Младите поети пишуваат за планетата Земја (Избор на литературни творби) Книга 1 ...

Младите поети пишуваат за планетата Земја
(Избор на литературни творби)


Книга 1




Издава
Национална установа


Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Битола


За издавачот
м-р Бојан Стефановски


Уредници
м-р Фатма Бајрам Аземовска


м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски
м-р Зоран Јанакиевски


CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”,
Скопје


821.163.3-1(082.2)


МЛАДИТЕ поети пишуваат за планетата Земја : (избор на
литературни творби). Кн. 1 / уредници Фатма Бајрам Аземовска,
Гордана Ѓоргиевска - Неделковски, Зоран Јанакиевски. - Битола
: Национална установа Универзитетска библиотека “Св. Климент
Охридски”, 2022. - 92 стр. : илустр. ; 21 см


ISBN 978-608-4538-93-6


COBISS.MK-ID 57481477




Национална установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола


Младите поети пишуваат за планетата Земја
(Избор на литературни творби)


Книга 1


Битола, 2022






Избор на литературни творби. Книга 1


7


Предговор


Ротари клубот „Битола Широк сокак“ и НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола во чест на прерано починатиот ротари член
Нешат Аземовски, започнаа да го реализираат проектот „Младите
поетски пишуваат за планетата Земја“, по повод 22 април –
Светскиот ден на планетата Земја и 23 април – Светскиот ден на
книгата.


Нешат Аземовски, беше долгогодишен еко-активист и
основач на невладината „Биосфера“, борец за здрава животна
средина, иницијатор на активности за еколошка едукација и
активности од други области, промотор на вредностите на
мултикултуризмот, препознатлива личност со својот активизам
не само во Битола и Македонија, туку и надвор од државата.


Поетската збирка „Младите поетски пишуваат за
планетата Земја“ е наменет за млади автори на поетски творби
од Пелагонискиот регион, за ученици 9 до 18 години.


Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме
младите литературни творци да пишуваат, да го промовираат и
афирмираат своето креативно творештво, за прв пат да се објави
со што ќе им се даде можност да се претстават пред пошироката
јавност. Во поттекст на проектот е заложбата за силна и
директна стимулација на творештвото на младите автори од
нашата земја.


Од уредниците
м-р Фатма Бајрам Аземовска


м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски
м-р Зоран Јанакиевски




8


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


9


Нашиот дом


Природата е наша мајка. Таа е нашиот дом кој изобилува со
раскошна убавина од разнобојни цветови, бујни крошни на дрвјата,
кадифен килим од зелена трева, ведро небо нежни облачиња, бујни
кристално чисти реки и езера, прекрасното сјајно сонце кое сите
не грее. Но дали ние ја чуваме оваа прекрасна убавина? Можеби
нашата планета еден ден ќе се откаже. Можеби таа ќе се одмазди и
ќе ни пушти силни земјотреси и урагани со нејзините силни раце. Но,
иако таа би се откажала од нас, јас не и би се лутела знаејќи колку
многу ја повредивме. Таа ги трпи нашите војни, загадувања, нашите
фабрики и автомобили, со години пуштајќи ни предупредувања. Но
ние никако не се поправаме и се повеќе ја уништуваме. Ако таа би
се откажала, животот на околу осум билиони луѓе, животот на млади
деца кои само сакаат да имаат убаво детство исполнето со многу
среќни мемории би настрадал. А што со луѓето кои сакале мирно да
си го завршат животот со нивните фамилии? Но што со животните?
Што со природата? Што со пеењето на птиците секое сабајле? Што
со животните кои излегуваат од нивните скривалишта во пролетта?
Колку тие би биле разочарани кога ќе излезат и ќе видат дека се
е запустено? Што со ливадите полни со разнобојни цвеќиња кои го
исполнуваат воздухот со мирис на свежост и среќа? Што со ширните
сини мориња исполнети со секакви видови животни и секакви алги
и корали. Што со небото, дали тоа секогаш ќе не штити и секогаш
ќе биде над нас гушкајќи не со неговите сино-бели раце. Што со
златното сонце и месечината со нејзините ѕвезди сестрички? Што со
сите изгубени соништа и патишта? Што со сите патувања и смеа, со
сите недокажани и неиспеани песни и приказни, сите радости и таги.
Се ова „што ако„ би било избришано. Би било избришано само ако
нашата планета ќе се откаже од нас, од нашиот дом. Но не мора да
биде така. Ние можеме да го спасиме нашиот дом така што можеме
да садиме дрвја и цвеќиња кои ќе го исчистат воздухот. Можеме да
рециклираме стари материјали и да ја чистиме околината. Можеме




10


Младите поети пишуваат за планетата Земја


да одиме пеш до некои области доколку ни се поблиску и да не го
загадуваме воздухот, Можеме и нашите ѓубриња да ги фрламе во
канта за отпадоци и да ја чуваме околината. Да го спасиме нашиот
дом!


