
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
1
Факсимили од роднокрајни писатели – членови на
Друштвото на писателите на Македонија
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
2
Издава:
Национална установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола
ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39, Битола
За издавачот:
м-р Емилија Стефановска Давкова, директор
ФАКСИМИЛИ ОД РОДНОКРАЈНИ ПИСАТЕЛИ – ЧЛЕНОВИ НА
ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Приредувачи:
Весна Мундишевска-Велјановска
м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски
м-р Фатма Бајрам Аземовска
Издавачки совет:
Марија Марковска
Маријан Колевски
Вера Марковска
Лектор:
Јана Михајловска
Уредници:
м-р Фатма Бајрам Аземовска
м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски
Весна Мундишевска-Велјановска
Компјутерска обработка и дизајн на корица:
Весна Мундишевска-Велјановска
Печати:
„Графо Пром“ – Битола
ул. „Димитар Влахов“ бр. 3, Битола
Тираж:
100 примероци
Copyright © НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, 2025
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
3
Национална установа – Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
Факсимили од роднокрајни писатели –
членови на Друштвото на писателите на
Македонија
Битола, 2025 г.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
4
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
5
Предговор
Весна Мундишевска-Велјановска
УНИКАТНИ ФАКСИМИЛИ КАКО СВЕДОШТВО НА
ЗНАЧАЈНОТО ТВОРЕШТВО НА ДВАЕСЕТИНА
РОДНОКРАЈНИ ПИСАТЕЛИ
Книгата „Факсимили од роднокрајни писатели – членови на
Друшгвото на писателите на Македонија“ содржи биографски податоци
и факсимили – уникатни примероци од рачно изработена хартија, на кои
дваесет и пет македонски писатели оставија вредни записи од нивни
поетски творби, извадоци од прозни дела, мисли и пораки. Застапените
писатели се истакнати автори, членови на Друштвото на писателите на
Македонија (ДПМ), кои потекнуваат од Битола и Битолската околина.
Некои од нив дел од своето образование го оформиле во Битола, а
поголемиот број од застапените автори и денес живеат и создаваат во
Битола. Оваа книга е наш заеднички придонес кон одбележувањето на
јубилејот – 80 години од основањето на НУУБ „Св. Климент Охридски“
– Битола, наш влог во збогатувањето на ризницата на роднокрајното
одделение на Библиотеката. Всушност, тоа е уште еден наш заеднички
исчекор по патеките на безвременоста на зборот, патеки кои нѐ
обединуваат со мислозборот, кои се збороздивот на постојбата, кои се
темелите на животворноста на јазикот наш македонски.
Примероците од факсимили коишто се застапени во овој
зборник се создадени во периодот од 2022 до 2024 година, кога јас и
колешката Валентина Ристеска, наставници по графички стручни
предмети во СОУ „Таки Даскало“ – Битола, реализиравме проект
насловен „Факсимили од роднокрајни писатели“. Во овој период,
заедно со учениците од графичката струка, од прва, втора и трета година
графички техничари и графички уредници-дизајнери, континуирано
рециклиравме хартија и рачно изработивме оригинални листови хартија
со големина А4 формат, а кои потоа своерачно ги потпишаа застапените
роднокрајни писатели.
Во графичката струка при СОУ „Таки Даскало“ секоја година,
како дел од наставата по предметот Графички материјали, на часовите
редовно се рециклира хартија. Во графичкиот кабинет се создаваат
услови за добивање на уникатни парчиња хартија при што самите
ученици ја усовршуваат постапката на рециклирање, а воедно ја
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
6
подигаат еколошката свест. Со самиот процес на рециклирање, кај
учениците се подигнува свеста за значењето на ваквите активности во
насока на зачувување на животната средина и се става акцент за
вредноста на рачно изработените производи.
Со подготвените факсимили најпрво, во јуни 2024 година, во
Изложбениот салон на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола беше
поставена изложба на овие вредни примероци од своерачно напишани
творби од 24 реномирани роднокрајни писатели, кои потоа беа подарени
на роднокрајното одделение со надеж за проширување на оваа збирка и
нејзино збогатување со факсимили и од други роднокрајни писатели.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, во роднокрајното
одделение на библиотеката, скоро дваесет години ги организира
Роднокрајните средби на битолските писатели од Македонија, кои, исто
како и овие факсимили, имаат за цел да ги претстават роднокрајните
автори пред читателската публика, да оддадат почит на нивното
творештво, да ги одбележат нивните достигнувања, да го истакнат
нивниот придонес за македонската литература и да придонесат за
овековечување на нивното авторство.
Во книгата „Факсимили од роднокрајни писатели – членови на
Друшгвото на писателите на Македонија“ застапени се факсимили од
25 истакнати македонски писатели (подредени по азбучен редослед):
Даниела Андоновска-Трајковска, Елизабета Баковска, Димитар Башевски,
Славица Гаџова Свидерска, Милица Димитријовска Радевска, Петре
Димовски, Златко Жоглев, Никола Илијовски, Владо Јаневски, Елизабета
Јончиќ, Љубе Митрејчевски, Весна Мундишевска-Велјановска, Кире
Неделковски, Сашо Огненовски, Божин Павловски, Зоран Пејковски,
Христо Петрески, Јордан Плевнеш, Михајло Свидерски, Раде Силјан,
Веле Смилевски, Гордана Стојаноска, Мирјана Стојановска, Биљана Т.
Димко и Добре Тодоровски.
На факсимилот од писателот Јордан Плевнеш, кој учел во
гимназијата „Браќа Миладиновци“ во Битола, после чие здружување со
Училиштето за занимања на ученици во стопанството „Кочо Рацин“ –
Битола во 1984 година е формирано Средното општинско училиште
„Таки Даскало“ чиј 40-годишен јубилеј беше повод за подготовката на
Изложбата на факсимилите од роднокрајни писатели, стои записот:
„Јохан Волфганг Гете пишува дека ,целата светска литература минува
по една единствена улица која ги поврзува сите меридијани‘. Во мојата
гимназиска младост во ,Браќа Миладиновци‘ во Битола открив дека таа
улица минува низ овој митски македонски град и затоа на сите јазици
каде беа играни и објавувани моите дела ја носев Битола како вечност
во моето срце“.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
7
Меѓу наведените роднокрајни писатели има и други кои учеле
во овие училишта, или, пак, денес работат во СОУ „Таки Даскало“ –
Битола, а всушност сите соработувале со НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола во разни настани, проекти и работилници, така што
нивното учество во овој проект уште повеќе придонесе, овој пат за
одбележување на јубилејот на Библиотеката, особено што тоа се
поклопува и со јубилејот 80 години од донесувањето на македонската
азбука и правопис.
