Развојот на библиотекарството во Битола и Битолско и видови библиотеки

РАЗВОЈОТ НА БИБЛИОТЕКАРСТВОТО
ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО
И ВИДОВИ БИБЛИОТЕКИ


Анета Стефановска
Науме Ѓоргиевски


Благој Николов




Издавач
Националната установа - Универзитетска библиотека


„Св. Климент Охридски“ - Битола


РАЗВОЈОТ НА БИБЛИОТЕКАРСТВОТО ВО
БИТОЛА И БИТОЛСКО И ВИДОВИ БИБЛИОТЕКИ


За издавачот
Науме Ѓоргиевски, директор


Автори
Анета Стефановска
Науме Ѓоргиевски


Благој Николов


Рецензент
Илче Стојановски




РАЗВОЈОТ НА БИБЛИОТЕКАРСТВОТО
ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО
И ВИДОВИ БИБЛИОТЕКИ


БИТОЛА, 2013


Анета Стефановска
Науме Ѓоргиевски


Благој Николов




CIP - Каталогизација во публикација
Национална установа - Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Битола


02(497.774)(091)
026/027(497.774)


СТЕФАНОВСКА, Анета
Развојот на библиотекарството во Битола и
Битолско и видови библиотеки / Анета Стефановска,
Науме Ѓоргиевски, Благој Николов. - Битола :
Национална установа - Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, 2013. - 99 стр. ; 24 см


Библиографија: стр. 99


ISBN 608-4538-45-2 (10)
ISBN 978-608-4538-45-5 (13)
1. Ѓоргиевски, Науме [автор] 2. Николов, Благој
[автор]
а) Библиотекарство - Историјат - Битола и
Битолско б) Библиотеки - Битола и Битолско


COBISS.MK-ID 19435073




Содржина


Вовед ......................................................................................................... 13
Развој на библиотекарството во
Битола и битолско и видови на библиотеки ................................... 15
Слепченскиот манастир „Св. Јован Продром“ .............................. 18
Буковски манастир „Св. Преображение Христово“ ..................... 19
Храм „Пресвета Богородица“ Битола .............................................. 19
Црква „Св. Великомаченик Димитриј“ - Битола ........................... 20
Црквата „Св. Недела“ ........................................................................... 20
Наставничката библиотека во Битолската гимназија .................. 27
Ученичката библиотека при Битолската гимназија ..................... 28
Библиотеката на литературното друштво
Св. „Кирил и Методиј” во Гимназијата ............................................ 29
Библиотека на учебници ..................................................................... 31
НУ Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола ................................................... 37
Училишни библиотеки ........................................................................ 41
Основно училиште „Св. Климент Охридски“ ................................ 43
Основно училиште „Ѓорги Сугарев“ ................................................. 44
Основно училиште „Д-р Трифун Пановски“ ................................. 45
Основно училиште „Гоце Делчев“ ..................................................... 46
Основно училиште „Даме Груев“ ....................................................... 47
Основно училиште „Елпида Караманди“ ...................................... 48
Основно училиште „Стив Наумов“ ................................................. 49
Основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ .................................... 49
Основно училиште „Коле Канински“ .............................................. 50
Основно училиште „Тодор Ангелевски“ .......................................... 51
Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“, с. Бистрица ...... 52




Основно училиште „Кочо Рацин“, с. Ивањевци ............................ 53
Основно училиште „Александар Турунџев“, с. Кукуречани ....... 53
Библиотеки во средните училишта .................................................. 54
Гимназијата „Јосип Броз Тито“. ......................................................... 54
ЕМУЦ „Ѓорги Наумов“ ......................................................................... 55
Државно музичко училиште ............................................................. 56
СОУ „Таки Даскало“ Битола ............................................................... 57
ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ Битола .................................................. 58
СОЕУ „Јане Сандански“ ..................................................................... 59
СОЗУ „Кузман Шапкарев“ ................................................................. 60
Библиотеки во високите школи ........................................................ 61
Библиотека при Технички факултет – Битола ............................... 61
Библиотека при Педагошки факултет – Битола ............................ 62
Библиотеката во Факултетот за администрација
и менаџмент на иформациски системи - Битола ......................... 65
Библиотека при Биотехнички факултет – Битола ........................ 65
Библиотека при Високата медицинска школа – Битола .............. 67
Библиотеката при Правниот факултет - Кичево........................... 68
Дисперзирани студии – Битола ......................................................... 69
Библиотеката при Ветеринарниот факултет - Битола ................. 69
Библиотеката при
Студенстскиот дом „Кочо Рацин“ – Битола ................................... 70
Приватни библиотеки .......................................................................... 72
Д-р Душан Хр. Константинов ............................................................ 72
Митрополит Преспанско-пелагониски и
администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар ............ 73
Тоде Ѓоревски, новинар ........................................................................ 73
Борче и Радица Радевски, архитект и професор ........................... 73
Д-р сци. Борис Ангелковски, .............................................................. 74
Проф. д-р Божидар Маслинков ......................................................... 74
Снежана и Тоде Петревски, професор и новинар ......................... 74
Проф. д-р Трајко Огненовски ............................................................ 75
Владимир Костов, писател .................................................................. 75
Никола Кочовски, писател .................................................................. 75




Методија Размовски, професор ......................................................... 76
Доне Пановски, професор ................................................................... 76
Марија и Илија Алушевски, професори .......................................... 76
Радован П. Цветковски, писател ....................................................... 76
Д-р Александар Стерјовски ................................................................ 77
М-р Јован Кочанковски ....................................................................... 77
Љупка Балојани, професор ................................................................. 77
Ѓорѓи Димовски – Цолев, професор ................................................. 78
Јован Деребанов, адвокат .................................................................... 78
Д-р Душко Николовски ....................................................................... 79
Михаил Бомбол, професор на
Техничкиот факултет во Битола ........................................................ 79
Д-р Никола Христовски,
редовен професор на Факултетот за биотехнички науки ........... 80
Специјализирани библиотеки ........................................................... 81
Библиотеката при Окружен суд – Битола ....................................... 81
Библиотеката при ДОО „ЈУГО - ТУТУН“ ....................................... 82
Библиотеката при Државниот архив
на РМ - Подрачно одделение – Битола ............................................ 82
АД Кожарски комбинат „Битола“ ..................................................... 83
Библиотеката при
Работничкиот универзитет „Крсте Петков Мисирков“ .............. 84
Библиотеката во АД Ф - ка за квасец и алкохол ............................ 84
Библиотеката при АД РИК „Битола - сил“ ..................................... 85
Библиотеката при АД Холдинг-Претпријатие „Фринко” ........... 85
Библиотеката при Водостопанство „Пелагонија“ ......................... 86
Библиотеката при
Медицински центар Д-р Трифун Пановски – Битола .................. 86
Библиотеката при АД „Жито Битола“ ............................................. 87
Библиотека во Холдинг претпријатие „Битола - ТЕКС“ ............. 88
Библиотеката при ПОС - АИК „Лозар“ ........................................... 88
Библиотеката при „Заводот, музеј и галерија“ – Битола ............. 88
Библиотеката при АД ЗИК „ПЕЛАГОНИЈА“ ................................ 90
Библиотеката при РЕК - Термоцентрала „Битола“ ....................... 90




Библиотеката при ХМС „Стрежево“ ................................................ 91
Библиотеката при ПК-Рудник „Суводол” ....................................... 91
Библиотеката при АД Ф - ка за шеќер „4 Ноември“ ..................... 91
Библиотеката на Друштвото за наука и уметност ........................ 92
Државен ученички дом „Мирка Гинова“ ......................................... 92
Митрополитска библиотека „Св. Јован Богослов“ – Битола ...... 93
Воена библиотека - Битола ................................................................. 94
Заклучок .................................................................................................. 95
Библиографија ....................................................................................... 99








13


Вовед


Библиотеката е секако една од најстарите институции со
која започнува историјата на цивилизацијата. Библиотекар-
ството, пак, припаѓа на едно подоцнежно време и е поврзано со
појавата на графичкиот запис и книгите. Сигурно е дека од сите
светови, кои човекот ги создава со сопствениот дух, на книгата
и припаѓаат најшироките простори на комуницирање и затоа
таа не може да се одвои од историските и цивилизациските
токови. Ако е точно дека сегашноста и иднината не се ништо
друго, туку проекција на минатото, тогаш и синтагмата
„библиотечно-информативен систем“ е неодделна од она што
досега сме го имале во теоријата и практиката во библиотеките
и библиотечното работење.
Нагласувањето на тој континуитет ни е потребен заради
полесно и поцелосно согледување на местото и улогата на
библиотеките, во овој случај училишните, високошколските
и специјалните. Во нашето и идно време, во врска со научните
и цивилизациските достигнувања, се отвораат и на нов начин
се поставуваат многу прашања за работата и понатамошниот
развој. Тие научни и цивилизациски достигања толку влијаат,
што нашето време го прават епохално, гранично и преодно од
една кон друга цивилизација, од индустриска кон технолошка, а
кои една без друга не би можеле да постојат.






15


Развој на библиотекарството во Битола и
битолско и видови на библиотеки


Историјата на библиотеките започнува со историјата
на Стариот век. Старите древни народи (Египќани, Кинези)
собирале пишуван материјал – списи, писма и сл. Низ вековите
некои од тие први библиотеки – архиви биле сосема уништени,
а од други останале само остатоци. Некои гробници ја сочувале
тајната на „управителите на книгата“ меѓу кои се спомнува
името на Шепсескаф (2503–2498). Кон крајот 19 век во Нинива
се пронајдени повеќе од 20.000 глинени плочки пишувани со
клинесто писмо кои се остатоци од библиотеката на асирскиот
крал Асурбанипал (669-627 година пред нашата ера). Од
неговата библиотека во гратчето Нинива потекнува најголемата
збирка на бабилонско-асирската литература. Акасурбанипал
сакал на едно место да собери се што генерациите на Блискиот
исток го создале на литературно и научно поле. Вработил голем
број на препишувачи и започнал со собирање на бабилонско-
асирската литература. Библиотеката била поделена по стручни
групи и ја обезбеди со знаци за снаоѓање низ неа. Оваа
библиотека имала и каталози. Секоја плочка содржела колофон
со податоци за содржината, прпишвачот и сл.
Една од најголемите библиотеки на древниот свет е
Александриската библиотека оформена на почетокот на 3 век
п.н.е., за време на владеењето на Птоломеј I Сотер, или за време
на неговиот син Птоломеј II Филаделф. Библиотеката содржела
неколку десетици илјади дела напишани на петстотини до
седумстотини илјади папирусни свитоци. Библиотеката не била
од отворен тип туку само за студенти и научни работници.
Градот Битола во своето многувековно постоење доста
придонел за културната историја на Македонија. Имено, како
секој град така и Битола има свое минато како верификуван




16


артефакт, односно таканаречената Битолска плоча од 1016
година, врз кој споменик за првпат се среќава изворно неговото
име напишано со словенски букви на народен јазик.
Со тоа Битола, не само во Македонија туку и пошироко,
спаѓа меѓу постарите градови.
Битола е познат град во кој отсекогаш се негувала
традицијата кон книгата и пишаниот збор. Во таа насока
се чини дека библиотеките, како институција, толку многу
придонеле за зачувување на минатото, одржување на
сегашноста и обезбедување на иднината.
Библиотеката е секако една од најстарите институции со
која започнува историјата на цивилизацијата.
За да ја разбереме оваа улога на библиотеките како
вистински духовни стожери, треба да продреме малку во
минатото и да ги расветлиме корените на библиотекарската
традиција во Битола.
Развојот на библиотекарството и постоењето на
библиотеки во Битола можеме да го поделиме на неколку
периоди и тоа:
• Предосманлиски период
• Османлиски период
• Српска окупација
• Бугарска окупација
• Период по ослободувањето - Македонски


За сите средновековни држави (Предосманлиски период)
карактеристично е што во манастирите и црквите се ширела
и негувала писменоста, а со тоа и настанувањето на првите
книжевни творби. Така, книжевните дела на средновековните
писатели и препишувачи нашле свое место во истите
простории, поточно во просториите наменети за чување на
ракописите.
Во самиот град Битола, засега нема конкретни податоци
за постоење на библиотека во предосманлискиот период,




17


меѓутоа, со сигурност можеме да претпоставиме дека такви
постоеле во бројните битолски цркви.
За битолските манастири во XII век (тука се зема предвид
и околијата на Демир Хисар кој во тоа време бил составен дел
на Битолската) податоци има во Зографскиот споменик 13 од
1527 год. во кој се спомнуваат мон. Продром (св. Јован Претеча
кај с. Слепче – Демирхисарско), мон. Дихово (денес постои
тука манастирот посветен на св. Атанасиј), мон. Стрежево (св.
Јон), мон. Градиште (не е именуван на кој светец се однесува),
мон. Буковец (посветен на св. Преображение), а исто така и св.
Бесребреници посветен на светите Кузман и Дамјан. Од ова
време сведочат мал број текстови, меѓу кои се и Битолскиот
триод, Слепченскиот апостол и сл.
Создадениот ракописен фонд бил богат и разновиден, a се
чувал во трезорите на библиотеките во црквите и манастирите,
во личните прирачни библиотеки на свештенството, монасите,
игумените, на повисоките црковни достоинственици по
нивните ќелии и резиденции. Според некои истражувања
регистрирани се 14 манастири изградени во Битола и Битолско
низ целиот средновековен период: „Св. Ана“ кај Маловишта,
„Св. Богородица“ во с. Трново, буковски манастир „Св.
Преображение“ над с. Буково, „Св. Дванаесет апостоли“,
драгошки манастир „Св. Илија“ во с. Драгош, манастир Дуово,
„Св. Ѓорѓи“ во с. Магарево, манастир Житоше „Св. Атанасие“
кај с. Житоше, „Св. Јован Крстител“ во с. Беранци, параловски
манастир „Св. Ѓорѓи“ во с. Паралово, „Св. Петка“ кај с. Цапари,
Смилевски манастир „Св. Петар“ во с. Смилево, манастир
Стрежево „Св. Стефан“ во с. Стрежево, „Св. Христифор“ над с.
Крстоар и др. Погоре споменатите манастири од Битолско биле
главните скрипторско - библиотекарски центри. Ракописниот
фонд во манастирските и приватните библиотеки се збогатувал
со препишувачката дејност на духовните лица - монаси,
јеромонаси, игумени, свештеници, па дури и на повисоки
црковни достоинственици.




18


За постоењето голем број манастири во Битола, зборува
и народното предание каде Марко Цепенков, Битола ја
нарекува Света Гора и наведува бројка од 72 манастири, како и
постоењето на бројни џамии за кои се верува дека се изградени
на темелите од постоечки цркви и манастири.


Слепченскиот манастир „Св. Јован Продром“


Слепченскиот манастир „Св. Јован Продром“, како еден
од најголемите распространувачи на словенската писменост
и култура во Македонија, особено во XVI век, имал богата
библиотека, во која се чувале мошне значајни македонски
ракописни книги, како што се, на пример, Слепченскиот
апостол од XII век, Цветниот триод од XIII век, Слепченското
евангелие од XV век и други, кои несомнено влијаеле врз
книжевната дејност на слепченските книжевници.
Османлискиот период траел подолго време, скоро 5 века.
За тоа време, Битола израснала како административен, воен,
трговски и занаетчиски центар. Меѓутоа, таа била претежно
османлиски град со жители мошне богати и образовани. Некои
од тие личности, според тогашниот обичај, сакале целосно
или дел од својот имот да го подарат на некој верски објект,
најчесто џамија. Во донаторството често се среќаваат книги и
библиотеки.
Судејќи по османлиските наративни извори, големи
борби биле водени при заземањето на градот Битола, која во
1382 година веќе паднала под нивна власт. Со рапидна брзина
градот се исламизира. Се изградуваат анови, безистени, амами,
џамии, теќиња, основни, средни и виши теолошки училишта, a
со овие институции и библиотеки.
Градот, менувајќи ја целосно својата физиономија, од
словенски добива типично ориентален изглед, ќе стане еден
од најголемите градови на Балканот и центар на една од




19


најголемите административно - територијални единици.
Пишувањето и преведувањето на старословенски јазик
во овој период е зачуван по манастирите и црквите во Битола и
нејзината околина. Ќе спомнеме неколку:


Буковски манастир „Св. Преображение Христово“


За првпат манастирот се споменува во поменикот на
Зографскиот манастир на Света Гора (Атос).
Манастирската црква е изградена во 1837 година. Овој
податок го наоѓаме на една мермерна плоча поставена над
северниот влез на црквата од надворешната страна.
Патописецот архимандрит Антонин кој ги обиколувал
овие краишта во своите белешки вели дека на 30 мај 1865
година ги нашол скриени книгите на таванот од црквата и тоа:
четвороевангелие напишано на пергамент, пролог од месец
септември, ноември и декември, минеј за месец март од 16/17
век, минеј за месец ноември и октоих печатен во 1539 година.
Во почетокот кога била изградена манастирската црква,
се служело на словенски јазик и се користеле црковни книги со
руска редакција.


Храм „Пресвета Богородица“ Битола


Изградена во непосредна близина на реката Драгор и
чаршијата, Богородичната црква во Битола спаѓа во типот на
храмови градби кои се чести и карактеристични за XIX век.
Bo ризниците на црквата се чуваат неколку
путири, изработени од домашни мајстори, како и една
дарохранителница од руско потекло. Зачувани се и неколку
Ерусалимии - платна со новозаветни сцени, донесени од
битолските аџии коишто престојувале во Ерусалим.
Во фондот на црквата има и скромна библиотека на
богослужбени книги, храмов прибор и одежди, што укажува




20


дека овој битолски храм е постојано присутен во поновата
историја и секојдневието на овој град.


Црква „Св. Великомаченик Димитриј“ - Битола


Библиотеката во црквата „Св. Великомаченик Димитриј“
е сместена во административната зграда и располага со
богат фонд црковни книги, белетристика и периодика кои се
напишани на повеќе јазици. Најстарата црковна книга датира
од 1817 година.
Во Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ не
постои просторија за класична библиотека за сместување
на библиотечниот фонд. Книгите се сместени во олтарот и
певницата. Црквата располага со над стотина вредни црковни
книги кои се користат во Богослужбата. Најстарата потекнува
од 1838 година.