Леона Аземовска VI одд.
ООУ „Даме Груев“ - Битола


Ментор Ленче Богоевска




Избор на литературни творби. Книга 1


11


За подобар свет


Природата е чудо,
да ја сакаме лудо.
Некој дрвја да сади
а некој да ги вади.


Ветре тивко да вее,
славеј песна да пее.
Чиста река да течи,
весела песна да ечи.


Таква ја сакаме
богата и плодна,
чиста да ја чуваме
ќе ни биде убава и згодна.


Даријан Аземовски
ОУ „Даме Груев“ - Битола


Ментор Гордана Јанкуловска




12


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


13


Чувајмо планету


Не бацајте смеће у природи
Не бацајте петарде,
Не палите ватру у шуми
Добри људи то не раде.
Чувајмо нашу околину
Она нам је драгоцена,
Сем планете Земље
Друге нам нема.


Лука Николић
Основне школе - Хајдук Вељко - Корбово, ИО Ртково; Србија


Ментор Шолкотовић Снежана




14


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


15


Чувај ја природата


Грижи се за природата
таа ни е многу важна,
не фрлај ѓубре насекаде,
многу ќе биде тажна.


Засади дрвја и цвеќе,
ќе направиш добро дело
нахрани ги птиците ,
тоа е нешто смело.


Бојан Нечовски
ООУ „Тодор Ангелевки“ - Битола


Ментор Гордана Георгиевска




16


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


17


Екологија


Нашата планета Земја
сакам да нема загадени води ,
Да не се матни,
да се чисти, сјајни и бистри.


Поубаво е нели
Секаде чистота
Се да сјае
Така е најдобро-се знае!


Дамјан Димитријевски
ООУ „Тодор Ангелевски“ - Битола


Ментор Гордана Георгиевска




18


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


19


Химна на планетата


Има само едно сонце,
а постојат осум планети.
Го знаат тоа добро
Кире, Лну, Мохамед и Кети.
Но во вселената цела
знаат и Саманта и Иво,
само на планетата Земја
течат реки и постои живот.
Полна со планини и плажи,
со растенија и животни ја делиме.
Треба да ги чуваме убавите пејсажи
и од неа нема да се селиме.
Деца сме, но од дома не учат
Не фрлајте отпадоци, бидете чисти.
Да нема војни големите да одлучат,
бидејќи последиците за сите се исти.
Да учиме вредно во нашите школи
да не ги оставаме шумите голи.
Не фрлајте ѓубре, Земјата моли.
Јас сум жива и тоа ме боли!
Зад суперхероите ,фантазијата се крие.
Јас и другарчињата еве ви ветуваме
вистински суперхерои ќе бидеме ние,
од лошите луѓе ние ќе те чуваме.


Марија Нешковска
ООУ „Тодор Ангелевски“ - Битола


Ментор Гордана Георгиевска




20


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


21


Нема резервна планета


Едно утро додека одев на училиште здогледав еден куп ѓубре
расфрлано низ училишниот двор, па бев многу љубопитна и решив
да се распрашам зошто и како се случило ова. Не добив многу добар
одговор, јас бев многу разочарана кога ми кажаа дека имало некоја
забава и тие што ја направиле си заминале. Најпрво решив со моите
другари и другарки кои знам дека се грижат за природата да го
исчистиме.
Следниот ден кога се разбудив се спремив и од возбуда за
акцијата не стигнав да појадувам но сакав да стигнам прва и така и
беше.
Јас од возбуда стигнав прва и ги чекав да стигнат другите.
Кога стигнаа веднаш почнавме со чистење, ни требаа два часа
да исчистиме се. После тоа бевме многу уморени но среќни си
отидовме дома. Јас така седев и размислував за тоа како луѓето
постојано фрлаат ѓубре и ја загадуваат природата. Размислив и за
реките, шумите, езерата, планините како тие горат, како полека
езерата се повлекуваат, како реките се сушат, јас не знам кога луѓето
ќе сфатат дека ние немаме резервна планета.


Ана Каревска
ООУ „Елпида Караманди“ - Битола


Ментор Сузана Петковска




22


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


23


За сите нас


Чичковци вие за сите нас морате
филтри на оџаците да ставите
и тоа веднаш да го сторите!


Чадот сите нас не гуши
и од автомобили и камиони
и што секаде се пуши...


Дрвца зелени повеќе да посадиме
и околината ќе ја разубавиме
и воздух чист ќе добиеме


Немојте се да поплочувате
тревки и цвеќа посадете
Зеленило нека има повеќе!


Ана Печенпетеловска
ООУ „Даме Груев“ - Битола


Ментор Наташа Настевска




24


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


25


Сон за планетата


Секоја вечер сонувам еден ист сон,
затворам очи и ми се појавува истата слика.
Земјата е еден голем хаотичен дом,
испушта звуци и како да вика.


Натежнал густ црн облак
и обрач од загушлив воздух ја стега.
Со последни сили и измачена,
за здив се бори, но нема каде да бега.


