста и суверенитетот на Република


Македонија.


Се чини дека ваквата цел му одговараше на најголемиот


дел од населението и затоа со гласање тоа го потврдија.


Најголемите оптимисти со чинот на осамостојувањето на


земјата, претпоставуваа дека со градење на објекти од


инфраструктурата и нејзино пополнување со стопански,


вонстопански и други градби, еден град со друг ќе се доближува


со што ќе се доближиме до европските стандарди на живеење.


На изборите имаше и такви единки, кои беа против нив, како и


такви единки кои не покажуваа интерес за кажување на своето


мислење.


Во основањето и изградбата на нашата земја учествуваа


скоро три генерации на луѓе. Доколку се прифати гледање дека


управувачката структура на првата генерација, своите идеи,


цел ги изразуваше до средината на пеесеттите години на


минатиот век, втората таква, допред крајот на Милениумот и


штафетната палка сега ја носи трета генерација.


Жителите од првата генерација живееа со убедување


дека дадоа сé од себе и дека постигнаа крупни резултати.


Нивната мисла и цел била да ја основаат и да ја градат


Демократска Федерална Македонија, подоцна Народна


Република Македонија, а уште подоцна Социјалистичка


Република Македонија. На парламентарните избори нивните


идеи и цели ги подржуваше поголемиот дел од населението, со


тоа што имаше и такви кои тоа не го прифаќаа, како и такви




Науката е трка на идеи


155








кои не го искажуваа своето мислење. Главната поента на


нивното владение беше братството и единството,


социјалистичкото самоуправување и на надворешно политички


план, неврзаната политика.


Втората генерација од управувачката структура своите


цели ги остваруваше со обезбедување на континуитетот на


организацијата на власта од претходната генерација. Таа


направи радикални промени на крајот на деведесеттите


години, кога почна приватизацијата на општествените


претпријатија и со воведувањето на повеќепартискиот систем.


Во распадот на СФР Југославија, по отцепувањето на Словенија


од државата, таа се залагаше за определбата дека не може да


има никаква можност за опстанок на асиметрична федерација.


Од неа се формираа самостојни држави. Друг пат за овој распад


немаше. На крајот на 1990 година Собранието на


Република Македонија ги закажа првите избори на којшто


учествуваа голем број на новоформирани политички партии.


Во средината на 1991 година од името е избришан во насловот


Социјалистичка и со Уставот од оваа година таа е именувана


како Република Македонија. Луѓето од оваа генерација живееа


со определување дека дадоа сé од себе. Тие за тоа на изборите


беа подржувани од поголемиот број граѓани. Имаше и такви


кои беа против нив, како и такви кои немаа свое мислење.


Третата генерација од управувачката структура на


државата своето изразување го започнаа со воениот судир во


земјата во 2001 година, неутврдена и непредвидена цел, со


формирање на слободни економски зони и со нагласена желба


прашањата и проблемите на земјата да ги решават граѓани од


другите земји, со што беше запоставен односот кон сопствените


луѓе и можности и друго. Ова генерација живее со оценката за


себе дека дава се од себе, дека луѓето живеат во демократска


земја и друго.Тие на изборите беа подржувани од граѓаните.


Имаше и такви кои беа против нив и нагласен број на избирачи


кои немаа свое мислење за тоа.




Науката е трка на идеи


156








Во текстовите на уставните регулативи од АСНОМ до


денес зборот демократија е стално присутен, тој доминира. Таа


е прикажувана со различни зборови, но луѓето верувале дека


живеат во демократска земја. Сега живееме во време кога еден


дел од втората генерација и дел од третата генерација не го


признава определувањето на единките кои сметале дека во


времето на првата и дел од годините од втората генерација се


живеело во демократски услови. Ова стојалиште не е


поткрепено, на пример со имиња и случаи за дисиденството,


нема поништени пресуди или други документи од претходните


периоди, од сегашните судови или државни органи. Овде


станува збор за одлуки за вршење злодела и друго. Очигледно е


дека секој човек на свој начин ја замислува демократијата.


Одтука, создадено е неверување на едни кон други и


непризнавање на едни со други. Нај очигледен пример е


непризнавањето или премолчувањето дека Собранието на


Социјалистичка Република Македонија во периодот 1986 до


1990 година, ги донесе сите неопходни прописи за


повеќепартискиот живот, приватизацијата и другите. Се чини


дека нашата демократија во овој период на три генерации е


нашата сиромаштија, која треба да ја надминеме само со


зголемување на нашето работење, со смалување на расчекорот


со најразвиените земји.


Глобалната цел е запишана и интересна мисла која е


пратена: прво, со формално правното обликување на


државната власт, со што се решава прашањето на премин на


правата и обврските од граѓаните на државните организации и


второ, со создавање релевантни докази дека се живее


демократски, со постојано зголемување на животниот стандард


на луѓето.


Формално правното обликување е чин за пренесување на


поединечната моќ од граѓаните на органите и организациите, со


што се создава голема моќ на една единка или на орган. Во тоа,


клучно прашање е да се формализира влијанието на единката




Науката е трка на идеи


157








врз контрола на таквата моќ, со цел избраните единки и


колективни тела, да не ги пречекоруваат, злоупотребуваат и


друго, определувањата и барањата на граѓаните.


За формално правното обликување на државната власт


прифатена е определбата, победничката партија на изборите да


предлага Претседател на Владата на Републиката, а Собранието


на Републиката, со гласање него да го избира. Така,


претседателот на политичката партија воедно е и Претседател


на Владата. Оваа определба се практикува во сите изминати


години. Решението не е спорно, такви искуства има во многу


држави. Но, во нив има поинакви услови и околности.


Собранието на Републиката, Претседателот на Републиката,


Судството и Уставниот суд се наоѓаат како да се во подредена


положба. Исто така, се наоѓаат во таква положба и локалната


самоуправа и градот Скопје. Тие почнаа да делуваат со


минимални права и обврски, кои со текот на времето се


подобруваат, се зголемуваат, но се многу далеку од големината


на нивните потреби. Оваа организација на државната власт му


овозможува на премиерот на Владата на Република Македонија


да концентрира голема моќ во своите раце.


Оваа организација на државната власт има и добри и


лоши особини. Тоа се однесува на сите видови на организации


во светот. Така, нашата не може да биде и не е исклучок од ова


правило. За да се зајакнат добрите особини на нашата


организација, потребно е штедење на секој денар и негова


употреба за најнеопходните работи. Доколку се одлучува за


некакво ново трошење на пари треба да се има на ум дека пред


тоа да се направи, во предвид треба да се имаат најмалку 1000


други прашања. Болката на нашата Република е вработувањето,


домувањето, извозот на стоки и услуги во странство и за нив


треба да се вклучи целата сила со која располагаме за


постигнување резултати. Тоа може да го направи нашиот човек.


Треба да се погледаат само два показатели: првиот, зборува


дека штедењето на граѓаните




Науката е трка на идеи


158








постојано се зголемува, второ, се одржува нивото на дознаките


од нашите луѓе кои работаат или живеат во странство.


Задолжувањето кон странство треба да се прави со максимална


внимателност. Исто така, треба изведување на реформите во


судството, кое треба да биде, реално. Треба луѓето во таа


професија да се почуствуваат дека се третата власт. Локалната


самоуправа треба да добие место да може да ги решава:


улиците, локалните патишта, водата за пиење, затоплувањето


во зимските периоди, сообраќајот во населените места,


решавањето на канализацијата, ѓубрето и друго.


Релевантните докази дека се живее демократски со


постојано зголемување на животниот стандард на граѓаните се


потврда за вистинскиот живот во земјата. Овие докази не се


зборови туку дела. Зборовите остануваат запишани, додека


делата се материјализирани, духовни и други добра, кои се


видливи за секој човек. Со радикалните промени од крајот на


деведесетите години и почетокот на последната декада од


минатиот век, таа цел не се постигнува.


Окупираните земји по Втората светска војна за 20 години


се прогласени за светски економски чуда. Кај нас немаше


окупација, но дедовиот и татковиот имот, а со тоа и слободата


на луѓето, преживеа тежок удар, поради чинење или нечинење,


на бројни чинители. Се создаде жална слика со испразнетите и


напуштени стоковни куќи по градовите, руинирани фабрики,


отпуштени работници од работа и друго. Погрешно ги сфативме


пораките на светот со отварање на претпријатија во гаража или


продавање на претпријатија за еден долар. Големиот Бил Гејтс


и гаражата, кај нас се реализира, пак со гаража, но со


површина од 16 квадратни метри, и отворање на продавница


за прехранбени производи, во кои непостоеја никакви услови.


Се направи голем чекор на враќање назад. Овие творби брзо по


неколку години пропаднаа. Продажбата за еден долар, кај нас


создаде раздор. Се поставуваше прашање како може да се


продаде фабрика за таква цена? Тоа




Науката е трка на идеи


159








доведуваше до невидено влошување на меѓучовечките односи


во претпријатијата. Суштината на идејата е во тоа, купувачот на


претпријатието, во дадениот миг, да плати таква цена, но покрај


тоа, да ги плати долговите, да ги задржи вработените и друго.


Така, продажбата не е еден долар, туку таа е доста скапа.


Станува збор за наше погрешно разбирање на идејата. Крупни


проблеми се создадоа со претпријатијата со загуба. Државната


власт никако не дозволуваше на постојните раководни органи


на овие субјекти, да извршат отпис на имотот и да се дојде до


неговата реална вредност. А во продажбата на истите објекти


важеше правилото тие да се отуѓат по неразбирливо ниска


цена. Исто така, крутиот однос на државната власт кон


постојните работодавни органи на претпријатијата, се


манифестираше со замрзнување на продажната цена на


нивниот производ, така што по нивната продажба, се дозволи


радикално зголемување на цената, со која купувачите на


имотот заработуваат високи профити. Во првите години од


последната деценија на минатиот век, по распадот на бившата


држава, имаше војна, беше прекинат железничкиот и патниот


сообраќај и нашите претпријатија работеа во исклучително


тешки услови. Во таква состојба тие требаше да работат по


мирнодобските услови. На пример, државната власт од


постојните претпријатија ги бараше традиционалните


документи за остварување на нивната активност, со што ги


оневозможи да ја вршат својата работа. Така, увозот во нашата


земја се преземаше од луѓе поединци, кои со кеш во своите


џебови, носеа во земјава прехранбени и други производи.


Дојдовме до состојба да доживуваме, тоа што чинеше, да


нечини. На врвот на таквото работење е продажбата на воените


станови за цени од 700 до 1500 германски марки.


Утврдената глобална цел пратена со сите нејзини


содржини јасно се гледа дека таа не е статичка големина, туку


истата се наоѓа во постојани промени, транзиција, која може да


оди во повеќе насоки.




Науката е трка на идеи


160








Можностите за остварување на целите на првата


генерација, како да се завршени. Пред крај се наоѓа


остварувањето на целите на втората генерација. Третата


генерација ги врви првичните остварувања за целите. Во


текстот може да се забележи дека, секоја генерација за себе


смета дека дала сè од себе во изградбата на земјата.


Вистинските, квалитетните, целите со тежина и


вредност, од кои народот и државата забележале подобрување


на својата состојба, на животниот стандард на луѓето на


земјата, во споредба со таквите од претходниот период, се за


почит и афирмација. Тие треба да се изучуваат, да се земаат


како мерила за нашата идна активност. Најзначајни од нив се


содржините за: отворени работни места, изградени станови,


подобрување на големината и односот помеѓу увозот и извозот


на стоки и услуги, изградба на инфраструктура во


образованието, здравството, сообраќајот, водостопанството и


други.





8. Нереални, штетни за земјата и благотворни цели



Република Македонија е мала држава како по територија


така и по население. Таквата состојба во никој случај, нејзе не и


дозволува таа, да е или да се чуствува како едно претпријатие и


да се претставува само како еден град.


Нашата земја е мала бидејќи десеттина пати е помала по


население од големите градови во светот. Исто така, таа е мала


и по бруто домашниот производ. На пример. едно средно


претпријатие од најразвиените земји кое работи со пиво и


вработува 15.000 вработени остварува, вкупен годишен приход,


колку што изнесува таквиот показател за нашиот бруто


домашен производ. Овој аргумент е фундамент врз којшто




Науката е трка на идеи


161








треба да ги градиме нашите однесувања во реалниот живот.


Другите земји во светот, така нас нèгледаат, сфаќаат, па и така
се однесуваат кон нас. На пример, некоја банкарска


организација од светот нам не ни зајмува една, две или пет


милијарди, туку 20, 50 или 100 милиони евра.



Некои


Во групата мали, има и помали земји од нашата држава.


од нив се извонредно богати и развиени. Доколку


почнете нив да ги анализирате, ќе видите дека тие својата


егзистенција ја остваруваат со такви цели, кои се различни


споредувајќи ги едни со други. Во суштината нивното богатство


е резултат на трпелива работа исполнета пред сèсо штедење во
трошењето на средствата и во обезбедување многу ефикасна и


максимална организација на стопанството и вон стопанството,


како и на државната власт. Создаден е простор за приватниот и


индивидуалниот труд на нивните граѓани. Кај нив нема ниту


ронка од градоманијата, растурањето на пари, оставање на


работата од денес за утре и друго. Кај нив секој човек има


вредност, тој е горд, има влијание на сите содржини за работа и


живеење во земјата. Целите на владаечките структури се јасни и


гласни. Секоја од нив е пратена со одлуки, покриена со средства,


со задачи и рокови за реализација, со одговорност за


реализација на проектот и друго. Политичките партии најмногу


се чувствуваат од населението во време на изборите. По нив,


граѓаните се опседнати со државата и со работата на нејзините


органи и организации.


Кај нас владеачките структури на земјата создадоа


амбиент во кој дневната активност е измешана и се презентира


некогаш како став на политичката партија, некогаш како


документ на државата. Граѓанинот е презаситен и изморен од


конфронтациите помеѓу гласноговорниците на политичките


партии, државата и другите, кои во суштина се секојдневни. За


исто прашање, едните ги убедуваат луѓето за едно решение на


нештата, додека другите за спротивно од тоа. Тоа оди така до


недоглед и прашањето завршува со гласање во Собранието на




Науката е трка на идеи


162








Републиката, кога со 61 глас „за”, тоа се озаконува, истото она
што пред одлуката го кажуваше гласноговорникот на


победничката партија. Со тоа загаден е информативниот


простор. Така, опозицијата се исфрла од игра, а да не се зборува


за влијанието врз власта на граѓанскиот сектор, стручните


здруженија, научните институции, за граѓаните.


Со радикалните промени направени на крајот на


деведесеттите години од минатиот век, забележано е во текстот


дека во период од 20 години, тогашните цели не се исполнети.


Тоа во никој случај незначи дека немало никаква активност за


нивно постигнување.


Република Македедонија живее, опстојува, се бори во


секојдневието. Зборовите на текстот се упатуваат до луѓето,


сопствениците на претпријатијата и другите организации, до


управувачките структури на земјата, со цел што повеќе да се


работи и што помалку да се троши.


Во областа на економијата неминовна потреба е


корегирање на досегашната практика во следните насоки, и


тоа: прво, треба да почне да се намалува просторот за цели кои


се покриени со зборови и такви кои што се штетни за земјата и


второ, треба да се зголемува просторот за благотворните цели.


Во првата насока значајно е во организацијата на


стопанството после 1990 година отворените можности со


основање на приватните претпријатија, тие да се негуваат и


подржуваат, не само формално туку и суштински. Оваа


активност зафати голем број на единки кои сметаа дека со тоа


можат да ја остваруваат својата егзистенција. Според


статистичкиот годишник на Република Македонија за 2006


година, на 31.12.2005 година постојат вкупно 175.557 деловни


субјекти, од кои 93.666 трговски друштва и трговци поединци,


претпријатија 67.022 и други. Од овие фирми само една третина


од вкупниот број поднесоа завршни сметки за 2009 година.




Науката е трка на идеи


163








Така, најголемиот број од нив се само зборови или само


добиени решенија за нивно основање од надлежниот орган на


државата. Тоа значи дека во суштина не постои претпријатие,


ниту цели, задачи и други содржини. Тоа е самозалажување на


единката. Ова, покрај другото, значи дека тие беа препуштени


сами на себе.


Во помал дел од споменатото време, во земјата се


развиваше процес за правење на единствено претпријатие од


земјоделството во дел од Републиката. Активностите за тоа


почнаа со спрега помеѓу лице од бизнис заедницата и едно од


најодговорните луѓе на државата. Тие со разни трансакции го


купуваа имотот на општествените претпријатија, кој


поминуваше во нивно владение или нивна контрола. За среќа


на земјата тој процес е прекинат, но нанесе несогледливи


последици со штети за земјата, судски расправи и друго. За тоа


нема ниту дистанцирање на структурите на управување на


државата, ниту преземање енергични мерки за расчистување со


оваа појава.


Претходната појава не е осамена. Погледот на состојбите


во земјата ја наметнува оценката дека кај нас како да се


оформува едно и единствено претпријатие за целото


стопанство и вонстопанство. Креатор на тоа е државата. Таа,


како најголем сопственик на имотите станува најголемиот


работодавач. Со тоа таа станува главниот чинител за


формирањето на бруто домашниот производ. Тоа се прави со


буџетот на Република Македонија. Потрошувачката во земјата е


значајна категорија за формирање на домашнниот бруто


производ. Оваа категорија се зголемува со платите на


непродуктивно вработените во државата, како и со трошења


пари за објекти, кои не ветуваат враќање на вложените


средства. Наместо да се зголемува бруто домашниот производ


од стопанството, тој се зголемува со непродуктивни дејствија на


државата. Големата моќ концентрирана во едно лице доведува


до трошење средства пред сè само за Скопје. Со тоа се




Науката е трка на идеи


164








запоставени другите населени места во земјата. Таквото


однесување му прави големи проблеми на Скопје и тешки


штети на другите градови. Мораме да ја напуштиме таквата


практика.


Буџетот на Република Македонија нема година да не е


поголем од претходната. Основниот параметер на којшто треба


да се темели тој е бруто домашниот производ, а тој има зад себе


многу години кога се намалува, а малку години кога се


зголемува. Праксата не го уважува овој темел во градењето на


политичките и економските решенија. Буџетот е документ кој


личи на игра без граници. Креира потрошувачка, прво, која е


нереална и второ, се трошат пари за непродуктивни, некорисни,


авантуристички и други од таквиот вид трошења. Од големиот


број такви трошења е државната администрација.


Вработеноста во неа непрекинато се зголемува. Нема повеќе


згради во Скопје каде таа може да се смести. Државата превзеде,


од други разни субјекти, објекти и сите се пополнети со


службеници. Се градат нови такви и тие се полнат. Ништо


живо не ги собира. Таквата состојба на администрацијата не


нуди ефикасно и брзо работење. Човекот за сè треба да се реди
во редови за да заврши некаква работа. Создаден е монструм


којшто многу е скап. За оној дел од администрацијата, којшто


се финансира од средства кои се над порастот на годишниот


бруто домашен производ, претставува непотребно трошење на


пари, кои се поголеми од сите крадења на крадците, кои се


судат за злодела. Разликата со крадењата е во тоа што овде


нема виновник, бидејќи вработените земаат пари врз основа на


закон. За составувачите на буџетот и за оние кои го озаконуваат


не важат законите за пазар и пазарно работење, за ценење на


денарот. Од нив се практикува двојно однесување. Овие луѓе


во домашниот буџет се борат за секој денар, а за овој на


граѓаните, претпријатијата и другите имаат друго мерило.


Трошат без граници. Образложенијата за трошењата се, дека сè
што ќе се направи ќе остане. Со тоа се прават објекти со кои




Науката е трка на идеи


165








нема да се повратат вложените средства, а бараат катадневно


одржување.


Долгогодишната практика за непродуктивно трошење за


зголемување на бројот на вработените во администрацијата и


други такви расходи, со посебен нагласок, направен е во


втората декада од првото десетлетие на овој милениум. Тоа


доведе до толкаво акумулирање на проблемите, по што мора да


се превземат сериозни мерки за подобрување на состојбите, и


тоа:


Потребно е поголемо одвојување на средства за науката,


за финансиско стимулирање на субјектите кои покажуваат


успех во своето работенње во стопанството и вонстопанството.


Досегашните одвојувања за оваа намена се сосема мали и


изнесуваат само 0,2 отсто од бруто домашниот производ и


наменети се за финансирање на организации.


Во вработувањето на невработените луѓе, потребно е


поголемо одвојување на средства од буџетот на Републиката за


стимулирање на профитабилните субјекти кои со нивните


проекти предвидуваат отворање на пазарно ориентирани


работни места. Голема е потребата да се намали стапката на


невработеност, која изнесува 33,8 отсто, со кое се наоѓаме


високо на првите места во светот.


Треба да застане намалувањето на депозитите на


државата во Народната банка на Република Македонија, како и


да започне процес за нивно зголемување.


Да се преземат краткорочни и долгорочни мерки за


намалување на дефицитот на трговскиот биланс кој забележува


рекордни движења, кои се на работ на нивното поднесување.


Тоа е резултат на слабиот извоз и нагласен увоз, во кои


несакано отсуствуваат поголеми износи за набавка на модерна


техника и технологија.




Науката е трка на идеи


166








Да се поправи неповолната состојба на тековната сметка


на државата. Актуелната состојба е чинител за ненавремено


исполнување на обврските кон приватниот сектор и другите


доверители.


Да се смири надворешниот долг на земјата кон


странство, кој во овие месеци од 2010 година изнесува 1.424


милијарди евра. Најголемиот дел е долг на владата.


Внатрешниот долг изнесува 869 милиони евра, во кој најголемо


учество има владата. Вкупниот долг од 2.293 спореден со бруто


домашниот производ кој изнесува 6.905 милијарди евра, тој


изнесува 33,2 проценти.


За разлика од сите овие показатели, обратни движења


има кај девизните резерви на Република Македонија и


задржувањето на курсот на денарот кон еврото, кое во ова


време забележува неповолен однос кон САД доларот.


Зголемувањето на благотворните цели е потешкиот дел


од активностите. Тие упорно се избегнуваат од сите субјекти во


земјата. Организацијата која се занимава со стопанска


активност и со неа создава вкупен приход, кој ги покрива сите


трошоци и обврски и реализира профит, е благородна цел. Од


неа има корист секоја единка која е вработена во неа, потоа


банката, државата и сите други организации, кои имаат деловни


односи со неа. Тоа се цели за почит и претставуваат темел на


земјата. Луѓето во таквите организации треба да се почитуваат,


поддржуваат, прашуваат што им треба да се зголеми нивната


работа и друго. Овие стопани на фирми, менаџерските тимови и


колективите, кои постигнале едно ниво на благотворни цели,


тие истите можат да бидат главните чинители за освојување на


нови цели. Докажаните единки на пазарот се нашата


перспектива. Ослободувањето од големите трошачи на


државни пари е изразит приоритет, бидејќи тие тоа што го


трошат им е нагласена потреба на докажаните.




Науката е трка на идеи


167








Вртењето на капиталот во нашата земја е мислена


именка. Сите видови на капитал, треба да се користат така, од


нив вложувањата, што побрзо да го завршат својот циклус и да


се вратат во паричен облик што е можно побрзо. Новиот


паричен облик треба да биде поголем од првиот влог.





Битола, 05 јули 2010 година Д-р Ѓорѓи Михајловски




Науката е трка на идеи


168








РЕПРОДУКЦИЈАТА Е СПОСОБНОСТ НА ЛУЃЕТО ЗА


СОЗДАВАЊЕ ПРОИЗВОДИ





1. Репродукцијата е сложен систем



Во лексиконите репродукцијата се прикажува како:


обновување, повторно изведување, умножување на производи


во техниката, изведување на репродукции од домени во


уметноста, правење копија од оригиналот; непрекинато


обновување на процесот на производството; обновување на


производството; и други.


Поимот репродукција е со многу широко значење. Тој во


говорот на луѓето се изразувал со различни зборови. Него го


користи науката. Неговото значење во биологијата се


прикажува, на пример, со размножување или со други зборови.


Во економската наука овој поим има широко значење и


секојдневна употреба. Во овој текст се зборува за


репродукцијата во економијата.


За одржување и развивање на репродукцијата човекот е


најзначајниот чинител.


Репродукцијата е сложен систем кој човекот го градел со


векови и кој бара од сегашните поколенија на луѓе, совесно и


секојдневно, него да го доградуваат, новелираат, унапредуваат,


со цел тој ним да им претставува основна алатка за решавање


на нивните потреби.


Во дадена организација, луѓето обезбедуваат присуство


на бројни ресурси, којшто се соединуваат и спојуваат во целина.


Големината, квалитетот и другите особини на ресурсите се


димензионираат врз такви пропорции помеѓу нив, кои ветуваат,


спојот да дава висока синхронизација со нивното




Науката е трка на идеи


169








работење.Оценката за спојувањето на ресурсите се потврдува


со објективните мерила за продуктивност, економичност,


рентабилност и други. Овде станува збор за систем којшто ќе


дава производ подготвен за пазар. Со неговата продажба се


обезбедуваат средства за постојано повторување на процесот


на работа.


Обновувањето на човечкиот род, кое се остварува со


раѓање на нови генерации луѓе, бара и соодветно обновување


на репродукцијата. Така обновата на овој систем станува


негово најзначајно обележје. Со тоа таа постанува вечен услов


за опстанок и развој на секое општество, без оглед на неговиот


облик на организација.


Со продажбата на производот од претходниот циклус на


репродукцијата, неопходна е потребата, од паричната маса да се


обезбедат средства за: обновување на потрошените средства за


работа; исплата на платите, надоместоците и другите давања за


луѓето кои учествуваат во оваа активност и тоа за


сопствениците, менаџерските тимови и вработените во


организацијата; користењето на природните ресурси и друго.


Со паричната маса се обезбедуваат услови да почне идниот


процес на репродукцијата.


Според обемот репродукцијата може да биде проста,


проширена или намалена. Простата се карактеризира со тоа


што таа е иста како претходната или како претходните


репродукции. Проширената пак, значи дека актуелната е


поголема од претходната репродукција. Овој облик е


најпосакуваниот обем. Тој најчесто се остварува во животот и


работењето. Најнепосакувана појава е онаа со смалена големина


во однос со претходната репродукција. Компарацијата помеѓу


стариот и новиот обем се прикажува со апсолутни, релативни


или други показатели.




Науката е трка на идеи


170








Репродукцијата во една држава се прикажува на макро и


на микро план. На микро план репродукција се евидентира во


голем број на организации, како во стопанството така и во


другите дејности. За тоа се користат разни видови на


прикажувања на настаните. На макро план репродукцијата се


прикажува за цела држава, за кое се користат соодветни


показатели. Таа се именува како општествена репродукција.


Обемот и структурата на репродукцијата за определена


држава е нејзино огледало. Општествената репродукција


покажува витални показатели за животот и работата на луѓето


во земјата. Од нив се дознава за: бројот на населението и


вработените, нивнот богатство и сиромаштија; бруто


домашниот производ во апсолутни броеви како и таквиот по


еден жител; извозот и увозот на стоки и услуги во странство и


друго. Во огледалото може да се види, покрај другото, и


културата на работењето, нивото на развиеност во споредба со


други земји и друго.


Во секоја држава во светот репродукцијата има свои


карактеристики. Шареноликоста и разликите помеѓу нив се


основните обележја на одделните репродукции. Таквата


состојба е резултат на историски, природни, човечки и други


чинители. Врз основа на тоа има богати, средностоечки и


сиромашни држави.


Доколку се пресмета колку и какви субјекти на микро и


на макро план учествуваат во творењето на репродукцијата во


една земја, тогаш ќе се утврди дека нејзе ја создаваат голем


број на стопански, вонстопански и други организации. Секој


поединечен субјект во земјата во својата средина мора да


делува синхронизирано, складно и успешно. Вкупниот резултат


на овие единки ја сочинуваат целината, која тука се именува


како општествена репродукција. Сложеноста на поимот


репродукција ќе биде лесен за распознавање, но во целината не


се манифестираат само добрите, туку и непосакуваните појави.




Науката е трка на идеи


171








Така, сложеноста се цени не само со бројот на субјектите, туку и


со многу други појави.





2. Големина, структура и квалитет на репродукцијата



Секој вид на репродукција се изразува во натурални и


вредносни показатели. Поради нејзината разноликост таа


најповеќе се прикажува во вредносни показатели. Секоја


национална економија таа работа ја прави со множење на


количините на натуралните производи со вредноста на


националната валута или со валути кои имаат меѓународен


рејтинг. Со тоа се определува големината на репродукцијата на


микро и на макро план. Во реалниот живот секоја организација


се грижи за зголемување на големината на репродукцијата, со


што се влијае на зголемувањето на приходите на овој субјект.


Структурата на репродукцијата се препознава по


нејзините делови, производи. Со анализа на структурата се


доаѓа до сознанија од што се состои таа. Структурата се


определува уште во процесот на основањето на организацијата.


Таа може да се потпира на: најнови научни сознанија;


апликација на решенија на најнапредни организации во светот;


купување на целосна техника и технологија од производители;


природни ресурси; оспособеност на работна сила и друго. Во


животот на организацијата, структурата постојано се


прилагодува на потребите и динамиката на промените. Со тоа


може да има помали или поголеми промени во структурата.


Квалитетот на репродукцијата е извонредно значајно


прашање во постоењето на организацијата. Борбата да се


постигне врвен квалитет на производот е секојдневна. Една


организација може денес да е прва во тоа, а наредниот ден




Науката е трка на идеи


172








истото да му припаѓа на друга. Оваа трка е вечна, било тоа да се


зборува за минато, сегашноста или за иднината.


Големината, структурата, квалитетот и другите особини


на репродукцијата на дадена организација во основа е зависна


од способноста на луѓето во организацијата да направат


производ, како интерно, а уште повеќе од прифаќањето на


производот од домашната и странската потрошувачка, како


екстерно прашање. Синхронизацијата на сите чинители во


организацијата треба да биде на голема висина, бепрекорна, но


тоа ништо не би значело доколку тоа не се постигне и со


екстерниот чинител, потрошувачката. Понудениот производ


треба некој да го купи и плати. Пазарот е немилосрдниот


судија, кој дава оценка за сите особини на конкретната


репродукција.


За обезбедување на синхронизација на целокупната


репродукција од пари до пари, човекот направил бројни мерила,


со кои се обележува синхронизацијата внатре во


организацијата и онаа со потрошувачите. Од нив во текстот


следуваат кратки кажувања за продуктивноста, економичноста,


рентабилноста и коефициентот за вртењето обртот на


средствата. Станува збор за индикатори за квалитетната страна


на репродукцијата, за вистинските вредности на активностите


на луѓето.


Доколку се има во вид организација од стопанството,


споменатите индикатори покажуваат бројки, кои треба да


бидат патокази за сопственикот, менаџерскиот тим и


вработените, каде, како и кога, да се движи овој субјект.


Продуктивноста како индикатор го покажува односот


помеѓу остварената реализација и просечниот број на


вработени луѓе, односно остварен промет по едно лице. Овој


показател има широка примена, со тоа што наместо вкупниот




Науката е трка на идеи


173








промет може да се прикажува остварениот доход по едно лице и


друго.


Економичноста пак, изразува однос помеѓу остварената


реализација и вкупната работа (жива и мртва), потрошена за


остварување на репродукцијата. Таа покажува колкава е


остварената реализација на секој 100 денари вкупни трошоци.


Работата на организацијата е до толку поекономична во колку


овој показател дава бројка поголема од 100. Формулата за


пресметување е: остварената реализација се множи со 100, а се


дели со големината на набавната вредност на реализираните


производи (потрошени средства и реализирани плати).


Рентабилноста го изразува односот помеѓу остварениот


вишок на работа и вкупните вложени средства, односно


покажува степен на оваа категорија, или тоа претставува колку


изнесува вишокот на работа на еден денар вложени средства.


Таа се пресметува по формулата: остварениот доход се


намалува со остварените лични доходи, а се дели со собраниот


износ на деловниот фонд и просечно ангажирани банкарски


средства.


Индикаторот за коефициентот на обртот на средствата


покажува однос на остварената реализација и просечните


залихи
на


стоката. Наместо залихите на стоки во формулата


може да се употреби просечното користење на обртните


средства или друга големина. Показателот е подобар доколку се


врши што побрзо вртење на залихите, обртните средства, или


другите големини. Со тоа се добива и на овој план квалитет на


човековата активност.


Овие и други показатели во основа се користат за


внатрешна употреба на организација. Тие редовно служат да се


види каков е односот на показателите од планот на


организација и остварувањата за месец или година. Покрај тоа


се компарираат резултатите од тековната со таквите од




Науката е трка на идеи


174








минатата година. Овие споредби инсистираат сопственикот и


менаџерскиот тим да преземаат додатни активности, кај


позитивните движења, тие да постанат уште поголеми, додека


кај негативните да се запре таквиот тренд и да се обезбеди


движење во позитивна насока. Така, овие индикатори ја ставаат


организацијата, како, кога и многу брзо да делува во насоката


која е предвидена со плановите за работа. Добиените сознанија


со овие показатели се со големо значење. Меѓутоа, само со нив


организацијата ќе живее и работи во темница, доколку тие


резултати на фирмата не ги компарираат со таквите на исти


или сродни субјекти во земјата, како и со таквите од


најразвиените земји. Организацијата која се определила да


живее и работи во темнина, нема поглед каде оди светот, а без


тоа ја губи својата ориентација а со тоа и перспективата. Треба


да се прифати вистината како и борбата со ривалите.