Веруваме дека со подарувањето на овие вредни факсимили во
роднокрајното одделение на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола,
и со нивното здокументирање и во форма на книга, ќе се збогати фондот
на ракописи од роднокрајни автори, ќе се придонесе за афирмација на
творечките дострели на писателите и за зачувување на овие своерачни
писанија како трајни вредности. Факсимилите од битолските роднокрајни
писатели – членови на Друштвото на писателите на Македонија ќе
бидат незаборавен белег на времето во кое овие автори живееле и
создавале.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
8
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
9
Даниела Андоновска-Трајковска
Даниела Андоновска-Трајковска (родена 1979 г. во Битола) е
наградувана поетеса, писателка, доктор на науки по педагогија од
областа на методиките, книжевна критичарка, главен уредник на
Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и
издаваштво „Современи дијалози“, била главен уредник на „Раст“, па во
редакција на „Стожер“, а сега е во редакција на „Книжевни елементи“,
коосновач е на Центарот за литература, уметност, култура, ораторство
и јазик при Педагошкиот факултет – Битола каде што работи како
универзитетска професорка, член е на Друштвото на писатели на
Македонија, претседател на Македонското научно друштво – Битола.
Автор е на 18 книги на македонски јазик (поезија, проза, книжевна
критика, научна литература) и 8 книги објавени на англиски, арапски,
италијански, романски и полски јазик во САД, Индија, Романија,
Италија, Полска и Обединети Арапски Емирати. Се занимава и со
книжевен превод, а поезија ѝ е преведена на 40 јазици и објавувана
ширум светот. Добитник е на неколку книжевни награди меѓу кои и:
„Крсте Чачански“ за проза (2019), Караманов 2019 за „Електронска
крв“, Македонска книжевна авангарда за „Куќа на контрасти“ (2020),
Abduvali Qutbiddin (Узбекистан, 2020), Premio Mondiale "Tulliola-
Renato Filippelli" за “Electronic Blood” (Италија, 2021), “Città Del Galateo
– Antonio De Ferrariis” (Италија, 2021 и 2023), Книжевен круг за критика
за „Книжевно-критички читања“ (2022), „Дритеро Агиоли“ за поезија
(Корча, 2023), „Михаи Еминеску“ за поезија, златен медал и прогласена
за амбасадор на културата во Романија во 2023, „Наџи Нааман“ (2023)
во Либан, „Сахито“ (2023) Бангладеш, и највисокото признание за
поезија што го доделува Друштвото на писателите на Македонија „Ацо
Шопов“ за „Математичка поезија“ (2020).
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
10
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
11
Елизабета Баковска
Елизабета Баковска (родена 1969 г. во Битола) преведува,
пишува поезија, проза и книжевна теорија и критика. Дипломирала и
магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на
Катедрата за англиски јазик и книжевност. Докторирала на тема од
областа родови студии на Институтот Евро-Балкан.
Објавила 14 книги, а на македонски јазик ги превела Надин
Гордимер, Вилијам Фокнер, Бора Ќосиќ, Давид Албахари. Нејзина
поезија, проза и критички текстови се преведени и објавени на англиски,
шпански, романски, бугарски, словенечки, српски, црногорски јазик.
Нејзината поезија, белетристика и книжевна критика се
објавени на англиски, шпански, романски, бугарски, унгарски, грчки,
словенечки, српски, босански и црногорски јазик.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
12
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
13
Димитар Башевски
Димитар Башевски (роден 1943 г. во Ѓавато, Битолско), романсиер,
раскажувач, поет, преведувач, издавач. Завршил Филозофски факултет на
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Повеќе години работел
како новинар, постојан дописник од Атина и уредник, а потоа како издавач.
Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“ и потоа
главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Од 2000 до 2006 година
беше претседател, а потоа почесен претседател на Македонскиот ПЕН центар.
Башевски е автор на следните дела: Туѓинец, роман, 1969;
Враќање, роман, 1974; Нема смрт додека ѕвони, роман, 1980; Една година
од животот на Иван Плевнеш, роман, 1985; Куќата на животот, поезија,
1987; Сарајановскиот каранфил, роман, 1990; Дневникот на Ања, роман
за деца, 1994; Привремен престој, поезија, 1995; Братот, роман, 2007;
Совладано време, поезија, 1998; Бунар, роман, 2001; Аголен камен, поезија,
2005; Братот, роман, 2007; Во дланката своја си гледам, поезија, 2010;
Прозорци, роман, 2010; Белег, сон, избор поезија, 2010; Прозорци, роман,
нова верзија, 2013; Мајсторот, раскази, 2013; Скршнувања, поезија, 2016;
Круг, роман, 2017; Писма од карантин, есеи, 2021; Дни, години, поезија, 2023.
Издавачката куќа „Слово“ од Скопје, ги објави неговите Избрани
дела во шест тома. Негови книги се преведувани и објавувани на англиски,
чешки, грчки, романски, српски, турски, бугарски, црногорски и албански
јазик. Застапуван во поголем број антологии на македонската литературa
во земјата и во странство и во македонските енциклопедии.
За своите книги, тој ги има добиено наградите „11 Октомври“,
„Рациново признание“, „13 Ноември“, „Ванчо Николески“, наградата Роман
на годината („Утрински весник“) за романот „Бунар“, државната награда
за долгогодишни остварувања „Св. Климент Охридски“ и поетскатa награда
„Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за книгата „Дни,
години“. Романот „Бунар“ во 2002 година беше номиниран за меѓународната
награда „Балканика”, додека книгата раскази „Мајсторот“ беше во
најтесниот избор за меѓународната „Његошева награда“ за 2015 година.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
14
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
15
Славица Гаџова Свидерска
Славица Гаџова Свидерска (родена 1984 г. во Битола) е
поет, преведувач, теоретичар на книжевноста, антологичар, доктор на
филолошки науки. Авторка е на поетските книги „Бесконечност“
(2001), „Писма“(2012), „Политики на љубовта“ (2015), „Тела“(2016)
„Политики на стравот“ (2021) и „Golgotha feminarum“ (2023), научните
монографии „Книжевноста и дискурсите на моќта“ (2013), „Книжевноста
и политичкото насилство“ (2018), како и на книжевно-филозофските
есеи „За смислата и за апсурдот“ (2017). Добитничка е на наградите
„Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата (2012), „Караманов“
(2017), „Македонска книжевна авангарда“ (2021), „Антево слово“ (2023)
и „Антев златник“ (2022) во Македонија, како и престижната поетска
награда „Лирата на Орфеј“ во Пловдив, Бугарија.