Наместо извори бистри солзи рони,
и нечиста вода во реките блика,
а езерата и океаните со ѓубре се полни.
Тажна е оваа слика!


Насекаде ги барам шумите густи
и тоа сино небо исполнето со песната на птиците,
но наоколу се само места пусти,
тогаш нешто ме буди и викам на сиот глас:


Јас не сакам ваква планета!
Сакам воздух свеж и здрав,
небо ширно и плаво,
птици кои слободно пеат,
зелени, бујни шуми со бистри води
во кои опоен мирис се шири од цветови разни.


Во име на планетата и сите деца
ПРЕСТАНЕТЕ ВЕ МОЛАМ!


Ана Полизовска
ООУ „Елпида Караманди“ - Битола


Ментор Сузана Петковска




26


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


27


Немаме резервна планета


Ние сите живееме на една планета, планетата Земја. Земјата
е наш единствен дом, таа е нашата втора мајка која има многу
убавини. Нашата планета е прекрасна , но има неколку недостатоци,
за тие недостатоци сме виновни ние луѓето! Планетата Земја е
единствената планета на која има живот. Ние со нашата некултура,
лошо и неодговорно однесување и правиме штета на планетата
Земја. Ако настане пожар заради човечката неодговорност, каде
ќе одат сите тие животни кои пред тоа го населувале тој простор,
а сега заради нас се принудени да се отселат! Чистиот воздух
има големо значење за здравјето на секој човек. Но, чист воздух
денес има cè помалку, a загаден cè повеќе. Најповеќе се загадува
со индустријата, транспортот, рударството и други активности со
кои човекот ги задоволува своите потреби, и можеби несвесно
загадува. Постојаното загадување е предизвикано со фрлањето на
отпад насекаде. Секаде има најлонски кеси, со постојаното возење
на автомобилите и сите други превозни средства кои работат на
гориво кое содржи штети гасови кои премногу влијаат на Земјината
атмосфера. Затоа предлагам да се возат повеќе велосипеди и други
превозни средства кои не се штетни за околината. ДА НЕ СЕ СЕЧАТ
И УНИШТУВААТ ШУМИТЕ! Исто така и фабриките и оџаците го
загадуваат воздухот, со тоа што испуштаат штетен гас познат како
сулфур диоксид, па потоа од тој гас се создаваат киселите дождови
кои се преопасни и за луѓето и за животните. Имаме многу природни
убавини : реки, планини, езера, океани, мориња кои ни ги подарила
нашата природа, мајка природа, а ние кон неа се однесуваме многу
лошо. Планетата Земја треба да си ја пазиме, за да не дојде оној
ден кога ќе ги изгубиме сите нејзини убавини, бидејќи ние луѓето
немаме друга планета освен Земја на која е откриен живот и услови
за живот, и на која сé ќе биде исто како претходно, како на нашата
мила ПЛАНЕТА ЗЕМЈА!
Моја препорака е: Да престанеме да и предизвикуваме рани




28


Младите поети пишуваат за планетата Земја


на планетата Земја, кои не се лечат, а кога ќе се свестиме дека тоа што
го правевме е лошо, потоа за се ќе биде доцна.


Андреа Динова
ООУ „Елпида Караманди“ - Битола


Ментор Сузана Петковска




Избор на литературни творби. Книга 1


29


Нашата планета Земја


Планетата Земја
треба да биде чиста
затоа што ние немаме
ваква убавина иста.


Дрва што повеќе да се садат.
Сите треба тоа да го знаат.


Морињата и океаните – мирни.
Планините и ливадите – ширни.


Грижете се за неа,
ви велам на цел глас
Планетата е богатство
за сите нас.


Сонцето кога силно грее.
Тогаш секој спокојно
нека се смее.


Нашиот дом
планета Земја се вика.
И таа на најубав начин
нам ни блика.


Андреја Џајковска
ООУ „Тодор Ангелевски“ - Битола


Ментор д-р Миме Тасеска - Китановска




30


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


31


Ветување


Земјо мила, мајко света,
низ многу векови и лета,
за сите човечки родови,
раснеш живоносни плодови.
Во пазуви криеш тајни,
богатства бескрајни...
Дождец ситен лице ти роси,
ветер тивок лад ти носи,
сонце светло срце ти грее,
бистра вода песна ти пее,
стада бели в скут ти пасат,
китки цвеќе коса ти красат.
Љубов голема кон тебе ме влече,
раната твоја во срце ме пече.
Ти подавам искрено детска рака,
ти ветувам дека вечно ќе те сакам.
Зелена, зелена боја,
нека ја краси планетата моја!


Нектарија Илиевска
ООУ „Елпида Караманди“ - Битола


Ментор Сузана Петковска




32


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


33


Драги чекори


Чекорам по патот на тишината,
а тој секогаш ме води кон дното на убавината.
Недогледни и чисти планини
со мирис на полен поминувам
да го најдам тој пат
што до моето село се приближува.
Пеперутки разиграни насекаде...
Сонцето штотуку заоѓа,
па ене го оној камен
кој приказни од селскиот живот раскажува.
Осветлен од сонцето
милно ја грее мојата куќа
полна со вечна љубов
од дните на мојата
детска мудрост.