3. Репродукцијата е творечка војна на ривалите во трката за
пазар





Употребата во овој наслов на зборот војна може да е


премногу јак, но често употребуван, баш од учесниците во неа.


Тоа се луѓе којшто долгогодишно го држат во своите раце


управувачот на нивните компании. И покрај тоа, прифаќањето


на овој збор за наслов е резултат на жестокоста, на односите


помеѓу учесниците во размената, што се случуваат на светскиот


и другите пазари.


Животот на луѓето од памтивек бил исполнет со секакви


појави, со настани карактеристични по добро и лошо за


единките. Така, луѓето постојано трагале, како што почесто да


им се случува доброто, а што поретко лошото. Така се родил


зборот фер, кој претставува збир на позитивни особини на


однесувањето на еден кон другиот ривал на пазарот. Тој поим и




Науката е трка на идеи


175








сега доминира во нашиот живот и работа, како фер игра, на


сите играчи во дадениот деловен однос. Доколку конкретна


индивидуа достоинствено, чесно, отворено ги изнесува


сопствените ставови и друго, тогаш може да се каже дека


учесникот е фер играч. Обратно од тоа, доколку тој се служи со


лага и измама, подмолно и намерно ги изнесува своите ставови


и друго, тогаш може да се каже дека станува збор за нефер


играч.


Во реалниот живот многу деловни активности се


случуваат на граничната линија помеѓу овие две однесувања на


луѓето. Тоа им дозволува на луѓето различно да го толкуваат


настанот, едните дека бил фер додека другите дека бил нефер.


Така, овие линии претставуваат поттик, како да се најде


формула за решавање на оваа дилема.


Големината, структурата и квалитетот на


репродукцијата, во новиот Милениум, помалку е зависна од


создавањето на производот, бидејќи можностите на луѓето во


светот се поголеми од нивната потрошувачка. Репродукцијата


сега е голем зависник на платежно способната потрошувачка.


Актерите на оваа војна се најмоќните компании во


светот. Во нив влегуваат традицоналните и новоформираните


фирми. Неодминливи учесници во војната се и организациите


со средна и мала големина.


Оружјето на организациите на најмоќните компании во


светот во војната за пазар е науката, знаењето, храброста и


способноста за создавање производ и истиот да го реализираат


на пазарите во светот. На чело на овие фирми се талентирани


творци, кои креираат нов производ, со кој се руши и исфрла од


употреба дотогашното добро, или се создава производ, кој е


белег на сегашното време и друго. Таа активност, која што руши


безмилосно сé пред себе, многу брзо ја прифаќа целиот свет,


не по името, туку по нивната потреба за полесна работа,




Науката е трка на идеи


176








забава и живот. Овие поединци се вистински лидери, не со


формален туку со вистински авторитет. Нив ги почитува


потрошувачот на целиот свет.


Организациите со средна и мала големина, кои


претставуваат најголеми учесници во создавањето на производи


во репродукцијата во светот, во борбата за пазар, исто така, се


служат со научните сознанија и нивна примена во практиката и


друго. Нивната борба со ривалите за добивање место на


пазарот е исцрпувачка и исполнета со низа непознати,


неочекувани, изненадни појави, кои се јавуваат во работењето.


Во формирање на обемот на репродукцијата учествуваат и


семејства, поединци и други кои создаваат производи. Овие


чинители, исто така, се докажуваат на пазарот и ја чувствуваат


строгоста на оваа институција.


За да може да се добие појасна слика што се случува во


светот на репродукцијата ќе бидат истакнати поединечни


индикатори за водечки компании од САД, кои се со нов датум


на основање. За овие организации од стопанството секогаш


можат да се најдат податоци и тоа ја олеснува работата на


авторите од целиот свет во нивните творби. Овде ќе стане збор


за годината на основање на фирмите: ,,Мајкрософт”, компанија
за компјутери, 1975; ,,ЕПЛ” американска компанија која се бави
со развој, производство и продажба на лични компјутери, 1976;


,,Гугл”, американска јавна корпорација специјализирана за
пребарување на интернет, 1998; ,,Фејсбук”, приватна
интернационална станица - служи како сервис на социјална


мрежа, 2004 година.


,,Мајкрософт” во 2006 година оствари приход од 42.2
милијарди САД долари, додека нето добивката изнесува 12,6


милијарди САД долари со 71.172 вработени. Еден вработен


остварил приход од 621.000 или нето добивка по 177.000 САД


долари.




Науката е трка на идеи


177








,,ЕПЛ” во 2008 година оствари приход од 6.28 милјарди
САД долари со нето добивка од 4.1 милијарди САД долари, со


32.000 вработени. Еден вработен остварил приход од 196.000


или нето добивка по 127.000 САД долари.


,,Гугл” во 2008 година остварил приход од 21.80
милијарди САД долари и нето добивка 4.2 милијарди САД


долари, со 19.786 вработени. Еден вработен остварил приход од


1.101.030 или нето добивка по 213.527 САД долари.


,,Фејсбук” во 2008 година оствари приход од 300 милиони
САД долари и нето добивка од 50 милиони САД долари со 500


вработени. Еден вработен остварил приход од 600.000 или нето


добивка од 100.000 САД долари. После пет години постоење,


оваа фирма во средината на 2010 година дојде до 500


милиони


членови, а тие разменуваат над 30 милијарди информации


месечно. Ова година нејзините приходи се претпоставува да


достигнат 2 милијарди САД долари. Со тоа оваа мрежа ја


зголеми својата вредност на околу 25 милијарди САД долари.


Овие компании се творци на исти и различни производи, кои се


карактеризираат со откритија, којшто ги прифати целиот свет.


Такви компании за овие и за други производи има во повеќе


држави во светот. На пример, прво, од 2-ри до 17-ти октомври


2010 година на познатата манифестација, Париз мотор шоу, беа


прикажани најновите пронајдоци во автомобилската


индустрија. Новите производи поаѓаат од барањата на


потрошувачите и потребите на екологијата. Производите ја


преферираа практичноста, функционалноста и штедливоста,


која ја поставија во прв, додека на втор план сега е дизајнот,


стилот и моќта на возилата. Производителите се за сé поголема


примена на хибридните решенија и развој на електрични


автомобили, автобуси, комерцијални и други возила. Погонот


на гас останува како актуелно решение. Напредуваат


истражувањата и за други алтернативни решенија. Вториот


пример е за информацијата дека, во второто полугодие од 2010




Науката е трка на идеи


178








годин е пробиен најдолгиот тунел на светот, долг 57


километри по 14 години работа, за кој се потрошени 10,3


милијарди САД долари. Тоа е производ кој се разликува од


претходните примери. Производот под Алпите ги поврзува


Цирих и Милано и низ него ќе поминуваат 300 воза со брзина од


250 километри на час. Со него се обезбедуваат далеку подобри


и поекономични движења на луѓето и стоките, споредено со


сегашната состојба. Тоа е инфраструктура која позитивно


влијае на продуктивноста, економичноста и


рентабилноста.Здравата конкуренција на пазарот на сите


учесници во размената, им сугерира, секој во својата средина да


размислува и твори производи, подобри од постојните, со


помалку потрошени вкупни расходи, подобни од гледна точка


на екологијата, со задоволителна нето добивка, која е


императив за трајноста на репродукцијата.


Збирот на овие сознанија потврдуваат една вистина дека,


репродукцијата е творечка секојдневна војна во која


учествуваат сите луѓе на планетата Земја. Таа им припаѓа на


сите генерации луѓе. Темелите на борбата се: непрекинатиот


натпревар помеѓу единките и нивните организации за да се


постигне нешто што е најфункционално, најкорисно, погодно


за задоволување на потребите на луѓето, најубаво и друго. Тоа


се стигнува со постојаната конкуренција која се врши на


пазарот. Со репродукцијата се решаваат прашањата и


проблемите за опстанок на човековиот род, за негов опстанок и


развој.




Науката е трка на идеи


179








4. Репродукцијата во Македонија



4.1. Населението во репродукцијата




Човекот е најзначајниот чинител за постоењето и


развојот на репродукцијата. Без него не може да се замисли


репродукција. Секој човек на свој начин учествува во


репродукцијата. Некој на страната на создавање на производи и


услуги и друго, друг како потрошувач. Оттаму, секогаш кога се


зборува или пишува за неа се поаѓа од населението, кое е


богатство од кое поединците врз основа на своите


размислувања, започнуваат да создаваат организации, во кои се


вработуваат луѓе, се купува објект, опрема, суровини,


репроматеријали, после кое следува нивно вклучување во


репродукцијата.


Статистичкиот годишник на Република Македонија за


2009 година има забележано дека Република Македонија во


1990 година брои 2.028.000 луѓе. Пописи на населението се


направени во 1994 и 2002 година. Бројот на луѓето според


проценка, во средината на 2008 година изнесува 2.047.000 луѓе.


За 18 години просекот на годишен прираст на населението


изнесува 1.055 лица.Според истиот извор на податоци бројот на


населението во 1971 година изнесувал 1.647.000 лица, а во 1990


година се користи веќе прикажаната бројка. Овде за 19 години,


годишниот пораст на населението изнесува 20.053 лица.


Компарацијата за прирастот на населението во двата


периоди на време зборува дека во времето од 1990 до 2008


година овој показател е значително смален. Тоа е резултат на


природниот прираст на населението, кој е намален,


иселувањето од земјата кое е зголемено, доселувањето кое е


присутно и друго.




Науката е трка на идеи


180








Овие показатели ни порачуваат дека како во


претходниот период од 1971 до 1990 година, сега не можеме да


сметаме на зголемување на обемот на репродукцијата, врз


основа на годишниот прираст на населението, туку само на


постојните резерви на работна сила, како и на зголемувањето


на продуктивноста на трудот и друго.Од вкупниот број на


население со статистички методологии се прикажува


работоспособното население. Тоа, со приближен вкупен број на


население, на пример, во 1991 година се прикажуваше со број од


1.332.000 лица, а во 1994 година со 779.000 лица. Активното


население над 15 години според економската активност и


возраст во 2008 година изнесува 919.424 лица. Како едно од


мерилата за креирање на овие показатели се користи


податокот од институциите за евиденција на работната сила,


односно станува збор за лица кои се јавуваат на пазарот за


труд.Индивидуалниот земјоделец, кој држи значајно место во


структурата на вкупното население фактички не се третира, тој


е запоставен. Тој иако учествува во репродукцијата, се уште е


индивидуалец, нема напреднато кон тоа да постане и правно


лице, да добие третман на вработен. Исто така, има и други


делови од населението, кои на различни начини учествуваат во


репродукцијата, на страната на создавање на производи и друго,


кои не се предмет на споменатите прикажувања.





4.2. Вработените се носители на репродукцијата




Вработениот е човек, којшто научил како да работи на


определена работа. Вработувањето го стекнал преку огласите за


тоа, во кои ја нудел својата спремност и способност и изразувал


подготвеност дека успешно ќе ги изведува задачите на


конкретно работно место. Во најголем број на случаи еден


вработен работи на едно работно место. Работното место има




Науката е трка на идеи


181








свое име. Тоа, во најголем број на случаи, претставува место


каде се лоцира вработениот. На работното место се создаваат


сите потребни услови, за да може индивидуата да ја врши


својата работа. Секое работно место има своја цена која може да


биде 10, 50 или 100.000 евра. Според тоа, за секое работно


место треба да се вложуваат големи средства. Вработениот е


создавачот на производи и други добра кои се реализираат на


пазарот, како и се врши размена во повеќе облици. Обемот на


сите создадени вредности на една, собран со таквите од другите


организации ја сочинуваат репродукцијата на градот, регионот,


државата. Тоа е едната страна на репродукцијата, втората ја


претставува потрошувачката. Производството и


потрошувачката на земјата се дополнува со странски производи


и услуги и друго, како и со странска потрошувачка.


Бројот на вработените во земјата е показател кој најмногу се


користи за да информира и кажува за развојот на државата.


Квалитетните фактори на репродукцијата се пресметуваат со


бројот на вработените, со живата и мртвата работна сила. Кај


нас бројот на вработените се прикажува на повеќе начини. Секој


начин си има своја методологија, која ја создава и воедно и ја


применува конкретна организација. Методологијата треба да ја


почитува науката и за тоа најсовремената техника. Многу е


опасно таа да почне да се користи за дневно политички


потреби, со што креаторот на податоците брзо ќе ја загуби


вербата кај своите корисници.


Во нашата пракса се применуваат три методи, за утврдување на


бројот на вработените, и тоа:


y Првата метода претставува собирање на податоци од
институциите, кои ги водат невработените. Тие за лицата


што се вработиле даваат податоци за настанатиот случај.


Правните лица, организациите и други, исто така


поднесуваат извештаи до службите за статистика за


бројот на вработените. Врз основа на овие сознанија, се




Науката е трка на идеи


182








утврдува бројот на вработените, на пример, на ниво на


држава. Под поимот вработени се сметаат сите лица кои


имаат заснован работен однос со деловниот субјект, без


оглед дали работаат на неопределено или на определено


работно време, како и тоа дали работат полно или покусо


од полното работно време. Во бројот на вработените не се


вклучени лицата кои самостојно вршат дејност -


професија како и индивидуалните земјоделци.


y Втората метода претставува анкета на работната сила,
која е спроведуваат службите за статистика. Од вкупниот


број на домаќинства во земјата се анкетира еден мал дел


од нив, се собираат податоци и се креира овој показател.


Показателот зборува за бројот на вработените, кој заедно


со невработените ја претставува работната сила на


земјата, или тоа е именувано како активно население. Во


овој показател, како вработени влегуваат следните


категории: работодавците, вработените, вработените за


сопствена сметка, неплатените семејни работници и


други.


y Третата метода ја реализира Фондот за пензиско и
инвалидско осигурување на Македонија, кој е носител на


дел од одамна воспоставената матична евиденција, во


која се евидентираат вработените, нивните поминати


години на работа, платите и други податоци. Врз основа


на овие големини се определуваат правата на


осигурениците од осигурувањето. Овие податоци треба


да бидат истоветни, како кај органот кој ги води, така и


кај конкретното лице. Доколку дојде до несогласување на


едната со другата страна, постои судска заштита, со


што може да се зборува дека тие се точни и неспорни.


Бројот на вработените во Република Македонија, утврден по


трите методи, изнесува:






Науката е трка на идеи


183








Година Прва метода Втора метода Трета метода


----------------------------------------------------------------------------------------


2006 418.192 570.404 394.882


2007 434.041 590.234 424.338


2008 434.858 609.015 451.491




Податоците во табелата се земени и тоа: првиот и вториот


показател од Статистичкиот годишник на Република


Македонија 2009 година, додека третиот од Извештајот за


работа на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на


Македонија за 2009 година.


За податокот од 2008 година за третиот показател во


Извештајот на Фондот постои напомена дека истиот е помал, со


оглед на тоа дека дел од вработените не го имаат платено


придонесот и изнесува 418.958 вработени.


По вториот метод на прикажување во сите три години,


броевите се најголеми. Во овие броеви има и лица кои работаат,


но не земаат плата. На второ место доаѓаат броевите по првиот


метод и на последно место се таквите по третиот метод.


Сите тие споредени со македонските достигнувања се многу


мали и се показател за големата невработеност во земјата.


Овој број на вработени претставува носечката сила на


македонската репродукција. Но, репродукцијата е резултат и на


други структури од населението, до последниот граѓанин. На


пример, индустрискиот производител на кашкавал, сирење и


пастеризирано млеко, суровината за своето производство, ја


добива од индивидуалниот земјоделски производител. Тој пак,




Науката е трка на идеи


184








сточната храна и други потреби за млекопроизводството ги


користи од друг земјоделски производител и друго.


Зголемувањето на бројот на вработените во земјата е


исклучително значајно прашање за опстанок и развој на


земјата. Природно е граѓаните, организациите и државата да


прифатат и применуваат одговорност за зголемување на


вработените во земјата. Единката и неговото семејство треба


да има план и да вложува напори, како нивната работоспособна


личност, да се вработи и вклучи во репродукцијата. За тоа е


потребно познавање и способност на единката за определена


работа, желба за тоа, понекогаш и употреба на средства како


влог за обезбедување на работното место и друго. Секоја


организација има потреба од освежување на својата кадровска


структура со млади лица. Таа потреба се јавува и во сите органи


и организации во државата. Освежувањето е природна потреба


за опстанок и развој на сите субјекти. Непостои субјект во


земјата кој на краток и подолг период на време, може успешно


да работи без вработување на нова работна сила. Доколку се


обезбеди таква одговорност за сите субјекти во земјата,


потребно е секој човек да учествува во тоа и со свои пари.


Таквиот однос треба да е еднаков и за сите други субјекти,


организации од стопанството и вон стопанството и државата, и


тоа со далеку поголемо учествово од единката, во дадениот


зафат.


Странскиот капитал во нашата земја е присутен од нејзиното


основање. Со него отварани се работни места, носена е во


земјата нова техника и технологија, учено е од нашите луѓе


светското знаење и друго. Со тоа сме се задолжувале кон


странство. Капиталот влегува во нашата држава по разни


патишта. Во најголем број на случаи странецот нас не наоѓа, а не


ние него. Желбата ние да го пронајдиме странскиот инвеститор


кај нас е присутна. За тоа се трошат големи пари. Во земјава


дваесет години доаѓааа претставници на најголеми фирми од


Европа и светот. Во таа активност се видоа и




Науката е трка на идеи


185








непримерни однесувања на нашите луѓе. На пример, прво, во


основа работите ги водеа некомпетентни луѓе, високи


функционери од државата, кои не го познаваа ниту производот,


ниту пазарот, ниту технологијата; второ, присутно беше


фантазирањето, дека со дадена зделка преку ноќ ќе станеме


побогати и ќе му речеме збогум на сиромаштијата; трето,


прекинати се дипломатски односи со една држава за да добиеме


зделка со друга држава; и друго. Резултатот од тоа се сликите


на нашите луѓе со претставниците од странство. Оваа


активност треба да продолжи, но со вградена одговорност за


таа активност од луѓето кои ја водат оваа работа. Се чини дека,


најпаметно е да ги разбереме разните програми кои странство


ни ги нуди и од нив да извлекуваме, преку нашата ажурност,


определени користи. Нивните програми се такви што со нив тие


ги постигнуваат нивните цели. А ние, исто така, треба да го


оствариме нашиот интерес. Во овие зделки мора да учествуваме


со средства и со превземање на обврски. Денес во светот не


може ништо да се добие без да се плати.


Деловната активност на нашата земја со странство е една од


најсуптилните. За совладување на задачите и постигнување на


нашите цели, во оваа работа треба да се вклучуваат докажани


фирми, поединци и други. Луѓето за таа работа да бидат


професионалци и компетентни лица. Тие треба да се избираат


од кадровскиот потенцијал на земјата. Во нивниот избор треба


да се оди од докажаноста на единките на конкретни проекти.


Во оваа активност не смееме да вклучуваме луѓе без искуство и


познавање на оваа суптилна активност. Луѓето од младата


генерација, можт да бидат асистенти, да се запознаваат со


методите на работа на странските експерти.


Директните странски инвестиции претставуваат облик на


реализација на дел од странските вложувања. Тие се производ


на фирмите кои пласираат капитал. Со нив се продава знаење,


технологија, менаџирање, од една во друга држава. Објектите


кои се градат во другата држава се во сопственост на




Науката е трка на идеи


186








инвеститорот, сопственикот на капиталот. Вработените во


новоформирана организација пак, се од втората држава, со


исклучок на менаџерскиот тим, кој е на првата држава. Овие


инвеститори се пребирливи, имаат свои барања, посебно


гледаат на нашата сигурност и безбедност. Нивниот мотив е да


остваруваат профит со дадената работа. Нашиот интерес пак, е


да вработуваме луѓе и друго. Пребирливоста на инвеститорот


ќе бара доста работи и ние да направиме, да потрошиме пари,


посебно во создавање на локација и други содржини од


инфраструктурата.


За нашата држава многу е важно да се држи на основниот


принцип кој вели дека, за сите субјекти во земјата треба да се


создаваат исти услови за вршење на стопанската активност,


како за странските така и за домашните субјекти. Со такви


содржини на активностите да ја зголемуваме вработеноста во


земјата, со кое позитивно ќе се делува на големината и


квалитетот на репродукцијата.





4.3. Каде е борбата за вистинските вредности




Техничката опременост, поделбата на работа заедно со


специјализацијата, субспецијализацијата, отварањата на


работни места, градбата на станови, инвестиции во


инфраструктурата се прашања кои во основа многу години се


надвор од вниманието на најодговорните чинители во земјата.


Со овие реченици не се потценуваат и негираат напорите


по оваа тематика на мал број на субјекти во земјата. За нив се


изразува голема почит и уважување, посебно за нивната


снаодливост и способност за создавање на производи. Во


продолжение станува збор за општата состојба во земјата.




Науката е трка на идеи


187








Човек може да се чуди денес кога со повеќе тендери не


можат да се продадат “Охис,, Скопје, “Емо,, Охрид, “Тутунски
комбинат,, и “Еурокомпозит,, Прилеп. Тоа воопшто не е за
чудење. Зар некој од луѓето не можат да разберат дека денес


машината за пишување и да е најнова, е обичен крш,


неупотреблива. Секое претпријатие, трговско друштво и


другите субјекти, треба секојдневно да се опремуваат,


модернизираат, кадровски да се освежуваат. Со


неприменувањето на тоа правило после еден ден, недела, месец


или година, тие се надвор од игра. Како можат да се продадат за


добра цена претпријатија кои долго време се препуштени на


забот на времето, се исполнети со загуби. Зар не е добра поука


што “Фени,, Кавадарци, граден со огромна инвестиција, е
продаден само за незначителна сума на долари. Сега сето тоа е


заборавено. Со купопродажбата избришан е финансискиот


товар на ова претпријатие и во пресметката сега се оди само со


новата сума на објектите. Не се плаќаат огромните суми на


обврски кон доверителите. Секој човек од земјава сега му


посакува на оваа фирма се најдобро и да продолжи по патот на


успехот.


Техничката опременост на трудот е стриктна примена на


науката во животот и работењето на човекот. Таа, го учи


човекот како да се менува. Како да создава вредности со


висококвалификуван труд, производи кои ќе се трошат како на


домашниот така и на странските пазари. Техничката


опременост на трудот, нашата земја од секогаш ја купувала од


најразвиените земји во светот, односно сме ја увезувале. Во


списокот за увоз на значајни производи, таа отсуствува голем


број на години. Не се потребни зборовите, дека сме добри, а не


образложуваме со ниту еден аргумент. Добри ќе бидеме кога


техничката опрема ќе се покачи на место кое í припаѓа на


споменатиот список.


Поделбата на работата, специјализацијатаи


субспецијализацијата претставуваат императив на денешното




Науката е трка на идеи


188








време. Во оваа земја на 31.12.1988 година сме имале 1.672


стопански организации. Од нив 17 биле сложени организации,


168 работни организации со основни организации на здруж


труд 1.487 работни организации. Од нив пет претпријатија


вработувале по 12.000 лица, другите биле со средна и третите со


мала големина. После 17 години на 31.12. 2005 година во земјава


постојат 175.557 деловни субјекти, од кои 93.666 трговски


друштва и трговци поединци, 67.022 претпријатија и други.


Според публикацијата 200 најголеми фирми во Република


Македонија, направена од ,,Еуро бизнис центар” ДОО- Скопје, во
2009 година, овие компании оствариле 42,9 отсто од вкупниот


приход и 53,5 отсто од добивката на нашето стопанство. На


листата на 10 најголеми компании забележани се: ,,ЕВН


Македонија”, ,,Макпетрол”, ,,ЕЛЕМ”, ,,Македонски телеком”, ,,Т-
мобиле”, ,,Фени”, ,,Еуро табак”, ,,Тинекс” ,,Алкалоид”. Според
остварената добивка на прво место на листата се наоѓа


,,Македонски Телеком”, со остварени 105,7 милиони евра,
додека на листата најголеми фирми по бројот на вработени се


наоѓа ,,ЕЛЕМ” со 3.882 лица и друго.


Компарацијата помеѓу 1988 и 2005 година ни наметува


прашање, да одговориме што сторивме со организацијата на


нашето стопанство? Дали сакаме да градиме стопанство од


времето на мануфактурата или живееме во новиот Милениум?


Доколку поделбата на работата се смета како основен


чинител за продуктивноста, економичноста и рентабилноста,


ние неа сме ја напуштиле. Човек треба да седне и да почне да


размислува што и како работи најодговорното лице во


повеќето наши деловни субјекти. Одговорот самиот по себе ќе


наметне да кажете, дека тој работи сé и сешто. А во таква работа


не може да се постигнат споменатите квалитетни фактори на


репродукцијата. Овој човек не е сам во нашата репродукција. Да


земеме случај со нашиот земјоделски производител. Тој во


отсуство на систем на работа е единка која ора, сади,


потхранува, заштитува, бере, транспортира готов




Науката е трка на идеи


189








производ, го продава, ја води целата евиденција, работи со


банките и друго, односно ги врши сите задачи. Тој е препуштен


самиот на себе. Голем е сонот на земјоделецот, да знае кој ќе го


земе готовиот производ од неговиот магацин, во него да добие


семенски материјал, средства за заштита и друго.


Излезот од ваквите состојби, како за најодговорното лице


во деловниот субјект, така и за земјоделецот, треба да се бара


во нивното вклучување во определен систем, во поделба на


работата. А систем може да гради и да го изгради,


производителот за преработките од млеко, жито, тутун, како и


трговските организации и други.


Во оваа состојба не може ништо да се каже за


специјализацијата и субспецијализацијата. Се посакува и тие


структури од луѓе да завладеат во нашата репродукција.


Реалноста за отворање на нови работни места повеќе


години се карактеризира пред се со нивно затворање, потоа со


препуштање некој непознат да го решава тоа и како последица


на таквата практика се доаѓа до резултатот сиромаштија и


невработеност. Сите годишни предвидувања на државата


изразени преку макроекономските политики и буџетите, ова


прашање и еден од нашите најтешки проблеми, го третираат со


општи формулации. Тоа во прво време се третираше како


прашање кое не е во надлежност на државата, божем


претприемаштвото самото тоа ќе го реши. Подоцна, се јавуваат


палијативни и срамежливи решенија, кои денес се заборавени.


Во пишуваните трудови, се чини дека е неспорен


податокот за загубените работни места, кој изнесува повеќе од


200.000 луѓе во првите години од транзицијата. Таквиот процес


на намалување, континуирано се одвива, а и денес се забелжува


во определени средини.


Пензискиот систем решава повеќе прашања и проблеми.


Тој со својот капацитет има влијание и на бројот на работните




Науката е трка на идеи


190








места. Тој од репродукцијата ја ослободува постарата и нуди


вработување на млада работна сила. Со одењето на единката во


пензија се ослободува нивното работно место. Тоа во најголем


број на случаи постои, живо е. На него може да дојде друго


лице, без за тоа да се вложуваат нови средства. Бројот на


приливот на корисници на старосна пензија во системот во


1991 година изнесувал 9.054, во 2009 година 695, намногу во


1993 година 11.778 и најмалку во 1996 година 316 лица. Ова со


други зборови значи, дека во1996 година пензионираните


граѓани им ослободиле само 316 работни места на лицата кои


бараат работа. Во овие години изгубен е голем капацитет на


македонската репродукција. Во тоа намалување учествува и


пензискиот систем со околу 10.000 работни места годишно од


старосните пензии, без инвалидските и фамилијарните.


Со прелистување на документот за Макроекономска


политика на Република Македонија за 2010 година, граѓанинот


не може да види некоја промена во споредба на тука кажаното.


За 2010 година се предвидува растот на вработеноста да се


зголеми за 3 отсто, како резултат на заздравувањето на


светската и македонската економија. Се зборува за


поттикнување на субјекти во вработувањето. Се упатува


читателот да ја прочита Националната стратегија за


вработување во 2010 година. Во делот од споменатиот документ


кој зборува за буџетските расходи нема ништо за


вработувањето, за отварање на работни места, со исклучок


дека ќе се плаќаат платите на вработените, социјалните


давачки и друго.


Гледајќи и слушајќи што прават за работни места, луѓето


на највисоките управувачки и раководни структури на


најразвиените земји, човек се наоѓа затечен и зачуден и се


прашува, каков е нашиот систем. Зошто се разликува од таквиот


на најразвиените земји. Зошто тоа што го прават структурите


на споменатите држави, не го прават нашите. Видено е во


Франција и Германија, во времето на кризата 2008




Науката е трка на идеи


191








и 2009 година и сега, како тие се борат за спасување на фирми и


за вработените. Кризата во САД е најавена со смалување на


бројот на вработените и наголемување бројот на


невработените. Запалено беше црвеното светло со


наближување на невработеноста до 10 отсто. Нивната борба се


гледа и со потрошените огромни средства за работни места и


покрај големото задолжување на државите.


Становањето е второто прашање по важност после


вработувањето во земјата. За развојот на оваа активност клучен


чинител е граѓанинот, кој треба да располага со средства и


желба да гради за себе станбен простор. Покрај граѓанинот


потребно е тоа да го подржува банкарскиот систем, со


кредитирање, како и градежните претпријатија, со нудење на


најсовремена техологија и со пристапни цени за изградбата. Во


тој синџир е вклучена и државата, која треба како глобално


прашање, да обезбеди законитост и безбедност во оваа област.


Не е помала одговорноста и за обезбедување на планови и


издавање на локации за градба. Од петте најголеми


претпријатија на државата четири беа од градежништвото. Во


оваа област не се постигнати македонските можности на


земјата.


Инфраструктурата е прашање кое треба да биде во


првите места. Без неа, гледано во најголемата широчина, не


може ништо да се направи. Затворањето на државата самата во


себе се доведе до состојба ова прашање да се препознава по


многу одржани состаноци и без вклучување во системите кои


врват околу нас. Со поголема сума на пари започнавме една


идеја да ја реализираме, но застанавме, таа е оставена


незавршена. Се зборува за пругата исток-запад. Парите се во


земја, трошоците на капиталот се плаќаат, создаденото добро


пропаѓа. Македонското ниво на големината и квалитетот на


инфраструктура, во споредба со соседните држави,


непрекинато се смалува во времето на транзицијата.




Науката е трка на идеи


192











4.4. Снаодливоста и способноста за одржување и развој на
нашата репродукција по 1990 година





Во времето на транзицијата актуелно е прашањето како


се снајдоа и каква била способноста на сите чинители за


создавање на производи во репродукцијата. За одговорот


значајни се сите аргумент. Направен е обид да се прикажат


некои од нив. Инсистирањето за запоставувањето на


економијата, незначи дека се потценуваат политичките


прашања, кои исто така имаат влијание на целиот живот и


работа на човекот.


По 1990 година започнатиот процес на распаѓање на СФР


Југославија почна многу поинтензивно да се развива, а по


нејзиното исчезнување од географската карта, се создадоа


повеќе држави. Република Македонија е една од нив. Помеѓу


републиките, и покраината Косово и Метохија, постоеја


утврдени граници кои сега се трансформираа во државни


граници.


Сите нови држави си формираа свој политички и


економски систем. Во такви услови секоја држава си тргна по


својот пат. Со тоа од нив се запоставија секојдневните прашања


и проблеми кои се однесуваа на инфраструктурата, која беше


заедничка за сите републики. Станува збор за заедничките


системи од сообраќајот, електростопанството и другите. Исто


така, таква судбина доживеа и бројните заеднички фирми кои


се протегаа на две или повеќе републики и друго.


Размената правена помеѓу разните организации во СФРЈ


претставуваше внатрешен промет на секоја република и


покраина. Со настанатите промени сите држави го загубија


заедничкиот пазар кој го претставуваа повеќе од 23.559.000




Науката е трка на идеи


193








потрошувачи, во кои Македонија учествуваше со 2.088.000


жители или со 8,86 отсто. Податокот од 1988 година потврдува


дека се загубени 21.470.000 потрошувачи, како внатрешен


промет, што стана многу сложен проблем за нашето


производство и промет.


Во средината на 1990 година во СР Македонија беа


регистрирани поголем број политички партии. Со Амандмани


на Уставот на СР Македонија од 20 септември 1990 година


направени се радикални промени во структурата на


организацијата на раководење и управување со земјата. Во


ноември истата година беше избрано Собрание на


Социјалистичка Република Македонија, врз основите на


политичкиот плурализам. Со Амандманот 82 на Уставот на СР


Македонија беше избришан атрибутот Социјалистичка. На 17


ноември 1991 година беше прогласен Уставот на Република


Македонија.


