БИБЛИОТЕЧНАТА ДЕЈНОСТ
ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО
Книга 1
Од зачетоците до 1974 година
Издавач
Националната установа - Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Битола
БИБЛИОТЕЧНАТА ДЕЈНОСТ ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО
Книга 1
Од зачетоците до 1974 година
Главен и одговорен уредник
Науме Ѓоргиевски, директор
Составувачи
Анета Стефановска
Науме Ѓоргиевски
Илче Стојановски
Гордана Пешевска
Јоланда Бошевска
Цветанка Дамјановска
Благој Николов
Зоран Јанакиевски
БИБЛИОТЕЧНАТА ДЕЈНОСТ
ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО
Книга 1
Од зачетоците до 1974 година
БИТОЛА, 2012
CIP – Каталогизација во публикација
Национална установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Битола
02(497.774)”652/1974”(091)
БИБЛИОТЕЧНАТА дејност во Битола и Битолско.
Кн. 1, Од зачетоците до 1974 година /
[составувачи Анета Стефановска ... [и др.]. -
Битола : Национална установа Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“, 2012. – 145
стр. : илустр. ; 25 см
Автори: Анета Стефановска, Науме Ѓоргиевски, Илче
Стојановски, Гордана Пешевска, Јоланда Бошевска,
Цветанка Дамјановска, Благој Николов, Зоран
Јанакиевски.
ISBN 608-4538-36-3 (10)
ISBN 978-608-4538-36-3 (13)
1. Стефановска, Анета [автор]
а) Библиотекарство - Историјат - Битола и
Битолско - Антика-1974
COBISS.MK-ID 19176257
7
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
ПРЕДГОВОР
Словото е основа на почетокот на сè што настанало и што потоа се
случувало низ бурната историја на овие наши простори, времиња и векови
што доаѓале и го одбележувале постоењето на писмото низ писанието за
животот што течел.
Забележано и одбележано како оставштина од минатото за мигот
што поминал и што доаѓал во минатиот период. Тоа е говорот на антиката
преку изгубениот натпис врз плочата од Хераклеа Линкестис каде што
пишувало за „чтеецот“ и архивар Василие (тоа е неговото работно
место, но всушност тоа се институции кои постоеле во градот Хераклеа),
како црковен пејач, псалт и архивар – обично во тоа време единствена
институција која имала таква личност била црквата, во смисла ги чувал
документите од црквените служби, потреби, задолжувања и сл.
Откривањето на знаците, на буквите, на зборот, на секој макар и најмал
драгоцен податок, ни дава за право, но и должност тоа да се истражува,
докажува, запишува и презентира.
Затоа, не случајно во текот на последните години, оваа
проблематика посебно нè преокупира да се заложиме и да продираме
сè подлабоко низ времињата, преку зачетоците и развојот, особено во
нашата дејност – библиотекарската, преку културното, книжевното
и библиотечното наследство и развојот на истото во текот на идните
периоди кои следувале, до денешни времиња и состојби на овој план,
проследувајќи ги збиднувањата кои придонесувале од тие корени на
библиотечната дејност и традиција во Битола, да се создаваат перспективи
за развојот на дејноста – библиотекарство како практика и наука.
Затоа, неизбежно е, како и секоја книга или дел од овој делокруг на
интерес, да го отпочнеме со следниот натпис:
„Во почетокот беше Словото и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.
Сè низ него настана и без него ништо не стана што настана. Во него беше
животот и животот беше светлост на луѓето. “
(Јован 1,1)
Цитираната секвенца од Евангелието дозволува да констатираме
8
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
дека прашањето за развитокот на човечката духовност е длабоко
вкоренето во Зборот – Словото. Ако за највисок духовен производ
на човечката цивилизација се смета книгата, најголемиот извор на
писменоста и ако во писменоста ги бараме корените на историјата, тогаш
во основањето на библиотеките, „расадници на научната мисла,“ го
потврдуваме највисокиот степен на развој на човечката цивилизација.
Во градот Битола со векови се гаела традицијата кон книгата. Во
таа насока се чини дека библиотеките придонесле, како ниту една друга
институција, за зачувување на минатото, одржување на сегашноста и
обезбедување на иднината. За да ја разбереме оваа улога на библиотеките
како вистински духовни стожери, треба да продреме малку во минатото и
да ги расветлиме корените на библиотекарската традиција во Битола.
Фактот што истражувањата за почетоците на библиотечната
дејност датираат уште од античкиот период, за создавањето на првите
библиотеки во овој древен град, веќе со сигурност се потврдува во
средновековието кога во манастирите, далеку од светот, книгата била
љубоморно криена, тогаш на овој град со право му го дале епитетот
„просперитетен“ (Е. Спенсер, 1850).
9
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
БИБЛИОТЕКАРСТВОТО
ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО
Вовед
Градот Битола во своето многувековно постоење доста придонел за
културната историја на Македонија. Имено, како секој град така и Битола
има свое минато како верификуван артефакт, односно таканаречената
Битолска плоча од 1016 година, врз кој споменик за првпат се среќава
изворно неговото име напишано со словенски букви на народен јазик.
Со тоа Битола, не само во Македонија туку и пошироко, спаѓа меѓу
постарите градови. Самиот факт што оваа плоча претставува досега трет
откриен кирилски споменик, сведочи за постоењето на писменост како
во него, така и во околината. Таа писменост е сврзана со постоењето на
Охридската книжевна школа, која описменила 3.500 ученици. Меѓу нив
секако имало и од овој крај кои таа книжевна писменост ќе ја продолжат
и ќе го збогатат книжевното наследство од тој период. Во тоа наследство
„карактеристиките на првобитниот старословенски јазик се забележуваат
во зачуваните ракописи... како и во Битолската плоча, Битолските
листови, Битолскиот триод и во многу други. Сите тие ракописи најчесто
10
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
настанувале во христијанските цркви и манастири кои во битолската
усна традиција се споменуваат кај Мехмед Тефик – 70, кај Цепенков – 72
манастири.
Во својата долгогодишна историја, Битола минала низ многу
подеми и падови.
Војните, карактеристични за средновековното феудално
општество, водени за освојување на големи комплекси земји, биле честа
појава. Тие го оневозможувале природниот и културен развиток. Сепак, во
Битола била негувана писменоста и книгата. Тоа и го потврдува записот
на маргината од Болоњскиот псалтир, од страна на јеромонахот Данаил,
во кој стои како тој во среде града Битола си го купил псалтирот од
граматикот Теодор, за два перпера и позлатените обетки од жена си.
За сите средновековни држави карактеристично е што во
манастирите и црквите се ширела и негувала писменоста, а со тоа и
настанувањето на првите книжевни творби. Така, книжевните дела на
средновековните писатели и препишувачи си нашле место во истите
простории, поточно во просториите наменети за чување на ракописите.
Всушност, тоа биле и првите наши библиотеки, вклучително и
Битола со Битолско.
Во самиот град Битола засега нема конкретни податоци за постоење
на библиотека во предосманлискиот период, меѓутоа, со сигурност
можеме да претпоставиме дека такви постоеле во бројните битолски
цркви.
Битола во 1385 година била освоена од Турците Османлии. Според
турските вообичаени постапки, при освојувањето на градовите следувале
два вида однесување. „На оние жители од градот кои доброволно се
покорувале, Турците ништо лошо не им правеле, но доколку давале
отпор, ги присилувале да им ги отстапат своите градови. „Впрочем, на
турскиот султан и самиот верски закон (Шеријататот) му налагал да
одобри тридневно ограбување на освоениот град, при што подвижниот
имот законски им припаѓал на војниците – освојувачи. Со оглед дека
Битола со битолчани на Турците освојувачи им дале голем и жесток
отпор, градот со населението доста настрадале. За рушењето на Битола
како црковно средиште, Марко Цепенков ни го остави овој наративен
податок: „Откако ги освоиле сите манастири, Турците беа ги израсипале
сите и на секој манастир напраиле по една џамија. Секаде каде преземале
Турците градови тоа време, ретко во град расипале црква и манастир,
чунки биле набожни и се боеле од светецот, арно ама во град Битола не се
11
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
убојале од 72 светци што биле во црквите, чунки се беше налутиле многу
на калуѓерите дека им погубиле 500-мина Турци... Ете така, Света Гора на
Македонија, што била во Битола, се препраила на турски џамии.“
Со загосподарувањето на Турците со Битола, настануваат големи
етнички промени. Имено, покрај Турци, во Битола се населуваат и други
народности од муслиманска вероисповест (Татари, Јуруци и др.), но
покрај нив, кон крајот на XV век во Битола масовно се населуваат и
протераните Евреи од Шпанија и Португалија. Така, во Битола, покрај нов
етнички, има и нов верски елемент, односно муслимани, главно Турците
завојувачи, Евреите – припадници на Мојсеевата вероисповест и месното
население кое е христијанско по религија, а словенско по народност. Во
таквиот склоп на верско и народно шаренило во XVIII век, во градот и
неколку битолски села придошла поголема група Власи кои, исто како
месното население, биле христијани. Тие, главно, дошле како бегалци од
нивниот богат и напреден град Москополе кој бил срушен и ограбен од
Али паша Јанински. Барајќи безбедно место, доста Власи се населиле во
Битола, збогатувајќи ја верската заедница од христијани и, уште повеќе, со
својата умешност за трговија и занаетчиство го збогатиле градот со нови
отворени дуќани.
Разликувајќи се по конфесија, јазик и обичаи, етничките групи во
Битола секоја посебно, независно една од друга, негувале своја култура и
книжевност.
Додека едно време Битола била претежно турско-еврејски град по
бројот на населението, почнувајќи од крајот на XVII па низ целиот XVIII
век, за да дојде до кулминација во XIX век, завршил еден голем процес
на дехристијанизација на градот. Во тој временски период градот го
населуваат жители од околните села и градови барајќи за себе поголема
сигурност и подобра заработувачка. Тој процес бил забрзан особено кога
Битола станала вилаетско средиште, со стационирана огромна војска
и административен апарат, за чии потреби вивнале во нагорна линија
занаетчиските производи како и трговијата. Напоредно со збогатувањето
на луѓето, се јавила потребата од образовани луѓе. Таа потреба се јавила
меѓу сите народности, било христијани или припадници на другите
конфесии. Таквата појава од потреба на училишта кај христијанското
население предизвикала подвоеност. Имено, христијанската црква
во Македонија, по укинувањето на Охридската архиепископија, била
раководена од грчката Цариградска патријаршија која, како грчка
институција, била ангажирана во елинизација на негрчкото население
12
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
првенствено преку училиштата и самата црква. Претставниците на
грчката општина во Битола на семожни начини настојувале да всадат
грчко национално чувство како кај Власите, така и кај Македонците
христијани. Школувајќи се во грчки училишта, добар дел од месното
негрчко население прифатило грчко писмо, грчка култура и национално
се чувствувале Грци, иако нивниот мајчин јазик не им бил грчкиот. Во
XIX век еден дел од елинизираните битолчани почнале да осознаваат дека
нивното потекло не е грчко, па почнале борба за самостојност, како во
црковен така и училишен домен. Врз таквото движење месните жители
Македонци почнале да дејствуваат, поточно да градат своја црква каде ќе
се врши богослужба на мајчин словенски јазик, а не на грчки, како и да
отвораат свои народни училишта. Во 1869 година битолчани сосема се
одделиле од грчката општина создавајќи си своја. Нешто подоцна истото
го сториле и Власите. Меѓутоа и едните и другите, во тоа бегање од
елинизацијата, потпаднале под други пропаганди, односно Македонците
под бугарската Егзархија, додека Власите под влијание на романската
пропаганда. Оние елинизирани битолчани кои останале на претходните
позиции, во голема мера потпомогнати од разни здруженија или
поединци, а и од државата Грција, се организирале во Битола така силно
што претставувале силна фанатизирана групација.
Во таквите спротивни национални односи во Битола, се јавиле и
верски поделености преку католичката и протестантската пропаганда.
Таквата состојба во Битола не останала вечна. Здружените држави од
Балканот, во почетокот на XX век, со помош на своите ментори, т.е.
големите европски држави, успеаја во Балканските војни да ја протераат
Турција од Македонија, а нејзината територија да ја поделат меѓу себе. Со
Првата светска војна и мировните договори во поделената Македонија,
градот Битола потпадна под српска окупација. Таквата состојба ќе
трае до 1941 година. Со априлската војна и распаѓањето на Кралството
Југославија, Битола ќе потпадне под бугарска окупација сè до 4 ноември
1944 година кога македонските воени единици влегоа во градот и за
првпат воспоставија македонска власт.
Во споменатиот историски преглед од постоењето на библиотеките
во Битола и Битолско, брз овие корени се создава и гради традицијата
и постоењето на библиотекарството, при што можеме да разликуваме
неколку порано констатирани периоди, и тоа: предосманлиски период,
османлиски период, српска окупација, бугарска окупација, период по
ослободувањето – македонски период (во овој случај се говори до 1974
13
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
година).
За постоењето голем број манастири во Битола, зборува и
народното предание каде Марко Цепенков Битола ја нарекува Света
Гора и наведува бројка од 72 манастири, како и постоењето на бројни
џамии за кои се верува дека се изградени на темелите од постоечки цркви
и манастири. Прв пишуван словенски извор најден на ова подрачје е
Битолскиот натпис или Битолската плоча кој датира од времевладеењето
на внукот на Самоила, Јоан Владислав (1015 – 1018г.).
За битолските манастири во XII век (тука се зема предвид
и околијата на Демир Хисар, кој во тоа време бил составен дел на
битолската околија) податоци има во Зографскиот споменик од 1527
год., во кој се спомнуваат мон. Продром (св. Јован Претеча кај с. Слепче
– Демирхисарско), мон. Дихово (денес постои тука манастирот посветен
на Св. Атанасиј), мон. Стрежево (св. Јон), мон. Градиште (не е именуван
на кој светец се однесува), мон. Буковец (посветен на Св. Преображение),
а исто така и св. Бесребреници посветен на светите Кузман и Дамјан. Од
ова време сведочат мал број текстови, меѓу кои се и Битолскиот триод,
Слепченскиот апостол и сл.
Сè додека Македонија не потпаднала под османлиска власт,
постојат бројни зачувани ракописи и текстови кои говорат дека
манастирите станале главни жаришта на препишувачката дејност.
Значајни манастири во кои се пишувале и препишувале книги низ
вековите и кои располагале со големи манастирски библиотеки се: во
Прилепско манастирот Св. Богородица, Трескавец, во Демирхисарско со
богат книжевен фонд располагал манастирот Св. Јован во село Слепче, во
Тиквешко Св. Ѓорѓи Полошки, Св. Јован Ветренски, Св. Јован Бигорски
во Дебарско, Св. Пречиста во Кичевско, манастирот Св. Прохор Пчински
во Кумановско, Лешочкиот манастир во Кратовск-злетовскиот крај,
библиотеката во Лесновскиот манастир Св. Архангел Михаил која е
меѓу првите формирани и која во текот на повеќевековното постоење
прераснала во голем книжевен центар; во Скопско-црногорскиот регион
се истакнуваат манастирите Св. Пантелејмон во Нерези, Марковиот
манастир Св. Димитрија, шишевскиот манастир Св. Никола (во него
престојувал Кирил Пејчиновиќ) и други.
Во Битолско треба да се спомене Буковскиот манастир, за кого,
според белешката од Џинот објавена во „Цариградски весник“, во 1865
година имало повеќе од 20 товари словенски ракописни книги, но некој
свештеник ги уништил. Во Битолско постојат уште десетина манастири
14
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
во кои се одвивала препишувачката и библиотекарската дејност: Св. Спас
– Св. Меркуриј во с. Барешани, Св. Христофор и Св. Преображение во с.
Буково, Успение Богородично и Св. Ѓорѓи во с. Велушино, Св. Илија во с.
Драгош, Св. Архангел во с. Лисолај, Св. Јован во с. Беранци, Св. Илија во
с. Крклино, Св. Ѓорѓи во с. Паралово и други. Во сите овие манастири се
чувале книги.
Меѓутоа, по потпаѓањето на Битола и Битолско под турска власт,
условите за културен живот битно се променети и почнува период
на стагнација. Многу цркви и манастири, во кои претходно цутеше
писменоста, пред налетот на турската војска беа уништувани, богатите
манастирски книжевни ризници растурени, а книгите изгорени.
Единствено во некои места оддалечени од поголемите градски центри и
од главните сообраќајници, културно-просветната дејност продолжува
со намален интензитет, но не замира. Словенската писмена традиција
продолжува, особено во Слепченскиот и Буковскиот манастир, кои
располагале со големи имоти па биле финансиски независни што им
овозможило и материјална основа препишувачката дејност во овие
центри да не пропадне. За тоа сведочат голем број словенски ракописи од
битолското подрачје.
Културните вредности од минатото се неповторливи појави и
човештвото никогаш не ќе може да ги обнови или повторно создаде,
затоа претставуваат синтеза на генијалноста на творецот и специфичните
историски услови. Македонскиот простор, може слободно да се каже,
е многу богат со културни добра од кои еден дел се откриени, а во
длабочините на долгата македонска културна историја, напластени се
милениумски стари творби на многу цивилизации кои допрва треба да се
откриваат. Ако за највисок духовен производ на човечката цивилизација
се смета книгата, тогаш во основањето на библиотеките го потврдуваме
највисокиот степен на развој на човечката цивилизација. Во Битола
со векови се негувала традицијата кон книгата, а библиотеките како
ниту една друга институција придонеле за зачувувањето на минатото,
одржување на сегашноста и обезбедување на иднината.
Ако ѕирнеме подлабоко во минатото, ќе ги расветлиме корените
на библиотекарската традиција во Битола која, според некои сознанија,
датира уште од античкиот период, а со сигурност се потврдени во
средновековието, кога во манастирите, далеку од светот, книгите биле
љубоморно криени. Низ целиот среден век Македонија била црковно-
манастирски центар на Балканот.
15
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
Манастирски и црковни
библиотеки во Битола и Битолско
Во средновековниот период битолската област имала истакнат
развој на црковно - духовниот и книжевниот живот. Таа е во непосредна
близина на Охрид и уште од времето на Св. Климент и Св. Наум,
Охридската книжевна школа имала одраз и влијание врз развојот на
книжевната дејност на овој регион. Исто така, таму одиграла улога
и богатата традиција на преспанскиот регион којашто заживеала
особено во времето на Самоиловата македонска држава од крајот на
X и почетокот на XI век. Битолската област станала и раскрсница за
ширење на книжевните и духовните тенденции што доаѓале од Света
Гора, главно преку дистрибуцијата од Солун и Сер. Во средновековниот
период Битола била организирана на духовен и просветен план преку
своја епархија којашто била раководена од Охридската архиепископија.
Во нејзината област се изградени бројни цркви и манастири коишто
прераснеле во активни скрипторски центри и во истите се формирале
богати библиотеки. Создадениот ракописен фонд бил богат и разновиден,
a се чувал во трезорите на библиотеките во црквите и манастирите,
во личните прирачни библиотеки на свештенството, монасите,
игумените, на повисоките црковни
достоинственици по нивните
ќелии и резиденции. Според некои
истражувања, регистрирани се 14
манастири изградени во Битола и
Битолско низ целиот средновековен
период: Св. Ана кај Маловиште, Св.
Богородица во с. Трново, буковски
манастир Св. Преображение над
с. Буково, Св. Дванаесет апостоли,
драгошки манастир Св. Илија во с.
Драгош, манастир Дуово, Св. Ѓорѓи
во с. Магарево, манастир Житоше
Св. Атанасие кај с. Житоше, Св.
Јован Крстител во с. Баранци,
параловски манастир Св. Ѓорѓи во с.
Паралово, Св. Петка кај с. Цапари,
16
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
смилевски манастир Св. Петар во с. Смилево, манастир Стрежево Св.
Стефан во с. Стрежево, Св. Христофор над с. Крстоар и др.
Познато е дека средновековното ракописно наследство од
манастирските библиотеки во Битола и Битолско, според територијалната
граница, било пошироко и главно ги зафаќало пределите на
Демирхисарско и другите околни простори. Конкретно, не може
да има ист историско-културен третман книжевното наследство
од Слепченскиот книжевен центар во Демир Хисар, со истото што
настанало во скрипториумите од потесната битолска област, а да не
ги споменуваме и другите познати центри што биле во границите
на Битолско-пелагониската црковна епархија. Погоре споменатите
манастири од Битолско биле и главните скрипторско-библиотекарски
центри. Ракописниот фонд во манастирските и приватните библиотеки
се збогатувал со препишувачката дејност на духовните лица: монаси,
јеромонаси, игумени, свештеници, па дури и на повисоки црковни
достоинственици. Во досегашните истражувања главно се регистрирани
средновековните ракописи што имаат провиниенција од битолските
манастирски библиотеки. Во неколку наврати тоа го стори Вера
Стојчевска - Антиќ.
Улогата на манастирските библиотеки
Манастирите, како црковни и економски установи, биле
градени во вид на тврдини и обградувани со јаки ѕидини и кули. Во
нив се учела послушноста кон бога, па затоа велиме дека тие се првите
мисионерски установи што ја чувале чистотата на христијанството
и биле синоним за монастицизмот. Манастирите отсекогаш криеле
во себе прогресивна духовна конотација, што се манифестира низ
препознатливиот архитектонски израз кај нас, низ копаничарската
уметност подоцна да се фати, издлаби и обликува мислата во дрвото и
да се импрегнира автентична уметничка вокација во иконописите, а низ
препишувачката самопрегорност на монасите да се втисне сопствениот
печат во историјата и буквата да стане сведок на времето. Токму оттаму,
во мисловниот исчекор на основачите на манастирите (главно ктитори),
се крие желбата за етничка и јазична препознатливост. Тука, во само
навидум летаргичната атмосфера, во мирната и мистична средина,
под треперливиот јазик на светлината, со појавата на првите „црти“ и
„решки“, систематски се работело кон создавањето канон на словенската
17
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
средновековна книжевност. Оттука, балканските Словени, кон крајот на
IX век и во X, век ќе развијат голема препишувачка и преведувачка дејност
од теолошки и енциклопедиски карактер. Откако со Кирил и Методиј,
а подоцна и со нивните ученици, ќе се создаде систем и типологија на
словенската книжевност, се преминува кон поинтензивно организирање
на верскиот и општествениот живот. Тука предничи најстарата Охридска
ракописна школа којашто, во еден милениумски период, ќе ги обликува
портретите на 3 500 втемелувачи на словенската книжевност и писменост.
Свети Пантелејмон (Имарет) е првиот религиозен и просветен
центар на територијата на Македонија, (893) според Теофилакт, a
ширењето на монаштвото во Македонија се поврзува со Наум Охридски.
Значи, најстарите библиотеки на нашите простори биле главно
во манастирите. Во „книгохранилиштата“ (како што на старословенски
се нарекувале библиотеките) се чувале најпрвин ракописни книги
од богослужбен и богословски карактер, а подоцна и печатени дела.
Искусните калуѓери „мужи столетние“ учествувале во препишувачката
работа и се стремеле да го извршат точно и правилно преведувањето на
богослужбените книги.
18
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Постојат различни податоци од повеќе посетители и проучувачи на
македонските манастири и цркви. Така, Ј. Х. Џинот, како прв собирач на
стари ракописи и книги, објавил повеќе написи во „Цариградски весник“
(од 1855 до 1865) во кои кажува дека, при неговите посети, во голем број
манастири тој видел повеќе товари книги. Имено, во Буковскиот манастир
20 товари словенски ракописи, што некој свештеник ги уништил; во
Лесновскиот манастир 10 товари, а кога тој го посетил порано, имало
50 товари книги, во Св. Пантелејмон, во с. Нерези, 30 товари ракописи,
претежно на пергамент; во Марковиот манастир – 20 товари добро
сочувани ракописи; манастирот Трескавец во Прилепско имал 20 товари
книги; Св. Јован Ветренски во Велешко – 10 товари книги итн.
Покрај Џинот, богатството на нашите библиотеки било
регистрирано и од други патници – намерници, меѓу кои и Јован Хаџи
Васиљевиќ, кој при неговата посета на манастирот Трескавец нашол
11 цели ракописи и остатоци од 47 разни други ракописи, Пчињскиот
манастир имал 27 цели и 80 фрагменти од ракописни книги, во Св.
Богородица, Матејче, имало полни ковчези книги, а во манастирот Св.
Богородица, Карпино, имало 60 разни ракописи итн. Овие податоци
сами по себе говорат за богат книжевен фонд на нашите манастирски
библиотеки во средновековието.
Врз основа на повелбите на црквите од средниот век кои ги
проучувале познати истражувачи (Ватрослав Јагич, Владимир Мошин,
Виктор Григорович и др.), дошле до констатација дека ретко кој манастир
не бил неколкупати осиромашуван, ограбуван, опустошуван, разрушуван,
опожаруван или дури до основите – темелите уништуван. Манастирските
библиотеки во сите бури, асимилаторски стремежи и воени состојби на
овие простори, биле најзагрозениот дел, така што нивното уништување е
најсуров акт што резултирало со своевиден грабеж на највредните докази.
Растурените стари ракописи подоцна тешко можеле да се пронајдат, а уште
потешко да се соберат.
Натаму дознаваме дека Верковиќ собрал повеќе од стотина
црковнословенски ракописи (меѓу нив и Слепченскиот апостол) и
препишал неколку десетици грамоти и други историски текстови и со
нив ги снабдувал библиотеките во Белград, Загреб, оние од Русија и некои
други центри во Европа.
Така, денес во Народната библиотека во Софија и Народната
библиотека во Пловдив се чува значителен број црковнословенски
ракописи од македонска редакција од XIII до XV век. Ракописи од
19
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
македонска редакција, исто така, има и во библиотеката на Бугарската
академија на науките, а најпознат е Битолскиот триод од ХII век.
Славното книжевно и ракописно дело од изминатите периоди
(како што вели Џинот) е онаа солидна база што била насочувачка за
идниот пишан збор на нашите простори. Во Манастирските библиотеки,
како динамички лаборатории на човечките мисли, се одвивал оној
поттикнувачки манифест на книжевното творење, што со векови подоцна
ќе го наметнува своето значење како инструмент на науката.
Според податокот, во Македонија постоеле 245 манастири, од
кои 90 се разрушени, а сите тие сакрални објекти во кои се одвивала
просветна, книжевна и економска дејност биле носечки двигатели на
прогресот во средновековието. Тогаш со право можеме да тврдиме
дека знакот на зборот имал небо во манастирскиот ракопис, врз кој се
втемелила целата подоцнежна книгопродукција.
20
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
БИТОЛА И БИТОЛСКО НИЗ ИСТОРИЈАТА
И ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА
БИБЛИОТЕКАРСТВОТО
Во богатата и бурна историја на македонскиот народ, значајно
место му припаѓа на градот Битола. Развитокот на овој град низ вековите
до денес, револуционерното минато и сегашноста, најдобро можат да
се разберат ако се има предвид фактот дека тој спаѓа меѓу најопеаните
градови во светот.
Градот Битола е расположен на западниот раб од котлинското дно
на Битолско Поле, во подножјето на Пелистер, каде што реката Драгор
излегува од ѓаватската удолина. На ова место или во неговата близина
постоела градска населба, со градски функции уште во античко време. Таа
одвреме-навреме добива поголемо или помало значење. Низ неа минуваат
главни патишта што го поврзуваат Јадранското Море со Егејското Море и
средното Повардарје. Таков е и патот Виа Егнатија.
Првпат Битола се споменува во една повелба на Цар Самуил
од 1014 година под името Обител (старословенски збор што означува
манастирски стан, фамилија).
Географската положба на Балканот и овозможуваше на Битола,
од нејзиното основање до денес, да има значајна улога како стопански,
административен, просветен и културен центар. Сместена на средината на
чуениот римски пат Виа Егнатија, кој ги спојувал Јадранското со Егејското
Море, односно градовите на јадранскиот брег со Солун, Цариград и Атина,
Битола била во центарот на историските настани кои претставувале
пресвртница во животот на народите на ова поднебје.
21
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
РАЗВОЈ НА БИБЛИОТЕКАРСТВОТО И
БИБЛИОТЕКАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО
БИТОЛА И БИТОЛСКО НИЗ ВЕКОВИТЕ
Антички период
Остатоците од материјалната култура за најстарите жители на
битолското подрачје датираат уште од неoлитот (младо камено доба),
особено потврдено со остатоците од населбата кај Тумба, с. Породин. Оваа
констатација не ја исклучува можноста за живот во палеолитот (старо
камено доба).
Античкиот град Хераклеја Линкестис, на 2,5 км јужно од центарот
на Битола, е основан од Филип II Македонски во средината на IV век пр.
н е. Ширејќи и јакнејќи ја македонската држава, Филип II Македонски
во граничните области подигнува утврдени градови за да му послужат
како потпора во воената и културна експанзија. Тој е главен, а можеби
и единствен вистински град во Линкестида. Самото име го открива
22
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
нејзиното македонско потекло и ја врзува за македонската кралска куќа.
Старата покраина Линкестида се простира на јужниот дел од големата
плодна рамница Пелагонија, меѓу денешните градови Битола и Лерин.
Значаен просперитет градот достигнува во време на Царството,
кога има статус на колонија. Од еден натпис на мермерна база се гледа
дека, во почетокот на III век во нашата ера, носи име Septimia Aurelija
Heraclea. Таа е забележана во сите итинерарии и кај географот Равенски.
Во ранохристијанскиот период, во IV, V и VI век од нашата ера,
Хераклеја е епископко седиште. Нејзините епископи се споменуваат во
актите на црковните собири, во 343 година, епископот Квантилиус во
Ефес во 449 г. и епископот Бенигнус во Цариград во 553 г.
Во сите епохи на своето илјaдагодишно постоење (елинистичката,
римската и рановизантиската), овој град е со висок степен на
цивилизација. Покрај ископините откриени со систематските археолошки
ископувања, тоа го потврдуваат и случајните наоди. Од нив особена
важност има мермерната статуа на Атена Партенос, римска копија на
Фидиевото дело (се наоѓа во Народниот музеј на Белград) и бистата на
атинскиот говорник, политичар, поет Есхин (сега во Британскиот музеј во
Лондон).
Во подоцнежниот период сестраната дејност на Климент Словенски
била почувствувана непосредно и во Битола и Битолско. Епископот
Климент и неговите поискусни ученици ја ширеле неуморно младата
словенска писменост и книжевност меѓу Берзитите. Климент имал свои
ученици и во Битола, која во тоа време била позната како град со голем
број христијански храмови – цркви и манастири (обители, по кои и
беше наречен со името Обител – Битола). Веројатно тогаш почнала да се
развива и да станува сè попозната и Битолската препишувачка школа, што
се наоѓаше под непосредно влијание на Охридската школа, а и на сличен
творечки центар во Железник (при слепчанскиот манастир Св. Јован
Претеча).
Самоиловото владеење создало уште поповолни услови за сестран
развиток и расцут на Битола и Битолско. Борбите што ги водеше цар
Самоил (976 – 1014) се одвивале далеку од областите на Берзитите, затоа
градот не бил изложен на воени разурнувања или глад. Тој станува уште
позначаен културен и просветен центар во западниот дел на Средишна
Македонија и една од неколкуте рамноправни престолнини. Во неа
изградил раскошен и богато украсен царски дворец, сличен на дворците
на византиските цареви.
23
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
Во исто време, Битола станала седиште на Битолската епископија,
што се наоѓала под власта на Охридската архиепископија (Патријаршија).
Во 1014 година Битола била спомната речиси за првпат (според
досега откриени документи) во една словенска царска повелба, под
името што го носи и денес. По смртта на Самоил градот и околината
биле управувани од царот Гаврил Радомир, но за тој период не се знае
нешто подетално за Битола. По трагичното убиство на Гаврил Радомир,
новиот цар Јован Владислав извршил некои градежни потфати во Битола,
која останала и негова престолнина. Исто така, царот наредил да биде
обновена битолската тврдина, што е одбележано врз голема мермерна
плоча (втор кирилски натпис од почетокот на XI век.).
По повторното зајакнување на византиската власт во Битолско,
настапил нов период на заживување на словенската култура во Битола.
Битолските препишувачи на верски преводи и оригинални словенски
творби го негувале, со голема љубов, глаголското писмо, што се задржало
најмногу во Македонија, во споредба со Бугарија. Ова зборува дека
влијанието на Климент Охридски било уште силно. Во текот на XII век
била сè почеста употребата на кирилицата и во Битолско. Познатиот
Битолски триод, што ù припаѓа на македонската редакција од XII век,
24
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
е напишан со кирилица, што се прошири во Македонија од Бугарија.
Меѓутоа и во Битолскиот триод се среќаваат неколку редови напишани
со глаголица, што укажува на нејзината отпорност и на стремежот на
битолските препишувачи да ја задржат што е можно подолго време, дека
ја почитуваа како наследство добиено непосредно од Климента и Наума,
а преку нив и од солунските браќа Кирил и Методиј. Тие препишувачи
работеле неуморно во ќелиите на битолските храмови.
Битола е основана по доаѓањето на Словените на Балканот, кон
средината на VII век од нашата ера, во близина на разурнатиот антички
град Хераклеа и реките Драгор и Курдерес. Основана е од Брсјаците –
едно од македонските словенски племиња. За првпат под денешното име
се среќава во документите од времето на Самуиловото царство. Во тој
период Битола бележи силен подем прераснувајќи во голем град, со многу
цркви, манастири и прекрасни куќи. Со развојот на трговијата, Битола се
развива во голем трговски центар каков што останал во целиот среден век.
Доживува силен расцут во XIV век, непосредно пред потпаѓањето под
османлиска власт. Во тој период Битола има развиени трговски врски низ
целиот Балкански Полуостров, посебно со големите економски центри:
Цариград, Солун, Дубровник и др.
Населувањето на Словените во Битолско, како и во сите други
области на древна Македонија, траело неколку десетлетија. Припадниците
на племето Драговити зо основале словенскиот град, покрај реката
Драгор, најверојатно кон крајот на VI век. По нивното повлекување кон
југ, кон Солунско, Битола останала во племенската област на Берзитите
(Брсјаците), што основале бројни мали населби во нејзината околина. Тие
станале мнозинство и во Битола, а од Драговитите останало само името
на Драгор (се претпоставува). По конечното населување на Словените на
овие територии, започнал растежот на Битола. Градот и околината добиле
исклучително словенски обележја, развивајќи и негувајќи ја сопствената
духовна и материјална култура во новата средина.