Ангела Атанасовска
СОУ „Таки Даскало“ - Битола




34


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


35


Заштита на планетата Земја


Навидум, од некаде далеку во вселената,
таа ни наликува на украсна топка.
Топка која низ своите сино-зелени шари,
крие живот, нè крие нас.
Секојдневно, дарежливо ни ги отстапува
своите ливади, планини, ридови.
Низ четирите годишни времиња,
таа вредно нè храни со разни плодови,
од кои ние стануваме силни и здрави.
Таа 365 денови во годината
работи вредно за нас,
затоа заслужува да одвоиме
барем еден од тие денови.
На тој ден, да засадиме дрвце,
да ги наводениме цвеќињата,
да го собериме отпадот од патиштата,
за таа вечно да ни се заблагодарува.


Андреј Стојчевски
ООУ „Елпида Караманди“ - Битола


Ментор Дијана Станковска




36


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


37


Зелена армија


Направи нешто „зелено“ денес.
Освој го светот со твој придонес.
Природата е она што го гледаме,
радувај се колку „зелено“ изгледаме.


Високи ридови и шуми,
лисја, пасишта, долини цели.
Обој зелени цели универзуми,
Викни – Нели сме среќни и зелени!?


Живот дала оваа планета,
волшебно е зелена, многу е света.
Биди „зелен“, совест нека цвета,
гушни ја силно-како гулаб што лета.


Направи нешто „зелено“ денес.
Отвори прозорец, диши во занес.
Виножито посеј, нахрани земја,
гордо биди дел од силна, Зелена армија.


Стојановска Лела
ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Ментор Соња Петровска




38


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


39


Ајде другарчиња


Ајде другарчиња
цвеќе и дрва да садиме
и навечер со вода да ги навадиме.


Водата во реките и езерата
да ни биде секогаш бистра,
а природата секогаш чиста.


Природата да ни биде мила,
зошто на сите ни дава сила.
Расцветани цвеќиња да има,
а дрвата секогаш зелени да бидат.


Изабела Трпчевска
ООУ „Даме Груев“ - Битола


Ментор Наташа Настевска




40


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


41


Планетата Земја


Каде и да одиме,
ќе видиме дека
ѓубре фрлено има,
не сме свесни дека
снег може да нема
оваа зима.


Ако продолжиме вака
и топлото сонце нема да грее,
и во пролет птицата
нема песна да ни пее.


Зошто си ги уништуваме
плажите и убавото море?
Не сме свесни дека вака
го уништуваме здравјето свое.


Треба Земјата да си ја чуваме
на некој начин лесен,
затоа што пак сакаме
да имаме дождлива есен.


Сите за Земјата наша
треба да правиме добро дело,
за и другата година
да имаме лето врело.


Кристина Шарковска
ООУ „Тодор Ангелевски“ - Битола


Ментор д-р Миме Тасеска-Китановска




42


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


43


Битола без електричен и електронски отпад


Ех, другарчиња мои,
Леона ваша, електричен отпад брои.
Електричните апарати ги спакува стари,
Клима-уредите и принтерите за последен пат ги гали.
Тргнува кон отпадот таа да ги носи,
Разочарана се враќа – ах колку во Битола сме боси...
Од надлежните ќе побара формирање на ЕКО-центар,
Низ кој ќе се рециклира штетниот отпад на кантар.
Сите другарчиња мои, да запееме во еден глас,
Компјутерот нов кога ќе стаса,
Изложете го стариот во отпадот според класа.


Од Битола да направиме околина чиста,
Тастатури стари да фрлиме и да купиме роба иста.
Патуваме во иднината наша,
А, вие возрасните, не грижите се за сегашноста ваша.
Другарчиња мои, кренете глас, на Битола ѝ треба ОТПАД ЗА СПАС.


Леона Соклевска
ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола


Ментор д-р Миме Тасеска-Китановска




44


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


45


Сите ние на сиот глас


Сите ние на сиот глас
учениците од мојот клас
за Земјата бараме спас!


Многу ѓубре, многу смет на секаде
да не зборуваме на памет
туку да се грижиме сите!


Свеста кај сите да се подигне,
секое ливче во корпа да биде
И водата да ја штедиме


Да се дише чист воздух
на сите ни треба
да се подигне секој лист мора!


Мила Дрогришка
ООУ „Даме Груев“ - Битола


Ментор Наташа Настевска




46


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


47


Пораки за планетата Земја


Една планета,
еден свет,
а природни убавини
до недоглед.


Планетата Земја
нема вечно да трае
ако свесно ја уништуваме
тоа секој го знае.
Па за да не бидеме тажни
решив да напишам
пораки кратки, но важни.