Новоформираната власт на државата, органите на


управување и раководните тимови на претпријатијата, банките,


другите органи и организации и граѓаните, во остварувањето на


своите цели и задачи се најдоа во исклучително тешка положба.


Односите на државата со федерацијата, од ден на ден се


смалуваа со што тие брзо станаа незначителни за земјата.


Односите со најблиските соседи не беа на посакуваното ниво,


напротив, граничната линија стана затворена и тешко минлива.


Огромен удар на стопанството, а со тоа и на државата


претставуваше прекинувањето на сообраќајната врска на


коридорот 10, кој траеше повеќе од десет години. Овој коридор


е исклучително значаен за земјата, бидејќи преку него минуваа


врските за снабдување со храна, суровини и репроматеријали,


опрема, како и за нашиот извоз, кој во основа се одвиваше со


западноевропските земји. Коридорот исток-запад не беше


спремен да го прифати она што беше загубено со коридорот


север-југ но, тој стана единствената шанса на земјата, далеку




Науката е трка на идеи


194








потежок, поспор и поскап. Во ова време војската на бившата


држава се повлече надвор од границите на државата. По


инцидентот помеѓу војската на СФРЈ со територијалната


одбрана на Словенија, следуваше крвавата војна на просторот


на Хрватска и Босна и Херцеговина, во која учествуваа поголем


број на учесници. Општата оцена на меѓународната заедница за


политичката и безбедносната состојба за просторот на бившата


држава беше дека таа е загрозена и со нагласок да ескалира.


Тоа доведе во нашата држава да доаѓа војска на меѓународната


заедница со конкретни мисии, кои по нивното завршување, тие


се повлекуваа од земјата. Ова беше и време на етничко чистење


на даден простор по национална основа. Последица од тоа беа


бегалските кризи. Кај нас дојдоа бегалци од Албанија, Босна и


Херцеговина, а покасно најмасовна беше кризата со бегалците


од Косово и Метохија. Во 2001 година избувна внатрешно


политички конфликт. Конфликтот е платен со човечки жртви


на луѓе од државата, губење на имот и друго. Со Охридскиот


договор се утврдија активности за промена на Уставот на


државата. Уставната регулатива конкретно ги определи


малцинските права на луѓето во земјата.


Содржините на овие реченици зборуваат дека на сцената


во државата главната улога им припаѓа на политичките


прашања. Приватизацијата, претприемништвото, финансиската
дисциплина, извозот и увозот, се попатни прашања. Во јавноста


беа присутни само конфликтите во одделни претпријатија, каде


се употребуваше невидена сила на поединци и групи луѓе и


друго. Во увозот и извозот главна тема беше обезбедувањето


на нафта и други клучни производи. Снабдувањето на


населението со прехрамбени производи од големите трговски


претпријатија, премина во дуќани отворени без никакви услови


за работа. По повеќе години почна да се менува таквата состојба


со реафирмација на поделбата на работење, одговорно


однесување на еден субјект кон другиот, со примена да


пишувани документи, а не само на збор и други содржини




Науката е трка на идеи


195








значајни за подостоен живот и работење на луѓето во земјата.


Управувачките и раководните структури на државата беа


подржувани од граѓаните, позитивно оценувани, но и напаѓани.


Тие често беа носени од настаните, со што постојано беа


поставувани пред барања, да се направи конкретен потег. Како


да им недостасуваше време за прашања и проблеми, кои ги


притискаа граѓаните и бројните организации. Се чини дека


секое наредно барање се доживуваше како некакво


изненадување. Притисокот на времето нив ги тераше на


збунетост после кое се манифестираше брзоплетост,


волонтерство, незнаење и друго. Кон тоа треба да се додаде


дека често се применуваше одлагање во решавањето од денес


за утре, понекаде нечинење, споро реагирање и друго. Во таков


амбиент тие се менуваа по четиригодишните избори. Новите


состави беа подржувани од граѓаните, но си заминуваа со


напаѓање на крајот на нивниот мандат.


Раководствата во претпријатијата и трговските друштва,


посебно во приватизацијата на општествениот капитал, во


најголем број на случаи максимално потфрлија во својата


работа, така што нивните претпријатија се загубија од списокот


на постојни субјекти. Мал дел од нив покажаа висок степен на


активности, со што обезбедија премин од еден во друг систем на


управување. Покасно, се ширеше кругот на успешни управувачи


и раководители на претпријатија и трговски друштва.


Раководствата на банките, посебно на постарите,


успешно ја обавија својата работа во транзицијата. Определени


проблеми се јавија кај новоформираните банкарски


организации, каде беше манифестирано волонтерството и


незнаењето. Еден дел од нив паднаа во стечај со што е нанесена


голема неправда на штедачите, кои ги загубија своите влогови.


Се чини дека најголемиот товар на транзицијата го


поднесоа граѓаните. Тие многу брзо пристапија кон отворање




Науката е трка на идеи


196








на сопствени фирми, за решавање на нивната егзистенција. Но,


општиот амбиент, високите камати на кредитите, негрижата за


нив од државата и друго доведоа до разочарување и


повлекување од нивните идеи. Само еден дел од нив успешно се


вклучија во репродукцијата на земјата. Граѓаните товарот го


поднесоа, трпеливо, со големо штедење, со молчење и


достоинствено. Тоа е направено со нивното брзо адаптирање на


новонастанатите промени. Тие во нивниот живот прифатија


решенија, со апстиненција, забавување во брачниот живот,


невлегување во брак, смалување на бројот на раѓањата и друго.


Се впуштија да бараат работа во други земји, дури и со


прифаќање работа на работни места, кои се со висок степен на


ризик за нивниот живот. И во такви услови, граѓаните му


обезбедија на својата земја, таа да располага со нивните штедни


влогови, кои до кризата 2008/09 година беа со минимални


камати. Тие прават голем придонес и со дознаките во странска


валута, упатени на нивните семејства, со што го јакнат


квалитетот на општествената репродукцијата.


Во изминатите скоро две десетлетија, се чини дека


граѓаните најповеќе се снајдоа во напорите за одржување и


развој на репродукцијата. Луѓето во банкарскиот систем, исто


така манифестираа снаоѓање, посебно тоа се манифестираше во


кризата. Банкарскиот систем во земјата традиционално се


држеше како и порано, одвоен од претпријатијата и трговските


друштва, што претставува прашање за анализа. Претпријатијата


и трговските друштва, и покрај тоа што се основните носители


на репродукцијата, најмногу потфрлија во нивната


снаодливост. Таквото потфрлање се однесува и на државата,


која се препушти само на решавање на политичките прашања,


запоставувајќи ги сопствените сили на луѓето во земјата.


Нашата земја е мала, но во времето на транзицијата


платена е превисока цена со губење на: годишниот пораст на


населението од каде се добива работната сила; несразмерно




Науката е трка на идеи


197








голем број од вработените, а во некои средини тоа се уште


трае; значителен број на освоени странски пазари; најголемиот


дел од внатрешниот пазар; голем број извозни производи и


странски партнери; затворени се добар дел од стопанските


претпријатија, со што е изгубен голем имот; и друго. Споро


успеваме да ги надополнуваме таквите проблеми на нашата


репродукција. Со нашата неснаодливост и способност за


создавање производи не направивме доволен број на производи


за пазарите, за да можеме да го надоместиме загубеното во таа


област. Не ја модернизиравме и унапредивме нашата


инфраструктура и друго. Резултат на таквите состојби се


нашата невработеност, ниската техничка опременост,


сиромаштијата. Не може да се бара лек за тоа кој колку е


виновен- тоа е во надлежност на судството и прогонот, туку


треба се фатиме за работа и со неа постепено да ги решаваме и


прашањата и проблемите. Никој нема во неговата рака магично


стапче и со него да ги реши работите, преку ноќ. Нашата


репродукција постои, суштествува, реализира производи како


на домашниот така и на странските пазари. Создадените


производи во нашата земја се нашата гордост. Треба да го


зголемиме нивниот обем, асортимен и квалитет.


Заложбата е одлучно да се завртиме кон економијата, без


неа самите себе ќе се загубиме. Време е за што побрзо


вклучување во сложени системи, во поделба на работата да го


најдеме нашето место.





Битола, 08 декември 2010 година Д-р Ѓорѓи Михајловски




Науката е трка на идеи


198











ГРАДЕЊЕ НА НОВА ДИНАМИЧНА ПОСТКРИЗНА


РАМНОТЕЖА





1. Пораките на кризата 2008/2009 година



1.1. Поимот рамнотежа



Рамнотежата како дело на човекот е значаен поим кој


покажува состојба на пропорционалност, ускладеност,


избалансираност во поставувањето и остварувањето на


работата во сите видови организации. Таа е алатка во рацете на


луѓето со која тие доаѓаат до успешно, ефикасно, профитабилно


работење, до остварување на нивните соништа. Главниот


проблем во науката за организација е да се утврди


што е во тоа нормално, а што е ненормално и доведува до


нерамнотежа. Со таквото утврдување на нормалното, ќе се


препознава ненормалното. Рамнотежата е значаен чинител за


постигнување на посакуваните цели на човекот и на неговите


организации. Отсуството на рамнотежа во организацијата


создава основи за непостигнување, промашување или намалено


остварување на посакуваните цели. На пример, прво, во


организацијата на државата, како клучно прашање на задачата


за рамнотежа е изнаоѓање решение за такво функционирање на


сите органи и организации, со што изразито ќе се препознава


работата, како на законодавната, така и на извршната и


судската власт. Во таквиот систем мора да е вграден механизам


за корегирање на определени одлуки, кои не се во интерес на


граѓаните на земјата. Целите на граѓаните скоро во сите


држави се исти и тоа: живот во сигурност, безбедност, слобода,




Науката е трка на идеи


199








вработување, подобар животен стандард и друго. Второ, во


економијата посакувана е рамнотежата помеѓу производството,


распределбата, размената и потрошувачката.


Содржините, прикажани во двата примери претставуваат


елементи кои човекот треба да ги истражува, добро да ги


запознае и од нив да го состави мозаикот. Последниот збор од


реченицата е споменат со цел да се разбере дека во овие


елементи има такви кои се со различно дејство споредени едни


со другите. Со други зборови кажано од бројните делови со


различна боја треба да се добие нешто што предизвикува


задоволство, радост, воодушевување, восхитување. Од човекот


не се бара да имитира уметник, но тој мора да биде таков во


решавањето на оваа задача, да покаже креација, да создаде од


направеното дело рамнотежа во којасекое делче ќе добие свое


место на уважување. Задачата може да добие преодна оцена


доколку креацијата на човекот во себе ги содржи бараните


содржини за усогласеност на деловите во целината. Уште


поконкретно, творбата треба правилно да функционира.


Творбата ја нарекуваме систем којшто треба да носи


придонеси. Оваа активност на човекот значи дека тој се


зафатил со решавање на едно од најсуптилните прашања, кои


лесно можат да преминат и во проблеми, доколку таа навреме


не се оспособи да функционира во реалниот живот. За


разбирање на оваа особина на рамнотежата се зема пример, со


прикажувањето на вештина на специјализиран човек за тоа, со


прачка од дрво, метал или пластика во двете раце,да помине на


жица поставена во височина, помеѓу два столба. Човекот ќе


добие аплауз од публиката доколку држејќи ја рамнотежата ќе


ја помине жицата од едниот до другиот столб. Во спротивно,


доколку ја изгуби рамнотежата, лесно може да го загуби


животот, паѓајќи долу од голема височина.




Науката е трка на идеи


200








1.2. Рамнотежата и кризата




На 15 октомври 2009 година го завршив текстот кој е


напишан на 65 странициво А-4 формат под наслов ,,Кризата е


резултат на лошото управување“. Неминовна е потребата
сегашниов текст да се поврзе со претходното истражување, со


што се добива поцелосна слика за настаните. Репродукцијата


непрекинато се наоѓа во движење, а тоа треба да го прави и


пишуваниот збор. Логично е што првиот текст е завршен во


четвртиот квартал на 2009 година со оглед на фактот што


меродавни чинители на поголемите држави изјавија дека на


нивните територии е запрена рецесијата. Со тоа официјално од


нив е објавено завршувањето на кризата. Се верува дека со


таквите факти повеќето автори кои пишуваат за ова прашање,


кризатаја евидентираат како настан на 2008/2009 година.


Рамнотежата е поим кој зборува за пропорционалноста,


избалансираноста на конкретни содржини од репродукцијата.


Во кризата, пак, се забележува нарушување на рамнотежата.


Големината на обемот на репродукцијата, во којашто се


манифестираат овие два поими е таа која нив ги прави


различни. Така, слободно е да се каже дека кризата претставува


настан кој создаде значително нарушување во репродукцијата


во светот, односно дека тоа е резултат на нарушената


рамнотежа на клучните чинители во репродукцијата. Така,


постои една голема поврзаност помеѓу двата поими. Во


праксата тие одат заедно, како рамнотежа и криза.


Две до три години пред кризата во светот луѓето се


радуваа на постигнатите резултати во работењето. Резултатите


пак, имаат опојно дејство кое се гледа во самозадоволството,


уживањето, нагласеното трошење на средства. Тој мир и


спокојство почна да се распаѓа особено во најразвиените земји


во светот, во четвртото тромесечие на 2007 година. Мирот е




Науката е трка на идеи


201








нарушен, прво кај луѓето кои ги загубија работните места. Со


тоа им се прекина хранопроводот за егистенцијата.


По губењето на работни места, во наредниот период


секојдневно почнаа да се јавуваат и другите содржини на


кризата. Се намалуваат набавките на суровини и


репроматеријали, производството на готовите производи за


пазар, фактурирањето на продадените производи, наплатата на


побарувањата и друго. Од друга страна се зголемуваат барањата


за наплата на достасаните побарувања, тужби за


наплата, извршувања на судски одлуки и друго. Доаѓа до


раскинување или намалување на големината на деловниот


однос на еден субјект со друг. Се евидентираат поголеми


трошења на средства од вообичаените, како на страната на


инпутот така и во аутпутот. Тоа доведува до зголемување на


затворањето на работни простории, на бројот на стечаите,


иселување на семејства од становите, поголемо губење на


работни места и друго.


Мирот и спокојството е нарушен на човекот како единка,


на неговото семејство, како и на сите видови на организации во


светот. Таквата состојба силно влијае врз луѓето во насока на


затворање на сите славини за намалување на сите видови


на


трошења. Кризата според тоа, го присили човекот да троши


што помалку, да биде поекономичен. Тоа чуство се пренесува и


во сите негови организации.


Моќта на државата како институција во текот на кризата


е прикажана како таа да е спасител во овој настан, а обратно од


тоа дека пазарот манифестира неспособност да може да ја врши


функцијата на регулатор на стопанската активност. Нејзината


моќ порасна и навидум државата се евидентира како сила за


смирување на кризата со помош на пари.


А од каде пари?Во одговор на ова прашање ќе се наведе пример


со САД. Во текот на кризата, првата земја во светот со




Науката е трка на идеи


202








најголем вкупен домашен бруто производ, во редовна


процедура, со максимална транспарентност, донесе повеќе


одлуки за насочување на пари за интервенции со кои се


олеснуваа тешките состојби кај граѓаните и кај бројни


организации. Две од нив беа посебно забележани по нивното


значење и големина на средства и тоа одлуките донесени во


2008 година со помалиизноси од еден билион САД долари. Во


процедурата учествуваше Претставничкиот дом, Сенатот и


Конгресот. Претседателот на државата истите ги потпиша, со


што влегоа во извршување.


Покрај тоа, во времето на кризата се случија и емисии на


САД долари исто така,но со поинаква процедура и со разлика од


првите износи кои се броеја со милијарди, тука тие се сметаат


со единица и повеќе нули, односно со билиони. Овие се редовни


трансакции, комерцијални, помеѓу банкарските организации и


се разбира со државата.


Познато е дека во рацете на сите држави спаѓа емисијата


на пари во сопствената валута. Тоа го прави овластената


банкарска организација на државата. Емисијата на пари,


посебно во текот на кризата, е извонредно ризично и


чувствително прашање. Корените на кризата, покрај другите


чинители, лежат во несогласноста на материјалното


производство кое е помало од големината на хартиите на


вредности кои се наоѓаат во репродукцијата на светот.


Логичниот заклучок се верува треба да се бара во


констатацијата дека емисиите на пари претставуваат лекување


на раните со пари. Испаѓа дека болката и лекот се едно исто. Со


направеното се создава состојба за уште поголемо присуство


ворепродукцијата на хартии од вредност, а во случајот тоа се


платежните средстваод повеќе држави.


Печатените пари во валутата на националната економија


не се чуваат во трезорите. Тие се трошат, со нив државата ги


затвора проблемите во репродукцијата. Таа може да се надева




Науката е трка на идеи


203








дека парите ќе и бидат повратени од нивните корисници. Но,


тоа е една алтернатива која не е толку реална. Епилогот на оваа


активност се сведува на одлагање на решенијата на проблемите


за нареден период. Во реалниот живот тоа ќе се согледа во


паѓање на вредноста на националната валута; покачување на


цените на производите;се создаваат чинители за инфлација.


Од големиот број на трансакции со пари и друго на


државите во кризата, забележана е констатацијата дека таа ја


совлада кризата и се истакна како спасител. Но, со тие


трансакции, денес државите се најзадолжените субјекти во


светот. Затоа во барањето на посткризната рамнотежа, во


центарот на вниманието е како да се доведе нивната


задолженост во посакуваните граници. Тоа во голема мера го


кочи прашањето за посилно воведување на иновациите и


унапредувањето на производството со нови производи, во


согласност со зголемување на продуктивноста, економичноста


и рентабилноста во работењето. Тешко се одделуваат средства


за решенија во екологијата, животниот стандард на луѓето и


друго.


Ниту во еден текст за кризата не можецелосно да се


објасни што се случи во мислата и животот на луѓето во сите


организации во светот. Кризата од 1929/1933 година беше


голема, но оваа во 2008/2009 година е далеку поголема,


бидејќи таа се однесува на многу поголем број на население,


вработени и друго. Доколку некој коментира поединечен детал


од првата, дека во неа се унишувале производи и друго, во


втората истото се случува со хартиите од вредност. Едни хартии


губат од нивната цена најмал процент, други поголем од првите


и трети, легални институции ги огласуваат дека тие се без


вредност. Сега битката се води со парите, со хартиите од


вредност. Од направените загуби и во двете кризи болката е


иста за сопствениците. Доколку се остават таквите детали


настрана, во двете кризи, жртвите се луѓето и тоа најголем број


од средната




Науката е трка на идеи


204








и сиромашната структура. Страдањето на луѓето ќе продолжи и


во наредниот период, и покрај официјалните соопштенија дека


таа е совладана. Во тоа ќе помагаат вградените чипови, од


емисијата на пари и други такви содржини, во политичките и


стопанските системи на државите. Таквите содржини,


претставуваат: за стореното мора да се плати цената.





1.3. Пораки од кризата




Пораките од кризата се многубројни. Таа предизвика


страв и паника кај луѓето и воедно кај најодговорните луѓе кои


управуваат и раководат во меѓународните организации,


државите и другите организации. Тоа доведе до состојба секоја


единка длабоко да размислува за својата егзистенција. Во таква


положба се најдоа и сите организации во светот. Кризата кажа


дека и најмоќната држава во светот не може да направи ништо,


доколку не се фатат со нејзиното лекување и другите држави.


Кризата проговори дека луѓето не можат да се шегуваат со


репродукцијата, со неопходната рамнотежа, бидејќи таа е


сложена, непредвидлива, комплицирана. За неодговорниот


однос на единките кон репродукцијата изречена е немилосрдна


казна за сите луѓе во светот со губење на имоти, затечени права


и за нивни неосновани мечти и друго.





2. Рефлексите на луѓето од управувачката и раководната
структура за кризата





Поимот рефлекс покрај другото, значи несвесна реакција


на организмот на надворешно дразнење. Рефлексијата, пак, во


преносна смисла на зборот претставува: размислување,




Науката е трка на идеи


205








забележување, расудување, мудра мисла, забелешка. Во


секојдневниот живот употребата на овие поими се прифаќа


како способност на човекот брзо да дејствујва по добиените


сознанија за настанот, а во овој случај во кризата. Интуицијата,


пак, е способност на единката за насетување на евентуална


појава, која може да се случи во животот. Човекот сам одлучува


што ќе направи. Интуицијата е дарба на човекот, чувство,


инстиктивно поимање на нешата, која е всадена во него и која


тој може да ја користи според своите потреби.


Најбрзото запазување на појавата и моменталното


делување се јавува кај самозаштитата на човечкиот


организам.На пример, брзото затворање на очите е секавично,


моментално, а тоа доаѓа во услови на опасност од напад на овој


орган на телото.


Брзината на сознавање на појавите е од извонредно


значење и за сите субјекти кои делуваат во економијата.


Брзината, за постоење на криза, во економијата се успорува


бидејќи постојат стандарди, прифатени од голем број држави,


со кои се смета дека рецесијата треба да се изманифестиране во


еден, туку без прекин во три месеци. Во таков период на време


манифестациите стануваат се појасни, помасовни и


понепријатни за сите луѓе, посебно за таквите кои се наоѓаат во


управувачките ираководните структури.Со други зборови, по


тие рокови се објавува постоење на криза. За објавувањето на


кризата значајна улога имаат интуицијата и рефлексите на


луѓето во управувачката и раководната структура на дадениот


субјект.


Дејствувањето кое исто така треба да биде брзо,


квалитетно, насочено кон фундирање на излези од кризата е


извонредно значајно, бидејќи со него треба да се воспостави


нова рамнотежа во стопанството и општествениот живот.


Доколку делотворноста на дејствувањето е со висок квалитет,


кризата може побрзо да се надмине. Спротивно од тоа, спорото,




Науката е трка на идеи


206








некоординираното, неквалитетното дејствување, може


да влијае за поголемо траење на кризата.


Луѓето од управувачките и раководните структури во


овие активности треба да ги остваруваат своите функции со


извонредно ангажирање, со предлагање делотворни дејствија,


со создавање на клима во својата средина за поголемо


ангажирање на сите луѓе, со верување дека се работат


вистинските нешта кои претставуваат нивни интерес, како и


интерес на организацијата во која работат.


На еден дел од управувачките и раководните структури


во светот рефлексот им помогна брзо да дојдат до сознание за


постоење на рецесија. Истите пристапија кон барања на


решенија за надминување на кризата. Некои делови од


решенијата беа со делотворна содржина. Друг дел луѓе од оваа


структура побавно од првата дојдоа до посакуваните сознанија


и преземаа потребни мерки. Во третата група од оваа структура


влегуваат таквите кои тврдеа дека нивната земја не се наоѓа во


криза.Кога се третираат содржините од овој дел на


активностите за совладување на кризата треба да се има во


предвид дека на затечените од кризата управувачки и


раководни структури, силно влијание имаат нивните програми


и ветувања кон граѓаните во изборите, врз основа на кои тие


го добиле својот мандат. Оваа околност го блокира нивниот


рефлекс, како на единки, така и на конкретните тела и органи.


Тие структури не се подготвени за вистинско видувања на


настаните, бидејќи тие се негативни и се спротивни од нивните


очекувања и резултати.




Науката е трка на идеи


207








3. Меѓународните организации, групи и други субјекти во
кризата и по неа






3.1. Нивните идеи и реализации за поефикасно работење




Организацијата на Обединетите Нации, посебно


Светската трговска организација, Светската банка,


Меѓународниот монетарен фонд и другите непрекинато даваа


свој придонессо оценки за појавата на кризата, нејзиниот зафат,


траењето и завршувањето на рецесијата по


континентиидржави.


Од големиот број на разни материјали од овие


организации може да се забележи дека кризата е сеопшта, со


тоа што постојат помали и поголеми разлики во определени


содржини во структурата на општите состојби и големината на


пореметувањата,погледнато поконтиненти.Нивната активност


во кризата беше од една страна подржувана, а од друга


напаѓана. Содржините на подршка се препознаваат по тоа што,


покрај тоа, се бараше натамошно модернизирање и


унапредување на нивната работа. Содржините на нападите се


препознаваат од непризнавање на нивниот легитимитет, до


истакнување дека треба да се формираат други такви


организации со ист делокруг на работа, но лоциран на друг


континент. Најголеми забелешки беа упатувани кон ММФ.


Во годините во кризата и по неа, врз основа на нивните


реални оценки, се презедоа мерки за доградување на нивната


организација, како и на содржините на активностите.


Најзначајни промени во содржините се направени за


ММФ.Членките на оваа организација ги зголемија нејзините


ресурси за три пати. Тоа доведе до збогатување на


методологијата за контактите со нејзините клиенти, создадени




Науката е трка на идеи


208








се нови програмиипристапено е на работа за


нивно оживотворување.


Енергетската, суровиската и девизната криза од


1973/1974 година, претставуваше чинител да се создаде


Групата Г-6, која подоцна постана Г-8.Големината, широчината,


длабочината, тежината на кризата 2008/2009 година која


започна од најелитните, најголемите финансиски институции


кои делуваат на просторот на цел свет, а се прошири во


стопанствата и вонстопансвата на сите земји, беше основа да се


формира Групата Г-20. Во ова група влезени се држави кои го


создаваат најголемиот дел од глобалниот бруто домашен


производ во светот. Лидерите на овие држави се согласија за


формирање на оваа Група и таа почна со работа во четвртиот


квартал од 2008 година. Мотивите за формирање на оваа Група


се образложувани со аргументи од потребата за обединување


на сите сили во светот, за поефикасно и побрзо решавање на


прашањата и проблемите поврзани со пореметувањата во


репродукцијата.


По формирањето на Групата, таа зазеде ставови за


решавање на проблемите од кризата. Таа, во кризата и по неа,


одржува самити. Така,нејзината улога не е лоцирана само за


времето на кризата, туку продолжува со својата работа и


почнува да игра улога на глобален форум за меѓународна


економска соработка. Групата во основа ги анализира


различните ставови на одделните држави или нивни групи и


настојува да најде компромис со кој се донесува општо


прифатена одлука. На прво место во работата на Групата влегоа


прашањата и проблемите на финансиската сфера, за кои се


потребни промени, кои треба да се дефинираат и реализираат.


Во нејзината работа не се изоставени ниту другите прашања од


репродукцијата. Делотворноста на работата на Групата се


гледа и преку примерот со ММФ, за негово значително


појачување со ресурсиидруго.Со создавањето на Групата Г-


20 е збогатена организационата




Науката е трка на идеи


209








структура со уште еден субјекткојшто треба да го најде своето


место во бројните меѓународни организации.


Разноликоста на состојбите во светот во услови на


глобализацијастанувасилен аргумент за слушање и уважување


на различните мислења и активности на сите субјекти од


планетата Земја. Во таа активност никој не е професор, а


другиот студент. Секој секого треба да го сослуша и обратно.


За тоа треба јасно да постои определена цел. На сите луѓе во


светот им одговара опцијата за создавање на динамична


рамнотежа во репродукцијата, како значајна цел. Со


остварувањето на оваа цел човекот се надева дека ќе има живот


во услови на мир и безбедност, работа, слобода, покачување на


животниот стандард и друго.



3.2. Забележани резултати во светот, видувања и активности по
кризата





Поединечните, недоволно организирани настапи на


државите во првото полугодие на 2008 година не можеа ништо


да променат за да ја запрат експлозијата на кризата во второто


полугодие. Експлозијата ги потресе луѓето и сите негови


организации. Настанот влијаеше да се разбудат постојните


органи и тела на организациите, како и единките во


управувањето и раководењето. Спорите органи и поединци за


управување во организациите станаа многу брзи и делотворни.


Тоа што не можеше никогаш да се спои едно со друго, сега се


реализира со тоа што се формира фронт за одбрана од кризата.


Резултатите од тоа не изостанаа. Многу брзо донесени се


одлуки и пристапено е кон нивна реализација. Во таа активност


вклучени се алатките: пари, штедење, одговорност.




Науката е трка на идеи


210








Состојбата дека граѓаните, банкарските, стопанските и


вонстопанските организации се наоѓаат во положба да неможат


да ги сервисираат достасаните обврски, а како последица на тоа


почнаа се помасовни протести на граѓани, ги присили државите


да ги отворат трезорите од каде беа пуштени во оптек големи


маси на пари. Тоа се изведуваше на различни начини, со големо


внимание, посебно од гледна точка, до каде може државата да


се впушта во работи кои им припаѓаат на субјектите во светот.


Така, државите кои се најголемите трошаџии и воедно


одговорни за контролата на сите организации за законито и


непримерно работење, со отворањето на трезорите, станаа


спасители од кризата.


Големиот број на мерки имаше свое влијание и тоа:


репродукцијата во светот да не доживее крах, да се соземе, со


добиениот кислород да почне поспокојно да дише и да почне да


заздравува.Таквата мешаница која се случуваше во 2008 и 2009


година, како и движењата во посткризниот период, со бројки и


коментари ја прикажуваат меѓународните организации и


другите.


ММФ соопшти во јануари 2010 година дека во


октомврискиот извештај од 2009 година беше забележано дека


падот на светската економија во 2009 година изнесува 1,1 отсто,


а за 2010 година се прогнозира раст за 3,1 отсто. Во него се


подвлекува дека и таквиот показател треба да се промени, со


оглед на тоа што економското заздравување е подобро од


планираното. ММФ во јули 2010 година прогнозираше дека


глобалниот раст на светската економија ќе изнесува 4,6 отсто,


наместо претходното предвидување од 4,2 отсто, воглавно


поради резултатите од првото полугодие на 2010 година. ММФ


прогнозира дека во наредните години државите од Азија ќе


евидентираат голем економски раст на своите бруто домашни


производи, со што до 2015 година ќе ги достигнаат економиите


на САД и Европа. Тие и сега се лидери на глобалното економско


закрепнување од кризата. Нивниот промет на акции




Науката е трка на идеи


211








на нивните берзи е поголем од таквиот на западните


индустриски земји. Забележителни резултати има и во


трговијата и инвестициите.


Светската банка во информација од крајот на првото


полугодие на 2011 година соопшти дека 2010 година е


завршена со раст на светската економија од 3,8 отсто.Таа


превидува 2012 растот да изнесува 3,6 отсто. Ова прогноза се


однесува и за 2013 година. Како многу значајна, а воедно и


болна вест во почетокот на ноеври 2010 година е претставена


од Доминик Штрос Кан, најзначајна личност на ММФ, која гласи:


Глобалната криза досега однесе 30 милиони работни места низ


светот. Покрај тоа, во изјавата се кажува и прогноза дека идното


десетлетие 400 милиони млади ќе бидат во потрага по прво


вработување.Во новиот Милениум се случуваат настани кои што


зборуваат за прегрупирање во економијата во светот.


Претседателот на Светската банка, Роберт Зелик, во април 2010


година на деловен собир настапил со гледање дека глобалната


финансиска криза ја предизвикаа развиените земји, додека


земјите што неодамна припаѓаа на таканаречениот трет свет му


помогнаа да излезе од неа; нашиот свет за десет години


ќе изгледа сосема поинаку; Азија во 1980 година учествуваше со


7, а во 2008 година со 21 проценти во глобалната потрошувачка;


азиските берзи учествуваат со капитал од 32 и ја престигнаа


САД со учество од 30 и Европската унија со 25 проценти на


светскиот пазар; Блискиот Исток стана значаен извор на


капитал; се забележуваат резултати со зголемувањето на


увозот во Латинска Америка, како и тенденции Африка да стане


како индустриска база на светот.


Светската трговска организација по констатацијата дека


во 2009 година е забележан пад на светската трговска размена


од 12 отсто, за 2010 година прогнозира таа да се големи за


9,5 отсто. Во соопштението од почетокот на април 2010 година


стои дека Кина го презеде првото место како најголем светски


извозник, додека Германија падна на второ, а САД е на трето




Науката е трка на идеи


212








место.Конференцијата на ОН за трговија и развој во април 2010


година соопшти дека странските директни инвестиции во


светот од 1.7 во 2008 година, во 2009 година се намалени на


еден трилион американски долари. За 2010 година се


предвидува благ раст на оваа категорија. Падот на оваа


активност во 2009 година во споредба со 2008 година во САД


изнесува 57 проценти, додека во Кина 2,6 проценти. Покрај


тоа САД е сé уште најголем примател на странски директни


инвестиции. На таквата листа Кина е на второ место, пред


Франција и Велика Британија.


Групата Г-20 на Самитот во Торонто во јуни 2010 година,


покрај другото расправаше за задолженоста на државите, како


и за реформате во монетарната сфера. Постоеа мислења за


преземање на радикални мерки. Исто така, гледања дека со


радикални мерки не се решаваат проблемите во услови кога се


уште постојат субвенции, како факт присуртен во


репродукцијата. Во расправата се посвети внимание како во


вакви положби да се негува репродукцијата. За ова прашање


постигнат е компромис во кој се вели дека од идната година


најразвиените земји ќе започнат со намалување на своите


буџетски дефицити, при што европските држави до 2013


година да ги намалат трошоците во буџетите со околу 50


проценти. На Самитот не е постигнат компромис за реформате


во финасиската сфера.