Учествувала на бројни поетски фестивали во земјата и во
светот. Нејзината поезија е преведувана на англиски, кинески, бугарски,
српски, хрватски, босански, чешки, словачки, турски и албански јазик.
Основач и уредник е на издавачката куќа „Восток“ од Битола.
Од 2023 година работи како лектор по македонски јазик,
литература и култура на МСМЛЈК при УКИМ на Факултетот за
странски јазици при Универзитетот во Тирана.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
16
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
17
Милица Димитријовска-Радевска
Милица Димитријовска-Радевска (родена 1967 г. во Вирово,
Демир Хисар) е поет, критичар, лингвист. Член е на Друштвото на
писатели на Македонија, на Македонското научно друштво од Битола и
на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“.
Димитријовска-Радевска има објавено голем број на творби и
критички осврти во литературни списанија, билтени, алманаси, како
во „Современост“, „Современи дијалози“, „Раст“, „Стремеж“, „Синтези“,
„Акт“, „Книжевни елементи“, „Зенит“, „Прилози“, „Ријеч“ (Брчко, Босна
и Херцеговина), ревијата ,,Бранување“, „Хелис“ (Романија) и др.
Автор е на стихозбирките „Обидници“ („Книжевна младина на
Македонија“, Скопје, 1988), „Лечебница“ („Развиток“, Битола, 2000),
„Поетски дијалог“ во коавторство со Весна Мундишевска-Велјановска
(„Матица македонска“, Скопје, 2010), „Воздишки на ветрот“ („Матица“,
Скопје, 2013), „Лузни на зборот“ (Друштво на писатели „Битолски
книжевен круг“, Битола, 2016), „Сам во пределите на сонот“ („Матица“,
Скопје, 2019), „Две Д“ (Друштво на писатели „Битолски книжевен
круг“, Битола, 2022), како и на наставното помагало ,,Јазикот и
графиката“, во коавторство со Весна Мундишевска (2003).
Учествувала на повеќе книжевни манифестации и научни
средби од областа на литературата и воспитно-педагошката дејност.
Нејзината поезија е преведена на српски, англиски и романски јазик.
Свои критички огледи, записи, рецензии напишала за повеќе современи
македонски автори.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
18
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
19
Петре Димовски
Петре Димовски (роден 1946 г. во Брод, Битолско) извесно време
работел во Австралија. По дипломирањето на Филолошкиот факултет во
Скопје работел како новинар и професор во Битола. Раководел со БКК и
манифестацијата „Битолски книжевни паметења“, бил главен уредник на
„Раст“, „Осигуреник“ и „Стожер“, уредник во „Патеки“, „Развиток“ и
„Современи дијалози“. Бил во органите и телата при ДПМ, МНД, БКК и
Пелагонските културно-научни средби. Издал 20 романи, 17 збирки раскази
и книги од други жанрови. Негови дела се преведени на англиски и
бугарски јазик, посебни раскази на англиски, албански, бугарски, босански,
германски, руски, романски, српски, турски, украински и хрватски јазик.
Објавуван е во списанија во земјава и странство, застапуван во избори и
антологии. За книжевното дело добил над 50 награди: „Стале Попов“, „Ванчо
Николески“, „Живко Чинго“, „Прозни мајстори“, „4 Ноември“, „Вермилион“,
БИД „Мисирков“, „Крсте Чачански“, „Кристална коцка“, наградата на
Украина за 2019 година „Причал на поштовій“, „Роднокраен автор“, 14
награди за расказ на „Нова Македонија“, 5 награди на „Студентски збор“,
6 награди на Фестивалот на монодрамата, 7 признанија за најуспешен
битолчанец и др. За неговото творештво пишувале: Владимир Костов, Веле
Смилевски, Благоја Иванов, Златко Жоглев, Данило Коцевски, Александар
Прокопиев, Вања Ангелова, Вилијам Фирт, Ефтим Клетников, Ристо Лазаров,
Тодор Чаловски, Атанас Вангелов, Науме Радичевски, Љубе Цветановски,
Благоја Брајановски, Љубинка Донева, Јованка Денкова, Доне Пановски, Цане
Здравковски, Атанас Тасевски, Ричард Иванишевиќ, Панде Манојлов, Тоде
Илиевски, Борис Начовски, Тришо Стојановски, Елизабета Јончиќ, Богоја
Таневски, Николче Велјановски, Никола Кочовски, Радован Цветковски,
Димитар Богдановски, Весна Мундишевска-Велјановска, Билјана Талевска
Димко, Елена Георгиева Костадиновиќ, Миме Тасеска Китановска.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
20
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
21
Златко Жоглев
Златко Жоглев (роден 1959 г. во Битола) е доктор по
социолошки науки. Во два мандатни периоди (2007-2011 и 2011-2015
год.) бил ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Досега му се објавени 4 универзитетски учебници, 3 учебни помагала
(скрипти) и 7 книги. Како автор и/или коавтор има свои текстови во 7
монографии на македонски, 2 на англиски и 2 на германски јазик. Од
1983 до 2020 година, тој објавил повеќе од 200 научни, стручни и
научно-популарни трудови во домашни и меѓународни списанија.
Објавил повеќе од 100 статии (есеи и кратки текстови) во
локални, регионални и национални списанија и весници. Тој е и
литературен критичар и има напишано повеќе од сто рецензии, осврти
и критики на книги од познати автори. Преведува поезија и проза од
српски, бугарски, руски, англиски и француски јазик.
Проф. д-р Златко Жоглев е член на Здружението на социолози
на Македонија, Македонското научно друштво (МНД) – Битола, Српската
академија за образование (САО) – Белград, Друштвото на писатели на
Македонија (ДПМ) и Битолскиот книжевен круг (БКК).