Внимавајте на планините,
шумите и зелените гори,
внимавајте на дрвото моќно
чувајте го деноноќно.
Растителниот и животинскиот свет
чувајте го како најскапоцен цвет.


Уживајте во езерата,
реките и морињата,
во нивната кристално, чиста вода
и не заборавајте другарчиња
бистрата вода е во мода!


Запомнете
прекрасен ќе биде овој свет,
ако нема отпад, нема смет!
Ако го намалиме градскиот чад
ќе уживаме во градовите
како да сме на планински лад.




48


Младите поети пишуваат за планетата Земја


Да не го загадуваме воздухот,
ни во село, ни во град,
затоа што кислород му треба
и на стар и на млад.


И на крај, ги молам сите
мојата порака да ја следат и слушнат,
планетата Земја штитејќи ја
силно да ја гушнат.


Мила Нечовска
ООУ „Св. Кирил и Методиј“ - Битола


Ментор Александра Упале




Избор на литературни творби. Книга 1


49


Мојата планета


Планетата Земја
многу ми е важна,
но ние луѓето
ја направивме тажна!


Никој не внимава
прави како сака
уништивме животински видови
без совест и мака!


Воздух се загадува
реки исто така,
ни пресушија потоци,
се сечи зеленило од човечка рака!


Земјата не повикува
таа е наша Мајка,
Луѓе бидете екологисти
да живеете во Земја од бајка!


Ева Стојановска
ООУ „Елпида Караманди“ - Битола


Ментор Дијана Станковска




50


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


51


Мојата планета Земја


Планетата Земја
е нашиот дом,
да не ја загадуваме
само да ја чуваме.


Дрвјата и тревата
се нашето богатство,
а планетата Земја
е нашето царство.


Возете велосипеди
а не автомобили,
за воздухот околу нас
чист да ни биди.


Зеленило насекаде
а ѓубре никаде,
ливади и бистри води
тоа сакаме да имаме.


Јована Радевска
ООУ „Даме Груев“ - Битола


Ментор Гордана Јанкуловска




52


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


53


Мојата планета


Мојата убава планета
секоја пролет цвета.
Мама цветни леи прави,
тато зимзелени дрвца сади.


За планетата да ни блиска,
мора да ја одржуваме чиста.
Заедно да и се радуваме,
cо ѓубре да не ја натрупуваме.


Цвеќиња на сите страни да цветаат,
птиците слободно да летаат.
Да ја зачуваме планетата Земја,
оти таа на сите ни е една.


Андреј Стрезовски
ОУ „Крсте Петков Мисирков“, с.Бистрица, Битола


Ментор Гица Бизимоска




54


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


55


Мојот волшебен велосипед


Со мојот волшебен велосипед,
сакам да го поминам целиот свет.
Каде тркалото ќе пипне,
нов цвет да никне.


Со мојот волшебен велосипед,
сакам да го прелетам целиот свет.
Како што авионот небото го сечи,
песната на славејот никој да не ја спречи.


Со мојот волшебен велосипед,
сакам да пловам по целиот свет.
Океаните, морињата, езерата блиски,
секогаш да останат бистри.


Со мојот волшебен велосипед,
Сакам да ги посетам децата од целиот свет.
Целата планета да биде чиста,
како капка роса да блиста.


Анисија Паневска
ООУ „Елпида Караманди“ - Битола


Ментор Јасмина Танчевска




56


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


57


Нашата планета Земја


Онде поток, бистроок,
потаде вода чиста - од сончев зрак блиста.
Подади рака - разлади душа,
наслади се на природата чиста!
Низ ливади, реки и планини,
насекаде треба да биде иста!
Онде ледина зелена
за патник да одмори, душа да збере,
поглед око уморно да избистри,
таа е даровина на природата,
па затоа треба да остане чиста!
Слика-прилика и улиците така
во зеленило ко ќилим послани,
насекаде мајчината земјина рака да допре,
таа сеприсутна треба да биде!
Здрав живот и чиста средина
секој треба да направи и виде!
Тоа е НАШАТА ПЛАНЕТА
или бар таква треба да биде!?
Таа е нашата втора МАЈКА,
потребна ни е знај!
Како на рибите водата,
како на птиците небото ширно,
така на човекот планетата, знај,
треба да биде земниот рај!
Затоа, еколошки да се однесуваме!
За спас на ПЛАНЕТАТА сите да допринесуваме!
Сплотени ко јато птици, ко пчелки рој,
да ставиме СТОП на загадувањето!
Да се сплотиме во пошумувањето!
Автомобилот да го замениме со велосипед,




58


Младите поети пишуваат за планетата Земја


или пак со електричен тротинет!?
Сите знаеме што треба да сториме,
за планетата ЗЕМЈА да се избориме!
Планините, падините и улиците наши
да бидат зелени,
нека бидат чисти,
а природата насекаде во полн сјај да блисти!