Средновековното ракописно наследство од
манастирските библиотеки во Битола и Битолско
Во средновековниот период битолската област имала истакнат
развој на црковно- духовниот и книжевниот живот. Таа е во непосредна
близина на Охрид и уште од времето на Св. Климент и Св. Наум
Охридски, Охридската книжевна школа имала одраз и влијание врз
25
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
развојот на библиотечната дејност на овој терен. Исто така, таму одиграла
улога и духовната традиција на преспанскиот регион, којашто заживеала
особено со основањето на Самоиловата македонска држава од крајот на X
и почетокот XI век, Битолската област станала и раскрсница за ширење на
книжевно духовните тенденции што доаѓале од Света Гора, главно преку
мастурбацијата од Солун и Сер. Во средновековниот период Битола е
организирана на духовен и просветен план преку своја епархија која била
раководена од Охридската архиепископија. Во нејзината околина биле
изградени бројни цркви и манастири коишто прераснеле во скрипторски
центри, а во истите се формирале богати библиотеки. Создадениот
ракописен фонд бил богат и разновиден, a се чувал во трезорите на
библиотеките во црквите и манастирите, во прирачни библиотеки на
свештенството, монасите, игумените и црковните достоинственици по
нивните ќелии и резиденции. Досегашните истражувања регистрираа 14
манастири изградени во Битола и Битолско низ целиот средновековен
период: Св. Ана кај с. Маловиште, Св. Богородица во с. Трново, Буковски
манастир Св. Преображение Христово над с. Буково, Св. Дванаесет
апостоли, Драгошки манастир, Св. Илија во с. Драгош, манастир Дуово,
Св. Ѓорѓи во с. Магарево, манастир Житоше Св. Атанасие кај с. Житоше,
Св. Јоан Крстител во с. Баранци, параловски манастир Св. Ѓорѓи во с.
Паралово, Св. Петка во с. Цапари, смилевски манастир Св. Петар во с.
Смилево, манастир Св. Стефан во Стрежево, Св. Христофор во с. Крстоар
и др.
Манастирите од Битолско биле главните скрипторско-
библиотекарски центри со широк спектар на жандровска трансмисија,
со што го илустрираат и богатството на македонската средновековна
книжевност. Ракописниот фонд во манастирските и приватните
библиотеки се збогатувал со препишувачката дејност на духовните лица:
монаси, јеромонаси, игумени, свештеници и др. Препишаните ракописи
зафаќале книжевни содржини што служеле за практично изведување на
црковните богослужби и проповеди, но дел од нив имале прирачна намена
за духовно хранење со богољубието, за проширување на хоризонтот
на знаењата од областа на теолошко-догматската мисла, филозофијата,
етиката, историјата, астрологија и сл. Индиректни податоци за
интензитетот на книжевната дејност и за богатството на книжните
фондови во манастирските библиотеки во Битола и Битолско можеме да
црпиме и од податоците што ги посочуваат разни патешественици што ги
посетиле овие краишта.
26
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Еден од најзначајните центри во Македонија, со богата манастирска
библиотека во битолскиот крај, е манастирот Св. Јован Претеча – Слепче
кај селото Слепче, Демирхисарско. Изграден е на стари основи во XIV
век и во текот на вековите израснал во главен културен центар, со многу
монаси, активен скрипториум и богата манастирска библиотека. Во
него се чувале и пишувале бројни книги, од кои некои денес се чуваат во
големите светски библиотеки како најзначајни книжевни споменици.
Таков е случајот со Слепченскиот апостол од XII век, пронајден од
Виктор Григорович во Слепченскиот манастир во 1845 година. Денес
делови од него се чуваат во Москва, Сан Петербург, Киев и Пловдив.
Особено богата книжевна активност се забележува во XVI век, кога
тука работи истакнатиот книжевник Висарион Дебарски и неговите
соработници Пахомиј Слепченски и инок Сисој. Од перото на Висарион
излегле многу ракописи. Досега се познати дури 23 обемни негови книги,
со што се издигнува во еден од најголемите личности на македонската
средновековна книжевност.
Друг манастир во Битолско е буковскиот Св. Преображение
Господово, што се наоѓа над селото Буково. Манастирот се спомнува
во Зографскиот поменик што опфаќа период од 1527 до 1728. За
манастирската библиотека на овој манастир, обновен во 1837 година,
27
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
истражувал архимандритот Копустин, учен славист, калуѓер во руската
црква во Цариград кој, скриени на таванот, ги видел следните книги:
Четвороевангелие запишано на пергамент; Пролог за месец септември,
ноември, и декември; Минеј за март од XVI до XVII век; Минеј за месец
ноември и октоих печатен во 1539 год., нема податок за изворот. Меѓу
бројните духовни, а воедно и културно-просветни центри од минатото
на македонската земја, особено за Битола, во овој контекст би ја посочиле
улогата на Буковскиот манастир кој претставува особена и специфична
целина која имала свое извонредно значење од историски, културолошки
и се разбира верски аспект За жал, денес многу малку е расветлен
неговиот вековен живот. Малку и од историски и од археолошки и од
културолошки аспект.
За Битола овој манастир е еден од најважните духовни трезори
коишто сериозно влијаеле врз животот, опстојувањето и вистинските
духовни насоки на православното население и пошироко. Манастирот
Свето Преображение Господово е подигнат во 1837 година над многу
постарата црква. Таа црква е спомната во Зоографскиот помник од 1527
до 1728 година, што значи дека, самата црква и манастир имаат многу
28
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
постаро опстојување. Ова е еден од фактите што го прават манастирот
еден од најстарите, а можеби и најстар, во близината на битолската
околина. Тој го има истото значење како Слепченскиот или Топличкиот
манастир. Значење кое, пред сè, се однесува во опстојувањето на
монаштвото и пред сè во препишувачката и литературна активност
кој можеби во некои домени била поизразита, побројна и од онаа во
Слепченскиот манастир.
Архимандритот Антонии, при својот престој во новиот манастир
во мај 1865 година, ги пронашол дотогаш непознатите и скриени
ракописи: Четвороевангелие на пергамент (со извонредна старост XII –
XIV век), Пролог, Минеј од шеснаесетти век, Октоих од 1539 година.
Буковскиот манастир располагал со големи земјишни имоти кои му
овозможуваат независност и непрекината црковно-словенска книжевна и
црковна дејност.
Покрај ова, неговото географско позиционирање, на одреден начин,
го спасило овој центар од османлиската наезда, зачувувајќи ја неговата
автохтона монашка егзистенција и во време на турското ропство. Во
секој случај, како што веќе се знае, за жал, овој манастир многу малку
е проучуван, а многу тајни и многу сериозни историски и духовни
збиднувања се поврзани со неговото опстојување. Како далечно и длабоко
ехо, за првпат од него ќе одекне или ќе се разоткрие некоја од бројните
негови тајни, спомната во делата на првиот проучувач и собирач на стари
ракописи и книги, Јордан Џинот. Тој во некои свои записи што подоцна ќе
ги објави во цариградските весници од крајот на деветнаесеттиот век, ќе
напомене дека манастирот располагал со голем фонд словенски ракописи
и книги. Со доаѓањето на грчката егзархија, над дваесет товари книги ќе
бидат изнесени (опљачкани од овој манастир) и засекогаш изгубени.
Дваесет товари книги и ракописи – тоа е огромна, скоро
несфатлива, за тогашни па и сегашни поими, количина на пишувани
споменици. Доколку денес би биле на располагање или достапни овие
материјали до нас, сигурно Битола би се вбројувал во еден од светските
славистички центри како по стари уникатни ракописи, така и по книги
со огромно значење. Не случајно и тоа е еден од најзначајните патокази за
натамошното проучување, Марко Цепенков ќе напише дека Буковскиот
манастир го нарекувале и втор Хиландар, пред сè по својот огромен
книжевен фонд кој го одржувале и надополнувале учените и бројните
монаси што овде опстојувале, наспроти османлиските освојувања и
наспроти бројните згаснувања на монашките центри низ цела Македонија.
29
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
Буковскиот манастир, особено оној постариот, е можеби еден од
најзначајните центри по Хиландар за овој дел на Балканот, центри кои
непречено ја ширеле словенската писменост и духовност во континуитет
од повеќе векови. Затоа не е ни чудно што првите литературни творци
кај нас, како Џинот и Марко Цепенков, најпрво, ќе се обраќаат и ќе го
споменуваат вистинскиот нивни творечки извор а тоа е центарот –
Буковскиот манастир. Не било случајно огромното пљачкање, огромниот
грабеж што Грчката егзархија плански ќе го спроведе токму овде. Некои
неговиот книжевен фонд го споредуваат во денешни соодноси како фонд
на некоја голема национална библиотека.
Буковскиот манастир бил повеќевековен центар на словенската
писменост и книжевност воопшто, којшто плански е уништен или
опљачкан на неколку наврати кон крајот на деветнаесеттиот век и
почетокот на дваесеттиот век. Првичните археолошки истражувања,
како и сериозни истражувања низ низа центри во кои се чуваат старите
ракописи, сигурно ќе ја расветлат и разоткријат неговата вистинска
светлина која е од животно значење за православното население не само
од овие предели.
Има еден многу значаен историски момент што во себе ја спојува
симболиката и серозната реалност во контекст на она што е претходно
напишани. Имено, рускиот конзул Рокосовски и Мисирков, на истиот
ден пред да биде атентатот, всушност ќе престојуваат токму овде. Некаде
пишува дека тие доаѓале заради чистиот воздух, природата итн. Се
мисли дека нивната посета не била баш толку од релаксирачка природа
токму на ова место. Мисирков сериозно се доближува до изворите,
најдлабоки и најчисти на македонскиот јазик, а Рокосовски сериозно
ја исцртува визијата на духовното, обединето православие – наспроти
сите балкански кошмари. Овде, во Буковскиот манастир, нивната средба,
нивната посета, има визионерско значење и тестаментален контекст.
Можеби малку метафорично, атентатот е извршен токму после овие
манастирски разговори на местото каде што била архивирана најголемата
книжевна и ракописна заоставштина. Со оглед дека и Џинот и Цепенков
знаат и пишуваат за значењето на ова, нема сомнение дека Мисирков
и Рокосовски преку Буковскиот манастир можеби веќе го гледаат
создавањето на новиот книжевен, обновен центар во Манастир, Битола.
Има доста моменти кои не само што не се доволно проучени, туку
не се ни доволно вистински прочитани во своето значење.
Време е да се отворат сите духовни слоеви на овој значаен
30
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
духовен центар, со цел и во смисла на пообемно истражување и
докажување на вистинските вредности на книжевната и библиотечната
дејност на подрачјето на Битола и Битолско во изминатите периоди и
понатамошниот континуитет што следува.
Ќе посочиме неколку ракописни кодекси што се поврзани со
Битола и Битолско, и тоа:
Посен триод од Битола, од првата половина на XIII век. Содржи 153
л. пергамент (300 х 210 мм). Денес се чува во Народната библиотека „Иван
Вазов“, Пловдив, Бугарија, под библиотечна ознака 57(68). Ракописот
е пишуван со ситно уставно писмо од двајца пишувачи. Првиот дел од
текстот го напишал Теодор Граматик, за што ни соопштува во записот на
л. 74. Според јазичните особености, овој триод припаѓа на Кратовската
книжевна школа. Извесно време ракописот се наоѓал во Битола, за што
сведочи записот на последниот лист.
Битолскиот изборен октоих, од втората половина на XIII век
денес се чува во Архивот на ХАЗУ во Загреб, со библиотечна ознака III
а 45-46. Содржи 203 пергаментни листови (150 х 220 мм). Ракописот е
составен од два дела што биле претходно распарчени. Името го добил
според подоцнежните записи пишувани на латиница: „Iz Bitolje, Zapadna
Makedonija“. Октоихот е пишуван со убаво кирилско писмо. Првиот дел
до л. 43 е пишуван од една рака, вториот дел од две раце. Интересни се
вметнувањата на глаголски букви меѓу кирилските во записите.
Во Архивот на ХАЗУ, под бр. III а 29, се чува Сужебник од поч.
на XIV век, српска редакција, 11 пергаментни листови. На л. 2 има
подоцнежен запис на латиница во која се соопштува дека ракописот е
земен од Битолско: „Iz okoline Bitolje u Zapadnoj Makedoniji“.
Вранешничкиот апостол втората половина на XIII век сега се
чува во Архивот на ХАЗУ во Загреб со библиотечна ознака III а 48.
Содржи 26 пергаментни листа (155 х 240 мм). Името го добил според
белешката на првата неиспишана страница: бугарски... Блаже Конески,
кој има подготвено критичко издание на овој ракопис, претпоставува
дека Вранешничкиот ап. спаѓа во ракописите што ги зел од Слепче
Стефан Верковиќ, а кичевското село Вранешница не е оддалечено од овој
манастир. Според јазичните белези, листот спаѓа во Кратовската книжевна
школа, но извесно време се наоѓал во Битола, за што сведочи записот што
се наоѓа под првиот запис: „Zapanda Macedonia (praxapostolar)“.
Во Универзитетската библиотека во Белград денес се наоѓаат
десетина ракописи што се собрани од Битола и околината од Јосифовиќ,
31
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
некогашен битолски епископ, а потоа скопски митрополит. Ракописите
се, главно, од српска јазична редакција, а ние ќе посочиме некои од нив:
Четвороевангелието од XIV век со запис дека е од Буковскиот манастир
Св. Преображение; Минејот... со видливи траги од македонската
предлошка, пишуван кон крајот на XIV век, некое време бил исто така
сопственост на Буковскиот манастир; Цветниот триод...; Минејот за
март и април од 1345 до 1355 и др. Во збирката на Јосиф Цвијовиќ има и
македонски ракописи, како пр. Минејот за месец ноември од крајот на XVI
век.
Повеќето ракописи од српска јазична редакција, но во некои од нив
со постара македонска предлошка и со белешки дека се земени од Битола
или од околните села, денес се чуваат во Бугарија, особено во Народната
библиотека „Св. Кирил Методиј“ во Софија*16. И тоа: Псалтир од поч.
на XVI в. oд битолското село Обедник, Празнични минејод XVI в. во кои
се спомнува село Српци; Зборник од творби на Дионисиј од 1553 год.,
со потпис на Кирил Пејчиновиќ каде на последната страна на грчки е
напишано Слепче; Четвороевангелие од 1567 год од кое може да се заклучи
дека ракописот во тоа време се наоѓал во с. Буково; Минеј за месец
септември од XVI в.; Часослов од 1695 год., кој се наоѓал во с. Крклино,
Битолско.
Ако се земе предвид богатата книжевна продукција на
32
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
средновековните книжевни центри во Битола и Битолско, минимален
број ракописи останале кај нас. Такви се: Четвороевангелието со српска
јазична редакција, од втората половина на XVI в. Ракописот содржи 58
пергаментни листови, пронајден е во Битола и сега се чува во Народниот
музеј во Битола, како и еден Литургиски зборник од XVII в.
Меѓу другите вредни ракописни словенски споменици што
потекнуваат од Битолско, спаѓаат и Битолските листови. Тие преставуваат
фрагмент од Октоих, два пергаментни листови кои денес не се зачувани.
Првите вести за нивното откривање во Битола ги соопштил Јордан
Иванов. Архаичното писмо е слично на тоа од Добромировото евангелие.
Прототипот бил глаголски македонски ракопис.
Во Битолско постојат уште десетина манастири во коишто во
минатото постоеле манастирски библиотеки со богати книжни фондови.
Денес тие се растурени и во нив се наоѓаат расфрлени по разни полици
и сандаци по десетина до дваесетина печатени богослужбени книги без
некоја особена вредност. Сè е растурено, разграбено и уништено.
Османлиски период
Со паѓањето на градот под турска власт во 1382/83 година, Битола
многу брзо станува важен воен, административен и за многу кратко
време и економски центар. Покрај словенското население, во Битола се
доселуваат еден број Евреи во XVI век, како и Власи во XVII век. Новиот
состав на населението доведе до развој на многубројни занаети и осетно
заживување на трговијата. Битола станува втор по значење стопански
центар во европска Турција и, како резултат на тоа, во почетокот на XX
век населението на градот достигнува близу 100 илјади жители. Брзиот
растеж и економски развој придонесе Битола да стане економски,
политички, просветен и културен центар на Македонија, западно од
Вардар.
Кон крајот на XIV век Турците завладеале со Македонија. Судејќи
по османлиските наративни извори, големи борби биле водени при
заземањето на градот Битола која во 1382 година веќе паднала по нивна
власт. Градот, менувајќи ја целосно својата физиономија, од словенски
добива типично ориентален изглед, ќе стане еден од најголемите
градови на Балканот и центар на една од најголемите административно-
територијални единици.
Периодот во кој владееле Османлиите траел подолго време, скоро
33
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
500 години. Во овој период Битола израснала како воен, административен,
трговски и занаетчиски центар. Меѓутоа, таа била претежно османлиски
град со мошне богати и образовани жители. Некои од тие личности,
според тогашниот обичај, сакале целосно или дел од својот имот да го
увакуфат, т.е. да го подарат на некој верски објект, најчесто џамија. Во
донаторството често се среќаваат и училишта, книги, библиотеки и сл.
Освен општествени или училишни, имало и приватни библиотеки.
Турски библиотеки
Постојаните промени на власта во Македонија, како и во
битолскиот крај, придонесувале до уништување на претходно создадените
културни богатства, при што страдале и книгите како потврда на јазикот,
извори на разни учења, идеи и записи од историско значење. Оние што
опстанале пред жестокиот налет на непријателот биле криени во мемливи
визби и амбари каде што влагата и глодарите си го направиле своето.
Во крајот на XIV век Турците завладеале со Македонија. Судејќи
по османлиските наративни извори, големи борби биле водени при
заземањето на градот Битола која во 1382 година веќе паднала под нивна
власт.
Доаѓањето на Турците претставува стремеж како за економска,
така и за идеолошка супериорност. Турското население во нашиов
34
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
крај ја услови појавата на изразито исламски објекти. И додека нашите
луѓе, борејќи се за голиот живот, се повлекуваат во недостапни краеви,
градејќи таму едноставни црквички за одржување на своите верски
традиции, дотогаш со рапидна брзина се градат анови, безистени, амами,
џамии, теќиња, основни, средни и виши теолошки училишта, a со овие
институции и библиотеки, како завештанија на поединци (вакафи), а не
државни институции. Тие ќе бидат главен извор за дознавање на намената,
организацијата, изградбата и начинот на одржување.
Џамијата подигната од Сунгур Чауш Бег во Битола 1434/35 год.
Градот, менувајќи ја целосно
својата физиономија, од словенски
добива типично ориентален изглед,
ќе стане еден од најголемите градови
на Балканот и центар на една од
најголемите административно-
територијални единици. He е ни чудно
што една од најстарите вакафнами е
оверена токму во Битола, во 1434 –
1435 година, од страна на Чауш бег.
Истата се однесува на неговите вакафи
во Битола (една џамија, една медреса,
еден ан, дваесет и пет дуќани, една
текија, два плацеви, седум воденици и
едно лозје). Во документот се спомнува
таткото на Чауш бег, Абдулах, што
кажува на неговото христијанско
потекло, затоа што со такво име се
нарекувале оние луѓе што го примиле
исламот. Џамијата и медресата, најверојатно, се подигнати пред 1434/35
година. Ако се земе за точен податокот дека секоја медреса имала своја
прирачна библиотека (кутубхана) со која управувал професор (мудерис),
кој бил поважен отколку училиштето, тогаш со право можеме да сметаме
дека во медресата на Чауш бег постоела и библиотека.
Врз основа на досега пронајдени пишувани документи, прва
библиотека во Битола и секако најбогата од раното турско присуство
во градо, е библиотеката на Исхак Челеби. Библиографските податоци
за овој човек колку што се оскудни, толку се и непопуларни во нашата
35
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
литература. За жал, за неговото потекло многу малку се знае. Мехмед
Тевфик пишува дека Исхак Челеби поднел оставка од солунски кадија и
заедно со семејството се преселил во Битола.
Голема е веројатноста дека Исхак Челеби бил роден битолчанец,
син на Иса Факих (правник, теолог, професор по шеријатско право).
За ова сведочи податокот за наследената воденица од татко му. Од
вакуфнамата потпишана во втората декада од месец јули 1508 година се
гледа дека Исхак Челеби увакуфил една џамија, една медреса, една текија,
еден мектеб, сто и пет дуќани, четири простории, дваесет воденици,
една градина и 300000 дирхеми во готово. Познато е дека библиотеката
била оформена од книгите од личната библиотека на кадијата која,
барем за тоа време, била необично богата. Одговорен за библиотеката
бил мутевелијата, а прв мудерис по желба на Исхак Челеби бил еден од
неговите синови. Во текот на нејзиното четиривековно постоење, бројни
пишувани документи сведочат за големиот број мудериси кои поминале
низ неа. Исто така, негова желба била тие книги со најголемо внимание
36
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
да се чуваат и депонираат. Во 1508 година подарил само дел од книгите, за
вo 1511 година Исхак Челеби да ги подари и останатите книги од својата
библиотека.
Битно е да се нагласи дека сите овие книги се пишувани на арапски
јазик, од областа на шеријатското право, толкување на Куранот, верските
традиции, арапскиот јазик и шеријтско-правните одлуки. Тоа што сите
дела се на арапски јазик не треба да нè чуди, затоа што арапскиот јазик
во тој период е сметан за посупериорен во однос на турскиот. Сè до
1728 година во Османлиската Империја не е објавено ниту едно дело на
турски јазик. Како што се гледа од горенаведеното, првите ориентални
библиотеки во Битола водат траги уште од крајот на XV и почетокот
на XVI век. Развојот на овие библиотеки по медреси кои, всушност,
биле и најважни, ќе се следи и зголемува и во наредните векови кога
исламизацијата во градот ќе земе поширок замав. Бројката од две медреси
што се среќава во пописниот тефтер од 1528 година во наредните векови
ќе достигне до дванаесет:
Коџа Кади медреса, позната уште како Кади Ахмед ефендија,
изградена истовремено со истоимената џамија во 1529/30 година;
Кади Махмуд ефенди медреса, изградена истовремено со истоимената
џамија позната уште како и Јени џамија во 1558/59 година;
Гази Хајдар кади медреса, подигната со истоимената џамија во 1561/62
година;
Дулбент Кади медреса, за која Евлија Челебија вели дека била
најимпозантна, a е изградена во 1566/67 година;
Хаџи беј медреса, позната под името Турска медреса. Иако
истоимената џамија е изградена во 1521/22 година, медресата прв пат се
спомнува во 1621 година, а библиотеката во 1652 година и подоцна во 1711
година;
Ахмед паша медреса од 1767/68 година;
Шехзаде Хатун медреса изградена од Заим-Заде Сеид Али беј во
близина на Шехзаде Хатунмесцит во 1782/83 година;
Јеген Али паша медреса и кутубхана, изградена од истоимениот
валија на Румелија во дворот на џамијата Емир беј во 1791/92 година;
Фејзие, односно Тевфикије медреса, која е дел од комплексот
на џамијата Хамза бег, односно Уч Шеихлер џамија, од крајот на XVI и
почетокот на XVII век;
Шериф беј медреса во комплексот на истоимената џамија, за која Мехмед
Тевфик дава оскудни податоци.
37
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
Кутубхани постојат и во склопот на мектебите: Фатма султан
мектеб и Јеген Али паша мектеб од 1791/92 година.
Во литературата честопати се прават грешки кога читалиштата
(кираетхани) се поистоветуваат со библиотеки (кутубхани). Во
читалиштата повеќе се седело и разговарало, а помалку се читало, затоа
што по правило, освен по некој весник, во нив немало ни книги ни
ракописи. Затоа погрешно е толкувањето на петнаесет читалишта што ги
спомнува Мехмед Тевфик како бројка на библиотеки во Битола.
Покрај овие библиотеки по медреси и мектеби, постојат и приватни
библиотеки.
Приватните библиотеки ги основале поединци великодостојници,
љубители на книгата, кои имале доволно материјални средства да
купуваат книги, и тоа многу скапи затоа што се пишувале само во ракопис,
често украсени со разни орнаменти. По смртта ги завештавале своите
библиотеки во вид на вакаф на поедини медреси, во чии библиотеки на тој
начин се зголемувал книжниот фонд.
Веќе ја спомнавме приватната библиотека на Исхак Челеби која тој
ја заветил во 1508 година, со што станува библиотека при истоимената
медреса. Подоцна ни е позната приватната библиотека на Хаџи Махмуд
ефендија. Тој, во далечната 1628/29 година, по барање на улемите од
градот, како и на битолчани, како еден од најучените во градот станал
муфтија. Покрај редовните задолженија како муфтија, дел од слободното
време го минува во кулата што се наоѓала во дворот од неговата куќа,
(позната како Зандан Куле, односно Зиндан Куле, но и како Кулели),
молејќи се и пишувајќи книги.
Најверојатно во кулата била оформена богата библиотека со
книги што ги пишувал самиот тој, како и книги од други автори. Во
1863/64 година битолскиот валија Хусни паша ја уништил библиотеката,
тој влегол во кулата и ги конфискувал сите книжевни дела што се чувале
во неа. Но, традицијата оваа кула да живее со книгите ќе продолжи и во
подоцнежните години. Имено, фондот на книгите се зголемувал од оние
Турци кои подарувале книги, а за возврат барале некаква помош од Алах.
Така, Т. Ѓорѓевиќ, кога ја посетил кулата во 1933 година, пишува дека
традицијата на тој обичај се задржала и тогаш, при што наишол на бројни
арапски и други книги.
Прирачни специјализирани библиотеки постоеле и при
мувекитханите (установи за точно време) кои имале големо значење
за ширење на математиката и астрономијата. Тие се снабдувале со
38
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
часовници и инструменти со чија помош се одредувало точно „ала турка“
и средноевропско време. Според пресметаното точно време, се местеле
часовниците и саат кулите. Можеби објектот на Интифа лоциран меѓу
Исхак џамија и Саат кулата, не е ништо друго туку мувекитхана во која се
чувале бројни арапски и персиски книги, како и бројни турски книги од
постари и понови изданија. Дека мувекитханската служба била занимање,
зборува податокот дека мувекитот за тоа добивал плата. Еден таков
мувекит, со име Хаџи Мустафа, се споменува во 1633 година со плата од
пет акчиња дневно.
Во 1894 година во градот била отворена првата јавна турска
библиотека. Подоцна таа го носела името на валијата Абдул Керим паша.
Иако во неа се наоѓал скромен број книги, вкупно 252, самото нејзино
основање претставува важен настан во културниот живот на градот.
Во 1889 година Битола ќе ја добие и првата печатница. Иако
39
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
не поседуваме точен опис за некоја од битолските јавни библиотеки
– кутубхани, секако дека го имале вообичаениот изглед. Нивното
диспозиционо и архитектонско решение произлегува од начинот на
сместување и употреба на книгите. Книгите се чувале на дрвени полици,
наредени околу целата просторија на мали миндери пред „рахлите“ за
книги. Затоа библиотеките најчесто се градени како приземни објекти, но
и како репрезентативни едноспратни градби покриени со куполи. Скоро
сите библиотеки биле градени од камен и тула, според вообичаениот
начин на ѕидање на јавни објекти.
Името библиотекар, хафиз-кутуб, за првпат се спомнува во 1469
година, каде што гледаме дека библиотекарската служба била занимање
затоа што за тоа се добивало плата. Книгите се издавале со реверс, а
некои дури во присуство на две видни лица. Книгите кои се наоѓале по
овие библиотеки биле препишувани по разни исламски земји. Најмногу
книги се купувале од специјализираниот пазар во Цариград. За жал, од
книгите од раниот период не останало ништо, со исклучок на Сиџилите на
Битолскиот кадилак кои почнуваат од 1607 година.
Библиотеките, a со тоа и книгите, го чинат најбогатиот извор
за историската и културната граѓа на исламот. Дека книгата имала
значајно место во културниот живот на исламскиот свет, зборува и
фактот за издадената наредба: „Сите печатени книги и публикации во
престолнината да се разделат по провинциите, да бидат ослободени од
такса и други трошоци (Ш/59)“, јавно се истакнува дека турската Влада
сака да ја шири просветата, да ја развива науката и сите луѓе треба да ја
помагаат во тоа (Ш/75).
Развојот и популаризацијата на книгата во Битола, како дел
од општата историја на битолското библиотекарство, како што веќе
спомнавме, може да се следи од крајот на XV и почетокот на XVI век, кога
доживува голем подем за во наредните векови полека да згаснува. Во прв
ред најценет и најнегуван род била поезијата. He залудно Ашик Челеби
вели дека Битола е „огниште на поети и Нобл луѓе “. Првите познати поети
од Битола се: Хавери, Катиб Хасан, Ајани и други. Сите тие пишувале на
арапски јазик, жалејќи се дека им е тешко на својот јазик да составуваат
стихови и да најдат поетски изрази. Турските поети најчесто ја вршеле
должноста на кадија, муфтија или мудерис. Најчитани книги во тоа време,
покрај Куранот, се двете популарни книги: поемата „Книга за Мухамед“
и познатиот спис „Светлоста на љубовникот“ дела на браќата Јазицизаде,
напишани во 1449 година.
40
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Исламската култура, одразувајќи ги пред сè духовните потреби на
турската народност, во историјата на македонскиот народ оставила силни
траги. Иако тие нè потсетуваат на немилото минато на нашиот народ,
значајно е тоа што тие се развивале на македонска почва во непосреден
допир со затекнатите културни традиции и со постоечкиот творечки
потенцијал.
Во остварувањето на исламската култура, на директен или
индиректен начин е вткаена и креативната моќ на македонскиот уметник.
Во литературата посветена на историското минато, битот и
културата на населението од битолскиот крај, кој од праискона било
место на бурни историски настани, има редица пишани документи што
ја потврдуваат судбината на овој град да биде постојано жариште на
напредни идеи и културни подеми.
Во времето на османлискиот период, во Битола постоеле повеќе
училишта од основни, средни до виши, машки и женски. Во поглед на
образованието, турската власт не правела големи опструкции, како и за
подигање на верски објекти. Немајќи конкретни податоци за постоење на
библиотеки во секое училиште, наша претпоставка е дека во голем број
средни и виши училишта постоеле.
Приватни библиотеки во османлискиот период
Приватни библиотеки од познатите турски државници, кои во овој
период живееле во Битола, поседувале: Мехмед Теуфик, Хајдар Садик Бег
(богата со белетристика, историски книги и др.), Имер беј Шукри и Тефик
паша.
Тефик паша бил командант на Третата армиска област. Неговата
библиотека била со голем фонд книги чија содржина била претежно воена
и теолошка. Меѓу книгите имало и такви на германски и француски јазик.
Имер Беј бил последен претседател на Битолската општина и
поседувал голема библиотека со литература на арапски, персиски и турски
јазик. Голем број од тие книги биле со теолошка содржина.
Освен личностите од турската националност, приватни библиотеки
поседувале и богатите трговски семејства Робеви, Микаруш, Михаил
Економу и др.
Преселеното семејство Робевци од Охрид во Битола го донело
и библиотечниот фонд што го поседувале во Охрид, по пожарот што
избувнал во нивната куќа на 25 јануари 1861 година. „Прилично голем
41
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
дел од библиотечниот фонд бил уништен. Преостанатите дела биле
префрлени во нивната куќа во Битола, каде што фондот перманентно
се збогатувал, особено со странска литература што се однесувала на
возвишените идеали на преродбенското дело. Меѓу Робеви се истакнувал
д-р Ефтим Иван Робев, полиглот, кој течно говорел осум светски јазици.
Студирал на Универзитетите во Нанси и Париз, докторирал и е носител
на две докторски титули: докторат „д’етат“ и докторат „д’факултет “. Денес
библиотеката на Робевци се наоѓа во МАНУ. Според некои сознанија,
таа содржи околу 2166 печатени дела издадени во периодот од XVII
до XX век. Од вкупните книги околу 30% биле дела од медицинските
науки, 30% припаѓале на белетристиката, додека останатите биле дела од
областите на економијата, филозофијата, етиката, педагогијата, историјата,
географијата, религијата и др. Карактеристично е дека тие книги биле
печатени на разни јазици: старогрчки, новогрчки, старословенски,
латински, полски, англиски, чешки, романски, бугарски, италијански,
српскохрватски, турски, но најмногу на германски и француски. Меѓу
книгите фигурирале и следниве: „Принципите на политичката економија”
од Џон Стујарт, печатена во Лондон 1894 година; „Прирачник за
патологија со терапија” во седум тома, печатени во Лајпциг 1852 година;
„Најнови поволни лекарства”, исто, печатена во Лајпциг 1852 година.
Покрај бројните стари изданија, библиотеката ги поседувала целокупните
дела на Виктор Иго, на Анатол Франс, Балзак, Гете, Шекспир, од руските
класици Пушкин, Толстој, Достоевски, Горки и др. Напоредно со
белетристиката, во библиотека имало и дела од музичката култура, како
и бројни енциклопедии и речници. Богатата библиотека повремено ја
користел и Димитрија Миладинов.
Никаруш бил познат битолски трговец. Како голем љубител на
антиката, неговата приватна библиотека поседувала, покрај бројните
книги и стари ракописи на грчки јазик со теолошка содржина, од кои
некои биле со орнаментика.
Михаил Економу бил еден од најбогатите личности во Битола.
Поседувал огромна библиотека. Како трговец патувал во многу земји и
купувал книги од сите места што ги посетувал.
Книгите во неговата библиотека биле на германски, француски и грчки
јазик, а поседувал и ракописи.