На Самитот на Г-20 одржан во Сеул во почетокот на


ноември 2010 година, покрај другото вниманието беше


посветено на субвенциите како и за валутите на државите. По


овие прашања беа изнесени различни гледања. Истакнато е


дека заздравувањето е неизедначено и дека и натаму тоа е


зависно од подршката, односно давањата на субвенции. Во


врска со валутите на државите, одлуката на американската


Банка на федерални резерви, минатата недела да потроши


дополнителни 600 милијарди долари за купување на


обврзници од владата, создаде револт и укор од четири контине.




Науката е трка на идеи


213








Во вкупната активност на меѓународните организации,


покрај прикажаните содржини за глобалниот бруто производ,


губењето на работни места, странските директни инвестиции,


светската трговија, задолженоста на државите, реформите во


монетарната сфера, давањето на субвенции за санирање на


субјекти и валутните недоразбирања помеѓу државите, постојат


уште низа прашања и проблеми кои треба да се договараат и да


се реализираат во реалниот живот.


Во времето по кризата присутни се видувања, проценки и


идеи за можност наскоро да го погоди светот наредна криза;


дека не е надмината кризата на финансиските пазари; нема


практични решенија за надминување на кризата со долговите


на државите; дека протекционизмот и затвореноста на оделни


држави ја гушат светската репродукција; отсуствуваат решенија


за таканаречената ,,валутна војна“ и друго. Овие содржини со
други зборови значат присутност на бројни ризици,


неизвесности и друго кои претат како и колку ќе бидат


реализирани бројките прикажани за иднината.





4. САД и Европската унија во посткризниот период



4.1. Дијагнози и терапии за кризата во САД



Во почетокот на февруари 2010 година, претседателот на


САД Барак Обама изјави дека американската економија ја


надмина кризата и повторно бележи раст. Во САД во третата


тромесечност од 2009 година во економијата забележан е раст


од 2,2, а во четвртото тромесечие 5,7 отсто. На пазарот на труд,


според министерството за труд, невработеноста од 10% во


декември 2009 година е намалена на 9,7 отсто, во јануари


2010




Науката е трка на идеи


214








година. Компаниите повторно почнуваат да вработуваат луѓе.


Заедно со оваа стои констатацијата дека се очекувало уште


подобри резултати во вработувањето.


Меѓународниот монетарен фонд во својата прогноза од


средината на јуни 2010 година предвидува порастот за оваа


година да изнесува 3,1 отсто, а во 2011 година 2,6 отсто.


Буџетот на САД за 2009 година покажа дефицит во висина


од 1,4 билиони долари. Дефицитот во буџетот за 2010 година


е намален на 1,29 билиони долари. Вкупниот буџет за 2011


година предвидено е да изнесува 3.800 милијарди долари. Од


вкупниот износ на буџетот се предвидува одделување на 100


милијарди долари за поттикнување на вработувањето и тоа


преку давање на даночни привилегии за малите претприемачи.


Американскиот јавен долг кој претставува однос на долгот


спрема бруто домашниот производ, изнесува 140 проценти


според податок од втората половина на 2010 година. Во


структурата на долгот влегуваат повеќе компоненти, но битно


е дека тој е многу голем и поставува сериозни прашања и


проблеми на креаторите, кои работат на предлагање одлуки за


посткризната динамична рамнотежа. Споменатиот индикатор


од 140 проценти и покрај што е голем, не е најголем во светот


спореден со други држави. На пример, Јапонија бележи


индикатор кој е нешто помал од 200 проценти.


За реорганизација на системот на социјална заштита во


посткризниот период се водеше една од најжестоките дебати во


управувачката и раководната структура на земјата. Станува


збор за Законот за здравствена заштита, којшто е донесен во


првиот квартал од 2010 година. Во образложенијата за


поддршка на законот, главна поента беше дека тој не се носи за


некоја партија или некој друг, туку за американскиот народ.


Спротивно од тоа беше тврдењето дека овој проект е


недостапен и претставува обид за преземање на голем дел од


економијата од страна на владата.




Науката е трка на идеи


215








Во првиот месец од второто полугодие на 2010 година донесен е


законот за реформи на финансискиот систем. Овој проект е


прикажан на 2500 страници и неговата содржина е насочена,


прво, кон поадекватна контрола на големите банки и второ, да


обезбеди поголема заштита на потрошувачите. Проектот на


власта и дава нова надлежност- да прогласува банкрот на


компании, кои претставуваат ризик за економијата. Успехот на


реформата се поврзува со успешно и делотворно работење на


регулаторните органи кои имаат за задача да ги применуваат


новите норми од проектот. Во дебатата за законот, на страната


на неговата поддршка, користена е поентата: или реформа или


нов колапс, додека спротивно од тоа, проектот е напаѓан со


тврдење дека се запоставува пазарното работење на


субјектите.На крајот на 2009 година во традиционалната листа


на списанието ,,Тајмс“ Бен Бернанке е прогласен како личност
на годината. Директорот на Управата на федерални резерви


ова признание го добива заради неговата улога во


управувањето со американската економија во времето на


најтешкиот период по Големата депресија. Во образложението


се наведува дека рецесијата оваа година беше главна тема и без


него таа ќе беше многу полоша.Една година после овој настан


од Банката на федералните резерви објавија податоци за


таканаречените преку ноќ давани кредити за ликвидност. Сега


може да се направи компарација на едните со другите пакети.


Пакетите за употреба на пари од буџетот за затворање на


проблеми во банките и другите субјекти, кои врвеа со


целокупната транспарентност и одлуки на управувачките и


раководните структури на земјата, се ситна работа во споредба


со кредитите за ликвидност. Со кредитите за ликвидност


пласирани се многу пари како во банкарскиот систем така и во


стопанството. Со 10 билиони долари спасени се најголемите


американски банки во 2008 година. Еден дел од овие пари беа


наменети за субјекти од Европа и Азија. Така бил спасен и


Волстрит. Во оваа активност вклучени се многу луѓе и


организации. Се чини дека секој кој ќе побарал кредит за




Науката е трка на идеи


216








ликвидност, го добивал. Од страна на ФЕД изведени се 21.000


трансакции, од кои во ниту една не била забележана загуба,


дури некои завршиле со заработувачка. Во тајната се вклучени


поединци од Конгресот, кои како иницијатори за носење на


закон за оваа тематика, имаа за цел да ги запознаат своите


граѓани. Доколку оваа активност се именува како тајна, тогаш


истата до крај не е објаснета. Од ФЕД е истакнато дека


позајмените пари, нивните корисници, ги вратиле на


позајмувачот.


Скриената рака на пазарот, која зборува за тајните на


оваа институција и немоќта на човекот таа да ја предвиди и


контролира, во случајот се гледа дека сé што се случува во


реалниот живот е дело на човекот, било тоа да го прави со план


или пак, тоа спонтано се остварува. За луѓето, кога разбраа


што се случувало во 2008 година со кредитите за ликвидност,


тајната донекаде е затворена, разјаснета. Но, во реалниот


живот има и тајни кои не се разјаснуваат, остануваат како


мистерија, а се однесуваат на долгови на државите. На пример,


тајни од Втората светска војна, од други војни, од други такви и


слични настани кои се случуваат и ден денес. За неразјаснетите


тајни се вели дека тие се зделки правени во интерес на земјата.


Во депоа се складирани долговите на државите, од најбогатите


до сиромашните. Човекот си живее во време на долгови на


своите држави.


Веднаш по објавата дека кризата е надмината, во


јавноста почнаа да се водат широки расправи за покачување на


каматата на кредитите на Банката на федерални резерви.


Дебатата инсистира тоа прашање да се третира заедно со


потребата за растотот на стопанската активност и со


стимулативните мерки. Насоката на дебатата е јасна, таа бара


да се создаде рамнотежа помеѓу чинителите: камата, раст и


стимулација.




Науката е трка на идеи


217








Од големиот број на банки во земјата, во 2007 година


банкротирале 3 банки, во 2008 година 25, во 2009 година 140,


а за 2010 се предвидува дека тој број ќе биде поголем од


2009 година. Федералната агенција за осигурување на


влоговите проценува дека поради банкротирањето на банките


во периодот од 2009 до 2013 година на име на оштета на


клиенти на банките ќе мора да им се исплати околу 100


милијарди долари.


На крајот на 2010 година прифатен е Законот за


продолжувања на даночните олеснувања, кој се однесува на


сите граѓани, дури и најбогатите. Постојат проценки дека


законот ќе тежи 858 милијарди долари олеснувања, износ со кој


се намалуваат приходите на буџетот.


На крајот на ноември 2010 година во ,,Тајмс“ е објавена
вест дека американските фирми заработиле профит од 1.659


илјади милијарди долари во третиот квартал на годината, што


претставува најголема сума во последните 60 години.


Профитите пак, на корпоративните компании се зголемуваат


во последните седум квартали со стапка што е меѓу најбрзите,


компарирана со дотогаш забележаните.


На планот на вработувањето состојбата е сосема


поинаква, од прикажаното што се однесува за растот и


профитот. Овде и покрај повеќе мерки што ги зазема државата,


со конкретни одлуки,но и со пари, невработеноста многу споро


се поправа. Со информација од мај 2010 гдина без работа биле


15 милиони луѓе, а од почетокот на август истата година е


објавено од Министерството за труд, дека невработеноста


изнесува 9,5 отсто.


Многу е тешко за најголемата економија во светот, без


ризик, со отсуство на поголем број на податоци, да се кажуваат


оценки за оваа сложена материја. Но, присутните показатели


недвосмислено зборуваат дека САД кризата ја создаде, потоа ја




Науката е трка на идеи


218








совлада и на крајот со успех ги продаваат по добра цена своите


хартии од вредност.


4.2. Кризата притисна за заедништво во Европската унија



Со завршувањето на третиот квартал од 2009 година, во


средината на ноември оваа година, основната вест гласеше дека


еврозоната излегува од рецесија. Информацијата се потврдува


со податокот дека по намалувањето од 0,2 отсто во вториот


квартал, во третиот е забележан пораст од 0,4 отсто.


Поединечно, за третиот квартал, овој показател за Германија


изнесува пораст од 0,7, додека за Франција 0,3 посто. Европската


унија, пак, како целина во третиот квартал забележала пораст


од 0,2 отсто, со што се соопштува дека рецесијата е надмината.


Ова соопштение е со напомена, бидејќи Велика Британија


третиот квартал го заврши со намалување од 0,4 отсто. Во таква


положба се наоѓа и Шпанија. Податокот од крајот на март 2010


година, вели дека Велика Британија излезе


од рецесијата и се наведува податок дека четвртиот квартал


забележала пораст од 0,4 отсто на бруто домашниот производ.


Така, Велика Британија 2009 година ја завршува со пад од 4,9


отсто бруто домашен производ. Во Германија за истата година


падот на бруто домашниот производ изнесува 5 отсто.


ММФ во својата прогноза од средината на јуни 2010


година предвидува дека еврозоната ќе забележи пораст на


својата стопанска активност за 1 отсто за 2010 година и 1,5


отсто за 2011 година. За разлика од ММФ, Европската унија


очекува поголем раст. Според нејзините прогнози, европската


економија ќе се зголеми за 1,7 отсто во 2010 година. Од


информацијата од средината на февруари 2011 година,


произлегува дека порастот за цела Унија за четвртото


тромесечие од 2010 година изнесува 0,2 отсто на тримесечна


основа и 2,1 отсто на годишна основа. Економијата во




Науката е трка на идеи


219








еврозоната за 16 држави, растот за третото и четвртото


тромесечие изнесува по 0,3 отсто, а на годишна основа бруто


домашниот производ е покачен за 2 отсто.


Според информација на ,,Еуростат“ од март 2011 година


во последниот квартал од 2010 година бројот на вработените во


ЕУ порасна за 0,1 отсто на квартално ниво. За одбележување е


дека во еврозоната растот на вработеноста стагнираше. По


проценка на ,,Еуростат“ на крајот на претходната година во ЕУ


работеле 221,7 милиони луѓе, а 144,8 милиони од нив биле


во еврозоната. Кризата на Европа му донесе најголема


невработеност на луѓето, која не е запаметена во историјата.


Стапката на невработеност во ЕУ во април 2009 година


изнесуваше 8,7 отсто, додека истиот месец во 2010 таа се покачи


на 9,7 отсто. За една година останале без работа 2.4 милиони


луѓе. Според овој податок без работа во ЕУ се 23,3 милиони


луѓе. Со невработеноста во најлоша состојба се Латвија,


Шпанија, Естонија. За надминување на непосакуваните состојби


во ЕУ се вршат реформи за пазарот на труд и друго. Со


постојната состојба во оваа област или со мали промени, ќе се


минува 2011 и 2012 година.


Во средината на декември 2010 година Европскиот


парламент го усвои буџетот на Европската унија за 2011 година


во износ од 126 милијарди евра и е поголем за 3,5


милијарди евра од претходната година. Со овој чин Европскиот


парламент го одобри предлогот на Советот, односно владите


на земјите


членки на Европската Унија, без амандмани. За буџетот гласаа и


тоа: за 508, против 141, додека 19 биле воздржани.


Пред, за време на и после кризата, во непрекинат


континуитет се зголемуваат долговите на земјите во светот.


Големината на долговите му се заканува на државите, други


субјекти, до граѓаните, со банкрот. Задолженоста на државите


во Европската унија по кризата стана актуелно прашање на кое




Науката е трка на идеи


220








се посветува поголемо внимание. Во претходните периоди


такво внимание се посветуваше во други региони во светот.


Во Европската унија задолженоста на државите настана


сложен проблем. Со него се постави во дебатата: опстанокот и


развојот на Европската унија, нејзиното платежно средство-


еврото, функционирањето на финансискиот пазар и друго. Во


најострите дебати се јавија мислења за враќање на старите


платежни средства во државите, за бркање од Унијата на земји


кои се најдоа пред банкрот, за откажување од еврото на


одделни земји, за запирање на процесот за проширување на


Унијата и друго. Проблемот со долговите јасно беше


манифестиран во Грција, Ирска, Португалија, Шпанија.


Проблемот, пак, предизвика смирена активност со која се тргна


по патот за наоѓање трајно, заедничко и ефикасно решение. Се


утврди дека е од заеднички интерес решавањето на проблемот,


а тоа бара вклучување на сите членки во овие активности. Со


преземените мерки во ниту еден момент не се намали


одговорноста за долгот на конкретната држава. Во таа насока,


кај сите држави се водеше вистинска војна за намалување на


буџетските трошоци, за екомомија, за воведување на иновации


во работењето и друго. Во оваа активност се намалуваа


работни места во јавниот сектор, со што беа отпуштени од


работа голем број на вработени.


Во виорот на кризата и во отсуство на заеднички


европски план за помош на финансискиот сектор, во


Европската унија беше изграден став: секоја земја ќе мора да ја


преземе одговорноста на национално ниво. После повеќе од две


години, настанатиот проблем предизвика менување на


гледањата, а со тоа и на активностите, за потребата од


заедништво. Сега се развива мислата за европска економска


влада како идеја, а како реализација се формира Европски фонд


за спас. Неговиот наслов е Европски стабилизациски


механизам, кој ќе има заеднички активи од 700 и непосреден


кредитен капитал од 500 милијарди евра. Механизмот ќе почне




Науката е трка на идеи


221








да дејствува од 2013 година. Со овој Фонд се заменува Фондот,


со кој се помага на презадолжените членки на еврозоната, а со


цел да се зголеми нивниот капацитет, за надминување на


настанатите проблеми. Овој Фонд изнесува 440 милијарди евра.


Поврзаноста на финансискиот пазар на капитал во Европската


Унија е голем чинител за зачувување на целината на оваа


творба. Голем број на трансакции на субјектите од


најранливите земји се правени со организации од целата Унија.


Така, нивното решавање е и затворање на проблемите на


матичните субјекти на подобро стоечките држави. Ова


покажува дека принципот на сврзани садови станува чинител за


решавање на конкретни прашања. Поттикнувачот е проблемот,


но со него се множат и други такви чинители кои претставуваат


логично решение за јакнење на заедништвото. Изградените


принципи, прво, секој во својата средина да даде сé од себе што


се однесува за најранливите држави со долговите и второ,


помошта од Европската Унија соединета со други организации,


создадоа солидна основа за влегување во сериозна битка за


надминување на состојбите за банкрот.


Во посткризниот период најзабележан проблем беа


настаните во Грција. Ова земја во почетокот на 2010 година, по


соопштението на Грчката централна банка имала надворешен


долг од 413,5 милијарди евра. Доколку овој показател се стави


во однос со домашниот бруто производ се добива бројка


поголема од 100 отсто. После големите пореметувања во


репродукцијата на земјата следени со долгови и изгубена


рамнотежа во бројни сегменти на државата, во мај 2010 година


Парламентот на Грција го донесе Законот за спас на земјата.


Во постапката за подготвување на овој закон беа разгледувани


повеќе можни решенија. Непосредно пред носењето на законот


се прифати солуцијата да се поддржи помошта од Европската


унија и Меѓународниот монетарен фонд во висина од 110


милијарди евра. Со тоа насобраните долгови треба да се


решаваат со нови, но отплатите се разграничени на периоди




Науката е трка на идеи


222








кои ќе и овозможат на земјата да излезе од непосакуваните


состојби. Во овој пакет на мерки влезе и тригодишната


Програма за штедење со која се намалуваат платите на


државните службеници и пензиите, додека се зголемуваат


даноците за потрошувачите и друго. За овој проект како целина


се гласало по понудата на неговиот предлагач за две опции:


прво, прифаќање на целокупната содржина на предлогот и


второ, да се осуди Грција да оди во банкрот. Со парите


добиени со оваа активност кои се исплаќаат во транши, земјата


доби кислород за дишење, за да може побавно да излегува од


банкрот положбата. Во првото полугодие од 2011 година се


разви идеја, акција и реализација за нов кредит од 110


милијарди евра за заздравување на економијата. Услов за тоа е


зголемување на мерките за штедење.


Сценариото за Ирска наликува на спроведениот модел во


Грција, кое е направено кон крајот на 2010 година. Со тоа од


оваа земја прифатена е помошта од Европската унија и ММФ.


Помошта изнесува 85 милијарди евра. Планот за драстични


штедења на оваа земја изнесува 15 милијарди евра, за време до


2014 година.


Во Португалија по повеќе активности поднесено е


барање за помош. Во второто тромесечие од 2011 година таа


доби помош од Европската Унија и ММФ од 78 милијарди евра.


Со Програма за штедење на земјата се предвидува намалување


на дефицитот од 5,9 отсто од БДП на 3 отсто во 2013 година.


Закрепнувањето на економијата на Шпанија во


посткризниот период многу бавно се одвива. Во првиот квартал


на 2010 година таа забележа раст од 0,1 отсто во споредба со


претходната тромесечност со што стави крај на едногодишната


рецесија. Оваа земја, исто така, е притисната од големите


долгови. На прво место на активностите поставено е


преструктуирањето на финансискиот сектор. По забелешките


на ММФ, Шпанија спроведува реформи за пазарот на труд.




Науката е трка на идеи


223








Овде вработувањето во 2010 година беше отсутно од реалноста.


Се очекува тоа да тргне на подобро од таквата положба во 2011


година. Инаку, стапката на невработеност се искачи на 20


проценти. Поаѓајќи од големината и значењето на оваа земја за


ЕУ, таа е и најтешкиот проблем кој треба да се решава.


Значењето на сврзаните садови може да се забележи и


преку односот на платежното средство на ЕУ со другите валути.


Поткопувањето на вредноста на еврото почна да се јавува од


повеќе места. Се јавија размислувања дека тоа било лоша


идеја, ги разочарала европејците, можно е негово пропаѓање и


друго. Заедно со тоа врз основа на анализи се подготвуваа


одлуки за одржување на вредноста на еврото. Сигналите за


таквата потреба ја дадоа берзите на хартии од вредност. Од


податоците на ММФ можеше да се забележи дека на крајот на


2009 година, еврото сочинувало 27,4 проценти од глобалните


девизни резерви. Во 2010 година странските централни банки


почнаа да ги забавуваат вложувањата во евра. Податоците за


котацијата на еврото се секојдневни. Едно видување објавено во


јануари 2011 година вели дека еврото загуби од својата


вредност 22 проценти. Доколку се земе како основа 1999


година за сите земји од еврозоната, еврото денес има куповна


моќ од 78 отсто. Координираната активност на ЕУ и ММФ


прикажана во споменатите проекти и секојдневните дејствија


даваат резултати, со кои се враќа вербата во еврото. Останува


тоа секојдневно да се прати во берзанските билтени.


Евидентно е дека излегувањето на Европската унија од


рецесијатата заостанува доколку се спореди со САД. Тоа е


резултат на повеќе чинители. Од нив посебно се споменуваат


два- организираноста и спороста. Се чини дека нејзината


организираност покажа слабости кои јасно се манифестираа.


Воедно, забележано е дека во неа многу поспоро се реагираше


на настанатите прашања и проблеми во кризата. Кризата


значително отвори на виделина две прашања, задолженоста и


невработеноста. Степенот на задолженоста на државите е




Науката е трка на идеи


224








многу поголем од предвидените норми во нејзините правила


кои се усвоени од сите членки. Тоа создаде посебен проблем во


вработеноста и присутноста на многу високи стапки на


невработеност кај определени држави. Овие проблеми во


вработувањето и со долговите ќе потрае подолго во ЕУ.





5. Другите држави во посткризниот период



Прогнозите на Светската банка и ММФ за глобалната


економија во светот беа прикажани за 2010 и 2011 година.


Светската банка за 2010 година предвидуваше раст од 5,2 отсто


за земјите во развој, а во 2011 година тој да изнесува 5,8 отсто.


За земјите од Источна Азија се предвидувааше растот на бруто


домашниот производ да се остварува со најголеми стапки,


споредено со другите држави. Во Латинска Америка најголем


раст на бруто домашниот производ се предвидуваше за Чиле и


Перу. Според прогнозите на ММФ во посткризниот период


државите се делат на три групи. Во првата и втората група


влегуваат земји кои се најранливи од кризата и тоа држави од


ЕУ, САД. Во третата група влегуваат земјите кои имаат


најголеми можности за финансиско маневрирање во


спроведувањето на новите закани во светската економија и тоа


Австралија, Данска, Јужна Кореја, Нов Зеланд, Норвешка.


Во пишуваните трудови многу тешко е да се прикаже


шареноликоста на глобалната економија. На виделина е во


посткризниот период како поминуваат најбогатите земји во


светот, со многу мал пораст на бруто домашниот производ, со


одржлива или мала вработеност на нова работна сила, со


тешкотии за совладување на долговите и друго. Настаните од


2008 до 2011 е едно прашање, додека местоположбата на овие


земји во глобалната економија е сосема нешто друго. Тие се


најголемите создавачи на бруто домашен производ по еден




Науката е трка на идеи


225








вработен, носители на науката и техниката во производството,


големи потрошувачи, кредитори, извозници и друго. Тие се


силни, значајни, одлучувачки играчи во светската економија.


Во списанието за теорија и практика ,,Економија и


бизнис“ од Скопје, за да се види шареноликоста презентирани


се податоци за Десет светски економии, во период од десет


години, со најбрз пораст (годишен просечен пораст на БДП%)


од 2001 до 2011 година и тоа: Ангола 11,1, Кина 10,5, Мјанмар


10,3, Нигерија 8,9, Етиопија 8,4, Казахстан 8,2, Чад 7,9, Мозамбик,


7,9, Камбоџа 7,7 и Руанда 7,6. Овие земји кризата ја доживеаа


секоја на свој начин. Тие имаа позитивно влијание на


големината и структурата во глобалната економија. Изворот на


овие податоци се од ММФ.


Почнувајќи од 2001 година сé почесто се сретнуваме со
кратенката БРИК, симбол за соработката на Бразил, Индија,


Русија и Кина. Се чини дека овие земји стануваат


забележителни играчи во светската економија. Тие во ранг


листите освојуваат се повисоко и повисоко место. Станува збор


за масата на бруто домашен производ, извоз, кредитирање,


берзански активности и друго. Овој подем не само што се цени,


туку е и предмет на стручни расправи, дали тој може да се


одржува на подолг период на време. Има поединечни гледања


дека балонот во одредено време може и да пукне.


Во Истанбул во мај 2011 година по иницијатива на


Организацијата на обединетите нации ќе се одржи


конференција на која ќе се разгледуваат состојбите на најмалку


развиените земји. Мерилото за влегување на земјата во оваа


ранг листа е бруто домашниот производ по еден жител, истиот


да не биде поголем од 905 долари годишно. Во панел


дискусиите, врз основа на поголем број на анализи и


експертизи, се доаѓа до сознанија дека се зголемува јазот


помеѓу најсиромашните и останатите земји во светот. Според


споменатата класификација во оваа група влегуваат 48 земји.




Науката е трка на идеи


226








Во овие земји за 40 години просечниот приход на населението


се намалил од 18 отсто од светскиот просек на 15 отсто.


Помошта која им се дава на овие земји не обезбеди задржување


на стекнатото ниво.


Состојбите за сите земји, тука именувани како други држави во


посткризниот период, се такви што тие ги остваруваат


сопствените предвидувања со традиционално


прашања и проблеми во нивните репродукции.


познатите






6. Република Македонија во времето по кризата


Нашата болка како за економијата така и за целокупниот


живот е големата невработеност на луѓето и сиромаштијата.


Како мерило дали има или нема криза за секоја национална


економија е големината на невработените луѓе. Ние за таквото


мерило немаме никаква грижа. Со процент на невработеност


што спаѓа во највисоките во светот, за нас во земјата нема


криза. Се вели дека светската криза ни го расипува нашиот мир.


Управувачките и раководните структури на земјата незнаат


дека вработеноста во 1952 година била само


89.000 лица. Тогаш најголемиот број од населението живеело од


раситнетото земјоделство, занаетчиство, угостителство и друго.


Во интервал од 37 години со огромни напори на луѓето и со


одвојување на средства од своите заработувачки, во 1989


година дојдено е до најголемата вработеност која е за паметење


и тоа:


427.060 во стопанските и 89.474 во вонстопанските дејности


или вкупно 516.534 лица. Овие вработени беа и осигуреници. Се


поставува прашање зошто по толку години не можеме да ја


надминеме оваа бројка?


Со податокот за раст на бруто домашниот производ од


1,2 отсто во четвртото тромесечие на 2009 година официјално




Науката е трка на идеи


227








беше соопштено дека рецесијата во државата е надмината.


Според предвидувањата забележани во официјалните


документи на земјата, од крајот на 2008 година оваа категорија


требаше да забележи во 2009 година раст од 5,5 отсто, а


остварено е пад од 0,9 отсто. Во март 2010 година соопштено е


дека трите пакети антикризни мерки во 2009 година го


чинеа буџетот на државата триста милиони евра. Воедно


промовиран е четвртиот пакет, кој има 24 мерки за


стопанството и тоа дека каматата ќе биде фиксна од новата


кредитна линија на Европската инвестициона банка и


Македонската банка за поддршка и развој; ќе се воведе нова


кредитна линија од 15 милиони евра за поддршка на микро,


мали и средни трговски друштва; ќе се намали надоместокот за


откуп на градежно земјиште; наместо на 15-ти во месецот ДДВ


ќе се плаќа на 25 - ти; и друго.


На крајот на 2009 година во проекцијата за 2010 година се


предвидуваше БДП да порасне за 2 отсто. Меѓутоа во првиот


квартал забележан е показател за -0,9, во вториот за -1,1, во


третиот +1,3 и во четвртиот +2,3 проценти или вкупно во оваа


година БДП е зголемен само за 0,7 отсто.


На крајот на 2010 година за 2011 година проектиран е пораст на


БДП за 3,5 отсто и инфлација од 3%.


Според објавени податоци од средината на 2010 година,


во 2009 година, Република Македонија со 3.290 евра заедно со


Србија и Босна и Херцеговина, републики од бившата држава,


имаат најмал БДП по глава на жител. Словенија забележува


ниво на ова категорија од 18.400, Хрватска 14.200, Црна Гора


4.900 евра.


Податоците за куповната моќ на граѓаните на


Македонија, објавени во почетокот на 2011 година, зборуваат


дека ние од 42 земји, со 2.492 евра по жител се наоѓаме на 36


место. Просекот за Европа е 11.945 евра, а Лихтенштајн има




Науката е трка на идеи


228








49.014 евра. Куповната моќ на граѓаните им овозможува да


имаат мала, средна или поголема потрошувачка, а таа како


категорија е најзначајниот чинител за формирањето на БДП.


На крајот на 2009 година Собранието на РМ го донесе буџетот


за 2010 година, со големина од 2.5 милијарди евра и со


планиран дефицит. Во средината на 2010 година усвоен е


ребаланс на буџетот. На крајот на 2010 година донесен е


Буџетот на Република Македонија за 2011 година, со износ од


2.6 милијарди евра. Со него се планира дефицит кој ќе се


финансира со задолжување во странство. Буџетот е поголем


за 6,8 отсто од таквиот за 2010 година.


Во областа на финансискиот сектор во посткризниот


период како значајно прашање претставува перманентното


намалување на референтната стапка од страна на Народната


банка на Република Македонија, која во кризата се искачи до 9


проценти, а почнувајќи од декември 2009 додина за една година


се намали на 4 проценти. Со тоа се создадоа услови банките да


ги намалат каматите на нивните заеми. Во 2010 година се


предвидуваше раст на кредитите од 10 проценти, а се оствари


само 8 проценти. Банките 2010 година ја завршија во основа со


успех, но и со намалување на нивните профити.


На финансискиот пазар во Р М најголемо е учеството на


девизи стекнати со извоз. Во 2009 година тоа изнесува 2.69


милијарди САД долари, а во 2010 година 3.3 милијарди САД


долари. Второто место на овој пазар го заземаат дознаките на


нашите луѓе од странство и тоа во 2009 година со 1.1 а во


2010 со 2.36 милијарди евра. На трето место доаѓаат нашите


зајмувања од странство. Како наши зајмувачи на пари во


посткризниот период се јавуваат поголем број на субјекти. Тука


се споменуваат кредитите од Светската банка, ММФ,


Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициона


банка, Претпристапните фондови на ЕУ, издавањето на


еврообврзница и друго. Посебно внимание од овие заеми се




Науката е трка на идеи


229








дава на следните: прво, ММФ одобри заем од 480 милиони евра


со право на повлекување на 400 во 2010 година и 80 милиони во


2012 година, со камата од 1,3 проценти. Ова кредитна линија е


за претпазливост но, дефакто е безусловна; второ, од крајот на


2009 година до февруари 2011 година реализирани се 100


милиони евра средства од ЕИБ, со камата од 5,5 отсто за мали и


средни трговски друштва, а за мал дел и за покрупни фирми. Во


тек се подготовки за второ такво зајмување; трето, Евро


обврзница нашата држава издаде во 2005 година, од 150


милиони евра со камата од 4,75 проценти и во 2009 година


од 175 милиони евра со 9,87 проценти камата. Прогнозите за


издавање на трета обврзница во 2010 година не се остварија;


и друго.


За кризата и после неа се прикажуваат и податоци за


берзанските движењата забележани од Македонската берза АД


Скопје. Вкупниот берзански промет во 2007 година изнесувал


41,7милијарди денари. Во наредните три години тој


постојано паѓа и тоа: во 2008 година на 12,3, во 2009 на 6,7, а во


2010 на 5,8 милијарди денари. Пазарната котизација на акции


во 2007 година на МБИ-10 изнесувала 7.740, во 2008 година


2.096, во 2009 година 2.751 и 2010 година 2,278 денари. Кај


првиот показател падот започнал по 2007 година и


континуирано се одржува до крајот на 2010 година. Кај


вториот показател, во 2008 година во споредба со претходната


година падот на акциите изнесува 72,9%; во 2009 во споредба со


претходната година забележан е пораст од 31,28%; и во 2010 во


споредба со претходната година има пад од 17,19%. Во интервју


од крајот на април 2010 година, со директор на Македонска


берза е соопштено дека пазарната капитализација на


котираните фирми изнесува 600 милиони евра и дека


највисоката цена на истите фирми во 2007 година изнесувала


над две милијарди евра.


Во кризата и во посткризниот период долговите на


земјата и државата стана актуелно прашање. Користењето на




Науката е трка на идеи


230








капитал на една земја од друга е традиционално прашање.


Секоја земја според своите интереси влегува во актвности,


некаде таа да кредитира, а од друго место да позајмува пари.


Оваа активност е исклучително значајно прашање за бизнисот,


за начинот како во оваа работа да се добие што е можно повеќе,


а да се изгуби што помалку. Тоа е исто како и со извозот и


увозот на стоки. Нашата земја со својата структура на


стопанството и вонстопанството има мали можности во овие


две функции, за да се однесува со поголем успех и на едната и


на другата страна. Така, ние многу малку извезуваме стоки и


капитал, а сме големи увозници и на едното и на другото.