Црквата „Св. Недела“


Црквата „Св. Недела“ не располага со класичен
библиотечен простор, дел од книжниот фонд е сместен во
олтарот, певницата и канцеларискиот простор, а има фонд од
околу 150 книги кои се користат претежно за богослужба.
Врз основа на досега пронајдени пишувани документи,
прва библиотека во Битола и секако најбогата од раното
турско присуство во градот, е библиотеката на Исхак Челеби.
Библиографските податоци за овој човек колку што се
оскудни, толку се и непопуларни во нашата литература. За
жал, за неговото потекло многу малку се знае. Познато е дека
библиотеката била оформена од книгите од личната библиотека
на кадијата која, барем за тоа време, била необично богата.
Одговорен за библиотеката бил мутевелијата, а прв мудерис по
желба на Исхак Челеби бил еден од неговите синови.
Битно е да се нагласи дека сите овие книги се пишувани




21


на арапски јазик, а тоа што сите дела биле на арапски јазик не
треба да не чуди, затоа што арапскиот јазик во тој период е
сметан за посупериорен во однос на турскиот.
Во литературата често пати се прават грешки кога
читалиштата (кираетхани) се поистоветуваат со библиотеки
(кутубхани). Во читалиштата повеќе се седело и разговарало,
а помалку се читало, затоа што по правило, освен по некој
весник, во нив немало ни книги ниракописи. Затоа, погрешно е
толкувањето на петнаесет читалишта што ги спомнува Мехмед
Тевфик како бројка на библиотеки во Битола.
Во овој период се формираат поголем број на приватни
библиотеки.
Приватните библиотеки ги основале поединци
великодостојници, љубители на книгата кои имале доволно
материјални средства да купуваат книги, и тоа многу скапи,
затоа што се пишувале само во ракопис, често украсени со
разни орнаменти.
Во 1894 година во градот била отворена првата јавна
турска библиотека. Подоцна, таа го носела името на валијата
Абдул Керим паша. Иако во неа се наоѓал скромен број книги,
вкупно 252, самото нејзино основање претставува важен настан
во културниот живот на градот.
Иако не поседуваме точен опис за некоја од битолските
јавни библиотеки, секако дека го имале вообичаениот изглед.
Библиотеките најчесто се градени како приземни објекти, а
книгите се чувале на дрвени полици.
Развојот и популаризацијата на книгата во Битола, како
дел од општата историја на битолското библиотекарство,
може да се следи од крајот на XV и почетокот на XVI век, кога
доживува голем подем, за во наредните векови полека да
згаснува.
Во времето на османлискиот период, во Битола постоеле
повеќе училишта од основни, средни до виши, машки и женски.
Во поглед на образованието, турската власт не правела големи




22


опструкции, како и за подигање на верски објекти. Немајќи
конкретни податоци за постоење на библиотеки во секое
училиште, наша претпоставка е, дека во голем број средни и
виши училишта постоеле.
Од овој период значајно за градот Битола е да се спомне
делото на Мехмед Теуфик „Историја на Битолскиот вилает”. Во
книгата покрај наративни показатели, дава и други податоци за
Битола кои за прв пат ги среќаваме. Всушност, тој е првиот што
напишал историја за Битола. За него е важно да напоменеме
дека имал голема приватна библиотека која содржела книги со
литературен жанр (романи, поезија), со историска содржина
и др. Покрај него од познатите турски државници кои во овој
период живееле во Битола и поседувале приватни библиотеки,
ќе ги спомнеме и Хајдар Садик, Имер беј Шукри и Тефик паша.
Имер Беј бил последен претседател на Битолската општина
и поседувал голема библиотека со литература на арапски,
персиски и турски јазик. Голем број од тие книги биле со
теолошка содржина. Тефик паша бил командант на Третата
армиска област. Неговата библиотека била со голем фонд книги,
чија содржина била претежно воена и теолошка. Меѓу книгите
имало и такви на германски и француски јазик.
Освен личностите од турската националност, во
овој период на османлиската власт, приватни библиотеки
поседувале и богатите трговски семејства Робеви, Микаруш,
Михаил Економу и др.
Преселеното семејство Робевци од Охрид во Битола го
донело и библиотечниот фонд што го поседувале во Охрид,
по пожарот што избувнал во нивната куќа на 25 јануари 1861
година. Голем дел од библиотечниот фонд бил уништен. Она
што останало било донесено во во нивната куќа во Битола каде
што фондот од ден во ден, од година во година се зголемувал.
Фондот содржел особено странска литература што се
однесувала на возвишените идеали на преродбенското дело.
Меѓу Робеви се најповеќе се истакнал д-р Ефтим Иван Робев,




23


полиглот, кој течно говорел осум светски јазици. Студирал на
Универзитетите во Нанси и Париз, докторирал и е носител на
две докторски титули.
Денес библиотеката на Робевци се наоѓа во МАНУ.
Според некои сознанија таа содржи околу 2166 печатени
дела издадени во периодот од XVII – XX век. Фондот бил со
содржина и тоа: 30% биле дела од медицинските науки, 30%
припаѓале на белетристиката, додека останатите биле дела од
областите на економијата, филозофијата, етиката, педагогијата,
историјата, географијата, религијата и др.
Фондот кој го поседувале бил печатен на разни странски
јазици: старогрчки, новогрчки, старословенски, латински,
полски, англиски, чешки, романски, бугарски, италијански,
српскохрватски, турски, но најмногу на германски и француски.
Богатата библиотека повремено ја користел и Димитрија
Миладинов.
Значајно да се спомни приватната библиотека на
Никаруш кој бил познат битолски трговец. Во неговата
библиотека се наоѓале и стари ракописи на грчки јазик
со теолошка содржина. Потоа Михаил Економу бил еден
од најбогатите личности во Битола. Поседувал огромна
библиотека. Како трговец патувал во многу земји и купувал
книги од сите места што ги посетувал, германски, француски и
грчки јазик, а поседувал и ракописи.
Покрај овие трговци, во Битола постоело и семејството
Кирјас, преселено од Албанија.
Значајно за ова семејство е што од него произлегле
неколку личности заслужни за албанската преродба. Така,
членот на семејството, Герасим, поседувал голема библиотека.
За него имаме податоци дека преведувал книжевни дела, а
и самиот пишувал книги наменети за женското училиште
кое имал намера да го отвори во Битола или во Корча. Од ова
семејство потекнува и Параскева Кирјас, која ги користела
книгите од семејната библиотека, како и Ристо Кирјас, кој во




24


Битола отворил своја печатница на повеќе јазици. Истиот, од
сите печатени книги, како и од оние што ги купувал или му
биле подарувани, оформил богата библиотека.
Мора да се спомни фактот дека кон крајот на XIX
век постоеле голем број на училишта на различен јазик од
турскиот: грчки, романски, еврејски, англиски, бугарски,
српски, француски.
Во сите овие училишта се претпоставува дека постоела
библиотека која покрај учебниците кои биле потребни за
изведување на настава имало и книги од познати класици
значајни за државата која ги отворила овие училишта.
За одбележување е дека сите училишта во Битола биле
финансирани од центрите од каде се вршела антимакедонската
национална пропаганда. Единствено еврејските, француските
и англиските училишта не оделе во таква насока, но и тие,
главно, се финансирале не од месното население. Спротивно
на сите нив народните училишта биле никнати на месна почва,
донирани од месните збогатени занаетчии и трговци, во кои
наставата била на мајчин македонски јазик, а учебниците
најчесто биле од домашните учебникари кои пишувале на
народен јазик. Точно не може да се определи датумот кога било
отворено првото народно училиште во Битола.
Битолското граѓанство во средината на XIX век веќе се
имало осознаено како посебна народност и успешно ја повело
борбата против грчката доминација за своја еманципација, како
во црковен така и во училиштен домен. Во склоп на таа борба
се јавила и посебната Битолска општина во 1869 година, која
покрај други општествени дејности како главна грижа ги имала
и училиштата.
Тогаш повидните и побогати граѓани впрегнати кој
колку може да ја помогне народната просвета со свои средства
изградиле основни училишта биле распоредени по градските
маала.
Со прифаќањето на Егзархијата со поглавар на црквата




25


во Битола и Битолско, сите грижи околу училиштата ги презела
таа. Тогаш биле отворени многу училишта особено по селата,
но и по градските маала. Сите такви училишта имале свои
библиотеки. Постојат бројни документи за постоењето на овие
библиотеки.
Бурниот револуционерен бран што кон крајот на XIX
век ја зафаќа цела Македонија не ја одминува ни Битола. За
одбележување е периодот кога се поставени основите на ВМРО
во 1894 година, па до легендарното народно-ослободително
востание на македонскиот народ – Илинден 1903 година.
По жестоките илинденски пеплишта, во кои најмногу
страдаа културно-просветните и јавни институции, што значи
и библиотеките и читалиштата, библиотекарството во Битола и
Битолско не можеше да се соземе.
Периодот под српската окупација преживува мошне
непријатни години (1912 - 1941 год.) поради насилната дена-
ционализација, а и економскиот застој поради вештачко напра-
вената граница спрема Грција. Битола тогаш е окупирана од
српската војска, полиција, џандармерија, административен
апарат, свештенство итн. Меѓутоа, нејзиното население не
потклекна. Посебно младината која како и секогаш се истакнува
со својата енергичност и смелост. Така, младата македонска
интелигенција ќе се соочи со суровиот големосрпски режим,
но не само што не ќе потклекне, туку напротив, ќе ги јакне
своите позиции, посебно што не била под никакво претходно
национално влијание (Патријаршијата со грцизмот или
Егзархијата со бугаризмот). Младите Македонци целосно ќе
му се предадат на своето, а тоа бил македонизмот поткрепен
со младите македонски поети Венко Марковски, Кочо Солев
- Рацин, Коле Неделковски. Покрај разните манифестации
на македонизам, битолската младина тоа ќе го изрази и преку
читање литература сместена во бројните битолски библиотеки,
кои иако поседувале книги со чисто шовинистичка содржина
младите читајќи ги наоѓале во нив токму она што беше битно,




26


дека тие не се Срби иако насила им беа сменети сите презимиња
со српскиот завршеток на -иќ-. Навлегувајќи, српската
окупаторска управа во Битола наиде на училишта што не биле
српски, па освен француските (со значајни ограничувања)
сите останати биле забранети и затворени. Бил воспоставен
српскиот школско - образовен систем. Тогаш биле отворени
српски основни училишта и неколку средни: Гимназијата,
Трговската академија, Земјоделското училиште, Богословијата.
Во сите нив официјален наставен јазик бил српскиот, а во
библиотеките доминирала српската литература од српските
писатели.
На 1 декември 1914 година, ја осветиле зградата на
гимназијата која официјално добила име „Српска краљевска
Гимназија у Битољу”. Гимназијата добила само ново име зошто
била сместена во зградата на бившата турска Гимназија „Идади
Милки“. Но заради почетокот на Првата светска војна оваа
гимназија започнува со работа во учебната 1918/19 година.
Гимназијалното образование ги опфаќало учениците
што завршиле основно образование. Во наставата, покрај
употребата на српскиот јазик се настојувало во секоја прилика
да се вметнат српски обичаи.
Без оглед на наметнатата српска идеологија, македонските
гимназисти подготвувајќи се за семинарските работи како
и за други слични писмени вежби, читале литература и се
внесувале вистински во проблематиката и се здобивале со
солидни познавања од областа на науките. Истовремено, кај нив
се јавувал и критички став по многу прашања, во прв ред по
националното и социјалното прашање во Битола и пошироко.
Така, кај учениците се создала навика за читање поточно глад
за непознатото од нивното минато. Преку самообразованието
гимназистите од Битолската гимназија почнале да се
организираат и веќе претставувале силно и јако македонско
национално јадро кое мошне успешно му се спротивставувало
на просрпската националистичка групација (составена од




27


ученици претежно дојденци од Србија со своите родители -
службеници). Покрај сето тоа, учениците Македонци преку
читање, односно самообразование, биле далеку над своите
противници. Своето знаење и наобразба најмногу гимназистите
го стекнале од литературата што постоела во гимназиските
библиотеки: Наставничката библиотека; Ученички библиотеки
кои во учебната 1920/21 година се забележани како најбогати со
книжен фонд од сите други во Македонија, тие се: Библиотеката
при Литературната дружина „Св. Кирил и Методиј”;
Библиотека при Колото натрезвената младина; Библиотеката на
Друштвото подмладок на „Јадранска стража” и Подружницата
на Аеро клубот „Наша крила”; Библиотека на учебници; Класни
библиотеки.


Наставничката библиотека во Битолската гимназија


Наставничката библиотека во Битолската гимназија
е веднаш отворена со почетокот на работа на Битолската
гимназија. Одговорните се ангажирале да создадат книжен
фонд што ќе ги задоволува соодветните барања на училиштето.
На таков начин е создадена најбогатата библиотека која
се спомнува уште во учебната 1913/14 година, веднаш по
Балканските војни.
Поседувајќи бројна литература од монографски дела
и списанија истите биле во тек на средување. Библиотеката
била снабдувана со изданијата на српски издавачки куќи и
исклучиво на српски јазик „Српска књижевна задруга”, „Матица
српска”, Кралската академија на науките и уметностите,
„Српски књижевни гласник”, „Босанска вила”, „Дело”, „Нова
искра”, „Просветни гласник”, „Наставник и учитељ“ и др.
Освен литература на српски јазик Библиотеката поседувала
и литература на руски јазик, како списанието „Нива“, дела од
Иван Тургењев, Толстој и др.
Наставничката библиотека била наменета исклучиво за




28


потребите на наставниот кадар во Гимназијата, но повремено
ги опслужувала и професорите од другите училишта во градот,
доколку тие имале потреба од литература што не можеле да
ја најдат во градот. Со библиотеката раководел професор
назначен од Наставничкиот совет во почетокот на секоја учебна
година. Професорот - библиотекар најчесто бил професор по
српски јазик. Библиотекарот, покрај средувањето, чувањето,
издавањето книги се грижел и за збогатување на книжниот
фонд, така што тој се движел од година во година во нагорна
линија, па во последната учебна 1939/40 година достигнал
бројка од 2205 наслови. Збогатувањето било вршено по пат на
подароци и купување.


Ученичката библиотека при Битолската гимназија


Ученичката библиотека при Битолската гимназија
напоредно била создадена со Наставничката и истата била со
побогат книжен фонд од Наставничката. Нејзиното работење
било со прекини односно може да се следи до учебната 1925/26
година. Натамошниот период се до 1929/30 година нема
никакви податоци за нејзино работење. Зошто понатаму не
фигурира не е познато, и не е забележано во гимназиските
извештаи. Податокот дека во учебната 1929/30 година била
новоформирана и обновена, потврдува дека три години не била
функционална. Книжниот фонд, исто како и во Наставничката
библиотека, бил набавуван преку донации. Без оглед на сите
донации, книгите биле претежно од српски писатели или
странски писатели преведени на српски јазик. Литературата
со научна содржина или била незнатна или ја немало во
ученичките библиотеки.
Новоформираната ученичка библиотека и покрај сите
донации имала скромен книжен фонд. За сето време на своето
постоење фондот не се збогатил многу и се движел до 330 книги
во 414 примероци. Најмногу книги користеле учениците од




29


повисоките класови зашто на учениците од пониските класови,
литературата која се наоѓала во библиотеката не била за нивна
возраст и како таква некорисна.
Така, според една статистика учениците од првите
класови прочитале 182 книги; од вторите 220 книги; од третите
263 книги; од четвртите класови 185 книги или вкупно 850
книги.


Библиотеката на литературното друштво
Св. „Кирил и Методиј” во Гимназијата


Библиотеката на литературното друштво Св. „Кирил
и Методиј” во Гимназијата е формирана со формирањето на
гимназиската училишна литературна дружина Св. „Кирил и
Методиј”. Оваа дружина била најстара од сите други во градот.
Членови на Дружината биле ученици, најмногу од
горните класови.
Литературата за подготовки на учениците во најголем
дел ја имало во библиотеката на Дружината. Оваа Библиотека
ѝ припаѓала исклучиво на оваа школска организација.
Внатрешната управа на Библиотеката била раководена
исклучиво од ученици. Раководното тело како и библиотекарот
биле избирани на годишните собранија на Дружината. Во
прво време Библиотеката се делела на Нижа и Виша, поточно
книги за нижите класови (I - IV) и Виша за класовите од V
до VIII. Согласно на поделбата, биле избирани и соодветни
библиотекари т.е. двајца ученици – едниот за нижите, а другиот
за вишите.
Книжниот фонд од година во година перманентно се
збогатувал така што на крајот од учебната 1939/40 година
достигнал 1310 наслови.
Содржински книгите биле од српски, но имало и од
хрватски автори како на пример од Август Шеноа, Анте
Ковачиќ, Шимуновиќ, Галски и др. Од странските писатели биле




30


застапени руските класици Лав Николаевич Толстој, Фјодор
Михајлович Достоевски, Иван Тургењев, Гогољ, Пушкин и
др. Од српските писатели бил застапен Скерлиќ со неговите
целокупни дела, 40 книги со сите српски писатели, XXXV коло
на Српската книжевна задруга, доста дела од автори застапени
во Нолитовите изданија, списанието покренато од македонски
активисти во Скопје „Луч“, изданијата од таканаречената
Библиотека „Наша књига” и др.
Библиотеката постоела сè до постоењето на српската
окупаторска власт во Битола. По капитулацијата на Кралството
Југославија во април 1941 година, книжниот фонд главно,
останал во просториите на Гимназијата.
Препораките на Министерството за просвета и
настојувањето на гимназиската власт учениците што повеќе
да читаат книги и да се служат со српскиот јазик, професорите
по српскохрватски јазик формирале така наречени Класни
библиотеки, во сите класови од I - IV клас. Тие библиотеки
постоеле во секој клас, а биле создадени на тој начин што
секој ученик бил должен да донесе од дома макар една книга.
Ваквите класни библиотеки содржеле 60 до 100 книги во секој
клас посебно. Книгите соодветствувале според возраста на
учениците така што најбројни биле книгите со српски народни
песни, приказни, детски писатели, изданијата на „Златна кола”
и др. Книгите обично биле сместени во висечки на ѕидот
шкафови, изработени од битолските дограмаџии, а платени од
учениците. Со литературата раководел ученик од класот и го
чувал кај себе клучот од шкафот. Издавањето книги се вршело
во присуство на професорот што им предавал српски јазик.
Учениците од сите четвртите класови ги здружиле
- соединиле своите класни библиотеки во една. Бројот на
книжниот фонд на сите изнесувал околу 200 примероци.
Целокупната дејност во врска со литературата,
купувањето, заведувањето, евидентирањето, издавањето ја
вршел задолжен ученик од IV класови.