Покрај овие трговци, во Битола постоело и семејството Кирјас,
преселено од Албанија. Од ова семејство произлегле неколку личности
заслужни за албанската преродба. Така, членот на семејството, Герасим,
42
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
поседувал голема библиотека. За него имаме податоци дека преведувал
книжевни дела, а и самиот пишувал книги наменети за женското
училиште кое имал намера да го отвори во Битола или во Корча. Од ова
семејство потекнува и Параскева Кирјас, која ги користела книгите од
семејната библиотека, како и Ристо Кирјас, кој во Битола отворил своја
печатница на повеќе јазици. Истиот од сите печатени книги, како и од
оние што ги купувал или му биле подарувани, оформил богата библиотека.
Постојат податоци дека првата османлиска библиотека на Балканот
е создадена токму во Битола во 1434 – 35 година, секако најбогата од
раното турско присуство во градот е библиотеката на Исхак Челеби.
Голема е веројатноста дека Исах Челеби бил роден битолчанец, син на Иса
Факих (правник, теолог, професор по шеријатско право). Познато е пред
сè дека библиотеката била оформена од книгите од личната библиотека
на кадијата која, барем за тоа време, била необично богата. Одговорен
за библиотеката бил мутевелијата, а прв мудерис, по желба на Исхак
Челеби, бил еден од неговите синови. Во текот на нејзиното четиривековно
постоење, бројни пишани документи сведочат за големиот број мудериси
кои поминале низ неа. Исто така негова желба била тие книги со најголемо
внимание да се чуваат и депонираат.
Рзвојот на овие библиотеки по медреси, кои всушност биле
и најважни, ќе се следи и зголемува и во наредните векови кога
исламизацијата во градот ќе земе поширок замав. Бројката две медреси,
што се среќава во пописниот дефтер од 1528 година, во наредните векови
ќе се нумерира до дванаесет.
Покрај овие библиотеки, по медреси и мектеби постојат и приватни
библиотеки. Нив ги основале поединци великодостојници, љубители на
книгата кои имале доволно материјални средства да купуваат книги, и
тоа многу скапи, затоа што се пишувале само во ракопис, често украсени
со разни орнаменти. По смртта ги завештавале своите библиотеки во
вид на вакаф на одделни медреси во чии библиотеки на тој начин се
зголемувал книжниот фонд. Името библиотекар, хафиз-кутуб, за првпат
се споменува во 1469 година каде што гледаме дека библиотекарската
служба била занимање затоа што за тоа добивал плата. Книгите се
издавале со реверс, а некои дури во присуство на две видни лица (н. с.
Ѓорѓе Пејановиќ, цит. дело, 24). Книгите кои се наоѓале по овие библиотеки
биле препишувани по разни исламски земји. Најмногу книги се купувале
од специјализираниот пазар во Цариград. За жал, од книгите од раниот
период не останало ништо, со исклучок на сиџилите на Битолскиот
43
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
кадилак кои почнуваат од 1607 година.
За медресите и библиотеките во нив
Во 1894 година во градот била отворена првата јавна турска
библиотека. Подоцна таа го носела името на валијата Абдул Керим паша.
Иако во неа се наоѓал скромен број книги, вкупно 252, самото нејзино
основање претставува важен настан за културниот живот на градот.
Една од највпечатливите страни од животот на Османлиската Империја
во овој град е космополитизмот и лексичкото шаренило. Постоењето на
разнообразните библиотеки се силна потврда за тоа.
Во 1492 година била оформена еврејската заедница во Битола, а
веќе во 1496 година формира книжевен центар, но и богати библиотеки во
двете големи синагоги Арагон и Португал. Книгите во нив биле со верска
содржина. Добар дел од нив биле пишувани на пергамент, на еврејски
јазик. Всушност, овие книги на пергамент преставувале, секоја за себе,
подолга лента која на двата краја била прицврстена на дрвени калеми
(држалки), така што пергаментот се витка врз калемите во ролни од двата
краја кон внатре, заврзани со свилени ленти (врвци). Истите се ределе
на полици. Освен верските книги, постоеле и верско-филозофски, како
и книги од еврејската класична литература, како и бројните ракописи,
т.е. книги со прашања и одговори од еврејското средновековно право
и др. Напоредно со верските книги во библиотеките на синагогите, во
приватните библиотеки на образованите битолски Евреи, постоеле
стручни книги од доменот на соодветното образование и бранша на
сопственикот на библиотеката.
Во 1763 година приврзаниците на самостојноста на Охридската
архиепископија го избраа за последен охридски архиепископ битолскиот
митрополит Арсениј, по потекло македонски Словен. Автохтоната
партија го отфрли јеромонахот Ананиј, којшто беше испратен во Охрид од
цариградскиот патријарх Јоаникиј III Караџа. Изборот на Арсениј зборува
за авторитетот што го уживал во тоа време во овој дел на Македонија.
Целиот XIX век е исполнет со настани од помало и поголемо
значење за историјата на македонскиот народ. Вакви настани биле
забележувани во Битола и Битолско. Оживеаното стопанство привлекува
голем број жители и градот повеќекратно се зголемува. Освен Цариград и
Солун, ниту еден друг град во европска Турција не ја достигнал Битола.
Во тоа време Битола беше наследен пашалак. Таквите пашалаци
44
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
беа пречка за осигурување на централизираната власт на султаните. Затоа
тие ги уништиле наследните пашалаци и кон 1840 ја поделиле Македонија
на 6 санџаци: Битолски, Ќустендилски, Охридски, Серски, Скопски и
Солунски. Од друга страна, воено-стратегиските и политичките причини
наложувале Битола да стане поважен центар отколку што била дотогаш.
Турските власти го префрлија седиштето на Румелискиот ејалет од Софија
во Битола, што доби можност – на тој начин – да стане едно од најголемите
административни и воени седишта на европска Турција.
Новите услови беа искористени од македонските Словени во
градот. Преку своите занаетчиски еснафи, собрале голема сума пари
за изградба на нова катедрала во центарот на градот. Катедралата била
довршена во 1830 година врз некогашни темели на древен словенски
христијански храм, посветен на словенски светци и проповедници. За
да го намали значењето на словенските светци, тогашниот битолски
патријаршиски владика ја посветува црквата на Св. Димитрие,
предизвикувајќи на тој начин општо незадоволство против својата
самоволна постапка.
XIX век
И странските дипломатски претставништва (вицеконзулати
и конзулати) во текот на XIX век претставуваат важен период во
историјата на Битола, кога таа е наречена „град на конзули“. Во почетокот
беа застапени само Англија, Австрија и Русија, а подоцна слични
претставништва отвориле Италија, Франција, Романија, Америка (САД),
како и трите балкански државички, Бугарија, Србија и Грција, што
пројавуваа империјалистички стремежи кон Македонија. Присуството
на конзулите имало и негативни и позитивни одрази во животот на
македонските Словени во Битолско.
Една од заслугите на конзулатите од големите сили е што нивните
конзули се застапувале често пред битолските власти за онеправданите
македонски Словени од градот и околината. Нивните зачувани извештаи
во денешните архиви на тие држави содржат цени и изворни податоци за
осветлување на низа нејасни и недопроучени настани од втората половина
на XIX и почетокот на XX век.
Неколку богати христијански фамилии, претставници на младата
македонска буржоазија, се осмелиле да подигнат куќи кои по својата
архитектура ги надминуваа куќите на најбогатите и најистакнати турски
45
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
жители во градот и во целиот Битолски вилает. Младата битолска
буржоазија, со своето богатство, со своите контакти со скоро сите
европски центри, облечени во фракови и цилиндри, а жените во тешка
ориентална свила, бараше онаква разонода каква што се јавува кон крајот
на XIX век на разни забавни манифестации. Во овој град можеше да се
слушне разговор речиси на сите европски и некои воневропски јазици:
турски, француски, еврејски, грчки, романски, арапски, српски, бугарски,
албански. Затоа и се сметаше за „асли битолчанец само оној којшто освен
на мајчиниот македонски јазик, знае да зборува и на уште најмалку три
странски јазици“.
Во XIX век меѓу најзначајните настани спаѓа процесот на
преродбата на македонскиот народ, што се одвиваше во сите делови во
Македонија, па и во Битола и Битолско.
Уште во првата половина на овој век созрева потребата од поголема
писменост и просвета, а соодветно на тоа и за отворање училишта на
македонски народен јазик. Тогашните трговци знаеле дека успехот во
трговијата зависи од висината на училиштата низ кои требало да поминат
нивните деца. Затоа настојувале да ги подобрат дотогашните училишта и
отвораат сосема нови и место црковни предмети воведуваат световни, чија
примена ја барале практичните потреби во трговијата и занаетчиството.
За отворање на училиштата на македонски народен јазик и
за нивното материјално помагање, во прилична мера се потрудиле
попросветените македонски калуѓери. И првите писатели на македонски
46
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
јазик излегле од црковната средина. Јоаким Крчовски и Кирил Пејчинович
се првите книжевници и гласници на културната преродба на Македонија.
Благодарение на помошта на македонските трговци, тие успеале да ги
отпечатат првите книги. Уште позначаен чекор бил направен кога во 1838
година се отворила првата македонска печатница во Солун од страна на
Хаџи Теодосиј Синаитски, со што се отвориле перспективи за негово
културно, просветно и национално освестување и издигнување.
Заедно со борбите против Цариградската патријаршија (која го
ширела по училиштата грчкиот јазик), се воделе борби и за отстранување
на грчкиот јазик и учебници од градските училишта во Македонија.
Малубројната македонска интелигенција во 60-тите години на XIX век
поставила отворено барање за воведување на македонскиот народен
јазик во наставата и литературата. Ова барање предизвикало отпор кај
бугарската интелигенција, која барала грчкиот јазик да се замени со
бугарскиот јазик, гледајќи опасност во стремежите на македонскиот народ
за самостоен развиток.
Нова појава во македонската литература се забележува кон
средината на XIX век, кога постепено исчезнуваат црковно-словенските
јазични елементи во полза на македонските народни зборови.
Македонските интелектуалци и напредните занаетчии пројавуваат
интерес за собирање народни умотворби и обичаи. Меѓу нив се
истакнуваат: Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Партенија Зографски,
браќата Димитар и Константин Миладиновци, Кузман Шапкарев и
Марко Цепенков. Константин Миладинов е еден од првите поети на
Македонија. Во книжевните дела на Рајко Жинзифов и Глигор Прличев
нашле одраз борбите на македонското граѓанство против злоупотребите
на фанариотските митрополити и на турските зулумџии. Напорите за
создавање на единствен македонски литературен јазик и неговата примена
во учебниците ја направила новата македонска литература поблиска на
народните маси.
Во Битола и Битолско суштествувале словенски училишта во
градот и при сите поголеми цркви и манастири во Битолскиот вилает. Тоа
беа ќелијни училишта во кои децата учеа од книги на црковно-словенски
јазик. Во исто време учителите (обично писмени цивилни лица) кои не
знаеле никаков друг јазик, се стремеле, со помош на говорниот јазик на
македонскиот народ, да го заменат црковно-словенскиот јазик. Во еден
запазен руски Псалтир е запишано со кирилски букви: овој „Псалтир
Стојков (на Илија Стојков од Битола) го купил од егуменот 20 к(ара)
47
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
гроши, да се знает во лето 1833“.
Преродбата се одликуваше со стремежот за целосно истиснување
на грчкиот јазик од богослужбата во црквите и од наставата во
училиштата и за воведување на словенскиот јазик.
Во вторатa половина на XIX век македонското национално
движење навлезе во нова фаза од својот развој. Општествено-
политичките и економски прилики во градот сè повеќе ја наметнуваат
потребата од национално движење, како во Битола така и во Македонија.
Националните битолски и општомакедонски сили нараснаа до таа мера
што бараа решавање на економските, социјалните и политички задачи
на националното движење. Таквиот развиток на македонската мисла
не им одговараше на доскоро ослободените од турско ропство соседи
на Македонија: Србија, Бугарија и Грција. Колку посилно стануваше
националното будење на македонскиот народ, толку поактивни беа
нивните пропаганди. Црквите на овие народи станаа силно оружје на
сопствените буржоаски влади, за проширување на своите политички
и национални граници на сметка на македонскиот народ, негирајќи ја
неговата самобитност.
По Кримската војна (1856) конгрегацијата на ширење на
католичката вера од Рим основа мисионерски центар во Битола.
Протестантската пропаганда составена од американски, а подоцна и од
англиски мисионери, со истата цел како и католичката, отвори цркви
во Битола, нудејќи пари и друга материјална помош. Зад секоја верска
пропаганда се криеја интересите на големите и малите држави, сите
здружени против каков било обид за обновување на самостојноста на
Охридската архиепископија која би ги застапувала вистинските интереси
на македонскиот народ.
Битола стана арена на верски судирања. Градот беше приклучен
кон Цариградската патријаршија. Грчките владици дотогашната служба
на словенски јазик ја заменуваат со грчка. Поради големите социјални и
економски процеси, битолското граѓанство сè повеќе ги чувствуваше
стегите на патријаршиските владики и од нив спроведениот грцизам.
Речиси во исто време започнува и српската пропаганда. Во 1867
година владата на Гарашанин ги испраќа првите српски емисари во
Македонија, а веќе во 1873 година доаѓаат и во Битола.
Великобугарската пропаганда, како најактивна, се одвива преку
бугарската црква (Егзархија). Користејќи го антипатријаршиското
расположение на масите, го злоупотребува за свои сопствени и исти цели
48
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
какви што ги имаа сите други странски пропаганди.
Двете цркви го спречуваа нормалниот растеж на народносното
осознавање на македонското население и развитокот на свеста за
национална самобитност. Заради ваквата положба македонскиот
народ се судри отворено со Бугарската егзархија и со Цариградската
патријаршија. Со цел да го спречат засилувањето на револуционерното
народноослободително движење на македонскиот народ, беа спремни да
соработуваат и со турската власт.
Првата српско-турска војна од 1876 година како да ја сопре
големосрпската пропаганда во Македонија, која немаше јаки корени во
Битола. Се заострија судирањата меѓу Патријаршијата и Егзархијата, од
кои најповеќе страдаше македонскиот народ. Од 1855 година српскиот
државник и политичар Стојан Новаковиќ пропагира „македонска
политика“ и „македонизам“, со цел да ја потисне бугарската пропаганда.
Во Битола и Битолско атмосферата беше толку заострена што неретко
доаѓаше до физички пресметувања меѓу свештениците од различни
табори. Ниту една од верските пропаганди не успеа да ги оствари своите
политички цели за сметка на Македонија.
Најнапредните македонски интелектуалци почнаа да истапуваат со
јасни национални барања околу признавање на македонскиот народ како
посебна нација на Балканот. Македонија се претвори во сложен балкански
и европски дипломатски проблем, на кој како барометри служеа Солун и
Битола.
Општествено-политичките промени во Македонија, во последните
децении на XIX век, пред македонското национално движење поставија
задача на борба за создавање државна независност преку уривање на
турското феудално господарство. На 23 октомври 1893 година (стар
стил), во Солун, по неколкуте разговори меѓусебе на заедничките средби,
Даме Груев, Христо Татарчев, Иван Х. Николов, Петар Поп Арсов, Христо
Батанџиев и Антон Димитров, сите интелектуалци од Македонија, ги
поставиле основите на Македонската револуционерна организација.
Организацијата зема широк замав. Битола станува нејзин најважен
центар во Западна Македонија. Освен револуционерните кружоци за
мажи, пред сè од еснафот и интелигенцијата (учители и ученици од
повисоките класови на гимназијата), беа оформени и кружоци на жени
(првенствено учителки).
Во XIX в., како резултат на созреаните економско-политички и
културни прилики, како во другите поголеми градови во Македонија така
49
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
и во Битола, доаѓа до зајакнување на граѓанската класа и се создаваат
услови за отворање световни училишта и читалишта, преку кои се
организирал културно-просветниот живот во градот и околината.
Интересот за книгата во Битола отсекогаш бил голем. Особено
тој е повидливо забележителен со појавата на младата интелигенција
школувана во европските земји. Развојот на трговијата и појавата на
печалбарството придонесуваат за првите допири со книгата, а воедно
и со науката. Се создаваат првите приватни библиотеки. Веќе во XIX век
постојат голем број домашни приватни библиотеки со богати книжни
фондови за тоа време.
Првото читалиште во Битола е отворено во 1860 год. Неговата
појава претставува рефлексија на новонастанатите општествено-
економски и културни прилики во градот.
Отворањето на првите јавни библиотеки е сврзано со 1894 година.
Многу подоцна, во виорот на Народната револуција, првите организирани
никулци на библиотекарството може да се најдат во партиските групи,
односно во нелегалните библиотеки од Народноослободителната војна.
Особен интерес се појавува за македонската книга
Познато е дека Битола во XIX век претставувала главен
административен и трговски центар во Македонија. Бујниот економски
развој придонесол во Битола да се зајакне просветата без која не можела
да се обавува трговијата, која била главна економска сила на битолското
општество. Непосредните контакти на битолската граѓанска класа со
понапредните европски центри придонесоа во Битола да се пренесе
културно-просветната дејност и да стане главно жариште на културниот
и просветниот живот во Македонија. Читалиштето во Битола дојде на свет
за да задоволи една огромна потреба од организирање и проширување на
културно-просветниот живот во градот. Неговото отворање е овозможено
со материјална помош на битолските чорбаџии и интелектуалци. Како
главен основач се споменува П. Димков Радевич, човек со широка култура
и образование стекнато во Виена. Основната цел на читалиштето била
да му се овозможи на народот да го следи печатот што излегувал како на
територијата на Отоманската Империја, така и надвор од неа, како и да
формира библиотека која ќе содржи книги и списанија на разни европски
јазици.
Во 1881 година по иницијатива на младината на Битола
повторно се отвора читалиште со име „Просвештение“. Токму тоа
читалиште, со оглас од 8 април 1881 година, се обраќа до сите граѓани
50
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
да ја поддржат иницијативата за создавање читателска библиотека.
Бурниот револуционерен бран при крајот на XIX век што ја зафаќа
цела Македонија, ја зафаќа и Битола. За одбележувања е периодот кога
се поставени основите на ВМРО во 1894 година, па до легендарното
ослободително востание на македонскиот народ – Илинден 1903 година.
Во тој период секое село во Битолско доби учител, училиште и библиотека.
Во деведесеттите години на XIX век се формираа повеќе околиски
библиотеки. По жестоките илинденски пеплишта, во кои најмногу страдаа
културно-просветните и јавни институции, што значи и библиотеките и
читалиштата, библиотекарството во Битола долго време не можеше да се
соземе.
Француското влијание врз нашите простори е особено видливо
од средината на XIX в., кога меѓу носителите на француската католичка
пропаганда многу рано созреало сфаќањето дека Битола е значаен центар
и дека таа би можела да има огромно значење и за ширењето на таа
пропаганда. Католичката мисија во Битола е основана во 1856 година од
страна на францускиот мисионер – лазарист Лепавек, кој го основал и
училиштето на француски јазик. Француските книжници во градот се
делеа на две основни групи: на едни чиј книжен фонд беше ползуван
само од Французи во Битола и на други – чии книги им беа давани и на
битолските граѓани кои го владееле францускиот јазик. Француската
библиотека во Битола била основана во францускиот конзулат. Таа била
од затворен карактер, сепак голем број битолчани наоѓале разни начини да
прочитаат по некоја книга од конзулската библиотека.
Постојат податоци дека во 1847 година изгорела богатата грчка
библиотека, најбогата по атинската, сместена во денешното училиште
„Гоце Делчев“. Покрај неа имало и богата влашка библиотека.
При крајот на XIX век Македонија ја зафаќа бурен револуционерен
бран за национално и социјално ослободување. Во тој период водачите
на македонското револуционерно и социјално ослободително движење
го омасовија читалиштето и училишното дело на Македонија, отворајќи
скоро во сите градови и поголеми села читалишта и училишта, бидејќи
преку нив најефикасно се ширеа револуционерните идеи меѓу широките
народни маси.
Паралелно со ширењето на македонското револуционерно движење
во Македонија, се ширеше и македонското социјалистичко движење.
Под влијание на социјалистичките идеи, во Македонија се формирани
работнички групи и здруженија што имаа за цел да ја обединат
51
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
работничката класа во Македонија и, во заедничка борба со ВМРО,
да ја извојуваат националната и социјалната слобода на Македонија.
Работничките здруженија претставуваа, всушност, читалишта каде што
се читаа, ширеа и пропагираа револуционерните идеи во Македонија. Во
периодот од 1900 до 1912 год. се истакна, меѓу другите, битолското име
„Класно сознание“.
Во Битола постоеле бројни училишта кои биле едни од важните
средства за денационализација на македонското население. Така, покрај
бројни основни училишта, постоеле и гимназии: егзархиска (бугарска),
српска православна, романски лицеј, грчка гимназија, американска
(протенстанска), турска, еврејска гимназија и француски колеџ. Турската
и еврејската служеле за образование на соодветните народности без
да ја имаат улогата на сите останати, односно за национална и верска
пропаганда. Без исклучок, во сите гимназии постоеле библиотеки, некои
мошне богати (романскиот лицеј, бугарската и еврејската гимназија),
додека некои со послаб книжен фонд. Така преку книгата, било верската
било националната пропаганда, го чинеле своето сè до Балканските
војни, по кои Србија, помогната од странски, сили успеала да го добие
вардарскиот дел од Македонија, вклучително и Битола. Тогаш зградата на
турската гимназија (Идади милки) покрај реката Драгор, која и денес е со
иста намена, била искористена за сместување на српската гимназија под
име „Српска краљевска гимназија у Битољу“. За време на постоењето на
српската гимназија во Битола постоеле следниве библиотеки: наставничка
и ученичка, кои се споменуваат во учебната 1920/21) година како
најбогати, со книжен фонд од 1257 книги. Освен нив имало библиотека
при Литературното друштво „Свети Кирил и Методиј“, библиотека
при Колото трезвена младина „Свети Кирил и Методи“, библиотека на
учебници, класни библиотеки, библиотека при друштвото подмладок на
„Јадранска стража“ и подружницата на Аеро клубот „Наши крила“.
Првите читални и библиотеки, отворени по директива на српскиот
режим, носеле име на граѓански клубови и граѓански касина. Изразита
режимска библиотекарска активност развил битолскиот Граѓански клуб,
основан во 1920 год. Истиот тој ќе развие богата пропагандна просветна
и културна дејност. Покрај нив владеачкиот режим отворил и повеќе
народни и школски библиотеки. Така, од еден извештај од 1927 год.,
дознаваме дека во битолската област имало 273 школски, 218 ученички и
37 народни библиотеки, со вкупно 55. 892 книги во нив.
Значаен момент од животот на Битола во минатото претставува
52
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
постоењето на конзулати во овој град, како на балканските така и на
големите европски држави. Нивното постоење во предилинденскиот и
илинденскиот период, сè до Балканските војни и поделбата на Македонија,
недвосмислено зборува за претензиите на буржоазиите на младите
балкански држави. Во тој период, како и за време на Првата светска војна,
некогашната убавица Битола претрпе големи штети и разурнувања.
Со поставувањето на границата на 14 километри од градот, Битола
се најде во нови, сосема неповолни услови за својот развој, отсечена од
Солун и од другите подрачја што ù припаѓаа. Од овие причини првин дојде
до стагнација, а потоа и до рапидно опаѓање на нејзината економија и
бројот на населението. Како резултат на овие неповолни услови, Битола го
губи она значење што го имаше порано.
Во почетокот на дваесеттите години на XX век во Битола, како
и во цела Македонија, останале да живеат руските емигранти кои го
преживеале Македонскиот фронт во Првата светска војна. Од длабоката
потреба да ги пребродат траумите од моралните и материјални несреќи,
руските емигранти се ангажирале да го организираат заедничкиот
живот во своја колонија. Во неа организирано го негувале рускиот
културно национален дух и патриотизам. Во 1929 година се отвора „Руска
библиотека“, на која ù претходело формирањето на Културно-просветно
друштво „Руска библиотека“. Друштвото организирало: библиотека,
читална, приредувало предавања музичко-литературни забави и сл. За
библиотекар бил назначен Сергије Н. Наумов.
Меѓу двете светски војни библиотекарството во Битола и Битолско,
како и во цела Македонија, забележало голем подем насочен во два
правци, и тоа: напредно, со кое се пробудувала националата и класна
свест и режимско, со кое владеачкиот српски, т.е. југословенски, режим ја
споредувал својата класно-буржуаска идеологија и денационализаторска
великосрпска политика.
Бугарските окупаторски училишта во Битола и Битолско, како и
во цела Македонија, за време на окупацијата (1941 – 1944) беа и останаа
влијателни институции, задолжени да ја бришат македонската национална
свест, да го шират и градат бугарскиот дух, да го величат и слават
непреболениот санстефански сон. Иницијатори на нивното отворање и
организирање биле бугарските учители. Нивниот број бил значителен
уште од почетокот на 1942 година – 26, неколку месеци подоцна дури 38
читалишта. Битолското градско читалиште го добило името на идеологот
на Илинден, Дамјан Груев. Оформено било во текот на 1941 год. Меѓу
53
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
основните програмски задачи му биле: организирање предавања, печатење
книги, иницијативи и манифестации од национален и културен карактер.
Во Читалиштето 500 членови прочитале 1.000 наслови. Годината 1942, пак,
била исполнета со отворање на бројни селски читалишта, и тоа во: Ѓавато,
Црнобуки, Крклино, Брусник, Тополчани, Логоварди, Српци, Породин,
Бач, Гермијан, Буково и други.
Народноослободителната борба доведе до величествена победа.
На 4 ноември 1944 година Битола беше ослободена од единиците на
македонската народна војска. Овој датум е најсветол и најголем во
историјата на овој град. Битола и селата во Битолско можат да се гордеат
со својот придонес во оваа борба.
Слободниот град, неговите граѓани, работниот народ пристапија
кон обнова и изградба на стопанството, развивање на материјалната база
како предуслов за развиток на општествениот и просветно-културниот
живот.
Битола и во поновиот период ги продолжи своите стари културни
традиции, развивајќи се во значаен културен центар по Скопје, со
(десетина) многу културни институции, со бројна интелигенција и со
значајни остварувања во областа на науката и уметноста. Веднаш по
ослободувањето на 14 ноември 1944 година, во Битола проработи првата
театарска сцена на мајчин македонски јазик. Битола го даде и првиот
творец на документарниот филм на Балканот.
Битола е посебно интересна, привлечна и атрактивна со бројни
културно-историски споменици и знаменитости, од античко време
па до нашево најблиско минато, коишто, сите заедно и секој посебно,
говорат за богатството, бурната историја и високата цивилизација на
овој град. Во редот на културните знаменитости на Битола посебно
место заземаат остатоците и ископините на античкиот град Хераклеја,
оддалечени неполни 2,5 км. од центарот на градот. Хераклеја Линкестис
– што ја изградил Филип II Македонски, била град на убавина, култура
и богатство, а ние би додале и на традицијата во негувањето и односот
кон книгата, образованието и науката, а со тоа и библиотекарството како
неопходна дејност и потреба за надградба на општеството низ времето,
низ историјата...
Во одреден период во Битола и Битолско во областа на
библиотечната дејност работеле и дејствувале и следните библиотеки.
54
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Грчки училишта и библиотеки
Грчките училишта во Битола во разните периоди континуирано се
зголемувале. Во 1883/84 година постоеле шест основни, една прогимназија
или гимназија. Во преминот од XIX во XX век, во османлискиот период,
грчки училишта биле: едно основно, едно класно (средно), грчка
богословија или (1888/89) една машка и една женска гимназија, четири
основни машки и четири основни женски. Основните, исто како и
турските, биле именувани по месностите, како: во Јени Маале, во Арнаут
Маале, во Мечкар Маале, на Баирот, во Ѓупска Маала, до Спиталието
односно Болницата (денес кај гимназијата „Таки Даскало”).
За грчките училишта не постојат изворни податоци, но во грчката
гимназија имало библиотека со оскуден книжен фонд. Со огледна тоа дека
грчката пропаганда делувала преку книгата, се претпоставува дека и при
другите училишта постоеле библиотеки.
Руската библиотека во Битола
Доаѓањето во цивилизирана средина како што била битолската,
во почетокот на дваесеттите години од овој век, со богата културна
и политичка традиција, за руските емигранти, било да се тие што го
преживеале Македонскиот фронт во Првата светска војна и останале во
Македонија, или пак оние што ги преживеале фронтовите и погромите
на контроверзната и за Русија трагична Октомвриска револуција, било
можеби едно од поубавите нешта што можеле да им се случат. Ова особено
се однесува на руските прогонети интелектуалци кои, по своја желба или
по силата на околностите, дошле да живеат во Битола.
Овде, од длабоката потреба да ги пребродат траумите и да ги
преживеат моралните и материјалните несреќи, руските емигранти, како и
тие во Скопје и Велес, каде што биле побројни отколку во другите градови
низ Македонија, се ангажирале да го организираат заедничкиот живот. За
таа цел формирале своја колонија. Руската колонија во Битола делувала
како и колониите во Скопје и Велес кои „...смислено и организирано
го развиле меѓу своето членство рускиот културно-национален дух,
патриотизам и чувство на заемност“.
Една од формите на ваквото делување било отворањето библиотеки
и читални. И никако не е случајно што во Битола, каде во 20-тите
55
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
години се отворени повеќе библиотеки, иако скоро сите од затворен
тип, како што биле библиотеките на Богословијата, на Државната реална
гимназија и на Државната трговска академија, во 1929 година се отвора
„Руска библиотека“. На отворањето на оваа Библиотека му претходело
формирањето на Културно-просветното друштво „Руска библиотека“
кое имало свој печат и изготвило Правила, што се одобрени и потврдени
од Великиот жупан на битолската област на 26 ноември 1928 година и
заведени под бр. 23587.
Правилата на Друштвото „Руска библиотека“ ја дефинираат целта
на неговото формирање, ја регулираат методологијата на работењето и
имаат 31 член. Bo случајов ќе се задржиме само на содржината на неколку
од нив, битни за предметот на нашето интересирање. Така, во првиот став
од член 1 на Правилата стои: „Co цел да се шират знаењата за Русија и
нејзината култура, а и да се задоволат потребите за читање руски книги,
во Битола се востановува културно-просветно друштво под име „Руска
библиотека“. Вториот член ги предвидува формите за постигнување
на дефинираните задачи и гласи: „Заради постигнување на своите
цели Друштвото „Руска библиотека“ организира: библиотека. читална,
приредува предавања, музичко-литературни забави итн“. Финансирањето
е регулирано со член 4 и тоа се врши со прибирање на „...членарина,
прилози, парични надоместоци и приходи од разни претпријатија
на Друштвото“. Важните прашања за работата на Друштвото „Руска
библиотека“, меѓу кои спаѓа и назначувањето библиотекар, се решаваат
56
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
на Собрание на Друштвото. Па така, во вториот став од чл. 13 стои:
„Собранието со тајно гласање одбира Управен одбор, Надзорен одбор,
библиотекар и прима нови почесни и редовни членови...“ Од вториот став
на чл. 24 се гледа дека: „библиотекарот избран од страна на Собранието
влегува во Управниот одбор со право на член на Одборот“.
Библиотекар на „Руската библиотека“ во 1929 година бил
Сергије Н. Наумов, за што сведочат двата документа испратени од
Библиотеката до Министерството за просвета на Кралството Југославија
и потпишани од него. Кон првиот од нив се приложени Правилата на
Друштвото „Руска библиотека“ и се упатува молба до Министерството
да му се дозволи на Друштвото да ги преземе книгите откупени за
Библиотеката. Кон овој документ е приложен список со 20 заглавија што
Министерството ù ги испраќа на Библиотеката. Во вториот документ,
покрај молбата од Управниот одбор на Друштвото, кое сега веќе се
нарекува „Руско-југословенска библиотека“ во Битола, за одобрување да
се преземат книгите откупени за Библиотеката, среќаваме податок дека:
„Годишното собрание на ова Друштво од 5 јули оваа година одлучило во
Библиотеката на Друштвото да се основа одделение за земјоделие, заради
задоволување на потребите на месното население со книги од областа на
земјоделието“. Кон овој документ приложен е список со 50 заглавија што
Министерството ù ги испраќа на Библиотеката.
Што се однесува до фондовите на Библиотеката, освен податоците
во списоците на книги, што се скоро без податок за нивните автори и
од кои може да се заклучи дека најголемиот дел ù припаѓаат на српската
книжевност и се на српски јазик, како и податокот дека „Библиотеката
при Руската колонија во 1936 година располага со околу 2. 400 книги“,
други објавени не сретнавме. Но, затоа, пак, за ова драгоцен е текстот на
непотпишан и недатиран машинопис што се чува во документацијата на
Матичната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во
Битола. Во овој машинопис, чиј автор, според кажувањата на Перса Вилос,
првиот директор на Градската библиотека во Битола, е Иван Мелников,
стои: „Фондот на Библиотеката се состоеше скоро исклучиво од делата
на руски класици: Толстој, Достоевски. Тургењев, Лесков, Чехов, Пушкин,
Љермонтов, Мерешковски, Ремизов и др., издадени пред Револуцијата,
како и од дела на руски писатели кои емигрирале по Револуцијата: Куприн,
Буњин, Цветаева. Се појавуваше само по некоја книга пишувана од
советски писатели. Имаше приличен број списанија – месечници со многу
богата содржина, како, на пр., „Современија записки“ од Париз, потоа
57
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
„Воља Росии“ кој излегуваше во Прага, „Перезвони“, „Мир божји“ и др.
Посебно е интересен податокот што го сретнавме во машинописот за тоа
дека во Прага постоело друштво на Руси – емигранти, под име „Земгор“,
кое секоја година ù испраќало на „Руската библиотека“ во Битола по 100
книги кои, откако ќе се прочитале тука, наредната година таа ги испраќала
во друг град каде што имало голема група Руси, и тоа првин во Прилеп,
потоа во Скопје, па во другите места низ Македонија.
За другите активности на „Руската библиотека“, предвидени со чл.
2 од Правилникот, познати ни се само податоците од текстот на Мелников:
„Библиотеката не вршеше никаква друга дејност... само еднаш организира
две предавања за граѓаните кои ги одржа проф. Јелачиќ од Филозофскиот
факултет во Скопје, и тоа првото за филозофијата на Николај Бердјаев,
а второто за историјата на љубовта на Иван Тургењев, Полина Гарсија
Вијардо“.