Конкретно за заемите, клучно прашање е во таа активност да


бидеме максимално претпазливи. Задолжувањето да го


насочиме на трошење пари за профитабилни проекти. За


внесување капитал во нашата земја не треба да поаѓаме од


податокот дека Јапонија има задолженот од 200 проценти


долгови во споредба со БДП, или од друга богатаземја. Ние


можеме да се задушиме со далеку помал однос од овие две


категории.Во времето во кое живееме постојано се повторува


дека јавниот долг се движи околу 2,5 отсто од планираниот


БДП за дадената година, дека буџетот секоја година предвидува


дефицит, дека надворешниот долг е под 60 отсто од БДП и така


од година во година и едниот и другиот се наголемуваат, не


како процент, но како маса. Денес сме соочени со информации


дека масата на долгови по години постојано се зголемува, дека


надворешниот бруто долг бил во 2004 година 2.3, а во 2009


година 3,8 милијарди евра. Во 2010 година таа сума се зголемува


за повеќе од 4.1, а за крајот на 2011 година се очекува таа да


изнесува 4,5 милијарди евра. Поголемиот дел од овие пари се


долг на претпријатијата, банките и граѓаните и добар дел на


државата. Масата на позајмените пари пак, од година во година


го зголемува обемот на обврските кои треба да се платат на


странство. И таа маса останува сама во билансот како минус,


бидејќи немаме друга маса за наплатени париод наше зајмување


на странство, како плус.




Науката е трка на идеи


231








Зајмувањето на пари помеѓу разните субјекти во земјата


исто така создава долгови. Во таа активност принципиелно е да


постои рамноправност на субјектите во деловниот однос. Тука


јакиот не може да го уценува послабиот. Опасноста овде се


јавува помеѓу државата и монополските организации, како


појаки и другите, како послаби субјекти. Овде нашата држава ја


искористи својата моќ и си обезбеди со пропис поволност во


плаќањето на долговите. Исто така, државата врши притисок


на финасискиот пазар со зајмување на пари по пат на издавање


на хартии од вредност, со што оневозможува стопанството


таквите средства да ги користи за нивна активност.


Монополските субјети пак, ја користат зависноста на послабите


за да ги пролонгираат плаќањата на долговите и друго.


Кревкото македонско стопанство и вонстпанство


преживеа многу тешки удари во време во транзицијата.


Срушена беше постојната техника и технологија во голем број


на претпријатија и други субјекти. Многу споро се создаваше


нова таква опременост на трудот. Меѓуетничкиот конфликт во


2001 година претставуваше следен удар на споменатата


структура. А кризата 2008/2009 година го направи третиот


удар.


Животот и работата кај нас се одвива по патот, уште


неизлезени од една незгода влегуваме во наредната. Според


прогнозите на бројните меѓународни организации за просторот


на Европа за посткризниот период нема поголем оптимизам,


посебно за вработувањето, раздолжувањето и друго. Таквата


состојба ќе има силно влијание и врз нашата земја. Пораката на


прикажаните показатели е јасна, тие бараат од нас: треба многу


паметно да управуваме и раководиме со нашите ресурси и


ефикасно да работиме, без никакво разнебитување на


постојните можности со кои располагаме.




Науката е трка на идеи


232








7. Упорно и креативно градење на нова посткризна рамнотежа



Уште на крајот на 2009 година определени стручњаци за


кризи предупредуваа дека не треба да се брза со официјалните


соопштенија дека е надмината кризата. Оваа реторика


продолжува и во посткризниот период. Водечки личности во


управувачките структури на одделни држави предупредуваат


дека долговите и ниската вработеност и друго, се силни


чинители, повторно да се дојде до положба на рецесија и криза.


Други личности, вредни за почит, тоа го предвидуваат поради


опасност од голем пораст на цената на нафтата, трети од курсот


и опстанокот на водечките валути во светот и друго. Во


најблага форма на укажување за оваа појава е ставот и на


колективни тела дека постојат ризици кои можат да доведат до


нарушувања во репродукцијата.


Во времето на кризата и после неа, непрекинато се


менуваа управувачките и раководните структури на сите


видови организации во светот. Тоа е реализација на логиката


на променливоста на луѓето, едни да ја напуштаат, а други да


ја продолжуваат работата, со нов мандат на дадените


активности. Со овие промени некои луѓе од вкупната


популација се задоволуваат и сметаат дека со тоа е изречена


казна за лошото управување и раководење на конкретните


личности. Други пак, сметаат дека сето тоа не е доволно и дека


требаше за настаните во неа јавно и децидно да се


идентификуваат луѓе како виновни за големата криза. А тоа


значи и за страдања на голем број на луѓе и губење на огромни


имоти.


Со новата структура на луѓе продолжува светската


репродукција. Од анализата на настаните јасно се


манифестираа како лошите, така и добрите страни на


репродукцијата. Нова техника и технологија, нова организација


на управување и раководење како производи на науката, која




Науката е трка на идеи


233








непрекинато создава нови идеи, е добрата страна, бидејќи со


тоа се зголемува продуктивноста, економичноста,


рентабилноста и профитабилноста на работењето на сите


рамништа. Со нив ќе се лекуваат раните на лошата страна, кое


ќе потрае подолго време. Како пример за напредок на планетата


Земја е се поголемиот интерест за користење на сончевата


енергија на просторот каде може да се постигнат највисоки


приноси, потоа во обидите водородот да стане гориво на


иднината, проекти за кои се вложуваат се поголеми средства и


друго.


Очекувањата на граѓаните во светот се насочени кон


барањата што побрзо репродукцијата да го достигне нивото од


пред кризата за да може после тоа да совладува нови поголеми


величини, со зголемување на БДП на дадените национални


економии, а со тоа и за напредокот во светот. Тоа со други


зборови значи дека треба да се работи упорно на создавање на


нова посткризна рамнотежа. Со неа треба да се зголемува


платежно способната потрошувачка на населението на


планетата Земја. Уште подецидно кажано треба да се создава


нова рамнотежа помеѓу производството, распределбата,


размената и потрошувачката. Ова барање е исклучиво големо,


сложено и тешко за остварување. Тоа бара во секоја национална


економија да се создава состојби на рамнотежа во деловите на


структурата и како целина на репродукцијата. Тоа е императив


за посткризната рамнотежа на ниво на светот. За тоа се


потребни диригенти во управувачките и раководните


структури во меѓународните организации и државите кои ќе


можат со успех да го водат хорот од преку шест милијарди луѓе.


Овие структури мора да поаѓаат од ноторните, минимални


интереси на луѓето кои наједноставо речено претставуваат


барање да работат и со тоа да обезбедуваат подобар живот во


услови на сигурност, безбедност и почит кон нивната личност.


Битола, 17 април 2011 год. Д-р Ѓорѓи Михајловски




Науката е трка на идеи


234













НАУКАТА Е ТРКА НА ИДЕИ



1. Од немир, преку идеја и истражувања до наука




Пред 500 години луѓето полемизирале за обликот на


планетата Земја. Некои сметале дека таа е рамна плоча, со тоа


што на крајот на истата следува провалија. Со случајни а


покасно и со организирани патувања други луѓе дојдоа до


сознанија дека таа има форма на топка. Епилогот е познат.


Немирот во дваесетиот и овој век доби поголема


динамика. Создадени се голем број производи кои беа


непознати. Почнати се истражувања и постигнати се резултати


за вселената, нејзината големина, карактеристиките на


планетите, можностите за живот на нив и друго. Во време на


пишување на овие редови почина еден лидер на техологијата,


Стив Џобс, визионерот, кој заедно со неговиот пријател во 1976


година ја основа компанијата Епл. Тој во јавноста настапи со


аргумент за предностите на персоналниот компјутер над


постојната технологија и тука не запре. Во иста положба се најде


и со воведувањето на дигиталната техологија. Неговото


значење не е поврзано само со определени гранки и дејности,


туку тоа се протега на целокупниот живот и работа на човекот.


Споменатите изуми се многу значајни за продуктивноста на


работењето, за економичноста, за профитабилното работење на


сите субјекти, а со тоа и за економската наука.


Желбата за нови сознанија е особина која е вградена во


човекот, тоа е неговиот немир. По видот на појавата, тој неа ја


забележува, а потоа се раѓаат идеи и потреби од проверки за




Науката е трка на идеи


235








подлабоко проникнување во истата, која скрива можности за


нови откритија. Човекот од раѓањето сé и сешто, како предмети


и околината, ја допита, гледа, постојано ја чепка, префаќа,


истражува и мечтае како да ја измени. Човекот


постојано бара, а со тоа некојпат нешто наоѓа, а другпат не


наоѓа ништо. Неговата немирност не може да се задоволи со


најденото, откриеното. Тој почнува битка за утврдување на


неговата употребна вредност, целисходноста за користење и


друго. Оваа активност на човекот е широко распространета. Во


најситни нешта може да се најде по некоја операција, која може


да се промени во споредба со претходната. Овие промени се


многубројни и нив никој не ги евидентира. Споменатите


примери со обликот на земјата, новите производи, вселената,


или технологијата се пронајдоци со фундаментално значење и


тие природно е што се сметаат за изразито корисни работи за


човештвото. Тие со тоа постануваат дел од науката.


Истражувањата на луѓето раѓаат постојано нови


пронајдоци за разни производи. Од големиот број на луѓе во


светот за еден производ, можат да се јават различни идеи кои не


остануваат во нивните творци. Тие трансформирани во


производ се јавуваат во јавноста, каде се докажува нивната


вредност и значење. Со тоа науката претставува трка на идеи.


Во трката победува авторот на најдобриот, нај корисниот,


најпотребниот производ.Ваквата трка за идејата, односно


производот, која може да се именува како актуелна логично е


да се компарира со историската идеја, производ. Докажувањето


на предностите на второто со првото, претставува


компарирање на новото со старото. Во стартот секогаш треба да


се уважува и првото и второто. Најнеизвесно е тогаш, кога го


нема второто и истражувачот почнува од ништо, но, сепак


постои околина, од која може да се креира првото. Човекот е


рационално суштество тој во новото од старото го користи сé


што не се противи на новото. Оваа активност се одвивала низ


вековите. Таа доведе до акумулирање на знаења на




Науката е трка на идеи


236








генерациите, а со тоа се создаваа бројни науки, како на пример,


биологија, физика, хемија, математика, филозофија, економија,


право. Овие именувања на науките, сега се разгрануваат, а тоа


ќе се случува и во иднина и со тоа се раѓаат и ќе се создаваат


нови наслови за разграноците.


Науката се јави како најнеопходната потреба на самиот


човек. Со тоа таа доби значење за неговиот животот и работа.


Исто така, таа постана најуниверзалната алатка во животот и


работата на човекот, за решавање на сите прашања и проблеми.


Дефиницијата за науката како поим е предмет на


пишуваниот збор и се препознава со големо обопштување на


нештата, кое зборува за објективни вистини, докажани со


објективни методи. Во лексиконите може да се најде, дека


науката претставува систематизиран и аргументиран обем на


знаења во одреден временски период, за објективни вистини до


кој се доаѓа со примена на одредени објективни методи на


истражување.




2. Давања и примања на науката со човекот




2.1. Потребите на човекот од наука




Истражувањето за потребите на човекот од наука е


предизвик кој задолжува, овие единки да се определат од каков


аспект, ќе се остварува ова задача. Во текстов се гледа дека се


зема аспектот на една генерација.


Доколку истражувачот се определи во својата работа да


почне со чинот на раѓање на единката, тогаш, таа личност,




Науката е трка на идеи


237








прво, постанува пациент на медицинската наука. Луѓето од


медицината, со дадените здравствени услуги, овозможуваат


единката успешно да се вклучи во животот.


Со растењето, детето станува ученик во образовниот


систем, кој нему му овозможува стекнување знаења и тоа: за


луѓето, природата, за содржини и појави кои се предмет на


определените науки, со цел, за негово вклучување, снаоѓање во


реалниот живот.


На 14 годишна возраст децата го завршуваат основното


образование. Во овој период родителите на единката можат да


ја насетуваат неговата наклоност, дарба, желба и друго.


Одделни деца од нив кажуваат што најмногу ги интересира,


што им лежи во нивната душа и друго. Во одделни семејства се


вршат различни тестови. Некои од таквите методи ги


спроведуваат образовните институции, наставниот кадар и


друго. Споменатите состојби и дејствија имаат за цел како


единката што подобро да се вклучи во реалниот живот, работа,


која е извор за нејзината егзистенција.


Нашата земја, според Статистичкиот годишник од 2009


година, во 2002 година имала 2.022.547 жители, а во 2004


година основно образование завршиле 29.039, во 2007 година


27.747, и во 2008 година 27.046 ученици. Со завршувањето на


општо образовната активност, започнува период на


осамостојување на единката. Таа треба сама да се определува за


продолжување на своето образование, а со тоа и да избере една


од многуте разни средношколски институции. Во тоа може да се


потпира на знаењето и искуството на своите родители.


Посакувани се и сугестиите на наставниот кадар од основното


образование и друго. Овој избор е многу значаен и е пратен со


одговорност за судбината на кандидатот. Изборот треба да ги


уважува укажувањата во консултациите, како и физичките и


духовните карактеристики, талентот, коефициентот на


интелегенција, наклонетоста кон определена работа и


други особини на




Науката е трка на идеи


238








ученикот. Правилната одлука за изборот постанува посакувана


цел, кој треба да се остварува од самиот кандидат.


Според истиот извор на податоци средно образование


завршиле во 2004 година 23.621, во 2007 година 25.629, и во


2008 година 24.700 ученици. Презентираните податоци


покажуваат дека учениците со завршено основно образование


скоро симетрично се вклучени во средното образование. На 18


годишната возраст учениците стануваат лица со завршен испит


за зрелост, стануваат способни за вклучување во работен однос,


како и кандидати за натамошно школување.


Со завршено образование и тоа: високо; заедно


магистратури и специјалисти; и доктори во 2004 година има


4.725 од првата, 110 од втората и 67 од третата категорија. Во


2007 година има 7.954 од првата, 277 од втората и 82 од третата


категорија. Во 2008 година, од првата нема податок, 272 од


втората и 87 од третата категорија. Во 2011 година


регистрирани се 197 доктори на науки или 25,5 отсто повеќе во


споредба со претходната година.


Динамиката за завршено образование по години на


единките е различна погледната по видови на образование. Кај


основното образование, се забележува опаѓање на бројот на


учениците. Тоа произлегува од големината на наталитетот,


опфаќањето на кандидатите и друго. Во средното образование


се забележува обратен процес, од претходниот, со тоа, тука има


зголемување на учениците. Тоа е резултат на поголемото


опфаќање на кандидатите и друго. За другите видови на


образование, кај кандидатите од сите категории, има постојано


зголемување на нивниот број. Состојбите и броевите


неминовно го налагаат заклучокот дека како земја


постигнуваме резултати во ова област, со сé поголем број


пообразовани единки. Но, дали е тоа добро или лошо?




Науката е трка на идеи


239











2.2. Давања на човекот за науката




Погледот којшто е направен за една генерација и тоа само


до доаѓање на единката до посакуваното стартно образование е


еден дел од содржините помеѓу човекот и науката. Во него


единката е прикажана само со тоа дека таа само прима нешто


од науката, додека изостануваат содржините, кои се


карактеризираат со давање на човекот на науката, што не е


ретка појава. Тоа не е редок настан поради таканаречените


чуда. За најмладите во генерацијата се употребува поимот чудо


од дете. Тоа е личност која има дарба, која ја изразува со својот


опус, со изразито голема разлика во споредба со своите


врсници, или со содржини од објективна вистина. Оваа вистина


се потврдува и со нејзините постигања на разни


натпреварувања, каде таа добива награди.


По завршувањето на образованието на луѓето, за


единките се отвора поширок фронт за работа и докажување, во


кој таа се повеќе прави прилози, а со тоа истата се оддолжува и


кон науката. Од големиот број учесници во натпреварот на


единки, мал број од нив се именуваат со зборот истражувач,


пронаоѓач, иноватор и друго, додека само за ретките се


употребува зборот гениј. Тие се најголеми оддолжувачи од


луѓето кон науката, тие ја создаваат науката. Овие единки со


оглед на тоа што се на поголема возраст од споменатите чуда,


нивната дејност се смета како природна појава. До колку е со


висок квалитет, работата на кандидатите за создавање на


науката, таа влегува како производ во постапка, по објективни


мерила за компарирање, со таков на други истражувачи, после


кое следува победникот од таквиот натпревар да се соочува со


објективните вредности, по кое следува оценка за тоа. Некои од


овие единки стануваат носители на разни најценети


признанија,




Науката е трка на идеи


240








а многу ретко од нив постануваат и се именуваат како


гении.Придонесот на генерацијата, во која влегуваат луѓето од


сите возрасти, се оценува по нејзиното завршување, врз


објективни методи и објективни вредности. Спротивно од


објективните мерила во реалниот живот се јавува


самооценувањето. Самооценувањето за себе како единка, како и


на бројните органи и организации, треба да се прави


внимателно. На пример, јас или ние сме најдобри, во споредба


со другите, работиме успешно, внимаваме на сé, држиме под


контрола сé и друго. Таквата реченица предизвикува реакција,


бидејќи со неа се напаѓа друга единка или органи и


организации, не се уважуваат постигнувањата во светот и


друго. Самооценувањето за своите резултати и ефекти од


сработеното на единката, како на органите и организациите


треба да биде комплексно, при што мора да се уважуваат


бројните чинители за постигнувањата. На пример, направивме


таква и таква активност, која е најголема забележана до сега.


Сработеното е со историска вредност, без да се каже каде се


наоѓа таа, во светски размери и друго. Самооценувањето е


непосакувана појава, но нејзе ја има во животот. Се чини дека:


прво, овие единки треба да овозможат друг да каже за нив, и


второ и да ги стават на маса постигнатите резултати и да


овозможат нивна компарација со соодветни активности.


Природно е секоја генерација на луѓе да посакува да биде


забележана но, не може со самофалби туку со нешто значајно,


корисно неспорно и со поголема трајност.


Краткиот приказ за давањата и примањата на науката со


човекот или потребите на човекот од наука и давањата на


човекот за науката, зборува за сложени односи коишто постојат


меѓу нив, кои многу тешко можат да се одвојуваат и


поединечно да се прикажуваат и оценуваат.




Науката е трка на идеи


241








3. Моќта на науката


Збирот од научните знаења стекнати во историјата, се


дела на луѓето и тие претставуваат големо богатство за


денешниот човек. Во нив нема статичност. Со тек на времето


тие се менувале, се доградувале. Динамиката на промените


постојано се зголемуваше. Овие знаења се инспирација и


поттик на денешните истражувачи, за да учествуваат во


таквиот натпревар во создавањето на нови вредности и да го


зголемуваат тоа богатство. Покрај инспирацијата, тие


побудуваат восхит од содржините на пишуваните творби, го


стават човекот во положба да не може да верува како можеле


во тоа време некои дела да се направат и друго. Знаењата од


науката низ вековите се користени во животот и работата на


луѓето. Со нивното користење тие станувале уште позначајни.


Со тоа се градела и моќта на науката. Науката стана насушна


потреба на човекот.


Во сегашната генерација луѓе науката стана


фундаментална основа за креирање на човековиот живот и


работа. Со тоа е зголемено значењето на ова дејност на


човекот. Сега најразвиените земји одвојуваат големи средства


за развој на науката. Со таквите вложувања се постигнуваат


крупни резултати во откривањето на бројни сé уште непознати


појави и друго. Така, забележана е најголема динамика во


евидентирањето на новите знаења, на промените, во споредба


со поранешните генерации. Со брзите промени се менува и


животот на човекот. Така, живееме во време кога науката


диктира што и како да се живее, и работи. Од овој диктат се


гледа каква е моќта на науката.


Прашањето за односот на човекот и науката и


допирањето на моќта на научните знаења до човекот и


неговите организации стануваат теми кои не можат да се


изостават.За односите помеѓу науката и човекот најзначајно е


дека: прво, таа е негово дело, негов производ. Човекот е творец




Науката е трка на идеи


242








на објективните мерила, објективните вредности, голем број на


разни производи, со своите прилози учествува во збогатување


на ризницата на науката; и второ, таа стана насушна потреба за


човекот и воедно негова најуниверзална алатка.


Познато е дека човекот е творецот на државата и


науката, кои се негови дела. Овие творби во својата суштина


треба да делуваат за општото добро на луѓето. Во нивната


организација може да се забележи разлика, која се препознава


со фактот дека државата е власт и владее во државата, додека


науката има основа во научни институции, кои се финансираат


од повеќе извори, но, и од буџетот на државата. Разликата во


организационата поставеност се потврдува и во разликата на


делувањето. Државата како субјект носи закони, додека


науката е творец на пронајдоците.


Со уставот и законите државата го уредува


општествениот, политичкиот и економскиот систем на земјата.


Овие прописи ги задолжуваат физичките и правните лица нив


да ги спроведуваат во животот. За неспроведувањето следува


казна. Пронајдоците не остануваат во просториите на


лабораториите, тие се реализираат, постануваат производи и се


продаваат на пазарот. Човекот нив ги прифаќа во животот и


работењето. За неприфаќањето на научните знаења, исто така,


како и кај законот постои казна, која може да биде многу


поголема, поболна, потешка од претходно посочената.


Патот по кој минуваат законите и пронајдоците од


нивните креатори до човекот и другите организации, исто така,


е различен. Законите ги носат законодавните тела на државите,


резолуциите и други акти на меѓународните организации ги


носат овластени органи. Овие документи за јавноста се


објавуваат во службени весници, со цел тие да дојдат до сите


граѓани, како и до дадените корисници. Нивните одлуки треба


да се реализираат во практиката, во спротивно следуваат


одговорности. Науката, пак, има поинаков пат, патот на




Науката е трка на идеи


243








нејзината моќ, со кој таа доаѓа до корисникот. За неа го видовме


патот преку институциите на: здравствениот систем,


задолжителното и другите форми на образование, а сега ќе се


направи обид и за другите содржини на ова прашање. Моќта на


науката допира до сé и сешто. Така, непостои ниту еден субјект


каде таа недопира почнувајќи од човекот до претпријатието,


другите облици на организација и меѓународните организации.


Патот на науката минува преку пазарниот механизам.


Пазарот е чинител кој претставува регулатор на стопанската и


општествена активност во светот, а соодветно на тоа и во


секоја држава. На пазарот учествуваат како правни така и


физички лица, кои вршат меѓусебна размена на добра. Со


купопродажбата на стоки и услуги од секаков вид, обем,


големина, продавачот на стоките го продава не само


производот туку и неговата технологија, односно најновите


сознанија на науката. Преку современиот маркетинг


продавачот му дава на купувачот голем број на информации за


производот. До колку истиот е машина согласно со договорот за


купопродажба, нормално е да се обезбеди запознавање на


новите ракувачи, со својствата, начинот на работа и другите


карактеристики на производот. Тоа се врши на разни места,


може на лице место во продажниот салон, во фабриката, или во


домот на купувачот. За посложена технологија се предвидува


неделен или месечен престој на новите ракувачи кај


производителот за подетално запознавање и за употреба на


производот.


Разликите: прво, по организацијата на државата и


науката; и второ, по патот на минување на нивните производи,


не претставуваат пречка, овие субјекти да не вршат влијание


врз луѓето за менување, на нивниот живот и работа. Конечно,


како државата така и науката треба да постигнуваат иста цел со


презентираните промени. Кај државата има систем за


спроведување на законите, каде е присутно присилување на


единката да ги спроведе конкретните закони, а во определни




Науката е трка на идеи


244








случаи и употреба на физичка сила, додека кај науката тоа се


прави со договарање, слободно определување на луѓето во


користењето на нејзините производи. Но, државата и науката


со своите производи, во својата суштина, вршат притисок врз


индивидуалноста и слободата на човекот. Притисокот е


мотивиран со општото добро а се реализира со делегирањето


од неговите права и обврски на овие негови творби.


Човекот ги прифаќа законите и пронајдоците како свои, тие му


ја олеснуваат работата било во домаќинството, претпријатието


и во другите организации, поради тоа што тие нему му


обезбедуваат егзистенција, мир и слобода во заедниците во кои


живее и работи. Предноста на новите производи над постојните


е со многу широко значење.





4. Чувствата на луѓето за пронајдоците




Чувството на човекот за резултат од неговата работа, од


неговиот немир, е природна појава, тој и за најмала ситница се


осеќа исполнет, горд на себе. На човекот резултатот -


пронајдокот од туѓиот немир му создава проблем. Од што


произлегува ова чувство, секој човек може да си размислува


како што сака. Но, тоа постои, било од: нападот на неговото


его, завист, љубомора, лутење, присилување и друго. За


решавање на таквиот проблем тој размислува. Кај него се јавува


дилема, како тој да се однесува кон таквата појава. Разликата во


ценењето на резулатите од неговиот труд и таквите од туѓиот,


му зборуваат тој да се определува за решение со не, додека


другите чинители од компарацијата, зборуваат за одлука со да.


Дилемата, како таква мора да се надмине, треба да се прифати


една од споменатите две варијанти. Значи, одлуката за


евентуалната набавка на производот од туѓиот труд е сé уште


актуелна.




Науката е трка на идеи


245








Денес со голема сигурност може да се смета дека


непостои единка или организација која може да и одолее на


употребата на компјутерот, мобилниот телефон и други


пронајдоци, со исклучок за субјекти кои немаат финансиски


средства. Ова добро може да се купи на пазарот и да се плати.


Семејството е голем корисник и потрошувач на разни


добра за неговата егзистенција, за животниот стандард. Темата


за земање или не на пронајокот, кој е резултат на туѓ немир ја


присилува единката да анализара, да го компарира новото со


старото и друго. За решавање на дилемата се зазема став за:


цената, вкупниот износ за плаќање, функцијата на производот и


корисноста, ракувањето со него, трајноста и друго. Предностите


на новото над старото победуваат и пронајдокот се купува. Во


големиот број на семејства финансиските средства се


ограничени и непостои можност за купување. Купувањето за


себе и семејството е чин со кој се зголемува нивниот имот.


Во претпријатието процесот за купување на пронајдокот


минува скоро по истите патишта, како и за семејството. Со


користењето на новото добро во споредба со старото, од него


се мултиплицира придонесот во работењето. Тоа ја зголемува


продуктивноста на претпријатието и се намалува потребата од


нова работна сила а со тоа повеќе се заработува. Најмалите


организации се со мал број вработени и тука односот на


сопственикот кон орудијата за работа се скоро во потполност


исти со таквиот со купувањето на пронадокот во семејството. И


овде имотот е на сопственикот, што значи тој сé прави најдобро


да го користи и чува. Кај средните и големите организации


постапката за набавка на пронајдокот е посложена од


претходно прикажаните. Тука мора да се почитуваат повеќе


нормативни акти, кои ја решаваат ова проблематика. Во нив,


исто така, постои развиен систем на сопственост кон


пронајдокот. Но, и покрај тоа со нормативните акти се создава




Науката е трка на идеи


246








амбиент за користење на новото како во семејствата и малите


фирми.


Сопственоста на имотот, а овде на пронајдокот, во


економијата е актуелно прашање на науката. За сопственоста


многу научници имаат забележано дека, за опстанокот, развојот,


напредокот на стопанството треба: прво, штедливост, вредна


работа и индивидуална, односно приватна сопственост и


иницијатива, како неопходни однесувања, или второ,


приватниот имот во претпријатието е основа за економски


просперитет, трето, заедно со овие гледања, неизостануваат


мислењата дека нема место на неподготвено, пребрзо,


еднолично, категорично, шематско, определување, каде, какви и


колку средства да се вложат за новото, туку треба да се бара


решение за секоја конкретна идеја и проект. Во животот се


наметнуваат проекти со голема разноликост. На пример, до


колку се земе само големината на проектот, тогаш се бара


решениие за мали, средни и големи и најголеми проекти.


Најнов пример, за најголеми проекти е пакетот за спас на


Република Грција во времето на нејзината криза. Овој проект


кој се доградуваше повеќе пати, во 2011 година со негово


дополнување се зголеми бројот на учесниците во


финансирањето, во кои влегуваат: држави, меѓународни и


банкарски организации, приватен банкарски капитал. Дали


може некој да пресмета, какви пари се употребени во овој


проект, колку се: емисија на пари без покритие, државен,


банкарски, акционерски, приватен и друг вид на капитал? Само


во банкарскиот капитал има средства на банката, акционерите


од секаков вид, штедачите и друго. Така, за развојот на едно


претпријатие важни се сите видови на капитал. За


претпријатието најзначајно е многу внимателно да користи,


пред сé сопствен, потоа банкарски капитал со најниски


трошоци, за купување на пронајдоците, со што ќе го зголемува


неговиот имот.




Науката е трка на идеи


247








Динамиката на промените во времето во кое живееме е


најбрза, во споредба со претходни периоди. Поминато е


времето кога еден новитет се користел многу години. Сега,


употребата на доброто брзо се заменува со нов пронајдок. На


една генерација луѓе им се случува, не еднаш туку повеќе пати


да учат за новите технологии, било за суровините,


репроматеријалите или орудијата за работа, како и за облиците


на организацијата на работење и управување. Динамиката на


промени има силно влијание и врз чувствата на луѓето. По


прашањето со туѓиот немир, по прикажаното природно


чувство, ова динамиката е наредениот чинител, за притисокот


којшто се врши врз него. Сите чинители во односите од овој


делокруг кон човекот резултираат со заморување на истиот кое


се движи до одбојност кон пронајдокот. Во историјата на


економијата познато е дека човекот ги кршел новите машини,


сметајќи ги нив како ограничувачи на неговите слободи. Сега,


културата на однесување на човекот е далеку поразвиена, така


што преовладуваат решениа со потешко прифаќање на


реалноста. А реалноста извира од потребата за работа, која му


овозможува на повеќето луѓе егзистенција, на други поголем


животен стандард, на трети, престиж и имиџ и друго.


Егзистенцијата е моторот, кој го тера човекот да се бори и да


успева во тоа. Така, притисокот се реализира во редовниот


живот и работа. Со тоа се менуваат и неговите чувства за


пронајдоците.




Науката е трка на идеи


248








5. Местото на РМ во науката на светот




5.1. Ресурси за развој на науката во нашата земја




Република Македонија е една од најсиромашните земји


во Европа. Сопствениот капитал е мал и таа е свртена кон


побогатите земји за пари, орудија за работа, суровини и


репроматеријали, за што се задолжува. Таа во согласност со


таквата положба прави усилби за развој на науката. Како


резултат на таквите напори државата настојува што поголем


број од населението да се бави со истражувања и нивна


примена, како и да се одржува или развива бројноста на


кадрите кои се носители на активностите за примена и творење


на научните знаења. Покрај тоа, со иста мера: се одржуваат и


развиваат капацитетите, во објекти и опрема, кои служат за


науката; се развива организационата поставеност, со цел за


поефикасно користење на постојните ресурси и друго.


Во образованието, здравството и во научно


истражувачката дејност во Република Македонија работаат


повеќе кадри, кои се баваат со: едукација на разни профили


кадри; давање на услуги на луѓето; апликација на знаења од


науката, истражувања на определени појави, создавање на


програми за дадени апликации поврзани од науката, конкретни


творби и друго.


Според Статистичкиот годишник на Република


Македонија за 2009 година во основното образование во


учебната 2007/2008 година биле вработени следните


наставници во: 997 основни училишта 15.691; 45 специјални


училишта 239; и 15 училишта за возрасни 78 лица.




Науката е трка на идеи


249








Во истиот извор на податоци е забележано дека во


учебната 2007/2008 година работеле 107 редовни средни


училишта со 6.438 наставници и 4 специјални средни училишта


со 73 наставници.


Наставниот персонал на државните и приватните


факултети во учебната 2008/2009 година го претставувале


3.847 наставници, а од нив 1.665 биле работници во настава. Во


државните високо образовни установи работеле 3.085


наставници, а од нив 1.226 биле работници во настава. Во


приватните високо образовни установи работеле 732


наставници, а од нив 422 биле работници во настава.


Во 2007 година бројот на здравствените работници


изнесувал 5.052 лекари а од тоа 3.348 се специјалисти. Покрај


тоа, бројот на стоматолозите изнесувал 1310 лица а бројот на


фармацевтите 571 лице.


Статистичкиот годишник за 2009 година има забележано


дека во 2007 година делувале следните болнички


здравствени организации и тоа: 16 општи болници; 21 клиника


и 21 институт; 18 специјални болници и центри за


рехабилитација; и 10 вон болнички стационари .


Доколку во начинот на организирање, презентираните


показатели се споредат со таквите од претходен период на


време, се добива резултат дека, во основното и средното


образование не се забележуваат поголеми промени, додека во


високото образование има такви промени. Така, долго време во


земјата постоеја два универзитети. Сега има 4 во државна


сопственост и 14 приватни високо образовни установи и тоа: 4


универзитети; 3 високи школи; 1 колеџ; 2 академии и 4


факултети. Најголемата високо образовна установа во земата


има 2.032 наставници, додека најмалата 10. На истиот план


во здравството нема поголеми промени.