Во коавторство со Гордана Стојаноска и Даниела Андоновска-
Трајковска, во 2014 година објавена им е поетската книга „Збор за
зборот“ („Матица Македонска“). Во 2018 година во издание на „Матица
македонска“ му е објавена книгата „Сенката на добриот човек: кратки
поучни приказни“ (2021 г., второ издание). Преку Центарот за литература,
уметност, култура, ораторство и јазик при Педагошкиот факултет –
Битола, во 2019 година му се објавени три песнарки – боенки за деца, а
во 2022 година му е објавена книгата со поезија за деца „Портокаловото
човече“.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
22
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
23
Никола Илијовски
Никола Илијовски (роден 1991 г. во Битола) е автор на 5
поетски книги и една книга раскази. Работи како адвокат во Битола од
2017 година. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ)
од 2013 година. Претседател е на Здружението за книжевен развој „НОВ
ВАВИЛОН“ – Битола. Добитник е на неколку книжевни награди за
поезија и проза.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
24
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
25
Владо Јаневски
Владо Јаневски (роден во Прострање, Кичевско) детството го
поминал во Битола, каде завршил основно и средно образование.
Високо образование стекнал на УКИМ во Скопје. Член е на Друштвото
на писателите на Македонија. Живее во Сиднеј, Австралија. Автор е на
романите за возрасни: „Кој го уби Едгар Алан По“ („Или-или“, Скопје),
„Смртта не е крај“ („Арс Ламина“, Скопје), „Мртвите знаат најдобро“
(„Арс Ламина“, Скопје, награда Пегаз за најдобар роман во 2020 г.),
„Чудо зад аголот“ („Магор“, Скопје), „Под друга капа“ („Магор“,
Скопје), „Made in Jabana“ („Слово“, Скопје); поетската збирка: „На
грбот на неповратот“ (Агенција за иселеништво, Скопје); збирката
наградувани раскази: „Нема враќање“ („Студентски Збор“, Скопје),
филмското сценарио „Под друга капа“ (награда за најдобро сценарио за
долгометражен игран филм на Меѓународниот фестивал на филмски
сценарија „Скрипт фест“ во 2021 г.). Автор е на книгите за деца:
„Палавковците Влатко и Емче“ („Стрип-Квадрат“, Скопје), „Луѓето и
змејовите“ („Арс Ламина“, Скопје, наградена бајка). Автор е и на
редовниот стрип „Палавковците Влатко и Емче“ во „Колибри“, во
весникот „Нова Македонија“. Се појавува и како ко-автор во книгите за
деца: „Нови бајки од Македонија“ („Арс Ламина“, Скопје), „Детелинки
Белинки“ („Арс Ламина“, Скопје) и други. Со проза и поезија е застапен
во повеќе антологии и списанија за култура. Се занимава и со
сликарство, учествувал на ликовни колонии во Македонија. Неговите
слики се дел од приватни колекции во повеќе земји во светот. Добитник
е и на наградата „Македонски корени“ за постигнувања во
литературното и ликовното творештво, доделена на Меѓународниот
фестивал „Книжевен круг“ 2024 г.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
26
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
27
Елизабета Јончиќ
Елизабета Јончиќ (родена 1976 г. во Прилеп) дипломира на
Педагошкиот факултет, насока Македонски јазик и книжевност, а во
2024 г. се стекнува со звање магистер на наставата по македонски јазик
и книжевност.
Од 1996 година Елизабета Јончиќ е активно вклучена во
граѓанскиот сектор прво како дел од Младинскиот културен центар –
Битола, а потоа како основач и претседател на Културно-иновативниот
клуб – Новаци. Член е на Друштвото на писатели „Битолски книжевен
круг“, а од 2018 до 2022 година и негов претседател. Член е на
Друштвото на писателите на Македонија и Македонското научно
друштво – Битола. Била уредник во редакцијата на списанието за
книжевност, литература и култура „РАСТ“ и Списанието за култура
„Современи дијалози“.
Пишува поeзија, проза, книжевна критика и драмски пиеси за
деца и возрасни. Има објавено повеќе стручни трудови од областа на
книжевната критика. Автор е на 5 книги поезија и 2 книги со книжевни
критики, како и на 5 пиеси за деца и возрасни кои се драматизирани
и поставени на сцена Автор е на првиот креативен фестивал на
творештвото за деца во руралното опкружување „Мост меѓу две срца“.
Свои литературни творби и критички осврти објавува во повеќе
списанија. Учествува на повеќе манифестации и културно-научни
средби. Била член на организацискиот и програмскиот одбор на
манифестацијата „Битолски книжевни паметења“ (2019 и 2020 г.). Исто
така, активно учествува во поттикнување на развојот на креативноста
на децата преку литературата, спортот и уметноста. Била координатор
на повеќе летни кампови за деца и иницијатор и координатор на голем
број проекти.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
28
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
29
Љубе Б. Митрејчевски
Љубе Б. Митрејчевски (роден 1960 г. во с. Слоештица,
Демирхисарско) е поет, писател за деца, фолклорист, раскажувач и
романсиер. Основно образование завршил во Слоештица и во Жван, а
средно гимназиско образование завршил во Демир Хисар. Дипломирал
на Економскиот факултет во Прилеп.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2017
година.
Објавени дела:
Народни раскажувања: „Секојдневни надмудрувања“, прв дел
(2012), „Секојдневни надмудрувања“, втор дел (2013) и „Нати-
дајми“ (2015).
Балади: „Патот на болката“ (2013)
Раскази: „Облазана судбина“ (2016)
Книги за деца: „Крај барата“ (2018) и „Жива азбука“ (2019)
Романи: „Белегзија“ (2020) и „На поклади“ (2022).
Живее и работи во Битола.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
30
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
31
Весна Мундишевска-Велјановска
Весна Мундишевска-Велјановска (родена 1973 г. во Битола)
е член на Друштвото на писателите на Македонија, Македонското
научно друштво – Битола и Друштвото на писатели „Битолски
книжевен круг“. Автор е на 13 книги поезија, 2 книги со критичко-
есеистички текстови, (ко)автор е на 2 книги поезија за деца и млади и
(ко)автор на 9 стручни книги за наставници. Нејзината поезија е
препеана на повеќе јазици. Застапувана е во антологии во земјата и во
странство. Добитник е на повеќе награди: награда за необјавена
дебитантска книга поезија („Во сонот сон“, Скопје, 1994), наградата
„Караманов“ за необјавена книга поезија („Вибрации на духот“,
Радовиш, 2007), наградата на ДПМ за најдобра песна на манифестацијата
„Празник на липите“ (2016), прва награда на меѓународниот славјански
конкурс (Русија, 2017), наградата на МНД за воспитно-образовен
придонес (Битола, 2018), наградата „Бранувања“ за најдобра песна на
меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби“ (Струга,
2019), наградата „Книжевен круг за книжевна критика“ („Профили“,
Битола, 2020), меѓународната награда „Naji Naaman“ за креативност
(Либан, 2023), наградата „Роднокраен автор за 2023 г. – поезија“
(Битола, 2024) и др.