Посебен проблем за „Руската библиотека“ било преместувањето
што често се менувало. Според податоците од машинописот, во 1930
година таа била сместена во бившиот хотел „Босна“, на главната
улица, потоа во една стара куќа на местото на сегашната Матична и
универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, а во почетокот на
Втората светска војна во едно бившо училиште, покрај реката Курдерес,
што се викало „Радничка школа“ (сегашното седиште на Месната заедница
„Коле Канински“) кога библиотекар била д-р Макаренко. Точни податоци
за тоа до кога постоела „Руската библиотека“ немаме.
Но, Иван Мелников тврди: „Непосредно пред ликвидирањето на
Библиотеката, истата беше сместена во една визба на улица ’Цар Самоил‘,
каде книгите ги издаваше еден Русин по име Венедикт кој потоа замина
за СССР. Пред тоа, со непрекинатото преселување, Библиотеката беше
речиси разграбена. Сè што беше од вредност беше задржано од поединци.
По војната останатите книги... заедно со печатите и штембилите, беа
однесени од страна на новосоздадената Градска библиотека во Битола... и
беа сместени на таванот на Библиотеката, спроти хотелот ’Трудбеник‘“.
Тргнувајќи од наведените податоци, особено од оние што се
однесуваат на времето на службување на библиотекарката д-р Макаренко
и на ангажирањето на рускиот емигрант Венедикт, кој повеќе од љубов
кон книгата, без никаков материјален надоместок, ја вршел улогата на
последен библиотекар, можеме да заклучиме дека „Руската библиотека“,
формирана од длабоко благородни побуди и без никакви намери за верско
или политичко влијание врз месното население, иако со редуциран фонд
58
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
и крајно несоодветно лоцирана, ја преживеала Втората светска војна за
по нејзиното завршување дефинитивно да исчезне како самостојна. Она
што останало од нејзините публикации денеска се наоѓа во фондовите
на Матичната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во
Битола.
Романски училишта и библиотеки
Навлегувајќи во Битола, каде имало доста Власи, за да ги привлече
на своја страна и оттргне од грчката елинизација, романската пропаганда
отворила училишта на романски јазик. Оваа пропаганда тврдела дека
Власите и Романците се една иста нација, па дел од влашкото население
ја прифатило оваа пропаганда. Доста бедни, не само Власи туку и
Македонци, ги пуштале децата во романските училишта. Во учебната
1883/84 година во градот постоеле едно основно (машко), едно основно
(женско) и едно класно или прогимназија. Во учебната 1888/89 година
основни машки се две, едно женско и една гимназија, а во почетокот на XX
век постојат две основни и две гимназии (машка и женска).
59
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
Во романската гимназија, позната уште и како лицеј, постоеле
мошне опремени кабинети и исто така мошне богата библиотека.
Гимназијата добивала и списанија секој месец. Во гимназијата, како
наставен кадар, имало и Власи, меѓу кои Козмеску. Тој, покрај наставата,
вршел превод на Молиер од француски на јазикот од месното население,
т.е. на влашки. Исто така, на тој јазик се давале и претстави од учениците
на крајот од годината за родителите. Театарски престави биле давани и за
месното население.
Влашка народна библиотека
По иницијатива на Николае Бацарија и Николае Папахаџи,
во Битола беше отворена првата влашка народна библиотека. Во
библиотечниот фонд, главно, се наоѓаа книги на романски и на влашки
јазик. Библиотеката имаше значајно место во развојот на литературата и,
воопшто, на културата на Власите во Битола и околијата.
Еврејски училишта и библиотеки
Евреи кои биле протерани од Шпанија и Португалија делумно се
населиле и во Битола. Во почетокот тие преставувале две посебни еврејски
заедници: шпанска и португалска.
За своите потреби, одвоено една од друга, тие во градот изградиле
свои храмови, т.е. синагоги: Ил Кал Арагон и Ил Кал ди лус Португезис.
Подоцна двете заедници се интегрирале. Бројно, според пописите во
турските дефтери, Евреите се претставени како што следува: во 1528/29
година – 241 жител, во 1544/45 година – 5394 жители, во 1568 година –
5594 жители.
Во XIX век, според патеписците, бројот на битолските Евреи е
даден доста различно. Така, се споменуваат 1400, 2000, 4000, 5000 жители.
Во почетокот на XX век бројноста е различна и таа варира од 5500, 6000,
7000, 8200, 14000. За ваквите различни податоци влијаеле најмногу
миграциите – населувањата и отселувањата кои обично биле масовни. Со
прирастот на еврејско население во Битола, покрај првите синагоги, биле
подигнати уште многу други како: Ил Кал де Озер Далим, Ил де ла Хавра
Кадиша, Ил Кал де Хам (хахам) Јихцан Леви, Ил Кал де Саломон Леви,
Ил Кал Јахнел Леви, храм за младите во зградата на училиштето; храм во
60
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
населбата Лос Куртижос.
Синагогите што ги одбележавме, големи или мали, биле складишта
на стари верски книги. Добар дел од книгите, особено во двете постари
синагоги, биле пишувани на пергамент и на стар еврејски (хебрејски)
јазик. Ваквите книги претставувале подолги ленти од изнапишан
пергамент, кој од двете крајни страни бил прицврстен врз два големи
калеми (дршки). Така прицврстен, пергаментот се виткал во вид на ролна
од двата краеви кон внатре. Откако ќе бил свиткан, пергаментот (книгата)
бил врзуван со свилени ленти. Таквите книги биле редени врз специјално
направени полици на ѕидовите од храмот.
Освен верски книги во синагогите постоеле и верско-филозофски
книги, книги од правото (така наречени респонси – прашања и одговори),
како и книги од класичната еврејска литература. Меѓу сите книги во
овие складишта, всушност библиотеки, видно место заземало Светото
писмо или Тората (Петокнижието од Мојсеј – Стар завет); исто така во
синагогите постоеле за секојдневна употреба и други религиозни обредни
молитвеници.
Покрај пергаментни книги застапени биле и печатени книги
пишувани и на староеврејски (хебрејски), но и на ладино, т.е. шпански
јазик со кој се служеле Евреите во Битола. Тие книги биле од прочуените
верски мудреци, како што биле: Бен Зона Азај, (раби) учител Левитос,
раби Јаханан Бен Берок, раби Јишмаел, раби Кадок, раби Јосе, раби
Меир Бен Јаков, Елиазар Бен Шамиј, Елиазар Јехуди, раби Шимон, раби
Нехорај, раби Јанај, Матеј Бен Хереш, раби Јаков, Шимон Бен Елиазар,
Елиш Бен Абуј, раби Јосе Бар Јехуда, раби Елиазар Хакапер. Трудовите
на горенавадените писатели биле главно поучни со елементи на верски и
општествен морал.
Во Битола Евреите за своите потреби отвориле училишта уште во
XVI и XVII век. Од тој период е познато Талмудското училиште, со кое
раководел познатиот еврејски писател Јосеф Бен Леб.
При крајот на XIX век постоеле следните еврејски училишта: две
основни, неполно средно (гимназија) и едно женско училиште. Во сите
еврејски училишта постоеле библиотеки со скромен книжен фонд.
Напоредно со спомнатите библиотеки, по храмовите постоеле
и други еврејски библиотеки по нивните еврејски училишта. Така,
најпознатото еврејско училиште во Битола, всушност француско –
еврејско, било училиштето именувано „Талмуд Тора“. Тоа училиште било
отворено во 1895 година од страна на AllianseIsrailiteUniversal од Париз,
61
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
кое работело до Првата светска војна, поточно од 1916 година. На чело на
ова училиште, т.е. негов директор, бил Давид Елнекаве, кој истовремено
бил и учител по еврејски јазик, како и еден од највидните членови на
Друштвото „Ховевесефат – евер“. Ова друштво во Битола поседувало своја
посебна библиотека. Во просториите на истото Друштво постоел доста
богат фонд на книги пишувани на француски јазик.
Англиско училиште и библиотека
Со цел да го шират протестантизмот наспроти католичките
мисионери, протестантските мисионери од САД во Битола отвориле свои
училишта. Во 1883/84 учебна година имале две училишта, а во 1888/89
учебна година за женските деца-ученички организирале и интернат.
Во училиштата бил употребуван бугарскиот и англискиот јазик.
Кон 1916 година машкото основно училиште имало услови да
прерасне во класно, односно прогимназија, меѓутоа Првата светска војна
тоа го оневозможила. И не само што не прераснале во повисоки училишта,
по војната тие биле затворени од српската власт.
За училиштето се знае дека слабо стоело со кабинети и нагледни
средства, но имале малку книги за учениците – тоа би било како
библиотека исклучиво за училишни потреби.
Бугарски училишта и библиотеки
После стапувањето на Егзархијата, во Битола многу брзо се
отвориле повеќе бугарски училишта, чие финансирање на учителите,
како и целокупната опрема за едно училиште, биле главна грижа на
Бугарската егзархија. Па така, во Битола, во 1883/84 учебна година
постоеле пет основни машки и едно основно женско училиште; во 1888/89
учебна година бројката била иста како во 1883/84 година, а во 1889/90
учебна година го имаме следниов преглед: Централно основно училиште
на Баирот, Драгор Маала, Бела Чешма, Јени Маале, Арнаут Маале и
Курдерес Маало. Освен основните, постоело и Неделно училиште за
возрасни. Средни училишта во 1883/84 учебна година: машка и женска
прогимназија. Во учебната 1889/90 положбата била иста како во 1883/84
година. Бугарската гимназија, машка и женска, била уредена со добри
кабинети и со „..одлична библиотека со списанија и книги (романи,
62
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
поезија, патеписи, драми, критики и др.). Книгите биле печатени на
бугарски јазик, но имало и на француски и нешто на руски јазик“. Покрај
лична наобразба, книгите биле користени и за подготовка на интерни
приредби или приредби за граѓанството, најчесто по повод завршувањето
на учебната година. Така, биле изведени драмските творби „Геновева“,
„Окаперникот“ и др. Исто така, книгите што содржеле поезија биле
погодни за учење на рецитации, хорски песни и сл.
Во 90-ти те години од XIX век меѓу учителите од Битолската
гимназија започнало движење за национално ослободување. Кон ова
движење се приклучиле голем број учители од градот, како Даме Груев, кој
придобил учители истомисленици, и тоа: Лука Џеров, Неделко Дамчев,
Никола Дуртанчев, Никола Кочов и др. Тие меѓусебно организирале
Таен револуционерен кружок и отвориле „Околиска заемна библиотека”.
Меѓутоа, во натамошните чекори не успеале зашто се судриле со
бугарскиот архимандрит Козма кој бил енергично против таквата замисла,
со што идејата останала како таква, за нешто подоцна да воскресне во
уште поголема национална организација, т.е. ТМОРО.
Во Битола ТМОРО имал и свој Местен комитет кој развил голема
дејност меѓу учителите, но и меѓу учениците од повисоките класови на
Гимназијата. За подигање на националната свест и моралот, кај членовите
на Организацијата, особено кај учениците, била користена литература што
обработувала револуционерни теми. Револуционерите заминале толку
далеку што го издавале и тајниот хектографиран весник „На оружје“,
а после Востанието од 1903 година бил издаван весникот „Пелистер“.
Револуционерно-националната дејност меѓу македонските учители довела
и до отворен судир со официјалната гимназиска власт. Имено, некои
учители (Цоков) истапиле за воведување во училиштата народен јазик,
а во црквата да се истисне црковнословенскиот со народниот мајчин
јазик. Учениците и учителите што се солидаризирале со овој бунт биле
исклучени од Гимназијата. Така, во бугарската егзархиска Гимназија во
Битола добиле револуционерна наобразба повеќе ученици како: Никола
Карев, Александар Ефтимов, Ѓорѓи Сугарев, Лазар Москов, Филдишев,
Александар Мартулков и др.
63
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
Српски училишта и библиотеки
Со цел да ги исполни големосрпските националистички желби за
ширење на Србија на југ кон Солун, српскиот конзул во Битола, Димитрије
Боди, вложувал многу напори за отворање српски училишта во градот.
Самиот тој пишувал против некој си учител Јунгиќ зашто тој „час имал
намера да отвори српско, час македонско училиште“. Поконкретно, Боди
на таа тема пишувал: „До отворањето на Конзулатот тука, особено во
Битола, многу малку се слушал нашиот дијалект, а особено нашиот јазик
не се ни зборувал. Сè се зборувало на македонски дијалект во кого биле
вовлечени со долгогодишната работа на бугарската програма, многу
чисти зборови од бугарскиот јазик, па и во народот овој јазик, македонски
дијалект, не се вика поинаку, туку ’бугарски‘... Јас неуморно работам да го
истиснам називот ’бугарски‘ и го вметнувам изразот ’македонски‘ како
посебен израз на српско-словенски јазик... Покрај тоа, бесценето помагаат
нашите книги кои се печатени на наш (српски б.н.) јазик.“
Заложбите на Боди оделе
заедно со неговото мислење „...да се
дава награда на луѓето кои за нашето
дело ќе се заземат бидејќи бугарската
пропаганда се служи со исти
средства.“
Со јасни искажани намери
српскиот конзулат во Битола засилено
работел и отворил неколку основни
училишта (на Баирот, Јени Маале,
Бела Чешма и др.). Во сите нив се
предавало и читало на српски јазик со
книги добивани од Србија. Од средни
училишта, непосредно пред Првата
светска војна, било отворено српско
средно училиште под името „Српска
православна гимназија“. Кон оваа
гимназија бил отворен и интернат
за учениците кои доаѓале од Македонија каде српската пропаганда
била успешна, како од Дримкол, Поречјето, селото Тополчани и др. Во
гимназијата, за потребите на наставниот кадар и учениците, постоела
библиотека исклучиво со книги на српски јазик и од српски писатели.
64
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Француски училишта и библиотеки
Во средината на XIX век во Битола особено видливо беше
француското влијание. Во тој период во Париз бил основан
таканаречениот Католички словенски институт, чија задача била да
подготвува католички мисионери за ширење на католицизмот меѓу
Словените што биле под управата на Османлиското царство. Во
натамошната насока било и создавањето на Источното друштво за
обединување на сите христијани. За спроведување на зацртаната цел, биле
основани два мисионерски центри во Солун и Битола. Од сите најголеми
активности постигнала Лазаристичката мисија чија „... главна цел било
црковно единство, соединување на православната со католичката црква. “
Меѓутоа, додека на „соединувањето“ не се постигнале скоро
никакви резултати, на другото споредно поле – симпатиите кон Франција,
францускиот јазик и неговото изучување, прифаќање на француската
култура, постигнале завидни резултати.
Основоположникот на
француската католичка мисија во
Битола бил мошне енергичниот
лазарист Лепавек. Тој во 1856 година
купил плац, изградил црква и училиште
за машки и женски деца. Лепавек
останал во Битола до 1874 година, а
после него со мисијата раководеле Жан
Февриал, Лисиен Пруа, Д. Бержеро и др.
Со доаѓањето на католичките
мисионери и отворање училишта
на француски јазик, машкото и
женското училиште биле заеднички,
а во 1888/89 учебна година овие
училишта прераснале во посебни,
односно посебно машко и посебно
женско училиште. Овие училишта биле
именувани како унијатско – католичко
– француско.
Машкото француско училиште
било сместено во зграда која се наоѓала
65
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
лево од денешната зграда на Работничкиот универзитет, а потоа во самата
зграда на Работничкиот универзитет. Официјалниот назив на училиштето
бил: „Institusion Francaise de Sacre Coeur – dirigèe parles frères maristes a
Monastir“.
Училиштето прибирало ученици од сите националности што
тогаш живееле во Битола: Турци, Власи, Македонци, Евреи, Албанци.
Работело во комбинирани одделенија. Целокупната настава се одвивала
на француски јазик. Во училиштето многу се обрнувало внимание на
моралот, односот кон немоќните (стари и болни лица), го ценеле трудот и
сл. Од наставниот кадар се спомнуваат: Фреман Жерам, Марсијал, Жозеф
Фиделис и др. „Во културен поглед учениците добиваа таква култура што
идните граѓани на нашиот град ни најмалку не се разликуваа од граѓаните
на другите градови во Европа. Воспитната страна на Француското
училиште беше на висина... Француското училиште влијаеше во
формирањето на целокупната образовна личност... “
Напоредно со образовно-воспитниот процес во машкото училиште
се полагало на личното издигнување на ученичката личност преку читање
француски книги кои се наоѓале во училишната библиотека. „Како ученик
во француското училиште во Битола, јас читав француска литература
што ја наоѓав во училишната библиотека. Имаше солидна библиотека.
Се сеќавам дека ги читав книгите: „Приказни за вештици“, „Семејството
Обер“ – хроника за едно семејство пред и за време на Првата светска војна.
Тоа ми остана во силно сеќавање... Се сеќавам и на тоа дека позначајните
книги за читање можевме да ги поседуваме најдолго 15 дена.“.
Женското француско училиште официјално го носело името: „Ecol
Francaise de couer de Vincentde Paul“. Него го организирале милосрдните
сестри од спомнатиот ред. Тие ги презеле сите мерки околу организацијата
на наставата со сите придружни нешта кон неа во едно училиште, па и во
формирање на библиотека во училиштето. Училиштето било сместено во
зграда на денешна ул. „Елпида Караманди“.
Библиотеката систематски се збогатувала со книги паралелно
со напредокот на училиштето. Зголемувањето на бројот на учениците
барало повеќе книги. Книжниот фонд се состоел од француски учебници
наменети за децата според возраста и курсевите што биле застапени
во училиштето. Забележливо е постоење на следниве книги: „Историја
на Франција”, „Историја на светот”, „Катихизис”, потоа разни учебни
помагала за секојдневната настава, историски карти, географски карти,
фотографии и др. Постоеле и книги од француските класици, така што
66
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
библиотеката броела околу 2000 разновидни книги. Всушност, книжниот
фонд бил наменет за три вида читатели: детска литература (за малите деца
– основците); книги за повозрасните, како што биле книгите „Трендафилот
на Либанон“, „Царев гласник“, „Првите луѓе на месечината“ и многу други
дела од Жил Верн. Третиот дел го сочинувале делата на француските
класици: Расин, Молиер, Буало, Жан Жак Русо, Волтер, Виктор Иго,
Стендал, Ламартин, Анатол Франс, Оноре де Балзак и други.
Милосрдните сестри организирале и други видови манифестации
во целокупниот нивен склоп на активности. Така, на пример, тие
организирале литературни читања, од кои се издвојува она одржано по
повод 50-годишнината од смртта на Виктор Иго.
Напоредно со световните книги во библиотеката, сестрите имале
посебни свои книги, поточно посебна збирка во склоп на библиотеката,
чии содржини биле исклучиво верски.
Библиотеката располагала и со доволен број учебници кои биле
давани на користење на бедните ученици, за што постоел посебен
правилник. Имено, ученикот можел да ја држи кај себе книгата најдолго
седум дена и потоа морал да ја врати. Во спротивно биле преземани
казнени санкции. За книгите што биле користени од пансионот, една
ученичка го дала следниов исказ: „Имаше мошне богата библиотека... Јас
многу читав романи. Секој ученик беше должен да прочита по една книга.
Ние кои бевме згрижени во пансионот, бевме должни дури и во дворот да
зборуваме француски само со цел да го научиме јазикот што подобро“.
Оваа библиотека завршила сосема бедно. Со заминувањето на
милосрдните сестри од Битола, книгите од библиотеката биле донесени во
училишниот двор и таму запалени. Тоа се случило во 1948 година.
Народни училишта и библиотеки
Сите училишта во Битола биле финансирани од центрите од каде
се вршела антимакедонската национална пропаганда. Освен еврејските,
француските и американските училишта кои не оделе во таква насока,
но и тие, главно, не се финансирале од месното население. Спротивно на
сите нив, народните училишта биле никнати на месна почва, донирани од
месните збогатени занаетчии и трговци, во кои наставата била на мајчин
македонски јазик, а учебниците најчесто биле од домашните учебникари
кои пишувале на народен јазик. Точно не може да се определи датумот
кога било отворено првото народно училиште во Битола. Постојат две
67
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
мислења дека првото било отворено во Јени Маале а други сметаат дека
било во Поешевска Маала.
Битолското граѓанство во средината на XIX век веќе се имало
осознаено како посебна народност и успешно ја повело борбата против
грчката доминација за своја еманципација, како во црковен така и во
училиштен домен. Во склоп на таа борба се јавила и посебната Битолска
општина во 1869 година, која, покрај други општествени дејности, како
главна грижа ги имала и училиштата. Тогаш како повидни граѓани се
истакнувале: Иванчо Алтипармак, старешина на чохаџискиот еснаф;
браќата Константин и Никола Робеви, трговци; Димко Радев (Димко
Паша); д-р Константин Мишајков, лекар и раководител на санитетот во
градот; Димче Бучукот, старешина на лебарскиот еснаф; Аце, старешина
на казанџискиот еснаф; Никола, старешина на берберите и др. Тие сите
биле впрегнати, според своите можности, да ја помогнат народната
просвета. Така д-р Мишајков (родум од с. Пателе, Леринско) со свои
средства купил плац на кој се изгради црквата „Св. Богородица“, но и
Централно училиште. Другите основни училишта биле распоредени по
градските маала.
Вакви народни училишта постоеле низ цела Македонија. Со
прифаќањето на Егзархијата за поглавар на црквата во Битола и Битолско,
сите грижи околу училиштата ги презела таа. Тогаш биле отворени
многу училишта, особено по селата, но и по градските маала. Сите такви
училишта имале свои библиотеки. Така, на пример, во едно писмо од
раководителот на женското училиште во Битола упатено до Црковната
општина во Битола од 24. IV. 1897 година, се кажувало дека книгите
што биле испратени за училишната библиотека биле примени. Исто
така и управителот на битолската гимназија, П. Рачев, добива писмо на
12 септември 1897 година пропратено со список на книги наменети за
училишната библиотека. Друг пример за постоење на библиотеки при
училиштата е кога Црковната општина во Битола, на 15 ноември 1987
година, му испраќа писмо на Хр. Чемков, библиотекар во Неделното
училиште во Битола, во кое стои дека за библиотеката биле испратени
четири книги. Исто така, на 25 септември 1897 година, учителката
на Основното училиште во Арнаут Маало, Анастасија Илиева, ја
известува Црковната општина дека ги примила книгите испратени од
неа за училишната библиотека. Така, според неколкуте примери изворно
релевантни, се покажува дека во Битола скоро сите училишта имале свои
училишни библиотеки.
68
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Читалиште и библиотека во Битола
Идејата за отворање читалишта во Македонија дошла преку
заемното дејство на српските, грчките и бугарските читалишта.
Првите влијанија дошле преку српските читалишта, но организационо
читалиштата во Македонија претрпеле големо влијание од бугарските
читалишта.
Читалиштата претставувале мошне погодна форма за прибирање
на луѓето, посебно младината, на едно место каде ќе можат да прочитаат
весник, да се позајми книга за читање, но и да се прокоментира и
продискутира за состојбите во светот, во местото каде живееле и сл.
Читалиштата биле посетувани особено во зимно време. Тогаш
луѓето не биле премногу зафатени со работа, па слободното време го
минувале во затоплените простории на читалиштето. Така насобрани
слободно можеле да дискутираат, полемизираат по разни теми било
политика, било по прашања од секојдневните настани и сл. Членовите на
читалиштето разменувале мисли, иделе до заклучоци и се чувствувале
некако побогати со знаења.
Просториите во прво време биле сосема скудни – мали и
неугледни. Обично биле сместени во една соба, најчесто во приватна
куќа, дуќан или во една од собите на училиштето. Структурата на телото
што раководело со читалиштето имала следен состав: претседател,
секретар, благајник и библиотекар. Во управниот одбор на читалиштето
најчесто биле избирани угледни луѓе на градот, конкретно од еснафот
или од трговците. Во селата било исто така. Најугледните луѓе во селата
раководеле со читалиштето.
Книжниот фонд, весниците и списанијата биле купувани со
парични средства од членовите на читалиштето или од доброволни
прилози.
Во Битола читалиште било отворено мошне рано, односно
весникот „България“ од 9.VI.1860 година соопштува дека во Битола било
формирано Читалиштето, изнесувајќи ги неговите задачи и цели. Меѓу
иницијаторите биле видни битолчани како Петар Димков Радев(иќ).
За потребите на Читалиштето биле набавени книги, весници и
друга литература и тоа на повеќе јазици, со задача да ги прибере и оние
народности во градот кои не биле Македонци. Истовремено, поимотните
битолчани за другите потреби на Читалиштето, донирале парични
средства, така што оној што ќе дадел 500 гроша станувал доживотен член
69
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
на Читалиштето, оној пак што ќе донирал 60 гроша станувал член една
година. За Читалиштето натаму немаме некои поконкретни податоци.
По дваесет години од формирањето на првото читалиште во
Битола, во месец април 1881 година било формирано ново читалиште со
име „Просвештение“ (Просвета). Ова читалиште го формирала битолската
младина.
Новото Читалиште толку било енергично што објавило апел
со кој го повикува македонското население за отворање народна
библиотека. Членството на ова Читалиште изјавувало голема желба
нивната библиотека, таа на „Просвештение“ што работела во склоп на
Читалиштето, да биде никулец на идната библиотека на Македонија.
Младите раководители на Читалиштето развиле разновидна и богата
активност. Успеале да отворат Неделно училиште за возрасни, потоа
Вечерно училиште, организирале акции за помош на бедни и немоќни во
градот и сл. Истовремено, раководното тело на Читалиштето во Битола
претендирало во иднина да прерасне во издавачка куќа.
Во 90-тите година од XIX век видните членови на ТМОРО во
Битола го омасовиле Читалишното движење, така што во селата, покрај
училиштето, настојувале да постои и библиотека. Во зимските вечери,
недели или празници, кога луѓето не се зафатени со домашни работи,
често доаѓале во просториите на читалиштата каде, покрај читање
весници и списанија, најчесто била коментирана состојбата во земјата,
меѓународната политика и, секако, луѓето се оспособувале духовно за
претстојната борба која мошне смислено ја подготвувала Организацијата.
Во истиов период и македонските социјалисти отвориле свое
читалиште во Битола, во кое преовладувала социјалистичката литература.
Библиотека во францускиот конзулат
Францускиот конзулат во Битола постоел од 1854 година, на чело
со Адолф Флера. Овој француски вицеконзул бил прилично искусен
дипломатски службеник. Флера во Битола останал само неколку месеци
зашто заминал на друга дипломатска должност, а него го заменил новиот
француски вицеконзул, Зелеген де Зига, кој во Битола останал до мај 1858
година, а по него дошол вицеконзулот Пол Грембло. Францускиот конзулат
во своите простории имал и библиотека која била од затворен карактер,
што значи книгите, весниците, списанијата биле наменети за конзулските
административци. Сепак, интересот на поединци − битолчани, особено
70
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
трговците кои имале свои врски со Франција (фирмата Бишта со Лион и
др.), успевале преку лични врски да се доберат до француските весници,
како и до уметничка литература. Поради таквата „нелегална“ практика,
за да си ја олеснат таквата „поштенска“ (дај −врати) работа, во склоп на
просториите од Конзулатот, француските претставници во конзулатот
отвориле посебна просторија како дел од библиотеката. Така, сите
што ги интересирало да прочитаат француски весници или списанија
во таа просторија им било овозможено комотно да се чувствуваат. Во
библиотеката од Францускиот конзулат, освен книги со верски карактер,
имало и дела од француските класици: Виктор Иго, Мопасан, Балзак,
Молиер и други. Од весниците што ги добивале редовен бил весникот
„Le temps“ (Време), „Лектира за сите“ и др. „Оваа можност ја исползува
најревносно и дежурот и началник на Известителната служба на ТМОРО
− Битола за време на епската Илинденска револуција на нашиот народ,
полиглотот Дорев, кој вадеше речиси секојдневни исписи од францускиот
печат за одгласот на револуционерните настани во Македонија меѓу
француското општество и среде врвните кругови на француската
дипломатија.“
Книжниот фонд на библиотеката изнесувал околу 100 − 200
примероци.
Библиотеката во Француската
католичка мисија − лазаристи
Како пионер на католичката мисија на лазаристите во Битола,
Лепавек, за нејзините потреби основал библиотека со книжен фонд
во почетокот од 100 до 200 примероци. Книгите биле исклучиво со
верска содржина и на француски јазик. Во текот на своето работење
библиотеката се збогатувала со нови наслови и, при крајот на 1940 година,
бројот на книгите изнесувал преку 1000 примероци. Новоприфатените
книги не биле исклучиво со верска содржина, туку од повеќе страни на
човечкото творештво. Така, застапени биле филозофски дела, дела од
уметноста, речници, учебници, научни расправи, трудови од областа на
педагогијата, естетиката, од историјата на Франција и др. Главен извор за
добивање книги бил градот Париз, но исто така постоеле и други центри
на лазаристи од каде се добивале книги: Кина, Турција, Мадагаскар,
Словенија и др. Сепак, книги со теолошка содржина биле присутни
71
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
во библиотеката, кои на лазаристите им биле потребни во нивната
секојдневна дејност. Меѓу таквите книги се истакнуваат „... многутомниот
труд со две колони (латинско-француска на секоја страница), ’Свето писмо
- комплетен курс‘ Scripturaesacre – cursuscomletus) објавен 1853 година со
фусноти и со просечно по 1500 страници секој том“, потоа многутомниот
коментар на Библијата кој бил донесен во Битола од библиотеката на
лазаристите во Турција − Смирна (Mission des Lazaristes – Smyrne).
Сите книги од библиотеката биле сместени во просториите на
Католичката црква која, по примерот во Европа, била изградена во готски
стил. Имено, веднаш во влезот на црквата, десно, каде што се наоѓала
канцеларијата на битолскиот жупник.
Се применувала практиката да се добиваат, но и да се подаруваат,
книги на други центри на лазаристи, како на пример во Јужна Америка.
Освен споменатите книги од верска и научна содржина, постоеле
и книги кои можеле да му помогнат на секој домаќин, на пример
„Направи сам“. Тоа биле книги за аматери кои можеле да се запознаат со
практичната примена во винарството, хортикултурата, градежништвото,
градинарството, земјоделството, фотографијата, техниката и сл. Тоа биле
изданија од Ј. Хецел, Париз, од „Библиотека на професиите”.
Во библиотеката на лазаристите, покрај монографски публикации,
редовно било добивано списанието „Anales de la Congregation de la
Mision“. Ова списание било годишник на Мисијата кој се печател во
Париз, на француски јазик, а во него биле објавувани статии − писма од
страна на членовите на Мисијата која била распослана по цел свет. Во
списанието за Битола биле публикувани бројни документи − писма на
мисионерите од Битола кои ги забележале бројните настани за време
на нивното престојување во градот. Мошне интересни за македонската
историја се дописите од Битола за Илинденското востание, помошта што
ја давале на востаниците и населението во тешките денови од 1903 година,
особено помошта по задушувањето на Востанието кога многу села биле
спалени. За таквата помош католичките мисионери, особено милосрдните
сестри, добиле и официјален документ на благодарност испратен од
Задграничното претставништво на ВМРО.
Доста од ваквите писма на мисионерите се преведени и
публикувани во македонското историско списание „Гласник на ИНИ“ −
Скопје.
Сите книги од библиотеката биле сместени во просториите на
Католичката црква која по примерот во Европа била изградена во готски
72
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
стил. Имено, веднаш во влезот на црквата, десно, каде што се наоѓала
канцеларијата на битолскиот жупник.
Тогаш биле отворени српски основни училишта и неколку
средни: Гимназијата, Трговската академија, Земјоделското училиште,
Богословијата. Во сите нив официјален наставен јазик бил српскиот, а во
библиотеките доминирала српската литература од српските писатели.
Битолската гимназија и нејзините библиотеки
Во времето на српското влијание во Битола, официјалното име
на гимназијата биуло „Српска краљевска гимназија у Битољу“, сместена
во зградата на бившата турска гимназија „Идади Милки“. За да ù даде
на оваа просветно-образовна установа важност и белег на блискост
со месното православно население, српската власт, на 1 декември 1914
година, со свештеници со соодветни молепствија, ја осветиле зградата,
односно тоа што било претходно османлиско − муслиманско со молебенот
е отстрането. Меѓутоа, бидејќи набрзо започнала и Првата светска војна,
Гимназијата тие години не работела. Со редовна настава почнала во
учебната 1918/19 година. Тогаш од затворените бугарски, грчки, турски
гимназии, инвентарот бил пренесен во српската гимназија.
Гимназиското образование ги опфаќало учениците што завршиле
основно образование (IV одделение, кое било задолжително) и биле
73
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
распоредени од I до VIII класови, со претходно положен приемен
испит. По завршувањето на IV клас, учениците полагале пола матура и
продолжувале во наредните повисоки класови. Со завршување на VIII
клас, се полагала големата матура.
Во наставата, покрај употребата на српскиот јазик, се настојувало
во секоја прилика да се вметнат српски обичаи. Покрај насилното
наметнување на презимињата што завршувале на суфиксот – иќ, дури
и вероисповедувањето на учениците било како да се од Српската
православна црква. Тие потези биле за да се србизира „...аморфната
национална маса во Македонија.“
Во таква насока била и дискусијата на гимназискиот наставнички
совет, одржан на 22. XI 1932 година, на кој била истакната важноста од
јакнење на српската национална свест меѓу учениците, поточно наоѓање
методи за денационализација на младото македонско интелектуално
поколение.
Уште во самиот почеток во битолската гимназија бил
воспоставен мошне строг режим за учениците. Оваа гимназија важела
за една од најстрогите во Кралството Југославија во секој поглед, како во
дисциплината така и во оценувањето на учениците. За најмали прекршоци
следувале строги санкции. Така, на пример, кога една група ученици од
Гимназијата зела учество како актери во драмската изведба „Македонска
крвава свадба” во 1920 година, директорот Григорије Хаџи Ташковиќ
лично вршел истрага, по што ги казнил учениците.