Науката е трка на идеи


250








Доколку пак, се направи еден преглед на организацијата


во 2011 година, ќе се забележи дека е направена целосна


дисперзија во високото образование од двата центри Скопје и


Битола, низ сите градови на земата. Во здравството, примарната


здравствена заштита-амбулантите се целосно приватизирани.


Приемот на пациентот почнува во амбулантите. Во


секундарната здравствена заштита, покрај државните, има


Повеќе установи во приватна сопственост, кои вршат


здравствени услуги на пациентите користејќи врвен стручен


кадар и најсовремена дијагностичка опрема.


Според тоа, броевите во статистиката се изразито


значајни, но и подложни на непрекинати промени, во сите


насоки. До колку се земе времето на пишување на овие редови,


слободно може да се каже дека голем број на промени не се


евидентирани во статистиката.


Клучните промени се инспирирани од идеата за


обезбедување поефикасна организација во работењето.


Нивната цел е приватната иницијатива да го заземе своето


место во
вкупната


организација. Приватизацијата на


општествените претпријатија воведена во 1988 година, многу


болно беше спроведена во земјата со огромни загуби, со


конфликтни состојби во одделните субјекти и друго.


Приватизацијата за вонстопанските дејности започна после


повеќе години. Добиените искуства од стопанството требаше да


се користат за овие дејности, за да не се повторат истите


пропусти. Првата приватизација ни покажа дека клучно


прашање во промените е човечкиот фактор. Секако дека тука на


второ место се поставуваат основниеете средства и опремата,


техниката. Во реализацијата која е закаснета во споредба со


стопанството забележани се состојби на отворање на нови


образовни институции, додека во здравстото таа активност е


поголема и го зафати поголемиот дел од дејноста.




Науката е трка на идеи


251








Какви болки луѓето боледуваа во овие промени не може


никој да знае, освен тие самите. Најтешко поминаа тие единки


кои останаа без работа, без егзистенција. Во секој случај, кога


промените, кои треба да донесат подобро утре, се сé уште во


тек, истите компарирани со настаните во стопанството, каде


беа загубени преку 200.000 работни места, претставуваат


далеку помал проблем за целата земја.


Вкупните ресурси за развој на науката во нашата земја се


мали по обем и квалитет, како и ограничени од немањето на


поголеми парични можности. Тие се во согласност со нашиот


степен на развиеност.





5.2. Белези на нашата научно истражувачка дејност





Научно истражувачката дејност во нашата земја


статистиката ја следи преку неколку показатели. Од нив


најзначајни се: бројот на вработените луѓе, нивната структура,


во кои сектори делуваат, како и остварените приходи и расходи


во работењето.


Бројот на вработени во истражувачко- развојната дејност


на определено и неопределено работно време според степенот


на школската подготовка, во 2007 година, е следниот:


Вкупно 2.386 лица, од нив:


1.486 истражувачи,


220 стручни работници,


24 раководни работници, и


664 технички и други работници.




Науката е трка на идеи


252








Овие лица вработени се:


79 во производниот сектор,


668 во владиниот сектор и


1.647 во секторот високо образование.


Остварените приходи и трошоци од научно истражувачката


работа во истражувачките организации во 2007 година


изнесуваат во 000 денари, и тоа:


Приходи 471.285, од тоа:


147.227 во производен сектор,


232.623 во владин сектор и


91.435 во сектор високо образование.


Трошоци 637.390, од тоа:


147.437 во производен сектор,


303.227 во владин сектор и


186.729 во сектор високо образование.


Од вкупниот број на вработени во научно истражувачките


организации 2 отсто се истражувачи, 9 отсто стручни


работници и 27 отсто технички и други работници. Најголем


број вработени има во секторот со високо образование или 68


отсто, потоа во Владиниот сектор, или 27 отсто, а најмаклу во


Производниот сектор или 3 отсто.


Финансирањето на научно истражувачката дејност во основа се


потпира на Буџетот на Република Македонија. Во структурата


на трошоците најголем дел претставуваат платите на


вработените. Од написот на Билјана Јовановска од 17- 18 јули


2010 година под наслов “Ману умира тивко” каде се спомнува




Науката е трка на идеи


253








дека 0,2 отсто од БДП, колку што Република Македонија


издвојува за науката и по оваа година го држиме неславниот


рекорд, како последно рангирана држава во Европа. За


финансирањето на оваа дејност постојат критериуми во


Европската Унија. Според препораката од Европската комисија


испратена до нас ние треба да одвојуваме 3% од БДП за


истражување и за развој на иновациите и науката. Видливо е


дека не го исполнуваме овој критериум. Сега државата


подготвува стратегија од 2012 до 2020 година со која треба да


се исполни ова препорака.


Врз основа на овие белези човек може лесно да заклучи за
големината, нивот, структурата, на нашата научно


истражувачка дејност. Броевите покажуваат дека само во


Производниот сектор има тенденција, приходите и трошоците


да се доведуваат до положба на рамнотежа или остварување на


добивка или загуба, додека кај другите два сектора се


забележува, дека финансирањето кај нив се одвива со средства


на Буџетот на Република Македонија, така што проблемите во


финасирањето се решаваат со ребаланси на буџетот.


Буџетското финансирање на ова дејност е доминантна.


Отсуствува финансирањето на производниот сектор, кој треба


да создава, идеи и нивна реализација за развој на


организациите од стопанството. Посакувана е појавата


забележана во А.Д. “Алкалоид” Скопје и мал број други


организации, кои даваат пример, како треба да се развива и


негува науката во земјата. Одделни организации и поединци од


земјава учествуваат на Меѓународни изложби за идеи,


пронајдоци и нови производи, од каде се враќаат дома со


признанија и награди. Помасовна примена на науката има во


странскиот капитал. Во нив се користат сознанијата и


достигањата во науката од матичните органиизации.




Науката е трка на идеи


254








5.3. Зависност на науката од степенот на развојот на земјата




Клучните показатели за оценка на дадена национална


економија претставуваат: степенот на вработеноста на


активното население, големината на бруто домашниот


производ во вкупен износ и по еден жител, големината на


потрошувачката во вкупен износ и по еден жител, големината


на инвестициите во основни средства, големината на извозот и


увозот на стоки и услуги и покриеноста на увозот со извоз,


структурата на извозот и увозот и друго. Овие клучни


показатели се применуваат во сите национални држави и кај


нас. Често можете да прочитате информации, каква е положбата


на една во споредба со другите држави. Се праваат компарации


и се објавуваат и за други показатели, со кои се добиваат


информации за состојбите и оценките.


Клучните и другите показатели даваат не само глобална


слика за дадената земја, туку тие се основа и за оценување на


состојбите во поединечните дејности, од дадената целина. До


колку се смета научноистражувачката дејност, како посебна,


поединечна активност, таа ги носи во себе оценките прикажани


на глобално ниво, со мали осцилации нагоре или надолу. Така,


оценките за глобалните вредности се и оценки за поединечните


делови.


Движења во насока на подобро, нагоре, на делот во однос


со глобалните состојби се јавуваат во средини со значајно


зголемување на резултатите од работата, кои се со повисока


динамика на раст од просечната, а се случуваат поради низа


околности, во кои учествуваат следните чинители: правилниот


избор на луѓе со идеи од генерацијата, кои обезбедуваат


подршка од единките во средината а со што се остваруваат


значајно повисоки ефекти од постојните во процесот на


работењето; природни појави, како земјотрес, поплави, пожари




Науката е трка на идеи


255








и друго, кога после настанот следува силна мобилизација на


луѓето во земјата и значајна помош на меѓународната заедница,


преку што се создаваат организации и со нив се остваруваат


надпросечни вредности; откривање на оделен природен ресурс


за експлотација, кое претставува благо со високи вредности и


со неговото користење и со реализацијата на производите на


странските пазари се добива квалитет во националната


економија; и друго. Тоа може да опстанува на краток или подолг


период, во зависност од состојбите кај чинителите.


Движењата во насока полошо, надолу, се јавуваат во


делот кои во својата работа забележува движења на паѓање на


растот под таквиот на целината. Овие движења се во зависност


на повеќе околности, како што се лошото кадровско екипирање,


немање на природи блага, лошата употреба на расположливите


ресурси и друго. Глобалните движења на националните


економии и споменатите отстапувања во голема мера се


наоѓаат во зависност од степенот на нивниот развој. Според


него во светот највисоки резултати се остваруваат во


најбогатите земји, потоа следуваат земјите со средна


развиеност и на крајот остануваат државите со ниска и најмала


развиеност. Желбите на сите земји се сведуваат на: богатите да


остануваат на своето место, или нешто погоре на листата за


рангирање, додека другите да забележуваат движења кон


богатите. Многу тешки се премините од една во друга група на


држави.





5.4. Запоставен е развојот на земјата



Во Република Македонија клучните содржини на


стопанската и општествената активност можат да се видат од:


вработеноста, БДП, потрошувачката, инвестиции во основни


средства, големината на извозот и увозот и нивната




Науката е трка на идеи


256








структура.Во вработеноста на активното население во


последната декада од минатиот век доминираше рапидното, од


година во година, намалување на бројот на вработените.


Невработеноста во тој период достигна и до 40 и повеќе отсто.


Во новиот милениум нема појави на поголемо вработување, со


што продолжува состојбата на високата невработеност, која не


е помала од 30 отсто. Сликата за најновата положба може да се


види од написот на Маја Томиќ во “Утрински весник” Скопје од


6 февруари 2012 година, во кој е истакнато дека минатата


година во јануари имало 322.053 невработени, а заклучно со


декември нивната бројка изнесува 281.144, така бројката се


намалила за рекордни 40.909 граѓани и е двојно повеќе од


практиката во претходниот период кога годишно се бришеа по


околу 20.000 единки од листата на невработените.


Степенот на вработеност на активното население е со


изразито големо значение. Што е поголем бројот на


вработените од земјата тоа директно влијае на големината на


новосоздадените вредности. Со тоа вработените ги решаваат


своите потреби за егзистенција, а создаваат вредности и за


државата. Обратно од тоа, што е помал бројот на вработените,


толку е помало остварувањето на БДП. Безработицата создава


бројни прашања и проблеми.


Богатите земји се такви поради тоа што кај нив е висок


степенот на вработеноста на активното население и грчевито се


борат за тоа. На пример, САД во последната криза загуби


многу работни места. Невработеноста се искачи на околу 10


отсто. По кризата 2008/2009 година, нивната основна цел е тоа


да се надмине со заложби таа да падне на 4 до 5 отсто. Во тоа


државата има многу големо влијание и учество.


Движењата на БДП спореден со резултатите од


претходната година бележат резултати со позитивен и


негативен предзнак. Во последната декада од минатиот век, во


пет години е забележан пад на стапката на БДП, додека во




Науката е трка на идеи


257








изминатата декада на овој век, појавата е евидентирана во две


години. Собранието на Република Македонија на крајот од 2010


година ја подржа проекцијата за макроекономската политика


за 2011 година, во која е утврдено дека растот на БДП ќе


изнесува од 3,5 до 4 отсто. Во текот на годината растот


изнесува: 3 отсто и тоа во првиот квартал со 5,1 отсто, во


вториот е најголем со 5,3 отсто, во третиот 2,3 отсто а во


четвртиот е најмал со 0,2 отсто. Инфлацијата во ова година


покажува раст од 3,9 отсто. Според утврдената пракса за 2012 се


предвидува растот на БДП да изнесува 4,5 отсто.


Како резултат на таквите движења големината на БДП во


вкупен износ и по еден жител е една од најмалите во Европа.


Нивото на потрошувачката во земјата ги носи сите


обележја кои се однесуваат на БДП, бидејќи таа претставува


неговиот друг образ од лицето. Нашите луѓе како


производители и потрошувачи можете да ги препознаете, по


тоа што спаѓаат во групата, мегу најмалку продуктивните


производители во Европа но, воедно и како исклучителни


мајстори да го состават крајот со крај во потрошувачката. Тие


без поголема задолженост, во споредба со другите земји, своите


трошења ги усогласуваат со своите приходи и со пари помеѓу


300 до 400 евра за едно семејство во месецот, во 2011


година, успеваа да ја одржуваат својата егзистенција. Тоа се


пари колку една влезница за гледање претстава во светот.


Луѓето во оваа земја на своите грбови ја поднесоа


долгогодишната, неразбирлива, болна и тешка транзиција, тие


ги поднесуваат и денешните настани во животот.


Инвестициите во основни средства според техничката


структура во споменатиот статистички годишник во времето од


2005 до 2007 година бележат наголемување од една до друга


година. Во 2007 година тие изнесуваа 71.557 милиони


денари. Овие пари се потрошени: 54,6 отсто за градежни


работи, 40,4 отсто за машини и опрема и 4,9 отсо за друго.


Оваа структура




Науката е трка на идеи


258








со мали осцилации е карактеристика на нашите вложувања во


основни средства. Многу средства се трошат на градежни


работи а недоволни се издвојувањата за набавка на машини и


опрема. Во времето на кризата 2008/2009 година ставките за


инвестиции во основни средства во Буџетот на Република


Македонија со ребалансите често се намалуваа.


Големината на извозот и увозот се наоѓа во постојано


зголемување. Во статистичкиот годишник е забележано дека


извозот во 2008 година изнесувал 3.978 милиони САД долари,


додека увозот 6.851 милиони САД долари, или вкупната


надворешно трговска размена изнесува 10.829 милиони САД


долари. Во ова големина извозот учествува со 36,7 отсто,


додека увозот со 63,2 отсто. Во извозот поважни производи се


текстилот, тутунот и виното. Додека во увозот поважни


производи се моторните возила за превоз на лица, руди и


лекови. Увозот на возила и нафта и нафтени деривати, кои


заземаат големи износи не се орудија за работа, кои бараат


нови знаења. По години со нагорна линија се движи и


дефицитот во размената со странство и таквите износи


претставуваат сложен проблем.


Структурата на извозот во 2008 година се состои од: 61.2


отсто материјали за репродукција, 3.4 отсто средства за работа,


35.4 стока за широка потрошувачка. Во структурата на увозот


во 2008 година влегуваат: материјалите за репродукција со 64.6


отсто, средствата за работа со 13.7 отсто и стоката за широка


потрошувачка со 21.7 отсто. Нашата структура на извозот е во


директна зависност од структурата на постојното производство.


Увозот на средства за работа се најпосакувана ставка за


нашиот развој на техниката и технологијата, на науката. Но,


тука се прават големи пропусти, бидејќи малку орудија за


работа влегуваат во производните хали.




Науката е трка на идеи


259








5.5. Голема е наклонетоста кон политичките прашања и
јакнење на државата





Показателите зборуваат дека земјата има: мал број на


вработени од активното население или голема невработеност,


мал БДП, ниска потрошувачка, мали одвојувања на пари за


основни средства, со неповолна структура, со што многу се


троши за градежни работи а малку пари се одвојуваат за


орудија за работа, извозот е мал во споредба со увозот со што


секоја година се создава дефицит во трговскиот биланс,


неповолна е структурата како на извозот така и на увозот,


малку наука и друго. Малку е наука поради тоа што немаме во


доволна мера современи орудија за работа, кои се носители на


научно техничкиот прогрес. Со малиот увоз на орудија за работа


добиваме за нашите вработени малку училишта за практична


примена на знаења за новите технологии, со што се губат


можности за наголемување на продуктивноста, конкурентност


на пазарите и поголем профит.


Во организацијата и во нејзината примена во праксата во


државата големо внимание е посветено за политиката и


политичките прашања, додека стопанството и вонстопанството


е запоставено.


Содржината на политиката и политичките прашања е


разнолика, но, константна компонента е дека државата


најповеќе се исцрпува со работи за себе, за својата моќ, за


градење на институција, која треба да ги импресионира не само


своите граѓани туку и луѓето од другите земји. Исто така, во


нејзиното делување во политиката постапно се напушташе


тезата за транзиција по мирен пат и без конфликти а се


промовираа одлуки со острина во односите помеѓу луѓето и


организациите во земјата, со соседите и други држави.




Науката е трка на идеи


260








Острината во одредени сегменти наликуваше на таквата


од крајот на Втората светска војна до педесетите години.


Организацијата на стопанството претрпи големи


промени. Денес тоа се состои од мал број фирми кои го носат


најголемиот дел од стопанската активност и работат со


позитивни резултати и голем број мали фирми, каде нема


поделба на трудот, нема технчка опременост, туку мануелна


работа, со што отсуствува наука. Во 2011 година бројот на


активните деловни субјекти изнесува 73.118. Од нив 82,9 отсто


имаат под десет вработени, 9,1 отсто се без вработени или не го


прикажале податокот за вработени. Учеството на субјектите на


фирмите со над 250 вработени изнесува 0,3 отсто. Во целиот


период од транзицијата и сега, се постигнуваат одредени


резултати, кои се гледаат од движењата во БДП, но присутни се


и појави како фундаментални прашања, кои се запоставени и


тоа: нема потребни активности за вработување на младата


генерација, се зголемува дефицитарното финансирање на


буџетот и задолжувањето во странство, голем е дефицитот на


трговскиот биланс и други. Многу години земјата се потпираше


на старата инфраструктура, со погрешни однесувања дека е таа


доволна, без прифаќање на обврски за нови решенија. Со


крпењето на постојната инфраструктура која е застарена не


може да се обезбедат движења на земјата во согласност на


најновите трендови. Со увозот на стари возила за граѓаните,


надминати од времето поради нивната технологија и екологија,


нема основа од нив да забележиме напредок. Ефектите кои би


се добиле од легализацијата на дивоградбите, пратени се со


фундаметални недостатоци, бидејќи модерното време бара


современа урбанизација, не може ќорсокакот да биде основа за


таквите барања и друго.


Во нашата земја во состојби кога државата е


најголемиот: работодавач, купувач на разни добра и услуги,


голем корисник на национална акумулација, какои


определувач на правилата за игра на бизнисот во земјата,




Науката е трка на идеи


261








создадена е моќ, која го задушува просторот за влијание на


другите субјекти. Во тој простор се родија голем број на појави


кои негативно влијаеа на развојот на земјата и тоа: Прво,


државата беше пасивна и оддалеку го гледаше пропаѓањето на


голем број на фирми во приватизацијата на општествениот


имот. Таа и денес и покрај тоа што е доминантен сопственик на


неколку фирми, не презема енергични мерки за решавање на


проблемот и се однесува како држава, а не како добар


сопственик. Второ, во определени сегменти од работењето се


забележува како таа да постана конкурент на субјектите од


стопанството и вон стопанството со преземање на определени


нивни функции.Трето, присутна е појавата за скривање зад


законот на поединци од највисокиот состав на функционери со


што судската власт се стави во незгодна позиција. Таа е


напаѓана од јавноста за нејзината неефикасност и толерантност


во примена на законите. Од поголем број на примери за


одбележување е случајот со кредитите од Тајван,


приватизацијата на претпријатијата од земјоделството во


источниот дел од земјата, штетата нанесена на Народна банка


на Македонија. Четврто, спектакуларни апсења на луѓе од


средината на политички противници и опоненти, како случајот


по изборите во 2011 година за лидер на мала партија, со


интонација да се скријат и заборават огроминте трошења за


изборите на водечките партии. Петто, злоупотребата на


тендерите е присутна и со таквата положба се менуваат


вистината за нештата, со што се трошат големи пари за


нелегални активности. Шесто, со одредени прописи државата


сака да воспостави ред во платниот промет на земјата, но,


обврските се лоцираат за приватниот сектор и другите а не и за


неа која е во него најголемиот учесник и нејзините плаќања или


затајувања судбински влијаат на ликвидноста на целата


репродукција. Седмо, во земјата се злоупотребуваат најновите


методи од науката во политичкото дејствување, за создавање


полза за партиите на власт, со користење на аргументи со мало




Науката е трка на идеи


262








значење, со што се создава лажна слика за состојбите, а со тоа се


бега од вистината, и друго.





5.6 Големи непотребни трошења од народната каса




Овие појави се плаќаат со многу пари од сиромашниот


народ, го намалуваат реномето на државата и друго. Во врска


со реномето, нашиот човек се прашува како може земјава да им


го покажува патот на развиените економи, како тие преку нас,


евтино да дојдат до ЕУ. Многу добро е познато дека


реализацијата на готовото производство денес е најсложеното


прашање во размената помеѓу државите и тоа не може до таква


мера да се упростува. Овие земји знаат дека нивното


производство со квалитет и цени е конкурентно, дека нивниот


производ самиот себеси се рекламира и се пробива на пазарот.


Во поголемите трошувачи на пари влегуваат и
политичките партии кои во нивното основање беа без еден


денар во џебот, сега се добростоечка средина без да посегнат по


нивниот паричник. Нивното финансирање паѓа на товар на


земјата. Пред секој избори и по нив од политичките партии


фрчат фактури до разни субјекти за плаќање на непостоечки


работи, кои поданиците без да проговорат нив ги плаќаат. Со


вакви дејствија исполнето е нашето секојдневие, како


финансирањето на успехот во спортот, разни патувања,


реклами за самофалба без плаќање и друго. Фактурата не е


единствениот документ бидејќи вообичаени се спрегите помеѓу


одделни функционери и луѓе од бизнисот. По направена пакост


најчест е епилогот, сметката да ја плаќа дури и со затвор


бизнисменот, додека функционерот останува негибнат.


Вистината ја знаат луѓето бидејќи политичарите живеат и


работат со нив. Книговодителот знае дека не е влезена или


излезена никаква стока или направена услуга во фирмата а




Науката е трка на идеи


263








фактурата се плаќа, спрегата помеѓу дадениот функционер и


бизнисменот се гледа во јавноста, таа е излезена на виделина и


друго. Оттука, оценката на луѓето дека сите партии се исти,


останува како генерално определување за дејците во


политиката. Во изборите еден голем дел од луѓето апстинира,


додека другите настојуваат да го изберат малку лошиот од


лошите. А народот може понекогаш и да се излаже, но покасно


тој казнува.


Апстинентите, поточно граѓаните кои на изборите не


гласаат се златната резерва на земјата. Нив никој нема никакво


право да ги фали или да ги напаѓа, бидејќи тие со таквиот чин


го остваруваат своето право на ќутење, а се многу гласни. Исто


така, нито една единка во земјата нема право да ги изедначува


со себе, бидејќи тие се поинакви во својата суштина од друг.


Анкетите за повеќе содржини од животот и работата на


човекот направени врз 1000 или повеќе испитаници, нив не


може да ги прикаже, бидејќи тие се посебни.


Нашата приказна не е далеку од јунаците на М. Сервантес,


кои 400 години се борат во светот, главниот јавајќи на коњ со


исукан меч, а слугата на магаре со големите ветерници. Кај нас


читателот нив може да ги препознае, тие се изродените наши


јунаци, првите од елитата, а потчинетиот е трпеливиот


поданик, кои ги поднесува на своите раменици авантурите на


поединци.


Функционерите кои сакаат да изигруваат бизнисмени


треба да се определат тоа да го направат на местата во


претпријатијата. Таму тие ќе се соочат со пазарот, кој е


немилосрден судија за направеното. Тука лошо направеното се


казнува со губење на имот, додека со доброто се стекнува нов


имот. Исто така, на тоа место ќе видат што значи закон. Тука


ќе ја осетат острината за неговата примена во работењето. На


ова место нема тој каде да се скрива и да се толерира, а народот


да ги плаќа неговите недела.Со постојано и упорно




Науката е трка на идеи


264








зголемување на вработеноста во администрацијата, државата


стана најатрактивниот субјект во земјата за вработување и


воедно голем потрошувач на средства, со што стана и кројач на


големината на БДП. Таква тенденција се забележува и кај


најбогатите земји. Сега тие ја смалуваат таквата вработеност и


трошење заради штедење. Големата администрација,


прекумерното трошење средства и задолжување во странство и


друго за нас претставува опасност и треба да се прави разлика


со другите држави, бидејќи богатите имаат капацитет, моќ,


голем маневарски простор со што полесно ги решаваат


тешките прашања. Ние немаме таквите можности. Погрешно е


да се раководиме од фактот дека Јапонија живее со задолженост


од 200 отсто или Италија со 120 отсто во споредба со нивниот


БДП. Нашата задолженост оценувана со категоријата јавен


долг во последните месеци од 2011 година достигна 28,2


отсто од БДП или нешто повеќе од 2 милијарди евра и


компарирана со постојната структура на стопанството, е


ризична и опасна, поради фактот што државата, организациите


и граѓаните се сиромашни, мал ни е маневарскиот простор.
Човек треба да се потсети и да направи сметка кога во времето


на транзицијата се беше ставено на продажба од која се


инкасираа незначителни средства. Многу е блиска бројката за


добиените пари од продажбата на имотите како плус и


издатоците кои се дадоа за Стопанската банка Скопје и


пеналите кои мораше да се платат по одлуки на меѓународните


организации, како минус, се добива салдо со многу мал


позитивен износ. Тоа беше продажбата на барабан и тоа треба


да се има во вид и да се прават чекори да не се повтори. Во


задолжувањето преголемо е учеството на трошењата на


средства за разна намена, како рекламирање на државата и


нејзините организации, градење објекти кои не носат приходи,


туку треба ново трошење на пари за нивно одржување. Во сето


тоа опасна е тезата: “тоа што ќе се направи ќе остане”. Човекот


тоа може да го прави само со сопствени пари, а не од буџетот на


земјата.




Науката е трка на идеи


265








За нас клучно е прашањето, кои сме, колку можеме, каде
се наоѓаме. Многу често човек си поставува прашање, дали


можеме ние претставени од највисоки раководители на


средбите во Силиконската долина на домаќините да им


зборуваме за развојот на нашата технологијата во


електрониката. Тој човек логично е да бара одговор на тоа


прашање на пример, што би одговориле до колку американците


ни побараат 100 луѓе за конкрено работно место? Исто такво


прашање се поставува за нашите односи со Кина и милијардите


долари со Тајван и многу други. Создадовме состојби во кој не се


знае кој ни е татко и мајка, дека кај нас сé е најдобро, дека сме


лидери за определена содржина, оценка темелена на


периферен показател, дека направивме нешто кое никојпат не


било направено во земјата без компарација и друго. На ниту


едно прашање и однесување не може да се најде логичен


одговор. Логично е да се каже дека загубени сме во просторот и


времето. Треба прво да се најдеме и потоа да размислуваме што


можеме да направиме.


Нашата сиромашна земја треба да се бори за добри


односи со сите држави, за работа на најголемиот дел од


работоспособното население, за чистотија на околината,


ажурност, точност, брзина во односите на администрацијата и


луѓето од другите организации кон домашните и странските


лица, за увоз на орудија за работа, по сите основи и тоа: со свои


средства, максимално да ги користиме паричните средства од


бројните програми за помош на недоволно развиените земји,


кредити, странски директни инвестиции и друго.


Задолжувањето во странство на државата треба да се мотивира


само со инвестиции и трошења за исплатлива инфраструктура,


која ќе може да се отплаќа од создадените ефекти. Со тоа треба


да се заземе определување дека ова задолжување не може да


служи за други намени. буџетот треба да се финансира од


сопствените приходи. Нашата наука може да направи многу, но,


треба да остварува движења во насока на подобро од просекот




Науката е трка на идеи


266








во земјата. За нашата наука важи аксиомата борба за примена


на објективни методи и објективна вистина.





5.7. Употреба на објективни методи и објективна
вистина





Во овој наслов употребен е зборот објективен. Во


лексиконите може да се прочита дека тој значи: вистински,


стварен, што постои. Исто така, тој е израз за праведен,


непристрасен, правичен. Употребата на зборот во науката сака


да покаже дека таа треба да почива на такви методи во работата


и со нив да се доаѓа до објективната вистина. Во стеснување на


широкото значење на зборот за конкретна работа или дејност


носи ризици, кои треба да се оценат од


читателите.


Објективната вистина пак, претставува стварноста каква


што е. Оттаму се нуди употреба на клучните показатели за да


се побегне од субјективните оценки за настаните во животот и


работата на луѓето. Природно е до колку не се почитуваат тие


оценки и се препушти просторот на невистината како епилог на


тоа доаѓа до искривување на вредностите на вистината. Инаку,


вистината е најмобилизирачкиот чинител во економијата í во


животот на луѓето. Со вистината трајно може да се добие


подршка за работа на голем број на единки на даден проект, за


одредена работа, акција.


Нашата сурова вистина е сиромаштијата,


невработеноста, ниската развиеност на земјата. Оттука,


нагласена е потребата за секој човек, организација и државата


тие прашања секојдевно да ги имаат во вид и на нив да


работаат, за подобрување на позитивните резултати во тие


домени. Зборовите за слобода, демократија и другите поими од




Науката е трка на идеи


267








тој делокруг, пред нив паѓаат во вода. За невработените,


сиромашните, гладните, бездомниците нема ни слобода, ниту


демократија.


За РМ денес најзначајно е да не се страмиме од нашата


состојба. Ние сме мала држава а во светот има голем број далеку


помали од нас, во кои луѓето многу добро живеаат, имаат


поголем бруто домашен производ по еден жител од нашиот.


Треба да ги истражуваме таквите земји и да го извлекуваме од


нив тоа што може да се реализира кај нас. Исто така, вистината


треба да се употребува заради мобилизација на сите сили во


земјата. Спротивно од тоа заземање на определувања на власта


дека: сме најдобри, лидери во одредени незначајни нешта,


потомци на славно минато и други зборови со слична


содржина, доведува до положба, не да се мобилизираат луѓето


за работа и напредок, туку до поделба на истите, најмалку на


два дела. Едните кои веруваат и другите кој


не веруваат во таквите определувања. Од тоа не може да се


замисли друга поголема пакост за земјата.


Повеќе време, а и денес најзначајно е да се види и


промени на подобро сегашната состојбата за најмладите,


бидејќи тие се во можност да придонесуваат за големи промени


и побрз развој на земјата. Наместо да работаат во развојот,


добар дел од младите се наоѓаат во процесот на образование.


Според статистиката во учебната 2007/ 2008 година се


школуваат 64.254 лица во Државните и Приватните


високообразовни установи, без таквите на странските


универзитети. Тоа е голема сила затскриена зад поимот


образование. Образованието е голема придобивка за луѓето,


меѓутоа треба да се постави прашање дали може нашата земја


да ги прифати таквите кадри? Логично е прашањето, бидејќи


по доаѓањето на единката до највисокото образование истата


ќе биде минимизирана во случај да конкурира за работни места


со далеку помала стручна спрема. Тоа влијае за нејзината


фрустрација и останува во неа впечатокот дека е потценета и




Науката е трка на идеи


268








обесправена. Во богатите економии има традиционални мерила


колку проценти од популацијата одат на такво образование.


Тие мерила се за самите студенти, образовните институции и за


цела земја. Добро е од нивната пракса да извлечеме поуки. Друг
показател, кој потекнува од средината на 2011 година, зборува


дека во структурата на невработените во Република


Македонија, според образованието, на прво место се наоѓаат


луѓето со средно образование, а на трето место со 15,2% со вишо


и високо образование. Читателот самиот може да пресмета


колкав е бројот на лица кои се школуваат во вишото и високото


образование и бројот на невработените со вишо и високо


образование на основа на процентот и невработените според


податокот за 2011 година. Сепак, збирот на единките во


високото образование од 64.254 и невработени со исто


образование од 48.952 создаваат број од 112.233 лица.


Неразвиениот пазар на труд во земјата, кој се препознава


по многу голема понуда и мала побарувачка на работна сила,


врши притисок врз младата генерација, најубавите години од


нивниот живот да го минуваатврват во образовниот систем, во


агенциите за вработување, миграциските сервисни центри и во


чмаење исполнето со чекање, кое создава безнадежност.


Немањето работни места ги тера луѓето да преминуваат од


едно во друго ниво на образование. Тоа е се уште општо


образованние, нема специјализација за конкретна работа. Така


се создава положба на присуство на мисла која кажува дека,


“кај нас секој се знае, но, никој ништо не незнае да работи”. Со


чекањето на поголемо време луѓето и нивните знаења буквално


застаруваат, без нивна употреба. Овај дел од генерацијата го


губи чекорот со таквата која се вработува. Во ваквиот амбиент


инсистирањето и барањето младите да отворат свој бизнис е


чуден. Кога скоро 95% од луѓето во земјата своите приходи ги


користат за храна и за плаќање на месечните сметки за струја,


вода и другите, единката нема со што да започне бизнис.


Пораката за отварање на нов бизнис пред десетина и петнаесет




Науката е трка на идеи


269








години беше прифатена од поединци, кои со залог од


родителите во вид на стан или куќа дојдоа до кредит, но, некои


од нив пропаднаа и го загубија не само бизнисот туку и


домувањето. Пресреќни се тие единки кои се вработуваат било


во државата и нејзините организации, или во организациите од


стопанството и вон стопанството, во отворање на сопствен


бизнис, работа во странство и друго. Во ова група влегуваат и


единките, кои ја направија Република Македонија да стане


лидер во извоз на млади умови во земјите на ЕУ.