31


Нивното постоење се претпоставува дека траело се до
учебната 1939/40 година и покрај тоа што не се евидентирани во
гимназиските извештаи од 1935/36 година до 1939/40.


Библиотека на учебници


Библиотека на учебници е формирана за првпат во
учебната 1935/36 година заради тоа што учебниците во
Кралството Југославија биле мошне скапи, а сиромашните
ученици би имале голема среќа ако наjдат да купат по половна
цена. Така, се случувало еден учебник да е користен од повеќе
генерации. Мнозина од бедните ученици не можејќи да си
купат учебник школувањето го минувале со учење од позајмени
учебници. Поради ваквата состојба гимназиската власт во
Битола спровела една мошне смислена и хумана акција. Таа во
текот на годината со наредба ги известувала учениците дека
на крајот од годината ќе ги прибере сите учебници од оние
ученици кои доброволно ќе им ги отстапат. Така, учениците
наместо да ги продаваат учебниците ги отстапувале на
Гимназијата од кои учебници класирани по годишта ја чинеле
библиотеката на учебници.
Самиот наслов на Библиотеката кажува дека нејзиниот
книжен фонд се состоел од учебници употребувани во
наставата. Освен со подарени учебници, Библиотеката се
снабдувала и со такви по пат на купување со паричните
средства од дадени концерти на учениците за граѓанството на
Битола, како и од други приредби.
Учебниците биле за сите класови од I до VIII. Тие биле
користени така што ученикот позајмувач ќе се обврзел да го
користи учебникот цела учебна година, а потоа да го врати
во исправна состојба односно да не е оштетен. Бројот на
корисниците на вакви учебници изнесувал околу стотина лица,
додека бројката на учебници зголемувана од година во година
во крајната 1939/40 изнесувал околу 600 примероци.




32


Со далеку помал фонд постоеле библиотеки формирани
вон училишните активности. Од таквите библиотеки ќе ги
издвоиме Библиотеката на подмладокот на Аеро - клубот
„Наши крила”, Библиотеката на Друштвото подмладок
на Јадранска стража и Библиотека на дружината Коло на
трезвената младина „Св. Кирил и Методиј“.
Земјоделското училиште со степен на нижо, во Битола
постоело од 1912 година кога бившата Сточарска станица
со курсеви за учениците, формирана во 1908 година,
српската власт во крајот на 1912 година ја обновила и ја
верификувала во Ниже земјоделско училиште, прво од ваков
профил во Македонија. Почнало со работа во 1913 година,
но поради Балканските и Првата светска војна (1913 - 1918)
училиштето прекратило со работа. Зградата во која претходно
работело училиштето била во време на војната срушена од
бомбардирањето на Битола.
По завршувањето на Првата светска војна, се вршат
обемни подготовки училиштето по трет пат да започне со
работа во 1921 година.
Бидејќи во училиштето учениците најчесто биле од
селата, при училиштето постоел интернат. Поради потребата
од стручна литература за секојдневна настава, училишната
власт се погрижила да отвори библиотека при училиштето.
Таа се делела на Наставничка и Ученичка. Тоа се случило во
учебната 1923/24 година. Тогаш Наставничката библиотека веќе
имала книжен фонд од 1.917 книги. Тие, главно, биле стручни
од областа на земјоделството, сточарството и превентивната
ветерина. По две години постоење, од Наставничката
библиотека биле извлечени учебниците и во неа останале 655
наслови. Учебниците и некои други книги биле пренесени во
фондот на Ученичката библиотека, која во учебната 1925/26
година располагала со околу стотина стручни наслови.
Ученичката библиотека го примала списанието наменето за
земјоделците под наслов „Тежак”.




33


Со указ на тогашниот српски престолонаследник,
Александар Караѓорѓевиќ, била основана Државната трговачка
школа. Во 1916 година оваа школа прекинала со работа зашто
во тој период Битола била окупирана од бугарската војска.
По завршувањето на Првата светска војна и
воспоставувањето на српската окупаторска власт, во септември
1922 година, во Битола официјално се отвори училиште со име
Државна трговачка школа у Битољ. Училиштето било сместено
во една од зградите на комплексот згради при ОУ „Гоце Делчев”.
Слично како и во Гимназијата, во ова училиште ученици
ученици од околните места зашто такви школи таму немало.
Во училиштето биле оформени Наставничка библиотека,
Библиотека при Ученичката дружина (литературна) „Иван
Гундулиќ“ и Библиотека на Колото на трезвена младина.
Наставничката библиотека била претежно богата со
стручна литература и била драгоцена помош за наставниот
кадар во училиштето. Другиот книжен фонд бил белетристика.
Инаку, библиотеката добивала повеќе наслови на списанија.
Списанијата „Банкарство”, „Гласник стручне наставе”,
„Економија”, „Привредни гласник”, „Службене новине”, „Српски
књижевни гласник”, „Трговачки гласник” и др.
Збогатувањето на книжниот фонд на Наставничката
библиотека се вршело по пат на подароци од книги и по пат на
купување.
Библиотеката на Книжевната дружина „Иван
Гундулиќ” била богата со белетристика чии автори третирале
социјални проблеми. Книжевната дружина во Трговското
училиште слично како и во Гимназијата на своите состаноци
обработувала теми од литературата, критики, есеи, драмски
творби, поезија и сл.
Од библиотеката на Дружината биле земани книги од
Синклер, Толстој, Чернишевски, Тургењев, Горки, Џек Лондон,
Анри Барбис, Травен, ВикторИго, Емил Зола, Балзак и др.
Во склоп на Дружината „Иван Гундулиќ” постоела




34


секција на Коло на трезвена младина. Оваа секција имала
своја библиотека, но со многу мал книжен фонд кој бавно се
зголемувал според можностите.
Пред капитулацијата на Кралството Југославија, во
Трговското училиште сите библиотеки располагале со околу
2000 до 2500 примероци.
И како трето средно училиштево Битола било
Богословија. Во ова училиште биле примани ученици со
завршено IV одделение и тоа најчесто се запишувале деца од
попски семејства, кои на тој начин ја продолжувале семејната
традиција како и деца на сиромашни родители. За учениците -
богословци бил организиран интернат зашто тие главно биле од
други места - селата и градовите подалеку од Битола.
Богословците учеле до VIII клас гимназија со
дополнителни теолошки и други предмети во Богословијата.
За потребите на учениците и професорите од неопходна
литература, за што се создале две библиотеки - професорска и
ученичка.
Професорската библиотека ја водел книжничар.
Книжниот фонд бил мошне богат и тоа со книги од српски и
руски автори. Литературата се набавувала по пат на донации
и купување. Оваа библиотека располагала со голем број на
списанија.
Богословската библиотека имала многу донатори, па
нивните донации во книги ги распоредувала како подароци на
бедните ученици.
Сите книги биле печатени на српски јазик, па така
ненасилно тој се ширел меѓу македонските богословци,
што била и цел на окупаторскиот систем. По распадот на
Кралството Југославија во април 1941 година, книгите биле
пренесени и сочувани во Битолската митрополија.
Покрај Професорската библиотека постоела и Ученичка но
во споредба со првата оваа библиотека значајно заостанувала
во однос на литература со која располагала. Книгите што ги




35


поседувала најчесто биле подароци.
Како и во претходните две средни училишта и во
Богословијата се создава книжевна дружина под име
„Братство“. Богословската литературна дружина оформила
своја библиотека чиј почетен книжен фонд изнесувал 150
наслови, меѓутоа од година во нова учебна година тој се
зголемувал.
Библиотеката, почнувајќи од 1931 покрај белетристички
дела поседувала дела од теологијата, филозофијата како и
списанија со теолошка тематика.
Покрај дружината „Братство” се оформила и нова
дружина наречена „Нова светлост”. И оваа дружина исто била
литературна. Книжниот фонд во библиотеката на оваа дружина
во 1932 година изнесувал 197 наслови, а во 1933 имал 242 книги.
Од богословските извештаи се заклучува дека најмногу
богословците ги читале делата на Ф. М. Достоевски, Л. Н.
Толстој, Јанко Веселиновиќ, Радоје Домановиќ, Лаза Лазревиќ,
Милован Глишиќ, Иван Тургењев, Петар Петровиќ Његош,
Максим Горки, Бранислав Нушиќ, Вилијам Шекспир, Дучиќ,
Виктор Иго, Симо Матавуљ и др.
За честата соработка меѓу учениците од трите средни
училишта во Битола, Гимназијата, Богословијата и Трговското
училиште кажува и фактот дека во текот на 1936/37 година
одржале Свечена академија во градскиот театар по повод 100
годишнината од смртта рускиот поет Александар Сергеевич
Пушкин, која во градот одекнала како убав културен настан.
Во 1929 година се формира Руска библиотека. Во истиот
период активно работи и библиотеката при Работничката
комора во Битола, а во Гимназијата, скоевската организација
имала своја библиотека.
Во овој период ќе бидат отворени уште неколку библиотеки.
Библиотеката во Битолската општина, Библиотека во
Офицерскиот дом и Дивизијата, Библиотека во Народниот
музеј отворена во 1936 година, мошне богата библиотека




36


имело еврејското друштво Cerele des Intimes. Книжниот
фонд се состоел од стручни, научни, белетристични дела на
српскохрватски јазик, француски и ладино (јудео - шпански)
јазик. Најзастапени биле светските класици.
Скоро низ целото време од постоењето на градот Битола
доминира француското влијание. По првата светска војна се
формира клуб на пријатели на Франција кој во 1938 година
формира библиотека која во тој момент броела околу 3000
наслови.
Предвоениот период односно пред почетокот на Втората
светска војна во Битола се отвораат илегални библиотеки
во средните училишта. Библиотеките содржеле дела од
марксизмот, политичката економија, филозофијата.
Во текот на Втората светска војна во Битола е видлив
владејачкиот бугарски режим како преку културно-
просветните установи, и во нив формираните библиотеки .
Покрај овие библиотеки работаат библиотеки по разни
друштва и училишта, но и голем број приватни библиотеки на
кои и денес не им се знае точниот број.
Развојот на науката и образованието во XX век изврши
силно влијание вез библиотеките и нивното работење.
Промените кои доаѓаат во овој период се многу поголеми и
позначајни од сите други кои се случиле од постанокот на
првите библиотеки па до почетокот на овој век. Библиотеките
поминале долг пат од музеите во кои се чувани книгите, за
ретките и одбрани корисници, до динамични институции
кои на своите корисници, покрај книгите им нудат низа
информации за севкупните достигнувања на науката.
За поинтензивен развој на библиотекарството може да
се зборува по завршувањето на Втората светска војна кога се
отвораат народни библиотеки низ цела Македонија. Во Битола
во 1945 година се отвора Народната библиотека, а се отвораат и
многу училишни и специјални библиотеки.




37


НУ Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола


Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола претставува современо
обликуван библиотечно – информативен центар, современа
културна институција преку која се негува пишаниот збор и
која трајно ги задоволува културните потреби на работните
луѓе и придонесува за унапредување на стручната и научно
истражувачката работа од сите области. НУУБ „Св. Климент
Охридски“ од Битола е лоцирана во строгиот центар на градот,
на ул. Ленинова бр. 39. Сместена е во два функционално
поврзани објекти, стар и нов објект. Стариот објект од зградата
претставува споменик на културата утврден со Решение бр.
266 од 03.03.1978 година, издадено од Заводот за заштита на
спомениците на културата, природните реткости и Музеј -
Битола.
Co решение на Градскиот народен одбор во 1945
година основана е Градската народна библиотека во Битола.
Таа почнала да работи со книжен фонд од 300 книги кои,
главно, биле затекнати книги, повеќе на бугарски јазик, како и
подарени книги од организации, установи и приватни лица. За
рапидниот развој на Библиотеката многу придонесе одлуката
во 1954 година, кога Библиотеката е прогласена за македонски
депозит од страна на Друштвото на библиотекарите – Скопје,
што значи добивање на задолжителен депозитен примерок
од сите печатени материјали од цела Македонија. Бројот на
публикации со кои располага Библиотеката се искачи на 12816
монографски публикации, а се создаде можноста за добивање и
периодични публикации. Во 1955 основана е Детска библиотека
во просториите на Пионерскиот дом, но со унапредувањето
на услугите за најмладите читатели таа се префрли и стана




38


составен дел од градската библиотека. Веќе во 1956 започна
поорганизирано финансирање на Библиотеката со што се
создадоа услови за поконтинуирано збогатување на книжниот
фонд.
Периодот на шеесеттите години се разликуваше со
крајно брз развој и потреба од создавање на повеќе реонски
библиотеки, кои во времето на своето постоење одиграле
значајна улога. Значајно е да се напомене и основањето на
училишните, високошколските и специјалните библиотеки.
Библиотеката прерасна во Матична библиотека во 1960
година, со што се зголемија нејзините задачи и обврски. Така,
таа стана надлежна за стручно усовршување на библиотечните
кадри, организирање соработка меѓу библиотеките, особено
во набавувањето, стручната обработка, позајмувањето и
обработката на библиотечниот материјал, вршење стручен
надзор над работата на библиотеките, проучување на
состојбите, потребите и условите за развој на библиотечната
мрежа, организација и унапредување на библиотечната дејност
на подрачјето од Општината Битола.
Во 1964 се формира подврзувачко одделение. Истата
година се формира Завештаен фонд и Фонд на туѓа литература,
каде само се прибираа материјали и дробен печат. Оваа година е
значајна затоа што излегува од печат првата публикувана книга
за патронот на библиотеката „Климент Охридски“.
Во 1967 во Завештајниот фонд прибрани се ракописите
на Ванчо Николески. 1974 година Библиотеката се пресели
во зградата на адаптираното Хируршко одделение на ул.
Ленинова 39. Со добивањето статус на членка на Универзитетот
само една година по основањето на Универзитетот, односно
во 1980 година, Библиотеката во својот развојот ја вградува
и универзитетската компонента во нејзиното делување. Во
1984 година библиотечните процеси се одвиваа преку осум
организациони единици: Комплетирање на библиотечен
материјал; Стручна обработка на монографски и периодични




39


публикации; Библиографско – библиотечни информации,
Позајмување и услуга, Унапредување на библиотекарството,
Посебни книжни фондови, Заштита и репрографија и Општи
служби. Фондот на Библиотеката се зголеми на 118755
публикации. Унапредување на библиотекарството беше
овозможено со предавање стручен предмет „Библиотекарство“
на III и IV клас во Гимназијата „Јосип Броз Тито“, од
вработениот Благој Николов во периодот 1985 - 1988 год.
Процесот на автоматизацијата на библиотечните процеси
почна во 1990, а две години подоцна направени се први on - line
записи од роднокрајната литература.
Во 1996 набавен е Alpha сервер, со што почна
комплетната библиографска обработка на библиотечниот фонд,
со програмска поддршка на COBISS, одржувана од IZUM –
Марибор. Извршена е обука на вработените со што се создадоа
услови за комплетна ретроактивна библиографска обработка на
библиотечниот фонд. Во 2003 година започна автоматизирано
позајмување на библиотечниот материјал со програмата на
COBISS/Зајмување и се презентира на web страницата на
Библиотеката. Во 2004 година Библиотеката стана член на
заемната библиографска база COBIB.MK.
Автоматизацијата на народните библиотеки од западниот
регион на РМ почна во 2004 година. При тоа, постојан
е стремежот на Библиотеката да прерасне во вистинска
виртуелна библиотека, заради подобро задоволување на сè
поголемите барања на читателите и научните работници. Во
2007 година фондот на Библиотеката содржеше над 500000
книги и бројни списанија, со тенденција за постојан пораст.
Библиотеката во 2007 конкурираше со проектот
„Конзервација и реставрација на фасадата од стариот дел од
зградата на Библиотеката“, така што денес стариот дел целосно е
реконструиран и фасадно освежен.
Во 2009 година, на Библиотеката од Министерството за
култура и се одобрени средства за изградба на поткровје над




40


новиот објект, со што Библиотеката ќе добие дополнителен
корисен простор од над 500m², што ќе биде искористен за
нови, високо опремени и мултимедијални читални со 80 – 100
седишта, просторија за промоции со опрема за симултан превод
и сл.
Во организационата структура на Библиотеката влегуваат
9 сектори и тоа:


• Комплетирање на библиотечен материјал;
• Стручна обработка на монографски и периодични


публикации;
• Библиографско-библиотечни информации;
• Позајмување и услуга;
• Унапредување на библиотекарството;
• Посебни книжни фондови;
• Заштита и репрографија;
• Општи служби
• Меѓународна соработка.


Од своето основање па до денес, Библиотеката постојано
го збогатува својот фонд со сопствени изданија, што особено е
присутно во последниве години кога е забележана многу плодна
издавачка дејност за што Библиотеката ја доби наградата на
ТВ „Орбис“ за најуспешен издавач во 2007 год. Збирката на
сопствени изданија се состои од над 40 наслови чии автори во
најголем дел се вработените во Библиотеката.
Остварени се низа проекти од областа на меѓународната
соработка, преку кои Библиотеката ја остварува можноста за
соработка со европските земји. Стручниот кадар, вработен
во библиотеката, подготвен е да ги следи модерните текови
на библиотечното работење и да им излегува во пресрет на
современите барања на своите корисници.