Член е на Управниот одбор на Македонското научно друштво
– Битола. Главен уредник е на списанието за култура „Современи
дијалози“, а била уредник на списанието за книжевност, уметност и
култура „Раст“, секретар на Битолскиот книжевен круг, член на
Уредувачкиот совет на МНД, како и претседател на Друштвото за
литература и култура „Развиток“ – Битола и на Книжевна младина на
Македонија – ОК Битола. Амбасадор на мирот е во Cercle Universel Des
Ambassadeurs De La Paix – Suisse/ France од 2016 г.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
32
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
33
Кире Неделковски
Кире Неделковски (роден 1954 г. во Битола) е македонски
поет. Завршил Педагошка академија во Битола, група Македонски јазик.
Пишува поезија. Бил уредник во списанијата: „Развиток“, „Стожер“ и
„Раст“. Член е на Друштвото на писателите (ДПМ) од 1989 година. Бил
секретар за меѓународна соработка во ДПМ. Учесник е на бројни
книжевни колонии, работилници и други книжевни манифестации.
Неговото творештво е застапено во бројни книжевни списанија и избори
на песни.
Автор е на стихозбирките: „Потреси“, „Прав“, „Слоеви“, „Душа“,
„Некои нешта“, „Безмерно“, „Излегување од времето“, „Чуда“ (на
македонски и аромански јазик), „Откопано вино“ (на македонски и
француски јазик), „Судбини и соништа“, „Чест“, „Потреби“, „Дигитална
димензија на душата“ (компакт диск), „Задоволства од зборови“,
„Моите мостови“, „Возбудата е вода“, „Залив за задоволства“, „Свој
свет“, „Живеалиште“ (на македонски и француски јазик), „Сарај од
наслади“, „Метафизички мерки“, „Долините на душата“, „Споделувања“
и „Манастир од мисли“.
Преведуван е на повеќе странски јазици, меѓу кои на: англиски,
француски, аромански, романски, турски, српски и словенечки јазик.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
34
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
35
Сашо Огненовски
Сашо Огненовски (роден 1964 г. во Битола) е македонски
писател, преведувач, театарски критичар и комуниколог. Автор е на
шест книги поезија, две книги со драми за деца, две драми за возрасни
и два романи. Автор е и на бројни трудови од областа на комуникологијата,
семиотиката, мултикултурализмот и театарот, отпечатени во различни
списанија и презентирани на конференции низ светот. Неговата
последна драма „Тврдина“ е објавена на англиски јазик во издавачката
куќа „Лулу“ од Северна Каролина, САД.
Огненовски е основач и главен уредник на книжевното
списание „Книжевни елементи“ (издавач: „Перун Артис“ – Битола) и на
електронското списание „Елементи“. Пишува и театарски и литературни
критики, есеи и колумни за македонски, српски списанија и интернет-
портали како и за Plays International & Europe. Се занимава и со
книжевен превод. Превел дваесетина книги од српски, хрватски,
бугарски и англиски јазик.
Учествувал на значајни театарски и книжевни манифестации во
земјата и во странство, а бил член и на жири-комисии за престижни
национални награди. Преведуван е на албански, англиски, индиски,
словенечки, српски, хрватски, бугарски, украински, унгарски и на
арапски јазик. Застапен е во списанија и антологии. Добитник е на
награди, меѓу кои на наградата „Ива Богдани“ од Косово, годишната
награда од Здружението на преведувачи на Црна Гора и наградата
„Книжевно перо“ од Хрватското книжевно друштво од Риека, Хрватска.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
36
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
37
Божин Павловски
Божин Павловски (роден 1942 г. во с. Жван, Демирхисарско)
е македонски писател кој живее и создава во Скопје и во Мелбурн,
Австралија. Во родното место го завршил основното училиште, а
средно образование завршил во Битола. Дипломирал на Филозофскиот
факултет во Скопје и извесно време работел како новинар. Основач е на
издавачката куќа „Мисла“ во Скопје и бил долгогодишен главен
уредник на истата. Исто така, основач е на издавачката куќа „АЕА“,
основана во 1992 година во Мелбурн, Австралија. Исто така, Божин
Павловски бил главен уредник и на книгоиздателството „Матица
македонска. Книгата „Роман за моето заминување“ ја освои наградата
за најпродавана книга на Меѓународниот саем на книгата во Скопје
(2002 г.), а „Патувањето со Љубената“ ја доби Интербалканската
награда за книжевност во Солун (2002 г.).
Делата на Божин Павловски се преведени на дваесетина јазици,
меѓу кои: англиски, француски, руски, српски, италијански, романски,
албански, словенечки и други јазици. Добитник е на бројни награди
меѓу кои: „Рациново признание“, „11 Октомври“, „Стале Попов“,
„Гоцева повелба“, „Кочо Рацин“, „Младост“, „Арка“ и др. Член е на
Друштвото на писателите на Македонија од 1964 година.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
38
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
39
Зоран Пејковски
Зоран Пејковски е македонски драмски писател, драматург,
поет, сценарист, прозаист, публицист, новинар, театролог и единствен
натуралист во македонската литература. Тој е доктор по културолошки
студии на Институтот за македонска литература при Универзитетот
„Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и доцент од областа Драматургија на
Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет
„Европа Прима“ од Скопје.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1995
година, во 2016 е Почесен амбасадор на мирот, во 2017 година, се
стекнува со титулата редовен академик на Чувашката народна
академија од Руската Федерација, а во 2018 година се стекнува со
титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува
Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија.