За единката смислата на образованието е таа, да може


што побрзо и подобро да се вклучи во процесот на работење за


остварувањето на својата егзистенција, која е темел за


создавање на семејство, за обезбедување подобар животен


стандард. Ова семејство пак е темелот на земјата. Инаку,


образованието не се завршува со добивањето диплома. Тоа


треба да продолжи во целиот живот на човекот. Додека


единката е во работен однос, тој треба да проникнува во


нешата за кои работи. Се претпоставува дека тој го одбрал


работното место кое му лежи, спаѓа во нештата кои


претставуваат негова наклоност. За перманентното


образование треба да се грижат и сите видови на организации.


Во поголемите организации за запознавање и примена на


закони кои предвидуваат значајни промени за работењето


треба да се организираат активности за договор како да се


реализираат новините во праксата.


Живееме во време кога науката ги крши бројните мерила


на традиционализмот и воспоставува нови, кои се прифатени од


луѓето. Амбиентот на промените создаде таква состојба во сите


национални економии. Основата на мерките се новите знаења.


Творците на овие знаења се наоѓаат во најбогатите и


најголемите држави.


Прикажаните показатели и видувањата во материјалот


зборуваат дека нашата национална економија се препознава по




Науката е трка на идеи


271








следните содржини: Прво, многу споро делуваме како систем и


економија за промените во светот. Промените претставуваат


напишани насоки кои треба да се спроведуваат во сите земји.


Тие се новиот тренд, кој треба да се изучи и да се применува во


сите држави. По кризата 1973/1974 година примената на


барањата на трендот, започна да се реализира после многу


години. Познато е дека добивката од новитетот е најголема во


првите неколку години. Ние влегуваме во акција кога тој тренд


е со ниска профитабилност. Од големиот број на содржини на


трендот се зема примерот со приватизацијата. Почнавме со


палијативни одлуки, на пример, се прифати решение за


зголемување на бројот на вработените до 50 лица во


приватниот сектор. Основниот потег беше повлечен со


приватизацијата на поголемиот дел од општествените


претпријатија на крајот на 1988 година, со задоцнување од


14 години. Помалиот дел од овие субјекти е решаван далеку


покасно, додека таа активност за вонстопанството се протега


до денешните денови. Траењето на златното доба на “државата


на благосостојба”, почна од кризата 1929/1933 година до


кризата 1973/1974 година, која ги зафати сите земји во


светот без оглед на нивното внатрешно уредување. По


кризата 2007/ 2008 година ја направивме истата грешка.


Нашите раководства на државата тврдеја дека кризата нас нé


не допира. Денес може слободно да се тврди дека се уште не го


имаме сватено трендот на промените кои се содржани во


документите на Г- 20, творба која е создадена во екот на самата


криза и претставува значаен субјект, составен од најбогатите и


најголемите држави, кој создава интелектуалени производи, за


решавање на актуелните проблеми во светот. Второ,


објективна е околноста дека сме сиромашни и немаме


можности да купиме од странство нова техника и технологија,


во поголем обем и од повисок квалитет. Трето, нашата наука се


развива во таквите состојби. Луѓето кои се бават со наука а се


наоѓаат во сите органи и организации во земјата и во други


средини се познаваат по тоа што ги запознаваат единките со




Науката е трка на идеи


272






образованието, други кои научните вредности ги поврзуваат со


нашите состојби во земјата и преку компарација настојуваат


тие да се искористат до максимум, трети кои творат вредности


кои конкурираат на домашниот и светскиот пазар и така


натаму. До колку се мери ова активност по големина, тогаш,


најголемо место зафаќа првата група, апликацијата е втора, а


третата е последна и најмала. Граѓаните од нашата земја со


своите постигнувања учествуваат во трката на идеи со своите


новитети и изуми.


Кај нас постои примена на објективни методи и


објективна вистина, како и злоупотреба на вистината од разни


средини на поединци и организации. На земјата им требаат


многу повеќе луѓе кои ги применуваат позитивните


карактеристики на овие поими.





Битола,12 март 2012 година Д-р Ѓорѓи Михајловски




Науката е трка на идеи


273














УЧИНОКОТ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 1930-1990 ВО РАЗВОЈОТ


НА БИТОЛА





1. Инспирација





Во подготвувањето за издавање на мојата шеста книга


“Науката е трка на идеи”, забележав дека во тоа творештво,не е


посветен на Битола ниту еден наслов. Одтука, се определив да


ја искористам слободата, со големо закаснување, сам да


креирамнапис за неа со тема за нејзиниот развој. Битола беше


мојата инспирација.


Во 2012 година се одбележаа62 години од матурирањето на


генерацијата 1949/1950 година. Одбележувањето создаде


дополнителна инспирација за потсетување, за работното


ангажирање на луѓетово развојот наопштината Битола.


Матурантите од економските науки резултатите ги


прикажуваат преку големината на општествениот бруто


производ и другите показатели. Секое училиште и струка има


свои гледања за направеното и тоа се прикажува со разни други


показатели. Покрај овие единкипостојат и луѓе со занимања и


знаења во голем број на дејности и тие на секоја средба се


потсетуваат за работата и за нивното допринесување за


градењето на општината. Генерацијата сега во најголема мерае


изретчена. На средбите се споменуваат колегите од младоста.


Зародишот на поимот развој започнува од


размислувањата на единките запрашања и проблем, за таквите


во животот и работата. Цел живот на човекот е исполнет со


прашања и проблеми и давање одговори за нив. Тоа




Науката е трка на идеи


274








секојдневно се случуваи во претпријатијата и сите други


организации. Луѓето, какоединки или како лица во дадена


организација, на прашањататреба да дадат одговори, додека


проблемите притискаат како тие да се решат. Тоа е мисловна


активност на луѓето, кои мораат даим посветат внимание и на


едното и на другото.Одговорот на прашањето може да


претставува рутина, со која е задоволен и давателот и


примателот на одговорот. Има прашања каде давателот го


одложува одговорот на пократот и подолг период на време.


Примателот,со тоаможе да биде задоволен,со истото се сложува


или може да реагира. Во контактите помеѓу овие


чинители постојат повеќе варијанти. Решавањето на


проблемите е нешто посложена материја споредена со


прашањата. Одтука, реагирањата на чинителите кои се


запознаваат со проблемот, вообичаено е да побараат време за


размислување и за давање одговор за настанатиот проблем.


Тука, постои и рутина, но, таа е далеку поретка. Како за


прашањата така и за проблемите, постојат во секоја


организација правила на игра, која треба да ја прифатат како


давателите така и примателите. Во правилата се предвидуваат


и мерки, кои вршат присилување на чинителите со поднесување


определенаодговорност за стореното или нестореното.


Резултатите од контактите се содржини кои се


најсложени во ова мисловна активност на човекот. Како едниот


така и другиот учесник во комуникацијата има желба да дојде


до решение кое ќе биди исто или подобро од постојното, во


смисол за подобро. Човекот секогаш помеѓу лошото и доброто


го одбира второто. Но, сложеноста се гледа во тоа што и едниот


и другиот учесник имаат исти желби за добивање поголеми


ефекти. Така, неопходно се наметнува прашањето на


компромис, кој мора да биде за првиот учесник во рамките на


пропишаното додека кај другиот учесник во тоа постои


поголема слобода.




Науката е трка на идеи


275








Најголемиот број на прашања и проблеми произлегуваат
од природата и од самиот човек. Природните појави се јавуваат
преку денот, кој носи светлина и ноќта која е синоним на
темнина, потоа преку жешкото и студеното, преку поплавите,
пожарите, мрзнења во зима, топлотни удари во лето, ветровите,
земјотресите и другите природни појави. Со Мајката природа
нема компромиси, таа ниту поставува прашања и не кажува за
проблемите. Човекот нема избор и тој мора да ја прифати таа
околност. До колку сака да живее во зима во топло или ноќта
да му биде светло нив требада ги реши. Кај луѓето многу е
поголем бројот на појави кои создаваат едни на други нови
прашања и проблеми. Изворот е самата единка, семејството,
претпријатието и другите облици на организација. Како
најголем број на прашања и проблеми се создаваат за
вработување, домување, патишта, водоснабдување,
школувањето, здравството, културатаи многу други содржини.


Прашањата си имаат свои правила. Доколку се создаде
положба,поголем број единки да поставуваат исто прашање,
тогаш тоа преминува во проблем.


Прикажаните комуникации кои се неопходни во
односите меѓу луѓето и нивните организации би биле многу
поголеми доколку не постои, најприродната, најлогичната
солуција за овие настани, во кои единкатаво право време на
право место,си поставува себеси издржливи, прави, како
прашања така и проблеми, и воедно за истите саматаси дава
одговори илисоздава решенија на проблемите. Оваа солуција
енајмасовна и со неа може да се добиваат најдобри резултати,
бидејќи човекот најповеќе се познава себеси и ги знае своите
можности. Солуцијата човекот да бара некоí друг субјект да ги
решава неговите прашања и проблеми е помалку природна од
споменатата и не е својствена за единката, ново животот е
присутна како потреба.


Најлогично е што човекот се определува прашањата и
проблемите да се решаваат преку развојот.


Како најмасовни и најзначајни прашања и проблеми во
животот и работењето се поставуваат: оспособувањето на
младата генерација, вработувањето, домувањето,




Науката е трка на идеи


276








инфраструктура, развој, примена на науката, мирот
и слободата.


Зборот развој многу често се користи во економијата.
Развојот на претпријатието, на стопанството, на
вонстопанството, на државата се основните и клучните
содржини засостојбитево овие субјекти.


Доколку развојот или прогресотпретставува светлост,
тогаш тој не може со ништо да се компарира, да се разликува.
Одтука, потребно е да се создаде поим, темница, кој тоа ќе го
претставува. Логично едо колку развојот се означува како плус
над стартната позиција која е обележана со нула, има движења
и такви кои се под нулата. Така би дошло до: развој,статус кво
состојба и смален развој. Оваа логика е заменета со повеќе
поими кои ги покажуваат таквите состојби. Овие
движењавообичаено се прикажуваат како депресија, рецесија,
време на намалени очекувања, криза.





2. Животот е најголемото училиште





Животот е најголемото училиште, а учениците се сите


луѓе напланетата Земја. За помал, среден и најголем субјект,
единката во него не претставува ништо, но, таа заедно со сите
луѓе на генерацијата претставува сила за решавање
напрашањата и проблемите. Генерацијата може во животот да
забележи, добри, средни и слаби резултати, кои остануваат на
виделина во човечките, материјалните, духовните и сите други
вредности. Во тоа значајно е како се решаваат прашањата и
проблемите. Историјата покажува дека целосно не може да се
решат ниту прашањата ниту проблемите. Единката е таа која
ги создава вредностите. Лекарот со своите прегледи, лекувања
на болните, учителот со едуцираните ученици, поетот со своите
стихови и сите други структури од генерацијата, кои го градат
мозаикот на целината. Во нејзино име никој не може да биде во
позиција за неа, да генерализира и да има било каков монопол.




Науката е трка на идеи


277








Во првите чекори од мојата кариера како ги разбирав
прашањата и проблемите и што значи развојот за нивно
решавање, ми бешенепознато, но животот те тера тоада ти
стане познато. Мојата определба уште од 1947 година беше
економијата со запишувањето во Економскиот техникум“Јане
Сандански” во Битола. Развојотна Битола и Републиката беше
тема во моето секојдневие, без оглед на тоа на какво работно
место работев. Назадувањето како на Битола така и на
Републиката не ми беше никако прифатливо ниту во мојата
мисла, ниту во практиката.


За да се одговори за овој поднаслов логично е прво
дазборувам за моето учење на животот преку работните места
но, почнувам со започнување на научно творечката
активност.Со пишувањето се создава текст, потоа истиот треба
да ја види светлината, да се објави. Долги години ова активност
се одвиваше преку пишување на текстот дома на машина за
пишување, а истиот се умножуваше со помош на хартија и
индиго. Умножување во повеќе примероци направив
замагистерскиот труд, на кој е забележано, октомври 1973
година. Докторската дисертацијае направена во повеќе
примероци со пресликување и носи белешка декае направена
во1979 година. Книгата за пазарот на труд во 2005 година е
предадена на печатење во вид на дискета, додека
последниве години написите се пренесуваат со е- маил
технологијата од дома до издавачот.Човекот денес има
невидено големи можности за пишување и објавување,
благодарение на развојот на светлината, технологија во светот.
Заборавена е хартијата, индигото, коректорите за грешки,
макотрпната работа. Пред повеќе од 40 години, во 1970 година,
во Научното друштво Битола објавив напис со наслов
“Взаемноста и солидарноста во зависност од производните
сили”. Во овие години бев незадоволен од лимитирањето на
слободата за искажување на мислата поради разни мои чувства
за издаваштвото. Од нив ќе споменам само три. Најголемо
внимание сум посветувал да не го навредувам мојот колега
кој пишува за теми од областа на економијата, со влегување во
неговиот делокруг на работите. Потоа, мене ми сметаше, и
покрај тоа што се во право луѓето
што редактираат,а со тоа ги реализираат правилата на фирмата,
да не ги прифаќаат текстовите за печатење, поголеми




Науката е трка на идеи


278








од пропишаните граници за големината на написот. И во
лекторирањето се среќавав со апсолутно извртување на
реченицата, заради изборот на зборови, со што се губеше
душатаи значењето на мислата.


Далеку пред споменатиот напис објавував текстови во
“Битолски весник” Битола, во други весници и списанија, кои
воглавно беа поврзани со моите работни места. Пишував
бројни текстови кои ги читав пред помала или поголема
публика.Инспирација за напишаните текстови добивав од
случувањата во животот, кои ме принудуваа да истражувам низ
литературата, па потоа да создавам свое мислење за појавите.
Кога мислев дека нешто не е логично во организацијата на
стопанството тоа го истакнував со намера да се подржува
доброто а да се избегнува лошото. Организацијата на
работењето е присутна во сите мои трудови. Како основа
земано е претпријатието, општината, републиката или светот.
Во книгата “Основните принципи на самоуправно здружениот
труд” од 1984 година направени се повеќе компарации при што
се подржуваа промените кои водеа на подобро. Се поддржуваше
актуелноста со нагласување за подобра иднина а не минатото,
со примери од праксата. Иднинатаво творештвото секогаш ја
гледав како светлина која треба да ја стигнеме, да се бориме да
дојдеме до неа, а темницата, незнаењето, скоро никаде не е
споменувано. Во книгата “Организацијаза ефикасно работење”
од 1992 годинасе бара, организацијата на претпријатието, да се
смета како производ, којисто како другите, како предмети или
добра, да се бори за освојување на новини за својот опстанок.
Книгата “Менаџмент и профит” од 1996 година,сугерира борба
на субјектите за остварување на профит. Книгата
“Дефинираност и функционирање на пазарот на трудот во Р.
Македонија” го третиранајзначајното прашање на нашиот
опстанок, а тоа е вработувањето и пазарот. Во книгата од 2009
година “Нашата трка со времето” и последната од 2012 година
“Науката е трка на идеи” претставуваат збир на содржини од
доменот на економијата со нагласок на организацијата на
работење. Во нив дирекно се зборува за примена на науката.




Науката е трка на идеи


279








Со текстовите од моето творештво не сум сакал никого да
го навредувам, омаловажувам, прозивам. Во изразување на
мислата настојував да зборувам за појавите, со примери за
доброто, развојот или лошото, назадувањето со примери за
решавање на прашањата и проблемитеод економијата.
Соопштените броеви за нештата се земени како помош, заедно
со други аргументи за прикажување на вистини потврдени
во
животот.


Со прикажаните содржини животот ме научи како да се
однесувам во научно творечката активност.


Моето вработување започна на крајот на 1953 година во
Битола. Со него започнува ново учење на животот, со влегување
во амбиет поинаков од училиштето и служењето на воената
обврска. По втората половина на педесеттите години па наваму
Битоласе зголемуваше од природниот прираст на населението и
со доселување луѓе од селата, во ек беше нагласена миграцијата
село- град. Со тоа постојано се зголемуваше работоспособното
население, кое наметна прашања и проблеми во реалниот
живот.Домувањето и вработувањето беа најбараните нешта за
човекот. Миграцијата, покрај другото, започна во времето на
воената генерација луѓе, кои ја спроведуваа економската
политика под наслов електрификација и индустријализација на
земјата, комбинирана со мелиорации: за смирување на“Црна
Река”, водотоците, за намалувањето на поплавите,
отклонувањето на блатото, со
желба за ликвидација на чинителите на заразни болести. Таа
изведуваше крупни објекти, а селата беа извор на работна сила.


Претпријатијата од стопанството и вонстопанствотобеа
во државна, која постапно се менуваше во општествена
сопственост, како и ситното занаетчиство и земјоделство, кое
беше во приватна сопственост,апсорбираа едендел од овие луѓе.
Изградбата на нови капацитети помагаше за вработувањето.
Секоја единка и семејство бараше решенија, кој како знае. За
домувањето се користеа станови под кирија, градење куќи,
дивоградби, за солвентни лица се даваа кредити од банката.




Науката е трка на идеи


280






Тие беа органи на управување и раководење. Трговијата,
земјоделството, занаетчиството, беа носечки дејности. Новите
капацитети беа белег на новото време, така
индустријатапостапно стана значајна во структурата на
стопанската активност.


Секојдневието во животот на луѓето почнуваше и
завршуваше со аксиомите прво, неврзана политикаи
добрососедските односи на земјата кон странство и
второ,братството и единството исамоуправувањето, на
внатрешен план.


Во таквите услови живототме научи каконего да го
живеам. Во него ги имаше сите содржини од живеењето кои се
однесуваа и на другите луѓе од генерацијата. Забележано е
одење напред, застој, паѓање па нов напредок и така натаму. Со
тие содржини човекот постанува личност, која може да го среди
своето живеење во семејство и да развива односи со луѓето со
кои живее и работи.





3. Развојот е можност за решавање на прашањата и проблемите





Развојот е широк поим тој може да зборува за развој на


човекот, стопанството, вонстопанството, претпријатието и
другите организации, какоопштината, државата и така натаму.
Во текстот се зборува за развојот на општината Битола и
наСоцијалистичка Република Македонија, како една од
републиките на СФР Југославија. Поголем дел од времето кое е
предмет на текстот,општината Битола се протегашена повеќе
населени места, од кои најдалечно беше с. Градешница која е во
соседство сос. Старавина. Околиитепостоеја до1965 година.


Развојот се мери со голем број на мерила. Од нив се чини
дека нај значајни се бројот на населението и бруто домашниот
производна општината или републиката. Жителите и
природниот прираст или намалувањеи доселувањето и
отселувањето од дадениот простор го сочинуваат вкупниот број
население. Според различни методологии еден дел од вкупното




Науката е трка на идеи


280








население се смета за работоспособно, од која големина се
пресметува бројот на вработените и невработените единки.
Секоја средина се бори во животот да се обезбедува што
поголем број од активното население да биде вработено и со
тоа да се создава новипроизводи, нови вредности, основа за
постоењето и опстанокот на единката, семејството и другите
облици на организација. Таквата состојба е гаранција секоја
единка самата за себе да си поставува како прашања така и
проблеми и самата за нив да дава одговори или да ги решава.


Бруто домашниот производ е посложен показател од
претходниот и за него постојат методологии со кои тој се
евидентира и користи. Тој кажува способност на единката и
нејзините облици на организација за создавање на новите
вредности.


Двата показатели за да бидат со висока употребна
вредност, мора да ги почитуваат универзалните мерила,
стандарди. Исто така, треба да се знае дека тие сенаоѓаат во
непрекинато движење, менување. Нај организираните субјекти
овие движења ги евидентираат секојдневно, неделно, месечно,
шестмесечно или годишно. Движењата над нулата или
стартната позицијасе обележуваат со знакот плуси ја
покажуваат големината на развојот, како во апсолутни така и
во релативни броеви. Податоците што се создаваат му
овозможува на човекот својата работа да ја компарира со
работата на другите народи, со што се добива информација
каде тој се наоѓа на ниво на Европа или во светот.
Претпријатијата своите видувања за иднината ги создаваат со
компарирање на својата, со работата на исти или сродни
претпријатија од земјата и од другите држави. Овие сознанија
за мисловните луѓе и другите им овозможуваат да создадат свои
цели и да определат задачи што да направат во својата средина.


Што направила генерацијата која е предмет на текстот и
каде стасала може да се види од показателите за бројот на
населението и висината на остварениот домашен бруто
производ, како на републиката така и на општината Битола.


Според објавени статистички показатели вкупниот број
на население во СР Македонијаво 1960 година изнесувал 1.392




Науката е трка на идеи


281








илјади, а во 1990 година стигна до 2.028 илјади жители.
Работоспособниотдел од населениетово првата година
изнесувал 783 илјади, додека во втората година 1.320 илјади
лица.


Податоците како за вкупниот бројтака и за работоспособниот
делпокажуваат дека, постојано после 1960 година се наголемува
како населението и неговиот работоспособен дел. Со тоа се
продолжува трендот на порастот, како и во претходниот
период. Динамиката на порастот од година во година е со се
помала големина во споредба со првиот показател.


Нашата статистика има забележано дека во Републиката
во 1948 година вонеа живееле 1.153.000 жители, а во 1981
година
тој број се зголемил на 1.909.000лица. Во истото време во
Општина Битола живееле,90 илјадии138 илјади лица.
Учеството на Општината Битола во вкупниот број на население
во земјата, првата година изнесувало 7,8%, додека во втората
7,2%.


Доколку показателот за 1948 година се обележи со 100,
тогаш населението на Општината Битола во 1953 година се
зголемило за 14,4%, во 1961 година на 124,4%, во 1971 година
на 138,9% и во 1981 година на 153,3%. Учеството на бројот на
населението на Општината во таквиот показател на
Републиката има две насоки, првата забележува пораст, додека
втората пад, така што последниот процент е помал дури и од
првиот.


Според статистичките показатели бројот на вработените
во СР Македонија, изнесува: во 1955 година133.000, а
во1990г. 507.000 лица. До колку се определи 1955 година како
100 тогаш во 1990 година вработеноста се зголемилаза 3,8
пати. Во сите показатели може да се забележи дека секој
нареден показател е соголемина поголема од претходниот, со
исклучок на 1985 г. кој е помал од 1980 година.


Вкупниот општествен производ 1984 година во милиони
динари изнесувал на ниво на Република 369.524, а на
Општината 24.712, или доколку се обележи првиот со 100,
тогаш, вториот е 6,7%.Показателот за ова категоријапо еден




Науката е трка на идеи


282








жител зборува декаво 1982 година во Републиката тој изнесувал
86.137 додека во Општината бил 86.773 динари, или
100,07%, односно резултатот на општината е нешто поголем од
просекот.


Покрај овие два показатели за развојот се користат и ред
други сознанија, кои имаат свое значење, како што се
остварените инвестиции, изградбата на станови, бројот на
невработени, увозот и извозот на стоки, потрошувачката,
животниот стандард и други.


Остварените инвестиции во 1984 година во СР
Македонија изнесуваа 53.739, а на ниво на Општина
6.208милиони динари, или доколку се обележи првиот со
100, вториот изнесува 11,6%.


Вкупно изградени станови во 1985 година во
Републиката изнесува 13.562, додека за Општината Битола 521
или 3,8 %.


Развојот, според тоа е сложен показател, кој може да се
употребува за разни потреби. Најзначајно е што тојсе користи
како нерасипана вистина,до колку не се надува, филува со
разни невистини. Таквиот чист показател е исклучително
значаен за мобилизирањето на сите луѓе на дадениот простор
да дадат сé од себе за зголемување на новите вредности. Само
во таков случај тој станува моторот за решавање на сите
прашања и проблемна кои наидува човекот и неговите
организации.





4. Новите бисери на Битола се творби на развојот



Битола е град со богата историја и со голем број на


вредности почнувајќи со нејзината местоположба, легната во
пазувите на “Баба Планина”, со величествениот “Пелистер” а од
другата страна сопространата и плоднарамница “Пелагонија”,
со луѓе со развиена култура и знаења за создавање на
вредности коибиле и се за почит. На секоја генерација Битола
им давала задача да го продолжуваат




Науката е трка на идеи


283








таквиот стандард на однесување. Таа ги памети и добрите дела
и недела.


Во текстот станува збор за една генерација луѓе, како таа
се снаоѓала во неизвесноста во животот и работењето, која е
карактеристика на сите, секогаш бурните времиња.
Континуираниот развој,со голема динамика, кој траеше повеќе
години, е резултат на идеите, нивната реализација и трудот
на сите луѓе на генерацијата. Суштината на континуитетот е
во тоа штоактуелнатаги продолжи започнатите зафати од
претходната генерација, со внесување на нови градби во
структурата на стопанството и вонстопанството. Логично беше
по:мелиорациите кои траеја повеќе години, да се оди на
наводнување на земјиштето; кривинитеза совладување на
височината на теренот, да се заменат со прави патишта, кои
создаваат можност за побрзо и побезбедно патување;
постојната стопанскаструктура да се збогатува со нови
капацитети, современа техника и технологија, со користењена
најновите научни сознанија од светот; затечената положба во
здравствената заштитана населението да се прошири и
модернизира со високообразовни кадри од повеќе профили и
изградба на нови капацитети; недоволниот број на училишта, да
се изградат нови и да се збогати структурата на образованието
со нови содржини; или со други зборови да се даваат одговори
и да се задоволат какопрашањата така ипроблемите на
населението.


Според Уставот на СР Македонија во општината
работните луѓе и граѓаните создаваат и обезбедуваат услови за
својот живот и работа, го насочуваат општествениот развиток,
ги остваруваат и усогласуваат своите интереси, ги задоволуваат
заедничките потреби и остваруваат власт и управуваат со
другите општествени работи. Во нив се вршеше годишно
задолжување на физичките и правните лица од малото
стопанство, во неа се наплаќаа најголемиот број на обврски на
претпријатијата и другите обврзници, од каде по
евидентирањето на уплатите тие се префрлаа на буџетите на
општината, републиката, федерацијата. Се што ќе сé сработеше
во општината, беше основа за делење на создаденото според
законските прописи. Така, општината беше свртена кон тоада
се направи и да се заработи што повеќе. Во




Науката е трка на идеи


284








иста положба се наоѓаа и сите други чинители во општината,
како претпријатијата, банките и другите. Сите тие располагаа со
своите резултати од работењето, се разбира по извршувањето
на обврските кон институциите на државата.


Битолската општина редовно ја завршуваагодината со
израмнет или позитивен биланс од работењето. Тоа се
однесуваше и на бројните други субјекти, со напомена дека мал
број од нивпокажуваа негативни резултати во нивните
биланси. Битола во рамките на републиката покажуваше
редовно надпросечни резултати. Покрај тоа,имаше помал
наталитет и посмирена патологија од просекот во Републиката.
Со тоа имаше подобра положба од другите општини за
создавање на поголеми ефекти во работењето, која таа ги
користеше во својот развој.


Забележаната динамика на порастот на домашниот бруто
домашен производ и другите показатели овозможија, во
општината да се изградат новите бисери во името на:
Земјоделско- индустрискиот комбинат “Пелагонија” Битола,
Медицинскиот центар, Трифун Пановски, ХМС “Стрежево”
Битола, РЕК Битола, Вториотмакедонски универзитет и
“Патотна младоста” од Прилеп кон Охрид. Овие творби имаат
крупно значење за развојот на општината.


Прво, “ЗИК Пелагонија” Битола е основанасо Одлука
донесена во јули 1963 година, со која се интегрираа двете
земјоделски стопанства “Пелагонија” с.Логоварди и “Радобор”
од с. Радобор и Фабриката за шеќер од Битола. Мотивот за
интеграцијата беше интересот, како на земјоделството така и
на новоизградената фабрика, која беше пуштена во работана
крајот од 1959 година. Повеќегодини овој комбинат со успех го
раководеше дипл.инг.агроном Гога Петковски. Најубилејот по
повод 20-ет годишното постоење на комбинатот генералниот
директор Јован Велев, дипл. Инж. агроном ќе забележи:
“билансирајќи ги неговите постигнувања во сите сфери на
работењето, со гордост можеме да истакнеме дека тие се
фасцинантни. ЗИК “Пелагонија” прерасна во најкрупен
агроиндустриски комплекс во СР Македонија и се наредимеѓу
најголемите инајзначајните во земјата. Таквите постигнувања
се остварени со големи напори и самоодречувања, но пред сé со




Науката е трка на идеи


285








домаќинско работење и со извонредно залагањена над 5000
работници”. Воземјоделскиот дел од комбинатот влегуваа
организационите единици:“Новаци” од Новаци, “11 Октовбри”
с. Гнеотино, Радобор, “Даме Груев”, “Коле Канински”с.Породин,
“Нов живот” с. Кременица Живинарска фарма с. Породин и
единицата за развој и унапредување на земјоделското
производство; а во делот на индустријата: Фабриките за шеќер,
квасец и шпиритус, пиво, добиточна храна и преработка на
овошје; и разгранета трговија и услужни дејности, каде посебно
место завземаше кооперацијата соиндивидуалните земјоделски
производители. ЗИК “Пелагонија” беше препознатлив, и по,
прво, систематското внесување на научните сознанија во
работата, со високостручни кадри, купување и употреба на
најмодерна опрема, семенски, расаден и расен материјал,
средства за заштита на растенијата, наводнување и друго;
второ, во почетокот на седумдесетите годинипочна изградба на
пиварата со сопствени средства и покрај несогласувањето, со
тоа на извршната власт на Републиката, која тврдеше дека за
земјата се доволни две фабрики за пиво.


Второ, Собранието на општината Битола на крајот на
1965 година формира здружена здравствена организација по
име Медицински центар “Д-р Трифун Пановски” Битола, за
амбулантно - поликлиничка и стационарна здравствена
заштита. Центарот имаше 29 служби,кои беа носители на сите
активности.


После шест години во 1971 година беше дадена во
употреба Новата болница, во која се преселија сите содржини
од старата болница лоцирана во центарот на градот. Болницата
има 24.000 м2 корисен простор со модерни операциони сали,
кабинети, лаборатории и сервисни единици. “Таа е гордост не
само за здравството туку и за општината”, кажуваше Д-р
Димитар Котевски.


Трето, Водостопанство “Пелагонија” Битола во 1971
година започна да го изработуваглавниот проект за системот
Стрежево, кој е завршен во 1974 година. Тоа е времето кога
беше директорМетоди Цветковски. Дипл. град. Инж., а од




Науката е трка на идеи


286








почетокот на 1977 година на ова позиција дојде Никола
Каранфиловски, дипл.инж.агроном, кој ја продолжи активноста
за замислата со барања за добивање кредити и за затворање на
финсиската конструкција. По добивањето на кредитот од 71
милиони САД долари и затворањето на финасиската
конструкција за системот, во втората половина на 1979 година
почна неговата изградба. Со издвојувањето на ХМС “Стрежево”
од Водостопанство “Пелагонија”Битола, се создаде посебна
организација, во која раководењето го презема Методија
Сапуџиев дипл.град.инж. Експлотацијата на системот почна во
1984 година.Системот овозможува наводнување на
20.200 хектари земјоделски површини, снабдување на граѓаните
на општината со вода за пиење, снабдување со вода на РЕК
Битола и други стопански објекти, за заштита на околината од
поплави и друго. Со него се создаде една нова рамнотежа на
повеќе чинители. Тоа има како позитивни така и негативни
содржини. Со него е нападната Мајката природа, која е
прекопана на многу места, исполнета е со цемент и со разни
видови цевки со што и е нанесена болка, а на другата страна
луѓето се стекнаа со голем број на поповолни услови за живот и
работење во споредба со претходната состојба.


Четврто, со Одлука на Работничкиот совет во 1975
година на Електростопанство на Македонија Скопје основан е
Рударско енергетски комбинат Битола. Истата година
Стопанска банка, здружена банка Скопје донесе Одлука за
финасирање на изградбата на комбинатот. Изградени се три
термоцентрали со јачина од по 210 мегавати. Првата влезе во
работа 1983 година. Со тоа Општината Битола стана најголем
снабдувач на републиката со струја. Стручните луѓе кои се бавеа
со истражувања на природните суровини на општината, заедно
со таквите од Републиката поголем период на време нудеа за
започнување на користење на лигнитот. Меѓу носителите на
ова активност беше директорот на Бирото за геолошки
истражувања Битола Александар Ивановски, дипл.геол.инж. кој
презентираше информации за постоење на три лежишта и тоа
во близина на селата Суводол, Гнеотино и
Живојно. Во 1973 година беше оформена идеја за основање на
РЕК Битола со локација на селото Суводол и е започната
активност за реализација на замислата. Во изборот на




Науката е трка на идеи


287








локацијата беа истакнати неколку места, со тоа што од
основачот прифатено е објектите да бидат во непосредна
близина на рудникот.


Со РЕК Битола се создаде една нова пропорција помеѓу
бројните чинители, овде човекот подлабоко во споредба со ХМС
“Стрежево” ја копаше Мајката природа и со лигнитот кој се гори
за да се добие производот, се создаваат честички со кои се
загадува околината, одтука потребно е многу големо внимание
на вработените, за редовно функционирање и новелирање на
уредите за контролирање на оваа непосакувана појава.