Просветната власт сметала дека асимилацијата најлесно ќе биде
спроведувана преку ширење на српскиот јазик меѓу месните ученици. За
таа цел гимназиската власт мошне ажурно ја спроведувала одлуката на
Министерството за просвета кое барало да се воведат семинарски вежби
за вишите класови (VII и VIII) во кои учениците ќе се запознаваат „...
со животот на нашиот народ, особено на нашата земја и со вредностите
на нашата национална култура.“ Така, семинарските задачи биле
давани по предметите што имале врска со српската историја, српскиот
јазик, географија и сл. Исто така, секоја учебна година Гимназијата
распишувала парични награди за успешно изработени теми од српската
национална историја. На таков начин, преку наставата учениците
требало да се запознаваат со глорификувањето на српските победи во
војните од кои често се правел мит, а не историја. Нагласка му се давала
на проучувањето на српско Косово, односно циклусот на епски песни,
на поетите националисти кои во песните не биле воопшто имуни од
74
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
шовинизам, особено контра бугаризмот. Преку тие методи учениците
морале да пишуваат теми, да читаат српска литература и да го учат
српскиот јазик, требало да се напојуваат со гордост од српските успеси
и српскиот национален дух. Автоматски, постепено тие требало да го
истиснат мајчиниот јазик, за кој власта увидела дека не е лесно, па го
прогласила како дијалект од српскиот. Така се сметало дека токму месната
интелигенција ќе биде носител на српството во окупираните македонски
територии.
Без оглед на наметнатата српска идеологија, македонските
гимназисти, подготвувајќи се за семинарските работи, како и за други
слични писмени вежби, читале литература и се внесувале вистински
во проблематиката и се здобивале со солидни познавања од областа
на науките. Истовремено, кај нив се јавувал и критички став по многу
прашања, во прв ред по националното и социјалното прашање во Битола
и пошироко. Така, кај учениците се создала навика за читање, поточно
глад за непознатото од нивното минато. Преку самообразованието
гимназистите од Битолската гимназија почнале да се организираат и
веќе претставувале силно и јако македонско национално јадро, кое
мошне успешно ù се спротивставувало на просрпската националистичка
групација (составена од ученици претежно дојденци од Србија со своите
родители − службеници), позната во Гимназијата како Љотиќевци.
Овие Љотиќевци гимназиската власт ги протежирала преку своите
професори. Покрај сето тоа, учениците Македонци, преку читање,
односно самообразование, биле далеку над своите противници. Своето
знаење и наобразба најмногу гимназистите го стекнале од литературата
што постоела во гимназиските библиотеки: наставничката библиотека;
ученички библиотеки кои во учебната 1920/21 година се забележани
како најбогати со книжен фонд од сите други во Македонија. Тоа се:
библиотеката при Литературната дружина „Св. Кирил и Методиј”,
библиотеката при Колото на трезвената младина, библиотеката на
Друштвото подмладок на „Јадранска стража“ и Подружницата на Аеро
клубот „Наша крила”, библиотеката на учебници, класните библиотеки.
Наставничката библиотека во Битолската гимназија
Откако почнала да работи, во Битолската гимназија е создаден
книжен фонд што ќе ги задоволува соодветните барања на училиштето.
На таков начин е создадена најбогатата библиотека која се спомнува уште
75
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
во учебната 1913/14 година, веднаш по Балканските војни. Поседувајќи
бројна литература од монографски дела и списанија, истите биле во тек
на средување. Библиотеката била снабдувана со изданијата на „Српска
књижевна задруга“, „Матица српска“, Кралската академија на науките
и уметностите“, „Српски књижевни гласник“, „Босанска вила“, „Дело“,
„Нова искра“, „Просветни гласник“, „Наставник и учитељ“ и др. Освен
литература на српски јазик, библиотеката поседувала и литература на
руски јазик, како списанието „Нива“, дела од Иван Тургењев, Толстој и др.
Наставничкиот совет при Гимназијата, со акт од 2 јануари 1914 година,
П. бр. 70, бил известен дека Државната печатница ќе испрати книги за
училиштето и за ученичката библиотека.
Наставничката библиотека била наменета исклучиво за потребите
на наставниот кадар во Гимназијата, но повремено ги опслужувала и
професорите од другите училишта во градот, доколку тие имале потреба
од литература што не можеле да ја најдат во градот.
Со библиотеката раководел професор назначен од наставничкиот
совет во почетокот на секоја учебна година. Професорот-библиотекар
најчесто бил професор по српски јазик. Библиотекарот, покрај
средувањето, чувањето, издавањето книги, се грижел и за збогатување на
книжниот фонд, така што набавката се движела од година во година во
нагорна линија, па во последната учебна 1939/40 година фондот достигнал
бројка од 2205 наслови. Збогатувањето било вршено по пат на подароци и
купување. Во таа насока извесни министерства биле мошне пресретливи.
Во учебната 1933/34 година Министерството за просвета испратило
подарок од 79 француски и 54 германски книги на тие јазици, кои им
служеле на професорите по соодветните предмети што ги предавале во
Гимназијата.
Истата учебна година Министерството за внатрешни работи го
испраќало списанието „Мисао“. Исто така бесплатно библиотеката го
добивала списанието „Српски књижевни гласник“, како и изданијата на
Географското и Етнографското друштво и некои популарни изданија на
англиски јазик.
Наставничката библиотека редовно ги добивала неколкуте
педагошки списанија, потоа „Прилози за проучавање народне
књижевности“. Инаку, имало творби од светските класици од сите
националности, па и српските, како на пример, сите дела на Вук Караџиќ,
многу монографии за српски манастири, речници, прирачници, педагошки
трудови.
76
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Во учебната 1937/38 година, како подарок, француската Влада,
преку Министерството за просвета, испратила 158 книги печатени на
француски јазик. Освен донирања од видни државни установи, постоеле
и донатори од битолското граѓанство, поточно од луѓе на власта, како на
пример великиот жупан на Битолската област, кој во учебната 1929/30
година подарил 10 книги и 2-3 примероци од списанието „Братство“,
издание на Друштвото „Св. Сава“. Исто како донатор се спомнува Свето
Матиќ, пом. управител на Народната библиотека во Белград, кој испратил
поголем број стручни списанија и книги. Уредникот на весникот „Трговски
гласник“ исто така се споменува како дарител. Сепак, сите книги не
останале во наставничката библиотека, туку биле класирани и дел од нив
биле доделени на ученичките библиотеки.
77
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
Ученичката библиотека при Битолската гимназија
Ученичката библиотека била со побогат книжен фонд од
наставничката. Нејзиното постоење може да се следи до учебната 1925/26
година. Зошто понатаму не фигурира, не ни е познато и не е забележано
во гимназиските извештаи. Веројатно затоа што во учебната 1929/30
година била новоформирана и обновена, а книжниот фонд, исто како
и во наставничката библиотека, бил набавуван преку донации. Првиот
фонд на литература бил подарен од Министерството за просвета и од
Народната банка во Белград. Тогаш биле пренесени книги што биле
дупликати од наставничката во новоформираната ученичка библиотека.
Покрај Министерството за просвета, книги подарувале мошне често и
разни српски национални друштва, како на пример Главниот одбор на
Друштвото „Св. Сава“. Ова Друштво испратило извесен фонд книги,
претежно со национална содржина, на сите средни училишни библиотеки,
кои книги требале да послужат како основа за идниот книжен фонд.
Колку ова Друштво било загрижено за библиотеките во средните
училишта со српска литература, нека послужи податокот дека од вкупно
13 подарени фондови, 10 биле испратени за училиштата во Македонија.
Без оглед на сите донации, книгите биле претежно од српски писатели
или странски писатели преведени на српски јазик. Литературата со
научна содржина или била незначителна, или ја немало во ученичките
библиотеки.
Новоформираната ученичка библиотека, и покрај сите донации,
имала скромен книжен фонд. За сето време на своето постоење фондот не
се збогатил многу и се движел до 330 книги во 414 примероци.
Извесен чекор во збогатувањето на ученичката библиотека
направила професорката Катарина Коцјанчиќ која, како раководител, од
сите ученици во Гимназијата собрала 6680 динари, со кои биле купени два
шкафа и нови книги, претежно литература за учениците од пониските
класови.
Најмногу книги користеле учениците од повисоките класови зашто
на учениците од пониските литературата не им била за нивна возраст и им
била нејасна и некорисна.
Така, според една статистика, учениците од првите класови
прочитале 182 книги, од вторите 220 книги, од третите 263 книги, од
четвртите класови 185 книги, или вкупно 850 книги.
Учениците од повисоките класови (од V до VIII) претежно
78
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
користеле литература од библиотеката на гимназиската училишна
Литературна дружина „Св. Кирил и Методиј”.
Библиотеката на Литературното друштво
Св. „Кирил и Методиј“ во Гимназијата
Учениците надвор од училиштата настава, а во склоп на
Гимназијата, учествувале во бројни организации и друштва. Ги имало
повеќе, а едно од нив било и Литературната дружина „Св. Кирил и
Методиј”.
Оваа Дружина била најстара од сите други. Почетокот на нејзината
работа забележана е на 11 мај 1914 година, кога била и формирана, меѓутоа
со сè уште непотврдени правила. Членови на Дружината биле ученици,
најмногу од горните класови. Тие редовно одржувале состаноци на кои
биле читани лични творби, критики, преводи на делови од литературни
дела од француската, грчката, англиската, турската, германската
книжевност. По опстојни анализи, пофални или негативни критики,
некои од најдобрите, било лични творби или преводи, биле печатени во
списанието „Глас омладине с југа“.
Состаноците на Дружината биле одржувани во просториите
на Гимназијата на кои редовно присуствувал професорот назначен
од наставничкиот совет за раководител на истата. Професорот
– раководител, освен што се грижел за редот и дисциплината на
состаноците, внимавал да не дојде
до некоја пројава кај учениците на
национална или социјална лево
ориентирана политичка агитација.
Почнувајќи од учебната 1936/37
година, Литературната дружина,
освен читање на лични творби,
преводи и критики, преминала и кон
обработка не само на литературни,
туку и на економски, социолошки,
општокултурни теми. Во дискусиите
што се воделе после излагањето на
ученикот по некоја тема, учениците,
претходно подготвени, ги изнесувале
79
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
своите забелешки. Притоа тие го истакнувале своето знаење, умешноста
во изразот, ораторството, вештината да ги постават и да одговорат
на поставените прашања. За таа цел учениците во своите подготовки
морале да прочитаат многу книги или статии од списанија. Со оглед
дека во Гимназијата, непосредно во годините пред Втората светска војна,
се беа оформиле две идејни и национални спротивставени ученички
групации, односно едната прорежимска, големосрпска, поддржувана
од гимназијалната власт и другата национално македонска и лево
ориентирана, на состаноците често се судирале во мошне бурните дебати.
Српската групација, на чело со Братољуб Антиќ, исто така се подготвувала
за да ù се спротивстави на македонската групација. Особено Антиќ бил
и надарен и трудољубив ученик, па, за да биде надминат во дебатите,
требало уште повеќе и знаење и умешност. Таквата способност ја имал
ученикот од Прилеп, Борка Талески-Модерното.
Тој ги поседувал сите квалитети на еден лидер. Бил солидно
образован, начитан, дружељубив, одличен организатор и бестрашен.
Кон него се приклучиле скоро сите дојдени ученици што се школувале
во Битолската гимназија од соседните градови: Кичево, Ресен, Охрид,
Кавадарци, Прилеп и др., како и месните битолчани. Во дебатите, кои
често биле успешни за македонската групација, учениците се чувствувале
сплотени, единствени и покрај тоа што на другата групација надзорниот
професор Милорад Вујовиќ бил секогаш наклонет. Всушност, во
дебатите победувал македонскиот дух изразен преку младата генерација.
Поинтересно било тоа што придојдените Срби, односно нивните деца,
дружејќи се со мештаните, увиделе дека овој народ не е нивни, па некои
од нив се придружувале на македонската групација, особено по социјално-
политичките прашања. Меѓу таквите ученици се истакнале Малис
Стратос-Протиќ, Новак Миљаниќ и некои други.
Литературната дружина „Св. Кирил и Методиј“ имала одлична
соработка со соодветните дружини од средните училишта во Битола,
односно со таа во Трговската академија „Иван Гундулиќ“ и таа во
Богословијата „Братство“. Овие дружини организирале меѓусебни
литературни средби, на кои не еднаш доаѓало до остри дебатни дуели,
особено ако и темата била провокативна, како на пример „Што ни дала
западната култура?“, „Лартпурлартизмот“, „Само мирот овозможува мир
и напредок на народите“, „За постанокот на светот и човекот од научен и
религиозен аспект“. 3а да се земе учество во дебати по вакви теми и слични
на нив, учениците − учесници морале многу да прочитаат од соодветната
80
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
литература од природните науки за Дарвинизмот, за филозофијата,
Маркс, Ниче, книги од социологијата, етиката, естетиката и сл. Само
солидно подготвените влегувале во дуел со противничкиот табор и во
своите критики биле немилосрдни. Оделе до крај во своите напади против
ненаучноста и шовинизмот. Литературата за подготовки на учениците во
најголем дел ја имало во библиотеката на Дружината. Оваа Библиотека ѝ
припаѓала исклучиво на Литературната дружина и била формирана кога и
самата Дружина, т.е. во 1914 година, меѓутоа, според еден извештај од 1929
година, таа била формирана на 24 мај 1915 година кога се слави и патронот
на Дружината, денот на светите браќа Кирил и Методиј.
Внатрешната управа на Библиотеката била раководена исклучиво
од ученици.
Раководното тело, како и библиотекарот, биле избирани на
годишните собранија на Дружината. Во прво време Библиотеката се делела
на нижа и виша, поточно книги за нижите класови (I − IV) и виша за
класовите од V до VIII. Согласно на поделбата, биле избирани и соодветни
библиотекари, т.е. двајца ученици − едниот за нижите, а другиот за
вишите. Тие работеле одвоено, почнувајќи од учебната 1934/35 година по
четири библиотекари, и тоа само за вишите класови, за секој клас по еден.
Зачленетите ученици во Литературната дружина плаќале
членарина. Тоа бил еден дел од приходот, а другиот бил приходот од
даваните претпладневни забави за учениците кои завршувале со игранка.
Тоа биле прочуените матинеа. Биле давани и драмски претстави кои
носеле исто така добри приходи. Од разните приходи биле купувани
книги, шкафови, биле подврзувани книгите што се распаднувале и
сл. Така, на крајот од учебната 1936/37 година вкупните приходи на
Дружината изнесувале 7364 динари, од кои за подврзување и коричење
биле потрошени 200 динари, за купување нови изданија 4026 динари
и за шкаф 608 динари. Слично било и во учебната 1937/38 година кога
од приходите 4865,50 динари, за нова литература било потрошено 3229
динари. И во наредните години состојбата била слична, со што книжниот
фонд перманентно се збогатувал, така што на крајот од учебната 1939/40
година, достигнал 1310 наслови, претежно дела на српски автори, но
имало и дела од хрватски автори, како на пример од Аугуст Шеноа, Анте
Ковачиќ, Шимуновиќ, Ѓалски и др. Од странските писатели биле застапени
руските класици: Лав Николаевич Толстој, ФјодорМихајлович Достоевски,
Иван Тургењев, Гогољ, Пушкин и др.
Од српските писатели бил застапен Скерлиќ со неговите целокупни
81
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
дела, 40 книги со сите српски писатели, XXXV коло на „Српската
книжевна задруга“, доста дела од автори застапени во Нолитовите
изданија, списанието покренато од македонски активисти во Скопје „Луч“,
изданијата од таканаречената Библиотека „Наша књига“ и др.
Односот на членството, посебно на раководителите на
библиотеката, бил мошне совесен и одговорен. Тие секоја година
одвојувале средства за опрема на библиотеката, за купување нови
изданија, за подврзвање, коричење, исплата на долговите спрема лицата
што вршеле некаква услуга, редовно прибирање на членарината и сл.
Издавањето на книги се вршело четирипати месечно, и тоа двапати
за V и VI клас и два пати за VII и VIII клас.
Библиотеката постоела сè до постоењето на српската окупаторска
власт во Битола. По капитулацијата на Кралството Југославија, во
април 1941 година, книжниот фонд, главно, останал во просториите на
Гимназијата.
За Литературната дружина и нејзината работа, тогашниот ученик
Коле Чашуле во едно свое сеќавање, запишал: „Есента 1933 година станав
ученик на петти клас во Битолската гимназија. Беше тоа време необично
тешко за нашиот народ. Националното угнетување беше во полн ек. Како
последица на денационализаторската политика на шестојануарската
диктатура на кралот Александар, која сè уште траеше, во цела Македонија
имаше само три потполни гимназии: во Скопје, Тетово и Битола. Поради
тоа цели краишта не даваа ни по еден завршен средношколец годишно. Од
мојот роден град Прилеп и од целата прилепска околија во генерацијата
пред мојата имаше само еден гимназист, а во генерацијата пред неа само
четворица, додека во мојата бевме петмина...
Стопанската криза, која сè уште владееше во целата земја, беше
друга причина поради која малку младинци можеа да се школуваат.
Но, за среќа, токму тие години ...студентските друштва „Вардар“
на универзитетите во Белград и Загреб, иако работеа во полуилегални
услови, сè повеќе го ширеа своето влијание меѓу младите луѓе во
Македонија. При секој школски распуст студентите и средношколците
донесуваа во Македонија легална и илегална марксистичка литература...
Во самата Битолска гимназија беше Кузман Јосифовски-Питу, кој во
школската 1933/34 година беше ученик во VII клас. Меѓу легалната
литература многу се читаше збирката романи на ’Нолит‘, што ја уредуваа
Павле Бихаљи и Милан Богдановиќ, некои изданија на загрепска
’Минерва‘ и ’Епоха‘, а особено ефикасно делуваа статиите од списанијата
82
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
’Стожер‘, под редакцијата на Јован Поповиќ и ’Данас‘ на Мирослав
Крлежа и Милан Богдановиќ. Впрочем и книгата полемики на Крлежа
’Европа данас‘, како и целокупното негово творештво и делата на Август
Цесарец беа наше тогашно четиво. Се препорачуваше и Енгелсовиот
’Анти Диринг‘, некои прирачници за основите на Марксизмот, книгата на
Филип Филиповиќ ’Развитокот на општеството‘, некои творби на Ленин
во кои како автор беше означен само Владимир Илич, брошурата ’За
македонската нација‘ од Коста Веселинов, списанието ’Македонски вести‘.
Извонредно влијание укажа алманахот ’Средношколец‘, кој одговараше на
сите горливи проблеми на тогашната средношколска младина, упатувајќи
ја во организирање на младинското антифашистичко движење.
Во такви услови никна решеноста на дел од битолските
гимназисти да се спротивстават на режимската шовинистичка
атмосфера... На планот на литературата царуваше принципот на
’уметност заради уметност‘. Врховен жрец на естетскиот вкус и највисок
литературен дострел беа стихотворбите на Јован Дучиќ, антологијата
на Богдан Поповиќ и збирката со Дучиќевите есеи ’Богатството на царот
Радован‘. Сè што се пишуваше во литературната дружина беше главно
празнословно епигонство на Дучиќ и Ракиќ. Предимно се пишуваа
патетични великодржавни стихови или наивна љубовна версификација.
Критиката се вртеше околу педантериско плеткање на јазични и стилски
фигури. За некаков општествен и културен интерес, надвор од тесно −
белетристичката рамка не можеше да станува збор...
При крајот на мај 1936 година група тогашни ученици на седмите
класови, меѓу кои беа: Мирче Ацев, Драги Тозија, Андреја Савевски (кој
загина како партизан во 1944), Христо Дума, Горѓи Филиповски, Давид
Романо (убиен од нацистите во концентрациониот логор Треблинка во
март 1943), Исак Леви, Борис Чеврески, Васил Беака, Тасо Георгиевски,
Иван Стрезовски, Томе Ангелевски и авторот на овие редови се спогоди
за потполно преземање на раководствата во сите гимназиски организации
во следната учебна година... На 21 септември 1936 година за првпат
Литературната дружина доби раководство со леви разбирања: претседател
Илија Милчин, VIII клас; потпретседател Малис Стратос-Протиќ, VII;
прв секретар Новак Миљаниќ, VII до крајот на декември 1936, а оттогаш
Ѓорѓи Цаца, VII; втор секретар Сарина Песо, VI; прв книжничар Тасо
Георгиевски, VIII; втор книжничар Перо Лештар, VII; трет книжничар
Александар Светија, VI; четврт книжничар Александар Савиќ, V;
претседател на литературниот одбор Давид Романо, VIII; прв член
83
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
Хедвига Јаугуст, VII; втор член Борка Талески, VI (загинат народен херој);
претседател на надзорниот одбор Христо Дума, VIII; прв член Асен Групче,
VII; втор член Велко Јовановски, V клас...
Иако надмоќноста на левите младинци беше очевидна, сепак
постоењето на два-тројца Љотиќевци во шестите класови создаваше
потреба од ожесточена идејна борба за потполно искоренување на
фашистичките терори од редовите на гимназистите. Во тоа со своите
писмени состави и усмената дискусија, освен досега споменатите другари,
се истакнува уште и: Коле Чашуле (VII клас), Александар Ристевски (VI),
Мишко Радосављевиќ (VI), Маргарита Стрезовска (VIII), Киро Хаџи-
Василев (VII), Мито Хаџи-Василев, Дончо Шиндил (VI), Ангелица Робева
(VIII), Лилјана Чаловска (VII), Димче Тошев (VII), Зоран Пјаниќ (V),
Гаврил Гавриловски (VII) и други. Меѓу сите другари од овој период не
можам да не ја подвлечам белетристичката надареност на Давид Романо
и идејно-естетската подготвеност на Борка Талески. Посебен белег во
работата на литературната дружина беше грижата за одгледување на усна
полемика. Дискусиите на разни теми, како на пример: ’За феминизмот‘,
’За другарството‘, ’Дали е секој човек ковач на својата среќа?‘ (наслов под
кој, всушност, се дискутираше за детерминизмот), ’Каква литература ми
се допаѓа и зошто?‘ беа необично остри, темпераментни, долготрајни и
изобилуваа со брилијантни говорнички искажувања.
Резултатите од вака ориентираната дејност на литературната
дружина наскоро се покажаа. Речиси немаше ученик од вишите класови
кај кого и во самите писмени задачи не се пројавуваа левичарски погледи
на светот, на општеството, марксистичките идејно естетски поимања за
културата и уметноста. Наставничкиот совет на Битолската гимназија,
која тогаш уживаше глас на една од најстрогите гимназии во целата
земја, како во однос на дисциплината, уште повеќе во критериумите за
оценување на ученичките знаења, безуспешно се обидуваше да го запре тој
бран на ’комунизирање‘, како што го дефинираа режимските професори.
Меѓутоа, младината од Битолската гимназија продолжи по избраниот пат
и премина на формално организирање, образувајќи скоевски групи во
вишите класови.
Сеќавајќи се денес за овој предвоен период на Битолската
гимназија, радосен сум што можам да кажам дека генерацијата на која
ù припаѓав чесно го исполни својот тогашен долг спрема својата земја и
својот работен народ“.
84
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Библиотеките во Битолската богословија
Во периодот на српската окупација на Битола делувала и Српската
православна црква. Таа кон Македонија и Македонците имала сосема
негативен став. Со големи суми пари успеала македонските епархии
од вардарскиот дел на Македонија да ги оттргне од ведомството
на Цариградската патријаршија и да ги припои кон себе, па да ги
прикажува како српски. Потоа српската црква испратила во вардарскиот
дел на Македонија свои свештеници, кои дошле заедно со останата
окупаторска војска, жандармеријата, судството итн. Всушност, Српската
православна црква била дел од целокупниот окупаторски апарат во
Македонија. Дотогашното свештенство што ù служело на Егзархијата или
Патријаршијата или било протерано, или им било одземено правото на
служба, или истото било принудено да ù служи на новата господарка. Така,
потребата од свештенство во окупираните територии било потребно брзо
да се реши. Во таа насока српскиот битолски митрополит Јосиф презел
широка акција за отворање Православна богословија во Битола. Согласно
иницијативата на митрополитот, брзо се произнесол Министерскиот совет
на Кралството на СХС, односно на 5 октомври 1921 година во градот била
основана Српска православна богословија со патрон „Св. Јован Богослов“.
Богословијата, иако била основана во октомври, поради ред проблеми
(инвентар, кадар и сл.), со редовна работа почнала дури на 26 февруари
1922 година.
Во Богословијата биле примани ученици со завршено IV одделение,
и тоа најчесто се запишувале деца од попски семејства кои на тој
начин ја продолжувале семејната традиција, како и деца на сиромашни
родители. За учениците-богословци бил организиран интернат зашто
тие главно биле од други места − селата и градовите подалеку од Битола.
Богословците учеле до VIII клас гимназија со дополнителни теолошки и
други предмети во Богословијата.
За потребите на учениците и професорите од неопходна
литература, времениот застапник на ректорот Д. Илиќ ги презел првите
чекори за создавање две библиотеки − професорска и ученичка.
85
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
Професорската библиотека
Книжниот фонд на професорската библиотека бил мошне
богат и тоа особено со книги од српски и руски автори. Литературата
се набавувала по пат на дарителства и купување. Така, професорската
библиотека ги имала списанијата „Духовна стража“, „Летопис матице
српске“, „Гласник скопског научног друштва“, „Гласник Српске
православне патријаршије“, „Братство“, „Богословље“, „Нова Ревија“,
„Богословска смотра“, „Старокатолик“, „Гласник етнолошког друштва“,
„Гласник историског друштва“ (Нови Сад), „Гласник југословенског
професорског друштва“, „Новине Српске цркве“, „Мисао“, „Наш језик“,
„Напредак“, „Нови источник“, „Преглед Жичке епархије“, „Преглед Нишке
епархије“, „Православни браник“, „Светосавље“, „Уметнички преглед“,
„Хришћанска мисао“, „Хришћанско дело“ и др.
Наставничкиот совет при Богословијата вршел и други активности
во ширење на литературата меѓу учениците-богословци. На учениците
кои биле бедни и немале можности да купат книги, преку библиотеката
им биле подарувани книги. Богословската библиотека имала многу
донатори, па нивните донации во книги ги распоредувала како подароци
на бедните ученици. Како донатори на книги во учебната 1932/33 година
се споменуваат: Светиот архиерејски синод на Српската православна
црква, Нишкиот црквен суд, Стопанската задруга на Нишката епархија,
господинот Момчиловиќ − окружен инспектор во Битола, Никола
Ивановиќ, Милан Вапа, Првото пејачко друштво од Белград, Здружението
на воените инвалиди, Миленко Дивац − адвокат во Битола, Кирило Јаниќ
− инспектор при Министерството за просвета – Белград, Братството
„Свети Сава“ − Сараево, Веселиновиќ Амвросиј − јеромонах, Земскиот
музеј − Сараево, Ивановиќ Милева − учителка, Јовановиќ Мирко −
професор, Керн Кипријан − архимандрит, Крстиќ Петар − композитор,
Кралската банска управа − Скопје, Кредитната задруга на професорското
друштво − Белград, Костиќ Василије − јеромонах, Министерството за
внатрешни работи − Белград, Министерството за просвета − Белград,
Народна банка − Скопје, Охридско-битолскиот епископ, Поповиќ
Михајло, Спасиќ Атанасија, д-р Стојадиновиќ Милан − претседател на
кралската влада и неговата сопруга Аугуста, Соколската жупа − Скопје,
Таса Урошевиќ, Фондот на митрополитот Јосиф и фирмата „Марковиќ-
Павловиќ“ − Белград.
Сите книги биле печатени на српски јазик, па така ненасилно тој се
86
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
ширел меѓу македонските богословци, што била и цел на окупаторскиот
систем.
По распадот на Кралството Југославија во април 1941 година,
книгите биле пренесени и сочувани во Битолската митрополија.
Српските библиотеки, читалишта, задруги
Министерство за просвета на Србија многу сериозно се зафатило
да продира насекаде, не само со училишта, туку и со средствата блиски до
селското население. Читалиштата каде се читале книги на српски јазик и
библиотеките, најчесто прикрепени од училиштето или читалиштето и
селските задруги, иако со економски предзнак меѓу селското население, ја
ширело книгата чисто со стручни упатства и сл.
Така, уште во далечната 1921 година, власта отворила библиотеки
во селата Бабино, која имала дури одобрени правила (3.III 1921 год.),
Породин, Дихово, Добрушево, Смилево, Мренога. Целокупната грижа
околу читалиштата ја имал Отсекот за народно просветување − Одделот
за основна настава и Средношколскиот одбор при Министерството за
просвета. Министерството, преку обласните просветни инспектори,
на кои секогаш во пресрет им излегувале Месните одбори за народна
просвета, ги спроведувало акциите на село преку основање библиотеки
и читалишта. Согласно планот на Министерството за просвета, биле
изработени правила по кои требало да се постапува при основањето на
овие просветни установи. Така, под бр. 1 стоело да се набавуваат книги,
списанија и весници; под бр. 2 − библиотеката или читалиштето требало
да ги опслужува читателите со постојниот книжен фонд; под бр. 3 − во
зимскиот период да се организираат и приредуваат седенки; под бр. 4 − да
се држат предавања за народното здравје и културните навики; под бр. 5
− да се организираат аналфабетски курсеви за неписмените; под бр. 6 − за
жените да се организираат курсеви по домаќинство и под бр. 7 − да градат
сопствени куќи.
Според некои податоци во битолската област, во периодот од 1921
до 1928 година биле отворени 26 народни библиотеки, со приближно
2860 книги, или пресметано по книга на жител, во областа доаѓало на 119
жители по една книга.
Од 1929 година Битола прераснува во околија и, според пописот
од 1930/31 година, во Околијата постоеле пет народни библиотеки и
читалишта, и тоа во општините: Барешанска − една библиотека заедно со
87
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
читалиште, Брусничка − исто со една библиотека и читалиште, Буковска
− со две народни библиотеки и читалиште и Драгошка − со една народна
библиотека и читалиште.
Во наредните години 1932 − 1936 се зголемил бројот на
новоотворените библиотеки и читалишта во селата Буково, Драгош,
Дихово, Ореово, Породин и др.
Мошне слаби изворни податоци има за библиотеките и
читалиштата по селата. Така, за селото Брусник забележано е дека месниот
учител Симо Велјановиќ од книгите за школска лектира, чиј фонд бил
повеќе од скромен, го оформил селското читалиште со спомнатата
библиотека. Литературата се состоела од дела на српски автори, односно:
Јанко Веселиновиќ, Лаза Лазаревиќ, Радоје Домановиќ, Глишиќ и др. За
читалиштето во селото Дихово се знае дека располагало со 150- тина до
200 книги меѓу кои „Робинзон Крузо“, „Ето сунца“, „Пеколот“ од А. Барбис
и др. Членскиот влог за читателите бил пет динари. Читалиштето добро
работело. 3а селото Смилево постои податок дека читалиште е отворено
во 1933 година. Читалиштето имало свој Управен одбор. Во село Гопеш
во склоп на читалиштето имало театарска група и биле давани претстави
како „Коштана“, „Гостилничари“
и др. Ова читалиште било
основано во 1951 година.
Во селото Ротино постоело
читалиште со посебна просторија
и библиотека. Од книгите
забележана е „Задружен буквар“.
Во ова село учител бил Драгољуб
Мурганиќ кој се дружел со
македонските учители Илија
Јанкуловски, Борис Стрезовски,
Тодор Ангелевски, Пенко
Здравковски, сите опфатени
од левичарската комунистичка
идеологија и од македонизмот.
Тие заеднички слушале радио-
вести, па така читалиштето
било помасовно посетувано и од
месните жители.
За селото Бистрица се
88
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
спомнува дека имало читалиште во 1934 година, за Канино дека само
постои и за село Барешани дека се именува „Победа“.
Во периодот од 1937 до 1941 година во Македонија, па и во
Битолско, се јавуваат таканаречените набавно-продажни задруги со свои
читалишта и библиотеки. Најчести иницијатори за овие задруги биле
учителите. Голем дел од нив, особено во Битолско, опфатени со програмата
на Комунистичката партија на Југославија, во која покрај економски
и политички слободи се прокламирале и национални слободи. Токму
тие национални слободи кои власта му ги ускратувала на македонскиот
народ, биле примамлива идеја за Македонците. Така, во Битолско
учителите основаат такви задруги во чии простории биле и читалните и
библиотеките. И за задругите изворни податоци има сосема малку. Во
бројните хроники од Битолско хроничарите не обрнале доволно внимание
да ги одбележат. Кај некои се знае само годината на основањето, како за
селото Смилево 1933 и ништо повеќе, во Породин 1925, во Велушина 1932
и се именувала „Задругар“, во село Лажец 1932 година, во селото Стрежево
1938 година, во селото Ѓавато 1938 година. За оваа задруга постојат повеќе
податоци.
Селото Ѓавато своевремено било големо, со девет маала, бројно
население и доста жители − печалбари. Печалбарите од САД, Франција,
задоени со слободарски идеи, враќајќи се во селото брзо се зближиле со
месните патриоти со левичарска идеологија со заедничка платформа −
антифашизам и национална слобода. Непосредно пред Втората светска
војна во селото учители биле Тодор Ангелевски од битолското Лавци и
Илија Јанкуловски, кои биле организирани лица во противрежимскиот
систем. Печалбарите и учителите, преку разни дискусии, дошле до
заклучок дека за селаните ќе биде подобро да си формираат своја задруга,
со што артиклите што ги набавувале од приватните бакали би биле
поефтини, а селаните би имале и свое врталиште во долгите зимски дни.
Кога повеќето селани ја прифатиле ваквата идеја, учителите ги подготвиле
пропишаните од власта правилници, по што било свикано и основачко
собрание во просториите на селското училиште. На собранието, според
прописите, бил избран Управен одбор во состав: Коле Бендев (печалбар)
за претседател, Илија Јанкуловски (учител) за книговодител и Методија
Мацанов (работник) за магационер. Мацанов целиот живот го минал
осамен најмногу со книгата. Тој во селото важел за многу образован и
чесен човек.