Преведен е и препеан на повеќе странски јазици. Добитник е на повеќе
домашни и странски награди и признанија меѓу кои: наградата „4-ти
Ноември“ на Општина Битола, за книжевност и литература за 2014
година, наградата „ЕРГО СУМ“ за популаризација и афирмација на
театарскиот израз, престижната награда „Ванчо Николески“ за најдобра
книга за деца и млади во 2019 година (Друштво на писателите на
Македонија, 2020), „Антев златник“ (Меѓународна поетско-културна
манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, 2020), Признанието за
афирмација и популаризација на ликот и делото на Ацо Шопов (НУ
Центар за култура „Ацо Шопов“, Штип, 2022), светската книжевна
награда „Naji Naaman“ (Либан, 2022), престижната награда „Ацо
Шопов“ (ДПМ, 2023), интернационалната Голема повелба „Балканот –
срцето на Европа 2023“ и др. Директор е на Македонскиот културно-
информативен центар во Софија, Бугарија.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
40
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
41
Христо Петрески
Христо Петрески (роден 1957 г. во Крушево) е основач и
директор на издавачката куќа „Феникс“, Фондацијата „Македонија
презент“ и Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност –
Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од
1985 година, каде е еден од основачите на списанието „Стожер“ и на
манифестацијата „Празник на липите“. Бил претседател на ДПМ, како
и претседател на Собранието на ДПМ. Автор е на повеќе од 50 свои
книги (поетски книги за возрасни, поетски книги за деца и млади, проза
за возрасни, проза за деца и млади, публицистика, антологии и избори).
Преведен е на повеќе странски јазици и добитник е на голем број
републички и меѓународни награди и признанија.
Христо Петрески е добитник на повеќе награди: за стихозбирката
„Камен јазик“ ја добил наградата „Ацо Шопов“; за новинарската дејност
ја добил наградата „Крсте Петков Мисирков“; за книгата за деца
„Скопскиот трамвај“ ја добил наградата „Васил Куноски“; за хаику
поезија добил награда на Книжевната општина Вршац; добитник е на
наградата на ДПМ „Празник на липите“ за најдобра песна и есеј;
добитник е на награда на Културно-просветната заедница на Македонија;
добитник е на награда на Републичката конференција на младината на
Македонија; за збирката поезија „Погрешен човек“ ги добил наградите
„Иво Андриќ“ и „Македон“.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
42
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
43
Јордан Плевнеш
Јордан Плевнеш (роден 1953 г. во с. Слоештица, Демирхисарско)
е поет, драматург и романсиер. Средно училиште заврши во Битола, а
дипломира и магистрира на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил
уредник на културната рубрика во „Студентски збор“, уредник во
„Мисла“, асистент на Институтот за литература при Филолошкиот
факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Предава креативно пишување на
повеќе европски и американски универзитети (Институтот за ориентални
јазици и цивилизации и Универзитетот Оресе во Париз, Универзитетот
на Тексас во Далас, Универзитетот Јеил). Во периодот 2000-2005 г. беше
амбасадор на Р. Македонија во Франција, Шпанија, Португалија и при
УНЕСКО. Од 2005 г. е потпретседател на Интернационалната асоцијација
на УНЕСКО од Париз, Р. Франција, за дијалог меѓу цивилизациите, а од
2008 г. е ректор на Универзитетот за аудио-визуелни уметности при ESRA
– Европската филмска академија Скопје-Париз-Њујорк. Претседател е
на ИУ Еуропа Прима. Член е на ДПМ од 1982 г. и на Македонскиот ПЕН
центар. Неговите дела се објавувани во педесетина земји во светот,
преведувани на повеќе од петнаесетина јазици, а неговите драми
изведувани во над триесетина земји во светот. Пишува на македонски и
француски јазик, а преведува од српскохрватски, грчки и француски јазик.
Добитник е на многу награди и меѓународни книжевни признанија меѓу
кои: во „Студентски збор“ за дебитантска книга, вонредна награда на
„Стерино позорје“ – Нови Сад, за драмата „Подземна република“
изведена од Битолскиот театар, високата награда на Националниот
центар за книжевност на Р. Франција за драмата „Среќата е нова идеја
во Европа“, интернационалната награда на франкофонијата „Сребрен
јасмин“ за целокупното негово творештво, високата француска награда
„Витез на книжевностите и уметностите“, наградата за животно дело
Гран при на Француската академија и др.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
44
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
45
Михајло Свидерски
Михајло Свидерски (роден 1991 г. во Битола) е прозаист, поет,
преведувач. Автор е збирките поезија: „Низ сонот од магли и дождови“
(2013), преведена и на бугарски во издание на „Нима“, Плевен (2013) и
„Ѕвезди што спијат“ (2017). За романот „Бело и Црвено“ (2014), во
издание на „Темплум“, ја добива наградата „НОВИТЕ“ за најдобар
дебитантски прозен ракопис. Романот „Бело и Црвено“ исто така е
објавен на бугарски јазик, во издание на издавачката куќа „Изида“ од
Софија во 2016 година.
Во 2019 го објавува романот „Последните денови на Ханс“ во
издание на „Или-Или“. Неговиот најнов роман, „Синовите на Адам“, е
објавен во 2022 година во издавачката куќа „Восток“.
Учествувал на повеќе поетски фестивали и читања. Застапен е
во домашни и странски книжевни списанија и антологии. Неговата
поезија е преведена на англиски, руски, грчки, бугарски, српски,
унгарски, баскиски и албански јазик. Член е на Друштвото на
писателите на Македонија (ДПМ).
Активно преведува поезија и проза од англиски, бугарски и
српски.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
46
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
47
Раде Силјан
Раде Силјан (роден 1950 г. во Жван, Демирхисарско) е поет,
есеист, критичар и преведувач. Основно образование завршил во родното
место, гимназија во Битола, а Филолошки факултет на Универзитетот
„Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел како новинар во
„Студентски збор“, „Наш свет“, „Железничке новине“ и Радио Скопје.
Бил главен уредник на Третата програма на Македонското радио и
генерален директор на „Македонска книга“. Тој е основач и директор на
книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје. Силјан е член на
Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1982 година. Во два
мандати бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија,
како и претседател на Собранието на ДПМ.
Силјан е член на Сојузот на литературните преведувачи на
Македонија и на Македонскиот ПЕН центар. Главен и одговорен
уредник на едицијата „Македонски искушенија“ и член на редакцискиот
одбор за подготовка на издавачкиот проект „135 тома македонска
книжевност“. Почесен член е на Македонското научно друштво –
Битола. Член е и на меѓународната академија „Михај Еминеску“ во
Крајова, Романија и на Славјанската академија во Варна, Бугарија.
Автор е на збирки поезија, критики и есеи, антологии, хрестоматии.