Трајче Бансколиев
ООУ „Видое Подгорец“ - Колешино


Ментор Марија Брндевска




Избор на литературни творби. Книга 1


59


Немаме резервна планета


ПЖивееме заедно на оваа наша планета,
на пролет преубаво, зелено, сè цвета.
Колку само се само чисти и сини топлите лета
и зимскиот бел кристален снег на очиве што им смета.


Планетата несебично живот ни дарува,
со нашето здравје мудро царува.
Но, со сериозни проблеми кутрата се справува,
од нашата негрижа тешко заздравува.


Од фабричките оџаци темен, густ чад се шири.
Од под секое камче во реката отпадок вири.
Алармот за загаденост сè погласно свири,
лута и бесна е планетата, кој ли ќе ја смири!


Расфрланиот отпад наоколу треба да се збира,
потоа следно да се селектира,
хартијата и пластиката да се рециклира,
да ги оставиме дрвјата да растат на мира.


Кога сакаш низ зеленилото да поминеш-пази,
погледни наоколу пишува: „Застани, не гази!“
Кој ли единственава планетата ќе ја замени,
ако нашето однесување не се смени.


Планетата безнадежно сигнали за помош ни праќа,
на нашата негрижа со миризлив цвет ни враќа,
нашето здравје и чистата животна средина поврзани како браќа.
Немаме резервна планета, зарем никој не сфаќа!


Павел Наумовски
ООУ „Елпида Караманди“ - Битола


Ментор Сузана Петковска




60


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


61


Падина


Грутка
која човек не раѓа,
падина
на која тој век векува.


Ненаситна била
човекова желба,
дом да има
кој минливост не го совладува.


Но, ти ни остана
само како нем сведок
на сегашност и минато,
о, земјо,
во кое име човеково е вгнездено...


Отсјај во космосот
од источна светлина,
која име ти превознесува.


Планета на многу творби
чии маки породилни
надалеку во тишина се познати.


Те гази нога недостојна,
бури предизвикува
човекова нарав нетрпелива,
но, ти стана на мудрите учителка
чија трпеливост време не ја разниша.




62


Младите поети пишуваат за планетата Земја


Меур ли си од сапуница
во простор од око замаглено,
во вселена која не знае за граница,
во насмевка која постојано се смирува.


Ете ме сега мене
и мојата носталгија,
по падина која ќе биде сè
во мисла временска,
а за тебе плането сина,
уште една душа мечтателна.


Марко Марковски
ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола


Ментор д-р Миме Тасеска-Китановска




Избор на литературни творби. Книга 1


63


Песна за планетата Земја


Нашата мајка родилка,
нашата животна божица,
која ни ја донела светлината на денот
и темнината на ноќта,
песната на птиците,
мирисот на цветовите
и жуборот на водите.


На нејзината неограничена љубов
и бесценета дарежливост,
мораме да возвратиме достоинствено,
љубејќи ги нејзините убавини,
грижејќи се за нејзините богатства
како вечен завет за генерациите,
вклучително и нашата!


Александар Кутлешовски
СОУ Гимназија „Јосип Броз - Тито“ - Битола




64


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


65


Да ја заштитиме планетата Земја


Сите ние сме деца на мајката Земја,
неа ја имаме една,
од неа енергија земаме,
секојдневна сила црпиме,
во нејзини прегратки живееме,
и затоа треба да знаеме
дека многу ни е вредна.


За поубав живот да имаме
таа најразлични единки и видови раѓа.
И наместо љубов, внимание и грижа
да добие од нас како нејзини чеда,
нашатa огромна моќ до која дојдовме
ја употребивме за да земеме сè од неа.


Сега таа-нашата мајка Земја има сè повеќе лузни,
загадена вода, нечист воздух,
опасни сончеви зраци, материи и отрови,
разнишана озонска обвивка.


Затоа оваа творба е повик до сите
во слога да ја заштитиме планетата Земја,
да не ја уништуваме и загадуваме,
туку сите сложно да ја обновуваме.
Ајде сите сложно да отпочнеме
да бидеме најгрижлива и најодговорна генерација,
и сите заедно да ја спасиме мајката Земја и целата наша нација.
Ајде сите да бидеме скромни како убавата природа мила
затоа што таа секојдневно ни дава радост, таа ни дава сила.


Изабела Ѓурчиновски
СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ - Велес


Ментор Магдалена Сарагинова




66


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


67


Планетата Земја


Нашата планета Земја
ја имаме една.
сите треба да знаеме
многу ни е вредна.


Таа има една мака
чадот и пречи,
планетата наша
мора да се лечи.


Зелена и сина да биде
чадот да го нема,
никој веќе повторно
да не го виде.


Михаела Мирчевска
ООУ „Даме Груев“ – Битола


Ментор Гордана Јанкуловска




68


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


69


Планетата Земја чиста да ни биде


Еве уште песна една,
да не потсети се пишува,
бесценет камен е планетата наша,
со мастило трајно тука се запишува.


Уште една порака вредна,
да се слушне насекаде,
веднаш стоп за отпад страшен,
да не биде светот наскоро опустошен.