Петто, На 25 мај 1979 година со Самоуправна спогодба за
здружување во Универзитет- Битола, потпишана од
претставниците на институциите од образованието од Битола,
Прилеп и Охрид основан е Вториот македонски универзитет.
Уште во 1974 година се создадоа реални основи за
преструктуирање, развој и дисперзија на високообразовните
институции во СР Македонија. Врз основа на тоа во Битола во
1977 година формирана е Регионална универзитетска заедница
со претседател Александар Силјановски, професор на Технички
факултет Битола, во која беа влезени осум организации. Таа
подготви и формира Одбор за подготовки за основање
Универзитет во Битола,со претседател Крсте Марковски,
претседател на Републичката конференција на ССРН
Македонија и ги подготви сите потребни документи кои
требаше да се потпишат на денот на основањето од
претставниците на образованието.


Шесто, Реализирано е предвидувањето на Самоуправната
интересна заедница за патишта на СР Македонија за изградбата
во 1982, 1983 и 1984 година на патот од Прилеп кон Охрид.
Патот е именуван како “Пат на младоста”. Овај пат е завршен и
предаден во употреба 1985 година, во него е влезена делницата
Прилеп -Битола 34 километри и Битола- Ресен кон Охрид 32
километри. Расчистувањето на имотно правните односи на
трасата беа во надлежност на општините Прилеп, Битола и
Ресен. Поради незавршените имотно правни односи во Ресен не
е изградено заобиколувањето со патот на овој град. Не се
изградени и уште две раскрсници и тоа: првата, по тунелот, за




Науката е трка на идеи


288








спојување на патот со Битола и втората, под с. Ротино кон
Пелистер.


Патот е од големо значење за Општината Битола. Со него
од градот се исклучи транзитот од ова насока кон Прилеп и
Ресен. Покрај капацитетот на градските улици, транзитот
предизвикуваше голем број на сообраќајни несреќи,големо
загадување, сé отежнуваше и поскапуваше транзитот и друго.
Исто така, движењето кон Прилеп и Охрид се одвиваше на
посовремена траса од претходната. За овој потфат значајно е да
се каже дека, со него се заменети кривините на преминот
Ѓавато и Буково, што овозможи побрзо и побезбедно движење
на возилата. Кај премостувањето на Црна Река новата траса
минува на повисок терен во споредба со старата и е безбеден во
време на големи дождови од поплави. Во такви услови старата
траса беше под вода, со што се оневозможуваше сообраќајот.


Изградбата на ХМС “Стрежево”, РЕК Битола и “Патот на
младоста” претставуваше едно огромно градилиште во кое
учествуваа голем број домашни и странски претпријатија,
работници, стручњаци од поголем број профили, стотици
специјални превозни средства, премногу материјали и друго. Во
летниот период на објектите работеа младинци од Сојузната
младинска работна акција, за задачи каде треба рачна работа и
тоа: во 1979, 1980 и 1981 година на ХМС “Стрежево” а во 1982,
1983 и 1984 година на РЕК Битола и “Патот на младоста”. Во
близината на с. Ниже Поле, објектите за сместување, исхрана и
други потреби ги изгради Конференција на Сојузот на
социјалистичката младина на СР Македонија. Управувањето и
раководењетого вршеше Собрание на Акцијата.


Значењето за развојот на општината од овие творби е
неспорно и многуструко. Тие имаат силно влијание за
решавање на најкрупните прашања и проблеми што се јавуваат
во животот и работењето на луѓето. Со нив е создадена една
поширока и побогата структура и рамнотежа на Општината.
Силното влијание се гледа во вработување на луѓе во
стопанството и вонстопанството. Работата и вработувањето е
извонредна потреба на единките. Човекот со нив ја добива
својата слобода, демократија, егзистенција, животен стандард,
да живее достоинствено. Неработењето и неработноста на




Науката е трка на идеи


289








човекот ништо не му донесуваат освен што гарантира живот на
единките во пекол, безпатие, апсолутна неизвесност. Работата
и вработувањето е моторот за развојот а со тоа и за решавање
на бројните прашања и проблем на човекот, како становањето,
образованието, здравствената заштита, културата а со тоа и
сигурноста и неговата безбедност. Од друга страна со
неработењето и невработеноста може да се развива во болест,
епидемија, која прети да се трансформира во појави кои, одат
кон отчовечување на човекот.





5. Појави со позитивно и негативно влијание на развојот





Во животот на луѓето се случуваат разни, многубројни,


добри и лоши, радосни и жалосни, успешни и неуспешни и
многу други појави. Збирот на добрите појави се препознават
по успешната динамика на развојот на дадената национална
економија и светот, додека збирот на негативните појави по
неуспешнииот развој. Сите појави можат да бидат природни и
човечки. Првите создаваат благодети, додека вторите и тоа:
природните носат катастрофални настани, како земјотреси,
поплави, додека човечките се војните, кризите.


Појавите можат да се јавуваат кај една единка, група на
луѓе и други. Кај единката таа може да се изрази во еден миг
или кај неа тоа да се повторува повеќе пати. Иста или
приближно иста појава може да се јавува и кај други единки.


Забележувањето на појавата може да се изврши за еден
најситен детал од односите во комуникацијата на луѓето или од
допирањето на предметите. До колку може да се направи збир
од истоветни појави, дури и за најголемо обопштување, тогаш
може да се зборува за учество во неа на голем број луѓе, за
тренд, движење и законитост. Човекот, заклучокот за појавата
може да го донесе веднаш или да се определи неа да ја следи,
истражува, за да може да ја дефинира. Доколку се објавува
донесениот заклучок авторот може да го прикажува така како
што е забележан, да го разубавува или огрдува, дури може да




Науката е трка на идеи


290








внесува во него мистериозност и друго за да ја изостри неговата
вредност, разбирливост, јасност за читателите, гледачите.


Човекот самиот за себе може и не може да размислува за
влијанието на појавата на други единки. А другите единки
можат, но, тие можеби немаат интерес да ја забележат. По
забележувањето на појавата тој ја регистрира и неа тој може да
ја користи во неговиот живот, без да кажува каде, кога и како
истата ја забележал. Во тој домен е многу значајно да не се
влегува во приватноста на единките кои се носители на
појавата, односно да се уважуваат правилата за почитување на
нивната личност.


Во 40-сет годишниот работен стаж забележував голем
број на појави. За некои од нив носители биле разни единки,
група на луѓе од разни организации, како и литературата која
стана достапна до секоја единка. Во продолжение ќе стане збор
за појави со најшироко значење за развојот, и тоа: силно е
влијанието на светското врз националните стопанства; големо е
влијанието на науката за развојот; динамичен развој се создава
со аксиомата секој да ја работи својата работа; и докажаноста на
човекот во работата ја гради неговата кариера; и секој сам да
си ги решава своите обврски.


Прво, неспорно е секојдневното влијание на светот врз
националните економии, што се однесува и на нас. Влијанијата
во најголемиот дел се позитивни, но, не се исклучени и
негативните. Појавата може да се забележи лесно. Така нашата
генерација учествувала во бербата на пченица со срп и рака,
белег на нашата практика. Светот ни го понуди, а ние го
купивме комбајнот кој се употребува за истата работа.
Непомина многу време на полињата се забележаа системите за
работа, кои ја собираа пченицата и ја товареа со сосема мал
број луѓе, исчезнаа големите групи на жетвари. Се постигна
фантастична економичност, продуктивност и рентабилност на
работа. Заменета е рачната работа од машината, со што
престана и човековата мака. За секоја машина се знае кога прв
пат се пушта во продажба. Појавата му носи на човекот добро,
радост и успех.




Науката е трка на идеи


291








Нашата земја често не е присутна меѓу првите купувачи,
таа, во тоа касни повеќе време, кое може да биде година, пет,
или повеќе години. Со други зборови таа се лишува од
светската продуктивност на работење и од другите придобивки
од науката. Лишувањето се однесува на фактот што првите
години на новите орудија за работа се најплодни и носат
најголеми профити, тие се оружје за конкурентност на
пазарот.Брзината на делување во овие односи е пресудна, а
каснењето е голема загуба од можното, бидејќи сега
амортизацијата на машината трае многу кратко, со што се враќа
влогот за потрошените средства на производителот.
Нашите проблеми за следење на светската наука и развој се:
немањето поголема можност за купување орудија за работа од
странство; следен чинител за некупување разновидна опрема е
неразвиената структура на нашето стопанството и
вонстопанство; и каснењето во купувањето машини и други
пронајдоци.


Второ, јадрата за лансирање на нови производи се
наоѓаат во: прво, за фундаментални истражувања постојат
меѓународни и други институции, кои вршат такви задачи. На
пример, Европскиот центар за нуклерни истражувања “ЦЕРН”
направи аццелератор и со него научниците сакаа да дознаат од
кои компоненти се составени атомите со нивното
експериментално судирање. Во почетокот на јули 2012 година
физичарите соопштија дека го открија “Хигсовиот бозон”,
недопирлива честичка која го носи името на Питер Хигс,
физичар кој уште во 1960 година го објави своето истражување,
а сега со оваа потврда на науката за тоа ја добива и
сатисфакцијата. Овој производ е значаен за составот на
универзумот. За “ЦЕРН” пошироко се зборува во написот
“Планот е резултат на нашата креација”; второ, за други
истражувања, каде специјализирани организации кои се бават
со наука, лоцирани во претпријатија, банки и други чинители и
носат пресудни одлуки од краткорочен и долгорочен карактер
и се многу значајни за развојот. Во нив се подготвуваат проекти
за стопанството и вонстопанството, за потребите на
претпријатијата, банките, другите организации како и за
државите и мегународните организации. Науката како дело на
човекот е движечка сила на развојот. Нејзината моќ е магнетот




Науката е трка на идеи


292








којшто ги привлекува сите луѓе и нивните организации за
нејзиното користење во животот и работата. Таа ги
предизвикува луѓето да трчаат по неа. Трката е немилосрдна.
Човекот и организациите кои се занимаваат со чување и
заштита на тајните за пронајдоците и колку точно да
предвидуваат за ризиците, тие не можат никогаш да бидат
сигурни дека оваа дејност е целосно безбедна, бидејќи
конкуренцијата се бави со сите видови дејствувања за да може
нив да ги изненади и да дојде до нив. Слабост може да се јави кај
луѓе кои работат на пронајдокот или конкуренцијата изградила
пристап со таква снаодливост и пробивање во тајните. Двата
чинители во оваа трка се максимално опремени со
најмодерните средства за делување и станува збор која, една од
нив ќе попушти а другата ќе победи.Без оглед како завршува
таквиот обид, по тој настан работите продолжуваат и кај
едните и кај другите.Трката за пронајдоци продолжува, таа
премногу е скапа, бидејќи истата носи баснословни профити и
развој. Појавата тука на едните им носи добро а на другите
лошо.




Во ова трка Битола учествуваше во програмите за
апликација на научните сознанија, да пуштиме во погон
термоцентрала на лигнит, брана за акумулирање вода со
поголем капацитет. Науката влезе во Битола преку увозот на
трите блока и другата опрема на РЕК Битола од СССР, купени со
средства од рамковниот кредит од една милијарда САД долари
на истата земја даден на СФРЈ. Во постапката за купување на
технологијата се анализираа повеќе опции, но најповолна беше
споменатата, а главен конкурент беа блоковите од Франција. Во
тоа имавме резултати но и промашувања. Едното носи подобар
развој другото него го забавува.


Трето, за складен и динамичен развој секој човек и
организација треба да ја работи својата работа. Појавата се
изразува преку одржување на континуитетот во
производството на вредности и негово збогатување со
апликации на новите пронајдоци во организациите.
Организациите од сите видови се повеќе се специјализираат за
својот домен на работа. Во нив се остварува постојано
оспособување на единките за знаења, за употреба на најновите




Науката е трка на идеи


293








орудија за работа и нивните системи. Живееме во време на
голема поделба на трудот, специјализација, субспецијализација
на луѓето во работењето, кои во своите раце имаат такви
орудија за работа кои се со најдобар квалитет и со нив
создаваат големи маси производи за потребите на сите видови
потрошувачка. Во светот потрошувачката систематски, со
продавање од едни на други организации се зголемува со масата
на суровини, полупроизводи, репроматеријали и готови
производи, како и во задоволувањето на потребите на
населението.


Суштината на појавата е во тоа што таа обезбедува
рационален спој на знаењата начовекот, во струка кој самиот ја
избрал како негова определба и истата ја сака, сосоодветната
техника и технологија, која создава производи со висок
квалитет по поволни цени за купувачите. Производот на
најнапредните организации во конкурентската борба помеѓу
организациите на пазарот најлесно се продава и наплатува со
што се остварува најголем профит во споредба со другите
учесници во трката. Другите учесници во размената се наоѓаат
во положба да бидат нејзини учесници со добивање на пониски
приходи од овој производ. Нивната положба е објективна и
истите не можат преку ноќ нејзе да ја сменат. Во такви услови
тие ја продолжуваат својата борба на пазарот.


Злоупотребата на појавата доведува до непосакувано
намалување на развојот. Злоупотребата се јавува кога во дадена
организација упаѓа, по било кој основ, единка или друга
организација, кои ја пореметуваат синхронизираната активност
и од непознавање на дејноста се прават големи пореметувања
на ритамот на работа. Исто така, и државата може да направи
таков упад на една или повеќе организации. при што се прави
непотребна штета од непознавање на дејноста. Државата треба
да ги остварува своите права и обврски согласно со уставот и
законите со што истоветно ќе се однесува кон сите
организации. Администрацијата на државата за себе треба да
води грижа да се модернизира и унапредува за својот домен на
работа.


Во Битола одлуките за целокупниот тек на
репродукцијата ги носеа претпријатијата, банките и другите




Науката е трка на идеи


294








субјекти. За поголемите зафати постоеше поголем интерес, како
во Битола така и во Републиката. За ХМС “Стрежево” Битола
во стручните организации беа создадени идејни и други
проекти како за изградениот систем, така и за браната на “Црна
Река” кај с. Бучин. Проектот за оваа брана изнесуваше 550
милиона САД долари бидејќи беше далеку поголема, но, беше
поскапа повеќе од 7,5 пати од изградената. Матичното
претпријатие му даде приоритет на помалата брана, но,
продолжија полемиките и за поголемата. Во Општинското
собрание раководните луѓе беа поделени, едни за едното други
за другото. Така, се работеше документација за двата проекти.
Во иста положба беше и изградбата на РЕК Битола.
Електростопанство на Македонија Скопје работеше за
реализираната концепција додека пак дел од раководствата на
Општинското собрание Битола за изградба на Фабрика за
азотно ѓубриво, со образложение дека лигнитот може да дава
ефекти поголеми од производството на струја. Појавата
покажува дека не е работа на власта да гради проекти за
претпријатијата, кои мора да работат со нив и да живеат од нив.
Оваа определба се базира на фактот, кој вели, врвните
раководители се луѓе со определен мандат и постојано се
менуваат и тие не се познавачи за струка во која се наоѓаат
објектите. Логички погледано појака е варијантата, објектите
да се резултат на стручните лица, односно на претпријатието.


Четврто, Човекот во работа со постигање надпросечни
резултати во споредба со другите луѓе обично добива
признанија од својата средина. Со повеќе повторувања на тоа
тој станува личност со докажаност во работата. Докажаноста,
пак, е основата врз која се гради неговата кариера. Докажаноста
е збир на повеќе чинители, човекот треба да ја сака работата,
да влезе во нејзината душа, да ги забележува ситните детали и
да се обидува да внесува во нив нешто што е поадекватно од
старото, да размислува за постојано новелирање на нештата и
односите меѓу луѓето. Нема организација која непосакува таква
личност. Тоа отвора можности тој да се движи по нагорна
линија во својата кариера. Тој од работа со наједноставни
задачи се качува во кариерата на посложени и
покомплицирани обврски.




Науката е трка на идеи


295








Појавата се манифестира кај една единка. Меѓутоа таа во
таков или модификуван облик се јавува кај многу единики и
станува општо прифатена појава. Овие единки имаат позитивно
влијание за развојот на конкретната организација, како и за
пошироката заедница. Обратно од ова појава каде од темел се
гради кариера се забележани случаи каде имиџот почнува да се
гради од највисоките раководства на дадената организација
или за организации од пошироко значење. Во тој случај ризикот
за успех е преголем и предизвикува непосакувани нешта во
конкретната организација, заради тоа што личноста не ја
познава дејноста, нејзините добри и лоши страни и друго. Со
таков ризик ќе биде и развојот на организацијата.


Во Битола појавите задокажаноста во струката се
применуваа во практиката во повеќе организации. За
највисоките раководства во општината се почитуваа правилата
за примена на нивните мандати.


Петто, здравата логика вели секој човек сам да си ги
решава своите прашања и проблеми.Зошто? Кој друг би можел
тоа да го прави, кога секој друг човек си има свои обврски. Ова
однесување од единката нема никаква причина да се менува за
организациите до телата на највисоките облици на уредување.
Така појавата станува универзална. Ова е голема доза на
егоизам но е вистинита. Човекот сам за себе не е ништо и затоа
живее во заедници како, во бракот, општината и во разните
организации од стопанството и од вонстопанството. Во нив
постојат правила на однесување кои единката мора да ги
применува. Во нив солидарноста на единките е обврска за
смирување и доведување до нормала на егоизмот. Човековото
его, пак,е чинителот во секојдневието во животот и работата,
тој да трча, да се натпреварува со другите луѓе.


Најтешките прашања и проблеми на човекот се
содржини кои него го тераат подолго време да размислува, како
нив да ги надмине. Му идат мисли како би било тоа некој друг
да го направи за него. Течат и мисли со други солуции.
Покасно увидува дека со тоа само се губи време. На крајот мора
да донесе одлука со својата работа и знаење да ги надмине
тешкотиите.




Науката е трка на идеи


296








Во Битола во најголем број од организациите
преовладуваше верувањето во себеси, но, и такви субјекти каде
се губеше многу време во барање некој друг да ги реши
проблемите, што претставуваше нивна заблуда. И ова појава
позитивно влијаеше на трајноста и големината на развојот на
општината.


Шесто, логично е располагањето и употребата на
ефектите од работата да го врши нејзиниот творец. Логиката
говори дека творецот знае со каква мака, средства и труд е
направен производот и тој ја знае нивната вредност. Овој начин
на располагање со ефектите е со најмал ризик за губење на
придобивките во споредба со другите облици на распределба.
Во животот постојат случаеви кога овие творци не ги ценат
своите дела, со што се уништуваат придобивките од работата.
Поединечен случај зборува дека таквата единка одпосле се
самообвинува за направената распределба и трошење на
имотот, со зборовите се во животот се движеше како што
треба, но, умот тоа не го следеше и глупаво го потрошив
ефектот од работата, затоа, останав во незавидна состојба.
Нашиот народен мислител ги советува луѓето кои купуваат, на
пример имот, да го прашаат продавачот дали е предметот на
договорот: негов, на таткото или дедовците. До колку
купувачот каже дека тоа е направено со негови пари и труд,
филозофот сугерира дека тука нема многу алтернативи за
намалување на цената и обратно, станува збор за случај каде
постои голем простор за договарање.


Располагањето со своите ефекти е мотивот за развојот.
Тоа видливо се покажуваше и во општината.


Сите шест појави во својата содржина го имаат трајниот
карактер и се појавуваат во сите средини.





6. Плодовите од развојот се со големо значење



Развојот има големо значење, воопшто, за општината


Битола и за генерацијата. Во него се создадени нови вредности,




Науката е трка на идеи


297








а со нив се инвестира: за решавањето на клучните прашања за
опстанокот на човекот, со зголемувањето на неговата
вработеност, динамична изградба на станови и куќи, современа
инфраструктура, за натамошно зголемување на производството
и прометот, особено увозот и извозот, обемот на финансиските
трансакции, животниот стандард на населението и друго. Сите
овие плодови или придобивки од развојот се резултат на
примената на науката во реалниот живот. Покрај тоа, со
остварените придобивки, пак, во Битола луѓето доживуваа,
многу убави чувства, посебно во случаевите: со пуштањето во
работа на првата термоцентрала во РЕК, започнувањето на
завирувањето на браната на ХМС “Стрежево”, авионското
прихранување и заштита на насадите во “ЗИК Пелагонија”,
наводнувањето на културите од системот капка по капка на
помали и поголеми површини, достигнувањето на дневно
производство од 2000 фрижидери во фабриката за фрижидери,
се забележа ден кога се растоварија шест вагони
волна,суровина за производство, купена од Австралија во
комбинатот “Битолатекс” Битола, пуштањето во работа на
Културниот дом Битола, Спортската сала “Младост” Битола и
многу други плодови од развојот.


Развојот создаваше основи за зголемување на
производството кај приватниот сектор: посебно во
земјоделството, како и со 2500 активни занаетчии, помал број
на угостители, сопственици на возила во сообраќајот, а многу
покасно и во индустријата, именувани како мало стопанство и
друго.




Големо значење за развојот имаше и од 800-те корисници
на пензии во странска валута.




Динамичниот развој на Општината Битола и колку да
беше осмислуван со плановите тој, во реалниот живот имаше
разни движења и осцилации. За тоа допринесуваа:
непредвидените, неостварените, заборавените, неочекуваните
и други појави. Во текстот тие се именувани како пратечки
појави на развојот. Во продолжение се наведуваат следните:
Прво, трендовите на позитивните промени во светот кај нас се
реализираа со големо каснење. Нашиот стален проблем не беше
само немањето на потребните финансии, туку нашиот




Науката е трка на идеи


298








однос кон промените. Ние нив ги прифаќавме кога тие ќе
станеа недоволно продуктивни. Второ, процентот на
природниот прираст на населението систематски се
намалуваше од година во година. Тоа е тренд кој се однесува за
времето во кое се живееше, но, нашиот проблем беше, што не
можевме да го контролираме равномерниот развој на сите
населени места во општината. Многу села се напуштени или
сведени на сосема мали заедници, што претставува губење на
сопствената основа. Младата работна сила посебно од селата а
и од градот се иселија во Австралија и Западна Европа. Трето,
идејата за воспоставување на малограничен промет со соседна
Грција, неуспеа, онака како што постоеше во практиката во
Словенија со нејзините соседи. Тој е договорен и остварен, но,
по краток период беше суспендиран од соседот во1967 година.
Четврто, невработеноста иако беше мала, постојано се
наголемуваше и претставуваше проблем. Петто, покрај
систематското растење на бруто домашниот производ по еден
жител, тој беше меѓу најниските во Европа. Шесто, и покрај тоа
што животниот стандард на населението радикално се промени
на подобро, но, сепак беше меѓу најниските во Европа. Пример
за тоа е касното завршување на почнатиот процес од
претходната генерација за напуштање надомување на луѓето во
услови, кога се спиеше на земјена подлога, на која се
поставуваше рогузина, која се креваше секое утро.


Соочувањето на генерацијата со придобивките, од една
страна и пратечките појави на развојот, од друга страна има
големо значење. Двете големини се резултат на направеното од
генерацијата и таа со нив секојдневно се соочуваше. Животот
не се состои само од победи туку и од порази.


Неспорно е дека придобивките имаат силно влијание на
расположението на луѓето за натамошно одржување на
развојот, за градење на морал за продуктивна работа.
Одговорноста и посветеноста за тоа,го овозможува неговиот
опстанок.


Пратечките појави, пак, се корекциите во развојот, кои се
наметнуваат со своето значење, кое е за нивна почит. Тие
треба сериозно да се разработуваат и оценуваат. Во примеров
се зборува само за една појава со самозадоволството со




Науката е трка на идеи


299








постигнатото, кое може да биде многу штетно за работењето
на човекот.


Придобивките од развојот е големината која, обично се
прикажува како плус, додека пратечките појави се
евидентираат со знакот минус. Текстот ги уважува како едните
така и другите. И првите и вторите се неспорни. Во равенката
на билансот, страната на првите е потежок од вторите. Така
кажано вкупните учиноци се далеку поголеми од
непостигнатите нешта во развојот.


Општината Битола стана помногубројна, побогата, поразвиена,
пораспеана. Широк сокак доби сосед со улицата поиме
Партизанска, која на двете страин е искитена со згради за
различни намени.





Битола, 19 јули 2012 година Д-р Ѓорѓи Михајловски




Науката е трка на идеи


300















РЕЗИМЕ



Науката како дејност е распространета, присутна и
потребна во сите делови на човековата активност. Таа му
служи на човекот од неговото раѓање, низ целото оспособување
за егзистенција, во работењето, до неговиот крај.
Човекот, нејзе
и


возвраќа со зголемување на нејзините


содржини, со новитетите од неговото време.


Таа се раѓа низ силната конкуренција во која учествуваат
луѓето и организациите. Во тоа се забележува трка, во која
победува најбрзиот, најквалитетниот, најприфатениот изум, кој
на пазарот се јавува како производ.


Овој производ е прифатен од народот бидејќи тој го
олеснува животот во семејството, а во организациите влијае за
зголемување на продуктивноста, економичноста,
рентабилноста и профитабилноста во работењето.


Тажно е што голем број од населението и организациите
во светот, заради немање на финансии неможат навреме да ги
користат придонесите и благодетите од науката.




Науката е трка на идеи


301

















S U M M A R Y



Science as an activity is widespread, present and necessary in all
segments of the man’s activity. He has applied it since his birth, as long
as he lives, he works. However, the man reciprocates by increasing its
contents and the novelties of its time.




Science started through severe competition in which men and
organizations participate. It is noticed a race in which the winner is the
fastest invention, the best quality and the most approved one, which
occurs at the market as a product.


That product is accepted by the consumers because it makes their life
easier in the family, in the organizations and it influences increasing
productivity, economy, profitability and profitable in working.


It is sad that a large number of the population and the
organizations in the world, because of a lack of finances cannot use the
contributions and benefits of science.




Науката е трка на идеи


302

















СОДРЖИНА




ПРЕДГОВОР 5


ПЛАНОТ Е РЕЗУЛТАТ НА НАШАТА КРЕАЦИЈА 13
1. Планот е големо помагало на човекот 13
2. Планот е неопходен за сите видови организации 16
3. Моќта на планот 21
4. Планот ставен на столбот на срамот 25
5. Планирањето во нашата земја 27
6. Затекнатите состојби станаа проблем без умни решенија 32
7. Јазикот на броевите 34
8. План или Пазар? Двата заедно 37


КРИЗАТА Е КАЗНА ЗА ЛОШОТО УПРАВУВАЊЕ 40
1. Светска криза 40
2. Злосторство и казна 44
3. Поголеми кризи 48
4. Моќта и немоќта на стопанството и вонстопанството во 51


Светот и рефлексија на кризата врз нив
4.1 Репродукцијата и кризата 51
4.2 Богатите и големите држави во кризата 56


4.2.1 САД центар на кризата 56
4.2.2 Другите водечки економии во кризата 64


1. Јапонија 64
2. Германија 65
3. Кина 67
4. Англија 68
5. Франција 71
6. Европска унија 72


5. Меѓународни организации, групии состаноци за кризата 74
5.1 Крупниот проблем бара од сите ефикасна 74


организираност
5.2 Меѓународните организации за кризата 75


1. Организација на Обединетите Нации 75
2. Меѓународен монетарен фонд 76
3. Светска банка 79


5.3 Активноста на групите Г-8 и Г-20 80
1.Г-8 80
2.Г-20 81




Науката е трка на идеи


303












5.4 Pove}e vidovi na sostanoci
6. Siroma{nitei bogatite vo krizata


6.1 Najnesporna podelba na lu|eto vo svetot
6.2 Siroma{nite vo krizata


83
87


87


87


8.1 Kriminalot vo krizata 102


indeks









6.3 Богатите и кризата 91


7. Науката во кризата 92
7.1 Пронајдоци и нивна апликација 92
7.2 Прогнози, планови, доктрини, дефиниции, прогнози 95
7.2.1 Прогнозите за кризата 96
7.2.2 Планови и други документи за излез од 97


кризата
7.2.3 Различни гледања изразени во доктрините 98


7.2.4 Дефинирање на кризата 101
7.2.5 Прогнози за излез од кризата 101


8. Одговорност за неделата 102


8.2 Чувство на човекот за одговорност за кризата 104
8.3 Видови на мерки за казни изречени за кризата 106
8.4 Примери за изречени мерки за функционери на 107


држави


9.
8.5 Примери од стопанството
Кризата во Република Македонија


109
111


9.1 Социјалистичка Република Македонија во кризата 111
1973/74 год.


9.2 Нашите прогнози за кризата 2008/2009 година 112
9.3 Мерки на државата за кризата 115
9.4 Макед онските банки во кризата 119
9.5 Најпогодени со кризата се организациите од 122


реалното стопанство
9.6 Паѓањ е и почеток на опоравување на берзанскиот 124


9.7 Според невработеноста ние сме повеќе години во 125
криза


10.
11.


Знаци за совладување на кризата
Во и по кризата следуваат промени во целиот свет


127
128


ПЕ РСПЕ КТИВАТА Е ВО ОСВОЈУВАЊЕ НА НОВИ ЦЕЛ И 134
1. Целта е значаен поим во организацијата 134
2. Видови на цели според карактерот на остварливост 138
3. Утврдување на целта 140
4. Целта како инспирација и инструмент за контрола 142
5. Пропорции помеѓу задачата и целта 146




Науката е трка на идеи


304





















6. Заначајни настани во економијата во светот по Втората
светска војна




148


7. Нашиот избор на цели 154
8. Нереални, штетни за земјата и благородни цели 160


РЕПРОДУКЦИЈАТА Е СПОСОБНОСТ НА ЛУЃЕТО ЗА
СОЗДАВАЊЕ ПРОИЗВОДИ


168


1. Репродукцијата е сложен систем 168
2. Големина, структура и квалитет на репродукцијата
3. Репродукција е творечка војна на ривалите во трката за


пазар


171
174


4. Репродукцијата во Македонија 179
4.1 Населението во репродукцијата 179
4.2 Вработените се носители на репродукцијата 180
4.3 Каде е борбата за вистинските вредности 186
4.4 Снаодливоста и способноста за одржување и развој


на нашата репродукција по 1990 година
192


ГРАДЕЊЕ НА НОВА ДИНАМИЧНА ПОСТКРИЗНА
РАМНОТЕЖА


198


1. Пораките на кризата 2008/2009
година


198


1.1 Поимот рамнотежа 198
1.2 Рамнотежата и кризата 200
1.3 Пораки од кризата 204


2. Рефлексиите на луѓето од управувачката и раководната
структура за кризата


3. Меѓународните организации, групи и други субјекти во
кризата и по неа


204


207


3.1 Нивнте идеи и реализации за поефикасно работење 207
3.2 Забележени резултати во светот, видувања и


активности по кризата
209


4. САД и Европската унија во посткризниот период 213
4.1 Дијагнози и терапии за кризата во САД 213
4.2 Кризата притисна за заедништво во Европската


унија
218


5. Другите држави во посткризниот период 224
6. Република Македонија во времето по кризата 226
7. Упорно и креативно градење на нова посткризна


рамнотежа
232


НАУКАТА Е ТРКА НА ИДЕИ 234
1. Од немир, преку идеја и истражувања до наука 234




Науката е трка на идеи


305















2. Давања и примања на науката со човекот 236
2.1 Потребите на човекот од наука 236
2.2 Давања на човекот за науката 239


3. Моќта на науката 241
4. Чувствата на луѓето за пронајдоците 244
5. Местото на Р.М во науката на светот 248


5.1 Ресурси за развој на науката во нашата земја 248
5.2 Белези на нашата научноистражувачка дејност 251
5.3 Зависност на науката од степенот на развојот на


земјата
254


5.4 Запоставен е развојот на земјата 255
5.5 Голема е наклонетоста кон политичките прашања и


јакнење на државата
259


5.6 Големи непотребни трошења од народната каса 262
5.7 Употреба на објективни методи и објективна


вистина
266


УЧИНОКОТ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 1930-1990 ВО
РАЗВОЈОТ НА БИТОЛА


272


1. Инспирација 272
2. Животот е најголемото училиште 275
3. Развојот е можност за решавање на прашањата и


проблемите
4. Новите бисери на Битола се творби на развојот


279


282
5. Појави со позитивно и негативно влијание на развојот 289
6. Плодовите од развојот се со големо значење 296


РЕЗИМЕ 300
SUMMARY 301




Науката е трка на идеи


306





















*










АЛЕКСАНДАР АТАНАСОВСКИ


*


Печатено во Графо Пром - Битола


*


Декември 2012 година


Издавач:


МАКЕДОНСКО НАУЧНО ДРУШТВО


Битола


*


Јазична редакција


Проф. Др.Трајко Огненовски



Компјутерска обработка:


ДАНЧЕ КОЛАРОВСКА


СНЕЖАНА АТАНАСОВСКА


МАРИЈА НЕДЕЛКОВСКА