Задружните простории се наоѓале во зградата на бившата општина
89
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
на селото која била напуштена. Меѓутоа, со збогатување на дејностите на
Задругата, просториите станувале сè потесни, па на едно собрание решиле
самите да си направат задружна зграда. Решението било спроведено во
дело, во што предничеле младинците.
Покрај купопродажната дејност, Задругата, во 1939 година, станала
собиралиште скоро на сите жители од селото. Тоа дошло како резултат
на купеното задружно радио на батерии, на кое најчесто биле слушани
вестите од земјата и светот кој веќе бил опфатен со воени дејствија.
Напоредно со сите активности во Задругата била основана задружна
библиотека, за што голема заслуга, покрај учителите, имал и магационерот
Методија Мацанов. Книжниот фонд во прво време бил скромен. За
збогатување на библиотеката мошне придонесол лавчанецот, учителот
Тодор Ангелевски кој носел претежно политичка литература: „Леб“ од
Алексеј Толстој, „Широм света“, „СССР у слици и речи“, „Шта сам видео
у Совјетском Савезу“, „Сила природе и моћ људи“, „Наша реч“, „Народна
задруга“, дневните весници, изданијата на седмата сила, а биле набавени и
Нолитовите изданија. Покрај легалната литература, во Задругата постоела
и литература која била забранета од власта. Таквата книга се давала само
на сигурни луѓе и тоа „под рака“. Особено младинците се интересирале
за механизацијата во Советскиот Сојуз, нејзината употреба во селското
стопанство. Мацанов, кој веќе бил покрај магационер и библиотекар,
умеел на секого да му одбере книга по неговиот афинитет. Дејноста на
задругарите ù паднала в очи на власта, па Мацанов бил викан на разговор
во полициската станица во соседното село Кажани. Учителите Тодор
Ангелески и Илија Јанкуловски во Задругата умееле да поткренат такви
интересни прашања за жителите на селото, во која дискусија се впуштале
оние лица кои нешто прочитале, а останатите чувствувале дека и тие треба
по нешто да прочитаат како би биле запознати со настаните во светот.
Задругарството во Битолско мошне напреднало, така што задругите
ги имало во многу битолски села. Тие прераснале во вистински расадници
на антифашистичкото движење, како легални центри за илегална
политичка дејност.
Во периодот 1939 − 1940 година биле формирани младински
воспитни групи во селата кон грчко-југословенската граница, односно
во селата Драгош, Граешница, Велушина, Бистрица, Породин. Тие биле
раководени од илегалниот Реонски комитет на Месниот комитет на КПЈ.
Овој комитет водел сметка за „...обезбедување редовни финансиски
приходи. Еден од изворите на парични средства се наоѓаше во задругите.
90
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Сите вишоци во касата на задругите одеа во корист на Комунистичката
партија за културно-просветна дејност (за библиотеките и слично)“.
Илегалните библиотеки во Битола
Илегалната библиотека на Студентскиот клуб во Битола
Напредните ученици од Битола и Битолско кои завршувале средни
училишта го продолжувале своето образование на факултетите во
Белград и Загреб. Таму тие се вклучиле во противрежимските студентски
кругови. Некои од нив ги прифатиле демократските прозападни сфаќања
за општественото уредување, додека некои ја прифаќале комунистичката
идеологија. Но и едните и другите биле на македонска линија.
Битолските студенти, кога за време на летните или зимските
распусти се враќале во Битола, се среќавале со свои другари, најчесто
ученици во погорните класови, дискутирале со нив за состојбите во
светот и во Кралството Југославија. Тие средби биле спонтани, случајни,
приватни. За да имаат свое собиралиште, некои поактивни студенти
решиле да формираат свој студентски клуб или здружение каде би
се наоѓале и средбите би им биле поцелисходни. Тогаш би можеле
да организираат приредби, забави и сл., со што би се доближиле до
битолското население и би имале поблиски контакти со него. Населението,
пак, во Битола, кое за време на Првата светска војна најмногу настрадало,
било живо заинтересирано што ќе стане ако избувне војна и од студентите
како пообразовани очекувало некои вести.
Откако било решено да се организираат, првично била изнајмена
една просторија за идниот клуб, која се наоѓала наспроти Офицерскиот
дом, а која претходно била дуќан на приземје и кат. Долната (една)
просторија била ангажирана за Клубот. Во неа имало една маса, еден
шкаф, неколку шах табли и пинг-понг маса. Просториите на Клубот биле
на видно место и претставувале еден вид магнет да се посетат како од
студентите, така и од ученици и работници кои меѓу студентите имале
свои другари. Клубот или Здружението било дефинитивно со правила
и сè што било неопходно да се претстави пред власта, било оформено во
1934 или 1935 година. Студентскиот одбор набрзо формирал хор, мала
драмска секција и библиотека. Постепено студентите дошле до она што
го применувале во меѓусебното дружење, т.е. размена на мисли по разни
91
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
прашања, врски со населението и дружење. Клубот бил посетен од сите
постојни битолски националности, односно од Македонците, Власите,
Евреите, Турците. Меѓу сите нив особено бил активен студентот од
еврејско потекло Леон Ишах. Покрај што бил природно со натпросечна
интелигенција, тој бил и добар другар и добар организатор.
Библиотеката на Клубот се состоела од два дела − едниот легален,
а другиот илегален. Легалниот книжен фонд на Клубот содржел околу
стотина книги, додека илегалната библиотека поседувала триесетина
книги. Тие биле повеќето донесени од Белград, Загреб и Марибор. Од
белетристиката најчитани биле авторите Травен со „Берачите на памук“,
Ерих Марија Ремарк со „На запад ништо ново“, Џек Лондон со „Мартин
Идн“. Имало и некои марксистички и филозофски книги.
Книгите од илегалната библиотека биле чувани кај секретарот на
Клубот, мал дел во самиот клуб. Тие книги биле давани за читање само на
сигурни лица. Обично ваквите книги оделе од студент до студент, односно
од рака на рака, не биле враќани во Клубот, се пренесувале од еден на друг.
Меѓутоа, за тоа примопредавање морал да биде информиран секретарот
и без негово одобрение не се давала книгата секому. Тој водел евиденција
како се движат, кај кои лица се книгите. Некои книги биле користени
како од работниците така и од учениците на Трговското училиште и
Гимназијата. Работничката младина најчесто, после прочитувањето на
некоја книга во своите организирани читателски групи „...ги разгледуваа
задачите теоретски и слични написи. Еден дел од весникот ’Раднички
тједник‘, кој излегуваше во Загреб, им го предаваше на напредните
битолски студенти со кои најтесно соработуваа преку Студентското
здружение – Клуб, се разбира преку конспиративни средби... Повеќемина
работници го посетуваа Студентскиот клуб“.
По заминувањето на постарата генерација студенти, како Јосиф
Христовски-Ѕвончаро, Теодор Петрашинку, Кирил Миљовски, Сотир
Саранди и др., Студентското здружение − клуб и натаму било стожер на
прогресивните во градот. Настапувала помладата генерација студенти,
меѓу кои; Цане Светија, Лилјана Чаловска, Ѓорѓи Доти, Христо Дума, Илија
Топаловски, Давид Романо, Стеван Наумов – Стив, Крум Хололчев, Елпида
Караманди и др.
Членството на Здружението било определено на македонска линија
и за социјална правда, за рушење на постојната големосрпска власт. На
излетите во природа најчесто биле читани и рецитирани песните на
поетите Кочо Рацин („Ленка“), Венко Марковски („Бие дванаесет“), Коле
92
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Неделковски („Работник“, „1941“) и Христо Смирненски („Црвените
ескадрони“).
За тоа време еден негов член запишал: „Преку Студентското
здружение, Трајан за прв пат ја доби стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо
Рацин. Таа книшка веднаш го привлече вниманието на сите прогресивни
студенти во Битола со својата уметничка вредност. Фактот што таа
беше пишувана на убав македонски јазик ги воспалуваше македонските
национални чувства кај младите луѓе... Во една прилика Стив Наумов на
Трајан му даде шапилографирана студија за богомилите за која рече дека е
напишана од Кочо Рацин“.
За целокупниот фонд на книги што ги поседуваше библиотеката на
Клубот ништо не ни е познато.
По разбивањето на Кралството Југославија и окупирањето на
Битола од бугарски фашистички сили, работата на Здружението била
забрането и како такво тоа престанало да постои. Тогаш скоро целиот
инвентар бил префрлен и отстапен на тогаш формираната Женска
потребителна кооперација која го заменила Здружението на студентите.
Исто и библиотеката од Клубот била поделена на два дела: едниот дел бил
отстапен на Женската кооперација, а другиот, кој припаѓал на илегалната
библиотека, бил сместен во приватните станови на бившите членови
на Здружението, кои продолжиле да соработуваат со членовите на
Кооперацијата и таму, во нивните простории, да се собираат и дружат.
Илегалната библиотека при битолската Гимназија
Во предвоениот период во Гимназијата се издвојувале две групи
ученици и професори: едните прорежимски, другите антирежимски. Во
последните биле учениците Македонци и некои професори, меѓутоа тие
биле сосема мал број. Тие групи често се судрувале идејно во меѓусебните
разговори или во дебатите. Така кога се дискутирало за лартпурлартизмот
прорежимската групација била „прегазена“. Слично било и на други теми
кога се дискутирало, особено за прашањето на фашизмот и војната што
се водела во светот. За да го постигнат тоа, учениците многу учеле од
прочитаното. Просто постоел еден вид натпревар во читање книги. Нив
најчесто ги позајмувале од гимназиската библиотека, меѓутоа оние со
марксистичка или антифашистичка содржина ги добивале од илегалната
библиотека во Гимназијата која ја оформиле некои ученици. Библиотеката
се чувала во становите на оние ученици кои живееле под кирија и, главно,
93
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
не биле битолчани, односно Костадин Поповски, Зоре Поповски и Доне
Илиевски. Тие живееле на Баирот. „Нашиот стан беше збиралиште и
заради тоа што кај нас беше илегалната гимназиска библиотека со која ние
раководевме. Таа беше сместена на сигурно место, во една голема фиока на
масата што беше така направена надворешно да не се познава“.
Библиотеката содржела дела од марксизмот, политичката
економија, филозофијата и друга литература, како на пример: „Вовед
во политичката економија“ од М. Е. Лански, „Анти Диринг“ од Фридрих
Енгелс, „Што е филозофија“ и „Филозофија на природните науки“ од
Т. Павлов, „Дијалектика“ од Р. Голубовиќ, „Наука за настанување на
човекот“ од Љ. Живковиќ, „Основи на економската географија“ од
Хорбаин, „Умување на здравиот разум“ од В. Пелагиќ и др. Во голема
мера биле застапени Нолитовите изданија, изданијата на „Напријед“ од
Загреб. Од списанијата библиотеката ги добивала „Израз“, „30 дана“. Од
белетристиката најзастапени биле писателите: Максим Горки со „Мајка“ и
„На дното“, Николај Островски со „Како се калеше челикот“, Џек Лондон
со „Мартин Идн“ и „Железната петица“, Б. Травен со „Берачите на памук“
и „Копачи на злато“, дела од Синклер и од советските писатели Сегал и
Илин. Книжевниот фонд се збогатувал по пат на купување, со средства од
гимназиската Дружина „Коло на трезвената младина“.
Во 1940 година илегалната библиотека при Гимназијата ги доби
првите литературни творби на македонски јазик. Тоа биле „Бели мугри“
од Кочо Рацин и „Збирка песни“ од Коле Неделковски. Овие стихови
помогнале кај учениците да се зацврсти нивната национална свест.
Песните учениците ги учеле напамет, ги рецитирале на заеднички средби,
на заеднички излети, забави.
Зголемениот фонд со книги ги приморал првичните раководители
на библиотеката да ја растоварат и дел од книгите да се пренесат во други
станови кај сигурни ученици, нивни истомисленици.
По нападот на Кралството Југославија книгите од илегалната
гимназиска библиотека останале кај оние ученици кај кои илегално
се чувале. За време на бугарската окупација дел од библиотеката се
користела, но поради фашистичкиот режим мошне дискретно.
Илегалната библиотека во Трговската академија
Во трговското средно училиште во Битола исто така била
формирана илегална библиотека. Тоа го сториле самите ученици, оние
94
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
кои биле опфатени со антифашистички и комунистички идеи. Имено, тие
ученици во текот на учебните години непосредно пред Втората светска
војна, на повеќепати се судрувале со училишната власт по разни проблеми
од морална и политичка природа. Како и во Гимназијата, така и во ова
училиште прогресивните ученици, незадоволни од српскиот окупаторски
режим, создале јадро околу кое сè повеќе се собирале учениците. Во тоа
јадро како основачи биле Илија Спировски од село Избиште – Ресенско,
Мите Богоевски од село Болно − Ресенско, Трајче Грујоски од село
Раково преселен во Битола, Перо Чаушев и др. Спомнативе ученици,
прифаќајќи го марксистичкото учење за промена на општеството,
едновремено биле и членови на илегалниот СКОЈ кој единствено во тоа
време ја признаваше македонската нација и македонскиот народ како
посебен од српскиот, грчкиот и бугарскиот народ. Спомнатото јадро по
вообичаениот метод на работа со учениците, нивните едномисленици
ги организирале во воспитни и читачки групи кои подоцна станувале
скоевски. Секоја група била составена од по 3 − 4 ученици. На членовите
од групите им се препорачувало или им се давала политичка литература,
но и белетристика, особено книги кои третирале социјални проблеми.
По прочитување на
препорачаните книги,
во кругот на групите се
дискутирало, изнесувани
биле мислења и оние
поверзираните давале
насоки како да се разберат
содржините од книгите.
Еден од тогашните членови
за тоа пишува: „Добивавме
по некоја книга за домашно
проучување, но под
конспирација. Имавме
задача да учиме и да читаме
дела од светската и другата
прогресивна белетристика,
особено делата на Горки,
Синклер, Барбис, Травен,
Џек Лондон и др“. За истиот
период и за читањето на
95
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
книги од Илегалната библиотека, пишува: „...во училиштето се предаваше
од рака на рака книгата „Стварање новог света“ и др. По неа дојде
’Развитак друштваТ‘ од М. Е. Лански. Со особено задоволство Трајан
ја прочита ’Како је човек постао дивом‘, потоа ’Постанак породице,
приватног власништво и државе‘, а исто така и ’Расе и расизам‘ од
Живковиќ... Кон крајот на 40-тите години многу барани беа списанијата
’Наша стварност‘, ’Уметност и критика‘, ’Израз‘, низ кои се водеа дебати за
општествени прашања и за уметноста“.
Важноста на книгата во оформувањето на младиот човек, неговиот
карактер, доста рано ја увидел Јосиф Христовски-Ѕвончаро, кој заедно со
други ученици купувал книги, списанија и весници. „Понекогаш такви
книги и списанија се порачуваа на адреси на ученици, почесто на името на
Мите Богоевски, но се настојуваше да не се секогаш на исто име. Тие книги
се чуваа во едно ќоше во рафтовите на школската библиотека сè дури беше
библиотекар Петар Чаушевски, а тоа беше сè до крајот на 1939 година“.
Скриените книги, всушност илегалната библиотека, биле во поголемо
количество. За нив се водела посебна евиденција. За читање се давале само
на сигурни ученици, членови на СКОЈ или на водачите од читачките или
воспитните групи. Книгите биле перманентно во рацете на читачи.
Книгата направила многу за издигнување на антифашистичкиот
став кај учениците од Трговското училиште кои веднаш, со почнувањето
на антифашистичката војна, се вклучиле во Движењето и борбените
редови.
Приватните библиотеки
Во периодот меѓу двете светски војни во Битола, освен бројните
занаетчии и малкуте трговци, живееле и сосема мал број образовани луѓе
кои, главно, биле лекари, адвокати, службеници, свештеници, професори.
Повеќето од нив биле дојденци со српската власт, но имало и мештани
− битолчани. Некои од нив поседувале богати библиотеки најмногу со
стручна литература и на јазик на државата каде студирале.
Библиотеките на неколку битолски Евреи
Повеќето од битолските Евреи биле сиромашни, доста од нив
малку или полуписмени. Кај сиромашните немало библиотеки, меѓутоа кај
96
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
еден дел Евреи постоеле библиотеки. Тие Евреи обично биле библиофили.
Меѓу таквите бил и рабинот Давид Џаин, кој покрај тоа што поседувал
солидна библиотека, претежно со верска содржина, и самиот бил писател
на драмски творби. Друга видна личност со богата библиотека бил
рабинот Аврам Романо, чии синови се дружеле со битолската младина и
со нив разменувале книги. Меѓу другите Евреи што живееле во Битола,
а поседувале библиотеки, биле: д-р Моша Ѓераси, проф. Арпад Лебл
(и самиот пишувал есеи, критики и сл.), д-р Давид Барух, д-р Мирјана
Поповиќ. Покрај стручна литература, кај нив имало и уметничка со
застапени класици. По депортирањето на Евреите од сето нивно книжевно
богатство останале неколку пергаменти кои се чуваат во Музејот.
Библиотеките на Робевци во Битола
Во Битола меѓу двете светски војни постоеле две семејства Робеви:
семејството на Ефтим и Константин Робе и семејството на Кочо, со
Теодосиј Робе. Тие се наследници на старото трговско семејство Робеви
од Охрид, преселено во Битола, а истовремено и на нивната богата
библиотека која ја збогатувале со литература од нивното совремие.
Семејството на Теодосиј и Кочо Робе во периодот на Кралството
Југославија имало своја библиотека „...цела соба полна со книги“.
Библиотеките на битолските лекари
Во одреден период неколку генерации битолски лекари студирале
во познати европски универзитети. За своите практични потреби,
враќајќи се во Битола, тие со себе носеле добар фонд стручна литература.
Исто така се претплатувале на стручни списанија кои им доаѓале по
пошта дома. Така, повеќето битолски лекари поседувале свои лични
библиотеки. Меѓу нив се Александар Османли, кој студирал во Чикаго и
оттаму донесол доста книги за своја потреба. Библиотеката ја збогатувал
со домашни автори и списанија. Меѓу лекарите кои поседувале добра
библиотека бил и Анастас Христидис, по потекло од Охрид, но живеел
и работел во Битола. Неговата библиотека содржела најмногу книги од
неговата струка и скоро сите книги биле на грчки јазик, каде и студирал.
Од битолските лекари со богата лична библиотека се спомнува Михаил
Попов кој студирал во Стразбург (Франција) и со себе донесол добар фонд
книги за неговите потреби во секојдневната пракса.
97
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
Исто така и лекарот Александар Дума, кој студирал медицина во
Баварија (во градот Вирцбург), поседувал солидна библиотека од областа
на медицината. Неговите наследници, синот и внукот, ја збогатувале
истата со тоа што и тие се лекари и на високи позиции по струката во
државата. Аврам ефенди Балабан, лекар од Битола, исто така поседувал
голема библиотека, со литература од медицината на грчки, германски и
француски јазик. Неговите синови, исто така образовани, владееле со
странски јазици и ја збогатиле семејната библиотека со книги на полски,
арапски и турски јазик.
Освен лекарите битолчани, и правниците − идни адвокати, обично
студирале во странство и тие си основале свои лични библиотеки. Меѓу
нив ги наведуваме Јован Алтипармаков, кој едно време бил и министер
на поштите во Кралството Југославија. Неговата библиотека се состоела
од дела печатени на француски, бугарски, српскохрватски, грчки, турски.
Била мошне богата. Другиот правник со богата библиотека бил Анастас
Сотиров(иќ). Покрај стручни правни закони и слично, бил љубител на
убавата литература, па ги купувал изданијата на „Српска књижевна
задруга“, кои во свое време биле модерни и привлечни. Библиотеката
содржела и дела од светските класици, руски, француски. Меѓу сите
правници во Битола се издвојувал адвокатот Димитар поп Димитров,
меѓу населението популарно познат како Димко адвокатот (Лапајцата).
Неговата библиотека подоцна, по ослободувањето, ќе биде основа за
фондот на Градската библиотека.
Битолчанецот Димитар поп Димитров (1901 − 1970) уште
како дете бил љубопитен и барал да му се читаат или раскажуваат
приказни. Најмногу ја сакал „Геновева“ и „Приказните од 1001 ноќ“,
каде се спомнуваат јунаците Аладин со волшебната ламба, Али баба и
четириесетте разбојници и многу други. Како средношколец покажувал
интерес кон посериозна литература, а кога заминал на студии во
Стразбург, веќе неразделен дел е од книжевните кругови и литературните
настапи. Ги слушал настапите на писателите Тагоре, Барбис, Ромен Ролан,
Душан Недељковиќ и други. Поп Димитров не бил само љубител, туку и
солиден критичар на одредени написи и книги. Тој бил приврзаник на
модерните текови во светската литература. По враќање во Битола не
98
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
престанувал да купува книги. Многу негови литерати му подарувале
книги со свои потписи. Така, неговата библиотека во Битола била една од
најбогатите меѓу двете светски војни. Освен монографски публикации,
поп Димитров бил претплатен на списанија од Загреб, Белград и Софија.
Најмногу го инспирирале полемиките на Крлежа со српските соцреалисти
Зоговиќ, Поповиќ, Ѓилас- Антибарбарис. Во литературниот фонд, покрај
правни дела (списанија, службени весници и сл.), се наоѓале книги од
тогашните издавачки куќи како „Српска књижевна задруга“, „Нолит“
и др. Го интересирала и поезијата, па книгите на Жан Превер, Десанка
Максимовиќ, Дис и други поети му биле познати и ги имал. Главно,
фондот може да се разгледува на три дела: првиот − белетристика (Балзак,
Пушкин, Стендал, Флобер и др.); вториот дел – филозофско-психолошки
(Ниче, Душан Недељковиќ и др.) и третиот дел − правна литература.
По ослободувањето на Димитар поп Димитров му била конфискувана
библиотеката. Неговите книги носеа и носат налепници со неговото
име и презиме, така што кога била префрлена во тогаш основаната
Градска библиотека, неговите книги биле основа за денешната битолска
библиотека.
Приватна библиотека на Епископот Николај
Приватната библиотека на Епископот Николај во Битола имала
5000 книги во 1936 г.
За време на долгата српска окупација Битола не се здобила со
Градска библиотека.
Библиотекарството во Битола
и Битолско во Втората светска војна
Откако ја воспоставиле својата власт и се прогласиле за
„ослободители“, бугарските окупаторски војски донесле свои судии,
учители, административен апарат, чиновници, професори и сл. Исто како
и српскиот окупатор. Покрај другото, на новата власт ù било неопходно
македонското население да се убеди дека е бугарско по јазик и чувства,
па затоа во првата година од окупацијата, т.е. 1941, требало да се отворат
училишта насекаде во градовите и во селата, а во втората училишта со
библиотеки, кои заедно ќе влијаат врз духот на населението да разбере
99
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
дека е ослободено од српската окупација и да го прифати бугарското
национално чувство и јазик. Во таа насока во Битола биле отворени
повеќе основни (до IV одделение) училишта, три седмолетки и средни
училишта: Гимназијата, Трговското училиште, Земjоделското и новото
Техничко училиште. Богословијата не била продолжена.
За прифаќање на младината во училиштата имало и
профашистички младински организации за седмоодделенците −
oрганизацијата „Орле“, а за средношколците „Браник“. Тие носеле посебни
униформи и делувале слично на Хитлеровите хитлерјунгенд.
Библиотеката во Гимназијата
Откако била отворена Гимназијата, веднаш започнала да
работи и гимназиската библиотека бидејќи претходно биле донесени
големи количини книги. Тие книги, покрај убавата литература, биле
со пропаганден национален карактер. Важно било да постојат книги
на бугарски јазик како учениците побрзо би го совладале. Меѓу
книгите имало и значајни што ја третирале македонската историја,
но прикажана како бугарска. Такви биле книгите на Христо Силјанов
„Ослободителните борби на Македонија“ − I и II том, „Историја на
Охридската архиепископија“ од Иван Снегаров, „Албум алманах 1903“
кој ја опфаќал историјата на Македонија низ фотографии пропратени со
кус текст. Спомените на видни македонски револуционери (Даме Груев,
Јане Сандански, Ѓорѓи поп Христов, Пандо Клјашев и др.), потоа биле
донесени книгите на Златарски (Историја на Средновековна Бугарија
во три тома) и други. Иако ја прикажувале македонската историја како
дел од бугарската, од нив можело доста да се види и самобитноста на
македонската борба за слобода и независност. Меѓутоа, биле донесени и
книги со чисто пропаганден карактер во кои немало ни наука ни реалност,
туку сееле омраза кон сè што е српско. Од белетристиката имало книги
од руските класици: Пушкин, Лермонтов, Чехов, Толстој, Достоевски, но
и литература од бугарски автори како Иван Вазов – „Под игото“, „Песни“
од Христо Ботев, П. Славејков, Ангел Каралијчев, Елин Пелин, Димчо
Дебелјанов и други. Сите книги биле испратени од Министерството на
просвета кое сметало дека со совладување на бугарскиот јазик, се добива
бугарско чувство на национален дух. Така јазикот „...бил фокусот околу кој
се собира народот, нацијата.“
Гимназиската власт, согласно наредбата на Министерството на
100
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Наведените изданија (археологија, средновековна историја и описи
на села) наредил да се спакуваат и испратат во Софија. Со свое писмо
барал од надлежните во Софија да му одговорат дали ги добиле книгите
спакувани во пет пакети, на број 84 тома, задоволен што ја осиромашил
гимназиската библиотека со врвни дела само затоа што биле пишувани на
српски јазик.
Напоредно со ограбувачкиот потег на ретки и ценети монографии,
Министерството за народна просвета, со друго писмо бр. 15403 од
октомври 1941 година, ù препорачува на училишната власт да врши
„..надзор над литературата и по проверката да ја уништи штетната
книга, како и непотребните архивски српски книги“. Дали биле
уништени некакви книги, немаме податоци, но затоа биле протежирани
и препорачувани книгите на младинската фашистичка организација
„Браник“.
Преостанатите книги од периодот на српската окупација и
новопридојдените од Бугарија останале во гимназиската библиотека.
Меѓутоа, со честото менување на раководителите на библиотеката, доста
вредни книги „исчезнале“ без трага.
народна просвета, се ангажирало
да ги прибере книгите што
библиотеката ги поседувала од
претходната српска провинција.
Така Одделот за више образование
при Министерството на просвета,
со писмо бр. 6545 од 11 октомври
1941 година, го известило
гимназискиот директор во
Битола книгите од археологија,
средновековна историја и описи
на села, кои претходно ги одделил
службеникот на Народниот музеј
од Софија, В. Миков, да бидат
испратени во библиотеката на
Археолошкиот музеј во Софија.
Директорот на Гимназијата
од Битола брзо се ангажирал
да го исполни барањето на
Министерството на просвета.
101
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
Читалиштето и библиотеката во Битола
Со цел да се спроведуваат желбите на бугарската окупаторска
власт, пробугарските елементи во Битола се ангажирале да формираат
соодветно тело. Такви тела се формирале во поголемите македонски
градови. Битолчани ја спровеле замислата и таквото тело, составено од
интелектуалци, но и занаетчии, било наречено Општограѓански комитет.
Овој комитет имал Советодавен и Исполнителен комитет. Последниов,
имајќи ја предвид улогата на читалиштата во минатото во ширењето на
описменувањето, читањето литература, решил веднаш по окупацијата
да формира такво читалиште во градот. Тоа требало да биде стожер на
бугарската пропаганда во секој поглед − литература, јазик, песна, игра и
сл. За таа цел тогаш, по пат на подароци, во Битола биле донесени голем
број книги од Бугарија. Споменатиот Општограѓански комитет, т.е. луѓето
во него, прифаќајќи ја бугарската окупација на Македонија, истовремено
го прифатиле и фашизмот како идеологија и општествено уредување.
Наспроти себе тие го имале антифашистичкото движење, кое постепено,
но сигурно, се ширело меѓу населението во градот. Тоа движење стоело
на македонски национални, а не на бугарски национални позиции. Така,
едната легално, а другата илегално се судрувале на тие општествени и
национални основи.
Исполнителниот комитет, по извршените подготовки
потпомогнати од окупаторската власт, решил0 да го основа битолското
Градско читалиште. Тоа било во јули 1941 година. Антифашистичката
групација, составена од интелектуалци (студенти) и работници, решила
да го спречи тој чин. 3а тоа луѓе кои зеле учество во настанот пишуваат:
„Собранието беше закажано во просториите на тогашната Трговска
академија. Партиската организација на Монополот имаше решено
да присуствува на ова собрание со цел во управата на Библиотеката
(Читалиштето б.н.) да протури свои луѓе. За таа цел беа повикани
скоро сите работници од Монополот да присуствуваат на ова собрание.
Собранието беше свикано во работен ден, попладне, така што тоа
овозможи на собранието да присуствуваат голем број работници“. Кога
иницијаторите увиделе дека од присутните се во значително малцинство,
скоро десетпати, се обиделе да го одложат основачкото собрание, во
што не успеале. Бил прочитан реферат за значењето на читалиштето.
Потоа настанала бурна дискусија во која имало и лични префрлувања
на линијата млади − стари. Во дискусијата младата студентка Лилјана
102
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Чаловска, така ги оневозможила луѓето од Општограѓанскиот комитет,
што тие немале што да прават и се помириле со настанатата состојба. „По
изборот на работно претседателство и статут, се разви нова дискусија по
однос на луѓето кои требаше да бидат избрани во управата. Предлогот на
кандидатската листа за управа на читалиштето, предложен од страна на
окупаторската власт, од страна на присутните работници од Монополот
и членовите на КП беше целосно отфрлен“. Повторно настанале остри
дискусии и мешаница, така што од основачкото собрание не станало
ништо. Не можејќи да се најде решение, било предложено да се формира
комисија со луѓе од двете кандидатски листи и да се закаже ново
основачко собрание во текот на наредната недела.
Новозакажаното основачко собрание за градското битолско
читалиште било решено да се одржи во просториите на Театарот.
Секретарот на Месниот комитет, Стеван Наумов – Стив, со
антифашистички настроените граѓани сомисленици и овојпат дошле на
собранието. Овојпат биле уште побројни и покомпактни отколку првиот
пат. Кога дошол ред да се избира управата, пробугарските елементи не
дошле до израз, односно во управата биле избрани луѓе антифашисти
Македонци, и тоа: претседател д-р Димитар Несторов, Ѓорѓи Христовски
– Доде негов заменик (потпретседател), а Кочо Најденовски – Цоцо како
член. Ваквата управа работела кусо време. Уште другиот ден д-р Несторов
бил повикан во Обласната полиција кај началникот Александар Ќурчиев.
Во разговорот што се водел меѓу двајцата главна тема била Читалиштето и
изборот на Несторов за негов претседател. Ќурчиев настојувал да го убеди
Несторов да си даде оставка, на што последниот не се согласил. После
таквите сугестии Читалиштето не проработило зашто се чувствувала
полициската присмотра. Всушност, тоа престанало да работи.
Во Бугарија постоела Дирекција за национална пропаганда. Една
од нејзините главни задачи била всадување бугарски дух и чувство
меѓу Македонците. Таа задача Дирекцијата требало да ја спроведе
преку отворање читалишта во сите населени места. Така, откако била
покриена целата територија со бугарски училишта, во втората година од
окупирањето на Македонија Дирекцијата се зафати со организирање на
читалишта. Во врска со тоа, Министерството за просвета поставило рок за
исполнување на задачата, односно тоа бил 1 март 1943 година.
Во исполнување на задачата било предвидено подготвување,
поточно дејствување врз сознанието на граѓаните и селаните, особено на
последните, за потреба од читалиште, како и училишта за возрасни. Во
103
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
таа насока Министерството за просвета наредило: 1. Да се организираат
читалишни комитети составени, главно, од учителот, кметот или неговиот
заменик, свештеник и еден човек од месното селско население, но
проверен бугарофил. 2. Така формираниот читалишен комитет да направи
план за работа во смисла да предвиди предавања, литературни читања,
свечености, вечеринки, неделни курсеви за описменување и основање
селска библиотека.
Преку агитацијата меѓу населението за отворање читалишта,
требало да им се зборува дека читалиштата одиграле позитивна улога
во османлискиот период за населението да се убеди и да ја прифати
агитацијата за отворање и учество во читалиштето. Всушност, власта
сакала читалиштата да ги претвори во расадник на својата пропаганда,
односно тие да бидат ефикасни средства за денационализација особено
на младата генерација. Формално, бугарските читалишта претставувале
„културно просветно пробудување на македонскиот народ, негово
избавување од туѓински влијанија кои беа причина за неговото
оддалечување од бугарскиот народ“.
Со сите читалишта раководел Врховен читалишен сојуз. Тој
издавал упатства за формирање читалиште во една населба (град или село)
ако тоа го посакале дваесетмина. Читалиштето се основало на основачко
собрание, раководено од највозрасниот писмен член. Се подготвувал
основачки записник и се избирала управа од седум члена и надзорна
комисија од три члена. Избраното тело меѓусебно си ги распоредувало
должностите, и тоа: претседател, негов заменик, секретар, благајник,
библиотекар и советници. Записникот со сите материјали требало да се
достави до Општинската управа на одобрение.
Така смислено, власта преку учителите, во текот на 1942 година,
отворила читалишта скоро во сите населени места. Доколку некое место
немало услови за читалиште, биле организирани библиотечни комитети
кои организирале библиотеки при училиштата.
Според Правилникот за примена на Законот за народни
читалишта, тие биле сметани за правни лица и биле под врховен надзор на
Министерството за просвета кое надзорот го вршело преку свои органи.
Согласно Правилникот, секое населено место со над 20000
жители својата културно-просветна дејност требало да ја изведува преку
читалиштето или со негова помош. Оттука многу често биле основани
хорови, театарски групи, младински групи, индивидуални уметници,
пејачи, музичари да дејствуваат преку читалиштата. Особено биле
104
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
ценети уметничките групи зашто тие носеле публика. Нивната дејност
била најразновидна: организирале вечеринки, уметнички натпревари,
концерти, забави, панаѓури, прослави на верски или државни празници.