Зар видел некој поубаво нешто
од природа чиста на Земјината топка,
во сите бои тогаш најсилно сјае
убавината на неа до бескрај трае.


Зар има поубаво
кога рибата во вода бистра плива,
кога коњот на чиста ливада галопира,
кога верверичка во чиста шума
лешници здрави собира.


Да зачува се бори од секој свој сој,
растенија и животни да има безброј,
љубов на сите Земјата им дари,
на генерации идни сака да ги подари.
Патував јас преку граници сегде,
видов многу болка и солза што паѓа
кај планетата Земја,
плодови што раѓа.




70


Младите поети пишуваат за планетата Земја


Повредено срце во себе си носи,
затоа ајде направете сите
да се разбуди свеста кај човечката раса,
да се исчисти Земјата за неколку часа.


Слушнете го сега нејзиниот крик,
не е човекот единствен
што чекори на нејзино тло,
за да го прави постојано ова големо зло.


Има грижи таа еден тон,
на сите е мајка,
направете луѓе за секого чист дом!


Зелена трева и воздух без смог,
чисти океани и реки без смет,
засадете дрвја и стебленца со цвет.


Желба кај неа ова е најголема,
да ја оствариме заедно,
часовите ги одбројува.


Бранкица Стојмировска
ООУ „Никола Карев“ - Пробиштип


Ментор Маријана Ефремова Кралевска




Избор на литературни творби. Книга 1


71


Пчелата живот значи


Бескрајно полезна е пчелата мила,
пчелата живот значи, знаете, нели?
Третина од храната достапна не би била,
доколку ги немаме вредните пчели.


Пчелите се работнички неуморни, вредни,
фабрика која со работа и со живот блика,
ко нив други не се ни едни,
тие се на идеално општество слика.


Опрашувачи на растенијата се тие,
овозможуваат нивно размножување, на природата ред.
Без нив ништо би немале ние,
ни полен, ни прополис, ни млеч, ни мед.


Кога грип или настинка не мачи,
кога телото за одмор моли,
медот или прополисот живот значи,
сила ни дава, лекува што нé боли.


Зошто тогаш драстично се намалува нивниот број,
зошто пестициди безгрижно употребуваме,
за еко-загадувањето виновник е кој?
Со грижа за пчелите, и планетата ја чуваме.


Што би бил без пчели овој свет?
Да си ги преиспитаме внимателно делата.
Нема живот без природа, без цвет.
Живот, значи пчелата.


Ева Дејановска
ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ - Гостивар




72


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


73


Чиста планета


Насекаде отпад, насекаде смет.
Леле деца каков е овој свет?


Ако сега не се разбудиме,
планетата ќе ја изгубиме.


Езера и реки бистри,
секаде да бидат исти.


Дрвца да засадиме,
зеленило да подариме.


Фабрики и чад да намалиме,
мислам добро ќе направиме.


Андреј Секуловски
ООУ „Даме Груев“ - Битола


Ментор Гордана Јанкуловска




74


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


75


Порака до нас


Планетата Мајка
со солзи не моли,
не сечете ги дрвјата
тоа ме боли!


Не загадувајте го воздухот
тој за живот важен ни е,
оџаци и автомобили чадат
слушате ли вие!


И водата штедете ја
таа живот ни дава,
и за утре ќе ни треба
мислете со своја глава!


Лелека, моли, плаче
планетата наша,
во нас е клучот за иднината
ако некој те праша!


Ангела Николовска
ООУ „Елпида Караманди“ - Битола


Ментор Дијана Станковска




76


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


77


Мојата планета


Јас живеам на една планета
богата со дрвја разни
убава е таа цела
како самовила од сказни.
Таа планета
Земја се вика
убавини ни дарува
вода од извори блика.


Ивана Натева
ООУ „Коле Канински“ - Битола


Ментор Лидија Павловска




78


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


79


Мојата планета


Планетата
Лична
А и корисна
На сите живот ни дава.
Екологијата како
Трајна заштита на
Атмосферата
Твоја
А и моја.


Максимилијан Ивчевски
ООУ „Коле Канински“ - Битола


Ментор Лидија Павловска




80


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


81


За мајката природа


Екологист сум мал
се грижам од срце
за мајката Природа
што живот ми дава.
Садам цвеќе и трева,
ѓубре фрлам во канта
возам велосипед во парк
и не пијам фанта.


Иван Магловски
ООУ „Коле Канински“ - Битола


Ментор Лидија Павловска




82


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


83


Животна средина


Зајачето си скока
во ливадата,
пајчето си плива
во барата.
Славејот си пее
на гранката.
Кртот ја ора нивата,
а мечката ја трие дланката.
Сите се радуваат
сите прославуваат.


Димитра Вељанова
ООУ „Коле Канински“ - Битола


Ментор Лидија Павловска




84


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


85


Земја


Земјата
Е моја
Мајка, како
Јаболко
Алово сочно.


З
Е
М
Ј
А


Чувај ја
и потруди се
секогаш живот
да ни даде.