41


Училишни библиотеки


За поинтензивен развој на училишните библиотеки во
Битола може да се зборува пo II светска војна. Имено, 1944
го-дина формирана беше таква библиотека во гимназијата
„Јосип Броз Тито“ и како таква е една од најстарите училишни
биб-лиотеки. Следната година во Битола почнуваат да се
отвораат училишни библиотеки: ОУ „Коле Канински“, ОУ
„Гоце Делчев“, ОУ „Д-р Трифун Пановски“, ОУ „Стив наумов“,
ОУ „Даме Груев“, Економското училиште „Јане Сандански“.
Земјоделското училиште „Борис Кидрич“ и Училишниот
центар за стручни кадри „Кочо Рацин“. Потоа следуваат ОУ
„Тодор Ангелевски“ (1946), Средното музичко училиште и
Учителската школа (1947), Заводот за рехабилитација на деца со
оштетен слух (1950), ОУ „Кирил и Методиј“ (1955), Медицинско
училиште (1956), ЕМУЦ „Гуро Салај“ сега „Горѓи Наумов“
(1958), ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ (1973), ОУ „Елпида Караманди“
(1980) и во 1989 год. ОУ „Св. Климент Охридски“. Покрај
наведените училишни библиотеки кои работат во градското
подрачје, значајни се уште осумте училишни библиотеки во
централните основни училишта во приградските населби
во општина Битола: ЦОУ „Мирче Ацев“ с. Бач, ЦОУ „Кочо
Рацин“ с. Ивањевци, ЦОУ „Трајче Белев“ с. Цапари, ЦОУ
„Крсте Петков Мисирков“ с. Бистрица и ЦОУ „Иво Лола
Рибар“ сега „ Александар Турунџев" с. Кукуречани. Покрај овие
основни и централни училишта во градските и приградските
населби постојат уште 12 училишни библиотеки во подрачните
училишта кои имаат библиотечен фонд, но, за жал, во 7 од нив
истите не функционираат.
Од досега искажаното се гледа дека мрежата на
училишните библиотеки во општина Битола ја сочинуваат 37
училишни библиотеки од кои 10 во основните училишта во




42


градот, 7 централни училишта во приградските населби, 12 во
подрачните училишта и 7 во средните училишта.
Библиотечниот фонд во овој вид библиотеки го
сочинуваат монографски и периодични публикации. Заклучно
со 30.06.1995 година во сите 37 училишни библиотеки има
вкупно 184.258 библиотечни единици. Од вкупниот број
монографски публикации на македонски јазик се 157.321,
22.134 се на српскохрватски, 781 се на албански и 4.022 на други
европски јазици.
Книжните фондови во овој вид библиотеки се движи од
150 па до над 24.000 библиотечни единици.
Заради ограничените средства училишните библиотеки
набавуваат претежно уметничка литература и тоа, главно, онаа
што е предвидена со програмата по македонски јазик. Според
тоа, книжните фондови во овој вид библиотеки се составени од
околу 90% уметничка литература, а останатите 10% се учебници
и друга прирачна литература.
Покрај монографските публикации во училишните биб-
лиотеки можат да се сретнат и периодични публикации со
околу 14 наслови, од кои најзастапени се „Просветен работник",
„Просветно дело", „Педагошки гласник", „Современа школа",
„Битолски весник", „Нова Македонија" и други.
Co оглед на карактерот на училишните библиотеки и
потребите од наставниот процес, како корисници на книжните
фондови се учениците и наставничкиот кадар. Вкупно
потенцијални корисници на овој вид книжен фонд се 17.471,
од кои 16.358 се ученици, а останатите 1.113 се вработените во
училиштата.
Споредуван книжниот фонд во овој вид библиотеки
со бројот на корисниците во нив дава показател дека на секој
корисник му припаѓаат по 10,5 монографски публикации со
што се исполнуваат условите според минимум стандардите за
овој вид библиотеки.
Учениците во текот на една година користат околу 52.




43


428 библиотечни единици. Од ова произлегува дека секој
ученик користел 3,2 библиотечни единици што е сосема малку
и не го задоволува минимумот на стандардот кој изнесува 10
библиотечни единици по ученик. Недоволното користење на
книжните фондови во овој вид библиотеки најмногу се должи
на несредените книжни фондови, нестручниот и непостојан
кадар како и популаризацијата на книжниот фонд.
Тргнувајќи од неповолната состојба на кадарот во
училишните библиотеки, може да се види дека и по однос
на стручното уредување на овие библиотеки и кадарот кој
е вработен во нив не дава соодветни резултати. Недоволно
оспособениот кадар којшто е вработен на неопределено време,
местото и нивното менување се причина за несредените
книжни фондови и нивното користење. Од постојните 37
училишни библиотеки, само во 6 постои азбучен каталог и во
една деци-мален каталог што значи околу 16,6% од вкупниот
број на ваков вид библиотеки.
Една од причините за недоволното користење на
библиотечниот материјал е и просторот во кој се сместени.
Мал е бројот на училишта кои имаат наменски простор за
библиотека. Поголемиот број се сместени во несоодветни
простории каде што учениците немаат пристап до книжниот
фонд. Тој е сместен, главно, во ходниците, наставничките
канцеларии или други несоодветни простории, a со тоа се
пасивизира фондот. Овој вид библиотеки располага со вкупен
простор од 953m², односно само 25% од предвидениот простор
за училишна библиотека според минимум стандардите за
училишни библиотеки.
Најновите податоци од 2013 година за фондовите,
видовите на корисниците, вработените и сл., дадени се подолу
за секоја библиотека одделно.




44


Основно училиште „Св. Климент Охридски“


Во ова училиште функционираат две библиотеки,
поделени според возраста на учениците - корисници кои ја
користат (одделенска и предметна).
Библиотеките се формирани 1990 и оттогаш локацијата
не е променета. Сместени се во две одделени простории.
Фондот на библиотеката за учениците од петто до осмо
одделение изнесува 9000 книги, од кои во книжниот фонд
застапени се областите литература (белетристика), научни
книги и педагошка литература. Фондот се обновува преку
купување на околу 30 книги годишно, како и преку подарок,
најчесто од учениците. Има запишано 640 членови.
Библиотеката максимално е искористена од учениците, а
ја користат и професорите.
Книгите се внесуваат во инвентарна книга со инвентарен
број каде што се внесува авторот, насловот, местото на
издавање, издавачот, годината на издавање, страниците,
должината, сигнатурата и сл.
Библиотекарот е лице со висока стручна спрема.
Втората библиотека е наменета за учениците од прво
до четврто одделение. Во оваа библиотека фондот на книги се
обновува со самофинансирање од училиштето, со вредносни
писма кои ги добива од училишните списанија и со надворешно
донирање од лица и фирми. Бројот на новопримени книги е
секогаш различен но секогаш оди во нагорна линија.
За време на саемот на книгите, во училиштето се
презентираат најновите книги кои се достапни, а се повикуваат
и автори кои презентираат и читаат извадоци од нивните дела.




45


Основно училиште „Ѓорги Сугарев“


Оваа библиотеката е формирана 1973 год. Веќе во
следните неколку години по формирањето односно до
1976 година, книжниот фонд броел веќе 480 примероци
стручна литература и 2520 примероци школска лектира и
литература за читање. Веќе во 1987 година фондот пораснал
на 6318 примероци од кои 6213 се на македонски јазик, а 105 на
српскохрватски јазик. Фондот во оваа година се зголемил за 270
книги.
Според направената анкета во 2013 година, фондот на
книгите е 2903 наслови со 11074 примероци што во просек
би изнесувало дека секој наслов да има по 3,8 примероци.
Најзастапени се лектирните изданија, кои опфаќаат околу 85%
од вкупниот фонд, додека преостанатите 15% од публикации
се од областите на предметите што се изучуваат, најчесто
енциклопедии, а доста застапена е историската литература.
Обновата е инцидентна, со евентуални донации од невладини
организации и автори.
Запишани се сите ученици според дневниците, а
моментално има околу 579 ученици - членови на библиотеката.
Најчесто ја посетуваат и нејзините услуги ги користат
учениците и наставниците, а сосема ретко и родителите. Во
текот на 2012/13 година библиотеката вкупно ја посетиле 510
корисници од кои 450 ученици и 60 вработени.
Просторот во кој е сместена библиотеката изнесува 80m²
во кои е сместена читална со 18 седишта.
Книгите се сместени во шкафови каде се подредени по години
на користење (лектири изданија), а останатите се подредени по
предмети и теми.




46


Основно училиште „Д-р Трифун Пановски“


Библиотеката е формирана 1945 година. При посета на
лицето за Матична дејност при Матичната библиотека „Св.
Климент Охридски“ – Битола во 1977 година располагала со
фонд од 6050 книги. Во оваа година купени се 500 примероци
главно школска лектира. Во овој период просторот на
библиотеката изнесувал 12m². Веќе во 1987 година фондот
пораснал на 11493 примероци. Фондот во оваа година се
зголемил за 2.074 книги, а просторот се зголемил на 35m².
Од 1998 година е сместена во просторија дотогаш
наменета за училница. Библиотеката ја води еден вработен.
Библиотеката има околу 14000 примероци книги и
поделена е на библиотека за наставници и библиотека за
ученици со лектирни изданија и друга литература од домашни
и странски автори. Последната деценија главно се обновуваат
лектирните изданија со самофинансирање, додека другиот фонд
незначително се обновува. Книгите се подредени по сталажи по
библиотечниот број кој го носи секоја книга.
Од 2011 година со вработувањето на библиотекар
со полно работно време и положен библиотекарски испит
библиотеката го менува својот лик. Старата литература која
воопшто не се користи е дислоцирана. Денес библиотеката
располага со простор за библиотеката од 60m².
Просечна е посетеноста на библиотеката, најчесто
од ученици кои се најредовните корисници на услугите
на библиотеката. Исто така ја користат и наставниците,
родителите на учениците како и средношколци и студенти кои
се школувале во ова училиште.




47


Основно училиште „Гоце Делчев“


Формирана во 1945 година со скромен фонд на книги.
Веќе по нешто повеќе од една деценија, во 1977 година
библиотеката располагала со фонд од 5000 книги, од кои 50
стручна литература и 4950 примероци школска лектира и
литература за читање. Во оваа година купени се 80 примероци
главно школска лектира. Во овој период библиотеката немала
свој простор. Била сместувана на различни локации во
училиштето. Во учебната 1985/86 година книжниот фонд во
библиотеката изнесува 7393 примероци од кои на македонски
се 5762, на српскохрватски 575 и на албански јазик 781 книга.
Во овој период библиотеката се стекнува со свој простор кој
изнесувал 32m² и вработен во библиотеката.
Денес библиотеката е сместена во третата зграда на
училиштето со еден вработен. Фондот на книгите се зголемил
8500 книги, главно школска лектира, стручна литература,
класика и белетристика. Фондот се обновува со подароци, околу
50 - 60 книги годишно.
Во библиотеката има запишано 300 членови. Посетеноста
и искористеноста на библиотеката е на задоволително ниво.
Библиотеката ја користат претежно ученици и останатиот
персонал на училиштето.


Основно училиште „Даме Груев“


Во 1918 година училиштето го формира Милојко
Веселинов и до сега има променето две локации.
Библиотеката во ова училиште се формирана 1945 година.
При посета на лицето за Матична дејност при Матичната
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, во 1977 година,
библиотеката располагала со фонд од 4147 книги од кои
1567 стручна литература и 2580 примероци школска лектира




48


и литература за читање. Во оваа година купени се само 75
примероци главно школска лектира. Во овој период просторот
на библиотеката се наоѓал во преграден ходник и изнесувал
само 9m². Веќе во 1987 година фондот нараснал на 10406
примероци. Фондот во оваа година се зголемил за 1120 книги, а
просторот се зголемил на 28m².
Денес библиотеката располага со вкупна површина од
64m², со оспособен дел за читална со 10 седишта.
Моментално фондот на библиотеката изнесува 13362
публикации, а најзастапени се лектирните изданија, слободната
литература за читање и стручна литература. Годишно се
набавуваат од 50 до 100 книги. Има запишано 605 ученици
и наставници, кои се главните корисници на библиотеката.
Книгите се подредени по азбучен ред и по автори. Уредно се
води инвентарна книга. Библиотеката располага со персонален
компјутер и интернет.
Ова училиште има библиотеки во подрачното училиште
во село Долно Оризари, како и во новата зграда на ова
училиште.


Основно училиште „Елпида Караманди“


Библиотеката во ова училиште е формирана 1981 година.
Веќе во следните неколку години по формирањето односно
до 1986 година, книжниот фонд броел веќе 11800 примероци
од кои 314 стручна литература и 11496 примероци школска
лектира и литература за читање. Вкупната површина со која
располага библиотеката изнесува 40m².
Вработен е еден библиотекар со полно работно време.
Денес во библиотеката фондот изнесува 14000 публикации
од повеќе области, енциклопедии, атласи, визуелни речници,
стручна литература, училишни лектири, класика и др. Фондот
се обновува два до три пати годишно. Има запишано околу
300 до 350 членови од I до VIII одделение. Посетеноста е




49


голема од страна на учениците и наставниците, родителите
и сл. Во првата половина на 2013 година библиотеката вкупно
ја посетиле 310 корисници од кои 260 ученици, 40 вработени
и 10 родители и сл. Во истиов овој период одржани се 16
манифестации во библиотеката за популаризација на книгата.
Книгите се инвентарираат во инвентарна книга, а
зајмувањето се врши со запишување во тетратки и со издавање
на членски картички. Библиотеката располага со еден
персонален компјутер кој не приклучен на интернет.


Основно училиште „Стив Наумов“


Библиотеката е формирана во 1945 година. При посета
на лицето за Матична дејност при Матичната библиотека
„Климент Охридски“ – Битола, во 1977 година, библиотеката
располагала со фонд од 5000 книги од кои 100 стручна
литература и 4900 примероци школска лектира и литература
за читање. Во оваа година е направено големо обновување на
книжниот фон со купување на околу 2000 примероци главно
школска лектира. Во учебната 1985/86 година книжниот
фонд во библиотеката изнесува 9117 примероци од кои на
македонски се 8955, на српскохрватски 162 книги.
Вкупната површина со која располага библиотеката
изнесува 45m².
Денес библиотеката располага со фонд од околу 14500
книги, а најзастапени се лектирните изданија како слободната
литература за читање. Фондот се обновува со донации и со
купување од сопствени средства, во просек околу 50 до 100
книги.
Библиотеката најчесто ја користат учениците и
наставниците, како и другите вработени. Во библиотеката има
компјутери и таа функционира како медијатека.




50


Основно училиште „Св. Кирил и Методиј“


Библиотеката на ова училиште е формирана 1955
година. Веќе нешто повеќе од една деценија, во 1977 година
библиотеката располагала со фонд од 2600 книги, од кои 300
стручна литература и 2300 примероци школска лектира и
литература за читање. Во оваа година купени се 200 примероци
главно школска лектира. Во овој период библиотеката располага
со свој простор од 16m². Во учебната 1985/86 година книжниот
фонд во библиотеката изнесува 6601 примероци од кои на
македонски се 6251, на српскохрватски 350 книги. Заради
зголемувањето на фондот и потребата од негово сместување
просторот се зголемува на 24m². Во библиотеката работи
библиотекар со полно работно време.
Библиотеката денес располага со фонд од околу 8540
книги и тоа детска литература, лектири, белетристика,
енциклопедии и сл. Фондот се обновува со донации, купување
и сл. Зачленето има околу 280 деца. Библиотеката е редовно
посетена, ја користат сите ученици како и вработените.


Основно училиште „Коле Канински“


Библиотеката е оформена во 1945 година. Во првите
години на своето постоење оваа библиотека има променето
неколку локации, за од 1961 година да се пресели во новата
изградена училишна зграда. По нешто повеќе од една деценија
од нејзиното формирање, во 1977 година, библиотеката
располагала со фонд од 4000 книги, од кои 100 стручна
литература и 3900 примероци школска лектира и литература
за читање. Во оваа година фондот е збогатен за 263 примероци
главно школска лектира. Во овој период библиотеката располага
со свој простор од 20m². Во учебната 1985/86 година книжниот
фонд во библиотеката изнесува 5830 примероци од кои на




51


македонски се 5620, на српскохрватски 180 книги. Заради
зголемувањето на фондот и потребата од негово сместување
просторот се зголемува на 34m², од кои покрај работниот
простор за библиотекарот во кој се сместени и книги добива
и посебен простор за магацин за сместување на фондот. Во
библиотеката работи библиотекар со полно работно време. Во
1991 година книжниот фонд е зголемен на 8730 примероци.
Фондот е инвентариран и сигниран. Денес во библиотеката
се вработени два библиотекари. Книжниот фонд изнесува
10462 книги во кои се застапени: лектирни дела, и слободна
литература, психологија, историска, енциклопедии и др. Фондот
се обновува со набавка, размена и подарување и тоа годишно по
околу 100 книги.
Вкупно во 2013 година има запишано 513 членови.
Библиотеката е максимално посетена. Нејзините услуги ги
користат учениците, наставниците, професорите, како и
надворешни лица. Вкупно посетители на библиотеката со
извршена услуга кон нив изнесува 645. Книгите се заведуваат во
инвентарна книга, а потоа се редат редоследно по инвентарниот
број.
Библиотеката во Основно училиште „Коле Канински“ во
споредба со другите училишни библиотеки е богато снабдена со
сите видови литература.


Основно училиште „Тодор Ангелевски“


Библиотеката е во рамките на постоечкиот објект.
Формирана е во далечната 1946 година. Книжниот фонд од
година во година перманентно се зголемува. Во 1977 година
тој изнесува 6300 примероци од кои 5000 се лектирни изданија
и 1300 стручна литература. Веќе во 1985 година фондот се
зголемил на 9800 примероци од кои 9500 се на македонски
јазик, а 300 на српскохрватски јазик. Крајот на 1991 година
библиотеката го завршува со бројка од 13000 примероци.




52


Денес фондот на книгите е околу 15520 книги, а најмногу
од примероците се лектирни изданија, следува во помал
број стручна и научна литература. Библиотеката го добива
весникот „Просветен работник“. Фондот се обновува во текот
на секоја учебната година кога се купуваат книги претежно
за потребите на учениците. Членови на библиотеката се сите
запишани ученици. Библиотеката се користи според потребите
на учениците и часовите по одредени предмети, со користење
на телевизор и DVD. Претежно ја користат учениците и
наставниот кадар за стручни советувања, состаноци и др.
Книгите се заведуваат во инвентарна книга.


Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“, с. Бистрица


Библиотеката е формирана 1975 година. Според
евиденцијата на матичната служба при Матичната и
универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
во 1994 година, библиотеката располага со книжен фонд од
5446 монографски публикации и 2000 учебници. Во овој период
просторот за библиотеката изнесува 14m².
Денес фондот на библиотеката изнесува 1350 наслови
со вкупно 6718 книги, од кои повеќето се лектирни изданија,
книги од познати странски автори, стручна литература и сл.
Обновувањето на фондот се врши зависно од потребите и
промените во лектирните изданија на учениците во основното
образование. Во учебната 2007/08 набавени беа преку 250
наслови.
Во библиотеката членуваат сите ученици од I до VIII
одделение, а често ја користат и ученици од средно образование
кои учеа во училиштето, како и мештаните. Вкупниот број на
членови изнесува 590 од кои 480 ученици, 60 вработени и 50
други.
Книгите се внесуваат во инвентарна книга, а на полиците
се подредени по азбучен ред на писателите.




53


Библиотеката е лоцирана во рамките на училиштето во
посебно издвоен простор од 50m² од кои за вработениот во
библиотеката 15m² и магацин за книжниот фонд 36m².
Во првата половина од 2013 одржани се 10 манифестации
за популаризација на книгата.
Библиотеката располага со еден персонален компјутер и
еден печатар. Инсталиран е и интернет.
Во склоп на библиотеката има библиотечна секција во
која членуваат 20 ученици.


Основно училиште „Кочо Рацин“, с. Ивањевци


Библиотеката е формирана 1950 година. Според
евиденцијата на матичната служба при Матичната и
универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
во 1986 година, библиотеката располага со книжен фонд од
2500 монографски публикации. Во овој период библиотеката
не располага со простор за нејзино функционирање. Книжниот
фонд е сместен во шкафови по канцелариите.
Со оглед на долгиот период на користење на фондот
добар дел е расходован, а во изминативе години истиот не
се обновува така што денес библиотеката располага со фонд
од околу 1300 книги, од сите формати и области, меѓутоа
преовладува детската литература.
Членуваат сите ученици, кои се и најголеми корисници.
Книгите се пребаруваат по презимето на авторот. При ОУ
„Кочо Рацин“ работи и библиотека од подрачното училиште во
с. Долно Српци.


Основно училиште „Александар Турунџев“, с. Кукуречани


Библиотеката во ова училиште е формирана 1964
година, а нејзините простории се во рамките на училиштето.
Фондот изнесува 5000 книги од сите формати и области, а




54


преовладуваат лектирни изданија. Фондот се обновува само
во ретки случаи, главно со донации, со мал број примероци.
Членуваат сите ученици. Библиотеката е редовно посетена
и искористена од учениците, а повремено и од професорите.
Книгите се сместени на полици при што лектирните изданија се
подредени по одделенија, а останатите по презимето на авторот.


Библиотеки во средните училишта


Гимназијата „Јосип Броз Тито“.


Библиотеката постои уште од оформувањето на
Гимназијата во 1892 година. Таа е првата училишна библиотека
формирана по втората светска војна во 1944 година. По истекот
на нешто повеќе од една деценија на работење на библиотеката,
во 1965 година, книжниот фонд броел веќе 10022 монографски
публикации. Во овој период задолжен со библиотеката бил
професорот по историја Ѓорѓи Димовски кој комплетно го
обработил фондот. Инвентарирани биле сите книги, истите си
добиле своја сигнатура и изготвена била азбучна библиотека.
Во 1977 тој изнесува 13243 примероци, а во 1986 година
веќе има стагнација на нагорното зголемување на фондот
така што тој изнесува 13800 примероци од кои 9541 биле на
македонски јазик, 1382 на српскохрватски и 2998 на други
јазици. Просторот во кој е сместена библиотеката изнесува
114m², од кои 72m² е за библиотекарот, читалната и тука се
сместени картотеките за пребарување на фондот, додека 42m²
биле магацински простор за сместување на фондот. Во 1988
година целокупниот фонд бил наново бил обработен но сега
според Меѓународниот стандард ISBD(m) и систематизиран
по Универзалната децимална класификација од страна на
учениците кои изучувале предмет Библиотекарство, а со тоа
била и изготвена азбучна картотека за пребарување на фондот.




55


За целиот период на своето постоење во библиотеката За целото
свое работење во библиотеката се промениле повеќе вработени
кои воедно биле и наставници.
Денес фондот на Библиотеката изнесува 17000 книги, од
кои има книги за обработка, книги за лектира, енциклопедии,
речници за странски јазици, книги по предметите математика,
физика, хемија, биологија, информатика и сл. Фондот се
обновува со купување и со донации. Особено, обновувањето на
фондот се забележува последниве години, кога се набавени меѓу
100 - 200 книги.
Сите ученици од Гимназијата како и вработените се
нејзини членови. Посетеноста е во просек 40 - 50 ученици
дневно, а потребните книги се искористуваат до максимум.
Библиотеката ја користат сите ученици и вработени како
и некои надворешни лица. Новонабавените монографски
публикации и натаму се сигнираат, инвентарираат,
каталогизираат и класифицираат.


ЕМУЦ „Ѓорги Наумов“


Училишната библиотека е формирана во месец јануари
1964 година. Една година подоцна библиотеката располага со
книжен фонд од 2533 книги од кои 40% се училишна лектира а
60% стручни публикации од електромашинството. По повеќе од
деценија од постоењето на оваа училишна библиотека, во 1977
година фондот веќе изнесува 4080 монографски публикации
од кои 2830 лектирни изданија и уметничка литература и 1242
публикации стручна литература.
Вкупната површина со која располага библиотеката
изнесува 10m².
Од 1986 со преселувањето на училиштето во нова
училишна зграда, библиотеката почнува да се развива како
еден современ информативен центар. Во библиотеката се
вработува библиотекар со полно работно време кој на барање




56


на училиштето е обучен во МУБ „Св. Климент Охридски“ –
Битола.
Тоа го потврдува фактот од записниците на Службата
за унапредување на библиотекарството при Матичната и
универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола,
имено во 1992 година фондот нараснал на 7937 монографски
публикации кои биле инвертарирани, сигнирани и обработени
според Меѓународниот стандард ISBD(m), а со тоа се оформил и
азбучен каталог преку кој корисниците многу лесно стигнувале
до бараната литература.
Денес фондот на книги изнесува 13720 книги од кој
голем дел се лектирни изданија, стручно – техничка литература
и белетристика. Набавката на книги се врши од сопствени
средства и тоа последните години околу 120 - 150 книги
годишно,
Просторот во библиотеката е според сите стандарди и
располага со 3 простории, канцеларија, читална и магацин
за книги или приближно 80m². Библиотеката ја користат
сите запишани ученици во училиштето како и вработените.
Библиотеката работи осум часа дневно и во тоа време има
просечна посетеност од 30 - 40 читатели.
Зајмувањето на книгите се извршува рачно со пишување.
Библиотечниот фонд не е компјутерски обработен.


Државно музичко училиште


Библиотеката е оформена 1947 година. По нешто повеќе
од една деценија од нејзиното формирање, во 1977 година,
библиотеката располагала со фонд од 1600 публикации, од кои
1000 стручна литература и 600 примероци лектирни изданија и
литература за читање. Во оваа година фондот е збогатен со 100
примероци стручна литература. Во овој период библиотеката
не располага со свој простор туку е сместена по канцеларии.
Според евиденцијата на Матичната служба при Матичната и




57


универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола,
библиотеката во 1986 година располагала со вкупен фонд
од 3800 примероци од кои 3760 стручна литература (нотна
литература) и 40 примероци лектирни изданија.
Просторот во кој е сместена библиотеката изнесува 12m².
Сега библиотеката е во нов објект, со еден вработен
библиотекар. Библиотеката е опремена со богат фонд од разни
области: нотна литература 2734, стручна литература 456
примероци, белетристика (романи, раскази) 1047, списанија
(„Ноти“, „Промузика“) 115, литературни списанија 697,
прирачници за К.Ц. 270 и др. Фондот на библиотеката се
обновува со средства од училиштето, со донации (Рамковски,
амбасади), еднаш до два пати годишно.
Зачленети се сите ученици или вкупно 128 ученици.
Посетеноста на библиотеката е максимална бидејќи е опремена
со систем, DVD и компјутери така што служи како читална,
медијатека, просторија за слушање музика, следење TV,
преслушување аудио и видео ленти. Најчесто ја користат
учениците (за подготовка на ноти на компјутер, како читална,
аудио – визуелна просторија), а исто така ја користат и
професорите. Книгите се обработуваат така што посебно се
подредува стручната литература т.е. нотната се чува во посебни
кутии и во плакари, распоредена е по области, по азбучен ред,
по кутии и шкафови по број. Во подготовка е електронско
бележење на стручната литература (нотната) за полесно
пребарување. Има и посебна програма Finale за изработка на
ноти.


СОУ „Таки Даскало“ Битола


Фондот на оваа библиотеката го сочинуваат
библиотечниот материјал од библиотеката на поранешното
стручно училиште „Кочо Рацин“ која е формирана во 1944
година и библиотеката на Гимназијата „Браќа Миладиновци“




58


формирана 1947 година. Фондот во 1985 година изнесува
20000 примероци од кои 12000 се на македонски јазик, а 8000
на српскохрватски. Библиотеката во овој период располага со
солиден простор од 206m² од кои 6m² за библиотекарот, 120m²
за читална и 80m² магацински простор. Книгите се сигнираат
по формат, се инвентарираат и стручно се обработуваат а со тоа
и се изготвува азбучен каталог како информативно помагало за
корисниците. Во периодот меѓу 1985 и 1992 година со одлуки на
Работничкиот совет расходован е оштетениот фонд, така што
во 1992 година тој изнесува 21064 публикации.
Денес фондот изнесува околу 24800 монографски
публикации од кои најзастапени се лектирните изданија.
Фондот годишно се обновува со донации и со купување на
лектирни изданија и стручна литература.
Посетеноста е максимална и најчесто ја користат
ученици, професори и надворешни корисници и нивниот број
изнесува над 1000 корисници.
Во перспектива се планира целосно преуредување на
библиотeчниот простор, како и обезбедување нов простор.


ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ Битола


Библиотеката е формирана во 1948 година, со скромен
фонд на книги, за потоа постојано да се зголемува. По нешто
повеќе од една деценија од нејзиното формирање, во 1977
година, библиотеката располагала со фонд од 2683 книги, од кои
947 стручна литература и 1736 примероци лектирни изданија и
литература за читање. Во оваа година фондот не е збогатен. Во
овој период библиотеката располага со свој простор од 16m².
Според евиденцијата на Матичната служба при Матичната и
универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола,
библиотеката во 1987 година располагала со книжен фонд од
3253 книги. Во овој период библиотеката набавува и 7 наслови
на списанија. Во 1992 година книжниот фонд изнесува 4701, но




59


бројот на списанијата се намалил на 5 наслови.
Со оглед на зголемениот книжен фонд, библиотеката е
префрлена во нов простор кој зафаќа 60m².
Денес книжниот фонд на библиотеката изнесува
околу 6540 книги од различни области, белетристика,
лектира, стручна литература за сите образовни профили од
здравствената струка и струката лични услуги. Обновувањето
на фондот се врши со просечна динамика од 50 книги на
годишно ниво.
Членови на библиотеката се сите редовни и вонредни
ученици, како и 78 вработени или околу 1000 неформални
членови. Библиотеката се користи максимално бидејќи
претставува и медијатека и читална, а претежно се користат
лектирните книги и стручната литература.
При обработката на книгите, секој примерок поседува
инвентарен број кој се внесува во инвентарната книга на
библиотеката. Книгите се подредени на метални рафтови
според големината, односно форматот.


СОЕУ „Јане Сандански“


Библиотеката е формирана 1946 година. Се до 1965
година во училиштето функционирале Училишна библиотека
и професорска. Училишната библиотека според документи
од матичната служба имала фонд од околу 2.000 монографски
публикации од кои повеќето биле школска лектира, додека
сосема мал број биле со стручна содржина. За разлика од неа
во Професорската библиотека книжниот фонд изнесува 2.500
книги од кои само мал дел се белетристика, 512 книги, додека
останатите се стручна литература. Во мај месец 1965 година
покрај професорите започнале да ја користат оваа библиотека и
учениците користејќи литература за завршниот испит, а со тоа
дошло и до соединување на двете библиотеки во една.
Во 1985 година според документацијата на Матичната




60


служба при Матичната и универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ Битола фондот броел вкупно 5.367
монографски публикации од кои 4.203 биле на македонски
јазик, а 1164 на српскохрватски јазик. Седум години подоцна,
во 1992 година, фондот бил зголемен само за 254 примероци,
што значи за секоја измината година се зголемувал само за 36
монографски публикации.
Денес фондот на библиотеката во СОЕУ „Јане Сандански“
е околу 6.500 примероци од кои најзастапени се лектирните
изданија и стручната литература од областа на економијата. Дел
од фондот е белетристика, а останат е мал дел на српски јазик.
Фондот се обновува преку донации и купување.
Библиотеката работи секојдневно, а најчесто се бараат
лектирни изданија и тоа во просек по 5 ученици дневно.
Библиотеката ја користат учениците и професорите во
училиштето.


СОЗУ „Кузман Шапкарев“

Библиотеката е формирана во 1909 година, со
основањето на училиштето. По Втората светска војна, ова
училиште а воедно и библиотеката продолжиле со работа во
1945 година. Според податоците на Матичната служба при
Матичната библиотека „Климент Охридски“ – Битола во
1977 година вкупниот фонд со кој располага библиотеката
изнесувал 8677 примероци од кои 2000 се стручна литература,
а останатите 6677 уметничка литература (лектирни изданија
и белетристика). Фондот во библиотеката се сигнира по
формат, се инвентарира и каталогизира според скратениот
библиографски опис.
Денес вкупниот книжен фонд изнесува 12799 книги
и списанија. Најзастапени се публикациите од областите
на земјоделските науки за потребите на повеќето струки
во училиштето, а исто така богата е со лектирни изданија,




61


белетристика, стручни списанија. Фондот до пред 10 години
се обновуваше со купување по предлог на наставниците од
одредени области, а последните години со подарување и
донирање од надворешни членови.
Библиотеката работи секојдневно, а нејзините услуги
најчесто ги користат учениците и професорите.


Библиотеки во високите школи


Библиотека при Технички факултет – Битола


Библиотеката е формирана во 1968 година. Од фор-
мирањето до денес во библиотеката книжниот фонд од
година во година се повеќе и повеќе се зголемува. До
денес во библиотеката се набавени над 2120 наслови на
монографски публикации со над 5130 примероци. Значајно
е тоа што библиотеката е претплатена на стручни списанија и
моментално во фондот има 34 наслови на сериски списанија. Од
ова може да се заклучи дека Техничкиот факултет прави напори
за да го зголеми фондот на библиотеката и да им излезе во
пресрет на своите корисници – студентите и наставно научниот
кадар.
Библиотеката располага со вкупен простор од 130m2 од
кои за работна просторија на библиотекарот се 24m2, магацин
за сместување на фондот 43m2 и за читална за корисниците
63m2 со 15 седишта. Читалната е опремена со компјутери за
пребарување на интернет.
Магацинскиот простор е опремен со метални рафтови на
кои е сместен библиотечниот материјал по формат и број.
Во библиотеката на годишно ниво членуваат околу
2080 корисници, што значи во изминатиов период низ
библиотеката поминале голем број на корисници кои го
користат библиотечниот фонд, а информациите ги добивале од




62


изготвениот азбучен и МДК каталог. Од 2008 со влегувањето на
библиотеката во COBISS.МК, корисниците ги користат online
базите на COBISS.Net во кои покрај базата на COBISS.МК ги
користат и базите за поранешните југословенски републики
Словенија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, а од 2011
година и базата на Република Бугарија. Во изминатите години ја
користат online базата EBSKO.
За жал иако Библиотеката при Техничкиот факултет е
членка на системот COBISS.МК во изминативе две и пол години
не започнала со внесување на својот библиотечен материјал.
Библиотеката располага со комплетната опрема
за автоматизираното работење во системот COBISS.МК
донирана од страна ИЗУМ Р. Словенија и Министерството за
образование и наука на Р. Македонија.
Библиотеката располага со уредно водена инвентарна
книга, каде што е внесен целокупниот библиотечен фонд кој
е сопственост на библиотеката. Фондот во библиотеката до
влегувањето во системот COBISS.МК стручно се обработувал
според скратен опис ISBD(m) стандардот.
Во библиотеката е вработен 1 библиотекар со
ВСС. Библиотекарот има посетувано курсеви за стручно
усовршување во Националната и Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола во 1999 година за
конвенционална (рачна) обработка на фондот, а и за
автоматизирана обработка во Националната и Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје 2008 година.
За комплетно усовршување на библиотекарот како би
одговорил на новите предизвици, истиот треба да ги посети и
останатите курсеви за автоматизирано работење: Напреден –
монографии, Библиографии, Сериски публикации и Зајмување
(работа со корисниците).
Библиотеката е вклучена во системот COBISS.МК од 2008
година но до денес нема внесено ни еден податок.