Дваесет и четири негови книги се преведени на: англиски, руски,
турски, грчки, италијански, бугарски, српски, украински, полски,
латински, романски, црногорски, влашки, словенечки, бошњачки и
албански јазик. Добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди
и признанија.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
48
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
49
Веле Смилевски
Веле Смилевски (роден 1949 г. во Ново Село, Демирхисарско)
е поет, романсиер, литературен критичар, есеист, научен работник.
Oсновно и средно образование завршил во Битола, а високо образование
на Филозофскиот факултет на групата Историја на книжевностите при
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел како новинар
и уредник во весникот „Нова Македонија“, бил уредник за уметничка
литература во книгоиздателството „Мисла“, уредник во Македонската
радио–телевизија и член на редакцијата на списанието „Разгледи“.
Работел и како акредитиран новинар на Македонското радио за Средна
Европа во Прага. Од 1985 година работел како научен советник во
Институтот за македонска литература, одделение за македонска
литература во 20 век. Бил вонреден професор на Студиите по
новинарство на Правниот факултет во Скопје. Научниот интерес и
ангажман го потврдува и преку учествата на повеќе научни собири во
земјата и странство, како и преку студискиот престој на Универзитетот
„Ломоносов“ во Москва во академската 1989/90 година и престојот на
Карловиот универзитет во Прага како лектор по македонски јазик во
периодот од 1994 до 1997 година. Бил претседател на Советот на
Струшките вечери на поезијата (1989 г.). Член е на Македонскиот ПЕН
центар и Здружението на новинарите на Македонија. Во Друштвото на
писателите на Македонија членува од 1972 година и бил негов
претседател. Уредник е во издавачката куќа „Дијалог“, главен и
одговорен уредник на Македонски книжевен гласник „Синтези“, член
на уредувачкиот одбор на едицијата „Македонска книжевност 130
тома“. Автор е нa поетски и прозни дела, дела со литературна критика
и есеи, антологии, книги од областа на журналистиката. Добитник е на
повеќе значајни домашни и меѓународни награди и признанија.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
50
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
51
Гордана Стојаноска
Гордана Стојаноска (родена 1969 г. во Битола) дипломирала
на Педагошкиот факултет при УКЛО – Битола. Магистрирала и
докторирала на Институт за социолошки и политичко–правни
истражувања, УКИМ – Скопје. Работи како вонреден професор на
Педагошки факултет – Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“
– Битола, на група социолошки предмети. Автор е на поетските книги
„Збор во зборот“ (во коавторство со Златко Жоглев и Даниела
Андоновска-Трајковска) и „Поема за маргините“ (во коавторство со
Даниела Андоновска-Трајковска), како и на поемата „Клучевите“.
Автор е и на: универзитетскиот учебник „Вовед во социологија на
религијата“ (Битола, 2021, коавтор Златко Жоглев), докторската
дисертација со наслов „Верското образование во основните училишта
во Република Македонија“ (2017) и на многу научни и стручни статии
објавени во реномирани научни списанија во земјата и во странство.
Автор е на повеќе рецензии на поетски и прозни книги и
уредник на публикации. Добитник е на светската награда Nosside
XXVIIth World Poetry Prize (Калабриа, Италија, 2011 г.). Добитник е и на
наградата „Владимир Костов“ за краток расказ (УКЛО, Битола, 2014 г.),
како и на наградата лауреат „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2017
година што ја доделува НУ Центар за култура „Григор Прличев“ –
Охрид, за поемата „Клучевите“. Била претседател е на Универзитетскот
литературен клуб „Дениција ПФБТ УКЛО“. Напишала голем број на
стручни и научни трудови, а се занимава и со пишување на поезија и
проза.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
52
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
53
Мирјана Стојановска
Мирјана Стојановска (роден 1971 г. во Битола) е професор по
македонски јазик, поетеса, книжевен критичар и есеист. Дипломира на
Филолошкиот факултет „Блаже Конски“ во Скопје, на групата
јужнословенски книжевности и македонски јазик. Магистрира на
Педагошкиот Факултет во Битола на тема: „Стилските фигури во
наставата по Македонски јазик“. Работи како професор по Македонски
јазик во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Битола. Член е на Друштвото
на писателите на Македонија од 2007 година. Беше прв претседател на
Клубот на писателки „Даница Ручигај“ при ДПМ (2014-2018 г.). Во три
мандати беше член на претседателството на ДПМ. Стојановска сега е
актуелен секретар на Друштвото на писатели „Битолски книжевен
круг“. Автор е на 10 книги поезија: „Хроносот на зборот“ (1995),
„Двобој со тишината“ (2000), „Заѕидана врата“ (2017), „Крст, триаголник
и круг“ (2013), „Оксиморонот на мојата пеперутка“ (2014), „Џез во
двокреветна соба“ (2015), „Бегалци од својот дом“ (2017), „Судбината
на буквите“ (2018), „Утро во Франкфурт“ (2019) и „Мојата азбука“
(2024). Приредувач е на 8 книги, а со песни и книжевни критики е
застапена во македонски и меѓународни списанија. Нејзини книги се
промовирани на фестивали и саеми на книгата во Скопје, Белград,
Франкфурт, Корчула, Риека, Саранда и Измир. Претседател е на
Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола кое се занимава со
издаваштво, промоции на книги и организирање на традиционалниот
поетски фестивал „Поестки синтези“. Добитник е на наградите:
„Поткозјачки средби“ (Куманово, 1994, втора награда), „Ацо Караманов“
(Радовиш, 1995, за циклус песни), „Поетски бран“ (Струга, 2007),
„Медијала“ (Битола, 2008), „Книжевно перо“ (Риека, Хрватска, 2022) и
„Книжевен круг за книжевна критика“ (Битола, 2023).
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
54
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
55
Биљана Т. Димко
Биљана Т. Димко (родена 1990 г. во Битола) е поет, раскажувач,
новинар. Дипломирала македонски јазик и книжевност. За себе има
обичај да рече дека е постојано поделена помеѓу два света – книжевниот
(нејзиниот) и бирократскиот. Борбата е постојана, особено онаа за
идентитетот. Наспроти сите тектонски движења, таа умее да го живее
неконвенционалното среќно дете со широка насмевка. Основно
училиште завршила во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Бистрица.