Многу се настојувало да се организираат читања и прослави на познати
личности од историјата, со нагласка на бугарскиот карактер на нивните
дела. За да бидат свеченостите успешни, претходно се правел план со
конкретни задолженија на читалишното раководство. Скоро секоја
прослава била помпезна, со присуство на видни градски или државни
личности, како и претставници на сите служби на власта, вклучително и
претставници на црквата.
Сите прослави и активности биле регистрирани и популаризирани
во весниците. За Битола и Битолско таа презентација се правела во
седмичникот што излегувал во Битола „Пелистерско ехо“.
Окупаторската власт, откако ги средила впечатоците од настаните
со читалиштето, во наредната 1942 година се зафатила со поорганизирано
дејствување за отворање на градско читалиште во Битола. Откако
си обезбедила сигурни луѓе за поддршка, на 20 март 1942 година, во
присуство на 80 потписници – поддржувачи, се свикало општо собрание
на кое била разрешена старата управа и била избрана нова. Тогаш
читалиштето добило нова управа, со нови луѓе кои ја поддржувале
окупацијата. Читалиштето го добило името по еден од основачите на
ТМОРО, т.е. „Даме Груев“. Набрзо читалиштето имало многубројно
членство од околу 500 лица. Новата управа, следејќи ја програмата на
врвната читалишна управа, почнала со организирање предавања на
кои биле глорифицирани личности или настани од бугарската историја
и култура. Покрај другото, во склоп на читалиштето била основана и
библиотека со бројна литература.
Бугарската власт, сакајќи да ја збогати својата активност, во Битола
отворила специјална библиотека на чие отворање присуствувале видни
лица од власта, меѓу кои претседателот на Околискиот читалишен сојуз
Коста Најденов и други. И во оваа специјална библиотека се повторувале
истите барања на власта што повеќе да се чита бугарска литература и што
повеќе да се совладува бугарскиот јазик, како би се всадило кај младото
поколение бугарското национално чувство и свест.
105
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
Читалиштата и библиотеките по селата
За да се реализира зацртаниот план, во 1942 година, насекаде
во населените места се отвораат читалишта, а одговорноста ја презел
Околискиот читалиштен сојуз. На чело на тој сојуз имало управен
одбор со негов претседател, просветниот инспектор Коста Најденов,
секретарот во Општината, Тодор Крајничанец, судијата Бочваров,
адвокатот Александар Костов, учителот Филип Каваев, секретарот на
Земјоделската задруга Георги Ненчев и шумарот Михаил Михајлов. Додека
претседателот бил избиран, членовите на управниот одбор (Каваев,
Ненчов, Крајничанец, Михаилов) биле назначени со декрет од Обласната
училишна инспекција.
Мешањето на власта во работата на читалиштата била вообичаена
пракса. На годишните собранија на Читалишниот сојуз лицата од власта
со своето присуство му давале поголема свеченост, важност, значење.
Така, на првото Околиско собрание одржано на 4 октомври 1942 година,
присутни биле обласниот директор Козаров, епископот Харитон и слични
на нив личности од власта. Тие, за да се прикажат како многу загрижени
за читалишното дело, јавно донирале свои парични средства. Обласниот
директор Козаров подарил 5000 лева, командантот на дивизијата 1000
лева, директорот на банката 5000 лева, а пак од Софија власта 10000 лева.
Битолскиот околиски читалиштен сојуз формирал и уметничко
здружение со име „Труд и радост“. Во него постоеле неколку секции:
пеачка, драмска и др.
Битолскиот околиски читалиштен сојуз издавал и свое периодично
гласило, т.е. весникот „Читалишно възраждане“. Во целиот државен систем
на читалишта, Битолскиот сојуз бил меѓу 82 такви. Колку окупаторскиот
апарат обрнувал внимание на читалиштата може да се види по тоа што
од вкупните 6.000.000 лева, за читалиштата во Македонија се одвојувале
2.500.000 лева. Убаво финансиран Битолскиот околиски сојуз ја разгранил
својата активност. Така, покрај во Битола, основал читалишта и во
битолските села Крклино, Бач, Црнобуки, Брусник, Српци, Логоварди,
Породин, Гермијан, Буково, Дихово, Гавато и др. За некои села имаме
скудни податоци, како на пример:
Горно Српци – читалиштето било отворено со простории за
собирање во една од училишните згради (изградена во 1927 год.).
Библиотечниот литературен фонд изнесувал околу 80 книги.
Свињишта – во ова село училиштето било изградено во 1942
106
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
година. Читалишната библиотека имала фонд од 176 книги.
Бистрица – читалиштето било основано и сместено во зграда
која селаните принудно ја направиле. Во читалиштето биле одржувани
предавања „...за бугарската историја, во чиј склоп централно место имала
Македонија“.
Буково – читалиштето организирало таканаречен Народен
универзитет и Вечерно училиште. Преку предавања бугарските учители
вршеле денационализаторска политика и „...насилствено однародување на
македонскиот народ од овој крај“.
Дихово – покрај училиште во селото било отворено и читалиште.
Од Министерството на просвета во диховското читалиште биле подарени
голем број книги печатени на бугарски јазик. Книгите претежно биле
со пропагандна содржина, односно ширење на бугарски национални
чувства меѓу населението. Во тој дух било предочувањето на диховскиот
кмет од страна на Министерството на внатрешни работи дека книгата во
новоослободените земји треба да биде „...моќен фактор во пропагандата.
“ Освен книги во читалиштето редовно биле добивани весниците: „Зора“,
„Зарја“, „Целокупна Б’лгарија“ како и битолскиот неделник „Пелистерско
ехо“.
Брусник – читалиштето било основано во 1942 година и имало
амбиција да стане едно од најактивните и најразвиените во Битолската
околија. Ова читалиште имало патронатско име „Никола Иванов”. До
1944 година членството во читалиштето пораснало до 120 души. Управата
на читалиштето, според упатствата од Општиот правилник, оформило
107
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
библиотека, позајмувало книги, организирало аналфабетски курсеви за
описменување на возрасните лица и др.
За својата работа секоја година управата на читалиштето давала
отчет. Таков отчет даден е и на редовното Годишно собрание на 20
февруари 1944 година. На тоа собрание биле сумирани резултатите за
сите години од постоењето на читалиштето, а биле забележани и идните
негови активности. Оценката за дејноста на членовите во управата за 1942,
а посебно за 1943 година, биле мошне позитивни, со констатација дека
читалиштето има светли перспективи. Во извештајот било констатирано
дека биле одржани 23 вечерни аналфабетски курсеви, а пак библиотеката
поседувала 120 книги кои биле користени од членството. Се истакнало
дека, покрај уметничка литература, на библиотеката ù се потребни книги
кои на селаните ќе им даваат практични знаења, т.е. стручна литература по
земјоделие и сточарство, по што би се зголемил интересот за читање. Од
предвидениот буџет од 8600 лева за 1944 година, за купување книги биле
предвидени 4000 лева, скоро половина од буџетот.
На Собранието учителот Сл. Илиев, покрај презентираниот
реферат со наслов „Потреба од повеќе знаење“, го проследил развитокот
на читалиштето и неговата улога во минатото и неговата улога во
културно-просветното подигнување на членството и, воопшто,
населението.
Лавци – читалиштето во битолско Лавци било основано на 17
февруари 1943 година од страна на бугарските учители. Името на ова
читалиште било неутрално, т.е. „Просвета“. Членови на управниот одбор
биле луѓе од селото. Месниот соселанец антифашист – комунист Тодор
Ангелевски-Строгов „...препорача во управата да се вовлечат прогресивни
лица од селото кои ќе се придржуваат до директивите на месната
ќелија на КПЈ. Лицата во управата на читалиштето, на чело со Ставре
Костадиновски, ја саботираа работата на бугарското читалиште. Како
последица од таа работа книжниот фонд од 26 книги, во вредност од 120
лева, не се зголемил до денот на капитулацијата на фашистичката бугарска
држава.“
Првобитно, при формирањето на читалиштето, членувале 39
селани, но со тек на времето нивниот број се зголемил на 59 лица.
Меѓутоа, тоа било фиктивно за да се задоволат органите на власта и
оние од Околискиот читалишен сојуз кои вршеле надзор врз работата
на читалиштата. Ваквото „зголемување“ го вршел кметскиот намесник
во Лавци, кој бил и потпретседател на читалиштето, само на хартија.
108
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Така мнозина „членови ниту знаеле дека фигурираат нивните имиња на
списоците од читалиштето. Всушност, ваквата дејност ја вршел Ставре
Костадиновски со помош на соселанецот Ѓорѓи Бошевски-Гоше. Според
„Хроника на Битолско Лавци“, од „...читалиштето Просвета ниту еден
лавчанец не зеде книга за читање сè до суштествувањето на читалиштето“.
Ѓавато – селото Ѓавато имало искуство со читалиште, односно
задруга, уште од времето на српската окупација и ја познавало предноста
од постоење читалиште каде би се собирале, разговарале, читале весници
и сл. Меѓутоа, прогресивните сили, антидржавнички настроени, не
дозволиле приматот да го земат прорежимските луѓе, туку тие самите ја
зеле иницијативата за основање читалиште, за што власта била повеќе од
одушевена не насетувајќи кој стои зад сето тоа. Имено, учителите Тодор
Ангелевски-Строгов (Тошо Даскало) и Борис Стрезовски биле уште пред
бугарската окупација антифашистички ориентирани и на линијата на
антибугарскиот национализам и на линијата на македонската борба за
слобода. Овие учители, заедно со другите напредни селани – печалбари,
гледајќи како власта основа читалишта, решиле тие да бидат носители
на иницијативата. Така, во Ѓавато членовите на КП, откако обезбедиле
свои луѓе за Управата и откако биле подготвени сите потребни дозволи
од власта, на 12 март 1942 година свикале основачко собрание. Првите
20 членови се согласиле да го основаат и да го носи името Народно
читалиште „Гоце Делчев.“ На истото собрание било избрано управно
тело, односно за претседател бил назначен учителот Борис Стрезовски,
потпреседател – Коле Бендев ѓаваштанец, додека благајник-библиотекар
бил Методија Мацанов, исто мештанин од селото Ѓавато. Во надзорниот
одбор бил избран кметот на селото кој бил симпатизер на окупаторот,
всушност вешта камуфлажа за пред власта.
Ѓаватското читалиште било убаво сврталиште за договори,
антифашистичка агитација и друга илегална дејност на луѓето
организирани од Комунистичката партија. Но, тоа не одело многу време
зашто набрзо, по некој месец, се разоткрила дејноста на врвните луѓе од
читалиштето, односно на Борис Стрезовски и Коле Бендев. Тие, по една
голема провала во Ѓаватскиот реон, паднале в затвор каде биле откриени
како непријатели на царството и осудени: Стрезовски на смрт со бесење,
која казна била извршена и Коле Бендев на доживотен затвор, која казна ја
издржувал до ослободувањето на Македонија.
109
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
Библиотеките во партизанските одреди
Во текот на окупацијата на Битола и Битолско беа создадени
партизански одреди кои, како воени единици, првата задача ја имале да
се борат против фашистичката власт. Партизанските одреди секојдневно
биле во борбени акции, но кога биле слободни и не биле на некој марш
или се одморале, имале време планирано за општа и културна наобразба,
но и за културно-просветна агитација меѓу населението. За да можат
успешно да ги исполнат таквите задачи, партизаните формирале свои
мали библиотеки. За нив партизанот Трајче Грујоски пишува: „Во
битолските партизански одреди секогаш имаше книги за читање. Едно
време популарни беа книгите во кои поедини учесници од Илинденското
востание пишуваа за своите искуства од борбите со турскиот аскер. Се
читаше и белетристика.“
За партизанскиот одред „Пелистер“ децидно не се знае дали имал
библиотека. Меѓутоа, индиректно се споменува дека во Одредот постоел
мал книжен фонд. Членот на тој одред, Лазо Хаџи Поповски, пишува:
„До Први Мај 1942 година во Одредот одржувавме редовно политички
часови со предавања, читање и објаснување на политичкиот материјал
и дискусии. Материјалот го добивавме од Битола... Подготвувавме една
драмска творба...“
110
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Брзото разбивање на Одредот не им дозволило на партизаните да
продолжат и да развијат поплодна дејност.
Разбивањето на одредот „Пелистер“ не ги обесхрабрило
активистите, на чело со Стеван Наумов – Стив. Со забрзани подготовки
биле собрани нови доброволци – партизани од Битолско и Преспанско,
па новиот одред така и бил наречен: Битолско-преспански. Овој одред го
добил името на револуционерот Даме Груев. Исто како и во „Пелистер“,
така и во одредот „Даме Груев“ партизаните, покрај секојдневните задачи,
во дневниот план имале редовно политичка работа. Имено „..секој ден
по два часа се употребуваа за изучување на тактиката на партизанското
војување, два часа идеолошко-политичка работа.“ За идеолошко-
политичката работа бил задолжен политичкиот комесар на Одредот,
односно во случајов Јосиф Јосифовски – Свештарот (Ѓорче) и неговиот
заменик Илија Спировски – Панде. Двајцата биле образовани луѓе.
Тие уште при формирањето на Одредот се погрижиле да оформат мала
партизанска библиотека чиј книжен фонд бил повеќе од сиромашен.
Библиотеката ги поседувала книгите „Политичка економија“ на
бугарски јазик – некое американско издание, „На исток“ од Крстју Белев,
„Како се калеше челикот“ од Николај Островски, „Речник на странски
зборови“ (најмногу читан и користен од командантот на Одредот),
„Ослободителните борби на Македонија“ том први од Христо Силјанов.
Спомнатите книги преставувале стален фонд на одредот „Даме Груев“.
Меѓутоа, по илегални канали, Одредот се снабдувал и со друга
литература: „Радио вести“, „Билтен“ (овие биле илегални партиски
изданија), со фашистичките весници „Зарја“, „Целокупна Б’лгарија“,
„Нашенец“ и битолскиот „Пелистерско ехо“. Често биле водени дискусии
и коментари околу прочитаната книга. Од сите книги во партизанската
библиотека најмногу се барала за читање „Како се калеше челикот“, а
најомилен лик бил херојот од книгата, Павел Корчагин. Колкаво било
влијанието кај борците од прочитаната литература сведочи фактот што
пред изведување на вооружената акција на Одредот на полициската
станица во селото Кажани (18 август 1942), во Одредот било решено името
Корчагин, како партизански псевдоним, да го добие најхрабриот борец во
спомнатата акција.
Борците, читајќи, не само што се самообразуваа туку културно-
просветниот одбор во Одредот го издал првиот партизански весник
со 12 прилози, а по повод Илинденската недела имало 15 прилози,
сите специјално посветени на значењето на Илинден 1903 година за
111
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
македонскиот народ. Истовремено била изучувана и македонската
историја.
Третиот битолски партизански одред го носел името „Јане
Сандански“. Тој бил формиран во почетокот на септември 1942 година.
Како во претходните партизански одреди, така и во „Јане Сандански“
била спроведена смислена и планирана секојдневна организирана
настава. И во овој одред политичкиот комесар, Ванчо Прке – Сермен и
неговиот заменик Бено Русо – Коки, биле максимално ангажирани околу
културно-просветната дејност во Одредот. Во „Јане Сандански“ постоела
мала партизанска библиотека, од која книгите биле читани честопати
колективно, но исто така биле читани и индивидуално. Секој борец носел
по, а еден од нив носел три во својот ранец. Скоро сите партизани се
одушевувале од „Спомените“ на Алексо Стефанов.
Неговите спомени ги запишал своевремено бугарскиот професор
Милетич. Стефанов бил по потекло од селото Радово, битолски Демир
Хисар. Жедно се читала таа книга. Борците се одушевувале од опишаната
сцена кога Ордан Пиперка, сардисан од сите страни од турски аскер, ја
фрлил низ прозорец запалената печка викајќи: „Бомба аталар!“ Турските
војници, сметајќи дека тоа запалено големо чудо е некоја бомба, се
повлекле. Снаодливиот Пиперка го искористил метежот, набрзина
пребегал в планина. Исто така, партизаните многу се одушевувале од
херојствата и пожртвуваноста на Гемиџиите. Одредот во слободните
часови претставувал вистинско училиште. Еден од преживеаните
партизани за тие денови пишува: „Се изучуваше нашето револуционерно
минато. Се читаа разни билтени, летоци, радио вести... Како воодушевен
револуционер, Сермен одлично ги познаваше настаните и личностите на
Октомвриската револуција: Чапаев, Ворошилов, Фрунзе и други, за кои
мнозина од нас за првпат слушнавме. Тој беше сестрано образован...“
Ванчо Прке – Сермен пред партизаните одржал повеќе предавања
и со особена љубов ја читал и разработувал книгата на Алексо Стефанов
„Спомени за борбите во време на Илинден 1903 година“. На часовите
биле разработувани „Тутуно берачите“ од Коста Рацин, „Црвените
ескадрони“ од Христо Смирненски, „Мајка“ од Максим Горки, „Како се
калеше челикот“ од Н. Островски, „Леб“ од Алексеј Толстој, написи за
Илинденското востание и неговите двигатели.
Колку Сермен се соживувал со опишаните настани во литературата
и колку таа влијаела врз него, може да се согледа од неговите зборови
изречени пред еден негов соборец: „Добри, многу ми се умира гемиџиски.“
112
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Паралелно со спомната литература, Одредот добивал и друга,
поточно весници, билтени, партиски материјали од градските битолски
организации.
Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“ во ништо не се
разликувал од сите претходни во поглед на образовно-политичката
наобразба. Политичкиот комесар на одредот, Петре Новачевски – Гершан,
за тие денови запишал: „Кога имавме слободно време, во Одредот
почнувавме да организираме воени предавања... и политички предавања.“
Исто така и еден друг партизан од истиот одред пишува: „Во одредот
редовно се држат политички часови од 8 до 12 часот.“
Одредот „Гоце Делчев“, покрај борбените акции во егејскиот дел
на Македонија, одржувал пред населението митинзи. На тие митинзи се
објаснувало за што партизаните се борат. Нивната борба ја поврзувале
со борбата на нивните претходници – илинденците, со што агитирале и
други од селата да им се придружат за борбата за слобода на Македонија
да биде поефикасна. Паролите „Слободна Македонија“, „Македонска
слобода“ и слични на нив, побудувале национална гордост кај
македонските жители, па борбените одреди се омасовувале.
За една таква акција на партизаните им била неопходна литература
од каде ќе можеле да црпат знаење и истото да го пренесат меѓу
населението.
Одредот „Гоце Делчев”, покрај митинзи приредувал за населението
и мали забави со рецитали, а бил даван и скечот „Четворица Руси“, што
говори дека и тука имало некој мал фонд на литература.
Воопштениот заклучок би бил дека партизанските библиотеки
одиграле позитивна улога, со тоа што мнозина го засакале читањето
книги, се учеле како да ги толкуваат карактерите на ликовите опишани во
литературните дела и за првпат се запознавале со литература која изворно
зборува за Илинденското востание од 1903 година, за македонската борба
против Османлиската Империја, за автономија за Македонија.
Библиотекарството во Битола и Битолско после
Втората светска војна (1945 – 1974)
По Втората светска војна, како и во другите краишта на Македонија
којашто влезе во склопот на Федерална Југославија, со својата асномска
државност, така и во Битола и Битолско се разви поактивна културно-
просветна и македонска национална библиотекарска дејност.
113
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА -
УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА „СВ.
КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
Основање и развој
Сo решение на Градскиот народен одбор (ГНО) на 25.3.1945 година
основана е Градската народна библиотека во Битола. Таа почнала да
работи со книжен фонд од 300 книги кои, главно, биле затекнати книги,
повеќето на бугарски јазик, како и подарени книги од организации,
установи и приватни лица.
Библиотеката, во текот на своето постоење, често била
преименувана. До 1947 година се именувала како Градска народна
библиотека – Битола; од тој датум до 1952 г. Дом на културата – Битола,
Градска библиотека–Битола, потоа од 1960 година Матична библиотека и
од 1980 г. Матична и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.
Прв управител на Градската библиотека била Перса Вилос. Формирањето
и развитокот на библиотеката се врзани со нејзиното име. Таа управувала
со Библиотеката од 1 април 1945 до 1 јули 1957 година, од кој датум
истата работи во Библиотеката како книжничар. Потоа со Библиотеката
управувал Тоде Ѓорески. Прв претседател на Домот на културата
(поранешен назив на Библиотеката) како волонтер бил Томе Димитровски
– Ќосето, а веднаш по него Димитар Грданов. До 1953 година Библиотеката
имала само два службеника и еден прислужник. Меѓутоа, со текот на
времето се зголемувал бројот на вработените (Александар Тасевски од
1953 г., Љуба Бошкова од 1954г., Живко Богданов од 1954 г., Лилјана
Тасевска од 1955г., Поликсена Марковска од 1956 година).
Во првите почетоци на постоењето на Библиотеката ќе ги
споменеме и луѓето што доброволно работеле во неа. Тоа беа: Вера
Сотирова, тогашен службеник на Стопанска банка – Битола како
благајник од 1946 до 1951 година; како и браќата Нико и Ѓорѓи
Дога, службеници во фабриката за кожи кои работеа како помошни
книжничари од 1952 до1953 година.
Просториите на Градската библиотека беа недоволни. Располагала со една
просторија употребувана како магацин, соба за издавање книги и како
114
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
читална. Благодарение на посебното заземање и увидување на улогата
на Библиотеката од страна на Лилјана Чаловска, Методија Митевски –
Брицо, Трајче Грујоски и др., Библиотеката била преместена во нова зграда
во центарот на градот, на ул. „Маршал Тито“ бр. 89. Така Библиотеката
можела непречено да работи со 2 засебни читални (една за учење и една за
читање весници)), со вкупно 70 седишта. Притоа бил обезбеден магацин
за книгите и други посебни одделенија.
Во својот развој Библиотеката имала извесни организациони,
содржински и функционални промени. Од 1947 до 1952 година опфаќала
извесни културни секции, како на пр., ликовна, драмска, музичка,
шаховска, актив на предавачи и литературна секција.
115
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
Дејноста на овие секции била доста развиена, така што
литературната секција во своите простории просечно организирала
по едно литературно читање во месецот, истата гостувала кај слични
во градот; драмската секција ја извела драмата „Бегалка“. Исто така,
подготвила и едночинки кои ги изведувала во некои битолски села.
Музичката секција приредувала често концерти, при што ја поканувала
Скопската филхармонија. Ликовната секција придонесувала за ликовното
образование кај нејзините членови. Шах-секцијата често приредувала
локални градски шаховски натпревари, а предавачкиот актив скоро секоја
недела одржувал по едно предавање. Овие секции постапно ја замреле
својата активност, така што во 1952 г. престанале со работа.
Во 1946 година во Битола е обновено градското читалиште и се
избрала нова управа, а во 1948 година во Битолската Околија се отворија
30 нови читалишта во текот на прославата на „Неделата на книгата“.
116
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
По истиот повод околиските и просветните власти ù подарија
на Библиотеката 1.940 книги во вредност од 50.000 динари. Во градот се
формира Сојуз на културно-просветните друштва.
Одговорни за сектори за идеолошко-воспитна работа и хорот
Таки Христиќ, учител по музика, за борба против неписменоста Љубица
Шуплиновска, за фолклор Фране Ковачевски, за библиотеката Перса
Стојановска и Цане Тасевски. Одборот при Сојузот на културно-
просветните друштва си постави задача сите библиотеки во Битола да ги
обнови со нови книги и да се отворат нови библиотеки.
Во текот на 1953 година Градската библиотека бележи околу
1.200 посетители, како и голем број читатели на весници и списанија.
Библиотеката располага со 8.675 книги.
За рапидниот развој на Библиотеката многу придонесе одлуката од
01.4.1954 година, кога Библиотеката е прогласена за македонски депозит
од страна на Друштвото на библиотекарите – Скопје, што значи добивање
задолжителен депозитен примерок од сите печатени материјали од цела
Македонија. Управата на Градската библиотека побара средства во износ
од еден милион и двесте илјади динари за обогатување на книжниот фонд
со научна и политичка литература, како и белетристика. Преку 40.000
книги се прочитани во текот на оваа година. Бројот на публикации со кои
располага Библиотеката се искачи на 12.816 монографски публикации, а се
117
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
создаде можноста за добивање и периодични публикации.
Во 1955 основана е Детска библиотека во просториите на
Пионерскиот дом, но со унапредувањето на услугите за најмладите
читатели, таа се префрли и стана составен дел од Градската библиотека.
Во средината на месец февруари 1955 година отворена е Детската
библиотека во Битола, која првично била сместена во Пионерскиот
дом, а втора од ваков вид во НРМ. Прв вработен е Живко Богданов
(една година), а потоа ја презема Лилјана Тасевска. Во оваа година било
формирано тело, односно комисија од 5 члена, претставници од разни
специјалности: медицина, економија, право, техника и книжевност.
Работата на оваа комисија се состоела во набавка на книги од повеќе
области. Истата престанала со работа во септември 1957 г.
Веќе во 1956 започна поорганизирано финансирање на Библиотеката,
со што се создадоа услови за поконтинуирано збогатување на книжниот
фонд.
Периодот на шеесеттите години се разликуваше со крајно брз
развој и потреба од создавање повеќе реонски библиотеки, кои во времето
на своето постоење одиграле значајна улога. Значајно е да се напомене и
основањето на училишните, високошколските и специјалните библиотеки.
Во 1957 за првпат во составот на Библиотеката почнаа да
функционираат и реонски библиотеки – клонови во: Чинарот, Јени Маале
и Стево Патако.
Прв хонорарен библиотекар во овие реонски библиотеки бил
Димче Стојановски, потоа следеа Оливера Николова, Анастасија Паришко,
Коста Николовски, Доне Пановски, Констандина Стојчевска, Вукица
Бошевска. Од 1957 година кога беше воведена акцијата „Месец на книгата“
во која беа уредувани изложби на книги. Изложбите беа организирани
во фабриките во градот, по селата, како и во просториите на Градската
библиотека.
Вакви изложби беа организирани во следните организации:
Монопол, Свилара, Фрижидери, Текстилна фабрика „Пелистер“, Кожара,
Млин „Драгор“, Учителска школа, Училиште за ученици во стопанството
и др., како и во селата: Лавци, Поешево, Д. Оризари, Дихово, Новаци,
Демирхисар. Во март истата година престанало да постои дотогашното
Советодавно тело кое управувало со Библиотеката, бидејќи се воведе
за првпат општествено управување во Библиотеката, односно беше
формиран Совет на Библиотеката кој управуваше со неа. Тоа беше значаен
настан за Библиотеката. Таа престана да носи карактер на чисто државна
118
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
установа, а поприми општествен карактер. Прв претседател на Советот
на Библиотеката бил Нико Налбанти, професор и општествен работник.
Во тој период Библиотеката ја ширела својата дејност во градот и селата,
организирајќи семинари и курсеви за библиотекари, изложби на книги, а
преку тоа популаризација на книгата.
Бројот на прочитани книги во 1958 година изнесувал 72.441, а во
1959 бројот на прочитани книги изнесува 80.353 книги.
Во изминатиот период од 1948 до 1959 Библиотеката беше
организатор на семинари и курсеви за библиотекарски кадри, и тоа
8 семинари со вкупно 150 семинаристи. Истата година Библиотеката
отпочна да ги подврзува и конзервира списанијата и весниците. Бројот
на читатели постојано се зголемува во Библиотеката, трите реонски
библиотеки како и детското одделение. Книжниот фонд изнесува
27.232 книги, а бројот на читатели 6.676. Буџетските средства во оваа
година се значително зголемени и вкупно изнесуваат 5.300.000 динари,
а за набавка на книги се потрошени 1.200.000 динари. Во месец март
беше одржан семинар за библиотекарски работници. На семинарот
присуствуваа библиотекари од следните места: селата Тополчани,
Долнени, Новаци, Дихово, Бистрица, Плетвар, како и од Домот за Народно
здравје, Инвестиционата банка, Вишата гимназија „Јосип Броз Тито“ и
реонската библиотека „Јени Мале“. Градската библиотека работела по
форматен систем, а Детската библиотека за првпат воведе децимален.
На 21.12.1960 година донесен е Законот за библиотеките, усвоен од
Народното собрание. Истиот е објавен во „Службен весник“ на НРМ бр.
42/60 г. и е прв Закон за библиотеките после ослободувањето. Избран
е нов Совет на Библиотеката, а за негов претседател беше назначен
Јаким Ивановски. Членови на Советот беа: Весела Димитровска, Дано
Китанов, Боге Крстевски, Ристо Невеновски, Ацо Станковиќ, Гоце
Веселиновски, Перса Вилос и Тоде Ѓорески. Ова беше значаен настан
за Библиотеката бидејќи престана да носи карактер на чисто државна
установа, а поприми општествен карактер. Повеќекратна помош на полето
на библиотекарството добија следните села: Дихово, Буково, Кукуречани,
Бистрица, Новаци, Слепче, Демир Хисар, Тополчани, Крушево, Кичево,
Цапари и Ѓавато. Помош за средување на библиотеките и во следните
организации: Монопол, Свилара, Фрижидери, Текстилната фабрика
„Пелистер“, Кожара, Млин „Драгор“, Општа болница, Специјална болница,
Јавно обвинителство, Окружен суд, Инестициона банка, Учителската
школа, Училиштето за ученици во стопанството. Спроведена е подвижна
119
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
продажна изложба на книги во која се продадени 2.000 книги, а посетени
беа вкупно од 30.000 лица.
Во 1959 година Детската библиотека стана посебен оддел во
составот на Градската библиотека.
Библиотеката прерасна во Матична библиотека во 1960 година, со што
се зголемија нејзините задачи и обврски. Така, таа стана надлежна за
стручно усовршување на библиотечните кадри, организирање соработка
меѓу библиотеките, особено во набавувањето, стручната обработка,
позајмувањето и обработката на библиотечниот материјал, вршење
стручен надзор над работата на библиотеките, проучување на состојбите,
потребите и условите за развој на библиотечната мрежа, ораганизација
и унапредување на библиотечната дејност на подрачјето од Општината
Битола. Почна да се води Летописна книга која и денес е главен бележник
на библиотечните настани во периодот од 1960 до 1974 (повторно се
забележуваат настаните во Летописната книга само во 2000 – 2001).
120
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Во 1961 година Методи
Димитров Размоски, наставник од
Битола, е назначен за нов директор
на Библиотеката. Библиотеката
примала 40 разни списанија и
23 весници во 114 примероци,
книжниот фонд се зголемил и
изнесувал 32.005 книги. Бројот на
читатели во оваа година изнесувал
5.040 читатели. Воведени се две
подвижни библиотеки, со 40 опфатени села кои се посетувале редовно,
како и стопански организации од градот кои покажувале голем интерес за
книгата. Беше формиран и клуб на млади писатели со 17 членови поети од
градот. Клубот организирал неколку литературни читања низ градот и на
крај на годината издаде „Алманах“.
Во текот на оваа година
беа организирани 5 изложби
на книги, и тоа: по повод 8
Март, Денот на жената; 25
Мај, родениот ден на другарот
Тито, во Фабриката за кожи,
Основното училиште за возрасни
и една изложба во просториите
на Градската библиотека. На
семинарот за библиотекарски
работници што се одржа во
март 1961 година предавач беше
Живко Богданов. Семинарот
траеше десет дена, а се предаваа
следните предмети: историја
на библиотеките, библиотечна
техника, работа со читателот и
библиографија.
121
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
Друштвото на библиотекарите на НРМ во 1962 година одржа
годишно собрание во Титов Велес. Библиотеката испрати двајца
претставници: Методи Размовски, кој беше избран во Главниот одбор
на Друштвото на библиотекарите на НРМ и Живко Богданов. Книжниот
фонд во 1964 година брои 35.683 книги. Бројот на претплатени списанија
изнесува 41 и 23 весници во 116 примероци, а бројот на читателите 4.627.
Се одржа тридневен семинар за запознавање на службениците со системот
на меѓународната класификација. Семинарот го одржа Зорица Петровска,
претседател на Друштвото на библиотекарите на НРМ. Книжниот фонд
почна да се обработува по Меѓународна децимална класификација.
На таа служба беа распределени Богданов Живко, децимален каталог
(кирилица), Александар Тасевски (латиница). По иницијатива на Главниот
одбор на РКПЗ на Македонија, беа формирани две подвижни библиотеки
кои беа давани на времено користење на работните колективи. На
инвентаризација работеше Љуба Бошкова, сигнирање Перса Вилос,
каталогизација –обработка – услужување на периодика Оливера
Стефановска (кирилица) и Радмила Стрнад (латиница), умножување на
машина за чукање, шапилограф Менка Колевска (дактилограф-архивар).
122
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Книжниот фонд во 1963 година брои 38.000
книги. Бројот на претплатени списанија изнесува
53 и 24 весници во 127 примероци, а бројот на
читателите 5.964. Пододборот на библиотекарите за
Битолската и Охридската Околија во текот на 1963
година одржа два состаноци и едно советување.
Во 1964 се формира подврзувачко одделение,
а фондот на Библиотеката се зголеми на 40.000
публикации. Библиотеката во 1966 формира
подрачни библиотеки во селата Буково, Бистрица и
Кукуречани. Истата година се формира Завештаен
фонд и Фонд на туѓа литература, каде само се
прибираа материјали и дробен печат.
Оваа година е значајна затоа што излегува
од печат првата публикувана книга за патронот на
Библиотеката, Климент Охридски. Во текот на оваа
година бројот на читатели изнесувал 6.045 читатели.
Прочитани биле 142.795 книги, весници 5.630 а
списанија 293. Секој читател во текот на оваа година
прочитал во просек 27 книги. Зградата е претесна
и не може да го собере сиот фонд и не одговара на
хигено-педагошките барања на библиотекарството.
Фондот е сместен насекаде, па и на таванот, каде му
се заканува опасност од влага, прашина, а особено
пожар. Книжниот фонд во 1964 година брои
40.000 книги. Претплата е извршена на 26 наслови
весници во 54 примероци, 56 наслови списанија во
75 примероци. Најуредена библиотека била онаа
на КУД „Кочо Рацин“ при Специјалната болница
за ТБЦ во Битола. Во Битола е одржан состанок на
претставници од повеќе градски и селски библиотеки
од битолско-охридскиот регион, на кој се донесоа
123
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
предлози на библиотекарите за подобро класифицирање на книгите. Со
решение на Советот, оваа година Библиотеката го преименува своето
име во – „Климент Охридски“. Формирано беше подврзувачко одделение
за укоричување на книжниот фонд и периодичниот материјал. Набавени
беа основни средства и други алати за укоричување, како хонорарно лице
работеше Врклевски Александар.