63


Библиотека при Педагошки факултет – Битола


Библиотеката работи во состав на Педагошкиот
факултет – Битола. Формирана е со самото формирање на оваа
високообразовна установа во далечната 1964 година.
Сместена е во објектот на Педагошкиот факултет,
со вкупен простор од 210m2 од кои за работна просторија
на библиотекарот се 30m2, каде што се сместени и неколку
компјутери за пребарување на базата, магацин за сместување
на фондот 50m2, во кој се поставени рафтови на кои е сместен
библиотечниот фонд подреден по формат и број и за читална
за корисниците 130m2 со 72 седишта. Со оглед на изнесеното
Библиотеката според пропишаните стандарди ги исполнува
просторните услови.
Библиотеката располага со 16430 примероци на
монографски публикации од кои 7230 наслови. Во фондот
претежно можат да се најдат публикации од областите:
психологија, педагогија, белетристика и др. Значајно е што во
фондот на Библиотеката континуирано се врши набавка на 22
наслови на сериски публикации. Фондот се надополнува со
купување, од сопствени изданија и размена и на годишно ниво
изнесува околу стотина наслови. Од ова може да се заклучи дека
Педагошкиот факултет го зголемува фондот на библиотеката
и им излегува во пресрет на своите корисници – студентите и
наставно – научниот кадар.
Во библиотеката на годишно ниво членуваат околу
1500 корисници, најчесто студентите кои се запишани на овој
Факултет, но не се ретки и надворешни посетители, што значи
во изминатиов период низ библиотеката поминале голем
број на корисници кои го користат библиотечниот фонд, а
информациите ги добиваат од изготвениот азбучен каталог. Од
2005 година, со влегувањето на библиотеката во COBISS.МК,
корисниците ги користат online базите на COBISS.Net во кои




64


покрај сопствената база во која се внесени над 4850 наслови
можат да ја користат и базата на COBISS.МК, а ги користат и
базите за поранешните југословенски републики Словенија,
Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, а од 2011 година
и базата на Република Бугарија. Во изминатите години ја
користеле online базата EBSKO.
Библиотеката располага со комплетната опрема за
автоматизираното работење во системот COBISS.МК.
Во библиотеката уредно е водена инвентарна книга се до
влегувањето на оваа библиотека во системот COBISS.МК. Со
влегувањето во овој систем инвентарната книга се испишува
автоматизирано при внес на секој примерок. Фондот во
библиотеката стручно се обработува според ISBD(m)
стандардот.
Од 2007 година локалната база на оваа библиотека
се пополнува користејќи ја Заемната база на Р. Македонија
и базите од COBISS.Net, а со тоа во целост се применуваат
меѓународните стандарди ISBD(m) и ISBD(ѕ). Во оваа година
Библиотеката при Педагошкиот факултет – Битола ќе започне
и со автоматизирано зајмување инсталирајќи го вториот
сегмент од системот COBISS, COBISS/Зајмување, за кој ги
исполнува условите според тоа што веќе е внесен над 60% од
библиотечниот фонд..
Во библиотеката е вработен 1 библиотекар со
ВСС. Библиотекарот има посетувано курсеви за стручно
усовршување во Националната и Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола во 1999 година за
конвенционална (рачна) обработка на фондот, а и за
автоматизирана обработка во 2004 година.
За комплетно усовршување на библиотекарот како би
одговорил на новите предизвици, истиот треба да ги посети и
останатите курсеви за автоматизирано работење: Напреден –
монографии, Библиографии, Сериски публикации и Зајмување
(работа со корисниците).




65


Библиотеката е вклучена во системот COBISS.МК од 2005
година.


Библиотеката во Факултетот за администрација
и менаџмент на иформациски системи - Битола


Оваа библиотека се формира во 2007 г. Со почетокот
на работа на Факултетот за администрација и менаџмент на
информациски системи. Фондот на библиотеката располага
со 1000 наслови монографски публикации, 5 наслови сериски
публикации. Како новоформирана библиотека таа влезе веднаш
во системот COBISS.MK од 2006 година, а инвентарната книга
се испишува автоматизирано при внес на секој примерок.
Делимично фондот во библиотеката е стручно обработен.
Библиотеката располага со вкупен простор од 30m2
кој е недоволен за една високошколска институција. Фондот
е сместен во шкафови и е недостапен за корисниците. Во
библиотеката на годишно ниво членуваат околу 900 корисници.
Тие немаат информации за сопствениот фонд, освен на делумно
внесените библиографски единици, а можат да ја користат
online базата на COBISS/OPAC.
Библиотеката располага со делумна опрема за
автоматизирано работење во системот COBISS.MK.
Во библиотеката е вработен еден библиотекар со ВСС кој
не е со полно работно време (работи и други работни задачи, а
дополнува во библиотеката) и не посетувал курсеви за стручно
усовршување.


Библиотека при Биотехнички факултет – Битола


Библиотеката е формирана веднаш по формирањето на
Вишата земјоделска школа во 1960 година. Во своето педесет
годишно работење на библиотеката, книжниот фонд од година
во година се зголемува, но со намален интензитет. До денес во




66


библиотеката се набавени над 1823 наслови на монографски
публикации со 3848 примероци. Податоците покажуваат дека
во оваа единица на Факултетот има нешто повеќе од еден
примерок од секој наслов што ни оддалеку не ги задоволува
потребите на корисниците. Од ова може да се заклучи дека
Факултет за биотехнички науки ќе мора да се ангажира во
зголемувањето на фондот на библиотеката како би им излегол
во пресрет на своите корисници – студентите, а секако и на
наставно – научниот кадар.
Библиотеката располага со вкупен простор од 30m2 од
кои за работна просторија на библиотекарот се 12m2, а магацин
за сместување на фондот и читална за корисниците 18m2 со 16
седишта. Просторот определен за библиотеката е недоволен
и мора да се бара решение за зголемување на просторот.
Фондот е сместен во шкафови и е недостапен и непрегледен за
корисниците.
Во библиотеката на годишно ниво членуваат околу 350
корисници. Истите намаат целосни информации за сопствениот
фонд освен на делумно внесените библиографски единици,
а бидејќи не се вклучени во системот COBISS.МК не можат
да ги користат online базите на COBISS.Net во која покрај
базата на COBISS.МК се користат и базите за поранешните
југословенски републики Словенија, Црна Гора, Србија и Босна
и Херцеговина, а од 2011 година и базата на Република Бугарија.
Библиотеката располага сo инвентарна книга, каде што
е внесен целокупниот библиотечен фонд кој е сопственост на
библиотеката.
Во библиотеката е вработен 1 библиотекар со ВСС со
полно работно време. Библиотекарот посетувал курсеви за
стручно усовршување во Националната установа Универзитет-
ска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола за конвенци-
онална (рачна) обработка на фондот (2002).
За комплетно усовршување на библиотекарот како би
одговорил на новите предизвици, истиот треба да ги посети




67


курсевите за автоматизирано работење: каталогизација
на монографски публикации, Напреден – монографии,
Библиографии, Сериски публикации и Зајмување (работа со
корисниците), а Библиотеката да се приклучи кон системот
COBISS.МК.


Библиотека при Високата медицинска школа – Битола


Библиотеката при Високата медицинска школа - Битола,
моментално е фрлена на маргините на постоење односно
воопшто не функционира. Од 2011 година се прават напори
Библиотеката повторно да отпочне со работа. Со добивањето
на повеќе наслови од Министерството за образование,
фондот е зголемен со нова литература која им е потребна на
корисниците.
Библиотеката располага со фонд од 3905 примероци
монографски публикации од кои 2499 наслови, Самите
бројки за големината на фондот, кој покажува дека има само
нешто повеќе од еден примерок од секој наслов, потребно е
да се зголеми бројот на примероци како би можело непречено
бараната литература да биде користена од повеќе корисници
во исто време. Библиотечниот фонд е со стручна содржина.
Во фондот има 1514 наслови на сериски публикации кои беа
префрлени со затворањето на Библиотеката при Медицинскиот
центар - Битола. Овој фонд не е обработен, а со тоа и не е
функционален. За последните 5 години немаат податоци за
новонабавени монографски и сериски публикации.
Инвентарна книга е водена според стандардите до април
2002 година. Во изминативе години не е внесен ни еден податок
за новонабавениот библиотечен материјал во инвентарната
книга. Фондот во библиотеката воопшто не се работи според
стандардот ISBD(m).
Библиотеката располага со вкупен простор од 50m2,
со работната просторија за библиотекарот, магацинот за




68


фондот и читална со 5 седишта. Просторот на библиотеката
се употребува за секакви цели така што во ниеден момент не
може да стане збор на функција на библиотеката. Просторот
определен за библиотеката е недоволен и мора да се бара
решение за негово зголемување. Во библиотеката е вработено
едно лице со ВСС кое работи со договор на дело. Лицето не
посетувало курсеви за стручно усовршување.
Во библиотеката на годишно ниво немаат податоци колку
имаат корисници. Немаат информации за сопствениот фонд од
причина што не е обработен според
стандардот ISBD(m), a со тоа не може да се изготви никаков
каталог.
Библиотеката не е вклучена во системот COBISS.MK.


Библиотеката при Правниот факултет - Кичево


Една од најмладите библиотеки е секако Библиотеката
при Правниот факултет во Кичево и библиотеките во
дисперзираните студии на овој факултет во Битола и Кичево.
Формирани се во 2010 година. За нецела година од своето
постоење Библиотеката на Правниот факултет во Кичево
располага со книжен фонд од 141 наслов и 2629 примероци.
Самите бројки за големината на фондот, и краткото време од
формирањето покажува дека Факултетот набавува доволен број
на примероци од секој наслов, 18, а со тоа бараната литература
може непречено да биде користена од повеќе корисници во
исто време. Библиотечниот фонд е со стручна содржина, а
според студиските програми на факултетот.
Библиотеката располага со вкупен простор од 85m2. Во
кој се наоѓа работната просторија на библиотекарот, магацинот
за сместување на фондот и за читална за корисниците.
Во библиотеката на годишно ниво членуваат околу
550 корисници, кои го користат библиотечниот фонд, а
информациите ги добиваат од изготвениот азбучен каталог.




69


Во оваа новоформирана библиотека сèуште нема
вработено библиотекар. Овие работни задачи ги извршува
вработен на Правниот факултет односно волонтира во
библиотеката и со оглед на тоа солидно се услужуваат
корисниците.
Библиотеката располага сo инвентарна книга, каде што
е внесен целокупниот библиотечен фонд кој е сопственост на
библиотеката.


Дисперзирани студии – Битола


Библиотеката на дисперзираните студии во Битола при
Правниот факултет во Кичево располага со книжен фонд
од 130 наслов и 1510 примероци. И во оваа библиотека како
и во библиотеката во Кичево се набавуваат доволен број на
примероци за непречено користење на книжниот фонд од
страна на корисниците.
Корисниот простор изнесува 30m2, во кој се наоѓа
работната просторија на библиотекарот, магацинот за
сместување на фондот и за читална за корисниците.
На годишно ниво во оваа библиотека членуваат
469 корисници, кои го користат библиотечниот фонд, а
информациите ги добиваат од изготвениот азбучен каталог.
Во оваа новоформирана библиотека сèуште нема
вработено библиотекар. Овие работни задачи ги извршува
вработен на Правниот факултет односно волонтира во
библиотеката и со оглед на тоа солидно се услужуваат
корисниците. Во оваа библиотека се изработуваат каталожните
картончиња за изготвување на азбучен каталог за трите
библиотеки на правниот факултет.
Библиотеката располага сo инвентарна книга, каде што
е внесен целокупниот библиотечен фонд кој е сопственост на
библиотеката.




70


Библиотеката при Ветеринарниот факултет - Битола


Една од најмладите библиотеки е секако и Библиотеката
при Ветеринарниот факултет во Битола. Формирана е во 2010
година. За нецела година од своето постоење Библиотеката
на Ветеринарниот факултет во Битола располага со книжен
фонд од 101 наслов и 1995 примероци. Самите бројки за
големината на фондот, и краткото време од формирањето
покажува дека Факултетот набавува доволен број на примероци
од секој наслов, 19, а со тоа бараната литература може
непречено да биде користена од повеќе корисници во исто
време. Библиотечниот фонд е со стручна содржина, а според
студиските програми на факултетот.
Библиотеката располага со вкупен простор од 25m2.
Во кој се наоѓа работната просторија на библиотекарот и
магацинот за сместување на фондот.
Во библиотеката на годишно ниво членуваат околу
30 корисници, кои го користат библиотечниот фонд, а
информациите ги добиваат од изготвениот азбучен каталог.
Во оваа новоформирана библиотека вработен е
библиотекар.
Библиотеката располага сo инвентарна книга, каде што
е внесен целокупниот библиотечен фонд кој е сопственост на
библиотеката


Библиотеката при Студенстскиот дом „Кочо Рацин“ – Битола


Библиотеката при Студентскиот дом е формирана со
самото формирање на Студентскиот дом, во 1980. Фондот со
кој располагала библиотеката при формирањето бил скромен.
Подоцна библиотеката го збогатуваше библиотечниот фонд со
стручна литература, учебници според образовните програми на
факултетите и вишите школи, а со цел едукација на студентите




71


и нивно олеснување во совладувањето на испитните материи.
Од 2001 година активностите во Библиотеката се
зголемија со што резултираше опремувањето на посебна
просторија наменета за библиотека, читални со вкупен број 80
седишта и компјутерска евиденција на библиотечниот фонд.
Денес библиотеката располага со околу 620 наслови
монографски публикации од различни области на науката. Оваа
библиотека располага и со четириесетина наслови на списанија
од различни области.
Оваа единица на Студенстскиот дом „Кочо Рацин“ –
Битола, располага со вкупен простор од 130m2, кој подеднакво
е распределен за работна просторија на библиотекарот, магацин
за сместување на фондот и читална и две посебни читални..
Во библиотеката на годишно ниво членуваат околу 350
корисници. Истите за информации за фондот добиваат од
самиот фонд.
Во оваа библиотека сèуште нема вработено библиотекар.
Овие работни задачи ги извршува вработен во Студенстскиот
дом односно волонтира во библиотеката и со оглед на тоа
солидно се услужуваат корисниците.
Библиотеката располага сo инвентарна книга, каде што
е внесен целокупниот библиотечен фонд кој е сопственост
на библиотеката и истата моментално функционира според
конвенционалниот начин на работа. Во наредниот период
ќе се направат напори за пополнување на работното место
библиотекар со што би се постигнало целосното работењето на
оваа значајна единица при Студентскиот дом „Кочо Рацин“ –
Битола.
Библиотеката не е вклучена во системот COBISS.МК.




72


Приватни библиотеки


Битола, како град со богата културна традиција и
докажани почитувачи на пишаниот збор, има голем број
приватни библиотеки, како во минатото така и денес. Ако
некогаш меѓу познатите приватни библиотеки се вбројувале
библиотеките на Робевци, Димитрија поп Димитров, денес
најголема приватна библиотека во Битола е таа на проф. д-р
Душан Хр. Константинов, која брои околу 25000 наслови и
30000 примероци монографски публикации.
Приватните библиотеки се хетерогени. Ги има сосема
стручни (Александар Тодоровски, Никола Христовски -
биологија, Јани Димулковски - медицина, Владимир Костов
- литература и сл., но и такви кои се општи од повеќе области
како таа на Борче Радевски, д-р Душко Хр. Константинов.
Некои од овие библиотеки се создавани од едно лице
(Б. Радевски, Н. Христовски, А. Тодоровски), но некои
претставуваат семејни од една или две, па и три генерации
(Бомбол).


Д-р Душан Хр. Константинов


Библиотеката брои околу 25000 наслови и 30000
примероци монографски публикации. Има неколку раритетни
книги. Значајно е да се спомнати тоа:
• Библија,1897година,
• ДелатанаШекспирвооригиналодLondonOxsfordUnivrsitety


PressNewYorkToronto,
• Видео записи – 2 ленти одМилтонМанаки во оригинална


верзија.
Поголемиот дел од фондот е на англиски, руски,
германски, српскохрватски јазик, а помал дел од книжниот




73


фонд е на македонски јазик.
Целокупниот книжен фонд е потпечатен со печатот на
нивната семејна библиотека.


Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор
Австралиски и Новозеландски г. Петар


Неговата библиотека располага со над 5100 наслови
монографски публикации. Поголемиот дел од фондот го
сочинуваат публикации од стручна богословска литература.
Поголемиот дел од фондот е на српскохрватски јазик, а
преостанатиот дел од книжниот фонд е на македонски, руски,
англиски, италијански и грчки јазик.


Тоде Ѓоревски, новинар


Оваа библиотека располага со околу 5200 наслови
монографски публикации. Библиотеката е семејна. Во оваа
библиотека се наоѓаат дела од Данило Киш на кои има посвета
од жената на овој познат автор.
Поголемиот дел од фондот е на српскохрватски јазик,
а преостанатиот дел од книжниот фонд е на македонски,
француски, руски, бугарски, англиски, полски, грчки и турски
јазик.


Борче и Радица Радевски, архитект и професор


Нивната библиотека располага со повеќе од 4000 наслови
монографски публикации. Во фондот се застапени скоро сите
области од науката и литературата, но најповеќе ги има од
белетристика од најпознати светски и македонски автори и
стручна литература од областа на архитектурата.
Поголемиот дел од книжниот фонд е на српскохрватски и
англиски јазик, а останатиот дел е на македонски, бугарски и др.




74


Значајно е тоа што оваа библиотеката е средена по
области.


Д-р сци. Борис Ангелковски,


Располага со околу 4000 наслови монографски публика-
ции.
Поголемиот дел од фондот е на македонски,
српскохрватски, бугарски, француски и руски јазик, а мал дел
од книжниот фонд е на германски јазик содржи голем број на
речници и енциклопедии од областа на природните науки,
ветерина, земјоделие и др. Битно е да се спомне дека во неговата
библиотека има збирки од нумизматика и филателија кои се
собирани по разни поводи.


Проф. д-р Божидар Маслинков


Библиотеката е лично негова и располага со 4100 наслови
монографски публикации.
Библиотеката располага со фонд од скоро сите области на
науката и литературата но најзастапена е стручната литература
од областа на природните науки – хемијата.
Поголемиот дел од фондот е на македонски и српско
хрватски јазик, а мал дел и на светски јазици.


Снежана и Тоде Петревски, професор и новинар


Библиотеката е семејна и располага со околу 4000
наслови монографски публикации. За нејзиното збогатување
и надополнување со нови наслови на книги придонесуваат
ќерките Андријана и Даниела (адвокат и професор).
Во библиотеката ја имаат Библијата со посвета од Негово
Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан.
Позначајни се книгите:




75


• Библија, превод на Новиот завет, 1916 година,
• Првото издание на Везилка од Блаже Конески, на германски


јазик;
• Прво југословенско издание на ТристаниИзолда;
Поголемиот дел од фондот е на македонски и српско-
хрватски јазик, а помал дел на француски и англиски јазик.


Проф. д-р Трајко Огненовски


Оваа библиотека е лично негова и располага со нешто
повеќе од 3900 наслови монографски публикации. Најголемиот
дел од книжниот фонд е набавен со купување од негова страна,
а има и дел со посвета.
Поголемиот дел од фондот е на македонски и српско-
хрватски јазик, а мал дел и на светски јазици.