Средното образование го стекнува во СОУ „Таки Даскало“ – Битола,
гимназиско образование, хуманистичка насока, потоа се запишува на
Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ –
Битола, насока: македонски јазик и книжевност. Дипломира на
творештвото на македонскиот писател Владимир Костов кај проф. д-р
Димитар Пандев. Повеќе години е активна во новинарството: радио,
телевизија, интернет портали. Работи како професор по предметот
Македонски јазик и литература.
Пишува поезија, раскази, есеи и активна е во книжевно-
истражувачката дејност. Член е на Друштвото на писателите на
Македонија.
Ги има објавено книгите поезија „Кругови на животот“, „Сцена
зад кулисите“, „Дами и господа гологлави“ и „ Поштомување“.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
56
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
57
Добре Тодоровски
Добре Тодоровски (роден 1960 г. во Бабино, Демирхисарско)
основно образование заврши во Битола, а средно образование во
Сараево, Босна и Херцеговина. Дипломирал на Биотехничкиот факултет
во Битола. Магистрира на истиот факултет.
Објавени дела:
Романи: „Сивилото на Одот“, „Над тагата“, „Завештание
Велјаново“, „Прокоба“, „Трите смртни пресуди на Павел Шатев“,
„Последниот монах“, „До дваесеттата“, „Сестра Касијана“, „Топлица“.
Збирки раскази: „Дума за душите“, „Прикрај“, „Со проштение“,
„Помен за едно време“, „Да беше поинаку“.
Поезија: „Болештини“, „Длабоко во мене“.
Драми: „Пак го најде Санде сина си“, „Закопана вистина“, „Да
не ти речам“, „Ај, што имам мерак...“.
Монодрами: „Што ми било пишано“, „Бориз Баѕернички“,
„Славе славен да биди“, „Што велеше Јовче Гаџо“, „Горе-Долу“.
Монографии: „Црнобуки-Црноболки“, „Д-р Димитар Котевски“,
„55 години Македонско научно друштво – Битола“, „Учителот Максим
Попоски“, коавтор.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
58
Поговор
м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски
ФАКСИМИЛИ КАКО АМАНЕТ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ
Роднокрајниот оддел во нашата библиотека е основан во 1970
година. Замислата, интенцијата и амбицијата за создавање на еден ваков
оддел е на едно место да се собере роднокрајниот фонд и што
подостојно да се зачува за да се пренесе на идните поколенија.
Збирката на овој оддел опфаќа дела на големи имиња од
македонското творештво, писатели чии корени се од Битола, како и на
писатели кои дел од својот живот го поминале творејќи во Битола.
Децении подоцна, во 2006 година, за прв пат се одржуваат
„Роднокрајните средби на битолските писатели од Македонија“ од кои
секоја година произлегува истоимениот зборник. Оваа, 2025-та година,
овие средби на роднокрајни автори ќе се одржат по дваесетти пат. Тоа е
традиција којашто го збогатува роднокрајниот оддел со дела на нашите
познати роднокрајни писатели, но и со нови имиња на млади автори.
Мината година нашата Библиотека во соработка со учениците
од СОУ „Таки Даскало“ – Битола, на иницијатива и под менторство на
роднокрајната писателка Весна Мундишевска-Велјановска, постави
изложба на Факсимили од роднокрајни писатели – членови на
Друштвото на писателите на Македонија. Од оваа соработка произлезе
и идејата за составување на оваа книга како завештение за зачувување
на пишаниот збор на голем број македонски автори, роднокрајни
писатели.
Факсимилите на роднокрајни писатели се непроценливо
богатство кое како аманет останува во нашата библиотека за идните
генерации. А книгата е овековечување на ликот и делото на
роднокрајните автори.
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
59
СОДРЖИНА
Предговор .................................................................................................... 5
Весна Мундишевска-Велјановска
Уникатни факсимили како сведоштво на значајното творештво на
дваесетина роднокрајни писатели ........................................................ 5
Даниела Андоновска-Трајковска ............................................................... 9
Елизабета Баковска ................................................................................... 11
Димитар Башевски .................................................................................... 13
Славица Гаџова Свидерска ...................................................................... 15
Милица Димитријовска-Радевска ........................................................... 17
Петре Димовски ........................................................................................ 19
Златко Жоглев ........................................................................................... 21
Никола Илијовски ..................................................................................... 23
Владо Јаневски .......................................................................................... 25
Елизабета Јончиќ ...................................................................................... 27
Љубе Б. Митрејчевски .............................................................................. 28
Весна Мундишевска-Велјановска ........................................................... 31
Кире Неделковски ..................................................................................... 33
Сашо Огненовски ..................................................................................... 35
Божин Павловски ...................................................................................... 37
Зоран Пејковски ........................................................................................ 39
Христо Петрески ....................................................................................... 40
Јордан Плевнеш ........................................................................................ 43
Михајло Свидерски .................................................................................. 45
Раде Силјан ................................................................................................ 47
Веле Смилевски ........................................................................................ 49
Гордана Стојаноска .................................................................................. 51
Мирјана Стојановска ................................................................................ 53
Биљана Т. Димко ...................................................................................... 55
Добре Тодоровски..................................................................................... 57
Поговор ...................................................................................................... 58
м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски
Факсимили како аманет за идните генерации ................................... 58
Ф А К С И М И Л И О Д Р О Д Н О К Р А Ј Н И П И С А Т Е Л И
60
Издaвач:
Национална установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола
ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39, Битола
www.nuub.mk
За издавачот:
м-р Емилија Стефановска Давкова, директор
ФАКСИМИЛИ ОД РОДНОКРАЈНИ ПИСАТЕЛИ – ЧЛЕНОВИ НА
ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Приредувачи:
Весна Мундишевска-Велјановска
м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски
м-р Фатма Бајрам Аземовска
Компјутерска обработка и дизајн на корица:
Весна Мундишевска-Велјановска
Печати:
„Графо Пром“ – Битола
Тираж:
100 примероци
CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје
061.23:821.163.3-05(084)
ФАКСИМИЛИ од роднокрајни писатели–членови на Друштвото на писателите
на Македонија / [приредувачи Весна Мундишевска-Велјановска, Гордана
Ѓоргиевска Неделковски, Фатма Бајрам Аземовска]. - Битола : Национална
установа Универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", 2025. - 60
стр. : илустр. ; 21 см
ISBN 978-608-5045-03-7
а) Друштво на писателите на Македонија -- Роднокрајни писатели --
Творештво -- Факсимили
COBISS.MK-ID 65419269