На 11-тото годишното собрание на Друштвото на библиотекарите
на СРМ, одржано во Битола во 1965 година, согледана е состојбата на
библиотекарството и констатирано е дека сè уште е запоставено.
На Собранието имаше многу гости и делегати, меѓу кои Зумра
Захировиќ, член на Друштвата на библиотекарите на СФРЈ; Бранко
Шулиновиќ, член на Друштвото на библиотекарите на СР Србија; Драган
Топчиевски, секретар на РКПЗ на СРМ и други. Бројот на читателите
во оваа година изнесува 6.118, покрај ова 2.000 читатели го користеле
периодичниот материјал – весници и списанија. Во својство на матична
библиотека, работниците од Библиотеката дадоа стручна помош во 40
библиотеки во градот и 20 библиотеки на село.
124
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
Во текот на 1966 година, Библиотеката е наградена со Прва
републичка награда во книги во вредност од 200.000 динари од страна на
Републичкиот одбор на Акцијата за книгата. Наградата свечено ја прими
директорот на Библиотеката, Методија Размоски од писателот Ацо Шопов.
Набавени се 4000 нови книги. Во текот на 1966 година набавени се 8.090
книги од сите области на науката. Бројот на читатели изнесувал 8.970,
а бројот на прочитани книги беше 144. 184. Оваа година била посветена
на 1050 годишнината од смртта на Климент Охридски. Вклучувајќи се
во таа прослава, покрај другите активности, Библиотеката ја отпечати
публикацијата посветена на животот и делото на Климент Охридски.
Свои прилози кон книгата дадоа Лазо Каровски, Филип Каваев,
Владо Костов и Климе Малевски, а главен
и одговорен уредник е Методи Размовски.
Во организација на Историскиот архив,
Народниот музеј и Матичната библиотека
„Климент Охридски“, а по повод
„Месецот на книгата“, во просториите
на поранешната Комунална банка
во Битола е отворена изложба „Што
читале битолчани некогаш“. Исто така
овие установи покренаа иницијатива за
собирање сите расположливи весници,
нивно систематизирање и претставување
пред граѓаните. Покрената е иницијатива
за создавање завештаен фонд и фонд за
туѓа литература во Библиотеката, како
125
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
и материјали од дробен печат. За таа цел беа испратени писма до сите
библиотеки во СФР Југославија, институти и други организации за
собирање на овој фонд. Во текот на 1966 година беа собрани околу 40
книги. Подвижните библиотеки работеа во селата Дедебалци, Добрушево,
Кременица и др., сезонски библиотеки работеа во Претор и на Пелистер.
Во реонските библиотеки по селата работеа следните библиотекари:
Десанка Врклевска (село Буково), Никола Ѓупаровски (село Бистрица) и
Васка Темелкова (село Кукуречани).
Во 1967 отворена е библиотека во с. Дихово, а наредната година, во
1968, набавен е првиот библиобус, како и печатарска машина за потребите
на Библиотеката. Во 1969 набавен е апарат за дезинфекција и дезинсекција,
а во завештајниот фонд прибрани се ракописите на Ванчо Николески. Во
1971 отворени се библиотеки во селото Лера и Месната заедница „Кочо
Десано“ во Битола.
Истата година, по повод акцијата „Месец на книгата“ во
библиотеката во с. Новаци се организира изложба на книги. Бројот
на читатели во оваа година во Библиотеката изнесувал 8.082. Бројот
на услужени корисници со весници и списанија изнесувал 16.770.
Набавени биле 3.969 книги, а биле прочитани 149.512 книги. За првпат по
ослободувањето Друштвото на библиотекарите на СРМ го промени своето
седиште од Скопје во Битола, и тоа во периодот од септември 1967 година
до крајот на 1968 година, а претседател беше Размоски Методија. Во текот
на оваа година дадена им е стручна помош на 7 училишни библиотеки и
2 библиотеки во работните организации. Библиотеката доби прва награда
во износ од 2. 000 динари од Републичкиот одбор за организирање на
126
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
„Месецот на книгата“. Во оваа година најбарани биле делата на Стале
Попов.
Матичната библиотека „Климент Охридски“ отвори нова
реонска библиотека во населбата Маџир маало, во Домот „Кочо Десано“.
Издвоен е фондот на книги за подвижната библиотека од општиот фонд
на Библиотеката. Во текот на
акцијата „Месец на книгата“
реонската библиотека во Буково
предложена е за награда, а
управителот на Библиотеката,
Методија Размоски, ја доби првата
награда на Републичкиот одбор за
спроведување на акцијата „Месец
на книгата“ во 1966 година.
Во текот на 1968 година
организирани беа 2 изложби:
првата со наслов „25 години од
КПЈ“ и втората „65 години од
Илинденското востание“. Годинава
за културата во Битола се издвоени
еден милион и 893 илјада (нови) динари, Матичната библиотека доби 220
илјади. Средствата за набавка на нова литература се многу ограничени
за да можат да се купат повеќе книги. Библиотеката може едвај 5% да
127
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
набави книги од целокупната издавачка продукција во земјата. Матичната
библиотека „Климент Охридски“ беше главен носител на советувањето
„Книгата и работниот човек “, на кое се расправаше за книгата и нејзиното
доближување до работниот човек.
Со меѓубиблиотечна соработка услужени биле 45 корисници.
Набавен е и првиот библиобус, како и печатарска машина за потребите на
Библиотеката.
Во просториите на Клубот на писателите на Македонија во 1969
година беше одржан свечениот дел од Собранието на Друштвото на
библиотекарите на Македонија, на кој реферат поднесе претседателот на
Друштвото на библиотекарите на СРМ Методија, Размовски, со наслов
„Дваесеттогодишната дејност на Друштвото на библиотекарите на
Македонија“. Организирана беше и собирна акција на книги „Граѓаните
на Битола за детската библиотека“. Собранието го подготви Библиотеката
и после двегодишен престој на Друштвото во Битола, седиштето се
премести во Скопје, во Библиотеката „Страшо Пинџур“. Во целата мрежа
во состав на Библиотеката запишани биле 14.009 корисници, прочитани
биле 127.741 книги, а со периодичен материјал биле услужени 29.656
корисници. Вкупниот книжен фонд во сите библиотеки изнесува околу
73 илјади. На Библиотеката ù се подарени сите ракописи од познатиот
писател за деца Ванчо Николески. По повод јубилејот на Друштвото на
библиотекарите на Македонија, издавачката куќа „Мисла“ ги награди
најдобрите библиотекари, наградата од Битола ја доби библиотекарката
Перса Вилос. Почна собирната акција на книги за деца по повод „Месецот
128
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
на книгата“. Набавен е апарат за дезинфекција и дезинсекција, патент на
Александар Врклевски награден на „Макинова“.
Во 1970 година новачката библиотека го збогатува книжниот
фонд. Во потрага по слободен простор во некогашниот болнички центар
свое решение бараат Библиотеката „Климент Охридски“, едно училиште
и битолските уметници. Фондот за културни дејности ја финансира
работата на Матичната библиотека „Климент Охридски“ и реонските
библиотеки. Набавени се 1838 нови книги, претплатени беа 21 наслови
весници и 37 наслови на списанија во 105 примероци. Престана да постои
реонската библиотека „Стевче Патако“. Со меѓубиблиотечна размена
за нашите читатели позајмени биле 89 книги од други библиотеки, а
Библиотеката позајмила на други библиотеки 38 книги, во текот на 1971
година запишани се 13.376 членови, додека прочитани се 136. 291 книги,
а со периодични публикации услужени се 4.300 корисници. Набавени
беа 5.039 нови книги во Библиотеката. Од набавената литература 80%
е на македонски јазик, а само 20% на други јазици. Направен е проект
за адаптација на хируршкото одделение на болницата „д-р Трифун
Пановски“ за Библиотеката. Подвижната библиотека во текот на оваа
година посетила 34 населби. Отворени се библиотеки во село Лера и „Кочо
Десано“ во Битола.
Во 1972 година фондот за културни дејности ќе ја финансира
работата на Матичната библиотека „Климент Охридски“ и реонските
библиотеки. Набавени се 6.005 книги и распоредени во сите типови
библиотеки. Запишани се 11.274 членови, а со периодични публикации
биле услужени 8.253 корисници.
Во текот на 1973 година набавени беа 5.450 книги, и тоа претежно
стручна литература. Запишани биле 12.350 членови кои прочитале 140.230
книги; со периодични публикации биле услужени 8.000 корисници.
Библиотекарите се жалат дека читателите ги уништуваат книгите што ги
земаат за читање. Книгите патуваа на село благодарение на културната
мисија на библиобусот.
На 15 февруари 1974 година Библиотеката се пресели во зградата
на адаптираното хируршко одделение на ул. „Ленинова“ 39. Продолжи
процесот на обработка на книгата, како и услужувањето во периодика, а
се формира и оддел музикалии. Истата година почна изградбата на новото
крило на Библиотеката, чијашто конструкција се доврши до 1976 г. Фондот
на Библиотеката се зголеми на 96.778 публикации.
129
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
Лица кои биле вработени во Библиотеката во периодот
1945 – 1974 година, а за кои има одредени или
целосни податоци
ПЕРСА ВИЛОС, родена е во 1923 година во
Битола. Основно и средно образование завршила
во родниот град. Од 1944 до 1945 работела како
службеничка на Околискиот народен одбор во
Битола. Била првиот управник на Градската народна
библиотека и на таа должност била од 1945 до
1957. Во 1952 година полагала за прв пат стручен
испит за звање књижничар од библиотекарска
струка пред испитната комисија на Советот за
просвета, наука и култура на НР Македонија. Во октомври 1956 година е
разрешена од должноста, а во 1957 година станува референт по реонски
библиотеки. Еден краток период во оваа година повторно се назначува
за в.д. управители на Градската библиотека, а во истата година повторно
е разрешена од оваа должност. Работи на сигнирање на книгите. Од 1967
работи како библиотекарски манипулант – обработувач на книжниот
фонд и позајмувач на книги во реонската библиотека „Јени Мале“. Од
1974 до 1977 година работела како библиотекар II врста на инвентарирање
на книжниот фонд. Речиси пред крајот на својот работен стаж, во 1977
година, се стекнала со звањето наставник по историја и географија на
Педагошката академија во Битола. Целиот свој работен век го поминала во
Библиотеката, сè до пензионирањето во 1978 година.
ЉУБА БОШКОВА – родена е во 1917 во Воден (Република Грција).
Од 1941 до 1944 работела во битолскиот Областен суд, потоа од 1944
работела во Окружниот народен одбор како секретар, Окружниот народен
суд, Дирекција на ПТТ, Градската библиотека во Кичево и на крајот, од
1954 година до пензионирањето во 1972 година, работела во Библиотеката.
Во 1949 година од подружницата Пошта Т.Т. во Битола посетувала
библиотекарски курс, предавач на курсот била Перса Стојановска, а
претседател Димче Грданов. Исто така полагала стручен испит за звање
канцелариски референт пред Комисијата при Народниот одбор на
Битолската Околија во Битола. Во Библиотеката работела со решение
книжничар (признат) на позајмување книги, сигнирање, инвентарирање,
одржување на книжниот фонд, статистички извештаи, пишување покани,
130
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
средување на книги по рафтовите и др.
131
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
АЛЕКСАНДАР ТАСЕВСКИ – роден е во
1923 година. Се вработил во Библиотеката
во 1953 година со гимназиско образование.
Претходно работел како директор на
Народниот театар во Битола, а потоа бил
управник-наставник на Нижото индустриско
школо. Работел на децимална класификација
на латиничниот каталог. Откако си заминал
од Библиотеката, во 1966 година, повторно бил четири години директор на
Народниот театар, каде и се пензионирал во 1969/70 година.
ЖИВКО БОГДАНОВ – роден е 1930 во
Битола. После војната учел во вечерно
училиште. Од 1949 до 1953 година се запишал
како стипендист во Сојузната средна
библиотекарска школа во Белград. Во 1954
се вработува во Градската библиотека како
помошник книжничар – приправник. Една
година работел како прв библиотекар во
новоформираниот Детски оддел, а потоа работел на мини каталошката
обработка. Во одредени денови работел во Одделот за зајмување и
услуга. Во 1958 година, пред Советот на Култура на НРМ – Комисија
за полагање стручен испит, се стекнал со звањето книжничар. Пред
полагање присуствувал на седумдневен семинар заради подготовка.
Уште во 1955 година се запишал како вонреден студент на Филозофскиот
факултет – отсек историја на книжевноста на југословенските народи и
народности. Откако дипломирал во 1961 година во Скопје, пред испитната
комисија при Советот за Култура на НРМ, во состав: Марија Кулакова,
секретар и Христо Зографов, претседател, го полага стручниот испит за
звање библиотекар. Откако Библиотеката прерасна во матична, тој бил
одговорен за матичната дејност во реонските, селските и подвижните
библиотеки со задача да ги посетува, да дава стручна и организациона
помош. Бил предавач на курсеви по библиотекарство. Со помош од
Народната и универзитетска библиотека од Скопје, во летото 1962
година, заедно со Александар Тасевски, започнале со воведување на
мини децимална класификација на целиот книжен фонд. Во составот на
Матичната библиотека работеле реонски библиотеки во следните села:
Бистрица, Кукуречани, Буково, Дихово и Лера, каде тој вршел позајмување
на книги од фондот на Подвижната библиотека сместена во моторното
132
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
возило приспособено за сместување на книгите. Подвижната библиотека
во текот на една година посетувала триесетина села. Од 18.4.1977 до
15.6.1977 година ја обавувал должноста в.д. директор во Матичната
библиотека. До 1986 година работел во Одделот за комплетирање на
книжниот фонд. Се пензионирал на работното место во Одделот за
изготвување на роднокрајни библиографии, каде работел од 1987 до 1994
година.
133
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
ПОЛИКСЕНА МАРКОВСКА – родена е во 1900 година. Работела во
Библиотеката како одржувач на хигиена од 1956 до 1970, каде и се
пензионирала.
ТОДЕ ЃОРЕСКИ – роден е во 1924 година. Уште
многу млад се вклучил и активно учествувал во
Народноослободителната војна. По ослободувањето
се наоѓал на раководни места во повеќе институции.
Вонредно завршил Филозофски факултет, група
книжевност со македонски јазик на Универзитетот
„Кирил и Методиј“ во Скопје. Покрај другите
работни места од 1957 до 1960 бил и директор на
Градската библиотека во Битола. Починал во 1992
година.
ЛИЛЈАНА ТАСЕВСКА – родена е 1936 година. Во
првите три одделенија учела Француски колеџ, а
потоа македонско училиште. После положената
матура се запишува на романска филологија, група
француски јазик, а како апсолвент дипломирала на
групата македонски јазик. Во 1955 година склучила
Договор за хонорарна работа помеѓу Народниот
одбор на општината Битола и Градската библиотека,
со полно работно време. Следната година добива
решение за служба во Градската библиотека и се назначува за приправник
книжничар. Кога се вработила, претпладне работела на сигнирање,
инвентарирање на книги, весници и списанија и каталогизирање, лепење
на книги, изготвување на статистички извештаи, а попладне работела
во детскиот оддел. Во 1956 година детскиот оддел се наоѓал во зградата
на Пионерскиот дом, а потоа се преселува во долниот кат на зградата на
Синдикатот сместен на Широк Сокак. Во 1958 година го полага стручниот
испит и добива звање книжничар III група. Во 1977 година го презема
роднокрајниот оддел и туѓата литература, каде работи до нејзиното
пензионирање во 1990 година.
134
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
ОЛИВЕРА СТЕФАНОВСКА – родена е во
1939 година. Во Библиотеката се вработила
во 1959 на работно место во реонската
библиотека, сместена во домот на Месната
заедница „Јени Маале“, со скратено работно
време од 3,5 часа. Од 1960 година била
преместена во Матичната библиотека како
библиотечен манипулант со работни задачи: позајмување и средување
на книжниот фонд, редење фиши, средување на периодика, пишување
покани, правење статистка и сл. Од 1976 до 1979 година работела на
обработка на книгите, каталогизација и инветарирање. Подоцна работела
во детскиот оддел, а од 1984 на редење и одржување на каталози сè до 2001
кога се пензионирала.
135
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
МЕТОДИЈА РАЗМОСКИ е роден 1930 година. Во
периодот од 1960-1977 година кога е директор на
Библиотеката, ја доживува својата ренесанса, го
бележи својот подем по основ на унапредување
на библиотекарството во градот и околината, а
особено на планот на просторното и техничкото
уредување и опремување на истата. Во 1962 година
е избран за член на Главниот одбор на Друштвото
на библиотекарите на НРМ со мандат од 2 години,
а следниот мандат од две години е и претседател на Главниот одбор на
Друштвото на библиотекарите на НРМ. За прв пат седиштето на ова
Друштво го напушта Скопје и се преселува во Битола. Со доаѓањето на
директорското место, тој започнува со раздвижување на библиотечните
процеси и тоа: Детскиот оддел почнува да се обработува и сместува по
области во магацинот, ја формира Подвижната библиотека и набавува
превозно средство-комбе, го формира Одделението за укоричување на
книжниот фонд, покренува иницијатива за формирање на Завештаен
фонд-денешен Роднокраен оддел. Исто така во 1971 година направен е
проект за адаптација на хирушкото одделение на старата болница „Д-р
Трифун Пановски“ за библиотека, а истовремено и доградба на истата. Во
1974 година Библиотеката се преселува во новите простории. За својот
работен век се здобил со повеќе признанија, а Издавачката куќа „Наша
книга“ ја води успешно, се до неговото пензионирање.
МАРИЈА СТОЈКОВИЌ – родена е во 1926 година. Работела во
Библиотеката како сметководител, со заснован работен однос во
Историски архив од 1960 до 1975 година.
КУНОВСКИ ПЕТАР – роден во 1932 година. Работел како помошен
работник курир, а по потреба заменувал и во други оддели од 1960 до 1974
година.
МЕНКА КОЛЕВСКА – родена е во 1940 година.
Во 1962 година се вработува како службеник-
дактилограф во Градската библиотека со работни
задачи: умножување на фиши и картончиња,
пишување на писма и др. На почетокот работела
со скратено работно време од 5 часа и во реонската
библиотека „Чинаро“, каде останала скоро четири
години. Во тој период Библиотеката броела 1.000
136
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
читатели. Во 1964 година го полага стручниот испит за звање дактилограф.
До 1978 ги умножувала каталожните картончиња на мини-фиш. Од 1996
година работи како архивар-дактилограф до 2000 година кога заминува во
пензија.
ВРКЛЕВСКИ АЛЕКСАНДАР – роден е во 1934
година. Во 1963/64 година вработен е во Матичната
библиотека како библиотекар-манипулант со
договор, најнапред во реонската библиотека „Јени
Мале“ од 1964 до 1967. Во 1965 година пред испитна
комисија на Републичкиот секретаријат за култура
полага за звањето библиотечен манипулант.
Повремено работел и на заштита на книгата. Во 1967
бил преместен во Градската библиотека, каде работел во подврзувачкото
одделение (сегашниот оддел заштита на книгата). Наскоро беше набавена
машина за печатење. Неговиот изум – машината за дезинфекција и
дезинсекција, доби прва награда на „Макинова“. Во меѓувреме се стекнува
со звање висококвалификуван работник со занимање книгоподврзувач
од графичка струка и се запишува на Графичкиот факултет во Загреб на
кој дипломира. Од 1985 година работи на акцесорна обработка и улуга со
периодика до 1996, кога се пензионира.
137
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
НИКОЛА ЃУПАРОВСКИ – роден е 1936 година. Во
1964 година вработен е во Собранието на Општина
Бистрица, со звање библиотечен манипулант од
IV група, на должност управител на Централната
општинска библиотека с. Бистрица, со положен
стручен испит. Матичната библиотека „Климент
Охридски“ го прима на работа во 1965 година за да
ги издава и прима издадените книги во с. Бистрица,
да води општа евиденција и грижа за дадените
книги, да ги обработува и да го поттикнува населението да чита и др.
работи, со работно време од 9 до14 часот претпладне. Во оваа Библиотека
останува со решение за позајмување и услуга се до одењето во пензија во
2000 година.
МАРА ЈОВАНОВСКА – родена е во 1927 година. Вработена е во
Библиотеката од 1965 до 1972 година како неквалификувана работничка
(чистачка) која ги чистела и одржувала просториите на Библиотеката, како
и просториите на трите реонски библиотеки во градот.
ДЕСАНКА ВРКЛЕВСКА – родена е во 1940
година. По завршувањето во 1959 година на
Средната учителска школа работи, како учител
работи во Основното училиште „Коста Рацин“
во с. Велушина, сè до 1965. Во Библиотеката се
вработила во 1966 година со неполно работно
време (3,5 часа) најнапред во библиотеката
во с. Буково. Потоа во 1968 е преместена во
библиотеката во домот на Месната заедница „Чинаро“ каде, покрај
примањето и издавањето на книгите, истите и ги обработувала. Во 1976
година дипломирала на Педагошката академија во Битола како наставник
по македонски-српскохрватски јазик. Од 1976 година, со полно работно
време, работи во позајмна служба и реонска библиотека, потоа во
позајмна служба – периодика. Дипломирала на Филолошкиот факултет
во Скопје на групата Историја на книжевностите на народите на СФРЈ со
македонски јазик во 1981 година. Од 1984 до 2001 работи во службата за
стручна обработка на периодиката. Звањето виш библиотекар го стекнала
во 1994 година, а се пензионирала во 2001 година.
138
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
ДРАГИ КАБРОВСКИ – роден е во 1947
година. Во Библиотеката се вработил во
1968 година како хонорарен службеник со
неполно работно време (3,5 часа) на работно
место во библиотеката во с. Буково, со
работни задачи комплетна обработка на
книги и издавање. Библиотеката располагала
со 4.500 книги, а биле зачленети преку 400
членови. Библиотеката беше прогласена за најдобро средена реонска
библиотека во Македонија зашто и доби награда во книги од Републичката
културно просветна заедница. Во периодот од 1976 година, кога бил
преместен во Матичната библиотека, работел на следните работни места:
редење и одржување на картотеките, подвижна библиотека и детска
библиотека. Од 1985 година до 2012 година работел на популаризација на
книгата од каде и се пензионира на 65 - годишна старост.
БОРИС ВЕЉАНОВ – роден е 1942 година. Завршил
Виша педагошка академија. Вработен бил на работно
место во библиотеката во село Буково во 1970
година. Потоа, од 1971 до 1972 година во реонската
библиотека во Домот на Месната заедница „Кочо
Десано“. Во 1972 година бил преместен во Матичната
библиотека на работно место сигнирање и редење
каталог. Често посетувал семинари и средби каде
стручно се усовршувал. На ова работно место останал до 1987 година, кога
се вработил како наставник во ОУ „Гоце Делчев“.
ЦВЕТАНКА ВЕЛЈАНОВА – родена е во 1927 година.
По завршувањето на Средното економско училиште,
од 1951 до 1959 година работи како наставничка
во Гимназијата и во осмолетка. Во 1971 година се
вработила во реонската библиотека во просториите
на Месната заедница „Кочо Десано“, каде останала
до 1976 година. Истата година дипломирала на
Вишата педагошка академија, група руски јазик. Во
Матичната библиотека работела на редење на картотеки. Откако во 1984
година дипломирала на Филозофскиот факултет, група историја, доаѓа во
одделот посебни книжни фондови, на работното место во роднокрајното
одделение и туѓа литература. Се пензионирала во 1987 година.
139
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
ЕЛЕНА ТАЛЕВСКА – родена е 1930 година. Од 1957
до 1963 година работела во позајмната служба во
Народната библиотека „Гоце Делчев“ во Штип. Во
Библиотеката се вработила во 1972 година како
службеник-книжничар, со скратено работно време,
во реонската библиотека „Јени Мале“, со работни
задачи да издава и ги прима издадените книги, да
води општа евиденција и грижа за книгите, да го
поттикнува населението од овој реон да чита и др. Потоа, еден период до
1980 година четири часа работела во Библиотеката во одделот за возрасни,
а другите четири часа во реонската библиотека „Јени Мале“. Работела и
во детската библиотека, како и во одделот за позајмување на книгите за
возрасни, од каде и се пензионира во 1989 година.
ЗЛАТА СТЕФАНОВСКА – родена е во 1941 година.
Во Библиотеката се вработила како чистачка со
работни задачи одржување на хигиена најнапред
на одредено полно работно време, а потоа, во 1974
година, на неодредено работно време. Во пензија
заминала во 2001 година.
Список на лица кои работеле во Библиотеката,
а за кои нема целосни податоци
1. Петре Сотировски, служител
2. Танас Ристевски, служител
3. Вера Сотировски, доброволен благајник – банкарски службеник
4. Нико Дога, доброволен книжничар
5. Ѓорѓи Дога, доброволен книжничар
6. Димче Стојановски, хонорарен службеник, Ј. Мале
7. Анастасија Паришко, хонорарен службеник во Ј. Мале
8. Вера Талева, хонорарен службеник, Ј. Мале
9. Коста Николовски, хонорарен службеник, „С. Патако“
10. Доне Пановски, хонорарен службеник, „С. Патако“
11. Костадина Стојчевска, хонорарен службеник, „С. Патако“
12. Вукица Бошевска, хонорарен службеник кај Чинарот
140
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
13. Радмила Стрнад, редовен службеник, Град. библ. и кај Чинарот
14. Васка Темелкова, хонорарен службеник, с. Кукуречани
15. Христо Ѓорѓиевски, хонорарен службеник, с. Дихово
16. Борис Колевски, хонорарен службеник, с. Дихово
Денес во Република Македонија, како самостојна независна и
суверена држава, работат 31 народна библиотека со книжен фонд од околу
два милиона книги, 125 специјализирани и високошколски библиотеки со
книжен фонд од околу еден милион книги и една национална библиотека
на Македонија со книжен фонд од околу три милиони библиотечни
единици. Тоа е добар потенцијал за културно-просветното и научното
издигнување на народот во Македонија.
Библиотекарството во Битола и Битолско се вклопува во општите
македонски состојби како во минатото, така и денес.
Хронологија на настаните
1945 – Основана е Градска народна библиотека во Битола, со решение на
Градскиот народен одбор
1954 – Библиотеката се прогласува за македонски депозит
1955 – Основана е Детската библиотека
1957 – За прв пат, во составот на Библиотеката, започнаа да
функционираат и реонски библиотеки – клонови
1959 – Детската библиотека станува посебен оддел во составот на
Градската библиотека
1960 – Библиотеката прераснува во Матична
1961 – Започнува со работа подвижната библиотека
Локации на Библиотеката
• Во просториите на поранешниот хотел „Турист“, на улица „Маршал
Тито“, наспроти денешниот Центар за култура,
• Во зградата на ОУ „Климент Охридски“, денешно ОУ „Гоце Делчев“
• Во просториите на поранешниот ресторан „Ројал“, на ул. „Маршал
Тито“ бр. 80
• До 1954 Библиотеката е сместена во зградата на поранешниот
Пионерски дом
141
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
• Од 195 до 1974 година Библиотеката е сместена во зрадата на „Маршал
Тито“, бр. 89
• Од 1974 година во зградата на адаптираното хируршко одделение на
старата битолска болница
Промени на името
1945 – 1947 – Градска народна библиотека – Битола
1947 – 1952 – Дом на културата – Битола
1952 – 1960 – Градска библиотека – Битола
1960 – 1964 – Матична библиотека – Битола
1964 – 1980 – Матична библиотека „Климент Охридски“ – Битола
Библиотеката во 1974 година
142
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
БИБЛИОГРАФИЈА
1. Библиотекарството во Битола, МУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола,
Битола, 1995
2. В. Калпаковска, А. Ѓорѓиевска, Животот во Haraclea Lyncestis преку
епиграфските споменици, Завод за заштита на спомениците на
културата, природните реткости, Музеј и Галерија – Битола, Битола,
2003
3. А. Стефановска, Н. Ѓоргиевски, Библиотеките во Битола, Национална
установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ –
Битола, Битола, 2009.
4. 60 години Национална установа – Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ – Битола, Битола, 2005
5. Ј. Бошевска, Л. Секуловска, Ц. Дамјановска, Библиографија на
Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски“ – Битола, Битола, 2008
6. Библиотечен тренд, бр. 9, Битола, јануари-март 2005
7. А. Стефановска, Н. Ѓоргиевски, Библиотеките во црквите и
манастирите во Преспанско-пелагонискиот регион, Национална
установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ -
Битола, Битола, 2010
8. А. Стефановска, Н. Ѓоргиевски, Библиотеките во Универзитетот „Св.
Климент Охридски“ – Битола, Национална установа – Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола, Битола, 2011
9. Печатарството и издаваштвото во Битола, Т. 1, Друштво за наука и
уметност, Битола, 1998
143
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
10. Печатарството и издаваштвото во Битола, Т. 2, Друштво за наука и
уметност, Битола, 1999
11. Печатарството и издаваштвото во Битола, Т. 3, Друштво за наука и
уметност, Битола, 1999
12. Ѓ. Димовски-Цолев, Битола низ вековите, Битола, 1997
13. Летописна книга на библиотеката 1960 – 1974
14. Матична книга на Библиотеката
15. Библиотеката низ бројки, Матична библиотека „Климент Охридски“,
Битола, 1975
16. Матична и Универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Битола,
1995
17. Битола вчера, денес и утре, Наша книга Скопје, Скопје
18. П. Алимоски, Општествена заштита на културното наследство, Охрид,
2000
144
Библиотечната дејност во Битола и Битолско
СОДРЖИНА
ПРЕДГОВОР ............................................................................................................. 7
БИБЛИОТЕКАРСТВОТО ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО .............................. 9
Вовед ........................................................................................................................... 9
Манастирски и црковни библиотеки во Битола и Битолско ....................... 15
Улогата на манастирските библиотеки ............................................................. 16
БИТОЛА И БИТОЛСКО НИЗ ИСТОРИЈАТА И
ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА БИБЛИОТЕКАРСТВОТО ........................... 20
РАЗВОЈ НА БИБЛИОТЕКАРСТВОТО И БИБЛИОТЕКАРСКАТА
ТРАДИЦИЈА ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО НИЗ ВЕКОВИТЕ .................... 21
Антички период ....................................................................................................... 21
Средновековното ракописно наследство од
манастирските библиотеки во Битола и Битолско ......................................... 24
Османлиски период ................................................................................................ 32
Турски библиотеки ................................................................................................. 33
Приватни библиотеки во османлискиот период ............................................. 40
За медресите и библиотеките во нив .................................................................. 43
XIX век ....................................................................................................................... 44
Грчки училишта и библиотеки ............................................................................. 54
Руската библиотека во Битола ............................................................................. 54
Романски училишта и библиотеки ..................................................................... 58
Влашка народна библиотека ................................................................................. 59
Еврејски училишта и библиотеки ....................................................................... 59
Англиско училиште и библиотека ...................................................................... 61
Бугарски училишта и библиотеки ...................................................................... 61
Српски училишта и библиотеки ......................................................................... 63
Француски училишта и библиотеки .................................................................. 64
Народни училишта и библиотеки ....................................................................... 66
Читалиште и библиотека во Битола ................................................................... 68
Библиотека во францускиот конзулат ............................................................... 69
Библиотеката во Француската католичка мисија − лазаристи .................... 70
Битолската гимназија и нејзините библиотеки ............................................... 72
Наставничката библиотека во Битолската гимназија .................................... 74
145
Книга 1 - Од зачетоците до 1974 година
Ученичката библиотека при Битолската гимназија ....................................... 77
Библиотеката на Литературното друштво
Св. „Кирил и Методиј“ во Гимназијата .............................................................. 78
Библиотеките во Битолската богословија ......................................................... 84
Професорската библиотека .................................................................................. 85
Српските библиотеки, читалишта, задруги ...................................................... 86
Илегалните библиотеки во Битола ..................................................................... 90
Илегалната библиотека на Студентскиот клуб во Битола ............................ 90
Илегалната библиотека при битолската Гимназија ........................................ 92
Илегалната библиотека во Трговската академија ........................................... 93
Приватните библиотеки ........................................................................................ 95
Библиотеките на неколку битолски Евреи ....................................................... 95
Библиотеките на Робевци во Битола .................................................................. 96
Библиотеките на битолските лекари .................................................................. 96
Приватна библиотека на Епископот Николај .................................................. 98
Библиотекарството во Битола и Битолско во Втората светска војна ........ 98
Библиотеката во Гимназијата ............................................................................... 99
Читалиштето и библиотеката во Битола ........................................................... 101
Читалиштата и библиотеките по селата ............................................................ 105
Библиотеките во партизанските одреди ........................................................... 109
Библиотекарството во Битола и Битолско
после Втората светска војна (1945 – 1974) ........................................................ 112
НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА - УНИВЕРЗИТЕТСКА
БИБЛИОТЕКА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ......................... 113
Основање и развој ................................................................................................... 113
Лица кои биле вработени во Библиотеката во периодот
1945 – 1974 година, а за кои има одредени или целосни податоци ............. 129
Список на лица кои работеле во
Библиотеката, а за кои нема целосни податоци............................................... 139
Хронологија на настаните ..................................................................................... 140
Локации на Библиотеката ..................................................................................... 140
Промени на името ................................................................................................... 141
БИБЛИОГРАФИЈА ................................................................................................. 142
Издавач
Националната установа - Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Битола
За Издавачот
Науме Ѓоргиевски, директор
БИБЛИОТЕЧНАТА ДЕЈНОСТ ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО
Книга 1
Од зачетоците до 1974 година
Лектура
Богомир Наумоски
Дизајн на корица и
компјутерска обработка
Зоран Јанакиевски
Печати
Херакли - комерц
Битола, 2012
Книгата е финансирана од
Министерството за култура
на Република Македонија