Владимир Костов, писател


Библиотеката располага со 3000 наслови и 3200
примероци монографски публикации. Библиотеката е лично
негова. Поголемиот дел од книжниот фонд е набавен со
купување од негова страна, а добар дел му се со посвета.
Постари книги има повеќе, од кои ги издвојуваме:
• ГраматиканаКепески;
• СтароизданиенаБиблијата;
• МаксимГоркинарускијазик;


Никола Кочовски, писател


Библиотеката е лично негова и располага со 3200 наслови
монографски публикации и 80 сопствени примероци на
издадени книги, потоа списанијата „Нов ден“ од првите броеви
од 1945 година сè до последниот број и „Современост“ од 1949
година сè до последниот број.




76


Поголемиот дел од фондот е на македонски јазик, а има и
на српскохрватски јазик и на светските јазици.
Ракописите се подарени и сместени во НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола, каде се чуваат по стандарди и
прописи.


Методија Размовски, професор


Библиотеката е лично негова. Располага со околу
3000 наслови монографски публикации. Поголемиот дел од
книжниот фонд е набавен со купување од негова страна, а
добар дел му се со посвета, и тоа околу 1000 наслови.
Во оваа библиотека е зачувана грамофонска плоча со
поезија од Блаже Конески.


Доне Пановски, професор


Библиотеката е добро сочувана од неговото семејство и
располага со околу 3000 наслови монографски публикации.
Библиотеката е добро подредена по области и средена на
метални полици во два реда. Поголемиот дел од фондот е на
македонски и српскохрватски јазик.
Ракописите се подарени и сместени во НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола, каде се чуваат по стандарди и
прописи.


Марија и Илија Алушевски, професори


Оваа библиотеката е семејна и располага со 2500 наслови
монографски публикации. Покрај фондот во кој се застапени
најповеќе публикации од областа на фолклорот и етнологијата
има и збирка од голем број на значки, беџови кои се подредени
во посебни папки.




77


Радован П. Цветковски, писател


Неговата библиотека располага со 2100 наслови
монографски публикации. Во книжниот фонд најзастапени се
делата од областа на литературата и литературната критика.
Библиотеката располага со следниот фонд:
Поголемиот дел од книжниот фонд е на македонски,
српскохрватски јазик, а останатиот дел на француски, англиски,
германски, влашки и на други јазици.
Ракописите се подарени и сместени во НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола, каде се чуваат по стандарди и
прописи.


Д-р Александар Стерјовски


Оваа библиотека располага со околу 2000 наслови
монографски публикации. Книжниот фонд содржи побликации
од белетристика, фолклорот и етнологијата и историјата. Во
библиотеката се сретнуваат и стари книги од кои ќе ја издвоиме
публикацијата Показалец ъ на печатанитъ пръз XIX вяк –
Българскинароднипясни,1815–1860отьАнтонП.Стоиловъ.


М-р Јован Кочанковски


Библиотеката е лично негова и располага со околу 2000
наслови монографски публикации. Поголемиот дел од фондот
е од областа на историјата но има и публикации од областа
на уметноста, мемоари, енциклопедии како и повеќе атласи.
Во фондот се среќаваат и поголем број на стари книги од
почетокот на 19. век.




78


Љупка Балојани, професор


Оваа библиотеката е семејна и располага со околу 2000
наслови монографски публикации. Во фондот се застапени
публикации од областа на белетристиката, книжевната критика,
а содржи и митолошка литература – грчка, староегипетска,
староиндиска и персиска литература.


Ѓорѓи Димовски – Цолев, професор


Библиотеката е лично негова и располага со 1700 наслови
монографски публикации и 2000 примероци. Во фондот
најчесто се застапени публикации од областа на историјата,
потоа има белетристика, педагошка литература, збирки од
филателија и нумизматика, збирка од македонски значки, голем
број на енциклопедии и др.
Поголемиот дел од книжниот фонд е на македонски јазик,
а помал дел од книжниот фонд е на српскохрватски и бугарски
јазик.
Ракописите се подарени и сместени во НУУБ „Св.
Климент Охридски“- Битола, кои се чуваат по стандарди и
прописи.


Јован Деребанов, адвокат


Библиотеката е семејна и располага со над 2000 наслови
монографски публикации. Најголемиот дел од книжниот фонд
е од областа на правните науки. Во оваа библиотека се чуваат и
поголем број на стари книги од кои ќе ги издвоиме:
• НовиЗаветИсусаХриста,1847г.,превелВукКараџиќ,
• Мисионерскаписма,1893година,
• Малимолитвеник,1935година,




79


• ОгледалоодКирилПејчиновиќ,1816година,
• Словоипоучение,1868година.
Фондот е на српскохрватски јазик, бугарски, руски,
англиски и словенечки јазик.


Д-р Душко Николовски


Оваа библиотека е семејна и располага со 2000 наслови
монографски публикации. Најголемиот дел од книжниот
фонд е набавен со купување од негова страна, а има и добар
дел наследен од неговиот татко. Во далечната 1942 година еден
дел од книгите им бил одземен од полицијата. Најчесто во
книжниот фонд се сретнуваат публикации од областа на меди-
цината, психологијата како и белетристика од светски класици
печатени во 1933 година. И во оваа библиотека застапени се
стари книги од почетокот на 19. век од кои би ги издвоиле:
• Свезнање,1933 година,
• Судскамедицина,1933 година,
• CarteDeRugaciuneод XIX век


Михаил Бомбол, професор на
Техничкиот факултет во Битола


Библиотеката е семејна и располага со над 1200 наслови
монографски публикации..
Почетоците на семејната библиотека се од Данаил
Бомбол, неговиот татко (градежен инженер), потоа продолжува
неговиот син Михаил Бомбол (професор на Техничкиот
факултет во Битола), а денес наследената библиотека ја
дополнува со нови наслови внуката проф. д-р Кристи Бомбол,
професор на Техничкиот факултет во Битола.
Најголемиот дел од фондот го сочинуваат дела од областа
на сообраќајот, електротехника, од технологија, геологија,
градежништво и машинство, а се сретнуваат публикации од




80


областа на литературата
За целокупниот книжен фонд постои Статистички
преглед на литературата по автори и области и Регистар на
книги.
Желба на сопствениците на семејната библиотека им била
стручната литература од областа на електротехниката да се
подари на Техничкиот факултет во Битола и така било постапе-
но.
Фондот е на српскохрватски бугарски, француски, руски,
англиски и македонски јазик.


Д-р Никола Христовски,
редовен професор на Факултетот за биотехнички науки


Оваа Библиотеката е лично негова и исклучиво располага
со стручна литература од областа на ботаниката и зоологијата.
Фондот содржи околу 1000 наслови монографски публикации.
Целокупниот книжен фонд е на англиски, руски, српски и
македонски јазик.


Во големиот број на приватни библиотеки мораме
да ги спомнеме и библиотеки на Ристосија Обедниковска,
професор, Здравко Божиновски, професор, Емилијан Вилос,
универзитетски професор, М-р Сашо Огненовски, Петар
Ставрев, новинар, Калиопа Кривашија Стилиновиќ,
(советник за меѓународна соработка при Универзитетот ”Св.
КлиментОхридски” -БитолаипочесенконзулнаР.Франција)
и Владимир Стилиновиќ, (градежен инженер), Ангелина и
Димитар Димитровски, дипломиран филолог и архитект,
М-р Никола Талевски, Д–р Јане Димулковски, Цветанка
Шундовска, М-р Ана Тодорова, Ѓорѓи Михов, професор,
Бранко Вржовски, писател, Богоја Таневски, писател, Ѓорѓи
Прчков, писател, Петар Чукалев, новинар, Димче Миновски,
новинар и други во кои вкупниот фонд на книжниот фонд се




81


движи околу 23000 наслови.


Специјализирани библиотеки


Мрежата на овој вид библиотеки ја сочинуваат
библиотеките од претпријатијата и установите во општина
Битола.
Според евиденцијата на Одделот за унапредување на
библиотекарството при МУБ „Св. Климент Охридски" - Битола,
заклучно со октомври 1994 година на подрачјето на општина
Битола работат 24 специјализирани библиотеки1.
Заклучно со 31.10.1994 година во 24-те библиотеки има
вкупно 40.051 библиотечна единица.
Некои од библиотекарите посетувале семинари и курсеви
кои ги организирала МУБ „Св. Климент Охридски"-Битола.


Библиотеката при Окружен суд – Битола


Библиотеката при Окружен суд – Битола е формирана во
1945 год. Во 1977 година фондот во библиотеката изнесува 531
монографска публикација и 7 наслови на списанија.
Библиотеката е сместена во посебна просторија која
изнесува 25m². Зајмувањето на библиотечниот фонд се врши со
помош на картон на секој читател.
Во 1992 година фондот изнесува 1375 монографски
публикации.
Денес фондот во библиотеката изнесува над 2150
монографски публикации, околу 27 периодични публикации
(наслови).


1 Благој Николов, Училишните, високошколските и специјалните библиотеки
во општина Битола, Библиотекарството во Битола и битолско, Зборник на
материјали од Научниот собир одржан на 6 и 7 декември 1994 година во Битола,
Битола, 1995 година, 185.




82


Библиотеката при ДОО „ЈУГО - ТУТУН“


Библиотеката при ДОО „ЈУГО - ТУТУН“ е формирана
1950 година. Во 1977 година вкупниот книжен фонд изнесувал
1400 книги, од кои 1200 со уметничка содржина (белетристика),
и 200 книги со стручна содржина, а имало и 6 списанија и 7
весници.
Библиотеката немала свој засебен простор туку била
сместена во салата каде се одржувале состаноци на раководните
тела.
Во текот на своето постоење во библиотеката се менувале
библиотекарите кои работеле волонтерски и кои посетувале
еднодневни обуки и семинари за библиотекарското работење.
Пред да згасне со работа, во 1995 година, во 1994,
библиотечниот фонд изнесувал 1518 монографски публикации.


Библиотеката при Државниот архив
на РМ - Подрачно одделение – Битола


Библиотеката при Државниот архив на РМ - Подрачно
одделение – Битола е формирана во 1954 година. Во 1977 година
библиотечниот фонд изнесувал 5865 монографски публикации
од кои 4500 книги со стручна содржина и 1365 белетристика.
Библиотеката е претплатена на 5 наслови на весници и 7
наслови на списанија.
Во денешната зграда библиотеката е сместена од 1980 год.
Во 1992 година според евиденцијата на МУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола, библиотеката работи според
сите библиотекарски стандарди, стручно се обработува
според Меѓународниот стандарден библиографски опис и
постои азбучен каталог. Фондот до 1992 година изнесува 4092
монографски публикации, од кои 2940 се на македонски јазик,
1059 на српскохрватски, 9 на словенечки, 8 на албански, 5




83


на турски, 14 на француски, 13 на германски, 44 на руски и
300 на други јазици. Покрај монографските публикации во
библиотеката во овој период има 118 наслови на списанија, 145
наслови на весници, 5 докторски дисертации, 139 географски
карти, 4 микрофилмови, 3870 плакати и 3112 единици друг вид
на библиотечен фонд.
Денес вкупниот книжен фонд е над 5210 публикации
од кои 4170 наслови на монографски публикации и 11697
примероци, 263 наслови периодични публикации, како и
друг библиотечен материјал. Составот на фондот е претежно
од стручната литература, како и од историјата. Како
специјализирана библиотека, најчесто се користи за потребите
од страна на вработените, како и од научни работници,
професори и други. Библиотеката има своја читална, каде
единствено е дозволен пристап до фондот.


АД Кожарски комбинат „Битола“


Библиотеката при АД Кожарски комбинат „Битола“ е
формирана во 1956 година. Според податоците на Матичната
служба при МУБ „Климент Охридски“ – Битола во 1977 година
библиотеката располага со книжен фонд од 505 книги од кои
455 се со уметничка содржина, а 50 со стручна.
Фондот е заведен во инвентарна книга и секој примерок
има свој инвентарен број.
Библиотеката нема свој простор и е сместена во
канцеларијата на дактилографот во застаклени рафтови.
Во 1994 година располагала со фонд од 364 монографски
публикации.




84


Библиотеката при
Работничкиот универзитет „Крсте Петков Мисирков“


Библиотеката при Работничкиот универзитет „Крсте
Петков Мисирков“ е формирана во 1957 година. Во 1966 година
располага со книжен фонд од 5000 примероци. Во 1977 година
вкупниот фонд на библиотека изнесува 8000 книги од кои 100
се со уметничка содржина, а останатите 7900 се со стручна
содржина од повеќе области. Просторот во кој е сместена
библиотеката изнесувал 50m². Од оваа година во библиотеката е
вработено лице со полно работно време.
Во текот на годините дел од фондот е расходован заради
поголеми оштетувања така што во 1990 година тој изнесува
4865 книги, 8 списанија и 4 весници.
Фондот е стручно обработен според библиотекарските
правила – синиран и инвентариран и според стандардите за
библиографски опис.


Библиотеката во АД Ф - ка за квасец и алкохол


Библиотеката во АД Ф-ка за квасец и алкохол е
формирана во 1960 година. Според податоците на Матичната
служба при МУБ „Климент Охридски“ – Битола во 1977 година
библиотеката располага со книжен фонд од 600 книги од кои
500 се со уметничка содржина, а 100 со стручна. Покрај овој
фонд располага со уште 10 списанија и 4 весници. Книгите
биле внесени во инвентарна книга, постоела посебна книга за
зачленување но за издавање на фондот не се водело евиденција.
Сместена била дел во канцеларијата на секретарот а дел
во работничката менза, што докажува дека не располагала со
свој простор.
Од 1995 година библиотеката е во мирување. Книжниот
фонд се чувал во застаклени рафтови.




85


Библиотеката при АД РИК „Битола - сил“


Библиотеката при АД РИК „Битола - сил“ е формирана
во 1960 год. и оттогаш работела со прекини, за од 1994 година
повторно да се евидентира библиотечниот фонд во инвентарна
книга. Бројот на техничката документација (проекти, елаборати
и друго) бил неколку илјади, а на монографски публикации
изнесувал 1130. Издавањето на книгите и документацијата било
по потреба и со реверс.


Библиотеката при АД Холдинг-Претпријатие „Фринко”


Библиотеката при АД Холдинг-Претпријатие „Фринко",
во минато Фабрика за фрижидери „Раде Кончар“, формирана е
во 1962 година. Почнува со работа со многу мал број на книжен
фонд и неколку стручни списанија за во 1965 година фондот
да се зголеми на 1288 монографски публикации, најповеќе
стручна литература а само 10% белетристика. Уште во овој
период книгите се сигнираат и инвентарираат но стручно не
се обработуваат, а со тоа не се изготвува и картотека. Во 1968
година библиотеката прекинува со работа се до 1975 година
кога повторно го собира преостанатиот книжен фонд и
продолжува со работа. Во 1977 година библиотеката располага
со фонд од 2000 примероци од кои 500 се белетристика и 1500
стручна литература. Статистиките покажуваат дека во овој
период библиотеката има околу 200 корисници. Исто така во
библиотеката се набавуваат 7 списанија и 7 весници. Во истата
година Библиотеката се стекнува со нов простор за работа и
фондот е среден по рафтови и по содржина.
Со вработувањето на стален вработен во библиотеката
кој стручно се усовршува во Матичната и универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, фондовите се
обработуваат според сите библиотечни правила и стандарди.




86


Во 1992 година бројот на книжниот фонд нараснува на
4565 публикации од кои 4215 се домашни, а 350 се странски.
Во 1993 година претпријатието го менува своето име во
АД Холдинг претпријатие „Фринко“ – Битола. Следната година,
1994, книжниот фонд изнесува 4823 примероци од кои 2010 се
македонски, 1833 српскохрватски, 33 англиски, 28 француски,
31 германски, 83 руски и 32 на други јазици. Според содржината
околу 600 книги се со стручна содржина, а останатите се со
уметничка содржина. Бројот на посетители во ова година
изнесувал 3027.
Мораме да спомнеме дека во библиотеката има нешто
повеќе од 1900 елаборати и проекти, од кои дел се распредени
по работните единици.
Во 2000 година Претпријатието е затворено, а со тоа
прекинува со работа и Библиотеката.


Библиотеката при Водостопанство „Пелагонија“


Библиотеката при Водостопанство „Пелагонија“ е
формирана 1963 година. Во 1977 година во библиотеката во
инвентарната книга има внесено 720 книги од кои 500 се со
стручна содржина, а 220 се белетристика. Во овој период во
библиотеката доаѓале 8 весници и 7 списанија. Зајмувањето на
фондот се врши со реверс.
Пред затворањето на библиотеката во 1993 година
фондот на 797 монографски публикации и над 2000 проекти и
елаборати.


Библиотеката при
Медицински центар Д-р Трифун Пановски – Битола


Библиотеката при Медицински центар Д-р Трифун
Пановски – Битола започнала со работа во 1967 год. Во 1991
година вкупниот фонд со кој располага библиотеката изнесува




87


4144 монографски публикации, 128 наслови на списанија и 50
наслови на весници. Денес оваа библиотека е дислоцирана во
Високата медицинска школа.


Библиотеката при АД „Жито Битола“


Библиотеката при АД „Жито Битола“ е оформена во 1969
година. Препорачано е од страна на лицето за Матична дејност
вработениот библиотекар да се упати на стручно усовршување
во МБ „Климент Охридски“ – Битола, што е и направено. Тој
ги посетувал сите семинари и курсеви што ги организирала
МБ „Св. Климент Охридски“ - Битола. Веќе во 1977 година
вкупниот фонд на библиотеката изнесува 1200 книги од кои
1000 белетристика и 200 со стручна содржина, 5 списанија и 10
весници. Во оваа година фондот е зголемен за 70 книги. Доделен
е простор за работа на библиотеката од 80m². Книгите се
стручно обработени според Меѓународниот стандард ISBD(m),
инвентарирани и сигнирани. Изработена била и азбучна
картотека за пребарување на фондот. Вака обработените книги
биле сместени на полици. Во 1994 година вкупниот фонд на
книги изнесувал 5079 публикации од кои најповеќе имало
со уметничка содржина – белетристика, лектирни изданија,
и околу 200 публикации со стручна литература. Треба да се
спомне фактот дека во библиотеката ги имало сите броеви од
Информативниот „Билтен“ што го издавала „Жито Битола“.
Библиотеката згаснува во 1995 година, а како најголема
причина за тоа било одењето во пензија на библиотекарот.
Целокупниот библиотечен фонд е подарен на НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола и е влезен во целокупниот фонд
на оваа библиотека.




88


Библиотека во Холдинг претпријатие „Битола - ТЕКС“


Библиотека во Холдинг прет. „Битола - ТЕКС“ е
формирана 1972 година. Нејзиниот фонд изнесувал околу
1000 книги заведени во инвентарна книга, зајмувањето се
врши со издавање на реверс. Во 1977 година книжниот фонд
изнесува 1321 книга од кои 358 се со стручна содржина, а 963 со
уметничка содржина. Сместена е во простор од 15m². Во 1994
година нејзиниот фонд броел 2140 монографски публикации,
проекти и елаборати. Згаснува со работа во 1995 година.


Библиотеката при ПОС - АИК „Лозар“


Библиотеката при ПОС - АИК „Лозар“ е формирана
1973 година и располага со фонд 800 книги, 7 списанија и 5
весници. Библиотеката била сместена во просторот каде што се
чувала архивата. Во 1977 година фондот е минимално зголемен
и изнесува 818 книги од кои 100 се со стручна содржина, а
останатите 718 со уметничка содржина – белетристика. Фондот
се чува во застаклени рафтови.
Пред да престане со работа во 1983 година фондот го
сочинувале околу 435 монографски публикации. Намалени-
от фонд според податоците на Матичната служба при
МУБ „Климент Охридски“ – Битола се однесува на дел на
расходовани книги и дел на зајмени и невратени книги од
вработените.


Библиотеката при „Заводот, музеј и галерија“ – Битола


Библиотеката при „Заводот, музеј и галерија“ – Битола е
формирана во 1976 година со интеграцијата на на Народниот
музеј и Хераклеја и нивните библиотечните фондови.
Во 1977 година вкупниот фонд изнесува 5350 примероци




89


сместени на дрвени и метални сталажи.
Во 1987 година библиотеката е целосно стручно
обработена, а со тоа може да се согледа и фактичката состојба.
Вкупниот книжен и друг материјал изнесува 4930 примероци
од кои 4805 книги, 25 географски карти, 1 графичка слика, 65
грамофонски плочи, 35 плакати и 4 друг библиотечен материјал.
Библиотеката активно врши размена на публикации со
150 домашни институции, 63 странски односно со 38 држави.
Корисници на библиотеката и покрај тоа што е од
затворен тип има 66 кои ја посетиле библиотеката и користеле
342 примероци од библиотечниот материјал.
Книжниот фонд на оваа библиотека според НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола располага со 5987 наслови и
преку 12000 монографски публикации и томови од периодични
публикации.
Целокупниот фонд е стручно обработен според
меѓународните стандарди и постои азбучна и УДК картотека за
пребарување на фондот.
Во книжниот фонд на библиотеката се наоѓаат словенски
ракописи и старопечатени книги (црковнословенски, руски,
бугарски, грчки, српски, арапски и др.) Покрај овие книги,
има и еден мал број книги воена белетристика (добиени при
расформирањето на воените погранични библиотеки од
караулите, по пат на соработка). Во фондот на библиотеката се
наоѓаат и преснимени историски (стари) карти, долгометражни
документарни филмови од областа на етнологијата (пр. „Древно
индијанско семејство“, „Етрурци и етрурска уметност“), како и
други, филмови („Почетоци на кинематографијата“, филм за
Ататурк), но и еден поголем број плакати.
Се прават напори оваа библиотека да се автоматизира, а
со тоа и нејзиниот богат фонд да влезе во взаемната база на РМ,
како би бил достапен до секој заинтересиран корисник од ваков
тип на литература.




90


Библиотеката при АД ЗИК „ПЕЛАГОНИЈА“


Библиотеката при АД ЗИК „ПЕЛАГОНИЈА“ (заеднички
служби) е основана 1976 год., а престанала со работа во 1992
год. Фондот го сочинувале 226 монографски публикации,
проекти и елаборати нема. Оваа библиотека згасна, а книгите се
сместени во рафтовите по канцелариите на вработените.


Библиотеката при РЕК - Термоцентрала „Битола“


Библиотеката при РЕК - Термоцентрала „Битола“ е
формирана во 1977 година. Располага со корисен простор
64m². Во 1991 вкупниот фонд во библиотеката изнесувал 1119
монографски публикации и 18 наслови на списанија.
Денес библиотечниот фонд го сочинуваат 1628 книги
од кои 1532 книги се стручна литература, а останатото
белетристика.
Библиотеката располага и со комплети на петнаесетина
списанија во повеќе свески. Библиотечниот фонд е евидентиран
библиотечни правила и стручно обработен според стандардот
ISBD. Каталожните картончиња се редат во азбучен каталог.
Годишно, бројот на корисници се движи од 250 до над 300.
Во состав на ТЦ „Битола“ има и библиотека на техничка
документација што датира од 1977 година наваму. Бројот на
проектите и елаборатите изнесува 2716 од кои 87% од нив се
руски проекти, а останатите се на други јазици.
Библиотеката располага со корисен простор од 76m2.
Целата документација е евидентирана по стандарди. Сите
проекти и елаборати се сместени во метални подвижни
рафтови. Користењето на документацијата е по потреба и не се
води евиденција за бројот на корисници.




91


Библиотеката при ХМС „Стрежево“


Библиотеката при ХМС „Стрежево“ почнала со работа
во 1983 и нејзиниот фонд го сочинуваат главно проекти,
елаборати, стручни списанија, научни трудови и стручни книги,
чиј број е над 6000. Публикациите се сместени во наменска
просторија, наредени по области на сталажи. Библиотеката ја
користат најчесто вработените, и тоа техничкиот кадар.


Библиотеката при ПК-Рудник „Суводол”


Библиотеката при ПК-Рудник „Суводол" работи
од 1982 година, а официјално како библиотека е од 1984
година. Библиотеката располага со корисен простор од 68m2
Библиотечниот фонд го сочинуваат 458 книги од кои 410 се
стручна литература.
Меѓутоа, оваа библиотека примарно е библиотека на
техничка документација од над 300 проекти и елаборати
сместени во метални подвижни рафтови. Книгите и техничката
документација се внесени во инвентарна книга и истите се
сигнирани по стандарди. Бројот на корисници е по потреба за
проектите, а за книгите е незначителен. Во библиотеката има
и поголем број на списанија во повеќе свески. Проектите се на
руски, германски, англиски, чешки, српски, хрватски и други
јазици.



Библиотеката при АД Ф - ка за шеќер „4 Ноември“


Библиотеката при АД Ф - ка за шеќер „4 Ноември“
започнала со работа во 1987 год. Фондот изнесувал 250
монографски публикации и над 1000 проекти и елаборати.
Библиотеката во денешната организација се наоѓа во мирување
и е во состав на архивата.




92


Библиотечниот фонд бил внесен во инвентарна книга,
но немало картотека. Издавањето на книгите и техничката
документација (чиј број е над илјада) било со реверс.


Библиотеката на Друштвото за наука и уметност


Библиотеката во Друштвото почна да функционира уште
со основањето на Друштвото во шеесеттите години. Првите
библиотечни книги дојдоа по пат на подарок, а подоцна кога
Друштвото почна да издава сопствени изданија, фондот се
надополни по пат на размена на изданија. Бидејќи Друштвото
често се селеше, книжевниот фонд доста се оштетуваше. Од
1976 год. Библиотеката повторно е вратена во просториите на
Друштвото и оттогаш се презема грижа за зачувување на секој
примерок. Во 1985 година фондот на библиотеката броеше
1255 монографски публикации, во 1995 година 2460 наслови.
Книгите се сместени во шкафчиња, книгите се обработуваат
и инвентарираат, а со библиотеката раководат посебно
определени лица.
Годишно се издаваат меѓу 250 - 300 наслови, главно од
членови на Друштвото. Денес Библиотеката има 246 членови,
а фондот нараснува на околу 7000 библиотечни единици, и тоа
списанија (домашни и странски), монографски публикации,
белетристика и, секако, литература од повеќе научни области.


Државен ученички дом „Мирка Гинова“


Библиотеката во Домот започнала со работа во 1990
год. Во 1992 година фондот на библиотеката изнесува 1207
книги од кои 1124 се на македонски јазик а останатите 83 на
српскохрватски. Во фондот исклучиво се застапени лектирните
изданија. Денес фондот на библиотеката не е многу променет
во нагорна линија и тој изнесува над 1200 монографски
публикации.




93


Фондот, главно, е составен од лектирни изданија
и енциклопедии кои често ги користат учениците кои
престојуваат во Домот.


Митрополитска библиотека „Св. Јован Богослов“ – Битола


Нешто повеќе од две децении, во 1992 година, на
дваесетти јануари, на празникот Собор на Свети Јован
Крстител, во Светата митрополија на Преспанско -
пелагониската епархија беше осветена и свечено отворена
Митрополитската библиотека „Св. Јован Богослов“.
На барање на митрополитот преспанско – пелагониски
Петар, Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола, во 1991 година, испрати тим
кој стручно го обработи целокупниот фонд со кој располагаше
библиотеката во тој период.
Библиотеката е сместена во подрумските простории од
зградата на митрополијата. Средена е по сите библиотечни
стандарди. Книгите се сигнирани, каталогизирани и
систематизирани. Каталошките картончиња се азбучно
подредени во картотеки, а книгите се сместени во дрвени
шкафови.
Забележан е податокот дека во 1995 година фондот на
оваа библиотека изнесувал над 3.500 публикации (монографски
публикации – 3.596, периодични публикации (наслови) – 91).
Денес библиотечниот фонд се движи од околу 8.000 наслови,
и тоа се опфатени изданија од областа на филозофијата,
психологијата, белетристиката, медицината, a најголем дел се
изданија од областа на теологијата.
Библиотеката располага и со триесетина стари црковни
книги. Во рамките на Митрополитската библиотека се издаваат
списанијата „Вистина“ (прв број 1991 г., Гласник на Преспанско
- пелагониската епархија) и „Пелагонитиса“ (прв број 1996 г.,
списание за православна вера, духовна култура, образование и




94


уметност). Библиотеката брои 650 членови.


Воена библиотека - Битола


Фондот на оваа библиотека изнесувал 14000 - 15000
публикации, меѓу кои се вбројуваат стручни публикации,
учебници, белетристика и сл. Библиотеката, иако отворена
за сите граѓани, била слабо искористена. Неколку пати ги
менувала своите простории во рамките на касарната, во
ресторанот „Парк“, во Офицерскиот дом, за со дислоцирањето
на касарната од Битола целокупниот фонд да се префрли во
касарната во Велес.
Покрај наведените библиотеки, книги кои се воделе како
библиотечен фонд имало во повеќе работни организации и
разни установи, од кои голем дел не постојат повеќе или се во
друга сопственост, како во АД „Апарати за домаќинството“
(поранешен „Металец“); ДОО „Краш Прогрес“; АД Фабрика
за пиво и безалкохолни пијалаци „Пивара“; АД за трикотажа
„Пелистер“; ДОО „Мокел“ и др.




95


Заклучок


Следејќи го библиотечното работење во библиотеките низ
вековите доаѓаме до единствен заклучок дека во Македонија
и секако во градот Битола овој дел доаѓа до поголем развој
дури по Втората светска војна. Старите начини на работа
застапени од во втората половина на XX век (лепењето џеб, кој
се користи за вметнување на картонот на книгата, Картонот
на книгата - во кој се испишуваат податоците за книгата:
сигнатура, автор, наслов, инвентарен број, УДК-број, цена
и во каква состојба е книгата, картон на читателот и сл.),
пред крајот на минатиот век е заменето со автоматизираното
библиотечно работење. Што тоа значи? Една од оперативните
задачи на автоматизацијата на библиотеките е ефикасното
функционирање, брзиот и стабилен систем на взаемната
каталогизација и воспоставување WEB OPAC за библиотеките
и взаемниот каталог како и автоматизираното зајмување.
Предусловите за имплементацијата на автоматизација на
библиотеките е пристапот на библиотеките-членки до интернет
и добро организираните кориснички сервиси, засновани на
мрежните услуги. Така автоматизацијата на библиотеките од
западниот регион треба да:
• воспостави кооперација која обезбедува заедничко


користење на сите ресурси;
• да го поттикни протокот на документи меѓу библиотеките и


членките на мрежата;
• функционира како форум во кој се договараат и


унапредуваат библиотечните сервиси и услугите за сите
библиотеки во мрежата и нејзините корисници;


• ги промовира услугите кои ги креираат членките на мрежата;




96


• ги истражува можностите на користење на новите
информациски технологии за сите институции во мрежата;


• изработува, усвојува и презентира стандарди за поединечни
работи и услуги во мрежата;


• влијае на смалувањето на трошоците на библиотечните
услуги мерено на досегашните трошоци во секоја
поединечна институција;


• поефтино и поефикасно ги организира едукацијата и
маркетингот;


• нуди нови библиотечни услуги, како што се: виртуелни
фондови - документи кои се во електронска форма и се
наоѓаат на интернет, online каталози, збирки на електронски
публикации, портали за референтни информации,
електронски информации за локалната заедница, пристап до
виртуелниот универзитет итн.


Автоматизирањето на библиотеките претставува заштеда
на вкупните општествени ресурси неопходни за транзиција
од децениската запуштеност во информативно општество,
кое што веќе е глобално доминантно. Во најкратки црти, тоа е
вложување во забрзан развој.
Имплементацијата на COBISS непосредно придонесе за
воспоставување на нови информатички стандарди во нашата
земја и во градот Битола и е инфраструктурна поддршка на
новата политика на Македонија во областа на генерирање,
прибирање, чување, дистрибуција и користење на знаењата.
Цел е поврзување во единствен информативен систем на
сите библиотеки, со што на корисниците на библиотеките
на организиран и рационален начин би им се обезбедил
квалитетен пристап до информации, било тие да се на самиот
систем или да се со посредство на системот пристапни на било
кој компјутер на Интернет.
Во основа имплементацијата на Кооперативниот online
библиографски систем и сервиси, COBISS, кој е оригинален
продукт на Институт за информациски знаности во




97


Марибор, Словенија, ИЗУМ, е ревитализација со неопходно
осовременување, дело на проектот „Систем на научно-
технолошките информации на Југославија“ (СНТИЈ). Во овој
проект учествуваа и неколку институции во Македонија:
• Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент


Охридски“ - Скопје;
• Национална установа - универзитетска библиотека „Св.


Климент Охридски“ - Битола;
• Природно-математички факултет - Скопје
• Кинотека Македонија - Скопје.
Формираната компјутерска мрежа имаше за цел
рационализација на библиотечната работа на ниво на тогашна
СФРЈ, градење взаемни и локални библиографски бази на
податоци и нивно пребарување.
Согледувајќи ја потребата од посовремен софтвер
за обработка на библиотечниот материјал, во 1995 год.
се започнати преговори со ИЗУМ за инсталација на
Кооперативниот online библиографски систем и сервиси
COBISS во Македонија.
Во 1996 година системот COBISS е имплементиран
во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски“ - Скопје, Матичната и универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Битола, Природно математичкиот
факултет во Скопје и Кинотеката на Македонија.
Пред крајот на 2001 година кон системот COBISS се
вклучува Македонската академија на науките и уметностите од
Скопје.
Потребата за квалитетна, брза и координирана обработка
на библиотечниот материјал, библиотеките на корисничкиот
систем COBISS во 2001 година се договорија со ИЗУМ за
инсталација на взаемната библиографска база, COBIB/МК за
истата да се активира во декември 2001 година. Во времето кога
е активирана взаемната библиографска база броеше 248.077
библиографски записи и тоа во:




98


• НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје 192 634
• МУБ „Св. Климент Охридски“- Битола 50 521
• Природно математички факултет - Скопје 4 992
За неполна година фондот на взаемната библиографска
база се зголеми за околу 15%.
Во 2004 година со поддршка на Министерството
за култура на Република Македонија започнува забрзано
вклучување на библиотеките од Македонија, така што се
формира COBISS Центар за Македонија со седиште во НУУБ
„Св. Климент Охридски“ - Скопје и двата регионални центри
со седишта во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола (за
западниот дел на Македонија) и НУБ „Гоце Делчев“ - Штип (за
источниот дел од Македонија.
Функционирање на системот COBISS во НУ - УБ „Св.
Климент Охридски“ - Битола
Со приклучување на овој систем во 1996 година и
извршување на едукација на библиотекарите за работа на
овај систем, започна формирањето на библиографска база на
локално ниво.
Од 1998 до септември 2001 година комплетниот фонд
со кој располага библиотеката ретроактивно беше внесен во
локалната база, за на крајот од истата година да се префрли
во взаемната библиографска база. На крајот од 2003 година
НУУБ „Св Климент Охридски“ - Битола ќе започни да работи
со другиот сегмент COBISS/Зајмување, како прва библиотека во
Македонија, за кој обуката на библиотекарите е веќе завршена.
Но, не е застанато само со автоматизација на оваа библио-
тека. Дел од високошколските библиотеки работат автоматизи-
рано, додека останатиот дел полека но сигурно чекори кон
новиот начин на библиотечно работење.




99


Библиографија


1. Стефановска Анета, Ѓоргиевски Науме: Библиотеките во
Битола, Национална установа Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Битола, 2009;


2. Стефановска Анета, Ѓоргиевски Науме: Библиотеките во
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, НУУБ
„Св. Климент Охридски“, Битола, 2011;


3. Андоновска Ленче: Приватните библиотеки во Битола.
Национална установа - Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“, Битола, 2006.






Издавач
Националната установа - Универзитетска библиотека


„Св. Климент Охридски“ - Битола


Автори
Анета Стефановска
Науме Ѓоргиевски


Благој Николов


Развојот на библиотекарството во
Битола и Битолско и видови библиотеки


Дизајн на корица и
компјутерска обработка


Зоран Јанакиевски


Печати
Херакли - комерц


Книгата е финансирана од
Министерството за култура


на Република Македонија