Матеа Цветкоска
ООУ „Коле Канински“ - Битола


Ментор Лидија Павловска




86


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


87


Грижата на планетата Земја


Не фрлај отпадоци!
Не гази по тревата!
Не крши гранки!
Не малтретирај животни!
Цвеќето е украс на Планетата Земја.
Еленот е подарок на шумата.
Пастрмката е бисер во водата.
Ластовичката е слобода на ветерот.
Чувај ја Планетата Земја,
таа е твој дом!


Михаела Бабинкостова
ООУ „Коле Канински“ - Битола


Ментор Лидија Павловска




88


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


89


Екологија


Ја сакам природата
си берам цвеќе
и си правам венче.
Ветерот ме гали
по косите нежно
ми растура прамени
виножито ми всадува.


Христина Кочовска
ООУ „Коле Канински“ - Битола


Ментор Лидија Павловска




90


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Избор на литературни творби. Книга 1


91


Еко шема


Екологијата повеќе никаде ја нема,
а на секого фрлањето ѓубре на улица,
му стана главна шема.
Фрли ваму, фрли таму,
сè се издига како пирамида,
а за тоа никој не се интересира.
Воздухот сиот се претвори во црн чад,
а фабриките за тоа немаат никаков срам.
Езерата ја изгубија својата убавина,
сега се претворија во вулканска лавина.
Затоа, извади ги очилата што ги носиш
и погледни како со негрижа Земјата ја косиш.
Биди првиот кој вистински се грижи за нашата планета,
за животот да ни биде поубав
и сè да ни цвета.


Ѓеоргина Христовска
ООУ „Даме Груев“ – Битола


Ментор Билјана Герас




92


Младите поети пишуваат за планетата Земја




Содржина


Предговор ..................................................................................................................... 7
Нашиот дом - Леона Аземовска ........................................................................... 9
За подобар свет - Даријан Аземовски .............................................................. 11
Чувајмо планету - Лука Николић ......................................................................... 13
Чувај ја природата - Бојан Нечовски ................................................................ 15
Екологија - Дамјан Димитријевски ..................................................................... 17
Химна на планетата - Марија Нешковска ........................................................ 19
Нема резервна планета - Ана Каревска ........................................................... 21
За сите нас - Ана Печенпетеловска .................................................................... 23
Сон за планетата - Ана Полизовска .................................................................... 25
Немаме резервна планета - Андреа Динова.................................................. 27
Нашата планета Земја - Андреја Џајковска ..................................................... 29
Ветување - Нектарија Илиевска ........................................................................... 31
Драги чекори - Ангела Атанасовска .................................................................. 33
Заштита на планетата Земја - Андреј Стојчевски ......................................... 35
Зелена армија - Стојановска Лела ....................................................................... 37
Ајде другарчиња - Изабела Трпчевска ............................................................. 39
Планетата Земја - Кристина Шарковска ........................................................... 41
Битола без електричен и електронски отпад - Леона Соклевска ........ 43
Сите ние на сиот глас - Мила Дрогришка ........................................................ 45
Пораки за планетата Земја - Мила Нечовска ................................................. 47
Мојата планета - Ева Стојановска ........................................................................ 49
Мојата планета Земја - Јована Радевска .......................................................... 51
Мојата планета - Андреј Стрезовски ................................................................. 53
Мојот волшебен велосипед - Анисија Паневска ......................................... 55
Нашата планета Земја - Трајче Бансколиев ................................................... 57
Немаме резервна планета - Павел Наумовски ............................................. 59
Падина - Марко Марковски ................................................................................... 61
Песна за планетата Земја - Александар Кутлешовски ............................... 63
Да ја заштитиме планетата Земја - Изабела Ѓурчиновски ........................ 65
Планетата Земја - Михаела Мирчевска ............................................................ 67




Планетата Земја чиста да ни биде - Бранкица Стојмировска ................ 69
Пчелата живот значи - Ева Дејановска ............................................................. 71
Чиста планета - Андреј Секуловски ................................................................... 73
Порака до нас - Ангела Николовска .................................................................. 75
Мојата планета - Ивана Натева ............................................................................. 77
Мојата планета - Максимилијан Ивчевски ...................................................... 79
За мајката природа - Иван Магловски .............................................................. 81
Животна средина - Димитра Вељанова ........................................................... 83
Земја - Матеа Цветкоска .......................................................................................... 85
Грижата на планетата Земја - Михаела Бабинкостова ............................... 87
Екологија - Христина Кочовска ............................................................................ 89
Еко шема - Ѓеоргина Христовска ......................................................................... 91




Издава
Национална установа


Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Битола


Младите поети пишуваат за планетата Земја
(Избор на литературни творби)


Книга 1


Компјутерска и техничка подготовка
м-р Фатма Бајрам Аземовска


м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски
м-р Зоран Јанакиевски


Печати
Графопром - Битола


Тираж 200


Проектот е реализиран со
финансиска поддршка од


Ротари клуб „Битола Широк сокак“ и
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола